Issuu on Google+

Корпоративна општествена одговорност www.kapital.mk петок 10/05/2013

Op[testvenata OdgOvOrnOst navleze i vO malite i vO srednite kOmpanii

Еколошки свЕснитЕ компании имаат поголЕми бЕнЕфити и подобар имиџ

бизнисот има клучна улога во постигнувањЕто бЕзбЕдЕн, Еднаков и одржлив развој!


52

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Општествената одговорност навле и во малите и во средните компании Васе Целеска

О

vase.celeska@kapital.mk

пштествената одговорност е нешто коешто можат да си го дозволат само големите и богатите компании, кои дел од својот профит можат да го насочат во пошироката заедница. Ова е еден од стереотипите во поимањето на концептот на општествена одговорност, кој с$ повеќе се надминува и во Македонија.

За среќа, с$ почесто и малите и средните претпријатија иницираат општествено одговорни стратегии и практики. Овие компании на општествено одговорните активности почнаа да гледаат како на стратешка цел на долг рок, со однапред определени буџети. Реално е да се очекува дека овие активности се во прогресивна корелација со профитот, иако бенефитите не секогаш може да се измерат во бројки. Компаниите веќе се свесни дека со вложувањето во ООП тие вложуваат во својата

конкурентност, најмногу поради тоа што овие практики станаа предуслов за работа и извоз на странски пазари, особено на пазарот на Европската унија. Ова го потврдуваат и од Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. „Освен тоа што квантитативно расте бројот на компаниите коишто применуваат и иницираат општествено одговорни практики, драго ми е што исто така, расте и квалитетот на практиките. Овие практики постепено стануваат долгорочни за

работењето на компаниите, а преку нив се гради партнерство со граѓанскиот и со јавниот сектор со цел заштита на животната средина и обезбедување подобри услови за живот во општеството“, вели Александар Николов, претседател на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП).

Зошто МСП се свртуваат кон општествената одговорност?

Корпоративната општествена одговорност (КОО) станува с$


корпоративна општествена одговорност

александар николов

КТООП

„Македонските компании преку вложувањето во општествената одговорност ја градат и сопствената конкурентност и способност да одговорат на барањата на напредните пазари.“

езе

и поактуелна тема и на нашите простори и го зазема своето место во секојдневните бизнис-активности на компаниите. ИНет е една од првите македонски компании

компании е вложувањето во заедницата. „Првата приватна општа болница, Ремедика, е цврсто определена за водење одговорен бизнис, кој се потпира на воведување општествено одговорни практики ориентирани кон корисниците на нашите услуги, вработените и кон општеството пошироко“, вели Елица Јорданова, директор на ПЗУ Ремедика. Таа објаснува дека на конкурсот распишан од КТООП и Министерството за економија за 2012 година одлучиле да настапат со специјализираниот извештај во областа вложување во заедницата насловен „Здравјето е најголемото богатство: Со едукација и информираност го чуваме здравјето“, при што за изготвување на апликацијата користеле консултантски услуги на Конект, здружение за поддршка и промоција на општествената одговорност. За овој проект Ремедика доби и плакета од Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. „Се определивме за овој проект бидејќи е близок до нашата основна дејност и сметаме дека на ова поле можеме да дадеме значаен придонес. Пациентите мора да бидат во состојба да им веруваат на докторите со

коишто ги препознаа предностите и стана членка на мрежата на Глобалниот договор од 2005 година, а оттогаш наваму започна и со структурирано спроведување соодветни активности. Какви се бенефитите од таквото однесување? „Предностите за ИНет во текот на овие години се висока мотивираност на вработените, зголемена ефикасност и подобри деловни резултати, подобар пристап до пазарите на капитал, подобра репутација (имиџ, пазарна перцепција), интерес кај инвеститорите (SIF) итн. Исто така, преку членството во македонската мрежа на Глобалниот договор се дава можност за соработка со други претпријатија, организации и здруженија на граѓани на теми поврзани со КОО; добивање поддршка за развој на општествено одговорни практики и за известување за истите; споделување информации, искуства, знаење и добри практики на локално, регионално и на глобално ниво, учество на работилници и семинари; вклучување во глобални иницијативи, како и промовирање на општествено одговорните практики преку електронскиот билтен на мрежата“, објаснува Расте бројот на мали извршниот директор на и средни македонс ИНет, Тони Петрески. компании кои во последники Општествено те го континуирано вложув дини одговорните аат во општествено говорн компании на ите активности и на од македонскиот истите гледаат ка ко на долгорочна атешк пазар доаѓаат од а цел, за чие остварстр различни сектори, оп ределуваат и соодве ување а спроведуваат тни буџети и различни практики, но сепак, делот во којшто се активни речиси сите

Во овој специјален прилог „Општествена одговорност на компаниите“ македонските компании зборуваат што значи за нив општествената одговорност, какви бенефити чувствуваат од ваквото однесување, зошто се решиле да прават годишни извештаи за спроведените активности?! Сегменти Од ОпштеСтВенО ОдгОВОРните пРактики ВО кОиштО инВеСтиРаат македОнСките кОмпании: етичкО РабОтење; „„ ОднОСи СО ВРабОтените; „„ ОднОСи СО пазаРОт; „„ ВлОжуВање ВО „„ заедницата;

ОднОС кОн жиВОтна „„ СРедина

нивните животи и здравје. За да се оправда оваа доверба, докторот мора да покаже почит кон човековиот живот и мора неговата прва и основна задача да биде грижата за пациентот - да го промовира и да го заштитува неговото здравје. Ова ја сместува медицината во хумана дејност, а првата приватна општа болница Ремедика се стреми долгорочно да претставува извор на релевантни информации и место каде што може да се обрати секој. Дел од активностите на овој проект ги реализиравме со здружението на граѓани ‘Борка за секој нов ден’, со чија повеќегодишна соработка особено се гордееме“, истакнува Јорданова. Фармахем, исто така, спаѓа меѓу компаниите кои од самиот старт го инкорпорираат концептот на општествена одговорност. „Многу сме благодарни што шеста година по ред нашите ООП се препознаени и наградени од жири-

53


54

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ тОНИ ПЕтРЕСКИ

ЕЛИЦА ЈОРдАНОвА

ИНет

ПЗУ Ремедика

„Предностите за ИНет во текот на овие години од примената на ООП се висока мотивираност на вработените, зголемена ефикасност и подобри деловни резултати, подобар пристап до пазарите на капитал, подобра репутација, имиџ, пазарна перцепција, интерес кај инвеститорите итн.“

„Првата приватна општа болница Ремедика е цврсто определена за водење одговорен бизнис, кој се потпира на воведување општествено одговорни практики ориентирани кон корисниците на нашите услуги, вработените и кон општеството пошироко.“

Проектите за општествена одговорност на Раде Кончар-Сервис и Млекара а.д. Битола ќе бидат презентирани во Брисел

З

комисијата за доделување на ‘Националната награда за ООП’. Ова е потврда за континуирано залагање на Фармахем на ова поле и е поттик за понатамошно делување во насока на заштитата на животната средина, етичкото однесување, односот со вработените, клиентите, доставувачите и пошироката заедница“, објаснуваат од компанијата.

Општествено одговорните компании имаат предност кај странските парнери

Неколку македонски компании се сведоци дека странските парнери ги препознаваат општествено договорните практики кои тие ги спроведуваат и поради тоа, нивните производи и услуги странуваат преференцијални на надворешните пазари, со што стнауваат поконкурентни. „Концептот за општествена одговорност с$ уште е нов концепт кај нас и бенефициите и конкурентските предности с$ уште толку добро не може да се почувствуваат токму поради тоа што е нов концепт. Од друга страна пак, тоа што сме посакувана компанија за работа е бенефит од спроведените проекти и активности за општествена одговорност. Деловните партнери и клиенти со коишто соработуваме надвор од Македонија го препознаваат концептот на општествената одговорност имплементиран

а првпат „Националната награда за општествена одговорност на претпријатијата“ стана дел од иницијативата поддржана од Европската комисија – „Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“. Со учеството во оваа иницијатива, дел од достигнувањата и најдобрите практики на нашите претпријатија во оваа област ќе бидат претставени пред широката европска јавност. Оваа можност во јуни годинава ќе ја имаат компаниите Раде Кончар-Сервис и Млекара а.д. Битола. Раде Кончар–Сервис со Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи создаде Регионален еколошки центар за отстранување на штетните состојки во трансформаторското масло, прв на Балканот, со што придонесоа за остварување на обврските од Стокхолмската конвенција за перзистентни органски загадувачи и соодветниот Национален имплементациски план. „Оваа година е особено важна за нашето работење од причина што учествувавме со еден еколошки проект со кој докажавме дека Раде Кончар-Сервис не е само голем производител, туку и постојан поддржувач

во компанијата, што н$ прави поконкурентни на пазарот каде што делуваме“, вели Искра Трајкоска од Некстсенс. Во прилепската Дониа пак, потенцираат дека компаниите не смеат да го занемаруваат податокот дека 25% од европските потрошувачи го земаат предвид социјалниот имиџ на компаниите кога одлучуваат кој производ ќе го купат. „Дониа, како релативно млада

на процесите за зачувување на животната средина. Токму затоа, проектот со кој се презентиравме претставува еко зрак, не само за Република Македонија, туку и за Блаканот, и е прилог од нас за генерациите кои доаѓаат“, вели управителот на Раде Кончар- Сервис и поправки на електрични производи ДОО- Скопје, Аце Антески. Млекара а.д. Битола со Дану Филантропија ЈИЕ Скопје реализираа едукативни и активности за поттикнување на хуманоста и помагањето во заедницата во 150 градинки, со што беа опфатени 10.000 деца. Овие деца изработија уникатни подароци за децата згрижени во над 20 здравствени установи и установи за деца без родители. „Успехот на една компанија не се мери само според профитот на компанијата, туку и според односот којшто го има со потрошувачите, со своите вработени, со поширокото општество. Можам да кажам дека Млекара а.д. Битола ќе продолжи по патот на успешноста и за квалитетни производи и производство, и за поддршка на едни вакви проекти коишто придонесуваат за развој на општеството“, вели Полексена Ристеска, маркетингменаџер на Млекара а.д. Битола.

