Issuu on Google+

енергетска ефикасност www.kapital.mk петок 8/3/2013

snost a k i f e tska i na^in energee onsk d k a m na

a n e t Ceni nsite e g r e , t en a t s a r o n rapid svesta za i e n no i k s t e g r e n e i d e t za[


48

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

СО 270 СОНчЕВИ дЕНОВИ, МАкЕдОНИЈА НЕдОВОЛН

Повластените тарифи за струја од сонце се исцрпени! Ќе продолжи ли државата да го стимулира овој бизнис?

Во изминатите неколку години повеќе инвеститори изградија фотоволтаични централи кои од сончевата енергија произведуваат струја. Според договорот со Регулаторната комисија за енергетика, произведената струја ја презема МЕПСО по повластена тарифа! Квотата за количините струја која ќе се откупува по повластени тарифи веќе е исцрпена и покрај с$ уште големиот интерес на инвеститорите. Државата децидно не кажува дали и кога ќе продолжи со субвенционирање на бизнисот. Експертите со поделени мислења!

Верица Јорданова

С

verica.jordanova@kapital.mk

о пуштањето во употреба на соларната електрана на компанијата Торпедо Солар во битолското село Егри пред три месеци, во

Македонија се исполнија сите капацитети за производство на електрична енергија од сонце по повластена тарифа за големи централи. Според постојната регулатива, повластените тарифи се однесуваат за два типа соларни електрани. Квотата за струја произведена во фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност помала или еднаква на 50 kW


енергетска ефикасност

но ја користи сончевата енергија!

49

изнесува 2 MW, а за струјата произведена во централи со инсталирана моќност до 1 MW, изнесува 8 MW. Во моментот централите кои веќе се изградени и оние кои имаат добиено привремена лиценца – ги исполнуваат горенаведените квоти за повластена тарифа. „Капитал“ прашува – дали државата планира да ги

зголеми количините струја произведена од сонце кои ќе ги субвенционира со повластена тарифа? Дали има потреба за тоа? Зошто е важно да се стимулира поголемото искористување на обновливите извори на енергија? Професорот од Електротехничкиот факултет, Димитар Димитров смета

дека независно кога ќе се прошират квотите за повластените производители од фотоволтаични (ФВ) системи, за него е повеќе од извесно дека и во иднина ќе се градат ФВ системи. „Најави за проширување на квотите постојат, па поради тоа инвеститорите се трудат, додека трае „мораториумот“ да ги поминат потребните

Искористувањето на сончевата енергија е актуелна тема. Начините како и колку државите го поттикнуваат овој извор на енергија се различни. Исто како и ефектите. На пример, Франција неодамна објави план за двојно зголемување на капацитетот за производство на сончева енергија со цел да ги поттикне вработувањата во ова дејност откако многу компании излегоа од бизнисот поради намалување на субвенционираната цена на струјата произведена од сонце. За разлика од Франција, Чешка се соочува со сосема обратен пример – започнува битка со „соларните барони“ кои се збогатиле на сметка на субвенциите кои државата ги давала за поттикнување на соларните централи! Оттука дефинитивно е јасно дека сончевата енергија и тоа како е интересен бизнис. Прашањето е во какви рамки ќе се смести за да ги даде посакуваните ефекти - еколошки чисто производство и намалување на зависноста од фосилните горива! активности за добивање одобрение за градење и спремни да ги дочекаат новите тарифи“, вели професор Димитров. На прашањето дали заинтересираните

49


50

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ инвеститори (кои стручна помош бараат на овој факултет) се спремни да инвестираат и покрај исцрпувањето на квотата за повластена тарифа, Димитров објаснува: „Очекуваниот пораст на цената на електричната енергија, како и постојаниот тренд на намалување на инвестиционите трошоци за градба на фотоволтаичните системи, с$ почесто го наметнуваат прашањето дали е исплатливо да се инвестира и без да се добие повластена тарифа? Од денешен аспект гледано, тоа нема да се случи во блиска иднина. Инвестирањето во автономни системи, кои се оддалечени и не се поврзани со електродистрибутивната мрежа стануваат с$ поактуелни, а исплатливост за одредени случаи постои и сега. Пример за тоа се системите за пумпање вода во земјоделството со помош на ФВ системи, снабдувањето на телекомуникациски станици и репетитори и друго“. Тој е дециден дека државата треба да продолжи да го поттикнува производството на енергија од сонце со зголемување на квотите за повластена тарифа. Со оглед на тоа дека Македонија е на самиот почеток на искористување на сончевата енергија и со оглед на тоа дека се појавија повеќе домашни институции и фирми со значајно искуство во градбата на овие системи, експертите велат дека би било штета сето тоа да пропадне ако тарифите не се прошират. „Можеби е потребно да се воведат тарифи кои ќе го пренасочат инвестирањето кон ФВ системите со помала моќност, кои ќе се инсталираат на покриви од станбени објекти и куќи и на таков начин уште повеќе поединци и фирми би ’влегле‘ во оваа област“, предлага Димитров.

