Samo sonceto e postaro od Makedonija

Page 1

О Т Е Ц Д Н О О С РО ИЈА А О Т Н М С О А С ПО ЕД Е АК М

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


Makedonskata saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija" Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija e edna!!!

2004 ГОДИНА Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

2

George Atanasoski


Makedonskata saga 16.07.2004

M

акедонски распетија! Со векови го чекориме македонскиот сон! Сонот на нашите претци кои смело го калеле нашиот код низ времињата. Да се биде Македонец значи да се живее античката кауза, да се живее вистината. Онаа која ни е од Бога дадена. Дали кобната 1014 и клетвата на Самуил упатена кон родот македонски го разоружа нашето битие?! Од тогаш нашите патила немаат крај. Време е да се уништи клетвата. Зарем не сме свет народ и света земја? Најдобро ја живееме онаа познатата per aspera ad astra, најдобро го чекориме нејзиниот пат. Но, сепак далеку се ѕвездите барем во овие денешни мрачни небиднини. Одамна го имаме изгубено патот кој води кон среќата. Онаа апсолутна среќа, која овој народ ја заслужува. Кого да го запрашаме за оваа болка? Кој е виновникот? Но, ако сè запрашаме кој е виновникот, веднаш посочуваме кон себе си. Бидејќи сите, заедно, колективно, сме виновни! Дамарите на нашето минато пулсираат со универзалната порака на нашето постоење: “Ние сме тука и продолжуваме”. Извикуваме: “Македонци обединете се, насекаде во светот”. Бидејќи само така, обединети ќе истраеме. Не смееме да отстапиме од она кое легитимно ни припаѓа. Не смееме да дозволиме своите историски и културни признаци да ги пазариме за мизерни и неиздржани догми. Не смееме постулатите кои Мисирков и Конески ги поставија, денес безобразно да ги модифицираме и газиме! Не смееме да дозволиме името на нашата фаланга, нашите Илинденци, нашите Асномци, да провејува само потсвесно, само површно. Не смееме да го дозволиме тоа! Нашите институции врз кои се потпира македонското битие треба да бидат стаменит бедем пред кој ние, Македонците достојно ќе стоиме, а сите останати ќе нè почитуваат. Зарем е тешко тоа да се направи? Ништо не е невозможно! Сè е релативно! “Нас нè има колку зрна песок в море”! Така вели една македонска песна. Тука сме ние Македонците од Македонија, нашите од Пирин, Егеј, Преспа, Голо Брдо, нашите во туѓина. Неопходно ни е себепризнавање. Коленичиме пред фактори кои ја сонуваат нашата исконска традиција, кои ја посакуваат нашата богата историја, кои ја крадат нашата ризница. Зарем вечно ќе бидеме неми набљудувачи на туѓата среќа и успех. Зарем ќе ги гледаме Грците (оние кои нè истребуваа/т) како се радуваат? Како Полска, Романија, Чешка и сличните на нив му се придружуваат на големото европско семејство! Како бројни земји кандидираат за домаќини на летни и зимски олимписки игри. Како Турција приредува прекрасен спектакл! Каде сме ние во сè ова? Сепак, не треба да се залажуваме и да целиме дека Европа, нејзиниот дом, е она што ни е потребно! Македонија е доволна за сите нас! Економското, политичкото, културното и духовното воскреснување ќе ги врати надежите на сите граѓани на оваа земја. Ќе ги врати нашите млади таленти заминати во светот! Но, овие пораки треба да допрат до ушите на оние кои седнаа на државничките фотелји. Некои вредности се бесценети и за нив не постои компромис! Името, знамето, грбот, јазикот тие се почетокот и завршетокот на секое здраво и стабилно општество! Колку и да звучи “одамна слушнато” сепак, дали познавате земја која така ступидно ги пазари своите идентитети?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

3

George Atanasoski


Makedonskata saga 23.07.2004

M

акедонија и македонскиот народ повторно се ставени во ситуација да бидат делени и разделувани, кроени и прекројувани. Има ли крај на агонијата? Злосторство за народот! Капитулација на власта! Така македонскиот народ го оцени договорот меѓу коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и ЛДП. Без разлика дали партиите се нарекуваат ПДП, ДПА или, пак, ДУИ, сите албански политичари имаат иста албанска кауза и јасна стратегија за неа. За разлика од нив, македонските политичари повеќе се заинтересирани за своите лични интереси и владејачки фотелји отколку за македонската кауза. Всушност, дали некој некогаш, таму во Владата, воопшто и спомнал нешто за македонската кауза!? Што е тоа? Тоа е она нешто што јасно укажува на нашиот дух, културното наследство, македонштината со која опстанавме и опстануваме низ вековите! Или, пак, низ времето и во просторот премногу ни се случуваше плакнење на мозокот? Повеќе учевме и знаевме за туѓата контроверзна историја отколку за битката кај Херонеја и за Блаже Конески. Зошто во учебниците по историја не учевме за решавачката битка кај Херонеја (почнала на 2 август 338 година пр.н.е., точно пред 2342 години, кога била воспоставена македонската хегемонија над грчкиот свет)? По некое непишано правило, како по традиција, токму во август историјата ги соочува македонскиот народ и Македонија со четворицата јавачи на Апокалипсата, дојдени да го земат својот данок. Годинава прославуваме 101 година од Илинден (Илинденското востание) и 60 години од Илинден (Првото заседание на АСНОМ), а августовскиот охридски Рамковен договор (2001 година), денес со територијалната поделба ја отвори Пандорината кутија. Останавме неми и немоќни пред одземањето на државата, идентитетот, јазикот, пред името македонско. Уште еднаш се вознемирија духовите на нашите претци. Каде сте Македонци! Време е да се разбудите. Премногу молчевме. Се креваме ли пред претстојниот пекол, ќе екне ли нашиот македонски глас? Во секој Македонец живее фениксот, тој е роден и подготвен... “Проклет да биде тој што ги предаде Скопје, Струга и Кичево” - порачува народот. Кој главен град на било која држава во светот е двојазичен? Зошто дозволивме малцинството да доминира и да му диригира на мнозинството? Ниту било ниту ќе биде. Секој народ има своја историја, и ние нашата (македонската), и тие нивната (албанската), но на ова парче земја една е вистинската! Решени сме во име на вековните корени и завети да не потклекнеме затоа што немаме од што да отстапуваме. Ова е само наше и не го даваме. Историчарите укажуваат на податокот и на фактот дека името на Македонија и на Македонците е посведочено уште пред крајот на вториот милениум пред н.е. Имавме премногу премрежија, подеми и падови, совладани и прегрмени од духот на македонштината. Слугувањето на нашите луѓе на туѓите интереси нè донесе до ова дереџе. Можеби најголемата грешка е во тоа што македонската интелигенција не сакајќи ја изневери националната, нашата македонска кауза. Во текот на изминатите четиринаесет години македонското државно раководство се однесуваше во рамките на своите лични цели и интереси. Кој во оваа држава може да поверува во потребата и во неопходноста за нејзина поделба, за прекројување на општинските меѓи под изговор дека тоа е неопходно и добро за Македонија? Токму тие кои тоа ни го кажуваат сигурно и самите во тоа не веруваат. Не, не треба да молчиме, треба јасно и гласно да го кажеме своето. Еднаш за секогаш да бидеме цврсти, да го воздигнеме до недопирливо тоа што е наше со векови. Тешко спечалено, со дух и со верба обдарено! Македонија и Македонците не се за продажба! Цврсто исправени стоиме пред Хамлетовското прашање: да се биде или не! Да, да ќе нè биде! Македонија е во срцето на секој Македонец и ако неа ја нема ќе не нема ни нас, ни оние кои доаѓаат по нас!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

4

George Atanasoski


Makedonskata saga 30.07.2004

N

а Мечкин Камен во славното Крушево уште еднаш ќе екне песната на македонскиот непокор. Гордо славиме 60 години Република Македонија,101 година од Илинденското востание, 2342 години од историската решавачка битка кај Херонеја кога била воспоставена македонската хегемонија над грчкиот свет и 2360 години од раѓањето на Александар Македонски. Многу значајни јубилеји - повод за големо славење. Но, повторно темните орли нè надлетуваат, создавајќи немир меѓу македонскиот народ. Договорот за територијалната поделба на Република Македонија повторно создаде духови на неспокој. Се растревожи македонскиот народ и го крена својот глас. Ние сме нација на непокорот, тоа историјата го потврдува. Во векот кој измина ни се случија Илинден и Крушевската Република, но ни се случија и балканските војни, кога нè разделија. Таа поделба, истите тие што ја направија, ја потврдија и по Првата светска војна и таквата состојба остана и до ден-денес. На македонскиот народ му се случија крвавите пресметки во 20-тите и во 30-тите години на минатиот век, кога беа ликвидирани најголемите синови на Македонија. Најголемата катастрофа на XX век, Втората светска војна, на Македонија й го донесе вториот Илинден и АСНОМ и одлуките за остварување на вековните стремежи на илјадниците македонски синови - создавање на македонска држава за прв пат во вековната историја. Тоа не беше резултат на добрата волја или подарок од некого, туку беше резултат на борбата и жртвите, кои македонскиот народ ги заложи во антифашистичката војна. Конечно, во овој век нам ни се случи и третиот Илинден, односно независна и самостојна Република Македонија, која постои и покрај многуте премрежија, градејќи го својот независен демократски развој. Крстосница на светот! Тоа е Македонија. Каде и да одиш, повторно се враќаш, во нејзините прегратки, на нејзините корени. А македонските корени се длабоки и мистериозни. Тие им припаѓаат само на Македонците! На оние кои први зачекорија на оваа земја, на оние кои први им подарија писменост и духовност на европските народи! Но, судбината сакаше токму Македонија да го чекори трновитиот пат, да коленичи и да моли, да ги боледува туѓите лудила и идеологии. Но, токму тие искушенија ги калеја Македонија и Македонците достојно и смело да чекорат, херојски да гинат! Последниот одблесок на македонштината нè дочека во горчлив и болен плач. АСНОМ не дочека гордо и весело да го чествуваме. Македонската историја, секогаш нè дарува со исконски и значајни јубилеи, но македонската сегашност сурово й пркоси и ги погазува нејзините свети ореоли. Сме опстоиле и ќе опстоиме - запишано е во нашите гени. Поседуваме богато духовно, историско и политичко наследство, кое им пречеше на балканските земји и на големите европски сили. Културното богатство на Македонија е непроценливо. Македонија е волшебна земја за археологијата. Сé уште недоволно истражена, таа е предизвик на иднината. Од Македонија потекнуваат и Глаголицата и Кирилицата, Азбуката, којашто во IX век ја осмислиле Македонците од Солун, браќата Кирил и Методиј, а нивните ученици на чело со Климент и Наум ја рашириле и го описмениле неписменото население на Балканот и пошироко. Денес, врз основата на старомакедонскиот јазик се оформиле повеќе светски јазици. Стотици манастири и цркви, насликани со живописни фрески, насликувајќи го секојдневниот живот во Македонија, потекнуваат токму од овој период. Една стара поговорка вели: “Кога ќе одиш низ Македонија немој ниту да пееш ниту да играш, зашто и ќе те натпеат и ќе те надиграат”. Македонија има непроценливо музичко наследство. Народната музика се пренесувала од генерација на генерација и во нејзината содржина се испреплетени сите аспекти од секојдневниот живот, заедно со обичаите, традицијата, верувањата... Македонија им припаѓа на Македонците каде и да се на оваа планета. Да ја зачуваме, славиме и градиме бидејќи таа е единствена и наша. Нека ни се вечни и свети македонските Илиндени!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

5

George Atanasoski


Makedonskata saga 20.08.2004

D

енес, на почетокот на XXI век, многу држави во светот вложуваат големи напори да ги реформираат своите власти за да ги пресретнат предизвиците на глобалниот развој и брзиот развој на технологијата, што само по себе претставува огромен предизвик. Во случајот на Република Македонија состојбата е дополнително усложнета со тешката економска и политичка состојба на земјата, но и со институциите на власта кои не можат да ги понесат предизвиците на ваквиот комплексен и сложен зафат. Ова најјасно можевме да го согледаме деновиве, на примерот со донесувањето на Законот за територијална организација, кој е причина за повторната вознемиреност на граѓаните на Република Македонија. Само за потсетување - реформата на локалната самоуправа и процесот на децентрализација станаа дел од Рамковниот договор затоа што се сметаше дека тоа е најдобриот механизам за обезбедување мир, стабилност и економски просперитет, за зајакнување на институциите на државата и создавање доверба кај граѓаните. Овој процес, заради својата тесна поврзаност со воспоставувањето нов тип односи меѓу државата и приватниот сектор, граѓанското општество и граѓанинот-поединец, требаше да го поттикне усвојувањето на социјалниот дијалог како начин на извршување на јавните политики во Република Македонија. Сé она што се случуваше околу изготвувањето и донесувањето на новиот Закон за територијална организација покажа дека токму оние кои со своите потписи го гарантираа неговото спроведување, не ги разбрале духот и пораките на Рамковниот договор. Не разбраа дека водењето модерна јавна политика значи постојан дијалог со сите засегнати страни и дека практично не може да се спроведе успешна реформа доколку не се обезбеди соодветно вклучување и учество на граѓаните уште на почетокот на креирањето на реформите. На тој начин покажаа дека потекнуваат од едно друго време, кога политиката се дефинира(ше) во затворен круг и се сервира(ше) без приговор. Со своите постапки повторно ги разбудија поделбите на Албанци и на други, на наши и на нивни. Како краен резултат имаме состојба за одземање на основните човекови права на секој од нас, без оглед на која заедница й припаѓаме - правото да живееме во мир, економска и социјална стабилност, вклучувајќи го и правото на развој. Оттука, основното прашање на дискусиите за Законот за територијална поделба, па и за севкупниот понуден пакет закони поврзани со трансферот на надлежностите, не смее да се сведе на фактот: дали одредена општина ќе продолжи да функционира во досегашните граници, или ќе биде проширена или укината? Всушност, основното прашање е: колку и како Владата на Република Македонија ги вклучи своите граѓаните во креирањето на понудените решенија и дали им објасни што е тоа што ќе го добијат или ќе го изгубат со тоа што им се нуди? Дали граѓаните знаат како новата територијална поделба и решенијата вградени во другите закони влијаат врз квалитетот на нивниот секојдневен живот и кога ќе почнат да се чувствуваат благодетите на преземените мерки? Краен момент е Владата, доколку сака да го носи епитетот реформска, со аргументи да ни го објасни тоа. Краен момент е сите сегменти на општеството да се обединат и тоа да го побараат од неа. Краен момент е нашата Влада со своите постапки да покаже дека со својата ефикасност, одговорност, чесност, професионалност, транспарентност и ориентираност кон граѓанинот, сака да ја приклучи нашава земја кон останатиот свет. Не смее да ни го одземе правото да живееме како сите други.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

