Изборна програма на ГРОМ 2014-2018

Page 1

ИЗБОРНА ПРОГРАМА 2014-2018

Април, 2014


ИЗБОРНА ПРОГРАМА на Коалицијата ГРОМ за периодот 2014-2018 година Почитувани граѓани и пријатели на Република Македонија, Сегашната состојба, политичките и економските предизвици, промени во регионот, Европа и глобално, со кој се соочуваат граѓаните и Република Македонија, бараат дополнително организирање на расположливиот потенцијал во Република Македонија во насока на нејзин долгорочен развој, просперитет и благосостојба, потпирајќи се пред сè на потенцијалот на самите граѓани. Последните дваесет години одлучувањето за иднината на нашата држава беше во рацете на две големи политички партии од македонскиот и две од албанскиот дел на граѓанството, кои решенијата на проблемите ги очекуваа од други а не од потенцијалот на сопствените граѓани. Со силна доверба во постоечкиот голем, а неискористен потенцијал на нашите граѓани и вредностите што ги поседуваат за просперитет на нашата држава, ние, граѓаните од Република Македонија, од различни средини, од различни полови, етнички и верски припадности, со различни возрасти, социјален статус и професии ја формиравме Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, како коалиција на македонската политичка сцена. Граѓанската опција на Македонија – ГРОМ е коалиција на македонската политичка сцена, која е воспоставена за да понуди нов пристап и нови идеи за решавање на општествените предизвици и создавање на просперитет за граѓаните на Република Македонија. Првиот предизвик на тој пат е пред нас, парламентарните избори за претставници на граѓаните во највисокиот законодавен дом на Република Македонија. Поминавме многу изборни циклуси, исполнети со надежи, неостварени и остварени ветувања. Но, тоа е дел од патот во кој сè повеќе ги зацврстувавме темелите на нашата државност. Во првата декада се изборивме за нашата државност, а во втората го отпочнавме патот на напредок кон остварување на националните цели за интегрирање и комуникација со светот. Она што ни недостига е поголемото вклучување на граѓаните во споделување на успехот од остварените резултати. На овие избори не одлучуваме толку за заеднички цели и насоки на деjствување, туку за способноста како држава да ја пренесеме одговорноста на граѓаните, не само за носењето на одлуките за правецот на развој туку и одговорноста за извршување на одлуките. Сакаме да ги ополномоштиме граѓаните да учествуваат во реализацијата на одлуките и да градат капацитет да бидат активни и компетентни во остварувањето на заедничкиот прогрес. Затоа на овие избори не сме соочени со прашањето дали постои разлика во државните цели, туку со прашањето кој ќе учествува во нивното остварување? ГРОМ нуди граѓаните во голем број да се вклучат во остварувањето на државните цели, преку поголема децентрализација и пристап на граѓаните до националните ресурси, без разлика на националната, верската или политичката припадност. Како генерација соочени сме со нови предизвици и одговорни сме Република Македонија да ја внесеме во 21-от век како современа, демократска и просперитетна држава. Пред вас е изборната програма на ГРОМ која ги поставува вистинските предизвици на нашата генерација и дефинира приоритети со кои најдобро ќе одговориме на нив.

2


Изборната програма се разликува од другите политички опции во Македонија по три клучни залагања на ГРОМ, кои се нови на нашата политичка сцена: • градење капацитет на граѓанинот да се вклучи во процесот на носење, извршување и оценување на политиките; • понуда на мерливи индикатори со кои секој граѓанин може да оцени дали политиките на политичките партии на власт придонесуваат за квалитетот на неговиот живот или не, и • мобилизирање на граѓанинот на високо поставени цели за Македонија кои не зависат само од финансиски средства, туку од неговата способност да креира, продуцира и соработува во заедништво, внатре и надвор од државата. Ве повикуваме да се вклучите во овој процес на поддршка на вродената моќ на граѓанинот да ја менува, а нè да се приспособува на сегашната македонска реалност. Бидете храбри и изберете го овој пат. Тоа не значи дека немате стравови, туку дека сте одлучни да дејствувате за доброто на сите.

3


4


МАКЕДОНИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Република Македонија веќе трета деценија ја ужива својата независност, сè уште се соочува со општествени предизвици за напредок, развојот, просперитетот и благосостојбата на нејзините граѓани. Во овие триесет години од надминувањето на едноумието, вистинскиот политички плурализам и мултиполарност сè уште се предизвик, како и политички дијалог и соработка. ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИНОТ ВО ПРВ ПЛАН мора да биде основа на секое политичко дејствување. ВРЕДНОСТИТЕ НА ГРОМ, детално образложени во политичката програма, за остварување на оваа клучна цел се: • Слободен живот во сегашноста; • Активни и вклучени граѓани; • Заедништво; • Одговорност и отчетност; • Мултикултурализам и меѓукултурализам; • Претприемништво; • Еднакви можности; • Личен развој; • Одржливост. Следејќи ги овие вредности ГРОМ се ангажира за соочување со ЧЕТИРИ КЛУЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ: • Граѓанинот и неговите индивидуални слободи и права да се ослободат од поклопецот на партискиот интерес; • Граѓаните на Република Македонија да станат двигатели на растот и развојот на државата; • Власта да го користи потенцијалот на своите граѓани за реализирање иновативни, претприемачки идеи за зголемување на размената на државата во регионот, ЕУ и светот; • Македонија да биде земја во која нејзините граѓани остануваат, наместо да заминуваат. ВИЗИЈАТА НА ГРОМ за Македонија во 21-от век е: ширење на слободата, достоинството и благосостојбата на секој граѓанин во граѓанска држава, која го вклучува во одлучувањето на важни прашања за нивните животи и која обезбедува еднакви шанси, можности, слобода и развој на различните културни идентитети, во Република Македонија интегрирана во регионалните, европските и глобалните меѓународни односи. МИСИЈАТА НА ГРОМ е „коалиција на граѓанинот, која енергично и одговорно ги развива вродените слободи и права, овозможувајќи простор за непречено реализирање на неговата креативност и лични капацитети за остварување на визијата на Република Македонија во 21-от век“. ПРИОРИТЕТИ НА ГРОМ • Република Македонија со изградени и силни институции, јасни политики и средени внатрешни односи, чии капацитети обезбедуваат иднина на сите нејзини граѓани без оглед на нивната етничка, верска и партиска припадност; • Национална економија која креира работни места и просперитет со европска перспектива; • Држава во која работат граѓаните, а не власта преку активното учество во дефинирањето на националните приоритети и управувањето со националните ресурси; • Децентрализација на моќта во политичка, економска и регионална смисла преку заедничка визија, која ја споделуваат најголемиот број од нејзините граѓани; • Македонија интегрирана во регионот Европа и глобално;

5


• Реализирање проекти во соработка со граѓаните и градење на нивниот капацитет за активно учество во спроведување на политиките на ГРОМ; • Реализирање проекти во соработка со младите. Македонија во 21-от век треба да ги оствари овие приоритети. Македонија во 21-от век ќе се стреми кон принципите на кои се придржуваат и вредностите што ги следат нејзините граѓани, а кои се утврдени со Уставот на Република Македонија. Придржувајќи се на приоритетите за развој на Република Македонија, потребна е заедничка визија, која ја споделуваат најголемиот број од нејзините граѓани, како и ангажман на сите граѓани за постигнување на долгорочните цели. За граѓанинот да одговори на новите предизвици, човековиот развој е во фокусот. ГРОМ се залага за вложување во граѓаните и нивното здравје, образование, наука, култура, спорт и животна средина. Како партија за кој граѓанинот е центарот, ГРОМ ќе поттикнува активни граѓани и понатамошно вклучување на граѓаните во процесот на остварување на овие стратегиски национални приоритети. ГРОМ е за држава во која работат граѓаните, а не власта. Успехот на политичкиот ангажман се потврдува преку влијанието што го има врз животот на граѓаните и треба да се мери според можностите за искажување на креативниот потенцијал и достигнувањата на граѓаните, а не само според обемот на работа на власта. Политиките на ГРОМ се фокусирани на влијанието што тие го имаат врз животот на граѓаните. ГРОМ ќе обезбеди повеќе резултати со помалку пари за државата, а повеќе пари кај граѓаните и претпријатијата, a помалку кај Владата. Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ е подготвена да преземе одговорност за водење и примена на овие политики во Република Македонија. СТРАТЕГИСКИ ЦЕЛИ НА ГРОМ ЗА ПЕРИОДОТ 2014-2018 ГОДИНА: • БДП по жител на ниво од 43% од европскиот просек или 5.000 евра; • Вкупна надворешна трговска размена на Република Македонија од 15,5 милијарди евра годишно; • Надворешнотрговски дефицит од 17%; • БДП по вработен од 35.000 евра; • Трговска размена со земјите од југоисточна Европа од 2,7 милијарди евра годишно; • Бруто-инвестиции од 2,2 милијарди евра годишно (600 милиони странски директни инвестиции, 1,5 милијарди домашни инвестиции и 100 милиони од ЕУ-програмите); • Нето формирани нови претпријатија – 9.700 годишно; • Извоз по жител 3.300 евра; • Зголемување на учеството на индустријата во БДП за 10 индексни поени; • Зголемување на извозот на земјоделството за 40%; • 204.000 високо квалификувани работници во вкупната работна сила; • 43,6% стапка на вработеност на младите од 15-29 години.

6


ПРИОРИТЕТ 1: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ИЗГРАДЕНИ ИНСТИТУЦИИ И СРЕДЕНИ ВНАТРЕШНИ ОДНОСИ Независноста, суверенитетот и просперитетот на Република Македонија директно произлегуваат од стабилноста, динамичноста и ефикасноста на нејзините институции. Од степенот на изградените демократски и функционални односи зависи вклучувањето на Република Македонија во трендовите на 21 век. Угледот на Македонија во светот зависи од изградените државни институции, нивниот капацитет да ги решава проблемите на нејзините граѓани и од воспоставените внатрешни односи во градењето доверба, сигурност и просперитет на сите нејзини граѓани, без оглед на националната, етичката, политичката и половата припадност. Таква Македонија со средени внатрешни односи на меѓусебно почитување и доверба од граѓаните секогаш ќе биде посакуван и баран партнер на меѓународната сцена и активен учесник во сите меѓународни организации. Затоа што државните институции, а нè партиите, се клучниот фактор за чувството на припадност, почитувањето, активниот придонес и одговорноста на секој граѓанин за развојот и просперитетот на нашата држава. Поставувањето на државниот интерес над партискиот интерес значи дека функционалната демократија е поважна од партиската лојалност и директиви. ГРОМ го поставува како највисок државен интерес за Република Македонија изградбата на капацитет на институциите да одговорат на потребата за просперитет на нејзините граѓани. Како генерација дадена ни е шанса да го оствариме сонот на многу генерации Македонци, да изградиме просперитетна држава, како посакуван и респектиран партнер од сите меѓународни институции и со големи можности во 21 век. Потполно свесни дека ова е потреба и одговорност на секој граѓанин во градењето заедничка држава, ја преземаме одговорноста за таква држава, средена внатре а посакуван партнер за сите однадвор.

ФУНКЦИОНАЛНО И ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО Македонија мора да направи чекори во развој на функционално демократско општество и да помине во консолидирана демократија, од делумно слободна во слободна. Неопходни се храбри чекори за прогрес во сите подрачја: од граѓанските и политичките слободи, јавниот ред и мир, независните медиуми, изборниот процес, доброто владеење, до владеење на правото и спречување на корупцијата, како и засилувањето на локалната самоуправа.

СЛОБОДНИ ГРАЃАНИ ЗА СЛОБОДНО ОПШТЕСТВО Македонија има правна рамка и понатамошниот предизвик е создавање на поволна околина за остварување на граѓанските и политичките права, вклучувајќи ги слободите на изразување, собирање и здружување на мислата, совеста и религијата. 7


Создавањето на поволна околина е обврска на политичкото лидерство во промоција на толеранција и дијалог. Силно треба да се обесхрабри етикетирањето, говорот на омраза, како и криминалот заснован врз омраза, кој создава атмосфера на страв и самоцензура. ГРОМ ќе поттикнува култура и институции за дијалог на сите нивоа и во сите подрачја. За ГРОМ граѓанското општество е партнер, а не ривал или непријател. ГРОМ ќе негува култура во која ќе има простор и за критички ориентираните граѓански организации, синдикати, комори. Мора понатаму да се развива поволна околина за граѓанското општество, со примена на стратегии за соработка со граѓанскиот сектор на национално и на локално ниво. На граѓанското општество му е потребна поддршка за финансиската одржливост, среднорочно со директна финансиска поддршка од националниот и локалните буџети, а долгорочно со индиректни, даночни мерки за поттикнување на финансиската поддршка од граѓаните и претпријатијата. Индикатори на политиките за граѓанскиот сектор • Зголемување на учеството на НВО-секторот во ИПА-фондовите на 5% од вкупните средства за ИПА 1 компонентата. Околу десет милиони евра годишно ќе се распределуваат за проекти на невладините организации со цел јакнење на граѓанското општество. • Обезбедување на фонд за кофинансирање на проекти на НВО од ЕУ програмите на заедниците со цел поттикнување на НВО да повлекуваат поголем износ на грантови и да креираат нови работни места За слободно општество се потребни слободни медиуми. ГРОМ секогаш ќе застане на страната на професионално, независно и истражувачко новинарство како основен услов за одговорна власт. Мора да се создаваат поволни услови за слободни медиуми, преку воздржување од политички коментари за новинарската работа, откажување од постапки за одговорност за клевета, како и создавање услови за фер и лојална конкуренција. Сопственоста на медиумите мора да е транспарентна и мора да се раскинат нелегитимните партиско-медиумски односи. Индикатор на политиките за слободни медиуми • Подобрување на рангот на Македонија за 50 места на меѓународните листи за слобода на медиумите

МОЌНО СОБРАНИЕ – ДОМ НА ПОЛИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ Поделбата на власта, како темел за одговорна власт, мора да се заснова врз моќно Собрание. За понатамошниот развој на улогата на Собранието се неопходни засилување на позицијата на пратениците, градење на одговорност кон граѓаните наместо кон лидерите и демонстрација на контролната улога на Собранието. Силна позиција на пратеникот и одговорност кон граѓаните. За јакнење на одговорноста на пратениците кон граѓаните, ГРОМ ќе се заложи за: • реформа на Изборниот законик, во кој избирачот ќе има поголемо влијание во изборот на својот пратеник; • донесување Етички кодекс за пратениците, и • негување на култура на политички дијалог. Позицијата на пратениците ќе се засили со понатамошно подобрување на нивната работа, како и зголемување на учеството на јавноста. Владеење на правото е темелна вредност, донесувањето на закони е битно но не е доволно, многу поважно е нивна еднаква и неселективна примена на цела територија и на сите граѓани. ГРОМ енергично ќе се бори за еднаквоста и неселективноста на примената на законите. 8


Индикатори за политиките политички дијалог и владеење на правото • Донесување на етички котекс за пратениците • Задолжителна јавна расправа со граѓаните за секој значаен закон • Намалување на можноста за изрекување на мерката притвор

ЕВРОПСКИ СТАНДАРД НА УСЛУГИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ – ОДГОВОРНИ И ОТЧЕТНИ ИНСТИТУЦИИ, А НЕ ОТЧЕТНИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

За ГРОМ ефикасни, инклузивни и отчетни институции кои подеднакво обезбедуваат квалитетни услуги за сите граѓани се патот кон европски стандард на услугите. Барањето одговорност од институциите кои ќе имаат висок интегритет и ќе дејствуваат во функција на граѓаните ќе биде приоритет на ГРОМ. Европски стандарди на услугите ќе се постигнат со: • учество и партнерство со граѓаните; • реформа на јавната администрација за подобрување на ефикасноста и ефективноста; • следење на бројноста на администрацијата, и • помала, поефективна и подобро платена администрација. Можноста за активирање на граѓаните во остварување на националните приоритети директно е поврзана со бројот и квалитетот на услугите што ги добиваат од државната администрација. Власта постои за граѓанинот, а не обратно. Во Европа институциите даваат отчет пред граѓаните, а не политичките партии. Притоа отчетноста не се однесува на бројот на проекти туку на влијанието што институциите го имале во подбрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Индикатори на политиките за европски услуги на граѓаните • Реформирана администрација со максимум 25% учество во вкупниот број на вработени • Зголемен број на услужени граѓани за 10% секоја година • Воведување на од осум до десет нови услуги за граѓаните годишно • Просечната плата на вработените во државната администрација за 30% повисока од просекот во националната економија

СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ГРОМ јасно и недвосмислено ќе се бори за спречување на корупцијата која во Република Македонија, како општествен проблем, предизвикува голема загриженост кај граѓаните и е пречка во општествениот и економскиот развој на земјата. Таа предизвикува спирала на назадување на државата преку извлекувањето незаработени пари од легалните канали со што ги спречуваат вредните граѓани да создаваат и да бидат наградувани за нивниот труд. Подигнувањето на јавната свест е од огромно значење за спречувањето на корупцијата и позитивните ефекти од нејзиното искоренување. ГРОМ ќе се бори за спречување на корупцијата со: • изградба на систем заснован врз детални и систематски анализи за корупцијата во сите општествени подрачја; 9


• отстранување на административните процедури или бариери кои создаваат услови за корупција; • јакнење на механизмите за отчетност при трошење на јавните финансии, и • зајакнување на улогата на Комисијата за спречување на корупцијата преку јасни и високи критериуми за избор на членови на комисијата. Антикорупциските активности ќе бидат насочени кон националниот и локалните буџети, како и системот на јавни набавки. Системот за јавни набавки треба да се оцени поради поплаките за фаворизирање на неквалитет, а истовремено не ги дава ефектите во спречување на корупцијата во јавните набавки. Во политиката мора да се уреди финансирањето на политичките партии. Во услови на скапи телевизиски кампањи, значајно се зголемуваат финансиските потреби на партиите, кои не можат да бидат задоволени на легитимен начин од спонзорите – граѓаните и претпријатијата. ГРОМ се залага за ограничување на кампањите, а среднорочно за зголемување на финансирањето на политичките партии од државата за да се искорени зависноста од „црни“ фондови. Индикатори на политиките за спречување на корупцијата • Објавување на листа за клучните точки за потенцијална корупција • Усвоени механизми за отчетност при трошење на јавните финансии • Уредено финансирањето на политичките партии

10


ПРИОРИТЕТ 2: НАЦИОНАЛНА ЕКОНОМИЈА КОЈА КРЕИРА РАБОТНИ МЕСТА И ПРОСПЕРИТЕТ СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА За ГРОМ од клучно значење е промена на парадигмата „раст без работни места“ во „раст со работни места“, затоа што на Македонија не и е доволен раст на бруто-домашниот производ (БДП), туку справување со долгогодишните општествени предизвици – невработеноста и со нејзе поврзаната сиромаштија. Изборниот предизвик за ГРОМ е раст кој ќе доведе до намалување на невработеноста на 18% и зголемување на вработеноста на 48% преку: • градење на функционална пазарна економија со Европска перспектива, вклучително функционален пазар на трудот; • поттикнување на инвестициите; • конкурентност, иновативност и претприемништво, вработување, и • стабилна макроекономска политика. За постигнување на целите е неопходно дополнување на постоечката парадигма во инвестиции каде што фокусот е на странски директни инвестиции, концесии и на капитални инвестиции во транспорт и енергетика. По продолжената економска криза од последните неколку години, покрај фокусот на странски директни инвестиции и концесии, за постигнување на очекуваните цели и резултати, Македонија мора да посвети внимание и на домашните инвеститори, како и на јавните вложувања, финансирани со заеми, за развој пред сè на енергетиката, а поограничено во транспортот. Натамошното задолжување на земјата мора да биде исклучиво за проекти со докажано економско значење.

