Page 1

o not e t o @ivuruvaw" e g osi "vle^ niot go itel vo gur osi biznisnija edo Mak

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

петок 30/05/2014 www.kapital.mk

...кој е кој: финансиски сектор Bankite najavuvaat

Pove]e krediti za firmite do krajot na godinava

Kreditirawe vo regionot

Blag porast vo Hrvatska, Srbija gi subvencionira kamatite

Vo na[iot fokus

Patot na uspehot Viner Osiguruvawe


| Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор |

Bankite najavuvaat

Pove]e krediti za firmite do krajot na godin Крупните инфраструктурни проекти што ќе ангажираат поголем број македонски фирми, како и зголемувањето на извозот, ќе предизвикаат поголемо кредитирање на бизнис секторот, најавуваат македонските деловни банки за до крајот на 2014 година Пишува:

Игор Петровски

Б

igor.petrovski@kapital.mk

анките одобриле 7,1% повеќе кредити во април годинава споредено со истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Поголем пораст се забележува кај кредитирањето на граѓаните, додека пак кредитната поддршка за приватните фирми се уште расте слабо. Наплатата на кредитите во април повторно се влошила и според податоците банките не можат да наплатат 428,6 милиони евра. Ако се анализира периодот од јануари до април годинава, банките одобриле 61,9 милиони евра повеќе кредити. Лани на ниво на банкарски сектор порастот на кредитирањето беше 6,4%, што од некои аналитичари беше оценето како недоволно за потребите на населението, особено бизнис секторот, кој што постојано е “гладен“ за свеж капитал. Банкарите пак велат дека кредитниот раст е во согласност со растот на економијата, и дека пари за добрите

44| 30 мај, 2014

проекти на фирмите секогаш ќе има. Од друга страна пак, минатата година банките пласираа дури 605 милиони евра во државни хартии од вредност, што е пораст од 25% во однос на 2012 година. Разговаравме со неколку домашни банки од сите три сегменти – големи, средни и мали, за тоа какви се нивните прогнози и планови во врска со економската активност до крајот на годинава и следствено на тоа, нивното кредитирање на бизнис секторот, како и за новите производи и услуги што планираат да ги понудат на пазарот. Генерално очекувањата се дека годинава кредитниот раст ќе го следи повисокиот економски раст, предизвикан пред с$ од големите инфраструктурни зафати, како што е завршувањето на Коридорот 10 кон Грција. Претседателот на Здружението за банкарство при Стопанската комора на

61,9

милиони евра повеќе одобриле банките во кредити вите четири месеци годипр нава

Македонија и генерален директор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски вели дека според теорија и пракса каде што се изведуваат вакви инвестициски зафати, сето тоа има влијание на порастот на економијата. “Уште поважно е што македонски градежни фирми ќе учествуваат во изградбата, ќе повлечат потрошувачка на материјали, ќе се зголеми бројот на вработени и со тоа поголема економска активност. Врз основа на тоа, но и забрзаниот раст на извозот во последните неколку квартали, се очекува годинава да има позасилено кредитирање“, смета Јанчевски. Минатогодишниот раст на кредитирањето од околу 6%, според Јанчевски е на задоволително ниво и во корелација со економскиот раст лани. “Банките се подготвени да го поддржат бизнис секторот бидејќи с$ уште се преликвидни, процентот на парите што банките го држат во државни и благајнички записи е с$ уште висок што значи дека растот на депозитите е поголем отколку растот на кредитите. Она што охрабрува, податоците од првиот квартал укажуваат на тоа дека годинава ќе имаме позасилено кредитирање отколку лани.

Ризиците имаат влијанија бидејќи процентот на нефункционални кредити кај фирмите с$ уште е висок“, смета тој.

Пораст на кредитирањето и до 12% кај некои банки

Во Комерцијална банка, која што најмногу кредитира компании од сите банки во Македонија, планираат годинава износот на нето кредитите на коминтенти (со с$ кредитите за физички лица) да порасне за 5%. Ако се има предвид дека тоа е големина која е искажана како нето износ, односно намалена за соодветна резервација, вкупниот износ на кредитирањето би се движели над овој процент, во зависност од проектите и ризиците присутни во економијата, објаснуваат во Комерцијална. “Растот на кредитирањето треба да е паралелен со растот на вкупната економска активност гледана преку БДП, вработеност, куповна моќ и сл. Ликвидноста на банакта овозможува и поголема кредитна активност, но тоа не смее да биде по цена на зголемен кредитен ризик“, вели Маја Стевкова-Штериева, финансиски директор на Комерцијална банка. Таа додава дека во делот на компании банката продолжува


Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор |

i

nava

30 мај, 2014 |45


| Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор |

Ѓорѓи Јанчевски

Јованка Јолеска - Поповска

е има поголеми ангажмани на Ќ фирмите околу изведувањето на инфраструктурни проекти, ќе бидат

