Статут на ГРОМ на македонски јазик

Page 1

СТАТУТ НА

ГРАЃАНСКА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА!


СТАТУТ НА ГРОМ

Врз основа на членовите 14 и 16 од Законот за политичките партии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/04, 5/07, 8/07, 5/08 и 23/13), Oсновачкото Собрание на Граѓанската опција за Македонија, одржано на 28.09.2013 година, донесе СТАТУТ на Граѓанската опција за Македонија I.ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој Статут поблиску се уредуваат името и скратеното име, седиштето, политичките цели на дејствување, остварување на јавноста во работата и начинот на дејствување, условите и начинот на зачленување и престанување на членството и правата, обврските и одговорностите на членовите, застапувањето и претставувањето, органите, начинот на нивниот избор и отповикувањето, траењето на мандатот и начинот на одлучување, стекнувањето и располагањето со средствата, престанокот, постапувањето со имотот во случај на престанок и ознаките на политичката партија. Член 2 Името на политичката партија е Граѓанска опција за Македонија. Скратеното име на Партијата е ГРОМ. Член 3 ГРОМ има својствo на правно лице. Седиштето на ГРОМ е во Скопје, на ул. Рузвелтова б.б. влез 1, локал бр.9. Член 4 ГРОМ има свој печат во тркалезна форма, со пречник од 3 (три) см во кој, во горниот дел, полукружно е поместено името на Партијата, во средината стои знакот на Партијата, а полукружно, во долниот дел, пишува Скопје. ГРОМ има и штембил во правоаголна форма во кој, во горниот дел, е поместено името на Партијата, во средината, во два реда е означен просторот за број и датум, а во долниот дел пишува Скопје. Член 5 ГРОМ има свој заштитен знак, партиско знаме и свечена песна. Заштитиниот знак на ГРОМ претставува стилизирана куќа која што е 2


СТАТУТ НА ГРОМ

симбол за артикулација на граѓанскиот концепт на Партијата, кој во својата основа почива на еднаквост во остварувањето на граѓанската политичка идеја, без оглед на различностите или припадноста. Стилизираната куќа со оџак претставува и симбол на национално обединување, под еден покрив со грижа, топлина и просперитет за сите, а во функција на заштита на колективните национални интереси и индивидуалните права. Партиското знаме е во правоаголна форма со димензии 70x140 см, со повеќе бои при што основната боја е сива прошарана со видливи и невидливи геометриски фигури на основите бои црвена, жолта и сина кои се преливаат една во друга во преден и втор план, а на средина е поставен знакот на партијата. Свечената песна носи наслов „Храбро за Македонија“ и во неа се содржани основните определбите на ГРОМ. Член 6 ГРОМ може да соработува со други политички субјекти и организации од земјата и од странство, да стапува во коалиција со други партии и да членува во соодветни странски организации. За начинот на соработка и членување од став 1 на овој член, одлука донесува Централниот одбор на ГРОМ. II.ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ Член 7 ГРОМ во своето дејствување ќе се залага за остварување на следните политички цели: • Развој и функционирање на Република Македонија како граѓанска држава, чиј суверенитет и независност произлегуваат од граѓанинот, а не од верската, националната , политичката или некоја друга припадност, • Вклучување на граѓаните во извршувањето на политичките одлуки и користењето на државните ресурси и потенцијали, • Интегрирање на Република Македонија во светските политички и економски текови, стабилна и безбедна со конкурентна економија за постојано подобрување на квалитетот на животот на нејзините граѓани, • Изградба на функционално демократско општество на слободни граѓани, • Функционирање на пазарно стопанство и заштита на приватната сопственост како услови за континуиран економски раст и зголемување на вработувањето на граѓаните, • Почитување на граѓанските, политичките, економските и социјалните слободи и права на граѓнинот, • Децентрализација на политичката власт и децентрализација на економскиот развој, • Негување и интензивирање на мултикултурната реалност на македонското општество како предност за просперитет и благосостојба 3


