Page 1

COVER STORY КАКО РАБОТЕА ФИРМИТЕ ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ГОДИНАВА?

КАПИТАЛ АНАЛИЗА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОСКАПО И ПОТЕШКО ЌЕ ГИ ВРАЌА ДОЛГОВИТЕ

БАЛКАН КАКО БОСАНСКИОТ ПРЕТПРИЕМАЧ НИЈАЗ ХАСТОР ГО БЛОКИРАШЕ VOLKSWAGEN?

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

ЏОВАНИ ЛУКА СОМА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО ПОРАСТОТ НА КРЕДИТИРАЊЕТО ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ТУРСКО-РУСКОТО ЗБЛИЖУВАЊЕ?

ЕРДОГАН СЕ ВРТИ КОН ПУТИН БРОЈ 878 | ЦЕНА 100 ДЕН. 26 АВГУСТ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

6 КНИГИ КОИ ГИ ЧИТААТ СВЕТСКИТЕ БИЗНИС ЛИДЕРИ!


3

Капитал број 878 26.08.2016

содржина

12 04

06 08

Наука и технологија

Откриена најблиската планета до Сончевиот систем Може ли човекот да стигне до Проксима б? Во најдобар случај, за 50-тина години

НАВИГАТОР

Инвеститорите во страв Претседателските избори во САД носат голем ризик за светската економија

Cover story

Како работеа македонските фирми во првите шест месеци Металургија слабо, фармација стабилно, прехрана како кој... банките немаат гајле

Бизнис на мускули Политичка криза, неизвесност, бизнис планови на “стенд-бај“...Првата половина од годинава домашните бизнисмени ја избуткаа, како што велат, на мускули. Со оглед на околностите, велат дека се среќни ако го задржат обемот на производство и продажба како и лани, а за зголемување ќе размислуваат од следната година. Малку компании од оние што доставуваат извештаи до Берзата, имаат позначителен раст на приходите и добивките во првите шест месеци. Само банките како да не чувствуваат никаква криза – нивните приходи од камати и провизии растат и со двоцифрени стапки. XX Стр. 8

30 16

Интервју

Џовани Лука Сома

Претседател на Надзорен одбор на Охридска банка Сосиете Женерал

42 42

Балкан

46

Претприемништво

Ќе продолжиме со порастот на кредитирањето

24 30 38

Капитал анализа

Рејтинг агенциите го вклучија алармот Македонија се поскапо и потешко ќе ги враќа долговите

Компании и пазари Европските телеком оператори бараат дел од ќарот на Skype, Instagram и Facebook Messenger

6 книги кои ги препорачуваат најдобрите светски лидери n How Not to Be Wrong n Twelve Against the Gods n The Innovator's Dilemma n Playing to Win n The Beginning of Infinity

свет

Анализа на турско-руското зближување Ердоган се врти кон Путин

Одбил да им испорача автоделови: Како босанскиот претприемач Нијаз Хастор го блокираше Volkswagen

n Lean In

50

Лидери

Ричард Бренсон иноватор

За да напредувате мора да излезете од својата зона на комфорот

Ердоган се врти кон Путин

Телекоми против месенџери

Свртувањето на Турција кон Русија ги растревожува САД и Европа поради претпоставените значења што може да ги има, но аналитичарите овде не гледаат геополитичка опасност, пред сè зашто Москва е не помала пречка за амбициите на Ердоган. Со топлината што се трудат да зрачи од нивниот однос, Путин и особено Ердоган, сметаат дека ќе си ги засилат позициите во преговорите со Западот, а истовремено ќе ги намалат економските штети што државите им ги трпат од претходно заладените односи.

Европските телеком оператори веќе подолго време се жалат дека Messenger, Skype, WhatsApp, Viber и останатите интернет сервиси за комуникација прават многу пари користејќи ја бесплатно нивната инфраструктура и мрежите, а ќарот си го носат во САД, каде што се нивните сопственици, технолошките гиганти Microsoft, Facebook.. ЕУ спрема нови правила за регулирање на овој бизнис, зад кои што, аналитичарите велат дека се крие намерата дел од профитот на овие апликации да остане во Европа.

XX Стр. 30

XX Стр. 38

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 25.08.2016


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

ОТКРИЕНА НАЈБЛИСКАТА ПЛА 4 КАПИТАЛ АНАЛИЗА

МОЖЕ ЛИ ЧОВЕКОТ ДА СТИГНЕ ДО ПРОКСИМА Б? ВО НАЈДОБАР СЛУЧАЈ, ЗА 50-ТИНА ГОДИНИ

С

Сензационалната вест дека е откриена планета што можеби наликува на Земјата, и тоа “во соседството“ на нашето Сонце, го наметна прашањето дали човештвото може да испрати летало до Проксима б во некоја блиска иднина? Проксима б орбитира околу ѕвездата Проксима Кентаури, која што е најблиска ѕвезда до сонцето. Проксима Кентаури е околу 4,22 светлосни години или 40 илјади милијарди километри далеку од Земјата. Ова е неверојатна дистанца, како што пишува порталот Space.com, но иницијативата објавена пред неколку месеци дава надеж дека ако од Земјата се испратат супербрзи минијатурни летала до Проксима Кентаури, забрзувани со помош на ласер, ова патување би можело да трае околу 20 години. Иницијативата наречена Breaktrough Starshot, зад која стојат рускиот милијардер Јури Милнер и легендарниот физичар Стивен Хокинг, сега ќе добие уште поголемо значење и веројатно поголем број финансиери, меѓу кои сега е и основачот на Facebook, Марк Закерберг. Колку за илустрација, во 2015 година, леталото на NASA, New Horizons, стигна до планетата Плутон која што е оддалечена 4,8 милијарди километри од Земјата, по 9,5 години патување. Вселенското летало патуваше со максимална брзина од 84.000 км/ч. Со таа брзина, би му требале околу 54.000 години да стигне до Проксима Кентаури.

Минатиот месец, Juno, исто така лансирано летало од NASA, достигна брзина од 265.000 км/ч кога влезе во орбитата на Јупитер. Со оваа брзина, леталото би можело да стигне до Проксима Кентаури за околу 17.157 години. Треба да се истакне дека во моментов не постои начин да се постигнат овие брзини со летало доволно големо за да носи човечки екипаж. Со други зборови, испраќање на летало до најблискиот ѕвезден систем до нашиот сончев, нема да биде лесно. Иницијаторите пак, на Breaktrough Starshot, имаат намера да испратат миијатурни летала до Проксима Кентаури со многу големи брзини. Планот е да се опремат овие летала со тенки “едра“ кои што ќе користат енергија добиена од моќен ласер стациониран на Земјата. Ласерот би ги забрзувал леталата до брзина што е 20% од брзината на светлината (околу 216 милиони км/ч), и со таа брзина би можеле да стигнат до Проксима Кентаури за 20 до 25 години. Но, прво, научниците и инженерите треба да креираат уред што ќе ги лансира овие летала на долгото патување. Од Breaktrough Prize фондацијата одговорна за иницијативата, вчера соопштија дека група на експерти веќе почнала да дискутира околу прототипот на Starshot системот. “Се надеваме дека за 20-25 години од сега, ќе можеме да ги лансираме овие нано - летала, а потоа ним ќе им треба уште толку за да стигнат до Проксима Кентаури. Значи, во најдобар случај, за 40-50 години би можеле да знаеме прецизни детали за Проксима б“, рече Пит Ворден, претседател на фондацијата. Тој додаде дека градењето на платформа од која ќе се лансираат овие минијатурни летала веројатно ќе чини колку и креирањето на Големиот Хадронски Колајдер во Швајцарија, најголемиот акцелератор за честички во светот, проект од 10 милијарди долари.


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

АНЕТА ДО СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ 5

ЗЕМЈА

ПРОКСИМА Б

( замислен модел )

ПРОКСИМА Б, ДОЛГО БАРАНАТА ПЛАНЕТА

Б

лагодарение на телескопите на Европската јужна опсерваторија и во соработка со други институции, деновиве конечно беше пронајден јасен доказ дека постои планета која што кружи околу најблиската ѕвезда до Земјата, Проксима Кентаури. Долго време бараната планета, која засега го носи името Проксима б, орбитира околу студена, црвена ѕвезда со период од 11 дена и има температура потребна за одржување на течна вода на површината. Научниците претпоставуваат дека површината на Проксима б е карпеста, планетата е нешто поголема од Земјата и најблиска планета што е надвор од Сончевиот систем. Проксима Кентаури, На фотографијата е замислената “сонцето“ на Проксима б, иако најблиска ѕвезда површина на ПРОКСИМА Б, затоа до нашиот сончев систем во космички размери, што сè уште нема докази за тоа таа е извонредно далеку за наши човечки како точно изгледа планетата поимања, односно цели 40 илјади милијарди километри. Набљудувана од површината на планетата Проксима б, Проксима Кентаури е темно црвена, а атмосферата на планетата, доколку ја има, би му далa на небото мешавина од пурпурна и портокалова боја наместо сина. Ако растенијата би ја колонизирале нејзината површина, листовите би можеле да бидат црвени наместо зелени, сметаат научниците. Со векови научниците се прашувале дали другите ѕвезди надвор од Сончевиот систем се домаќини на планети. Меѓутоа, дури во 1995 година беше пронајдена една, па уште 20 години требаа за да се пронајдат неколку. Затоа, откривањето на Проксима б е своевидно епохално откритие.

Проектот Breaktrough Starshot дава надеж

Р

Јуриј Милнер држи во раката прототип од минијатурно летало што би можело со брзина од 20% од онаа на светлината, да стигне до Проксима Кентаури за 20 – 25 години.

ускиот милијадер Јуриј Милнер, основачот на Facebook, Марк Закерберг и славниот физичар Стивен Хокинг се главните иницијатори на проектот Breaktrough Starshot, чија идеја е да се стигне до Проксима Кентаури за 20-25 години. Иницијално се собрани 100 милиони долари за финансирање на проектот, но ќе бидат потребни уште десетина милијарди долари најмалку и уште 20-25 години за развој, за да може да се лансираат минијатурните летала кои што забрзувани со помош на ласер од Земјата, би стигнале до најблиската ѕвезда на Сончевиот систем, Проксима Кентаури за исто така, 20-25 години.


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

6 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

Се намалува бројот на вработ

71,7% од вкупниот долг на населението кон банките отпаѓа на потрошувачки кредити

Јозеф Стиглиц

Поставеноста на еврозоната каква што е сега го осудува еврото на неуспех, и ако не се направат промени, единствената европска валута ќе пропадне

нобеловец

В

о изминатата 2015 година во секторот индустрија работеле 165.278 лица, покажува извештајот за Финансиска стабилноста на Народната банка на Македонија. Во споредба со 2014 година бројот на работниците во индустријата лани бил помал за 1.134. И покрај тоа што минатата година беа отворени многу нови фабрики во слободните економски зони кои отворија повеќе работни места, намалувањето покажува дека на ниво на цела држава бројот на вработени се намалува. Најголемо влијание врз

Инвеститорите во страв

Претседателските избо голем ризик за светска

П

Претседателските избори во САД имаат потенцијал да причинат значителна неизвесност и да доведат до преоценка на цените на многу пазари низ светот, предупредуваат аналитичарите од познатата инвестициската куќа Citi. “Со високата несигурност, односно развој и состојбата во економијата и политиките кои се водат, цените на многу активи можат да претрпат голема несигурност. Тоа од своја страна може да се покаже силен спротивен ветар за растот”; се вели во анализата која неодамна ја објави Citi. Терминот “црн лебед” често се користи како метафора од страна на инвеститорите за да се опише настан кој се случува неочекувано, како на пример крахот на американскиот пазар на недвижнини во 2008 година или јапонскиот земјотрес во 2011 година. Бевме сведоци на неочекувани настани кои причинуваат големи краткорочни движења на пазарите, кои потоа се раширија и за кои беше потребен политички одговор”, се вели во анализата на Citi. Повеќето инвеститори до крајот

”Кој ќе победи? Какво влијание има претседателот? Кои ќе бидат основните учесници во политичкиот процес? Што би значела комбинацијата од економска, политичка и социјална политика на двете партии за американскиот и светскиот економски раст, за меѓународната политика, светската трговија и глобалната сигурност? Има голема несигурност и неопределеноста се изразува преку премиите за ризичност како во економијата, така и на финансиските пазари”; велат аналитичарите од Citi.


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

7

вработени во индустријата намалувањето имаат отпуштањата во домашните најголеми индустриски гранки кои се соочуваат со големи проблеми, кои очигледно не можат да бидат покриени со странските инвестиции. Покрај во индустријата, намалување на бројот на вработени има и во секторот земјоделие, шумарство и рибарство. Во овој сектор во 2015 година работеле 123.456 лица, што е за 3.793 помалку во споредба со претходната 2014 година. Од друга страна, пак, најголемо зголемување на вработувањата има во секторот трговија на големо и мало.