6

George Atanasoski


Makedonskata saga 27.08.2004

N

а 11 август 2004 година, во доцните вечерни часови, се запечати судбината на Република Македонија, која веќе е со нов лик, со нови територијални меѓи, а сé во интерес на малцинското албанско население во државава. Токму тоа население, нешто повеќе од 20 проценти, си поигра со судбината на сите граѓани во државава. Токму владејачката партија-Македонци во Собранието придонесе и овој крупен историски залак да го лапнат Албанците. За да биде што поголема иронијата сé е во превез дека само така ќе стигнеме во Европа. Но, која Македонија ќе стигне во Европа кога веќе Албанците на големо слават за својата победа и обединувањето на сите нив во една Голема Албанија. Наместо да се грижиме за нашите Македонци без никакви права, кои живеат во Албанија, Бугарија, Грција и Србија, ние се грижиме да ги зголемиме правата на Албанците. Едноставно, тие добија сé што посакаа и всушност сите институции работат токму за нив? А каде е тука интересот на обичниот граѓанин? На Македонецот кој не зел плата, на стечаецот, на невработениот, на оној угнетениот? За какви странски инвестиции зборуваме? За какви економски просперитети станува збор? Кон какви евроинтеграции се стремиме? Всушност, многу пати во текот на своето постоење Македонецот самиот на себе си ја пресудил историјата! Си одлучил на сопствена штета. Наместо да се учиме од грешките од минатото, денес ние правиме нови грешки. Се добива впечаток дека тонеме од грешка во грешка, губејќи ја Македонија, губејќи го сонцето кое нé грееше како симбол на нашето опстојување низ вековите. И покрај очи сакаме да бидеме слепи за сé ова што ни се случува. Ќе дозволиме и престолнината на државата да ни биде двојазична. Замислете, покрај секој натпис на македонски, ќе фигурира и јазикот на албанското малцинство. Губејќи го јазикот, го губиме нашиот идентитет, ја губиме државата, ја губиме Македонија, држава со света историја. Зар залудно бевме спомнувани и во Библијата, за еден ден да исчезнеме, да ни ја снема трагата, гласот. Да се биде Македонец е привилегија, но што со македонштината кога ќе ја изгубиме Македонија, трн во окото на многумина. За некого провинција, за некого бановина, за нас величенствен остаток од една голема држава за која знаел еден Александар Македонски. И денес, глумејќи лудило дозволуваме да ја изгубиме државата, несфаќајќи дека со нејзиното губење се губиме и ние - можеби засекогаш во историјата. Европа и светот не сакаат луѓе без идентитет, луѓе без свое јас. Токму Европа е против етничко прекројување на општинските меѓи. Додека една држава како САД знае да го реши проблемот со повеќенационалноста и со многујазичноста, едноставно одредувајќи еден јазик како официјален, ние изигруваме некаква си Швајцарија. Барем да посакавме економски да бидеме силни како Швајцарија, е тогаш секој Македонец ќе й се восхитуваше на доблеста на власта. А не вака, да бидеме уценувани од оние кои божемски се противат на Макијавели, а токму тие, со сите средства, пред сé, со агресија стигнаа до институциите на системот и до однапред смислената националистичко-сепаратистичка цел. Токму тие денес сé одлучуваат во користа на своите болни амбиции - големи етнички држави во време на XXI век, кога веќе зборуваме за една држава и за непостоење на граници. Како и дали можеме да заборавиме на храбрите македонски бранители кои загинаа во конфликтот во 2001 година, токму од оние команданти кои денес се устоличени во Собранието на Република Македонија? Можеме ли да заборавиме на Карпалак, Вејце, Љуботен? Можеме ли да заборавиме на голготата на Македонците протерани од Тетово, Тетовско, Гостиварско, Скопско? Зар за три години го сменивме мислењето за Али Ахмети? Зар можеме да го гледаме како миротворец, или кандидат за Нобелова награда за мир, а до вчера го гледавме во војничка униформа со пушка во рака и со мрачни мисли? Македонците не страдаат од амнезија и ако има барем малку шанса, ако има барем еден зрак светлина макар наречен и референдум, тогаш храбро треба да го одбраниме својот идентитет и опстојување низ вековите! Ако во нас постои, а сигурен сум дека постои само едно А од Александар Македонски, тогаш ние можеме да ја зачуваме Македонија.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

7

George Atanasoski


Makedonskata saga 03.09.2004

K

онечно се собраа и потписите за референдум, а сега следува референдумот како чин на директна демократија. Со тоа директно се соочуваме со она што во светот се нарекува демократија. Дали такво нешто навистина постои во Република Македонија? Можеби референдумот е вистинскиот експеримент за утврдување на демократијата кај нас! Македонскиот народ уште во 1991 година се определи да живее во демократија, а експертите велат дека кога еднаш ќе се определите за демократија, тоа е единствена игра. Нема бегање! Граѓаните се уморни од власта, од лажните ветувања, од сиромаштијата, невработеноста, од постојаната емиграција на младите. Здружената опозиција, односно блокот на политички партии и здруженија на граѓани, дадоа поддршка на иницијативата за референдум против новото територијално прекројување во државава. Во вакви услови поддршката од сите граѓани, независно од партиската припадност, етничкото потекло и верското уверување претставуваат битен фактор за да успее референдумското изјаснување на граѓаните како право загарантирано со Уставот. Во Уставот се кажува дека власта се остварува како преку избраните претставници, така и преку референдум. Власта мора да се соочи со демократското владеење на народот, па затоа референдумот е директна демократија. Кога народот е незадоволен од одлуката на пратениците, тој сака таа одлука да ја суспендира. Тоа е чисто демократско право и тука тоа не смее да се злоупотребува. За да не се предизвика иритираност на мнозинството, малцинството се заштитува со одредени механизми, кои можат да суспендираат одлука на мнозинството. И во некои други држави имало вакви ситуации, но се седнува, се разговара, се постигнува компромис. Дали и во Република Македонија беше можен компромис или, пак, кај нас некој друг ги диригира работите?! Демократијата е почитување на одредени принципи, правила и вредности, кои мора да опстанат до крај и да се почитуваат. Во Македонија, во вакви услови е неопходен политичар-дипломат, човек кој знае да преговара и да го штити интересот на македонскиот народ, а не само личниот. Во реалноста во државава ни останаа исти “мустри” на политичари, кои не се подготвени да седнат да комуницираат и да ги заштитат македонските интереси. Струшките вечери на поезијата, манифестација со долга децениска традиција, наместо на мостот во Струга се одржа на Камениот мост во Скопје. Како ли странските истакнати гости можеа да го протолкуваат ваквото одбележување на овој настан од културата?! Наместо она што има традиција и углед во светот уште повеќе да го збогатиме, ние настојуваме и тоа да го прокоцкаме за евтини пари. Наместо да привлечеме дел од транзитните туристи, ние успеваме да изнајдеме причини да бидеме непривлечни за странските посетители. А што да се каже за странски инвестиции кога бирократската машинерија ни е “преажурна”, но не и ефикасна и функционална?! Државава ни е во тотален хаос и она што навистина ни треба е функционирање на демократијата. Дури и претседателот на државава Бранко Црвенковски изјави дека можеби не е лошо едно вакво крупно прашање (за територијалната поделба на државата) да се искаже преку една од најдемократските форми на изразување на волјата на граѓаните, по пат на референдум. Тој, исто така, вели дека ниту Македонија ќе биде поделена, ако референдумот биде неуспешен ниту, пак, ако референдумот успее не значи дека Македонија ќе влезе во нова граѓанска војна. Можеме ли да им веруваме на ваквите зборови кога досега граѓаните се изнаслушаа зборови и ветувања, а ништо од нив! Можеме ли да им веруваме на убавите зборови и чесните намери на челниците од ДУИ, коалициони партнери во власта, кога знаеме како дојдоа до институциите на системот?! Македонците од дијаспората се “згрозени” од новата локална територијална поделба на Македонија. И анкетите во државава покажуваат дека 70 проценти од граѓаните мислат дека ова не е добро решение. Токму тоа треба да ја подзамисли власта дека нешто не е како што треба! Протестите, исто така, алармираат на граѓанско незадоволство. Можеби власта пропуштила да каже одредени работи, кои населението треба да ги знае? Можеби нешто е надвор од јавноста и од институциите. Но, вистината е една и колку и да се крие таа секогаш излегува на виделина. Ако власта е свесна кон што ја води оваа земја, тогаш ќе се најде решение. Но, ако нивните потези се исклучително поврзани со доаѓањето на власт, тогаш кога и да е нивните задни намери ќе бидат разголени пред народот.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

8

George Atanasoski


Makedonskata saga 10.09.2004

N

а 8 септември 1991 година, граѓаните на Република Македонија по пат на плебисцит, со 95,09 отсто гласови се изјаснија за суверена и независна Република Македонија. Врз основа на добиените резултати од референдумот, Собранието на РМ на седницата на 17 септември 1991 година ја усвои Декларацијата за независност, повикувајќи се на волјата на сите граѓани изразена на референдумот. Тоа беше патот за кој се изјаснија граѓаните на Македонија. Но, каде е Република Македонија денес? Со новата територијална поделба на државава стануваме кираџии во сопствената куќа. Наместо газди ние сме во ситуација да ‘кубуриме’ со своите права. Нашата преголема грижа за правата на малцинствата ни се тресна од глава. Во градовите од Западна Македонија веќе станува мисловна именка еден Македонец без познавање на албанскиот, “јазикот на иднината”, да се вработи во некоја институција, дури ниту во библиотека! Наместо младите генерации да го учат англискиот јазик, веќе во поштенските сандачиња, особено во главниот град стигнуваат рекламни пораки за брзи курсеви за албански јазик. Според ова, станува јасно до кое дереџе стигнавме! Албанците ја искористија и ја искористуваат слабоста на македонските политичари, кои само што не загугале на албански. Од друга страна, пак, овие наши политичари сакаат да ги прикажат своите колеги како мошне лојални граѓани на Република Македонија. За каква лојалност станува збор, ќе го наведеме само баналниот пример кога на нашата национална Македонска телевизија, на третиот канал, наместо натпреварот во фудбал Македонија -Романија се пренесуваше натпреварот Албанија - Грција. Во центарот на Тетово овој натпревар се пренесувал и преку видео бим. И тоа ти се вика нели лојалност, соживот?! Албанците јавно ги искажуваат своите големоалбански емоции и потоа во стилот на Фазли Велиу велат пу-пу не важи или дека Македонците се во конфузија и не ги разбираат добро изјавите на Албанците! Кој кого лаже за лојалност и соживот?! Македонците полека, но сигурно се потиснуваат од Западна Македонија. Кога и дали во Арачиново ќе се вратат протераните Македонци е прашање без конкретен одговор? Мисли ли некој сериозно на овие заборавени паталци од воениот конфликт во 2001 година. Всушност, треба ли да се преправаме дека војната во 2001 година повторно е нечија грда илузија, која придружно однесе многу бранители - Македонци, запусте многу домови, расплака многу мајки Македонки! Кој е тој што со цврсти аргументи може да нé убеди дека војната не беше тероризам, сличен на оној кој претставува растечка закана во глобални рамки. Убиства, масакри, киднапирања - сé е тоа тероризам. А токму тоа нам ни се случуваше. Нејсе, да заборавиме на минатото (ако можеме) и да се потсетиме каде сме денес и кон што стремиме. Можеме ли да градиме убава перспективна иднина со новата територијална поделба на државава кога ниту еден градоначалник Албанец не наоѓа за потребно да го развее македонското знаме во својата општина ниту, пак, на официјални манифестациии да ја пушти македонската химна? Што со постојаните рафали и веењето туѓо знаме и пеењето туѓа химна? Дали Албанците можат така да се однесуваат и во Швајцарија, Германија, Холандија, САД? Македонците, особено македонските политичари досега требаше добро да ја научат лекцијата и да ги заштитат правата на Македонците! Но, ни претстои нов предизвик, а граѓаните досега покажаа дека знаат да го изберат најдобриот пат!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

9

George Atanasoski


Makedonskata saga 17.09.2004

M

акедонскиот народ повторно е ставен во ситуација да размислува за Шекспировото, да се биде или не. Овојпат Џафери најде за корисно, во неговиот често конфузен стил, да предочи дека ако референдумот за територијалната поделба успее, тоа би значело дека Рамковниот е фрлен во вода и дека за иднината на Република Македонија ќе мора да се преговара со помош на меѓународни посредници. Многумина се мислеа и премислуваа што тоа “големиот мозок” на ДПА сакаше со други зборови да каже. Повторно уцени, тензии, застрашувања и слично. Јавноста можеше да слушне дури и најави за мали отстапки околу границата кон Косово! Нејсе. Мислат ли довека така да го држат македонскиот народ како заложник во сопствената држава, често приредувајќи му непријатни серии. Имаме ли ние политичари кои можат да излезат на крај со џаферистите, ахметистите и ним сличните со мрачни мисли. Сега целата јавност да се притресува, што ако референдумот успее. Па, нели тој е чин на директна демократија, загарантиран со Уставот. Иницијаторот на референдумот Тодор Петров смета дека доколку гласањето биде успешно, Уставниот суд ќе треба да ја врати правната сила на Законот за територијална поделба од 1996 година. Во секој случај, доколку на изјаснувањето за референдумот излезе половина од гласачкото тело, и гласа позитивно, тогаш законски чинот на демократија е успешен. Токму тоа ја плаши актуелната политичка гарнитура, која себеси се смета за виновна што на граѓаните не успеала да им го објасни значењето на новата територијална поделба на државата. Па, така тие сега ќе водат кампања за дообјаснување на работите. Наместо да подготвува зимница и да бара книжарници со потребните учебници, македонскиот граѓанин ќе мора да размислува за она што му се случува во државата, во меѓувреме мака мачејќи да ги плати високите сметки за струја, вода, телефон... А нашата кревка економија како вејка на ветрот повторно ќе доживува падови и колапси, бидејќи никој не наоѓа време да ја вложи енергијата во стопанскиот развој на државата, со што би се окуражиле и граѓаните. Личното владеење во случајов може да развие релативно голема независност од економските интереси, подредувајќи им се на неекономските приоритети. Останува нејасно кога “состојбата на умот” и “менталниот склоп” на македонските политичари и од позицијата и од опозицијата ќе бидат во функција за доброто на македонските граѓани. Кога нивните приоритети ќе бидат доминантни за просперитетот на македонскиот народ?! Кога конечно ќе расчистат со сопствените интереси?! Демагошкиот талент на нашите политичари да ги побудуваат ниските инстинкти кај масите, споени со нивните бизарни лични посебности во однесувањето - долго време се единственото нешто што можат да го понудат. Политичарите најчесто забораваат дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви во достоинството и правата, обдарени со разум и свест и дека треба едни кон други да постапуваат во духот на братството. Како и да е, ние ја добивме Националната стратегија за приближување на Република Македонија до Европската унија. Токму тука се јавуваат и странските субјекти кои во случајот нé “советуваат” дека референдумот би го пролонгирал влезот на РМ во ЕУ. Повторно заплашување или, пак, забораваат дека токму Европа е лулка на демократијата и слободата на изјаснувањето на граѓаните. Со “загрижувачки совети” се јави и Меѓународната кризна група која, исто така, гледа опасност во референдумот. Но, кога еднаш веќе си ја прифатил демократијата треба и до крај да бидеш доследен на неа. Така, македонскиот народ заслужува јасно и гласно да си го каже своето мислење и да одлучи за својата судбина. Секој има право на слобода на мислења и размислување, што го опфаќа и правото да не биде вознемируван поради своето убедување! Волјата на народот би требало да биде основата на власта во една држава! А оние кои како џокери секогаш ги имаат застрашувачките сценарија, нека сфатат дека ако на 7 ноември референдумот успее, тогаш тоа ќе биде доказ дека сме правна држава во која функционираат институциите на системот и во која има владеење на непосредна демократија!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

10

George Atanasoski


Makedonskata saga 24.09.2004

P

остои една стара народна песна за жедниот патник, кој во пустината наидува на пумпа. На пумпата е закачена порака со која се објаснува дека во близина е закопан сад со вода, кој треба да послужи за активирање на пумпата. Пред да добиеш мораш да дадеш - гласи пораката. Патникот мора да реши дали ќе ја испие матната вода од садот или ќе ризикува малото количество вода да го искористи за да ја активира пумпата, која би требало да обезбеди непресушен извор на студена чиста вода. Токму оваа народна песна би можела да биде и метафора за актуелната состојба со власта во Република Македонија! Дојде до израз тенката линија меѓу победата и безмилосниот пораз на власта пред народот, како последица на мегаломанското коцкање за моќ! Знаците на разочарување од владеењето на коалицијата на СДСМ-ДУИ-ЛДП сé повеќе испливуваат на површина. Разочарувањето најмногу е последица од ветеното-нестореното. Можеби СДСМ ја изгуби моќта да ги одреди насоката и карактерот на настаните, па веројатно оттука произлегува и барањето за директна демократија изразена преку референдум. Власта потфрли, но не само во очите на опозицијата, туку и во очите на јавноста. На 15 септември 2002 година СДСМ ја доби власта во свои раце благодарение на ветувањата. Таа потфрли во политиката, економијата, образованието, судството, здравството, културата... Власта не го реши проблемот со невработеноста, а и врапчињата сé уште се сеќаваат на она “по еден вработен од семејство”. И врапчињата сé уште црцорат за најавените тешки 200 милиони американски долари директни странски инвестиции, кои би претставувале инфузија за колабираната економија. А што се случи со стратегијата за намалување на сиромаштијата? Што е со надежите за подобар живот? Сепак, Владата на премиерот Хари Костов го преброди гласањето доверба за досегашната работа. Со 67 гласови против менување на Владата, а со 22 “за” (оние од опозиционите пратеници) и ниту еден воздржан, Костов ја надмина иницијативата за недоверба, која му ја поднесоа 24 пратеници од Собранието на РМ. Така, Костов ќе биде мирен деведесет дена! “За слабост во работењето на Владата ја сметам слабата организација на министерствата при користењето на средствата и тука опозицијата има право да критикува. Тоа е лошо планирање” - најде за потребно премиерот Хари Костов да се оправда пред Собранието. Дека местото на Република Македонија е во ЕУ и во НАТО е јасна порака со која се согласуваат сите. Но, што е со народот незадоволен поради неостварените ветувања. Соочен со неверојатен пад на индустриското производство, колапсот на стопанството, бесперспективноста, заразната сиромаштија. Што е со постојаните отстапки кои секогаш се во интерес само на албанското малцинство во Република Македонија? Всушност, не станува збор за отстапки, туку за катастрофални порази на штета на македонскиот народ! Што е со двојазично Скопје, што е со Струга, Кичево...? Зарем треба некој политичар да појде во Струга, па да се соочи со реалноста и да се увери во реакцијата на народот. На власта й се случува токму - народот. Но, наместо да чекаме 20-30 години за црвената планета Марс да биде погодна за живеење и таму сите да се преселиме, подобро е да ја почитуваме демократијата и да се изјасниме на непосреден начин, токму преку референдум! Нема бегање од реалноста и од Македонија.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

