28- МИ ФЕВРУАРИ СВЕТСКИ ДЕН НА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ

Page 1

28- МИ ФЕВРУАРИ СВЕТСКИ ДЕН НА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ


Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе.


Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018 година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овој редок ден во 2013-та година.


Од ретки болести боледува само мал процент на население. На секои 2000 луѓе, еден е со ретка болест. Над 300 милиони луѓе во светот се заболени од ретки болести. На светско ниво постојат 6000 различни видови ретки болести.


5% од постоечките ретки болести немаат соодветна терапија. Ретката болест секогаш тешко се дијагностицира .Првите симптоми се јавуваат веднаш по раѓањето или во првите години. Имаат генетска природа и предизвикуваат тешки оштетувања.


Ретката болест секогаш тешко се дијагностицира .Првите симптоми се јавуваат веднаш по раѓањето или во првите години. Имаат генетска природа и предизвикуваат тешки оштетувања.


Затоа што не секоја ретка болест е видлива, ниту пак е лесно препознатлива, а постојат потреби за адаптации, на Денот на ретки болести повикуваат на акција за лицата кои живеат со ретка болест да можат да имаат еднакви можности да го реализираат нивниот потенцијал за учество во семејниот, работниот и социјалниот живот, затоа што ретките болести не влијаат само врз пациентите, туку врз целото семејство, пријателите, негователите и општеството во цел.



Изработи: Нела Николовска Магдалена Јовановиќ Ментор: Сања Стевановска Ѓоргиевска


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.