Not Your Toy! Инструменти на моќтаРаботникот и неговите права во услови на глобална економска криза
Инструменти на моќта - Работникот и неговите права во услови на глобална економска криза
Автор на проектот и куратор на изложбата: Ангела Витановска
Групна изложба на тема трудова експлоатација Ноември, 2022
NOT YOUR TOY! (2022)
Учесници:
Кристина Божурска
Доротеј Нешовски Јана Јакимовска Стефан Божиновски
Ненад Тонкин Ана Трајковска
Никола Славевски Зорица Зафировска Ивана Ќ. Самандова
Двосмисленост Неолиберализам Манипулација Партизација Капитал Закана Платен „одмор“ Уцена Искористување Политика Ризик Поткуп Невработеност Капитализам Пари Несреќи Профит
Капитализам Данок Несреќинаработноместо Ласкања Профит Навреди Злоупотреба Тужба Ветувања Отпуштање Приватизација Лажни договори Себичност Лукавство Нерегистриран труд
NOT YOUR TOY!
(групна изложба на тема трудова експлоатација)
Инструменти на моќта- Работникот и неговите права во услови на глобална економска криза
Ласкања, навреди, лицемерие, лукавство. Моќ, уцена, манипулација.
Работникот како робот.
Работникот како машина.
Работникот како доказ.
Цедење и целосно исцрпување на силата на работникот.
Трудовата експлоатација, како форма на прекршување на трудовите и генерално, на човековите права, постоела отсекогаш. Доколку се навратиме само за момент наназад во историјата, овој проблем, воопшто и не се третирал како проблем, туку напротив, како една од алатките за непречено функционирање и прогрес на едно општество. Екстремната експлоатација постоела уште во рамки на првите општествено-економски структури, поради што и ќе станат познати како робовладетелски системи. Терминот ,,трудова експлоатација“ се однесува на принудна работа или услуги, ропство и практики слични на ропство, поим кој бара постојано ревидирање и ажурирање, како би можел да одговори на променливата реалност. Тешко е да се повлече јасна линија и одвојување на експлоатацијата како кршење на работничките права од принудната работа или трговијата со луѓе. Се чини дека смислата на дефиницијата на трговијата со цел трудова експлоатација, врската со кршењето на трудовите права, лошите работни услови, како и улогата што треба да ја имаат агенциите за спроведување на законот на пазарот во однос на превенцијата и детектирањето на трудовата експлоатација, како да не се доволно разбрани, што во голема мера е поттикнато од непознавањето на овие закони од страна на оние на кои тоа најмногу
приход. Борбата меѓу капиталистот и наемниот работник почнува уште од самиот почеток на капиталистичкото општество, т.е. од самиот почеток на воспоставувањето на капиталистичките односи, а особено со почетокот на индустриската револуција во 18 век, кога за прв пат покрај работната сила се воведува и машинеријата. Но, во денешно време се чини на работникот сé почесто му се припишува оваа улога, улога на машина-алатка во капиталистичкиот систем, кој заснован на приватната сопственост на средствата за производство постојано се стреми кон поголема и посилна движечка сила која ќе биде двигател во целиот механизам во борбата за профит и акумулација на капитал на конкурентниот пазар, во кој капиталистот
им е потребно- жртвите на овој вид експлоатација. Големиот приход ја дразни ненаситната глад за уште поголем
и работникот постојано се во меѓусебно зависен однос еден спрема друг. Едниот како стопан на парите и средствата за производство, другиот како стопан на работната сила Фридрих Енгелс ќе каже: „Мрачната еднообразност на бескрајното мачење при работата, за која еден ист механички процес незапирливо се повторува, личи на работата на Сизиф; тежината на трудот, одново и
