Issuu on Google+

AVTO www.kapital.mk петок 15/03/2013

D-r Zlatko Mucunski generalen direktor na Por{e-Makedonija

Proda`bata e motorot, a potro{uva~ite gorivoto vo ovoj biznis

поТрошувачкаТа и ценаТа за одржување Се клучни во избороТ на СлужбенаТа флоТа! увознициТе очекувааТ полоша 2013 година! заздравување дури за 3-5 години?!

Са-Тра Синоним за квалиТеТ во авТомобилСкаТа индуСТрија


52

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Какви службени возила избираат македонски

Потрошувачката и цен клучни во изборот на Ако некогаш изгледот и имиџот беа единствените критериуми за избор на возила за службени потреби, денеска македонските менаџери се многу попребирливи. Со оглед на големиот избор на возила за деловни потреби на пазарот и со оглед на економската криза и мерките за штедење што ги применуваат компаниите, потрошувачката на возилата и трошоците за нивно одржување се клучни во изборот кое возило ќе се купи за службени потреби!

Дејан Азески

Н

dejan.azeski@kapital.mk

а оваа фирма & оди добро. Имаат ‘ганц’ нови и брендирани возила за дистрибуција кои се препознатливи низ градот, а газдата се вози со последната Е-класа од Мерцедес“, вака приближно изгледааа најчестите коментари за автомобилите за службена употреба до пред неколку години. Возниот парк на една компанија претставуваше главен репрезент и единица мерка за успешноста на таа компанија и за способноста и визијата на менаџментот. Според резултатите кои ги

добивме од нашата анализа во овој специјален прилог „Авто“ за тоа кои возила во Македонија се купуваат за службени потреби, повеќе од јасно е дека трендовите се променети.

Потрошувачката и одржувањето клучни во изборот Зголемената цена на нафтените деривати и потребата од поголема контрола врз потрошувачката на возилата во услови на економска криза и неликвидност се клучните фактори кои ги менуваат навиките на македонските менаџери при изборот на автомобили за службена употреба. Со оглед на тоа дека сите современи возила


Авто

ите компании?

ната за одржување се а службената флота! 53 нудат слични перформанси во поглед на комфорт, луксуз и опрема, сега главната битка се води за тоа кое возило помалку троши и кое возило е полесно за одржување. „На клиентите им сугерираме да изберат возило кое ќе одговара на нивните потреби и да ги земат предвид сите карактеристики на возилото кои влијаат на трошоците за експлоатација и одржување, а не само продажната цена. Европските компании бараат најсовремени возила кои во целост ќе ги задоволат нивните деловни потреби, било да се тоа за простор, носивост и димензии или комфорт и сигурност за службени патувања. Но, најбитно е што секогаш ги земаат предвид вкупните трошоци за користење и одржување на возилата“, велат од Автонова, импотер за

Ситроен во Македонија. Од нивната гама-возила во предност се возилата од најновата генерација на бензински, дизел и хибридни мотори, како Pure Tech, e-HDi, Hybrid4, но и електрични возила поради малата потрошувачка и ниските емисии на гасови, кои значат мали оперативни трошоци и намалени даноци кон државата, а чиста и здрава

животна средина. Купувачите отсекогаш го препознавале италијанскиот бренд на возила Фиат како можност да добијат екстра-квалитет по многу поволни цени. Во последно време овие квалитети с$ повеќе доаѓаат до израз, особено кај комерцијалните возила и кај возилата за деловна употреба. Според официјалната статистика во 2012 година, пазарното учество на Fiat Professional изнесува 28,31%. На листата со најпродавани 15 комерцијални возила на пазарот дури четири модели се од Fiat Professional и тоа: „добло карго“ (Doblo Cargo - прво место), „дукато“ (Ducato - трето место), „сеиченто вен“ (Seicento Van - 12-то место) и „гранде пунто“ (Grande Punto Van - 14-то место), а како главна причина за ваквата доминација се сметаат токму погоре наведените факти. „Големата доверба од македонските компании се должи на широката и комплетна палета на модели и верзии со различна каросериска изведба, различна понуда на товарен волумен и корисна носивост и најнова генерација на штедливи мотори. ‘Гранде

пунто вен’ (Grande Punto Van), ‘пунто профешнал’ (Punto Professional), ‘фиорино’ (Fiorino), ‘добло карго’ (Doblo Cargo), „скудо“ (Scudo) и „дукато“ (Ducato) претставуваат оригинални комерцијални возила кои може да одговорат на секоја работна потреба за пренос на стока и патници, дизајнирани да ја лимитираат потрошувачката и оперативните трошоци, а да го максимизираат профитот“, вели Љупка Малиновска, маркетингменаџер во Аутомобиле СК. Увозниците на нови возила на своите клиенти кои бараат возила за бизниспотреби често им ја нудат и можноста за поврат на ДДВ ако возилото се регистрира за комерцијална употреба. „Возилата кои совршено одговараат на потребите на компаниите во нашата земја пред с$, се оние кои имаат ниска потрошувачка на гориво и исклучително ниски трошоци за одржување и сервисирање - два основни критериуми кои имаат одлучувачка улога при изборот на службени возила од страна на компаниите. Секако, кај возилата на Toјота безбедноста и гаранцијата од пет години или 160.000 изминати километри е одлучувачки фактор при изборот на возило за службени потреби. Од понудата се издвојуваат комерцијалните возила ‘ајго вен’ (Aygo Van), ‘јарис вен’ (Yaris Van) и ‘хилукс’ (Hilux), кај кои компаниите можат дополнително да ги користат бенефитите од поврат на ДДВ“, велат од ТојотаМакедонија.