СТАТУТ НА ГРОМ

на граѓанинот, • Развој на човечкиот потенцијал на Република Македонија преку унапредување на здравството, образованието и науката, културата, физичката култура и спортот и здравата животна средина, • Социјална кохезија и еднакви можности за различните социјални групи на граѓани, • Зајакнување на личната и јавната безбедност на граѓанинот, • Унапредување на добрососедските односи и обезбедување на меѓународно загрантираните права и слободи, воспоставувајќи комуникациска инфраструктура за просперитет и развој на Балканскиот регион. Член 8 За реализирање на своите политички цели од член 7 на овој Статут, се донесува Партиска програма, што ја усвојува Собранието на ГРОМ. Член 9 Своите политички цели, ГРОМ ќе ги остварува во согласност со Уставот на Република Македонија, законите и овој Статут, при што, исклучително ќе се користи со демократски и ненасилни средства, а во целост ќе ги отфрла сите обиди за примена на недемократски методи и средства. Член 10 Работата на органите и телата на ГРОМ е јавна. Јавноста во работата се остварува со: - присуство на членовите на ГРОМ и на други заинтересирани лица на седниците на органите и телата на ГРОМ, - организирање конференции за печат посветени на најразлични настани од секојдневното дејствување на ГРОМ и преку издавање на соопштенија за јавност, - издавање на сопствен весник и други повремени публикации поврзани со работата и дејствувањето на ГРОМ, - редовно настапување на претставници на ГРОМ во средствата за јавно информирање и нивно учество на трибини, јавни собири, тркалзени маси, дебати и сл, - благовремено информирање на целокупната јавност преку интренет страницата на ГРОМ, - постојана двонасочна комуникација со сите граѓани преку социјалните мрежи: Facebook, Twitter, Linkedin, You tube.... и - периодични интернет презентации на ГРОМ. Членството на ГРОМ ќе се известува преку органите и телата на ГРОМ.

4


СТАТУТ НА ГРОМ

Член 11 Без присуство на јавноста може да се расправа само во случаевите кога на дневен ред на седниците на органите и телата на ГРОМ се внатрепартиски прашања, за што посебна одлука донесува соодветниот орган на ГРОМ. III. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ГРОМ Член 12 Член на ГРОМ може да биде секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Македонија што ќе изрази волја за членство во ГРОМ преку пополнување на пристапница. Член 13 Пристапницата се пополнува електронски или во писмена форма и се доставува до Општинската организација на ГРОМ, на чија што територија членот се води со адреса на живеење. Член 14 ГРОМ се организира според територијалниот принцип и тоа во месната, односно урбаната заедница, општина, град, изборна единица, држава. На територијата на месната, односно урбаната заедница може да се формира месна организација на ГРОМ. На територијата на Општина се формира Општинска организација на ГРОМ. За време на избори, на територијата на изборните единици се формираат изборни канцеларии на ГРОМ. Права, должности и одговорности на членовите на ГРОМ Член 15 Членот на ГРОМ ги има следните права, должности и одговорности : • да учествува во креирањето на политиката на Партијата, • да избира и да биде избран во органите на Партијата, • да биде кандидиран на претседателски, парламентарни, локални избори или за други јавни функции согласно условите утврдени со Устав и Закон, • да биде редовно информиран за активностите на Партијата, • самостојно да презема иницијативи кои се во согласност со Статутот, Програмата и другите акти на Партијата, • да се придржува кон статутарните одредби, да ги следи и остварува програмските цели на ГРОМ утврдени во Програмата и другите општи и поединечни акти на Партијата и 5


СТАТУТ НА ГРОМ

• да го издвои сопственото мислење, предлог или став кој е спротивен од донесената одлука на органите на ГРОМ. Членарина Член 16 Членот е должен да плаќа членарина. Членот кој остварува примања врз основа на функција добиена од членувањето во ГРОМ, плаќа дополнителна членарина. Членот може да донира или да дава прилози во знак на материјална и финансиска поддршка на ГРОМ. Донирањето или давањето прилози во знак на материјална или финансиска поддршка на ГРОМ, не е извор на дополнителни права и овластувања во ГРОМ. Сите права и обврски од членарината, како и услови за ослободување на плаќање на членарината, се уредуваат со посебен Правилник донесен од Централниот одбор на ГРОМ. Престанок на членство Член 17 Членувањето во ГРОМ може да престане со: - истапување од членство, со поднесување на писмена изјава. - истакнување на кандидатура на независни кандидатски листи или на кандидатски листи на други политички субјекти. - трајно губење на деловната способност или - настапување на смрт. Член 18 ГРОМ со своја одлука може да се огради од членовите кои дејствуваат спротивно на Устав, Закон или Статутот и Програмата на ГРОМ. Исклучување од членство во ГРОМ не е дозволено. IV. ОРГАНИ НА ГРОМ Член 19 ГРОМ ги има следниве органи: - Собрание, - Централен одбор, - Извршен одбор, - Претседател и - Надзорен одбор