одново паѓа како карпа на грбот на омаловажениот работник.“ 1 На секое капиталистичко производство, до колку тоа не е само процес на трудот, туку едновремено и процес на оплодување на капиталот, заедничко му е тоа, што работникот не ги применува условите на трудот, туку обратно, условите на трудот го применуваат работникот 2 Глобалната пандемија накоронавирусот, беше само уште еден индикатор кој јасно утврди дека вистинската пандемија е токму желбата за профит и економска превласт, а почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, претставуваше само уште едно дополнително скалило кое ја втурна денешнината во бездната на една од најтешките општествени, психолошки и економски кризи кои се случиле од Втората светска војна, наваму. Политичкиот колапс на европската сцена го поттикна економскиот крах на светскиот пазар, кој само дополнително ја потенцира моќта и немилосрдноста на експлоататорскиот монструм кој знае само за себичност и борба за профит. Покачувањето на минималната плата за наши услови, фрли само зрак студена светлина колку да се каже ,,не сме слепи“ во помрачувањето кое го донесе оваа криза, која уште повеќе ги ослабна можностите за спротивставување на работничката класа. Земјоделството, прехрамбената, текстилната индустрија, индустријата за обувки и градежништво се најчестите индустрии со најголем процент на луѓе чиј труд е експлоатиран, недоволно исплатени, неосигурани, со прекувремени работни часови за кои, во најголем број од случаите не добиваат никаква надокнада, ризик кој дополнително се зголемува и поради несигурните договори за вработување, тешките работни услови и ниските плати, а голем дел од овие индустрии користат нерегистриран и неформален труд, кој буквално се ,,тестира“ со отпорот на работниците, пред да ги притиснат во поекстремни експлоататорски ситуации, постојано стеснувајќи го лавиринтот на моќта, доведувајќи го работникот до една безизлезна ситуација, кога неговата моќ за донесување одлуки на крајот е сосема изгубена. Оваа глобална пост-пандемиска, социо-општествена и пред сé, економска криза, се чини го поттикна системот покоординирано и поизразено од кога било претходно, да започне лицемерно да си поигрува со силата и трудот на работникот, третирајќи го како марионета контролирана од најмоќните, идејно супериорни инструменти: профит, пари, данок, тужба, уцена, отпуштање, манипулација. Рапидната инфлација која направи цените вртоглаво да се искачат преку ноќ во текот на оваа година, само дополнително ги потенцираше ниските примања на минималците, кои остануваат и понатаму немоќно да тонат од експлоататорскиот режим на светската економија, соочени со (не)регуларна исплата, константна злоупотреба на трудот и реформи кои не водат никаде. Ваквите услови, всушност ја поттикнаа и реализацијата на овогодинешната фаза од проектот ,,Not Your Toy!“, започнат во 2019 година, со фокус оваа година насочен исклучиво на визуелна разработка на инструментите на моќта кои постојат, потиснуваат, контролираат и... се влошуваат. Оваа групна изложба во која учество земаат: Кристина Божурска, Никола Славевски, Јана Јакимовска, Доротеј Нешовски, Ненад Тонкин, Ана Трајковска, Стефан Божиновски и Зорица Зафировска, е само еден визуелен потсетник и истражување на уметниците за реалноста која е... моја,
Реалност присутна речиси насекаде, во
и куратор на изложбата Ноември, 2022 1 Ф. Енгелс: „Положбата на работничката класа во Англија“, стр. 217 2 К. Маркс, Капиталот, Том I, Гл. XIII, ,,Машинерија и крупна индустрија“(https://marxists.architexturez.net/makedonski/m-e/1867/
пристапено на 14.10.2022)
твоја, наша...
сечиј дом, толку блиску до нас. Ангела Витановска, автор на проектот
tom1/gl13.htm#186,
Кристина Божурска
,,Мамка“ инсталација со варијабилни димензии (24 x 10 x 11 см, на еден објект), стапици и плексиглас 2022
Можеш ли да сонуваш кога си заглавен во калта на капиталистичкото општество? Заробен во кафезот на експлоататорите, дури и наједноставните соништа, надежи и копнежи, понекогаш се чинат толку недостижни. Делото ,,Мамка“, на Кристина Божурска е инсталација составена од пет збора: Hope, Dreams, Promises, Better, Future, која нѐ поттикнува да размислуваме колку често намамени од нашите желби, соништа и копнежи, паѓаме во стапицата на системот, без можност да се извлече. Намамени, уловени и заробени како глувци, пленови на експлоататорската моќ, немо гледаме низ (работната) ќелија, сé додека со текот на годините, сето она кон што некогаш сме се стремеле, сме го сонувале и кон што сме копнееле згаснува, исчезнува и како сенка полека се губи...