Со специјални цени на одржување се задржуваат бизнис-клиентите За време на последните неколку кризни години македонските увозници на нови возила најмногу

53


54

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ се потпираат на сервисите за одржување на веќе продадените возила. Како што коментираат увозниците, многу е значајно и полесно да се имаат клиенти кои поседуваат повеќе возила од истата марка. Срѓан Ставревски Миновски, задолжен за односи со јавноста во Ми-Да моторс Македонија, вели дека сите флотни клиенти имаат екстра-поволни услови на сервисирање на возилата.

Истото го потврдуваат и од Аутомобиле СК, каде што велат дека трошоците за одржување зависат од моделот, моторот и од начинот на експлоатација на возилото, но дека сепак, за бизнис-клиентите нивниот сервис дава големи поволности. „Во постпродажните услуги на компаниите им овозможуваме голем број поволности како предност при прием и закажување во

сервис, специјален човек за контакт и сервисни договори со специјални услови за одржување и набавка на резервни делови и дополнителна опрема“, велат од Аутомобиле СК. Од Тојота-Македонија велат дека специфика за нивниот начин на работа и за нивниот сервис е тоа што траснпарентно ги изнесуваат сите понатамошни трошоци пред клиентите. „Трошоците за одржување

и сервисирање на возилата од гамата на Тојота се прилагодени на нивото на стандардот во нашата земја и истите се многу пониски во споредба со останатите автомобилски куќи . За разлика од голем број автомобилски компании, кај нас овие трошоци транспарентно ги комуницираме со сите наши клиенти и се алатка плус при продажбата на новите возила. Компаниите секако,

Дали големите лимузини ги однесе вртлогот на кризата?

КОИ СЕ „НАЈтРЕНдИ“ вОзИЛА зА мАКЕдОНСКИтЕ мЕНАџЕРИ?

И

зборот на македонските директори на возила за репрезентативна употреба е с$ поширок. Некогашните „мерцедес Е класа“, „ауди 100“, па и „волга“ се проширени барем со 50 други возила кои со своите карактеристики ги задоволуваат специфичните барања на македонските менаџери. Од Ми-Да моторс велат дека „форд мондео“ и „форд фокус“ се главен избор на македонските менаџери, а причините за таквиот избор најчесто се слични на оние кои се пресудни кај купувачите на компактни возила. „Ние на нашите клиенти-менаџери им препорачуваме да обрнат внимание на квалитетот на возилото, трошоците за одржување, гаранцискиот период, потрошувачката на гориво и постсервисната поддршка која може да ја обезбеди брендот“, велат од Ми-Да моторс. SUV меѓу менаџерите се присутни во последната деценија. Нивното користење се сметаше за престиж поради високата набавна цена, големата потрошувачка и скапите трошоци на одржување. Со популаризацијата и пред с$, трансформацијата на класичните теренци во SUV етапно се средуваат сите тие проблеми. Денеска „џиповите“ трошат многу помалку, полесни се за

одржување и може да ги поседува скоро секој менаџер, па и на средна компанија. Љупка Малиновска од Аутомобиле СК ги потврдува овие трендови и вели дека тоа е видливо преку најчестиот избор на автомобил кои менаџерите го прават од нивната понуда. „Менаџерите на компаниите го преферираат ‘џип гран чироки’ (Jeep Grand Cherokee), кој по поголема пауза повторно беше понуден на македонскиот пазар минатата година од страна на Аутомобиле СК. „Гран чироки“ е највисокиот израз на легендарната американска марка Џип и претставува репер во Premium SUV сегментот во делот на моќност, комфор и сигурност. Со над четири милиони

продадени парчиња во светот, ‘џип гран чироки’ дефинира нов стандард, надминувајќи секаков компромис меѓу капацитетот на патот и надвор од асфалтот. ‘Џип гран чироки’ е симбол за комфор и сигурност на возило од повисока класа со интегрален пренос и спој на луксуз со капацитет да се движи насекаде“, вели Малиновска. Од Тојата додаваат дека најчестиот избор на менаџерите од нивната гама е „тојота авенсис“ (Toyota Avensis) комплетно бизнис-решение за компаниите.


Авто не се изоставени од овие поволности“, велат од Тојота.

Се менуваат и навиките за редовн замена на службени а флотни возила. Просете во Македонија, кој бе кот меѓу три и пет годин ше и, е значително зголемевеќе н

Какви се светските искуства?

Според кажувањето на македонските увозници, нивните колеги пред с$, од Западна Европа, имаат поинакви критериуми по коишто се раководат и преку кои ги привлекуваат своите клиенти. Малата потрошувачка на возилата во светот веќе не е условена единствено од условно речено, застарените дизелагрегати, туку постои лепеза од решенија кои ја прават потрошувачката на возилата екстремно ниска. На светско ниво возилата на алтернативен погон имаат достигнато повеќе од 3% од вкупниот пазар на возила, а според анализата на „Форбс“, до 2015 година се очекува да се продадат повеќе од 3,5 милиони возила. Во Македонија бројката на вакви возила кои се користат по македонските патишта е помала од 10. Автодилерите ја гледаат причината зошто Македонците не купуваат

55 хибридни возила и возила на електричен погон во високата цена на возилото, наспроти малата потрошувачка на гориво (помала од четири литри на 100 километри градско возење), како и поради инертноста на македонските купувачи кон новитетите. Дистрибутерите очекуваат дека продажбата на вакви автомобилски новитети ќе се зголеми

единствено ако се промени законската регулатива за оданочување на возилата при влез во Македонија според помалата емисија на јаглерод диоксид, применета во повеќе земји. Ана Димовска, маркетингдиректор во ТојотаМакедонија, смета дека законската регулатива во земјава е надвор од светските текови за стимулирање и