компанија, успеа да стане препознатлива на пазарот во Македoнија, но и надвор како модерна, професионална и брзорастечка компанија, иако во изминатиот период економската консталација не беше баш во прилог на развојот и растот на компаниите. Наградите и признанијата коишто ги добивме како компанија која имплементира општествено одговорни активности н$ издиференцираа

ПОЛЕКСЕНА РИСтЕСКА

Млекара а.д. Битола

„Успехот на една компанија не се мери само според профитот на компанијата, туку и според односот којшто го има со потрошувачите, со своите вработени, со поширокото општество. Можам да кажам дека Млекара а.д. Битола ќе продолжи по патот на успешноста и за квалитетни производи и производство, и за поддршка на проекти кои придонесуваат за развој на општеството.“

како компанија која ги следи светските трендови. Дониа покажа дека се грижи за заедницата, вработените, пазарот, а со примерите во работењето кои ги покажува изминатите неколку години може да се спореди со далеку поголеми, поразвиени компании и компании кои многу подолго постојат на пазарот. Реализираните проекти во делот на ООП се дополнителна додадена вредност на компанијата“, објаснува Дражен Котески, соосновач и директор за маркетинг и продажба на Дониа. Како иницијатива за општествена одговорност, КБ Прво пензиско друштво за прв пат во историјата


56

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ДРАжЕН кОТЕСкИ

Дониа

Фокусот да биде ставен на постигнатите резултати!

В

о поглед на јавната политика, Македонија направи значаен чекор во регионот и разви таргетирана политика во однос на КОО, т.е. Национална агенда за КОО, којашто беше усвоена од страна на Владата, се вели во извештајот кој го подготви Здружението за поддршка и промоција на општествената одговорност Конект. Документот нуди една соодветна рамка за КОО на неколку нивоа и е во согласност со политиката за КОО на ЕУ. Земјата изгради и соодветна инфраструктура (меѓусекторско Координативно тело, посебна единица за КОО во рамките на Министерството за економија и назначи персонал од соодветните министерства и институции) за да ја поддржи имплементацијата на агендата и за да ги координира напорите на тоа поле. Министерството за економија има проактивен пристап со цел да ја приближи КОО до компаниите, така што ќе го донесе и ќе го преведе новиот стандард за КОО, ISO 26000. Националната агенда се имплементира во соработка со разни засегнати страни, особено во областа на градење капацитети и подигање на свеста. Во извештајот се заклучува дека имплемента-цијата на агендата треба да се подобри со мониторинг којшто нема да се фокусира само на имплементирањето на мерките и на активностите, туку и на постигнатите резултати.

на Македонија го искористи договорот за двојно оданочување со Германија и побара поврат на данокот на име на дивиденда и во тоа успеа. Тие пари обезбедени од Германија, КБ ги пренасочени на сите членови, над 100.000, во

задолжителниот пензиски фонд, со којшто управува КБ Прво пензиско друштво. За оваа иницијатива КБ Прво пензиско друштво беше и наградено од страна на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. „За оваа работа бевме поттикнати самоиницијативно и сметаме дека корпоративната одговорност треба секој поединечно да ја гради и да се грижи освен за сопствениот профит, и за луѓето коишто се дел од заедницата во којашто живееме“, изјави

ИСкРА ТРАЈкОСкА

Некстсенс

„Деловните партнери и клиенти со коишто соработуваме надвор од Македонија го препознаваат концептот на општествената одговорност имплементиран во компанијата, што н$ прави поконкурентни на пазарот каде што делуваме.“

Јанко Тренковски, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво. Покрај имиџот и градењето на репутацијата којашто ја добиваат компаниите преку општествено одговорните иницијативи и практики, големо значење за компаниите претставува и дополнителната вредност и посакуваност која ја добиваат нивните производи и услуги. Од Компанијата Раде Кончар ТЕП веруваат дека активниот развој на КОО, може да ни помогне за отстранување на ризиците, привлекување нови и задржување на вработените, подобрување на репутацијата, како и редуцирање на негативните социјални влијанија на околината, со што во потполност се зацврстува работењето на компанијата. „Работењето на Раде Кончар - ТЕП посветено е на давање позитивен придонес на општеството и околината, со развој и имплементација на практично одговорно работење, кое воедно обезбедува финансиски успех“, нагласуваат од компанијата.

Зошто се важни извештаите за ООП?

Малите и средните претпријатија се особено значајни за европските институции кои го промовираат значењето на ООП во бизнисот. Тие за нив препорачуваат бесплатен консалтинг, конкретни финансиски бенефиции и посилни врски со големите компании и интеграција во бизнис-здруженијата. Повеќето компании кои се активни на полето на ООП практики користеле бесплатна консултантска помош за креирањето на извештаите за ООП од страна

„Компаниите коишто го познаваат значењето на маркетинг-концептот и значењето на перцепцијата на еден бренд не би требало да бидат рамнодушни кон податокот дека 25% од потрош-увачите (во Европа) на пазарот го земаат предвид социјалниот имиџ на компаниите кога ги донесуваат своите одлуки кој производ да го изберат.“ на македонската мрежа на Глобалниот договор на Обединетите нации Здружението за поддршка и промоција на општествената одговорност, Конект. Извршната директорка, Никица Кусиникова, истакнува дека во рамките на проектот „ООП во РМ“, Конект обезбеди експертиза и консултантска поддршка за 10 мали и средни претпријатија во поставувањето систем за известување и пишување извештај за ООП. „Интересот и разбирањето на претпријатијата очигледно се подобрени, но се соочуваат со предизвици во поставувањето темелен и стратешки осмислен систем за имплементација на ООП, којшто континуирано би се надградувал. Во оваа насока, ние ја применуваме методологијата развиена од УНИДО (Организација на ОН за индустриски развој), која става акцент на користа на ООП за продуктивноста, оптимизацијата на трошоците и ресурсите и пристапот до нови пазари, кои се клучни за одржливоста на МСП“, објаснува Кусиникова. Дополнително, таа додава дека како секретаријат на македонската мрежа на Глобалниот договор на ОН, составен од 49 членки, Конект секојдневно работи на развивањето заеднички општествено одговорни проекти во коишто претпријатијата би ги здружиле своите ресурси за да постигнат позитивни општествени промени.


корпоративна општествена одговорност иновативните решенија за купувачите остануваат наш врвен приоритет

Цементарница Усје а.д. Скопје наградена за проектот „Поддршка на купувачите“

К

орпоративната општествена одговорност претставува една од основните вредности на Цементарница Усје и е вградена во нашата водечка цел. Нашата визија за КОО се темели на нашата посветеност да ги следиме нашите деловни цели и да создаваме вредности на етички и општествено одговорен начин. Националната награда за најдобри општествено одговорни практики за 2012 година Усје ја доби за проектот „Поддршка на купувачите“ во категоријата Односи со пазарот. Цементарница Усје четири години по ред е добитник на „Национална награда за најдобри општествено одговорни практики“ и тоа два пати во категоријата Односи со вработените, еднаш во категоријата Животна среди��а и последната за Односи со пазарот. Овие награди ги гледаме како признанија за нашите залагања на полето на општествената одговорност, но пред с$, тие за нас претставуваат поттик за продолжување и понатамошно развивање на нашите активности во оваа насока. Наградениот проект „Поддршка на купувачите“ се заснова на целокупното наше работење и континуирано обезбедување висок квалитет на производите и на услугите и иновативни решенија, а с$ со цел задоволување на потребите на клиентите. Сметајќи дека поддршката на купувачите преку комисија за поддршка е само еден дел, во 2012 година се одлучивме за целосно инволвирање на менаџментот во директна комуникација со самите купувачи. Во рамките на оваа иницијатива беа остварени повеќе од 150 посети на купувачи од страна на нашите менаџери и раководители, со што директно ги спознавме потребите на купувачите и подготвивме план за подобрувања. Во 2012 година Усје понуди иновативно решение за своите купувачи со цел да овозможи директна вклученост на купувачите во процесот на испорака на нашите производи. Преку воведувањето е-налог Усје овозможи неколку услуги кои во голема мера ќе го олеснат работењето на купувачите. Оваа услуга вклучува директна контрола на расположливите средства за купување производи, директно издавање налог за товарење, следливост од страна на купувачите на статусот на нивната нарачка и на крај, директен увид во нивната материјална и финансиска картица. На ваков транспарентен начин Усје сака да овозможи директно вклучување на купувачите во работењето, заштедувајќи им време и напор при испораката на порачаните производи. Водени од заложбата за излегување во пресрет на потребите на клиентите, како и за континуирано подобрување и развој, Усје придонесе за значаен