мисла на неделата Вистински патриотизам е да и се спротивставиш на владата кога греши

Рон Пол

американски политичар

> БРОЈКА

56,5% изнесува вкупната задолженост на градежништвото во 2015 година

лидери

ори во САД носат ата економија

на годинава ќе бидат “на трња”, бидејќи повеќето прогнози исто како и оваа на Citi, прогнозираат неочекуван развој на едно долго очекувано случување, какво што се изборите, кое може да создаде значителна и потенцијално продолжителна преоценка на цените на активите како на локално, така и на глобално ниво. Демократскиот кандидат за претседател Хилари Клинтон има значителна предност

пред републиканскиот опонент Доналд Трамп, покажуваат повеќе анкети, а британските букмејкери, пак, даваат подобри коефициенти за победа на Трамп. Според Citi, шансите за победа на Клинтон се 65%. Но, од банката не се сосема убедени, бидејќи како што посолуваат, социолошките проучувања и пазарите за обложувања се променливи, како што беше случајот за време на референдумот на Велика Британија за излез од ЕУ. ”Кој ќе победи? Какво влијание има претседателот? Кои ќе бидат основните учесници во политичкиот процес? Што би значела комбинацијата од економска, политичка и социјална политика на двете партии за американскиот и светскиот економски раст, за меѓународната политика, светската трговија и глобалната сигурност? Има голема несигурност и неопределеноста се изразува преку премиите за ризичност како во економијата, така и на финансиските пазари”; велат аналитичарите од Citi. Од рејтинг агенцијата Moody’s посочуваат дека најнеизвесниот ризик за глобалните економски перспективи е поврзан со изборите во ноември годинава. Според анализата на оваа компанија, следниот наследник на Белата куќа, независно дали е Трамп или Клинтон, може да ја измести траекторијата на глобалниот економски раст. “Евентуалната промена на курсот на политиката на САД, која би придонела за ослабување на тековната глобална трговија и сигурност може да има погубно влијание врз глобалната доверба и растеж и ќе не натера да ги преразгледаме прогнозите”, се вели во извештајот на Moody’s. nnn

Марк Закерберг

Instagram стана четвртата апликација на Facebook со милијарда инсталации на Android

Бил Гејтс

богатството му порасна на 90 милијарди долари заедно со акциите на Канадската национална железница и Ecolab Inc.

не им беше неделата

Матијас Милер

Volkswagen запре со работа во шест фабрики поради неиспорака на делови од добавувачите

Доналд Трамп

во битката со Хилари ниско посегна по оспорување на здравствената способност на кандидатката за претседател на САД


Капитал број 878 26.08.2016

8

www.kapital.mk

COVER STORY

КАКО РАБОТЕА МАКЕДОНСКИТЕ ВО ПРВИТЕ ШЕС

МЕТАЛУРГИЈА СЛ ФАРМАЦИЈА СТА

ПРЕХРАНА КАК

БАНКИТЕ НЕ


?

www.kapital.mk

Е СТ

Капитал број 878 26.08.2016

9

ФИРМИ МЕСЕЦИ

ЛАБО, АБИЛНО,

КО КОЈ...

ЕМААТ ГАЈЛЕ


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

10

COVER STORY

Политичка криза, неизвесност, бизнис планови на “стенд-бај“... Првата половина од годинава домашните бизнисмени ја избуткаа, како што велат, на мускули. Со оглед на околностите, велат дека се среќни ако го задржат обемот на производство и продажба како и лани, а за зголемување ќе размислуваат од следната година. Малку компании од оние што доставуваат извештаи до Берзата, имаат позначителен раст на приходите и добивките во првите шест месеци. Само банките како да не чувствуваат никаква криза – нивните приходи од камати и провизии растат и со двоцифрени стапки.

K пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Колку политичката криза што кулминираше пролетва во Македонија имаше влијание врз резултатите на домашните компании анализираме преку билансите на оние фирми што котираат на Берза и периодов ги објавуваат извештаите за првото полугодие од 2016. Кога ги контактиравме компаниите пред да почнат годишните одмори, кога се привршуваа полугодишните биланси, повеќето изјавија дека резултатите од периодот јануари - јуни не им даваат оптимизам дека во следните шест месеци на бизнисот ќе му тргне. Рекоа дека на домашниот пазар нема нови проекти, инвестициската активност е прилично забавена, а дури и странските инвеститори кои што беа најавени дека ќе отворат фабрики овде, сега се одложени. Наплатата исто така е отежната, а голем дел од извозниците велат дека имаат и ненаплатени побарувања од државата за поврат на ДДВ. Од резултатите и компаниските коментари што излегоа на Берза до моментот на затворање на овој текст, генерален заклучок е дека се среќни доколку го задржат нивото на производство и продажба како и минатата година, со оглед на општата политичка ситуација во земјава и намалениот обем на нарачки од странство. Да видиме прво како работела базичната индустрија во земјава. Макстил, домаш-

ниот производител на челик, првата половина од годинава ја завршил со безмалку идентични приходи од продажба како и истиот период лани, односно со 1,79 милијарди денари остварени од продажба. Расходите исто така се на ниво од минатата година, или две милијарди денари, додека оперативната добивка е преполовена на 21 милион денари. Во компанијата велат дека повеќегодишниот тренд на незадоволително ниво на нарачки и пад на продажните цени продолжува за нивната индустрија. “Нашето работење е дополнително усложнето заради проблеми со енергетското снабдување на челичарницата, нерешени имотно правни односи, некои проблематични судски спорови, неразумно долгото одолговлекување на регулативата за увоз на старо железо, итн.“, објаснуваат од Макстил. Иако продажбите во првите шест месеци се волуменски и вредносно речиси на исто ниво како и истиот период лани, тоа е далеку од расположливите можности на валавничките капацитети, додаваат. “За втората половина на годината не се очекуваат позначителни промени на состојбите“, вели директорот на Макстил, Иван Бановски. “Покрај намалените продажби заради сезонските осцилации (сезоната на колективните одмори во Европа), отсуството на поголеми инвестициски проекти и во регионот и во светот ќе го ограничи во голема мера нашето производство“, додава Банов. Неодамна тој за Капитал исто така изјави дека продолжената политичка криза во земјава создава загриженост и претпазливост кај странските купувачи, но досега тоа не претставувало проблем за Макстил и нема откажани нарачки заради таа причина. Кај уште еден играч од металската индустрија, производителот МЗТ Пумпи од Скопје, првата половина од годинава е подобра од лани, поточно приходите од продажба се за 50% поголеми, или 71,3 милиони денари. Карактеристично е што на домашниот пазар, продажбата е за

21% помала (таа инаку е 30% од вкупните продажби), додека на странските пазари вредноста на продадените производи е за 2,5 пати поголема, на 49,4 милиони денари. Порасната е и оперативната добивка на компанијата, на 5,87 милиони денари, додека нето добивката изнесува само 283 илјади денари, заради високите финансиски расходи, односно кредити што ги враќала компанијата и сл.

Алкалоид продолжува со раст

Фармацевтската компанија Алкалоид продолжува со континуиран и стабилен раст и годинава. Во првите шест месеци ги завршила со консолидирани вкупни приходи од 4,33 милијарди денари, што е пораст од 2%. Вкупните расходи на фирмата се 3,95 милијарди денари, поголеми исто така за 2%. Компанијата инвестирала 344,4 милиони денари во основни средства во првото полугодие, и вработила 95 нови луѓе. Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) на Алкалоид изнесува 597,8 милиони денари и е за 8% поголема во однос на прво полугодие во 2015, додека консолидираната нето добивка изнесува 326,5 милиони денари и е исто така за 8% поголема во однос на лани. Реплек, втората фармацевтска компанија за која што до моментов на затворање на овој текст имаше објава на финансиските резултати, во првите шест месеци имала пад од 9% на вкупните консолидирани приходи, на 371,3 милиони денари и пад на расходите за 7%, на 340 милиони денари. Оперативната добивка на фирмата била за 18% поголема, 42 милиони денари, а нето добивката е 36,2 милиони денари, за 14% поголема. Компанијата во 2016-та за дивиденда има исплатено 71 милион денари, односно 2.468 денари по акција, а има приливи од дивиденда од придружени друштва во износ од 39,4 милиони денари. Оваа година е направена и докапитализација на Реплек АД Скопје во Реплек Фарм ДООЕЛ во вкупен износ од шест милиони денари, а на групациско ниво биле реализирани

ПРОБЛЕМ: НАЈТЕШКО Е СЕГА ДА СЕ НАЈДАТ НОВИ ПАРТНЕРИ И Д


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

11

8 21,2% години трае кризата во црната металургија во Македонија

е падот на производството на хемикалии и хемиски производи во првите шест месеци, највисок пад на една преработувачка индустрија инвестиции од 23,7 милиони денари.

Кондиторија со поголеми трошоци заради поскапи суровини

Витаминка, најголемата фабрика за прехранбени производи во земјава, во првите шест месеци има раст на приходите од продажба за 4%, на 825 милиони денари. Пораснале приходите и на домашен и на странските пазари, за 2% и 6% респективно, а пласманот е речиси 50%:50% на двата вида пазари. Расходите на компанијата исто така се зголемени, за 7%, најмногу заради зголемените трошоци за суровини и други материјали. Добивката од основното работење заради зголемените трошоци е намалена за 34% на 32,5 милиони денари, а потоа заради зголемените финансиски расходи за 25% (камати, курсни разлики) е сведена на 28,7 милиони денари. Компанијата на први јуни имаше акционерско собрание, каде што се одлучи за исплата на нето дивиденда за 2015 година во износ од 130 денари за една акција. Витаминка имала инвестиции од 159,5 милиони денари во првото полугодие,

за модернизација и автоматизација на производните линии и зголемување на производните капацитети, како што се вели во образложението на билансите. “Европа“, фабриката за кондиторија од Скопје, првите шест месеци ги завршила со приходи од продажба во износ од 326 милиони денари, што е за 5% помалку во однос на истиот период лани. Од овој износ, 45,4% е приход на домашниот пазар, кој што паднал за 11%, додека на странските пазари е задржан истиот износ како и првите шест месеци од 2015, или околу 178 милиони денари. Оперативните расходи на компанијата пораснале за 1% на 329,1 милиони денари, додека оперативната добивка е повеќе од преполовена, односно помала за 57%, и изнесува 8,25 милиони денари. По пресметката на финансиските приходи и расходи и данокот, на “Европа“ и останала нето добивка од околу 5,5 милиони денари, што е за 62% помалку од лани. Во компанијата објаснуваат дека имале поголеми трошоци заради зголемениот физички обем на производство и поскапените суровини (шеќер, какао и зрнести суровини). Во Жито Лукс пак, од Скопје, приходите од

продажба во прво полугодие се намалени за 8%, на 512,9 милиони денари, главно заради дефокусот на компанијата од производите со ниска профитна маржа, како што е професионалното брашно, како и поради намалените цени на категоријата леб во Скопје. “Подоброто управување со производните трошоци и пониската цена на пченицата доведе до намалување на трошоците на продадени производи односно зголемување на бруто добивката за 18% споредено со истиот период минатата година. Административните трошоци се зголемени за 6%, додека трошоците за продажба и маркетинг се намалени за 5%, споредбено со минатата година“, објаснуваат во Жито Лукс. Намалувањето на останатите оперативни приходи е поради отуѓување на нетековни средства расположливи за продажба во 2015 година. Оперативната добивка на компанијата изнесува 24,8 милиони денари, за разлика од загубата лани од 2,4 милиони денари, додека нето добивката по оданочување е 6,8 милиони денари, додека лани, исто така имало загуба од 22,1 милиони денари. nnn

ДА СЕ СКЛУЧАТ НОВИ ДОГОВОРИ, ЗАРАДИ ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

12

COVER STORY

НЕМА ЗИМА ЗА ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР

БАНКИТЕ И ОСИГУРИТЕЛИТЕ СО ПОГОЛЕМИ ПРИХОДИ И ДОБИВКИ

Поголемото кредитирање на населението при помали каматни стапки, поголеми благајнички записи, поголеми приходи од продадени имоти под хипотека, помали расходи заради пониски камати од депозити, поголемо картично работење...Ова се главните причини за подобрите резултати на банките во првите шест месеци.