субвенционирање на што помала потрошувачка на гориво и помала емисија на штетни гасови. „Невозможно е да убедите купувач кој е веќе одлучен за конвенционално возило да се премисли и да купи хибрид. Клучен проблем за малата популарност на хибридните возила кај нас е лошата законска регулатива, која единствено ги исклучува

55


56

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ акцизите за овие возила. Во Европа и во САД емисијата на јаглерод двооксид е клучна за формирање на давачките, значи што помалку штетни гасови, толку помалку давачки. Кај нас с$ уште не е така. Едноставно, државата мора да го стимулира увозот и продажбата на овие возила. Од друга страна, тешко дека во блиска иднина ќе се возат возилата кои се на целосно електричен погон во Македонија, затоа што се потребни огромни инфраструктурни вложувања кај бензинските пумпи и кај сервисите за да се адаптираат на ваков вид погон“, вели Димовска. Од Олимпија моторс Македонија се скептични дека во блиска иднина патиштата во земјава ќе бидат преплавени со ваков вид возила. „Моделот ‘ампера’ е новитет кој го нуди Опел во областа на хибридните и електричните возила, но слично како Тојота и другите производители, го имаме истиот проблем – премногу е голема разликата во цената за на краток рок овие автомобили да можат да бидат исплатливи. ‘Ампера’ ќе се продава по цена повисока од 40.000 евра, а автомобил од Опел од истата класа и перформанси без хибриден погон може да се добие за двојно помалку пари“, вели Светлана Пљаковска, главен извршен директор на Олимпија моторс Македонија. Познавачите на автомобилската индустрија се согласни дека исцрпувањето на природните ресурси и с$ поголемата загаденост на планетата во иднина неминовно ќе наложат

Компаниите веќе не ги менуваат толку често возилата

О

слабената финансиска кондиција на економијата ја промени практиката компаниите замената на флотните возила да ја прават на секои 3-5 години, што воедно, е и европски просек. Во Македонија во моментов возилата за службена употреба се користат над пет години. Ана Димевска од Тојота вели дека ваквиот тренд природно условува и уште поселективен избор на менаџерите за возилата коишто ќе треба да ги користат тој подолг период како за комерцијална потреба, така и за репрезентативна. „Бидејќи во последно време периодот на набавка на флотни возила од страна

производството на автомобили да се потпре на технологијата која обезбедува поодговорно користење на природните ресурси и поголема грижа за околината. Од Автонова велат дека европските компании бараат најсовремени возила, кои во целост ќе ги задоволат нивните деловни потреби, било да се тоа за простор, носивост и димензии или комфор и сигурност за службени патувања, но најбитно за нив е што секогаш ги земаат предвид вкупните трошоци за користење и за одржување на возилата.

на компаниите е продолжен (компаниите своите флотни возила порано ги менуваа на 3-5 години, сега овој период на замена е зголемен на пет години па нагоре), наша препорака е изборот секогаш да биде доделен на возила кои имаат докажан квалитет, кои се издржливи и не се нерасипуваат. Возила кои имаат повеќегодишна гаранција од производителот, ниска потрошувачка на гориво, ниски трошоци за одржување и со долготрајна вредност. Доколку бидат запазени сите тие аспекти, тогаш компаниите долгорочно ќе уживаат во бенефитите кои ќе им ги понудат овие возила“, вели Димевска.

„Затоа, во предност се возилата од најновата генерација на бензински, дизел и хибридни мотори, како Pure Tech, e-HDi, Hybrid4, но и електрични возила поради малата потрошувачка и ниските емисии на гасови, кои значат мали оперативни трошоци и намалени даноци кон државата, а чиста и здрава животна средина“, велат од Автонова. Од Аутомобиле СК додаваат дека европски тренд е и големите компании кои се занимаваат со дистрибуција за своите флоти да набaвуваат возила со мотори

на алтернативни горива, како што е моторот на Фиат, Natural Power (bi-fuel petrol/ methane – бензин/природен гас) или LPG (течен нафтен гас или плин).

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ март 2013 Издава: КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП доо бул. Маркс и Енгелс бр.7 зграда 1, влез 1 стан 32 1000 Скопје п.фах: 503 Република Македонија телефон: +389 2 3298 110 факс: +389 2 3298 111 e-mail: kapital@kapital.com.mk Уредник на специјални прилози: Верица Јорданова Автор на прилогот: Дејан Азески

Кај возилата за комерцијална употреб уште позначајни се а следниве фактори: издржливост, потрошу вач и цени за одржување ка

Графички дизајн: Николај Томашевски Игор Томашевски Фотографија: Ивана Кузмановска Фотоархива на Капитал Маркетинг: Александра Стојменова www.kapital.mk


58

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ салон за разубавување на ваШиот автомобил

20 години

синоним за квалитет во автомобилската индустрија

С

иноним за квалитет, висока стручност и професионалност во сервисирање и репарирање на автомобили. Така би ја претставиле оваа компанија која постои 20 години на македонскиот пазар и за која сведочат дела и резултати. Ги има многу! Основна дејност на СА-ТРА е поправка и одржување на моторни возила како и производство на делови од композитни материјали. Обемната побарувачка на услугите кои ги нуди компанијата ги опслужуваат високо стручен тим од 37 професионалци на две локации. Далечната 1993 година своето работење СА-ТРА го започна во населба Илинден каде се уште се работи. Денес, дел од работите се префрлени во новоизграден современ сервисен салон на влезот од Скопје во индустриската зона Илинден.