инфраструктурен проект во Р. Македонија - изградбата на големата брана на реката Треска за новата електрана Света Петка. Усје дизајнираше и произведе цемент со специјални карактериистики, што соодветствуваше со барањата на проектот. Сето тоа беше постигнато како резултат на истражувања и развивање на нов тип производ, што траеше повеќе од две години, како и на строгите процедури за контрола на квалитетот и значајните промени во составот на цементот. Континуираните вложувања во најсовремена технологија и целокупна модернизација на сите процеси во компанијата го дефинираа профилот на Цементарница Усје а.д. Скопје, како еден од лидерите во економијата. Почнувајќи од 2000 година инсталирани се современи вреќести филтри, нова опрема и технологии, системи за контрола и следење на процесите од аспект на заштита на животната средина, Борис Хрисафов итн. Во постигнувањето на оваа Главен извршен директор на цел досега се инвестирани над Цементарница Усје АД Скопје 68 милиони евра. “продолжуваме да создаваме нови Понатамошна потврда на вредности за нашите партнери”. нашите заложби за грижа за животната средина се и националните награди за Цементарница Усје. Компанијата го најдобри општествени практики има имплементирано и Системот за кои Усје ги добива за проекти за заштита управување со животната средина ISO на животната средина. 14001: 2004, Системот за квалитет ISO Пред две години Усје освои „Национална 9001:2000 и Системот за управување награда за најдобри општествено со безбедност и здравје ИСО 18001, со одговорни практики“ во категоријата што сите активности на овој план се Животна средина за големи компании со издигнаа на едно повисоко ниво. проектот „Биодиверзитет на вештачките Како потврда на нашите напори езера во Цементарница“, а оваа година во овој сегмент е интегрираната Усје доби признание за проектот еколошка А дозвола која компанијата „Третман на атмосферски и површински ја доби од Министерството за животна води“. средина и просторно планирање на Следејќи ја политиката за заштита на Република Македонија. Овој документ животната средина, Усје воспостави всушност, е потврда дека сите систем за прочистување и рационално процеси во компанијата се одвиваат користење на водите. Како надградба според стандардите за заштита на на постојниот систем, Цементарница животната средина, а истовремено, Усје пушти во работа станица за третман овој документ ги зголемува обврските на атмосферските води и водите од за Цементарница Усје а.д. Скопје во улиците во фабриката. Тоа е прва поглед на дополнителен ангажман и станица за третман на атмосферски континуирано следење и инвестирање води на територијата на Република во сите процеси за дополнително Македонија. Прочистителната станица ги намалување на можните влијанија. задоволува стандардите за испуштања Цементарница Усје а.д. Скопје во во површински води, а со реализацијата изминатиот период се профилираше на овој проект Цементарница Усје како одговорен член на заедницата кој исполнува повисоки стандарди од има определба активно да учествува во законски предвидените. развојот на општеството. Компанијата има политика на На нашата определба за општествена транспарентност кон сите засегнати одговорност гледаме како процес страни - во 2009 година е поставен на проактивно и постојано систем за 24-часовен мониторинг самоподобрување. Затоа, дијалогот на емисиите 365 дена во годината, и градењето меѓусебна доверба со а мерењата се достапни на јавен сите засегнати страни ги сметаме за увид на интернет–страницата на суштински за нашиот одржлив развој.

57


58

Интервју Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Filip ivanovski дИректор на Пакомак

акомак е првата компанија во Македонија за менаџирање со отпад од амбалажа (собирање, селектирање и рециклирање), која почна со работа пред две години. Со нејзиниот директор, Филип Ивановски, разговаравме за досегашните резултати на фирмата, односно нејзината улога во кревањето на свеста во општеството за потребата и корисноста од активното третирање на амбалажниот отпад. „„ Кои беа најзначајни остварувања на Пакомак изминатава година? Минатата година Пакомак успеа да го одржи ритамот на активностите и трендот на раст на количините на амбалажен отпад што ги собираме, а кои завршуваат на рециклирање. Во 2012 година преку нашиот систем за управување со амбалажен отпад собравме и рециклиравме над 7.500 тони отпад од амбалажи, што е 20% повеќе од 2011 година. Сакам да потенцирам дека овие резултати ги постигнавме во услови на 15% намалени цени на надоместот за собирање од нашите членови-компании во однос на 2011 година! Продолживме со поставување комунална инфраструктура за одделно собирање на отпадот од амбалажа. Присутни сме во над 50 индустриски објекти, во трговските центри како Веро, ГТЦ, Рамстор и Сити мол, каде што се генерира значајна количина амбалажен отпад. На новиот аеродром исто така поставивме ентериерни триделни садови, но и комплет инфраструкура од канти и контејнери за амбалажниот отпад што се собира од работењето на аеродромските служби и патниците коишто минуваат. Заедно со Град Скопје и Комунална хигиена учествувавме во проектот за поставување подземни контејнери во општина Центар, за што одвоивме 4,2 милиони денари, со цел на секоја локација да има барем еден подземен контејнер за амбалажен отпад, од кој Пакомак одделно ќе го собира отпадот во соработка со Комунална хигиена Скопје. Во 2012 година контејнери за одделно, селектирано собирање на амбалажниот отпад поставивме и во Охрид, Кичево, Штип, Кратово, Сопиште, Крушево, Галичник, спортските сали, основните училишта во Карпош и Кисела Вода, Маврово, Струга... С$ на с$, вкупно над 500 садови и контејнери за одделно собирање

Za dve godini Zna^itelno ja krenavme javnata svest Za menaxirawe so ambala@en otpad!


на амбалажниот отпад (пластика, хартија, лименки) од комуналниот отпад. „„ Објаснете ни малку повеќе и за активностите што ги спроведовте за зголемување на јавната свест за потребата од менаџирање со амбалажниот отпад. Паралелно со сево ова што го наведов, работевме на подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од одделно собирање на амбалажниот отпад, но и информирање на нашите членови и бизнис-заедницата за обврските коишто ги имаат во согласност со законите кои се поврзани со отпадот. Особено сме задоволни од проектот кој заедно со Радио Бубамара го започнавме со основните училишта во Скопје. Имено, Пакомак во 20 основни училишта во општините Карпош и Кисела Вода и во едно училиште во Центар постави диспензери за течен сапун на сите чешми во тоалетите и во училниците. Месечните потреби за сапун бесплатно ги даваме на секое училиште. За возврат, сите ученици ги замолуваме во текот на една седмица да донесат од дома во училиштето барем пет празни шишиња од ПЕТ амбалажа и да ги остават во кантите и во контејнерите коишто ги поставивме во секое од овие училишта. Се покажа дека децата навистина се најотворени за градење нови навики кон отпадот и индиректно почнаа да ги едуцираат и да ги менуваат навиките за селектирање отпад и на своите родители. Овој проект сакаме да стане национален, во сите основни, но и средни училишта, за што веќе се создадени предуслови. „„ Колку фирми досега влегоа во системот на Пакомак? Има ли Пакомак конкуренција на македонскиот пaзар? До 31.12.2012 година во нашиот систем беа вклучени над 580 компании. Наши членови се компании од различни индустрии и со различна големина. Некои од нив исфрлаат по неколку илјади тони амбалажен отпад годишно, други само стотина килограми... Но, сите тие се општествено одговорни, со покажување грижа за амбалажата од своите производи, која по нивната консумација треба преку нашиот систем да заврши повторно како суровина во производството на нова амбалажа или нови производи. Иако од април 2012 година има и други регистрирани колективни постапувачи за управување со амбалажен отпад, според наши сознанија, вкупниот број на компании кои финансираат некои од овие системи не е повеќе од 750. Знаејќи го фактот дека во Македонија има регистрирано над 50.000 компании, од кои барем 20% имаат обврска во согласност со Законот за управување со отпад од пакување, тоа значи дека има уште многу компании кои загадуваат со амбалажен отпад, а не финансираат системи за негово собирање и рециклирање. „„ Што е со нив? Дали се санкционирани тие што не се влезени во ниту еден систем? Освен Државниот инспекторат за животна средина, кој во моментов нема доволен број луѓе, во согласност со законот, ингеренции за примена на

59 Без висока свест на граѓаните за одделно собирање на амбалажниот отпад, не може во потполност да успееме во нашите цели, без оглед колку контејнери ќе поставиме. Поставувањето комунална опрема и подигањето на јавната свест мора да бидат два парелелни процеси, но спроведувањето и на двете активности бара значајни финансиски средства, коишто треба да ги обезбеди индустријата. Но, и државата и општините во следните години мора во своите буџети да предвидуваат ставка за оваа намена истиот има и Пазарниот инспекторат и годишно. Тоа е некаде околу 40% од Управата за јавни приходи. За целосно вкупниот амбалажен отпад што се пушта имплементирање на законот кај сите на пазарот во Македонија. Доминантни компании потребна е една координирана се амбалажите од хартија и пластика, активност на овие институции. Н$ кои претставуваат над 65% од вкупните радува фактот дека последниов период количини коишто се менаџираат преку државните инситуции нас; потоа е стаклото, сериозно му приоѓаат на со околу 20%, а металот, ова прашање, бидејќи не дрвото и композититните е коректно компаниите пакувања се во коишто финансираат останатите 15%. собирање на амбалажниот Од овие количини отпад да губат на на рециклирање Преку Пакомак конкурентност поради овој завршија над 7.500 тони во 2012 година трошок кој неплаќачите амбалажен отпад, главно де факто го немаат. Иако пластика и хартија. собравме и се предвидени високи За жал, најголем дел рециклиравме казни за непочитување од овие количини на Законот за отпад од се извезуваат како околу 4.000 пакување, до 2012 година суровини за индустриите тони пластична не се применуваа во во соседните земји, амбалажа, со што интерес на компаниите. нешто што ние како Но, ако само по основ на Пакомак ќе настојуваме се заштедуваат надомест за собирање без да се промени во околу 3.500 тони пресметани казни, може следните години, да се соберат милионски бидејќи како земја нафта, која инаку суми кои би можеле да се губиме значајни девизни би се потрошила вложат во екопроекти. приходи годишно. за добивање на таа Придобивките од „„ Колкав дел од собирање амбалажниот количина пластика селектираното амбалажен отпад и отпад всушност, се како нова суровина! неговото понатамошно менаџира сега преку рецикирање се системот на Пакомак? повеќекратни. Прво, Колкав дел потоа се рециклира? се штедат природните ресурси, како Имате ли конкретни бројки за што е нафтата, за производство на придобивките што се остварени нова пластика и дрвената маса за од досегашното работење? производство на хартија. За илустрација, Во системот на Пакомак се менаџира преку Пакомак во 2012 година собравме со над 40.000 тони амбалажен отпад и рециклиравме околу 4.000 тони


