Page 1

спЕЦиЈаЛЕн приЛоГ на МаГаЗинот КапитаЛ

KaKvi Komercijal ni vozila Kupuvaa maKedonsKt it Kompanii? e

...авто и транспорт

www.kapital.mk/петок 11/10/2013

Koj e Koj vo maKedonsKata

?

avtomobilsKa industrija

doma[nite oma[nite Kompanii ompanii slaba KariKa a vo sistemot na stransKite ite investitori!

Дино БЕЛуЛи ako saka{ da investira{ na balkanot, skopje e vistinskoto mesto извршен директор на EMS German Balkan Logistics


| Специјален прилог | авто и транспорт

Македонските компании не покажуваат голем интерес и амбиција да влезат во синџирот на добавувачи на странските автомобилски гиганти, кои изминативе неколку години инвестираа во Македонија и Србија. Иако и експертите па и самите компании признаваат дека ова е голема шанса за 50-тината домашни компании – на терен не се случуваат многу актгивности!

Koj e K Koj oj vo maKedonsKata ma avtomobilsK

doma[nite Kompanii slaba KariKa vo sist na stransKite inves Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

О

д вкупно 50-тина македонски компании кои произведуваат различни делови за потребите на автомобилската индустрија, едвај неколку од нив, кои можат да се избројат буквално на една рака, соработуваат со некоја од неколкуте странски компании кои во изминатите години решија своето производство да го лоцираат во Македонија! Иако е неспорен фактот дека потенцијалите за зголемување на обемот на работа на една компанија драстично се зголемуваат кога на пазарот ќе дојде некој голем играч од типот на Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Кемет или Дрекселмаер - влегувањето во нивниот синџир на добавувачи не се случува автоматски. Таа позиција треба да се заслужи и одработи! Една од компаниите која соработува речиси со сите странски компании во земјава од оваа индустрија е скопската компанија Те-те Пласт која произведува

64| 10 октомври, 2013

делови од пластика и алати (калапи) за вбризгување на пластика. Директорот Ѓорче Тодоровски вели дека единствен модел да се соработува со странските инвеститори е поволно да им се понудат производи или услуги со ист или сличен квалитет во однос на странските добавувачи, од кои дотогаш се снабдувале или се снабдуваат. “Брзо се прилагодуваме кон барањата на купувачите, а ги исполнуваме и стандардите за работа ИСО 9001 и ИСО 16949, кои се неопходни во автомобилската индустрија. Македонија објективно има евтин и брз транспорт до европските центри на големите производители“ вели Тодоровски. Компанијата УНИПЛАСТ од Струга, пак веќе има склучено преддоговор за соработка со компанијата Ван Хоол сместена во скопската зона Бунарџик, која наскоро треба да почне да произведува автобуси. Сопственикот Кристијан Ковачевски потврдува дека потенцијалната соработка ќе биде во делот на полиестерски делови за автобуси како што се: поклопец за мотор, предна маска, рамка за багаж, задна маска и слично.

“Нашиот дизајн во моментов е на тестирање во нивните фабрики во Белгија и очекуваме кога тие ќе стартуваат со производство, да започне и испораката на наши делови. Ги набавивме и калапите и материјалот и подготвени сме да почнеме со испорака“, вели Ковачевски. Тој веќе ги разгледува можности за влез и на српскиот пазар каде што Мерцедес ја презеде фабриката за автобуси “Икар Бус“ во Србија. “Со нив планираме да оствариме првични контакти на претстојниот саем во Истанбул и сметаме дека имаме многу производи кои можеме да им ги понудиме од полиестерската програма“, вели Ковачевски. Уште неколку други македонски компании соработуваат со значајни бренд имиња од автомобилскиот свет, но не и со оние присутни на македонскиот пазар. Пример, во ЕИН Соф, софтверска компанија која изработува софтвер за дијагностика за Хонда и Рено, потврдуваат дека засега не соработуваат со локални компании. И во ЛТХ леарница од Охрид потврдуваат дека досега немале никаква соработка ниту со новите


Специјален прилог | авто и транспорт |

ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА

195

 милиони евра изнесува годишниот извоз

84,6%

50

Од вкупниот извоз на автомобилски делови од Македонија отпаѓа на катализатори (Џонсон Мети)

македонски компании го сочинуваат авто-сегментот на индустријата

Ka industrija?

ii – temot stitori! инвеститори од автомобилската индустрија во Македонија, ниту со оние од Србија. Оваа компанијата е дел од LTH Castings која ја сочинуваат уште две фабрики во Словенија и една во Хрватска, и работи за светски брендови како BMW, Daimler, Audi, Wabco,Anvis, TRW и други. Но, не и за домашните.