о последниве пет години В бележиме постојан раст во кредитно

НЛБ Тутунска банка

потребни повеќе банкарски гаранции, фирмите ќе имаат потреба од кредити и за репроматеријали. Очекуваме да финансираме повеќе проекти во делот на електроенергијата и проекти за енергетска ефикасност. со внимателна кредитна политика бидејќи ризиците с$ уште постојат. “Основа цел останува зајакнување на конекцијата со постојните клиенти и успешно менаџирање на постојното кредитното портфолио. Се разбира Банката секогаш е отворена за нови проекти за кои ќе процени дека се профитабилни со прифатливо ниво на ризик. Општиот заклучок би бил дека очекувањата се позитивни, но со доза на претпазливост и потреба од темелна анализа

на секој проект“, вели Штериева-Стевкова. Во Прокредит банка, која што минатата година ја заврши со раст на кредитирањето на

7,1% е кредитниот раст во месец април

Банки со најголема актива во 2013 (во евра) Комерцијална банка 1.411.932.000 Стопанска банка 1.282.908.000 НЛБ Тутунска 976.845.000 Охридска банка 455.651.000 Прокредит банка 267.490.000 Шпаркасе банка 247.825.000

2013/2012 4,9% 4,7% 0,8% 4,0% 9,3% -8,1%

Банки со најголеми приходи во 2013 (во евра) Комерцијална банка 62.737.000 Стопанска банка 60.289.000 НЛБ Тутунска банка 44.087.000 Прокредит 17.032.000 Охридска банка 16.615.000 Шпаркасе банка 11.286.000

2013/2012 2,8% 5,7% -4,8% 6,0% 10,7% -2,9%

Банки со најголема добивка во 2013 (во евра) НЛБ Тутунска банка 17.321.000 Стопанска банка 16.097.000 Прокредит банка 2.762.000 Охридска банка 2.496.000 Комерцијална банка 1.282.000 Унибанка 1.057.000

2013/2012 110,8% 24,4% 5,9% 19,9% -86,0% -30,4%

*Банктие што немаа јавно објавени податоци до моментот на подготвување на табелите не се опфатени во анализата

Прокредит банка

портфолио над 10%, а цел банкарски сектор расте со околу 6% годишно. За до крајот на годинава планираме раст на кредитирањето од 12%. бизнисите од безмалку 10%, велат дека во првиот квартал годинава оствариле раст на ова кредитно портфолио за 3,4%, што е пораст во однос на ланските 2,99% за истиот период. Засилена кредитна динамика има кај компаниите од сите сегменти со кои што работи Прокредит – микро, мали и средни. Лани, најголем пораст во кредитирањето забележале во сегментот на мали и средни компании, односно кредити над 50.000 евра. Индустриите од сегментот на производство, градежништво, прехранбена индустрија биле најактивни, а потоа и трговија на големо. За до крајот на годинава, Прокредит планира раст на кредитирањето од 12%. “Во последниве пет години бележиме постојан раст во кредитно портфолио над 10%, а цел банкарски сектор расте со околу 6% годишно. Настојуваме да стимулираме што повеќе граѓани и бизниси во насока на кредитирање на инвестиции за подобра животна средина, енергетска

ефикасност, модернизирање и оптимизација на трошоците, области во кои досега имаме пласирано 6,5 милиони евра, од кои што 96% отпаѓаат на фирми“, вели Јованка Попоска-Јолеска, генерален директор на Прокредит банка. Двоцифрен раст на кредитирањето годинава планира и Охридска банка, од 10%. Доколку се создадат услови за зголемена поддршка на реалниот сектор, како резултат на подобрено домашно опкружување или влез на странски капитал, тие се подготвени за зголемено кредитирање, велат од банката.

Проектното финансирање како предизвик

Што се однесува на понудата на нови производи и услуги, банките со кои што контактиравме велат дека постојано ги следат европските трендови во

Јитка Пантучкова Охридска банка

роектиравме кредитен П раст од 10% оваа година, а доколку се создадат услови за зголемена поддршка на реалниот сектор, како резултат на подобрено домашно опкружување или влез на странски капитал, Охридска банка е подготвена за зголемено кредитирање.

КРЕДИТИ И ДЕПОЗИТИ КАЈ НАЈГОЛЕМИТЕ ДЕЛОВНИ БАНКИ СПОРЕД АКТИВА СОСТОЈБА НА 31.12.2013 (во милиони денари)

Актива Бруто кредити на нефинансиски субјекти претпријатија домаќинства Депозити на нефинансиски субјекти претпријатија домаќинства Извор: Народна банка на РМ

46 | 30 мај, 2014

Комерцијална банка 86.884 54.108 42.859 9.602 71.372 13.376 55.162

Стопанска НЛБ-Тутунска банка-Скопје банка 78.900 59.878 53.587 40.837 21.679 21.060 31.901 19.340 62.125 44.955 12.108 10.082 48.285 33.811

Охридска банка 28.072 17.926 11.316 6.274 18.193 10.029 7.955

Халк банк 20.251 14.132 7.456 6.268 11.015 3.983 6.267

Прокредит банка 16.465 12.582 9.131 3.451 9.956 1.890 7.788

Шпаркасе банка 15.276 9.006 5.776 3.170 7.565 2.400 4.705


| Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор |

Глигор Бишев

Маја Стевкова-Штериева

О

о моментов сме во постапка на В склучување на нов договор со Македонската банка за поддршка на

Шпаркасе банка

чекуваме кредитирањето на компаниите да го следи минимум растот на економијата, но планот на Шпаркасе банка е да има раст на ова кредитирање поголем од пазарниот просек, односно поголемо од растот на економијата.

