Issuu on Google+

COVER STORY: Што ќе донесе јужен тек за Македонија? n Храната на светските берзи поскапува, цените на металите паѓаат n Македонски незавршени екстрадициски приказни n

број 734 цена 100 ден. | 22 ноември, 2013, петок | година 15

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

вО ОвОј БрОј

interview

patrik @iton Bi sakale da vidime stapki na rast od 6% ili 7%! rezidenten pretstavnik na mmF


Капитал Капитал број број 734 672 22.11.2013 12.09.2012

4 сОдРжИНА 4 НАВИГАТОР 06 КапиталНО

БиљаНа ЗдравКОвсКа стОјчевсКа далеку е европа!

08 ПОЗИЦИЈАТА НА КАПИТАЛ 10 НАвИгАТОр 14 cover story

Што ќе донесе јужен тек за Македонија? Уште долго ќе чекаме евтин гас

22 ИНТервЈУ

www.kapital.mk www.kapital.mk

ИздВОјуВАМе Гасот наш насушен

Македонија ќе се поврзе со Јужен Тек тогаш кога пазарот ќе има реална потреба од гас. А тоа нема да се случи се додека цената на гасот во земјава не стане многу пониска во споредба со цената на струјата. За тоа да се случи, пак, треба да почне да се користи многу повеќе гас, за што земјава треба да си ја сработи прво домашната задача. Накратко гасификацијата на Македонија се наоѓа во состојба на „маѓепсан круг“ од кој според експертите излезот ќе треба да се бара со години и децении, а не преку ноќ.

ПатриК ЖитОН резидентен претставник на ММФ Би сакале да видиме стапки на раст од 6% или 7%!

Патрик житон

смело е да се каже дека економската криза конечно заврши но властите сега може да се фокусираат како да се отворат што повеќе работни места и да се обезбеди што поголем економски раст, вели во своето прво интервју новиот резидентен претставник на ММФ во Македонија, Патрик Житон. Иако во последно време доминира впечатокот дека ММФ стана милослив и се помалку ги критикува нашите економски политики, можеби со дипломатски речник, но Житон одговори на сите наши прашања и прилично јасно ги пренесе пораките до власта од ММФ.

XX стр. 14

XX стр. 22

28 АНАЛИЗА

Храната на светските берзи поскапува, цените на металите паѓаат Ќе увезуваме поскапо, а ќе извезуваме поевтино

34 ПОЛИТИКА

Пред македонскогрчкиот спор и Меркел е мала!

40 ПОЛИТИКА

Македонски незавршени екстрадициски приказни Македонија ги пушта да избегаат, соседите ги пуштаат да уживаат во слобода!

44 БАЛКАН БИЗНИс И ПОЛИТИКА

странските инвеститори нема да н$ спасат од калта!

50 executive 56 LifestyLe

ФерКаН БерБери сопственик на ресторанланџ бар венето Ќе бидеме прва македонска ресторанска франшиза што ќе го освојува светот

14

22

Меркел и името

Надежта која се појави со информацијата дека медијаторот Метју Нимиц неочекувано замина за Брисел на средба со најмоќната политичка фигура во еУ, германската канцеларка Ангела Меркел, исчезна со соопштението од германската влада во која Берлин едноставно порачува дека се што треба е соодветна политичка волја кај двете страни. волја одамна нема, а камоли соодветна за да очекуваме дека без поконкретна директна асистенција е можен некаков напредок.

Нов бунар копај...

Дали да се држите до бизнисот со кој сте почнале и најдобро го знаете, или пак да се ширите во други сфери, затоа што имаат поголем потенцијал за раст. ги прашавме експертите за стратешки менаџмент што мислат за тоа. Нема универзален рецепт. Но, со оглед на “величината“ на македонските компании и целата економија, веројатно најдобар рецепт е фокусирање на профитабилни сегменти. По специјализацијата добар додаток е мудрата диверзификација.

XX стр. 34

XX стр. 50

60 МАрКеТИНг

втОра allweb КОНФереНција: Интернет рекламирањето не трпи импровизации

61 сПеЦИЈАЛеН ПрИЛОг КОрПОративНа ОПШтествеНа ОдгОвОрНОст

74 свеТОТ НА вИНОТО ОсНОви На дегУстацијата Љубов на втор поглед

34

50


Капитал број 734 22.11.2013

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Za Makedonija da go postigne evropskiot prosek na vrabotenost, do 2020 godina treba da se otvoraat po 39 iljadi novi rabotni mesta sekoja godina. Ili toa se vkupno 312 iljadi novi rabotni mesta vo slednite osum godini. [to vo praksa bi zna~elo, site koi sega se evidentirani kako nevraboteni da se vrabotat vo slednite osum godini. Ovie brojki poka`uvaat kolku, gledano niz prizma na ekonomijata, Makedonija e blisku do Evropskata unija. Svetlosni godini.

Далеку е Европа! З а Македонија да го постигне европскиот просек на вработеност, до 2020 година треба да се отвораат по 39 илјади нови работни места секоја година. Оваа проценка беше искажана деновиве од експертите на Светската банка.Тоа е за трипати повеќе работни места отколку што во Македонија се отвораа во изминатите шест години. Или тоа се вкупно 312 илјади нови работни места во следните осум години. Што во пракса би значело, сите кои сега се евидентирани како невработени да се вработат во следните осум години. Колку е тоа веројатно? Тоа е рамно на научна фантастика за Македонија. Која повеќе од две децении не може да мрдне од невработеноста од 30%. Овие бројки покажуваат колку, гледано низ призма на економијата, Македонија е блиску до Европската унија. Светлосни години. Ова е многу поразувачка перспектива за Македонија. Но, она што е уште попоразувачки е што на проблемот гледаме од сосема погрешна страна. Што значи дека решението нема скоро ни да го најдеме. Во последно време сите проблеми на Македонија се сведуваат на само еден проблем-проблемот со името. Демек сите проблеми ќе ни се решат кога ќе го решиме името. Или дека проблемот со името ни е единсвената пречка за да напредуваме и да бидеме успешни, па кога тој би го немале би биле совршена земја. За жал, во Македонија е најлесно да се побегне од стварноста со бегство во политиката. Тука може секој да зборува што сака. Вистината е дека и утре да влеземе во Европската унија, тоа нема да ни помогне да го решиме проблемот и дефектот кој го имаме во економијата. Нема да ни помогне да создадеме економија која ќе може да отвара 39 илајди работни места годишно. Може

само да ни помогне појасно да го видиме проблемот и да го наречеме со вистинското име. Што е клучно за да почнеме да бараме решение. Решение на невработеноста не може да биде државата да вработува повеќе луѓе во јавниот сектор. Или на финта да ги брише луѓетокои немаат работа од листата на невработени. А потоа тоа да ни се продава како врвна економска реформа. Решение на проблемот не е државата со пари од буџетот да прави јавни инвестиции со кои статистички ќе го “нашминка” економскиот раст, а од кои ефектот за економијата нема да го види никој друг освен неколку фирми и луѓе. Решение на сиромаштијата не во тоа власта да ја зголеми социјалната помош која ја исплаќа со пари од буџетот. Проблемот не се решава ниту со покачување на пензиите. Тажно е да се гледа како Македонија станува земја во која најзначаен сегмент стануваат пензионерите. Двете најголеми партии се тепаат со мерки и предлози кој повеќе да им угоди на пезионерите. А семејствата кои имаат пензионери да се молат на господ да ги пожиевее подолго, оти пензиите стануваат најизвесни приходи во државата. Невработеноста не е најголем проблем на Македонија. Тоа е само симптом на проблемот. Вистинскиот проблем е нискиот раст на економијата. Слабиот приватен сектор кој не инвестира и не отвара нови работни места. И како што деновиве напиша српскиот министер за економија, кога е очигледно дека економијата е влезена во дупка со жива кал од погрешните политики кои се водат со години назад, треба да престанеме да копаме. Бидејќи решението никогаш не е подолу во дупката. За почеток ќе биде успех ако признаеме дека економските политики кои ги водиме како држава во изминативе десетина, па и дваесет години се


www.kapital.mk

Капитал број 732 08.11.2013

КапиталНО

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

7

...СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ НА МАГАЗИНОТ

www.kapital.mk петок 22/11/2013

календар  29 ноември ЗДРАВЈЕ БИЗНИС СТИЛ  6 декември БРЕНДОВИ  13 декември ЕДИЦИЈА ГАЗЕЛИ КОМПАНИИ КОИ РАСТАТ И ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА  20 декември Невработеноста не е најголем проблем на Македонија. Тоа е само симптом на проблемот. Вистинскиот проблем е нискиот раст на економијата. Слабиот приватен сектор кој не инвестира и не отвара нови работни места. Вистината е дека и утре да влеземе во Европската унија, тоа нема да ни помогне да го решиме овој проблем и дефектот кој го имаме во економијата. Нема да ни помогне да создадеме економија која ќе може да отвара 39 илајди работни места годишно. Може само да ни помогне појасно да го видиме проблемот и да го наречеме со вистинското име. Што е клучно за да почнеме да бараме решение тотално промашување. Не смееме да продолжиме неуспехот во домашните економски политики да го покриваме со засилениот влез на странските инвестиции. Тие не се решение на проблемот со слабиот приватен сектор. Оваа или некоја следна власт ќе мора да отвори вистински дијалог со бизнис заедницата (без да ги дели на наши и ваши бизнисмени) и заедно да ги идентификуваат најголемите ограничувања за работењето на приватниот сектор и нивниот потенцијал да креираат нови работни места. Без никакви фрустрации да се идентификуваат компаниите и секторите

кои имаат потенцијал да го носат економскиот раст, да инвестираат во извозно производство и да отвараат нови работни места. И потоа без никакви комплекси тие компании и сектори да го добијат истиот третман на странските инвестиции. Транспарентно и според однапред пропишани услови и критериуми. За тоа ќе бидат потребни пари. Некои ќе кажат дека Македонија е мала држава и не може да си дозволи таков вид на поддшка на економијата. Но,тоа е далеку од вистината. Македонија има пари. Недостига визија која со доволно искреност и храброст ќе се сподели и реализира.

КРЕДИТИРАЊЕ НА НЕДВИЖНОСТИ  27 декември ЗДРАВЈЕ ДЕЛОВНА 2014 ГОДИНА Повеќе информации во врска со прилозите и комерцијално претставување во истите можете да добиете на телефонскиот број: 02 3298 110 ЛИЦА ЗА КОНТАКТ:

АЛЕКСАНДРА СТОЈМЕНОВА aleksandra.stojmenova@kapital.mk САЊА САВОВСКА sanja.savovska@kapital.mk БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ boban.gjorgjievski@kapital.mk


Капитал број 734 22.11.2013

8

www.kapital.mk

...позицијата на капитал...

37% искористеност на ИПА! Можеше ли подобро?

На земјата и фалат приоритети, квалитетен кадар и политичка волја за користење на ЕУ фондовите. Пасивноста на повеќето општини, компаниите, невладините организации, универзитетите и другите потенцијални корисници не е за оправдување, но главната енергија мора да дојде од државата Верица Јорданова

verica.jordanova@kapital.mk

Е

дно е факт. Моменталната искористеност на европската претпристапна помош (ИПА) за Македонија изнесува 37%! Дали тоа е малку, доволно или незадоволително е прашање на субјективна, а во голема мерка и политичка проценка. Ако навлеземе во собирање проценти ќе се најдеме на многу лизгав терен. Што воопшто значи проценката која во последно време ја даваат повеќе владини министри дека овие 37%, а кои до крајот на годината ќе надминеле и 45% (?!), Македонија е на ниво на земјите од регионот, можеби и подобра?! Што воопшто кажуваат овие бројки? Небулозните споредби со земји од регионот, од кои повеќето го засилуваат патот во ЕУ, не кажува ништо за нивото на нашиот интерен

капацитет и политичка волја да ги користиме европските пари. Не го мери капацитетот на нашата “плуќа“ со европски пари да реализираме што повеќе проекти и да опфатиме многу повеќе субјекти- потенцијални корисници. За официјалните претставници на Европската Комисија во земјава процентот на искористеност на ИПА1 (2007-2013) не е најважниот момент во расправата на тема ЕУ фондови. За нив најалармантен е дефицитот на квалитетни кадри во администрацијата кои ќе можат во иднина да ги спроведуваат постапките за осмислување, аплицирање и реализација на проектите во рамки на ИПА. Не се заборавени во јавноста неколкуте јавни “шамари“ кои ги имаме изедено од Брисел затоа што луѓето од администрацијата кои поминаа бројни обуки и семинари на оваа тема, буквално преку ноќ беа сменети од нивните работни места. Голем дел од нив денеска воопшто и не се во

Не не спасува Јужен тек

администрацијата, која треба да биде ороводецот во користење на европските пари. Досегашните обиди да се изгради силен административен капацитет не дадоа ефекти. Искуствата на земјите кои се подобри од нас, и во кои треба да се угледаме е токму во правец на градење силни, стручно спремни и отворени за соработка институции, клучната карика во системот на користење на европските пари. Во целиот круг влегуваат и општините, компаниите, невладините организации, универзитети... Иако не е оправдување и нивната пасивност во користењето на отворените можности, сепак главната енергија мора да дојде од државата. Посилна политичка волја, поголема транспарентност на процесот, поголемо информирање на потенцијалните корисници се повеќе од потребни пред официјалниот старт на ИПА2, за новата финансиска рамка на ЕУ 2014-2020 да биде многу поуспешна приказна за Македонија!

Потпишувањето на договорот за Јужен тек и вклучување на земјава во една од неговите помошни траси долгорочно ќе и обезбеди на Македонија стабилно снабдување со гас задоволувајќи ги проектираните потреби до 2040 та година. Тука завршуваат бенифитите од овој проект. Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

М

ногумина во Македонија очекуваат дека самиот почеток на изградбата на Јужен Тек ќе донесе масовност на користењето на гасот и за многу пониски цени. Оние кои знаат, веројатно им одговара да не го објаснуваат прашањето до крај и да го остават народот да се надева и да верува. Потпишување на договорот за Јужен тек и вклучување на земјава во една од неговите помошни траси долгорочно ќе и обезбеди на Македонија стабилно снабдување со гас задоволувајќи ги проектираните потреби до 2040 година. Толку и крај. Тука завршуваат бенифитите од овој проект. Без разлика дали гасоводот ќе се заврши 2015 година најавеното или десет години подоцна нам ништо не ни менува бидејќи сам по себе Јужен Тек ниту може да ни ја поевтини цената на гасот ниту да го донесе него до нашите домаќинства. Повторно тоа е

работа која треба сами да ја направиме. Под сами се мисли на содејство помеѓу граѓаните, приватниот сектор и државата. Треба да пројавиме интерес за помасовно користење на овој енергенс за на првичните тендери најавени за месец март да има заинтересирани концесионери кои ќе ја изградат градската мрежа за снабдување со гас. Инаку тендерот е повеќе од сигурно дека ќе пропадне. Клучна домашна задача ќе ни биде да ги завршиме магистралните гасоводи кои ќе обезбедат поевтина, поквалитетна и побрза достава на гас до концесионерите. И да не се залажуваме дека со компресиран гас со цистерни ќе можеме да постигнеме пазарно исплатливи цени. И на крај да се надеваме дека сето ова барем малку ќе допринесе за омасовување на употребата на овој енергенс во нашата земја, што е клучен услов за намалување на набавната цена на истиот. Тоа е клучен услов за Македонија како држава или компанијата концесионер да може да оди во Москва и директно

да се договара за поголема количина по пониски цени. Во меѓувреме можеме само да чекаме додека не се покаже реална потреба за тоа. Значи, Македонија ќе добие приклучок за Јужен тек кога ќе ги надмине можностите на постоечкиот гасовод кој само за илустрација го користиме со едвај 15% од можниот капацитет. Оттука, прашањето не е дали некој не сака или не е способен да ја поврзе Македонија со Јужен тек, туку дали има реална потреба од тоа? Но, како и за секое прашање во Македонија, бегство од стварноста бараме во политиката. Односно, дали Москва тактизира со Јужен тек додека политички не сме се свртеле кон нив?! Веројатно тие исти аналитичари сметаат дека и Германија и цела ЕУ кои користат 50% руски гас се под политичко влијание на Москва? Не сите се под единственото влијание на унифицираните светски пазарни правила каде што Москва гради гасоводи, а Гаспром доставува гас таму каде што има реална побарувачка за тоа!!!


www.kapital.mk

Капитал број 734 22.11.2013

...позицијата на капитал...

9

Ako не е лага, не значи дека не е и манипулација

"Mанипулаторот ти го дава тоа што ти треба, па потоа ти креира закана дека ќе ти го одземе. Секој дилер во светот ја игра истата игра“ - Хариет Б. Брајкер Кога ова ниво на „дијалог“ се спушта помеѓу „обичниот“ човек - губат katerina.sinadinovska@kapital.mk родители, соседи, роднини, пријатели, школски другари... Национализмот не може да биде добар акедонија е под скенер и секое од ниеден аспект. Залудно многу испрани наше движење се проценува од страна на земјите-членки на мозоци ставаат знак еднакво помеѓу него ЕУ“ кажа министерот, Фатмир Бесими и патриотизмот... на неполн месец пред Самитот, на кој Но, национализам кој се раѓа, се храни Македонија според сите релевантни и се негува внатре е можеби неговата информации повторно нема да добие најопасна форма. датум за преговори. Македонскиот национализам (притоа Оваа изјава на Бесими упатува на еден „македонски“ тука е географска прост заклучок – ако е јасно дека сме одредница па се однесува на сите под скенер тогаш зошто ли упорно се национализми кои виреат на овие 25 однесуваме вака? Cекоја година по ред, илјади квадратни метри) е опасен од пред Самитот во декември свесно се внатре.Тешко е да се поверува дека после креира атмосфера на дестабилизација. толку години на вртење на истиот филм, на Или имаме тепачки во Парламентот, народот може да му се пласираат расипани или имаме рушење на верски објекти, тези со кои се поттикнува насилство. Ho, палење на знамиња, навредливи mакедонските граѓани тешко живеат, графити, ќотек по градски автобуси ... тешко патуваат, тешко водат културно – Притоа од сите манипулации, во социјален живот, тешко читаат... оттука земја како Македонија најопасна е таа лесно прифаќаат тези. националистичката. Кога се тепаат во Ним се даде тоа што им треба – Охридски Парламентот губи политичкиот дијалог, договор како спас од распаѓање на културата, демократијата, перспективата државата или гаранција за обезбедување во однос на ЕУ и на НАТО... на нивните права (зависи како гледате на

Катерина Синадиновска

М

него)... Договорот не е лага. Ниту се лага дека црно на бело стои какви се норми тој предвидува. Но, тоа не значи дека тој многу лесно не станува манипулација. За актуализирање на некакви борби за права (небаре правата треба да ги бараат деца со бејзбол палки и ножеви, додека политичарите се занимаваат со големосветска политика), за влевање на страв дека таму некој ни го продава името, ни го уништува наталитетот оти раѓа повеќе од „нас“, ни крои планови за големи држави... Јасно е дека сериозни политичари овие теми нема да дозволат да се отвораат вака! Но, години после 2001-та, вештите манипулатори на политичката сцена му држат „пиштол во глава“ на народот дека тоа во секој момент може да им се одземе. Од „клетите“ Албанци, од „националистите“ Македонци, од „расипаните“ Грци, од „злонамерните“ Бугари, од „лицемерните“ Европејци, од „ултимативните“ Американци... Демек е комплицирано... А всушност играта им е толку проста. Како песна... како бесконечно долга балада... Кој ли само да разбере!?

Се тресеше Центар - се роди Жерновски!

Опозицијата ќе платеше многу повеќе од 10.000 евра (колку што чини ревизијата на „Скопје 2014“ што ја нарача новата власт во Центар), само ако Жерновски можеше да направи нешто со што ќе ги оправда очекувањата дека неговата победа е почеток на крајот на власта на ВМРО-ДПМНЕ Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Л

авовски се бореа, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, и опозицијата, и ги победија во три изборни круга дури и фантомите од Пустец, за да ја преземат општината која како главна сцена на проектот „Скопје 2014“ очекуваа дека ќе биде и поприште на одлучувачката битка за симнување на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Најгласното ветување на Жерновски чие исполнување според планот требаше да доведе до нови опозициски победи, беше ревизијата на „Скопје 2014“, што им беше доверена на искусните антикорупционерски волци, Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, кои оставија впечаток дека лесно ќе ја намирисаат и следат трагата на незаконското работење во Центар во мандатот на Владимир Тодоровиќ до која ги доведоа тврдењата на опозицијата.

Атмосферата на исчекување ја вжештија прелиминарните резултати од ревизијата на „Скопје 2014” за кои Жерновски изјави дека ги докажуваат првичните проценки дека се работело незаконски. Додуша, малку ја спушти топката поканата на ВМРО-ДПМНЕ до новата власт во Центар, доколку има докази да поднесе кривична пријава, на која Жерновски одговори неуверливо - не поднесе пријава, туку извештајот од ревизијата го предаде на Јавното обвинителство, оставајќи ја работата на совеста на институцијата, притоа сугерирајќи дека е „очигледно оти тука има материјал со кој тие треба сериозно да се занимаваат“. Балонот пред големото финале го подиздиша и заклучокот дека првичните проценки се сведоа на „откритија“ за направени процедурални грешки, наместо за криминал. И еве, дојде денот - моментот на вистината, кога Жерновски требаше да докаже дека опозицијата во секоја своја песна рефренот со право му го посветува на криминалот во „Скопје

2014“. Но, што се случи - Жерновски во својот досегашен стил дозволи работите пак да се релативизираат - го одложи финалниот извештај за 28 месецов, и тоа со колебливи најави дека е „уверен оти ангажирањето на комисијата за ревизија не било залудно“. „Слободен печат“ пишува дека Тасева и Малиновски се сомневаат оти 38 милиони евра се спорни, но никаде не се споменуваат докази. Притоа, јасно е дека најголемиот проблем не се 10.000 евра, колку што општината ја плати ревизијата, туку што одново се потврди заклучокот од сумирањето на неговиот досегашен мандат: Се тресеше Центар - се роди Жерновски! За жал на сите оние кои незадоволството од упадот во нивниот урбан простор (со „Скопје 2014“) за кој не се консултирани, го изразија поддржувајќи го Жерновски, него, барем засега, покрај по неуспешната ревизија, ќе го паметиме и по забраната за чување кучиња што лаат, за пружање и сушење алишта на прозорци, тераси, огради...


Капитал број 734 22.11.2013

10 НАВИГАТОР

www.kapital.mk

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

100 милиони евра се очекува да чини гасификацијата на Скопје

АНТОНИО ТАЈАНИ

потпретседател на Европската комисија

победник на неделата

ЗОРАН ЈОлеВсКИ

+

Амбасадорот Зоран Јолевски неделава беше награден со престижната награда „Меѓународен херој“ што ја доделува Светската трговска комора. Наградата на Јолевски му е доделена за активности кои придонесуваат кон развојот на глобалната економска соработка меѓу земјите, односно визионерска работа и иницијатива за натамошно зајакнување на меѓународната кооперативност. Со ова Јолевски се впиша меѓу неколкуте проминентни личности од светската политика кои ја добиле оваа значајна награда и им одржа лекција и на нашата економска дипломатија и на нашите економски промотори. Ова јасно покажува дека и нашата дипломатија со вистински избраници може и тоа како да биде успешна на меѓународно ниво. Истовремено наградата на Јолевски, која зборува за неговата постојана активност и „будност“ за сите случувања на меѓународната политика се наметнува како позитивен пример и пример кој треба да го следат сите останати амбасадори не само во земјава туку и пошироко оти покажа дека да се биде претставник на една земја не значи само промоцијата на земјата од која доаѓа, туку и задача која ги следи светските економски трендови и нуди алтернативни решенија на глобално ниво. Оттука, наградата не е промоција само на самиот Јолевски, туку промоција и на Македонија како земја која не е свртена само кон себе, туку отворена кон глобалните политики и вклучена во светските случувања – нешто што за мала земја како нас е повеќе од потребно.