Како да се влезе во системот на големите производители?

Тодоровски од Те-те Пласт смета дека освен проактивниот однос на самите компании, важна е улогата на институциите во обезбедување доволно информации за потенцијалите на македонските компании пред странските инвеститори. Таа соработка расте, тврдат надлежните. „ Точно е дека некои од производите се специфични и нашите компании не можат да ги задоволат барањата на странците, а за некои производи веќе имаат добавувачи од странство од многу поодамна, но сепак

Германија и Србија

Се двете најголеми извозни дестинации за македонските компании од авто-индустријата

ПРЕДНОСТИ  релативно мала оддалеченост од главните производни центри во Европа

македонските компании се се поприсутни како добавувачи“, вели директорот на Дирекција за технолошки развојни развојни зони, Виктор Мизо. Вели дека во насока на олеснување на влезот на македонските компании и производи во зоните направени се измени во координација со Царина, а со цел нашите компании да имаат одредена предност во однос на странските добавувачи. “Напролет се планира активност за вмрежување на домашните добавувачи и странските инвеститори каде на една иста маса ќе седнат двете страни. Но секако прво е многу важно домашните добавувачи да се стандардизираат и да ги задоволуваат сите пропишани светски стандарди во оваа индустрија“, вели Мизо. Во автомобилски кластер го потенцираат и моментот дека процедурата да се стане добавувач и соработник на големи компании трае со месеци затоа што најмалку шест месеци се испитува производот, пред да се одобри од централата

45,5

милиони евра е вкупна додадена вредност која ја креираат компаниите од оваа индустрија

НЕДОСТАТОЦИ  скапи енергенси  недостиг на кадри  недоволно суровини  мали производни капацитети

ИЗВОЗ НА АВТОМОБИЛСКИ ДЕЛОВИ ПО ДРЖАВА Држава Италија Кина Словенија Романија Русија Грција Србија Германија Други

Процент 3,02% 3,39% 4,03% 4,51% 6,56% 7,36% 17,97% 21,38% 31,79%

ИЗВОЗ НА АВТОМОБИЛСКИ ДЕЛОВИ ПО ТИП Вид на производ Квачила и делови Обоени кола Ножни кочници и делови Катализатори Сигурносни појаси Електрични акомулатори Друго

Процент 1,45% 1,75% 3,48% 84,68% 2,42% 1,58% 4,63%

Извор: Агенција за странски инвестиции и подршка на извозот"

10 октомври, 2013 |65


| Специјален прилог | авто и транспорт

Странски инвестиции во автомобилската индустрија

ЏОНСОН МЕТИ

„„локација Скопје „„произведува: катализатори и технологија на процеси. „„Работи во Македонија од мај 2012 „„инвестиција 300 милиони евра „„број на вработени 300 „„Вкупен обрт 490 милиони евра

ЏОНСОН КОНТРОЛС „„Локација Штип „„произведува: акумулатори за автомобилската индустрија за хибридни и електрични возила, како и ентериерни системи за автомобилите. „„Работи во Македонија од декември 2007 ма „„Инвестиција 40 милиони евра „„Број на вработени 300 „„Вкупен обрт-94 милиони евра

КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ

„„Локација –Битола „„Производство на кабли за возила „„Работи во Македонија од февруари 2013 „„Број на вработени 2.500 (најавени) „„Инвестиција 20 милиони евра

ДРЕКСЛЕРМАЈЕР „„Локација Кавадарци „„Производство на делови за Мерцедес „„Инвестиција 30 милиони евра „„Број на вработени 4.000 (најавени)

66 | 10 Октомври, 2013

ТРАНСПОРТНИ ТРОШОЦИ И ВРЕМЕ НА ТРАНСПОРТ ОД МАКЕДОНИЈА КОН НАЈГОЛЕМИТЕ АВТОМОБИЛСКИ ИНДУСТРИСКИ ЦЕНТРИ (во евра) Дестинација