Колку сонце има Македонија?

Вкупното годишно сончево зрачење во Македонија варира од минимум 1.250 kWh/m2 во северниот дел до максимум 1.530 kWh/m2 во југозападниот дел што доведува до просечно годишно сончево зрачење од 1.385 kWh/m2. Согласно со Стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија, учеството на обновливите извори на енергија во финалната потрошувачка на енергија во 2020 година се очекува да биде најмалку 21%.

Тој препорачува државата да расчисти дали сака развој во оваа област и ако одговорот е „да“, тогаш да се упростат постапките за градење на соларните електрани. Сериозно мора да се преиспитаат постапките за добивање одобренија за градење, кои се во ингеренција на општините, и да се упрости и постапката за добивање лиценца за производство и повластена тарифа за системи од неколку десетици киловати. Пензионираниот професор

од Машинскиот факултет, Константин Димитров пак, има спротивен став. Тој е против повластените тарифи за струја добиена од обновливи извори. Зошто? „Јас сум против повластените, т.н. фидингтарифи за откуп на електрична енергија од фотоволтаични централи. Државата ја откупува таа струја по 300 евра за мегават-час, а каква корист има од тоа? Опремата е сета од увоз, не се отвораат нови работни места затоа што овие централи се високоавтоматизирани, и на крајот ние, граѓаните, плаќаме поскапа струја, иако промоторите на оваа мерка ќе речат дека таа е мала количина и не влијае чувствително на цената. Сум за тоа ако има производители на ваква струја, државата да мора да ја откупи струјата од нив, тоа да биде нивната основна придобивка, но зошто да ги субвенционирам? Која е придобивката за граѓаните и за Македонија? Исто така, не поддржувам доделување субвенции за купување сончеви колектори за подготовка на топла вода коишто се набавени од увоз. Доколку се произведуваат во Македонија е во ред. На тој начин се стимулира развој на дејноста и се отвораат нови работни места и сл. Субвенцијата мора да има своја цел, насока, инаку нема смисла.“ Тој поддржува фидинг-

тарифи ако некој користи отпадна биомаса за правење струја, затоа што има големи количества отпад во земјоделството и шумарството и сл., којшто се пали, се фрла, загадува и сл., и неговото користење за производство на енергија би го поддржал со државни пари. Во Министерството за економија прашавме дали и кога ќе се прошируваат квотите за повластена тарифа на енергијата добиена од сонце, од каде што добивме неодреден одговор дека идните активности ќе зависат од „резултатите кои ќе се добијат од дополнителните технички и финансиски анализи, како и меѓуресорски консултации“!

Инвеститорите во ќар!

Разговаравме и со дел од инвеститорите во соларни централи. Љупчо Трпезановски, директор на Торпедо Солар, кој неодамна ја пушти во употреба централата во Битолско, за „Капитал“ изјави дека засега с$ се одвива според договореното со


52

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

регулаторната комисија и смета дека е добро што државата го стимулира користењето на обновливите извори на енергија. На прашањето дали би инвестирале во нова соларна електрана, без користење на повластена цена, Трпезановски вели дека засега не размислува за таква опција. Тоа би влегло во игра само доколку можат да користат одредени грантови или поволни кредити. Дека станува збор за многу добар бизнис, посебно ако навреме влезеш во него, потврдуваат и во Мега Солар, компанијата која ја изгради најголемата сончева централа во Македонија во општина Новаци. Централата вредна 3 милиони евра се протега на површина од 20.700 метри квадратни. „Мотив за нас беше да бидеме први. Одлучивме да инвестираме во овој бизнис затоа што е нова технологија, која дотогаш не беше реализирана во Македонија. Повластената тарифа за производство на електрична енергија од фотоволтаични централи беше интересна, не сме изложени на пазарен ризик, бидејќи имаме склучено договор со операторот на пазарот на електрична енергија МЕПСО, кој ја откупува произведената струја и редовно ги исплаќа фактурите. Дури и ние како производители не сме си конкуренти меѓу себе, бидејќи секој си има договор“, изјави Славе Ивановски, советник за правни и регулативни прашања. Вели дека успехот во овој бизнис зависи од стручното познавање на проблематиката, но и од флексибилност на банките при одобрувањето кредити за вакви проекти. Проектот освен со дел од инвеститорите, е финансиран од кредит од Светска банка, од Македонската банка за поддршка и развој и од Охридска банка.