О

д билансите што ги доставија банките до Берзата, до затворањето на овој текст, ќе почнеме со Комерцијална банка. Во првите шест месеци, банката има вкупни приходи од работењето од 2,27 милијарди денари, за 6,5% поголеми во однос на лани. Нето приходите од камата се зголемени за 3,7%, а од провизии и надоместоци се намалени за 5,4%. Од курсни разлики банката заработила 67,7 милиони денари,

што е зголемување од 34,9%. Останатите приходи од работењето на Комерцијална се 207,2 милиони денари и во однос на првото полугодие лани се зголемени за 71%. Ова се должи на зголемениот износ капитални добивки од продажба на преземен имот и наплатени претходно отпишани побарувања од кредити. Оперативните расходи на банката се 844,9 милиони денари и се помали за 3,2%, заради намалена амортизација, материјални трошоци, административни и трошоци за маркетинг. Загубите поради лоши пласмани заклучно со месец јуни

изнесуваат 139 милиони денари и се намалени за 60%. Комерцијална првото полугодие годинава заработила чисти 201,3 милиони денари, наспроти загубата од 181,4 милиони денари лани. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на банката да ги покрива расходите од работењето е за 13,2% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата, зголемувањето на останатите приходи (пред сè приходи од капитални добивки

ЕДВАЈ: ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ЈА БУТКААТ ГОДИНАТА НА МУСКУЛИ


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

14

COVER STORY

од продажба на средства и приходи од девизно работење), при истовремено намалување на оперативните расходи, објаснуваат од Комерцијална. На консолидирана основа, односно заедно со билансите на подружниците КБ Публикум Инвест, групата има остварено добивка од 207 милиони денари, наспроти загубата од 176,9 милиони денари лани. Вкупната актива на консолидирана основа изнесува 93,5 милијарди денари и е за 3,7% помала во однос на крајот од 2015. НЛБ Банка исто така имаше поголеми приходи од работењето во првите шест месеци, за 10%, односно 1,96 милијарди денари. Нето приходите од камата се повисоки за 12,9%, а од провизии за 3%. Првите се зголемени заради повисока состојба на кредити на население при пониски каматни стапки, како и повисока состојба на благајнички записи, се вели во образложението на финансиските резултати. Расходите по камати се пониски за 11,2% како резултат на намалување на каматните стапки на депозитите во текот на 2015 година. Приходите од провизии се зголемени за 8,0% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење (зголемен број на картички и зголемен број на трансакции во ПОС мрежата),повисоки остварени приходи од платен промет во земјата, како и поради повисоки остварени приходи од водење на зголемениот број на трансакциски сметки и лично банкарство. Расходите за провизии се повисоки за 21,3%,главно поради зголемен обем на работа кај картичното работење (зголемување на број и вредност на трансакции и зголемена цена на провизија за меѓубанкарско порамнување), повисоки расходи по провизии за кредитни посредници и зголемени трошоци за работа со готовина. Останатите некаматни приходи изнесуваат 160.5 милиони денари и се повисоки за 8,3% во однос на претходната година. НЛБ Банка има трошоци за лоши пласмани за 17% помалку во првите шест месеци, во износ од 277 милиони денари, а нето добивката на банката е 576 милиони денари и е за 12,9% повисока во однос на истиот период лани. И Охридска Банка Сосиете Женерал во првите шест месеци има зголемени нето приходи од камати, за 18,8% на 552,5 милиони денари, додека нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 131,2 милиони денари и се поголеми за 4,6%. Од курсни разлики

58%

е растот на производството на моторни возила во првите шест месеци, највисок раст на една преработувачка индустрија

6,9% е растот на прехранбената индустрија во првите шест месеци, која што има најголемо учество во преработувачкиот сектор (12,75%)

2,3%

е падот на производството на облека во првите шест месеци, втора гранка според учество во преработувачкиот сектор (11,65%) пак, нето приходите се намалени за 7,4%. Останатите приходи на Охридска банка се намалени за 66,8 милиони денари, каде што е вклучен поголем износ од реализираната продажба на преземени средства за наплата на побарувања. Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари - јуни изнесуваат 356,1 милиони денари и споредено со претходната година забележуваат намалување од 1,7%, претставувајќи реализација од 93,1% од планираното за овој период од годината. Намалените оперативни трошоци се резултат на намалените трошоци на вработени, за репрезентација и комуникации, трошоци за одржување, канцелариски материјали, трошоци за закупнина, осигурување и друго. Нето добивката на Охридска банка за периодот јануари – јуни 2016 е 255,6 милиони денари и споредено со истиот

период лани е понизок за 3,8 милиони денари или 1,5%, поради вклученоста на значителен износ на други приходи во резултатот од ланското прво полугодие, објаснуваат во банката, а инаку споредено со планираниот за прво полугодие, остварениот резултат е за 18,6% повисок. Кај осигурителните компании, Триглав осигурување, најголемата компанија во земјава според вкупната полисирана премија, има приходи од работењето во износ од 580,4 милиони денари, што е за 8% повеќе од лани, додека нето приходите од премија се 526 милиони денари, што е за 12,8% повеќе од првото полугодие лани. Компанијата реализира бруто полисирана премија во износ од 709 милиони денари, со што оствари раст од 5% во споредба со истиот период минатата година. Расходите од работењето на Триглав се пораснати минимално за 0,5% на 521,7 милиони денари, додека добивката на компанијата изнесува 58,7 милиони денари, што е за 217% повеќе во однос на истиот период лани. “Триглав Осигурување оствари одлични резултати во стратешки важниот сегмент на доброволно приватно здравствено осигурување, а исто така и во сегментот на автомобилските осигурувања. Најдобар индикатор за доброто работење на компанијата е подобрувањето на комбинираниот коефициент, како показател на профитабилноста во работењето во основната дејност, кој што покажа пад од повеќе од 10 процентни поени, споредено со истиот период минатата година (93,9%). Коефициент под 100% е показател за позитивно работење во доменот на неживотно осигурување.“, објаснува Ѓорѓе Војновиќ, главниот извршен директор на Триглав Осигурување во Македонија. Осигурување Македонија, членка на Виена иншуранс груп, првите шест месеци ги заврши со идентични приходи од работењето во однос на истиот период лани, или 425,6 милиони денари и бруто полисирана премија од 561,5 милиони денари, што е за 4,2% повеќе. Нето приходите од премија на Македонија осигурување се 324 милиони денари, што е за 13,3% повеќе од лани. Вкупните расходи на компанијата пораснале за 1,6% на 351,2 милиони денари, додека добивката на компанијата изнесува 74,5 милиони денари, што е за 6,8% помалку во однос на лани. nnn


годишна специјална едиција

200

септември

2016

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Капитал Медиа Гроуп ја подготвува традиционалната годишна едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2015 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример:

l компании со најголеми приходи l компании со најголем профит l компании кои најмногу вработуваат l компании со најголем капитал l компании со најголема актива l компании кои најбрзо растат Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи:

l Кои се компаниите и индустриите кои ќе го носат растот следната година?

l Стратегиите и плановите на најголемите и најпрофитабилни компании?

l Кои фирми ги прават парите во Македонија?

l Кои се најголемите “капиталци” во Македонија?

l Најголемите предизвици за компаниите за 2016 година

l Кои се најголемите компании во регионот?

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии:

l Прехранбена индустрија l Металопреработувачка индустрија l Градежна индустрија l Трговија l Телекомуникации l Енергетика, нафта и гас Повеќе информации за едицијата и за комерцијално претставување на истата, обратете се на e-mail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

INTERVIEW 16 Интервју

Џовани Лука Сома

Претседател на Надзорен одбор на Охридска банка Сосиете Женерал

Ќе продолжиме со порастот на кредитирањето “Со порастот на кредитирањето ќе продолжиме, при што одобрувањето на кредитите ќе го спроведуваме со претпазливост, детална проценка, правилно структурирање и одбегнување на прекумерен кредитен ризик. Активностите ќе бидат насочени кон стабилни, профитабилни мали и средни претпријатија со одржливи и профитабилни инвестициони планови и проекти. Во смисла на соработка со мултинационалните компании, стратегијата на Банката е да биде „преферирана банка“ затоа што нуди одлични услуги и цел опсег на понудени производи”, вели Џовани Лука Сома во интервјуто за магазинот Капитал.

разговара:

Г

Александар Јанев

Aleksandar.janev@kapital.mk

XX Господине Сома, како го оценувате банкарскиот сектор во земјава во услови на политичка криза? Колку неизвесноста се одразува на работењето на Охридска банка Сосиете Женерал овде? Банкарскиот сектор неуморно и доследно ја приспособува и развива својата организација за да ги води своите клиенти

во согласност со условите, истовремено водејќи сметка за нивните потреби. Нашaта меѓународна стручност и огромното искуство што во последниве 150 години го имаме акумулирано од разни банкарски средини ширум светот ни овозможи да го избереме и да го модифицираме нашиот тактички пристап, а притоа да ги задржиме фокусираноста на работењето и посветеноста кон стратешките оперативни приоритети и во секторот население и во корпоративниот сектор. За Охридска банка Сосиете Женерал 2015 година беше најуспешната година во нејзиното постоење, со досега најдобри финансиски резултати. Константните позитивни резултати се должат на растот на комерцијалните активности во сите деловни сегменти. Овие резултати даваат јасна слика за потенцијалот за одржлив раст и за способноста да се имплементира планот во рамките на поставените цели за 2016 година.


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

17


Капитал број 878 26.08.2016

18

www.kapital.mk

Интервју

и поддршка за корпоративните XX Какви се резултатите од Портфолиото на проиработењето на банката Ние сме банка од доверба клиенти. зводи на Охридска банка Сосиете во првата половина Женерал вклучува интегрални и од годината? Колку сте XX Во екот на политичката криза македонските усогласени понуди во: банкарството, задоволни од постигнатиот граѓни повлекоа десетици милиони евра од осигурувањето, пазарот на хартии успех? банките. Каква е сега ситуацијата ? од вредност, позицијата на институВо едно сложено опкружување Најважно е да се заслужи довербата, а ционалните инвеститори и понудата групацијата Сосиете Женерал банките во кои се има доверба секогаш на финансиски инструменти. продолжи со придобивките од профитираат. Ефикасен финансиски систем може силната комерцијална динамика Сметаме дека сме банка од доверба, а да се воспостави само со успешно во сите бизниси и покажа солидни нашите резултати го одразуваат тоа, синхронизирани понуди. резултати. Соодветно на тоа, имено депозитите на населението и на Со потпишувањето договор од WeBГрупацијата генерираше нето корпоративните клиенти учествуваат со SEFF I и II со Европската банка за банкарски приход (без нееко67,6% во вкупните извори на финансирање на обнова и развој (ЕБОР), првата банка номските ставки) од 13,2 милијарди Охридска банка Сосиете Женерал. во Македонија која пласираше евра во првата половина на 2016 Еден од важните, клучни банкарски финансирање за енергетски ефикасни година, (наспроти 12,8 милијарди индикатори е учеството на орочените проекти и обновлива енергија. евра во првата половина на 2015 депозити, а во Охридска банка Сосиете Досега се поддржани проекти на година), имаше стабилни трошоци 25 компании во износ од 10,5 милиони Женерал тие претставуваат половина од на работењето, го намали нето евра, со опсег од 50.000 до 2 милиона вкупните банкарски депозити, што е висок чинење на ризикот за 11,1% во евра по проект, во неколку сектори: резултат. Кога се навраќаме на превирањата однос на првата половина од 2015 печатарска индустрија, прехранбена од април и мај, особено сме горди што година и постигна повисок нето индустрија, транспорт, металопрелуѓето ја согледаа нашата стабилност, приход на Групацијата во износ од работувачка индустрија и други. останаа лојални, ги задржаа, ги вратија и ги 2.385 милиони во првата половина Дополнително, ние сме првата реинвестираа своите пари. Благодарение на 2016 година (наспроти 2.219 финансиска институција која се на вратената доверба, во првата половина милиони евра во првата половина приклучи кон програмата со кредитна од 2015 година). на 2016 година депозитите на населението линија од 3 милиони евра обезбедена Освен Групацијата, во првите 6 пораснаа за 1%, додека вкупниот банкарски од ЕБОР, дизајнирана за финамесеци од 2016 година и Охридска сектор покажа негативен резултат од -2,8%. нсирање на претпријатија раковобанка Сосиете Женерал имаше дени од жени. напредок, постигнувајќи вкупен Со порастот на кредитирањето ќе профит пред оданочување во износ од 255,6 милиони денари или 4,1 милиони Порастот на кредитната продолжиме, при што одобрувањето на евра. Во споредба со истиот период активност го постигнавме кредитите ќе го спроведуваме со претпазливост, детална проценка, правилно минатата година, поради вклучувањето без да го намалиме структурирање и одбегнување на прекуна значителен износ на други резултати од првата половина на претходната година, квалитетот на кредитното мерен кредитен ризик. Активностите ќе приходот од работењето беше помал за портфолио. Процентот на бидат насочени кон стабилни, профитабилни мали и средни претпријатија со одржливи 3,8 милиони денари или за 1,5%. нефункционални кредити и профитабилни инвестициони планови Оваа година, за прв пат по преземањето на е на ниско ниво од само и проекти. Во смисла на соработка со Охридска банка од страна на групацијата мултинационалните компании, стратегијата Сосиете Женерал во 2007 година, на 5,4%, што е значително на Банката е да биде „преферирана банка“ акционерите на Охридска банка Сосиете подолу во споредба затоа што нуди одлични услуги и цел опсег Женерал како дивиденда им беа исплатени со просекот за на понудени производи. 10% од постигнатиот нето приход за 2015 година, во еквивалентна вредност од 39,9 банкарскиот сектор. XX Каква е наплатата на кредитите? милиони денари, или 91 денар бруто износ Забележувате ли зголемување на по акција. лошите кредити? Ова е резултат на извонредната делотворност Преку своите оперативни активности и исклучителните финансиски резултати, кои Охридска банка Сосиете Женерал стагнирање на кредитната ја потврдуваат релевантноста на нашата активност, особено кредитирањето придонесе кон вкупниот пласман на стратегија, со која мора да продолжиме кредити во банкарскиот сектор со на приватните фирми. Какви и мора понатаму да ја развиваме со удел од 20,8% во тоталниот пораст на се Вашите согледувања, забрзување на привлекувањето на клиенти кредитите на нефинансиските субјекти. И зошто банките прикочуваат во сите региони на земјата и со зголемена во оваа половина на годината е постигнат со кредитирањето? Колку конкурентност, а истовремено константно континуиран и стабилен тренд на пораст бизнисмените може да очекуваат да изнаоѓаме начини за оптимизирање на на ефикасноста на Банката во следните нови кредити од Охридска банка ресурсите. Еден од важните предизвици е да деловни категории: со пораст на нето Сосиете Женерал? се исполнат барањата на нашите регулатори, Сметаме дека барањата на бизнис-секторот кредитните пласмани за 11,7% во однос кои секогаш се наш приоритет. се важни за економската трансформација и на јуни 2015 година, пораст на активата Знаеме дека можеме да сметаме на нашите нашата определба е да даваме константна и на Банката за 3,3% во однос на јуни 2015 вработени кои со својата посветеност и проактивна поддршка. Опаѓачкиот тренд на година и со однос трошоци/приход од залагање ќе ја водат Банката по патот пласманот на кредитите во корпоративниот 49,1%. на одржлив раст. Добрите резултати сектор не се одразува во политиките на Порастот на кредитната активност го во првата половина од оваа година го Банките, туку напротив, оперативните постигнавме без да го намалиме квалитетот покажуваат тоа. активности на Банките останаа стабилни и на кредитното портфолио. Процентот на насочени кон клиентите преку проширување нефункционални кредити е на ниско ниво XX Последните статистички податоци на целокупното портфолио со понуди од само 5,4%, што е значително подолу од Народната банка покажуваат

Сома: Барањата на бизнис-секторот се важни за економската трансформац


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

19 Знаеме дека можеме да сметаме на нашите вработени кои со својата посветеност и залагање ќе ја водат Банката по патот на одржлив раст. Добрите резултати во првата половина од оваа година го покажуваат тоа.