Растојание

часови

граници

Крагуевац Србија 320 6 Питести Романија 730 8 Будимпешта Унгарија 800 11 Гебзе Турција 850 12 Ново Место Словенија 950 15 Виена Австрија 1200 14 Острава Чешка 1300 16 Минхен Германија 1370 17 Аксарај Турција 1470 18 Милано Италија 1500 19 Штудгарт Германија 1600 19 Франфурт Германија 1700 20 Колона Германија 1900 24 Батилу Франција 2000 26 Извор: Агенција за странски инвестиции и подршка на извозот

на овие компани. Тоа значи дека и покрај желбата и потенцијалите, постои и формална процедура и веќе воспоставени долгогодишни односи на корпорациите со нивни постојани добавувачи. “Ние како кластер ќе иницираме средба помеѓу домашните и странските компании од автондустријата за да се потикне соработката, но нашите информации велат дека странските инвеститори се добро запознаени со можностите на македонската автоиндустрија. Преку кластерот секоја компанија може да се поврзе со новите инвеститори со кои имаме контакти“, велат оттаму.

Кои се проблемите на компаниите?

Македонската автоиндустрија, вокоја спаѓаат околу 50 на компании, прават годишен извоз од 195 милиони евра и вработуваат околу 2.500 луѓе. Клучната пречка за што поголем раст на оваа индустрија, како што укажуваат сите со кои разговаравме, за што поголем развој на секторот се (не)достапноста до поволни кредити, недоволниот кадар, скапите суровини и енергенси. „Лично сметам дека компанијата која размислува за развој е успешна компанија. Меѓутоа не е доволно само да се размислува за развој туку тој развој треба да се оствари, а еден дел од тоа се и поволните кредити“ вели Виктор Танески од охридска ЛТХ Леарница. Иако релативно малата одалеченост на Македонија од главните производствените бази на оваа индустрија во Централна Европа и во Турција се смета за една од главните предности во обезбедување ниски цени и навремена дистрибуција, има и размислувања дека недостигот на кадар и скапата струја ги намалуваат ефектите на претходно кажаните предности. „Во земјава нема добавувачи за хај-тек резервни делови што заедно со високата цена на електричната енергија и немањето на квалитетен кадар за работа се најголемите слабости на Македонија во делот на автомобилската индустрија“ вели Танески. „Покрај тоа во Македонија се соочуваме

1 2 2 2 3 2 2 2 2 3 2 2 2 2

цена со 20 тонски камион 670 1050 950 1100 1000 1200 1500 1300 1500 1250 1450 1400 1500 1600

Ѓорче Тодоровски Те-те Пласт

“Единствен модел да се соработува со странските инвеститори е поволно да им се понудат производи или услуги со ист или сличен квалитет во однос на странските добавувачи, од кои дотогаш се снабдувале“

Виктор Мизо ТИРЗ

"Прво е многу важно домашните добавувачи да се стандардизираат и да ги задоволуваат сите пропишани светски стандарди во оваа индустрија“ и со висока цена на суровините, репроматеријатлите, услугите и енергијата кои се неопходни за производство. Имаме тешкотии и при обезбедувањето на финансии при реализација на големи проекти“, вели Ѓорче Тодоровски од Те-те пласт, посочувајќи дека Македонија нема ни домашно производство на суровини и репроматеријали потребни на автомобилската индустрија. „ Многу од големите автомобилски компании очекуваат од овој регион ниски цени како од Кина и Индија, што е невозможно да се постигне поради многу различни фактори“, укажува Тодоровски. На ниво на автомобилскиот кластер кој дел од Сојузот на стопански комори, компаниите бараат пониска цена на електричната енергија, поповолни кредити, насочено образование, подобра инфраструктура и еднаков третман на домашните и странските компании како основни предуслови објективните предност и кои ги имаат да се ефектуираат во конкурентна предност кога ќе дојде ред да влезат во некој синџир на добавувачи.


| Специјален прилог | авто и транспорт

2008

2009

2010

2011

2012

353

717

778

835

1.145

1.823

вКупна продаЖБа на Комерцијални возила ВКУПНА ПРОДАЖБА НА КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА ВО МАКЕДОНИЈА

2013 (6 месеци)