Клучни индикатори за политиките на ГРОМ за национална економија со европска перспектива • БДП по жител на ниво од 43% од европскиот просек или 5.000 евра • Вкупна надворешна трговска размена на Република Македонија од 15,5 милијарди евра годишно • Надворешнотрговски дефицит од 17%

ФУНКЦИОНАЛНА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА Функционална пазарна економија и поволна околина за претпријатијата ГРОМ ќе постигне со поволна правна и регулаторна рамка, со владеење на правото, со фер конкуренција, подобрен пристап до финансиски услуги и со партнерство и економско-социјален дијалог. Секако од значење се стабилната макроекономска политика, како и другите мерки како иновативност и претприемништво издвоени во одделни делови. ГРОМ ќе ги вклучи работодавците и синдикатите, во консултативен процес за сите релевантни закони и регулативи, за да обезбеди: • заштита на интересите на засегнатите страни; • стабилност на правната рамка и регулатива, а промените ќе се прават со доволен период за приспособување на претпријатијата; • правна рамка и регулатива која ќе ги намали трошоците за работа. Правната рамка и регулатива треба да биде соодветна на големината на претпријатијата и да биде приспособена за малите и средните претпријатија (МСП); 11


• приспособување на казнената политика, особено кон МСП, како и општо намалување на дел од казните и казнување по начелото поука па казна, односно само по предупредување за потребата за приспособување кон законот или во случај на повторување на прекршокот, и • расправа за соодветноста на даночните политики и придонесите. Владеењето на правото мора да се обезбеди насекаде и за секого – за сите сектори, за сите претпријатија, за сите подрачја. ГРОМ ќе се залага за воспоставување на фер конкуренција. ГРОМ ќе донесе мерки за подобрување на пристапот кон финансиски услуги, зголемување на кредитирањето на приватниот бизнис, особено за МСП, како и поттикнување на нови финансиски инструменти преку поддршка за развој на нови финансиски продукти. За ГРОМ организациите на работодавци, синдикатите и коморите се партнери во градењето на функционална пазарна економија. ГРОМ ќе се залага за јакнење на економско-социјалниот дијалог, на национално и локално ниво и за јакнење на Економско-социјалниот совет по европски модел. ГРОМ ќе се залага за пренос на надлежности за одредени јавни услуги на стопанските комори, како и за нивно зајакнато присуство во регионот, ЕУ и глобално. ГРОМ ќе се фокусира на три клучни фактори за развој на функционалната пазарна економија: стабилност и предвидливост на политиките; конкурентна средина и раководење со промени; и социјална инклузија на сите граѓани. Клучна цел: • БДП по вработен од 35.000 евра Индикатори за политиките за функционална пазарна економија • Изработена регулаторна рамка за водење бизнис во Македонија • Листа на намалени трошоци на опкружувањето зз бинзис • Листа на расположливи услуги за претприемачите и пристап до информации • Рамка за пристап до финансиски услуги

МОНЕТАРНА И ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА ГРОМ ќе ја поддржи оптималната монетарна политика за стабилно макроекономско опкружување со целосно почитување на независноста на НБРМ во изборот на стратегијата за ценовна стабилност и стабилен девизен курс. Релаксирана монетарна политика ќе биде во функција на кредитна политика со која ќе се обезбеди пораст на банкарските кредити за приватниот сектор. Политика на ГРОМ ќе биде зголемување на јавниот долг само за јавни инвестиции со економска оправданост, при што најмалку 70% од јавните инвестиции ќе бидат во економската инфраструктура.

РАСТ И ИНВЕСТИЦИИ За постигнување на целите е потребен раст на БДП меѓу пет и шест проценти годишно, како раст на бруто-инвестициите над 30 проценти од БДП. Притоа, ова ниво се однесува на т.н. „гринфилд“ и „браунфилд“ инвестиции, а не само на продажбата на претпријатија или удели и акции во сопственост на државата. ГРОМ ќе го обезбеди приватниот сектор за партнер преку: • поволна околина за инвестиции од дијаспората и македонските граѓани во странство, со либерализација на девизното работење и поттикнување на дознаките за инвестиции; • еднаков третман на странските и домашните инвеститори, во условите и поддршката обезбедена од државата; 12

• гаранција за правната сигурност за домашните инвеститори и промена на културата каде што бизнисот е непријател;


• поттикнување на додадената домашна вредност преку мерки за поттикнување – директни и индиректни финансиски поддршки, со цел зголемување на учеството на домашни инпути, а со тоа да ја зголемат побарувачката на домашни продукти и услуги. Јавните инвестиции во инфраструктурата и образованието создаваат поволни улови за развој на приватниот сектор. Тие треба да надминат 15 проценти од буџетот на Македонија, при што најмалку 65 проценти треба да бидат во економска инфраструктура. Јавните проекти, во енергетика и транспорт, предвидени да се реализираат со концесии и јавно-приватни партнерства, за кои постапките повеќепати неуспешно се повторуваат, треба да бидат преоценети. За оние проекти што постои економска оправданост дел треба да се реализираат со заеми, а за дел да се подобрат условите за концесионерите и партнерите. ГРОМ се залага за највисока искористеност на ЕУ-фондовите. Внимание е потребно за зголемување на административниот и финансискиот капацитет за употреба на ЕУ-фондовите, како на страната на државата, така и на страна на приватниот и граѓанскиот сектор. ГРОМ ќе обезбеди поддршка за консултантски куќи кои ќе помогнат во подобрување на капацитетот на приватниот сектор, а ќе се анализираат и можностите за зголемување на финансискиот капацитет неопходен за кофинансирање на проектите. Клучни цели • Tрговска размена со земјите од југоисточна европа од 2,7 милијарди евра годишно. • Bруто-инвестиции од 2,2 милијарди евра годишно (600 милиони странски директни инвестиции, 1,5 милијарди домашни инвестиции и 100 милиони од еу-програмите). Индикатори за политиките за функционална пазарна економија • Поддршка на 40 нови производи годишно • Исти услови за домашните и странските инвеститори • 30% учество на инвестициите во БДП • 80% искористеност на ЕУ-фондовите

Проекти: • Отворање на дистрибутивни центри за македонски производи во земјите од Југоисточна Европа; • Формирање на Агенција за поддршка на извозот и промоција на домашните инвеститори, и • Воспоставување на фонд за поддршка и финансирање на нови производи и брендирање на македонските производи.

ПРЕТПРИЕМНИШТВО, ИНОВАТИВНОСТИ, КОНКУРЕНТНОСТ Македонија мора да ја зголеми конкурентноста на својата економија и да го зголеми издвојувањето на два процента од БДП за истражувања и развој. ГРОМ ќе обезбеди државна поддршка преку: • финансиска поддршка за развој на нови продукти и за воведување на нови технологии; • намалување на царините и даноците за увоз на опрема, за техничко-технолошка модернизација која не се произведува во земјата; • бесцарински увоз на опрема, суровини и репроматеријали кога се работи за извозни аранжмани за производни претпријатија со над 50 вработени; •

ГРОМ ќе ја поддржи енергетската ефикасност на фирмите за зголемување на нивната конкурентност. Ќе се поттикне „зелената економија“: заштита на околината, енергетска ефикасност, користење на обновливи извори на енергија.

воведување најмалку една мерка за интернационализација на македонските претпријатија, како промоција на стратегиските производи на странските пазари.

13


На Македонија и е потребно повеќе претприемништво. ГРОМ ќе обезбеди мерки за: • поддршка за почеток на бизниси (старт-ап); • услуги за развој на бизниси; • намалување на трошоците за работа за МСП, и • проширување на мрежа на „бизнис-инкубатори“, како и на специјализирани „бизнис-инкубатори“ за ИТ и нови технологии. Особено ќе се поддржи претприемништвото на млади жени, лица со посебни потреби и на етничките заедници. ГРОМ ќе воведе програми за поддршка на малите и средните претпријатија. Меѓу другото, во големите јавните набавки ГРОМ ќе воведе преференцијален третман на МСП, особено на МСП основани од млади, од жени и од ранливи групи. ГРОМ ќе воведе и преференцијален третман на енергетски ефикасни производи. Претприемничката култура ќе се охрабрува од предучилишна возраст, а ќе се надградува во основното и средното образование. ГРОМ ќе гради јавна свест со висока работна етика и претприемништво, каде што стереотипите „учи сине да не работиш“, „клати врата, земај плата“, „не можат да ме платат толку малку колку што малку може да работам“, ќе бидат заменети со нови. Клучни цели • Нето формирани нови претпријатија – 9.700 годишно • Извоз по жител 3.300 евра Индикатори за политиките за претприемништво и иновативност • Поддржани 10.000 претпријатија годишно • десет нови услуги за поддршка на МСП за прв настап на странски пазар • илјада МСП годишно прв пат настапуваат на странски пазари

Проекти: • Отворање на осум регионални агенции за поддршка на претприемништвото • Фонд за поддршка на претприемачки идеи на млади луѓе • Воспоставување на фонд за поддршка на МСП за прв настап на странски пазар

СТРАТЕГИСКИ СЕКТОРИ ГРОМ ја поддржува определбата за земјоделството, текстилната индустрија, туризмот, машинската (авто) индустрија, ИТ-секторот како стратегиски сектори. За ГРОМ стратегиско значење има и градежништвото, фармацијата и новите индустрии на „зелената економија“. Во сите наведени сектори ГРОМ ќе поттикне стратегиско размислување по принципот на „кластер“ или синџир на вредност. Исто така, засновано врз принципите на конкурентност, иновативност и претприемништво ќе се поттикнуваат потсектори со повисока додадена вредност. За сите овие сектори ГРОМ ќе ги примени мерките за конкурентност, иновативност и претприемништво, а ќе развие и конкретни мерки и проекти. Во туризмот, како најбрзо растечки сектор и најголем побарувач на работници, покрај постоечките напори: • ќе се зголемат јавните инвестиции кои даваат поддршка на туризмот; • ќе се обезбеди јавно-приватно партнерство за одредени проекти, како и поддршка за подобрување на хотелските капацитети;

14

• покрај сегашните средства од ИПАРД за развој на руралниот туризам (хотели и угостителски објекти) ќе се обезбедат средства за субвенции за изградба на мали семејни хотели или соби за сместување, за изградба на хотели со национална архитектура;


• за подобрување на услугите ќе зајакне стандардизацијата и лиценцирањето; • ќе се вложи во дефинирањето на уникатна национална кујна; • ќе се формира фонд за обновување на фасадите, куќите и други објекти во староградските јадра на Скопје, Битола, Охрид, Крушево и Кратово, како и за забрзување на европските фондови за ревитализација на етнорурални заедници. ГРОМ ќе инсистира на еднакви услови за настап на македонските градежни компании на тендерите за големи јавни инвестиции. ГРОМ ќе ја анализира можноста за обезбедување на државни гаранции за настап на македонските градежни компании на странски пазари во случај на големи јавни проекти. Иако не се индустрии, од аспект на раст и работни места со висока додадена вредност ГРОМ ќе ја промовира Македонија како регионален здравствен и образовен центар со обезбедување бесплатно земјиште за изградба на здравствени и образовни објекти кои ќе даваат услуги за соседните земји, а ќе обезбеди и субвенции за нивна изградба или доградба. ГРОМ ќе поттикне студија за можностите за здравствен туризам. За подобар бизнис е неопходен подобар пристап до финансиски услуги. ГРОМ ќе поддржи мерки за кредитирањето на приватниот сектор; субвенционирање на каматите; поддршка на нови финансиски продукти; подобро електронско банкарство и намалување на трошоците на финансиски трансакции; либерализација на девизното работење; мерки за поевтини меѓународни плаќања. Политиките кон стратегиските сектори ГРОМ ќе ги осмислува сеопфатно, изработувајќи секторски стратегии и подготовка на програми за поддршка на приватниот сектор во креирање на нова понуда и примена на технолошки подобрувања. Клучна цел: • Зголемување на учеството на индустријата во БДП за десет индексни поени Индикатори за политиките за стратегиските сектори • Поддржани десет стратегиски кластери • Формирани три нови стратегиски сектори (енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, органско земјоделско производство, селекција и рециклажа на отпад) • Пет стратегиски сектори се вклучени во глобалните синџири на вредности

Мерки за стратегиските сектори 1.

На правните субјекти и обврзниците за плаќање на ДДВ, ќе им се овозможи данокот кон државата да го плаќаат откако ќе биде извршена наплата на вредноста на фактурата, а не како сега на фактурирана вредност.

2.

Ќе формираме тимови од експерти на регионално ниво за изработка на проекти и апликации, со кои ќе се аплицира за финансиски средства од Европски фондови.

3.

Државата ќе ги субвенционира македонските компании кои вршат извоз на македонски производи на странските пазари.

4.

Ќе воведеме екобонус при купување на нови возила и тоа скалесто, зависно од количина на издувни гасови мерено преку количина на СО2. Средствата ќе се обезбедат од давачките кои се плаќаат при увоз на половни возила.

5.

Ќе донесеме посебен закон за енергетска ефикасност (сега постои дел во Законот за енергетика).

6.

Ќе се формира државен фонд за енергетска ефикасност, преку кој ќе се врши бескаматно кредитирање на енергетска обнова на објекти. Преку заштедата на енергија ќе се овозможи враќање на кредитот без камата.

7.

Ќе намалиме даночна стапка на 5% за опрема и материјали кои ја подобруваат енергетската ефикасност. 15


8.

Ќе обезбедиме даночни ослободувања на субјекти (физички и правни лица), кои ќе спроведат енергетска обнова на своите постоечки објекти и ќе исполнат одредени услови, според правилникот за енергетски карактеристики на згради на Република Македонија.

РАЗВИЕНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО СО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НОВОСОЗДАДЕНА ВРЕДНОСТ И НОВИ ПРОИЗВОДИ

Развојот на земјоделството ќе се насочи кон засилување на земјоделството, зголемување на новосоздадена (додадена) вредност и развој на нови производи преку: • зголемување на обемот на земјоделско производство; • донесување на нови законски прописи во земјоделството и сточарството (Закон за земјоделство и рурален развој, Закон за сточарството, Закон за тутун и тутунски производи, Закон за виното, Закон за водите и др.), со кои суштествено ќе се уредат односите од интерес и заштита на земјоделците и фармерите во смисла на ослободување од царина и слободна трговска размена, укинување на данокот на доход од земјоделска дејност или негово ставање во функција на реинвестиции; • намалување на данокот на додадената вредност на производите од земјоделство како на пример за виното и законско уредување на исплатата на откупените земјоделски производи; • осмислено и транспарентно доделување на државно земјоделско земјиште на вистински производители; • изградба на инфраструктурни објекти, надвор од селата, во функција на создавање услови за поефикасно вршење на земјоделската дејност како што се: изградбата на сообраќајници, полски патишта, електрификација до земјоделските имоти; • понатамошна изградба, како и одржување на системите за наводнување и мелиоризација, со издвојување на средства од националниот и локалниот буџет; • трансформација на јавните претпријатија кои управуваат со хидромелиоративните системи и доделување на хидросистемите на управување на здруженијата на земјоделски производители, и • укинување на надоместокот за наводнување и користењето на водата ќе биде бесплатно, финансирано од буџетот. Потребно е да се зголеми поддршката преку субвенциите во сите области и гранки на примарни земјоделски производители и фармери за: • зголемено и стандардизирано производство и преработка на храна; • поголеми субвенции на трошоците за осигурување на земјоделските имоти, и • помагање во заштитата на земјоделското производство од разни ризици. За да се обезбеди навремена подготовка за користење на ЕУ и други фондови за рурален и регионален развој, ќе се: • зајакнат капацитетите на локалните власти, локалните здруженија и бизнис-секторот; • обезбеди ефикасна поддршка на фармерите во подготовка на документите за фондовите наменети за развој на земјоделскиот сектор, и • поддржат консултантски компании и граѓански организации за агробизнис. Покрај поддршката со субвенции за сите примарни земјоделски гранки е потребно зголемување на поддршката за стратегиски сектори, зголемување на новосоздадената вредност и воведување на нови производи. За развој на стратегиски потсектори ќе се употребува „кластер“ системот, кој даде позитивни резултати во развојот на млечниот и месниот сектор, и тоа за: • традиционални производи ќе се гради препознатливост (на пример ајвар); • обезбедување конкурентска извозна способност или намалување на увозот; • развој на ридско-планинските рурални предели како сточарството, билкарството, ридскопланински култури („шумско овошје“), пчеларството, рибарството и други; 16

• поддршка на биопроизводство;


• интензивирање на сточарското производство и развој на преработувачката индустрија за месни и млечни производи, преку посебна поддршка за производителите на млеко и месо (поддршка на фарми за зајачко месо); • укинување на водениот надомест, и • укинување на ДДВ на семенски материјал, ѓубрива, пестициди, опрема, резервни делови. Укинување на ДДВ и Акциза за нафтата за земјоделство. Потребно е да се зголеми поддршката за зголемување на новосоздадената вредност. Покрај поддршката за собирно-дистрибутивни центри или агроберзи, калибрација и пакување; приоритет ќе се стави на поддршка на преработувачката агроиндустрија (ладилници, сушари, конзервирање). Поддршката ќе се состои од субвенции за нови објекти или машини во износ од 50 проценти. Неопходна е поддршка за развој на нови производи, како дел од стратегискиот пристап. ГРОМ ќе поддржи воспоставување на траен и ефикасен систем за трансфер на нови технологии и знаење во агросекторот. Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе се трансформира. ГРОМ ќе развие стратегија за извоз на домашното земјоделско и сточарско производство, со стандардизација на домашното производство и промотивна стратегија за македонските производи. Здружени земјоделци се силни земјоделци. Ќе се подобруваат условите за здружување во здруженија на земјоделци и ќе се зголемува поддршката на таквите здруженија, како и поддршката за развој на економски активности како што се машински парк, маркетинг итн. Посебно ќе се поттикнуваа социјалната економија и кооперативите. Клучна цел • Зголемување на извозот на земјоделството за 40% Индикаторите за политиките за земјоделството • Искористена површина за земјоделско производство • Износ на доделени субвенции • БДП од 4.000 евра по земјоделец

БАЛКАНСКИ КРСТОПАТ За постигнување на стратегиските приоритети ќе се гради и одржува потребната комуникациска, сообраќајна, енергетска, ИТ, телекомуникациска и медиумска инфраструктура.

ТРАНСПОРТНА ИНФРАСТРУКТУРА Транспортната инфраструктура, заедно со енергетската, ќе го заземе приоритетот во јавните инвестиции. Во сообраќајната инфраструктура поеднаков приоритет ќе добијат европските коридори 8 и 10, но и патните правци Скопје – Охрид – Велес – Богданци, Прилеп – Битола – Скопје, Штип – Струмица, Штип – Радовиш – Истибања – Делчево, Ранковце – Крива Паланка. ГРОМ изјавува „од Скопје до кое било место во земјата само за 90 минути возење“. Но, за скратување на времето на патување, покрај подобрување на патната инфраструктура мора да се намали времето на чекање на граничните премини и на патарините. ГРОМ се залага за напуштање на системот на патарини и негова замена со системот на винети. Железничката инфраструктура треба се обнови, започнувајќи од клучните железнички станици, железничкиот парк, како и постоечките пруги. Паралелно со процесот на соработка на Албанија и Бугарија треба да продолжи изградбата на овој железнички правец. ски.

Авиосообраќајот и понатаму треба да се развива со поддршка на воспоставување на нови авиовр-

ГРОМ се залага за што побрзо склучување на договорот за транспортна заедница на регионот под закрила на Европската Унија, како начин за подобар и поефективен транспорт на Балканот. ГРОМ ќе се залага за развој на велосипедскиот сообраќај, како транспортна можност преку: • подобрување на состојбата на постоечките велосипедски патеки;

17


• овозможување на континуирано движење по велосипедските патеки и зголемување на бројот на паркинг-места за велосипеди; • проширување на велосипедските мрежи преку градење нови велосипедски патеки, следејќи ги стандардите за изградба на истите; ќе се воведуваат зони на намалена брзина на движење на моторните возила, онаму каде што нема просторни услови за нови велосипедски патеки, со цел безбедно заедничко сообраќање на возачите на моторните возила и велосипедите; • континуирано одржување, подобрување и проширување на јавниот систем за изнајмување велосипеди.

ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА Во енергетската инфраструктура целите на ГРОМ се повеќекратни: 1) зголемено производството на електрична енергија, 2) подобра поврзаност на македонскиот енергетски систем со регионалниот и 3) зголемување на ефикасноста на енергетската потрошувачка. Зголемување на вкупното производство на електрична енергија треба да биде со употреба на почисти енергенси како гасот, за што е клучно обезбедување на ефикасна испорака на гас во земјата. Истовремено цел е да се зголеми учеството на обновливите извори на енергија кон европските стандарди, со акцент на развојот на сончева енергија, енергија од ветер, малите хидроелектрани, како и термоелектрани на биомаса и биогас. Ќе се направат измени во законската регулатива што ја уредува материјата во енергетскиот сектор, мрежните правила и дистрибутивните системи со цел да се поддржат инвестициите во енергетиката. Стимулациите на производството на енергија од обновливите извори ќе го поттикне и производството на домашна енергетска опрема за: • целосно одржлива енергија и создавање на нови работни места во секторот за обновлива енергија; • стимулирање на сите приватни инвестиции доколку креираат нови работни места, и го намалуваат увозот на енергија и енергетска опрема; • новите повластени тарифи за откуп на електрична енергија генерирана од обновливи извори на енергија ќе поттикнат приватни инвестиции. Зголемувањето на повластените тарифи кое ќе изнесува од 20% до 40% е поврзано со процентот на учество на опремата од домашно производство во вкупната инвестиција. • домашна компонента во вкупната вредност на проектите поголема од 50%, а за некои инвестиции поголема од 60%. Со овие мерки ќе се влијае на намалување на маргиналната склоност кон увоз, ќе се стимулираат инвестиции во иновативни решенија и технолошки развој, ќе се намали вредноста на увозот, ќе се поттикнат инвестиции во домашни капацитети со што се влијае на намалување на невработеноста. Со овие мерки ќе се влијае на пет горливи проблеми во македонската економија, и тоа: намалување на увозот на електрична енергија, намалување на увозот на опрема за изградба на електрични централи, зголемување на индустриската активност, развој и промоција на приватниот сектор, намалување на невработеноста. Истовремено по периодот на созревање на ваквите индустрии во Македонија, извозот пред сè на европскиот пазар на ваква опрема ќе биде поттикнат со цената на факторите на производството, услугите и близината на европскиот пазар. Македонија понатаму треба да ја развива високонапонската мрежа и поврзаноста на енергетскиот систем на земјата со тие на соседните земји.