60

Интервју „„ Колку успеа Пакомак со своето работење реално да ја крене свеста во општеството за корисноста и потребата од селективното собирање и рециклирање на амбалажниот отпад? Имате ли некои мерливи показатели за тоа? Во моментов правиме едно истражување, коешто вклучува и испитување на свеста на граѓаните за потребата од правилно, селектирано одлагање на амбалажниот отпад одделно од комуналниот. Иако многумина го занемаруваат ова, ние во Пакомак сметаме дека без висока свест на граѓаните за одделно собирање на амбалажниот отпад, не можеме во потплоност да успееме во нашите цели, без оглед колку контејнери ќе поставиме. Поставувањето комунална опрема и подигањето на јавната свест мора да бидат два паралелни процеси, но спроведувањето и на двете активности бара значајни финансиски средства. За илустрација, во земјите на ЕУ кон чии екостандарди целиме трошоците за управување со амбалажниот отпад се од осум до 15 евра по жител годишно. Во Македонија во идеален случај би биле 1,5 евра, а во моментов се помалку од едно евро по жител. Ако ова го споредите со дел од годишните комунални трошоци кои сега ги има едно четиричлено семејтво, ќе се сложите дека четири евра годишно по семејство е недоволно за достигнување на целите коишто налагаат до 2020 година да рециклираме 60% од вкупниот амбалажен отпад. Овие средства треба да ги обезбеди индустријата, но и државата и општините во следните години мора во своите буџети да предвидуваат ставка за оваа намена. Кон крајот на мај очекуваме резултати од истражувањето, но веруваме дека денес јавната свест за селектирање на отпадот и рециклирање е на повисоко ниво од онаа пред две години. Се надеваме дека Пакомак барем малку има придонесено кон тоа. пластична амбалажа, со што се заштедуваат околу 3.500 тони нафта, која инаку би се потрошила за добивање на таа количина пластика како нова суровина! Исто така, потребна е помалку енергија при рециклирање отколку за производство од нова суровина, како за пластиката, така и за хартијата, што значи, се штеди и на енергија. Со рециклирањето се продолжува и животниот век на депониите, бидејќи се намалува количината отпад што се депонира, а дава можност и за развој на солидна индустрија за рециклирање и отворање нови работни места. „„ Како оди соработката со локалните самоуправи? Ние веќе интензивно соработуваме со над 15 локални самоуправи и со градот Скопје, во кои живее над 60% од населението во Македонија. Отворени сме за соработка со сите градоначалници кои ја сфаќаат потребата и бенефитите од селектирањето на амбалажниот отпад за нивната општина. Освен еколошките придобивки, овие општини може да остварат и дополнителни финансиски приходи. Ние како Пакомак се обидуваме во рамките на своите можности на сите општини со коишто соработуваме да им помогнеме во јакнењето на нивната комунална инфраструктура преку заеднички вложувања и партиципација во трошоците за селектирање на амбалажниот отпад од комуналниот. Н$ радува дека соработуваме со општини каде што градиначалниците се со различни политички ориентации, но ги поврзува една повисока општествено одговорна и пред с$, еколошка и граѓанска потреба.

За сите кои досега изразиле искрена компании кои собираат отпад. желба за соработка со нас ние сме Во делот на подигањето на јавната биле отворени. Сепак, со оглед на свест продолжуваме со активностите ограничените ресурси, доколку нешто во основните училишта за собирање не се промени, ќе мора ПЕТ амбалажа. да правиме одреден Од Нова Година со фокус на проекти и овие активности ги општини кои имаат јасни опфативме и училиштата среднорочни стратегии во Гази Баба и Аеродром, за управување со својот а се вклучуваат отпад. Пакомак ја доби со дополнителна За жал, најголем наградата на Град Скопје финансиска и логистичка за најеколошка компанија дел рециклираните помош и компании во 2012 година, што како Мекдоналдс количини говори доволно за нашите и Шпаркасе банка. амбалажен отпад заложби во овој краток Добивме поддршка и период од формирањето од Министерството за (главно хартија на Пакомак. образование, со што и пластика) се се отвора можност од „„ Кои се најважните септември да вклучиме проекти за годинава? извезуваат како уште најмалку 50 суровини за И во 2013 година основни училишта, продолжуваме со индустриите во така што би дошле до вложување во комунална бројката од 90 училишта соседните земји инфраструктура за или 50.000 ученици одделно собирање на - нешто што ние вклучени на некаков амбалажниот отпад, како Пакомак ќе начин во селектирањето пред с$ во општините на амбалажниот отпад. со коишто досега имаме настојуваме да Тоа се 50.000 семејства, склучено договори. се промени во што е значителна бројка! Со Комунална хигиена Се разбира, годинава Скопје вложуваме во нови следните години, со пластични контејнери бидејќи како земја продолжуваме нашите традиционални (жолти, сини, зелени) за губиме значајни активности, како што се амбалажен отпад, како „Trash-for-Art“ акции за и прес-контејнери за девизни приходи собирање амбалажа на големите трговски центри разни манифестации, и супермаркети, каде што годишно акции за чистење завршува голем дел од со Министерството т.н. секундарно пакување за животна средина и општините, на производите (кутии, палети, фолии). промоции по големите трговски центри Веќе набавивме над 200 контејнери и и супермаркети, екоконцерти и настани, други садови, а договараме и набавка едукација во училишта и градинки... на возила за дел од нашите партнери,


62

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ Еколошкиот аспект на општествената одговорност на компаниите е многу повеќе од одржување чиста средина во и околу фабриката или објектот. Таа е многу повeќе. Одговорностa за животната средина е поширок концепт кој опфаќа и менаџмент со отпад, енергетска ефикасност, поглема заштеда на ресурси... Разговарајќи со дел од македонските компании во овој специјален прилог констатираме дека тие ги зголемуваат инвестициите во овој сегмент. Свесни се дека ефектите од овие инвестиции се повеќекратни и се финансиски исплатливи на долг рок!

Еколошки свесните к поголеми бенефити и

О

Васе Целеска

vase.celeska@kapital.mk

длуките и активностите на една комапнија несомнено имаат влијание врз животната средина без оглед каде се наоѓаат. Еколошката одговорност во оваа смисла е еден од најважните аспекти на

општествено одговорните претпријатија (ООП). Еколошките аспекти од општествената одговорност на компаниите се многу повеќе од одржување чиста животна средина. Интервенциите во оваа област се многу конкретни - тие на компаниите им штедат значително ниво на енергија, вода и ресурси. Финансиските заштеди се повеќе од очигледни, а развиената еколошка

свест на компаниите им е дополнителна шанса во очите на клиентите и на потрошувачите да се етаблираат како еколошки свесни и одговорни компании, поради што нивните производи добиваат преференцијален статус. Трендот, којшто се забележува на нашиот пазар, покажува дека македонските општествено одговорни компании с$ повеќе внимаваат на еколошката

одговорност, ги зголемуваат инвестициите во овој дел, поради тоа што се свесни дека ефектите од овие инвестиции се повеќекратни и дека финансискиот ефект на долг рок станува поисплатлив. Една од компаниите на македонскиот пазар кои значително се посветени на овој аспект од општествената одговорност е Макпрогрес од Виница. Оваа компанија во 2011 и во 2012 година направи


корпоративна општествена одговорност

компании имаат и подобар имиџ инвестиција за замена на погонско гориво кое го користи во производниот процес со преминување од екстра лесно масло на течен нафтен гас. Со ова, освен економскиот бенефит кој го има компанијата поради пониската цена на гасот, голема е еколошката придобивка, бидејќи гасот е многу поеколошко гориво во однос на нафтата и со тоа компанијата придонесува кон намалување на загадувањето.