Граѓаните се најголеми корисници на сончевите колектори

К

ога зборуваме за искористување на сончева енергија првата асоцијација се сончеви колектори. Плочи кои овозможуваат загревање на вода со помош на сонцето, која потоа би се користела за санитарни потреби или за загревање на котли на кои се поврзани системи за загревање на просториите. Во Македонија, според некои пресметки, се инсталирани околу осум илјади сончеви колектори, коишто искористуваат само пет 5% од сончевата енергија, иако годишно имаме од 240 до 270 сончеви денови. Нискиот животен стандард се смета за главна кочница за помасовно поставување сончеви колектори во домаќинствата. Илија Чулев, сопственик на компанијата Етерна Солар,

вели дека во изминатите 20 години, колку што е во овој бизнис, имало големи осцилации во побарувачката и ако пред 10 години на терен се случувале чисти импровизации во нивното поставување, денес колекторите се проектираат уште во фазата на планирање на објектот, пред неговата изградба или реновирање. „Најголеми клиенти ни се приватни лица кои градат куќи или реновираат, луѓе што работат во странство или домашни инвеститори од

средната и високата класа. Потоа следат приватните компании во секторите туризам и услуги (мотели, болници, спа-центри), па на крај се државните установи, како што се градинки, школи, болници и слично. Последни ги ставам градежните фирми кои инсталираат вакви системи единствено ако мораат или им налагаат нивните купувачи. Во секој случај, побарувачката е во нагорна линија“, вели Чулев. Овој тренд го потврдуваат и во Министерството за економија, кое речиси секоја година ја субвенционира набавката на колектори, но до 300 евра по домаќинство. Досега субвенциите ги искористиле 1.901 домаќинства, и тоа во 2007 и 2009 година по 500, 2011 година 420 домаќинства и 2012 година 481 домаќинства.


енергетска ефикасност Побарувачката на сончеви колектори во Македонија континуирано расте. Во структурата на корисници, доминираат приватни лица кои градат или реновираат домови, потоа инвеститорите во хотели, спацентри, приватни болници и последни се градежниците кои инсталираат колектори единствено ако тоа го бараат купувачите За оваа намена досега се потрошени 355,6 илјади евра. Притоа буџетот за

53

франција со двојно зголемување на капацитетите за производство на соларна енергија

оваа намена во 2009 година изнесувал 128 илјади евра, а за 2013 година се одвоени 97,5 илјади евра и покрај тоа што интересот драстично е зголемен. За само една година бројот на баратели пораснал за 234%%. Во 2011 година имало 604 баратели, додека во 2012 година нивниот број порасна на 2.023! „Министерството ќе прави соодветни напори оваа стимулативна мерка да биде континуирана, односно истата да се реализира на годишно ниво, и во зависност од финансиските можности, ќе се разгледа можноста да се зголемат средствата во наредните години“, велат оттаму.

Минатиот месец, француската влада обелодени план кој предвидува двојно поголеми капацитети за производство на соларна енергија, кои треба да достигнат илјада мегавати. За да се постигне тоа, цената на откупената соларна електрична енергија ќе се зголеми за 10% во споредба со класичната енергија. Министерката за енергија, Делфин Бато, оцени дека зголемувањето на капацитетите ќе поттикнат инвестиции во износ од две милијарди евра во овој сектор. За ефектот од субвенциите во цената да биде поголем, истите ќе ги добијат само оние фирми кои ќе инсталираат соларни паноа произведени во Европа. Секторот на соларната енергија за само две години во Франција загуби 15.000 работни места, откако беа намалени субвенциите на француската влада за развојот на овој сектор. Новите мерки се дел од определбите на францускиот претседател, Франсоа Оланд, за енергетска транзиција.

53

Заштедите се големи

Според некои проценки, инвестицијата во сончеви колектори во домаќинствата се движи од 800 до 2.500 евра, а во поголеми објекти од 10.000 до 100.000 евра. Вложените средства во просек се враќаат за 6 до 7 години, а сончевата енергија

скопје-Центар-под Водно

скопје-аеродром-ноВо лисиче

„„ Елитен објект со зеленило

„„ Фотоволтаичен систем за заедничко осветлување

охрид-Билјанини изВори

„„ Фотоволтаична канделабра

„„ Прв енергетски ефикасен градежен бисер во Охрид

Зошто купив стан од адора инженеринг?