11

George Atanasoski


Makedonskata saga 01.10.2004

U

гледниот филозоф Аристотел, во седмата книга од својата “Политика”, коментирајќи ги и валоризирајќи ги разните типови општествени уредувања го постави прашањето - дали припадниците на владејачките елити се раководат од општото или од личното добро? Иако мошне старо ова прашање не губи од својата актуелност и денес ако се има предвид сé она што се случува во нашава држава! Моќта на власта наместо да е насочена кон афирмацијата и материјализацијата на вредностите, етаблирани и канализирани преку политичките платформи, всушност се генерализира во бескруполозното задоволување на личните интереси, давајќи лоша слика за нејзиното фактичко практикување. Како поинаку да се протолкува реалноста и контрадикторноста во Република Македонија, каде што толку промовираниот соживот најмногу потсетува на вистинска фарса! Што да се каже за линчуваните фудбалери од ФК “Тетекс”, кои на натпреварот со ФК “Шкендија” во Арачиново, само затоа што беа подобри, едвај извлекоа жива глава. Уште пострашно е тоа што во недоличното однесување учество зеле и припадниците на полициските сили од мешан состав. Што да се каже за двоглавите орли кои се одомија во Тетово и во Гостивар?! Воведувањето на фискализацијата во Западна Македонија повеќе потсетува на научно-фантастичен филм! Албанското малцинство во Македонија се однесува привилегирано и смета дека неплаќањето на давачките кон државата им е обврска кон која стопроцентно треба и доследно се придржуваат! Дали сé ова е лојалност кон матичната држава и соживот со доминантното население? Како да сме предодредени да молчиме, ние Македонците, да ги потврдуваме и да ги одобруваме нон-сенс однесувањата на Албанците, почитувајќи ја волјата на нивниот измислен процент од речиси 23 отсто албанско малцинство во Македонија! Од друга страна, пак, од ДУИ и од ПДП јавно ни порачуваат дека ќе го застапуваат бојкотот на претстојниот референдум за територијалната поделба на државава, додека нивните браќа од ДПА умно тактизираат одржувајќи тензија меѓу граѓаните. Поради тоа, оправдано е да се постави прашањето - постои ли начин македонскиот канцер наречен соживот да се запре во оваа фаза и да се изнајде модус тој да се врати таков каков што беше во времето кога се знаеше кој е кој, што е што, за како некогаш сите да бидеме жртви на доброто, а не на лошото. На неодамнешната трибина на “Евро-Балкан”, посветена на причините и на последиците од изјаснувањето на граѓаните, категорично беше нагласено дека референдумот нема да ја загрози стабилноста на Република Македонија. Притоа, беше потенцирано дека нема никаква причина за апокалиптични сценарија во државава, без оглед на исходот од граѓанското изјаснување. По референдумот, Македонија нема да пропадне или да се најде во безнадежна ситуација. Факт е дека во државава постојат сериозни политички, економски и социјални проблеми, но со нив ќе продолжиме да се соочуваме и во иднина, и по референдумот. Иницијаторот на референдумот, господинот Тодор Петров, стравува од можноста дека власта ќе се осмели да ги фалсификува резултатите од референдумското изјаснување. Девизата е - Македонија и се е можно. Рамковниот договор ни се случи и е факт, а политичарите стојат како потписници на овој чин. Но, дали потпишаниот “договор во рамка” кореспондира со она што денес реално ни се случува во државава и со сите закони што ги донесовме. Се добива впечаток дека Рамковниот договор некој го чита и го преточува во реалност така како што му чини. А во македонското Собрание ечи песна. Првиот парламентарец се разнежни, во своите дневни активности го вклучи и приватниот живот на пратениците. Песната “Една година љубов” беше неговата роденденска честитка за пратеникот од ДУИ, Ејуп Рустеми. За каква тоа љубов станува збор? Љубов постои меѓу оние кои, пред сé, умеат меѓусебно да се почитуваат. А што беше тоа љубов меѓу пратениците, партиите. Барем такво нешто ниту постоело, ниту постои во македонското Собрание. Можеби некогаш ќе научиме дека почитувањето е првата димензија на љубовта.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

12

George Atanasoski


Makedonskata saga 08.10.2004

S

о голема гордост и длабока почит сите Македонци, каде и да се, ќе го одбележат 11 Октомври, денот на македонското народно востание против фашистичките окупатори на Македонија. Пред шест децении, на овој значаен историски ден, храбриот македонски народ, наоѓајќи се по којзнае кој пат под окупаторскиот јарем, организираше општонароден отпор и крена востание против германските и италијанските фашистички окупатори и нивните квислингшки режими во соседните земји. По четиригодишна крвава борба, на слободен и демократски начин, со АСНОМ Македонците успеаја врз еден дел од својата историска територија да ги возобноват темелите на суверената македонска држава. Се остварија соништата на македонскиот народ уште од времето на Илинденското востание. Со овој чин македонскиот народ се запиша во светлата книга на народите од светот, кои ги отфрлија фашизмот, нацизмот и тоталитаризмот како форми на владеење. Со повеќе од 26.000 жртви паднати за слободата на Македонија, станавме симбол на малите народи во борбата против моќните окупаторски сили. Овој историски настан е одраз на македонскиот отпор и непокор и манифестација на нашата решеност по секоја цена да ги чуваме и да ги браниме големите традиции и вредности на нашите предци, од памтивек до денес, од сите надворешни и внатрешни непријатели и предавници. Една стара македонска поговорка вели: “Кај што има кривина, не барај дарбина, а кај што има правина мир и милост царува”. Во последно време како да ни се помешаа брзините, а ни се измешаа и правините и кривините, односно кривите излегоа прави, а правите криви! Во реализирањето на своите големи аспирации, Албанците во Република Македонија (кои само за потсетување се малцинство), полека но сигурно ни ги бришат имињата на топонимите, а со тоа и културата на нашиот народ, кој претставува наш белег, наша културна и историска хармонија. Со преводот од македонски на албански е извршена деструкција на топонимскиот систем, предупредуваат македонските лингвисти, но залудно. Тие тврдат дека преводот во “Стандардизација на географските имиња во Република Македонија” е направен крајно нестручно, поради што има шанси да бидеме етикетирани како неписмена држава. Ништо ново и необично! Очигледно и тука политиката си ги има замешано прстите! Јазичните експерти тврдат дека прекрстувањето на населените места на албански јазик, објавено во “Службен весник” е направено стихијно и несистематски, со што е сторена деструкција на македонскиот топонимски систем. Експертите потсетуваат дека дури и Османлиите за 500 години ропство биле потолерантни од Албанците, кои денес сакаат целосно да го нарушат македонскиот топонимски систем. Јазичарите, исто така, укажуваат дека албанизацијата на топонимите има друга цел, поконкретно посочувајќи на содржините на рефератите од собирот во Кондово во 1991 година, организиран од Исламската заедница во Македонија. Така, нам ни се случи Охрид да ни стане Охер, Гевгелија -Гјевјели, Маврови Анови - Ханет е Мавровес и слично. Само за споредба, во Република Албанија словенските имиња на некои населени места се преведени на албански јазик и само албанската варијанта е во службена употреба, па така Пустец е прекрстено во Ликенац, Шулин во Дијелос и слично. Дали и топонимите се условени од Рамковниот договор, односно од нашата аспирација за членство во НАТО, во Европската унија итн.? А што е со 150.000 етнички Македонци кои живеат во Република Албанија и кои не ги уживаат сите неопходни права? Зарем не е според ЕУ и тие Македонци, граѓани на Република Албанија да ги уживаат правата и погодностите како Албанците во Република Македонија? Има ли тука правдина? Македонскиот народ досега покажал дека знае да ја чува и да ја брани својата слобода, демократија, сувереност и независност. Да истраеме и да опстоиме, да помниме и да не забораваме дека Македонија е нашата единствена заедничка татковина, која мораме да ја браниме и чуваме.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

13

George Atanasoski


Makedonskata saga 15.10.2004

R

епублика Македонија го прослави денот кога борците од Првиот прилепски партизански одред, пред 63 години во Прилеп извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, затворот и врз телефонско-телеграфската мрежа. Со тој чин беше обележан почетокот на македонскиот непокор. Македонија неколку децении потоа... “Храброста покажана за време на Втората светска војна е рефлектирана и кај македонските војници кои во Ирак се борат рамо до рамо со војниците на САД и на антитерористичката коалиција”- рече американскиот државен секретар Доналд Рамсфелд, кој на Денот на востанието на македонскиот народ допатува во државава за да одликува македонски војници од мисијата во Ирак, кои се истакнале со својата храброст. Македонците се познати и признати по храброста. Иако низ историјата се обидувале да нé уништат, да ни го украдат културното наследство и идентитет и да ни наметнат некаков македонски синдром на самоуништување, сепак сме успеале да опстоиме. И покрај тоа што со милениуми сме јаболко на раздорот, сепак македонската цивилизација е како камелеон кој е неуништлив. Опстануваме и денес иако сме соочени со безброј проблеми и сиромаштија, но и со нови предизвици за нашето опстојување и постоење. Еден американски милионер, во една прилика рекол: “Умот е како падобран. Најдобро работи кога е отворен”. Кога сопствениот ум ќе биде отворен за шансите (особено кога државните интереси се во прашање), објективно ќе можат да се анализираат информациите и ќе можат да се одбијат личните желби и предрасуди да влијаат врз моќта за расудување, и тогаш ќе можат да се сфатат големите вистини кои другите ги превидуваат. Затворениот ум, пак, ќе влијае на тоа да се пропуштат некои од најголемите можности, приоритетни за државата и за целата нација. Во сегашниов момент, вистинската слика за Република Македонија е дека во неа има околу 400.000 невработени лица, голем број стечајци, уште поголем број сиромашни и гладни граѓани кои се на работ на егзистенцијата. Од месец во месец економијата паѓа во сé подлабока рецесија. Личи на тешкоболен кој не може да се излекува од депресија со суицидни нагони. Наместо колапсот да го избегнеме со придвижувања и заживувања во стопанството ние едноставно поради ригидната бирократска машинерија, нефункционалното судство итн., индиректно ги избегнуваме директните странски инвестиции. Наместо да бараме алтернативни решенија за просперитет ние само очекуваме некој со волшебно стапче преку ноќ да ни ги реши проблемите. Како до годишен економски пораст од 4 до 4,5 отсто, при ниска инфлација и стабилен курс на денарот? Како до економски бум и навала од странски инвестиции? Можно ли е тоа да се реализира со едно ноншалантно замавнување на стапчето, со кое би се решиле сите проблеми и Македонија да стане најпрекрасното место за живеење каде што секој со задоволство би сакал да инвестира. Но, за жал, волшебства има само во бајките, а ние ја живееме реалноста на една држава, која има сериозни економски проблеми. Како ли само очекуваме Европа да нé сака вакви какви што сме. Дури ни најдобрите одговори на Прашалникот од ЕУ и најоптимистичкиот датум за нашиот прием во европското семејство нема туку така да ни ги реши маките. Најлошата грешка што во овој момент власта би можела да ја направи е да се убедува себеси и другите да ја прифатат лажната вистина. Лажната вистина дека падот на индустриското производство не е реален и дека територијалната поделба на државата е најоргиналното решение за Македонија! На неискусен човек дијамантот му изгледа како обичен камен. Но, искусниот геолог знае дека под првиот слој се наоѓа драгоцен камен. Истото важи и за Република Македонија, која има свои приоритети и квалитети, но сé е залудно бидејќи нема кој тоа успешно да го искористи и да го вреднува. А дека треба да се биде оптимист, доказ е и успехот на македонската фудбалска репрезентација, која приреди големо изненадување во 1. квалификациона група за СП 2006, против Холандија, играјќи нерешено 2-2 во Скопје. Убаво е да имаме што повеќе вакви изненадувања.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

14

George Atanasoski


Makedonskata saga 22.10.2004

I

звади си прво гредата шчо е во очите твои, та после да видиш раската, (шчо) е во очите на другите - вели една македонска поговорка. Токму така. Најнапред треба сами да се анализираме какви сме и за што сме, па дури потоа да толкуваме како изгледаме во очите на другите! Според Светскиот економски форум, односно според конкурентноста на домашната економија, Македонија е на 84 место меѓу 104 земји. Тоа е пад во однос на минатата година и тоа за три места. Македонската економија е на претпоследно место во однос на другите земји од Балканот, со исклучок на Србија и Црна Гора, која е бетер од нас. Според толкувањата, падот се должи на тоа дека Македонија нема познати брендови на светските пазари и најчесто извезува само евтини суровини. Од друга страна, пак, оправдувањата велат дека нашите бизнисмени се плашат од конкуренцијата од Европската унија и затоа се ориентираат само на домашниот пазар. Произведуваат само за дома и толку. За нешто повеќе не се ни обидуваат. Со други зборови, се наметнува прашањето колку и дали македонските производи се конкурентни за пазарот во странство? Дали странците треба да ни кажуваат дека сме неконкурентни или, пак, би требало сами да ја согледаме реалноста и да поработиме на случајот - конкурентност! Досега можеме да се пофалиме само со извоз на челик, но што се случува со винарството, текстилната индустрија и слично? Ќе се спасиме ли од негативната енергија која ја има опфатено севкупната македонска економија? Од друга страна, по повод Светскиот ден на гладот, ни се презентира информација дека околу 65.500 Македонци секојдневно се соочуваат со глад. Тие едноставно немаат ниту парче леб, а камоли нешто повеќе. Значи, кога економијата е во прашање, особено сиромаштијата и економските падови, ние сме секогаш меѓу првите во негативната конотација. Ако во нешто сме шампиони, тогаш тоа секако е шампионското место во парадоксите. Всушност, како да сме ветената земја на парадокси и апсурди, кои се основата на македонското секојдневие. На политички план Македонија се соочува со еден голем предизвик - референдумот на 7 ноември. Конечно, треба да му кажеме на светот кои сме и што сакаме. Дека сме народ со цврст карактер и дека стоиме цврсто на нозе. Ние сме народ со име, традиција, култура, историја. Но, токму тоа што носиме толку славно име, често знае да ни предизвика многу искушенија низ историјата! Ние сме Македонци, иако тој збор на многумина им пречи и им задава главоболка. Ние сме Македонија, иако тоа некои сакаат да го прикријат, негираат или уништат. Да им покажеме и да му докажеме на светот дека знаеме кои сме и што сакаме, а сигурно сакаме сами да бидеме кројачи на својата иднина. Преку изјаснувањето на референдумското прашање јавно ќе кажеме колку сме демократски свесни и зрели за својот идентитет, но и за својата меѓународна позиција. По 13 години самостојност, референдумот претставува нов предизвик за нас. Иако за него нема да ги има вообичаените спотови (Државната изборна комисија тврди дека нема пари за промотивни спотови за референдумот), а власта ќе оддели едвај 1,2 милиони евра, сепак анкетите говорат дека Македонците веруваат во успешен референдум. Според анкетата на “Брима Галуп”, на референдум ќе излезат 63 отсто од испитаниците, од кои “за” ќе гласаат вкупно 74,1 отсто или 85 проценти Македонци и три отсто Албанци. Прогнозите од најновата телефонска анкета на реномираната агенција прогнозира добар одѕив на референдумот и потврда на прашањето за враќање на територијалната организација од 1996 година. Најголем дел од анкетираните, исто така, сметаат дека претставниците на ЕУ и на НАТО со своите изјави за референдумот се мешаат во внатрешните работи на Македонија. Она што треба да се сфати е дека референдумот не е против Рамковниот договор, ниту против нашиот влез во ЕУ и зачленувањето во НАТО, туку тоа е одраз на демократското право на граѓаните на Република Македонија. На референдумот нема да биде на пазар ничиј партиски интерес, туку само интересот на државата Република Македонија. Токму тоа е вистински демократски предизвик. На премиерот Хари Костов на прошетката низ Кичевско за малку не му се случи “струшкото сценарио”. “Пуштете ни друг, Хари не ја сака Македонија” - порачаа кичевци. Премиерот Хари Костов не треба да доаѓа во Кичево затоа што тоа не го сакаат граѓаните. Тие се револтирани од неговата изјава дека нема да излезе на референдумот и е непожелна личност во градот изјави кичевскиот градоначалник. Дали и ваквите реакции се доказ дека на народот веќе му е дојдено нож до коска?! А токму референдумот тоа најдобро ќе може да го докаже и да го покаже!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