кредитирањето на компаниите и начинот на структурирање на кредитите. Шпаркасе банка, вели дека на клиентите им нуди специјализирана техника на финансирање и водење на проектите во делот на изградба на постројки за производство на електрична енергија од обновливи извори, како што се мали хидроцентрали, фотоволтаични и биогасни централи, како и останати видови на специјално проектно финансирање, како што е изградба на трговски центри, хотели, итн. “Очекуваме кредитирањето на компаниите да го следи минимум растот на

48| 30 мај, 2014

Комерцијална банка

развојот за нова кредитна линија од Европската инвестициска банка. Во исто време интензивно се работи на нови производи во делот на инфраструктурни проекти и јавно приватно партнерство.

економијата, но планот на Шпаркасе банка е да има раст на ова кредитирање поголем од пазарниот просек, односно поголемо од растот на економијата. Во делот на кредитирање на населението, високата конкуренција во овој сегмент, изразена преку постојани кампањи од страна на деловните банки, очекуваме исто така раст повисок од ланскиот“, вели генералниот директор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев. Кога зборуваме за иновативни продукти кај банките, како што изјави првиот човек на Стопанска банка-Скопје, Диомидис Николетопулос во интервјуто

за Дневник од крајот на минатата година, “во основа комерцијалното банкарство не е премногу иновациско, затоа што налага соодветно и систематско спроведување и извршување основни финансиски правила и принципи“. “Kој било производ што ќе се понуди може многу лесно и веднаш да се копира и да биде понуден од конкуренцијата, па затоа прашањето не е толку што да се воведе, туку како“, изјави Николетопулос. Инаку Стопанска банка во тој дел направи исчекор на почетокот од годинава, со отворање на првата i-Bank Store во земјава, интернет

филијала каде што на едно место се собрани сите алтернативни иновативни банкарски услуги – е-банкинг, м-банкинг, телефонско и банкарство преку АТМ. Во Комерцијална банка велат дека постојано воведуваат нови производи или ги модифицираат постојните во зависност од барањата на клиентите. “Во моментов Во моментов сме во постапка на склучување на нов договор со Македонската банка за поддршка на развојот за нова кредитна линија од Европската инвестициска банка. Во исто време интензивно се работи на нови производи во делот


| Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор | на инфраструктурни проекти и јавно приватно партнерство“, велат во Комерцијална банка. Кредитното животно осигурување е подрачјето во кое ќе се развива Охридска

банка. Како што вели генералната директорка на банката, Јитка Пантучкова, тие се засега единствена банка што го нудат овој производ, а тој е мошне добро прифатен од клиентите.

“Дигиталното банкарство исто така е приоритет за нас. Во делот на понудата за население оваа година во фокусот се станбените и потрошувачките кеш кредити“, вели Пантучкова.

Ако по утрото денот се познава...

Банките ќе имаат поголеми добивки во 2014

М

инатата година банкарскиот сектор ја заврши со добивка од 37,6 милиони евра, или за 58% повеќе во однос на 2012-та. Судејќи според резултатите за првиот квартал годинава, банките се на добар пат да имаат уште подобар резултат и од лани – трите најголеми банки во земјава, Стопанска-Скопје, Комерцијална и НЛБ Тутунска имаат зголемување на приходите од редовно работење, односно 11,5%, 3,4% и 12,1% респективно. Стопанска

- Скопје и НЛБ Тутунска имаат пораст и на нето добивката за 52,5% и 38,2% респективно, додека Комерцијална банка, заради, има загуба во првиот квартал од 1,62 милиони евра, но таа е помала од минатата година за 73,4%. Негативниот финансиски резултат се должи првенствено на загубата за оштетување на имот преземен по 01.01.2010 година, која согласно регулативните е евидентирана на 01.01.2014 година.

РЕЗУЛТАТИ НА БАНКИ ВО ПРВ КВАРТАЛ 2014 (во евра) 2014 2013 Комерцијална банка 14.373.000 13.905.000 Стопанска банка 16.208.000 14.540.000 НЛБ Тутунска банка 11.680.000 10.420.000 Охридска банка 4.273.000 4.145.000 Шпаркасе банка 2.365.000 2.842.000 Извор: Извештаи поднесени до Македонска берза и КХВ