6


СТАТУТ НА ГРОМ

IV.1. СОБРАНИЕ НА ГРОМ Член 20 Собранието е највисок орган на ГРОМ. Собранието го сочинуваат: - избрани членови од страна на Општинските организации на ГРОМ чиј што број и постапка за избор, а врз основа на претходно утврдени критериуми, се уредува со посебна одлука на Централниот одбор, - Претседателот, потпретседателите и секретарот на ГРОМ, - членовите на Централниот, Извршниот и Надзорниот одбор на ГРОМ, - пратениците во Собранието на Република Македонија и членовите на Владата на Република Македонија од редовите на ГРОМ, - градоначалниците на еднициите на локалната самоуправа од редовите на ГРОМ, - претседателите на општинските и на Градската организација на ГРОМ и - претседателите на Советот, на Младинскиот форум и на Форумот на жени на ГРОМ. Член 21 Собранието на ГРОМ ги има следните права, должности и одговорности: - ги донесува Програмата и Статутот на Партијата и нивните измени и дополнувања, - утврдува насоки за работа на Партијата, - ги усвојува извештаите за работа на органите и телата на Партијата, - ги избира и ги отповикува Претседателот, Централниот одбор и Надзорниот одбор на ГРОМ, - донесува Деловник за својата работа и - врши и други задачи кои што се поврзани со реализацијата на Програмата на Партијата, што се утврдени со Закон или со овој Статут. Член 22 Во случаи на вонредни околности, правата, должностите и одговорностите на Собранието ги извршува Централниот одбор на ГРОМ. Веднаш по престанувањето на вонредните околности, односно на првата наредна седница, Централниот одбор е должен за преземените дејствија да го извести Собранието на ГРОМ. Член 23 Собранието на ГРОМ се одржува по потреба, но најмалку еднаш на две години. 7


СТАТУТ НА ГРОМ

Времето и местото на одржување на Собранието на ГРОМ, со одлука го утврдува Централниот одбор на ГРОМ. Собранието на ГРОМ, со писмена покана, во која што е содржан и предлогот на дневниот ред, го свикува Претседателот на ГРОМ. Член 24 Собранието на ГРОМ може да работи и полноважно да одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на неговите членови. Своите одлуки Собранието на ГРОМ ги донесува, со мнозинство гласови од присутните членови и по правило со јавно гласање. Гласањето може да биде и тајно, доколку за тоа Собранието донесе посебна одлука. Собранието на ГРОМ работи според Деловник за работа, што се усвојува на почетокот на седницата, а за неговата работа се води и записник што го потпишуваат претседавачот на седницата и двајца негови заверувачи. IV.2. ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР НА ГРОМ Член 25 Централниот одбор на ГРОМ го сочинуваат 70-90 члена кои ги избира Собранието на ГРОМ. Членови на Централниот одбор по функција се и Претседателот, потпретседателите и секретарот на ГРОМ, како и претседателите на Надзорниот одбор, на Младинскиот форум и на Форумот на жените на ГРОМ. Во работата на Централниот одбор учествуваат претседателите на Општинските организации, градоначалниците, пратениците и членовите на Владата избрани од редовите на ГРОМ. Мандатот на членовите на Централниот одбор трае 5 (пет) години, со право на повторен избор. Член 26 Централниот одбор е највисок орган на ГРОМ помеѓу две собранија кој : - раководи со ГРОМ и се грижи за спроведување на неговите одлуки, - на предлог на Претседателот, избира секретар на ГРОМ од својот состав, - на предлог на претседателот избира потпретседатели на ГРОМ, чиј што број се утврдува со посебна одлука, - избира Извршен одбор на Централниот одбор на ГРОМ од својот состав, - избира претседател на Советот на ГРОМ, - избира претседавач на Централниот одбор од својот состав, со 8