„Покрај ова направивме и низа мерки за подобрување на производството, намалување на празните одови, редуцирање на технолошки отпад и мерки за целосно рециклирање на амбалажите од хартија, метал и пластика“, објаснува Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес доо Виница која лани ја доби престижната „Национална награда за најдобра општествено одговорна компанија“ во

категоријата на животна средина во делот на големите компании, поради својата стратегија за одржлив развој „РРР – Редуцирај, Рециклирај, Реупотребувај“. АД Електрани на Македонија (АД ЕЛЕМ) исто така е една од компаниите во Македонија која спроведува практики за заштита на животната средина преку контрола на влијанието на своите активности. Портпаролот Мирче Котевски

вели дека во изминатите години Управниот одбор на АД ЕЛЕМ систематски и континуирано презема мерки за намалување и спречување на штетните влијанија врз животната средина, условите за живеење и подобрување на здравјето на населението. Еден од најголемите зафати во насока на заштита и унапредување на животната средина на АД ЕЛЕМ во 2012 година беше изградбата на екосистем за водено отпепелување во термоелектраната Осломеј, која обезбедува околу 9% од вкупното производство на електрична енергија во земјава. „Како што е познато, нуспојава од производството на овој капацитет е продукција на пепел и згура, што на годишно ниво изнесува околу 300.000 тони, или 1.000 тони дневно. Доскорешното депонирање на пепелта се вршеше со технологија на суво отпепелување, на депонијата што се наоѓа во непосредна близина на термоелектраната. Сепак, сувата пепел врши аерозагадување и влијае врз флората, фауната и тамошното население. Со оглед на тоа што во близина на депонијата има населени места, Управниот одбор на АД ЕЛЕМ во соработка со раководството на РЕК Осломеј пристапи кон трајно решавање на проблемот преку воведување нов систем за транспорт и одлагање на пепелта“, објаснува Котевски. Тој додава дека во делот на заштита на животната средина, компанијата во 2011 година почна процес за воведување на ИСО 14001-2004, меѓународен сертификат за заштита на животната средина и управување со отпад, а во август минатата година, го доби сертификатот ИСО 14001:2004 откако во своето работење целосно го имплементира системот за заштита на животната средина. Во рамките на имплементацијата на овој стандард компанијата усвои Политика за заштита на животната средина. Новиот транспортен систем за отпепелување во РЕК Осломеј е еден од највредните сопствени инвестициски зафати на компанијата од областа на екологијата, во износ од 4,7 милиони евра. продолжува на стр. 66

63


корпоративна општествена одговорност

КАПИТАЛ, ПАКОМАК И ПУБЛИЦИС ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА Заедничка еколошка акција за собирање отпад во организација на Пакомак и Капитал, на која се приклучија и вработени од агенцијата за комуникации Публицис, се одржа неодамна на дел од кејот на реката Вардар. За еколошкиот настан, Пакомак обезбеди ракавици за чистење и ќеси за селективно собирање на отпад.

65


66

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ продолжува од стр. 63

Резултатите се очигледни Во градежниот сектор, еколошките и енергетски ефикасни градби веќе се реалност. Една од компаниите која постојано внимава на интервенциите во оваа област е Адора инженеринг. За успешно реализирана општествено одговорна практика во 2012 годинa Адора инженеринг доби национално признание за проектот „Еко дом, за денес и за утре, Скопје - под Водно“ за однос кон животната средина за овој енергетски ефикасен објект предаден во употреба во 2012 година. Со проектот познат и како „Зелен дом што штеди пари“, компанијата ја продолжи долгорочната стратегија за изградба на енергетски ефикасните домови во Скопје, каде што во општина Аеродром, Ново Лисиче, беа пуштени во употреба два, а се изградија уште пет енергетски ефикасни обејкти, на станарите им беше предаден првиот енергетски ефикасен градежен објект Билјанини Извори во Охрид. „Продолжувме со инсталирање на фотоволтаичните системи за производство на енергија за заедничко осветлување. Новите објекти во Охрид и во Скопје, како и досегашните се со термоизолирана фасада со одлични карактеристики, што штеди енергија и ја заштитува животната средина и значително ја зголемува звучната изолација. Околу

ГЛИГОР ЦвЕтАНОв

Макпрогрес доо Виница

„Макпрогрес спроведува низа мерки за намалување на влијанието врз животната средина и обезбедување одржлив развој. Ефектите опфаќаат покрај 20% намалување на комунален отпад, 15% редукција на емисијата на CO2 и намалување на потрошувачката на електрична енергија за 10%.“ објектот Скопје - под Водно и кај резиденцијата Адора во Црниче, Скопје, засадивме повеќе од 800 различни видови дрва, кои го разубавуваат просторот, го штитат од загадување, прав и бучава и формираат густ зелен екопојас“, вели генералниот директор на Адора инженеринг, Ванчо Чифлиганец. Уште една компанија долгорочно посветена на заштитата на животната средина е Цементарница Усје, која почнувајќи од 2000 година, па с$ до 2004 година инсталираше современи вреќести филтри, вертикална мелница за цврсто гориво и опрема за лебдечки пепел. Инсталирана е и опрема за

24-часовно континуирано мерење на емисиите, со што се овозможува постојано следење на процесот на работа. Системот за Управување со квалитет и животна средина се здоби со сертификат ISO 14001:2004. „Најјасната потврда за модернизација на производните процеси и целосниот склад со животната средина, Цементарница Усје АД Скопје ја доби со Интегрираната еколошка дозвола за усогласување со оперативен план (А-ИСКЗ) од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој документ е компатибилен со највисоките европски стандарди и

БОРИС ХРИСАфОв

Цементарница Усје АД Скопје

„Овој концепт за нашите производи само претставува дополнителна вредност или гаранција дека производот е добиен низ еден процес кој е во целосна хармонија со средината.“

директиви од оваа област. Од 2009 година, па наваму Цементарица Усје АД Скопје сите податоци од мерењата на емисиите ги објавува јавно на својата интернетстраница, иако тоа не е законска обврска. На овој транспарентен начин сите заинтересирани страни можат лично да се уверат во податоците од мерењата“, објаснува Борис Хрисафов, извршен директор на Цементарница Усје АД Скопје.

Исплатливоста на инвестицијата е голема

Инестициите во еколошко општествено одговорни проекти покрај тоа ш��о се исплатливи од финансиски аспект, тие конкретно може да се согледаат низ билансите на компанијата, а од друга страна многу влијаат и врз градење на имиџот и репутацијата на компанијата во општеството, со што создаваат подобра слика во очите на потрошувачите и поинаква перцепција за нивните производи. „Макпрогрес спроведува низа мерки за намалување на влијанието врз животната средина и обезбедување одржлив развој. Ефектите се очигледни - 20% намалување на комунален отпад, 15% редукција на емисијата на CO2 и намалување на потрошувачката на електрична енергија за 10%“, истакна директорот Цветанов. Од Цементарница Усје АД Скопје нагласуваат дека ефектите од овој тип активности за компанијата и за заедницата, секако, се


корпоративна општествена одговорност еколошките практики гоподигнуваат рејтингот

Е

таблирањето на компаниите на пазарот како еколошки свесни носи голема предност во однос на конкуренцијата и повисок рејтинг кога компанијата ќе се одлучи да настапи на пазарите во странство. Глигор Цветанов истакнува дека една од придобивките на компанијата е зголеменета свесност кај потрошувачите и поголемиот рејтинг на компанијата меѓу вработените и соработниците, кое, секако, резултира со една поинаква перцепција за Макпрогрес и престиж да се работи или соработува со компанија која е активна во општествено одговорни практики. „Поради тоа и понатаму продолжуваме да спроведуваме континуирани мерки за енергетска ефикасност со цел намалување на потрошувачката на електрична енергија, подобрување на економичноста и оптимизација на производството со цел понатамошна редукција позитивни, бидејќи главната цел е заеднички напредок. „Сметаме дека општествената одговорност е значајна за одржливиот развој на бизнисите. Цементарница Усје АД Скопје е дел од групацијата Титан која има повеќе од 100-годишна традиција за општествена одговорност. Самиот концепт на општествена одговорност не подразбира еднократна активност која треба да донесе некакви финансиски придобивки за компанијата, туку се работи за концепт или начин на однесување со сите релевантни субјекти“, истакнува Хрисафов. Од Адора инженеринг објаснуваат дека ефектите кои ги имаат станарите од екообјектите се повеќекратни. Одличната изолација ја намалува потрошувачката на енергија за греење во зима и за ладење во летниот период и станарите, споредено со порано, плаќаат за 50% пониски сметки за струја, за станбен простор со иста квадратура. Фотоволтаичните системи им обезбедуваат доволно енергија за

на комунален отпад и CО2, како и спроведување на проекти во останатите општествено одговорни практики како односи со вработените, односи со потрошувачите, етичко управување и грижа за заедницата“, вели Цветанов. Генералниот директор на Адора инженеринг, Ванчо Чифлиганец, вели дека реализираните бројни општествено одговорни проекти ја издвоија Адора инженеринг како компанија, која со профитот што го остварува, обезбедува средства и натаму да се усовршува во изградбата на екодомови, со примена на најсовремените светски стандарди, кои ги задоволуваат пребирливите вкусови на станарите. „Граѓаните и деловните партнери знаат дека нашата

заедничко осветлување на станарите, кои по оваа ставка не плаќаат воопшто. „Примена на најновите европски екостандарди за квалитетно домување, ја искачи компанијата на лидерското место во сферата

ванчо чифлиганец

Адора инженеринг

„Граѓаните со купувањето стан од Адора инженеринг си обезбедуваат сигурно и квалитетно домување за долгорочна иднина, овозможувајќи си долгорочна заштеда во семејниот буџет, преку помали трошоци за струја, заедничко осветлување и сл.“

компанија како сериозен економски субјект, кој се грижи за своите вработени, купувачите, добавувачите и жителите на општините каде што ги градиме станбеноделовните објекти, се грижи пошироката заедница да има придобивки од

нашата работа“, нагласува Чифлиганец. Од Цементарница Усје АД Скопје нагласуваат дека ефектите од овој тип се позитивни за компанијата и задницата. „Овој концепт за нашите производи само претставува дополнителна вредност или гаранција дека производот е добиен низ еден процес кој е во целосна хармонија со средината“, истакнува Борис Хрисафов, извршен директор на Цементарница Усје АД Скопје.

на високоградбата, каде што бевме пионери во изградбата на енергетски ефикасните објекти во Македонија, нудејќи одлични услови за квалитетно, економично и здраво домување. Тоа подразбира поголеми

трошоци при изградбата на објектите, но со големиот интерес од купувачите за нив, има и добар повратен финасиски ефект, кој повторно се реинвестира во нови проекти“, велат од компанијата.