во споредба со просекот за банкарскиот сектор. XX Колку Охридска банка Сосиете Женерал ги користи знаењето и искуството како логистика од вашата матична банка од Франција? Колку тоа ви помага да понудите иновативни банкарски производи во Македонија? Бидејќи сме една од најголемите банки во Европа и во светот, најголемиот дел од нашиот професионален фокус и нашите оперативни ресурси ги посветуваме на глобалниот развој на групацијата Сосиете Женерал. Земајќи ги во вид состојбата на компанијата и нејзиниот иден развој, Сосиете Женерал продолжува значително да инвестира во обуката за развој на човечките капацитети со цел да им овозможи на своите вработени да ги развијат сопствените вештини. За секој вид работно место и за секој степен

Во периодот што е пред нас ние ќе се фокусираме на мерење и креирање на лојалност и блискост со клиентите, на дигитализација на модел на односи со клиентите, на оптимизација на мрежата на експозитури, на инвестирање во дигиталната трансформација, на повисоки синергии и забрзување на корпоративниот сегмент.

на искуство имаме приспособено насоки за професионална обука со можности за професионално подобрување, поддржани со иновативни наставни алатки, кои опфаќаат дигитална технологија, електронско учење и систем на виртуелна училница. Соработката со централата во Париз се одвива перманентно и на сите нивоа во дефинирањето на рамките, процесите, процедурите, политиките, практиките и техничкиот развој. На пример, со користење на повеќегодишното искуство и придобивките од експертизата на групацијата Сосиете Женерал во банкарското осигурување, Охридска банка Сосиете Женерал во 2012 година стана првата банка лиценцирана да функционира како осигурителен агент. Пионерската понуда на кредитно животно осигурување, што им нуди дополнителна заштита на клиентите, ги постави темелите на банкарското осигурување во Македонија.

ација и нашата определба е да даваме константна и проактивна поддршка


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

20

Интервју

Исто така, им помагаме на нашите клиенти да постигнат раст во стопанството, бизнисите и бројот на работни места. Нашиот универзален Корпоративен и инвестициски банкарски тим од Македонија и тимот од Централата склучија многу договори што ги вкрстуваат оперативните бизнис-линии и региони и им обезбедуваат на нашите меѓународни и глобални клиенти еден сеопфатен асортиман на производи и услуги. Оттука, без оглед на големината на бизнисот, нашите референти задолжени за корпоративниот бизнис работат во многу близок контакт со клиентите за да ги прецизираат и задоволат точните потреби со банкарски решенија, а истовремено ефективно и ефикасно да менаџираат со основните принципи на ризик и контрола и со регулаторните притисоци. Ние сме особено горди што во најголем број случаи Охридска банка Сосиете Женерал е претпочитиот банкарски партнер за најразличните потреби на врвни национални и интернационални корпорации и успешни мали и средни претпријатија. XX Планирате ли да воведете нови банкарски производи на пазарот? Какви? Во текот на повеќе од четири години Охридска банка Сосиете Женерал ја следи сопствената стратегија, покрај стандардните финансиски услуги, да нуди и иновативни и напредни решенија. На своите клиенти таа им нуди осигурување и константно го збогатува своето портфолио на осигурителни производи и кредитно животно осигурување, осигурување на картичките, a тоа во 2015 година резултираше со забележителен пораст од 63% во споредба со 2014 г. Неодамна беа промовирани два нови производа: осигурување на орочени депозити и осигурување на трансакциски сметки. За да ја прошири својата понуда на дигитални услуги и за да ги задоволи потребите на своите клиенти, Банката го прошири портфолиото на производи со нова услуга, мобилно банкарство, којашто е во пилот-фазата. Мобилното банкарство е најнапредната интерактивна алатка во постојното портфолио на дигитални услуги. До крајот на годината ќе има нови уникатни производи за различни целни групи. Освен во областа на производите, Охридска банка Сосиете Женерал е и екслузивна банка со ВИП-експозитура, во којашто клиентите имаат на располагање широк асортиман на врвни банкарски услуги приспособени кон нивните потреби и очекувања, како и специјални придобивки, привилегии и ексклузивни услуги. XX Кои се предностите што ги има Охридска банка Сосиете Женерал пред останатите банки во земјава, каква е вашата стратегија за освојување на клиентите?

Оваа година, за прв пат по преземањето на Охридска банка од страна на групацијата Сосиете Женерал во 2007 година, на акционерите на Охридска банка Сосиете Женерал како дивиденда им беа исплатени 10% од постигнатиот нето приход за 2015 година, во еквивалентна вредност од 39,9 милиони денари, или 91 денар бруто износ по акција. Откако се прошири вон Франција само неколку години по нејзиното создавање, Сосиете Женерал набргу разви една меѓународна култура, која 150 години подоцна е дел од нејзината „ДНК“. Позитивното влијание на синергијата, трансферите на стручни знаења и првокласни искуства во филијалите на Сосиете Женерал во европските земји, а особено во балканските земји: Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, секако е едно од главните предимства што Охридска банка Сосиете Женерал ги има на пазарот. Периодичните и перманентните размени на тимови од разни земји ни помагаат усогласено да напредуваме и и овозможуваат на групацијата да ги усогласи своите политики и принципи, од кои Охридска банка Сосиете Женерал извлекува корист, но и значително придонесува за нивниот развој. Менаџерите и вработените се способни да ја приспособат стратегијата на Банката во погоден момент за да ги одржат нејзините позиции, да реагираат на потребите на нејзините клиенти и да ги прошират нејзините позиции. Благодарение на зголемената извонредност на услугите, која произлегува од нашата посветеност на квалитетот, на континуираните залагања и на специјализaцијата на нашите професионални кадри и раководни лица, денес ние сме меѓу најсолвентните институции на локално и глобално ниво и ја постигнуваме онаа рамнотежа меѓу ефикасноста и ефективноста благодарение на која нашите клиенти нè перципираат како репер за услуга. Покрај тоа, во периодот што е пред нас ние ќе се фокусираме на мерење и креирање на лојалност и блискост со клиентите, на дигитализација на модел на односи со клиентите, на оптимизација на мрежата на експозитури, на инвестирање во дигиталната трансформација, на повисоки синергии и забрзување на корпоративниот сегмент.

XX Какви се плановите на Сосиете Женерал во Македонија? Охридска банка Сосиете Женерал стана дел од големата банкарска четворка, но имате ли амбиција да го заземете врвот на оваа листа? Имаме намера да продолжиме да растеме во Македонија, но јазот е толкав што првото место не го очекуваме во непосредна иднина. Во наредниот период Охридска банка Сосиете Женерал ќе ги преземе потребните мерки и дејства за да ги имплементира стратешките и деловните цели поставени со Развојниот план и Деловната политика. Банката останува насочена кон постигнување оджрлив и профитабилен раст, развивање на долгорочни и стабилни односи со постојните и со нови корпоративни и индивидуални клиенти и освојување на дополнителен дел од пазарот во целните пазарни сегменти за населението и фирмите. За да ги поддржиме антиципираните активности според развојната стратегија, депозитниот потенцијал останува примарен извор на финансирање за поддршка на комерцијалните активности. За да ги поддржиме кредитните активности со една поширока понуда на производи и во иднина, Банката ќе ја проширува и продолжува својата соработка со меѓународните финансиски институции. Постигнувањето на овие цели нема да биде само потврда на континуитетот на успешната оперативна ефикасност на Банката, туку силно ќе ја претстави и дефинира стратешката ориентираност на Банката да ја задржи и подобри својата позиција во банкарскиот сектор на Република Македонија. XX Како Охридска банка Сосиете Женерал планира да се развива, органски или можеби преку преземање на некоја помала банка? Нашата претпочитана опција е органскиот раст, што досега се покажа како правилно. Негуваме односи базирани на доверба и меѓусебно почитување. Клиентите отсекогаш биле во центарот на нашиот фокус, а нивната доверба е предуслов за нашиот натамошен раст и развој. Нашите клиенти се нашето огледало и тие ги рефлектираат нашето залагање и нашата упорност да испорачуваме висококвалитетни услуги. Низ создавањето на задоволни клиенти ги отвораме хоризонтите за идните успеси. Како тим со услужлив пристап, збогатен со различната стручност и знаење на сите, ние со години ги задоволуваме потребите на над 31 милион клиенти во 66 земји ширум светот. Со нашите клиенти работиме на истиот начин на којшто работиме во самата банка: се слушаме, заедно создаваме, ги вреднуваме придонесите и сме обединети и во успесите и во тешкотиите. Охридска банка Сосиете Женерал конзистентно расте органски во сите нејзини клучни показатели и депозитите, кредитите и приходите. Ова го постигнуваме

Сома: Најважно е да се заслужи довербата, а бан


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

21 Две награди за Охридска банка Сосиете Женерал годинава XX Годинава, две награди за Охридска банка Сосиете Женерал - престижната Еуромани и Глобал Фајнанс. За да освои нови, во која насока треба да се движи банката во своето работење во иднина? Тоа што имаме задоволни клиенти, за сите нас во Групацијата се покажа како мотиватор и двигател за спроведување и остварување на оперативните приоритети, а резултира со тоа што сите вработени работат заедно како еден тим. Доказот дека Охридска банка Сосиете Женерал е на вистинскиот пат е добивањето на две значајни, на светско ниво признати, награди од „Глобал фајненс“ и „Еуромани“, со што поставивме еден силен репер за нашата иднина во Македонија.

За Охридска банка Сосиете Женерал 2015 година беше најуспешната година во нејзиното постоење, со досега најдобри финансиски резултати. со постојано спроведување на нашата филозофија и нашиот модел, кој беше изграден врз обезбедување на еден единствен контактен пункт за нашите клиенти. Во нашето портфолио има неколку типа клиенти, а со опслужувањето на конкретен тип клиенти и со нагласување на квалитетот на грижата и услугата, ние одржуваме континуиран, рекорден органски раст. XX Преселувањето во нова експозитура во Аеродром е фокус на доближување се повеќе до клиентите, каде ја гледате можноста за развој, во пласман во бизнис секторот или во секторот население? Среќни сме што ја отворивме оваа експозитура со модерно, пријатно и погодно уредување и со атмосфера што ги одразува квалитетот и заложбите на Банката и нејзината способност да им одговори на потребите на нејзините клиенти, придонесувајќи кон амбицијата на Банката да израсне во банка фокусирана на односот, во референтна точка на банкарскиот пазар. Посветени сме на константни инвестиции во мрежата за опслужување на населението со напредни и различни концепти за да им обезбедиме уникатни искуства на клиентите. Во исто време, ние сме институција којa игра улога на фактор што ги стимулира индустриите, претриемачите, далековидните луѓе и луѓето од акција да ги реализираат своите потенцијали на подолг рок. nnn

нките во кои се има доверба секогаш профитираат


Што добивате со он-лајн претплата на Капитал: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до 3. Пристап електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


Капитал број 878 26.08.2016

www.kapital.mk

КАПИТАЛ АНАЛИЗА: РЕЈТИНГ А 24 КАПИТАЛ АНАЛИЗА СУБВЕНЦИ

МАКЕДОНИЈА СЕ ПОСКАПО И ПОТЕШКО ЌЕ ГИ ВРАЌА ДОЛГОВИТЕ Она што е извесно е дека кредитниот рејтинг ќе влијае на влошување на условите на задолжување на Македонија на меѓународниот пазар што во иднина ќе се ефектуира преку зголемување на каматната стапка, роковите, бараните обезбедувања, појава на разни форми на условувања. Тоа во превод значи дека ќе поскапи надворешното задолжувањето на Македонија, односно кога следниот пат Македонија ќе излезе да се задолжи на меѓународните финансиски пазари ќе треба да плаќа повисоки камати. А Македонија ќе мора да се задолжува надвор со оглед на фактот дека за неколку години земјата ќе мора да ги врати досегашните издадени еврообврзници кои достасуваат за наплата во износ од нас 1,2 милијарди евра, плус дополнително ќе треба да се задолжува за да го покрива буџетскиот дефицит кој постојано се зголемува и годинава достигна рекордни 376 милиони евра. Се чини сите услови се исполнети за Македонија да влезе во должничко ропство во кое најголем дел од она што го создава ќе оди за враќање на стари долгови.