50 | 30 мај, 2014

Приходи промена 3,4% 11,5% 12,1% 3,1% -16,8%

2014 -1.622.000 7.014.000 3.211.000 1.004.000 37.000

2013 -6.087.000 4.600.000 2.323.000 447.000 66.000

Добивка Промена -73,4% 52,5% 38,2% 124,5% -43,4%


| Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор |

Vo na[iot fokus

Patot na uspehot e w a v u r u g i s O r e n i V

В

Неговата верба во успехот, сепак ќе се осигурителните компании. Во фокусот на покаже доволно силна да ги надмине Капитал, на овие страници се токму тие 5 наталожените проблеми. Веќе во 2009 години, на успешниот пат на Винер. година компанијата остварува раст на За компанијата, таа 2008 година е „да се полисираната премија, и што е побитно – биде или не“. Сите параметри укажуваа покажува сериозен деловен потенцијал под на банкрот и неочекуваната можност водство на новиот менаџерски тим. Тоа не за стратешко партнерство со Виена Иншуренс Груп во моментот се чинеше како поминува незабележано и истата година Виена Иншуренс Груп, една од најмоќните единствена шанса за излез од кризата. осигурителни групаци во Европа купува Услов за тоа, се разбира, беше и целосна 100% од акциите на тогашна Сигма. промена на менаџментот и деловните Компанијата влегува во една нова ера, под принципи. На чело на компанијата нов бренд – Винер, подготвена целосно да доаѓа Зоран Нарашанов, кој ја напушта раскине со турбулентното минато и да престижната позиција на Главен се наметне како сериозен играч на Директор во Телеком. осигурителниот пазар. „Многумина беа зачудени Веќе во 2010, Винер – Виена од оваа моја одлука. Иншуренс Груп станува Тие денови пријателите најбрзо растечката ме гледаа како да се повисока е просечно компанија на македонскиот качувам на брод кој тоне. исплатената штета од осигурителен пазар, Веројатно и се качував на пр ос ек от во целата индустрија најпрепознатлива по брод кој тоне“, во смеа се високата услужна сеќава Нарашанов. култура. Овие два епитети продолжуваат да ја следат компанијата се до денес. Со својот динамичен развоен пат - за само 5 години Спроведувајќи ги највисоките деловни принципи, компанијата од речиси банкротираната Сигма до компанија почнува засилено да чии одлични резултати придонесоа Виена инвестира во безбедноста на своите клиенти, а нејзиното Иншуренс Груп да стане доминантен и убедлив реосигурување е оценето удел на пазарот на лидер на македонскиот осигурителен пазар, неживотно осигурувањ со А+ според стандардите е на S&P. И покрај големите Винер покажа дека ја има формулата на успехот о не така далечната 2008 година работите за осигурителната компанија Сигма беа далеку од розеви. Веќе подолго време, поради недостиг на средства, компанијата мачеше мака со исплатата на штетите и на платите на вработените. Додека траеше борбата за гол опстанок на осигурителниот пазар, стигна и веста која се чинеше дека ќе го зададе последниот удар – одземена е лиценцата за работа на Сигма, компанијата е исклучена од системот за издавање полиси на Националното Биро, а банкарските сметки се блокирани. И најголемите оптимисти беа убедени дека компанијата набрзо ќе стане стара вест на пазарот. Сепак, сите овие прогнози ќе се покажат како неточни. Пет години по катастрофалната состојба, во 2013 година, компанијата со целосно нова деловна филозофија и со ново име, Винер – Виена Иншуренс Груп, ќе се искачи на врвот меѓу

30%

13,5%

52 | 30 мај, 2014


Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор |

Во 2012 година, поради зголемениот обем на работа, клиенти и вработени, Винер се сместува во нов, репрезентативен деловен објект. и компетенција да бидат дел од тимот. Сепак, во разговор со нив, ќе забележите Зголемениот обем на работа, големиот дека најмногу се горди на дополнителната број на нововработени и желбата да вредност што успеале да ја обезбедат за се обезбеди уште подобра продажна и клиентите на компанијата. постпродажна услуга на клиентите, во “Успеавме на ниво на компанија да 2012 година ја селат компанијата во нов, постигнеме многу пониско ниво на престижен амбиент. административни трошоци, што од „Ни требаа само 3 години да се друга страна ни овозможува на нашите консолидираме и да станеме промотори клиенти да им понудиме најфер цена на една нова деловна филозофија – за осигурување. Пониските трошоци беспрекорна услуга на клиентите, исто така ни дава можност и да пакети креирани според обезбедиме највисоко ниво на потребите и можностите реосигурување - А+ според на граѓаните, експресна Standard&Poors. Тоа е многу обработка и исплата на важно, особено за големите штети и супериорно клиенти, кои поради тоа порасна профитот на реосигурување. Овие во нас гледаат партнер од Ви не р минатата година 4 столба беа, се и ќе доверба.“ велат во Винер. бидат стабилната основа Како уште еден голем адут го на нашиот динамичен истакнуваат управувањето со развој.“ вели Нарашанов. штетите – нивното решавање, Во 2013 година компанијата исплата и резервации. вложувања, компанијата успева да ја забележува профит Според официјалните заврши годината со голем профит и раст зголемен за 60%, а веќе во јуни, 5 години извештаи на Агенцијата за супервизија од огромни 23%. Одличните резултати во по привременото губење на лиценцата за во осигурувањето, Винер Осигурување е континуитет на Винер се мотив за Виена работа, Винер Осигурување е компанија со компанија која истовремено има убедливо Иншуренс Груп да инвестира во нова најголем удел на пазарот на осигурување најмал број на нерешени штети, издвојува компанија за животно осигурувањево во Македонија. Со овие резултати Винер највисока сума за штети во резерваци и Македонија – Винер Лајф. ги отвора вратите за проширување на исплаќа за 30% повисоки суми по штета од Следната, 2011 година е година на целосна австриските инвестиции во Македонија пазарниот просек . Така, Винер исплаќа еуфорија – Винер е веќе препознатлив – Виена Иншуренс Груп го купува Кјуби и просечно по 77.535 денари за штета, бренд на пазарот. Пазарниот удел станува доминантен и убедлив лидер на наспроти пазарниот просек од 56.000 динамично се зголемува и е удвоен. пазарот. Винер ја завршува годината со денари, а воедно обезбедува средства за Компанијата ја завршува годината полисирана премија од 676 милиони денари покривање на просечна бруто резервација со извонредни 530 милиони денари и раст од 7,3%. Растот продолжува и во 2014 на штета за 340% повисоки од состојбата на премија и 100 000 осигуреници. Полека, година, па така, само во првиот квартал е осигурителниот пазар. но сигурно компанијата се пробива во остварена полисирана премија од речиси Сите овие факти и даваат на самиот врв на пазарот. С$ поголем број 300 милиони денари, што е повеќе од сторијата за успехот на на искусни продавачи се придружуваат целата 2008-ма. Винер уште поголема на тимот на Винер, а во исто време Последниов факт најдобро го сумира тежина. Секогаш е компанијата регрутира голем број сето она што менаџментот на компанијата убаво да се чуе за млади и преспективни луѓе со амбиција успеал да го стори во изминатиот период. домашна компанија која потпирајќи се на домашни кадри прераснува во модерна, Д-р Зоран Нарашанов динамична и директор на Винер – Виена Иншуренс Груп професионална во наредниот период планираме да продолжиме со компанија за проектот „Кариера во Винер“, односно со активна пример. Винер регрутација на перспективни млади луѓе, кои ќе имаат денес секако можност за професионален развој во рамки на е тоа. компанијата, но и на меѓународен план во рамки на Виена Иншуренс Груп. Целта е да создадеме уште помоќен тим кој успешно ќе ја следи и спроведува деловната филозофија на компанијата, во чиј центар е супериорната услуга на клиентите.