18

Македонија е посветена на зголемување на ефикасноста на енергетската потрошувачка, што треба да се постигне со подобрување на енергетската мрежа, како и со подобрување на енергетската ефикасност на станбените и деловните објекти. ГРОМ ќе го сподели и мултиплицира своето искуство за постигнување на енергетска ефикасност на станбените и деловните објекти, за постигнување на националната цел од пет проценти реновирани енергетски објекти на годишно ниво. ГРОМ ќе го промовира концептот на енергетска


ефикасност на станбените објекти со субвенции за обнова на фасадата и лично вложување на граѓаните во обнова на прозорците. За подобрување на конкурентноста ќе се поддржи енергетската ефикасност во деловните субјекти. Посебен фокус ќе биде енергетската ефикасност во јавниот сектор.

МЕДИУМИ ГРОМ изјавува дека „за слободно општество се потребни слободни медиуми“. Предуслов за демократско општество е гарантирањето на медиумскиот плурализам и независноста на медиумските фирми. ГРОМ секогаш ќе застане на страната на професионално, независно и истражувачко новинарство како основен услов за одговорна власт. Мора да се создаваат поволни услови за слободни медиуми, преку: • воздржување од политички коментари за новинарската работа; • откажување од постапки за одговорност за клевета; • создавање услови за фер и лојална конкуренција; • транспаретна сопственост на медиумите и раскинати нелегитимните партиско-медиумски односи, и • спречување на финансиски или уреднички влијанија на политички субјекти во медиумскиот сектор. Главната задача на медиумските политики на ГРОМ се заштитата на плурализмот, подигнувањето на квалитетот на медиумските содржини, како и создавање на услови за развој на медиумскиот пазар, како и нему сродните пазари. Политиките на ГРОМ за регулацијата на пазарот ќе дозволат динамично и проактивно регулирање на медиумската концентрација и на сопственичката структура на медиумите на начин што ќе придонесува кон развивање на медиумскиот пазар и унапредување на слободата на изразување. На медиумите и медиумските професионалци мора да им се гарантира и правото за професионално здружување. Кон зачувувањето на плурализмот придонесува и дуалниот систем на јавни и приватни медиумски компании. Медиумската политика на ГРОМ се грижи за обезбедување на амбиент за фер конкуренција на медиумскиот пазар, каде што и на јавните и на приватните медиумски компании ќе им се овозможи балансиран напредок. Јавниот медиумски систем мора да обезбедува образовни, културни и информативни програмски содржини. Информативните содржини во медиумите, а особено на програмите на јавниот сервис мораат да отсликуваат плурализам на мислења и да им овозможуваат на сите општествени малцинства пристап и учество во системот за јавно информирање. Јавните медиумски сервиси мораат да бидат граѓански форум за размена на различни идеи и ставови во духот на демократските општества. Новите закони за медиуми ја зголемуваат медиумската регулација, што е спротивно со глобалните трендови. Медиумската политика на ГРОМ ќе се стреми кон медиумска дерегулација и поголемо учество на граѓаните во медиумската регулација и во јавниот медиумски сервис. На интернет-медиумите и на печатените медиуми не им е потребна детална регулација. Регулативата од другите закони (Кривичен законик, Законот за заштита на конкуренцијата, Законот за авторското право и сродните права итн.) и саморегулацијата се доволна регулациска рамка.

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ И ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО Во сферата на електронските комуникации ГРОМ се стреми кон: • зголемување на конкурентноста на пазарот за електронските комуникации; • натамошно намалување на цените во фиксната, мобилната телефонија и интернетот, и • намалување на цената на роаминг-разговорите за поттикнување на зголемување на комуникациите со Европа. Политиките за електронски комуникации ќе одат во насока на зголемување на конкуренцијата на пазарот на дигитална телевизија, воведување дигитално радио, како и намалување на цените и зголемено користење на мобилен и фиксен широко појасен интернет. Политиките на ГРОМ ќе водат во насока на развивање на е-трговијата, а особено е-услугите на државните и јавните институции. Од клучно значење е да се развијат и услугите во областа на е-образованието и учењето на далечина. ГРОМ ќе промовира и поддржи „clouds“ архивирање и користење на податоците.

19


ПРИОРИТЕТ 3: ДРЖАВА ВО КОЈА РАБОТАТ ГРАЃАНИТЕ, А НЕ ВЛАСТА Основен фокус на политиките на вработување се креирање работни места, поголем опфат на сите категории граѓани и зголемување на просечната плата. За реализирање на овие политики ГРОМ ќе создава социјално-економско опкружување кое ќе обезбедува висок стандард на услуги во здравството, образованието и науката, културата и спортот.

ВРАБОТУВАЊЕ За „раст со работни места“ покрај наведените цели за инвестиции, конкурентност, иновативност и претприемништво, потребна е примена на активни мерки за вработување за: • зголемување на годишниот опфат на невработените со активните мерки за вработување и зголемување на финансиската поддршка за нови работни места; • стручното усовршување во претпријатијата со тоа што ќе се креираат програми за партиципација во трошоците за обука на вработените; • намалување на трошоците за вработување; • поттикнување на вработување на нискоквалификувани работници; • поттикнување на вработување во пасивните ридско-планински подрачја преку ослободување од придонеси во период од три години, и • вработување на други ранливи групи. Потребна е реорганизација на работата на Агенцијата за вработување за активно посредување за вработување, спроведување на активни мерки за усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Ќе ја зголемиме флексибилноста на работните договори, ќе промовираме работа со скратено работно време и работа дома со што на работниците ќе им се даде поголем избор. Тоа е особено важно за жените кои честопати поради домашни обврски и грижа околу децата и повозрасните и изнемоштени роднини, мораат да се одлучат за неактивност, наместо за работа, поради недостиг на флексибилни работни договори. Клучни цели • 204.000 високо квалификувани работници во вкупната работна сила Индикатори за политиките за вработување •

60.000 луѓе годишно користат услуги за вработување

• 1зголемување на минималната плата на 15-16.000 денари

ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ Младите, како најпогодена група ќе имаат приоритет во поттикнување на вработувањето. Зголемувањето на вработеноста на младите ќе започне со: • усогласување на системите за образование и обука со потребите на пазарот на трудот – реформа на наставните планови, воведување образование за кариера; • подобрување на услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија; 20

• обезбедување на средства за приватни обезбедувачи на услуги за посредување и подготовка за влез на пазарот на трудот;


• воведување и на советување за кариерата за младите луѓе во раните фази на образованието; • одредување на минимална плата за млади од 15-16.000 денари, и • субвенции од 20% на платата за вработени високообразовани кадри. Понатамошните мерки се насочени кон олеснување на влезот на пазарот на труд. ГРОМ предвидува неколку мерки, кои покрај мерките за развој на претприемништвото вклучуваат: практикантство, обезбедување на услуги за вработување на целата територија на земјата, како и поддршка за вработување на млади луѓе (до 30 години). Проект: Еден дел од образованието, средно или високо, ќе се состои од практична работа – практикантство од една година во претпријатијата, кои ќе имаат обврска да ги примат практикантите. ГРОМ ќе го поттикне и практикантството во странство, како неопходност за интернационализација на македонската економија. Во општините кои не се покриени со центрите за вработување, потребно е создавање на мрежи за поддршка од граѓанскиот сектор и приватни провајдери во идентификување на невработените млади лица и обезбедување на услуги за вработување. Проект: Со цел намалување на трошоците за стажирање на идните доктори по медицина, фармација и стоматологија ГРОМ ќе изработи програми за извршување на нивниот стаж во својот град, тамошните универзитетски клиники, медицински центри, амбуланти и ординации.

Работодавците ќе бидат поддржани за обезбедување на работни места наменети за младите лица и преку субвенции за нивно вработување во определен период. Клучна цел • 43,6% стапка на вработеност на младите од 15 до 29 години Индикатори за политиките за вработување млади • Број на талентирани млади со субвенционирано вработување • Број на претпријатија отворени од млади лица

Вработување на долгорочно невработените и повозрасните граѓани ГРОМ ќе посвети внимание на долгорочно невработените, на невработени повеќе од четири години и на категориите на невработени на возраст над 35 години преку: • програми кои ќе опфатат различни мерки на поддршка: од преквалификација и доквалификација, отворање на јавни работи, поттикнување на претприемништвото до финансиски погодности за нивно вработување; • доживотно учење и стекнување на нови вештини; • воведување даночни олеснувања за вработување на повозрасни лица, и • стратегија за олеснување на проблемите на повозрасните лица во фирмите и премин од работа во пензија и ќе се преземат активности за елиминирање на формите на дискриминација според возраста. ГРОМ ќе отвори можности за нивно вработување, особено на оние со работно искуство, во новите индустрии и гранки кои произлегуваат од потребата за заштита на околината, енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија. ГРОМ истовремено ќе ја поттикнува мобилноста на овие категории на невработени, за излегување во 21 пресрет на пројавената побарувачка за работници.


ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ ВО ФОКУСОТ Развојот на човечкиот капитал е најверојатно единствен начин за прогрес и благосостојба на Македонија. ГРОМ ќе го постави човековиот развој во фокусот со унапредување на здравството, образованието и науката, културата, физичката култура и спортот, и здравата животна средина.

ЗДРАВЈЕ ЗА СЕКОЈ ЧОВЕК ГРОМ ќе обезбеди зголемување на опфатот на население со здравствени услуги и подобрување на здравствените услуги – нивната ефикасност, ефективност и квалитет преку: • национален концепт на здравствена заштита, врз основа на кој ќе се изменат и дополнат Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување; • грижа за сите три нивоа на здравствена заштита: примарна, секундарна и терциерна, посебна грижа ќе се посвети на превентивните мерки и примарните здравствени услуги, и • во центар на вниманието ќе бидат: мајките и децата, младите и повозрасната популација. ГРОМ се залага за јавно здравство достапно за сите. ГРОМ со своите политики ќе го врати угледот и довербата на јавното здравство, ќе го врати достоинството на пациентите, но истовремено ќе го врати и достоинството на здравствените работници. Но, ГРОМ ќе ја поддржува и плурализацијата во здравствената заштита, односно Фондот за здравствено осигурување ќе соработува на еднакви основи со приватниот здравствен сектор, со што преку позитивна конкуренција ќе се подобрува здравствената заштита. За зголемување на опфатот на населението со здравствени услуги ќе се преземат повеќе мерки: • приоритет на превенцијата и програмите за превентивни прегледи за одредени заболувања, со посебен акцент на малигните болести; • ќе се редефинира и засили примарната здравствена заштита, со акцент на институциите семеен или реонски доктор; • ќе се подобри опфатот на деца преку здравствена заштита без партиципација за деца до 14 години и ќе обезбеди средства и лекови за лекување на деца со ретки болести; • ќе ја укине партиципацијата и за лекување на сите лица постари од 65 години и за сите социјални случаи, и • ќе обезбеди здравствена заштита без партиципација за социјално ранливите групи, како и за медицински помагала за лица со телесен инвалидитет, за медицинска рехабилитација и физикална терапија кај лица со одредени вродени и стекнати заболувања. Поголема грижа ќе се посвети за повозрасните граѓани. Како дел од системот за поддржано живеење ќе се работи на служби за домашно лекување и нега, нивно формирање, организирање и кадровско екипирање во соработка со локалната власт. Проект: ГРОМ ќе го охрабри развојот на здравствената заштита надвор од Скопје и задржувањето на специјалисти во градовите и руралните средини, за обезбедување на рамномерна регионална здравствена заштита и ќе обесхрабри концентрација во јавно-здравствените установи во Скопје. За поддршка на руралниот развој ќе се пристапи на проширување на здравствената инфраструктура во руралните средини. Можност која ГРОМ ќе ја промовира се мобилните здравствени станици, кои можат да ги опфатат и најзафрлените ридско-планински села.

22


Проект: Студентите со завршување на студиите по медицина, стоматологија и фармација имаат законска обврска да го извршат стажирањето во период од една година. Овој предуслов за полагање стручен испит и добивање лиценца за работа, младите лекари, стоматолози и фармацевти ќе можат да го извршуваат во своите градови, во тие медицински центри. Делот од медицина на труд, т.е. амбулантските прегледи може да ги извршат низ околните села со подвижни мобилни амбуланти (возила кои ги содржат сите апарати потребни за основен преглед). На овој начин пациентите нема да одат од село во град, а докторите би биле многу поактивни во руралните средини. ГРОМ ќе работи на создавање современи услови (законски, организациски, просторни, кадровски) за трансплантација на органи и ткива, давајќи предност на кадаверичната трансплантација и вклучително и формирање на ткивни банки и банки на органи. Потребно е формирање на мрежа од медицински хеликоптерски сервис за брзо згрижување на пациенти до и од регионалните центри.

Проект: ГРОМ за подобрување на здравствените услуги – нивната ефикасност, ефективност и квалитет ќе работи на развој на нови здравствени услуги, подобрување на системот на здравствени установи, опременоста и на квалитетот на здравствениот персонал. Потребно е обезбедување на приоритетна и современа медицинска опрема (основна и неопходна медицинска опрема и апаратура) и со лекови и потрошен материјал, и спречување на нерационалните набавки на скапа апаратура која е недоволно искористена. ГРОМ ќе ја подобри снабденоста на аптеките и болниците со лекови од позитивната листа, со потрошен медицински материјал, ортопедски и други медицински помагала. Проект: Мрежата за здравствени установи треба да се прошири со регионални центри за згрижување на одредени патологии (траума центри, неврохируршки центри, кома центри, центри за третман на изгореници, центар за дијализа, центар за палијативно лекување и згрижување на пациенти во терминална фаза на малигни заболувања). ГРОМ ќе ги зајакне итните служби и патронажните служби во здравствени домови. ГРОМ ќе изработи комплетна медицинска мапа на сите јавни и приватни здравствени организации во Република Македонија. Потребна е изградба на нови јавни здравствени установи и ќе реновира постоечки капацитети, на сите нивоа на здравствена заштита. Исто така, потребно е осовременување на болниците во условите за работа, болничките услови и во делот на пансионските услуги. ГРОМ за прв пат во Република Македонија ќе изгради државна кардиохирургија. За квалитетот на здравствениот персонал е потребно рационализација на јавниот здравствен систем, мерит-систем во управувањето на здравствените установи, подобрување на системот на плати и унапредување на континуираната едукација на здравствените работници. Јавниот здравствен систем треба да се рационализира со намалување на администрацијата и немедицинскиот персонал. Мора да се воведе мерит-систем во управувањето на здравствените установи. ГРОМ ќе се залага за воведување на раководна функција на главен директор на јавни здравствени установи кој ќе одговара за сите јавни здравствени установи. Во системот за плаќање ГРОМ ќе се залага за оцена на системот на плати по учинок, како и за зголемување на вредноста на капитациониот бод на матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите и воведување на повеќестепена вредност на бодот поврзана со географските карактеристики на подрачјето (доктори во рурални подрачја) или големината на местото. ГРОМ ќе го забрза заокружувањето на проектот „Електронска здравствена картичка“, а крајната цел ќе биде укинување на лекарскиот рецепт и сините картони. 23


ГРОМ ќе спроведе реформа во финансирањето на здравствената заштита. ГРОМ ќе обезбеди дополнителни финансиски средства во ФЗО од продажба на пиво, цигари, од продажба на нафтата и нејзините деривати. ГРОМ ќе воведе повеќестепен систем на здравствено осигурување, со основно здравствено осигурување и дополнителни пакети на здравствено осигурување. Ќе се воведе проширување на здравственото осигурување со приватни осигурителни компании. ГРОМ ќе создава услови за развој на здруженија на пациенти, здравствени здруженија, здруженија на доктори по одредени специјалности, како и на синдикатите. ГРОМ ќе поттикне формирање на Институт на директори во здравството. ГРОМ ќе гради партнерство со нив и ќе води дијалог за подобрување на здравствената заштита.

ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЗНАЕЊЕ И УМЕЕЊЕ ГРОМ ќе гради образование за знаење и умеење, за што ќе се зголеми опфатот на образовниот систем, подобрување на квалитетот на образование, развој на системот за континуирано образование, поголема поврзаност на образованието со политиките за раст и работни места. Поздравувајќи го воведувањето на задолжително средно образование и зголемување на можностите за високо образование, за подобрување на образовната структура, ГРОМ ќе ги преиспита сегашните политики за фаворизирање на високото образование. За ГРОМ приоритет се предучилишното, основното и средното образование, со посебен акцент на стручното средно образование.

ГРОМ ќе се залага за:

• зголемување на опфатот во предучилишното образование, намалување на бројот на млади кои го напуштаат основното и средното образование, како акцент на интеграцијата на ранливите групи во образовниот систем. • постепено напуштање на специјални училишта или посебни паралелки, ќе се спротивставува на сегрегацијата и ќе ја јакне интеграцијата. • подобрување на квалитетот на основното и средното образование со подобрување на образовната инфраструктура, континуирано подобрување на наставните планови, унапредување на системот на квалитет. •

изградба, реконструкција и одржување на образовните установи, особено на основните училишта во руралните подрачја, средните стручни училишта и во домови. Образовните институции ќе функционираат како енергетски ефикасни објекти, а заштедата ќе биде реинвестирана во квалитетот на наставата. Покрај подобрување на просторните услови, ќе се намали бројот на ученици во паралелка за подобрување на квалитетот на наставата.

• наставните планови и учебниците ќе се преоценат од аспект дали се пријателски за децата. Наставните планови ќе бидат актуелни, флексибилни и приспособени на возраста на младите со голема употребна вредност. • реакредитација на сите студиски програми, особено на дисперзираните. • учебниците и учебните помагала да ги претвориме во концизни и разбирливи алатки во совладување на наставните содржини. • екстерното оценување да служи за подобрување на квалитетот на образованието, а не како инструмент за дисциплинирање на учениците и наставниците. Како такво може да се примени само по одреден период на експериментална употреба. • за силен јавен образовен систем. Затоа јавното образование мора да се ослободи од дневната политика. • ефективна децентрализација на образованието заради подигнување на квалитетот и одговорноста. Државните органи надлежни за образование ќе бидат сервиси на образовните установи. •

автономијата на универзитетите.

• ефикасен образовен систем со мотивиран кадар и подобрени условите за работа на просветните работници, како и овозможување на повеќе време за работа со учениците.

24

ГРОМ се залага за интегрирано образование. Образованието ќе го развиваме низ духот на мултикултурализмот преку конкретни мерки на заемно запознавање и дружење на младите од различни заедници. Историјата во образованието, како и јазиците ќе ги претвориме во алатка за запознавање и зближување, а не во инструмент кој создава ѕидови меѓу учениците од различни заедници.