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

32,0%

2.909

3.281

3.921

4.227

2010

2011

2012

2013

2014

2015

ЈАВЕН ДОЛГ (милиони евра)

45,3%

4.273

27,1%

2.415

40,3%

45,9%

46,5%

1.936

38,3%

46,0%

4.330

% удел во БДП

1 кв. 2016 2 кв. 2016

извор: Министерство за финансии

АГЕНЦИИТЕ ГО ВКЛУЧИЈА 25 ИИТЕ ИМААТ ЕФЕКТ АЛАРМОТ РИЗИЦИ ЗА ВЛОШУВАЊЕ НА РЕЈТИНГОТ НА МАКЕДОНИЈА Најголеми ризик фактори кои можат да предизвикаат понатамошно намалување на кредитниот рејтинг на Македонија според Fitch се :

XX ескалација на политичката нестабилност, посебно ако тоа доведе до нарушување на меѓуетничките односи или ако тоа има негативно влијание врз економијата и јавните финансии XX зголемени фискални трошења или кристализирање на потенцијални обврски кои можат да ја загрозат стабилноста на јавните финансии и режимот на фиксен курс.

376

милиони евра ќе биде дупката во буџетот за 2016 година

9,7%

XX проширување на надворешните нерамнотежи кои можат да направат притисок врз девизните резерви и режимот на фиксен курс.

од БДП се обврските на државата во форма на гаранции за државните претпријатија

5

милијарди евра достигнува јавниот долг на Македонија со последната еврообврзница од 450 милиони евра

ФАКТОРИ КОИ МОЖАТ ДА ГИ СТАБИЛИЗИРААТ ИЗГЛЕДИТЕ ЗА КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ XXОлеснување на политичките тензии и неизвесност, вклучително и извршување на слободни и фер избори

ОЧЕКУВАЊА НА FITCH

XXИмплементација на кредибилна среднорочна програма за фискална консолидација кој ќе придонесе за стабилизирање на стапката на јавен долг како процент од БДП.

EВРООБВРЗНИЦИ КОИ ДОСТАСУВААТ ЗА НАПЛАТА

2020 година

2022 година

2023 година

милиони евра со камата од

милиони евра со камата од

милиони евра со камата од

270

5,125%

500 4,25%

450 5,6%

XX Fitch очекува Македонија да продолжи со мерки на монетарна и фискална политика кои се конзистентни со политиката на фиксирање на денарот за еврото XX Fitch не очекува во блиска иднина разрешница на проблемот со името со Грција, заради што ќе остане блокиран патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

26

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

В пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Влошениот кредитниот рејтинг на Македонија од страна на рејтинг агенцијата Fitch (Фич) негативно ќе се одрази врз вкупната економија, oценуваат економските eксперти. Агенција Фич го намали кредитниот рејтинг на Македонија за едно скалило подолу, односно од ББ плус на ББ со негативни изгледи за натамошно надолно ревидирање ако политичката криза нема разрешница. Со тоа сега Македонија го има кредитниот рејтингот што го имаше во 2005 година. Економистите анализираат дека агенцијата за кредитен рејтинг Фич регистрира влошување на здравјето на македонската економија. И според нивната дијагноза, ризикот за инвестирање во домашната економија, мерено преку рејтингот на долгорочните државни обврзници, е на најниско ниво од 2005 година. Она што е уште полошо е што експертите на Фич ги оценуваат како негативни изгледите, односно очекуваат можно понатамошно намалување на кредитниот рејтинг на земјата. Главната причина за влошување на кредитниот рејтинг Fitch ја лоцира во политичката криза која предолго трае и не се решава, која создава неизвесност која веќе почнува да влијае и врз економијата и која може дополнително да го влоши кредитниот рејтинг.

Влошениот рејтинг ќе го поскапи задолжувањето

Она што е извесно е дека кредитниот рејтинг ќе влијае на влошување на условите на задолжување на Македонија на меѓународниот пазар што во иднина ќе се ефектуира преку зголемување на каматната стапка, роковите, бараните обезбедувања, појава на разни форми на условувања. Тоа во превод значи дека ќе поскапи надворешното задолжувањето на Македонија, односно кога следниот пат Македонија ќе излезе да се задолжи на меѓународните финансиски пазари ќе треба да плаќа повисоки камати. А Македонија ќе мора да се задолжува надвор со оглед на фактот дека за неколку години земјата ќе мора да ги врати досегашните издадени еврообврзници кои достасуваат за наплата, плус дополнително ќе треба да се задолжува за да го покрива буџетскиот дефицит кој постојано се зголемува и годинава ќе достигне 4% од БДП или 376 милиони евра. Само во периодот од 2020 година

до 2023 година за наплата достасуваат трите досега издадени еврообврзници во вкупен износ од 1,22 милијарди евра, кои ќе мора да ги позајми за да може да ги враќа. Влошениот кредитен рејтинг ќе го поскапи задолжувањето на Македонија, со што дополнително ќе го намали капацитетот на Македонија за редовна отплата на долгот, кој и сега е висок со оглед на фактот што каматните стапки по кои се задолжува Македонија се повисоки од стапките со кои расте економијата. За Марјан Петрески, професор на Американ Колеџ ова бил очекуван потег со оглед дека подолго време Македонија има силна неизвесност во економијата. Според него, Фич само ја оценува таа неизвесност и како таа може да се одрази врз одлуките за инвестирање во земјата, како и давање кредити на земјата. “Сметам дека дел од неизвесноста веќе беше вграден во каматната стапка при последното издавање на еврообврзницата, меѓутоа кога кредитните агенции и меѓународните финансиски институции ќе почнат позасилено да ја артикулираат магнитудата со која политичката криза влијае врз економијата, тогаш комерцијалното финансирање ќе станува уште поскапо. Да не заборавиме дека не само што каматната стапка на нови заеми би растела, со тоа негативно одразувајќи се врз идниот капацитет за отплата на тие кредити, туку и во услови на намален раст, нејзиното ниво уште повеќе го зголемува товарот при идната отплата”, објаснува Петрески. И Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни експерти смета дека намалениот кредитен рејтинг ќе влијае на влошување на условите на задолжување на Македонија на меѓународниот пазар на капитал. “Во иднина намалениот кредитен рејтинг ќе се ефектуира преку зголемување на каматната стапка, скратување на роковите, засилување на бараните обезбедувања, појава на разни форми на условувања... Да не заборавиме дека за неколку години Македонија ќе мора да ги враќа и актуелните големи износи на надворешни заеми од еврообврзници. Тоа сепак ќе значи само репрограмирање на долговите. Имено според било кое сценарио македонската економија нема да може да изврши нето поврат на земените кредити, а влошениот кредитен рејтинг на директен начин ќе го поскапи репрограмирањето на долговите во иднина”, објаснува Гацов.

Црвен сигнал и за странските инвеститори

Влошениот кредитен рејтинг сигурно ќе влијае и на одвраќањето на некои потенцијални странски инвеститори кои биле во фаза на двоумење при донесување на одлука за инвестиционен влез во Македонија. Професорот Петрески смета дека политичката криза веќе се одразила врз странските инвеститори. “Поголем дел од оние кои ветија изградба на фабрики, ги нема. Друг дел инвеститори кои биле во преговори (што како јавност не го знаеме),

веројатно се повлекле или ја одложиле одлуката. На инвеститорите не им треба кредитниот рејтинг, бидејќи прават темелен и поблизок скрининг на економијата и донесуваат одлуки врз база на тоа”, вели Петрески. Улогата на рејтинг агенциите е пред се заштита на потенцијалните инвеститори од тнр. инвестициска неинформираност и можноста за носење на погрешни инвестициски одлуки. “Во нашиот случај и во актуелните услови, агенцијата за кредитен рејтинг Fitch дијагностицираше влошување на здравјето на македонската економија испраќајќи сигнал на кој треба да внимаваат потенцијалните инвеститори. Се разбира шпекулативните инвеститори ги вложуваат своите пари според други критериуми - главно лукративни”, вели Гацов, кој потенцира дека со влошениот кредитен рејтинг се создадени „здрави“ услови ваквите разговори да се проретчат и инвеститорите да ја заобиколуваат Македонија. “Оние поупорните ќе бараат уште помеки услови за влез и поголеми износи на државна помош”, вели Гацов. На вакви ризици предупредуваат од рејтинг агенцијата Фич, според кои ризикот од продлабочување на политичката криза може негативно да влијае врз приливот на странски директни инвестиции, кои се клучен двигател на македонскиот економски модел.

Дупката во буџетот се продлабочува

За само еден месец откако направи ребаланс на буџетот, Владата веќе го скрои вториот вториот ребаланс на буџетот за 2016 година, кој официјално се прави заради новонастанатата состојба на потреба од трошења за санирање на последиците од поплавите кои неодамна го погодија Скопскиот регион. Со предлогизмените кои се веќе во Собранието, Владата бара дополнителни 36,4 милиони евра за надминување на последиците од поплавите. Но, наместо да скрати некои од веќе постоечките трошења, владата одлучи парите за покривање на штетите од поплавите да ги обезбеди со дополнително зголемување на трошењата. Па така сега проектираниот дефицит на буџетот за 2016 година се зголемува на 4% од БДП, од претходно проектираните 3,6% од БДП, односно од првичните 344 милиони евра, дупката во буџетот годинава ќе се зголеми на 376 милиони евра, кои се покриваат преку задолжување. Со тоа, наместо предвидената фискална консолидација, се продолжи по патеката на фискална експанзија, односно владата сама не го испочитува она што го напиша во фискалната стратегија. Проекцијата на професорот Петрески е дека и ова ниво на дефицитот од 4% од БДП ќе биде пробиено до крајот на годината, бидејќи поради ослабнатата економија ризикот да не се приберат сите планирани буџетски приходи е зголемен. “Дополнително, немаме информации дали


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

27 М

МАРЈАН ПЕТРЕСКИ

професор на Американ Колеџ

ојата проекција е дека и ова ниво на дефицитот од 4% од БДП ќе биде пробиено до крајот на годината, бидејќи поради ослабнатата економија ризикот да не се приберат сите планирани буџетски приходи е зголемен. Дополнително, немаме информации дали има и колкави се доспеани а неисплатени обврски од страна на држвата. И, на крајот, доколку изборите се случат во декември, тогаш тоа е уште еден аргумент на носителите на политиките против фискална консолидација.

има и колкави се доспеаните, а неисплатени обврски од страна на државата. И, на крајот, доколку изборите се случат во декември, тогаш тоа е уште еден аргумент на носителите на политиките против фискална консолидација”, вели Петрески. И Павле Гацов смета дека е сосема извесно зголемувањето на буџетскиот дефицит и

У

ПАВЛЕ ГАЦОВ

претседател на Здружението на даночни експерти

дека се користи состојбата со природните катастрофи за да се протнат нелогични позиции во Буџетот. “Македонскиот Буџет веќе има дисторзии кои треба да се исправаат подолго време. Доаѓа време на штедење, зашто се трошеше преку мерка во изминатите седум-осум години”, смета Гацов.

логата на рејтинг агенциите е пред се заштита на потенцијалните инвеститори од тнр. инвестициска неинформираност и можноста за носење на погрешни инвестициски одлуки. Fitch дијагностицираше влошување на здравјето на македонската економија испраќајќи сигнал на кој треба да внимаваат потенцијалните инвеститори. Се разбира шпекулативните инвеститори ги вложуваат своите пари според други критериуми главно лукративни.

Задолженоста расте!

Со последното задолжување преку еврообврзница која беше издадена во јули годинава од 450 милиони евра или 6,7% од вкупниот БДП, јавниот долг ќе се искачи на 5 милијарди евра, односно 51,7% од БДП. По глава на жител, јавниот долг изнесува над 2.500 евра.


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

28

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Македонија последен пат издаде еврообврзница во ноември 2015 година кога се задолжи со 270 милиони евра со рок на доспевање од 5 години со камата од 5,125%, од кои 150 милиони евра беа употребени за враќање на еврообврзницата која беше издадена во 2005 година, а која доспеа во декември 2015 година. Во 2014 година на меѓународните пазари се задолжи за 500 милиони евра по камата од 4,25% со рок на отплата од 7 години, односно таа достасува за наплата во 2021 година. Претходната еврообврзница од 150 милиони евра која беше издадена во 2005 година, а беше со камата од 4,625% и беше отплатена во декември минатата година. Значи во период од две и пол години, заедно со новата еврообврзница од 650 милиони евра, Македонија ќе се задолжи во странство за 1,42 милијарди евра. Ако се соберат износите кои достигнуваат за наплата излегува дека во периодот од 2020 до 2023 година за наплата достигаат над 1,2 милијарди евра. Според класификацијата на Светската банка, државите со јавен долг до 40% од БДП се сметаат за ниско задолжени, оние со долг од 40% до 60% за умерено задолжени, а оние со долг над 60% од БДП за високо задолжени земји. Според ова, Македонија веќе е во категоријата на умерено задолжени земји. А само пред 10 години, на крајот од 2006 година нивото на јавниот долг беше 1,82 милијарди евра или 33,2 % од БДП. Ако пак се има предвид дека Владата во текот на 2007 и 2008 година ги искористи девизните депозити од над 200 милиони евра што беа формирани со продажбата на дистрибутивната мрежа на некогашното ЕСМ за предвремена отплата на странските кредити кон институционалните кредитори тогаш се доаѓа до заклучок дека јавниот долг на крајот од 2008 година се сведе на само 23 % од БДП. Од тогаш до денес, за само седум години тој е зголемен повеќе од двојно.

Кои се најголемите ризици?