СТАТУТ НА ГРОМ

мандат од една година, без право на повторен избор, - дава политички оценки и носи политички ставови на ГРОМ, - утврдува кандидати за претседател на Република Македонија, кандидати за пратеници во Собранието на РМ и кандидати за органите на ГРОМ, - донесува Правилник за работа на регионалните канцеларии, - донесува Правилник за уредување на правата и обврските на членовите на ГРОМ за плаќање на членарина, - донесува Кодекс за однесување на членовите на ГРОМ, - донесува Одлука за формирање и распуштање на општински организации на ГРОМ, - донесува Одлука за распишување на внатрепартиски избори, - донесува Правилник со кои се утврдуваат критериумите и постапката за избор на членови и органи на Партијата, - ја следи работата на носителите на функции избрани или именувани од редовите на ГРОМ и ја утврдува нивната одговорност, - разгледува и усвојува финансиски извештаи за работењето, и располага со имотот на Партијата, - донесува одлуки за формирање на посебни тела, комисии, сектори за потребите на ГРОМ во неговото политичко дејствување, - донесува Деловник за работа на Централниот одбор на ГРОМ, - избира шеф на Изборниот штаб и - врши и други задачи од интерес на ГРОМ кои со Статутот или со друг општ акт не се предвидени во надлежност на други органи на ГРОМ. Член 27 Седниците на Централниот одбор се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш на секои 3 (три ) месеци. На барање на претседателот на ГРОМ, на Извршниот одбор на Централниот одбор на ГРОМ или на 1/3 од членовите на Централниот одбор, седниците на Централниот одбор ги свикува и води претседавачот на Централниот одбор. Централниот одбор на ГРОМ може да работи и полноважно да одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на неговите членови. Одлуките од својата надлежност, Централниот одбор на ГРОМ ги донесува со мнозинство на гласови од присутните членови и со јавно гласање. Од седниците на Централниот одбор се води записник што се усвојува на наредната седница, а го потпишуваат записничарот и претседавачот на седницата. IV.3. ИЗВРШЕН ОДБОР Член 28

Извршниот одбор е извршно-политички орган на Централниот 9


СТАТУТ НА ГРОМ

одбор на ГРОМ. Извршниот одбор се состои од 15-25 членови, што ги избира Централниот одбор на ГРОМ. Покрај избраните членови, по функција, членови на Извршниот одбор се: - претседателот, потпретседателите и секретарот на ГРОМ, - претседателите на Младинскиот форум и на Форумот на жените на ГРОМ и - членовите на Владата избрани од редовите на ГРОМ. Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 5 (пет) години, со право на повторен избор. Член 29 Извршниот одбор ги има следните права, должности и одговорности: - утврдува Нацрт-Статут и Нацрт-Извештај за работата на ГРОМ, - расправа за актуелни прашања од сите сфери на општественоекономските состојби, и на Централниот одбор му предлага соодветни ставови и заклучоци, - ги релизира заклучоците и одлуките на Централниот одбор на ГРОМ, - расправа и предлага мерки поврзани со организациската поставеност, кадровските прашања и евиденцијата на членството во ГРОМ, - се грижи за тековното материјално-финансиско работење на Партијата и за тоа редовно го известува Централниот одбор на ГРОМ, - ги донесува сите потребни акти за формирање и непречено функционирање на Стручната служба на ГРОМ, - заради подинамично извршување на задачите од својата надлежност, формира постојани, а по потреба и повремени работни тела, - на предлог на Претседателот, избира координатори во изборните единици, - на предлог на Претседателот, избира секретар за меѓународна соработка и портпарол на ГРОМ, - на предлог на Скретарот на ГРОМ избира организациони секретари, - донесува Деловник за својата работа и - извршува и други задачи што ќе му ги довери Централниот одбор или се утврдени со овој Статут и други акти на ГРОМ. Член 30 Седниците на Извршниот одбор ги свикува и со нив раководи Претседателот на ГРОМ. Седницата на Извршниот одбор може да биде свикана и по предлог на орган на Партијата и најмалку 1/2 од неговите членови. Предлогот за свикување на седница од став 2 од овој член треба да 10


СТАТУТ НА ГРОМ

биде доставен во писмена форма и образложен. Член 31 Седниците на Извршниот одбор се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш месечно. Извршниот одбор може полноважно да работи и да одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на неговите членови. Своите одлуки Извршниот одбор ги донесува со мнозинство на гласови од присутните членови и со јавно гласање. Од седниците на Извршниот одбор се води записник што се усвојува на наредната седница, а го потпишуваат записничар и Претседателот на ГРОМ. Член 32 За својата работа Извршниот одбор е одговорен пред Централниот одбор на ГРОМ, кои што со одлука може да отповика одделен негов член или пак Извршниот одбор во целина. Предлог за отповикување во писмена форма, може да поднесе орган на Партијата или пак ½ од вкупниот број на членови на Централниот одбор. IV.4. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРОМ Член 33 Претседателот на ГРОМ: - ја претставува и застапува ГРОМ, - раководи со ГРОМ меѓу седниците на неговите органи, - учествува во креирањето на политиките на ГРОМ, - ги свикува седниците на Централниот одбор доколку тоа на негово барање не го направи претседавачот на Централениот одбор на ГРОМ, - ги свикува седниците на Извршниот одбор на Централниот одбор на ГРОМ, - го предлага секретарот на ГРОМ, - ги предлага потпретседателите на ГРОМ, - го предлага секретарот за меѓународна соработка, - ги предлага членовите на Извршниот одбор на Централниот одбор и - извршува и други задачи од негова надлежност што му се утврдени со други општи акти и посебни одлуки на органите на ГРОМ.