Проект: ГРОМ ќе ја врати безбедноста во училиштата и ќе гради услови за здрави ученици. Ќе ја вратиме безбедноста во училиштата преку поставување на т.н. училишни полицајци од припадниците на јавниот ред. Физичката култура и спортот ќе бидат професионално организирани во градинките и одделенската настава. Наместо евтини и нездрави ужинки ќе поттикнуваме употреба на повеќе зеленчук и овошје. Образованието ќе создава млади луѓе кои знаат и умеат. Образованието ќе го збогатиме со многу практика во сите степени на сметка на често неупотребливата теорија. Ќе инвестираме во набавка на нагледни средства и наставни филмови со што наставата ќе биде многу поинтересна. Ќе ги поддржуваме сите форми на настава вон училници и амфитеатри како што се: настава во природа, истражувачки кампови, практика, стажирање, практична настава. Ќе обезбедуваме дополнителни средства за практика и теренска настава на јавните високообразовни институции. Образованието мора да е поврзано со пазарот на трудот. Уписната политика во средното и високото образование ќе ја приспособуваме според потребите на пазарот на трудот. Средното стручно образование мора да обезбеди порано вклучување на пазарот на трудот со скратување на периодот на теориска настава и зголемување на периодот на практикантство. ГРОМ ќе воведе финансиска поддршка за средните стручни кадри кои се дефицитарни на пазарот. За поддршка на конкурентноста, иновативноста и претприемништвото ќе се засили наставата за странски и регионални јазици, ИТ, математика и природни науки и финансиска писменост. Студиските програми на државните универзитети и наставните програми во средните стручни училишта ќе бидат донесувани и менувани во соработка со бизнис-секторот. За полесен премин од средното и високото образование на трудот ќе се воведе практикантство, како мерка за вработување. Проект: За подобрување на образованието мора да се зголеми конкуренцијата. Ќе обезбедиме интензивна мобилност на ученици, студенти и наставен кадар преку ефикасно користење на средства од ЕУ. Со поддршка на плурализацијата на образовни установи ГРОМ ќе поттикне креативен конкурентен натпревар меѓу образовните субјекти. ГРОМ ќе ја оцени можноста за воведување на систем на директно финансирање на учениците и студентите, што ќе овозможи слобода во изборот на образовна установа. ГРОМ, како што е наведено во економски раст со работни места ќе создава услови Македонија да биде регионален образовен центар и ќе обезбеди поддршка за образовни институции препознатливи по квалитетот надвор од Македонија. ГРОМ ќе создава услови за здружување на учениците и студентите, како и за нивна плурализација. ГРОМ ќе создава услови за здружување на просветните работници и директорите, и нивните здруженија и синдикати, како и тие на учениците и на студентите ќе бидат партнери во развојот на образованието. Образованието не завршува на дваесет години. ГРОМ ќе работи на промена на јавната свест за доживотно или континуирано учење. Системот за континуирано учење мора да се плурализира за зголемување на бројот на верификувани установи, со вклучување на граѓанскиот сектор и приватните обезбедувачи, за кои ќе се обезбедат директни финансиски поддршки и индиректни финансиски поддршки, вклучувајќи даночни поттикнувања. Проект: Зголемување на бројот на верификуваните програми за неформалното образование (континуирано и инцидентно), како и на спектарот со квалификации и програмите за „меки“ вештини и претприемачки дух да добијат еднаков третман во постапките на верификација. ГРОМ ќе се залага стандардите за испорака на обуки да се фокусираат на испораката на практична обука и стекнување на јасни квалификации на посетителите, со компетенции за самостојно и одговорно извршување на стекнатите вештини. Претпријатијата и поединците кои вложуваат во континуирано учење треба да бидат поддржани со даночни поттикнувања. ГРОМ ќе се залага вработените од приватниот сектор да учествуваат во ИПА-програмите за развој на човечки ресурси. Исто така, ГРОМ ќе се залага за креирање на мерки што ќе се финансираат од Европскиот социјален фонд. ГРОМ ќе се залага за создавање на национален фонд за субвенционирање на обуките на вработените во МСП и новоформираните бизниси. И, конечно, ќе донесеме законска рамка за вреднување на знаењата стекнати преку информално учење, односно знаењата и искуствата стекнати во рамки на семејството, со пријателите, од медиумите, на 25 работното место.


Мерки во образованието • Намалување на неделниот фонд на часови во одделенска настава од прво до петто одделение, дете на нивна возраст да нема повеќе од три до четири часа дневно (а не како сега секој ден имаат по пет-шест часа). • Намалување на бројот на учениците во паралелките наместо со досегашните 25-34 ученици, да биде максимум 20-24 ученици, со кои би можело да се постигне поефикасна настава. • Враќање на дневниот престој во основните училишта и просторно и со финансирање од државата, а не од родителите. • Воспоставување флексибилно работно време во детските градинки со воведување на втора и трета смена, кое ќе биде приспособено на потребите на вработените родители. •

Организирано 24/7 обезбедување на објектите и на учениците во воспитно-образовните установи, се со цел да се постигне безбеден престој на учениците, спречување на насилствата во училиштата кои станаа секојдневје, како и заштита на објектите од кражби и уништување на училишните објекти од деструктивни посетители.

• Зголемување на блок-дотациите на училиштата, како и инвестиции во реновирање на постојните, а изградба на нови училишни објекти за да се создадат оптимални услови за учење и работа особено во делот на просторни, хигиенски и технички услови во училиштата, односно подобрување на целата инфраструктура во училишните објекти неопходна за одвивање на современа настава. • Обрнување посебно и должно внимание на воспитнта компонента, која, за жал, во последно време е запоставена и затоа се соочуваме со насилства, непочитување на наставниците и воопшто на постарите, а посебно е сè поизразена меѓуетничката нетрпеливост и нетолеранција, наместо тоа да се воведат содржини за интегрирано образование кое ќе го поттикне и зајакне воспитнообразовниот процес во духот на европските вредности и издигнување на граѓанската култура на повисоко ниво во согласност со современите демократски процеси. • Поттикнување и поддршка на надарените и талентирани ученици за нивно непречено индивидуално напредување и развој на талентите преку финансиска и соодветна институционална поддршка за напредување. • Поддршка и помош на маргинализираните лица, на ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, а посебно внимание да се обрне на учениците со посебни образовни потреби, со соодветна институционална и финансиска помош, како и едукација и еманципација на нивните семејства како да функционираат нормално, како и сите други семејства.

26

Слободното време на учениците-младите да се насочи кон организирање на разни слободни активности преку кои ќе се дружат и креативно ќе ги изразуваат своите способности преку: натпревари, фестивали, хуманитарни акции, културно-забавни, спортски и научни манифестации и други организирани форми.

Ставање главен акцент на развој на еколошката свест кај учениците за здрава животна средина, здрав начин на живот, а посебно здрава исхрана преку враќање на училишните кујни каде што ќе се внимава со што се храни младата популација.

Наставните екскурзии да немаат само туристички карактер туку посебно да се обрне внимание на едукативната страна на истите, а исто така да се преземат неопходните мерки за организирање на екскурзиите кои ќе овозможат безбедно патување на учениците.

Водење на правилна кадрова политика при вработувањето на просветните работници со посебно внимание на вработување на квалитетни кадри кои ќе се носат со новите и современи промени во образовниот процес, како и нивно континуирано стручно усовршување во текот на целиот работен стаж, а намалување на работниот стаж на просветните работници и нивно пензионирање.

Враќање на дигнитетот на наставничката професија и подигнување на стандардот на вработените кои ќе креираат и спроведуваат квалитетни образовни политики.

Верижно поврзување на предучилишните установи (детските градинки) со основните училишта, основните со средните училишта, а средните училишта со високообразовните институции, за да се постигне континуитет на воспитно-образовниот процес и притоа како финален производ од истите да имаме квалитетно образовани млади луѓе кои, пак, ќе бидат двигатели на општествениот развој воопшто.


• Посебно обрнување внимание на професионалната ориентација, односно да се усогласат потребите на пазарот на трудот со наставните програми во сите образовни институции. • Бесплатни ужинки и предвидени екскурзии за првоодделенците. • Задолжително учество во дебатни клубови, училиштен весник на осмоодделенците. • Дополнителна бесплатна обука за ораторство, говор на тело за средношколците. • Формирање на новинарски клуб, математички клуб, научно-истражувачка група за учениците од природно-научните подрачја и одвоен фонд за истражувачка работа на истите од страна на државата. • Формирање на училишно интернет-радио во поголемите училишта во поголемите градови. • Зголемување на стипендиите за успешните студенти, на пример, студент со просек 9.00 да добива стипендија од 12.000 денари од државата, доволно за да може да покрие храна, превоз и сместување. • Плаќање на пола од цената за сместување и храна во студентските домови на одличните ученици, со услов секоја наредна академска година да имаат минимум просек 8.00. • Изградба на нов студентски дом во Скопје и Штип. • По дипломирањето, бесплатни обуки и семинари на сите студенти за изработка на биографија, мотивационо писмо, значењето на говорот на телото, со цел да се подготват за пазарот на трудот, како и дополнителни факултативни обуки за лидерство, мотивација и сл. Проект: Матурантите од средните училишта сведителствата и дипломите за завршено средно образование да ги добиваат најдоцна до 25 јуни. Уписот на новите студенти на универзитетите во Република Македонија да завршува најдоцна до 5 јули, а новата академска година да почнува на 1 октомври.

ПРИМЕНЛИВА НАУКА ЗА ПОГОЛЕМА ПРОДУКТИВНОСТ ГРОМ ќе го зголеми вложувањето во истражувањето и развојот на еден процент од БДП, како неопходен чекор кон европската цел од три проценти. ГРОМ се залага за: • формирање фонд за наука за финансиска поддршка во примената на научните постигнувања; • покрај јавните инвестиции и јавните научни установи, во кои ќе се подобри опременоста и подмлади кадарот, поттикнување на приватни инвестиции и плурализација на научните установи, вклучувајќи приватни обезбедувачи, преку директна финансиска поддршка и индиректна финансиска поддршка со даночни поттикнувања, и • создавање на центри на извонредност кои ќе бидат посебно финансирани од страна на државата. Проект: Јакнење на капацитетите на научните установи за поголема конкурентност во меѓународните програми. Ќе бидат организирани обуки за управување на проекти за да се подигне конкурентноста на нашите научници во меѓународните програми. Ќе се овозможи бесплатен пристап до најголемите светски бази на научни публикации и информации.

КУЛТУРАТА КАКО ДВИГАТЕЛ НА КРЕАТИВНОСТА ГРОМ поддржува европска визија за култура која се заснова врз промоција на културните различности и меѓукултурниот дијалог, промоција на културата како катализатор на креативноста и промоцијата на култура како витален елемент во меѓународните односи. 27


За ГРОМ општите цели и приоритетите во културата ќе бидат: • јакнење на правната и институционалната инфраструктура; •

обезбедување на стабилни извори на приходи; создавање на силен кадровски капацитет; промоција на културата;

• децентрализација во управувањето и финансирањето што, пак, подразбира рамномерен културен развој; заштитата на културните добра, како и меѓународната соработка; • прецизно утврдување на статусот и критериумите за добивање звање на слободен уметник; ослободување од плаќање на секакви давачки и даноци за нивното творештво, и •

систем на поставување на раководен кадар и следење на успехот во работењето насочен кон креирање приходи од културните активности.

Проект: ГРОМ се залага за јасно дефинирање на јавниот интерес во културата, но и општите цели и приоритети кои треба да се остварат во културата. Создавање на целосна културна стратегија за која ќе бидат ангажирани сите ресурси од финансиски, научни и уметнички за да се развие свеста за културата, институциите, партнерствата со други сектори и меѓународните партнерства, што би било дел од нашата развојна политика и би го довела културниот производ како интересен за пласман на пазарот, а во културната индустрија да се препознае поле за инвестирање и сопствен развој. Сето тоа применето ќе доведе до културна политика која има сопствен одржлив развој и култура која ќе има значајна улога во културниот туризам, и култура како една од најдоходовните стопански гранки. Културата ќе воспостави: • основи за креативни индустрии, културен туризам, културното наследство како фактор на социоекономскиот развој; • културни брендови (заштита под УНЕСКО), и • реафирмирање на стратегијата за културен и алтернативен туризам и ангажирање за обезбедување финансиска и техничка поддршка од меѓународните фондации, што ја прошируваат традиционалната матрица и дискурсот на културата. Потребно е системско поврзување на сите фактори во културата и преплетување со инвентивните луѓе од туризмот во градење на стратегија за културен туризам, како јака стопанска гранка; оформување културни енклави надвор од рамките на нормативата на локалната самоуправа (Стара скопска чаршија, Крушево, Охрид – стариот град). Проект: Развој на креативните индустрии и стимулирање на обновувањето на старите занаети и на традиционалните вештини. Ќе се оформи регистар на целокупното културно наследство со валоризација и ревалоризација на истото; зголемување на средствата за заштита и реставрација по приоритети и во согласност со стратегијата за културен туризам, субвенционирање на туристичката понуда со која се валоризира културното наследство. Проект: ГРОМ во областа на културата си дава задача да ги подготви методолошки и да ги номинира на листата на светско културно наследство на УНЕСКО следните објекти и историски целини: црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес, дело на големиот архитект Андреј Дамјанов; манастирот Зрзе (или Трескавец или Курбиново); Шарената џамија во Тетово; историска Урбана целина во Кратово; историско јадро (културна патека) на Старата скопска чаршија. Со овој значаен зафат би се валоризирало и меѓународно афирмирало богатото културно наследство на Македонија, а наедно со здобивање на брендот УНЕСКО ќе се зголемат шансите (конкурентноста) на Македонија за туризам на глобален план, бидејќи потписот на УНЕСКО зад наведените вредности претставува обврска за локалната и централната власт да го одржува високото ниво на заштитеност на овие добра и наедно привлекува посетители од секаде.

28

Посебен аспект се културните потреби на младите. Потребна е промоција на културата во училиштата; јакнење на партнерството меѓу училиштата и институциите од културата; финансиски, организациски и


просторно да се поддржи и стимулира независната културна сцена и културата на младите. Исто така, потребна е посебна институција која се занимава со културните потреби на младите на еден систематичен начин, со осмислување на културните потреби на младите, со подигање на свеста на младите за значењето на културата, како и со поддршка на младите таленти. ГРОМ ќе создава услови за развој на еснафските и другите културни здруженија.

МУЛТИКУЛТУРАТА – МАКЕДОНСКО БОГАТСТВО За ГРОМ мултикултурата е македонското богатство и претставува предност, а не пречка за просперитет и благосостојба на граѓаните. По дванаесетгодишна примена на Охридскиот рамковен договор, ГРОМ се залага за јавна расправа за постигнувањата на договорот. Потребно е да се идентификуваат подрачјата каде што постојат обврски за спроведување и да се забрза нивното спроведување, како и градење на заедничка стратегија за споделена иднина. Стратегијата за споделена иднина треба да даде одговор како потреба за подобро одразување на мултикултурата во јавноста и нејзина хармонизација со граѓанското општество во изградбата на визијата за заедничката иднина. Таквата стратегија на ГРОМ ќе има повеќе елементи. ГРОМ ќе се залага за градењето на јавната свест за прифаќање на мултикултурата, како предност а не како проблем. Во постигнување на одразеност на мултикултурата во јавниот живот, ГРОМ ги признава, вреднува и почитува сите идентитети и култури, етнички групи, верски заедници, јазици, нивните симболи, празници и обичаи. ГРОМ има цел да придонесе во еднаквоста на културите. Постојат потреби од политики, кои развојот на повеќе колективни идентитети кои меѓусебно егзистираат ќе го насочат во визија за заедничка иднина. Тие политики треба да вклучат политики за интеграција во живеалиштата, образованието, медиумите, политичките партии, спортот, забавата и рекреацијата. Покрај тоа особен предизвик е мултикултурата на локално ниво, како и подобрата одразеност на помалубројните идентитети и култури. Особен предизвик е повеќејазичноста во Македонија, која од прашање на спорење, треба да се трансформира во прашање на предност за Македонија, со поддршка на учење на сите јазици кои се зборуваат во земјата. Како поврзани и многу важни прашања за еднаквоста на културите, ГРОМ посветува особено внимание на децентрализацијата и развојот на локалната самоуправа, како и на рамномерниот регионален развој. За ГРОМ мултикултурата видена низ потесната призма на меѓуетничките односи е важен столб за стабилноста и просперитетот. Затоа ГРОМ смета дека мора да постои политичка волја и политичко лидерство за континуиран дијалог и разрешување на предизвиците низ дијалог. Проблемите не смеат да се одлагаат, треба да се решаваат. ГРОМ препознавајќи ја огромната важност на мултикултурата смета дека политичките партии имаат огромна одговорност во нејзиното унапредување. ГРОМ тоа ќе го демонстрира во сопствената партиска практика, со вклучување на мултикултурата во програмата и со нејзина одразеност во раководството на ГРОМ.

СПОРТ ЗА СИТЕ ГРОМ ќе обезбеди пристап и вклучување на сите возрасни групи: деца, ученици, студенти, млади, возрасни и повозрасни во спортување, со што ќе се надгради успехот на македонскиот спорт на сите нивоа. ГРОМ ќе обезбеди: • концентриран, јасен и спроводлив концепт на национална стратегија и програма за развој на спортот во Република Македонија;

29


• формирање Национален совет за спорт, Национален стручен совет, за подигање на меѓуинституциската координација на ниво на влада. Новата стратегија ќе се преточи во нов Закон за спорт. ГРОМ ќе се залага за развој на спортовите кои имаат традиција, интерес и постојат потребни предуслови за нивен развој, и • обезбедување минимални стандарди за сите спортски клубови од првата и втората лига. Спортот мора да е достапен за сите: деца, ученици, студенти, млади, возрасни и повозрасни, на сите подрачја во земјата. Затоа е потребно соодветна и сразмерно развиена спортска инфраструктура на целата нејзина територија. Проект: За децата и спортот, ГРОМ во градинките ќе воведе факултативно реализирање на физичко образование со основна група на вежби за развој на основна моторика кај децата на возраст од четири до шест години. Ќе се воведе спортска ориентација во основните училишта, како и задолжителен обем на часови за физичко образование на учениците од основните и средните училишта. Ќе се подготват нови наставни програми за физичко образование во согласност со модерните трендови, ќе се адаптираат простори во училиштата и градинките за реализација на овој вид на настава, со соодветни реквизити за физичко образование за овие категории на деца и ученици. Ќе се обезбеди финансирање на студентскиот спорт и наставата по физичко образование во високото образование. Училишниот и студентскиот спорт ќе бидат алатка за соживот меѓу младите, но и неисцрпен извор на идни врвни спортисти. Проект: За развој на училишниот и студентскиот спорт ќе се ангажираат професионални лица за организирање на училишниот спорт по зони; ќе се овозможи учество на победниците на малите олимписки игри на меѓународни натпревари и олимпијади; ќе се овозможи организирање на малите олимписки игри во духот и симболиката на олимпизмот. Организаторите на малите олимписки игри ќе имаат сериозна поддршка од државата и ќе се организираат врвни спортски манифестации за студентите, а ќе се иницираат балкански натпреварувања во училиштен и студентски спорт. ГРОМ ќе преземе потребни мерки за поголема вклученост на жената во спортот и спортските активности, како и во управните структури на македонскиот спорт. Исто така, ќе се поддржи рекреативен спорт на лицата со посебни потреби, нивно целосно вклучување во програмите на специјалните олимпијади и тоа кај спортот за глуви и наглуви, за што ќе се обезбеди параолимписки спортски центар во Република Македонија, за потребите на лицата со посебни потреби. ГРОМ ќе го дефинира значењето и улогата на армискиот и полицискиот спорт во рамките на спортот на Република Македонија. Старите игри преку кои младите своевремено и се воспитувале ќе бидат повторно заживеани. Ќе се организираат шампионати во челик, народна, школка (или плочка), ластик, сервис. Ќе се поттикнуваат најразлични облици на заживување на маалскиот живот, за што ќе се градат посебни игралишта за стари игри во општините каде што постои интерес за тоа. Основа за развој на масовниот спорт и рекреацијата ќе бидат и аматерските натпревари. Ќе бидат поттикнувани организација на аматерски натпреварувања со учество на општините и соорганизација од соодветните спортски федерации. ГРОМ ќе се стреми сите да спортуваат со што ќе се зголеми вклученоста во аматерските спортски клубови на 30 проценти.

30

Врвниот спорт ќе се развива систематски. Ќе се основа Национален стручен совет надлежен за развој и следење на квалитетниот и врвен спорт кој ќе биде избиран и ќе биде во советодавна улога на Владата на Република Македонија.