15

George Atanasoski


Makedonskata saga 29.10.2004

M

акедонија се прости од Далибор, Драган и Зоран, кои во потрага по егзистенција, завршија трагично. Не залудно се вели туѓина-јабана, каде што неизвесноста е голема. Но, што да се прави кога во Република Македонија тешко може да се заработи за парче леб, нема можности за вработување, нема пари, а многу гладни усти чекаат. Според МВР, околу 300-350 Македонци се на привремена работа во Ирак и нивната судбина е неизвесна. До кога Македонците ќе зависат од фирми од типот на онаа на Серџо Тангума, “Соуфан инженеринг”? Кога Македонија ќе биде пристојно место за живеење, од каде што никој не би посакал да замине некаде надвор, бидејќи тука ќе има сé?! Премиерот Хари Костов упати апел до македонските граѓани да не патуваат во Ирак поради воената состојба и дејствувањето на милитантните терористички групи и најави заострување на мерките против оние кои незаконски носат и врбуваат македонски работници во Ирак. Но, дали гладниот може да се спречи да појде да бара леб?! Има ли виновници кои нé донесоа до ваквото дереџе? До барањето работа по цена на живот! Во една прилика, Пет Рајан, претседател и извршен директор на “Aon corporation”, гигантска мултинационална осигурителна компанија од САД, рекол: “Височината до која човекот може да се искачи е ограничена само со ограниченоста на умот”. При тоа, тој признава дека тоа не е кажано во духот на јазикот, но мошне едноставно изразува дека единственото ограничување кое може да го има човековиот ум е ограничувањето кое ќе си го постави самиот. Колку нашиот ум е ограничен, односно има ли некој фактор кој може да го ограничи во размислувањето и решавањето за својата судбина? По подолга пауза, Македонија и Грција се согласни да ги интензивираат разговорите за името, најавија министрите за надворешни работи на овие две држави, Петрос Моливијатис и Илинка Митрева. “Ние сме желни да соработуваме многу интензивно, за да најдеме едно заемно прифатливо решение за името, во рамките на преговорите и разговорите под покровителство на секретарот на ОН”, изјави Петрос Моливијатис, министер за надворешни работи на Грција. Интересно е тоа што ваквата желба дојде веднаш откако САД во официјалните документи нé ослови како Република Македонија, а и расположението на меѓународната заедница е на страната на Македонија. Овој пат Грција е таа што треба да бара компромис. Дали Грците повторно сакаат да водат дипломатска игра околу името, имајќи предвид дека ние, освен двојната формула, тешко дека ќе прифатиме друга опција. Всушност, крајно време е да расчистат со суетата и да нé ословуваат како и што се викаме, без варијанти, алтернативи, преговори и договори! Наспроти преговорите за името, македонската Влада преговара и за нов аранжман со ММФ, кој ни сугерира структурни реформи, додека доживуваме постојан колапс на економијата. Прашањето за реформите ќе се отвори на втората сесија преговори закажана за јануари идната година, кога се предвидува дека ќе биде подготвена и матрицата на новиот аранжман, односно обврските на кои ќе мора да истрае Владата во наредните три години. Меѓународниот монетарен фонд й остава простор на Владата да се подготви за тешкото прашање за реформите за следниот период. Голем број од нив (околу 170 економски мерки) ќе бидат дел од новиот аранжман со ММФ и ќе се дискутираат на следната јануарска преговарачка рунда. Реформи, реформи и само реформи, ни велат странците, но прашање е дали и тие ќе можат да нé извадат од лошата бизнис состојба. Македонија е во предреферендумско расположение. Пред граѓаните е историски предизвик. Дури и МПЦ се изјасни за референдумот. Нашата Македонска православна црква ги повика верниците, членовите на МПЦ и сите граѓани да го искористат правото и обврската и да го изразат своето мислење за Законот за територијална организација на Република Македонија на референдумот. Македонската црква повика на референдум, а на граѓаните им останува нивното демократско право да излезат и да се изјаснат на седми ноември. Вкупно 1.709.536 избирачи имаат право на глас и ќе можат да одлучуваат за својата иднина. “Да знајш не е марифет, марифет е да умејш”- вели македонскиот народ, кој маката го научи да умее да одлучува за својата судбина!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

16

George Atanasoski


Makedonskata saga 04.11.2004

O

ној кој има јавно занимање, мора да биде роб на јавноста или во спротивно нека се откаже од достоинството и од бремето! Приближно вака рекла и таканаречената “Адријанова старица”, која кога царот ја одбил со зборовите “Немам време!”, му викнала: “Па, тогаш немој да бидеш цар!” Всушност, да се вратиме на сегашноста и на реалноста во државава. Ако власта нема време за народот кој е против новата територијална организација, бедата, невработеноста, лошата бизнис клима, бесперспективноста, тогаш не е чудо народот да настапи како “Адријановата старица”! Во таа гола борба за власт, власта не бира средства, а се користат и старите и младите, па и странците. Во кампањата контра референдумот се вклучиле и универзитетски професори. “Професорката на Правниот факултет од Скопје, Софија Тодорова злоупотребувајќи ја својата академска позиција на едно од нејзините предавања отворено агитирала да не се излезе на референдум. Меѓутоа, професорката Тодорова во истиот момент се соочила со напуштање на нејзините предавања од страна на поголема група студенти, кои не сакале да бидат манипулирани од страна на политички ангажираните професори”, укажа опозицијата. Во антикампањата се вклучени и премиерот Хари Костов, министрите, носителите на јавни функции кои се обидуваат да го заплашат народот со единствена цел да не излезат на референдум. Сите намерници, странци кои нé посетија, не можеа, а да не нé посоветуваат како референдумот, тоа наше уставно загарантирано право, според нивното толкување штетно би влијаело во однос на нас! Наша основна цел е референдумот да биде спроведен на демократски и фер начин, изјави шефот на посматрачката мисија на ОДИХР во Македонија, Фридрих Бауер, во интервјуто за Радио Слободна Европа, додавајќи дека посматрачите ќе го прифатат резултатот од референдумот без оглед дали ќе биде негативен или позитивен. Тој уште нé пофали дека сме цивилизирани. “Наш впечаток е дека начинот на кој досега се одвива кампањата е мошне цивилизиран. Ако вака мирната кампања продолжи и референдумот биде спроведен на ист начин, мое лично мислење е дека нема да има директно влијание врз стабилноста на земјата во долгорочна смисла на зборот”, рече Бауер. Во владејачката СДСМ демантираат дека вршат притисоци и закани врз граѓаните да не излезат на гласање на претстојниот референдум (на ист начин како кога требаше да се избира претседател, само што тогаш велеа дека мора да се излезе на гласање, а сега не), а опозицијата е со контрааргументи. Истовремено од таму велат дека никој не може да им забрани на граѓаните да останат дома доколку решат да не гласаат. СДСМ со ветување дека Владата, Собранието и другите државни институции ќе направат сé гласањето на 7 ноември да помине во најдобар ред. Цела Македонија е во предреферендумска треска слушајќи кампањи и антикампањи, а воедно гледајќи ја нашата економија која тоне како бродот Титаник. На нашето анемично стопанство му се заканува вирусот на фрапантниот трговски дефицит со можности за негово целосно истоштување. Тој е и една од причините поради која македонските стопанственици сé помалку можат да ги прошируваат своите бизниси. Дефицитот, односно разликата меѓу извозот и увозот на производи е доминантен дел од платниот биланс на државата, чии дупки се покриваат од Буџетот, со пари од донации и од кредити. Ова дава одговор на прашањето зошто во Македонија нема доволно домашни инвестиции, бидејќи парите на стопанството наместо во нови инвестиции посредно се трошат во покривање на буџетските и на платно билансните дупки. Така се создаваат неконкурентно стопанство и неквалитетни производи, што води кон ова што сега го имаме - рекорден трговски дефицит. Кризата е долгорочна, 13 години ние константно сме во криза. Не успеавме да направиме пресврт. Одговорноста е дел во Владата, дел во бизнисот, посочуваат економските експерти. Обично се вели дека особините од прв ред прават луѓе од прв ред, а само еден од нив вреди повеќе отколку голем број просечни. Затоа бидете човек со возвишени особини и на референдумот излезете отворено, со својот јасен став! ИЗЛЕЗЕТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ И ГЛАСАЈТЕ, БЕЗ ОГЛЕД КАКО ЌЕ СЕ ИЗЈАСНИТЕ, БИДЕЈЌИ ТОА Е ВАШЕ УСТАВНО И ЗАГАРАНТИРАНО ПРАВО!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

17

George Atanasoski


Makedonskata saga 12.11.2004

M

удроста е во умереноста, а среќата ги следи храбрите, забележале големите умови. На Македонија й се случи среќа дента кога најмоќната држава во светот ја призна под уставното име! Соединетите Американски Држави, само неколку часа откако Џорџ Буш беше реизбран за претседател на САД, решија отсега официјално да ја викаат нашава татковина Република Македонија, што е прва одлука на официјален Вашингтон, која произлезе од вториот Бушов мандат во Белата куќа. Македонија и нејзините граѓани ја прославија ваквата одлука на САД! Сепак, Македонија славеше со подадена рака кон Грција, како гест на добра волја дека спорот со името ќе може да се надмине на разумен начин. На Македонија веќе й е доста од “фиромирање”. Само да потсетиме дека поради несогласувањата околу нашето име и државното знаме на Република Македонија, во 1993 година Грција воведе целосно трговско ембарго кон земјава. Тоа беше во сила 18 месеци, сé до октомври 1995 година кога Македонија го промени државното знаме. Оспорувајќи го името на Република Македонија, Грција досега имаше поддршка од сите земјичленки на НАТО, освен од Република Турција, првата земја која нé призна под уставното име. Оваа одлука на САД предизвика тревога во Грција. Рундата преговори Македонија - Грција продолжува, но овој пат ние сме тие кои ќе можеме да влеземе во нив со некој поен предност за нас! Анализирајќи ја најновата ситуација, грчките медиуми ги пренесуваат мислењата од дипломатски кругови дека грчката Влада е исправена пред голем проблем, и очигледно грчкиот народ треба постепено да се подготвува за очигледниот пораз во најновиот спор со нашава држава. Грчките медиуми објавуваат дека Атина добила негативни сигнали, односно се соочува со потврди за претстојниот нов бран признавања на уставното име на Република Македонија. Сега нашиот јужен сосед бара консензус за постигнување “општоприфатливо решение” за спорот со името, при што не прецизира ништо конкретно. Начинот на кој евидентно Грција беше изненадена од едностраното признавање на Македонија од САД како “Република Македонија”, покажува дека оваа држава е подготвена да го сврти и другиот образ во очекување на следната шлаканица, коментираат грчките весници. А, во Солун се одржа и протест против американската одлука за признавање на нашето уставно име. Грците се во постинфарктна состојба! За жал, Европската унија нема да го следи примерот на САД - признавање на Македонија под уставното име, барем според изјавата на холандскиот премиер Јан Петер, како претседавач на Унијата. Покрај значајниот четврти ноември кога нé признаа САД, на Република Македонија й се случи и седми ноември, референдумот како чин на израз на демократијата во државава. Без оглед на сé, власта не може и не смее да остане нема и глува на првите собрани 180.000 потписи и на граѓанското незадоволство за територијалната реорганизација кое го искажаа околу 26,3 отсто од гласачкото тело во државава. Граѓаните имаа историска можност да го кажат своето, да одлучат за иднината на државава. Некои заокружија “за”, некои се одлучија да апстинираат и го избраа молкот за алтернатива. Според членовите на Координативното тело за поддршка на референдумот, излезените 500.000 граѓани треба да бидат добар сигнал за власта, бидејќи треба да се преиспита законското решение за територијална организација и да се работи на ново поприфатливо решение. Во македонската историја нема да биде заборавено дека народот крена глас како одраз на незадоволството поради одлуката за новата територијална организација. Но, Република Македонија оди натаму, овој пат со искуство повеќе, и што е најважно признаена од САД, водечката држава во светот. Како и да е, господине Џорџ Буш, Господ нека Ве благослови за Вашата поддршка!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

18

George Atanasoski


Makedonskata saga 19.11.2004

V

одата ги добива добрите или лошите својства од оние слоеви низ коишто тече, а човекот од поднебјето во коешто е роден. А што се случува ако сте проколнати да живеете во интересно време, во кое постојано нешто се случува? Република Македонија е призната под уставното име од страна на најмоќната држава во светот, ни се случи референдум кој не е успешен, а за дадената поддршка ја “тргаат” Лилјана Поповска од функцијата потпретседателка на Собранието на државава. А згора на сé ни паѓа и Владата со поднесување на оставката на премиерот Хари Костов. Навистина интересно време... Во објаснувањето за оставката, Костов своите критики ги адресираше, главно, до ДУИ и во отсуството на тимска работа за евроатлантските приоритети и економскиот развој. Тој беше дециден во констатацијата дека Владата била неефикасна зашто министрите на Ахмети ги блокирале реформите. Костов ги прозва дека тие мислеле само на партиските интереси и ги обвини за непотизам и за корупција. Во секој случај, Хари Костов изненади со постапката, бидејќи покажа дека има некои принципи, а воедно имаше и доблест да каже “доста е” за заканите и уцените од коалициониот партнер. Тој не би сакал да биде англиска кралица. Костов им даде силна порака на сите дека главниот проблем е во економијата, а не во меѓунационалните односи, при што некои само бараа, а некои даваа и тоа на штета на мнозинството. Во Македонија, ова е чин кој прв пат се случува. Досега никој кој се нашол на оваа функција не поднел оставка, иако се сеќаваме на многу афери, скандали, помниме за ТАТ. Да беше друг политичар сигурно до последен момент би се држел за власта како давеник за сламка. Но, за разлика од другите македонски политичари, Хари може и знае и нешто друго да работи. Тој сепак како премиер не направи ништо од она што го најави пред пет месеци, кога и го доби мандатот. Ништо од борбата против корупцијата, од реформите во судството, во економијата, во јавната администрација. Според Брус Џексон, идеологот на НАТО проширувањето, признавањето на Македонија под уставното име ќе донесе стабилност на Балканот, а во исто време тоа е индикација за сериозноста со која САД влегува во наредната година, кога ќе треба да се решава финалниот статус на отворените прашања во регионот. Хистеричните и несоодветни реакции на Грција повеќе влијаат на позицијата на Грција отколку на позицијата на Македонија. “Посилни, посамоуверени и меѓународно признати Македонија и Албанија се најдобрата работа што воопшто може да й се случи на Грција. Зајакнувањето на северните соседи и поцелосното приближување кон евроатлантските структури е нешто на кое Грција може да се надева. Мислам дека грчкото раководство го признава тоа”, вели Брус Џексон, претседател на “Демократии во транзиција”. Џексон вели дека признавањето на уставното име не може да му се припише на поединец или на некоја група. За него тоа преставувало комплексен процес во кој биле вклучени сто - двесте луѓе, кои со години работеле на признавањето. “Тоа е заедничка одлука во која се вклучени Конгресот, извршната власт, мислењето на медиумите на НВО и на други фактори”, рече Џексон. Според Џексон, САД не може да лобира кај своите сојузници да ја признаат Македонија под уставното име, но одлуките коишто ги носи Вашингтон зборуваат сами за себе. Доколку САД имаат влијание на своите европски и други пријатели, тогаш нема потреба од други посебни пораки, тие сами знаат дали и кога да го сторат тоа. Џексон досега не слушнал дека некој во Европа смета оти Македонија не е во право во однос на прашањето за името. Но, покрај политичките пресврти во наша полза, не треба да заборавиме дека на економски план Македонија слабо котира, пред сé, во реалноста ние сме лидери во зоната на сиромаштијата и невработеноста. Според досегашните постигнувања во транзицијата или при преминот од социјалистичка кон пазарна економија, нашата држава е рангирана на четвртото место од долу. Во петнаесетгодишниот период на транзиција послаби резултати од нас имаат само три земји - Албанија, Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина. Секоја земја која ќе допре до оценката 4,5 на оваа табела, која ја подготвува Европската банка за постигнувањата на земјите во транзиција, излегува од групата и се смета дека успешно ја завршила транзицијата. За жал, ние немаме ниту тројка. Според Извештајот, во 2004 година, од цела Европа најмал пораст имала македонската економија. Живеејќи во едно вакво динамично темпо, полно со збиднувања, каква ли мудрост ќе извлечеме од нашево време?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