Што нудиме?

Со цел да се задржи на лидерската позиција, унапредување на пазарната позиција, зачувување на интересите на претпријатието и исполнување на личните интереси на сите вработени, својот деловен успех и понатамошен развој Сa-Тра го гради со постојан врвен квалитет на своите услуги со кои во потполност ќе ги исполнуваат:

„„ барањата и очекувањата на корисниците „„ континуирано следење и имплементирање на сите најнови „„ светски техничко- технолошки достигнувања во автомобилската „„ индустрија „„ комплетна грижа и одговорност за сопственоста на клиентите и „„ загарантирана дискреција „„ почитување на важечките закони и прописи

Како започна се?

Почнувајќи од далечната 1974 година кога се работеше во мала работилница од 32 квадратни метри со примитивни алати и прибор, фирмата со тек на време постепено набавува посовремени алати и работењето се повеќе се усовршува. Од скромни почетоци во текот на минатите години ова друштво денеска е респектабилна фирма со забележителни можности по однос на квантитет и квалитет на услугите со кои ретко може да конкурираат сличните фирми не само од нашата околина туку и од републиката.

www.satra.com.mk mail: info@satra.com.mk


ви нуди:

стика

во на чамци од стаклопла

оизводст од неодамна започна пр

елна опрема а на дополнитло тк бо ра из или сакате со а зи започн шето во ва на т ко стинација ли во 2005 Са-т.ра де ее а о ви здод е, Са-тра е вистинскат за возилата Ак ит ате од друг да се разликув

ПредноСти нА СА-трА: 1. долгогодишно искуство во автомобилската индустрија 2. тим од млади стручни лица 3. добро изграден бренд 4. атрактивна локација 5. Љубов кон работата

Реализирањето на поставените цели се постигнува со воведување и доследна примена на: систем за менаџмент со квалитет усогласен со барањата на стандардот ИСО 9001:2000. Овие строги барања се постигнуваат главно преку стручна оспособеност на вработените, јасно дефинирана одговорност на секој поединец и сите функции, адекватен мен��џмент и обезбедување на сите потребни ресурси за работа.

Поради остварување на овие цели, напорите на сите вработени ќе бидат насочени кон:

на квалитет како основа на сите 1.обезбедување активности во компанијата и доследна примена на системот за менаџмент со квалитет; работа систематски усогласена со документацијата на 2.потполно системот за квалитет; разбирање и доследно исполнување на 3.барањата на корисниците и постојано зголемување на нивното задоволство; одбирање на добавувачи врз основа 4.внимателно на проверка на нивниот систем за квалитет или со следење на квалитетот на испораките; професионална комуникација и изградба на вистински 5.постојана партнерски однос со корисниците и добавувачите; проверка и преиспитување на ефикасност и 6.ефективност на сопствената работа и предлагање на подобрување; на сите деловни и меѓусебни односи на 7.унапредување вработените во претпријатието; да својата работа ја извршат 8.насочување добро и на време

Авто

XX Извлекување XX Пеглање XX Лакирање XX Хемиско чистење XX Полирање XX Ласерско центрирање XX Балансирање XX Вулканизирање XX Поправка на авто климатизери XX Стилско уредување на возила XX Преработка на возила XX Поправка на товарни возила и приколки XX Продажба на репро материјали XX Специјализирана шлеп служба за хаварисани возила

59

59


60

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Увозниците очекуваат полоша 2013 година! Заздравување дури за 3-5 години?!

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

С

о 4.765 продадени нови возила во 2012 година пазарот на нови автомобили во земјава го допре дводецениското дно. Тоа е повеќе од 73% пад на продажбата во однос на рекордните 18.000 продадени нови возила во 2008 година. Според официјалните статистики, 2012 година според продажбата на нови возила е полоша дури и од конфликтната 2001 година кога беа продадени повеќе од 5.000 возила. Ваквите негативни статистики ги потврдуваат и податоците со кои располага Царинската управа кои покажуваат дека минатата година во Македонија се увезени 32.567 патнички возила од кои само 4.021 нови и 28.546 стари за разлика од 2010 година

Увозниците на нови возила во земјава буквално се борат за опстанок. Велат дека Законот за увоз на поволни возила во комбинација со светска економска криза за 5 години им ја намали продажбата за цели 73%! Никој од нив не е оптимист дека состојбата на пазарот ќе се стабилизира и во наредните 3 до 4 години! кога во државата се внесени 58.582 автомобили, односно 7.183 нови и 51.399 користени. Во првиот месец од годинава увезени се 346 нови и 2.637 стари патнички автомобили. Увозниците на нови возила генерално не очекуваат никакво поголемо раздвижување во позитивната насока ни за тековната 2013 година. Повикувајќи се на многу лошиот старт на првите два месеци тие велат дека подобрување на состојбите може да се очекува дури за две години. Срѓан Ставревски Миновски од Ми-

Да Моторс смета дека за нормализирање на пазарот се потребни повеќе години, а за претстојната вели дека може да има само одреден тренд на раст. „Пазарот нема да може да се нормализира во следните неколку години. Увезени половни возила во ’екосистем‘ кој поддржува

15,000 возила годишно си го прави своето. Но, сепак сме оптимисти дека ќе има одреден тренд на раст во оваа година“, вели Миновски. И останатите увозници не се поголеми оптимисти од Миновски. Во Тојота Македонија, по минатогодишната продажба на помалку од 5.000 нови возила, очекуваат и оваа година исто така да биде уште една од низата на лоши години во продажбата на нови возила во нашата земја. „Некакво стабилизирање и нормализирање на пазарот очекуваме да се случи во 2015 година,


