Page 1

ГРАДЕЖНИШТВО www.kapital.mk петок 05/04/2013

[to mo`e da se o~ekuva od voveduvaweto na energetskite paso{i?

PoskaPi stanovi ili jasno dEfiniran Pazar? Proletno budewe na grade`ni{tvoto

godinava ]E sE zgolEmi Ponudata na stanovi, dElovni cEntri, hotEli!

EnErgEtskata Efikasnost stanuva nEizostavEn dEl na gradE@ni[tvoto


48

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Енергетската ефикасност станува неизоставен дел на градежништвото Дејан Азески

Т

dejan.azeski@kapital.mk

рендот на заштеда на електрична енергија преку користење обновливи извори и подобрување на изолациите, кој некогаш беше привилегија за побогатите, с$ повеќе добива на масовност. Ова го потврдуваат и градежните компании и оние кои ги снабдуваат со градежни материјали. Свеста за заштедата на електрична енергија расте паралелно со растечките цени на енергенсите. Затоа во последно време компаниите кои произведуваат или увезуваат градежни

материјали велат дека имаат зголемена побарувачка. Катерина Бошкова од Југ доел Скопје, компанија за завршни работи во градежништвото, вели дека продажбата на енергетски ефикасни материјали кај нив постојано расте, а оние кои градат индивидуални куќи с$ почесто се одлучуваат и за термофасада. Според неа, заштедата до 40%

енергија и за ладење и за греење која може да ја постигне нивната фасада е клучниот фактор зашто луѓето с$ почесто се одлучуваат за истата. „Многу луѓе не се запознаени со ефектите од термофасадите и дека со нивна помош наместо 100 евра за струја во месецот

сметката ќе биде само 60. Според направените поресметки инвестицијата се врќа за три години“, вели таа. Покрај фасадата, огромен удел во енергетската ефикасност играат и добрите прозорци. Експертите од оваа област велат дека разликата меѓу квалитетен ПВЦ прозорец и обично стакло со дрвена рамка е тоа

ИвАН СтОЈАНОвСкИ

Солком

„Побарувачката за соларни панели е зголемена за 30%. Иако кај нас с$ уште малку се користат, пазарот допрва ќе се развива. Министерството за економија дава субвенции 30% од цената, што е сериозна помош за оние кои сакаат навистина да си го направат животот поевтин и поедноставен.“


Градежништво Растечките цени на енергенсите и очекувањето дека тие и во иднина ќе растат почна да ги освестува и граѓаните и градежниците за потребата од градење и купување енергетски ефикасни објекти. Објекти кои нема прескапо ниту да се загреваат, ниту да се ладат. Објекти кои во дадени сегменти ќе користат и алтернативни извори на енергија, со што нивната енергетска самостојност ќе станува многу важна!

49

колектори и геотермални пумпи) се многу важни. Сите тие заеднички придонесуваат потрошувачката на енергија да се намали за 40%“, тврди Бојчевски. Иако с$ уште не може да се зборува за масовност, зголемен тренд има и во користењето на сончевата енергија за загревањето на вода за санитарна употреба и за парно греење. Иван Стојановски од компанијата за соларни панели Солком вели дека нивната компанија само во последната година опремила повеќе од 100 приватни куќи. „Од минатата година побарувачката за соларни колектори е зголемена за 30%. Со оглед на малата искористеност очекувам пазарот допрва да се развива. Министертвото за економија субвенционира 30% од цената, што е сериозна помош за оние кои сакаат навистина да си го направат животот поевтин и поедноставен“, вели Стојановски и додава дека за 500 евра едно просечно семејство може да го реши проблемот со загревање на санитетска вода. што првиот по сите својства на мала пропустливост потсетува на бетонски ѕид. Марјан Бојчевски од компанијата Рехау потврдува дека свеста на луѓето дефинитивно е променета посебно во изминатите тричетири години, откако се зголеми цената на енергијата интересот за енергетски ефикасните производи многу порасна. Тој потенцира дека

енергетската ефикасност не се состои само во изолацијата, прозорецот или во фасадата. „Освен што е важно да не се губи енергијата, многу битни се и изворот на енергија и системите за греење кои многу влијаат на енергетската ефикасност и заштедата на енергија. Исто така примената на алтернативните извори на енергија (сончеви