19

George Atanasoski


Makedonskata saga 26.11.2004

V

ерата, односно вербата е основен елемент на христијанството. Новиот Завет е преполн со референци за силата на верата. Во Евангелието според Матеј, Исус на неверниците им рекол дека ако имаат “барем зрнце вера”, ќе имаат моќ да поместуваат планини, и дека со верата ништо не е невозможно. Во Евангелието според Марко, тој на верниците им рекол дека “сите работи се можни за оној кој верува”. Во библиските текстови, верата е “супстанција на посакуваните работи, доказ на она што се гледа”. Поинаку кажано, верата е активен израз на подготвеноста да се верува. А Македонците веруваат дека конечно правдата е на страната на праведните и дека еве на виделина излегува нашето библиско потекло, кое многумина сакаат да го негираат, скријат и заташкаат. По признавањето на нашето уставно име од страна на САД и ќе може да му се стави точка на спорот за името со јужниот сосед. Во последно време Грците се извадени од такт, а капак на сé беше и филмот на режисерот Оливер Стоун, “Александар”. Неколку грчки адвокати дури најавија тужба за холивудското студио и за режисерот, незадоволни од прикажувањето на историскиот лик на македонскиот војсководец. Грците забораваат дека Александар Македонски бил македонски крал, а доколку било поинаку би се викал Александар - Гркот! Грција енергично и остро напаѓа. Разговорите за спорот околу името меѓу Скопје и Атина под покровителство на Обединетите нации, ќе продолжат на почетокот на идниот месец. Набљудувачите сметаат дека по одлуката на САД да ја признаат Македонија со уставно име, конфронтирачкиот тон меѓу заинтересираните страни се намалил и дека проблемот повторно застанува пред Обединетите нации. Атинскиот весник “Вима”, пишува за обновување на разговорите меѓу Атина и Скопје, за спорот со името и брзо изнаоѓање на заедничко прифатливо решение. Во весникот, кој се повикува на извори од Светската организација, се вели дека во следните неколку недели, најдоцна пред Божиќ, специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц, ќе ги покани на разговори постојаниот претставник на Грција во ОН, Адамандиос Василакис, и македонскиот амбасадор во САД, Никола Димитров. Инаку, за писмото на Џорџ Буш до грчкиот премиер Костас Караманлис, во кое тој најавува дека за нив е прифатливо секое име кое ќе го договорат двете земји, амбасадорот Димитров вели: “Писмото на претседателот Буш е во функција на објаснување на причините за признавањето на уставното име на Република Македонија”. Покрај нашата дипломатска стратегија за спорот со името неопходно е уште многу да се направи на економски план, бидејќи колабрираме со оглед на анализите и статистиките кои вообичаено се прават на крајот од тековната година. Она што Владата на почетокот на годинава го зацрта, беше раст на бруто-домашниот производ од 4 проценти, потоа ревидиран на 2,6 отсто, инфлација од 0,2 отсто и стабилен курс на денарот. Последната проекција за индустриското производство е пораст од –1 до 0 проценти. Фактичката слика, пак, за изминативе десет месеци од годината се: пад на БДП од 3,2 отсто за првиот и 0,2 проценти за вториот квартал, дефлација од 0,2 отсто и пад на индустриското производство од 16, 9 отсто заклучно со октомври во однос на просекот од минатата година. На овие лоши показатели, се надоврзува и катастрофалниот трговски дефицит на наша страна во висина од 850 милиони долари што до крајот на годината сигурно ќе надмине една милијарда. Според податоците кои ги објави Заводот за статистика, ланската година сме ја завршиле со реална стапка на раст од 3,4 отсто. Според податоците на Заводот, вообичаено ги објавува при крајот на тековната, а се однесуваат за претходната година, бруто-домашниот производ за 2003 година изнесува 253, 4 милијарди денари. Со најновите податоци, статистиката ги надминува првичните проекции за растот за 2003 година, за 0,4 процентни поени. Веднаш по таквата завршена година, во мај годинава беа објавени податоците за првиот квартал кога беше регистриран невиден пад досега од – 3,6 отсто. За ваквата состојба економските експерти коментираа дека ова се случува само во вонредна ситуација или во услови на војна, а тоа не беше ниту еденото ниту другото. Познавачите на состојбите го лоцираат проблемот во сé поголемата оддалеченост на Буџетот и БДП. Практично, Буџетот од година во година се зголемува, а БДП сé повеќе се намалува. Со оглед на тоа што кај нас работат неколку индустриски капацитети, во случај еден да застане, статистиката ќе евидентира огромен пад на индустријата, која е со 25 проценти учество во БДП. Според последните ревидирани податоци, годинава треба да ја завршиме со раст од 2,6 отсто. Последните случувања на политичката сцена го доведоа во прашање и склучувањето нов аранжман со ММФ. Преговорите за новиот реформски аранжман требаше да финишираат на почетокот на идната година, а да биде одобрен некаде во април. Сега најверојатно и тој процес ќе се одложи најмалку за неколку месеци. По сите лоши вести од економијата нема ниту место за да се спомне за недојдените странски инвестиции, нереализирани нови вработувања, стратегија за сиромаштијата... На крај да запишеме, за да не заборавиме, дека најголемото чудо од сите е моќта на едноставната верба, и дека и нам конечно ќе ни тргне на подобро!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

20

George Atanasoski


Makedonskata saga 03.12.2004

S

екој ги создава своите идоли според сопственото видување и интерес, сметајќи дека има доволно причини за тоа. Кај повеќето, осудата мора да й отстапи место на наклонетоста. Но, лесно се случува да се судрат две сосема спротивни мислења, па секој мисли дека разумот е на негова страна. А, разумноста која не може да се фалсификува никогаш немала две лица. Во една таква тешка околност, оној кој е мудар треба да работи промислено, така што тогаш недовербата кон себе ќе го подобри неговиот суд за однесувањето на противникот. Би било пожелно еднаш да се замисли и на спротивната страна и од тој аспект да ги разгледа причините на тој другиот, затоа што сигурно во таков случај нема толку слепо никого да осудува, а да се оправдува себеси - забележува мудриот Балтазар Грасијан. Владејачката партија СДСМ го избра својот лидер, воедно и нов премиер. За мандатарот Владо Бучковски, Кондово е прво прашање со кое ќе се зафати новата Влада. Ако во 1944 година ги нарекуваа балисти, во 1997 беа црнокошулци, во 2001 ги знаевме како ОНА, односно АНА, какво ли име во 2004 ќе имаат овие новиве вооружени од Кондово? Ќе има ли мир во државава или, пак, уште еднаш ќе нé заплашуваат, ќе нé уценуваат, ќе ни покажуваат заби со затворени вилици? По кој пат некој ќе ја крои македонската историја, ќе бидеме ли првата држава во светот која фашисти ќе претвори во херои и за сé она “убаво и добро” што го направија и споменици ќе им подигнува? Македонија нема време за чекање, а тоа особено се однесува на катастрофалната економија. Идниот период треба максимално да се искористи за интензивно спроведување на структурните реформи и ангажирање на севкупниот потенцијал за решавање на економските проблеми на граѓаните на Република Македонија - ни порачуваат странците, анализирајќи нé како заморчиња. Во посета на Македонија беше и вториот човек на Светска банка, Шигео Кацу, чии пораки беа оценети како повеќе политички отколку како економски. Тој нагласи дека немаме простор за задоволство ниту, пак, време за губење. “Како што Македонија стреми да се приближи кон Европа, нема веќе време за губење. Многу е важно да се спроведат неопходните структурни реформи. Зошто? Оти самите сакате пораст, сакате да се движите напред. Значи, следните неколку години ќе бидат многу важни”, вели Шигео Кацу. Светска банка веќе ни подготвува голем, тригодишен аранжман за структурни реформи, кој треба да ни го додели идниот септември. Кацу сака самиот да се увери колку Владата е подготвена сериозно и конечно да спроведува реформи. Банката ќе притиска за реформи заради подобрување на бизнис климата, на конкурентноста и на создавањето услови за вработување. Неодамна објавениот Извештај на Обединетите нации, пред сé, е насочен кон навременото предупредување на проблемите во земјава, кои можат да прераснат во конфликт. Тие посочуваат на трите економски фактори, кои идните месеци можат да ја дестабилизираат Македонија. Тоа се: сиромаштијата, невработеноста и корупцијата. Според Извештајот, сиромаштијата и невработеноста имаат достигнато мошне загрижувачко ниво, така што нивниот дестабилизирачки потенцијал мора сериозно да се има предвид. Општата констатација е дека вкупните економски движења одат надолу. И евентуалните јавни протести и штрајкови би можеле дестабилизирачки да влијаат, дури и ако не прераснат во масовен социјален немир. Препораката гласи: за излез се потребни сеопфатни реформи, но тие мора да почнат и по цена на дополнителен пад на рејтингот на политичките партии. Но, според Извештајот, не може да се очекува скоро подобрување на состојбата, при што се нагласува дека не постојат мерки кои Владата би ги применила за намалување на невработеноста и сиромаштијата, а што би дале позитивни ефекти за само неколку месеци. Луѓето од Обединетите нации велат дека Извештајот не треба да се сфати како политичко мислење на организацијата, туку како проценка на можниот развој на настаните, која Владата треба да ја има при формулирањето на својата политика. Очигледно мандатарот Бучковски доби жежок костен в раце. Како ќе успее да состави Влада која ќе ги задоволи апетитите на сите коалициони партнери, а воедно и да го сработи она што од неа се очекува. Како ли ќе излезе на крај со сиромаштијата, невработеноста и со корупцијата, кои долго време ни се камен за сопнување. Дали за севте премиер ќе добие проблеми од типот на Кондово, кога и тој како и претходниците ќе мора да се “откаже” од решавањето на горливото “шушки” трио? Ќе се занимава ли Владата со нешто друго освен со дневно- политичките проблеми? Дали овие “нови” министри од редовите на ДУИ ќе го слушаат новиот мандатар или, пак, по навика уво ќе имаат само за својот лидер Али Ахмети?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

21

George Atanasoski


Makedonskata saga 10.12.2004

G

олемите мудреци забележале дека среќата на моќниците се состои во тоа што можат околу себе да соберат луѓе со одлично образование: тие не им дозволуваат да дојдат во опасност поради незнаењето, бидејќи сите спорни прашања, наместо нив, ги решаваат тие. Нешто величествено лежи во тоа да имаш мудри луѓе во својата служба, а тоа значи многу повеќе од варварскиот Тигранов вкус, кој наоѓал уживање во тоа да му служат заробени кралеви. Знаењето е долго, за разлика од животот кој е краток, а оној кој ништо не знае исто како и да не живее. Градскиот Совет на Скопје неодамна донесе одлука за градење споменик на Александар Македонски на плоштадот Пела. Ќе се изгради споменик и на Филип II, Јустинијан, Скендер-бег и цар Самуил, како и на некои личности од поновата историја. По ваквата информација, во Грција повторно завладеа хистерија и повеќе грчки новинари се упатија кон Скопје за подетаљно да се информираат. Македонската историографија и држава ќе треба да му посветат повеќе внимание на нашето историско наследство, особено за двајцата Македонци, Филип и Александар. За жал, во државава не постои ниту еден споменик на овие две истакнати историски личности. Не се наоѓаат пари за вакви споменици, а Министерството за култура има пари кои може да ги доделува за празнување на албанското знаме. Се молчи за спомениците на балистите, кои никнуваат како печурки по дожд. А ние, за нашите бранители од 2001 година сé уште не сме нашле средства и место на кое ќе им изградиме соодветно обележје. Но, затоа тие наголемо се градат за учките, а се прават дури и прослави за нив. Кој ни е виновен што не сме упорни како овие граѓани на Република Македонија, кои од тоа што толку си ја сакаат државата дури ниту државното знаме не го ставаат за официјалните празници. Ние само посакуваме другите држави да нé признаат под уставното име, да ја признаат нашата историја и историското наследство, а притоа да не помрднуваме ниту со прстот за нашето историско промовирање. Необична вештина е да учиш без голема мака и тоа да учиш многу и од многумина. Големиот Александар Македонски учел од големиот Аристотел, а од кого ние денес можеме да учиме. Кој нас денес може да нé научи и да нé поучи како да му покажеме на светот кои сме и што сакаме? Кој денес може да нé поучи како да си ја зачуваме државата и нејзиниот суверенитет, кој се брани денес и сега и тоа во Кондово каде што остро треба да се пресече за повторно да не ни се случи 2001 година? Ќе успее ли мандатарот Бучковски да биде мудар и да дејствува така како што од него очекува македонскиот народ? Што држава сме ние кога не можеме да излеземе на крај со околу 200 вооружени лица во црна униформа? Повторно се ставаме во мат позиција кога малцинството му диригира на мнозинството. Зарем повторно тие се обесправени, кога веќе добија сé што посакаа? Што ли ново на ум ќе им дојде, со каква ли неправда сега ќе му мавтаат на светот? До кога ќе дозволуваме некој да нé диригира така како што сака и кога ќе посака? Имаме ли ние МАЖ со големо М, кој ќе знае да пресече и да рече: е веќе ДОСТА Е! Саде уцени и преговори и договори ставени во рамка! Решението на мандатарот во новата Влада да има вицепремиер за економија од бизнис-круговите, наиде на одобрување. Стопанствениците се надеваат дека човекот во Владата кој е бизнисмен, ќе помогне пораките од стопанството да допрат до премиерот, за да се креира економски амбиент, кој ќе биде поволен за домашните производители. Засега сме светлосни години оддалечени од некаков поволен економски амбиент. Со обврските кон Светската трговска организација и кон Европската унија, кои налагаат прогресивно намалување на царинските стапки до нивно целосно укинување, македонските стопанственици се оставаат на удар на глобалната конкуренција. Економските показатели повторно укажуваат на негативности во досегашното работење. Обемот на стоковата размена на Македонија со странство од јануари до октомври годинава изнесува 3,620 милијарди долари, а дефицитот достигна 951,7 милиони долари, соопшти Државниот завод за статистика. Во овој период, најголемо учество во извозот имаат разните готови производи со 35,1 отсто и производите класирани според материјалот - 32,4 проценти. Од увозот, 19,9 отсто отпаѓа на производите класирани според материјалот, следуваат машините и транспортните уреди со 18,7 проценти, трансакциите и неспомнатата стока со 14,8 проценти и минералните горива, мазива и слично со 14,1 процент. Домашните производители најмногу извезувале во земјите-членки на ЕУ, каде што се пласирани 57,1 проценти од извозот, следуваат земјите од поранешна Југославија со 27,4 отсто. Во првите 10 месеци најмногу сме увезувале од ЕУ, од земјите од Централна и од Источна Европа, како и од поранешниот СССР. По ваквите податоци, новите министри заедно со мандатарот веќе би требало да му напишат и да му испратат писмо на Дедо Мраз, наведувајќи го својот долг список на желби. Тој можеби ќе се сожали, па ќе стави рака во големата вреќа и ќе извлече некое подароче и за нас! А постои ли Дедо Мраз?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

22

George Atanasoski


Makedonskata saga 17.12.2004

S

игурно сите ја знаат онаа старата: Мара на Јана, Јана на Мара и куќа неметена, а глувците си прават журка! Тоа ни се случи и нам - конкретно со Кондово. Петко на Станко и Станко на Петко и проблемот во Кондово растеше и зрееше, додека не се наду како новогодишен балон, со аспирации да пукне како нуклеарна бомба! Место на раат да си фантазираат за Нова година и да подзаборават на бедата и сиромаштијата, вооружените млади бунтовници од Кондово и неспособноста на власта да го пресече во корен проблемот повторно ги става во стресна состојба граѓаните на Република Македонија. Со вакви проблеми може слободно да го заслужиме епитетот стресна држава. Македонија повторно длабоко “зацапа” во жив песок, кој ни го наметна секогаш незадоволното “обесправено” малцинство во државава. Барем да го сменеа сценариото, да немавме чувство на “деја ву”. Визијата на Република Македонија оди во надолна линија, забележуваат македонските интелектуалци. По чекорот напред со признавањето на нашето уставно име од страна на САД и нашиот безмалку статус на кандидат за членка во ЕУ, повторно сме три чекори назад со состојбата која ни ја наметнаа оние од Кондово. За жал, нашиве политичари се соочуваат со суетен прагматизам, односно утопизам со кој доаѓа до израз нивната неспособност да се носат со проблемите. А странските новинари едноставно им завидуваат на македонските, бидејќи овие живеат во ептен интересна држава. Секоја зима - најава за воена клима. Сé нешто се случува, сé некои црни “батки” се појавуваат со ултиматуми и несериозни барања, натоварени со тешки калашњикови. Наместо институциите на системот, главниот збор го има оружјето. Наместо официјалните фаци и претставниците на институциите на системот, во Кондово во преговарачка улога е косовскиот генерал на ОВК, Ндрецај Малиќи, кој ќе се обиде да го искористи големиот авторитет кај Албанците во смирување на кондовчани. Малиќи, личност од црната листа на Џорџ Буш, влегол во Македонија под сомнителни околности, и денес ќе ги исправа нашите “криви дрини”. Вооружените лица во Кондово се криминалци кои се користат и за други цели - ова е оценката на шефот на мисијата на Проксима, Барт Дуг... Начинот за справување со Кондово, вели Дуг, ќе зависи од македонските власти, односно дали ќе се преговара или тоа ќе се реши со полициска акција, иако тие преферираат преговори... Во Проксима уште одамна знаеле за вооружените групи во Кондово, но за тоа знаеја и македонските власти, истакнува Дуг, уште многу пред македонските медиуми да го обелоденат случајот. Проксима е со оценка дека доколку е потребно, македонската полиција има капацитет да се справи со вооружените групи во Кондово... Особено добро обучените специјални полициски единици... Но, нашите специјални единици молчат, а тоа повторно нé враќа во 2001 година кога Тачи и Џафери го тапкаа по рамо Георгиевски велејќи му: дон’т њоррѕ, бе хапѕ! А потоа знаеме што се случи. Како и да е, во Новата година ќе влеземе со нова Влада. Ќе ни тргне ли со неа особено во делот на економијата која ни е без преседан? Економските експерти упорно сугерираат дека Македонија мора да ја смени макроекономската политика од стабилна во развојна и да ги заживее малите и средните претпријатија, а со тоа да тргне напред во излезот од економската криза. Експертите уште советуваат дека е потребна и промена на курсот на денарот, но со пакет мерки кои ќе претходат на сеопфатна анализа. Македонските економисти како пречки за развој на економијата ги посочуваат: сивата економија, корупцијата, нефункционалниот судски систем и друго. Во Македонија не постојат пазарни услови на истражување што остава простор за политички влијанија, волунтаризам, а недостасува и поголем ангажман од државата за поддршка на малите бизниси. Експертите нагласуваат дека проблем за водење бизнис во Македонија се и високите каматни стапки и хипотеки кои ги бараат банките, кога во земјата не постојат гарантни и ризични фондови, што би им олесниле на претприемачите. Постојат нестабилни услови за стопанисување, кои постојано се менуваат и нема гаранција дека идните бизниси ќе бидат остварливи. Огромен негативен ефект врз македонската економија остава трговскиот дефицит што годинава ќе достигне повеќе од 1 милијарда долари. Состојбата е алармантна. За да се направи пресврт во трговската размена во наша корист ќе бидат потребни минимум 10 години, додаваат експертите. По песимистичкиот преглед на политичко-безбедносната и на економската состојба во државава, на граѓаните им излезе низ нос и претстојниот пречек на Нова година и било каквите перспективни размислувања за идинината! Она чувство на “деја ву” ни ја нарушува новогодишната еуфорија. Ќе нé биде, или?!!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