Авто 18000

16000

15919

продажба на нови возила 2008-2012 во Македонија

14000 12000

10547

10000

7544

8000

4765

6000

4000 2000 0 2008

2009

2010

2011

2012

продажбата на нови возила вертикално паѓа во последниве пет години од годината воопшто не се променети од претходно. Доколку не се промени Законот за увоз на половни автомобили или пак, не се воведат владини субвенции при купување нови автомобили, очекуваме пад на пазарот од 20% во однос на 2012 година, односно вкупен пазар во 2013 година од приближно

4.000 нови автомобили“, вели Ана Димевска од Тојота Македонија. Кирил Калеников, извршен директор на Кадис Македонија, пак, има поинаков пристап кон оваа проблематика. Тој вели дека увозниците на нови возила прават с$ да ги вратат купувачите, но бараат од државата да расчисти со

нелојалната конкуренција. „Во јавноста владее фама дека ние сме противници за увозот на стари возила. Не може ние да ги задоволуваме сите финансиски, технички, па и еколошки стандарди, а некој да продава возила на плац без никакви дополнителни трошоци. Тоа апсолутно не е лојална конкуренција“, вели Калеников.

СветСкАтА АвтоиндуСтријА од кризАтА ќе излезе дури зА пет години?

В

кое ’срамежливо‘ би требало да се насети во втората половина на 2014 година“, вели Димевска.

Кој е спасот за македонските увозници?

Барањата на увозниците на нови возила се одамна познати. Тие се жалат на нелојалната конкуренција, на Законот за увоз на поволни возила од март 2010 година и непостоењето субвениции при купвање нови автомобили како во другите држави. „Ситуацијата и условите на пазарот на почетокот

о светот постои огромна разлика меѓу состојбата со продажбата на нови возила во Европа и во САД како најголеми пазари. Додека Американците оваа година регистрираат рекорден број возила во Европа, продажбите од почетокот на годината се с$ полоши од очекуваното. Дури 8% е падната продажбата на нови автомобили во земјите од ЕУ во 2012 година. На минатонеделниот состанок во Женева на главните играчи на светската автомобилска индустрија ги потврдија овие информации. Претседателот на управата на БМВ, Норберт Рајтховер, очекува подобрување на ситуацијата на европскиот пазар дури за пет години.

Според него, последиците од економската криза и ефектите од острите мерки за штедење кои ги погодија земјите од Јужна Европа дополнително ќе придонесат за тоа.

61


62

интервју

Д-р Златко Муцунски

генерален директор на Порше Македонија

Продажбата е моторот, а потрошувачите горивото во овој бизнис

К

ои вештини се потребни за една компанија да контролира повеќе од една третина од вкупниот пазар во Македонија? Во автомобилската индустрија велиме - продажбата е моторот што го движи вашиот бизнис, но задоволните клиенти се горивото. Вештината, способноста да се задоволат барањата и желбите на клиентите е критична детерминанта на сечиј успех во развивањето на бизнисот. Колку позадоволни се вашите клиенти, толку поголем е и вашиот успех. Фолксваген (Volkswagen), како најголем европски производител, инвестираше во Македонија и ние, како Порше Македонија, се појавивме на пазарот не заради остварување брз профит, туку

со цел долго да останеме тука. А тоа е можно само со долгорочниот процес наречен доверба од страна на лојалните клиенти. Токму затоа, наша единствена цел и заложба е постигнувањето нивно потполно задоволство, не само со исполнување на нивните барања, дури и со надминување на истите. Ние се обидуваме клиентите да ги допреме на емотивно ниво, да изградиме врска со нив, природна синергија, да знаат дека ги цениме и ги почитуваме, да знаат дека се грижиме за нив, да донесеме насмевки на нивните лица, да направиме да се почувствуваат како да се дел од големото семејство на Фолксваген. Ние сме тука за нив и долго по купувањето на нивното возило. Контактот со нив е постојан и ние сме

со нив на сите нивни патувања, забави, прослави... Вечни перфекционисти, какви што сме, за нас повеќе не е доволно да ги исполниме нивните очекувања, ние постојано трагаме по начини да ги вчудовидиме нашите клеинти. Во духот на Хераклитовото „во светот ништо не е постојано освен промената“, ние постојано се менуваме со цел да се прилагодиме на новото време, на напредната технологија и на новите барања на клиентите. Со нив имаме искрена и отворена комуникација. Работејќи постојано во нивна служба, тоа беше природниот правец којшто го зазема компанијата. Секогаш го исполнуваме она што ќе им го ветиме, бидејки нашата девиза е - добро сторено е подобро од добро