Еврото е пресилно за европските извозници. Европската централна банка мора да престане да води грижа единствено за финансиската стабилност и да почне да води политики со кои ќе го поттикне економскиот раст и со кои ќе им помогне на извозниците

Capitol Mall ГИ ОТВАРА ВРАТИТе НА 12 деКемВРИ

Н

овиот трговски и резиденцијален комплекс Capitol Mall & Residence, најави официјално отворање на 12 декември, 2013 година. Станува збор за објект со вкупна површина од 33.500м2 кој е лоциран во скопската населба Аеродром. На првите четири катови во објектот ќе биде сместен шопинг центарот со големина од 12.500м2 ,а 6.000м2 се

ммФ И НБм ТВРдАТ деКА КРИЗАТА ЗАВРшуВА

Економијата зема Догодина раст до Растот следната година ќе го движи нето извозот што се очекува да расте поради работењето на неколкуте мултинационални компании што отворија фабрики во македонија, како и јавните инвестиции на државата и зголемувањето на личната потрошувачка. пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

М

енаџерите на компаниите конечно ќе може да здивнат ако се покажат реални оценките на Народната банка и на ММФ дека кризата дефинитивно завршува годинава. Според најновите анализи, македонската економија во 2014 година ќе оствари раст меѓу 3,2% (попесимистичка проценка на ММФ) и 3,7% (ревидираната попозитивна проценка на НБМ). Интересно е што и двете институции објавија согледувања дека идната година дури и еврозоната се очекува да излезе од рецесија остварувајќи раст од околу 1%, така што терминот „должничка криза“ и нејзините ефекти врз домашната економија веќе нема да имаат значење. Тоа значи дека и бизнисмените и креаторите на економските политики

мора да се фокусираат на сопствените можности да создадат силна економија. Како ММФ и НБМ стигнаа до овие проекции? Извештаите на двете институции покажуваат дека растот следната година ќе го движи нето извозот што се очекува да расте поради работењето на неколкуте мултинационални компании што отворија фабрики во Македонија, како и јавните инвестиции на државата и зголемувањето на личната потрошувачка. „Попозитивните оценки сега се темелат на подобрите остварувања во првата половина од годината, но и врз основа на порастот на инвестициите, како странските така и јавните. Позитивно изненадување е и тоа што врз растот почнува да влијае се повеќе и приватната потрошувачка. Овој тренд очекуваме да се засили во следните две години“, изјави гувернерот Димитар Богов. ММФ пак предупредува дека се уште постојат ризици што не треба да се занемарат. „Има знаци на заздравување на


www.kapital.mk

Капитал број 734 22.11.2013

НАВИГАТОР

мисла на неделата

одвоени за резиденцијалниот дел на горните четири катови. „Мисијата на инвеститорот беше да се организираат различни содржини за различни афинитети,кои несомнено ќе му дадат дополнителна вредност не само на шопинг центарот, туку, воопшто, на Аеродром и на Скопје.“велат одговорните во Капитол Мол. Вкупната инвестиција за целиот проект изнесува 30 милиони евра, а планирано е да отвори нови 500 работни места.

Бизнис можностите се како автоБуси - секогаш доаѓа некоја следна

Ричард Бренсон

основач на конгломератот „Вирџин Груп“

лидери

ма залет?! о 3,7%!

Менаџерите на компаниите конечно ќе може да здивнат ако се покажат реални оценките на Народната банка и на ММФ дека кризата дефинитивно завршува годинава. Според најновите анализи, македонската економија во 2014 година ќе оствари раст меѓу 3,2% (попесимистичка проценка на ММФ) и 3,7% (ревидираната попозитивна проценка на НБМ). македонската економија но сепак ризикот околу оваа проекција е голем. Се ќе зависи од темпото на заздравување на европската економија“, истакна шефицата на мисијата на ММФ во Македонија, Ивана Владкова Холар. Меѓутоа, домашните економисти анализираат дека раст од 3% или 4% сепак не е доволен за да може земја во развој да почувствува сериозни позитивни промени кои што во крајна линија ќе го подобрат и животниот стандард на граѓаните. „Невработеноста и сиромаштијата може значително да се намалат само ако земјата континуирано продуцира раст повисок од 6% годишно. Затоа мислам дека мора да се коор��инираат економските политики во насока на рапидно зголемување на извозот и поттикнување на инвестициите. Се додека политичкиот опортунитет е поважен отколку развојот на земјата, ние нема да ги оствариме тие посакувани стапки на раст од 6% или 7%“, смета академикот Абдулменаф Беџети. Еден од последните извештаи на ММФ покажа дека хипотетички дури и да не постоеше европската криза и сите фабрики во Македонија работеа со полн капацитет, проблемот со невработеноста повторно би бил огромен. „Не е проблемот што фабриките немаа работа, туку во тоа што немате доволно фабрики“, им порача директорот во ММФ, Бас Бекер, на властите во Скопје.

11

губитник на неделата

МИТРе ВељАНОсКИ

Пратеникот со извонредниот говор за „губењето на човечноста“ после долго време повторно го направи македонското собрание дом на народот.

ВИКТОР ПОНТА

Романскиот премиер е заслужен што економијата на Романија во третиот квартал на 2013 година забележа раст од 1,6 %, додека економијата на ЕУ од 0.2 %, и на еврозоната од 0,1%.

не им беше неделата

РОб ФОРД

Се соочи со одговорноста што пуши крек, се пијанчи, се заканува со убиства, лаже, пцуе ... а е градоначалник на Торонто

ГОРДАНА јАНКулОВсКА

Министерката отиде против очигледноста што ја потврди и премиерот, дека инцидентите во кои се злоупотребуваат деца индикативно се повторуваат кога се приближува некој важен датум од македонската евро-агенда

_

ДејАН РуНТеВсКИ Ако редовно се следат изјавите на првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски ќе се добие впечаток дека Македонија е најголема оаза на здрав храна, а македонските граѓани најсреќните потрошувачи на свет затоа што јадат најбезбедна храна! Но, ако се види колку извозни пратки ни се враќаат се почесто од други земји заради докажано присуство на недозволено високи количини на пестициди, тогаш реалноста креирана од домашните институции добива сосема друго лице. Вратените корнишони од Хрватска се само последен од низата. Претходно беше грозјето, а пред него укажувањето на Србија дека Русија им вратила јаболка со пестициди, за кои тврди дека се со потекло од Македонија. За сите овие случаи без исклучок дознавме од странските медиуми. Во ниеден момент Агенцијата сама не укажа на проблемите кои за жал стануваат секојдневие пред за нив да се дознае од друго место. Наместо проблемите кои очигледно постојат да го рушат угледот и на останатите производители и целокупниот имиџ на македонската храна, надлежните не уверуваат дека кај нас се е во најдобар ред. Отровни корнишони нема на нашиот пазар! Не е увезено ни млекото со сомнителен квалитет кое деновиве ја бранува јавноста во регионот! Месото со траги од коњско месо кое минатата година беше топ скандал ист така не стигна до нас, а богами не јадеме ни ГМО храна! Па, добро кој уште верува во вакви тврдења?! Зарем не е подобро Рунтевски да се заложи за зајакнување на системот на контрола што влегува и што излегува од земјава, наместо да не уверува во нешто во што никој не верува!


Капитал број 734 22.11.2013

12

www.kapital.mk

НаВиГатОР

ГРафиК На Неделата...

3 фаКти Кти за... К

3,08 64,5% 1,7

0,2 Продуктивност

2012 Кв.1

Кв.2

Кв.3

-1,5

-0,6

Кв.4

2013 Кв.1

Кв.2

-0,4

-0,8 -2,6

извор:Народна банка на Македонија

Што се случува со продуктивноста?

д

одека во последно време министрите од власта се почесто се фалат дека успеале со успешните економски политики да ја намалат невработеноста, никој уста не отвара за продуктивноста во земјава. Веќе пет квартали, или повеќе од една година има негативна вредност. Што покажува дека како економија се многу, многу неефикасни. или со волку потрошена работна сила, произведувале многу малку. Чаре? Можеби откази...

светот низ медиумите... Time

американскиот магазин ја одбележува 50 годишнината од атентатот врз Џон Кенеди во далас. Според анализите државата сеуште нема расчистено со мрачното минато и вмешаноста на тајните служби во срамниот чин. lll

The Economist

дали хај-тек очилата на Гугл се опасност за приватноста на луѓето во светот? Ова прашање се поставува во јавноста уште од нивната појава. Сепак според експертите тие не се повеќе опасни од обичен смартфон. lll

Der Spiegel

Германскиот магазин потсетува дека се навршувата 100 години од раѓањето на Вили Бранд, еден од најголемите западногермански канцелари и според многумина најодговорен за економскиот прогрес на земјата во 60 те и 70 те. lll

Gulf News

дубајското авиошоу ја направи најголемата зделка во историјата. Во првиот ден на отварање на саемот се продадени авиони од марките ербас и Боинг во износ од 200 милијарди долари што е зачудувачка сума со оглед на состојбата во индустријата. lll

www.kapital.mk НАЈЧИТАНО НА WEB...

е покриеноста на извозот со увозот милијарди долари изнесува трговскиот дефицит за деветте месеци годинава

Потрошувачката на производи драстич Двоцифрените стапки на пад во продажбата на храна, пијалоци и други основни производи секој месец од 2013, покажува големо ослабување на куповната моќ на македонските граѓани пишува:

игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Т

рговијата на мало и големо во Македонија континуирано паѓа годинава, и тоа со двоцифрени стапки. Според Државниот завод за статистика, трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември годинава има пад со номинална стапка од 14,5%, и со реална стапка од дури 19,1%. Оваа втората е

всушност волуменскиот индекс, кој што е добиен со дефлатор и се отстранува влијанието на цените, и претставува порелевантен показател на тоа каков е трендот на потрошувачката. Тоа значи дека мерено количински, граѓаните купувале за речиси една петттина помалку основни производи овој септември, во споредба со ланскиот. Трговијата на мало со храна и пијалоци покажува пад и во август, од 20,1%, во јули од 20,4%, во јуни од 19,1%, итн. Трговијата со непрехранбени производи исто така континуирано паѓа, со 6,4%, 7,2%, 6,8%, итн. Споредено со

СтаПКи На ПРОМеНа ВО СеКтОРОт тРГОВија На МалО СО хРаНа, ПијалОци и тутуН -5,0%

по втор пат побегна од 1 Даневски екстрадиција!

-10,0%

2 Турците го шашардисаа Балканот

-15,0%

Mall ги отвара вратите на 12 3 Capitol декември

-20,0%

4 Халк банка го зголемила кредити-

-25,0%

рањето на фирмите за 46,5%

милијарди долари е извозот на Македонија за првите девет месеци во 2013

Јануари

Февруари

Март

Април

Мај

Јуни

Јули

Авгу

Извор: Др


МБИД

2.700 2.500

60 секунди брифинг

www.kapital.mk

2.300 2.100 1.900

прОЦенки... ВаљОн сараќини министер за економија

со косовски фирми заеднички на трети пазари

К

осово е многу значаен економски партнер на Македонија и го зазема второто место во извозот, веднаш после Германија. Трговската размена за првите девет месеци е 208 милиони долари, но има огромен потенцијал таа да се дуплира. Сметам дека е потребно соработката меѓу компаниите да се зајакне и да се направи заедничка стратегија за настап на трети пазари.

на основни ично паѓа!

2010 година како базна, односно со просекот од оваа година, секој месец во 2013 исто така има пад на трговијата на мало со храна и други основни производи. Овие високи стапки на пад на прометот со прехранбени производи, но и непрехранбени и останати производи, покажуваат дека стандардот на населението е прилично влошен. Продолжените ефекти од кризата очигледно се чувствуваат и годинава, а падот на производ ството во металургијата и некои други клучни гранки, отпуштањето работници, намалувањето на платите, најдобро се огледува преку прометот во продавниците. Луѓето имаат с$ помалку пари за трошење и штедат на основните намирници. Тоа е сигнал за домашните производители, од една страна да се позиционираат поцврсто на пазарот супституирајќи ги поскапите брендови од увоз, со оглед дека потрошувачите максимално ќе рационираат со своите пари во вакви услови. Од друга страна и аларм за нив, дека во време кога прометот во продавниците постојано паѓа, мораат уште посилно да се насочат кон извозните пазари.

н 2013/2012

уст

МБИ10

2.900

Септември

ржавен завод за статистика

1.700 06/10

> брОЈка

12/10

05/11

10/11

03/12

09/12

берза

мби 10

39

илјади работни места треба да се отвараат секоја година за да бидеме европски просек

ТОп ВесТи...

3.000 2.800 2.600 2.400 2.200 2.000 МБИ 10 1.800 1.600 1.40010 МБИ

1.591,00

06/10 12/10 05/11 10/11 03/12 09/12 02/13 07/13

МБИ 10 2010/2012 МБИ 10

1.591,00 2010/2012 2010/2012 2010/2012

Max. Min.

2.827,62 1.808,47

Min.

1.808,47

1.591,00 1.591,00 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК

2010/2012 2010/2012 Max. 2.827,62 Max. Прилепска пиварница АД Прилеп Конечно двонеделен раст Min. НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 Min. во1.808,47 на 2010/2012 берзанските индекси

2.827,62 1.808,47

9.290,00 9.290,00 1.591,00 1.591,00 1.591,00 1.591,00 +2.91% 2010/2012 Max. 2.827,62 2010/2012 2.827,62 на2010/2012 растот на цените наMax. Min. 1.808,47 МБИ 10 пиварница АД Прилеп МБИ Прилепска МБИ 1010 земјава. МБИ 10Ваков нагорен тренд

не НАЈГОЛЕМ еДОБИТНИК забележанДОБИТНИК во последниве НАЈГОЛЕМ шест што дава можност+2.91% МБИмесеци 10 Прилепска Прилепска пиварница пиварница АД Прилеп АД 2.827,62 Прилеп Max. да2010/2012 се очекува продолжување

НАЈГОЛЕМ 2010/2012 Min. 1.808,47 2010/2012 1.808,47 2010/2012 2.827,62 1.591,00 хартиите одГУБИТНИК вредност. Min.Max. 9.290,00 9.290,00 2010/2012 Min. 1.808,47 Арчелормитал

НАЈГОЛЕМ 2010/2012 НАЈГОЛЕМГУБИТНИК ДОБИТНИК Max. 2.827,62 +2.91% +2.91% НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК 2010/2012 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Арчелормитал Прилепска пиварница АДMin. Прилеп1.808,47 НАЈГОЛЕМ ДОБИТНИК Прилепска пиварница АД Прилеп Прилепска пиварница АД Прилеп НАЈГОЛЕМ ПрилепскаДОБИТНИК пиварница АД Прилеп -23,08%

30,00

30,00 9.290,00 9.290,00 9.290,00 9.290,00

НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ГУБИТНИК Прилепска пиварница АД Прилеп+2.91% -23,08% Арчелормитал Арчелормитал

9.290,00

+2.91% +2.91% +2.91%

JONES ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ 30,00DOW 30,00 DOW JONES Арчелормитал

НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК Арчелормитал НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

30,00ГУБИТНИК Арчелормитал НАЈГОЛЕМ

+2.91%

-23,08% -23,08%

Арчелормитал Арчелормитал 30,00 30,00 30,00 30,00

-23,08%

DOW JONES DOW JONES 16.000

-23,08%

16.000

-23,08%

15.000 DOW JONES

-23,08% -23,08%

15.000

14.000

14.000

DOW JONES

JONES DOW JONES

13.000

13.000 DOW

DOW DOWJONES JONES 12.000 12.000

16.000

16.000 11.000 11.000 16.000

15.000 14.000

15.000 10.000 10.000 15.000

07.11 07.11

14.000 14.000 16.000

11.11

03.12

07.12

11.12 11.12

03.13 03.13

07.13 07.13

13.000 16.000 13.000 15.000 16.000 16.000 12.000 15.000 14.000 12.000 12.000 15.000 15.000 11.000 14.000 13.000 11.000 11.000 14.000 14.000 10.000 13.000 12.000 07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 13.000 10.000 10.000 13.000 12.000 07.1111.000 11.11 07.11 03.12 11.11 07.12 03.12 11.12 07.12 03.13 11.12 07.13 03.13 12.000 12.000 11.000 10.000 11.000 07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 10.000 11.000 +0.54%

13.000

Вива со првите дизни сокови на балканот

М

акедонската компанија „Вивакс“, чии што продукти се соковите „Вива“, е првата која на Балканот почна да произведува сокови со етикети официјално лиценцирани од глобалната марка „Дизни“. Претпријатието со 20годишно искуство на пазарот создаде четири нови вкусови специјално дизајнирани со дел од цртаните ликови на Дизни и Марвел, со кои што ја таргетира најмладата група потрошувачи. Со производството на овие нови четири сокови „Вива“ станува првата македонска компанија што отпочнува ваков тип официјален аранжман и соработка со „Дизни“и „Марвел“. Преговорите помеѓу претпријатието лоцирано во Скопје и корпорацијата сместена во Бурбенк, Калифорнија, траеле повеќе од девет месеци. По нивното завршување соковите се најдоа на полиците во продавниците во земјава, но и во регионот, во Црна Гора, Косово и во Албанија.

15.961,00 15.961,00 07.11

10.000 10.000

11.11

07.11

03.12

11.11

07.12

03.12

11.12

03.13 +0.54%

07.12

11.12

07.13

07.13

03.13

07.13

07.11 11.11 03.12 07.12 11.12 03.13 07.13 Берзанските индекси во САД ДРУГИ ПАЗАРИ не знаат за доста. За само 15.961,00 ДРУГИ ПАЗАРИ месец дена растот на Дау FTSE 100 6.721,00 +0.54%+0.41% Џонс индексот на Њујоршката FTSE 100 во преку 5% 6.721,00 +0.41% Nikkei225 15.164,00 -0.01% се мери од Nikkei225 15.164,00 -0.01% вредноста што е шлаг на скоро +0.42% S&P 500 1.798,00 15.961,00 15.961,00 ДРУГИ +0.54% +0.33% +0.54% S&P 500 ПАЗАРИ континуиран 1.798,00 +0.42% двогодишниот Nasdaq 3.985,00 +0.54% +0.54% нагорен тренд. Nasdaq 3.985,00 +0.33% DAX 9.226,00 +0.63% FTSE 100 6.721,00 +0.41%

15.961,00 15.961,00

15.961,00 15.961,0015.164,00 1.241,00 9.226,00

TOPIX DAX Nikkei225

+0.21% +0.63% -0.01%

+0.54% +0.54% +0.21% +0.42% други пазари Nasdaq 3.985,00 +0.33%

TOPIX ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ 1.241,00 S&P 500 1.798,00 ДРУГИ ПАЗАРИ ДРУГИ ПАЗАРИ

ВАЛУТИ FTSE 100FTSE FTSE 6.721,00 +0.41% DAX 9.226,00 +0.63% FTSE 100100 6.721,00 6.721,00 +0.41% +0.41% 100 6.721,00 +0.41% ДРУГИ ПАЗАРИ TOPIX 1.241,00 +0.21% Nikkei225 15.164,00 -0.01% -0.01% ДРУГИ ПАЗАРИ Nikkei225Nikkei225 Nikkei225 15.164,00 15.164,00 -0.01% 15.164,00 -0.01% ВАЛУТИ S&P 500500 1.798,00 +0.42% +0.42% евро долар 500 1.798,00 +0.42% Фунта евро 1.798,00 S&P 500 S&P S&P 1.798,00 +0.42% FTSE 100 6.721,00 +0.41% FTSE 100 6.721,00 +0.41% Nasdaq 3.985,00 +0.33% 3.985,00 +0.33% Nasdaq Nasdaq Nasdaq 3.985,00 +0.33% +0.33% Nikkei225 15.164,00 -0.01% евро долар СТАПКА СТАПКА Фунта евро 3.985,00 ВАЛУТИ DAX 9.226,00 +0.63% Nikkei225 15.164,00 -0.01% DAX 9.226,00 +0.63% DAX DAX 9.226,00 9.226,00 +0.63% +0.63% S&P 500 1.798,00 +0.42% TOPIX 1.241,00 +0.21% S&P 500 1.798,00 1.3517 1.6113 СТАПКА TOPIX 1.241,00 СТАПКА +0.21%+0.42% Nasdaq +0.33% TOPIX ПРОМЕНА TOPIXевро 1.241,003.985,00 1.241,00 +0.21% +0.21% евро долар Фунта Nasdaq 3.985,00 +0.33% ПРОМЕНА

1.6113

ВАЛУТИ

DAX СТАПКА DAX -0.03% ВАЛУТИ TOPIX ПРОМЕНА ВАЛУТИ TOPIX 1.6113

ВаЛуТи ВАЛУТИ -0.03% ПРОМЕНА Фунта евро

£ €

Фунта евро -0.03% ФЈУЧЕРСИ ВАЛУТИ

Фунта евро Фунта евро СТАПКА СТАПКА ВАЛУТИ

СТАПКА

1.6113

+0.02% евро долар

ПРОМЕНА

$ € 1.3517 евро+0.02% долар

евро долар евро долар СТАПКА СТАПКА

ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Фунта СТАПКА евро 1.6113 ПРОМЕНА ФЈУЧЕРСИевро Фунта

евро долар СТАПКА СТАПКА ПРОМЕНА

-0.03% ЗЛАТО ПРОМЕНА 1.6113

ПРОМЕНА

ПРОМЕНА СТАПКА 1.6113 1.6113 -0.03% ЗЛАТО СТАПКА 1.278,00

ПРОМЕНА

1.3517

9.226,00 +0.63% СТАПКА 9.226,00 +0.63% +0.02%+0.21% 1.241,00 ПРОМЕНА 1.241,00 1.3517+0.21%

1.6113 -0.03% ФЈУЧЕРСИ Нафта Брент -0.03% ЗЛАТО

ПРОМЕНА -0.03%1.278,00 -0.03% ФЈУЧЕРСИ ПРОМЕНА 1.278,00

1.3517 евро долар

1.3517 1.3517 +0.02% СТАПКА

ПРОМЕНА СТАПКА

+0.02% ПРОМЕНА 1.3517

-0.69%

+0.02% -0.69% -0.69%+0.02%

107,91 фЈуЧерси

ФЈУЧЕРСИ ФЈУЧЕРСИ ЗЛАТО Нафта Брент Нафта Брент

ФЈУЧЕРСИ 1.278,00 ФЈУЧЕРСИ 107,91

-0.54%

107,91 ЗЛАТО 1.278,00 ЗЛАТО зЛаТО

-0.69% -0.54%

ЗЛАТО ЗЛАТОБрент Нафта

1.278,00 1.278,00 1.278,00 Нафта Брент 107,91

1.278,00

-0.69% -0.54%

-0.69% -0.69% -0.69%

107,91 Нафта Нафта Брент НафтаБрент Брент нафТа Нафта БрентбренТ 107,91 107,91 107,91

107,91

1.3517

ПРОМЕНА +0.02% +0.02% ПРОМЕНА

-0.54% -0.69%

-0.54%

-0.54% -0.54% -0.54% -0.54%

пОдаТОЦиТе се Од ден 19.11.2013 дО 15ч.

3.300 3.100 2.900 2.700 2.500 2.300 2.100 1.900 1.700 07/10 10/10 02


Капитал број 734 22.11.2013

www.kapital.mk

14 Cover story: Што ќе донесе Јужен теК за МаК

U[te dolgo ]e ^ekame evtin gas Македонија ќе се поврзе со Јужен Тек тогаш кога пазарот ќе има реална потреба од гас. А тоа нема да се случи се додека цената на гасот во земјава не стане многу пониска во споредба со цената на струјата. За тоа да се случи, пак, треба да почне да се користи многу повеќе гас. Накратко гасификацијата на Македонија се наоѓа во состојба на „маѓепсан круг“ од кој според експертите излезот ќе треба да се бара со години и децении, а не преку ноќ.


www.kapital.mk

КедониЈа? едониЈа? едони

40%

во моментов цената на приреодпониниотска во Македонија во одно гас течните горива с на

Капитал број 733 734 15.11.2013 22.11.2013

881km цевки се потребни за се направи основниода гасоводен систем т во земјава

15

350

милиони евра се потр ебни за целосна реал изација на магистралниот гас систем во Македоовниодјаен

130

години се проценува ќе траат моменталнидека светски резерви нате природен гас

пишува

И

дејан азески

dejan.azeski@kapital.mk

нформациите дека Србија стартува со изградба на нивниот дел од гасоводот Јужен тек, и кај нас ги подгреа страстите и надежите дека можеби ова е почеток на крајот и на македонската агонија со гасот. Оти во јавноста веќе владее мислењето дека поврзувањето со Јужен тек веднаш ќе донесе масовно користење на овој енергенс и од компаниите и од граѓаните, ќе ги намали цените на гасот и ќе го направи животот и производството во Македонија многу поевтини. Но, оние кои малку подобро ја познаваат оваа проблематика знаат дека состојбите во Македонија, кога станува збор за гасификацијата, се многу покомплицирани. Според нив, Македонија нема да се поврзе со Јужен Тек се додека на пазарот не постои реална потреба од тоа. А пазарот нема да има реална потреба од тоа се додека цената на гасот во земјава не стане многу поевтина отколку онаа на струјата. Според експертите кои ги консултираше Капитал, тоа нема да се случи додека во Македонија не почне да се користи многу повеќе гас. Накратко, гасификацијата во земјава се наоѓа во состојба на „маѓепсан круг“, од кој според експертите излезот ќе треба да се бара со години, а не преку ноќ како што тоа се мисли во јавноста.

Јужен тек не значи и масовна и поевтина употреба на гасот

Македонија во јули годинава го потпиша договорот со Руската Федерација со кој официјално стана дел од проектот Јужен Поток. Според овој договор предвидено е зголемување на капацитетите за годишен увоз на гас од сегашните 800 илјади кубни метри на 2,5-3 милијарди кубни метри, што треба да ги задоволи потребите на земјава за овој енергенс долгорочно до 2040 година. Сепак, работите на теренот се многу покомплицирани. Македонија во моментов искористува помалку од 20% од постоечкиот гасовод кон Бугарија. Максималната количина гас која ја увезла земјава во последниве пет години е 170 илјади кубри метри годишно, а во некои години оваа количина била и под 100 илјади кубни метри. Поради ваквата состојба, експертската јавност е крајно скептична дека


Капитал број 733 15.11.2013

16 Cover story: Што ќе донесе Јужен тек за Мак Никола Груевски

Константин Димитров

еодамнешната посета на претседателот на „Гаспром“ на Македонија, ја потврди намерата на најголемиот гигант за производство на гас во Европа, дека не само договорот, туку веднаш ќе се пристапи кон следните чекори и дека за 4-5 месеци треба да се изработи проектот за кракот од Јужен поток кон Македонија.

ајмалку во наредните пет години нема да се реализира проектот за поврзување со Јужен Тек, не бидејќи не може да се изведе, туку зошто нема потреба. Со мала промена на компресорот на постоечкиот гасовод од Бугарија од 800 милиони капацитет ќе се крене на милијарда и 200 и тогаш ќе биде тоа доволно за наредните пет години како што оди моменталната динамика.

премиер

Н

поврзувањето со Јужен тек ќе значи поголема масовност на користењето на гасот во Македонија и намалување на неговата цена. Според нив, под знак прашалник е дали во следните неколку години Македонија воопшто и ќе се поврзе со Јужен тек. Енергетичарот Константин Димитров, професор на Машински факултет смета дека во наредните пет години нема да се реализира проектот за поврзување на Македонија со Јужен Тек, не бидејќи не може да се изведе, туку зошто нема потреба. „Со мала промена на компресорот на постоечкиот гасовод од Бугарија од 800 милиони капацитет ќе се крене на милијарда и 200, и тогаш ќе биде тоа доволно за наредните пет години како што оди моменталната динамика“, смета Димитров. Според него, доколку дојде до значајна разлика во цената на гасот и струјата ќе има и значаен интерес. Ако нема интерес, ќе нема ниту гасификација. „За жал,излезот од овој магичен круг може да се гледа во поскапувањето на цената на електричната енергија, што ќе го зголеми интересот за гасот кој ќе биде потребно да се купува во поголеми количини, што ќе значи дека ќе го добиваме по пониска цена“, заклучува Димитров. Генералниот директор на Топлификација, Димитар Хаџимишев и покрај овие факти ��ели дека во секој случај добро е да се поврземе на Јужен Тек за да имаме гас од два извори, бидејќи според него украинскиот гас кој го добиваме во моментов преку Бугарија не може да претставува стратешка и долгорочна гаранција за Македонија. „Во никој случај не треба да се плашиме дека Русија ќе се откаже од Јужен Тек тоа е нивни стратешки проект за втор крак кон Европа и тоа сигурно ќе се реализира.. Официјално првиот гас по Јужен Тек треба да протече во 2015 година и тука нема да има промени. Останува на нас да си ја завршиме домашната работа за да обезбедиме услови за што побрзо приклучување кон овој гасовод“, вели Хаџимишев. Според Хаџимишев за Македонија не игра голема улога дали ќе се поврзе со Јужен тек преку Бугарија или Србија. „Поврзување од Бугарија е поевтино и веројатно ќе оди или преку Петрич или преку Деве Баир. Поврзувањето преку Србија ќе се исплаќа ако тука е вклучено и Косово“, вели тој.

енергетичар

Н

Дали Јужен тек е геополитички или бизнис проект ?

П

окрај реалните економски продобивки од Јужен тек, ова е веројатно второто најинтересно прашање за за добар дел од македонската јавност. Тезата е дека „земјава склучила многу повеќе од економски договор за заедничка инфраструктура и дека изградбата на Јужен тек ќе значи и официјален почеток на геополитичкото вртење на Македонија кон Исток, како алтернатива на блокираните евроинтегративните процеси. Но, оваа теорија остро ја демантира професорот по меѓународни односи Стево Пендаровски. Според него, не треба да стравуваме дека ќе влеземе во мрежата на политичко влијание на Москва и треба да се по посветиме на што побрзо приклучување кон овој гасовод. „Станува збор за застарена теза. Не само Македонија, туку цела Европа е зависна од природниот гас кој 40% или 50% води потекло од Русија. Едноставно овој економски договор нема да има никакви влијанија врз правецот на надворешната политика на Македонија. Помина времето кога гасоводите се условуваа со политички сојузи и воени бази. На Русија денеска и е важно само да прави профит од гасот. Русија нема никаква намера политички да го контролира Балканот ,туку да прави пари. Едноставно нема вртење на Исток, бидејќи каде и да се свртиш секаде е капитализам“, вели Пендаровски. На нашето прашање за српската позиција во целиот случај која навистина делува политички условена, Пендаровски смета дека станува збор за единствен исклучок условен од други повисоки интереси. „Со Србија прашањето сепак е поинакво. Таму самата држава побара менторство од Русија, но единствено по прашањето за Косово. Поради тоа им дадоа одредени бенефити на руските компании, надевајќи се дека тие ќе излобираат поддршка од Москва за најгорчливото прашање. Значи, ако немаа такво отворено прашање немаше ниту тие да се вртат кон Русија. Ова не е 1948 година, нема ниту идеологија, ниту повисоки интереси.. Се е само бизнис“, дециден е Пендаровски. Неговото тврдење го дополнува и генералниот директор на Македонски енергетски ресурси(МЕР), Крсте Миладинов. Според него, не се точни тврдењата дека приклучувањето на нашата држава кон мегапроектот Јужен тек е само зацврстување на монопол на Гаспром на овие простори. „Напротив зголеменото присуство на природниот гас ќе овозможи дополнителна конкуренцијата на енергенси во државата, неопходна во овие моменти. Со тоа и граѓаните и индустријата ќе имаат можност за избор. И секако ќе го избираат тоа што им е најевтино. Тоа го потврдија и многу европски држави кои во моментов и тоа како ги зголемуваат преносните капацитети од руските гасни извори“, вели Миладинов.


www.kapital.mk

Капитал број 734 22.11.2013

кедонија?

17

Димитар Хаџимишев

Мирче Чекреџи

о никој случај не треба да се плашиме дека Русија ќе се откаже од Јужен Тек. Тоа е нивни стратешки проект за втор крак кон Европа и тоа сигурно ќе се реализира. Официјално првиот гас по Јужен Тек треба да протече во 2015 година и тука нема да има промени. Останува на нас да си ја завршиме домашната работа за да обезбедиме услови за што побрзо приклучување кон овој гасовод.

реба на сите да ни е јасно и како граѓани и како компании дека цената на гасот ќе падне кога ќе почнеме да увезуваме поголеми количини. Јас лично очекувам дека ќе се создаде интерес и култура за користење на гасот и тој ќе биде се подостапен како што е случај во Западна Европа.

Топлификација

В

1.136 300-450

Сојуз на Стопански Комори

Т

Либерализација на пазарот на гас отвара врата за нови бизниси

Минатата недела во Стопанската комора на Македонија е милиони кубни метри е планирано да троши завршена јавната расправа на Македонија гас годишно до 2040 година тема либерализација на пазарот на гас, со што и официјално е започнат овој процес. Во моментов во тек е изработка на физибилити студиите за гасификацијата од страна на милиони кубни метри гас би трошел ТЕЦ Неготино Топлификација. доколку се поврзе на гасоводниот систем Од таму информираат дека студијата за Скопје е скоро готова, а останатите студии за Според официјалните податоци, со другите градови ќе бидат завршени целосно искористување на капацитетите до месец март. После тоа може да на когенеративните термоцентрали се премине со давање под концесија ТЕ-ТО и КОГЕЛ потрошувачката ќе се на одредени приватни компании зголеми за 350 милиони кубни метри за изградба на мрежата. Најбрза годишно, што е отприлика половина од варијанта во која домаќинствата во моменталниот капацитет на гасоводите.

земјава ќе добијат пристап до гас е 1,5 до 2 години. Неофицијално студиите на Топлификација покажуваат гасификацијата на Скопје ќе чини 100 милиони евра, а се очекува заштеда на енергија за греење на главниот град поголема од 20%. Сепак, на јавноста не и е јасно како ќе се спроведува гасификацијата во градовите од Западна и централна Македонија каде завршувањето на магистралните гасоводи нема да биде завршена пред 2020 година. За целосна реализација на магистралниот гасоводен систем во Македонија потребни се 320 милиони евра, со кои би се изградиле околу 881 километар магистрална гасоводна мрежа. „Засега на почетоков се предвидени виртуелни снабдувања со компресиран гас со помош на цистерни. На таков начин ќе може да се пренесува гас


Капитал број 734 22.11.2013

www.kapital.mk

18 Cover story СавКа Димитрова

Стево ПенДаровСКи

ко не дојде до некои поголеми турбуленции на цените ние никогаш не би се вратиле на користењето мазут. Употребата на гасот е многу поедноставна и Финансискиот бенифит е многу поголем во однос на струјата. Од друга страна, инвестицијата за компаниите е минимална и за неколку месеци се враќа.

дноставно овој економски договор нема да има никакви влијанија врз правецот на надворешната политика на Македонија. Помина времето кога гасоводите се условуваа со политички сојузи и воени бази. На Русија денеска и е важно само да прави профит од гасот. Русија нема никаква намера политички да го контролира Балканот, туку да прави пари. Едноставно нема вртење на Исток бидејќи нема Исток, каде и да се свртиш секаде е капитализам.

генерален директор на Европа

А

експерт за меѓународни односи

Е

резерви на гас3 во Резерви на гас милијарди м3 Цената на гасот на глобално ниво ќе оди надолу милијарди мво Резерви на гас во милијарди м3 Русија Резерви на гас Русија Иран Иран Русија Казакстан Казакстан Иран Узбекистан Узбекистан Казакстан Туркмекистан Туркмекистан Узбекистан Азербејџан Азербејџан Туркмекистан Ирак Ирак Азербејџан Саудиска Арабија Саудиска Арабија Ирак Египет Египет Саудиска Арабија

47.650

Египет Увезена количина во m3 Увезена количина во m3 2009 Увезена количина во m3 2009 2010 2010 2009 2011 2011 2010 2012 2012 2011

28.130 28.130 47.650 3.000 3.000 28.130 1.870 1.870 3.000 2.860 2.860 1.870 1.350 1.350 2.860 3.170 3.170 1.350 7.154 7.154 3.170 1.950 1.950 7.154 1.950

Увезенаколичинаво м3 79.763 79.763 118.397 118.397 79.763 136.671 136.671 118.397 141.557 141.557 136.671

2012потрошувачка во милијарди 141.557 Годишна м3 Годишна потрошувачка во милијарди м3 Ранг Земја Ранг Земја Годишна м3 689,00 1 САДпотрошувачка во милијарди 3 САД 689,00 1 Ранг Русија 460,00 2 Земја Русија 460,00 2 САД 689,00 1 ЕУ 459,00 3 ЕУ 459,00 3 Русија 460,00 2 17,00 37 Романија Романија 17,00 37 ЕУ 459,00 3 Грција 4,00 61 Грција 4,00 61 17,00 Романија 37 Бугарија 3,50 65 Бугарија 3,50 65 Грција 4,00 61 3,30 68 Хрватска Хрватска 3,30 68 Бугарија 3,50 65 2,50 72 Србија Србија 2,50 72 3,30 Хрватска 68 Словенија 1,10 86 Словенија 1,10 86 Србија 2,50 72 0,40 92 Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 0,40 92 Словенија 1,10 86 Македонија 0,10 100 Македонија 0,10 100 Босна и Херцеговина 0,40 92 Албанија 0,03 103 Албанија 0,03 103 0,10 100 Македонија

Годишна потрошувачка во милијарди м

103 Албанија

В

о моментов светските резерви на гас се проценуваат на повеќе од 100 милијарди кубни метри кои со проектираната растечка потрошувачка на овој енергенс во наредниот период се доволни за 130 години користење. Според многумина аналитичари, ваквите факти покажуваат дека цената на овој енергенс во светски рамки ќе оди надолу, барем во наредните половина век, обратно пропорционално од цената на нафтата и електричната енергија. „Анализата на резервите (понудата) и потрошувачката на природниот гас за наредните 20-30 години, како и глобалните движења и предвидувања покажуваат дека цените на енергенсите, кои сега се присутни на пазарот на енергија, како струјата, нафтата, јагленот и сл., со намалување на резервите и поскапиот пристап до нови наоѓалишта во наредниот период ќе имаат тенденција на глобално покачување“. Според него, со реализација на обемната програма за гасификација на Македонија се очекува зголемување на потрошувачката на природен гас. „Тоа неминовно ќе донесе и намалување на цената на природниот гас и во нашата држава. Од друга страна, во Русија и некои држави од Азија и Африка има наоѓалишта на природен гас со потврдени количества од преку 120 илјади милијарди метра кубни, резерви кои може да ги покријат потребите на Европа за повеќе од наредните 100 години. Исто така, во оваа трка има најави за вклучување и на САД со природен гас произведен од шкрилци, со технологија за производство за која се неприкосновени“. Миладинов најавува дека во наредните децении ќе се создаде голема конкуренција на пазарот на природен гас и е логично да се очекува дека цената нема да ги прати ценовните шокови на другите енергенси.

во милијарди м3 47.650

0,03

3

милијарди кубни метр и годишен капаците за увоз на гас треба да добие тМа кедонија со поврзување на Јуже н тек

350

милиони кубни метр годишно изнесуваати потребите на гас ните централи Те-То и КОГЕ во моментов не се ак Л кои тивни

насекаде во земјава. Не треба да не загрижува цената на транспортот, бидејќи таа е скоро исто и на компресираниот и на гасот превезен со нафтовод“, објаснува Хаџимишев. Изградбата на магистралната гасоводна мрежа е уште еден голем бизнис поврзан со гасификацијата на земјата. Но, останува да видиме кои компании ќе бидат заинтересирани да вложат

100

милиони кубни метр троши Македонија вои моментов

на пример 100 милиони евра за гасификација на Скопје. Професорот Константин Димитров смета дека најавените тендери во март ако не се однапред договорени со некого нема да успеат. Според него, не е проблемот во немање тендери, туку во немањето економска исплатливост за евентуалните инвеститори. „Цената на гасот е еднаква на цената


Капитал број 734 22.11.2013

www.kapital.mk

20 Cover story Крсте Миладинов

Зорица МешКова

ниКола БитраК

екоја држава што има извори на гас сака со што поскора градба на нови гасоводи да има привилегија да го продаде природниот гас по актуелни цени, бидејќи се свесни дека во однос на другите енергенси само ќе паѓа во иднина.

Р

о гасот ќе се намали потрошувачката на електрична енергија за резиденцијалниот сектор а со тоа ќе се зголеми количината од „слободна“ електрична енергија во еден либерализиран пазар а кој веќе се имплементира. Тоа логично ќе значи и можно поефтинување на цената на електрична енергија.

Македонски енергетски ресурси

С

Стопанска комора на Македонија

азвојот на гасоводната инфраструктура ќе има позитивно влијание на голем број стопански сектори кои ќе бидат вклучени во неговата изградба.

на евтината струја. И не гледам зошто некој би вложил 1.500 евра за да ја добие истата цена. Користењето на гасот едноставно треба да стане култура на живеење. Бидејќи треба да се прави цела нова инсталација. Да се купат нови шпорети, нови греалки.. . Во моментов гасот ќе се исплаќа во индивидуалните куќи кои се греат на течно гориво. Во тој случај цената на гасот е во моментов 40% пониска од цената на течните горива“, предвидува Димитров. Според проценките на МАНУ, користењето на природниот гас во домаќинствата во 2020 година ќе достигне количества еднакви на 354 гигавати струја, доколку гасот го користат 25.000 домаќинства. Од Министерството за економија информираат дека врз основа на Физибилити студија за гасоводен систем на Република Македонија со идејни проекти изработена од страна на Меѓународен конзорциум во 2010 година, предвидено е изградбата на преносната мрежа за природен гас на државата да заврши во 2028 година. Иако засега официјално никој не пројавил интерес за добивање на концесија за снабдување со природен гас, се шпекулира дека еден од главните играчи на пазарот во претстојниот период ќе биде австриската компанија ЕВН, која е сопственик и на македонската електродистрибутивна мрежа. Според познавачи на состојбите кои ги консултиравме ЕВН на глобално корпорациско ниво е голем трговец со гас и многу е веројатно кога тоа законски ќе биде дозволено, бизнисот да го прошири и во Македонија“. Од друга страна, во јавноста подолго време провејува тезата дека изградбата на Јужен тек неминовно ќе е условена со влез на големи руски компании кои ќе стопанисуваат со трговијата на македонскиот либерализиран пазар на гас.

Кој ќе биде ефектот за компаниите?

Кај компаниите во Македонија има

директор на претставништво AF Consult Скопје

С

Како ќе изгледа гасоводната мрежа во Македонија?

В

купниот капацитет на магистралниот гасовод во земјава би изнесувал околу 2,5 милијарди нормален кубен метар природен гас, од кои 500 милиони ќе бидат транзитирани за Косово. Студијата за развој на магистрален гасоводен систем во Република Македонија предвидува два приоритетни правци за развој на магистралниот гасовод. Првиот се протега од Клечовце - Штип - Неготино - ТЕЦ Неготино со должина од 96 километри, додека вториот правец почнува од Скопје - Тетово - Гостивар во должина од 75 километри, со можност за продолжување до Кичево со должина од 39 километри. За реализација на овие два правци потребни се околу 100 милиони евра, а за реализација на првиот приоритетен магистрален гасовод финансиите ќе се обезбедат од клириншкиот долг со Руската Федерација, во износ од 60 милиони долари, а околу 15 милиони од буџетот. Финансиите за реализација на вториот приоритетен магистрален правец ќе се обезбедат од кредити од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.

100

Во моментов неколку интерес за користење компании веќе користат на гас, а инвестицијата природен гас како за пренамена на носечки енергенс во производните погони милиони евра се очек да чини гасификација ува производството. се враќа за помалку та на Скопје која треба да Савка Димитрова од година дена. ја на ма ли потрошувачката на ен генерален директор Поради ова, логично ер ги загревање за 20% ја за на Европа е една е да се очекува дека од компаниите кои интензивирањето на го користи гасот во процесот на гасификација производството. Таа треба да го направи вели дека се огромни македонското стопанство предностите на гасот ценовно поконкурентно поради ниските во однос на мазутот и другите горива инпути, а државава попривлечна за како од финансиски, така од практичен странските инвестиции. аспект. Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански „Ако не дојде до некои поголеми комори вели дека стопанството од турбуленции на цените ние никогаш гасификацијата очекува долгорочно не би се вратиле на користењето решавање на енергетските проблеми мазут. Употребата на гасот е многу на Македонија, што ќе значи и поевтини поедноставна,а финансискиот бенифит инпути. Според него, станува збор е поголем во однос на струјата. Од друга за процес кој треба заеднички да го страна, инвестицијата за компаниите спроведуваат државата и стопанството е минимална и се враќа за неколку за да има успех. „Треба на сите да ни е јасно, и како месеци. Компаниите и сега пројавуваат граѓани и како компании, дека цената интерес, но проблемот е скапата на гасот ќе падне кога ќе почнеме да инфраструктура која треба да ја направи увезуваме поголеми количини. Јас лично државата. Ние долги години имаме очекувам дека ќе се создаде интерес и користено и компресиран гас и тоа беше култура за користење на гасот, како што е поисплатливо отколку нафтата“, вели случај во Западна Европа“, вели Чекреџи. Димитрова.


Капитал број 734 22.11.2013

22

www.kapital.mk

Интервју

Patrik @iton резИдентен претставнИК на ММФ

Bi sakale da vidime staPki na rast od 6% ili 7%!


www.kapital.mk

Капитал број 734 22.11.2013

Интервју

23

За економија во развој како што е македонската, нивото на капитални расходи од околу 4% од БДП, како што е забележано во текот на изминатите години, генерално се смета за ниско. Со ограничениот фискален простор, владата ќе треба да ја зајакне ефикасноста и ефективноста на својата јавната потрошувачка за да се постигнат владините приоритети и да го зголеми повратот од нејзината амбициозна програма за јавни инвестиции. Она што е важно е да постои можност да се измери ефективноста од трошоците за јавната потрошувачка. пишува:

Александар јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

Ивана Кузмановска

С

ivana.kuzmanovska@kapital.mk

мело е да се каже дека економската криза конечно заврши но властите сега може да се фокусираат како да се отворат што повеќе работни места и да се обезбеди што поголем економски раст, вели во своето прво интервју новиот резидентен претставник на ММФ во Македонија, Патрик Житон. Со Житон се сретнавме во канцеларијата на ММФ во Скопје. Иако во последно време доминира впечатокот дека ММФ стана милослив и се помалку ги критикува нашите економски политики, можеби со дипломатски речник, но Житон одговори на сите наши прашања и прилично јасно ги пренесе пораките до власта од ММФ. Тој во ова интервју зборува и за перспективите и најголемите предизвици на нашата економија во следните период, за вработувањата во јавната администрација но и ниското ниво на инвестиции на државата во изградба на инфраструктурата, како клучен предуслов за економски раст од 6% или 7% колку што посакува ММФ. XX Г-не Житон, штотуку заврши мисијата на ММФ во земјава со позитивни пораки дека економијата зема залет. Дали можете да кажете дека кризата конечно завршува? Мислам дека би било ризично да се тврди дека кризата е завршена. Но, точно е дека економскиот раст се зацврстува од почетокот на оваа година. Растот е над 3% во првата половина од годината што е многу позитивно. Ова беше поддржано од знаците на постепеното закрепнување во земјите на ЕУ и позитивниот придонес од странските мултинационални компании во извозот и вработувањето, како и од домашните јавни инвестиции. Ние ја зголемивме нашата прогноза за раст за оваа година на околу 2,5%. Секогаш постои маргина на несигурност околу овие проекции, но дефинитивно има тренд на подобрување. Гледајќи нанапред, ние се надеваме дека ќе видиме свртување кон поголем

придонес од приватниот сектор, што ќе резултира во поизбалансиран раст и повеќе работни места. XX Што ќе значи за сите граѓани доколку се остварат вашите проценки за раст на економијата годинава од 2,5% и следната година од 3,2%? Нашите сегашни проекции за растот во 2013 и 2014 година значат дека земјата излезе од рецесија и сега е позиционирана да остварува корист од постепеното закрепнување во Западна Европа. Економскиот раст и вработувањето треба да бидат на врвот на агендата во Македонија и пошироко во регионот, бидејќи креаторите на политиките сега можат постепено да се одалечуваат од состојба на управувањето со кризи. Побрз, повисок, посилен потенцијал за раст на економиите во регионот е токму темата на нашата неодамнешна презентација за Регионалните економски прашања, која беше одржана во Скопје минатиот месец. Целта на ваквиот раст е од сè повеќе клучно значење за Македонија, бидејќи за време на деценијата пред кризата, растот по глава на жител беше бавен, според регионалните стандарди, и дефинитивно не беше доволно брз за да овозможи економијата постепено да конвергира со нивото на доход во ЕУ. XX Кои се најголемите предизвици за македонската економија во догледно време? Според моето мислење, најголем краткорочен предизвик е да се обезбеди постепено намалување на фискалниот дефицит. Ова мора да се одвива со темпото кое е согласно со зголемувањето на растот и не треба да биде на сметка на јавните расходи кои придонесуваат за растот. Македонија, како и многу други земји, треба да ги прилагоди своите економски политики согласно поголемата побарувачка и потребата од одржување на јавната задолженост на земјата под контрола. Додека монетарната политика во Македонија е соодветно фокусирана на зачувување на стабилноста на фиксниот девизен курс, предизвик за владата е да го повлече фискалниот импулс што беше присутен за време на кризата, кога беше потребно. Ова треба да се направи со темпо што е пропорционално на брзината на закрепнување кое се очекува да биде во поголема мера поттикнато од активноста на приватниот


Капитал број 734 22.11.2013

24

Интервју

сектор. Според тоа, на краток рок, прашањето е во вистинскиот тајминг на фискална консолидација. XX ММФ се помалку ја критикува македонската економска политика, дали тоа значи дека земјата е на вистинскиот пат? Нашите совети се со цел спречување на макроекономски дебаланс и промовирање на одржлив раст што може да создаде работни места и да го подигне животниот стандард. Во таа смисла, достигнувањата на Македонија на полето на макроекономската стабилност во споредба со слични економии се значително поволни. Во неодамнешниот кризен период, надворешната и финансиската стабилност се одржаа и покрај тешкото опкружување; економијата е поддржана од микс на монетарната и фискалната политика. Сепак, ние постојано ја истакнуваме неопходноста за посилно зацврстување на фискалната политика преку среднорочна фискална рамнотежа и рамка на долгот која ќе донесе поголема транспарентност на стратешките избори на владата за земјата. Неодамнешното објавување на среднорочна фискална стратегија е чекор во вистинската насока, но ние препорачуваме да се размислува и за поширока дефиниција на фискалните ризици, која вклучува вонбуџетско трошење и позајмување, особено преку јавните претпријатија. Исто така, ја истакнавме потребата да се направи приоритет на трошоци – изборот за водење на политика на ниски даноци за бизнисите ја ограничува големината на ресурсите за покривање на одржливо трошење. Ова ја зголемува важноста на фокусирањето кон рационализирање на владините расходи. XX Да позборуваме малку за актуелните економски проблеми. Вие сте од неодамна нов претставник на ММФ во Македонија, па како ја оценувате бизнис климата овде, има ли области каде што очекувате подобрување? Што ве импресионираше кога дојдовте во Македонија, а што ве изненади? Сфатив дека странските инвеститори ја ценат силната поддршка обезбедена од страна на властите, вклучувајќи решавање на оперативни проблеми, како и достапноста и квалитетот на работната сила. Она што е најважно според мое мислење е дека и другите видови бизниси, без оглед дали се големи или мали, странски или домашни, дали продаваат на локалниот пазар или извезуваат, може да најдат слична силна и мултидимензионална поддршка од државата, на сите нивоа. Како резултат на тоа, економијата може да расте од поголема база на производители и работодавци. Едно од клучните прашања во врска со ова е да се промовираат врските помеѓу странските инвеститори и синџирот на домашни снабдувачи. Да одговорам конкретно на прашањето, кога стигнав, бев импресиониран од динамиката на Скопје, отвореноста на луѓето и нивната врска со светот, квалитетот на англискиот јазик што се

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 734 22.11.2013

Интервју говори, особено од страна на младата генерација, е фасцинанен. Мојот впечаток е дека ова е една млада, подготвена земја која силно посакува да создаде свое целосно место во регионот како и во глобалната економија. Исто така бев изненаден не само од природната убавина на земјата, но, и од нејзиниот квалитет. XX Во Собранието власта и опозицијата деновиве дебатираат за новиот државен Буџет за следната година. Колку сте задоволни од поставеноста на јавните расходи, може ли да се каже дека имаме развоен буџет ако се знае дека само 11% од вкупните расходи се за инвестиции во инфраструктурата, а се останато за тековни потреби? Релевантните нивоа и составот на јавните расходи не се исти за сите земји. За економија во развој како што е македонската, нивото на капитални расходи од околу 4% од БДП, како што е забележано во текот на изминатите години, генерално се смета за ниско. Со ограничениот фискален простор, владата ќе треба да ја зајакне ефикасноста и ефективноста на својата јавната потрошувачка за да се постигнат владините приоритети и да го зголеми повратот од нејзината амбициозна програмата за јавни инвестиции. Она што е важно е да постои можност да се измери ефективноста од трошоците за јавната потрошувачка. Ова не е лесно, но е неопходна задача. Во тој поглед, проценките за јавните расходи би можеле да бидат од корист: тие можат да помогнат во поврзувањето на трошењето со резултатите кои се мерливи. Тековен предизвик е да се прилагоди составот на расходите со цел да се зголеми потенцијалот за раст на економијата, воедно обезбедувајќи намалување на јавниот дефицит и долгот со текот на времето. Во оваа смисла, неодамнешното објавување на среднорочната фискална стратегија од страна на властите е добредојден чекор кон поголема фискална транспарентност: тоа ги покажува приоритетите на идните владини политики и помага во оформување на очекувањата на сите заинтересирани страни, вклучувајќи ја и општата јавност. Сепак, со преземање на големи активности преку државните претпријатија, како што е јавното претпријатие за државни патишта, кога станува збор за оценка на фискалното управување и управувањето со долгот, ние препорачуваме да се разгледа поширокиот концепт на долгот и дефицитот на јавниот сектор, отколку само на централната власт. XX Зошто е важно Македонија да вложува во инфраструктурата, какви се очекуваните ефекти од таквата политика? Инвестирањето во инфраструктурата е неопходен услов за зголемување на економскиот раст на земјата. Македонија е континентална земја. Заради тоа, нејзиниот економски и социјален развој се особено зависни од добро развиените транспортни

25

на вработувањата од владата. Од врски, како што се патиштата и долгорочна перспектива, верувам железницата. Вашата земја исто така дека постои можност да се оди напред е силно зависна од увоз на енергија со плановите за реформа на јавната додека побарувачката на електрична администрација со цел да се подобри енергија е во пораст. Ние заради тоа ја ефикасноста и да се контролираат поддржуваме стратегијата на властите платите на среден рок. Ова ќе помогне за распоредување на позначаен дел од да создаде фискален простор за буџетот за јавни инвестиции, на среден останатите приоритети на рок. Со оглед на тоа, ќе политиките. биде значајно ефикасно да се заштити извршувањето XX Владата најави дека на инвестициските во следните три години трошења во секоја ќе позајми половина фискална година, особено милијарда евра од Со преземање кога владата доаѓа под домашните банки. Дали ве на големи притисок за исполнување загрижуваат овие најави, активности на годишните фискални особено нивниот импакт преку државните таргети, на пример ако врз кредитирањето на претпријатија, приходите ги потфрлуваат фирми? како што е јавното приватните проекциите. Редовното Гувернерот исто така се споделување информации претпријатие за огласи со сугестија дека за спроведувањето на државни патишта, е подобро власта да се стратешките проекти, кога станува задолжува во странство. исто така, ќе помогне за Темпото на задолжување збор за оценка фокусирање кон главните остро се зголеми на фискалното приоритети на земјата. последниве неколку управување и години, во согласнот XX По завршувањето управувањето со зголемувањето на на неодамнешната со долгот, ние дефицитот и резултираше мисија, делегацијата на препорачуваме со значителни финансиски ММФ препорача да се да се разгледа потреби. Тие можат да намалува буџетскиот поширокиот бидат исполнети под дефицит проектиран концепт на долгот разумни услови со оглед на ниво од 3,5% од БДП. дека управувањето на Зошто сугерирате да и дефицитот на властите со долгот се се води поштедлива јавниот сектор, потврди како успешно фискална политика ако отколку само во пролонгирањето на се знае дека земјата на централната доспеаноста на долгот. Но, има огромна потреба од власт. тоа подразбира извесни јавни инвестиции? замени на политиките: од Постепеното намалување на дефицитот е потребно за првенствено една страна, надворешното позајмување може да помогне во акумулирањето на стабилизирање на долгот, а исто девизните резерви и да продонесе за така и за создавање извесен простор стабилноста на девизниот курс, но, тоа за одговорот на контрацикличните генерира дополнителен надворешен политики во случај на идна економска долг за земјата; од друга страна, криза. Ние препорачуваме темпото на покривањето на потребите со домашно фискална консолидација да се усогласи задолжување ги намалува надворешните со брзината на заздравувањето на слабости, но, го вклучува ризикот од економијата. Ова значи дека доколку апсорпција на домашната ликвидност растот ги надмине очекувањата во текот за сметка на растот на кредитите кон на 2014 година, властите би требало да го забрзаат намалувањето на дефицитот. приватниот сектор, кој пак е на ниско Сепак, поголемите фискални заштеди не ниво во изминатиов период. Во оваа мора да значат номинално пониски јавни смисла, правилната оценка на условите инвестиции. Всушност, ова не е различно на домашниот пазар повикува на од искажаните заложби на владата: тесна координација помеѓу Народната „Фискалната стратегија 2014-2016“ Банка и Министерството за Финансии. предвидува повисоки капитални трошоци Нашата општа препорака, да се соопшти на сметка на пониските тековни трошоци. среднорочната стратегија на долгот на јавноста, ќе помогне да се осигура XX -Како гледате на вработувањата исполнувањето воедно на целите за во јавниот сектор и големината на намалување на надворешните ризици бруто платите за тие вработувања? како и на обезбедувањето адекватно Сакам да истакнам дека платите финансирање на приватниот сектор. во јавниот сектор беа привремено XX Компаниите од бизнис секторот замрзнати како мерка за прилагодување во изминатиот период најмногу се со кризата. Тие сега се очекува жалеа на финансиски проблеми, а номинално да се зголемат во 2014 државата се обврза дека на време ќе година, но, ќе продолжат да се ги плаќа сите обврски. Се уверивте намалуваат во однос на БДП. Доколку, ли дека веќе нема никакви доцнења како што предложува среднорочната во плаќањата кон приватниот сектор? фискална стратегија на владата, Властите јавно објавија дека сите подобрувањето во фискалниот биланс задоцнети плаќања се измирени и дека дојде како резултат на постепениот тие презеле мерки за спречување на пад на тековните расходи, особено во нивното повторување преку соодветен платите, веројатно е дека намалувањето надзор на можноста за појава на на тековните расходи делумно ќе задоцнување во плаќањата. Доколку треба да се обезбеди со намалување


Капитал број 734 22.11.2013

26

www.kapital.mk

Интервју

биде побарано, ММФ е спремен да обезбеди секаков вид на техничка помош во оваа област на управување со јавните финансии. XX За да се реши проблемот со неликвидноста, Владата донесе нов Закон за финансиска дисциплина со кој што ќе се воведе рок на плаќање од 60 дена. Сметате ли дека овој закон ќе ги даде очекуваните

резултати? Дали проблемот со неликвидноста се должи на недисциплина или пак во тоа што едноставно нема пари? Нема сомневање дека задоцнетите плаќања ги зафаќаат слободните средства на претпријатијата (“cash flow“) на начин што може сериозно да им наштети на бизнисите. Познато е дека задоцнетите плаќања меѓу

Да се подобри интеграцијата на домашните компании XX Кои би биле вашите препораки за креаторите на економските политики во земјава, како да се постигне поголем раст од 6% или 7% колку што треба да остварува една економија во развој? Кои од сегашните политики треба да се променат или да се донесат нови за Македонија да почне да остварува повисоки стапки на раст? Ова се стапки на раст што ние би сакале да ги видиме! Одржувањето на макроекономската стабилност е секако предуслов за повисоки стапки на раст. Но, и други работи се важни. За мала континентална земја како што е Македонија од клучно значење е да се гради економија на фирми и сектори кои се способни за извоз и кои ќе стекнуваат корист од многу поголемата побарувачка. Од друга страна, од суштинско значење е ваквите извозни фирми да се поврзат со своите пазари; ова претпоставува развивање на ефикасна транспортна структура на железнички пруги и патишта, проширување на системите за наводнување и капацитетите за чување, заради развој на агробизнисот, како и поддршка на барањата за електрична енергија на производителите кои стануваат с’ поактуелни. Еднакво е важно да се подобри интеграцијата на домашните компании во системот на вредности. Еден од неопходните услови е здрав и ефикасен банкарски систем, така што домашните учесници имаат доволен пристап до финансиските средства за развој на сопствениот бизнис. Ова се накратко главните предизвици пред политиките кои треба да се исполнат со цел да се добие зголемување на растот.

претпијатијата се честа појава на пазарот. Јас не сум експерт, но, моја претпоставка е дека Законот за финансиска дисциплина може да ги олесни проблемите. Она што е битно е неговата примена, вклучително можноста за негово спроведување од страна на судството.


Капитал Медиа Гроуп за прв пат во Македонија најавува

gazeli специјална едиција

13

компании кои растат и во време на криза

дЕКЕМВрИ 2013

Капитал Медиа Гроуп, во соработка со експерти и аналитичари, ја подготвува специјална едиција Газели на Македонија, која ќе излезе на 13 декември. Во едицијата ќе бидат рангирани најбрзорастечките и најперспективните мали претпријатија во Македонија. Изборот на компании кои ќе се најдат во едицијата Газели ќе биде направен според точно дефинирани и строго одбрани критериуми и параметри: } да постојат четири последователни години 2009-2012 } да имаат приходи над 6.000.000 денари годишно во период од 2009 -2012 } да имаат растечки приходи во изминатите 4 години (2009-2012) } да имаат добивка во изминатите 4 години (2009-2012) } да имаат минимум 5 вработени, а максимум 50 вработени Едицијата Газели е опширен преглед на најдинамичниот дел на македонската економија со конкретни податоци за работењето на компаниите во последните четири години. Во рангирањето ќе бидат прикажани податоците за приходите, добивката и бројот на вработени на македонските газели во периодот од 2009 до 2012 година, нивниот раст во изминатиов период, како и податоци за тоа во кои дејности работат. Во едицијата ќе можете да ги прочитате следниве анализи: } Кои се македонските газели за 2013 година? } Македонските успешни мали, а големи бизнис приказни } Тајните на компаниите кои растат и во криза } 10 мерки со кои малите бизниси можат да станат големи Едицијата Газели има за цел да го поттикне растот и развојот на малиот бизнис во Македонија, а учеството во овој проект ќе ви донесе можност да ја претставите вашата компанија пред овој најбрзорастечки сегмент во македонската економија. Повеќе информации во врска со едицијата и комерцијално претставување во истиот можете да добиете на е-маил boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број 02 3298 110/ 070 262 288 Лице за контакт: Бобан Ѓорѓиевски


Капитал број 734 22.11.2013

28

www.kapital.mk

Анализа

5,80%

4,90%

-1,20%

6,50%

Храната на светските берзи поскапува,

]e uvezuvame po a ]e izvezuvame пишува:

Александар Јанев aleksandar.janev@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

М

акедонските компании што увезуваат суровини за производство на храна најверојатно ќе мора да ги зголемат продажните цени, бидејќи меѓународните финансиски институции предвидуваат дека берзанските цен�� следната година ќе растат. Од друга страна пак, малер се очекува и во металската индустрија бидејќи прогнозите се дека цените на металите ќе паѓаат, што значи дека извозниците на метали ќе продаваат поевтино. Според првичните проценки на Министерството за финансии и Народната банка, инфлацијата следната година нема да надмине 3,2%, но тоа сепак

е забрзување на растот на цените ако споредиме со трендот годинава.

Кои суровини ќе поскапат догодина?!

Народната банка во својот најнов извештај веќе предупреди дека цената на пченицата во 2014 година ќе порасне за 5,8% и тие движења директно се одразуваат врз цените на лебот и пекарските производи бидејќи Македонија увезува околу половина од годишните потреби за лебно жито. Мелничарите пак сметаат дека се уште е рано да се предвиди како ќе се движи цената на пченицата догодина но според нив, не се очекува драстично поскапување на пченицата што ќе влијае на продажните цени. „Пораст на цената на пченицата од околу 6% идната година колку што се проценува, нема да биде значителен за да предизвика веднаш ефекти врз продажните цени на пекарските производи на домашниот пазар. Цената на пченицата всушност ќе зависи од климата идната година, така

што жетвата во јуни ќе пресуди дали и колку може да поскапе пченицата. Ако временските услови се лоши и го намалат родот, нормално е дека може да се очекува поголем скок на цената на пченицата“, вели Тодор Ѓоргиевски, извршен директор на Мелница Кадино. Според податоците од Заводот за статистика, лебот и житата за десет месеци годинава поскапеле минимално, за 1,9%. Од другите житни култури, пченката се очекува да поевтини за 11,6%, а тоа значи дека добиточната храна нема да биде причина за поскапување на месото. Според проценките, цените на месото на светските берзи следната година ќе се задржат на исто ниво или дури и ќе се намалат. Со тоа веројатно ќе запре растечкиот тренд кај цените на месото годинава, кои за десет месеци се зголемиле за 7,3% споредено со истиот период лани. Тоа што ги треба да ги загриж ува менаџерите на компаниите од кондиторската индустрија, но и сите „чокохолици“ е поскапувањето на какаото. Рекордните цени


www.kapital.mk

Капитал број 734 22.11.2013

Анализа

-0,40%

-6,10%

-5,40%

Проценки на НБМ, ММФ, Светска банка

цените на металите паѓаат

oskapo, e poevtino на какаото на светските берзи и недостигот од оваа суровина се заканува да ги зголеми цените на чоколадото и на чоколадните производи во земјава. Цената на какаото го достигна највисокото ниво во оваа година поради стравот од недоволна понуда на светскиот пазар. Само годинава оваа суровина поскапе за 13,4%, а проценките покажуваат дека следната година цената ќе порасне за уште 5%. Во домашните кондиторски фабрики велат дека, како и досега, неповолните движења на суровините на светските берзи гледале да ги амортизираат на нивна штета, а само кога е најнеопходно, преку корекција на цените на финалните производи. „Цената на какаото годинава беше многу нестабилна но дури и да се остварат прогнозите дека растот ќе продолжи и следната година, сепак не зборуваме за драматично поскапување што може да ги промени нашите малопродажни цени. Добро е што во исто време додека какаото поскапува, цената на шеќерот паѓа, нафтата исто така поевтинува и тие како влезни инпути во

производството, всушност ги амортизираат негативните ефекти од поскапувањето на какаото“, вели Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка. Аналитичарите предупредуваат дека недостигот на какао во сезоната 2012-2013 што заврши до септември изнесува околу 200.000 тони. може да достигне 200 илјади тони. Нерамнотежата меѓу понудата и побарувачката е последица на неповолните климатски услови на плантажите за какао во западна Африка. За разлика од цената на какаото, кафето достигна најниска цена во последните три години. Цената на кафето „арабика“ годинава се намали за 29,5%, а „робуста“ поевтини за 17,9% со што падна на минимум од 1.550 долари за тон. Веќе со месеци цената на кафето е во постојано опаѓање поради големата понуда, особено од Бразил, најголемиот производител на кафе во светот, а каде што се очекува голем обем на производство и оваа година. Проценките на Светската банка за догодина се дека цената на кафето „арабика“ ќе порасне за околу 6,5%.

29

Цените на пченицата, какаото, кафето збеснуваат на светските берзи и македонските компании што увезуваат суровини за производство на храна се под притисок да ги зголемат продажните цени. Од друга страна, нафтата, шеќерот, месото, се очекува да поевтинат така што пониските цени на овие суровини може да ги амортизираат негативните ефекти од поскапувањата. Менаџерите засега калкулираат и не најавуваат промени на малопродажните цени. Но, најпогодени од берзанските движења на цените се компаниите од рударската и металската индустрија, бидејќи сите меѓународни финансиски институции прогнозираат дека бакарот, никелот, догодина ќе се продаваат поевтино.


Капитал број 734 22.11.2013

30

www.kapital.mk

Анализа

Црни прогнози на ФАО за поскапување на храната

Во наредните десетина години за храна ќе плаќаме од 20% до 40% поскапо, прогнозира Организацијата на обединетите нации за храна и земјоделски производи (ФАО). Во последниот извештај на организацијата се изнесени црни прогнози за глобалното производство и за фрапантен раст на цените на храната. Поскапувањето на храната е последица на зголемената побарувачка за храна, особено во земјите на Далечниот Исток. Најголем скок ќе имаат цените на преработените прехранбени производи, а рапидно ќе поскапува месото. Поскапувањето ќе биде најмало кај житарките бидејќи таму се очекува зголемување на производството.

Тодор Ѓоргиевски извршен директор на Мелница Кадино

Пораст на цената на пченицата од околу 6% идната година колку што се проценува, нема да биде значителен за да предизвика веднаш ефекти врз продажните цени на пекарските производи на домашниот пазар. Цената на пченицата всушност ќе зависи од климата идната година, така што жетвата во јуни ќе пресуди дали и колку може да поскапе пченицата. Ако временските услови се лоши и го намалат родот, нормално е дека може да се очекува поголем скок на цената на пченицата

Сашо Наумоски генерален директор на Витаминка

Цената на какаото годинава беше многу нестабилна но дури и да се остварат прогнозите дека растот ќе продолжи и следната година, сепак не зборуваме за драматично поскапување што може да ги промени нашите малопродажни цени. Добро е што во исто време додека какаото поскапува, цената на шеќерот паѓа, нафтата исто така поевтинува и тие како влезни инпути во производството, всушност ги амортизираат негативните ефекти од поскапувањето на какаото

Николајчо Николов

заменик генерален директор на рудникот „Бучим“

Ако паѓа цената на бакарот тоа значи дека се намалува и нашата конкурентност бидејќи Бучим е рудник од кој се вади најсиромашна со бакар руда во цел свет. Така што ако се проценува дека цената на бакарот може енормно да падне, тоа навистина може да значи и затварање на рудникот, но јас мислам дека барем во следната година, нема да се случи поголема промена во цената. Проценките на меѓународните финансиски институции вообичаено се покажуваат како точни, така што се додека цената на бакарот е околу 7.000 долари за тон, тоа е задоволително ниво за опстанок

Нафтата догодина поевтинува

Проценките покажуваат дека цената на нафтата ќе се стабилизира и во 2014 година, се очекува пад од 5,4%. Дури и годинава трендот е опаѓачки. Заводот за статистика објави дека цената на течните горива за десет месеци се намалила за 3,1%. Ова е добра вест за индустријата каде што нафтата претставува главен трошок во производството. Бизнисмените велат дека ако продолжи трендот на намалување на цената на нафтата и на нафтените деривати, ќе се зголеми конкурентноста на нивното производство што неколку години во екот на кризата беше изложено на огромни трошоци поради енормното поскапување на енергенсите. „Горивата, како влезна суровина, учествуваат со голем процент во цената на производите. Секоја промена на цените на нафтените деривати се одразува и врз цената на самите производи“, велат од Стопанската комора на Македонија. Најсилни ефекти од промените на цените на горивата се чувствуваат во секторот транспортот, каде што потрошувачката на бензини учествува со 60% во вкупната државна потрошувачка на нафта и нафтени деривати. Индустријата пак, годишно троши околу една четвртина од вкупната потрошувачка на горива во Македонија.

Металската индустрија најпогодена

Прогнозите на меѓународните финансиски институции, како што се Morgan Stanley, Bloomberg или ММФ за движењето на цените на металите годинава, се ревидираат кон негативни, особено откако стана јасно дека Кина нема да го оствари планираниот економски раст и почна да ги откажува нарачките од странство. Народната банка веќе објави дека цената на бакарот после падот од 7,5% годинава, ќе продолжи да паѓа и во 2014 година. Проценките на MМФ и Светската банка се слични. Очекувањата се дека цената на бакарот ќе падне под 7.000 долари за метрички тон, иако од почетокот на годината, бакарот на светските берзи ко��ираше одлично достигнувајќи и цена над 8.000 долари. Само годинава, цената на бакарот се намали за над 10%. Иако ана литичарите предвидуваат негативните трендови на берзите особено да се одразат врз вредноста на бакарот, од рудникот „Бучим“, каде годишно се произведуваат 38.000 тони бакарен концентрат, коментираат дека се уште нема причина за загриженост. „Ако паѓа цената на бакарот тоа значи дека се намалува и нашата конкурентност бидејќи Бучим е рудник од кој се вади најсиромашна со бакар руда во цел свет. Така што ако се проценува дека цената на бакарот може енормно да падне, тоа навистина може

да значи и затварање на рудникот, но јас мислам дека барем во следната година, нема да се случи поголема промена во цената. Проценките на меѓународните финансиски институции вообичаено се покажуваат како точни, така што се додека цената на бакарот е околу 7.000 долари за тон, тоа е задоволително ниво за опстанок“, вели Николајчо Николов, заменик генерален директор на рудникот „Бучим“. Тој објаснува дека планот за следната година останува на исто ниво како и годинава кога компанијата го натфрли обемот на производство за 5% споредено со лани. Подолгорочните прогнози на Светската банка за берзанските движења на цената бакарот покажуваат дека и во следните десет години, таа нема да надмине 6.800 долари за тон. Никелот, исто така, се очекува догодина да се продава на светските берзи поевтино за 6,1% споредено со годинава. Директорот за инвестиции во Рудникот за олово и цинк „Саса“, Максим Прохоров, објаснува дека падот на цените на металите засега е незначителен и нема ништо драматично да смени во работењето на компанијата. „Берзанските цени на оловото и цинкот имаат надолен тренд, меѓутоа, сепак во споредба со цените на другите метали, како на пример бакарот, можам да кажам дека се стабилни. Тоа значи дека тие нема да влијаат врз планот за производство годинава. Не очекувам драматично влошување на ситуацијата“, изјави Прохоров. Рударската индустрија и статистички прикажа добри резултати годинава. За девет месеци, производството на руда се зголемило за 6,2%, додека металуршката индустрија и понатаму е заглавена во длабока криза. За девет месеци металуршките компании го намалиле производството за 15% Претседателот на Здру жението за металургија при Стопанската комора на Македонија, Митко Кочовски предупреди де ка п а дот н а п р о из в одс тв ото в о металургијата ќе има сериозни последици врз вкупната економска слика на земјата, со оглед на значењето што го има оваа гранка. “Металургијата учествува со 7,5% во вкупниот БДП на Македонија, со 11% во додадената вредност во индустријата, со 35% во извозот и со 15% во бројот на вработени во индустријата. Ќе побараме од Владата да се ангажира заеднички да го надминеме овој, можеби најдраматичен период во металургијата од осамостојувањето до сега“, рече Кочовски. Тој вели дека металурзите и минатата година излегле пред Владата со сет на барања што би ја ублажиле крајно неповолната состојба предизвикана, пред се, од кризата во Европа, и следствено, намалените нарачки од страна на европските купувачи. “Цената на стру јата и еколошкото прилагодување со ЕУ регулативите се двете најкритични точки што прават огромен притисок во трошоците на нашето работење, а каде што Владата може да помогне со свои мерки. Секако, остануваат и проблемите во доменот на транспортната инфраструктура, работничкото законодавство, пристапот до евтини кредити, и останатите мерки за кои што треба да се разговара, а бараат системски пристап во решавањето“, истакна неодамна Кочовски.


капитал број 734 22.11.2013

32

www.kapital.mk

политика

ахмети веќе незнае кому да се обрати за решение на името

О

ткако лидерот на ДУИ Али Ахмети помина илјадници километри лобирајќи за името, одлучи да започне и писмо дипломатија. По неговите средби со високи претставници во Вашингтон и Брисел каде бараше забрзување на процесот за решение на името, Ахмети преку писмо побара и ОБСЕ- Организација за Безбедност и Соработка на Европа да се вклучи во решавањето на името. Во писмото испратено до претседателот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, Ранко Кривокапиќ Ахмети бара од Кривокапиќ

вниманието на меѓународната задница да го сврти кон како што вели тој „итното прашање за името“. И додека иницијативите за директен разговор со претставниците во Брисел и Вашингтон се чинат оправдани (и покрај тоа што наметнуваат дилема дали коалиционите партнери во владата водат поделана надворешна политика), изненадува писмото упатено до ОБСЕ особено откако сите соговорници, меѓу кои и канцеларката на Германија Ангела Меркел категорично се изјаснија дека мандатот за решението треба да остане во рамките на Обединети нации.

> БРоЈки

7

Објекти пушти во употреба премиерот Никола Груевски за време на посетата на општина Штип

9.110

Лица ќе бидат посетени во следните два месеца во рамките на новиот проект на Министерството за здравство „Домашна визита“.

7%

Се зголемил бројот на студентите кои се запишале на техничките науки, соопшти премиерот Никола Груевски за време на отворањето на трите нови лаборатории во рамки на Научно -истражувачкиот центар.

facebook 1 Томболата како модус

операнди на македонската политика. Srgjan Stojancov

2 За да преживееш у денешно време, покрај минималните примања треба да имаш максимална интелигенција. Sasho Aleksov

3 Citav edno intervju so Filip

Zepter i nauciv deka najdobo da se relaksiras posle rabota e da povozis “Bentli“, “Ferari“, “Rols Rojs“, a nekoas e dovolno da si kupis nekoe brodogradiliste i da napraes unikatna jahta. Mome Martinoski

Грчкиот беше само алиби за учењето албански јазик во АРМ!?


www.kapital.mk

Капитал број 734 22.11.2013

бум-треС не ги заштитија, не открија каде се, барем пребројаа колку артефакти се украдени

П

овеќе од една недела требаше да помине од првата информација за кражбата за да се изброи дека недостигаат дури 166 артефакти од депото на Музејот на Македонија. Како што покажал конечниот попис, кој го разгледуваат инспектори во полицијата, оваа е бројката на вредни предмети што мистериозно исчезнаа (барем дека ќе биде финална се надева помошник министерот на МВР, Иво Котевски), а никој надлежен не знае ниту точно кога, ниту како и каде. Во МВР чекаат

да покаже полиграфот. Претходно, првичните информации беа дека недостигаат шеесетина предмети со непроценлива вредност, кои потекнуваат од античкиот и римскиот период, пронајденит при ископување во Стоби и Исар Марвинци. Списокот на исчезнти артефакти подоцна беше проширен. Полицијата утврди дека нема трага на провала, па сомнежите се дека станува збор за некој вработен во музејот. МВР се уште води истрага за кражбата.

Не е проблемот што војниците ќе учат албански, туку што ситуацијата мириса на нова демонстрација на самовластие од страна на министрите на ДУИ, која овојпат пробуваат да ја „протнат“ како нешто што не смее да биде проблем откако војниците претходно научија и грчки

33

Ваљон Сараќини

министер за економија

Според анкетите, околу 90 отсто од студентите од завршните години сакаат да се вработат во јавната администрација, а само 10 отсто да почнат свој бизнис. Министерот признава дека со овој тренд, кај и да е, ќе му се укине секторот, зошто што ќе ни е министер за економија во земја без економија.

Зоран ЗаеВ

пишува:

максим ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

Фотоархива на Капитал

К

олку јазици зборуваш, толку луѓе вредиш, вели поговорката што често ни ја повторуваа повозрасните генерации откако ја насетија глобализацијата, за да н$ поттикнат да учиме странски јазици. Апсолутно се сложуваме дека секое зголемување на фондот странски јазици што ги владееме е голема себеинвестиција што отвора цел свет на нови можности, и во тој контекст немаме ништо против и во Армијата на Република Македонија да се учи албански - јазикот на втората (по застапеност) етничка заедница во земјата. Проблемот е што имајќи ги предвид досегашните искуства, огласот за прибирање понуди за спроведување јазични обуки за албански јазик што Министерството за одбрана го распиша за потребите на вработените во Генералштабот на АРМ и во Министерството, изгледа како обид крадешкум да се протне нешто што законите не го предвидуваат (не држи објаснувањето на Владата дека албанскиот ќе се изучувал за користење во странски мисии, кога се знае дека на вакви нивоа на меѓународна комуникација англискиот е ултимативен стандард). Кога неодамна дознавме дека во АРМ се изучувал и грчкиот јазик како јавност бевме зачудени - не толку поради тоа што станува збор за јазикот на нашиот јужен сосед и што не можевме да видиме армиска применливост што ќе ја оправда цената на обуката, туку поради чувството дека Министерството за одбрана има и поприоритетни работи на кои треба да го троши буџетот. Сега откако излезе информацијата дека војниците ќе учат и aлбански, не изгледа веќе чудно претходниот курс по грчки. Особено ако се претпостави едно вакво сценарио министерот за одбрана Талат Џафери

сака(л) да се покаже пред гласачите на ДУИ (Албанците), но сепак сметал дека е подобро подискретно да си ја оствари намерата, па наместо веднаш да распише оглас за јазични обуки за албански јазик, најпрво фрлил прашина во очи со грчкиот - и ако некој сега му рече: Што ќе им е на војниците да учат албански?, Џафери може комотно да му одговори: Тие учеа (дури! и) грчки, па сега ти правиш проблем за албански! Ваквите експерименти со јавното мнение во однос на решавањето на меѓуетничките проблеми (во случајов правото на Албанците на поширока употреба на нивниот јазик) кај нас не поминуваат - и деновиве гледаме дека се извор на безбедносни ризици. Доволно е да се потсетиме како помина поклонувањето на претходникот на Џафери, Фатмир Бесими, во Слупчане, во присуство на униформирани лица од АРМ, без разлика што тој го рекламираше потегот како чин на помирување. Проблемот беше, а и сега е, што во ваквите ситуации нема транспарентна координација барем во Владата (ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ), ако веќе ја нема на ниво на општество. Премиерот Никола Груевски чинот на Бесими го осуди, но немаше никакви санкции за министерот кој за една вака чувствителна работа не се консултирал со претседателот на Владата во која седи - напротив, компромисот беше најден со прогласувањето на слупчанскиот аџилак за приватна посета (во присуство на униформирани војници?!). Впечатокот што останува по ваквите потези е дека од чист националистички популизам партиите настапуваат пред својот (етнички прилично хомоген) електорат со непомирливи позиции за некои меѓуетнички прашања (консезуално го сметаат тоа за неопходно средство за победа во етничките блокови, а подоцна ќе мислат на цивилизирање на реториката - доколку влезат во Владата), а сепак се спремни и за многу поболни прашања (за кои не добиле мандат, како за амнестијата на хашките случаи) да се испазарат (да си го наплатат изборниот успех постигнат токму со националистичкиот популизам) далеку од говорниците на митингашките бини, од оние во Собранието или во салата кадешто се одржуваат владините седници.

лидер на СДСМ

Јас сум непоправлив оптимист и верувам дека судската власт и покрај тортурата под која е ќе се охрабри и ќе ги води процесите под словото на законот. Заев затруен со силен оптимизам... или сепак беа пестициди?

Фатмир беСими

министер за евроинтеграции

Македонија е под скенер и секое наше движење се проценува од страна на земјите-членки на ЕУ. Значи намерно се однесуваме вака... за да знаат тие што не следат дека немаме намера да им се приклучиме

twitter 1

Медо@medodimoski2h

2

Бадијалџија@mlagjo2h

3

Сендвич со вегета@ sendvicsovegeta52m

Ми се падна дупликат фискална Ова со фискалните е тотална дискриминација за албанците во Македонија. Во Арачиново на пример не ни знаат што е тоа фискална..

@hasawatermark ние држава уништивме за рекордно време, а не па хемиско оружје.


капитал број 734 22.11.2013

34

политика

Pred makedonsko-g sPor i merke e mala!

koga se nema vol nikoj od nadvor


lja od vnatre, r ne Pomaga

-gr^kiot el

капитал број 734 22.11.2013

политика

35

Никакви се очекувањата дека пред овој декемвриски Самит на ЕУ може да се случи „чудо“ и Македонија и Грција можат да најдат експресно решение на спорот за името или форма преку која на Македонија би и се доделил датум за почеток на пристапни преговори за членство. Надежта која се појави со информацијата дека медијаторот Метју Нимиц неочекувано замина за Брисел на средба со најмоќната политичка фигура во ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел, исчезна со соопштението од германската Влада во која Берлин едноставно порачува дека се што треба е соодветна политичка волја кај двете страни. Волја одамна нема, а камоли соодветна за да очекуваме дека без поконкретна директна асистенција е можен некаков напредок. пишува:

катерина Синадиновска к katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

Д

околку постои соодветна политичка волја во Атина и Скопје, тогаш би можело да се надминат и проблемите меѓу двете земји. Токму овој став на германската канцеларка Ангела Меркел пренесен од „Deutsche Welle“ веднаш после нејзината средба во Берлин со медијаторот во грчко – македонскиот спор за името Метју Нимиц, ги урна надежите дека Германија може да помогне, за на Самитот на Европската Унија во декември да се случи изненадување и Македонија да добие датум за преговори. Политичка волја во Македонија и во Грција нема воопшто, а камоли соодветна, за да може да се очекува дека раководствата во двете земји во „пет до дванаесет“ би направиле чекор на отстапки и би постигнале компромис. И овој Самит на ЕУ, Македонија го


Капитал број 734 22.11.2013

36

www.kapital.mk

политика Петер Стано

Никола Груевски

Ова е петти пат како Комисијата препорачува отворање на преговорите со оваа земја. Досега Советот нема донесено одлука. Не постапувањето по препораката предизвикува потенцијални сериозни предизвици за поранешна југословенска Република Македонија и за ЕУ. Ова го доведува во прашање кредибилитетот на процесот на проширување кој се базира на јасни услови и принципот на заслуги. Недостатокот од кредибилитет на ЕУ перспективите ја става на ризик одржливоста на реформите во оваа земја.

Сосема е јасно зошто Нимиц бил поканет кај германската канцеларка Меркел. Знаеме со што се занимава тој и за кое прашање е поставен од ОН и сигурно дека тоа било главна и централна тема. Сосема е јасно дека Германија сака да има поточни и поконкретни информации. И тоа не е лошо.

портпарол на Штефан Филе:

дочекува практички без очекувања за различен исход од оној, веќе со години добро познатиот – дека не може да се надева на датум за почнување на пристапни преговори за членство се додека не биде решен спорот со јужниот сосед, оти во Унијата секогаш ќе се почитува принципот на консензус според кој кога една земја има проблем (во случајов Грција со нашиот евентуален прием), сите земји – членки имаат. Фрустрира фактот што додека земјите од регионот прават чекори напред (Хрватска од неодамна е членка на ЕУ, Србија кај и да е и де факто ќе почне преговори, Црна Гора веќе има датум...), Македонија стои заглавена во меѓупросторот од зададените реформи, дијалогот на високо ниво и секако – неизбежниот спор за името.

премиер на Р. Македонија

Во однос на последново, само најголемите оптимисти веруваат дека е можно некакво брзо решение. Меѓу нив, за волја на вистината е и еден коалициски партнер во македонската Влада, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој смета дека на чекор сме до решение и кој вели дека се преговара само за името Македонија, а не за идентитетот, но исто така за волја на вистината, овие негови јавни ставови одамна повеќе се сметаат за оружје кое се користи за притисок врз премиерот Никола Груевски, отколку за реални информации за моменталната фаза на спорот. За неа никој не дава конкретни информации. Министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во последното интервју за Капитал порача дека сепак сме далеку од решение

Факт е дека поранешната вицепремиерка за европски интеграции Теута Арифи во чиешто време почна овој Дијалог беше далеку погласна од нејзиниот наследник Фатмир Бесими во детектирање на проблемите со којшто се соочуваше Секретаријатот при имплементацијата на препораките од Брисел

и дека нема логика да се очекува спор кој трае повеќе од две децении да биде завршен за неколку недели. Последните информации кои доаѓаат од југ се дека тамошната политичка елита пак, ги засилува националистичките тонови кон Македонија и дека волјата и посветеноста на спорот се на ниско ниво. Директна комуникација помеѓу државните врвови нема. Нема ниту најави за средби ниту очекувања. ДУИ во последниот период ја презеде улогата на државен „гласник“ низ Европа и светот, но со оглед на начинот на којшто активностите беа коментирани, тешко може да се верува дека тие ќе дадат некаков голем плод.

Што се случува со Високиот дијалог со ЕУ? Спорот за името со Грција и неговото решавање е клучен проблем и предуслов за влезот на Македонија во ЕУ – реченица што и малите деца веќе ја знаат наизуст. Но, дали е само тоа? Она што можеби повеќе загрижува е Високиот дијалог кој (треба да) се води со Брисел, а за кој во последниот период многу малку се зборува. Овој процес требаше да се одвива на еден начин „како паралелни преговори“ со ЕУ, да се отвораат најтешките поглавја со цел кога ќе се добие датумот, да се скрати процесот на преговарање. Македонската власт недоволно сериозно ја сфати оваа задача, па реформите затајуваат на многу полиња. Затајува и редовна информација на кое ниво е сега Дијалогот, работните тимови, целата процедура Критиките за партизирано судство, политички притисоци, нереформирана администрација, задушување на слободата на говор, рушење на пазарната економија стојат и понатаму како белег за оваа земја. И за тоа сведочат сите извештаи на меѓународните организации, (ОБСЕ, Транспаренси Интернешенал, Репортери без граници...) вклучувајќи го и тој на ЕУ, но и тој на американскиот Стејт департмент. Со ваква ситуација дома, проблемот лесно се дава како алиби на сите за кои власта вели дека ни местат блокади и сопки.


Капитал број 734 22.11.2013

38

www.kapital.mk

политика

Од каде волјата на Германија за директно инволвирање во спорот?

Во вакви услови, ако и овој декември го тргнеме настрана како нова промашена можност, се наметнува прашањето што можеме да очекуваме во скоро време во врска со македонските интеграции? Помошта однадвор е повеќе од јас��о потребна. Поранешниот хрватски министер за надворешни работи Тонини Пицула во интервју за „Нова“ порача дека потребна е поголема инволвираност од САД како медијатор: „ Спорот меѓу Словенија и Хрватска се реши со помош на важната улога која во позаднина на сцената ја имаа САД. Улогата на САД е важна и за решавање на македонско-грчкиот спор“ вели тој. Македонската Влада (преку вицепремиерот Бесими) пак, упорно

повикува на поголем ангажман од ЕУ. Каде е Германија во приказната, ако нејзината позиција на европска супер политичка сила е позната? И на што се должеше неочекуваната средба на канцеларката Ангела Меркел со медијаторот Метју Нимиц пред две недели во Берлин? Малку неофицијални информации излегоа од оваа средба. Она што официјално се соопшти е дека двајцата разговарале за „актуелната состојба во напорите на Нимиц" за надминувањето на овој дологодишен проблем, кој во моментов е единствената препрека за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Меркел потенцирала дека Германија и натаму ќе ги поддржува напорите на Нимиц, а средбата дошла на барањето на германската страна за подобро да биде информирана околу актуелните движења

во преговорите меѓу двете страни, стоеше во соопштението на германската влада. Во соопштението понатаму се вели дека тие се согласиле дека „пречките, доколку постои соодветна политичка волја во главните градови Атина и Скопје, би можеле да се надминат“. Меркел наводно го уверила Нимиц дека германската влада ќе продолжи да го поддржува во неговата натамошна работа. Германската влада во истото соопшение нагласува дека „како ЕУ, така и НАТО повеќепати едногласно одлучија дека решавањето на спорот за името во заемна согласност е предуслов за почеток на пристапните преговори за прием со ПЈРМ“. И додека во Грција немаше официјални реакции, македонскиот премиер Груевски по средбата оцени дека не е лошо што тие двајцата разговарале: „Не би коментирал нешто каде што не сум бил присутен. Сосема е јасно зошто Нимиц бил поканет кај германската канцеларка Меркел. Знаеме со што се занимава тој и за кое прашање е поставен од ОН и сигурно дека тоа било главна и централна тема. Сосема е јасно дека Германија сака да има поточни и поконкретни информации. Германија е сериозен и можеби еден од најкрупните играчи во Европа во делот на политичките случувања“ изјави Груевски. Средбата ја поздрави и лидерот на ДУИ, Ахмети и американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс: „И Европа е засегната, а Германија е важна држава во Европа, така што, ако амбасадорот Нимиц се консултирал со канцеларката Меркел, тоа е добро. Не ја познавам содржината на разговорот, но сигурен сум дека ја запознал со позициите на двете засегнати страни“, рече Волерс. Јасно е дека средбата на Меркел со Нимиц испраќа порака за интересот на Германија да се најде решение за спорот со името. Во круговите на надворешната политика јасно е дека директниот ангажман на Германија тешко се добива било каде во светот поради традиционалната претпазливост на германската дипломатија. Фактот што по средбата владата во Германија истапува со вакво соопштение зборува за интересот на Германија, но и за нејзиниот став дефиниран во завршните редови на соопштението. Германија, на овој начин, пред се` става до знаење дека презема голема одговорност за здравјето на сојузот, како на ЕУ, така и на НАТО. Но, од друга страна, тешко е да се верува дека без поконкретна директна асистенција е можен некаков напредок.


Капитал број 734 22.11.2013

40

www.kapital.mk

политика

Македонски незавршени екстрадицис

Makedonija gi pu[ta da izbeg sosedite gi pu[t da u@ivaat vo slo


www.kapital.mk

ски приказни

gaat, taat oboda!

капитал број 734 22.11.2013

политика

41

Проневери државни пари, напушти ја Македонија, потплати каде што треба и ете ти формула за спас од решетки. Многумина бегалци од македонските закони, со преселба во некоја соседна држава успеаја да не одговараат пред македонското судство. Со некои соседи имаме потпишано договори за екстрадиција, со други немаме, но и во обата случаи јасно е дека договорите се само парче хартија и дека високи политички групи или поединци стојат во заштита на некои еклатантни поединци обвинети или осудени за криминал. Капитал повторно прашува – кому му одговара овие лица да стојат подалеку од македонската правда? пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на капитал

П

роневери државни пари, напушти ја Македонија, потплати каде што треба и ете ти формула за спас од решетки. Многумина бегалци од македонските закони, со преселба во некоја соседна држава успеаја да не одговараат пред македонското судство. Со некои соседи имаме потпишано договори за екстрадиција, со други немаме, но и во обата случаи јасно е дека договорите се само парче хартија и дека високи политички групи или поединци стојат во заштита на некои еклатантни поединци обвинети или осудени за криминал. Уживајќи ги сите бенефити на угледни граѓани и чекајќи евентуална екстрадиција, околу 350 бегалци за кои МВР има распишано потерница, меѓу кои има и неколку поранешни функционери кои имаат двојно државјанство, најдоа сигурно засолниште во соседните земји Последниот пример со Зоран Даневски, човекот којшто по втор пат побегна од екстрадиција е само показател за оваа ситуација. Даневски е еден од најпознатите бегалци од македонските

зоран Божиновски

закони, за кого е распишана потерница поради проневерени 1,5 милион евра со продажба на државните резерви на пченица и јачмен складирани во земјоделскиот комбинат. Човекот кого го бараа македонските судови, набрзо по неговото напуштање на земјава беше уапсен од Бугарите, но не и предаден на македонските власти. Бугарите го уапсија само поради поседување на лажни документи за идентификација. Доби условна казна од една година и три месеци, но со оваа казна Бугарија практички, му направи услуга, па бугарските власти тврдеа дека според нивните закони, додека тој не ја “одлежи“ не може да биде вратен дома. Сега поминаа 15-те месеци и тој повторно нема да биде вратен дома, од едноставна причина што сега веќе тешко дека ќе можат да го најдат. Оние кои се директно надлежни од македонска страна, Министерството за правда се сосема затечени од ситуацијата. Прво, никој од таму, (ниту воопшто од македонската Влада) не излезе неколку дена пред истекот на рокот да го актуализира прашањето, а второ според нашите информации, ниту „под маса“, по дипломатски канали не е покажан особен интерес и не е извршен притисок врз Бугарите за да го екстрадираат Даневски. Како воопшто е можно бугарските власти, а воедно и македонските да дозволат Даневски да го напушти живеалиштето!? Дали официјално е точно дека Даневски веќе

Мирослав шиповиќ

Македонските власти кога сакаат се прилично гласни во барањата кон соседните држави за екстрадиција на осомничените за криминал. за претседавачот со општина центар, Мирослав шиповиќ (уапсен во акцијата „претседавач“) и новинарот зоран Божиновски (уапсен во акцијата „шпион“) јавно и транспарентно се повикува на нивно враќање во земјава и се следи целиот процес на екстрадицијата


капитал број 734 22.11.2013

42

www.kapital.mk

политика

не е на таа адреса? Ако не е таму, тогаш каде е? И на крајот, секако, зошто рокот помина, а тој не е екстрадиран? Од министерството за правда ништо не одговараат на оваа тема. Пратија само кус одговор до нашата редакција: „ Од Амбасадата на Република Македонија во Софија и од Министерството за правда на Бугарија известени сме дека екстрадицијата на лицето Зоран Даневски е дозволена и одложена бидејќи именуваниот е осуден за сторено кривично дело во Република Бугарија. До овој момент Министерството за правда не е известено за можен термин за реализација на екстрадицијата и дали именуваниот се наоѓа на територијата на Република Бугарија“ велат од Кабинетот на министерот Блерим Беџети.

Лесно му е на Даневски кога претходници бугарофили му го истапкаа патот!

Крајно несериозниот однос на бугарските власти кон овој случај не изненадува. Зоран Даневски не е прв пример на Македонец којшто во Бугарија се крие од македонската правда. Но, молкот во македонските институции е сосема несфатлив. Токму во овој период на јавноста гордо и се пласираат најави за експресни екстрадиции за луѓе кои се товарат за криминал. Како е можно Даневски да не е тема? И за неговата екстрадиција да се молчи и да се чека да истече рокот? Државни пари се проневерени, така тврди македонската држава! Државно жито и пченица се злоупотребени. Криминалот тежи милион и пол евра! Ваква апатија за ваков настан не е јасна, ниту е лесно да се открие кој точно го штити Даневски во услови кога очигледно е дека во случајот се преплетени македонско – бугарски интереси на поединци или групи. „Вадејќи се“ на својот бугарски пасош, ексминистерот за здравство Владо Димов во Софија работи како хирург во приватна болница. Тој еднаш веќе избегна екстрадиција од Полска во Македонија и беше вратен во Бугарија. Оттогаш успешно има контрола над својот случај. Иако истрагата за него овде во земјава с$ уште е во тек, случајот може да се води и во Бугарија, бидејќи делото за к��е е обвинет е

ВлаДо ДиМоВ

ВлаДислаВ таМБУркоВски

Зоран ДанеВски

тројката ројката која бегајќи од македонските закони си најде прибежиште во Бугарија. За разлика од првите двајца, Даневски дури нема бугарски пасош, но бара да не биде екстрадиран, оти не верува во македонското судство – кое затоа што бил „Бугар“, му се вршело репресија казниво и според бугарскиот кривичен закон. Па така, Димов даде исказ пред истражен судија во Софија и со тоа си обезбеди слобода и во Македонија струмичкиот суд ја укина потерницата која беше распишана против него. Најпознатиот стечаен управник, Владислав Тамбурковски, со четири правосилни пресуди и осуда на 15 години затвор и парична казна од над еден милион евра, исто така има сигурно засолниште во Бугарија. Сепак, договор за екстрадиција допрва ќе склучува со Бугарија, иако овие лица повеќе години ја избегнуваат правдата во земјава. Во меѓувреме, расчинетиот владика Зоран Вранишковски, кој помина и низ екстрадиционен притвор во Србија, сепак, сам се пријави и си обезбеди повторено судење во земјава. Сега случаите на Димов и Вранишковски се користат како пример во бугарските судови од страна на адвокатскиот тим на последниот бегалец, Зоран Даневски. Тие бараат нивниот клиент да не се екстрадира по примерот на претходниците поради постење ризик од политичка репресија...

Што дека со Србија имаме потпишано Договор за екстрадиција?

Според новите регулативи на ЕУ, договорите предвидуваат екстрадиција и на сопствените држави, не само на граѓаните на оние земји кои ги бараат осомничените или осудените назад. Што значи дека ако се потпише ваков договор, оние кои се огрешиле пред македонските закони или ни ги

иџет МеМети

народен правобранител

Од Канцеларијата на народниот правобранител за „Капитал“ велат дека досега не добиле ниту една претставка дека македонски суд воопшто некогаш вршел дискриминација врз обвинет поради неговата национална припадност! „Имаме претставки за дискриминации по други основи, но не заради национална припадност“ велат од таму.

Успешни примери на екстрадиција

О

д екстрадиција, сепак, не се спасија неколку лица обвинети за криминал во земјава кои бараа заштита во странство врз основа на двојно државјанство. Бизнисменот Методија Смиленски беше екстрадиран во Македонија преку Србија, иако долги години беше мирен поради својот австриски пасош, бидејќи Австрија не дозволува екстрадиција на свои државјани. Првообвинетиот во случајот „Мавровски работници“, Шкодран Идризи, беше екстрадиран од Германија за издржување казна затвор во траење од една година поради фалсификување исправа. Од екстрадиција не куртули ниту Станислава Полетан-Чочоровска, која беше уапсена поради шверц на половина тон кокаин. Таа не успеа да добие српско државјанство, иако подолго време живееше во Србија. потрошиле народните пари нема да можат да се повикуваат на бугарското државјанство или пасош. Во македонското Министерство за надворешни работи велат „има два вида на екстрадиција, првото е оној „стар терк“, според кој државите се обврзани да си ги доставуваат назад


www.kapital.mk

Капитал број 734 22.11.2013

политика државјаните на земјите кои си ги бараат, а оној новиот е како оние билатерални договори кои ги имаме сега со Босна, Црна Гора, Косово, Србија. Но, иако Договорот со Србија е потпишан, поранешниот прв цариник Драган Даравелски повеќе години живее и работи во Белград. Тој во отсуство е осуден на седум години затвор, но од 2006 година „официјално“ нема дојдено во државава, иако имаше некои пишувања по медиумите дека забележан е како се движи низ скопските улици. Интересен е фактот што негова екстрадиција е побарана само во 2004 година, кога беше приведен, па експресно ослободен, откако се утврди дека има и државјанство на Србија. Тогаш нашиот северен сосед немаше законска можност да екстрадира свои државјани. Во меѓувреме двете земји го сменија Уставот во делот што забрануваше екстрадиција на свои државјани, а потпишани беа и меѓународни договори. Во минатата година од министерството за правда на Србија известија дека ако по донесувањето на овие договори добијат барање за екстрадиција на Даравелски, ќе го вратат предметот во работа и пак ќе постапат по него. Теоретски, Даравелски може да биде испорачан с`до 2021 година, кога делото за кое е осуден ќе застари Сепак, брзиот одговор на српската власт при вадењето српско државјанство го спаси Даравелски од екстрадиција во Македонија. Со тоа, Србија и тоа како се впушти во заштита на својот „нов“ жител. Македонија уште во 2011 година донесе измени на членот 32 од Уставот со кој овозможи потпишување на билатерални договори со државите како рамка во која треба да се одвива процесот на екстрадиција. Вакви договори се потпишани со Косово, Црна Гора, Хрватска и со Србија, и Косово. Според Уставот, државјанин на Република Македонија може да биде вратен во земјава или да биде испорачан на странска држава со судска одлука, но само ако претходно постои меѓународен договор ратификуван од Собранието. Овие договори се ратификувани од страна на Парламентот на РМ.

Михајло Маневски

поранешен министер за правда

Kога некој поседува државјанство на друга земја, постои и опасност да не биде вратен во нашата земја во случај ние да го бараме. Опасноста е реална бидејќи тоа лице ќе се повика на државјанството на другата земја, која во таа ситуација може да се повикува на различни правни аргументи за да не го исполни тоа што ние го бараме

Павле Трајанов

поранешен министер за внатрешни работи

Не може на осомничените да им помогне тоа што ќе играат на картата на политичка репресија. Ако направи криминал тука, а се крие, не може да има заштита. Националните чувства се релативна работа, доказите се факти. Ние направивме промени во нашиот Устав лани и се обврзавме на реципроцитет, дека и ние ќе испорачуваме македонски државјани кои се товарат за криминални дела во други држави

Владимир Пивоваров

универзитетски професор

Од екстрадиција на обвинети и осудени за таканаречени лесни кривични дела до обвинети и осудени за тежок криминал, како што се кривичните дела против државата или, пак, оние против човечкиот живот, сите тие барања мора да бидат внимателно подготвени, затоа што со секое барање за екстрадиција во Македонија државата открива дел од себе и од своите тајни.

Ќе стане ли сега Албанија новото Мексико на Балканот?

В

ладата на Албанија минатата година донесе одлука Албанците од Македонија во иднина да можат да добиваат државјанство на Република Албанија. Веднаш се јавија експертите со став дека ова носи опасност криминалците од наша земја да побараат засолниште кај нашиот западен сосед со што ќе и избегаат на правдата. Ако досега источниот сосед го имаше „приматот“ во привлекувањето и заштитата на македонските криминалци за кои веќе има судски пресуди (или на оние кои се товарат за криминал), оваа новина остава простор за Албанија да се покаже како ново засолниште. Многумина од оние за кои МВР трага се од албанска етничка припадност. Многу лесно тие можат (откако ќе избегаат во Албанија), да побараат државјанство, дури и да се прикажат како жртви на нашиот „систем“ и притоа да бидат заштитени. Сепак, за волја на вистината ниту една „крупна ѕверка“ досега не се крие во Албанија.... барем не како во Србија и Бугарија, каде нашите „ѕвезди“ уживаа углед на општествено успешни граѓани.

43


balkan biznis i politika

44

Капитал број 734 22.11.2013

С

STRANSKITE INVE NEMA DA Nè SPASA

рбија води промашена економска политика во последните 10 години. Економска политика базирана на јавна потрошувачка, увоз, државна економија, субвенции, фрлање пари во бунар, корупција, отсуство на смислени реформи и вечна надеж во странските инвеститори кои ќе ја препородат Србија. Оваа жива кал не чинеше не само изгубени 10 години, веќе 300 илјади изгубени работни места, уништена економија, јавен долг на ниво од 60% од БДП и дефицит кој оваа година, а и следната, ќе надмине 6%. Нашата надеж во странските инвеститори како спасители на Србија има митски димензии. Од неа можеби единствено е поголема желбата да избегнеме соочување со реалноста. И желбата да не се менуваме. Се да остане исто. А нам по некое чудо да ни биде подобро. Бидејќи не сме во состојба да се промениме, логично е странските инвеститори да ни бидат единствено решение. Бидејќи друго немаме. Тие ни е омилен неизречен изговор зошто и не е толку страшно што не се менуваме. Некој друг ќе го направи тоа наместо нас. Наместо да работиме, ние сме си замислиле дека странците ќе дојдат да ја развиваат нашата економија. Ова е капитална будалштина. Сите инвеститори, домашни и странски,

работат за профит. Ако самите на себе не си помогнеме, никој нема да ни помогне. Главниот фокус на економската политика мора да биде домашната економија. Домашните бизнисмени. Домашните инвеститори. Домашната економија ја сочинуваат сите домашни економски субјекти кои работат во Србија, кои вработуваат во Србија и плаќаат даноци во Србија, без оглед на тоа дали се во сопственост на граѓани во Србија или на странски лица. Главниот фокус на економската политика мора да биде растеретување на домашната економија и создавање на бизнис клима за работење. Најдобар начин за да привлечете и странски инвеститори е да направите здрава држава и добра бизнис клима за домашната економија. Најдобар сигнал за странските инвеститори е успехот и профитот на домашните фирми. Странските инвеститори ни се потребни и тие се пожелни. Но, странските инвеститори се шлаг на тортата. А домашната економија е тортата. Нас ни пропаднала тортата. Спроведовме катастрофална приватизација. Наместо голема генерациска можност да ја преродиме економијата, приватизацијата се претвори во голема пљачка. Како припадник на таа генерација, јас се срамам. Голем дел од приватизацијата се сведе на грабеж на градежно

земјиште. Новите сопственици земаа големи кредити од банките и наместо парите да ги употребат за развој на претпријатијата и раст на основната дејност, ги извлекуваа преку оф шор фирми и ги доведоа своите фирми на работ на пропаста. Државата само немо гледаше. Зошто тоа некој би го направил со својата фирма? Прво, фирмата не беше навистина нивна. И за приватизацијата од некој добиле кредит. Но, затоа оф шор фирмата беше нивна. И за таа нивна оф шор фирма навистина водеа сметка. Овие претпријатија со себе ги повлекоа и банките кои им дадоа големи кредити. Официјалното ниво на лоши кредити кон економијата изнесува 22%. Неофицијалното ниво на лоши кредити кај некои банки изнесува и до 50%. Меѓу нив се и нашите највредни фирми со здрава основна дејност. Двете најважни мерки за зауздување на дефицитот се однесуваат на претпријатијата во преструктуирање и на јавните претпријатија. На преостанатите претпријатија во преструктуирање, некогашни гиганти, вкупно 179 на број, годишно фрламе 750 милиони долари. Во нив се вработени 50.000 работници. Покрај овие фирми, Агенцијата за приватизација управува со дополнителни 430 претпријатија со над 50 илјади вработени. Значи вкупно над 100 илјади луѓе. И тоа секако не


Писмото на срПскиот минист р радуловиќ кео дигна Балкане го от на нозе

Сите медиуми во регионот го пофалија министерот Саша Радуловиќ заради неговата колумна во која отворено зборува за проблемите со кои се соочува Србија со општество. ”Му одржа лекција на целиот Балкан”. “Јасна мисла и чиста либерална определба”. Ова се само некои од коментарите во медиумите во регионот. Капитал во целост ја пренесува колумната на српскиот министер Радуловиќ, пред с$ заради тоа што проблемите за кои тој зборува во голем дел потсетуваат на ситуацијата во Македонија.

ESTITORI AT OD KALTA! е се. Агенцијата за приватизација има во своето портфолио и дополнителни преку 900 компании во кои државата има малцинска сопственост, Тука се вработени над 135 илјади луѓе. Па потоа следат јавните претпријатија. Кои ги има 600. На јавните претпријатија трошиме дополнителни стотина милиони евра годишно. Јавните претпријатија кај нас не се извор на профит, туку дел од социјалната политика со огромна цена за целото општество. И предмет на штетни договори со купувачи и добавувачи, преку кои се извлекуваат огромни пари кои се сливаат во приватни, главно партиски обоени џебови. За сите овие претпријатија направивме цел систем на субвенции, фондови и државни агенции, систем на неплатени сметки, систем на привилегии и уништување на здравата конкуренција. Околу овој систем со текот на годините е изграден и широк круг на луѓе собрани околу политичките партии кои се корисници на тој систем. Кои паразитираат на грбот на здравото ткиво на економијата. Ова се вистинските причини за нашиот дефицит и растот на јавниот долг. Вака веќе не може. Како држава, како општество, мораме да кажеме –доста е! Сите претпријатија мораат да се постават на здрави темели, ако за тоа постои можност. Да се преструктуираат и да се ослободат од долгови. Ако не можат,

тогаш мора да се угасат. Економијата мора да биде базирана на профит. Секоја здрава економија е базирана на профит.

Да се отстранат паразитите од економијата!

Штетата за економијата е многу поголема отколку фрлените пари и самиот дефицит. Најголемата штета обезмислувањето на здравото работење базирано на конкуренција и профитот во позитивната селекција која таа ја носи. Тој систем ја убива секоја иницијатива, секој обид за создавање на здрава економија. Интересите на корисниците на системот се директно спротивставени на интересите на општеството и се борат да го спречат секој обид за отстранување на паразитите и воспоставувањето на здрава економија. Цената ја плаќаат сите граѓани на Србија. Сите наши деца. За да го зауздиме дефицитот мора да ја намалиме јавната потрошувачка. Да престанеме да фрламе пари во бунар. Перпетум мобиле економија не функционира.Субвенцииите не функционираат. Ако функционираа, за десет години ќе имавме резултати. Се надевам дека резултатите се очигледни за сите граѓани на Србија. Мораме да кажеме доста! Англосаксонците велат дека кога човек ќе се најде во дупка (во проблем) прва работа која треба да ја направи е да престане да копа.

45

Решението никогаш не е подлабоко во дупката. Министерството за економија воведе принцип на целосна транспарентност на трошењето на парите на даночните обврзници. Мислам дека конечно дојде време да сфатиме дека парите им припаѓаат на даночните обврзници. На работникот од Пирот, на чистачката од Белград, пензионерот од Ваљево. И дека кон парите на граѓаните на Србија мораме да се однесуваме одговорно. На својата интернет страница министерството објави детални податоци за извршувањето на буџетот на месечно ниво како за министерството, така и за сите агенции кои добиле пари од даночните обврзници и износите кои ги добиле. Нема исклучоци. Министерството во првите седум месеци оваа година потроши околу две милијарди динари, во август потрошило 4,5 милијарди динари. Во септември 25 милијарди динари. Разликата е во субвенциите. Министерството за економија во почетокот на септември покрена голема акција на правење на “лични карти” за сите 609 претпријатија во портфолиото на Агенцијата за приватизација, како и за 35 јавни претпријатија во сопственост на државата. “Личните карти” се едноставни ексел табели во кои се содржат финансиски извештаи, пописи и проценки на имот, попис на обврски, купувачи, добавувачи, хипотеки, судски спорови. Кој водел уредно сметководство него не му е потребно повеќе од седум дена да ја направи таа “лична карта”. Воспоставен е и принцип дека парите повеќе нема да биде фрлан во бунар. Сите претпријатија во сопственост на државата, кои се во проблеми можат да добијат помош дури откако ќе ја пополнат “личната карта”, и тоа само во контекст на извршување на планот за преструктуирање и поставување на претпријатијата на здрави нозе. Ова важи и за Галеника, и за Симпо, и за Политика, и за ФАП и за Србијагас. Важи за сите. Отпорите се огромни. Посебно во јавните претпријатија. Веќе полека прераснуваат во отворен отпор и во закани. Директорите и раководствата на фирмите изгледа веруваа дека ова ќе биде само привремена акција. И дека сепак ќе ги добијат парите како претходно. На крајот почнаа да соработуваат. Поставивме нова рамка за приватизација. Направени се нацрт закони за приватизација и закон за стечај и тие се пред влада оваа недела. Се очекува нивно усвојување до нова година. Клучните зборови во измената на законите се целосна транспарентност, јавност и одговорност на сите државни органи. Прв чекор кон транспарентноста е објавување на “личните карти” за сите фирми кои ќе се приватизираат. Сите потенцијални инвеститори можат да ги видат сите релевантни податоци за фирмите кои се приватизираат. Целта на преструктуирањето е да се очистат компаниите, да се елиминираат долговите, и така исчистени фирмите да


balkan biznis i politika

46

Капитал број 734 22.11.2013 најдат купувачи. Во склад со новиот закон за приватизација, сите раководства на фирми кои нема да соработуваат со државните органи ќе бидат сменети. Се воведува обврска за анализа на работењето во последните пет години, за сите фирми, како за оние во стечај, така и во приватизација. И анализите ќе се објавуваат јавно. Ние имаме многу повеќе спорни приватизации од оние 24 големи кои ги покрена Верица Бариќ. Да не беше таа и овие 24 ќе беа заборавени. Подготвуваме и измени на законот за јавни претпријатија кои ќе воведат задолжително лиценцирање на сите директори и членови на надзорните и извршните одбори. Се воведува и целосна транспарентност во работењето на јавните претпријатија монополисти и обврски за известување на државата и граѓаните. Домаќинско однесување. Кој нема ова да го почитува ќе биде сменет, Зауздувањето на дефицитот доаѓа преку воведување на ред во претпријатијата во преструктуирање и јавните претпријатија. Не звучи како нуклеарна физика. Повеќе како топла вода. Проблемот не е во идејата, туку во имплементацијата. Волјата да се спроведе принципот-нема давање пари за џабе. И снага на отпорот. Прво, кај политичките партии и кај сите оние чии интереси ги загрозува оваа политика. Србија практично нема уреден систем на социјална заштита. Иако годишно трошиме 150 милијарди динари, тие пари не доаѓаат до луѓето на кој навистина ��м е потребна помош. На пример, субвенционирање на градинки во кои родителите ги носат децата во џипови. Или враќање на ДДВ на беби опрема за луѓето кои имаат добра плата. Потребна ни е целосна реформа на системот за социјална заштита. За луѓето кои од оваа или онаа причина не се во состојба да го издржуваат семејството. Трајно или привремено. Намести стотини различни системи на социјална заштита, потребен ни е универзален систем. На пример, секое семејство кое има примања помали од некој месечен износ, има право да добие разлика. Многу се зборуваше за социјалните карти на кои би се засновал овој систем и дека е многу скапо да се направат тие социјални карти. И дека тоа би траело неколку години. Мислам дека тоа не е точно. Системот за базира на едноставна пријава на некои семејства дека се социјално загрозени. Во пријавата се доставува имотна состојба, изјава под целосна материјална и кривична одговорност и семејството влегува во системот на социјална заштита. Паралелно со тоа, се работат длабински и детални контроли по системот на случаен избор. За оние кои ќе се утврди дека крадат од граѓаните на Србија и ја прикриваат својата имотна состојба, следуваат драконски казни. Покрај фрлањето на пари во бунар главен проблем со дефицитот е и недостаток на раст. Ова се манифестира преку намалувањето на даночните приходи.Наш друг клучен проблем е намалување на приходите. Го промашивме буџетот на приходната

страна за една милијарда евра. Направивме ребаланс, па и него го промашивме за дополнителни 200 милиони евра. Задолженоста од 60% од БДП е огромен и проблем ако имате раст од 1%. Тој проблем би бил помал кога би имале раст од 5%. Значи, мора да постигнеме раст . Растот донесува и вработување и нови работни места. И нови даночни приходи. За проблемот на недостаток на раст повеќе пати сме разговарале и со Владимир Глигоров. И сме се сложиле околу неопходната стратегија. Како резултат на нашите разговори го замолив за министерството да напише документ “Совети за министерот за економија”, кој беше и објавен на интернет страницата “Пешчаник”. Препораките беа јасни: штедење од една страна, стимуланс во вид на намалени даноци од друга страна. Штедење во вид на решавање на проблемите на претпријатијата во преструктуирање и јавните претпријатија. Решавање на нивото на лоши кредити кај банките. Регулаторна реформа. И намалени давачки за работната сила. Да почнеме со ред.

Потребен ни е поголем раст!

За раст мора да го олесниме работењето. Да направиме деловен амбиент. Два клучни закони за ова се Законот за работна сила и Законот за планирање и градење. Законот за работа го решава прашањето на отпремнини по години на работен стаж, така да тие во иднина ќе се исплатуваат за година на работен стаж кај работодавците и за него поврзани субјекти, а ме за сите години на работен стаж. Многу вработени, посебно оние кои работат за државата, примиле и по неколку отпремнини. Законот за работна сила исто така треба да донесе полесно вработување и отпуштање. Целта е раст на вработувањето. Некои луѓе се прашуваат како полесното отпуштање може да донесе до зголемување на вработеноста. Работодавецот во најголем дел од случаите не отпушта работници затоа што е бесен. Ако спаѓате во онаа група каде работодавецот е навистина бесен, подобро секако да побегнете од него.

Работодавецот отпушта луѓе или затоа што нема работа или затоа што мисли дека работникот не е добар. Тежината на отпуштање директно се одразува на леснотијата со која се носи одлуката за вработување. Ако е голем ризикот дека лошиот работник може да ве тужи и да ја добие случајот кој може да ви ја уништи семејната фирма тогаш ќе гледате да не го вработувате на неодредено време ако можете. Законот за планирање и изградба треба значајни да ги поедностави постапките за добивање на градежни дозволи. Друго важно прашање кое се решава е правото за користење на градежно земјиште. Недефинираноста на ова право е голема причина за пропаста на нашата приватизација и за закоченоста на многу стечајни постапки. А растот? Што ќе ни донесе растот и вработувањата? Бизнис климата сигурно ќе ја подобри состојбата. Но, она сигурно нема да ја даде потребната инјекција адреналин која и е потребна на нашата економија. Како да се стимулира економијата? Најдобра и најефикасна “субвенција” е намалување на давачките на работната сила. Во Србија, кога легално ќе вработите работник, за да му дадете минималец од 180 евра, на државата мора да и платите уште 120 евра. Исто така, ако еден молер или веб-програмер добива работа во вредност од 300 евра, за да работат легално , од тие пари на државата мора да и дадат 120 евра. Тоа е неразумно. Не постои даночна полиција на светот која може тоа да го наплати. Проблемот на нашиот даночен систем не е во тоа што просечната даночна стапка ни е висока, туку што нема прогресивност. На првите 300 евра кои ќе ги заработите, а кои се потребни за биолошко одржување на човекот, државата сака да земе 120 евра. Оваа даночна политика е главна причина за вработување на црно или на сиво (дел од платата легално, дел на рака). Се смета дека има над 500 илјада вработени на црно и дека големината на сивата економија изнесува околу 30% од БДП. (Колумната во целост можете да ја прочитате на порталот www.kapital.mk)


ME\UNARODNO POZNATIOT BREND NA LOKATRADE

Д

истрибуција за познатите светски марки и сопственото производство се двете клучни компоненти на работа на словенечката компанија „LokaTrade“ која на македонскиот пазар го нуди нејзиниот познат бренд за опрема за заштита при работа Stayer Safety. Тие со своите услуги комплетно го покриваат пазарот на поранешна

Југославија. Компанијата која успешно работи од 1990-та на своите клиенти им нуди помош при изборот на оптимални решенија за лична заштитна опрема. „Личната заштитна опрема, можеби не е на последно место но во никој случај не е и прв приоритет на компаниите. Ние со семинари и презентации настојуваме да ги едуцираме луѓето, да ја поткренеме свеста на работодавците на повисоко ниво. Остваруваме најчесто соработка со инжинерите во компаниите кои се задолжени токму во оној сегмент каде што потреба за опрема за заштита при работа е на највисоко ниво, како би

постигнале пофрекфентно и правилно користење на опремата како и безбедност на работа“ вели Примож Штаер кој е дел од раководниот тим на компанијата. Компанијата на екс-ју пазарите продава опрема во вредност од околу половина милион евра, додека Македонија во таа сума учествува со 100.000 евра што е резултат на добрата и долгогодишната соработка со нивниот партнер во Македонија - Екотип. Штаер очекува и подобри резултати во иднина. „Со оглед на фактот дека во комплетниот регион, а особено во Србија и Македонија има доста индустрија во развој, кој е наш најголем купувач и побарател со високо развиена совест за заштита на работниците која се повеќе расте мислам дека можеме да очекуваме раст и на нашата продажба. За две - три години очекувам да ја дуплираме денешнава продажба“. Мотото на компанијата

ПРИМОЖ ШТАЕР е највисок можен квалитет на самиот производ како и нивните услуги. Од таму велат дека иако не се најевтини на пазарот нивните купувачи сигурно заштедиле на долг рок наместо да купуваат поевтини и понеквалитетни производи.

ECOTIP д.о.о. Скопје Бул. Партизански одреди 62/2-39 1000 Скопје Македонија +389 2 3176 907 +389 2 3176 920 e-mail: info@ecotip.com.mk

НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ТУКА...


Vitalia

20

godini zdraVa hrana za zdraVi generacii

„Виталиа“ компанија за здрава храна го потврди своето лидерство на својата прослава по повод 20 години постоење. Додека траеше корпоративната прослава, компанијата се закити со признанието 13 Ноември од Град Скопје за проектот “5-ка за здрава храна“ - проект за едукација на младата популација за здрава храна и практикување здрав животен стил

К

омпанијата за здрава храна Виталиа, минатата недела во присуство на своите соработници, бизнисмени, љубители на здравиот живот и приврзаници на брендот го прослави својот 20-ти роденден. Во пријатен амбиент во ресторанот Ден и Ноќ, со повеќе од 250 гости и во присуство на целиот тим, компанијата Виталиа која е лидер на пазарот за здрава исхрана ја прослави својата јубилејна годишнина. На прославата беше презентиран развојниот циклус на компанијата, новите производни линии, извозни достигнувања, општествено одговорни кампањи како и награди и признанија. Додека траеше прославата на компанијата, во исто време, Градот Скопје ги доделуваше признанијата за 2012 година, а престижната награда 13 Ноември и припадна токму на компанијата Виталиа. Наградата беше доделена за проектот „5-ка за здрава храна - проект за едукација на младата популација за здрава храна и практикување здрав животен стил“. Со оваа награда Виталиа уште еднаш се потврди како општествено одговорна компанија чија стратегија е континуирано унапредување и вложување во заедницата. „Да се работи 20 години со визија за лидерство во производството на здрава храна и да се успее во реализација на таа визија е голем успех. 20 години ги препознаваме потребите на потрошувачите и успешно ги реализираме во финален производ, создавајќи вкусна здрава храна достапна за секого и присутна во сечиј дом. Во овие 20 години целосно се вложивме во запознавањето на потрошувачите со бенефитите од здравата храна, да им ја претставиме како инвестиција во сопственото здравје. Активно ги следевме новитетите во прехранбената технологија и ги применивме во креирање оригинални иновативни продукти со додадена вредност, чиј знак за квалитет е Виталиа – made in Macedonia. Во овие 20 години ја негувавме хуманоста, помагаме, донираме, едуцираме, впрочем тоа ги исполнува нашите срца и дополнително не мотивира да продолжиме со нашата благородна мисија – со здрав храна да создаваме здрави генерации.“, изјави Искра Ветаџокоска Муцунска, управител и ко-сопственик на Виталиа. Корпоративната прослава е само дел од роденденската кампања на компанијата на Виталиа која до крајот на месецот ќе организира уште неколку изненадувања за своите потрошувачи.

Тимот на Виталиа

Основачот Никола Ветаџокоски со сопр угата Емилија и менаџментот на Виталиа: Иск ра Ветаџокоска – Муцунска и Димитар Ветаџока.

Никола Ветаџокоски ја прима наградата 13 Ноември од Градот Скопје, за проектот “5-ка за здрава храна“

На прославата по повод одишниот јубилеј присутствуваа голем бро20-г ј сора ботници и пријатели на брендот


еднОдневен СеМинар на теМа: l 29 ноември 2013 година, од 9:00 – 16:30 часот Капитал Академија, Скопје

УПравУваЊе СО КваЛитет и ПрОЦена на раБОтеЊетО Целта на овој семинар е учесниците да се запознаат со новата правна рамка за уредување на прашањата за управување со квалитет и процена на работењето. На семинарот ќе се презентира и дебатира “Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба” со Упатствата и Насоките кои произлегуваат од Законот. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со воведување на стандарди за управување со квалитет (основниот стандард ISO 9001 и другите типови ISO или македонски стандарди) и воведувањето на заедничката рамка на процена-CAF (Common Assessment Framework).

агенда

Закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба l Предмет, цел, поимник, воведување на стандарди и инструменти за управување со квалитет l ISO 9001 - Стандард за управување со квалитет l Заедничка рамка за процена -Common Assessment Framework - CAF со вежба “ПОТРАГА ПО КВАЛИТЕТ“ Закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба l Координација l Надзор l Преодни и завршни одредби l Анализа на релевантни чинители / со вежба l Упатства и насоки

ОБУКата е наМенета За:

функционери, менаџери, раководни работници и за сите вработени во органите, организациите, институциите, компаниите, односно сите правни лица.

Предавачи: М-р Љупчо Фармакоски

дипломиран правник, магистер по Менаџмент на човечки ресурси. Учествувал во подготвувањето на законите од областа на организацијата и работата на државната управа, воведувањето на систем за управување со квалитет. Поседува Сертификат за Common assessment framework-CAF/European Institute of public administration.

М-р Игор Марковски

дипломиран машински инженер, магистар од областа технички науки на индустриско инженерство и менаџмент. Учествувал во подготвувањето на Закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба и неговите подзаконски акти и во имплементација на иСО стандардот и CAF во две институции вклучително и процесот на сертификација. Поседува Сертификат за Common assessment framework-CAF/European Institute of public administration.

Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 26 ноември 2013 година.

l лицe за контакт: гордана Михајловска и Ленче Зикова l е-маил: akademija@kapital.com.mk l 02 3280 911

специјален прилог

6 БРЕНДОВИ

ДЕКЕМВРИ 2013

ДА СЕ БИДЕ БРЕНД Е СОН НА МНОГУ КОМПАНИИ, ПРОИЗВОДИ, УСЛУГИ, ЛУЃЕ... ШИРУМ СВЕТОТ. ДА СЕ СТАНЕ, ПАК, ТОП БРЕНД Е ПОЗИЦИЈА КОЈА ТРЕБА СЕРИОЗНО ДА СЕ ОДРАБОТИ. КАПИТАЛ ВО ОВОГОДИШНОТО ИЗДАНИЕ НА “БРЕНДОВИ“ ВИ ДОНЕСУВА:  Анализираме – кои се ТОП балкански брендови? Кои македонски брендови се наоѓаат на оваа листа?  Зошто во Македонија немаме рангирање на домашните брендови? Зошто оваа дебата воопшто не се ни отвора?  Кои се најважните параметри кои треба да ги знаете за еден бренд за да може да ја пресметате неговата вредност и/или јачина?  Кој на Балканот се занимава со пресметка на вредноста на брендовите?  Кои се најдобрите и највредните глобални брендови за 2013 година!?  Што за еден бренд значи да се најде на најпрестижните листи кои ги вреднуваат и категоризираат брендовите?  По кои методологии светските аналитички куќи ги вреднуваат брендовите? Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: aleksandra.stojmenova@kapital.mk; sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ: АЛЕКСАНДРА СТОЈМЕНОВА САЊА САВОВСКА


Капитал број 734 22.11.2013

www.kapital.mk

Диверзификација менаџмент или специјализација 50 Стратешки

Koga i kako da vo novi bizni


Капитал број 734 22.11.2013

a se vleze Н isi?

51

Кочо Анѓушев

сопственик на Фероинвест

Нема универзален рецепт. Но, со оглед на “величината“ на македонските компании и целата економија, веројатно најдобар рецепт е фокусирање на профитабилни сегменти. По специјализацијата добар додаток е мудрата диверзификација. Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Х

рватски Агрокор, една од најголемите регионални компании според остварени приходи (3,9 милијарди евра во 2012), своите почетоци ги има како мал семеен бизнис со цвеќе, пред повеќе од 30 години. Подоцна Агрокор се шири во дејностите трговија и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, како и во производство на храна. Ивица Тодориќ, сопственикот на Агрокор, реши да формира и информатичка компанија, која што пред с$ се грижи за квалитетна и рационална ИТ поддршка на сите членки на концернот. Тодориќ сака да стане и енергетски магнат, па последниве 2-3 години никнуваат проекти во нафтениот, гасниот, па и соларниот сектор. Меѓу најновите бизнис амбиции на Тодориќ е и туризмот, што се докажува со неговиот интерес да купи неколку хотели на Јадранот. Тодориќ не е осамен на Балканот во обидите да го шири својот бизнис во подрачја кои што немаат директна или никаква врска со основниот бизнис. Миодраг Костиќ, еден од најмоќните српски бизнисмени, стана познат како “крал на шеќерот“, но денес неговата МК Група поседува компании и во земјоделството, трговијата, туризмот, информациските технологии, недвижностите, итн. И Македонија има свои примери на како што се нарекува во науката за

стратешкиот менаџмент – стратегии на диверзификација спроведени од некои од најголемите македонски бизнисмени. Фершпед предводен од Штерјо Наков, оригинално во шпедитерскиот бизнис, подоцна влезе во винарството и хотелиерството. Минчо Јорданов кој што ја направи челичарницата Макстил во замрените погони на скопска Железарница, потоа се прошири во агробизнисот, производството на вино, градежништвото, здравствените услуги и медиумите. Орце Камчев пак, со својот Орка холдинг, покрај првичното производство и дистрибуцијата на текстил и спортска опрема, денес има бизнис интереси и во приватна клиничка болница, издавач на весници, земјоделски комбинат, банка, хотел, ресторан и маркетинг агенција. Некои од споменатите бизниси се направени преку купување на веќе постоечки фирми или пак со класични гринфилд инвестиции.

Стратегии на диверзификација

Овие стратегии на диверзификација, како што се нарекуваат во науката за стратешко планирање, може да значат навлегување на компаниите во сосема нови индустрии, сродни или пак целосно несродни со постојната индустрија во која тие го извршуваат својот бизнис, објаснуваат експертите за стратешко планирање и менаџмент. Прашањата кои се поставуваат се: Колку се тие успешни во тоа што го прават? Какви се ефектите од нивното делување за конкурентските односи во индустриите во кои делуваат? И конечно, какви се севкупните ефекти за економијата во целост? “Постојат позитивни и негативни примери на македонски бизнисмени кои се обидоа да рестартираат одредени капацитети во дејности кои не им биле блиски по основ на нивната стручност, ниту пак сродни со основната дејност на нивните

е одам во проекти што се надвор од мојата струка и с$ со што се занимавам главно е инженерство и техника. Не планирам да влегувам во нови бизниси и области кои се надвор од тие што ги познавам. Но, во овие постојните – металопреработувачка и мали хидроелектрани – планирам да инвестирам

Емил Тедески

Атлантик Група, Хрватска

С

о тоа што го диверзифициравме работењето, Атлантик Група денес е компанија која не зависи ниту од еден производи и ниту од еден пазар, што во условите на криза е олеснителна околност

Рубин Зарески

менаџмент консултант

Н

ашите истражувања покажаа дека во услови на кризата што почна 20082009 година, најдобро поминаа оние компании што се фокусираа на својот основен бизнис, увидоа каде може да скратат одредени оперативни тро-шоци и ги насочија финансиите за подобрување на ос��овниот бизнис

Стојан Дебарлиев универзитетски професор

С

екаде каде што стратегиската диверзификација не значи нарушување на конкурентските односи, значи позитивна појава, особено за македонската економија. Домашните инвеститори подзаборавени од фуриозните владини амбиции за привлекување на странските инвеститори, и тоа како е добро кога својот капитал да го инвестираат во својата земја

Васко Карангелески

менаџмент консултант

М

акедонија е мал пазар и ширењето во нови, сродни или несродни бизниси, во принцип значи насочување кон извоз. Но, не треба да ја занемариме и супституцијата на увозот, да речеме во секторот храна, каде што има голем простор да се произведува и да се замени големиот увоз


Капитал број 734 22.11.2013

52

www.kapital.mk

Стратешки менаџмент

Модели на развојните стратегии на компаниите Хоризонтален развој

XX Иста фаза на синџирот на создавање вредност

а) Концентрација Развој на компанијата со постоечките производи на постоечки пазари заради зголемување на пазарниот удел, што може да се оствари од зголемената продажба или со преземањето на конкурентите. Концентрацијата е клучна стратешка опција во индустриите во кои што пазарниот удел е главно мерило за успешноста, а нема големи можности за развој на нови пазари и производи. Пример: Мнозинството од домашните градежни компании се фокусирани на постоечката дејност на домашниот пазар, не влегувајќи во нови сегменти. Да не беше експанзијата на градежни проекти финансирана од државата, голем дел од нив ќе имаа ставено клуч на врата до сега. б) Експанзија Стратешка опција за компанија која сака дополнително да ја засили положбата во постоечката индустрија. Се продлабочуваат производните линии и се шири настапот на други пазари. Особено е погодна во млади и развојни индустрии и кога е потребно или да се подобри или да се одржи лидерската позиција, или пак да се достигне и престигне постоечкиот лидер. Се разликуваат три типа – пазарна (нови географски пазари и нови пазарни сегменти), производна (развој на асортиман на постоечките пазари) и комбинирана. Бара големи финансиски ресурси. Пример: домашните прехрамбени компании, како Витаминка, Макпрогрес, Виталија, итн, воведуваат нови производи, ги иновираат постоечките, се шират на надворешни пазари и влегуваат во нови пазарни сегменти. Вертикален развој

XX Ја насочува компанијата кон различни стадиуми на постоечкиот синџир на вредности

а) Слегувачка вертикална интеграција Компанијата ги интегрира посредниците и купувачите на основните аутпути или влегува во нивната дејност. Таа стратегија овозможува надзор над продажбата и дистрибуцијата, што може да помогне во елиминацијата на преголемите залихи и ја отстранува зависноста од клучните купувачи. Опасности се одржување на рамнотежата, поголеми фиксни трошоци, зголемени капитални потреби, итн. б) Качувачка вертикална интеграција Стратегија насочена кон интеграција на снабдувачите со основните инпути или влегување во нивната дејност. Овозможува поголема контрола над влезните трошоци, над расположивоста и квалитетот на клучните инпути, а ја намалува и зависноста од снабдувачите. Пример: Хрватски Агрокор е пример за силна вертикална интеграција во двете насоки, затоа што под својата капа постојано доведува нови фирми од различни сегменти на прехранбената индустрија и го шири малопродажниот синџир кој што има лидерска позиција на пазарот. Притоа влегува и во други сегменти на малопродажбата (киосци, книжарници) и дистрибуцијата која може да биде во синергија со постоечкиот бизнис. *Според Liderpress.hr Дијагонален развој

XX Ширење во дејност различна од основната а) Концентрирана (поврзана) диверзификација Компанијата влегува во дејности кои што имаат некои меѓусебни врски со постоечкиот бизнис, било во технологијата, заедничките дистрибуциски канали, снабдувачите, изворите на суровини, преклопувањето на пазарите, знаењето, менаџерскиот know-how. Кога компанијата изградила конкурентска предност во основниот бизнис, оваа стратегија е добар начин да се пренесе она што компанијата го

работи најдобро од една дејност во друга. Пример: Хрватската Атлантик група го следи моделот на диверзификација на работењето во различни, но компатибилни подрачја кои што се вертикално интегрирани, еднакво, како и присутност на различни пазари. Бизнисот се одвива во две основни подрачја: дистрибуција на стоки за широка потрошувачка (од каде што и се тргна), како подрачјето што денес обединува производство на храна за спортисти, витамински напитоци, додатоци за храна, производи за лична нега, синџир на аптеки. Пред три години компанијата направи голема аквизиција на прехранбена фирма од регионот, Дрога Колинска. *Според Liderpress.hr б) Конгломератска (неповрзана) диверзификација Стратегија со која компанијата развива нови производи или услуги, и влегува во нови дејности што се значително различни од постоечките. За разлика од поврзаната диверзификација, конгломератската не се осврнува на стратешките врски со матичниот бизнис на компанијата. Мотивите за ваквата диверзификација се различни: употреба на профитот на една дивизија за покривање на трошоците во друга, без даночни оптоварувања; дистрибуција на ризикот преку различни бизниси; искористување на атрактивни инвестициски прилики; подобрување на вкупната профитабилност со влегување во поатрактивен сегмент, итн. Пример: Во Македонија ваков пример е групацијата Фершпед, чиј што основен бизнис е транспортот и логистиката, за потоа да се рашири во хотелиерство, винарство, итн. Во регионот, Адрис Групата од Хрватска, откако го достигна максимумот во тутунскиот бизнис во регионот, одлучи вишокот пари да го пренасочи во туризам и производство на храна. Истовремено ја засилува и вертикалната интеграција со вложување во малопродажен синџир на киосци во Хрватска и БиХ.


Капитал број 734 22.11.2013

53

Македонски примери на стратешка диверзификација Минчо Јорданов Основна дејност: челична индустрија Други бизниси XX металопреработувачка XX градежништво XX агробизнис XX винарство XX здравствени услуги XX медиуми

Орце Камчев Орка холдинг

Почеток како текстилна индустрија и дистрибуција на текстил и спортска опрема. Денес холдингот ги опфаќа следниве бизниси XX здравствени услуги XX текстил XX трговија XX медиуми XX маркетинг XX угостителство XX хотелиерство

Штерјо Наков групација Фершпед

Најголема грешка македонските бизнисмени прават кога се шират во нови дејности – стратешка диверзификација, а организацискиот капацитет, односно овластувањата дадени на извршните менаџери се само привидни. компании“, вели Стојан Дебарлиев, професор по менаџмент и стратешко планирање на Економскиот факултет при УКИМ Скопје. Тој додава дека во бизнис секторите со понизок степен на регулација, каде пазарните правила на конкурентност се неопходни за раст и опстанок, влегувањето на познати бизнисмени дејности внесоа свежина, квалитет и унапредување на конкурентноста на целокупните индустрии. Светските примери покажуваат дека стратешката диверзификација се врши преку директни инвестиции во новите индустриски подрачја на делување или пак преку аквизиции и алијанси со постојни и веќе етаблирани компании на пазарот. “Procter & Gamble, на пример, главно својата стратешка диверзификација ја насочува во сродни индустриски гранки на нивното бизнис портфолио, и тоа главно во производите за широка потрошувачка, преку аквизиции на помали брзорастечки компании во одредени пазарни сегменти, за што сведочи нивното огромно бизнис портфолио составено од повеќе десетици брендови, во прехранбената индустрија, индустријата за нега и хигиена, индустријата за грижа за здравјето, како што се: Head and shoul-

ders, Max factor, Pampers, Pringles, Tide, Gillette, Duracell, Braun и многу други. Од друга страна Siemens својата стратешка диверзификација ја позиционира во целосно несродни дејности и со директни инвестиции, како што се следниве сектори: индустриски сектори, енергетскиот сектор, медицинскиот сектор и градежниот сектор“, објаснува професорот Дебарлиев.

Холдинг или не

Стратешката диверзификација, особено несродната (конгломератска), претставува најкомплексна стратешка алтернатива на раст бидејќи компанијата не може да ги користи постојните ресурси, вештини, технологии, бизнис модели, маркетинг концепти и останати инфраструктурни и поддржувачки активности и пазарно потврдени политики, процедури и правила, туку влегува во целосно нова, непозната за нив, област на делување. “Притоа не е толку битно дали новите бизниси ќе бидат во рамки на холдинг или не, туку најважно е да постои соодветен стратешки менаџмент по принципот на доброто корпоративно управување, да постои способен извршен менаџмент и соодветни системи и капацитети на луѓето внатре. Сето тоа поткрепено со финансиско-

Основна дејност: шпедиција и транспорт Други бизниси XX винарство XX хотелиерство XX брокерска куќa

Регионални примери на стратешка диверзификација Ивица Тодориќ Агрокор, Хрватска

Основна дејност: дистрибуција и трговија Други бизниси XX земјоделие XX производство на храна и пијалоци XX информатичка технологија XX енер��етика

Миодраг Костиќ МК Група, Србија

Основна дејност: земјоделие, шеќерна индустрија Други бизниси XX трговија XX туризам XX информатичка технологија XX недвижности XX брокерска компанија

Анте Влаховиќ Адрис групација

Основна дејност: тутунска индустрија Други бизниси: XX хотелиерство XX производство на храна XX печатарска индустрија


Капитал број 734 22.11.2013

54

www.kapital.mk

Стратешки менаџмент

Кога диверзификацијата има смисла XX заради постигнување оперативна синергија во работењето со основната дејност XX заради обезбедување на еден дел од синџирот на вредноста XX заради добра прилика во ситуација кога фирмата има доволно капитал XX најважна и најлогична причина: кога основниот бизнис нема веќе основа за раст

Предности и опасности на диверзификацијата XX поширок ранг на подрачја во кои може да се инвестира, можност за побрз раст и поголеми профитни стапки XX заради учество во повеќе дејности, диверзифицираните фирми имаат постабилен раст XX најчестата стапица е поинаков модел на управување кој што го бара сериозната диверзификација XX ако не постојат синергии со основниот бизнис, трошоците можа да бидат превисоки, а менаџментот преоптоварен технички ресурси, особено во делот на влегувањето во новиот сектор“, објаснува Васко Карангелески, менаџмент консултант од КА Груп консалтинг. Според него, најголема грешка домашните бизнисмени прават кога се шират во нови дејности, а организацискиот капацитет, односно овластувањата дадени на извршните менаџери се само привидни. “Нормално е дека тој што инвестира треба да следи што се случува во неговите компании, но да следи од позиција на член на управниот одбор, а не како извршен менаџер на работна единица“, вели Карангелески. Што се однесува до придобивките од организирањето на диверзифицираните бизниси во холдинг, Рубин Зарески,

консултант за стратешки менаџмент, вели дека тие може да бидат остварени преку кратењето на трошоци заради користење на заеднички ИТ ресурси, финансиска служба, маркетинг, итн., поради менаџирање на холдингот од едно централно ниво. “Меѓутоа, во хоризонталното поврзување треба да оставите можност други инвеститори да влегуваат во диверзифицираните компании. Ако само еден човек ги контролира 100% акциите во сите фирми на холдингот, тоа е прилично невообичаено за здравите пазарни економии. Во светот, ваквите холдинзи се збир од компании кои што си разменуваат акции меѓу себе, да речеме Мицубиши компанијата за автомобили си разменува акции со Мицубиши-производство на бродови и Мицубиши – производство на електроопрема. Кај Тојота, на пример, која што е вертикален холдинг, на различни пазари, се поврзуваат

различни компании – снабдувачи со делови, дистрибутери и сл., - с$ со заедничка цел, да произведат и успешно продадат квалитетен автомобил“, објаснува Зарески. Тој смета дека кај нас крупните бизнисмени диверзифицирани во повеќе области воглавно сметаат дека моќта се мери по тоа колкав број на компании целосно контролираш, а не со кого седиш на маса, и преговараш за стратешки позиционирања на регионално ниво. “Не е исто да седите со еден Тодориќ или Тедески, или со 2-3 колеги што прават обрт од 20-30 милиони евра и се значајни локално во рамките на Ниш или Лесковац . Мене од една домашна кондиторска фабрика ми се налутија кога им реков дека наместо да направат аквизиција на некоја помала фабрика од регионот, тие купуваат опрема за производи кои што ги прави конкурентот на 50 км од нив“, вели Зарески.


Energy delivery solutions

ENERGIZING YOU


Капитал број 734 22.11.2013

56

LifestyLe

Феркан БерБери сопствениК на ресторан-ланџ бар венето

]e bideme prva makedonska restoranska fran[ [to ]e go osvojuva s


[iza svetot

Капитал број 734 22.11.2013

LifestyLe

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

А

57

успешна приказна на бренд роден во Македонија кој што истите стандарди на работа што ги има во Скопје, ќе ги запазува во било кој друг ресторан од овој синџир“, објаснува Бербери.

ко досега во Македонија Софтвер се грижи за имавме искуство со беспрекорноста на нарачките меѓународните угостителски Кои се клучните работи што, според брендови, донесени воглавно него, го издвојуваат Венето од другите преку франшизни договори, ресторани? наскоро работите може да тргнат во Прво, ресторанскиот кадар е обучен од обратна насока: од земјава да почне гастрономски тренери, лиценцирани од да се шири македонската франшиза Светската асоцијација на гастрономски на Венето, ресторанот менаџери, МастерШеф, – ланџ бар лоциран во од Светската асоцијација скопскиот Сити мол. на баристи (персоналот После само неколку што го подготвува кафето), месеци од почетокот со како и од Светската работа, сопственикот асоцијација на бармени. на ресторанот, Феркан Во компанијата Ентериерното решение Бербери, амбициозно имаме развојна исто така не е препуштено најавува дека приказната на случајот. Главен програма, според за Венето нема да дизајнер на внатрешноста која за релативно заврши во Скопје. Под е грчкото студио АД кусо време, под покровителство на Констракшн, кое има брендот Veneto светската асоцијација на проектирано ентериери International, гастрономски менаџери за преку 150 хотели и кој што веќе е World Master Chefs, 200 ресторани во Грција, Венето ги воведува заштитен на 13 Италија, земји од Блискиот светските стандарди надворешни исток, итн. Шеф на кујната во гастрономијата – пазари, ќе пак, е Константин Катафај, целосното знаење, познатиот српски готвач отвориме нови искуство, избор на со големо меѓународно ресторани надвор менија, начин на искуство. од земјава. послужување, прием и “Тој го постави целосниот Со тоа сакаме однос со клиенти, кои систем на кујната - од да направиме што ги пропишува оваа изборот на опрема, асоцијација со седиште во успешна приказна преку стандардите за Лондон. на бренд роден примање, приготвување и “Ние во компанијата во Македонија послужување на храната. имаме развојна програма, кој што истите Трите основи столба во според која за релативно готварството – квалитет стандарди на кусо време, под брендот на храна, безбедност работа што ги има Veneto International, кој и нутриционистичка во Скопје, ќе ги што веќе е заштитен на – се запазени запазува во било вредност 13 надворешни пазари, во Венето. Нашата кујна кој друг ресторан ќе отвориме нови е спремна да опслужи од овој синџир ресторани. Во моментов околу 800 оброци во денот, се анализираат две а времетраењето на локации, во Белград приготвување е строго пропишано на или Луксембург, каде што треба да го 15 – 22 минути“, објаснува Бербери. отвориме вториот ресторан, а потоа За услугата во Венето да биде франшизата да се шири и во други апсолутно во согласност со највисоките земји. Со тоа сакаме да направиме светски стандарди и најновата


Капитал број 734 22.11.2013

58

LifestyLe

ттрета генерација угостители

П

www.kapital.mk

технологија, се грижи софтверот R-Keeper, специјализирана алатка за професионален автоматизиран кетеринг. Преку систем на таблет уреди се прима нарачката, која потоа се проследува до мониторот во кујната и се следи времето на подготвување. Софтверот бележи во секој оброк кој состојки се ставаат, каква нутриционистичка вредност имаат, а се наведува и доколку некој гостин има специфични барања – да речеме ако е алергичен на некоја прехранбена состојка и сл. Целосното следење на процесот од приемот на нарачката до неговото послужување во Венето им овозможува да имаат увид во квалитетот на услугата, и корегирање на евентуалните слабости.

риказната за Венето е продолжение на една семејна традиција, во која Феркан е третата генерација која се занимава со угостителски бизнис. “Моите двајца дедовци биле познати угостители – едниот работел во Македонија, а другиот бил познат хотелиер во Солун. Татко ми беше почнал свој ресторански бизнис, додека чичко ми 25 години беше директор на некогашното големо туристичко-угостителско претпријатие Меркез. Јас ја продолжив таа нишка, и уште додека се школував во средното угостителско училиште во Скопје, имав среќа да одам на пракса во поранешните југословенски врвни објекти, како хотелот Холидеј ин во Сараево, и тоа за време на подготовките за Олимпијадата во 1984 година, потоа во белградските хотели Славија и Интерконтинентал, кои што своевремено беа меѓу врвните објекти во земјата, но и пошироко.“, ни откри Бербери од каде е всушност “угостителскиот ген“ во неговата крв. Бербери на скопската јавност и познат и како ко-сопственик на кафетериите Стејџ во Рамстор и ФМ Кафе во Сити галери, и како сопственик на локалот Венеција во Т.Ц Буњаковец, кој што с$ уште работи. Откако се испробал со овие неколку кафулиња, а работел и во ресторанот на татко си, Феркан решава да сврти нова страница во својот кариерен пат и да отвори сопствен ресторан. “Ако во угостителскиот бизнис се смета дека хотел е врвот, сепак, не може да стигнете до хотел ако не го поминете ресторанскиот бизнис. Анализирав долго време кои се добрите, но и слабите страни на македонската ресторанска сцена, заради недоволниот институционален капацитет за поддршка на угостителскиот бизнис и ниското ниво на образование потребно за оваа гранка, која што за жал во земјава е доведена во позиција која апсолутно не ја заслужува. ��ешив да променам нешто, да направам локал кој ќе понуди досега невидено гастрономско искуство во градот, поткрепено со највисоки стандарди во набавката, подготвувањето и сервирањето на храната“, вели Бербери.

Кумот на “Венето“ е од Италија

“Менито на Венето е поразлично од стандардната понуда што се наоѓа во земјава, а мастер-шефот Катафај има направено добар микс на јасно дефинирани вкусови, квалитетно одбрани производи и нови системи за приготвување храна. Процесот на созревање на месото е природен, намирниците се секогаш свежи, менито постојано трпи измени, едноставно се обидуваме да бидеме секогаш интересни и иновативни за нашите гости. Сето она што може да го видите во каталозите на Michelin star, 24 Kitchen, WACS светски најпознатите асоцијации на готвачи и ТВ гастрономски канали, ние го применуваме во Венето. Потрошувачите тоа го препознаа и веќе во првите четири месеци имавме околу 60.000 посетители, од различни целни групи: бизнисмени, дипломати, политичари, луѓе од културата, естрадата, но и сосема ‘обични’ граѓани“, вели Бербери.

Поранешниот готвач на Путин се грижи за кујната на Венето

Ш

Константин Катафај мастер-шефот на Венето

еф на кујната во Венето е Константин Катафај, претседател на српското здружение Мастер Шеф, кое што е член на светската асоцијација на гастрономски менаџери. Тој има едногодишен договор со Венето Скопје и петгодишен договор со Венето Интернешнл, за поставување на менито, начинот на негово спроведување и супервизија. Тој работи уште од својата 16-та година како помошник на главните готвачи во познати белградски ресторани, а потоа работел во Шпанија, Италија, а последниве десетина години во Москва и Ростов, Русија. Во период од 2,5 години, Катафај бил и личен готвач на рускиот претседател Владимир Путин.


Капитал број 734 22.11.2013

LifestyLe

59

На гастрономската професија да и го дадеме местото што го заслужува

С

Венето стана омилено сврталиште на бизнисмени, политичари, луѓе од културата и естрадата... Феркан со сопругата Елида Сефедин Бербери, Влатко Стефановски со сопругата и Калиопи Инаку, Венето го носи предзнакот италијански ресторан (иако под тоа име не можел да се регистрира на сите пазари каде што досега е заштитен брендот, заради регулативите за заштита на трговска марка и сл.) затоа што околу 70-80% од менито се состои од италијанска, односно Со медитеранска специјалниот храна, додека софтвер R-Keeper, остатокот е во Венето имаат македонска кујна, целосна контрола но модифицирана врз процесот на со новите практики нарачки во гастрономијата, како што вели Бербери. “Интересна е приказната околу името на ресторанот. Кум на брендот Венето е гастрономски менаџер од Италија, кој што првично требаше да биде шеф на кујната во ресторанот. Тој беше дојден во Скопје да се запознае со пазарот, да ги види навиките на потрошувачите, да испита што е тоа што треба да се понуди во земјава и кога го однесов во мојот локал Венеција, ми го рече следново: ‘Феркан, тебе сите те знаат како Ферки Венеција, немој да бегаш од веќе етаблираниот бренд и продолжи во тој стил’. Венето е регион во Италија, каде што клучен град е Венеција, па некако се наметна Венето да биде име на ресторанот“, вели Бербери.

опственикот на Венето вели дека ќе се залага со сите сили Македонија да биде претставена преку свое здружение на гастрономски професионалци во светските асоцијации на оваа фела. “Со Венето сакам да дадам пример како треба да изгледа ресторан по светски стандарди, но и да ја поттикнам свеста на одговорните институции за важноста на квалитетните угостителско-туристички кадри. Преку угостителско-туристичката комора при ССК чиј што претседател сум, се залагаме да се направи квалитетно средно образование за гастрономската струка, која е страшно потценета во земјава, а во светски рамки шефовите на кујни се извонредно ценети и платени занимања. Затоа што не сме членка во светска асоцијација, како што е Мастер Шеф, на пример, ние немаме ниту од каде да учиме и да ги следиме светските стандарди и новите трендови. Тоа вие како во фудбалот – не може да играте во Лигата на шампиони, ако не сте членка на УЕФА. Намерата ми е во Венето да создадеме сопствен едукативен центар со кој што ќе пробаме да ја смениме перцепцијата за угостителските работници и да го подигнеме нивото на самиот услужен персонал. Околу тоа сум во завршни преговори со меѓународните асоцијации, кој би ми дале поддршка во обуката. Знаете, ние донесовме регулатива за лиценцирање бебиситерки, а не лиценцираме готвачи. Знаете ли што може да ви направи необучен готвач, каква опасност може да предизвика за вашето здравје една недобро измиена зелена салата, а да не зборуваме за посложени работи?! “, вели Феркан Бербери.


Капитал број 734 22.11.2013

60

Маркетинг Vtora AllWeb konferencija:

Internet reklamiraweto ne trpi improvizacii

И

нтернетот е многу повеќе од Фејсбук, и с$ повеќе компании го сфаќаат тоа – дека ќе мораат да се приспособат. Голем број компании веќе сфатија дека интернетот не е шега, туку оти можат и да имаат корист од него, посочи еден од пионерите на онлајн маркетингот во регинот, Драган Варагиќ, во своето обраќање на втората конференција за интернет маркетинг и онлајн ПР - All Web, што се одржа на 15 ноември во Скопје (City Hall). Но, кога зборуваме за Македонија и за Македонците - кои користат Фејсбук повеќе од европскиот просек, впечатокот е дека овдешните компании сеуште не сфатиле какви содржини треба да им понудат на нивните следбеници на најпознатата социјална мрежа - истражувањето на агенцијата „Рејтинг“ покажува дека заостануваме во интеракцијата со брендовите и во најголем дел само „лајкуваме“. Варагиќ посочи дека решението треба да се бара во таканаречениот „нејтив“ онлајн-маркетинг, што значи рекламата да биде во контекст на содржината

што корисникот ја конзумира, а не да го прекинува (и иритира) со содржина која нема врска со неговата активност. Конкретно за успешното мобилизирање следбеници на брендови преку социјалните мрежи говореа Крешимир Доминиќ од хрватската ПР агенција Абракадабра, Рената Мештровиќ - бренд менаџер во Атлантик Група, и Василије Чорлука - креативен директор во скопски Публицис. Тројцата се обратија во првиот дел од овогодинешниот AllWeb насловен „Интегрирај се или пропадни“, претставувајќи им ги на околу 160 посетители нивните успеси со Филипс (во Хрватска), Цедевита (во Србија) и Т-Мобиле (Македонија). Од говорниците беше посочен предизвикот на рекламирањето на Фејсбук во услови кога за внимание се натпреварувате со содржини што ги објавуваат најблиските пријатели на корисникот од вашата целна група: „За да го освоиме вниманието на корисниците истражувавме, многу ни беше важно како тие се однесуваат на социјалните мрежи. Зошто тие воопшто

се на Фејсбук? Зашто Филипс во случајот не се натпреварува со Самсунг, туку со Перо, Ѓоко, Миленко ... пријателите на Фејсбук корисниците до кои сакаме да допреме“, истакна Доминиќ говорејќи за искуствата со онлајн кампањите за Филипс во Хрватска. И Мештровиќ го потенцираше значењето на интеракцијата со корисниците на Фејсбук, односно на осмислувањето содржини, апликации, што ќе бидат доволно интересни за да изнудат реакција од нив. Како посебно успешна ја издвои апликацијата за брендот Цедевита, со чија помош заинтересираните корисници на мобилните платформи Андроид и iOS (ЕЈПЛ) можеле преку GPS да го следат и да го повикаат на местото кадешто се наоѓаат, камиончето на Цедевита ангажирано во кампањата да крстосува низ Србија. Чорлука зборуваше за исплатливоста на ризикот што се одлучиле на Т-Мобиле да му понудат кампања без однапред подготвени содржини, туку со стримувани видеа на Фејсбук од страна на заштитното лице (на кампањата), актерот Сашко Коцев.


74

Капитал број 734 22.11.2013

www.kapital.mk

светот на виното

Дегустацијата има неколку нивоа кои заедно создаваат претстава за тоа какво вино пиете. Мирисот, бојата и вкусот се основните начини за одредување на квалитетот на некое вино. но има и други компоненти...

основи на ДеГУстаЦиЈата

Qubov na vtor pogled

С

ите кои се занимаваат со виното секогаш се прашувани за тоа - што е добро вино? Кое вино е подобро? Каква е разликата помеѓу доброто и не толку доброто? Тоа се всушност и најтешките прашања кои не заслужуваат едноставен одговор. Зашто, проценката и оценката за едно вино се базира врз строга, прецизна и неколкуслојна постапка на набљудување, мирисање, испробување. А се тоа во крајна линија и пред се сепак зависи и од вкусот, расположението, атмосферата, дадената ситуација во која некој го проценува виното.

Гледајте ја бојата - дали е загасита, дали е константна или се разредува од центарот кон страните на чашата, дали е бистра течноста, дали е таа бистрина кристална. Најголемиот број вина се прават бистри. Некои производители за да ја истакнат природноста на постапката не ги филтрираат своите вина, па тие можат да бидат малку заматени, но матни никако. Запаметете ги нијансите и бистрината зашто тоа може да ви биде корисно ако другпат го видите истото вино. Навидум боите се исти, но секое вино има нијанси на бои кои се одлика само на тоа конкретно вино.

АМАТЕРСКИ ТРПЕЛИВО

РОТИРАЊЕ

Но, дури и при сосема аматерска дегустација има некои правила кои мора да се почитуваат. Ако професионалната дегустација ви изгледа како замрсена наука, недостижна за просечниот консуматор, тогаш останете на солидното аматерство. Но тоа подразбира два неопходни елементи трпеливост и концентрација. Потоа следи квалитетна и правилна организација во употребата на главните сетила, око-носуста (другите органи се само пропратни). И не заборавајте го мозокот, тој е главниот и врховен судија кој ќе донесе конечно решение за тоа дали ви се допаѓа или не виното кое го дегустирате. Претходно не пијте жесток алкохол и не јадете зачинета храна. Гледајте местото каде што ја вршите дегустацијата да биде проветрено и без влијание на некои доминантни мириси.

ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА

Првиот впечаток е многу важен, некогаш и пресуден за допадливоста на некое вино. Бојата некогаш го одредува вашиот став кон некое вино. Тоа би било нешто како прв впечаток, впрочем многу важен. Нешто како симпатија на прв поглед. Ставете ја делумно полната чаша кон светла, најдобро бела подлога или заднина. Веднаш и лесно утврдувате за какво вино се работи - бело, црвено или розе. Ако има меурчиња значи дека се работи за некое пенливо вино.

Ако ја завртите чашата и го заротирате виното почнувате да ги откривате и другите квалитети на виното. Ако имате добро вино на ѕидовите од чашата, ќе забележите тенки нишки, нешто како солзи. Тоа е секако знак за полно, богато вино, со солиден алкохол.

АРОМИ

Ако изгледот на виното е определувачки во (не)бендисувањето на некое вино, мирисот е она што ве врзува безмалку дефинитивно. Според некои скорешни истражувања мирисот е определувачки за да станете фан на некое вино. За да го почувствувате ова доживување на мирисот, завртете ја добро течноста во чашата (ова е единствената причина за оние големи балони од чаши). Само, немојте никогаш да

ја полните чашата повеќе од една третина. Доволно е да направите три четири круга. Со тоа ќе го внесете кислородот во чашата, а тој, понесен со оваа операција ќе ви ги донесе мирисните компоненти на виното кое го испробувате. Тогаш внесете го својот нос во чашата, колку што можете подлабоко. Мирисајте кратко, со прекини, но енергично, длабоко и со чувство. Тогаш овие податоци од вашиот нос испратете ги до мозокот. Што чувствувате? Носот бргу се заситува, но бргу и се обновува. Ако немате доволно информации, повторете ја постапката. Што сте откриле? Веројатно она што ви се сугерира - шумски јагоди, боровинка, сува слива и бла бла бла, се она доста тривијално, познато “дежа ву” Јагоди во вино или вино во јагоди?!

ФАНТАЗИЈА

Морате да имате малку повеќе фантазија. Без разлика што сте аматер или токму заради тоа. Тука некаде се наоѓа тенката линија за тоа што е вкусот, а што е мирисот на виното и за што точно станува збор кога овие феномени ги регистрираме во нашата глава. Некој ќе рече дека тоа е букето на виното. А буке е само застарен израз за аромите.

УСТА

Решавачкиот момент се случува кога ќе дојде прашањето на вкусот. Шмркнавте, вдишавте. Се очекува и нешто да ставите во уста за да се решите што ќе откривате. (продолжува)

ВИНСКИ МАНИРИ

Умерено пиење - што е тоа?

У

мереноста во пиењето е работа на мошне индивидуална проценка. Но има некои, колку толку прифатени (и прифатливи) мерки. Под “умерено” пиење се подразбира пиење на две ( велат, до три) единици алкохолен пијалок дневно. Тоа подразбира две три чаши вино или количински под 4 децилитри дневно. За пивото исто така - две пива со 6 до 7 децилитри. Кај жестокиот алкохол таа количина не смее да премине еден децилитар, или две чашки. Ваквите количества се сметаат попрво за корисни и стимулативни. Се разбира индивидуалното поднесување на овие количества е друго прашање. За некого се можеби малку, за некого и премногу. Основно е што овие количества не можат да наштетат, а можат да бидат и корисни.


62 за продажба 72 станови локали за издавање

1

ГОДИНА

ГРАТИС камата

1

ГОДИНА

ГРЕЈС период

бул. Јане Сандански Населба Аеродром, Скопје


734 kapital magazin