КаКви Комерцијални возила Купуваат маКедонс

Fiat najprodavan b FolksFagen kedi najprodavano vozil

дејан азески

Dejan.azeski@kapital.mk

П

родажбата на комерцијална возила во првите шест месеци од 2013 та година пораснала за 16% во однос на истиот период минатата година. Статистиката од импортерите покажува дека во првата половина на 2013 се продадени 353 нови комерцијални возила или 49 повеќе во однос на истиот период лани кога се продадени 304 возила, што значи и промена на надолниот тренд во продажбата кој траеше од 2008 година. Растот се должи главно на зголемената продажба на мини и мали доставни повеќенаменски возила, додека пак во сегментот на средни и големи повеќенаменски комерцијални возила од 3 до 6 тони има благо намалување на продажбата. „Растот е резултат и на редовното обновување на флотите возила кои го отслужиле своето, како и зголемената понуда на возила во најмалиот сегментшто не било случај во претходните години. Циклусот на набавки на нови возила е цикличен и се случува

68 | 10 октомври, 2013

Нашите менаџерии ја “изживејаа“ фазата дека со купување половни возила за бизнис потреби можат да заштеди пари. Импортерите потврдуваат дека компаниите се се попребирливи во оформувањето на нивната флота и дека се повнимателно ги избираат возилата со кои ги дистрибуираат своите производи. На крај на ден, и тие се дел од имиџот кој го градат за себе! генерално на секои 5 години, така што ова се логично очекувани резултати“, вели Дејан Врањиќ, бренд менаџер во Порше Македонија. За Срѓан Миновски од МИДА моторс најновите бројки во продажбата се знак дека се надминува мислењето (кое долго време траеше во Македонија) дека компаниите со купување на стари возила можат многу да заштедат. „Увозот на поволни возила значително влијаеше на продажбата како на патничките, така и на комерцијалните возила. Многу поволни возила беа увезени со „ниска“ цена во „добра “ состојба, но трошоците за одржување на истите ја докажаа економската несплатливост. Исто така, усвоените

стандарди за транспорт на стока наметнаа потреба од дополнителна опремадоработка за која не вредеше да се инвестива во старо возило“, објаснува тој. Според статистиката за првите шест месеци од годинава македонските компании најмногу купувале комерцијални возила од италијанската марка Фиат. Вкупно биле продадени 71 возило од оваа компанија од кои најмногу Doblo- 34 и Ducato- 27. Поединечно најпродаван комерцијален модел помеѓу комерцијалните возила е Фолксваген Caddy кое се продало во вкупно 59 примероци. Интересна е и силната продажба на веројатно најмалото транспортно возило кое се нуди на пазарот Тојота Aygo Van


Специјален прилог | авто и транспорт | НАЈПРОДАВАНИ КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА ПО ПРОИЗВОДИТЕЛ ПРВА ПОЛОВИНА НА 2013 Производител број Фиат 71 Фолксваген 59 Пежо 48 Тојота 39 Цитроен 32 Форд 25 Рено 20 Опел 10 Нисан 10 Митсубиши 8 Ивеко 6 Киа 5 Дачиа 2

сКите Компании?

brend,

lo која се продала во вкупно 34 примероци за првите шест месеци во годината. „Станува збор за возило кое е одличен избор за нашите компании бидејќи ги остварува сите нивни претходно посочени стандарди . Aygo Van како и сите возила на Тојота има од 5-годишна гаранција, ниски трошоци за одржување и исклучително ниска потрошувачка на гориво од само 4,5 литри на 100 км. Тоа е Извонредно практичен автомобил кој благодарение на своите предности е избор бр.1 на компаниите за мини комерцијално возило во нашата земја“, велат од Тојота Македонија. Останатити најпрадовани брендови во комерцијалниот сегмент се Цитроен со вкупно 32 продадени (од кои Nemo 13 и Jumper 9), Форд со 25 продадени комерцијални возила, Пежо со 48(од кои дури 22 од моделот 208 Van ) и Рено со 20. Од поголемите транспортни возила, најбарани се комбињата Iveko.

Кои карактерисики им се најважни на македонските компании?

Македонските компании во последните неколку години особено внимаваат при изборот на комерцијални возила за своите потребни, при што

Што е ново на пазарот?