И

збравме да купиме стан токму од „Адора Инженеринг“ затоа што се работи за градежна компанија која е потврдена по врвниот квалитет на работа, прочуена по брзата, асеизмична и цврста градба, која се потпира на стабилни темели, што е гаранција за сигурно, безбедно, мирно и квалитетно живеење. Поаѓајќи од одличното реноме кое во јавноста го има компанијата и добриот глас што поради успехот во работата и докажаното визионерство го ужива нејзиниот генерален директор д-р Ванчо Чифлиганец, одлучивме капиталот да го инвестираме купувајќи стан од „Адора Инженеринг“, имајќи доверба дека на овој начин нашите пари се најсигурно вложени. „Ја избравме „Адора Инженеринг“ за купување стан, бидејќи е лидер во имплементација на енергетска ефикасност со

врвна изолација, што ни заштедува енергија и пари, ја чува топлината внатре во станот во зима, не пропушта од надвор во лето. Имаме убав ентериер, современ и комотен подземен паркинг-простор во кој возилото ни е секогаш заштитено, а што е многу важно покрај високата безбедност и видео надзорот

на објектот, во заедничките простории и околината постојано имаме светло на фотоволтаици, без сметки за струја, како и убаво уредена околина со зеленило и хортикултурно осмислени цветни градини. “ Ратко Ставров, купувач на стан од „Адора Инженеринг“


54

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ЧЕшкИОт ПРЕмИЕР СЕ кОНфРОНтИРА СО уЧЕСНИЦИтЕ вО СОЛАРНИОт бИзНИС Чешкиот премиер, Петр Нечас, пред еден месец објави битка против фирмите од соларната енергија кои ги злоупотребиле државните субвенции поради своја лична корист. „Тоа е многу остра борба, во која се работи за десетици, стотици милијарди евра од нашите џебови, како потрошувачи или како даночни обврзници, кои завршуваат на сметките на одбрани групи луѓе“, рече Нечас за чешката државна телевизија ЧТ, а луѓето кои се занимаваат со тој бизнис ги нарече „соларни барони, агресивна група која не се плаши од никого“. Чешката Република великодушно го непрекинато може да се користи од 15 февруари до 15 ноември. Чулев од Етерна Солар наведува конкретен пример каде што сончевите колектори имаат многу практична примена. Тие имплементирале сончеви колектори во болницата Систина Аџибадем, која има огромни потреби за санитарна вода за своите пациенти и вода на висока температура за дезинфекција на операционите сали.

субвенционира бизнисот со сончевата енергија преку повластени тарифи за електрична енергија. Гоелми профити се правеа во 2009 и 2010 година, кога основните трошоци беа значително мали. Во тоа време во земјата никнаа најголем број од соларните електрани, чија вкупна инсталирана моќност ги надминува перформансите на нуклеарната централа Дуковани.Во Брутодомашниот производ (БДП) моќноста на чешките соларни електрани е највисока во цела Европска унија, што според Нечас, укажува дека нешто не е во ред.

„Единствено преку соларната енергија бесплатно може да се добие топла вода во толку големи количини. Навистина сме среќни што како држава сме позиционирани на вакво место каде што речиси во текот на целата година имаме сончеви денови, па бенефитот може да биде огромен. Повратот на една ваква инвестиција во големи објекти и со големи потреби од топла вода е во рок од 3 до 4 години и е апсурдно да не се користи“, вели Чулев.

Поголемо искористување на бенефитите од сончевата енергија, вели тој, може да се очекува по активирање на Правилникот за енергија во домувањето. Самите технолошки иновации и развој ќе донесат и нови продукти и решенија за заштеда на енергија. Познавачите на оваа технологија велат дека во блиска иднина може да се очекува поголема компактност на системите за греење и ладење со

системите за топла вода. „Очекувам конечно и банките да го заземат своето место за поддршка на вакви инвестиции, што дополнително му ќе го олесни патот на тој што решил да заштеди. Улогата на државата е важна и во поглед на субвениците кои ги дава, но и од аспект на контролата кој смее да инсталира сончеви колектори и дали истите се според пропишаните стандарди“, апелира Чулев.

ОтвАРАњЕ НА НОвИ ПАзАРИ зА мАкЕдОНСкИОт ИзвОз l мОжНОСтИ кОИ ГИ НудИ ЕкОНОмСкАтА дИПЛОмАтИЈА

19 март 2013

ОбукА кОЈА ќЕ вИ ПОмОГНЕ дА ГИ ПОдОбРИтЕ ИзвОзНИтЕ кАПАЦИтЕтИ И дА НАЈдЕтЕ НОвИ ПОтЕНЦИЈАЛНИ ИзвОзНИ ПАзАРИ. НА ОбукАтА ќЕ дОзНАЕтЕ: кОИ СЕ ПАзАРИтЕ СО НАЈГОЛЕм ПОтЕНЦИЈАЛ зА мАкЕдОНИЈА? l Пазари на кои најмногу се извезуваат македонските производи. l можности за поголем влез на странски пазари согласно договорите за слободна трговија. l Светски пазари во подем. l Примери: како македонското вино се пробива во кина и на другите пазари?