11


СТАТУТ НА ГРОМ

Член 34 Претседателот на ГРОМ го избира Собранието на ГРОМ. Мандатот на Претседателот на ГРОМ е 5 (пет) години, со право на повторен избор. • Потпретседатели на ГРОМ Член 35 Потпретседателите на ГРОМ: - вршат работи од делокругот кои со Статутот им се доверени, односно за областите за кои се избрани, - ги промовираат политиките на ГРОМ за областите за кои се задолжени, - вршат работи кои што Претседателот на ГРОМ со посебно овластување ќе им ги довери и - учествуват во креирањето на политиките на ГРОМ. Потпретседателите на ГРОМ, на предлог на Претседателот на ГРОМ, ги избира Централниот одбор на ГРОМ со мандат од 5 (пет) години и со право на повторен избор. • Секретар на ГРОМ Член 36 Секретарот на ГРОМ: - го организира целокупното работење на Партијата, одговорен е за спроведување на одлуките, ставовите и заклучоците донесени од страна на органите на ГРОМ, - ги подготвува седниците на органите на ГРОМ, - одговорен е за финансиското работење на ГРОМ, - одговорен е за кадровската политика на ГРОМ, - ја води и ја ажурира единствената база на податоци на членовите на ГРОМ, - учествува во креирањето на политиката на ГРОМ и - предлага организациони секретари. Секретарот на ГРОМ, на предлог на Претседателот на ГРОМ, го избира Централниот одбор на ГРОМ со мандат од 5 (пет) години и со право на повторен избор. IV.5 НАДЗОРЕН ОДБОР НА ГРОМ Член 37 Надзорниот одбор на ГРОМ брои 7 (седум) членови што ги иззбира Собранието на ГРОМ. 12


СТАТУТ НА ГРОМ

Од својот состав, Надзорниот одбор избира претседател и заменик претседател. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор на ГРОМ изнесува 5 (пет) години, со право на повторен избор. Член 38 Надзорниот одбор ги има следниве права, должности и одговорности: - врши континуирана контрола над спроведувањето на Статутот и другите акти и на одлуките на Собранието, Централниот и Извршниот одбор на ГРОМ, - ја разгледува финансиската активност на Партијата, - на Собранието на ГРОМ му поднесува извештај за својата работа, - одлучува по жалби и приговори на одлуки донесени од Централниот одбор на ГРОМ, - донесува Деловник за својата работа и - врши и други задачи што се утврдени со Закон, со овој Статут или со други општи акти на ГРОМ. Член 39 Надзорниот одбор, односно одделни негови членови, можат да бидат разрешени и пред истекот на мандатот. Предлог за разрешување, може да поднесе орган на Партијата, при што, тој задолжително мора да биде соодветно образложен и поткрепен со факти.

V.СОВЕТ НА ПАРТИЈАТА Член 40 Советот претставува советодавно тело за давање на мислења, ставови и предлози за прашања од стратегиско значање за работата и за развојот на Партијата и државата во целост. Составот на Советот го сочинуваат членови на ГРОМ и истакнати јавни личности од областа на науката, образованието, културата, спортот, бизнисот итн. Член 41 Претседателот и членовите на Советот, со мандат од 5 (пет) години и со право на повторен избор , по предлог на Претседателот на Партијата, ги избира Централниот одбор на ГРОМ. 13