Проект: Формирање посебен центар за развој на врвниот спорт. Македонија ќе биде крајно селективна во поддршка на одделни спортови, како во насока на поддршка на спортови кои имаат традиција или спортови за кои постојат предуслови и интерес, така и во смисла на поддршка само на најдобрите за учество на врвните спортски манифестации и ќе се стреми за настап на европско, светско и олимписко ниво само со остварена спортска норма. ГРОМ ќе го зголеми учеството на македонските спортисти на меѓународни натпревари на 3.000 спортисти годишно. Особено приоритетно внимание и нега ќе се обезбедат за спортските таленти. Спортска ориентација во сите основни училишта со која ќе се овозможи на рана возраст децата да се ориентираат кон спортовите за кои имаат најголема надареност (најголеми предиспозиции) и шанси за постигнување врвни резултати. Со поддршка на државата ќе се формираат одделни спортски бази за развој на најтрофејните спортови во владеење на соодветните федерации. Ќе се решат просторните проблеми на федерациите во најтрофејните спортови. ГРОМ ќе воведе нови стандарди за градење и користење на спортските објекти, условите за закуп или концесија и заштитата на интересите на спортот. Изградените објекти мора да се стават во функција на развој на спортот. Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти ќе се укине, а изградените спортски сали ќе бидат доделени на општините и на универзитетите. Ќе се изградат спортски објекти на сите државни универзитети. Ќе се овозможи ефикасно и рационално користење на спортските објекти, а ГРОМ се залага за бесплатно користење на изградените спортски објекти со пари од државниот буџет. Потребно е создавање и надградба на законски основи за јавно-приватно партнерство за изградба, одржување и користење на спортските објекти од јавен интерес. ГРОМ ќе обезбеди изградба на нови покриени и отворени базени. За добар спорт се потребни спортски тренери и други стручни лица. ГРОМ ќе воведе нова категоризација и класификација на спортските занимања, со воведување на компетенции потребни за нивно извршување. ГРОМ ќе се залага за зголемување на бројот на спортски тренери, како и гаранција на минимални услови за работи и создавање можности за наградување. Постоење на силен и независен сојуз на спортски федерации е императив. Во сојузот ќе се вклучат сите релевантни спортски федерации. Македонскиот олимписки комитет треба да се реформира. Во финансирањето на спортот ќе се зголеми учеството во БДП наменет за спортот. Ќе се формираат национални и локални фондации за поддршка на спорт. Потребно е преиспитување на односите со Државна лотарија на Македонија и спортските обложувалници со цел зголемување на средствата наменети за спортот. Потребна е индиректна финансиска поддршка со даночни поттикнувања за зголемување на финансирањето од приватниот сектор. За ГРОМ спортот има и поширока улога во општествените односи. ГРОМ ќе иницира развивање на спортска култура и етика, во сите сфери на образование и во сите аматерски и професионални клубови, заснована врз спортска толеранција и етика како суштествен дел на меѓукултурната политика. Ваквите високи стандарди ќе се спроведат и на терените и на стадионите, меѓу публиката и навивачите, а мора да се спречи насилството и говорот на омраза, во и надвор од спортските терени.

ЖИВОТ ВО ЗДРАВА СРЕДИНА ГРОМ ќе гради јавна свест за важноста на екологијата и заштитата на животната средина, како потреба но и како ресурс за социоекономскиот развој. ГРОМ ќе се залага за: • зголемување на транспарентноста на загадувањето на животната средина; •

подобрување на управувањето со цврст и течен отпад; заштита на природата;

подигање на нивото на транспарентност за загадувањето на животната средина;

• поставување голем број еколошки семафори, јавноста ќе се информира и ќе се преземат конкретни мерки при надминување на максимално дозволените количества (МДК), и • поддршка на истражувањата за степенот на загаденоста на животната средина во Македонија. Природата во Македонија ќе биде заштитена. Во наставните програми по запознавање на природата и по биологија ќе се предвидат содржини за јакнење на еколошката свест кај најмладите. Националните 31


паркови, природните резервати и парк-шумите ќе станат вистински места за уживање на љубителите на природата. Ќе се заштитат сите автохтони и ендемични растителни, животински и габни видови чиј опстанок во Македонија е загрозен. Шумите ќе се третираат како природно богатство кое ќе подлежи под посебен режим на експлоатација и обновување. Обновувањето на шумските заедници во Македонија ќе се врши во соработка со врвни институции од таа област. Бесправното користење на шумите ќе подлежи на најстроги казни чии наплати ќе се реинвестираат во нивно обновување. Шумите ќе бидат дадени под концесии, и тоа под строго контролирани услови и под силен инспекциски надзор. Проект: Подобрување на управувањето со цврст и течен отпад. Потребно е паралелно градење на свест за потребата на сепарација и рециклажа, како и развој на систем за сепарација и рециклажа на цврстиот отпад. Управувањето на цврстиот отпад треба да биде на регионално ниво заради потребните инфраструктурни инвестиции. Ќе се обезбеди директна и индиректна поддршка за рециклажа. Ќе се обезбеди поддршка за пречистување на водите, посебно од кланичната и некои гранки од прехранбената индустрија. Ќе се подготви студија за потребите од пречистување на отпадните води за заштита на надземните и подземните води. Од ИПА-фондовите и со дел од буџетскте средства ќе се отпочне со интензивна изградба на пречистителни станици. Целта е реките во Македонија да станат екосистеми богати со флора и фауна, погодни за капење, а Вардар ќе стане природно живеалиште за пастрмки и во него ќе може граѓаните да се капат. Во производството на храна ќе се користат исклучиво безбедни хемиски препарати. Ќе се зајакнат контролите за увоз на пестициди. Ќе се обезбеди поддршка за органското производство без употреба на хемиски препарати. Користењето на генетски модифицирани организми (ГМО) во Македонија ќе биде во согласност со регулативите на ЕУ. Ќе се врши ефикасна контрола на увозот и користењето на ГМО кои ќе мора да бидат соодветно обележани. Ќе се ограничи производство на генетски модифицирани земјоделски култури поради заштита на традиционалното производство. Проект: Поволни пазарни услови за новите индустрии произлезени од потребата за заштита од климатските промени, заштитата на животната средина, енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Државата ќе стимулира користење на обновливи извори на енергија (соларна, ветер, биогас...). Ќе се интензивира инвестирањето во изградба на ветерници во подрачјата каде што има природни услови. Ќе се обезбедуваат бенефиции за компаниите кои ќе произведуваат делови за соларни системи. Ќе се стимулира отворање на енергани за согорување на отпад од земјоделство, од шумите од кои би се произведувал биогас. Ќе се стимулираат сточарските фарми да инсталираат системи за колекција на отпадни води и производство на биогас. ГРОМ ќе го сподели и мултиплицира своето искуство за постигнување на енергетска ефикасност на станбените објекти и деловните објекти, за постигнување на националната цел од пет проценти енергетски објекти на годишно ниво. ГРОМ ќе го промовира концептот на енергетска ефикасност на станбените објекти со субвенции за обнова на фасадата и лично вложување на граѓаните во обнова на прозорците. Државата ќе биде многу поригорозна кон индустриските капацитети кои ја загадуваат животната средина. Средствата од еколошките казни ќе се реинвестираат исклучиво во еколошки проекти (пречистителни станици, обновување на шуми, заштита на природни богатства). ГРОМ ќе создава услови за еколошки граѓански организации како промотори за јакнење на еколошката свест и за заштита од еколошки хаварии. ГРОМ ќе обезбеди посебна поддршка за граѓански организации за заштита на животната средина и живиот свет, ќе ја поддржи нивната меѓународна соработка и ќе пристапи до влијателни организации во светот. 32


ПРИОРИТЕТ 4: ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА НА МОЌТА ВО ПОЛИТИЧКА, ЕКОНОМСКА И РЕГИОНАЛНА СМИСЛА ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА, КОЈА ЈА СПОДЕЛУВААТ НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ОД НЕЈЗИНИТЕ ГРАЃАНИ Децентрализацијата на Македонија е основен столб на ГРОМ, затоа што ГРОМ верува дека децентрализирана Македонија е моќна Македонија, и затоа што како партија е иницирана од локално ниво. ГРОМ се залага за: • јавна расправа за стратегија за понатамошна децентрализација на Македонија, засновано врз успешните резултати на досегашното спроведување на децентрализацијата, досега веројатно една од најуспешните реформи; • зголемување на надлежностите на локалната самоуправа во повеќе подрачја, и • зголемување на финансиите на општините на десет проценти од БДП, со зголемување на изворните приходи на општините на половина од вкупните приходи. Потребно е брзо завршување на втората фаза на фискалната децентрализација, со што би можело да заврши еден период на децентрализацијата (2002-2013 година) и да започне оценување на постигнувањата и јавна расправа за нов период на децентрализација. ГРОМ се залага за зголемување на надлежностите на општините во локалниот економски развој, во урбанизмот и имотно-правните односи, во социјалните работи, во здравството, како и во безбедноста. При спроведување на проекти од националните власти мора да се воспостави координација со локалните власти на општината на чија територија се остварува проектот. Секаде каде што е возможно националните власти треба да го делегираат спроведувањето на проектите на локалните власти. Проект: Зголемување на надлежностите во безбедноста, односно јавниот ред и мир. Моделот на остварување на зголемените надлежности треба да биде предмет на јавна расправа и политички дијалог, а би се движел од зајакнати одговорности на полицијата пред општините (градоначалниците) до формирање на посебни општински полиции, со ограничена надлежност во превенција на криминалот и во обезбедување на јавниот ред и мир. За зголемени надлежности е неопходно зголемување на финансирањето на општините. Зголемувањето на финансирањето на општините треба да биде со зголемување на изворните приходи на општините, на кој начин би се зголемила автономијата во однос на националната власт и истовремено би се зголемила одговорноста на општините во извршување на приходите. Потребна е анализа, а еден од моделите кој треба да се согледа е разделување на данокот на додадената вредност (ДДВ) на национален и општински. Проект: „Дескопјанизира“ и децентрализирање на економскиот развој со фокус на рамномерен регионален развој и рурален развој.

33


НАМАЛУВАЊЕ НА ЈАЗОТ ВО БЛАГОСОСТОЈБА МЕЃУ СКОПЈЕ И РЕГИОНИТЕ Среднорочно јазот на благосостојба меѓу Скопје и регионите, претставен во разликите на регионалниот БДП, мора да се намали за 25 проценти. Рамномерниот регионален развој мора да придонесе во подобрување на просперитетот и благосостојбата во регионите надвор од Скопје, но не преку помал развој и раст на Скопје, туку преку забрзан развој и раст на другите региони во Македонија. Рамномерниот регионален развој ќе се постигне со: • понатамошно зголемување на надлежностите на општините; • зголемување на финансирањето на рамномерниот регионален развој првично до законски одредената рамка од еден процент од БДП; • афирмативен план за најмалку развиените региони; • соодветни транспортни политики, и • јавна расправа за децентрализација на националните и централните институции во региони надвор од Скопје. Децентрализација на националните и централните институции во региони надвор од Скопје, не само што треба да поттикне институциска поддршка на регионите, туку и да упати јака порака за политичката волја за рамномерен регионален развој. Примери за децентрализација на националните и централните институции во региони надвор од Скопје се пренесувањето на: Македонски железници од Скопје во Велес, Министерството за локална самоуправа од Скопје во Гостивар, Регулаторната комисија за енергетика од Скопје во Битола итн. Одлуките за децентрализација ќе се донесат преку оценка за влијанието и јавна расправа. ГРОМ ќе поттикнува меѓуопштинската соработка со цел ефикасна испорака на одредени услуги, особено во делот на комунални услуги.

ПОДОБАР ЖИВОТ НА СЕЛО Потребен е силен импулс во намалување на урбано-руралниот јаз во квалитетот на живот. Урбано-руралниот јаз може да се намали само во опкружување на рамномерен регионален развој. Посебните мерки за рурален развој ќе вклучат: • стимулации за отоврање фирми во рурални средини; • даночно олеснување за стопанска активност на село; • планирање на рурални центри кои ќе бидат центар за обезбедување на јавни услуги; •

развој на земјоделството;

• шумарство и водостопанство; • развој на туризам на село и други услуги. Покрај сите мерки за развој на земјоделството и други економски гранки за подобар живот на село неопходен е пристап до квалитетни јавни услуги, пред сè образование и здравство. Подобрен пристап значи и намалување на географската одалеченост и подобрување на врските. За тоа, како и за постигнување на квалитетот треба да се планираат регионални центри, надвор од градот и центарот на општината, во кои ќе бидат достапни квалитетни јавни услуги.

34


Проект: Развој на туризам на село и други услуги е суштински, во контекст на зголемување на продуктивноста на земјоделството. Развојот на туризмот на село ќе се поддржи, покрај во јавните услуги и инфраструктурата, и во обнова на автентичниот амбиент (обнова на куќи со автентични фасади), како и зголемување на капацитетот за сместување и угостителство. Развојот на други услуги треба да се обезбеди преку субвенции, поволна даночна и кредитна политика (субвенции на камата). ГРОМ ќе работи на здобивање на знаења и вештини за подготвување и реализација на стратегии за локален развој на рурални средини, спроведување на локалните развојни стратегиите и формирање на локални акциски групи (ЛАГ). ГРОМ ќе се заложи за и ќе се вклучи во поддршката на мерката ЛИДЕР и што поскоро започнување на истата.

СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ Зголемената социјална ранливост на различни социјални групи, сиромаштијата и невработеноста, особено на маргинализираните групи, поставува голем предизвик пред општеството во обезбедувањето на еднакви можности, социјална сигурност и социјално вклучување за засилување на социјалната кохезија. ГРОМ ќе пристапи кон: • забрзана реформа на социјалната заштита преку целосна реорганизација и модернизација на системот на социјална заштита и социјална сигурност, со што ќе се обезбеди негова поголема ефикасност и ефективност и ќе се заснова врз човековите права и индивидуални разлики; • таргетирање на ранливите групи, а наедно ќе биде приспособен на локалните и регионалните потреби; • поттикнувачка средина за развој на социјалните услуги, со висок степен на плурализација; • фокусирање на превентивните мерки, и подобро интегрирање со системите за образование и политиките за вработување; • подобра организација на работата во установите за социјалната заштита, реформа на структурата на центрите за социјална работа; • подобрување на стандардизација во социјалната заштита и на системите на лиценцирање; • зголемување на паричните средства за социјално загрозените семејства; • зголемување на паричните средства за постојана парична помош и нега од друго лице; • плаќање на придонеси за ПИОМ и здравство за мајки кои сместиле деца во семејство, и • социјално згрижување на лица кои имаат над 55 години старост а останале без работа не по сопствена вина.

СОЦИЈАЛНО ВКЛУЧУВАЊЕ СО АКТИВАЦИЈА НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ И ДЕИНСТИ ТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА ГРОМ го поддржува понатамошниот процес на деинституционализацијата (згрижување надвор од институции), на ранливите групи како суштински дел на социјалното вклучување, без разлика дали се тоа лица со посебни потреби, деца, возрасни луѓе или други ранливи групи. За поддршка на процесот ќе се поддржат алтернативните форми на згрижување, како и услугите за поддржано живеење, што ќе доведе до поголема социјална вклученост и до подигнување на квалитетот на услугите. Притоа, финансиската поддршка на згрижувањето во сопственото семејство или алтернативните форми на згрижување треба да се изедначи со таа за институционално згрижување. Социјалната заштита треба да се помести од пасивните мерки, односно од директните финансиски трансфери до крајните корисници, кои не овозможуваат активизација на ранливите групи и зајакнување на 35


нивните капацитети за влез на пазарот на трудот, како последица на тоа што истите остануваат предолго во системите на социјалната заштита – некои и до крајот на животниот век. ГРОМ ќе поддржи активна социјална заштита, која како крајна цел ќе ги има зајакнувањето на капацитетите на ранливите групи на граѓани и нивно долгорочно вклучување на пазарот на трудот. Тоа треба да се постигне со измена на законската регулатива со вклучување на правото за избор на корисникот меѓу добивање на директни финансиски средства или користење на услугата во согласност со сопствените потреби. Проект: Да се подигне нивото на дејствување на патронажната служба – сервисна служба за социјална помош, за возрасни лица, за лица со посебни потреби и други ранливи групи. Да се вложи во развој на систем на услуги за поддржано живеење земајќи ги предвид растечките потреби со стареење на населението и на деинституционализација.

ПОДОБРЕН ПРИСТАП, ПРИСПОСОБЕНОСТ И КВАЛИТЕТ ПРЕКУ ПЛУРАЛИЗАЦИЈА Подобрување на пристапот, приспособеноста и квалитетот на обезбедувачи на социјални услуги преку плурализација и поголама вклученост покрај државата, на општините, на граѓанското општество и на приватните обезбедувачи. Процесот на плурализацијата на социјална заштита треба да се поддржи со финансиска поддршка на обезбедувачите на услугите. Потребен е понатамошен развој на мрежа на социјални услуги, како и развој на форми за вонинституционална заштита, особено во општините и руралните подрачја со потежок пристап до социјални услуги. Продолжување на процесот на децентрализација на социјалната заштита, не само преку пренесување на одговорности, туку и обезбедување извори на финансиски средства за социјалните услуги. Проект: Поголемо вклучување на граѓанското општество во обезбедувањето на услуги преку обезбедување на кофинансирање од националниот и локалните буџети. Анализа на можностите за јавно-приватни партнерства или поддршка за профит на обезбедувачи на услуги, во географските подрачја кои не се опфатени со системите на заштита или видовите социјални услуги за кои има висока потреба. Процесот на плурализација мора да биде придружен со подобрување на стандардизација во социјалната заштита и на системите на лиценцирање.

НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА Стремејќи се кон искоренување на сиромаштијата, среднорочно е потребно да се намали бројот на лица кои живеаат под прагот на сиромаштијата под една петтина, од сегашните една третина, како и да се намали јазот меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Намалувањето на сиромаштијата ќе се постигне со: • раст и работни места; • вработување на ранливи групи, и • посебни мерки за социјално вклучување на посебните социјални групи. Во вработувањето на ранливите групи, покрај другото, ќе се воведе на задолжителна психосоцијална поддршка и рехабилитација на ранливите групи на граѓани, пред влезот на пазарот на трудот. Ќе се промовира социјалната економија како можност за вработување на лицата кои се тешко вработливи на пазарот на трудот. Проект: Подобрување на условите за домување на социјално ранливите групи преку поддршка на изградба на социјални домови, намалување на цената на градежно земјиште. Примена на моделот „Куќа на половина пат“ за ранливите групи, како што се децата без родители по навршувањето на 18 години и жртвите на семејно насилство по напуштање на засолништата. Здомување на бездомниците преку пристапот „домување прво“. 36

Намалувањето на сиромаштијата во ридско-планинските подрачја особено се адресира со мерките за рурален развој.


ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ, НЕДИСКРИМИНАЦИЈА И СОЦИЈАЛНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЖЕНИ, ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И ДРУГИ РАНЛИВИ ГРУПИ

Еднаквоста, односно еднаквите можности, како и недискриминацијата мора да биде втемелена во сите подрачја и да се однесува на сите граѓани во Република Македонија. Еднаквите можности и недискриминацијата, генерално, се однесуваат на сите маргинализирани и ранливи групи во општеството, од кои ГРОМ за приоритет ги смета жените, лицата со посебни потреби, Ромите и други особено ранливи групи. За спречување на дискриминацијата се потребни континуирани акции за: • градење на јавната свест за ранливите групи; • подобрување на наставните програми во образованието за спречување на предрасудите и стереотипите; • засилување на гонењето на криминалот заснован врз омраза, како дел од спречување на предрасудите; • спречување и заштита од дискриминација преку подобрување на законодавството, вклучувајќи го и Законот за спречување и заштита од дискриминација, со усогласување со европските директиви, вклучувајќи и експлицитно вклучување на сексуалната насоченост како основ за дискриминација, и •

засилување на законската и финансиска рамка на Комисијата за заштита од дискриминација, како и на Народниот правобранител. Ќе се изменат и дополнат надлежностите на комисиите и координаторите за еднакви можности при општините.

За подобрување на ефективноста е потребна поголема координација на институциите чија надлежност е заштита од дискриминација. Потребна е оценка за интеграција на повеќе институции во една државна институција за човекови права и заштита од дискриминација. ГРОМ ќе ги спроведе одредбите од Пекиншката декларација (1995) и Платформата за акција со кои се предвидува подобрување на статусот на жените во јавниот и приватниот живот. Тоа е остварливо преку доследна примена на родовото буџетирање, односно вклучувањето на родовиот аспект во националниот и локалните буџети со што би се издвоиле доволно средства за програми и акции насочени кон жените и сиромаштијата, образованието, здравјето, насилството и други општествени аспекти. Конвенцијата за правата за лицата со посебни потреби е голем предизвик, за чие спроведување е потребно усогласување на законодавството, како и подобрување на финансирањето. Мора да се подобри интеграцијата на учениците и студентите со посебни потреби во образованието. Деинституционализацијата на лицата со посебни потреби мора да продолжи забрзано, паралелно со развојот на алтернативни модели. Како дел од процесот за деинституционализација треба да се преиспита сегашниот концепт на поддршка на вработување на лица со посебни потреби во специјални претпријатија, и да се поддржат мерките за вработување во сите претпријатија и на сите работни места. За еднаквите можности на лицата со посебни потреби, потребно е работните места да дефинираат можности за извршување од лица со посебни потреби. Потребни се посебни мерки за поголемо вклучување на Ромите и припадниците на други малобројни етнички заедници во предучилишниот и образовниот систем. ГРОМ ќе обезбеди особено внимание на социјалната превенција, со организациска и финансиска реформа и поголема поддршка на превентивните активности.

ПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА СЕМЕЈСТВО ГРОМ е посветен на создавање на поповолни услови за семејство. Клучен чекор за тоа е подобрување на положбата на жената. Потребни се мерки за заштита на правата од работен однос на жените-мајки, како и подобрена поддршка на жените во грижата за децата и грижата за домот, и сè поголемата потреба за грижа на повозрасните членови на семејството. Потребно е да се гради и промовира јавен модел на жена и мајка и работничка, како и да се зголеми улогата на мажот во родителството и во домот. Во подобрената поддршка за грижата за децата е потребно да се прошири системот на детски градинки и да се зголеми опфатот на деца најмалку за двапати, вклучувајќи и поддршка на 37


големите претпријатија да отвораат детски градинки, како и обезбедување на кофинансирање од националниот и локалните буџети за обезбедувачи на детски градинки од приватниот или граѓанскиот сектор. ГРОМ ќе ја поддржи професионализацијата и стандардизацијата на услугата – чување деца во домашни услови или негувателки за деца. ГРОМ ќе ја анализира можноста за финансиска поддршка на систем на чување на деца во домашни услови, таму каде што не постојат други можности. Проект: Доделување три години пензиски стаж на жените-мајки за секое родено дете. ГРОМ ќе се заложи за правото на абортус на жените и со тоа право жените да можат да ја водат контролата на раѓање, но абортусот да не биде применлив како контрацептивно средство. ГРОМ ќе се залага за бесплатна контрацептивна заштита за девојки до 18-тата година. ГРОМ ќе ја зголеми заштита на самохраните родители, како во социјалната заштита, така и во вработувањето. ГРОМ ќе се заложи за воведување на правото на сурогат-мајчинство во Македонија, како алтернативен начин да се шири потомството, преку овозможувањето медицински третман и дефинирано родителско право. Ќе се подобри системот за спречување и заштита на жртви на семејно и сексуално насилство, преку градење на јавна свест, едукација, мерки за заштита и отворање на повеќе засолништа. Проект: Примена на моделот „Куќа на половина пат“ за ранливите групи, како што се децата без родители по навршувањето на 18 години и жртвите на семејно насилство по напуштање на засолништата. ГРОМ ќе преземе мерки за да ја засили борбата против трговијата со луѓе.

ГРИЖА ЗА ПОВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИ Во грижата за повозрасните ќе се промовираат принципите на активно стареење, преку активно учество на повозрасните лица во секојдневните активности, со добро здравје, поголема исполнетост на работното место, поголема независност во секојдневниот живот и поголема граѓанска вклученост. ГРОМ ќе поддржи признавање и поттикнување на неплатената работа која постарите лица ја извршуваат како волонтери во здруженијата на граѓани и во заедницата, и како старатели на други лица; промовирање на здравјето и на превентивната здравствена заштита кај повозрасните лица; пристапен и достапен превоз за повозрасните лица. Ќе се поддржи доживотно учење и стекнување на нови вештини и ќе се воведат даночни олеснувања за вработување на повозрасни лица. Ќе се подготви стратегија за олеснување на проблемите на повозрасните лица во фирмите и премин од работа во пензија, и ќе се преземат активности за елиминирање на формите на дискриминација според возраста. Проект: Подобрување и на пензискиот систем, со дефинирање на најниска пензија која би се одредувала во однос на најниската плата. Со тоа би се заштитиле најранливите категории на повозрасни граѓани. 38


Во заштитата на повозрасните граѓани е потребно решавање на прашањето на пензиски права на граѓаните со наполнети 64, односно 62 години, а без потребниот работен стаж, на пример, преку доплата на работен стаж. Во потребите за приспособување на претпријатијата на деловните и техничко-технолошки промени, а во состојба на ограничени можности и способности за доквалификација и преквалификација на работниците во поодмината возраст треба да се обезбеди можност за предвремена пензија во рокови подолги од сегашните законски решенија, со доплата на работен стаж во зголемена стапка. Како одговор на предизвикот на стареење на популацијата, за грижа за повозрасните граѓани, како и други групи со потреба, ќе се вложи во развој на систем на услуги за поддржано живеење, вклучувајќи и со плурализација на обезбедувачите на услуги. При развојот на системот мора да се земат предвид потребите од поддршка на различни возрасни групи од минимална преку геријатриска до поддршка во терминална фаза (која вклучува и граѓани кои не се повозрасни).

БЕЗБЕДНИ ГРАЃАНИ – ОКОЛИНА БЕЗ КРИМИНАЛ ГРОМ смета дека безбедноста на граѓанинот и неговото опкружување треба да биде приоритет на безбедносната и одбранбената политика на Република Македонија. Личната и јавната безбедност претставуваат темел на секое општеството и во основа се однесуваат на безбедноста на самите граѓани, нивните животи и нивниот имот. За подобрување на личната и јавната безбедност ГРОМ се залага за: • општинска полиција, како клучна реформа во децентрализацијата, и • враќање на реонските полицајци за зголемување на безбедноста во населените места, во нивните соседства, во нивните маала, но ќе се зголеми и чувството за сигурност кај самите граѓани. Самото присуство на полицајците во одредена мера ќе влијае на превенција и намалување на криминалот. Департизација на институциите кои се задолжени за одржување на јавниот ред и мир, и одбрана на државата, како и воспоставување стандарди за вработување во овие институции се приоритет на ГРОМ. ГРОМ ќе се заложи да се воспостават нови стандарди на функционирање на овие институции, притоа посочувајќи особено внимание на кадровската политика со вработување и унапредување на компетентни кадри. Преку департизацијата, како и со продолжување на реформите во полицијата, пред сè во јакнење на внатрешната контрола и независниот надзор, ГРОМ ќе придонесува кон поефективна и попочитувана полиција, со поголем кредибилитет и доверба. Борбата против организираниот криминал и корупцијата мора да се вратат во приоритетите. ГРОМ се залага за стратегиски пристап во делот на борбата против организираниот криминал во трговија со дрога; трговија со луѓе, жени и деца; криумчарење на мигранти; крадени возила; трговија со антиквитети. Тоа значи конечно започнување на борба со организаторите, а не само гонење на извршителите. ГРОМ ќе се заложи за организиран безбедносен пристап за заштита на културното наследство во сакралните објекти. ГРОМ ќе се заложи за создавање на стратегија која ќе ја спречи педофилијата, како закана за децата, пред сè преку безбедносна и социјална превенција, но и контрола на педофилите. Проект: Намалување на бројот на нелегално оружје во Македонија, кое сега го има во големи количини и е лесно достапно. ГРОМ ќе се залага за зајакнување на политиките за отстранување на нелегално мало и лесно оружје, како и за проекти за разоружување на населението. Имајќи ја предвид регионалната безбедносна состојба и економските перспективи, можеме да заклучиме дека интеграцијата во Северноатлантскиот сојуз (НАТО) е клучното решение. Оттаму, ГРОМ смета дека не постои друга алтернатива за надминување на овие проблеми, освен полноправното членство во НАТО, со што ќе се осигура безбедноста на државата и ќе се подобри климата за странски инвестиции. Заштитата и спасувањето на национално и на локално ниво се наметнува како сè поголема потреба. ГРОМ смета дека е потребно воспоставување на мобилни единици за заштита и спасување на локално ниво. 39


ПРИОРИТЕТ 5: МАКЕДОНИЈА ИНТЕГРИРАНА ВО РЕГИОНОТ, ЕВРОПА И ГЛОБАЛНО ГРОМ е посветен на целосната интеграција на Македонија во регионот, Европската Унија, НАТО и глобално. Надворешната политика на Република Македонија, предводена од ГРОМ, ќе се базира на неколку приоритети: • членство во Европската Унија и активно учество во креирање и спроведување на европската политика; • членство во НАТО; • заштита на правата на државјаните на Република Македонија во странство и поддршка на идентитетот, културата и јазикот на дијаспората; • поддршка на фирмите на странски пазари во соработка со стопанските комори; • активна добрососедска и регионална политика; • соодветно учество во меѓународните организации и професионална и флексибилна дипломатија. ГРОМ ја има предвид сериозноста на проблемот околу разликите за името на нашата земја. ГРОМ се залага за постигнување на национално единство преку политички дијалог воден од Претседателот на Република Македонија. Вака постигнатиот став не треба да биде предмет на меѓупартиски полемики.

Интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија е стратегиска цел без алтернатива. Република Македонија припаѓа во Европа и е нејзин интегрален дел по сите основи. Членството во НАТО е од витален интерес за Република Македонија. Тоа ќе ги продлабочи атлантските односи и ќе го реафирмира НАТО како единствена опција за колективна одбрана и гарант на нашата безбедност.

40


Интеграцијата во ЕУ и НАТО не е само политичка цел, туку процес на трансформација на општеството и економијата. Како прашање од клучно значење во процесот мора да се вклучат граѓаните. ЕУ-интеграциите не смеат да бидат подрачје исклучиво за стручна вклученост. ГРОМ ќе ги следи состојбите на приближувањето на Македонија и земјите од регионот кон Европската Унија и ќе поттикнува истражувања, мислења и коментари, и јавни дебати и кампањи за релевантните подрачја, со цел граѓаните непосредно да се запознаваат со предизвиците на ЕУ-интеграциите. ГРОМ ќе иницира поддршка на проекти и иницијативи на национално и на локално ниво за регионална и европска интеграција на граѓански организации, стопански комори, синдикати и други фактори, како и за поширока комуникација со институциите на ЕУ, на пример, преку канцеларии на различните фактори во ЕУинституциите. За заштита на македонските државјани приоритет на ГРОМ ќе бидат конзуларните услуги. Лицето кое се обраќа за услуга во Дипломатски и конзуларни претставништва на Република Македонија (ДКП) очекува кратка, јасна и брза информација и услуга од страна на претставништвото и ние ќе се погрижиме за тоа. Ќе воведеме електронски и мобилни конзуларни услуги, со што ќе ги доближиме услугите до корисниците. ГРОМ ќе ја реафирмира соработката за заедничко конзуларно претставување со пријателски земји како Словенија или Хрватска, во земјите каде што Македонија нема амбасади и конзуларни претставништва. ГРОМ ќе отвори конструктивен и дијалог на рамноправни и реципрочни принципи со земјите за кои државјаните на Република Македонија имаат потреба од виза. Ќе започнеме разговори со САД за учество во т.н. програма Visa Waiver Program (VWP) за безвизно патување во САД. ГРОМ ќе ја продлабочи соработката со дијаспората и нејзините организации. ГРОМ ќе развие програма за пошироко изучување на јазикот, културата, фолклорот и други елементи од матичната држава. Наедно, ќе побудиме поголем интерес за учење во средните училишта и факултети во Република Македонија од страна на припадниците на дијаспората. Ќе го олесниме процесот за добивање визи за престој во Република Македонија по сите основи. Како прв чекор ќе овозможиме аплицирање за виза во кое било ДКП. ГРОМ ги поддржува регионалните иницијативи како Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Советот за регионална соработка (СРС), Спогодбата за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА), како и Договорот за основање на Енергетската заедница и Спогодбата за Европската заедничка воздухопловна област (ЕЦАА). Ќе го забрзаме процесот за членство во Јадранско-јонската иницијатива и Дунавската стратегија, со што ќе го потврдиме интересот за регионална соработка. ГРОМ смета дека соработката во регионот, покрај енергетиката, неодложно мора да се прошири во подрачјето на транспортот со договор за основање на транспортна заедница. Еден од првите проекти кои ќе ги почне ГРОМ ќе биде обновување на граничните линии и граничните ознаки со соседите. На граничните премини ГРОМ ќе обезбеди достоинствен однос кон македонските државјани. ГРОМ ќе поттикне регионална соработка за олеснување на граничните режими, преку соработка на земјите во регионот, од употреба на лични карти за идентификација преку заедничка гранична контрола до решенија за целосно слободна комуникација. Во таа насока ГРОМ ќе поддржува отворање на повеќе гранични премини со сите соседи. Сериозно ќе се посветиме на спроведување на спогодбите за отворање на нови гранични премини, но и осовременување на постоечките. Добрососедството за ГРОМ не претставува само обврска кон ЕУ-интеграциите, туку политичка, општествена и економска неминовност. ГРОМ ќе се залага за склучување на договори за добрососедство со кои ќе се уреди неменливоста на границите, како и можни прашања на кои постојат различни погледи. За тоа ГРОМ ќе се залага за интензивни комуникации на сите нивоа. ГРОМ ќе поддржи соодветно претставување во меѓународните организации како ООН, ОБСЕ и Советот на Европа.

41


Наведените приоритети на надворешната политика ќе се постигнат со: • професионална и флексибилна дипломатија, непартизирани, сериозно селектирани и адекватно обучени дипломати; •

зголемување на бројот на професионални шефови на ДКП-а;

• одредбите од Законот за надворешни работи да важат за сите дипломати, без исклучок; • дипломатите ќе добијат звања кои одговараат на годините поминати во дипломатска служба; • државен секретар и државни советници во Министерството за надворешни работи ќе може да бидат лица со најмалку еден минат мандат во ДКП; • изборот на дипломатите да се прави по современи стандарди и практики и тој ќе биде транспарентен и планиран неколку години однапред со цел навремена и квалитетна подготовка.

Проект: Поддршка на фирмите на странски пазари, со посебен акцент на регионалниот пазар и земјите од Југоисточна Европа, во соработка со стопанските комори, како и со подобрување на соработката и координацијата меѓу министерствата за надворешни работи, економија, Агенцијата за странски инвестиции и другите субјекти вклучени во овој процес.

42


ПРИОРИТЕТ 6: РЕАЛИЗИРАЊЕ ПРОЕКТИ ВО СОРАБОТКА СО ГРАЃАНИТЕ И ГРАДЕЊЕ НА НИВНИОТ КАПАЦИТЕТ ЗА АКТИВНО УЧЕСТВО ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ НА ГРОМ За јакнење на капацитетот на граѓанинот и негово активно вклучување во решавањето на проблемите ГРОМ ќе ги организира државните институции да градат партнерства на проекти предложени од граѓаните како приоритетни за овој изборен период преку алоцирање на ресурси и мобилизирање на граѓаните во нивното спроведување. Предложените проекти се резултат на комуникација со граѓаните во општините од шесте изборни единици, а за нив ГРОМ има целосно разработена документација од граѓаните носители на проектните идеи.

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 1 – вкупно 44 проекти ЧАИР 1. Подобрување на комуналната хигиена 2. Обновување на локалните улици 3. Стопирање на узурпирањето на зелените површини

АЕРОДРОМ 4. Изградба на две установи (градинки) за згрижување на деца од предучилишна возраст, секоја со капацитет од 300 деца 5. Гасификација со природен гас во општина Аеродром 6. Укинување на плаќањето на паркинг-простор за жителите од општина Аеродром 7. Изградба на културен центар (отворена, затворена сцена, игротека за деца)

ЦЕНТАР 8. Контрола на урбаниот метеж: решавање на проблемите во сообраќајната инфраструктура раскрсница – Мавровка и Нова Македонија, булевар Илинден 9. Подобрување на пешачката инфраструктура бул. Партизански одреди (од Рузвелтова до бул. Св. Климент Охридски) и ул. Аминта Трети 10. Градски парк – решавање на статусот на детскиот забавен парк, унапредување на комуналната инфраструктура и социјалните содржини, зголемување на фондот на зелени насади 11. Забрана за градење на падините на Водно и по течението на реката Вардар, регулирање на градењето на зелените површини во општината 43


12. Покривање на пазарите, имплементирање на стандардна комунална инфраструктура и загревање, распоред на продажните места по асортиманска понуда 13. Инсистирање за отворање на соодветен број на наплатни пунктови за плаќање на сметки за услуги на сите комунални претпријатија (ЕВН, Топлификација...) и сите електронски провајдери (Т-Мобиле, ВИП…)

КАРПОШ 14. Реконструкција на дотраената водоводна инфраструктура/мрежа, и зголемување на капацитетот на истата во подножјето на Водно (Козле, Жданец, Нерези) 15. Обезбедување локација и изградба на зелен пазар во населба Козле 16. Изградба на верски објект – православна црква 17. Нови фасади и реконструкција на кровните конструкции на станбените објекти во општина Карпош 18. Модернизација и редовно одржување на лифтовите во станбените објекти во општина Карпош 19. Изградба на дом за стари лица 20. Изградба на мултифункционален културен дом (мини-киносала со можност за изведба на театарски претстави; уметничка галерија, современо опремена сала за презентации ) и сл. – можни локации: сегашна МЗ „Нерези“ со функционално поврзување со кејот на Вардар или локација на старото кино „Влае“ 21. Доизградба и осветлување на патот кон манастирот „Св. Пантелејмон“ (од Средно Нерези до Горно Нерези со соодветно сообраќајно обележување, информативни патни табли, атрактивни портали над патот и слично).

КИСЕЛА ВОДА 22. Изградба на поликлиника во општина Кисела Вода 23. Поврзување на Кисела Вода со општина Аеродром 24. Изградба на високообразовна институција во општината 25. Реконструкција на СУГС „Браќа Миладиновци“ во Драчево 26. Изградба на фекална и атмосферска канализација во Драчево 27. Проширување на улиците Димо Хаџи Димов, Народни херои, Сава Ковачевиќ и Борис Трајковски 28. Собирен плоштад во Кисела Вода 29. Кино во општината 30. Реновирање на спортската сала „Расадник“ во склоп на нов деловно-спортски комплекс 31. Дислокација на Домот за зависници 44


32. Локација за зелен пазар 33. Реновирање на студентскиот дом „Пелагонија“

МАКЕДОНСКИ БРОД 34. Отворање на стопански капацитети од помал обем – одгледување на ситен добиток, преработка на дрво со финален производ, ископ на руда и минерали и нивна преработка со финален производ, собирање шумски плодови, откуп и преработка 35. Изградба на инфраструктура во руралните средини: објекти за селски туризам, објекти за преработка на овошје, откупна станица за мед, негова преработка и пакување

САРАЈ 36. Oсветлување на патот покрај езерото Треска 37. Изградба на потпорен ѕид во местото до реката Треска под манастирот „Св. Богородица“ за заштита од поплави 38. Изградба на спортско игралиште кај Матка 39. Асфалтирање на патот до Љубин 40. Довршување на канализациската мрежа во Шишево и поправка на пречистителната станица 41. Посебен далновод за Шишево, Глумово и Матка, или да се реконструира постоечкиот 42. Чистење на дивите депонии на потегот покрај патот и реката Треска од Сарај до Матка 43. Решавање на проблемите со превозот во доцните ноќни часови 44. Реактивирање на спортско-рекреативниот центар „Сарај“ со изградба на современи спортски терени и да се врати стариот сјај на излетничко место

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 2 – вкупно 69 проекти ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 1. Изградба на градинка 2. Поставување на сигнализација на ул. Борис Сарафов (по старо ул. 4 Јули), кај основното училиште „Мирче Ацев“ 3. Стипендии за надарени и успешни спортисти од основните и средните училишта 4. Кејот покрај реката Вардар да се поврзе и поплочи со кејот од Карпош 5. Кај семафорите кај општината да се направи мост за децата кога одат во училиште за да не ја преминуваат улицата 6. На главната улица Ѓорче Петров да се поправат тротоарите и да се насадат дрвја 7. Урбанизирање на кејот на Вардар, поставување на катче за рекреација и спорт и истиот да се осветли 8. Нови трансформатори, атмосферска канализација (обнова) на ул. 4 Јули

45


9. Нов културен дом со библиотека/читална 10. Спортско-рекреативен центар крај Вардар со терени за одбојка, кошарка, тенис... 11. Отворање на градско прифатилиште каде што ќе се згрижуваат бездомните животни, каде што секое животно ќе има посебен простор за престој 12. Пренасочување на тешките товарни возила пред влезот во Ѓорче Петров кон заобиколницата околу градот Скопје 13. Индустриска зона за мало стопанство помеѓу ул. Радушка, пругата и касарната во должина од 1,5 километри, да се намалат давачките и даноците во првите две-три години од почнувањето на таа фирма 14. Поддршка во основањето и развојот на малите бизниси со отворање бизнис-инкубатор во функција на претприемачите и нивните мали бизниси 15. Канцеларија за отворена комуникација со граѓаните