60%

И

30 мај, 2014 | 53


| Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор |

@ivotnoto osiguruv osiguritelniot biz

Во очекување на позитивно раздвижување во македонската економија, осигурителите годинава почнаа да планираат и промовираат нови осигурителни пакети. Конкуренцијата здраво ја размрда понудата, па сега во игра се различни бизнис осигурителни пакети, колективни осигурувања, здравствени пакети, нови можности во животното осигурување... Пишува:

Верица Јорданова

А

verica.jordanova@kapital.mk

ко се изземе двоцифрениот раст на животното осигурување, за остатокот од осигурителниот пазар слободно може да се каже дека во 2013 година буквално стагнираше. Статистички евидентираниот раст на вредноста на брутополисираната премија од 2,56% на годишно ниво, која на крајот од минатата година достигна ниво од безмалку 117 милиони евра, се должи единствено на порастот на животното осигурување. Растот во делот на неживотно беше минимален, само незначителни 0,8%?! Капитал анализира зошто се уште осигурителниот пазар не може живне? Зошто и покрај воведувањето на нова понуда, граѓаните и компаниите осигурувањето не го стават во своите приоритети? Менаџерите од повеќето осигурителни компании кои ги контактиравме се едногласни во оценката дека потенцијалот за раст на македонскиот пазар е неспорен, но дека нивниот растот во најголем дел зависи од состојбите во реалниот сектор. Моменталните среднорочни макроекономски претпоставки кои се оптимистички ги прават пооптимистички и проекциите на осигурителните компании. Ако се суди според информациите што ги добивме од осигурителните компании, кои во најголем дел зборуваат за нови производи и нов пристап кон клиентите, македонските граѓани и компаниите можат да се надеваат на многу поголема и

54 | 30 мај, 2014

поразновидна понуда годинава. “Очекуваме осигурителниот сектор да покаже поиновативен пристап во креирањето и продажбата на

своите продукти што комбинирано со оптимистичките прогнози за растот во реалниот сектор секако ќе значи излез од долгогодишната стагнирачка состојба


Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор |

vawe go "vle^e" znis vo Makedonija 20,6% опадна осигурување имот од пожари на

0,8%

пораснаа сите остана класи на осигурувањти е

22%

порасна живо ото осигурување вотн 2013 г.

4%

Порасна бројо склучени договотриназа осигурување

на пазарот за осигурување“, велат оптимистички од Еуролинк осигурување, компанија чија што стратегија за следниот период ќе биде насочена

кон помалку застапените сегменти од пазарот, како што се индивидуалните имотни осигурување, осигурувањето на одговорност и здравственото

ПАЗАРЕН УДЕЛ НА ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ ВО 2013 1 Триглав 15,0% 2 Еуролинк 10,9% 3 Македонија 9,7% 4 Сава 9,4% 5 Винер 9,4% 6 Уника 8,9% 7 Ос.полиса 8,1% 8 Европинс 6,3% 9 Кроација н. 4,9% 10 Албсиг 4,7% 11 Кроација ж. 4,4% 12 Граве 4,4% 13 Винер ж. 0,7% 14 Уника ж. 0,6% 15 Македонија ж. 0,1% Извор: Агенција за супервизија на осигурувањето