67


68

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Макстил

Посветени на основните прин на доброто корпоративно опш одговорно работење и однесу Д-р Митко Кочовски

директор за стратешко планирање, финансиски инженеринг, економски истражувања, информации и анализи во Макстил

С

о порастот на свеста за влијанието на стопанските субјекти и нивната економска активност врз средината во којашто делуваат, но и врз севкупните односи во општеството, корпоративната општествена одговорност станува силно нагласен приоритет и препознатлив белег на современо организираните претпријатија. Од тие причини, во спроведувањето на нашата дефинирана деловна политика, корпоративните вредносни ставови се обидуваме да ги поврземе со пошироките социјални и еколошки аспекти, градејќи со нив односи на нагласена интеракција. Значи, општествено одговорното однесување го ставаме во функција на изразување на нашиот идентитет манифестиран низ хармонизацијата на економските, еколошките и на социјалните цели во сите домени на работењето, како и на позитивиот импакт што го остваруваме врз општествената заедница преку континуираното прилагодување на активностите со декларираните цели на нејзиниот развој, односно на воспоставувањето релации на нагласена комплементарност и градењето партнерски односи со цел поефикасно остварување на заедничкиот, компанискиот и на јавниот интерес. Во согласност со основните постулати на овој современ концепт и во овие тешки времиња реализираме значајни програмски содржини, задоволувајќи ги потребите и очекувањата на

пошироката заедница, за што потврда е и високото општествено признание од Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија за 2012 година.

„Светот во којшто живееме не ни е наследен од нашите предци, туку ни е позајмен од нашите потомци и наша е одговорноста во каква состојба ќе им го предадеме“ Во своите деловни активности, покрај почитувањето на законитоста во работењето како императив, настојуваме да ја интегрираме и грижата за заедницата и за животната средина, односно за своето опкружување во неговото најопшто значење. Значи, и покрај ставот на највисоките инстанци на извршната власт на државата за времено одлагање на активностите од оперативниот план за усогласување на нашата производнотехничка структуираност со најдобрите достапни производни техники, наша стратешка и долгорочна определба останува почитувањето на ригидните еколошки регулативи и регулаторни барања кои наложуваат високо ниво на заштита на животната средина и интегрирано спречување и контрола на нејзиното деградирање, односно продолжуваат нашите заложби за одговорно однесување кај индустриското загадување и настојувањата за имплементирање на европските стандарди за заштита на животната средина, за континуирано намалување на негативните влијанија на нашите производствени процеси врз животната средина преку одговорно управување со истите, преку користење современи еколошки прифатливи техники и процеси на производство, преку преземање на потребните активности за целосно

рециклирање на технолошкиот отпад во согласност со современите индустриски стандарди, преку зголемување на енергетската ефикасност, намалување на бучавата и сл.

„Со нашата поддршка до ѕвездените височини“ Декларираните заложби за поддршка на социјалниот и на економскиот развој на општествената заедница ги реализираме во соработка со локалната заедница на полето на инфраструктурниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеењето, преку поддршката на значајни научни собири, културни и спортски манифестации и проекти од пошироко општествено значење и интерес, односно преку реализирање на проекти за развој на здравјето, образованието, културата и спортот и учествата на нашите вработени во економски, еколошки, социјални, едукативни и во културни иницијативи, вклучително и финансиска и други видови поддршка, со убедување дека колективните ангажирања и ентузијазмот можат да придонесат за подобрување на квалитетот на заедничкото живеење. Под мотото „Спортот н$ обединува, спортот н$ мотивира, спортот развива победнички дух“ продолжуваме во речиси деценискиот континуитет да го поддржуваме спортскиот колектив Металург, кој како ретко што друго успеа да и донесе афирмација на компанијата и нејзина поширока општествена промоциј�� и со своите резултати да ја издигне гордоста на целата нација. Не мислиме тука само на првотимците на ракометниот, фудбалскиот и на карате-клубот Металург, кои со своите успеси на домашната и на меѓународната спортска сцена успеваат да се воздигнат до ѕвездените височини, туку мислиме пред с$, на неколкуте илјади деца од


корпоративна општествена одговорност

нципи штествено ување

сите возрасти, не само од Скопје, туку и од другите делови од земјава во коишто имаме организирано центри за обука и тренинг, кои ги препознаваат вистинските вредности на спортот и се приклучуваат кон овие три спортски клуба и во тоа ја гледаме онаа вистинската мисија на нашиот спортски колектив, кој вклучувајки ги овие деца во своите редови, ги насочува на вистинскиот пат и на вистинските генерациски вредности патот на упорноста, патот на истрајноста, патот на тимската работа, патот на успехот, што конечно им овозможува да се формираат како здрави и одговорни личности. На декларираните принципи за општествено одговорно однесување ги градиме и нашите односи со добавувачите и со купувачите. Во односите со добавувачите и со купувачите продолжуваме да развиваме односи и да воспоставуваме соработка компатибилна со целите на општествената одговорност на претпријатијата. Преземаме и активности за информирање на добавувачите за прифатените принципи на општествено одговорно работење и однесување и за подигнување на свеста за значењето на прифаќањето на овие принципи, иницираме преземање на заеднички активности и применуваат етички деловни практики низ синџирот на набавките во смисла на спречување на коруптивното однесување и на другите недоследности во процесите на набавките и продажбите и инсистираме на транспарентност и почитување на највисоките деловни етички стандарди од страна на добавувачите, купувачите и на останатите деловни партнери. Токму во таа насока е и реализираната проектна задача за креирање интернетстраница за набавки заради зголемување на транспарентноста при набавките и

вклучување на поголем број понудувачи во тендерирањето при набавките. Предностите на овој нов концептуален пристап се во зголемувањето на можностите за позасилена и непречена конкуренција при доставувањето на понудите, избегнувањето на сегашната селективност при доставувањето на барањата, понуди кои многу често се детерминирани со бројни ограничувачки фактори, скратувањето на времето потребно за прибирање понуди, што едновремено значи и скратување на времето потребно за реализација на набавките. Во доменот на соработката со владините и со невладините институции продолжуваме со нашите напори за остварување континуирана соработка и интерактивен однос во дефинирањето на условите за градење поволен амбиент за успешно стопанисување, заложбите за конкурентски доследности и реализирање повисоки општествени вредности од интерес на пошироката општествена заедница и иницијативите за осовременување и прилагодување на системските решенија во насока на создавање нормални услови за пазарно стопанисување, а со крајна цел реализирање повисоки стапки на економска развиеност и повисок степен на општествен стандард на населението. „Клучот на успехот на секоја компанија се успешните и силно мотивирани работници“ Односот кон вработените и управувањето со човечките ресурси, воопшто, претставува еден од клучните фактори за нашиот успешен развој, што во современи услови на работење станува интегрален дел од концептот на корпоративна општествена одговорност. Од тие причини, продолжуваме со практиката на развивање добри меѓучовечки односи на сите нивоа на работното ангажирање и дејствување, како и на градење социјално партнерство меѓу вработените и работоводната структура. Во тие настојувања најдиректно, а и преку синдикалната организација и преку нејзините подружници, органи и тела вршиме навремено информирање за стратешките одлуки и актуелни состојби од интерес на вработените и консултации за особено чувствителните прашања од доменот на работните односи, вклучително и прашањата поврзани со системот за наградувањето, обезбедувањето здрава и безбедна работна средина и воведувањето програми кои го помагаат подобрувањето на нивната општа положба. Во услови на глобална криза, кога бевме соочени со ситуација да вршиме делумно редуцирање на производните активности или целосно времено запирање на производниот процес, кога како логичен епилог се наметнуваше намалувањето на бројот на вработените, правевме напори за сведување на тоа неизбежно намалување на најмала можна мера, амортизирајќи го ударот на кризата со нивна преквалификација или прераспоредување во деловите од производниот процес каде што производството се вршеше во повремени производни кампањи. Притоа, и во вака сложени услови на стопанисување продолжувавме со практиката на наоѓање соодветни мотивациски критериуми и транспарентна евалуација на резултатите

на вработените во сите сегменти на деловниот процес. Со оглед на фактот дека за металуршките процеси се својствени тешките и сложени работни услови, продолжуваме да искажуваме посебна одговорност за здравјето и животите на своите вработени. Управувањето со безбедноста на производните процеси и грижата за здравјето на вработените и понатаму останува апсолутен приоритет, што значи дека и во вака сложени услови на стопанисување продолжуваме да применуваме мерки за заштита на вработените, грижа за нивното здравје со организирани редовни и вонредни здравствени прегледи и нивно редовно и дополнително животно осигурување во зависност од изложеноста на работните места на ризици, превентивни акции со цел намалување на последиците од професионалните заболувања и редовно следење на работните места од аспект на исполнување на барањата за безбедни работни услови. Правиме посебни заложби за заштита и грижа на вработените со намалена работна способност и нивно соодветно работно ангажирање. Исто така,продолжуваме со практиката на перманентна едукација на вработените на неселективна основа, преку организирани интерни обуки, односно обуки организирани од специјализирани центри за едукација, што овозможува нивно професионално напредување базирано на знаење и подготвеност за справување со новите професионални предизвици на нивните работни места. „Инвестиции во иднината“ Со нагласена посветеност ја продолжуваме практиката на соработка со образовните институции со цел осовременување и прилагодување на нивните наставни програми на потребите на производните процеси, соработка во научни проекти и други облици на истражувачки активности, менторирање стручни студентски и средношколски практики и стипендирање одредени специфични дефицитарни кадри заради соодветно задоволување на идните кадровски потреби. Компаниската филантропија Бројни се примерите на компаниска филантропија што ги пројавуваме од самото наше постоење. Тука се поддршките на различни општествени, хуманитарни, научни, културни и спортски активности од кои како позначајни можат да се истакнат Мајските оперски вечери, Охридско лето, Галичката свадба, Свеченоста на отворањето на спортската сала „Борис Трајковски“, Шарпланинскиот куп, Заедничката прослава за воведувањето на безвизниот режим, концертното пијано „Стенвеј“ на македонскиот пијанист Симон Трпчевски, Школата за млади лидери во Охрид, финансиската поддршка на градот Охрид за промоција на неговите туристички потенцијали или оние од понов датум како Здружението на енергетичари на Македонија, Сојузот на металурзите, Меѓународната ликовна манифестација „Мал битолски Монмартр“, Ракометната федерација на Македонија, Прославата на Денот на независноста на САД, Глобалниот инвестициски самит „Македонија 2025“, изградбата на православниот храм „Св. Константин и Елена“ и многу други.