КУМАНОВО 16. Јужна обиколница – Тоде Мендол – Доброшане. Јужната обиколница на градот ќе се исклучува од автопатот Скопје – Куманово по наплатната рампа Романовце и ќе го обиколува градот од јужната страна, а обиколницата ќе ги поврзува улиците: Тоде Мендол, Поток Серава, Бајрам Шабани, Пчински пат, Биљановска, Видое Смилевски-Бато и ќе се вклучи на регионалниот пат Куманово – Свети Николе 17. Обиколница – населба Карпош – Долно Којнаре продолжение на источната обиколница која би се изградила на потегот од клучката кај бензинската пумпа „Сателит 2000“ , а ќе продолжи кон средното земјоделско училиште „Киро Бурназ“ и ќе се вклучи на ул. Никола Тесла кај добиточниот пазар. Обиколницата ќе се поврзе на автопатот Скопје – Белград. 18. Изградба на нови училишта 19. Изградба на нови детски градинки – изградба на две нови градинки во населбите и можност за преадаптација на воените објекти во населбата Карпош за нова градинка 20. Подобрување и подигање на квалитетот на живеење во руралните средини со посебен акцент на подобрување и мотивирање на помладата популација да го надмине овој проблем преку: отворање младински центри, отворање на градинки, подобрување на инфраструктурата (водовод , канализација, пат и сл.) во селата во Куманово и Кумановско 21. Програма за вклучување на сите можности за различниот тип на социјални и ранливи категории, комплетна поддршка за опстојување на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“, како и поддршка на други проекти кои се неопходни за поддршка на нивните семејства 22. Формирање Центар на етнички заедници „Македонија во мало“ – мултиетнички, мултикултурен, мултиконфесионален состав и слободен дух на соживот 23. Изградба на колекторска мрежа за отклонување на отпадните води во дел од руралните средини (11 пречистителни станици за 16 села: Сопот, Табановце, Четирце, Клечовце, Умин Дол, Љубодраг, Ново Село, Романовце, Агино Село, Брзак, Черкезе, Орашац , Скачковце, Студена Бара, Пчиња и Вак’в 24. Пошумување на ерозивни места во општината иницирани од локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и установи 46


25. Реконструкција на стариот градски парк со нова урбана опрема и озеленување на паркот и обновување на дрвјата 26. Спроведување на кампањи за примена на алтернативни извори на енергија: сончеви колектори, геотермални води, ветерници, енергија добиена од рециклирање на отпад и сл. 27. Инсталирање на сончеви и фотонапонски колектори на сите јавни установи и претпријатија основани од општината 28. Студија за целосна заштита на централното градско подрачје од бучава 29. Изградба на инфраструктура за индустриските зони помеѓу Доброшане – Шупљи Камен; Стар Пчински Пат, населба Карпош – (м.в. Мајорови Трла); Речица – Табановце и Ново Село – Черкезе 30. Инфраструктурата во руралните средини со изградба на водоводни системи, патна инфраструктура, фекална канализација и тротоари, мостови, мини-плоштади и мала брана во Пчиња 31. Организиран систем на откуп на земјоделски производи и изградба на откупни пунктови во Лопате, Љубодраг , Пчиња, Орашац, Клечовце и Градиште со интенции за нивно прераснување во агроберза во регионот 32. Изработка на регионални планови за рурален развој и планско производство во земјоделството со поддршка на релевантните институции од централната власт 33. Отворање на градинки во рурални средини 34. Изработка на физибилити-студија за браната В’кв за долгорочно снабдување со вода за пиење 35. Изградба и реконструкција на патна инфраструктура 36. Процес за заштита на сите згради од значење за општина: Занаетчиски дом; Соколана и Касапски круг 37. Изградба на спортски сали со поддршка на Агенцијата за спорт и млади на Република Македонија во СОУ „Гоце Делчев“, ООУ „Јероним Де Рада“ и ООУ „Св.Кирил и Методиј“

СТАРО НАГОРИЧАНЕ 38. Изградба на водовод во Младо Нагоричане 39. Формирање геотермална бања – спа-центар 40. Изградба на мост на река Пчиња во с. Стрновац 41. Изградба на акумулација на река Бистрица во село Малотино

БУТЕЛ 42. Уредување на кејот на реката Серава 43. Поликлиника 44. Искористување на индустриската зона Визбегово со крупна инвестиција за отворање фабрики (лоцирана до обиколница а целосно е неискористена) 45. Комплетна реконструкција на воздушната бања на падините на планината Скопска Црна Гора

47


46. Пензионерски клуб 47. Основно училиште во нас. Визбегово 48. Реконструкција на сите училишта 49. Нови градинки, бидејки овие не го задоволуваат капацитетот 50. Комплетна реконструкција на инфраструктурата во општина Бутел 51. Поставување на филтри на оџаците на фабриката „Железара“, бидејки живеењето во околината е неподносливо 52. Урбанизација со паркови, пешачки и велосипедски патеки, игралишта 53. Парк за миленичиња 54. Нова градска автобуска линија од Визбегово

ГАЗИ БАБА 55. Асфалтирање на улиците во населба Камник и поставување на комуналната мрежа и улично осветлување

56. Асфалтирање на улиците во населбата Ченто 57. Реновирање на веќе постоечките и градење на нови паркови со лулашки за деца 58. Изградба на канализациска мрежа во Трубарево, Јурумлери, Колонија, Идризово, Црешево, Булачани, Раштак, Брњарци, Смиљковци 59. Поправка на коловозите и поставање на сообраќајни знаци 60. Поставување на мерна станица за квалитет на водух во Автокоманда 61. Излез за на автопат на мостот кај МО: Хиподром, Маџари 1, Маџари 2, Триангла (една половина), Инџиково 62. Изградба на нов пензионерски дом 63. Изградба на мост на Бит Пазар, Хиподром и нас. Инџиково 64. Основање инкубатор за „старт-ап“ бизниси 65. Реновирање на игралиштата во Ченто 66. Кружен тек кај семафорите во Ченто 67. Решавање на уличното осветлување каде што има значителен број грабежи 68. Формирање шинтерска служба 69. Реновирање на отворените игралишта во спортскиот парк Хиподром

48


ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 3 – вкупно 51 проект ВЕЛЕС 1. Изградба на канали во кои ќе се собираат атмосферските води, ќе се евакуираат во реката Вардар 2. Уредување на кејот на Вардар од двете страни на реката, со пешачки и велосипедски патеки, клупи за одморање, зелени површини и локали од забавен карактер 3. Изградба на велосипедски патеки околу езерото Младост, на локалитетот Свети Илија и Вршник, Бабуна и Тополка и по територијата на градот каде што постојат услови за тоа 4. Изградба на дом за стари лица 5. Отворање на дневни центри за повозрасните лица со посебни потреби и за лицата со церебрална парализа 6. Изградба на пешачки надвозник на улицата каде што треба да се помине од младинскиот парк кон спортската сала и градскиот стадион 7. Доизградба и реконструкција на повеќе улици во периферните делови на градот, односно во населбите Тунел, Керамидна, Превалец, Речани и на дел од улиците низ градот 8. Изградба на тротоар од Велес до населба Превалец и Речани, доизградба на тротоари и по улиците низ градот каде што не постојат пешачки тротоари 9. Поставување на легнати полицајци на улиците каде што е неопходно да постојат 10. Изградба на зелен пазар во населба Тунел и Керамидна 11. Гасификација во Велес, изградба на примарна гасоводна мрежа и основање на јавно претпријатије кое ќе стопанисува со гасоводната мрежа 12. Транспонтирање на преработена згура од депонијата и извоз во странство, а остатокот да се употреби во градежната индустрија за цемент 13. Изградба на катни гаражи и паркинг-плацеви 14. Изградба на мост преку реката Вардар кај градскиот парк 15. Изградба на затворен базен, летна дискотека, отворено кино 16. Младински културен и информативен центар

ЧАШКА 17. Изградба на систем за наводнување и мрежа на канали до земјоделските површини (ниви)

18. Изградба на мрежа за користење на технолошка вода 19. Автопат Велешко Езеро – Чашка – Прилеп

49


ГРАДСКО 20. Обезбедување вода за пиење и технолошка 21. Откупен центар за раноградинарство, за праска, слива, кајсија, за винско гројзе 22. Индустриска зона за развој на општина Градско кај клучката (надвозник) пред патарината Велес – Неготино

СВЕТИ НИКОЛЕ 23. Тампонирање на пат и спроведување на канализација на ул. Гоце Делчев, Ванчо Ангелов и населба Горни Ливади 24. Асфалтирање на улица 11 Октомври 25. Вработување на повеќе млади луѓе со високо образование и лица до 50 години со бизнис-инкубатор 26. Осветлување на улицата Питу Гули и поголема контрола од страна на полицијата поради зголемен број на кражби 27. Автопат Свети Николе - Штип

ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО 28. Изградба на нови, како и реновирање и одржување на веќе постоечките патишта, канализации и водоводи 29. Заштита на земјоделците во однос на пласманот и вреднувањето на нивните производи – загарантирани откупни цени, намалување на манипулациите од страна на откупувачите 30. Контрола на увезените пестициди, ѓубрива, семиња и сл. 31. Навремено чистење на каналите за наводнување и контролирано трошење на водата 32. Пребројување на (пре)вработеноста во администрацијата и другите државни институции, кои се товар на државниот буџет

КОЧАНИ 33. Развој на проекти за спречување на иселувањето на младите од Источна Македонија 34. Активирање на капацитетите на препознатливите брендови од Кочани: АД „Руен“, „Атом“, АД „Хартија“ и „Жито ориз“ и „Кочанско поле“ 35. Подобрување на регионалната инфраструктура за подобра поврзаност на Кочани и Скопје 36. Подобрување на условите за зголемување на производството на ориз и активирање на капацитетите за сушење за подобар пласман на оваа земјоделска култура

КРИВА ПАЛАНКА 37. Подобрување на условите во ПОУ „Јоаким Крчовски“ и ПОУ „Илинден“, и реконструкција (фасади, електрична инсталација, санитарни јазли)

50

38. Подобрување на квалитетот на здравствените услови во Крива Паланка преку реновирање на просторно технички услови


39. Искористување на хидроенергетските потенцијали на општината, како град на две реки Крива Река и Дурачка Река 40. Искористување на потенцијалите на општина Крива Паланка во делот на туризмот: селскиот, зимскиот (Калин Камен, Осоговие), рекреативниот туризам 41. Подобрување на комуналната инфраструктура – фекални канализации и пат 42. Изградба на колекторски систем (капитална инвестиција), намалување на степенот на загаденост на Крива Река – почитување на законските еколошки пропишани стандарди и прописи на емитерите од страна на рудникот Тораница и други помали загадувачи 43. Автопат Гиновци – Крива Паланка – Деве Баир

ШТИП 44. Актуализирање на проблемот со неплатената прекувремена работа на работниците 45. Промоција и изградба на локалитетот и бањата Кежовица 46. Гасификација на градот 47. Подобрување на патната инфраструктура

ПРОБИШТИП 48. Развој на руралниот туризам на локалитетот околу Лесновскиот манастир 49. Промовирање на центар за развој на верскиот туризам во регионот Пробиштип и Злетово 50. Изградба на спортско-рекреативен комплекс 51. Автопат Пробиштип – Свети Николе

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4 – вкупно 61 проект КАВАДАРЦИ 1. Обезбедување на сигурна наплата на откупените земјоделски производи преку изменувања и дополнувања на Законот за земјоделска дејност и рурален развој и Законот за виното 2. Зголемување на надлежноста на општините во контролата на спроведување на интегралните еколошки дозволи на т.н. големи загадувачи, со што функцијата еколошка превентива и заштита ќе добие голема афирмација 3. Намалување на 30% од данокот на доход за вршење на дејност и на данокот на додадената вредност, како и намалување на персоналниот данок на сите вршители на дејност и даватели на услуги во винскиот туризам заради засилување на привлечноста на домашните и атрактивноста за странските туристи 4. Виното да биде квалифицирано како храна

51


НЕГОТИНО 5. Основање и квалитетно функционирање на Одделението за гинекологија во Здравствен дом – Неготино 6. Реконструкција на регионалниот патен правец Кавадарци – Неготино 7. Изградба на регионален патен правец Тремник – Дисан – Кавадарци

РОСОМАН 8. Распределба на субвенции само на вистинските земјоделци, на оние што го обработуваат своето земјиште, а не на оние што немаат никава допирна точка со земјоделството 9. Отворање на Регионален современ пазар со агроберза; 10. Гарантирање на исплатата на откупените земјоделски производи, рок не подолг од 30 календарски дена 11. Изградба на локалната земјоделска патна инфраструктура (уредување на полските патишта, овозможување услови за полесно прибирање на земјоделските производи) 12. Изградба на спортски терени (фудбалски и кошаркарски игралишта) во сите населени места на општина Росоман 13. Поддршка за развој на културно-уметничките друштва, негување на македонската традиција 14. Трајно решавање на водоснабдувањето со чиста вода за пиење и користење, моменталната ситуација е загрижувачка 15. Отворање на полициска станица во општина Росоман, за одржување на јавниот ред и мир.

ПРИЛЕП 16. Пробивање и асфалтирање на пат Прилеп – вештачко езеро со патот Прилеп – Градско, со што би се поврзала индустриската зона во Прилеп со регионалниот пат, а исто така и камионите од рудникот Сивец 17. Изградба на спортски терени (фудбалско, кошаркарско игралиште) во прилепската населба Тризла 18. Асфалтирање и реконструкција на патот во повеќе населени места: Крстец, Чумово, Волково, Прилепец, Дуње, Бонче, Манастир, Крушевица, Чаниште, Шелеверци, Мало Рувци, Мало и Големо Радобил, Топлица, Ракле, Никодин, Раец, Дабница, Мирче Ацев, Царевиќ 19. Асфалтирање на патот од с. Оревоец до с. Крстец во должина од 4 км 20. Поставување на соодветна сообраќајна сигнализација со колектори на сончева енергија, со што ќе се намалиле трошоците, а ќе се заштити животната средина 21. Велосипедска патека која ќе ги поврзува вештачкото езеро и Могилата на непобедените во Прилеп 22. Формирање на координативно тело за економски развој, кое ќе претставува поддршка во права смисла на бизнис-секторот во Прилеп и потенцијалните домашни и странски инвеститори 23. Координација и поддршка на компаниите со цел користење средства до европските фондови

52

24. Соработка со потенцијалните инвеститори во мали семејни бизниси и нудење на услуги од областа на економскиот, финансискиот и правниот консалтинг со цел основање на сопствени фирми и успешно работење со нив


25. Проект за млади претприемачи. Со овие проекти би се овозможило на малите претприемачи и иноватори да ја добијат целосната поддршка во делот на изготвување на пилот-проекти, бизниспланови; изнаоѓање потенцијални инвеститори и бизнисмени; помош во делот на преговарањето со потенцијалните инвеститори и бизнисмени; прибирање на потребна документација 26. Проект за суровинска база за поттикнување на локалните поголеми и помали производствени капацитети (на пример: Витаминка, Прилепска Пиварница, Мермерен Комбинат, Донија и сл.) 27. Формирање на Локални акциони групи (ЛАГ) 28. Формирање на координативно тело за поддршка на земјоделството и руралниот развој 29. Изградба на дополнителни пет микроакумулации за вода за наводнување во Прилеп. Во моментот во Прилеп има околу 60 можни локации за изградба на микроакумулации за прибирање на вода која потоа може да се користи за наводнување и технолошка вода 30. Изготвување на стратегија за помош на земјоделските производители кои се занимаваат со производство на тутун, а исто така класификација на земјиштето за одгледување и на други алтернативни култури 31. Субвенционирање на приклучокот за електрична енергија на социјално загрозените семејства 32. Отворање на регионални канцеларии за помош и поддршка на маргинализираните групи и лицата со посебни потреби 33. Изградба на нови градинки – во урбаните, а особено во руралните населени места 34. Донесување на програма за волонтерска работа на студенти, дипломци, постдипломци и други млади луѓе во рамките на институциите во Прилеп, со цел стекнување на неопходното знаење и работно искуство на младите луѓе од Прилеп со цел понатамошно полесно прво вработување. Програмата може да се имплементира и со приватните институции 35. Стратегија за подобрување на културниот живот на младите – отворени денови за различни културни манифестации 36. Предлог проекти за развој на МАРИОВО: Активирање на невработените лица со нивно учество во работни акции (кампови) за изградба на локални патишта до нивите, канализации, водоводи, микроакумулации – поила ...); социјални клубови за подобрување на животот на старото население во руралните места (Витолиште, Дуње, Чаниште...); етноцентар за промовирање на културни, социјални, природни и други специфики од Мариово; изградба на спортско-рекреативен центар 37. Изградба на ветерна централа (ветерници) за производство на електрична струја 38. Изградба на централа на сончева енергија (фотоволтаици) 39. Откупен центар за лековити билки и планински плодови и изградба на преработувачки капацитети за истите 40. Изградба на ветеринарна амбуланта 41. Изградба на пилана – обработка и манипулација со огревно и техничко дрво 42. Формирање на сточен пазар 43. Изградба на граничен премин со Република Грција – Мариово – Меглен 44. Автопат Велес – Прилеп - Битола

53


СТРУМИЦА 45. Помагање на претприемништвото преку Фонд за развој на претприемништвото во кој државата ќе издвои 30 милиони евра. Овие пари ќе се дават на нови млади претприемачи кои имат идеја и се првпат носители на фирма, а немат финансии за да ги реализират истите. Секоја година ќе се поддржуваат 1000 претприемачи 46. Сите редовни студенти ќе имаат право да работат четири часа или половина работно време во секторот туризам и угостителство. Државата да ги ослободи работодавците од плаќање придонеси за истите. 47. Автопат Струмица – Радовиш – Штип

БОГДАНЦИ 48. Нов здравствен дом 49. Отворање на подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумаство и водостопанство; Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување на Република Македонија; Минстерството за образование; испекторати и одделение за катастар 50. Централен регистар 51. Културен дом 52. Полициска станица 53. Претпријатие за водостопанство „Jужен Вардар“ 54. Дирекција за труд и социјала 55. Дирекција за заштита и спасување 56. Центар за управување со кризи 57. Дирекција за стопанисување со станбен и деловен простор

ГЕВГЕЛИЈА 58. Промоција на алтернативниот туризам на Кожув и меѓународна препознатливост на ски-центарот 59. Искористување на потенцијалите на Негорските бањи за меѓудржавни туристички тури 60. Промоција на локалитетот Смрдлива Вода како регионален рекреативен центар 61. Изградба на логистички центар за туристичките дестинации на балканските земји

54


ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 5 – вкупно 44 проекти БИТОЛА 1. Изградба и целосна реконструкција на детски градинки, енергетски ефикасни, со уредени зелени површини за престој на децата и надвор од објеките 2. Отворање на студии по музичка и драмска уметност на постоечкиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола 3. Отворање на факултет по медицина во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ 4. Стратегија за поттикнување за користење на возила со еколошки перформанси и хибридни возила 5. Издавање на прирачници за сообраќајна култура и организирање на трибина за подигање на свеста за сообраќајна култура 6. Изградба на стадион и затворен базен со јавно-приватно партнерство 7. Студија за трамвај во Битола

КИЧЕВО 8. Изградбата на депонијата во завршените ископини на рудникот за јаглен во с. Осломеј 9. Изградба на нов здравствен дом во Кичево 10. Пуштање во употреба на изградените здравствени станици – амбуланти во селата Брждани, Цер, Вранештица, Челопеци и Грешница 11. Изградба на два колектора, од кои еден на река Зајашка и еден на река Треска 12. Изградба на канализациска мрежа во с. Другово 13. Изградба на канализациска мрежа во помалите места 14. Отворање на фабриките кои се затворени (Копачка – за дрвна индустија, ЕМО, Отекс, Штрафара и др.) 15. Привлекување на инвеститори за реактивирање на фабриките 16. Изградба на автопат со почеток од Гостивар, па преку Кичево до Охрид – како приоритет

ОХРИД 17. Искористување на туристичкиот потенцијал преку проекти за финансирање од ЕУ-програмите 18. Привлекување странски синџири на хотели 19. Изградба на аква-парк 20. Изградба на ски-центар Галичица 21. Проекти за развој на селскиот туризам 22. Изградба на современи едукативни центри 55


23. Обнова на киноцентарот 24. Изградба на марината 25. Изградба на современ трговски центар 26. Изградба на пензионерски дом 27. Изградба на затворен базен