осигурување. “Оваа бизнис стратегија подразбира побавен но долгорочно профитабилен раст, без посебен акцент на автомобилската одговорност, каде што конкуренцијата е најголема заради брзиот паричен тек“, велат оттаму. Новина во Еуролинк е новиот пакет за здравствено осигурување, кој сега се подготвува, а е наменет за вработените. Тој предвидува пакет од систематски прегледи, трошоци за болничко лекување, стоматолошки услуги и трошоци за лекови. Интересно е што сите компании кои ги контактиравме “крчкаат“ некои нови осигурителни продукти во својата понуда. Добар дел од нив се однесуваат и на компаниите, а се игра и на картата на брзина и ефикасност кои им се многу важни на клиентите. Така, главниот новитет на Винер осигурување во моментот е воведувањето на мобилна процена и ликвидација на штети, воведен со единствена цел на клиентите да им се заштеди што повеќе време. Во рамки, пак, на портфолиото нови продукти, Винер го понудија пакетот All Risk наменет за заштита на ризиците во индустријата, како и пакетот Business Interuption кој ги надоместува трошоците од прекин во дејноста под влијание на настаната штета. Триглав Осигурување континуирано работи на подобрување на постоечките, како и на развој на нови продукти. Така, минатата година го воведовме Триглав комплет, пакет производи којшто обезбедува осигурување на дом, осигурување на семејство и каско осигурување на автомобили, со вклучени дополнителни поволности. Со сигурност во текот на оваа година

30 мај, 2014 | 55


| Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор |

КОЈ Е КОЈ СПОРЕД ВИСИНАТА НА ПРЕМИИТЕ ВО 2103 ГОДИНА (во 000 денари) годишна промена осигурителна компанија вредност на БПП 2013/2012 1 Триглав 1.082.218 0,90% 2 Еуролинк 783.546 12,20% 3 Македонија 695.165 2,70% 4 Сава 676.655 2,40% 5 Винер 676.227 1,00% 6 Уника 638.138 7,40% 7 Осигурителна полиса 582.585 1,50% 8 Евроинс 456.594 29,20% 9 Кроација 352.465 0,90% 10 Албсиг 341.136 4,50% 11 Инсиг 179.314 6,70% Вкупно неживот 6.464.043 0,70% 1 Кроација 316.445 29,70% 2 Граве 313.843 18,20% 3 Винер 5.513 32,00% 4 Уника 41.233 1,30% 5 Македонија 4.808 40,00% Вкупно живот 729.459 21,90% Извор: Агенција за супервизија на осигурувањето

Со двоцифрени стапки на раст во изминатиет неколку години и вредност на бруто полисираната премија од 11,8 милиони евра, што е околу 1,5% од БДП, животното осигурување е лидер на македонскиот пазар, но се уште далеку од европскиот просек од 8% од БДП. Компаниите бележат раст, воведуваат нови производи свесни дека осигурувањето на живот иако е во експанзија, се уште е во зародиш и со огромен потенцијал за развој. овој пакет ќе биде надграден, а со тоа оглед на фактот дека оваа дејност е и поповолен и атрактивен за клиентите. прилично апстрактна за најголем дел од На почетокот на мај, оваа година ја осигурениците. воведовме промотивната понуда за Животното и здравствено патничко осигурување, годинава ќе расте! во чии рамки на нашите клиенти им Растот од 22% во животното осигурување овозможуваме заштеда од 20% за сите минатата година се очекува да дестинации во светот. продолжи и годинава. Разгледуваме и можности Изминатите неколку за развој и воведување на години пазарот за животно други производи и услуги, осигурување во земјава коишто сметаме дека ќе рапидно се развива и се одговорат на потребите на зголемува, а премијата пазарот и ќе придонесат континуирано бележи за уште поголемо двоцифрени стапки на раст. задоволство на клиентите. е уделот на Тоа според осигурителните Дополнително осигурителни премии компании во овој сегмент, во БДП во Македонија раздвижување во зборува дека македонскиот за 2012-та година конкуренцијата и понудата граѓанин се повеќе ја на пазарот се очекува да согледува корисноста внесе и аквизицијата која на полисата за животно се случи минатата година, осигурување. Значаен со преземање на Кјуби од фактор кој значително страна на Виена Иншуренс влијаеше на развојот на груп. Компанијата тогаш е уделот на животното осигурување го врати своето старото осигурителни премии во изминатите години, име- Македонија, а во БДП ви Словенија според нив, е основањето нејзина основна дејност е и поставената регулатива продажба на финансиски од страна на Агенцијата за надомест за настанати супервизија на осигурување штети од договорени која даде правилни насоки и ризици. Оттаму велат постави добро контролирана дека постојано работат регулација која допринесе е пенетрацијата на на подобрување, осигурувањето во за сигурност и пораст на поедноставување и ЕУ-27 довербата во работењето на разјаснување на услови осигурителните компании. за осигурување со

БРОЈКИ

1,5%

5,8% 7,7%

56 | 30 мај, 2014

Марија Томеска

извршниот директор на Еуролинк Осигурување

чекуваме осигурителниот О сектор да покаже поиновативен пристап во креирањето и

продажбата на своите продукти што комбинирано со оптимистичките прогнози за растот во реалниот сектор секако ќе значи излез од долгогодишната стагнирачка состојба на пазарот за осигурување.