69


70

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Партнерство на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и УНИЦЕФ

Ф

ондацијата T-Мобиле за Македонија стана официјален партнер со УНИЦЕФ, со што долго посакуваното и планирано проширување на можностите за раниот детски развој се доведе до стартната точка на конкретна реализација. Иницијативата за обезбедување еднакви можности за здрав физички, социјален, емоционален и когнитивен развој за сите деца во првите пет години од животот прерасна во повисока форма на планска, заедничка заложба со јасни цели пред себе.

Што е ран детски развој?

Првите пет години од животот се најважни за детскиот развој и имаат долгорочни последици. Во текот на овој период се развиваат дури 85% од мозокот и научно е докажано дека децата кои посетуваат висококвалитетни програми за ран детски развој постигнуваат подобри резултати во училиште и има поголема веројатност дека тие подобро ќе напредуваат во животот. Постојат јасни докази дека децата коишто посетувале програми за ран детски развој имаат помала веројатност да го напуштат школувањето или да се вклучат во криминал и имаат

поголема веројатност да завршат високо образование и да имаат повисоки приходи.

Каква е состојбата?

Единствениот пристап до програмите за ран детски развој во Македонија е преку програмите во градинките финансирани од државата и преку мал број центри за ран детски развој отворени со поддршка на УНИЦЕФ. Во моментов само едно од пет деца (22%) на возраст меѓу три и пет години има пристап до услугите за ран детски развој. Само 6% од децата коишто живеат во руралните области учествуваат во програмите за ран детски развој. Во овие програми речиси воопшто нема деца од најсиромашните домаќинства (0,3%). Преку партнерството Фондацијата T-Мобиле за Македонија и УНИЦЕФ сакаат да го подобрат квалитетот на животот за децата, односно сите деца од Македонија, без разлика од која средина доаѓаат, да добијат еднаква можност за ран детски развој.

Центри за ран детски развој

Центрите за ран детски развој кои ќе се отворат преку ова партнерство се базираат на пилот-моделот од

УНИЦЕФ. Ваквите центри се и формално признаени со последните промени во Законот за детска заштита и се најрентабилната алтернатива на градинките. Тие најдобро ги опслужуваат заедниците во коишто не постојат градинки, како што се руралните средини и маргинализираните заедници. Децата посетуваат организирана програма за учење неколку часа во денот и родителите имаат пристап до образовни програми за тоа како да работат со децата во својот дом. Програмата која ја нудат центрите е заснована на Стандардите за рано учење и развој поддржани од УНИЦЕФ. Во моментов постојат дваесет вакви центри, кои беа основани преку програмата на УНИЦЕФ, а со поддршка на локалната власт. Преку ова партнерство Фондацијата T-Mобиле за Македонија ќе донира најмалку 50.000 долари за отворање дополнителни центри. Освен центрите, ќе се работи и на едукација и подигање на свеста за важноста на раниот детски развој. Станува збор за проект од национално значење со активности со кои ќе се поттикне да се вклучи целата заедница.


72

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ПОРАкА Од жЕНЕвСкИОт СОСтАНОк НА ГЛОбАЛНИОт дОГОвОР НА ОбЕдИНЕтИтЕ НАЦИИ

Бизнисот има клучна улога во постигнувањето безбеден, еднаков и одржлив развој!

Б

изнис-секторот не треба да чека на последниот збор од владите! Тој треба да покаже дека компаниите не се проблем за развојот на човештвото, туку се дел од решението, изјави Георг Кел, извршен директор на Глобалниот договор на ОН, на на неодамна одржаниот единаесетти годишен форум на локалните мрежи на Глобалниот договор на Обединетите нации во

Женева. Главната порака од женевската средба, на којашто учествуваа 56 локални мрежи од светот, укажаува дека клучниот тренд кој може да изврши големо влијание врз мапата на развојот во следните децении е активното вклучување на бизниссекторот во поставувањето на целите и насоките на развојните политики. Беше констатирано дека до неодамна бизнис-секторот

Започната во 2000 година, со повеќе од 7.000 компании-потписнички во 135 држави, Глобалниот договор на Обединетите нации (www.globalcompact. org) е најголемата светска иницијатива за општествена одговорност на претпријатијата. Годишниот форум е единствен настан на кој бизнис-лидерите и другите актери имаат можност да споделат добри практики и да генерираат нови форми на соработка. Воедно, овој настан дава увид во новите светски трендови во доменот на општествената одговорност на претпријатијата

ги следеше развојните цели дефинирани од владите и во рамките на својата општествена одговорност креираше пристапи кои придонесуваат за нивно остварување. Но, со текот на годините порасна свеста дека бизнис-секторот игра клучна улога во постигнувањето

безбеден, еднаков и одржлив развој. Свесни за својата улога и одговорност, бизнислидерите побараа „место на масата“ во креирањето на политиките во сите сфери на општествениот развој. На глобално ниво, со почнувањето на процесот на

ГЕОРГ кЕЛ

извршен директор на Глобалниот договор на ОН

„Бизниссекторот не треба да чека на последниот збор од владите, тој треба да покаже дека компаниите не се проблем за развојот на човештвото, туку се дел од решението.“


корпоративна општествена одговорност Така на пример, иницијативата на Кока-кола „5 до 20“ има поставено за цел до 2020 година економски да зајакне пет милиони жени во рамките на нивниот вредносен синџир. Ова е тренд како на глобално, така и на национално ниво на сите годишен форум континенти. пред две недели во женева се одржа единаесеттиот Притоа, на локалните мрежи на глобалниот договор на обединетите нации ваквиот доброволен ангажман на никица кусиникова компаниите не смее да Конект се сфати како замена и преземање на „Како прв чекор, Конект како улогата и одговорноста секретаријат на мрежата ќе спроведе на владите, национална анкета меѓу бизнис-секторот кои и понатаму за општествените проблеми кои тие треба да останат сметаат дека треба да се приоритет на важни двигатели националните политики и каде тие како и поттикнувачи сектор можат најмногу да придонесат. на концептот Тоа може да послужи како основа на општествена за поактивно партнерско делување одговорност. на компаниите во решавањето на „Последниот тренд општествените проблеми и креирањето кој ќе го посочам се на развојните политики. Следен е потегот однесува на начинот на на бизнис-лидерите.“ кој бизнис-секторот ги реализира проектите од доменот на секретаријат на македонската дефинирање на Развојната општествената одговорност. мрежа на Глобалниот договор. Компаниите с$ повеќе го агенда на Обединетите нации по 2015 година, се „Еден од клучните напуштаат класичниот начин отвори простор за поактивно трендови во доменот на на поддршка преку донација вклучување на бизнисООП е што компаниите на некоја институција или секторот во формулирањето с$ повеќе се вклучуваат здружение. Трендот оди на идните приоритети во долгорочни развојни во насока на директно на ОН. Истражувањето проекти кои се поврзани со вклучување на компанијата спроведено меѓу 500 бизниснивниот основен бизнис. во проектите и формирање претставници од локалните На тој начин тие креираат партнерства со клучните мрежи на Глобалниот договор решенија за општествените актери во општеството во детектираше пет клучни проблеми коишто се од решавањето на проблемите. приоритети за глобален корист како за општеството, Ваквите партнерства се развој: искоренување така и за компанијата“, базираат на споделување на сиромаштијата, вели Кусиникова, која ни на ризикот, одговорноста, обезбедување храна и пренесува дел од кажаното ресурсите и на користа одржливо земјоделство, на овој настан. меѓу сите вклучени страни климатски промени, За илустрација, ИКЕА во во партнерството. Тие образование и здравство. партнерство со УНХЦР почна подразбираат активна Според Ричард Хол, директор да изработува шатори за улога на компанијата за глобални стратешки сојузи камповите за бегалци, во осмислувањето, на корпорацијата Интел, кои се изработени во нова реализацијата и ова е најголемата можност технологија базирана на следењето на напредокот за бизнис-секторот да се искуството на ИКЕА во на иницијативата“, вели вклучи во поставувањето дизајнирање компактен Кусиникова. на развојните цели на модуларен мебел. Ваквите човештвото; тоа е нешто шатори се поисплатливи, Каде е Македонија во што бизнис-лидерите ќе го полесни за авионски однос на овие трендови? остават како наследство за транспорт до бегалските Кај нас с$ уште е своите деца и внуци. кампови, а воедно се предоминантно поиздржливи од постоечките традиционалното делување Растат компаниските и може да се користат за на бизнис-секторот иницијативи подолг престој. во развојот на нашето Единствен претставник од Она што е клучно, додава општество. Освен во Македонија на женевскиот Кусиникова, е што во прашањата поврзани со состанок на локалните мрежи развивањето на овие приоди бизнис-климата, секторот на Глобалниот договор беше компаниите си поставуваат ретко е суштински вклучен Никица Кусиникова, извршен конкретни, мерливи цели кои во креирањето на останатите директор на организацијата се поврзани со промената развојни насоки и политики. Конект, која воедно е и којашто сакаат да ја направат. Проектите од доменот на