Приватните куќи енергетски поефикасни од големите згради „Само кога ќе си изградиш куќа сам знаеш што си вградил во неа“ е порака која се користеше во градежништвото години наназад. Таа важи и денеска особено кога станува збор за користење на енегетски ефикасни

андреја додов

Агенс плус

„Новите камини нудат многу повеќе, помалку чадат, полесно се чистат, може да се користат и за станови поради ефективноста на греењето, што значи 71% искористување на дрвото од кое останува многу малку пепел.“

градежни материјали. Според компаниите кои се занимаваат со оваа област, во приватните куќи тие се вградуваат неколку пати повеќе отколку во станбените згради. Во компанијата Југ доел која вели дека продажбата на енергетските ефикасни материјали расте најмногу благодарение на зголемената свест на луѓето кои градат сопствени објекти. „Нашите материјали одат и кај големи објекти, но претежно тоа се помали куќи. Станбените згради сепак бараат поевтини решенија, бидејќи, сепак, тоа им се станови за продажба“, вели Бошкова. Градежните компании и инвеститори во станови за продажба, пак, тврдат дека максимално ги применуваат енергетски ефикасните стандарди како еден од начините да се привлечат повеќе купувачи. Од градежната компанија Адора инженеринг велат дека се лидери во воведувањето на енергетски ефикасните домови во Македонија, за чија изградба се употребуваат квалитетни материјали за висока изолација, се вградува термофасада со неопор од 8 до 10 сантиметри, современа ПВЦ столарија од светски познати марки со низок коефициент на пренесување топлина, согласно со европските критериуми кои с$ уште не се законска обврска кај нас. „Енергетски ефикасните објекти на Адора инженеринг на станарите

49


50

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ГРЕЕњЕтО НА дРвА ЈА зГОЛЕмИ ПРОдАжбАтА НА кАмИНИ! Зголемените цени на струјата и парното вратија дел од граѓаниет кон традиционалниот начин на загревање - на дрва! Тоа, пак, ја зголеми побарувачката за печки и камини. Андреја Додов од компанијата за камини и оџаци Агенс плус вели дека современата технологија во

им заштедуваат повеќе од 50% електрична енергија за греење и за ладење, што резултира со намалување на сметките за струја и до 50%, споредено со претходно, што го потврдуваат станарите во елитниот станбен објект Билјанини Извори во Охрид. Адора инженеринг прва во Македонија ги воведе фотоволтажните системи за производство на енергија за осветлување на заедничките делови на колективните станбени згради, за што станарите не добиваат сметки. Најновите анализи и мерења на елитниот станбено-деловен објект Скопје-Центар-Под Водно покажаа дека звучната изолација на објектот е со коефициент 3,9 db, што, според стручњаците, е одличен показател за енергетската ефикаснот и за квалитетот на објектот“, вели генералниот директор на Адора инженеринг, Ванчо Чифлиганец. Дел од градежниците пак, анализират дека зголемената конкуренција во градежништвото ги тера с$ повеќе да вложуваат во енергетската ефикасност на становите. „Што повеќе станови се градат се отвора поголема конкуренција. За да конкурираш на пазарот мораш да градиш квалитетно. Енергетската ефикасност е дел од тој квалитет со нејзините придружни делови,

греењето на дрва с$ повеќе ги решава проблемите чистење, складирање дрва и чад. „Новите камини помалку чадат, полесно се чистат, а можат да се користат и за станови поради ефиктивноста на греењето, што значи 71% искористување на дрвото од кое

како термоизолацијата, звучната изолација итн. Ние во последно време вградуваме и најквалитетни ПВЦ прозорци со трислојни стакла и ако порано

останува многу малку пепел“, вели тој. Според пресметките, еден современ камин од 10 киловати загрева до 130 м2 со шест кубици дрва за цела сезона под услов куќата да е добро изолирана. Од килограм дрво со примена со современата технологија може да се извлече 4,5 киловати енергија.

одевме со 5 сантиметри фасада, сега правиме 10 сантиметри термичка изолација. Зголемените вложувања во квалитетот се

Објектот на Адора инженеринг во Охрид во кој се применети стандарди за енергетска ефикасност

вАНчО чИфЛИГАНЕЦ

Адора инженеринг

„Енергетски ефикасните објекти на Адора на станарите им заштедуваат повеќе од 50% електрична енергија за греење и за ладење, што резултира со намалување на сметките за струја и до 50% што го потврдуваат станарите во елитниот станбен објект Билјанини Извори во Охрид.“

причина поради што сметам дека цените на становите нема да паѓаат“, вели Менди Кира од градежната компанија Тримни анд Лум.


