734 kapital magazin

Page 29

www.kapital.mk

Капитал број 734 22.11.2013

Анализа

-0,40%

-6,10%

-5,40%

Проценки на НБМ, ММФ, Светска банка

цените на металите паѓаат

oskapo, e poevtino на какаото на светските берзи и недостигот од оваа суровина се заканува да ги зголеми цените на чоколадото и на чоколадните производи во земјава. Цената на какаото го достигна највисокото ниво во оваа година поради стравот од недоволна понуда на светскиот пазар. Само годинава оваа суровина поскапе за 13,4%, а проценките покажуваат дека следната година цената ќе порасне за уште 5%. Во домашните кондиторски фабрики велат дека, како и досега, неповолните движења на суровините на светските берзи гледале да ги амортизираат на нивна штета, а само кога е најнеопходно, преку корекција на цените на финалните производи. „Цената на какаото годинава беше многу нестабилна но дури и да се остварат прогнозите дека растот ќе продолжи и следната година, сепак не зборуваме за драматично поскапување што може да ги промени нашите малопродажни цени. Добро е што во исто време додека какаото поскапува, цената на шеќерот паѓа, нафтата исто така поевтинува и тие како влезни инпути во

производството, всушност ги амортизираат негативните ефекти од поскапувањето на какаото“, вели Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка. Аналитичарите предупредуваат дека недостигот на какао во сезоната 2012-2013 што заврши до септември изнесува околу 200.000 тони. може да достигне 200 илјади тони. Нерамнотежата меѓу понудата и побарувачката е последица на неповолните климатски услови на плантажите за какао во западна Африка. За разлика од цената на какаото, кафето достигна најниска цена во последните три години. Цената на кафето „арабика“ годинава се намали за 29,5%, а „робуста“ поевтини за 17,9% со што падна на минимум од 1.550 долари за тон. Веќе со месеци цената на кафето е во постојано опаѓање поради големата понуда, особено од Бразил, најголемиот производител на кафе во светот, а каде што се очекува голем обем на производство и оваа година. Проценките на Светската банка за догодина се дека цената на кафето „арабика“ ќе порасне за околу 6,5%.

29

Цените на пченицата, какаото, кафето збеснуваат на светските берзи и македонските компании што увезуваат суровини за производство на храна се под притисок да ги зголемат продажните цени. Од друга страна, нафтата, шеќерот, месото, се очекува да поевтинат така што пониските цени на овие суровини може да ги амортизираат негативните ефекти од поскапувањата. Менаџерите засега калкулираат и не најавуваат промени на малопродажните цени. Но, најпогодени од берзанските движења на цените се компаниите од рударската и металската индустрија, бидејќи сите меѓународни финансиски институции прогнозираат дека бакарот, никелот, догодина ќе се продаваат поевтино.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.