ЕкОНОмСкАтА дИПЛОмАтИЈА кАкО АЛАткА кОЈА мОжЕ дА ЈА кОРИСтАт мАкЕдОНСкИтЕ кОмПАНИИ зА ОСвОЈувАњЕ НОвИ ПАзАРИ: l можности кои ги нуди министерството за надворешни работи на Рм. l Активности на дипломатско конзуларните претставништва на Рм во делот на извозната, инвестиционата и туристичката промоција.

кОНЦЕПтИ НА НОвИ СтРАтЕГИИ вО мЕѓуНАРОдНИОт бИзНИС:

зА кОГО Е НАмЕНЕтА ОбукАтА: l Сопственици и извршни директори на компании кои сакаат да излезат на меѓународниот пазар и за оние кои се веќе присутни. l маркетери и комерцијалисти l Раководители на сектори за продажба l Истражувачи на странски пазар

l Глобализациските процеси и брзите промени на пазарите, l Преговорите во мултилатералниот трговски систем во насока на олеснување на условите за меѓународен бизнис.

ПРЕДАВАЧ:

Гости-предавачи ќе го споделат нивното искуство за настапот на странските пазари .

Државен советник и Директор на Директоратот за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи на Република Македонија

Проектот капитал Академија... е формиран на 25.09.2011

др. кРум ЕфРЕмОв

l лица за контакт: Гордана Михајловска, Бобан Ѓорѓиевски l е-маил: akademija@kapital.com.mk l 02 3298 110


енергетска ефикасност

Платформа за енергетска ефикасност 55

С

о мотото „Размисли и заштеди“, Министерството за економија и ЕВН Македонија веќе неколку месеци ја реализираат заедничката „Платформа за енергетска ефикасност”. Се работи за стратешко партнерство кое за разлика од кампањите, кои имаат одреден почеток и крај, е базирано на долгорочна соработка и опфаќа различни целни групи. Целта на оваа платформа е преку конкретни активности да се подигне свеста за потребата од промената на навиките на корисниците во насока на рационално користење на енергијата. Во рамките на платформата се реализираа повеќе активности.

Кампања за подигнување на свеста Почетокот на соработката се означи со масовна медиумска кампања наменета за домаќинствата, во која се посочуваат некои основни елементи на енергетската ефикасност. Целта беше на едноставен начин да се комуницира поимот енергетска ефикасност, односно дека со помалку енергија може да се постигне истото ниво на удобност. Кампањата се спроведе во печатените и

Од снимањето на Енергетска азбука во електронските медиуми на македонски и албански јазик.

Посета на компанија

За подигнување на свеста на деловната јавност најсоодветно е презентирање на конкретни примери за успешни приказни за имплементирани мерки за енергетска ефикасност. Затоа, министерот Сараќини и г. Хенгст го посетија објектот на ТАВ аеродроми како пример за имплементиран систем за автоматско управување со потрошувачката на енергија. Овој систем & овозможува на компанијата да оствари заштеди на енергија до 30% годишно.

Обука за медиуми

На почетокот на декември минатата година во Струмица се одржа тридневна работилница за претставници на медиумите, кој што ги опфати сите аспекти на енергетската ефикасност. Повеќе од 30 учесници имаа можност да се информираат за поимот и за законските рамки за примената на енергетската ефикасност во Македонија и о Европа, практични примери и искуства во Македонија и ЕВН Австрија, како и улогата на медиумите во процесот на подигнување на јавната свест за овие теми.

Енергетска азбука

Една од најобемните активности е серијалот „Енергетска азбука“, едукативен серијал од десет епизоди во продукција на Македонската телевизија. Енергетска азбука на интересен начин ги објаснува основните енергетски теми, со посебен фокус на Македонија и на енергетската ефикасност. Форматот од десет минути е одличен за пренесување на пораката. Емисијата се емитува секоја втора сабота на првата и на втората програма на Македонската телевизија, на македонски и на албански јазик. Откако ќе се емитуваат, емисиите се објавуваат на специјално креираниот канал на Јутјуб, но и во рамките на страницата на Фејсбук, „Енергетска азбука”. Страницата е одличен комплементарен канал за едукација на корисниците кои доколку активно се вклучат во едукацијата на своите пријатели, имаат можност да добијат вредни „ефикасни” награди. Платформата продолжува и понатаму. Во план се повеќе посериозни активности, пред се насочени кон бизнисите, но и кон образовната јавност – студентите и универзитетите како институции.