„ Цена на чинење на возилото „ Трошоци за одржување и редовно сервисирање „ Потрошувачка на гориво, односно „цена по километар“ „ Гарантниот период на возилото, трошоците за сервисирање и одржување, потрошувачката на гориво како „ Остаточната вредност на возилото по одреден број на изминати километри и години од експлоатација

Според одговорите кои ги добивме, понудата на комерцијални возила е доста широка, обемна и многу брзо се менува. Компаниите постојано нудат целосно нови или автомобили со подобрени перформанси. Од Порше Македонија велат дека како генерален увозник на брендовите Фолксваген, Ауди, Фолксваген Комерцијални возила и Шкода нудат доста широка палета на комерцијални возила. „На располагање се популарните мали доставни возила: Фолксваген Polo Citi Van, Шкода Fabia Van, Шкода Praktik, потоа средните повеќенаменски доставни возила од сегментот А и Б добро познатите Фолксваген Caddy, Фолксваген Transporter и секако Фолксваген Crafter како претставник на големите доставни и повеќенаменски возила. Истите редовно се "подмладуваат" од страна на производителите и ги содржат најновите безбедносни и техничко-технолошки достигнувања“ велат од таму. Од МИДА Моторс за следната година најавуваат сосема нов Форд Transit Connect и во Transit со нови мотори и пониска потрошувачка и пониска емисија на ЦО2 и современ надворешен дизајн. „Во моментов нудиме и Fiesta Van –рестилиризирана со нов дизел мотор 1.5 TDCI со моќност од 75KS и намалена потрошувачка на 3,7л на 100 км.Исто така нудиме и Tranzit Custom елегантно товарно возило прогласено веќе втора година за Ван на годината со максимално искористен товарен простор најголем во својата класа 6м3.“ велат од МИДА Моторс. Од Тојота Македонија ни го посочија нивниот модел Proace како новитет на македонскиот пазар. „Со Toyota Proace го прошируваме присуството и во сегметот на средни комерцијални возила. Станува збор за повеќенаменско возило, исклучително практично, со максимален корисен простор за товарење од 7м3 , возило кое нуди комфор на патнички автомобил,комбинирајќи ја практичноста со иновацијата“.

најважните крактеристики кои треба да ги поседуваат се - квалитетот, издржливоста, економичноста и доверливоста. Ана Димевска од Тојота вели дека според нивното искуство во продажбата на делот на комерцијаните возила македонските компании флотата на своите комерцијални возила ја одбираат согласно нивната основна дејност, и критериумите при изборот најчесто се поврзани со истото. „Но секако постојат и критериуми кои се подеднакво важни за сите компании, од кои ќе ги издвојам: гаранцијата на возилото, трошоците за сервисирање и одржување на возилото во време на

експолатација на истото, потрошувачката на гориво како и практичноста. Водејќи се од овие критериуми нашите компании ќе одберат возило со подолг гарантен период, пониски трошоци за сервисирање и секако мала потрошувачка на гориво“, вели Димевска. И од МИДА моторс Македонија: цената на возилото,евтиното одржување, начинот на плаќање како и малата потрошувачка на гориво заедно со брзата сервисна услуга и издржливоста на возилото ги наведуваат како најважни карактеристики според кои компаниите се раководат кога избираат нови транспортни и доставни возила.

НАЈПРОДАВАНИ КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА ПО МОДЕЛ ПРВА ПОЛОВИНА НА 2013 Модел Број Caddy 45 Aygo 34 Doblo 34 Ducato 27 208 Van 22 Nemo 13 Jumper 9 L200 8

н најважни критериуми за избор на вистинското комерцијално возило:

10 октомври, 2013 |69


| Специјален прилог | авто и транспорт

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Ш

dino Beluli извршен Директор нА EMS GErMan Balkan loGiSticS

Ako sA sAkA[ s AkA[ dA dA investirA[ investirA investir A[ nA n A BAlkAnot, BAlk lkA Anot, skopje e vistinskoto mesto 70 | 10 октомври, 2013