СТАТУТ НА ГРОМ

Во одлуката за избор се утврдува и бројот и составот на Советот на Партијата. Член 42 Работата на Советот се регулира со посебен Правилник што го донесува Централниот одбор на ГРОМ. VI. МЛАДИНСКИ ФОРУМ НА ГРОМ Член 43 Младинскиот Форум на ГРОМ е организација на младите, која дејствува во рамките на ГРОМ и која ги прифаќа и ги остварува програмските определби на Партијата. Одлука за формирање и распуштање на Младинскиот форум на ГРОМ, како организација на младите на ГРОМ, донесува Централниот одбор на ГРОМ. Член 44 За член на Младинскиот форум на ГРОМ се смета секој член на ГРОМ кој нема наполнето 27 (дваесет и седум) години. Членовите на Младинскиот форум на ГРОМ, избираат сопствени органи на сите организациони нивоа и нивните претставници директно се вклучени во работата на органите на ГРОМ. VII. ФОРУМ НА ЖЕНИ НА ГРОМ Член 45 Форумот на жени на ГРОМ е организација на жените која дејствува во рамките на ГРОМ и која ги прифаќа и ги остварува програмските определби на Партијата. Одлука за формирање и распуштање на Форумот на жени на ГРОМ, како организација на жените на ГРОМ, донесува Централниот одбор на ГРОМ. Член 46 За член на Форумот на жените на ГРОМ се смета секоја жена член на ГРОМ. Членовите на Форумот на жени на ГРОМ избираат сопствени органи на сите организациони нивоа и нивните претставнички директно се вклучени во работата на органите на ГРОМ.

14


СТАТУТ НА ГРОМ

VIII. ПРАТЕНИЧКА ГРУПА НА ГРОМ Член 47 Со цел за координирано настапување и дејствување, пратениците на ГРОМ избрани во Собранието на Република Македонија, формираат пратеничка група. Пратеничката група од својот состав избира координатор и замениккоординатор. Пратениците на ГРОМ се должни во Собранието на Република Македонија да ги застапуваат програмските цели на ГРОМ. Член 48 За својата работа во Собранието на Република Македонија, пратеничката група на ГРОМ најмалку еднаш на 6 (шест) месеци поднесува извештај пред Централниот одбор на ГРОМ. IX. ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ГРОМ Член 49 Основен облик на поврзување и организирање на членовите од подрачјето на една општина, претставува Општинската организација на ГРОМ. Одлука за основање и престанување на Општинската организација на ГРОМ, донесува Централниот одбор на ГРОМ. Општинска организација на ГРОМ може да се основа во општините каде минималниот број на членови на ГРОМ не е помал од 50. Со одлука на Централниот одбор на ГРОМ може да биде определен и друг начин на организирање и дејствување на ГРОМ според регионален принцип, по изборна единица, со формирање на месни организации и други облици на поврзување и дејствување на општинските организации на ГРОМ. Во случај на примена на став 4 од овој член, со одлуката за формирање се утврдуваат и надлежностите на соодветните облици на поврзување и дејствување на Општинските организации на ГРОМ. Член 50 Општинската организација на ГРОМ која што дејствува спротивно од Програмата и Статутот на ГРОМ, може да биде распуштена со одлука на Централниот одбор. Член 51

Органи на Општинската организација на ГРОМ се: 15


СТАТУТ НА ГРОМ

- Собрание, - Општински одбор, - Извршен одбор, - Претседател на Општинскaта организација и - Надзорен одбор. Член 52 Собранието е највисок орган на Општинската организација на ГРОМ. Собранието на Општинската организација на ГРОМ го сочинуваат определен број на избрани членови, што се утврдува со посебна одлука на Општинскиот одбор на ГРОМ. Доколку бројот на членовите во општината е помал од 300, Собранието го сочинуваат сите членови на ГРОМ. Член 53 Собранието на Општинската организација на ГРОМ ги има следниве права, должности и одговорности: - утврдува насоки за работа на Општинската организација на ГРОМ, - ги разгледува основните прашања поврзани со дејствувањето на ГРОМ во Општинските организации, и по нив зазема соодветни ставови и заклучоци, - ги разгледува и ги усвојува извештаите за работата на органите и телата на Општинската организација на ГРОМ, - го избира претседателот на Општинската организација на ГРОМ, - го избира и го отповикува Општинскиот одбор и Надзорниот одбор, - донесува Деловник за својата работа и - врши и други задачи што произлегуваат од Програмата на ГРОМ или се утврдени со овој Статут и други општи акти на ГРОМ. Член 54 Собранието на Општинската организација на ГРОМ се одржува по потреба, но најмалку еднаш на две години. Одлука за свикување на Собранието донесува Општинскиот одбор на Општинската организација на ГРОМ. Член 55 Собранието на Општинската организација на ГРОМ може да работи и полноважно да одлучува доколку на седницата се присутни повеќе од половината од вкупниот број на членови. Одлуките од својата надлежност Собранието на Општинската организација на ГРОМ ги донесува со мнозинство гласови од присутните 16