интервју За нас е вистинско задоволство што можеме светски брендови да донесеме на дофат на раката на нашите ценети клиенти. Претпоставка е дека претставувањето врвни брендови е одлична маркетингпредност и голема помош при основањето на еден бизнис. Силните брендови го забрзуваат успехот на компаниите и придонесуваат за нивното етаблирање меѓу врвните компании, но одржувањето на тоа ниво понатаму бара многу работа и посветеност. Вредноста на еден бренд не зависи од добрата историја која брендот ја има во светот, туку зависи од клиeнтите и од искуството што тие ќе го имаат со брендот на локално ниво, зависи од неговите локални амбасадори. Токму затоа, претставувањето на светски брендови воедно е и огромна одговорност, бидејќи секој очекува да ги види светските стандарди имплементирани во локални рамки. Брендот не се дефинира со перцепција добиена од реклами, туку со позитивното искуство што ќе го имаат клиентите со вас. Токму затоа, за нас беше вистински предизвик да се претставуваат едни од најдобрите брендови во светот. Истовремено е и силен поттик постојано да работиме и да се надградуваме за да ги одржиме тие брендови на висока позиција и во нашата земја. Можам да кажам дека столбовите на кои високо стојат нашите брендови се стабилни и цврсти, бидејќи наместо со рекламни спотови, ги градевме со нашата сила и посветеност. „„ Порше Македонија е компанија која постојано добива позитивни критики за професионалноста. Дали во тој процес поголема улога има копирањето на стандардите пропишани од централата во Австрија или станува збор за ваше лично залагање и залагање на вашите вработени? Високите стандарди пропишани од централата се наш начин на секојдневно функционирање, кој е длабоко инкорпориран во нашата деловна култура. Еден задоволен клиент ќе каже на неколкумина, но еден незадоволен ќе каже на сите и ќе ви го уништи бизнисот. Сето тоа што со години сте го граделе може како кула од карти да се распадне поради мал пропуст. Токму затоа, во нашата компанија не смее да има пропусти. Ниту еден телефонски повик не смее да биде пропуштен, ниту еден имејл неодговорен, ниту еден клиент не смее да ги напушти нашите простории незадоволен. Јас сум горд што тимот на Порше е една одлично извајана целина, силен тим кој својата иднина ја гледа во оваа компанија и оваа компанија ја гледа на врвот долго време. Исак Њутн рекол: „Ако сум видел подалеку од другите, тоа е затоа што стоев на рамења од џинови“. Нашиот тим, имајќи го потполното задоволство на клиентите како своја цел, со својата способност и искуство, ја крена компанијата на своите рамена и ја носи далеку пред другите. По толку години постоење на пазарот, јас немам потреба да им наложувам на вработените како да се однесуваат, тие самите одлично се

63

кажано. Тие ги препознаваат сите наши заложби и ни возвраќаат со нивната доверба. Лојалноста на клиентите е она што и во овие тешки времиња го одржува нашиот бизнис. Пред неколку години, кога нашите принципали ја основаа компанијата, имавме сон да влеземе во секое семејство, да им се претставиме на клиентите како партнер од доверба и посветено работевме на тоа. Денес можам да кажам дека нашиот сон е реалност. Посветеноста ја направи разликата меѓу сонувачите и оние кои го живеат сонот. „„ Колку Ви помага тоа што во вашата понуда имате барем три од десетте најдобри марки на автомобили во светот?

синхронизирана единка која работи во функција на клиентите. И бидејќи ништо не е совршено, се трудиме постојано да се усовршуваме и секојдневно да создаваме нови вредности. Позитивните критики за нашата професионалност се должат на постојаното залагање на моите вработени да бидат подобри, а јас се сметам само за диригент на еден оркестар кој создава прекрасни симфонии. „„ Која марка и конкретно кој модел е најпродаван од вашата палета? Што сакаат најмногу да возат Македонците? Несомнено, тоа е кралот на компакткласата, неговото височество Der Golf. Das Auto, како што го нарекуваат нашите германски колеги со пиетет. Неодамна ја промовиравме седмата генерација на „голф“, создаден како народно возило и по децении навистина тоа с$ уште е возило кое народот го сака – компактен, практичен, совршен придружник на долгите патувања, но и во градскиот метеж. Со својата легендарна изведба, вонвременски дизајн, врвен квалитет и совршени перформанси, „голф“ стана култ и судејќи по традиционалната љубов на Македонците кон него, уште долго ќе го гледаме овој градски тркач по нашите улици. Крунисувањето на „голф 7“ за автомобил на годината во Европа за 2013 година е само уште еден доказ дека нашите клиенти навистина имаат истенчен вкус и дека ги следат светските трендови за квалитет. Кај брендот Шкода новиот „рапид“ (Rapid) одлично ја повлече продажбата, затоа што кај овој автомобил клиентите секогаш добиваат многу повеќе од вложеното. „„ Која е разликата меѓу менталитетот на македонските купувачи и оние во Западна Европа? Што бараат повеќе едните, а што другите? А зарем сметате дека има значајна разлика? Светот и Европа се глобално село и убавиот глас далеку се слуша, но сега многу побрзо од порано. Можеби, во некоја мера, би рекол дека европските купувачи се попрактични во своите барања, додека македонските се потрендовски ориентирани. Ги следат случувањата на светските пазари и секако, го бараат истото. И едните и другите бираат возила кои се квалитетни, издржливи и долговечни. Економската криза направи и кај европските клиенти да почне да се наѕира она што досега беше карактеристика за менталитетот во овој дел од Европа - за помалку пари да се добие повеќе, па и тие бараат штедливи возила, со ниска потрошувачка и долга гаранција. „„ Колку Ви помага тоа што сте машински инженер во обезбедувањето подобра услуга за вашите клиенти? Јас секогаш велам дека студирањето на машински факултет ми помогна од визијата да направам реалност. Сега во контакт со клиентите ми помага и нивната визија, исто така, да ја преточам во реалност. Со текот на времето с$ повеќе успевав да ги откријам и да ги препознаам потребите и барањата на клиентите и знам точно

