koo_maj_2013

Page 8

58

Интервју Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Filip ivanovski дИректор на Пакомак

акомак е првата компанија во Македонија за менаџирање со отпад од амбалажа (собирање, селектирање и рециклирање), која почна со работа пред две години. Со нејзиниот директор, Филип Ивановски, разговаравме за досегашните резултати на фирмата, односно нејзината улога во кревањето на свеста во општеството за потребата и корисноста од активното третирање на амбалажниот отпад. Кои беа најзначајни остварувања на Пакомак изминатава година? Минатата година Пакомак успеа да го одржи ритамот на активностите и трендот на раст на количините на амбалажен отпад што ги собираме, а кои завршуваат на рециклирање. Во 2012 година преку нашиот систем за управување со амбалажен отпад собравме и рециклиравме над 7.500 тони отпад од амбалажи, што е 20% повеќе од 2011 година. Сакам да потенцирам дека овие резултати ги постигнавме во услови на 15% намалени цени на надоместот за собирање од нашите членови-компании во однос на 2011 година! Продолживме со поставување комунална инфраструктура за одделно собирање на отпадот од амбалажа. Присутни сме во над 50 индустриски објекти, во трговските центри како Веро, ГТЦ, Рамстор и Сити мол, каде што се генерира значајна количина амбалажен отпад. На новиот аеродром исто така поставивме ентериерни триделни садови, но и комплет инфраструкура од канти и контејнери за амбалажниот отпад што се собира од работењето на аеродромските служби и патниците коишто минуваат. Заедно со Град Скопје и Комунална хигиена учествувавме во проектот за поставување подземни контејнери во општина Центар, за што одвоивме 4,2 милиони денари, со цел на секоја локација да има барем еден подземен контејнер за амбалажен отпад, од кој Пакомак одделно ќе го собира отпадот во соработка со Комунална хигиена Скопје. Во 2012 година контејнери за одделно, селектирано собирање на амбалажниот отпад поставивме и во Охрид, Кичево, Штип, Кратово, Сопиште, Крушево, Галичник, спортските сали, основните училишта во Карпош и Кисела Вода, Маврово, Струга... С$ на с$, вкупно над 500 садови и контејнери за одделно собирање

Za dve godini Zna^itelno ja krenavme javnata svest Za menaxirawe so ambala@en otpad!


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.