55


56

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

EnErgEtska Efikasnost na

CEnitE na EnErgEnsitE rapidno rastat, no nE i svEsta za EnErgEtski za[tEdi Дејан Азески

П

dejan.azeski@kapital.mk

овеќе од 80% заштеда на електрична енергија и намјалку две години за

поврат на инвестицијата е најоптмистичката варијанта која ја нудат македонските консултанти за енергетска ефикасност на компаниите решени да инвестираат во овој современ светски тренд! Тие на располагање имаат и специјализирани кредитни линии кои македонските банки во соработка со ЕБРД ги

нудат со релативно поволни каматни стапки од 7%. И покрај тоа, впечатокот е дека компаниите не се особено загреани за енергетската ефикасност. Зошто? Ниската свесност на менаџерите, отсуството на соодветна експертска помош, недоволно регулирани

подзаконски акти се главните причини кои ги наведуваат експертите како објаснување за малата примена на енергетската ефикасност во стопанството. „Ако приметите дека кадата дома ви е оштетена и ви испушта 82% од водата многу е веројатно дека ќе се обидете да ја запушите


енергетска ефикасност

a makEdonski na^in 57

Погрешно е да се мисли дека само промен а на прозорците иатфа садата ќе заштеди гија. Во производствоентоерна ногу енергија „лапаајм старите печки.т“

На македонските менаџери им се јасни сите лекции на тема енергетска ефикасност. Свесни се и за сигурниот поврат на инвестираните пари, но им фали акција. Релативно ретки се примерите за конкретна примена во бизнис-процесите. Недоволната информираност, недостигот од стручен кадар, недоволно уредените подзаконски акти се главните причини за нивната пасивност на тема енергетска ефикасност! европскиот проект Build Up Skils при Стопанската комора на Македонија. „Првата област во која работиме е свесноста што тоа ќе им донесе. Второ, да се постават законски стандарди во оваа област какви што има во европските земји. И трето, да се дефинира експертската помош за компаниите и на луѓето да им се понуди избор на решенијата“, заклучува Иванов. Тој за особено важна ја потенцира законската основа за енергетската ефикасност затоа што едно е да се усвојат закони од Франција и од Германија, а друго е тие да се применат во практика. Фалат подзаконски акти и правилници кои во практика ќе го олеснат спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност.

Колку чини непримената на енергетска ефикасност? дупката, ако не и целосно да ја смените кадата. Е зошто тоа не го сфаќаат домашните менаџери навистина е нејасно“, коментираат тие. Експертот за енергетска ефикасност, Славчо Митевски, смета дека неинформираноста на менаџментот, ако не е единствена, сигурно е

клучна причина за слабата заинтересираност на македонските компании за енергетската ефикасност. „Ние со конкретен пример докажавме дека можен е поврат на инвестициите и за 1,7 години и заштеда на енергија до 82%. Сепак, состојбата во Македонија е далеку од розова и помалку

од 5% од компаниите досега имаат применето мерки на енергетска ефикасност, главно поради неинформираност на менаџментот“, вели Митевски. Неопходна е интервенција и од државата и од бизнисмените, дециден е Ристо Иванов, раководител на

Некои компании, кои сега работат на електрична енергија, се свесни дека брзо мора да мислат на својата иднина и конкурентност. Трајче Трајков, сопственик на велешката фабрика Хемија комерц, смета со сегашните цени на струјата фабриките нема да опстанат ако навреме не подготват енергетска стратегија.

57


58

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ РИСтО ИвАНОв

раководител на проектот Build Up Skils Mk

„Клучно е што областите енергетска ефиканост и обновливи извори на енергија не се регулирани и допрецизирани со подзаконски акти и правилници. Без регулиран пазар и потикнување на побарувачката тешко дека ќе се раздвижи состојбата и ќе се поттикне поголем интерес за енергетската ефикасност.“

33,8%

од потрошувачката на вкупната енергија во Македонија отпаѓа на индустријата „Енергијата во цената на крајниот производ учествува со висок процент. Целта ни е да направиме поевтин производ затоа што ако коефициентот цена-квалитет

специјален прилог

е повисок од кинескиот, никој нема да го купи нашиот производ. Искуството ни покажува дека без енергетска ефикасност тешко ќе опстанеме“, вели Трајков.

22 Март 2013

трендови на Е-РАбОтЕњЕ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот обратете се на е-mail: boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 105

Какво е неговото искуство во заштеда на енергија? „Во изградбата на нашата нова фабрика ги искористивме сите можни познати решенија за да

ја намалиме загубата на енергија. Прво, воведовме нови печки и ленти за производство кои трошат многу помалку од старите. Дури и за нив имаме точни проценки за количините кои треба да ги и��работат за да бидат исплатливи. Системите за греење и ладење, и за вентилација се програмирани да трошат максимално малку енергија. Фасадата