општествената одговорност насочени кон развој на заедницата с$ уште во најголема мерка се насочени кон санирање на последиците и донирање во основната општествена инфраструктура која е обврска на јавниот сектор. Сепак, с$ поголемото интегрирање на принципите на општествена одговорност од страна на македонските компании постепено изгради бизнис-лидери кои се способни да ја трансформираат улогата на нашиот бизнис-сектор во развојот на Македонија. Македонската мрежа на Глобалниот договор дава соодветна платформа и поддршка за вакво делување. „Како прв чекор, Конект како секретаријат на мрежата ќе спроведе национална анкета меѓу бизнис-секторот за општествените проблеми кои тие сметаат дека треба да се приоритет на националните политики и каде тие како сектор можат најмногу да придонесат. Тоа може да послужи како основа за поактивно партнерско делување на компаниите во решавањето на општествените проблеми и креирањето на развојните политики. Следе�� е потегот на бизнис-лидерите“, најавува директорката на Конект, Кусиникова. (Деталите од Женева ги пренесува Никица Кисиникова)

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ мај 2013 Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо бул. Маркс и Енгелс бр.7 зграда 1, влез 1 стан 32 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова Автор на прилогот: Васе Целеска Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски Фотографија: Ивана Кузмановска Фотоархива на Капитал Маркетинг: Александра Стојменова www.kapital.mk

73


74

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Општествена одговорност на ЕВН Македонија

Е

ВН Македонија во сите свои активности ги втемелува принципите на одговорност, со цел подобрување на квалитетот на животот на своите корисници и целото општество, воопшто. Овие напори на ЕВН Македонија може да се групираат во четири клучни области: корисници, вработени, животна средина и општество.

Корисници

Низ секојдневните постапки секогаш се трудиме корисниците да бидат во центарот на нашите напори. Го трансформиравме начинот на услужување на корисниците. 19-те Кориснички енерго-центри (КЕЦ) не претставуваат само локација, туку филозофија. КЕЦ е место каде што корисникот може да ги добие сите потребни информации и услуги на едно место. Со цел побрзо и поквалитетно да им одговориме на сите барања на нашите корисници, имплементиравме современи информациски системи кои ги автоматизираат процесите и ги прават информациите транспарентни и достапни. Отворивме и центар за односи со корисници, достапен 24 часа дневно во текот на целата година. Корисниците имаат можност да се информираат за нашите услуги и прекини во снабдувањето преку една точка на контакт. Електронските услуги им се достапни на нашите корисници: е-фактура, електронско сандаче и сл. Преку анализи на информациите кои ни ги даваат корисниците правиме планови за надградба на мрежата и со тоа подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија.

Вработени

Национални награди и признанија 2012 година Плакета за односи со потрошувачите за проектот „Континуирано подобрување на услугите”

2011 година Награда за вложување во заедницата, проектот „Јованче и Марика”, првата патувачка детска опера во Македонија.

2010 година Плакета за односи со потрошувачите. ЕВН Македонија доби специјално признание за комбинирани напори за едукација на корисниците на полето на енергетска ефикасност.

ЕВН Академија како специјален, интерен центар за едукација во целост придонесува за постојана надоградба на знаењата на врабвотените. Обуките во академијата опфаќаат теми од најразлична проблематика како односи со корисници, странски јазици, технички обуки како и тренинзи за заштита при работа. Ние сме еден од најголемите работодавачи во Република Македонија и постојано отвораме нови работни позиции. Секоја година нудиме програми за практиканти од македонските универзитети. Посебна програма за вработување е т.н. Trainee преку која досега повеќе од 70 млади добија можност да стекнат практично искуство и знаење. Програмата предвидува креирање на способни млади кадри преку менторство и ротација низ повеќе Оддели и КЕЦ-ови. ЕВН Македонија е првата компанија која додели стипендии за студентите на електротехничките факултети во земјава. Од мината година ги поттикнавме и другите енергетски компании со што бројот на стипендисти се зголеми.

2009 година

Заштитата на животната средина

2008 година

Биодиверзитет - Заштита на штрковите е проект во кој се идентификува влијанието на мрежата на ЕВН Македонија врз штрковите и нивното потомство. Со цел да се заштитат од електричната мрежа, а при тоа да се запазат и законските обврски, ЕВН Македонија поставува платформи на оние столбови од мрежата на кои постојат гнезда на штркови. Со тоа се подига гнездото на штркот над столбот и каблите од дистрибутивната мрежа и се намалува можноста птиците да дојдат во допир со каблите и притоа да угинат од електричен удар. Отпад- Одржувањето на чиста и здрава животна средина е сечија одговорност. Основа цел на управувањето со отпад е решение на проблемите со неговото еколошки несоодветно одлагање и отстранување. За таа цел изработивме интерна програма за справување со отпад која е усогласена со законите на Република Македонија. Програмата вклучува: евиденција, селекција и отстранување на отпадот, а кон надлежните институции и ресорното министерство редовно се даваат извештаи за количините и видовите на отпад што компанијата ги создава.

Општество

Како компанија чија дејност влијае врз толку многу животи, свесни сме за одговорноста која мора да ја носиме при исполнувањето на нашите работни задачи. Поддржуваме настани поврзани со македонската традиција, инвестираме во промоцијата на спортот и здравјето, негуваме идеја за еднаков третман на сите учесници во општеството. Особено сме посветени на подигнување на свеста за разумно користење на електричната енергија. Работиме на посебен „Училишен проект“, со којшто ги посетивме сите училишта во сите општини во државата и ги едуциравме учениците за важноста на рационалното и безбедното користење на електричната енергија во нивните домови.

Плакета за вложување во заедницата. Донација на модерна апаратура за навремена дијагноза и третман на прематурна ретинопатија на очната клиника.

2009 година Плакета за односи со вработените. Проект за практикантска работа.

2008 година Награда за вложување во заедницата за училишниот проект за едукација на децата од основните училишта за значењето и штедењето на електричната енергија. Награда за заштита на животната средина. Проект за заштита на биодиве-рзитетот, односно птици кои се гнездат на дистрибутивната мрежа.

2008 година Плакета за односи со вработените за проектите „ЕВН Македонија Академија“ и програмата Трејнис. Јубилејно признание за континуирано спроведување на општествено одговорни практики за време од 5 години постоење на националната награда во 2012 година.

Други позначајни награди Награда за активен придонес во подобрувањето на условите за живот и потребите на лицата со хендикеп од Р. Македонија, доделена во рамките на манифестацијата „Различни, а еднакви“ во 2012 година. Најопштествено одговорна компанија на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ во 2011 година. Медал на мирот од Детската амбасада за сите деца во светот за своите вложувања во општеството за добро на децата во 2011 година.


КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ Новоматик Групацијата (Novomatic group of companies) е една од најголемите корпорации во Европа за производство на високотехнолошка гејминг опрема. Компанијата е основана во 1980 година од страна на индустријалецот Јохан Ф. Граф, а својот успех го должи на 30-годишното искуство, посветеноста и креативноста на повеќе од 22.000 вработени низ целиот свет. Новоматик, како групација за производство на игри располага со висока свест за социјална и социополитичка одговорност која во целост ја прифаќа и почитува, и секогаш се стреми на своите корисници да им понуди висококвалитетна забава во безбедно опкружување. Корпоративната општествена одговорност има долга традиција во Новоматик. Компанијата активно учествува во активности од областа на уметноста, културата, спортот и останати општествени активности. Како економски високо успешна компанија, сметаме дека е наша должност да им помогнеме на оние на кои им е потребно. Убедени сме дека здрав и одржлив економски развој е возможен само во здрава и социјално одговорна средина. Да изградиш и да одржиш еден бренд на кој луѓето ќе му веруваат и ќе го сакаат, не е само доволно да се фокусираш на сегашноста – мораш да се грижиш и за иднината. Ние знаеме дека профитабилниот развој на нашата компанија, зависи од економските, социјалните и природните опкружувања. И знаеме дека од наш најголем интерес е инвестицијата во одржливиот развој на општеството.

Затоа, ХТЛ Македонија како генерален претставник на Новоматик Австрија со гордост го продолжува и спроведува основниот корпорациски концепт, тука во Македонија. Основните принципи во нашиот концепт за корпоративна одговорност, се создадени за да ни послужат како патоказ и пример за тоа како треба да се однесуваме во сите наши бизнис активности. До сега, спонзорирани и помогнати се активности од областа на спортот, уметноста, културата и најважно од се децата. Некои од нашите досега реализирани проекти и програми се: „Новоматик, младите и спортот“, „Децата се нашето најголемо богатство“ и „Новоматик за зачувување на културното богатство и уметноста“

„… Социјалната одговорност има долга традиција во Новоматик. Се чувствуваме обврзани да го поделиме нашиот корпорациски успех со општеството, да допринесеме за развој на социјалната солидарност, да ја подржиме уметноста, културата, науката, и спортот. Затоа, ќе продолжиме со активностите како глобално, така и локално и се надеваме дека нашиот пример ќе послужи како смерница во социјалната одговорност и за многу други компании во земјава…“

ЃорЃи Дамјановски

Генерален Менаџер, ХТЛ Македонија


koo_maj_2013