то конкретно работи вашата групација на светскиот пазар и кои услуги ќе ги нуди во Македонија? EMS-Fehn-Group речиси 30 години е во овој бизнис и во сите овие години ние имаме транспортирано скоро се, компири од египетските полиња во супермаркетите во Северна Европа, жито од Франција во Северна Африка, потоа локомотиви од Хрватска за Тунис, мега јахти од Тајван до Јадранот, бушилици за копање од Германија за Португалија, воздушни турбини од Данска за Романија и така натаму. Со EMS GBL во Скопје ние сме способни да го понудиме нашето логистичко знаење кое сме го собрале низ годините по патиштата, пругите, во воздушниот и бродскиот транспорт на нашите македонски клиенти и оние во нивните соседни земји. „ Колку време вашата компанија е присутна на македонскиот пазар и како се одлучивте да инвестирате во Скопје? EMS GBL сама по себе како компанија е релативно млада. Ние започнавме со работа минатата година. Но веќе имавме некои искуства за пазарот од други компании од групацијата EMSFehn-Group. Скопје за нас е логичен избор . Едноставен поглед на мапата покажува дека Скопје лежи на средината на Јужниот Балкан. Ова е подвлечено во стратешкото планирање на ЕУ. Два од таканаречените пан-европски коридори се вкрстуваат во Скопје: едниот оди од Драч во Албанија до Варна во Бугарија,а другиот ги поврзува Австрија и Германија со Егејското море. Значи, ако сакаш да инвестираш на Балканот, Скопје е вистинското место! „ Веќе подолг период сте присутни на балканскиот пазар преку Албанија? Какво е вашето искуство од работењето таму? Работењето на Балканот за нас е екстремно задоволително бидејќи постојано гледаме прогрес. Тоа не значи дека животот овде е лесен. Мора да работиш за да бидеш успешен. Но, на крај мора да се признае дека сите земји на Балканот се движат напред. Патиштата стануваат подобри, телекомуникациите исто така, скоро се се подобрува. Понекогаш си мислиме дека сето тоа може да оди малку побрзо, но ако погледнеш пет години наназад и го споредиш со денеска едноставно ќе си речеш каква неверојатна промена. „ Кои се вашите визии за развој на бизнисот во Македонија? Што може да очекуваме од German Balkan Logistics во наредниов период? Се зависи од политичкиот прогрес и напредокот кон ЕУ. Ние сметаме дека само прашање на време е кога Македонија ќе се поклопи со сите барања на Брисел. И колку поблиску Македонија ќе дојде до исполнување на тие обврски толку повеќе економијата ќе профитира и целото општество преку отварање на што повеќе работни места. Ние сме убедени


Специјален прилог | авто и транспорт |

Компанијата German Balkan Logistics, членка на интернационалната групација EMS Fehn Group, минатата недела во Скопје го отвори својот прв складишен простор на територијата на Македонија со што почна да ги остварува амбициозните планови за ширење на македонскиот и регионалниот пазар. За идните развојни планови и очекувања на компанијата разговаравме со извршниот директор Дино Белули. дека „EMS GBL“ ќе има своја улога во овој развој. Тоа е причината поради која инвестираме сега бидејќи сакаме да сме дел од овој процес. Можете ова да го приметите и по растечкиот број на вработени: EMS GBL започна со двајца минатата година, а денеска нашиот тим е составен од десет луѓе. „„Што кажуваат вашите првични анализи дали во Македонија има квалитетна понуда на логистика за компаниите? Најпрво Македонија сама по себе е пазар од 2 милиони потрошувачи што значи дека има голем потенцијал. Второ, има одлична географска локација, што е тешко да се спореди со друга земја. Секој транспорт од северот кон југот и од истокот кон западот мора да помине низ Македонија. За крај но не помалку важно Скопје е главна транспристанишна дестинација за секој бродски терет од и за Солун, главното пристаниште на јужниот Балкан. Со сите овие факти нема прашање: Логистиката ќе биде клучна за македонската економија. „„Дали е точно дека Скопје ќе биде регионален логистички центар на ЕМS Fehn Group во целиот регион? Скопје перфектно се поклопува во развојниот план на EMS-Fehn-Group. Ние сме многу цврсто поставени во Драч, главното албанско пристаниште со нашата сестринска компанија German Albanian Logistics Agency (GALA) и со EMS APO исто така сестринска компанија која работи на пристанишниот терминал во Драч. На западната страна ние сме добро поврзани со италијанскиот пазар со нашата сестриска компанија Italian Ship-

ping and Logistics Agency (ISLA). EMS GBL како мостобран во Скопје го заокружува проектот кој започнува од Италија до Македонија со Драч како средишна точка. Тоа ја става EMS-Fehn-Group во уникатна позиција да понуди логистичка поддршка од прва рака. „„Дали сте задоволни од постоечката инфраструктура во Македонија и што треба првично да се направи за да се добијат најголеми резултатити и бенифит за компаниите? Прашајте го ова прашање било кој логистички менаџер во светот и тој

секогаш ќе најде нешто што треба да се подобри. Македонија секако има многу работи кои треба да ги подобри како подобри патишта, функционален железнички систем кој е поврзан со сите соседни земји и е фундамент на било кој економски развој и ние сме убедени дека оние кои ги носат одлуките во Македонија го знаат тоа. Ние ја гледаме земјата на добар пат и еднаш кога владата ќе ги имплементира инфраструктурните планови Македонците ќе бидат едни од најголемите победници на модернизацијата.