Во овој специјален прилог, Капитал во насока на зголемување на свесноста на компаните за придобивките за новите трендови на Smart, cloud и е-работење Ви објаснува: n најзастапени форми на е-работење во Македонија!? n Што нудат македонските банки во сегментот на е-банкарство, кои им се плановите за иден развој и што можат клиентите да очекуваат? n Имплементација на е-решенија во државните институции. Кои се можностите за компаните? n Плаќање на сметки, комуникација со клиентите, интернет телевизи... Каква е понудата на телеком операторите и кои се новитетите во надоаѓање? n Е-трговија, силен замав во земјата. Кој се занимава со ова? Како може да стартувате ваков бизнис? n Кои и какви cloud решенија и услуги веќе се присутни и на нашиот пазар? Како нивната примена може да го подобри вашиот бизнис? n СМарТ – новата терминологија за технолошките уреди кои драстично го менуваат приемот и обработката на информациите? Уреди кои се повеќе од мобилен телефон, повеќе од таблет, повеќе од телевизор! Тие се вашите нови уреди за работа, за забава и споделување на информации! n апликации за “паметни“ уреди. оваа дејност е во силен подем! Како е во Македонија?

ЛИЦа за КонТаКТ: Гордана МихајловсКа БоБан ЃорЃиевсКи


60

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

и кровот се со специјални двојни слоеви поради минимизирање на загубите на топлинска енергија“, објаснува Трајков. Експертите објаснуваат, во Европа веќе се формираат т.н. ЕСКО компании, кои им овозможуваат на фирмите да измерат до кој процент можат да заштедат енергија, и да им понудат конкретно решение кое тие ќе го финансираат, а парите ќе се враќаат од направените заштеди. „Во Македонија иако има на располагање поволни кредитни линии како што се кредитите од ЕБРД со каматни стапки меѓу 7,5% и 8%, токму поради тоа отсуство на стручност и експертиза има многу мал износ на повлекување на средства“, велат експертите.

Трикратно враќање на инвестицијата

Според светските статистики и истражувања, секој цент вложен во енергетска ефикасност без исклучок се враќа трикратно. „Потребно е домаќинствата и граѓаните да разберат дека за секој вложен денар во енергетска ефикасност се враќаат три денари. Доколку секое семејство вложи во енергетска ефикасност, заштедите би биле до илјада евра годишно, а кај компаниите заштедите на годишно ниво достигнуваат и до 10.000 евра. „Тие пари значителнио ќе ја подигнат конкурентноста на компаниите, нивната продуктивност и ефикасност“, едногласни се експертите. Кондиторската индустрија Европа од Скопје за минатата година е наградена за најдобро имплементиран проект за енергетска ефикасност. Генералната директорка, Савка Димитрова, вели дека станува збор за една од најдобрите и најмерливите инвестиции кои воопшто ја направиле. „Кај нас конкретно повратот на средствата од

Кој и каква енергија најмногу користи во Македонија? Потрошувачката на енергија во Македонија е сконцентрирана во четири сектори. Најголема потрошувачка на финална енергија имаат индустријата (33,8%), домаќинствата (29,2%), сообраќајот (20,5%) и комерцијалниот и услужен сектор (13,1%). Во потрошувачката на финалната енергија најзастапени се нафтените продукти со 42% и електричната енергија со 32%. Следат биомасата (10%), топлината (7%), јаглените (7%), природниот гас (2%) и геотермалната енергија со (1%). Според инвестициите во енергетска ефикасност е побрз отколку предвидувањата на консултантите. Значи во делот на директното производство повратот ќе биде побрз од две години, а за вкупната инвестиција помалку од пет. Клучен аргумент поради кој препорачувам примена на овие мерки на сите компании во земјава е тоа што енергетска ефикасност носи бенефит за сите засегнати страни. Ако се штеди на работна сила губат работнците, ако се штеди на материјал губи квалитетот, а ако се штеди на енергија добиваат сите“, вели Димитрова.

последните податоци, Македонија има близу 5,5 пати поголема потрошувачка на електрична енергија по единица БДП од развиените европски земји. Според основното сценарио, вкупната потрошувачка на финална енергија до 2020 година ќе расте со просечна годишна стапка од 2,6% и во 2020 година ќе изнесува 2616 килотони енергија. На ниво на Западен Балкан успеваат да ги задржат своите трошоци за енергија под 3% од нивните приходи.

Каде најчесто грешат македонските менаџери?