СТРУГА 28. Обнова и реконструкција на затворениот базен во Струга 29. Изградба на мостот на средишниот дел на реката Црн Дрим (мостот на Нина) 30. Реконструкција и изработка на патишта и тротоари во централното градско подрачје, како и во останатите рурални населени места 31. Изработка на марина за пловни објекти 32. Отстранување или дислокација на градската депонија 33. Брза гасификација на градот и воведување на централна топлификација 34. Отворање на шинтерска служба 35. Чистење на коритото на реката Црн Дрим 36. Поставување на хидротурбини за улично осветлување на градското подрачје и околината 37. Осветлување на градските патишта 38. Прочистување на каналската мрежа низ Струшко поле 39. Обнова и реконструкција на колекторот 40. Кафезно одгледување на охридски крап 41. Пробивање на патот од с. Драслајца до Струга 42. Конструкција на планинарски патеки 43. Финансирање и поткрепа на спортските екипи од Струга 44. Реконструкција на градскиот водовод

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 6 – вкупно 22 проекти ГОСТИВАР 1. Изградба или изнаоѓање на соодветен простор за дисперзирани детски градинки во приградски населби и поголеми руларни средини 2. Означување на посебни велосипедски патеки

56

3. Решавање на проблемите со привремени објекти кои се во сопственост на Република Македонија а населени со локални жители во општина Гостивар


4. Изградба на децениски депонии за специјализиран медицински отпад 5. Зеленила во урбаните средини и мали парковски површини заради анулирање на загаденоста 6. Изградба на фабрика за рециклирање на отпад во регионалната депонија Русино 7. Изградба на киносала во Гостивар 8. Изградба на обиколница за тешките товарни возила 9. Изградба или изнаоѓање на локација (простор) за стационар за згрижување и заштита на животните 10. Изградба или изнаоѓање на локација (простор) за дневен центар за лекување и третман на зависности 11. Привлекување на домашни и странски инвеститори за отворање на производствени капацитети за вработување 12. Рационално искористување на шумите и огревното дрво 13. Изградба на катни гаражи во општина Гостивар

ТЕТОВО 14. Инвестиционен проект во рехабилитација и реконструкција на системот за водоснадување на Тетово и реструктуирање на ЈКП за водоснабдување 15. Изградба на депонија и потребната инфраструктура 16. Селектирање и рециклирање на комуналниот отпадот и негово согорување и производство на електрична и топлинска енергија за загревање на станови 17. Јавно приватно партнерство за изградба на централен систем за затоплување на домовите 18. Гасификација на градот 19. Изградба на капела за починати лица 20. Изградба на катни гаражи 21. Изградба на патна инфраструктура Рогачево – Вратница – Јагуновце – Скопје 22. Решавање на водоснабдувањето

57


ПРИОРИТЕТ 7: РЕАЛИЗИРАЊЕ ПРОЕКТИ ВО СОРАБОТКА СО МЛАДИТЕ 1. Реновирање и реконструкција на спортската сала „Младост“, како и градскиот стадион под Тумбе кафе 2. Изградба на фабрика за рециклирање на отпад во регионалната депонија Русино 3. Програма за туристички развој на североисточниот регион на Република Македонија 4. Проект за вински туризам во Кавадарци и Тиквешкиот регион 5. Обнова и реконструкција на Китино кале 6. Отворање на центри за згрижување на кучиња бездомници – Куманово 7. Да има повеќе редовни линии Куманово - Штип, а не како сега што има само во 13.00 часот Куманово - Штип и во 15.00 часот Штип - Куманово така што студентите не можат да си ги завршат своите обврски кон факултетот при што се намалува бројот на студенти во Штип 8. Практична работа за студентите со можност за заработувачка 9. Формирање на лиги во повеќе спортови (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка) за основци, среднисти и студенти 10. Кејот на реката Вардар да си добие свој убав изглед во нашата општина и низ целиот град по течението на р. Вардар како во општината Карпош 11. Бенефиции за македонските гастербајтерите: бесплатни консултантски услуги, бесплатна стручна помош за истражување на пазарот, бесплатни сметководствени услуги во првите три години, забрзани процедури за добивање на лиценци и дозволи за работа и сл. 12. Државата ги плаќа придонесите во првите три години за сите вработени со високо образование 13. Ослободување на данок на добивка во првите три години, со услов да се реинвестира дел од добивката во наредната година (на пример, 10% реинвестирање на добивката во втората година, 20% реинвестирање во третата и четвртата година) 14. Можноста за добивање со концесија државно земјиште во економските слободни зони 15. Субвенционирање во технолошките проекти од страна на државата 16. Центри за социјална заштита на младите 17. Изградба на центар за деца со посебни потреби 18. Изградба на осум стоково дистрибутивни центри низ целата територија на Република Македонија со наменски концепт во зависност од сезонските земјоделски култури кои се произведуваат во одреден регион 19. Логистички информативен транспортен систем 58

20. Означување на велосипедска патека на рабовите од секоја улица по која ќе можат велосипедистите безбедно да возат


21. Отворање на регионални или општински канцеларии за обуки, едукации, консултации и помош при креирањето на бизнис-планови и поддршка при целиот процес од идеја до реализација, како и поддршка при евентуалната реализација и понатамошно развивање на бизнисот 22. Простории за најразлични активности, обуки, едукации, средби, консултации, акции во служба на граѓаните и членството на ГРОМ, во сите општини и места каде што ГРОМ има отворено канцеларии. 23. Поставување на „мултифункционални културно-уметнички катчиња“ за млади 24. Мотивација на младите да се приклучуваат активно во невладините организации кои соработуваат и ги искористуваат европските фондови. Поддршка и промоција на невладините организации од овој тип. 25. Поставување на сосем нов образовен модел „за секој час теорија - еден час практика“ 26. Изградба на комплетно нови модерни, современи и опремени „студентски градови од затворен тип“ 27. Намалување на цената на слободните карти за студенти за 500 денари 28. Организирање на натпревари за студентите во завршните години кои самите факултети ќе ги организираат во соработка со компании од засегнатата професија 29. Организирање на настан еднаш во годината каде што ќе имаат присуство различни маркети и кои во замена за некој уред ќе им понудат на граѓаните производи за истата вредност 30. Намалување на цената на мастер-студиите за студенти со ниски примања 31. Поевтин транспорт и патувања за студентите 32. Легализација и проширување на фармите за одгледување на овци и зајаци 33. Изградба на бинарни централи и искористување на геотермалните извори на енергија за затоплување во Кочанско 34. Изградба на ветерници во Крушево 35. Логистички центри како современ концепт во транспортот, дистрибуцијата и опслужувањето во градовите

59


РЕЗУЛТАТИ ПО ОПШТЕСТВЕНИ ГРУПИ НА ГРАЃАНИ Крајниот резултат од политиката на ГРОМ е подобрување на животот на различните општествени групи на граѓани и нивните можностите за развој и просперитет. Понатаму се презентирани извадоци од делови од програмата кои се однесуваат на одредени општествени групи.

НЕВРАБОТЕНИ • Намалување на невработеноста на 18% и зголемување на вработеноста на 54%. • Примена на активни мерки за вработување. • Зголемување на годишниот опфат на невработените со активните мерки за вработување и зголемена финансиска поддршка за нови работни места. • Поттикнување на вработување на нискоквалификувани работници, преку анализа и преиспитување на трошоците за вработување. • Поттикнување на вработување во пасивните ридско-планински подрачја со ослободување од придонеси во период од три години. • Поддршка за доживотно учење и стекнување на нови вештини. • Реорганизација на работата на Агенцијата за вработување за активно посредување за вработување и усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот. • Олеснување на влезот на пазарот на труд за младите: развој на претприемништвото, практикантството и поддршка на вработување на млади луѓе. • Поддршка за работодавците за обезбедување на работни места наменети за младите лица и преку субвенции за нивно вработување во определен период. • Воведување на задолжително практикантство од една година: претпријатијата ќе имаат обврска да ги примат практикантите. • Поттикнување и на практикантството во странство, како неопходност за интернационализација на македонската економија. • Финансиска поддршка за средните стручни кадри кои се дефицитарни на пазарот. • Зголемување на флексибилноста на работните договори. • Невработените повеќе од четири години и на категориите на невработени на возраст над 35 години ќе се опфатат со различни мерки на поддршка: од преквалификација и доквалификација, отворање на јавни работи, поттикнување на претприемништвото до финансиски погодности за нивно вработување. • Ќе се се воведат даночни олеснувања за вработување на повозрасни лица. • Ќе се подготви стратегија за повозрасните лица во фирмите и премин од работа во пензија и ќе се преземат активности за елиминирање на формите на дискриминација според возраста. • Вклучување на работодавците и синдикатите, во консултативен процес за сите релевантни закони и регулативи. 60


ДЕЦА И МЛАДИ • Здравствена заштита без партиципација за деца до 14 години и обезбедување на средства и лекови за лекување на деца со ретки болести. • Проширување на системот на детски градинки и зголемување на опфатот на деца во предучилишното образование. • Понатамошно подобрување на квалитетот на основното и средното образование со подобрување на образовната инфраструктура. • Подобрување на наставата по странски и регионални јазици, ИТ, математика и природни науки и финансиска писменост. • Преоценување на наставните планови и учебници од аспект дали тие се пријателски за децата. • Факултативно физичко образование во градинките со основа група на вежби за развој на основна моторика кај децата на возраст од четири до шест години. • Нови наставни програми за физичко образование во училиштата во согласност со модерните трендови. • Финансирање на студентскиот спорт и наставата по физичко образование во високото образование. • Враќање на безбедноста во училиштата и градење на услови за здрави ученици. • Примена на моделот за „Куќа на половина пат“ за децата без родители по навршувањето на 18 години. • Намалување на бројот на млади кои го напуштаат основното и средното образование. • Советување за кариерата за младите луѓе во раните фази на образованието. • Поттикнување на вработувањето на младите и олеснување на нивниот влез на пазарот на трудот. • Практикантство и поддршка за вработувањето на младите луѓе (до 30 години). • Поддршка и субвенции за работодавците кои ќе обезбедат работни места наменети за младите лица. • Промоција на културата во училиштата. • Јакнење на партнерството меѓу училиштата и институциите од културата. • Финансиска, организациска и просторна поддршка и стимулација на независната културна сцена и културата на младите.

ЖЕНИ • Поддршка за претприемништвото за младите жени. • Подобрување на статусот на жените во јавниот и приватниот живот. • Родовото буџетирање - вклучувањето на родовиот аспект во националниот и локалните буџети. • Подобрување на положбата на жената во семејството. 61


• Мерки за заштита на правата од работен однос на жените – мајки, како и подобрена поддршка на жените во грижата за децата и грижата за домот. • Градење на јавен модел на жена и мајка и работничка, и залагање за зголемување на улогата на мажот во родителството и во домот. • Гарантирање на правото на абортус. • Бесплатна контрацептивна заштита за девојки до 18 година.

ПОВОЗРАСНИ ГРАЃАНИ И ПЕНЗИОНЕРИ • Обезбедување на можност за предвремена пензија. • Воведување на даночни олеснувања за вработување на повозрасни лица. • Подготовка на стратегија за олеснување на проблемите на повозрасните лица во фирмите и премин од работа во пензија. • Активности за елиминирање на формите на дискриминација според возраста. • Подобрување на пензискиот систем и дефинирање на најниска пензија. • Развивање на систем на услуги за поддржано живеење. • Промовирање на принципите на активно стареење: активно учество во секојдневните активности, добро здравје, поголема исполнетост на работното место, поголема независност и поголема граѓанска вклученост. • Поддршка и поттикнување на неплатената волонтерска работа во здруженијата на граѓани и во заедницата и како старатели на други лица. • Пристапен и достапен превоз за повозрасните лица.

ЖИТЕЛИ НА СЕЛО И ЗЕМЈОДЕЛЦИ • Намалување на урбано – руралниот јаз во квалитетот на живот. • Намалување на јазот во благосостојба меѓу Скопје и регионите, подобар живот на село и развиено земјоделство со зголемување на новосоздадена вредност и нови производи. • Пристап до квалитетни јавни услуги, пред сè образование и здравство. • Развој на селскиот туризам и обнова на автентичниот амбиент. • Подготвување и реализација на стратегии за локален развој на рурални средини, спроведување на локалните развојни стратегиите и формирање на локални акциски групи (ЛАГ). • Засилување на земјоделството, зголемување на новосоздадена (додадена) вредност и развој на нови производи. • Зголемување на обемот на земјоделско производство. • Ослободување од царина и слободна трговска размена за земјоделски производи. 62


• Укинување на данокот на доход од земјоделска дејност или негово ставање во функција на реинвестиции. • Намалување на данокот на додадена вредност на производите од земјоделство. • Законско уредување на исплатата на откупените земјоделски производи. • Осмислено и транспарентно доделување на државно земјоделско земјиште. • Понатамошна изградба и одржување на системите за наводнување и мелиоризација. • Укинување на надоместокот за наводнување и користењето на водата ќе биде бесплатно, финансирано од буџетот. • Зголемена поддршка преку субвенциите во сите области и гранки на примарни земјоделски производители и фармери. • Поддршка и јакнење на капацитетите за поуспешно искористување на средствата на ЕУ и другите фондови за рурален и регионален развој. • Интензивирање на сточарското производство и развој на преработувачката индустрија за месни и млечни производи. • Воспоставување на траен и ефикасен систем за трансфер на нови технологии и знаење во агросекторот. • Трансформација на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. • Развивање на стратегија за извоз на домашното земјоделско и сточарско производство. • Здружени земјоделци се силни земјоделци – подобрување на условите за здружување во здруженија на земјоделци и зголемена поддршка за таквите здруженија.

УРБАНИ СРЕДИНИ • Зголемување на финансиите на општините на десет проценти од БДП, со зголемување на изворните приходи на општините на половина од вкупните приходи. • Зголемување на надлежностите на општините во локалниот економски развој, во урбанизмот и имотно-правните односи, во социјалните работи, во здравството, како и во безбедноста. • Зголемување на надлежностите во безбедноста, односно (униформираниот дел од) полицијата. • Формирање на посебни општински полиции, со ограничена надлежност во превенција на криминалот и во обезбедување на јавниот ред и мир.

ПРИВАТЕН СЕКТОР • Охрабрување и поттикнувањње на претприемничката култура уште од предучилишна возраст и нејзино надоградување во основното и средното образование. • Градење на јавна свест со висока работна етика и претприемништво. • Повеќе претприемништво - мерки за поддршка за почеток на бизниси (старт-ап), за услуги за развој на бизниси, како и намалување на трошоците за работа за МСП. • Гарантирање на правото на сопственост како фундаментална вредност и како клучен фактор дека инвестициите и водењето бизнис се сигурни. • Финансиска поддршка за развој на нови продукти и за воведување на нови технологии. • Мерки за подобрување на пристапот кон финансиски услуги и зголемување на кредитирањето на приватниот бизнис.

63


• Поддршка на мерки за кредитирањето на приватниот сектор; субвенционирање на каматите; поддршка на нови финансиски продукти; подобро електронско банкарство и намалување на трошоците на финансиски трансакции; либерализација на девизното работење; мерки за поевтини меѓународни плаќања. • Преференцијален третман на МСП, посебно на МСП основани од млади, жени и ранливи групи. • Еднаков третман за странските и домашните инвеститори

МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИ • Недискриминацијата мора да биде втемелена во сите подрачја и да се однесува на сите граѓани во Македонија. • Промовирање на социјалната економија како можност за вработување на лицата кои се тешко вработливи на пазарот на трудот. • Спречување на дискриминацијата преку градење на јавната свест за ранливите групи, подобрување на наставните програми во образованието, како и спречување на предрасудите и стереотипите. • Подобрување на законодавството, вклучувајќи и Законот за спречување и заштита од дискриминација, со усогласување со европските директиви, вклучувајќи и експлицитно вклучување на сексуалната насоченост како основ за дискриминација. • Засилување на законската и финансиска рамка на Комисијата за заштита од дискриминација, како и на Народниот правобранител. • Спроведување на конвенцијата за лицата со посебни потреби. • Посебни мерки за поголемо вклучување на Ромите и припадниците на други малобројни етнички заедници во предучилишниот и образовниот систем.

ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ • Силна заложба за одразеност на мулкултурата во јавниот живот, еднаквост на различните култури и за стратегија за споделена иднина. • Развивање на образованието низ духот на мултикултурализмот. • Градење на заедничка стратегија за споделена иднина. • Градењето на јавната свест за прифаќање на мултикултурата, како предност а не проблем. • ГРОМ ги признава, вреднува и почитува сите идентитети и култури, етнички групи, верски заедници, јазици, нивните симболи, празници и обичаи. • ГРОМ има цел да придонесе во еднаквоста на културите. • Развивање на мултикултурата на локално ниво. • Подобра одразеност на помалобројните идентитети и култури. • Градење на поволна околина за одразување на повеќеверскиот карактер на општеството.

64


ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО • За ГРОМ граѓанското општество е партнер, а не ривал или непријател. • Учество на граѓаните во креирањето на јавните политики, во надгледување на нивното спроведување и во нивната оценка. • Негување на култура во која ќе има простор за критички ориентираните граѓански организации, синдикати, комори. • Развивање на поволна околина за граѓанското општество, со примена на стратегии за соработка со граѓанскиот сектор на национално и локално ниво. • Поддршка за финансиската одржливост на граѓанското општество, среднорочно со директна финансиска поддршка од националниот и локалните буџети, а долгорочно со индиректни, даночни мерки за поттикнување на финансиската поддршка од граѓаните и претпријатијата. • Партнерски однос со организациите на работодавците, синдикатите и коморите како клучни во градењето на функционална пазарна економија. • Пренос на надлежности на одредени јавни услуги на стопанските комори, како и за нивно зајакнато присуство во регионот, ЕУ и глобално. • Поддршка на проекти и иницијативи на национално и локално ниво за регионална и европска интеграција на граѓански организации, стопански комори, синдикати и други фактори. • Создавање на услови за развој на здруженија на пациенти, здравствени здруженија, здруженија на доктори по одредени специјалности, како и на синдикатите. • Создавање на услови за здружување на просветните работници и директорите, и нивните здруженија и синдикати. • Здруженијата и синдикатите на учениците и студентите - партнери во развојот на образованието. • Создавање на услови за развој на еснафските и културните здруженија. • Здружени земјоделци се силни земјоделци – подобрување на условите за здружување во здруженија на земјоделци и зголемена поддршка за таквите здруженија

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА • Постигнување на европски стандард на услугите за граѓаните. • Утврдување на бројноста на администрацијата – ГРОМ ќе инсистира на целосна транспарентност на ова прашање. • Помала, поефективна и подобро платена администрација. • Воспоставување на мерит-систем на заслуги за професионална и одговорна администрација. • Департизација на институциите кои се задолжени за одржување на јавниот ред и мир, и одбрана на државата, како и воспоставување стандарди за вработување во овие институции. • Јакнење на свеста на администрацијата како услужна дејност за граѓаните, оценување од граѓаните и управување на системот на жалби и поплаки. • Воспоставување на нови стандарди на функционирање на овие институции, притоа посочувајќи особено внимание на кадровската политика со вработување и унапредување на компетентни кадри.

65


• Продолжување на реформите во полицијата, пред сè во јакнење на внатрешната контрола и независниот надзор, ГРОМ ќе придонесува кон поефективна и попочитувана полиција, со поголем кредибилитет и доверба. • Децентрализација на социјалната заштита: пренесување на одговорности и обезбедување на извори на финансиски средства за социјалните услуги. • Интеграција на повеќе институции во една државна институција за заштита на човековите права и заштита од дискриминација. • Отворање на расправа за ефикасноста и ефективноста на организацијата на власта, за можностите на интеграција на институции со преклопувачки надлежности. • Подобрување на условите за работа на просветните работници и овозможување на повеќе време за работа со учениците. • Воведување на мерит-систем во управувањето на здравствените установи. • Рационализира на јавниот здравствен систем со намалување на администрацијата и немедицинскиот персонал. • Подобрување на системот на плати и унапредување на континуираната едукација на здравствените работници. • Оцена на системот на плати по учинок, како и за зголемување на вредноста на капитациониот бод на матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите и воведување на повеќестепена вредност на бодот поврзана со географските карактеристики на подрачјето (доктори во рурални подрачја) или големината на местото. • Департизирани, сериозно селектирани и адекватно обучени дипломати за професионална и флексибилна дипломатија. • Зголемување на бројот на професионални шефови на ДКП-а и доследна примена на Законот за надворешни работи. • Државен секретар и државни советници во МНР ќе може да бидат лица со најмалку еден минат мандат во ДКП. • Избирање на дипломатите по современи стандарди и практики, транспарентен и планиран неколку години однапред со цел навремена и квалитетна подготовка.

66


67


www.grom.mk facebook.com/gragjanskaopcijazamakedonija


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.