И аналитичарите на Fitch и домашните експерти се согласни дека најголемиот ризик останува неразрешувањето на политичката криза. За рејтинг агенцијата Fitch се уште е неизвесно дали воопшто Макеоднија ќе има избори и ако има дали тие ќе ја реат политичката криза и ќе ја намалат неизвесноста која ја оптеретува економијата.

Зошто Fitch го намали кредитниот рејтинг?

П

олитичката криза во Македонија која започна со објавувањето на наводите за корупција во февруари 2015 година, а која останува нерешена, поткопувајќи ги недостатоците во управувањето со земјата. “Договорот од Пржино, кој од страна на Европската комисија беше поставен во јули 2015 година како мапа за разрешување на политичката криза, пропадна по неуспешните обиди да се одржат предвремени парламентарни избори во април и јуни годинава. Простите продолжија, најголемата опозициска партија го продолжи бојкот на Парламентот, а истрагите за наводите за корупција во високите врвови на власта од страна на специјалното јавно обвинителство се опструирани”, се вели во објаснувањето на рејтинг агенцијата Fitch. И покрај тоа што политичките партии договорија датум за избори, според Fitch останува неизвесно е дали парламентарните избори воопшто ќе се одржат, и ако се одржат дали тие ќе доведат до стабилизирање на политичката ситуација и олеснување на политичките тензии. Во објаснувањето на Fitch се наведува дека политичката криза почнала да се одразува врз економијата. “Реалниот раст на БДП силно забави на 2% раст во првиот квартал на 2016 година, во споредба со растот од 3,7% во 2015 година, предизвикувајќи големи намалување на инвестициската активност, како резултат на неизвесното политичко опкружување. Како резултат на тоа го ревидиравме растот на БДП за 2016 година на 2,5% од претходните 3,6%. Растот на БДП би требало да се опорави на 3,4% во 2017 година благодарение на заздравувањето на инвестициската активност, но ризикот од продлабочување на политичката криза може негативно да влијае врз приливот на странски директни инвестиции, кои се клучен двигател на македонскиот економски модел”, се вели во соопштението на Fitch. Иако задолженоста на Македонија се уште е под 51%, од Fitch очекуваат задолженоста да продолжи да расте. Тие потенцираат дека се многу високи отплатите на долгот кои достасуваат за наплата, кои во 2016 година ќе достигнат 10,8% од македонскиот БДП, што е повеќе од двојно повеќе од просекот во земјите со рејтинг ББ каде годишните достасани обврски за плаќање достигнуваат 4,9% од БДП. Исто така, обврските на државата во форма на гаранции за државните претпријатија од Fitch очекуваат да се зголемат на 9,7% од БДП, што ги зголемува ризиците за раст на задолженоста на земјата. Инаку, околу 74% од надворешниот долг на Македонија е во евра. “Видовме дека политичката криза таа веќе го преполови растот и тој е под голем ризик таков да остане во догледно време. Понатамошно намалување на кредитниот рејтинг е возможно, но не очекувам нагли потези од кредитните агенции. Сепак, овој сигнал што тие сега го праќаат, заедно со веќе преполовениот економски раст генерира ризик дека финансирањето на буџетските дефицити ќе биде се` поскапо и потешко. Следствено, веројатноста дека во догледно време ќе се надмине и еден клучен проблем во економијата, ликвидноста или „немањето пари во бизнисот“ останува мала”, вели професорот Петрески.

И за Гацов главниот ризик за македонската економија ќе биде политичката криза, која може да прејде во некаква форма на политичка нестабилност на среден рок. “Како резултат на ова состојба ќе се влошува состојбата во јавните финансии, ликвидноста на државата и последователно на ликвидноста на стопанството. На сите вака влошени параметри ќе мора да следи деконтаминација на јавните финансии, фискална консолидација и стабилизација на економијата на пониско ниво од потенцијално можното”, вели Гацов. nnn


Време е за нешто несекојдневно.

1ВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА КЛАСИКА 1ВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА ХРОНОГРАФ

TISSOT CHEMIN DES TOURELLES AUTOMATIC.

ЕКСКЛУЗИВЕН ЧАСОВНИК, ИМЕНУВАН ПО УЛИЦАТА КАДЕ ШТО СЕУШТЕ СЕ НАОЃА СЕДИШТЕТО НА TISSOT ВО LELOCLE, ЛУЛКАТА НА ЧАСОВНИЧАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ШВАЈЦАРИЈА. СО POWERMATIC 80 МЕХАНИЗАМ СО 80 ЧАСА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈА, ЗАОБЛЕН САФИРЕН КРИСТАЛ ОТПОРЕН НА ГРЕБЕЊЕ И ТРАНСПАРЕНТНА ПОЗАДИНА

ОВА Е ВАШЕТО ВРЕМЕ СКОПЈЕ � УЛ. МАКЕДОНИЈА И ТЦ РАМСТОР БИТОЛА � ШИРОК СОКАК WWW.BOZINOVSKI.COM.MK

TI S S OT WATC H E S .CO M


Капитал број 878 26.08.2016

30

www.kapital.mk

свет бизнис и политика

Анализа на турско-руското зближување

Ердоган се врти кон Путин Свртувањето на Турција кон Русија ги растревожува САД и Европа поради претпоставените значења што може да ги има, но аналитичарите овде не гледаат геополитичка опасност, пред сè зашто Москва е не помала пречка за амбициите на Ердоган. Со топлината што се трудат да зрачи од нивниот однос, Путин и особено Ердоган, сметаат дека ќе си ги засилат позициите во преговорите со Западот, а истовремено ќе ги намалат екомомските штети што државите им ги трпат од претходно заладените односи


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

31


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

Р 32

свет бизнис и политика

Русија, ако е потребно, може да ја користи базата Инџирлик, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, за авио-базата која е/ беше симбол на заедничката борба на НАТО-партнерите - САД и Турција, против Исламската држава. Со ова дојде уште една потврда дека влошувањето на односите на Турција со САД и со Европската унија, сè повеќе го приближува турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој се смета за самодржец на власта во земјата, кон неговиот руски колега, Владимир Путин. Кога на 9 август, во Санкт Петербург, се сретнаа двајцата, првпат по заладувањето на односите по соборувањето на рускиот воен авион од страна на Турците во ноември, се чинеше дека нема трага од претходната меѓусебна закрвеност. Путин и Ердоган се поздравија и си се насмевнуваа како стари пријатели, а не како антагонисти принудени да се сретнат поради политичкиот праксис. Сега санкциите за турските градежни компании и земјоделски производи се симнуваат, руските туристи одново ќе ги има во турските одморалишта, а Москва и Анкара ги обновуваат плановите за гасоводот Турски тек и за изградба на атомска централа во Турција. Сепак, надвор од овие бизниси, малку е веројатно Турција целосно да се сврти кон Русија - да раскрсти со САД и со ЕУ - зашто Анкара и Москва имаат многу различни цели, вклучително и за Сирија. Во контекстот, во анализа на Financial Times, се вели дека Путин и Ердоган „имаат интерес да флертуваат еден со друг, за да си ги засилат позициите во преговорите со Западот. Но, тие никогаш не си верувале меѓусебно - не само поради тоа што Русија и Турција секогаш имале комплицирани односи, туку и зашто авторитарните лидери опстојуваат преку сеење недовреба кон надворешните непријатели“.

Билд: Срам за Европа е што Путин прв се сретна со Ердоган по обидот за пуч

Така се погоди, средбата со Владимир Путин во Санкт Петербург, да му биде прва на Реџеп Таип Ердоган по неуспешниот обид за пуч во Турција. Ова поранешниот шведски министер за надворешни работи, Карл Билд, го нарече „срам за Европа“ (ставот е дека Европа не смееше да дозволи Путин да биде првиот лидер со кој

Само неколку часа по обидот за пуч, Ердоган и Путин телефонски договорија средба

Р

ускиот претседател не го поштеди својот турски колега од непријатностите поврзани со извинувањето за соборувањето на авионот над сирискотурската граница. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потенцираше дека во писмото со извинување, „лидерот на турската држава напиша „извинете“ и изрази најдлабоко жалење и сочуство до семејството на убиениот пилот“. Потоа Путин и Ердоган во 40-минутен телефонски разговор - прв директен меѓу двајцата лидери од соборувањето на рускиот авион, договориле состанок „очи в очи“. Тоа што разговорот се случи само неколку часа по терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул, е поради тоа што бил претходно договорен. Ердоган ќе се сретне по обидот за преврат, во ситуација кога Брисел силно очекува кооперативност од Анкара, главно околу бегалската криза). Симболично потенцирање на врските меѓу Русија, Турција и Грција, прокремљска Комсомольская Правда, виде во одлуката на Путин средбата со Ердоган да се одржи во Грчката сала на Константиновскиот дворец, со што рускиот претседател на гостинот наводно сакал да му покаже дека Русија и Грција се наследници на Византија, чија престолнина бил Константинопол, денешен Истанбул. Впечаток е дека Ердоган беше поснисходливо поставен, нарекувајќи го Путин „мој близок брат“ и „мој драг брат“, додека последниот беше прилично воздржан. Во изјавата по средбата рускиот претседател рече дека во Турција „внатрешнополитичката ситуација останува сложена“, во што аналитичарите прочитаа оти и покрај тоа што Ердоган успеа да го спречи

пучот, Путин сака да каже дека турскиот претседател е далку од добра политичка форма. Како и да е, на Ердоган му требаше да покаже топлина во односите со Путин, доволна за да ги застраши Европејците кои (Ердоган) скоро отворено го нарекуваат диктатор. Австрискиот канцелар Кристијан Керн преговорите на Турција за членство во ЕУ ги нарече „дипломатска фикција“. Но, и од други причини Турција и Русија си се потребни една на друга. Последните месеци покажаа дека влошувањето на односите им предизвика значаен економски удар. Американската консултантска компанија BGC Partners ги оценува загубите на Турција од руските санкции на 12 милијарди долари. Штетата за Русија е помала, но се брои заедно со ефектот од санкциите на Западот. Во однос на Турски тек, рускиот министер за енергетика, Александар Новак, по затоплувањето изјави дека првиот дел од гасоводот треба да биде изграден во 2019

Brookings: Зошто Турција би сакала без НАТО да се соочи со Русија?


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

34

свет бизнис и политика

година. А според министерот за економија на Русија, Алексеј Уљукаев, санкциите против Турција ќе бидат симнати до крајот на 2016. На руските, пак, туристи, Путин им даде зелено светло одново да патуваат во Турција, веднаш откако Ердоган му се извини за соборувањето на авионот. Инаку, по укинувањето на евтините чартери до Турција, која во 2015 година ја посетиле 3,6 милиони руски туристи, во одморалиштата од кои најпозната е Анталија дошле одвај 184 илјади Руси (во првата половина од годинава). Ова болно го издржуваат турските хотели, зашто ризикот од терористички напади ги намали туристичките приходи што доаѓаа

Ердоган: Рака под рака со Русија и со Иран сме решени да го вратиме мирот во регионот

Т

урскиот претседател, уште пред средбата во Санкт Петерсбург со Путин, испрати порака со која, најблаго кажано, ја премолчи улогата на САД во решавањето на сирискиот конфликт и последиците од него, претставувајќи го истиот како регионален проблем. Неколку дена по неуспешниот обид за пуч, Ердоган изјави дека Турција е одлучна, заедно со Русија и со Иран, да преземе напори за враќање на мирот и на стабилноста во регионот, по телефонски разговор со иранскиот колега Хасан Рохани. „Денес повеќе од кога било претходно ние сме решени рака под рака со Русија и со Иран, со заеднички мерки, да се обидеме да ги решиме регионалните проблеми и имаме намера да ги активираме напорите за враќање на мирот и на стабилноста во регионот“, изјави Ердоган.


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

36

свет бизнис и политика

и од други земји. Но, пак ќе кажеме дека сето ова не значи оти Москва и Анкара ги измазнија односите, со извинувањето и прифаќањето на истото за соборениот руски авион. Русија и претходно ја обвинуваше Турција дека поддржува чеченски терористи, и дека тргува со нафта со Исламската држава.

Колку заеднички интереси, толку и непомирливи судири

Според Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ), Турција е на трето место меѓу државите што Русите ги сметаат за главни непријатели на својата држава. Според скоро 29% од Русите, Турција им е голем противник - за поголеми ги сметаат само САД и Украина. Затоа, за дел од Русите, помирувањето со Турција е примено со разочарување. Но, одредени од нив сметаат дека ситуацијата е многу корисна за руските интереси, сега кога Ердоган е отфрлен од стадото и има потреба од сојузници, на кои е подготвен да им ја плати цената. Аналитичарите сметаат дека свртувањето на Турција кон Русија покрај од погоре наведеното, е условено и од ситуацијата

во Сирија. Таму, Ердоган е свесен, дека не може да го собори Башар ал Асад и да издејствува полојален происламистички режим. Улогата на Русија во сирискиот конфликт конечно го принуди Ердоган да се откаже од неоосманските планови, и тој сега има потреба од излезна стратегија. Темата Сирија, Ердоган и Путин, избегнаа јавно да ја коментираат, а изјавија дека сириската криза била анализирана со раководителите на специјалните служби. На Путин му е јасно дека конфликтот во Сирија нема како да се разреши без Турција. Ова особено важи за ситуацијата во Алепо, близу до турската граница. Имено, од територијата на Турција во градот влегуваат оружје и борци што жестоко се судираат со поддржаната од Русија провладина сириска армија. Тука се и Курдите, кои се непријател за Анкара, а Москва ги смета за сојузници. Проблеми на релацијата има и во одмрзнатиот конфликт во Нагорно-Карабах, каде Русија ја поддржува Ерменија, а Турција Азербејџан. Списокот продолжува и со Крим, каде живеат многу кримски Татари, кои чекаат поддршка од Турција.