Самото сфаќање на енергетската ефикасност кај поголемиот дел од македонските менаџери и компании е погрешно. Според искуствата од експертите, голем дел од нив на своја рака преземаат мерки за заштеда на енергија кои

ТРАЈчЕ ТРАЈКОв

сопственик на Хемија комерц Велес

„Енергијата е клучен фактор кој ја дефинира цената на еден производ. Затоа целта ни е да направиме поевтин производ. Нашето искуство покажа дека ако не сме енергетски ефикасни, тешко дека ќе опстанеме.“

сами по себе како изолиран пример не можат да дадат поголеми резултати. Славко Митовски, консултант и експерт за енергетска ефикасност, смета дека работата често се фаќа од опашката наместо од главата. Да се воведуваат нови системи за греење и ладење, а во истата фабричка хала да се чуваат машини и печки


енергетска ефикасност стари по пет децении коишто трошат десет пати повеќе од потребното е крајно неисплатливо. „Во индустриските објекти најмал проблем се греењето и ладењето. Самите машини природно трошат најмногу. Новите Е2 мотори се витални за секој голем индустриски капацитет. Поуката е дека многу поголемо внимание компаниите треба да посветат на енергетскиот менаџмент и тој да има свое место и свој претставник во раководењето како што има и финансискиот менаџмент“, препорачува Митовски. Неговиот колега Живко Димов смета дека уште поважен фактор е преминувањето на компаниите на други извори на енергија како алтернатива на дежурно најскапата електрична енергија. „Покрај поставување на надворешна обвивка налик на Рамстор и Скопје Сити Мол која ја препорачувам за сите фабрички хали, сметам дека треба да се согласат системите за вентилација, бидејќи не е

Живко Димов

консултант за енергетска ефикасност

дозволено на зима да го ладат воздухот, а на лето да го топлат. Од витално значење е и изборот на енергенсот кој се користи во производствениот процес. Значи машините сами по себе треба да бидат нови за да не трошат премногу енергија, но и таа малку енергија треба да е соодветно одбрана според нејзината просечна цена на слободниот пазар“, вели Димов.

Македонија нема доволно стручен кадар во оваа област?! „Доколку Македонија сака да ги следи препораките на ЕУ, потребно е да го реновира станбениот фонд од околу 1157.000м2, од кои

„Освен поставување надворешна обвивка налик на Рамстор или Скопје Сити Мол која ја препорачувам за сите фабрички хали, неопходно е да се согласат и системите за вентилација и да се направи правилен избор на енергенс кој се користи во производствениот процес. Препорачливо е машините да бидат нови за да не трошат премногу енергија, но и таа енергија треба да е соодветно избрана според нејзината просечна цена на слободниот пазар.“

61

838.000м2 се од приватен станбен фонд, а останатите 328.000м2 се однесуваат на реконструкција на јавните згради. За да се направи тоа во градежниот сектор ќе фалат дополнителни 14.000 работници, оспособени да воведуваат мерки за енергетска ефикасност“, изјави неодамна Ристо Иванов на презентацијатра на проектот Build Up Skills MK, дел од програмата на ЕУ за интелигентна енергија. Македонија има многу малку кадар кој е обучен за

спроведување енергетска ефикасност и не постои сертификација за истиот. Според најновите стандарди на ЕУ, од почетокот на следната година секоја од земјите ќе треба да имплементира по 3% енергетска ефикасност. Претседателот на насочувачкиот комитет на проектот, Лазар Гечевски, рече дека во текот на годинава ќе почнат да се издаваат и првите енергетски пасоши за објектите, но смета дека тие нема да направат

61


62

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ Германија – европски лидер во енергетска ефикасност

З

емјите од Европската унија се едни од најпосветените на оваа проблематика. Германија е една од земјите-лидери во овој сегмент. Германската влада прави пресврт во политиката - до 2050 година Германија веќе ќе нема нуклеарки и ќе го намали користењето фосилни горива, а се прават големи напори и во енергетската ефикасност и алтернативните енергии. Според Мартин Клауке, претставник на делегацијата на ЕУ, има голем прогрес во земјите од ЕУ во достигнувањето на овие цели, но според него, како во Македонија, така и на Запад има

простор за уште повеќе промени. „Енергетската ефикасност речиси никогаш не е лесна задача и има многу различни области каде што треба да се вложува. Вообичаено, тука е употребата на технологијата, развивање пазарен механизам, развивање правилна владина политика. Но, многу различни работи се направени во ЕУ, како фискално ослободување за градежните работи, кампањи за освестување на населението и сите тие различни искуства може да бидат корисни и за оваа земја и за целиот регион“, констатира Клауке.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ март 2013 Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо бул. Маркс и Енгелс бр.7 зграда 1, влез 1 стан 32 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова Автори на прилогот: Верица Јорданова Дејан Азески Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски Фотографија: Ивана Кузмановска Фотоархива на Капитал

големи промени во цената на становите. „Енергетскиот пасош нема да ја зголеми цената на чинење

на стан, куќа или цела зграда. Едноставно станува збор за полесен начин да се евидентираат

материјатели кои се вградени во еден објект, од кои се гледа енергетската кондиција на објектот“, вели Гечевски.

Маркетинг: Александра Стојменова www.kapital.mk


energetska_efikasnost_mart_2013