52

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Што може да се очекува од воведувањето на енерге

Поскапи станови ил јасно дефиниран па

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

З

гради со енергетски пасош наскоро ќе бидат реалност и во Македонија! По направените измени

во Законот за енергетика се очекува во секој момент да стапат на сила Правилникот за енергетски карактеристики на згради и Правилникот за енергетски контролори, со кои се уредува контролирањето на енергетската ефикасност на објектите и издавањето соодветен сертификат. Првиот човек на Агенцијата за енергетика, Лазар

Гечевски, очекува првите енергетски контролори да излезат на терен во јули, откако ќе поминат соодветна обука и ќе го положат испитот по што ќе станат сертифицирани контролори.

Како ќе функционира тоа во практика?

Откако контролорите ќе излезат на терен и ќе направат увид, ќе издадат документ кој во форма на налепница ќе биде залепен на самиот објект и во форма на пишан документ ќе го добие сопственикот на

објектот, односно станот. Слично како кај апаратите за домаќинство, и објектите ќе се категоризираат како А, А+, А++ и слично, што директно укажува на тоа за каков објект станува збор. Во првата фаза, енергетски пасош ќе добијат само јавните институции, а со обезбедување доволно кадри, крајната цел е сите објекти да добијат соодветна категоризација. Независно од тоа, кој било инвеститор по завршување на објектот може да побара издавање енергетски пасош!


Градежништво

рГетските Пасоши?

ли пазар?

53

53

Дали ова ќе ги зголеми цените? „Енергетскиот пасош нема да ја зголеми цената на чинење на стан, куќа или цела зграда. Едноставно станува збор за полесно евидентирање на материјатели кои се вградени во еден објект, од што се гледа енергетската кондиција на објектот“, вели Гечевски. Експертите очекуваат дека натпреварот за добивање енергетски пасоши ќе придонесе за промена на размислувањето и поголем

инвеститорите во дежн иот сектор при изградба реконструкција награ на нови згради или при зн постојните згради ќе ачителна за енергетска ефикасн бидат обврзани да ост пр оп иш ан и со правилниците за енгиерисполнат минималните барања секој стан ќе има свој ен гет ефикасност. Прито ергетски пасош, во кој ќе а, бидат наведениска сите детали за објектот .

порив за набавка на што поквалитетни гардежни материјали. Ристо Иванов, еден од

раководителите на проектот Build Up Skills MK, кој е дел од програмата на ЕУ за интелигентна енергија

се согласува со овие констатации и вели дека за вистинска примена на


54

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ енергетските пасоши ќе треба да почекаме. „Пасошите се издаваат за сопствениците или купувачите да знаат колку енергија троши објектот, односно колку килотони нафта троши станот по метар квадратен. Би требало да помогнат многу, но до нивната примена има уште време“, вели Иванов.

Градежниците сметаат дека предноста на овој документ е што во иднина граѓаните точно ќе знаат што купуваат, во што вложуваат и инвестираат, колкава потрошувачка на енергија може да очекуваат во новиот дом, а со тоа и какви трошоци ќе имаат за греење и за ладење? „Доколку не се менуваат

цените на енергетски ефикасните градежни материјали, убедени сме дека енергетските пасоши нема да ја зголемат цената на становите. Адора инженеринг ја поддржува оваа иницијатива затоа што сме целосно подготвени и веќе го применуваме Правилникот за енергетски карактеристики на зградите“,

вели сопственикот на компанијата, Ванчо Чифлиганец. Иако мислењата за тоа дали енергетскиот пасош ќе направи промена во цената на становите се поделени, извесно е дека тој ќе направи диференцијација на становите според нивниот квалитет, која ќе се официјализира и на хартија.

КАКвО Е СРПСКОтО ИСКуСтвО?