23

George Atanasoski


Makedonskata saga 24.12.2004

A

ко петлите се познаваат по пеењето, тогаш сигурно луѓето се впечатливи по зборовите. Но, и зборот е меч со две острици, бидејќи една поговорка вели дека “поарно е да лизнеш со нога, отколку со збор”! А македонските граѓани можеа да се изнаслушаат прекрасни зборови, розови експозеа и најави за една убава Македонија со економски бум! Сите досегашни македонски влади наголемо најавуваа економски чуда, брда и долини, мед и млеко, а досега ниедна не исполни ни дел од ветеното. Решавањето на економските проблеми секогаш и од сите се маргинализираше. Не се тие виновни, едноставно немаа време од дневно-политичките случувања ниту, пак, доволно слух да поработат на она суштинското во една држава економијата. Така и оваа најновата Влада. За разлика од својот претходник Црвенковски, Владо Бучковски не вети бројки, но вети нешто уште повеќе - економски препород од кој ќе почнеле и реформите. “Ќе има прилика јавноста да види дека тие реформи е можно да се направат”, изјави новиот министер за економија, Фатмир Бесими. Она што им остави впечаток на македонските граѓани секако се најавите дека допрва ќе бидат детектирани економските проблеми кои, за жал, се видливи и од авион како, на пример, половина милион бедни, 400.000 без работа, пад на производството, а од директните странски инвестиции ниту трага, ниту глас. Единственото ново најавено од сегашниот вицепремиер за економски системи, Минчо Јорданов, е поевтинување на парите, што значи да се намалат каматите за кредитите, мерка која е сосема спротивна на сегашната политика на гувернерот на Народна банка, Петар Гошев. Како ќе функционира Владата со луѓе кои имаат различни економски сфаќања и есапи, односно како ќе се согласува триото Јорданов, Гошев и Поповски ќе се види допрва и тоа многу брзо на претстојните преговори со ММФ? “Владата треба да добие шанса”, рече премиерот Владо Бучковски. А народот нема друга алтернатива освен да дава шанси, всушност како и многу пати досега. Но, кога и народот ќе добие шанса да живее поубаво, подобро и порелаксирано? Досега ниедна Влада не се потруди граѓаните да ја запомнат по добро. Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, кој отслужи Света Божествена литургија во штипскиот соборен храм “Св. Никола” по повод истоимениот празник ја благослови новата Влада, при што постави една дилема. “Слуги кои секогаш безусловно го крепат својот народ, почитувајќи и практицирајќи ги светите темелни вредности на човештвото, ете такви се свештениците, но какви се македонските министри, дали и тие се слуги на народот?”, праша г.г. Стефан. Ваквото прашање си го поставуваат и голем број македонски граѓани. Колку Македонија е пријатно место за живеење покажува и податокот дека оваа година околу 8.000 Македонци побарале бугарско државјанство. Е, само пред неколку години ние бевме мисловна именка за Бугарија, а денес сликата е сосема поинаква. Зголемувањето на интересот за бугарско државјанство експертите го толкуваат со привилегијата со пасошот од оваа соседна држава секаде да се патува без шенген визи, но и заради нејзиното речиси сигурно зачленување во Европската унија во 2007 година. А каде сме ние со случаите од типот на Кондово? Доживеавме Џафери на сметка на нашиот страв и нерешителност да заработува политички поени. Зарем заборавивме дека кривично-правниот инструментариум е ултима ратио на правниот поредок во решавањето на кризните ситуации. А, ние дозволуваме кризните ситуации да ни ги решаваат старите волци Тачи и Џафери, “засилени” со Ахмети. Освен тоа, ваквото трио фантастикус беше во друштво со Даут Реџепи, алијас командант Лека, човекот кого роднините на 12 киднапирани Македонци од воениот конфликт во 2001 година директно го посочија како виновник. Но, власта е безгласна пред едно такво име, кое ете ни ги решава проблемите во Кондово. Ако дојдовме до дереџето еден Лека, Џафери, Тачи и Ахмети да ни ги решаваат кризите, тогаш што ни преостанува?! Еден наш професор има теза во која вели дека: “Релативизмот не е само мисловна претпоставка на демократијата, туку и цондитио сине љуа нон во нашите стремежи кон вистината. Или треба да се проповеда: апсолутизмот (на носителите на власта) е мисловна претпоставка на демократијата и услов без кој не може да се спознае вистината?”. Вистината е само една, а според професорот “соучесник во злосторствата, па и во предавството на татковината, може да се стане и со пасивност, со несторување, со молк. Или треба да се проповеда ‘молчењето е злато’”. И сé додека “мудро се молчи”, лека, полека контролата во државава е во нечии други раце!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

24

George Atanasoski


Makedonskata saga 30.12.2004

N

адежта последна умира или како што рекол писателот Карл Менингер: “Надежта е скромна, понизна, несебична, таа навестува напредок, таа е авантура, чекор напред - сигурна потрага по подобар живот”. Со многу надеж за поубава иднина ја дочекуваме 2005 година, а се збогуваме од 2004. Покрај сите негативности, падови и грешки на годината која измина, она што ќе ја направи забележана секако е новата страница на нашата историја која се случи дента кога САД нé признаа под уставното име. Заташканата, прикриваната, изобличуваната вистина за МАКЕДОНИЈА си го наоѓа своето место под сонцето. И светот ја осознава вистината за нашето постоење. Се затвора устата на оние кои со омраза и со злоба го оспоруваа постоењето на македонската нација, јазик, историја и култура. Признавањето на нашето уставно име од страна на другите држави ќе си дојде само по себе, а останува ние само да си ги средиме домашните проблеми и тешкотии. Откривањето на тешкотиите е доказ за остроумноста, но уште поголема остроумност е да се најде излез за нив. А Република Македонија, цела 2004 година ги бараше, ги детектираше проблемите, а тие само се напластуваа и множеа. Проблеми на политички, на економски план, чаре не можеше да се најде. Ако политички доживувавме колапси и доминација на малцинството, чиишто желби беа закон за мнозинството, економски тоневме станувајќи кандидат за Гинисовата книга на рекорди со постојаниот пад на индустриското производство. А, во меѓувреме на политичката сцена продефилираа многу политички фигури со ветувања и ветувања дека сé ќе тргне на подобро, ама... Мудреците рекле дека лошото извршување не е толку опасно колку нерешителноста. Има луѓе кои се сосема неспособни да донесат одлука и на кои секогаш им треба поттик отстрана; често тоа не потекнува од неможноста за заклучување, кое кај нив е многу бистро, туку поради тоа што немаат сила за активност. Од друга страна, постојат луѓе кои од ништо не се збунуваат, кои опфаќаат сé со своето знаење и кои имаат решителен карактер. Но, за жал, таквите креативни луѓе со решителен карактер ретко можат да дојдат до израз! Воопшто не е некоја новост ако слушнеме дека Македонија е на дното од земјите во регионот по директни странски инвестиции. За 14 години независност, во Македонија по основ на директни странски инвестиции се слеани 1 милијарда и 145 милиони долари, најмногу во услужните дејности: телекомуникациите, банкарството и осигурувањето. Престрогата макроекономска политика актуелна повеќе од една деценија, неконкурентната пазарна структура, слабата ефикасност на државните институции, корупцијата, немањето бизнис визија итн... Ова се само дел од причините зашто Македонија е на дното од земјите во регионот по директни странски инвестиции. Актуелната Влада нема алтернатива освен алармантно будење на долги години заспаната економија. Но, за момент да заборавиме на лошите работи и во Новата година да си посакаме мир, среќа, благосостојба, љубов, разбирање, правдина... Да си посакаме сите Македонци да се сплотат под истото наше македонско сонце, поединствени од кога и да биле претходно. Тие од Пирин, Егеј, Голо Брдо, но и тие од Австралија, Канада, САД, Германија, Швајцарија... Сите Македонци низ кои тече крвта Александрова и низ чии гени е забележано едно богато минато, гордо да им ја пренесуваат македонската вистина на своите потомци. Пред нас е и големиот христијански празник за Христовото раѓање, Божик, кој не е само празник на минатото и на сегашноста, туку е празник на Божјата иднина... За многу години Македонци каде и да сте! За многу години наша Македонијо, поробувана, угнетувана, но секогаш храбра и достоинствена, бидејќи само ти можеш да родиш храбри синови, гордост за човештвото. Не залудно се вели дека папокот на светот е токму тука во нашата Македонија. Нека ни е честит Божик и Нова година, која ќе биде во знакот на македонската вистина и во знакот на нашето македонско сонце!!!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

25

George Atanasoski


Makedonskata saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija" Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija e edna!!!

2005 ГОДИНА Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

26

George Atanasoski


Makedonskata saga 14.01.2005

D

а можеш да заборавиш, велат старите е повеќе среќа отколку умешност. Се збогувавме со претходната година која по многу нешта беше лоша, но би било добро кога сé што беше неубаво би заборавиле, а би останало само сеќавањето на убавите нешта, како што беше чинот на признавањето на нашето уставно име од страна на САД. Но, за жал, во реалноста граѓаните најдобро и најмногу се сеќаваат на она што е најдобро да се заборави. Паметењето не само што е нескротливо - бидејќи дотрчува тогаш кога ни најмалку не доликува. Сé што ни нанесува болка е опширно, а немарно за сé што може да нé усреќи. Често заборавот е единствениот лек за болка, а ние често го забораваме. Човек мора да го навикне своето паметење на она што е пријатно, бидејќи тоа е доволно да ни создаде рај или пекол. Сепак, во Македонија ретко се случуваат пријатни работи. Воопшто не делува пријатно податокот дека има 20.000 нови невработени во третото тримесечје од минатата година, регистрирани во Заводот за статистика. Најновите бројки од таму покажуваат рекордна стапка на невработеност од 37,7 отсто. Ако во првиот квартал од 2004 година биле регистрирани 307.095 лица, во вториот има намалување на невработените за приближно 6.000 лица и бројката е 301.508. Но, во третиот квартал бројот на невработени се зголемува на 322.410 лица. И никој не ја знае причината за високиот скок на невработените. Последниот извештај од статистиката евидентира дека од вкупниот број невработени лица 59,1 отсто се мажи, а 40,9 жени. Досега речиси сите владејачки гарнитури постојано алудираат дека бројот на невработените претставува најголем проблем за земјава, практично ништо не се презема за негово решавање. Она што е најпоразително, според последните бројки кои ги презентираше Државниот завод за статистика, Македонија е рекордер во Европа по бројот на невработените во однос на вработените лица. Што да се прави кога вообичаено власта повеќе се занимава со политика наместо со економија. И покрај многубројните гламурозни најавувања за големи странски инвестиции, од нив ниту трага, ниту глас, саде ветувања и надеж. Пречките за странските инвеститори мора брзо да се надминат бидејќи Македонија, со оглед дека приватизацијата е на крај, веќе нема што да продава и треба да создаде атрактивен пазар за странците преку лесни постапки за влез. Забелешките најмногу се на сметка на власта, која многу доцни со обезбедувањето услови за фер стопанисување, што подразбира реформи во судството, во катастарот и воведување едношалтерски систем, односно лесна и брза регистрација на трговски друштва. Кај нас сé е комплицирано. Премиерот Владо Бучковски за да ја подобри економската слика во државава, како што ветуваше, го ангажира Германецот Тео Вајгел, кој би требало да нé посоветува како македонската економија да се извлече од криза. Вајгел во три мандати беше министер за финансии на Германија во владите на Хелмут Кол. Й припаѓаше на сестринската Демохристијанска унија. Бил член на управни одбори на повеќе европски компании, а познат беше како силен поддржувач на еврото, буџетски дефицити не поголеми од 3 проценти, што стана и критериум за влез во Унијата. Креатор е на Пактот за стабилност и раст. За него уште се вели дека е заговорник на полиберални економски ставови. Дали германскиот стручњак ќе најде лек за болната македонска економија? Домашната експертска и владина елита во последниов период се подели околу политиката на курсот на денарот, спроведувањето на реформите, привлекувањето инвестиции, барањето решение за намалување на невработеноста. Министерот за финансии дури изрази сомневање и за ангажирањето советници, особено во преговорите со ММФ. Сепак, сите се согласни дека Македонија не смее да изгуби уште една година во барањето начини како да излезе од кризата. Вајгел не е прв стручњак што ќе ја советува македонската Влада. Пред 4 години Тупурковски и Георгиевски го ангажираа Хрватот Анте Марковиќ како советник, но од тоа резултати немаше. Ќе видиме што ќе стори Вајгел?! Постпразничната еуфорија привршува. Следува работа и работа доколку сакаме да го оствариме зацртаното. Доколку сакаме да ја придвижиме економијата кон позитивно салдо, доколку сакаме да станеме членка на НАТО и на Европската унија, доколку сакаме да ги елиминираме бројните проблеми... Верата е благословена од Бога да му дава на човекот кураж, копнеж, љубов и надеж да си го помине животот по патот на Бога. Без вера човекот е ништо. А нашата вера кажува дека Македонија мора да ја биде!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