63


64

интервју што да им понудам од нашите производи и услуги. Во Порше Македонија своето место под сонцето го пронајдоа 23 инженери и тоа за нас претставува огромен креативен потенцијал. Активно го користиме самиот ментален склоп на еден инженер којшто умее брзо да резонира, да го спојува мозаикот и да ја види целата слика. Иако понекогаш се преголеми ситничари и анализатори, инженерите истовремено се и подвижни енциклопедии, постојано во тек со технолошките промени и како такви, тие имаат способност да дадат елегантни решенија за вашите проблеми, бидејќи тие се оној мост меѓу практичната наука и општеството. Но, затоа што живееме во сложени услови, каде што пазарите ја креираат играта, денес ниту еден бизнис не може да се замисли без познавање на економските законитости, доедукацијата на инженерите во областа на економијата е с$ поприсутен тренд. „„ Кое е значењето на сервисот за вкупниот обрт на вашата компанија? Вашите колегиувозници коментираат дека живеат исклучиво од сервисот? Секако дека сервисот има сериозен удел во вкупниот обрт, но ниту една компанија не би смеела да се потпира исклучиво на еден столб. Сервисот има големо значење во успехот на компанијата на пазарот, пред с$ поради фактот што тоа е местото каде што се остварува вистински контакт со клиентите. Ние велиме - првиот автомобил го продава продавачот, но сите други добриот сервис. Бројките говорат дека и во услови на криза ние, сепак, остваруваме резултати во продажбата. Секако, помалку споредено со претходните години, но нескромно ќе кажам дека оние луѓе кои ќе се одлучат да купат нов автомобил, го купуваат од кај нас, што покажува дека веруваат во нашите врвни возила и во нашата врвна услуга и грижа за клиентите и по купувањето на возилото, односно неговото понатамошно одржување. Инсистираме на тоа квалитетот на сервисот да биде неприкосновен, реалната ситуација сведочи дека на тоа поле правиме одлична работа и секојдневно понатамошно се подобруваме. „„ Најмногу на што се должи драстично намалената продажба на автомобили во Македонија во последните неколку години? Намалената продажба, пред с$, се должи на економската криза во Европа, но се разбира, и на увозот на половни возила. Водењето автомобилски бизнис, секако, е исклучително тешко кога клиентите се финансиски кревки и кога наспроти вашите врвни возила како конкуренција имате дотраени возила што ја загадуваат околината и се многу поопасни за учесниците во сообраќајот, но сепак, се по мошне ниска цена. Имајќи предвид дека ова не е нова ситуација, можам да кажам дека ние научивме како да се справиме со неа и дури и да извлечеме и своевиден бенефит. Неповолната ситуација во којашто се наоѓа автомобилската индустрија, а со тоа и нашата компанија беше втурната, помогна слабите точки да излезат на површина. Истите ние лесно ги детектиравме и ги отстранивме

и така посилни се фокусиравме на нашите јаки страни. Продолживме да се надградуваме и да работиме на она што знаеме да го правиме најдобро постигнување потполно задоволство на клиентите. Велат кој ќе преживее, ќе раскажува и ние с$ уште веруваме дека ќе имаме многу за раскажување, бидејќи позитивни и амбициозни, со засукани ракави, се радуваме на новите предизвици во работата. „„ Кои се Вашите визии за надминување на овој проблем? Како треба да се однесува Владата, а како увозниците? Секогаш е најлесно да се обвинува и да се критикува некој друг за сопствениот неуспех, но постои и друг

поконструктивен пристап. Верувам, Владата ги презема сите мерки кои се во нејзиниот домен на делување. Што се однесува на увозниците, потребно е да соберат сили да го пребродат овој период, да научат да ги привлекуваат клиентите кон себе со давање врвна услуга наместо со драстично снижување на цените, што се покажа како многу лоша практика досега. Ние остануваме верни на нашите традиционални вредности - пласман на одлични автомобили по прилагодени цени за исполнување на сечии потреби. Желбите на клиентите и нашите понуди се патишта кои се испресекуваат на многу места. А ние сме подготвени за возење...


Авто

Модели кои со нетрпение се очекуваат во 2013 година?!

Иако најчестите коментари се дека сите возила се повеќе личат едно на друго и дека од стар до нов модел разликата е само во нијанси, секоја наредна година вљубениците во автомобили се прашуваат што подготвуваат светските автомобилски гиганти? Конкретно, во 2013 година навистина има што да се очекува!

К

ога станува збор за автомобили никогаш до крај не сме среќни со тоа што го имаме и секогаш бараме подобри и побрзи нешта. Во 2012 година ја имавме можноста да видиме многу нови модели на возила кои со својот дизајн и перформанси навистина го пленија срцето на купувачите но од 2013 година дефинитивно се очекува многу повеќе.

Досега веќе има дузина од нови модели кои се најавени за промоција во 2013 година. Станува збор за респективна бројка од околу 35 автомобили со кои најпознатите светски брендови планираат да се тркаат на се попребирливиот пазар. Ние се обидовме да направиме листа топ пет возила кои најмногу би им се допаднале на македонските бизнисмени и менаџери.

65 Кадилак ХТС 2013

Ова е возилото во кое се вози американскиот претседател. Иако компанијата и нејзините дизајнери имаа навистина голем проблем да пратат чекор со останатите во последниве две години, овој конкретен модел се очекува да го врати Кадилак на старото добро место како самоуверен владетел на врвот на лукзузните возила за репрезентативна употреба.

Ауди РС4 2013 БМВ М3 2013

Она што за Ауди е РС тоа за БМВ е М серијата. Станува збор за комплетно ново ниво на опрема која дополнително ги доизострува перформансите на „ултимативната машина за возење“ како што е стручното име за сите возила од БМВ. Иако сеуште не се излезени сликите на најновиот редизајн на ова возила имајќи ги искуствата од предходните модели се очеку некој нов „вселенски изглед“ кој дополнително ќе влева стравопочит по брзите германски автопатишта.