Доротеј Нешовски
,,Кој ја разбира вашата вредност?“ инсталација, варијабилни димензии 2022 Оваа глобална економска криза, се чини одново докажа дека правата на работникот во глобалната машинерија на капиталистичкото општество, безмалку и да не постојат. ,,Кој ја разбира вашата вредност“ е критика која директно упатува на формалното стапување во сила на капиталистичките односи, договорот меѓу работникот и капиталистот, заглавеноста и честата манипулаторска политика која работодавците ја водат со правата на работникот, многу често наведувајќи ги да потпишат документи преку кои паѓаат во мрежата на обесправеноста и немоќта...
Јана Јакимовска
,,ПЛАТА“ подна инсталација од пепел, варијабилни димензии 2022 ,,Животот станува сѐ поскап. Вкупната инфлација се зголемила за 19,8% во однос на истиов период, минатата година.“ (Дневник: Телма, 7 Ноември, 2022)
Интенциозно насловено ,,ПЛАТА“, делото на Јана Јакимовска можеби на најдобар начин ја отсликува кризната состојба со која се соочивме годинава, рапидната инфлација која од месец во месец вртоглаво растеше, обезвреднувајќи ги и онака ниските примања и (недоволно) платениот труд на работникот. Пепелта која Јакимовска ја употребува како примарен материјал за изведба на оваа инсталација, е само метафоричен приказ на огнот кој економската превласт го остава зад себе, a преку непостојаноста на материјалот авторката прави паралела со непочитувањето на договорите, правата и надоместот на работниците, упатувајќи на парите од ПЛАТАТА, која е толку минимална и од која во денешно време не останува речиси ништо, а со која треба да се помине месецот...
„Лист по лист кини, лист по лист нижи... Дојде ли денот тој да се мери – мерка му нема, а в градите длаби без да се запре...“ ,Тутуноберачите“ на Стефан Божиновски е видео-инсталација, која навлегува во спектарот на личните искуства на авторот, кој како дете на тутуноберачи, е “сведок” од прв ред на макотрпната, деноноќна и слабо платена работа на овие луѓе, како и постојаната економска нестабилност предизвикана од лошите субвенционални политики кои ги води државава. Во видео-перформансот Божиновски директно ни ја презентира мачната работа на тутунопроизводителите која тргнува од сеењето на семето и константното следење и одржување на растот на корените, па сé до садењето, бербата, нижењето и сушењето под жешкото сонце, како долг и мачен процес во кој неизбежно е инволвирано целото семејство, или како што наведува самиот автор: ,,Профитабилноста нужно зависи од количината, што
значи дека оние кои се потпираат на него како извор на финансии во целост се ангажирани со сите човечки сили што ги имаат во семејството“. Завршувањето на годишниот циклус, не значи и завршување на маките на тутунопроизводителите, кои секоја година со надеж остануваат да чекаат трудот да биде исплатен, надеж која од година во година проценувачите и откупувачите сé повеќе и повеќе ја убиваат... И сето тоа на товар на мравката, земјоделецот, тутунопроизводителот... Стефан Божиновски ,,Тутуноберачите“ видео-инсталација, варијабилни димензии 2022
Ненад Тонкин
,,Товар“ комбинирана техника (жица, камен, коноп, картон), 77 х 21 х 13,5 см 2022
Безизлезност. Заглавеност. Тапкање во место. Колку ли сила е потребно да ,,мрднеме” од тежината на каменот кој нѐ влече кон дното на обесправеноста? Делото е асоцијација за еден личен/ колективен/ општествен/ социјален/ психолошки/ економски товар, доволно голем, претоварен со проблеми без можност да се помести од место, а најчесто потхрануван од локалната и глобална политика, кој е активно присутен за да гмечи и да потсетува колку може да биде суров. Тоа е товарот кој го носиме сите и кој чека погодна прилика (пандемија/ војна/ глобална економска криза) за да натежне уште повеќе.