27

George Atanasoski


Makedonskata saga 21.01.2005

S

тарите мудреци често знаеле да посоветуваат дека не е доволно само она што е главно за делото; потребни се уште и околностите кои го следат. Лошиот начин расипува сé, дури и она што е праведно и разумно; добриот начин напротив може да го надомести и едното и другото, па и она што всушност го нема; тој го позлатува и она што не постои, вистината ја засладува, а старото го прави младо. Она “како” многу значи во делата. Љубезноста ги освојува срцата. Убавото однесување го разубавува животот, а секој пријатен гест дава чудесна и миговна помош. Својата хуманост, љубезност, чудесна и миговна помош Македонија ја покажа и на дело. Околу 200.000 евра беа собрани во деновите на солидарност, за помош на настраданите од цунами во Југоисточна Азија. Граѓаните донирале околу 3 милиони денари преку телефонските повици, а од кутиите поставени на скопскиот плоштад и на повеќе продажни места се преброени повеќе од 700.000 денари. Преку забава и шоу програма, на телевизиска аукција донираше и македонската естрада, продавајќи делови од својата облека и предмети. Портретот на Есма достигна цена до 6.000 австралиски долари, евровизискиот костум на Тоше 50.000 денари, це-де на Симон Трпчевски се продаде за 28.000 денари. Ако на ова се додадат 1.800.000 денари од градот Скопје, исто толку евра во лекови и храна од Владата и 500.000 евра од Црвениот крст, Македонија на настраданите во цунами ќе им помогне со повеќе од 2.500.000 евра. Сé ова е одраз на големата широкоградост на Македонците како народ. Но, колку би било добро и исто така хумано кога ваква хуманитарна акција би се направила за, на пример, неразвиените подрачја во Македонија или, пак, на замрените рударски гратчиња, како што се Пробиштип, Злетово... Би било мошне покорисно кога наместо баснословните суми за гостувањето на Горан Бреговиќ за Нова година, на скопскиот плоштад би им се поделила парична помош на најсиромашните. Или, пак, кога би се отвориле повеќе народни кујни за до топла порција да дојдат и оние најгладните. Но, барем тука во Македонија, работите речиси никогаш не се одвиваат онака како што би требало да бидат, најнапред да бидат во интерес на Македонецот! Иако директно обвинет од роднините на 12 киднапирани Македонци за време на воениот конфликт од 2001 година, на командант Лека никој ништо не му може. ‘Батката’ уште се шепуреше низ Кондово изигрувајќи божемски миротворец. Наместо него јабана одат луѓе чија вина е што јавно се декларирале како патриоти. Од сите случаи во Македонија (меѓу кои доволно е да се спомне само за малтретираните работници од Маврово, затворање на вентилите на липковската брана, случајот Вејце и водството на ОНА), само Љуботен останува отворен, а сите други се отфрлени. За да се оцени дали ќе се покрене обвинение против Љубе Бошкоски ќе се спроведат дополнителни истражни дејствија. Во очекување на официјалното изјаснување на Хашкиот трибунал се огласи и претседателот Црвенковски. За него е неприфатливо ако само македонската страна биде обвинета за злосторства против човештвото во 2001 година. “Ценам дека доколку Хашкиот трибунал сака да го сочува и впечатокот на целосна принципиелност и објективност врз основа на тој доказен материјал треба соодветно да постапува, односно навистина би било тешко одбранливо дека само на едната страна се вршеле кривични дела против човештвото во текот на 2001 година”, вели Бранко Црвенкоски. Со други зборови, ако само Љубе сноси одговорност, излегува дека Хаг за некого е мајка, а за некого маќеа, а нашиот брат Љубе жртвено јагне, за сметка на криминалците кои се сторија “недопирливи” херои. Каде ли тоа го има? Наместо за Александар Македонски и за македонската фаланга, историјата во Македонија, основците ќе ја изучуваат рамковно. Вака одлучила Комисијата за историја од Министерството за образование. Според новите наставни програми, покрај историјата на македонскиот народ, основците ќе ја изучуваат и историјата на Албанија. Е, Македонијо до кое дереџе дојде? Со новите програми по историја веројатно ќе се појават и нови народни херои. Не е чудо и ако командант Лека или Баци, а за Ахмети и да не зборуваме, би можеле да се најдат во учебниците по историја. Сé е можно! А ќе се сети ли некој да спомне и за брат Љубе, кој тогаш кога требаше беше на браникот на Македонија? Како и дали македонските учебници ќе пишуваат за брат Љубе, ќе покаже времето?!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

28

George Atanasoski


Makedonskata saga 28.01.2005

A

ко некогаш беше уметност над уметностите да се знае да се зборува, денес тоа воопшто не е доволно. Денес треба да се знае и да се погаѓа односно, пред сé, треба нешто и да се сработи. На народот му е доста од ветувачки зборови како: навала од странски инвестиции, економски бум, загарантиран влез во НАТО и во ЕУ, крај на сиромаштијата, по еден вработен од семејството... Тоа време е минато, денес народот сака нешто реално, видливо, практично. Со други зборови дојде моментот кога “ветувачите” треба да ја разберат сопствената илузија. За жал, не може да биде разумен оној кој не разбира лесно. Дури има и такви кои копаат по срцата, и такви кои претставуваат вистински хиени за секоја намера. Вистината која е најважна, ја кажуваат само делумно, но сепак внимателниот и мудар човек целосно ја сфаќа. Една поговорка вели: “Впрегни го своето верување во сé она што го сакаш, а удри го со мамуза во она што го мразиш”. Во генералната оценка од Извештајот на Хелсиншкиот комитет за ситуацијата со човековите права во Македонија во текот на изминатата година е констатирано дека не постоеле услови ниту за практикување на правата и слободите на граѓаните, ниту за нивна заштита, а во повеќе случаи самата држава ги повредила и ги загрозила правата и слободите на своите граѓани. Годината која измина, Хелсиншкиот комитет ја карактеризира со натамошен негативен тренд на економијата, пад на стандардот на граѓаните и рестриктивна политика во однос на социјалните и работните права на граѓаните. Тие посочуваат и на поткопување на демократската држава, бидејќи моќта на легалните и на легитимните структури на власта се поместува во врвовите на политичките партии. Се негираат институциите на системот и се уништува администрацијата. Освен тоа, тие укажуваат и дека постои сериозно поткопување на владеењето на правото, нормите стануваат општи, законите се инвидуализираат. Забелешки се упатени и на практиката на ретроактивното дејствување на законите, најчесто на штета на граѓаните, како и на тоа што самата држава не ги почитува договорите кои сама ги потпишала и законите кои ги донела. Хелсиншкиот комитет забележува и на нефункционирањето на институцијата Народен правобранител. Покрај ова, се посочува и на фактот дека сега е избран народен правобранител кој е член на владејачка партија, кој нема никакво познавање од областа на човековите права и слободи, а единственото објаснување зошто е избран е бидејќи - тоа е предлог на пратеничката група на ДУИ. Ете, така нé окарактеризираа аналитичарите од Хелсиншкиот комитет. Покрај битката за спорот со името, Македонија не е поштедена ниту од својот источен сосед. Во последното истражување на Лондонскиот институт за воено и мирнодопско известување, посветено на бугарската политика кон Македонија, има алармантен наслов - “Македонија во топлата прегратка на Бугарија”. Во истражувањето подготвено во Софија, се отвора прашањето дали зад бугарската политика на позитивна дискриминација на Македонците, кога се во прашање универзитетите и бугарските пасоши, всушност не се крие обид за нивна асимилација. Од друга страна, пак, се наведува дека Бугарија станува сé поатрактивна за Македонците поради подобрувањето на нејзината економска состојба и перспективите за членство во Европската унија... Е, како ли се менуваат времињата! Па, само до неодамна ние бевме Америка за Бугарите!!! Заканата за Македонија, за жал, не доаѓа само од Бугарија. Времето на Косово му истекува, предупредуваат од Меѓународната кризна група (МКГ). Сегашниот статус кво веќе не држи, а евентуалната поделба на Косово меѓу Србите и Албанците, ќе ја скрши Македонија и ќе го зголеми притисокот за поделба на државата по етнички линии. Според сé ова државава ни ја сардисуваат од сите страни... А нашата Влада решила да ја “среди” економијата за што го ангажира и Теодор Вајгел, кој на голема врата изјави дека ја прифаќа понудата. Германските медиуми и институции кои се занимаваат со економски анализи меѓу кои Дицајт, Берлин онлине,убе уни констанц, рандом хаус и марген пост го нарекуваат “Кралот на долговите и на буџетските дупки”. Правникот Теодор Вајгел беше сојузен министер за финансии во периодот од 1989 до 1998 година, во време кога германски канцелар беше Хелмут Кол. Во анализите за економската состојба на Германија, кои се објавени и на Интернет, е наведено дека во министерскиот мандат на Вајгел дошло до рапидно зголемување на бројот на невработените, до намалување на конкурентноста на германското стопанство, пропаѓање на системот на социјална и здравствена заштита, зголемување на неефикасноста на пензинскиот систем, влошување на пазарот на трудот, погрешна фискална политика. Во овој период задолжувањето на Германија се зголемило за 101 отсто, со што во 1996 година бил постигнат негативен рекорд од ново задолжување на годишно ниво за повеќе од 40 милијарди евра. Е, како ли само господинот Вајгел, по ваквите негови перформанси, ќе успее да ја излекува македонската болна економија, останува да видиме! Можеби човекот има волшебно стапче?!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

29

George Atanasoski


Makedonskata saga 04.02.2005

E

дна стара поговорка вели: “Господ да те чува од лоши пријатели, а од душмани сам ќе се чуваш”. Македонија децениски е опседната од лошите пријатели и душмани, како мета на аспирациите на соседите, вечно јаболко на раздорот. И не треба многу да зборуваме за македонскиот јужен сосед и неговиот лажен аргумент дека само Грција има право да го користи името МАКЕДОНИЈА и античкиот МАКЕДОНСКИ симбол “ЅВЕЗДАТА ВЕРГИНА”! Освен тоа, Грците ни забележуваат за нашиот Устав, според кој Македонија се обврзува да се грижи за Македонците надвор од матичната држава, кој според јужните ни соседи е оквалификувано како можност за територијална аспирација. А за да биде присутен и парадокс, грчкиот Устав во членот 108 предвидува грижа на Атина за грчката дијаспора. Има ли тука грам логика? Има ли оправданост тоа што само поради нив речиси цел свет почна да нé “фиромира”, па сега мака мачиме да ја отстраниме етикетата која лесно се добива, а тешко се симнува! Зарем има оправдување за баналноста за долгометражниот дијалог за спорот со името?! За Бугарија и за спорот со јазикот и нивниот обид за наше “побугарчување” ич да не говориме. Но, македонските проблеми, за жал, не запираат тука. Двајца македонски граѓани се на најновата црна листа на ЕУ. Едниот - актуелниот пратеник на ДПА - Ружди Матоши, според Европската унијата е вклучен во екстремистички активности, насочени против стабилноста и безбедноста на Македонија, водачот на кондовските вооружени групи - Агим Красниќи и уште 7 имиња, државјани на Србија и Црна Гора, Косово и Албанија. Некои од нив како Емруш Сума и Таип Мустафај се спомнуваат во извештаи на странски разузнавачки служби како главни организатори на радикални групи во регионот, додека Идает Бекири се поврзува со активностите на терористичката АНА. Останува нејасно до кога ќе остануваме глуви на предупредувањата на странските аналитичари. Според еден странски аналитичар, чекор по чекор албанското малцинство во државава се обидува да ја спроведе добро замислената шема: најпрвин да добијат статус на конститутивен народ, потоа врз база на тоа да спроведуваат еден вид автономија и на крај да остварат сецесија, како и другите цели - обединувањето на Косово. Според аналитичарите, срцето на проблемот всушност лежи во фактот дека никој не може да ги убеди Македонците, а уште помалку да им гарантира дека албанското малцинство во државава не би прогласило своја сопствена република во рамките на нашата. Треба ли да се заборави албанскиот илегален интерен референдум на 11 и 12 јануари 1992 година?! Странските аналитичари децидно се сомневаат во добрите намери на албанското малцинство, особено кога станува збор за заедничката, мирна иднина во рамките на Република Македонија! И со вакви проблеми ние сакаме Македонија да ја биде! Да биде успешна и перспективна и на економски план. Да ставиме точка на лошите работи кои економски нé уништуваат. Но, и тука аналитичарите имаат лоши оценки! Економските резултати во изминатата 2004 година се најлоши од осамостојувањето, оценуваат познавачите на состојбите. Рекордна стапка на невработеност од 37 проценти, најголем пад на бруто-домашниот производ, застрашувачки трговски дефицит од повеќе од милијарда долари итн... Има ли излез? За да се надмине оваа состојба потребно е да се создаде инвестициона клима, преку намалување на каматните стапки, полесен пристап до капиталот, сигурност и предвидливост на регулативата, советуваат економските аналитичари. Но, не е убаво сé да гледаме низ црни очила. Сепак, експертскиот тим на македонскиот премиер се прошири со Владо Димовски, ексминистер за труд и социјала на Словенија. Освен тој, во шема за влез во тимот е и поранешниот шеф на дипломатијата на Германија, Клаус Кинкел, кој би лобирал за Македонија пред Европската унија, а особено за полесен и побрз пристап на земјава до европските фондови. Можеби советите од експертите ќе нé тргнат од статус кво економската состојба?! Кога сме кај ЕУ, конечно и Европрашалникот е одговорен, работата целосно е завршена, останува на 14 февруари во Брисел да му се предадат одговорите на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. А потоа здравје и доза позитивна енергија! “Ветив дека во 2006 година Македонија ќе добие статус на земја-кандидат за членство во ЕУ. Сега, 45 дена од мандатот можам да констатирам дека секој ден сме поблиску до оваа цел”, изјави со видливо задоволство премиерот Владо Бучковски, повикувајќи се на изјавата на еврокомесарот Оли Рен дека Македонија може да добие одговор и статус земја-кандидат веќе до крајот на оваа година. За да го оправда својот презентиран оптимизам, премиерот Бучковски најави дека Владата ќе ги афирмира најдобрите стручњаци и ќе ги направи најдобрите потези во економијата со цел да продуцира развоен моментум. Надежта последна умира нели?!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

30

George Atanasoski


Makedonskata saga 11.02.2005

V

о времето на општата еуфорија околу нашето членство во Европската унија, додека обидите за членство прераснуваат во игри без граници, зошто нашите погледи да не ги насочиме кон државата која својата љубов ја покажа признавајќи нé под уставното име. Зошто Република Македонија не би аплицирала за влез во САД како нејзина 52ра држава? Токму сега,во вистинското време, Соединетите Американски Држави на дело покажаа и докажаа колку нé почитуваат и колку ни веруваат, а зошто и ние не би го сториле истото? Наместо кон членство во ЕУ, макотрпното одговарање на европрашалникот, спроведување реформи кои ги налага Унијата, ние да се стремиме кон аплицирање да станеме дел од најмоќната држава во светот САД, која воедно е и голем пријател на Македонија?! Моите лобирања САД да нé признаат под уставното име веќе се реализираа, па зошто не би успеало и нашето аплицирање за 52 членка на САД?! Досега Република Македонија не виде голем ‘аир’ од амбициите да стане дел од европското семејство, а за тоа колку сме несреќни како народ говорат и истражувањата. Македонскиот народ својата среќа ја оценувал со 4,9 на скалилото од 1 до 10, покажува истражувањето од светската база на податоци, што веќе 20 години во 90 земји го спроведува холандскиот универзитет Еразмо од Ротердам, а резултатите се објавени на веб-страницата на Универзитетот. Резултатите од истражувањето спроведено од холандскиот универзитет покажуваат дека Македонците се најнесреќни меѓу народите на Балканот. Со својот живот меѓу задоволните и среќни е и американскиот народ со 7,4 на скалилото. На самото дно на среќа се Ерменија, Молдавија и Зимбабве. Последна е Танзанија која својата среќа ја оценува со 3,2 од скалилото од 1 до 10. Литванија и Летонците ја оценуваат својата среќа исто како и Македонците со 4,9, додека Романците и Бугарите се понесреќни и од нас. Токму ваквите истражувања би требало да ни бидат показател каде да ја бараме среќата. И уште еднаш гласно ќе кажам дека Република Македонија има еден голем и верен пријател во лицето на Соединетите Американски Држави. Зарем треба да заборавиме дека Соединетите Американски Држави, само неколку часа откако Џорџ Буш беше реизбран за претседател на САД, решија официјално да ни се обраќаат со Република Македонија, што претставуваше прва одлука на официјален Вашингтон, која произлезе од вториот мандат на Буш во Белата куќа. Вистинската среќа би дошла тогаш кога ние би станале 52 држава од престижните во светот. Ако среќата ги следи храбрите, тогаш не е доцна да аплицираме за да станеме дел од најмоќната држава!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