СТАТУТ НА ГРОМ

членови. Член 56 Општинскиот одбор го сочинуваат 30-50 членови, избрани од страна на Собранието на Општинската организација, со мандат од 5 (пет) години и со право на повторен избор. Бројот на членовите на Општинскиот одбор на ГРОМ со посебна одлука го утврдува Собранието на Општинската организација на ГРОМ. По функција, членови на Општинскиот одбор се Претседателот, избраните пратеници, советници и градоначалници од редовите на ГРОМ во соодветните општини, како и претседателите на Младинскиот форум и на Форумот на жените. Член 57 Општинскиот одбор ги има следниве права, должности и одговорности: - разгледува и на Собранието му предлага насоки и правци за понатамошно дејствување на Општинската организација на ГРОМ, - расправа за актуелни прашања и по нив зазема соодветни ставови и заклучоци, - донесува одлуки за основање на месни организации во месните, односно во урбаните заедници на подрачјето на општината, - утврдува и на Собранието му доставува Предлог-Извештај за работата на Општинската организација на ГРОМ, - ги избира и отповикува Потпретседателот и Секретарот на Општинската органзиација на ГРОМ, - избира и отповикува Извршен одбор, - предлага кандидати за градоначалник, за членови на Советот на општината и кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија , - донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела, - расправа и одлучува за кадровски промени во својот состав до 30% од вкупниот број на членови, - донесува Деловник за својата работа и - врши и други задачи што ќе му ги довери Собранието, што произлегуваат од овој Статут и од други општи акти на ГРОМ. Член 58 Седниците на Општински одбор ги свикува и со нивната работа раководи претседателот на Општинската организација на ГРОМ. Седницата на Општинскиот одбор може да биде свикана и по барање на најмалку 1/2 од вкупниот број членови на Општинскиот одбор. 17


СТАТУТ НА ГРОМ

Причините за свикување на седниците на Општинскиот одбор од став 2 на овој член, треба да бидат образложени и во писмена форма доставени до Претседателот на Општинската организација на ГРОМ. Претседателот е должен во рок од 8 (осум) денови од добивањето на барањето да свика седница на Општинскиот одбор. Ако тоа не биде направено во тој рок, седницата ја свикува Извршниот одбор. Општински одбор може да работи и полноважно да одлучува ако на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на членови, а своите одлуки ги донесува со јавно гласање и со мнозинство гласови од присутните членови. Член 59 Извршниот одбор брои од 10-20 членови и тој е извршно-политички орган на Општинскиот одбор на Општинската организација на ГРОМ. Членовите на Извршниот одбор, со мандат од 5 (пет) години и со право на повторен избор, ги избира Општинскиот одбор. Покрај избраните членови, по функција членови на Извршниот одбор се и претседателот, потпретседателот и секретарот на Општинската организација на ГРОМ, како и претседателите на Младинскиот форум и Форумот на жените на ГРОМ. Член 60 Извршниот одбор ги има следните права, должности и одговорности: - утврдува нацрт-правци за понатамошно дејствување на Општинската организација на ГРОМ, - утврдува нацрт-извештај за работата на Општинската организација на ГРОМ, - разгледува актуелни прашања од значање за општината и за тоа на Општинскиот одбор му предлага соодветни ставови и заклучоци, - ги спроведува одлуките и заклучоците на Општинскиот одбор, - формира постојани и повремени работни тела, - донесува Деловник на својата работа и - врши и други работи што ќе му ги довери Општинскиот одбор, што се утврдени со овој Статут и со други општи акти на ГРОМ. Член 61 Седниците на Извршниот одбор се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш месечно. Седниците ги свикува и со нивната работа раководи претседателот на Општинската организација на ГРОМ. Извршниот одбор може да работи и полноважно да одлучува ако на седницата присуствуваат повеќе од половина од вкупниот број на членови, а своите одлуки ги донесува со јавно гласање и со мнозинство од 18


СТАТУТ НА ГРОМ

присутните членови. Член 62 Претседателот на Општинска организација на ГРОМ го избира Собранието на Општинската организација на ГРОМ со мандат од 5 ( пет) години и со право на повтрорен избор. Член 63 Претседателот на Општинската организација на ГРОМ ги има сведните права, должности и одговорности: - ја претставува и застапува Општинската организација на ГРОМ, - раководи со Општинската организација на ГРОМ меѓу седниците на органите на Општинската организација, - учествува во креирањето на политиките на ГРОМ, - ги свикува седниците на Извршниот и Општинскиот одбор, - ги предлага потпретседателот, Секретарот и членовите на Извршниот одбор и - врши и други задачи што ќе му ги довери Собранието на Општинската организација на ГРОМ или се утврдени со овој Статут и со други општи акти на ГРОМ. Член 64 Надзорниот одбор на Општинската организација на ГРОМ се состои од 5 (пет) членови, со мандат од 5 (пет) години и со право на повторен избор, а го избира Собранието на Општинската организација на ГРОМ. Од својот состав Надзорниот одбор избира претседател. Член 65 Надзорниот одбор ги има следните права, должности и одговорности: - врши контрола над спроведувањето на одредбите од Стаутот на ГРОМ и другите акти донесени од страна на органите и телата на Општинската организација на ГРОМ и одлуките на Собранието, Општинскиот и Извршниот одбор на Општинската организација на ГРОМ, - го контролира материјално-финансиското работење на Оштинската организација на ГРОМ, - на Собранието на Општинската организација на ГРОМ му поднесува извештај за својата работа и - врши и други задачи што ќе му ги довери Собранието на Општинската органзиација на ГРОМ или се утврдени со Закон и со овој Статут.

19


СТАТУТ НА ГРОМ

Член 66 Месните организации на ГРОМ се формираат на територија на месните, односно урбаните заедници. Член 67

Начинот на формирање, организација и делокруг на работа, на месните организации ќе бидат уредени со посебна одлука на Општинскиот одбор на Општинската организација на ГРОМ. Член 68 На ниво на Град Скопје се формира Градска организација на ГРОМ – Скопје. Начинот на нејзиното формирање, организација и делокруг на работа ќе бидат уредени со посебна одлука на Централниот одбор на ГРОМ. X. СТРУЧНА СЛУЖБА Член 69 Со цел извршување на стручни, административни, оперативни и други работи, ГРОМ формира Стручна служба.. Начинот на формирање, организација и функционирање на Стручната служба ќе бидат регулирани со посебна одлука на Централниот одбор на ГРОМ. XI. СРЕДСТВА НА ГРОМ, НАЧИН НА НИВНО СТЕКНУВАЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ Член 70 ГРОМ и неговите организациони облици стекнувааат финансиски средства и друг имот од : - партиска членарина. - донаторство и прилози од членство и симпатизери. - други приходи од физички и правни лица и - Буџетот на Република Македонија и буџетите на општините. Централниот одбор на ГРОМ утврдува посебен Правилник за материјалнофинансиско работење на Партијата. XII. ПРЕСТАНОК НА ГРОМ И РАСПОЛАГАЊЕ СО НЕЈЗИНИОТ ИМОТ ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕСТАНОК

20


СТАТУТ НА ГРОМ

Член 71 ГРОМ може да престане да дејствува: 1. Со одлука на Собранието на ГРОМ, за која е потребно 2/3 мнозинство, од вкупниот број членови на Собранието, а по претходна расправа во Партијата и 2. Кога бројот на членови ќе се намали под законски утврдениот број за нејзино основање. За престанок на ГРОМ, согласно условите во став 1, точки 1 и 2 од овој член, Претседателот на ГРОМ или лице овластено од него го известува соодветниот Суд во Скопје заради бришење на Партијата од Единствениот судски регистар на политичките партии. Со одлуката за престанок на Партијата, Собранието ќе одлучи и на кого ќе му го даде, отстапи или подари имотот на ГРОМ. ( хуманитарни организации, социјални фондови, фондации, здруженија на граѓани и сл.) XIII. ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ НА ГРОМ Член 72 Измените и дополнувањето на Статутот ги врши Собранието на ГРОМ. Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на ГРОМ може да поднесе орган на Партијата, работните тела, Општинските одбори, како и секој член на ГРОМ. Во иницијативата од ставот 1 на овој член, што во писмена форма се поднесува до Централниот одбор на ГРОМ, треба да бидат содржани конкретните предлози за изменување и дополнување, како и подетално образложение за причините поради кои тие се предлагаат. Член 73 По поднесените иницијативи за изменување и дополнување на Статутот се води јавна расправа во органите и телата на ГРОМ, по што Централниот одбор на ГРОМ утврдува Предлог-Одлука за изменување на Статутот на ГРОМ и истата ја доставува до Собранието на ГРОМ за разгледување и донесување. XIV. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 74 Толкување на одредбите од овој Статут дава Централниот одбор на ГРОМ. Член 75 Овој Статут влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе сe применува по извршениот упис на ГРОМ во Единстевниот судски регистар на политичките партии.

21


СТАТУТ НА

ГРАЃАНСКА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА!


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.