Ана Трајковска ,,Струја, вода, Господ“ колаж на хартија, 140 x 36 см 2022
Прегазени од времето, исцедени од секој (не)платен работен ден, со надеж го чекаме крајот на месецот, оној датум кога (конечно) нашиот труд ќе биде награден, додека во меѓувреме се молиме...
За здравје. За струја. За вода. За Господ... Ова е главната идеја на авторката, која изложува колаж од православен календар, на кој се одбележани различни дати и, со цел да ја потенцира немаштијата која е секојдневие на многумина. Во услови тековни месечни пресметки каде крпењето ,,крај со крај“ и немањето доволно средства за основна егзистенција се секојдневие, верата и надежда се единственото нешто што преостанува дека можеби ,,утре ќе биде подобро“ Истовремено, самото дело (според авторката) е инспирирано од низа истражувања спроведени во повеќе држави ширум Балканскиот полуостров, кои покажуваат дека земјите со повисоки животни стандарди се со помал број верници, додека најсиромашните како Македонија, имаат највисок процент на верници, што доволно укажува на фактот за ниските примања, заглавеноста и огромната сиромаштија со која се соочува најголем процент од населението во оваа држава.
Николче Славевски ,,Труповите кои не ги броиме“ светлосна инсталација, 60 х 70 см 2022
,,Капиталот не е во тоа што натрупаниот труд му служи на живиот труд како средство за живо производство. Тој е во тоа што живиот труд му служи на натрупаниот како средство да ја одржи и зголеми својата прометна вредност.“ -Карл Маркс, Наемен труд и капитал
Цитирајќи го Карл Маркс од неговото дело ,,Наемен труд и капитал“ упатувајќи на исцрпувачката сила со која жедта за капитал го згаснува животот на работникот, ,,Труповите кои не ги броиме“ на Никола Славевски е светлосна инсталација преку која авторот јавно оддавава почит на работници кои загинале на работни места како последица на лошите работни услови, негрижата и запоставеноста од страна на работодавецот. Истовремено, преку своето дело, авторот директно ја застапува идејата дека уметноста треба секогаш да биде во корист на граѓаните, колективен глас и критика на општеството, и кој децидно го искажува својот став против ларпурлартизмот, нагласувајќи дека во новиот социополитички контекст иднина може да има само политички и општествено ангажираната уметничка практика.
Зорица Зафировска
„Временско-позициони преиспитувања“ Исечоци од видеа за време на работниот престој на Noble јаckup rig во Северно море северо-источна Шкотска, Обединето Кралство на Британија Серија на кратки видеа и фотографии 4 принта на хартија 16 х 9 см 2016 Користејќи сегменти од кратки видео записи во облик на фотографии, авторката ни го презентира сопственото работно искуство и условите со кои се соочила како мигрантка- работничка во периодот од мај 2008-та до декември 2017-та година, работејќи во нафтената индустрија во водите на Северното Море. Искуството во оваа “високо вредносна“ и екстравистичка индустрија, кај неа ќе поттикне серија прашања поврзани со нејзината егзистенција и непостојаност како уметник. Додека извршува задачи на оддржување, угостување и грижа, самата се прашува дали ја изведува својата невидлива улога или само опсесивно ја извршува? Дали овие задачи ја оттуѓуваат од нејзината примарна улога, или може да ги доведе до развивање на секојдневна уметничка пракса? Како овие приходоносни делови од нејзиниот живот, носат вредности на нејзината улога како неприходоносна уметница, а и обратно? Или конечно сфаќа дека ова учество е уметност само по себе! Благодарност до Mierle Laderman Ukeles.
1. Кристина Божурска
Кристина Божурска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, a во 2017 магистрирала на Институтот за културолошки студии, Скопје, фокусирајќи се во своето истражување на социјалните практики во уметноста. Во своите дела користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео. Суштина на нејзината практика е социополитичкиот контекст каде преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира актуелните проблеми. Честопати трга од отфрленото, непотребното, заборавеното, во обид да го помести фокусот на опсервација и да го преиспита доминантниот консензус.