Танчевска Сања Триглав

акедонскиот пазар е М исклучително концентриран и конкурентен, но сеуште

недоволно развиен затоа што најголемиот дел од пазарот отпаѓа на задолжителното осигурување од автоодговорност. Голем потенцијал гледаме во незадолжителните осигурувања, кои што се уште немаат значаен удел во вкупното осигурително портфолио. Ова пред сè се должи на фактот дека свесноста за потреба од осигурување кај нас е на многу пониско ниво споредено со земјите во регионот и во Европа. Лидер во делот на животното осигурување е Кроација осигурување –живот, кој минатата година забележа пораст од 29,7% на бруто полисираната премија во однос на 2012 година. Од оваа компанија велат дека лидерската позиција ја одржуваат со постојан развој на технолошките можности, воведување на дополнитени бенефити и поволности за осигурениците, како и со имплементација на стандард за квалитет. Почетокот на 2014 година го одбележаа со воведување на долгонајавуваниот Cro Link, линкуван производ кој ќе ги спои бенефициите на нашата компанија и на банка. Станува збор за производ кој досега не и беше познат на нашата, но и на пошироката регионална јавност. Новина е подобреното детското штедно осигурување, а до крајот на годината планираат да воведат


Централна Kооперативна Банка АД Скопје

СУПЕРИОРНА ПОДРШКА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

Кредитни линии за целосна финансиска подршка на Вашиот бизнис КРЕДИТ ЗА ОБРТНИ СРЕДСТВА

“ОБРТ”

 До

600.000 еур

ИНВЕСТИЦИСКИ КРЕДИТ

“РАСТ”

 До

1.000.000 еур

БИЗНИС ОВЕРДРАФТ

“ДОВЕРБА”  До

200.000 еур

 Рок до 5 години

 Рок до 10 години

 Грејс период до 6 месеци

 Грејс период до 24 месеци

 Максимален рок до 36 месеци со можност за обновување

 Камати веќе од

 Камати веќе од

 Камати веќе од

5%

5,5% www.ccbank.mk

тел: 02/ 3222-151; 02/ 3213-273

7%


| Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор | уште еден производ, кој се уште ниту една осигурителна компанија во земјава го нема. “Животното осигурување е придвижувач на целиот осигурителен пазар. Иако веќе шеста година по ред животното осигурување расте со двоцифрени стапки, учеството во вкупната осигурителна премија е с$ уште околу 10% што претставува објективен показател дека најголем дел од пазарот е с$ уште неискористен. Со заздравувањето на макроекономските показатели очекувањата се за уште поуспешни години и вртоглаво растење на животното осигурување во следнава деценија“, велат од Кроација осигурување –живот. Растот на животното осигурување во Винер лајф го толкуваат како логична последица од појавата на се поголем број на компании кои ја нудат оваа услуга и голем избор на квалитетни производи. “Ако порано купувањето на животна полиса беше редок случај,

денес граѓаните се повеќе стануваат свесни за значењето и бенефитите, се грижат за иднината на своите најблиски и поради тоа одлучуваат да инвестираат во нешто што има долгорочно траење и извесен резултат“, велат во Винер лајф потенцирајќи дека едукативната и информативна улога за бенефитите од животно осигурување се уште не се завршена работа. Досегашните мерења и анализи им влеваат сигурност дека и во 2014 година ќе го остварат растот од 2013. Она што дефинитивно останува предизвик за осигурителите и во следниот период е да ги едуцираат гражаните дека суштината на животното осигурување не да остварат голема добивка, туку стабилно да штедат на долг рок. За целата осигурителна индустрија едуцирањето и континуираното информирање на клиентите за бенефитите од поседување осигурителна полиса остануваат голем предизвик. Големото раздвижување во понудата, пак, им оди во прилог на очекувањата 2014 година да биде подинамична осигурителна година.

Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо бул. Маркс и Енгелс бр.7 зграда 1, влез 1 стан 31 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова Автори на прилогот: Верица Јорданова Игор Петровски

Дарко Дедиќ

Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски

Н

Фотографија: Ивана Кузмановска Фотоархива на Капитал

Член на Управен одбор на Винер животно осигурување

а денешниот купувач мора да бидете подготвени да му одговорите на секое барање и во смисла на готови пакети што тој без никакво ангажирање ќе ги консумира, но исто така морате да дадете и можност за самиот потрошувач да си го создаде производот, односно со своите желби и барања да учествува во креирањето. Таков е односот со ангажираниот и едуциран потрошувач.

специјален прилог

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ мај 2014

Маркетинг: Александра Стојменова Сања Савовска Бобан Ѓорѓиевски www.kapital.mk

20 ZDRAVO LETO ЈУНИ 2014

Предизвикот да се биде здрав и полн со енергија постои и во летните месеци. Без разлика што сонцето и топлото време влијаат позитивно врз расположението, летото сепак е период кога не смееме да ја запоставиме грижата за здравјето. ВО ОВА ИЗДАНИЕ НА “ЗДРАВО ЛЕТО“ ВИ ПОДГОТВИВМЕ КОРИСНИ СОВЕТИ:  Заштитата од сонцето е ЗАДОЛЖИТЕЛНА! Македонија, како и многу други земји бележи пораст на бројот на заболни од рак на кожа. Сончањето и воопшто изложувањето на сонце воопшто не е безопасна активност. Затоа, мора да се знаат и запаметат основните правила за заштита пред изложување на сончевите зраци! Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: sanja.savovska@kapital.mk 58 30 мај, 2014 број: 02 3280 910 или на |телефонскиот

Како да го одредите типот на кожа и според тоа да ја одберете вистинската крема за сончање? На што да обрнете внимание при избор на крема за сончање? Со колкав заштитен фактор да ги заштитите најмалите?