Како и да е, Путин свесен за ослабената позиција на Ердоган, ќе се обиде да добие максимум од обновените односи. Иако, враќање на економските врски и на политичките односи „над претходното ниво“ (како што се изрази Ердоган) не изгледа сосем реално. Дури и на енергетскиот фронт, иако Турски тек се обновува, напредокот ќе зависи од тоа дали Газпром и Анкара ќе успеат да се договорат за цените. На овој фон растревоженоста во САД и во ЕУ, дека Турција трајно се свртува кон Русија изгледаат преусилени. „Прво, авторитарните режими никогаш не градат трајни пријателства. Второ, соседни држави со експанзионистички дневен ред порано или подоцна се конфронтираат; ако Турција му сврти грб на Западот, нејзините интереси во Евроазија ќе се судрат со сферата на влијание на Москва. И на крајот, зошто Турција би посакала да го напушти НАТО и да се соочи сама со амбициозните и непредвидливи Русија и Иран?“, вели експертот на Brookings Institution, Лилија Шевцова, во погоре споменатата анализа за Financial Times.

nnn

Brookings: Aвторитарни режими никогаш не градат трајни пријателства


Капитал број 878 26.08.2016

38

www.kapital.mk

Компании и пазари

Што се крие зад новата регулатива што ја спрема ЕУ за интернет сервисите

Европските телеком оператори бараат дел од ќарот на Skype, Instagram и Facebook Messenger

Европските телеком оператори веќе подолго време се жалат дека Messenger, Skype, WhatsApp, Viber и останатите интернет сервиси за комуникација прават многу пари користејќи ја бесплатно нивната инфраструктура и мрежите, а ќарот си го носат во САД, каде што се нивните сопственици, технолошките гиганти Microsoft, Facebook.. ЕУ спрема нови правила за регулирање на овој бизнис - се работи за построги одредби околу сигурноста и доверливоста на податоците. Но, Financial Times и уште неколку светски медиуми шпекулираат дека во позадина е намерата дел од профитот на овие апликации да остане во Европа.

Ќар и зијан: Новата регулатива на ЕУ е почеток на нова распреде


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

39 пишува:

Д

Американски ОТТ (over-the-top)

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Две милијарди пораки, фотографии и видеа се разменуваат секој ден преку WhatsApp, Instagram и Facebook Messenger, и уште една милијарда преку Snapchat. Само преку WhatsApp секојдневно месец комуницираат 1,1 милијарда луѓе, а уште 800 милиони преку Facebook. И додека корисниците не можат да си го замислат животот без овие платформи за комуницирање на социјалните мрежи, телеком гигантите ги опишуваат како “over the top“ сервиси, односно апликации што нудат брзо, едноставно и практично бесплатно комуницирање, а притоа користејќи ја телекомуникациската инфраструктура вредна милијарди евра, без никаков надомест. И сè што им останува на крајот на телекомите, е ситнежот што го плаќаат корисниците за податочниот промет, а бесплатно си зборуваат преку Skype, Viber и сл. Меѓутоа, како што пишува хрватски Jutarnji vjesnik, за неколку месеци можно е нештата драстично да се променат. За две недели Европската комисија ќе го објави предлогот на новиот т.н. ePrivacy закон, кој што има за цел американските гиганти како Microsoft (сопственик на Skype) и Facebook (сопственик на WhatsApp) да ги обврзе да почнат да се придржуваат на построгите одредби за сигурноста и доверливоста на податоците. Поедноставно кажано, Европската унија сака поголема контрола врз овие сервиси, односно и дел од нивната заработка. Меѓу другото, како што тврди Financial Times, тие сервиси на тлото на Европа би морале правно да се изедначат со традиционалните телекоми кои што заради нив губат профити. Од Viber, WhatsApp и сличните апликации се бара во земјите на ЕУ да бидат регистрирани за телекомуникациска дејност.

Преку 50% од заработката од интернет услугите во ЕУ оди кај американски компании

Тоа значи, шпекулираат западните медиуми, дека од сервисите ќе се бара, пред сè, да овозможат национален пристап кон итните броеви, како полиција, брза помош и противпожарна служба. Понатаму, од нив ќе се бара на територијата на ЕУ да отворат свои податочни и

играчи од кои што на европските телекоми им се крева косата 54% од приходите од интернет услуги во ЕУ одат во рацете на овие сервиси ŒSkype, oригинално балтичко – скандинавска креација, во 2005 беше купен од Ebay за 2,6 милијарди долари, а во 2011 Microsoft искешира 8,5 милијарди долари за овој онлајн комуникациски сервис Instagram, онлајн платформа за комуникација, размена на фотографии и видеа, во 2012 беше купена од Facebook за една милијарда долари

Œ 

Ž



ŽОснован во 2009 во Калифорнија, WhatsApp за кусо време стана најпопуларна “месинџер“ апликација, а во 2014 година ја купи Facebook за 19,3 милијарди долари Facebook со својот Messenger исто така ја користи инфраструктурата и мрежите на традиционалните телеком оператори, а корисниците можат да зборуваат бесплатно по телефон, да разменуваат фотографии и сл.

кориснички центри. Уште поважно е на истражителите во случај на сомнеж за тероризам да им овозможат пристап кон пораките и повиците на корисниците што сега се главно криптирани. Но, значи ли построгата регулација и крај на бесплатните услуги? Дали наместо поевтини повици и пораки (во јули 2017-та се укинува роамингот во ЕУ, Македонија и останатите кандидатки за членство ќе причекаат, н.з.)

всушност ќе се плаќа повеќе за Viber, Skype и останатите? Засега е нејасно, велат во Financial Times. Откако предлогот на законот ќе биде објавен, следи повеќемесечна расправа во сите земји членки и жестоко лобирање, а аналитичарите сметаат дека ЕУ на секоја земја членка ќе и допушти сама да го регулира тоа подрачје. Според едно истражување, моментално

елба на профитот од интернет услугите, сметаат аналитичарите


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

40

Компании и пазари

Американските гиганти не го купија Viber, им го оставија на Јапонци

V

iber, креиран од израелски и белоруски програмери во 2010 година како директна конкуренција на Skype, во 2014 беше купен од јапонската интернет компанија Rakuten за 900 милиони долари.

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

околу 54% од приходите од интернетските услуги во ЕУ оди во рацете на американските ИТ компании, а европските телекоми со години се жалат дека сервисите за комуникација во посед на овие технолошки гиганти не се должни да вложуваат во инфраструктура и да плаќаат даноци. Затоа, може да се очекува дека многу членки би ги направиле правилата построги, сметаат во Јутарњи вјесник. И Андреас Маиерхофер, директорот на Македонски телеком, компанија во сопственост на германски Дојче телеком, пред речиси една година во интервју за Капитал, го нагласи проблемот што “over the top” сервисите им го прават на телеком операторите. “Имаме огромен пад на приходите од смс услугите, не само во Европа, во цел свет телеком индустријата загуби огромни пари заради користењето на Viber, Skype и сличните апликации.“, рече тогаш Маиерхофер. “Овие компании имплементираат една услуга во цел свет со една единствена апликација, и не се регулирани како нас. Ние треба да имаме инфраструктура и опрема на секој пазар кај што сме присутни, да развиваме еден ист продукт или услуга десетици пати одново, да инвестираме огромни пари во развој на таа инфраструктура. А, тие ја користат нашата инфраструктура и не се регулирани.“, додаде тој.

Европските телекоми: Тоа е нефер конкуренција

До 2020 година ЕУ планира да се вложат 20 милијарди евра во развој на дигитални технологии и мрежи, а Европската комисија освен од граѓаните, тие пари сака да ги извлече и од американските ИТ компании како Google и Facebook. Хрватскиот стручњак за телекомуникации Ѓуро Лубура за Jutаrnji вели дека сервисите како Skype силно им конкурираат на традиционалните телекоми и своите услуги ги нудат користејќи ја нивната инфраструктура. “Хрватски телеком веќе се обиде да креира правни предуслови за ограничување на пристапот на таквите услуги, што би бил значаен удар врз животниот стил на луѓето, особено младите“, вели Лубура и додава дека тоа би претставувало опасен преседан, затоа што услугата пристап кон интернет мора да овозможи пристап кон сè што се наоѓа на интернет. Тој веднаш реагирал на овие обиди на најголемиот телеком во Хрватска, јавноста била известена, па одлуката била повлечена. “Ако денес допуштиме да ни го ограничат Skype, веќе утре би ни ги ограничиле и видео содржините, Facebook, и којзнае што уште“, тврди тој. Сега се бара начин како да се присилат овие, сите од ред американски компании, на некој начин да играат по правилата што важат за сите оператори, но не и за нив. Се бара начин да се присилат дел од заработката да ја остават и таму каде што ја остваруваат, смета хрватскиот аналитичар. Според Лубура решение нема да се пронајде брзо и едноставно, но е сугурен дека драстични потези од типот забрана за користење VoIP апликации како Skype или WhatsApp сепак нема да има. Смета дека корисниците силно ќе реагираат на првиот сигнал дека за нешто такво воопшто и се размислува. “Секако, европските тела ќе пропишуваат само рамки, а за нашите законодавци ќе зависи какво точно решение ќе биде имплементирано во Хрватска.“, вели Лубура. Всушност, новата еPrivacy регулатива би ја заменила онаа од 2002 година, која што на традиционалните телекоми им забранува да ги користат локациите на своите корисници со цел да прават профит. Тоа се и најчестите приговори – зашто ние не можеме, а нашите онлајн конкуренти можат? “Во цела Европа ние сме строго регулирани учесници на пазарот, а ОТТ компаниите не се. И тоа не е фер конкуренција“, уште една изјава на директорот на Македонски телеком од ланското интервју за Капитал. “Ние не може ништо да направиме без одобрување од регулаторите, додека ОТТ фирмите не се регулирани воопшто, а сите ги користат нивните услуги, и тоа преку нашата инфраструктурa. Регулаторите мора да најдат баланс. Заради падот на приходите во нашата индустрија, во голема мера предизвикани и од оваа нефер конкуренција, ние не сме во можност да инвестираме како порано. Токму затоа се потребни и спојувањата, односно консолидацијата на пазарите во Европа.“, рече Маиерхофер. nnn


Рок за пријавување: 15 септември 2016

Институт КОНЦЕПТ организира:

КУРС ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ (нова ера на маркетингот – дигитален маркетинг) l 19 септември (понеделник) 2016 година l три пати неделно (понеделник, вторник и четврток), 17.00 до 20.00 часот l Институт Концепт, Скопје По завршување на курсот учесниците ќе бидат способни: l Да ги користат бизнис целите и брендот во улога на креирање на ефективни маркетинг кампањи.

l Да креираат, таргетираат, лансираат и следат Facebook, Twitter и Google AdWords кампањи.

l Да ги анализираат податоците на компанијата преку Google Analytics со цел да донесуваат информирани одлуки во врска со маркетинг каналите, сегментацијата на публиката, како и области за подобрување на дадениот сајт на брендот.

l Да го дефинираат јасно опсегот на дигиталниот маркетинг, од социјалниот до display и e-mail маркетинг.

l Да размислуваат критички за содржината на брендот, од она што е на веб страната, на своите страници на Фејсбук, Твитер и LinkedIn.

Предавачите се од PIKSEL.MK, брзорастечка компанија која се занимава со веб дизајн и дивелопмент, како и дигитален маркетинг. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3216 962 l02 3216 963

  

  

      






Капитал број 878 26.08.2016

42

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

Одбил да им испорача автоделови:

Како босанскиот претприемач Нијаз Хастор го блокираше Volkswagen Prevent група: најголема приватна босанска компанија


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

43 Деновиве во светската медиуми многу се пишуваше за проблемот кој еден босански претприемач му го направи на германскиот автомобилски гигант Volkswagen, кој беше присилен дури и да сопре производството во одредени фабрики заради тоа што автомобилските делови не му беа навреме испорачани. И додека се преговара за надминување на несогласувањата, овој скандал на површина го извади проблемот со несигурноста од производство на автомобилски делови во други земји, a може да влијае и врз останатите соработки на германските автокомпании со надворешни производители на авто делови.

P

Prevent групата е најголема приватна босанска компанија во сопственост на Нијаз Хастор и на неговите партнери. Шест германски автомобилски фабрики во сопственост на Volkswagen беа присилени да го запрат производството поради недостаток на делови што не им биле испорачани од Prevent групата од Босна и Херцеговина. Компанијата во сопственост на најбогатиот бизисмен од БиХ ја запрела испораката поради несогласувања околку новиот договор со Volkswagen. Застојот на производството почна во

Œ



погонот каде што се произведува Passat, и за неколку дена зафати околу 10% од германските вработени во Volkswagen, соопшти компанијата. Оттаму најавија дека во своите домови би можело да бидат вратени дури 27.000 работници. Производството на Golf нема да продолжи до крајот на оваа недела. „Изненадени сме што спорот ескалираше до ниво на кое е сериозно загрозено производството“, изјави за агенцијата Bloomberg аналитичарот на Commerzbank, Саша Гомел. Volkswagen се најде во лоша позиција бидејќи спорот изби во исклучително непријатен момент за компанијата чија репутација е нарушена од минатогодишното откривање на измамата со мерните уреди во нивните возила. Во Commerzbank предвидуваат дека застојот на производството на Golf и на Passat компанијата би можело да ја чини до 70 милиони евра неделно. Според изјавите на Bloomberg, Volskwagen се обидел да ја прелее цената на кризата во

ŒНијаз Хастор Шест германски автомобилски фабрики во сопственост на Volkswagen беа присилени да го запрат производството поради недостаток на делови што не им биле испорачани од Prevent групата од Босна и Херцеговина. “Во решавањето на проблемите на Volkswagen со добавувачите се вклучи и германската сојузна држава Долна Саксонија, чиј министер за економија, Олаф Лиес, е член на надзорниот одбор на Volkswagen.„Исходот на преговорите нема да биде решение само за постојниот спор, туку би можел да даде и одговор на клучното прашање за модалитетите на идната соработка на производителите на автомобили со нивните договорни соработници“, изјави Лиес.