Имала самостојни изложби во галерија Уна во Бјаред, Шведска; Мала Станица, МКЦ и СИА Галерија, Скопје, Прима галерија Берлин и Куманово и учествува на бројни групни изложби и видео-фестивали во земјата и надвор.Во 2011 остварила студиски престој во ISCP New York, a во 2013 добива стипендија за учество во работилницата Arte Utile на Тања Бругера, на Летната Уметничка Академија во Салзбург. Има освоено неколку награди: Најдобрo видео во категоријата “Нано минута” на Меѓународниот видео фестивал во Бразил (2008); (YVAA) “Денес”, наградата за млад уметник за 2010 година и во 2019 година ја добива BuzArt наградата на уметничката резиденција “Togetherness” во Тирана, доделена од Швајцарската фондација за култура во Албанија и галерија Кало. Предава ликовна уметност во интернационалното училиште QSI, Скопје.
2. Доротеј Нешовски
Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е интердисциплинарен уметник кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галеријапублика-уметник чии интереси вклучуваат партиципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вониституционално делување, истражувачки практики и
повеќе проекти. Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за вајарство со под насока сценографија (2012 г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на Priaveteprint од Скопје, излезе од печат во 2017. Од 2015 Активно организира и конципира детски работилници во Детски Креативен Центар при МКЦ. Живее и работи во Скопје. 3. Јана Јакимовска Родена 1981г. во Скопје. Дипломира 2005г. на сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата Биографии на учесниците:
детска едукација. Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“ со која има реализирано
на проф. Вело Ташовски. Магистрира на истиот факултет во класата на проф. Антони Мазневски. Освен со сликање се занимава и со фотографија, интервенции во јавен простор, графички дизајн, илустрација, а од пред некое време и со перформанс. Голем дел од рецентното творештво го посветува на прашања поврзани со телото, сепството, сексуалноста, позицијата на жената во општеството. Имала 17 самостојни изложби и тоа во: Берлин, Њујорк, Белград, Приштина, Скопје, Гевгелија, Куманово и Штип. Учествувала на преку 80 изложби во САД, Германија, Италија, Литванија, Турција, Грција, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Во моментов е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитет ,, Гоце Делчев“ во Штип, каде е ангажирана пред сé на студиската програма по Класично сликарство.
4. Стефан Божиновски Стефан Божиновски е роден 1999 година во Битола, Република Северна Македонија. Моментално е студент на додипломски студии на катедрата за графика (со модул сценографија) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Покрај матичната работа во областа на графиката, тој работи и во областите на сликарство, фотографија, филм и театар. Од ноември 2019 год. ја има заземено улогата на претседател во првиот состав на Факултетското студентско собрание на Факултетот за ликовни уметности.
Селектирани проекти: • „Докуникулци“ – младинска школа за документарен филм, учесник, јули 2017 –август 2018 год., организатор: Македокс. • Работилница за античка и современа култура (РАСК), дел од организациониот тим, 28-30 септември 2020 год., археолошки локалитет Стоби • Студентска конференција на младите уметници и научници (СКУН), дел од организациониот одбор, 13-14 октомври 2020 год.
Учество во изложби: • Изложба на студентска графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“ 2019, април 2019
• Изложба на фотографии „Љубов во време на корона“, 20 август 2020 год., Дом на култура – Битола, организатор: ЦЕРИ • Одбиенале 2021 • Самостојна изложба, дело Ѕиркачот, 27.10.-07.11.2021, МКЦ Скопје
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски – Скопје“, отсек предучилишно воспитание. Со почетокот на 2021 година добива статус Самостоен уметник. Има реализирано осум самостојни изложби во Македонија и повеќе групни во Италија, Германија, Словенија, Црна Гора, Турција и Македонија. Автор е на два мурала во Кочани и Кратoвo, Македонија. Учесник е на 31-ва Ликовна колонија Галичник 2020 година. Учесник е на уметничка колонија Папрадиште, 2018 и 2019 година. Добитник е на награда „Петар Хаџи Бошков“ за најдобра реализација во скулптура на ФЛУ 2019
5. Ненад Тонкин Ненад Тонкин (Скопје, 1978) дипломирал и магистрирал на Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство
и дипломирал на
година. Избран e во најдобрите 10 уметници на Паратисима Скопје 2014 година со наградна изложба во Торино, Италија на Paratissima 10. Работел сценографија за театар и филм. Автор е на музика за повеќе од 10 театарски претстави, а компонира и издава своја авторска музика под алиасот Mammoth & Yashem.