Доџ Вајпер

Исто така возило кое го преферираат богатите бизнисмени во САД но за специфичен дел од денот и неделата. Доџ Вајпер е идеално возила за попладневна прошетка или релаксација. Високотуражниот мотор усовршен до перфекција во последниот модел со перфектен екстравагантен внатрешен дизајн и надворешност по која би се заврштил секој минувач е најдобар избор за оние кои сакаат да го презентираат својот вкус на околината. Единствениот проблем е „американската потрошувачка“ која се мери во некои друго поголеми и поскапи мерни единици.

Кога станува збор за четворката од Ауди таа секогаш е меѓу првите избори на македонските менаџери. Уште нејзиниот претходник Ауди 80 во 90 те години беше многу користена кола од Македонските менаџери. РС серија на Ауди е вистинска додадена вредност на ова ионака одлично возила. Покрај нандоврешниот дизајн РС сериите секогаш нудат поголема туражност и моќност ,а најавените минимални 450 коњски сили дефинитивно се одличен предизвик за секој вистински вљубеник во Ауди.

Тесла Модел С 2013

Голема , брза и неверојатно тивка ова се главните карактеристики кои најчесто го опишуваат овој кроток џин од американските патишта. Иако во Македонија марката Тесла или воопшто не е застапена или може да се види само како раритет би било добар избор или вистинско освежување како вистинско бизнис возила. Покрај сите Мерцеседи, БМВ –а и Ауди со кои се возат македонските бизнисмени едно вакво возило навистина би направило шареноликост.

65


66

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Годинава и на македонскиот ќе бида т промовирани повеќе модели на познатите најнови автомобилски произвосветски Според увозниците, дители. прашање е дали ќе имклучното а купувачи

На македонскиот пазар пристигнуваат бројни нови модели

И

покрај тешката криза со којашто се соочуваат, увозниците на нови возила во земјава нема да им останат должни на македонските купувачи. Веќе се најавени бројни промоции на најновите модели од марките на автомобили кои тие ги застапуваат и ги продаваат. Во Тојота велат дека годинава ќе биде доста добра од аспект на промоции, затоа што ќе се презентираат неколку нови генерации возила од програмата на Тојота и Лексус кои досега беа одлично прифатени на нашиот пазар.

специјален прилог

„Новиот ‘аурис’ (Auris), новиот RAV4, новата ‘корола’ (Corolla), која ја очекуваме во втората половина на оваа година, како и луксузниот ‘лексус IS’ (Lexus IS), кој кај нас ќе се појави во текот на јуни. Но, во исто време е и лоша, затоа што овие новитети ќе треба да ги продаваме во исклучително тешки економски услови“, велат оттаму. Што ново ќе видиме од останатите производители? Минатата недела Ситроен веќе го промовира новиот „ситроен Ц-елизе“ (Citroen C-Elysee): привлечен троделен седан со европски квалитет и голема

22 Март 2013

трендови на Е-РАбОтЕњЕ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот обратете се на е-mail: boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110 локал 105

просторност, издржливост и долготрајност дизајниран за да ги задоволи очекувањата на светските пазари. Од Автонова најавуваат и дека во првата половина од оваа година ќе биде лансиран и подновениот „ситроен Ц3“ (Citroen C3) – бестселер на Ситроен во сегментот Б. И од Аутомобиле СК, застапник за Фиат, Ланчиа и Алфа Ромео, најавуваат дека во текот на 2013 година со сигурност ќе бидат промовирани новите „фиат панда“ (Fiat Panda), „фиат 500Л“ (Fiat 500 L), „фиат линеа“ (Fiat Linea), „џип гран

чироки“ (Jeep Grand Cherokee). Од застапникот за Форд за Македонија, Ми-Да моторс најавуваат повеќе од десет промоции на нови возила за тековната 2013 година. „Форд ќе ги представи подновената ‘форд фиеста’ (Ford Fiesta), новата ‘форд куга’ (Ford Kuga), како и револуционерниот нов ‘форд Б макс’ (Ford B-Max), кој беше прогласен за најдобар автомобил (AUTOBEST) на Југоисточна Европа за 2013 година. Кај комерцијалните возила ќе бидат достапни новите ‘форд транзит кастом’ (Ford Transit Custom) и ‘конект кастом’ (Connect Custom), кои ќе понудат нов дизајн, понови генерации агрегати со ниска потрошувачка; Euro NCAP и Euro NCAP Advanced резултати најдобри во класата, како и нови иновативни технолошки решенија“, најавува Срџан Миновски од Ми-Да моторс.

Во овој специјален прилог, Капитал во насока на зголемување на свесноста на компаните за придобивките за новите трендови на Smart, cloud и е-работење Ви објаснува: n Најзастапени форми на е-работење во Македонија!? n Што нудат македонските банки во сегментот на е-банкарство, кои им се плановите за иден развој и што можат клиентите да очекуваат? n Имплементација на е-решенија во државните институции. Кои се можностите за компаните? n Плаќање на сметки, комуникација со клиентите, интернет телевизи... Каква е понудата на телеком операторите и кои се новитетите во надоаѓање? n Е-трговија, силен замав во земјата. Кој се занимава со ова? Како може да стартувате ваков бизнис? n Кои и какви cloud решенија и услуги веќе се присутни и на нашиот пазар? Како нивната примена може да го подобри вашиот бизнис? n СМАРТ – новата терминологија за технолошките уреди кои драстично го менуваат приемот и обработката на информациите? Уреди кои се повеќе од мобилен телефон, повеќе од таблет, повеќе од телевизор! Тие се вашите нови уреди за работа, за забава и споделување на информации! n Апликации за “паметни“ уреди. Оваа дејност е во силен подем! Како е во Македонија?

ЛИЦА зА КОНТАКТ: ГордаНа МихајловСка БоБаН ЃорЃиевСки


avto__prilog_mart_2013