Во соседна Србија, енергетските пасоши се воведени од октомври 2012 година и се задолжителни за сите нови објекти и за зградите кои се продаваат или се даваат под закуп. Иако се поминати повеќе од шест месеци, досега се издадени многу малку енергетски пасоши, и покрај тоа што тој документ е услов за добивање употребна дозвола. Главна причина за ова е фактот дека многу градби за кои важи правилото, с$ уште не се завршени, а и фактот дека српското Министерство за градежништво с$ уште не овластило ниту една организација за издавање на таканаречените „зелени исправи“. Иако инвеститорите во Србија генерално ја поддржуваат оваа идеја има и скептици дека во Србија оваа мерка нема да профункционира. Иштван Тосташ од суботичката градежна фирма Инкомерц предупрдува на можноста правилникот да остане „празни зборови на хартија“. „Се плашам дека сето тоа ќе остане на хартија и дека пасошите ќе се издаваат иако нема да бидат исполнети условите, бидејќи има одредени трошоци кои се три пати повисоки од досегашните кои на инвеститорите нема да им се исплатат“, вели Тосташ. Во Србија барем засега енергетските пасоши не влијаат на цената на недвижностите.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ април 2013 Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо бул. Маркс и Енгелс бр.7 зграда 1, влез 1 стан 32 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова Автори на прилогот: Верица Јорданова Дејан Азески Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски

Инвеститорите во градежниот сектор при изград на нови згради или при значителна реконструкција на постојните зградиба обврзани да исполнат минимални барања за енергетска ефикасност коиќеќебидат бидат прецизно наведени во енергетскиот пасош на секој стан! Дали ова ќе ги поскапи станови те?

Фотографија: Ивана Кузмановска Фотоархива на Капитал Маркетинг: Александра Стојменова www.kapital.mk


56

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ПРОЛЕтНО буДЕњЕ НА ГРАДЕжНИштВОтО

Годинава ќе се згол понудата на станов деловни центри, хо Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

Дејан Азески

К

dejan.azeski@kapital.mk

ога се зборува за состојбите во градежништвото, најчесто се добиваат спротиставени информации.

Едни велат бизнисот оди добро, други дека градежништвото е на дното поради неповолната економска состојба?! Ако се погледнат официјалните статистички показатели, кои покажуваат раст на одобренијата за градба, најлогично може да се извлече заклучок дека штом градежниците и инвеститорите бараат нови парцели и влегуваат

во нови градежни проекти, тогаш за градежништвото нема зима?! Само во јануари годинава

бројот на издадени одобренија е за 7,1% поголем од ланскиот јануари, во најголем дел за високоградба! Позитивниот тренд во градежништвото е актуелен од втората половина на минатата година, кога тенденциите и во градба на станбен простор и во издавање и наем на канцелариски и малопродажен простор се нагорни. Исто така, и самите


Градежништво Дел од започнатите градежни проекти за изградба на нови станови, трговскоделовни центри, хотели се очекува да завршат во текот на оваа година. Тоа ќе ја зголеми понудата на пазарот. Градежниците и инвеститорите се оптимисти дека пазарот се раздвижува и дека ќе немаат поголеми проблеми при продажбата и изнајмувањето на новите објекти. Соработката со банките ја интензивираат со намера да понудат што поповолни услови за клиентите! Купувачите може да бидат сигурни во едно – понудата на цени, локации и на квалитет ќе биде на навистина високо ниво!

57

Градежната активност посебно во Скопје е многу видлива. Понудата на нови станови расте, и покрај сите информации дека кризата ја уништи побарувачката. Нашите соговорници се со дијаметрално спротивни тези. Во Адора инженеринг велат дека за една година успеале двојно да ги зголемат инвестициите и добивката и да продадат 275 станови. Само од почетокот на

годината продале 45 станови. Сите градежници и инвеститори коишто градат згради тврдат дека нема простор за намалување на цените, затоа што градежните материјали се с$ поскапи, а од друга страна, зголемените барања на купувачите и зголемената конкуренција ги приморува да вградуваат сè поквалитетни материјали, поради што не можат да ги намалат цените на готовиот

ЛЕКСАН И ПЛЕКСИГЛАС

леми ви, хотели! компании од индустријата последниот квартал минатата година го оцениле за подобар од истиот

www.liting.mk

тел: 3 114 360; 3 114 165

квартал во 2011 година, што им дава надеж дека работите одат на подобро. Во анкетата на Државниот завод за статистика тие изнеле подобра оценка за финансиската состојба во компаниите и очекување за повеќе нарачки во следниот период! Најголем проблем, како што велат, им се поскапите градежни материјали, и тоа за 24,2%, и конкуренцијата во сопствениот сектор со 13,4%!