МАКЕДОНСКИТЕ ЛЕКАРИ ВЕ СОВЕТУВААТ:  Како правилно да се храните за време на летните горештини?  Колку вода треба да пиеме во текот на долгите летни денови?  Посебен, летен режим за нега на децата и бебињата во лето!  Потребни ли ни се витамински додатоци во летниот период или летното овошје кое е достапно е доволен извор на витаминските потреби? ЛИЦE ЗА КОНТАКТ: САЊА САВОВСКА


| Специјален прилог | Koј е кој: финансиски сектор |

Kreditirawe vo regionot

Blag porast vo Hrvatska, Srbija gi subvencionira kamatite Додека Србија со 60 милиони евра ги субвенционира каматните стапки за компаниите, хрватска бара модел како да им обезбеди финансирање на компаниите излезени од предстечајни спогодби со кои комерцијалните банки не сакаат да соработуваат. Во секој случај, компаниите се во фокусот на вниманието

Б

лагиот пораст на кредитирањето на хрватските компании и српскиот фонд од 60 милиони евра наменет за субвенционирање на каматните стапки за компаниите, креираат оптимистички прогнози за подобра финансиска поддршка на компаниите од овие две земји. Последните податоци од хрватската централна банка покажаа пад на кредитирањето на населението, но пораст на кредитирањето на компаниите. На крајот на март пласманите кон населението на годишно ниво се намалиле за 1,4%, додека пласманите кон бизнисмените пораснале за 1%. Во хрватската деловна јавност банкарските пласмани од околу 170 милиони евра од почетокот на годината се знак дека банките годинава ќе им бидат добар партнер во бизнисот. Но, главната тема во хрватската економија, сепак е тоа што иднината на илјадници хрватски компании кои за влакно избегаа банкрот влегувајќи во предстечајни спогодби, и натаму е неизвесна поради одбивањето на комерцијалните банки да

60 | 30 мај, 2014

соработуваат со нив. На опасноста дека затворените извори за финансирање ќе турнат во пропаст штотуку спасените компании, неодамна реагираше Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР) која покрена иницијатива за основање на фонд од 131 милион евра (милијарда куни) за нивно натамошно финансирање. Во овој фонд, ХБОР би вложила околу 130 илјади евра, а остатокот би се обезбедил од приватни инвеститори и меѓународни развојни институции, пишуваат наголемо хрватските медиуми. Причина за овој потег е фактот што и компаниите кои успешно поминаа во процесот на предстечајна спогодба, сега не можат да обезбедат нови кредити затоа што банките овие клиенти ги ставаат во категоријата на најризични клиенти, дури и оние компании кои претходно беа

нивни клиенти. Во ваква позиција во Хрватска се 6.400 фирми со 50 илјади вработени , кои пријавиле побарувања од над 7,3 милијарди евра. Иако дел од експертската јавност смета дека овој процес нема да даде добри резултати, Владата го брани со аргументот дека без нив неликвидноста во хрватската економија би достигнала десет милијарди евра! Неодамна и хрватскиот гувернер Борис Вујчиќ истакна дека клучниот проблем е што оние кои тие компании го доведоа во фаза на преголема задолженост, се истите кои и сега седат во менаџментот и одлучуваат за иднината на компаниите. Во секој случај потегот на ХБОР е во насока на стабилизација на економијата и каква-таква поддршка на овие компании. Во Србија, пак, пред точно две седмици стартуваше Уредбата за субвенционирани

Лошите кредити во ЕУ лани достигнаа ниво од 1000 милијарди евра

Нивото на проблематични пласмани на банките во 2013 година порасна за повеќе од 8%, покажа истражувањето на Фич спроведено во 108 европски банки и достигна вртоглаво ниво од 1000 милијарди евра. Паралелно со тоа пораснаа и резервациите за лошите пласмани,и тоа за 7,%% на 570 милијарди евра. Кај 38% од банките во текот на 2013 г. не дошло до зголемување на нивото на лоши кредити, додека кај 30 банки има видлив скок на лошите кредити од 20%, што е резултат и на влошување на квалитетот на кредитното портфолио на тие банки но и на многу поконзервативното дефинирање на лошите кредити. каматни стапки, според која компаниите можат да добијат динарски кредити со каматна стапка од максимални 5,45% на годишно ниво. За реализација на оваа мерка, српската влада обезбеди 60 милиони евра, со чија што помош очекува српската економија да добие поволни кредити во висина од 1,2 милијарди евра! Овие кредити ќе им се одобруваат на компаниите кои имаат потреба од одржување на ликвидноста, за финансирање на трајни обртни средства и за рефинансирање на кредити во иста банка. Преку ова програма претприемачите и микро компаниите можат да добијат кредити до 10 милиони динари, малите до 100 милиони динари, средните до 400 милиони, а големите до 500 милиони динари. Средствата за субвенционирани камати до банките ќе се пласираат преку Фондот за развој на Србија.


Kij e koj finansii maj 2014  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you