6. Ана
Трајковска
Aна Трајковска е родена 1995 г. во Скопје, Р. Северна Македонија. Дипломиран графичар во класата на проф. М-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Магистрира на истиот факултет во 2021г. кај проф. Зоран Јакимовски, смер графика. Од 2010 до 2020 година активно работи како личен асистент за цртање и сликање на Ирена Гапговска во НВО Арт студио- Скопје, а од октомрви 2020г. е основач на приватно атеље за часови по цртање и сликање во Партизан принт. Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од нејзиното традиционално восприемање. Својата прва самостојна изложба ја реализирала во декември 2020 година, насловена ,,Трансфигурации“ (МКЦ, Скопје), а во 2021 година во рамки на магистерскиот труд ја реализирала и својата втора самостојна изложба ,,Црно и бело“ во НУЦК ,,Трајко Прокопиев“- Куманово. Учествувала на повеќе групни изложби I работилници како: Биенале на мала графика (Тетово 2017), еѓународната графичка работилница „Софија“, проследено со изложба на дела од работилницата во НУ Центар за култура во Битола и Центарот за култура во Богданци, 2018, Интернационално Графичко Биенале во Музеј на Град Скопје (2018), Меѓународна изложба Ex Libris (Скопје, 2018), работилница на тема: Слободно сликање и цртање“ (Филозофскиот факултет, Скопје, 2019), учесник на 20тото Биенале на графика во Варна (2019), учесник на ,,Графичко триенале“ Музеј на Град Скопје, 2019, учесник на групна изложба ,, На работ“, Галерија Акантус, (Скопје, 2020), Изложба на новата млада генерација 2017-2020 ДЛУМ , Арт Хаб галерија, (Скопје, 2020), XIII Биенале на млади уметници, МСУ (Скопје, 2021), групна изложба во рамките на 31вата Ликовна колонија во Галичник, (под кураторство на Ана Франговска, Мала станица, НГРСМ, 2021г.).
Биографии
на учесниците:
вклучувајќи публикации и изработка на монографија на Ирена Гапковска и три пати била номинирана за награда на изложба за студентска графика ,,Драгутин Аврамовски – Гуте“, во рамките на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Автор и организатор е на повеќе самостојни и колаборативни проекти. Во 2021 г. е добитник на награда за најдобра графика од Агенција за млади и спорт на Р. Северна Македонија. 7. Николче Славевски Николче Славевски (1989, Битола, Македонија) е визуелен уметник и политички активист кој живее во
Остварила активна соработка и реализација на проекти со ОСТЕН
Љубљана. Завршил сликарство на Факултетот за Ликовни уметности при Униерзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде допломира во 2014 година. Во годините по академското образование тој се се вклучува во локални иницијативи како ЛД „Солидарност“ и подоцна во Марксистичката организација „Црвени“, југословенска секција на Меѓународната марксистичка тенденција. Неговата уметничка практика е длабоко поврзена со други форми на неговиот јавен ангажман. Славевски е жесток застапник на класната борба, социјална правда и работнички права: било преку визуелна продукција и изложби (кои го истражуваат неелитистичките перспективи на она што тој го нарекува „револуционерна уметност“ и ослободителна улога која ја играат уметниците во општеството) или преку политички кампањи (кои главно фокурираат на прашања поврзани до работничката класа и маргинализираните заедници). Моментално студира Видео и нови медиуми на Академијата за ликовна уметност и дизајн при Универзитетот во Љубљана.
8. Зорица Зафировска
Зорица Зафировскa (родена 1982г.) е уметница и културна работничка која дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 2011 година е последипломски кандидат на културните студии на Институтот за општествени науки и хуманистички науки “Евро- Балкан”. Како уметница работи социополитички теми, како трговија со луѓе, бездомништво, конзумеризам и екологија за кои прави специфични, временско-просторни инсталации, мали акции и активности. Од 2008 година е член на Ф.Р.И.К. и селектор на дел видео програмата на ФРИК Фестивалот. Коосновачка на Арт И.Н.С.T.И.T.У.T. проектниот простор во 2009 година, а заедно со 6 уметнички од Скопје ја ко-основаат иницијацијата „Моми“ во 2011 година. Во 2014 е една од победничките е на отворениот повик за млад уметник/чка на галеријата „Агенцијата за сериозни интереси“. Во 2016-та е добитник на наградата за млад визуелен уметник/чка „ДЕНЕС“ на Центарот за современи уметности – Скопје. Од 2019-та година работи за Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата како програмска координаторка. Има преку 10 самостојни изложби, акции и проекти во Македонија, Њујорк, Грција и Германија.