ПРОДАЖБА И МОНТАЖА

57


58

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ВО СкОПЈЕ СЕ НИкНАт 20 НОВИ хОтЕЛИ

Во Скопје сe повеќе се градат повеќе хотели од различни категории што е диктирано од зголемената побарувачка на спемстувачки капацитети во главниот град. Според инвеститорите, има повеќе фактори кои “кумуваат“ на зголемените инвестиции во хотели. Една е ланската владина одлука државните градежни парцели да ги продава со почетна цена од само едно евро за метар квадратен, како зголемениот број на туристи. Во моментов во Скопје има 41 хотел, од кои пет хотели се со пет ѕвезди, пет со четири ѕвезди и десет се со три ѕвезди. Останатите се од пониска категорија. Според најавите од инвеститорите во наредните дветри години ќе се изградат дваесетина нови хотели, од кои два ќе бидат под брендот на светски познати хотелски имиња. производ. Поинаков е ставот на компаниите коишто произведуват и тргуваат со градежни материјали. Горан Јовановски од Адинг вели дека цената на становите би требало да се намали за околу 10%, бидејќи „градежните материјали оваа година сигурно ќе претрпат

намалување на цените“, што е резултат на огромната конкуренција која доаѓа од бившите југословенски републики! „Цените на недвижностите во Скопје не може да паѓаат поради скапите комунални такси кои се плаќаат во оваа општина. Локациите имаат своја цена и сегашните цени се на минимум. Нема индикатори дека тие ќе паѓаат“, вели Златко Тодоров од градежната

компанија Кубус. Тој ги привршува двата деловни објекти во центарот на Скопје, во близина на Соборниот храм, од околу 7.000 метри квадратни, а најавува нов проект за изградба на зграда во Аеродром.

Каков е градежниот пазар во моментов?

„Можам да кажам дека нешто се движи. Не е како пред пет години, но сепак, не е ни мртво. Не може да

Најголем дел од новите станови, како и тие во процес на изградба се лоцирани во општина Аеродром, Центар и во карпош. Во втората половина на 2012 година бројот на станови во изградба бил за 7,3% поголем во споредба со првата половина од годината!

се каже дека побарувачката е зголемена, туку дека е стабилна!“, тврди Тодоровски. Во однос на структурата на клиентите, искуството на Тодоров го демантира нашироко распространетиот став дека вишокот средства, оние кои ги имаат, ги вложуваат во недвижности. „Напротив, побарувачката ја креираат оние коишто купуваат прва недвижност. Тоа е резултат на природниот прираст на населението и променетите навики за живеење, кои с$ поретко вклучуваат живот во заедница“, вели Тодоров, дециден дека луѓето не ги затвораат парите во втор или во трет стан. Ова го потврдува и Сеад Кочан од Сојузот на стопански комори. Вели дека за разлика од порано, кога становите се купуваа за реиздавање и правење екстра-профити, сега состојбата е стабилизирана и станови купуваат оние на коишто навистина им треба место за живеење. Што се однесува на сегментот за канцелариски и трговски простор, сопственикот на Кубус смета дека и покрај градежниот „бум“ којшто се случува во последно време, во центарот на Скопје с$ уште недостига современ деловен простор. Ова го аргументира со фактот што компаниите с$ повеќе бараат канцеларии според строго дефинирани критериуми за естетика и одржување, а не само колку некаде да се сместат. Во неодамнешното интервју за „Капитал“, Ајдован Адемоски, косопственик на градежната компанија Пера констракшн, најави дека хотелот што го гради во општина Аеродором,