која се најде по сопствена вина, на своите добавувачи. Во кратка изјава за хрватски Jutarnji list, порпаролката на Prevent групата, Аида Салкиќ, објасни дека станува збор „за изолиран случај поврзан со испораката на еден дел од компонентите што се користат во интериерите на возилата“. „Со оглед на тоа што вклучените друшта правно и економски се одвоени, не можеме да даваме коментари во нивно име. Производните активности на Prevent групата се одвиваат непречено“, изјави Салкиќ. Разговорите на Prevent и на компаниите на Volskwagen во понеделникот (22 август) продолжија. Минхенскиот дневник Süddeutsche Zeitung објави во неделата дека Prevent групата од Volskwagen бара 58 милиони евра обесштетување за прекинот и за преформулацијата на стариот договор. Prevent притоа се оглушил на одлуката на германскиот суд дека треба да продолжи со испораката на делови за Volskwagen.

а во сопственост на Нијаз Хастор и на неговите партнери


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

44

Балкан бизнис и политика

Prevent групата е најголема приватна босанска компанија во сопственост на Нијаз Хастор и на неговите партнери. Групата е моќен играч на германскиот автомобилски пазар и преку своите компании Halog GmbH и Cascade International Investments GmbH држи 15,2% удел во Gramar AG, германската компанија за производство на автомобилски седишта. Порачката што ја раскина Volkswagen вклучува и 500 милиони евра тежок договор со компанијата на Prevent за производство на автомобилски седишта Car Trim, што би требало да стапи на сила на почетокот на идната година. Prevent од Volkswagen бара обесштетување за трошоците на адаптација на погоните направени со цел преземање на новата работа. Конфликтот, велат познавачите на автоиндустријата, јасно го покажува ризикот со кој производителите на автомобили се изложуваат кога зависат од надворешни добавувачи на делови, чии производи по правило се порачуваат во мигот кога стигнуваат порачките за автомобилите од купувачите, што значи дека деловите доаѓаат во фабрика без чекање во складиште. Тоа ги намалува трошоците за производство, но го зголемува ризикот од потреси во целиот синџир, ако некој од добавувачите заостане со испораката. Во решавањето на проблемите на Volkswagen со добавувачите се вклучи и германската сојузна држава Долна Саксонија, чиј министер за економија, Олаф Лиес, е член на надзорниот одбор на Volkswagen. „Исходот на преговорите нема да биде решение само за постојниот спор, туку би можел да даде и одговор на клучното прашање за модалитетите на идната соработка на производителите на автомобили со нивните договорни соработници“, изјави Лиес. nnn

Матиас Мулер, претседател на Управниот одбор на Volkswagen групацијата

Volkswagen може да се обиде да дојде до деловите и со заплена

Д

растичните мерки што Volkswagen беше принуден да ги преземе подразбираат дека најмалку до крајот на август околу 27.700 работници ќе работат скратено работно време, а на гигантот ова му се случи откако добавувачите на куќишта за менувачи и на навлаки за седишта, ES Automobilguss и CarTrim, ја запреа испораката. Добавувачите тврдат дека Volkswagen без најава, односно без надомест, прекршил неколку договори, не оставајќи им друга можност освен да ја запрат испораката за да го заштитат својот бизнис и својата работна сила. Експерти, пак, сметаат дека гигантот згрешил што клучните куќишта за менувачи одлучил да ги набавува од само еден производител. „Глобална компанија не би смеела да набавува клучни делови од само еден добавувач со средна големина“, смета експертот од Универзитетот DuisburgEssen, Фердинанд Дуденхофер. Меѓу правните мерки што ги разгледува компанијата од Волфсбург е и можноста до деловите да дојдат со запленување. „Моментално ги разгледуваме сите правни средства за да ставиме крај на прекинот на доставата на делови“, изјави портпарол на Volkswagen.

Commerzbank: застојот би можел да чини 70 милиони евра неделно


ДЕКАДА НА ВРВНО ОБРАЗОВАНИЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Единствена меѓународна акредитирана програма во Македонија • Професори со сертификат од Харвард бизнис школата

www.uacs.edu.mk ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета македонска бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 (0) 2 2463 156

Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk Веб страна: www.uacs.edu.mk


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

46

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

6 КНИГИ КОИ ГИ ПРЕПОРАЧУВААТ НАЈДОБРИТЕ СВЕТСКИ ЛИДЕРИ

А

ко сакате да го правите тоа што другите го правеле пред вас, читајте тоа што другите читале пред вас. Читањето е процес во кој искуствата што некој друг ги имал, лекциите што ги научил и идеите кои ги имал се пренесуваат во вашиот ум. Користа од читањето е докажана многупати досега. Читањето ја зголемува веројатноста вашиот мозок да работи подобро

како што ќе стареете, ги подобрува приватниот и деловниот живот, развива емпатија и има бројни здравствени придобивки за телото и духот. И да се соочувате со било какви проблеми, предизвици и пречки, бидете сигурни дека некој некогаш напишал за нив. Ако се трудите да се мотивирате себеси или вашиот тим, обидувајќи се да најдете начини својата пасија да ја претворите во професија, или се

Ако сакате да го правите тоа што другите го правеле пред вас, читајте тоа што другите читале пред вас. Читањето е процес во кој искуствата што некој друг ги имал, лекциите што ги научил и идеите кои ги имал се пренесуваат во вашиот ум. Капитал ви пренесува што светски успешните бизнис лидери препорачуваат дека мора да се прочита прашувате што е потребно за вашите идеи да станат реалност, одбирањето на вистинската книга може многу да ви помогне. За да сакате да го постигнете тоа што го постигнале Елон Маск, Бил Гејтс или Мег Витман, тогаш можете да почнете да го читате она што тие го читале.

How Not to Be Wrong

Б

Jordan Ellenberg

ИЛ ГЕЈТС има препорачано многу книги во изминатите години на својот блог, меѓу кои е и неговата омилена книга “The Catcher in the Rye”. Но, сепак една од книгите кои се издвојуваат во неговата колекција и која тој посебно ја препорачува е “How Not to Be Wrong” од Џордан Еленберг (Jordan Ellenberg). Во книгата Еленберг го истражува светот околу нас преку очилата на математиката. Еве само краток опис на книгата на Amazon, од каде што може да

се купи и нарача: “Математиката која ја учиме во училиште може да изгледа како куп досадни правила, поставени уште во антиката кои не смеат да бидат доведени во прашање. Во книгата “How Not to Be Wrong”, Џордан Еленберг покажува колку е ова ужасно ограничувачко гледање. Математиката не е ограничена од апстрактни инциденти кои никогаш не се случуваат во вистинскиот живот, туку има допир со се што правиме - целиот свет е преполн со математика”.

Twelve Against the Gods

П

William Bolitho

ознатиот светски претприемач и иноватор ЕЛОН МАСК предизвикал вистински хаос за да ја најде оваа книга која е напишана уште во 1929 година, која била во неговиот читачки фокус. Ако можете да ја најдете оригиналната книга, само да знаете дека таа на Amazon се продава за 600 долари. Во книгата “Twelve Against the Gods” се покрива животот 12 светски лидери од историјата кои во текот на својот живот успеале да постигнат големи успеси, почнувајќи од Наполеон, Казанова, Вудроу Вилсон, Чарлс XII, Исидора Данкан... “Ова навистина добра книга”, тврди Маск, кој препорачува да ја прочита секој кој има големи соништа.


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

48

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

The Innovator's Dilemma Clayton M. Christensen

С

ТИВ ЏОБС бил страствен читач, но една книга која има посебно место во неговите полици била “The Innovator's Dilemma”, од Клејтон Кристенсен (Clayton M. Christensen), која многу му помогнала на Џобс да го разбере значењето на иновациите во организацијата.

Премногу компании и индивидуи се потпираат на она што прво ќе им донесе успех. Благодарение на оваа книга, Џобс знаел дека успехот на iPod морал да биде надминат за Apple да стане вистински успешен. Џобс знаел дека тоа било само отскочен камен, кој подоцна водел до успехот на iPhone и iPad.

Playing to Win

A.G. Lafley

К

ога директорката на компјутерскиот гигант HP, МЕГ ВИТМАН ги охрабрила сите над 300 илјади вработени да ја прочитаат книгата Playing to Win, таа го направила тоа со добра причина. Книгата зборува за тоа кои компромиси мора да бидат направени со цел да се “игра за да се победи” во поврзан и високо конкурентен свет. Еве како таа објаснува зошто оваа книга била толку вредна и значајна за нејзе и

нејзиниот тим: “Има многу начини да се постави и развие стратегија во една компанија. Ова е една која што според мене е многу од помош бидејќи организациите имаат многу проблематични одлуки, посебно големите организации...Овој концепт за тоа каде да се игра, во кои земји, во кои пазарни сегмент, кои производи, каде да не се игра бидејќи не можеме да бидеме профитабилни, е многу добра дисциплина”.

The Beginning of Infinity David Deutsch

В

о 2015 година основачот и директор на Facebook, МАРК ЗАКЕРБЕРГ си поставил цел да прочита една книга секоја недела. За последна книга во неговиот експеримент, Закерберг ја одбрал

“The Beginning of Infinity”, книга која според описот на Amazon, аргументира дека објаснувањата имаат фундаментално место во универзумот и дека нивното подобрување е основен регулирачки принцип на сите успешни човечки суштества”.

Lean In

Sheryl Sandberg

П

оранешниот извршен директор на Cisco, ЏОН ЧЕМБЕРС бил толку многу инспириран од книгата “Lean In”, што на секој член на управувачкиот тим му подарил по еден примерок. Преку компанискиот имеил им објаснил: “Откако ја прочитав "Leaн In” сфатив дека се додека верувам дека сум релативно отворен и без предрасуди, не сум го изодел до крај патот. Мислам дека секој од вас во оваа книга ќе препознае можности да работи на едно ново повисоко ниво со вработените, клиентите, потрошувачите, партнерите..”.


Рок за пријавување: 9 септември 2016

Дводневна обука:

Kвалитетно научно истражување и методологија за пишување на научни трудови за релевантни списанија (Good Quality Research/Scientific Writing) l 13 и 14 септември 2016 година l 09:00-16:30 часот l Институт Концепт, Скопје Prof. Dr Steve Quarrie на дводневната обука ќе предава за тоа како се спроведуваат квалитетни истражувања и за тоа како се пишува научно истражување. Ќе се разработат факторите и дизајнот на доброто и квалитетно истражување. По пат на вежби ќе се анализираат податоци и ќе се дискутира за тоа што е квалитетен податок и како се контролира квалитетот на податоците.

Вториот ден е посветен на научното пишување, како се развива стратегијата, како да се изберат списанијата и импакт факторите, како да се напише текст којшто е значаен и влијателен и сл. Предавањата се карактеризираат со високо ниво на практична работа и интеракција помеѓу учесниците. Обуката e наменета за лица коишто се занимаваат со научно истражувачка работа. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3216 962 l02 3216 963


www.kapital.mk

Капитал број 878 26.08.2016

50

лидери

Ричард Бренсон иноватор

За да напредувате мора да излезете од својата зона на комфорот

Р

ичард Бренсон е познат британски претприемач и еден од наголемите иноватори во светот. Она што е интересно е што Бренсон бил многу лош студент. Неговиот професор Роберт Драјсон на последниот ден во училиште му рекол дека или ќе заврши во затвор или

Предизвиците се природен дел од животот и бизнисот. Се појавуваат на најмалку очекуваните места. Иако не можете да се подготвите за неочекуваното, можете да научите како да реагирате

Иако лошите ситуации делуваат како пекол за повеќето луѓе, јас научив да ги прифаќам. Добро поднесувам притисок. Тоа ме прави да се чувствувам жив, ме дефинира и ме турка напред

Мојот општ став кон животот е да уживам во секоја минута од животот. Никогаш не правам ништо со чувството “Ох Боже, денес морам да го направам ова

Мојата мајка ме научи на многу важна лекција. Напредокот се случува кога ќе излезете од својата зона на комфорот

ќе стане милионер. Бренсон денес е сопственик на Virgin group, во рамки на која работат повеќе од 400 компании низ светот. Во текстот кој го објави на својот профил на Linkedln, Бренсон на своите следбеници им дава совети кои ги добил уште кога бил млад. Еве некои од нив.

За мене бизнисот не се состои во носење на одела и задоволувања на акционерите. Бизнисот се состои во тоа да бидеш искрен со себеси, на твоите и идеи и да се фокусираш на суштината

Кога себеси си поставуваме предизвици, создаваме основа за ментално, емоционално и физичко зацврстување и растење


878 kapital magazin  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you