9. Ивана Ќ. Самандова
Ивана Ќ. Самандова (родена 1997, Скопје) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во
на отсек сликарство под менторство на Слободанка Стевческа, модул конзервација и реставрација. Нејзината уметничка практика се фокусира на процесите на набљудување и истражување на социо-општествени проблематики, однесување и интерконекции помеѓу специфични ситуации на една заедница или индивидуа. Нејзиното уметничко творештво често третира тематики на почувствуван и поттикнат интерес кој доаѓа од внатрешен и надворешен извор на самата уметница, подоцна пренесени преку интердисциплинарна уметничка практика која се состои од истражување на различни комбинирани и нови медиуми кои ја пренесуваат идејата.
2020,
Превенција Отпор К15 Едукација Право на надомест Платено здравствено осигурување Борба Силни синдикати Работен договор Трудовинспекторат Спротиставување Активизам Информираност Еднаквост Права
Плата Активизам Информираност Еднаквост Права Санкции Протест Правда Пријави Храброст Заштита Достоинственживот Исплата во полн износ
Автор на проектот:
Ангела Витановска
Ангела Витановска е историчар на уметност и независен куратор, активна на полето на современата уметничка сцена во Р.С. Македонија. Нејзиниот примарен интерес е насочен кон критичко преиспитување и интердисциплинарно проучување на уметноста како алатка за визуелна комуникација и испитување на проблемите присутни во современото општество. Во моментов работи како проектен координатор и автор на неколку тековни проекти.
За проектот: ,,Not Your Toy!“ е проект од интердисциплинарен и дидактички карактер, инспириран од разните форми на експлоатација која, за жал станува сé поприсутна и позачестена во современото општество. За прв пат беше реализиран во декември 2019 година, како групна изложба во ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацин“-Скопје (Галерија ,,Ко-Ра“), чијашто главна идеја беше да бидат опфатени различните форми на трговија со луѓе, но со интенца, да не се запре тука, туку од година во година проектот континуирано да продолжи, во различни форми кои би опфатиле не само изложби, туку и работилници, дискусии, конференции, и со најразлични групи на луѓе кои на еден или друг начин се изложени на овој сериозен општествен проблем, а кои ќе бидат од превентивен карактер како начин на покревање на свесноста за ризикот кој тивко демнее наоколу. Оваа година, проектот продолжи во други рамки, т.е. во насока на трудовата експлоатација, поттикната од глобалната економска криза со која се соочивме перидов. Поради ова интенциозно беше додаден насловот:
,,Инструменти на моќта- работникот и неговите права во услови на глобална економска криза“, со цел да се спроведе едно истражување од страна на секој од уметниците, и да се создадат дела директно инспирирани од моментална ситуација и експлоатацијата низ која поминува најголем процент од локалното, но и светското население.
Проектен координатор и автор на проектот: Ангела Витановска
Куратор на изложбата и автор на текстот: Ангела Витановска
Соработници: Ана Трајковска Технички соработник: Пане Стефанов
Визуелно обликување и дизајн на каталог: Ивана Ќ. Самандова
Фотографии: Лични архиви на уметниците
Project coordinator and author of the project: Angela Vitanovska Curator of the exhibition and author of the text: Angela Vitanovska Collaborators: Ana Trajkovska Technical collaborator: Pane Stefanov Visual design by: Ivana K. Samandova
Photographs: Personal archives of the artists
Поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје и Центар за современи уметности (ЦСУ)- Монтажна галерија-Скопје.
Supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, City of Skopje and Contempo rary Art Centre (CAC)- Montage Gallery-Skopje.