60

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ кој ќе биде готов во 2014 година, ќе биде познат интернационален хотелски бренд. Освен тоа, оваа градежна компанија во јули годинава привршува со изградба на трговскорезиденцијален објект. „Решивме дел од становите во Капитол мол (Capitol Mall&Residence) да ги продаваме откако ќе бидат завршени, но на мое лично задоволство, 30% од становите веќе се продадени. На овој начин е потешко да се финансира изградбата, но зад себе имаме две силни банки, НЛБ Тутунска и Халкбанк и објектот ќе го завршиме без проблем.“ Како резултат на зголемената понуда на канцелариски простор во Скопје во изминатиот период, цените за изнајмување паднаа, особено во премиум-сегментот, каде што падот е до 20%! Сега цените во оваа класа деловен простор (сегмент А опфаќа канцеларии во објект каде што нема малопродажба, хотели и слично, туку исклучиво канцеларии), се движат од 10,5 до 13,5 евра за метар квадратен. Во Сегментот Б (објект со канцеларии, но и дуќани и други услужни дејности) цените се движат од пет до девет евра за изнајмување метар квадратен. Овие тенденции ги покажува најновата анализа на агенцијата Фортон за пазарот на недвижности во Македонија во 2012 година и предвидува дека пазарот на канцелариски простор ќе остане стабилен во 2013 година. Она што дефинитивно може да се очекува поради појавата и пуштањето во употреба на нови деловно-трговски објекти е понатамошно „преселување“ на дел од компанииите на нови локации. Со вкупна пополнетост на 26.403 метри квадратни, сегментот на канцеларискиот простор на годишно ниво бележи пораст за цели 56%!

Какви станови се бараат?

„С$ повеќе се бараат помали станови. Ако порано правевме гарсониери од 50 метри квадратни, сега правиме од 35 метри квардатни. Во Охрид главна клиентела ни се повозрасни луѓе од дијаспората, а во Скопје млади брачни парови или пак, родители кои купуваат станови за нивните

Заеднички напори на банките и на градежниците

К

упување станови во кеш во Македонија е реткост. Станбениот банкарски кредит е најчестата форма за обезбедување нов дом. Тоа не е ништо ново. Она што е ново е интензивираната соработка на градежните компани и на инвеститорите со банките за обезбедување што поповолни услови за клиентите. Најсвеж таков пример е соработката на Стопанска банка а.д. Скопје со Адора инженеринг, од која неодамна произлезе кредитен производ со флексибилни услови, гарантирани и намалени каматни стапки за првите три години. Адора соработува и со НЛБ Тутунска, Шпаркасе и со Комерцијална банка. Засилената „љубов“ со банките е резултат на потребата и интересот на самите градежни компании што побрзо да ги продадат новоизградените станови и да влезат во нови проекти. Од Прокредит банка објаснуваат дека при изградба на објект банката може да го поддржи клиентот со обезбедување на самата градба која се финансира. Освен станбениот кредит, банката дава и поволна понуда за кредит за енергетска ефикасност, кој се одобрува за реновирање, доградба, подобрување на

деца-студенти“, велат од охридската градежна фирма Трим енд Лум. И Сеад Кочан, претседател на Градежната комора при Созузот на стопански комори, вели дека искуството на нивните членки е дека малите станови (од 45 до 60 метри квадратни) однапред распродаваат, а реален проблем на инвеститорите

условите во постоечкиот работен простор или дом со цел да се постигне минимум 20% заштеда на енергија. Заинтересираноста и побарувачката и за овие кредити е на добро ниво“, вели Сања Митровска од Прокредит банка. Охридска банка во моментов не нуди производ креиран во соработка со градежна компанија, но не ја исклучуваат можноста за таква соработка во иднина. Оваа банка кон крајот на 2012 година ги намали каматните стапки на станбените кредити на 6,2% фиксна каматна стапка за првите три години. Новите каматни стапки се однесуваат на новоодобрените кредити. Оваа банка прва започна да користи кредитно животно осигрување, што овозможува заштита на клиентите и на банката од неочекувани ризици. Овој производ функционира така што доколку се случи несакан осигуран ризик, осигурителната компанија ќе ја серивира недостасаната главница од кредитот. Со тоа се елиминира ризикот од наследство на долгови во семејството, кое практички, ја врзува полисата за животно осигурување. До крајот на јуни сите што ќе аплицираат за станбен кредит со кредитно животно осигурување ќе добијат кредит без административни трошоци.

и на градителите им е продажбата на големите станови. Притоа, повеќе се бараат станови поблиску до централното градско подрачје, дали станот има парно или не е пресудно во одлуката за купување стан. Ваквите карактеристики на побарувачката не се проблем, туку се предизвик

за градежниците да се прилагодат на барањата на купувачите. „Ние градиме станови по мерка за сите купувачи. Во Скопје имаме три продукти од 900 евра, 1.000 евра и над 1.200 евра во атрактивни локации во општина Центар, но и за купувачите во Струмица и во Охрид“, велат во Адора инженеринг.


Energy delivery solutions

ENERGIZING YOU


gradeznistvo_prilog_2013  

gradeznistvo_prilog_2013

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you