10 Октомври, 2013 | 71


| Специјален прилог | авто и транспорт

ФрАНкФурт Ауто Шоу 2013

Ne mN mNogu m Nogu origi origiNalNo, No defiNitivNo spektakularNo! Автошоуто во Франкфурт според коментарите на врвните светски автомобилски медиуми можеби разочара поради неколкуте откажани дебиа на дел од најочекувате светски брендови, но како и секогаш понуди многу за повеќе од 1.000 посетители кои поминаа низ 12-те саемски хали

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

И

ако овогодинешното издание на Франкфурт авто шоу беше обележано по низа откажувања на бројните најавени, а неодржани промоции на најновите модели од скоро сите производители тоа не ја намали неговата гламурозност и посетеност. Повеќе од еден милион посетители ги посетија 12-те изложбени хали на Франкфуртскиот велесаем и можеа да видат автомобили од преку 1.000 изложувачи.

Долгоочекувано Ламборџини Кабрера не можеше да се види во Франкфурт како ни Бентли Фалкон, Порше Макан, новото Ауди Q7 и многу други. Новото XC90 не можеше да се најде на штандот на Волво како ни ветените Кросовери на Фолксваген. Сепак имаше доста студиски светла, сечење ленти и многу дим како сценографија од промоциите на BMW i3 и i8, Renault Initiale Paris, Audi Nanuk и Sport Quattro заедно со Jaguar Crossover Concept и новата S-Class Coupe. Промоцијата на Fiat’s 500L Living исто така изнуди многу воздушки додека Volvo Concept Coupe конечно донесе малку свежа крв во замрзната шведска програма.

НАјДобрите 10 возилА оД ФрАНкФурт 2013 спореД бизНис иНсАјДер Mercedes S-Class купе беше претставено како прво возило кое ги носи карактеристичните линии на новиот дизајн на сите мерцедесови години кои ќе ги гледаме во наредните неколку години. Lexus LF-NX Crossover Concept кој ги истражува можностите за компактен кросовер. Возилото е наменето за масовна продажба. BMW i8, долгоочекуваното дизајнерско чудо на Баварската Фабрика за автомобили конечно е објавено. Електричната хинбридна спортска кола првично ќе биде наменета за американскиот пазар каде што ќе биде достапна по просечна цена од 140.000долари. Audi Quattro Concept кое беше избрано за најдобро деби според магазинот Аутовик. Во нивното објаснување стои дека е совршен спој од Ауди Моќност и хибридна штедливост. Возилото е наоружано со 700 коњски сили, хај тек хибриден 48 | 10 октомври, 2013дизајн. погон и извнореден

Bugatti Jean Bugatti Veron, ново моќно спортско возило на светскиот џетсетерски бренд за супербогатите. Аudi A3 Cabriolet, поголемо со помала потрошувачка на гориво и помоќно од неговиот претходник. Porsche 918 Spyder иако е со Хибриден мотор има експлозивни карактеристики. Пред неколку месеци го извозе најбрзиот круг на Нинберинг една од најтешките светски тркачки стази. Peugeot 308R спортска верзија на веќе добро етаблираниот на пазарот модел на компанијата 308 кој е познат под прекарот леб и путер. Bentley GT V8 S купе и конфертабилна верзија направи светско деби токму во Франкфурт. Станува збор за екстремно луксузно возило кое треба да ги однесе богатите менаџери или сопственици на попладневното пиење кафе или вечерно излегување. Aston Martin Vanquish Volante беше впечатлив по ексцентричниот внатрешен ентериот кој плени со својата маркантност и моќност која е адекватна на можностите на моторот на ова екстра брзо возило.


Avto i transport oktomvri 2013  

Avto i transport oktomvri 2013

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you