31

George Atanasoski


Makedonskata saga 18.02.2005

S

о години наназад атлетичарите се обидуваат една милја да претрчаат за помалку од четири минути и тоа изгледаше како непремостлива пречка. Тогаш, на 6 мај 1954 година британскиот тркач Роџер Гилберт Банистер претрча една милја за 3.59,4 минути, и постави нов светски рекорд. Често прифатените ставови ги сметаме за факти. Едноставно, човек пред себе треба да си постави цели. Но, на патот кон зацртаните вредности тој не треба да се ограничува со мали работи. Повеќето луѓе никогаш не доаѓаат до нивоата за кои се способни, бидејќи пред себе и не си поставиле таков предизвик. Можеби тоа најдобро го изразува истакнатиот Американец Роберт Браунин со зборовите: “Човекот би требало да допре и до она што е надвор од неговиот дофат. За што инаку служи небото”. Всушност, најчесто човекот сам си ги поставува менталните ограничувања! Тоа важи и за Македонија, колку високо ќе ги зацртаме своите цели, толку и ќе постигнеме. Во државава претстојат локални избори и според Единствениот избирачки список, кој беше подготвен од Министерството за правда, запишани се 1.711.293 граѓани со право на глас. Тие ќе можат да гласаат за градоначалници и за советници на 84 општини и на градот Скопје на 2.976 избирачки места. Во предизборната кампања граѓаните по којзнае кој пат можат да се изнаслушаат за розови ветувања, разубавувања на градови, нови патишта, спортски сали итн. Првиот човек на мисијата ОДИХР, која ќе ги набљудува изборите, ги повикува власта, партиите и сите граѓани - на фер и демократски избори, според меѓународните стандарди. “Овие избори претставуваат огромен тест за политичката волја и зрелост на Македонија. Секој ќе има своја улога, своја задача и секој што ќе биде вклучен ќе има дел во групната одговорност во овие избори”, рече Џулијан Пил Јеитс, шеф на набљудувачите на ОДИХР. Како македонските политичари ќе го положат и овој тест, ќе видиме. А интересно е да се наведе податокот дека правото на глас го изгубиле 15.000 луѓе кои живеат во странство, зашто не ја пријавиле адресата на живеење во Македонија, а од тие што живеат во странство, ќе можат да гласаат околу 55.000 лица. Македонија ги почна преговорите со Меѓународниот монетарен фонд и многумина го поставуваат прашањето дали новиот аранжман ќе трае само до парламентарните избори или и по нив? Според познавачите на состојбите, траењето е многу важно, бидејќи ако аранжманот е пократок, тогаш ќе содржи и помалку реформи. Ако, пак, трае подолго од две години, ќе биде и пореформски. Веќе е позната пораката од монетарците која вели: реформи и само реформи! На колку години ќе се реши ММФ, ќе зависи од нивната убеденост дека и следната Влада ќе ги почитува договорените обврски. Но, што да се договара кога кутратата ни македонска економија саде тоне ли тоне! Сега е отворено прашањето, во јануари догодина ќе се прецизираат обврските, а потоа ќе бидат потребни уште најмалку три месеци, согласност да даде Бордот на директори на меѓународниот фонд. Трите преговарачки страни, ММФ, Министерство за финансии и Народна банка, согласни се дека основа за подобрување на перформансите на македонската економија се единствено структурните реформи. Шефот на мисијата на ММФ во Македонија, Франек Розвадовски, рече дека во областите и во институциите кои треба да се реформираат, најбитно е да се создаде пофлексибилен пазар на работна сила, суштински промени во државните фондови кои даваат социјални услуги, особено здравствениот фонд и темелни реформи во судството. Утврдената макроекономска рамка за идната година е раст од 3,8 проценти, инфлација од 1,5 и дефицит во централниот буџет од 0,9 проценти. Да сме живи и здрави, па ќе видиме што од сé тоа ќе стане и реалност! А бедата во економијата предизвикува и беда кај народот, па така и стапката на невработеност во земјава изнесува 37,7 отсто, според Заводот за статистика, кој се повикува на последните податоци од Анкетата на работната сила. Но, за да ни тргне, пред сé, мораме да ги зацртаме нашите македонски национални стратешки и економски интереси и предизвици. Ако сакаме државава да ни опстане, најмногу мораме да се сконцентрираме и да работиме на заживување на економијата. Само со вистински вредности и со вистински луѓе на клучни позиции можеме да постигнеме економски просперитет на Македонија! Но, имаме ли такви? Можеби локалните избори ќе ни бидат добар тест!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

32

George Atanasoski


Makedonskata saga 25.02.2005

D

околку сите успешни Македонци - бизнисмени, каде и да се во светот, би се здружиле, тогаш би можело да се спаси Електростопанство на Македонија од продажба на странски газда, а најмногу би се спасил македонскиот граѓанин и би се избегнала опасноста тој уште еднаш дебело да плаќа цех од својот плиток џеб! Една народна приказна вели: ”Си биле двајца сиромашни кои имале една кокошка што им носела по едно златно јајце. Но, незадоволни од тоа тие ја заклале за одеднаш да се збогатат и за да го извадат целото злато од неа. Но, со тоа тие останале и без тоа едно златно јајце. На крај сфатиле каква глупост направиле, но веќе било доцна...”. Откако го продадовме Телеком и се изгоревме како што се изгоревме, сега место да дуваме и на матеница, ние сакаме да ја продадеме и последната кокошка која ни несе златни јајца - Електростопанство на Македонија. Има ли надеж, има ли спас од еден ваков потег на власта? Всушност, зошто мора токму сега, поточно до крајот на оваа година ЕСМ да се приватизира, кои тоа европски и други директиви налагаат такво нешто, ако се има предвид дека Република Словенија веќе е членка на Унијата, но сé уште го нема приватизирано своето Електростопанство?! Зошто, немајќи вистинска причина, ние тоа би го направиле први во регионот, свесни дека правиме грешка?! Зарем Телеком, манипулациите и прескапиот телефонски импулс не ни беа доволна поука? Зарем некаде во светот има пример за продавање на златната кокошка?! Многу пати досега експертите предупредуваат на тешките последици од избраниот модел за продажба на ЕСМ. Во време кога енергетиката станува најпрофитабилен бизнис секаде во светот, ќе биде кардинална грешка доколку македонската држава го продаде ЕСМ. Јавноста, исто така, изразува отпор кон продажбата на ЕСМ. Доколку Собранието не распише референдум на кој би се одлучувало за продажбата на ЕСМ, опозицијата има резервен план, според кој ќе ги собира потребните 150.000 потписи, по што Собранието ќе мора да го стори тоа. И граѓанските здруженија објавија дека ќе собираат потписи против оваа продажба. Во моментов во ЕСМ има 7.000 вработени, тоа располага со 1.500 мегавати инсталирана моќност, што на еден мегават му доаѓа близу по 4 вработени. Нормален просек во светот е 1,5 вработени на 1 мегават инсталирана моќност. Ако Владата го продаде Електростопанство, тогаш ќе направи една од клучните приватизациони грешки, поради која најмногу ќе трпат граѓаните, предупредуваат македонските експерти. Тие со аргументи го критикуваат моделот кој е избран: да се продаде цело ЕСМ, а приватниот газда ќе нема кој да го контролира. Според проценките, Електростопанство не е загубар, иако се соочува со превработеност која приватникот нема да ја трпи. Тој ќе го намали бројот, ќе имаме уште една армија невработени, ќе има поскапа струја и нема да биде како што е кажано - профит од 2-3 милиони евра, туку ќе се зголеми на 50-60 милиони евра, анализираат доброупатените познавачи на состојбите. Имено, експертите посочуваат дека посреќно решение е делумната приватизација. Може да се продаде дистрибутивната мрежа или термоцентралите. За експертите е најдобро да се продадат од 20 до 30 отсто од акциите, но никако сé, за да не дојде до тоа Македонија да ги оттуѓи езерата и јагленовите богатства. Само рудата вреди повеќе од милијарда долари, што е три пати повеќе од парите кои Владата ги очекува (од 300 до 400 милиони евра). Доколку се слушаат експертите, многу помудро е државата да остане главен стопан на ЕСМ. А за нив е смешна вредноста која Владата ја очекува од продажбата на ЕСМ. Според проценките, само хидроцентралите и дистрибутивната мрежа вредат околу 2 милијарди долари, а годишниот профит од ХЕЦ е 50 милиони евра. Познавачите на состојбите уште и посочуваат дека може да се приватизираат максимум 30 отсто од ЕСМ, но минимум 51 процент мора да остане во државна сопственост. Може да се приватизираат 20, 30 или 40 проценти, но никако повеќе од 51 отсто. Тие посочуваат дека не смее да се размислува за приватизација на хидроцентралите, кои се најпрофитабилни стопански објекти и производни капацитети што временски и технолошки не застаруваат. Соседните држави воопшто не размислуваат за нивна продажба, а некаде дури и со закон е забранета приватизацијата на ХЕЦ. Освен тоа, шестте големи ХЕЦ во ЕСМ се ревитализирани со кредит од Светска банка. Според сé, не треба да брзаме со продажбата на ЕСМ пред другите земји во регионот, а приказната за двајцата сиромашни со кокошката која несе златни јајца нека ни послужи како добра поука!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

33

George Atanasoski


Makedonskata saga 04.03.2005

D

еновиве Македонија личи на селски панаѓур, со сите материјали за кампањата за локалните избори, со спектакуларните ветувања, насмеаните лица и певливите песни! Но, наспроти фалбите од политичарите и критиките за ривалите, американскиот Стејт департмент во својот годишен извештај за 2004 ни забележува на неефикасното судство и непримерното и непрофесионално однесување на некои судии, незавршени судски постапки, истраги и слично. Неефикасното судство и корупцијата сé повеќе метастазираат во македонското општество! Спомнуваат случаи на корупција во полицијата, но и во судството, кое според оваа организација, е слабо и под политички притисок. Во врска со медиумите, тие велат дека сé уште не се целосно независни, Владата не стопанисува со медиумите, но врши притисок, особено во нивното економско работење и спроведува индиректна цензура. Во извештајот е спомната и судската постапка поведена против Љубе Бошкоски за случајот “Раштански лозја”, но без поголем коментар. Ја спомнува и истрагата која ја врши Хашкиот трибунал за случаите од 2001 година и дека амнестијата на припадниците на ОНА не важи за истрагите на Трибуналот. Департментот единствено ги фали македонските власти за спроведување на обврските од Рамковниот договор и донесувањето на Законот за локална самоуправа. Додека ги слушаме ваквите извештаи, Албанците во Република Македонија не мируваат со своите мегаломански барања и преголеми претензии. Ниту помалку ниту повеќе - тие бараат да се сменат државните симболи, односно химната и знамето, за Албанците да ја чувствуваат Македонија како своја држава. Претседателот на ДПА, Арбен Џафери, смета дека Македонија треба да усвои нова химна со хуманистичка порака и музика, како таа на Бетовен, Шопен или на Бах. Тој вели дека е нереално да се очекува Албанците да се идентификуваат со химна која ги слави Гоце Делчев или Питу Гули, иако тој ги почитува како историски личности, како што ниту Македонците би се идентификувале со химна во која би се пеело за Јумни Јонузи. За него било ризично Албанците сега да се интегрираат во Македонија без да добијат целосна рамноправност, бидејќи тоа би значело нивна асимилација. Тој предлага да се смени и државното знаме. Според Џафери, државното знаме треба да е прифатливо за сите граѓани за да може потоа и Македонците и Албанците и другите да имаат свои национални знамиња т.е. тој заборава каде живее и како се вика таа држава! А што потоа ќе бара Џафери кога евентуално би му се исполнила и неговата музичка желба?! Тој уште се заканува и најавува дека ако власта е глува за овие барања, можно е Албанците својот револт да го изразат преку протести и граѓанска непослушност. До кога ли ќе дозволуваме вака да ни се закануваат?! А, наспроти ваквите “нескромни” барања нема да кажеме ништо ново ако спомнеме за катастрофална невработеност, необразовани луѓе, млади кои учат факултет, не само поради наобразбата, туку колку да не седат без работа по средното образование, иако и потоа не ги очекува работно место... И токму со ваква слика Македонија ќе биде претставена пред Европската унија, преку првиот извештај за состојбата на пазарот на трудот изработен од Европската фондација. Оваа прва анализа, само во англиска верзија, врз основа на која Европа ќе дава пари за проекти во Македонија, не ја слушна ниту еден министер. Во анализата е наведено дека во Македонија невработеноста постојано се зголемува, а вработеноста се намалува. Само 38 проценти од работоспособните луѓе работат. Во Европската унија овој процент е речиси двојно повисок - близу 65 отсто. Истражувањата покажале дека македонското стопанство, особено во помалите градови, не бара образовани луѓе, туку занаетчии. И додека европските земји ќе бркаат нови, уште повисоки стандарди за вработување, на македонската Влада й се препорачува да преземе итни мерки за да ја ублажи катастрофалната ситуација на пазарот на трудот во земјата. Македонија, која беше наречена пробно зајаче од европскиот претставник, е прва земја од Западен Балкан во која се прават вакви анализи. А ние за да знаеме какви сме и со што се соочуваме постојано сме под анализи и истражувања. Приказна сама за себе! Ако продолжат ваквите истражувања и анализи ретко ќе може да се најде некоја светла точка во нашата економија, но и во целата држава. Античкиот мислител и мудрец Тукидид запишал: “Силните го прават она што можат, а слабите она што мораат”. Останува мошне нејасно до кога Македонците ќе го праваат она што мораат и кога веќе еднаш ќе се ориентираме кон она што можеме?!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

34

George Atanasoski


Makedonskata saga 11.03.2005

I

стакнатиот голем ум, Алберт Ајнштајн во една прилика рекол: “Светот кој е создаван досега има проблеми кои не можат да се решат ако се размислува на начин на кој е мислено кога е создаван”. Кога се создаваше и се градеше македонската државност, дали се мислеше дека ќе имаме вакви проблеми какви што си имаме? Дека ќе имаме армија невработени, економија која е како вејка на ветрот, правен систем во костец со митото и корупцијата, национални стратегии за ова и за она, кои единствено постојат само на хартија и никаде повеќе, институции во кои граѓаните гледаат повеќе со сомневање отколку со доверба... Во најновиот извештај на Обединетите нации за навремено предупредување за проблемите во Македонија се посочува дека дури 80 проценти од граѓаните немаат доверба во македонските институции и во нивниот капацитет да ги решат проблемите. Авторите, четворица домашни експерти, велат дека кај народот се забележувале мали знаци на надеж, нијанси од “светли точки”, но проблемите остануваат исти, со тоа што сега корупцијата избива на второ место, како најголем проблем во земјава, веднаш зад невработеноста. Знаејќи го тоа й се препорачува на Владата да ја искористи оваа состојба и навистина да стори нешто за подобрување на економијата, демократијата и особено на социјалните услови за живот. Но, ова не е прв пат констатирано и не еднаш да сме слушнале повратно гламурозни најави од власта дека сега конечно ќе ни тргне на подобро. Дека од странски директни инвестиции глава нема да кренеме и дека како игла во сноп сено ќе можат да се најдат оние што се невработени... Но, сé тоа беа само празни зборови, само ветувања, ништо конкретно и конструктивно! Овој извештај на ОН, кој обично се толкува како порака од меѓународната заедница до власта, вели дека не можат да се очекуваат реформи во Македонија без одговор од власта и создавање функционален тим за реформи. Од власта се бара поголема транспарентност при продажбата на ЕСМ и се предупредува дека цената на електричната енергија допрва ќе се зголемува, со што ќе се удри и врз животниот стандард на граѓаните но и на македонските фирми кои се ниско конкурентни. Па, имало ли бетер од ова денешново животарење и скапотија?! Всушност, граѓаните заслужуваат да бидат информирани за сé што нив, ги засега, особено кога тоа се однесува на нивниот џеб, а власта е должна секогаш да покаже транспарентност за сите свои активности! Од власта се бара и намалување на даноците, за фирмите да можат да имаат повеќе пари за инвестиции. Овој извештај, пред сé, е наменет за навреме да ги предупреди “надлежните” на некои можни ризици во општеството. Но, колку власта ќе “стресе коски” од ваквите извештаи, имајќи предвид дека долго време не слушнала ништо добро од вакви и слични извештаи! А, кога сме кај проблемите, пред некој ден претседателот на државата, Бранко Црвенковски, јасно и гласно кажа: “Ние веќе си немаме проблем со името, има проблем Грција - името нема да го менуваме, светот нé призна”, при што срамежливо додаде: “Но, можни се дестабилизации со Косово”, односно тој потврди дека ние не можеме без проблеми. “Никогаш како сега Македонија немала толку добри односи со соседите во сите сфери”, рече претседателот. Блазеси ни!! Според Црвенковски, две клучни прашања се важни за државава - разликите со Грција во однос на името и финалниот статус на Косово. “За Белград и за Приштина финалниот статус на Косово е приоритет број еден, а за Македонија е поважно дали ќе биде организирана територија со правен поредок каде што ќе владее законот, отколку како ќе биде формулиран финалниот статус на Косово”, рече претседателот Црвенковски. Шефот на државата нагласи дека Македонија останува на позицијата дека нема да го менува своето уставно име, нешто што веќе го знаат и врапчињата. На домашен план, како приоритети во 2005 година, претседателот ги посочи спроведувањето на Рамковниот договор и интеграцијата во ЕУ и во НАТО. За во иднина, односно за наредната година кога ќе се одржи Самитот на НАТО, Црвенковски очекува дека Македонија ќе добие покана за влез во Алијансата. Би завршил со мислата на Ерик Хофер: “...Иднината им припаѓа на оние кои во време на големи промени се подготвени да учат, а оние кои мислат дека немаат што повеќе да учат, ќе останат затечени во свет кој повеќе не постои...”.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

35

George Atanasoski


Makedonskata saga 18.03.2005

N

еодамна беше македонскиот празник Прочка, кога според обичајот едни на други си ги простуваме грешките. Очигледно, имајќи предвид дека во државава имаме многу ‘грешки’, малку сме барале прошка и сме простувале. Оти, не знам дали во некоја друга држава вака како во нашава сите политички партии се прогласуваат за победници и сите се експерти за ‘перење мозок’ за време на предизборните кампањи, кога можат и знаат и дупка на некоја улица да подзакрпат. Но, нејсе, Македонија оди натаму, а со неа сите проблеми и дилеми и неизбежната корупција, која дејствува во сите пори на општеството. Всушност, одамна изумивме што значеше зборот чесност! На чесното однесување му е дојден крајот: обврските не се признаваат; ретко се случува меѓусебно фалење за своето грижливо однесување, па дури и најдобрата услуга најмалку се наградува. Денес тоа е обичај во цел свет, а можеби најевидентен е тука кај нас, во нашава Македонија. