476-29.02.2011

Page 9

WWW.KAPITAL.MK

КАПИТАЛ СРЕДА 29.02.2012

9

та кошничка е помала од платата?! кошничка) и од 340 евра (просечната плата). Од Државниот завод за статистика велат дека на друг начин ќе го следат животниот стандард на населението. Ќе ги мерат само цените на мало и трошоците на живот. Според досегашната методологија, во пресметката беа вклучени само храната и пијалаците. „Во процесот на хармонизација со европските статистики започнавме со ново истражување од областа на животниот стандард. Во тек е анализа и валидација на добиените податоци во соработка со експерти од областа и врз основа на овие податоц ќе се продуцираат меѓународно споредливи индикатори за животниот стандард и условите за живеење“, велат од Државниот завод за статистика. Во Заводот признаваат дека потрошувачката кошничка која ја објавуваа до минатата година не претставува индикатор за мерење на сиромаштијата, ниту на минималните потребни средства за храна и пијалаци на едно просечно четиричлено домаќинство. „Потрошувачката кошничка за исхрана и пијалаци не служи за анализа на тоа колку му е потребно на едно домаќинство за нормален живот, туку целта е да ни ја прикаже промената на вредноста на буџетот за исхрана и пијалаци на едно просечно домаќинство во Македонија како резултат на промената на цените на мало од

Реални и нереални бројки Македонија Просечна плата 340 евра Потрошувачка кошничка 200 евра

Србија

Просечна плата 353 евра Потрошувачка кошничка 636 евра

Хрватска

Просечна плата 715 евра Потрошувачка кошничка 895 евра

БиХ

Просечна плата 410 евра Потрошувачка кошничка 870 евра

Црна Гора

Просечна плата 484 евра Потрошувачка кошничка 778 евра

Kapital Academy...

еден во друг месец“, објаснуваат од Заводот. Македонската потрошувачка кошничка не опфаќаше ниту една третина од трошоците кои реално ги има едно семејство. „Во неа беше опфатена само една група, односно исхраната и пијалаците, на кои едно просечно семејство троши околу 60% од вкупниот приход. Тоа говори за сиромашно општество. Во Словенија само 25% од приходите припаѓаат на оваа ставка. Во трошоците треба да влезат и оние за облека, образование, струја, покуќнина, културен живот. Во однос на новата пресметка за индексот на цените на мало, потребно е да опфатат 200-300 производи кои најмногу се трошат. И во однос на добивање на индексот на цените на трошоците потребно е да се земат предвид приближно толку производи“, вели професорот на Економскиот факултет, Славе Ристески. Во потрошувачката кошничка пресметана од Еуростат, освен храна, безалкохолни и алкохолни пијалаци, влегуваат и тутун, лекови и лекување, облека и чевли, кирија, горива, струја, мебел, апарати во домаќинство, транспорт, комуникација, рекреација и култура, едукација, ресторани и хотели други производи и услуги. Земјите во регионот веќе ја применуваат европската методологија во пресметката.

Така, во Србија новото истражување покажало дека на храна трошат многу повеќе од она што статистиката порано го покажувала и тоа со просечно семејство кое има три, а не четири члена. Во новата потрошувачка кошничка има 26 производи повеќе од старата, така што тој вкупниот број сега изнесува 75. Едно семејство во Србија треба да одвои две просечни плати за да ја наполни кошничката. Потрошувачката кошничка во Хрватска изнесува 895 евра, а просечната плата е 715 евра. Во Босна и Херцеговина цената на потрошувачката кошничка е двојна поголема од просечната плата, која изнесува 410 евра. Во Црна Гора просечната плата е 484 евра, а потрошувачката кошничка 778 евра. Во досегашната македонска потрошувачка кошничка за исхрана и пијалаци влегуваа 63 производи: жито, месо, риба, млеко, млечни производи, јајца, масло и маснотии, овошје, зеленчук, шеќер, чоколадо и кондиторски производи, други прехранбени производи, кафе и чај, безалкохолни и алкохолни пијалаци. Таа се формираше врз основа на податоците за просечно потрошените количества од одделни артикли за лична потрошувачка, статистиката на цените на мало и статистиката на платите, која дава податок за просечно исплатените нето-плати по работник за месецот.

member of KAPITAL MEDIA GROUP

...Za da znaeme pove}e! I samite da si pomogneme...

објавува

РАБОТИЛНИЦА

АНАЛИЗА И ТОЛКУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ ПОКАЗАТЕЛИ 20.03.2012

Дали знаете дали и колку е профитабилна Вашата компанија? Дали успевате да ја одржите ликвидноста и солвентноста на компанијата? Дали имате и одржувате долгорочна успешност на Вашиот бизнис? Преку оваа еднодневна работилница ќе дознаете како да ги препознаете клучните елементи од финансиската слика на Вашето претпријатие и како истите да ги разберете на начин кој ќе ви помогне во донесувањето на вистински деловни одлуки. Познавањето на повеќе информации кои стојат позади бројките во извештаите е огромна предност затоа што тогаш знаете во која насока се движи Вашиот бизнис.

РАБОТИЛНИЦАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:

Лица вработени во областа на финансиското работење, сметководство, финансиско известување и анализа Особено е корисна на надоградување на знаењата кај претприемачите, лицата кои работат на менаџерски позиции, управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.

НА РАБОТИЛНИЦАТА ЌЕ НАУЧИТЕ:

Да дефинирате правилен сет на финансиски извештаи корисни во процесот на одлучување и нивно читање како извор на финансиски податоци Да ги дефинирате соодветните показатели за финансиска анализа, нивно пресметување, начин на нивно толкување и потенцирање на нивното значење Да ја анализирате оперативно-деловната успешност од работењето преку извештаите и показателите, структурата на приходите и трошоците и нивна примена во процесот на одлучување

ПРЕДАВАЧ: м-р КАТЕРИНА БОШЕВСКА

finansiski direktor na EOS Matrix Makedonija i finansiski konsultant za Isto~na Evropa. Anga`irana e kako nadvore{en sorabotnik i trenerobu~uva~ za temi od oblasta na finansiski menaxment od renomirani trening agencii-konsultantski ku}i.

Проектот Kapital Akademija... е формиран на 25.09.2011 лица за контакт: Гордана Михајловска mihajlovska@kapital.com.mk, Дијана Гулакова akademija@kapital.com.mk 02 3298 110


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.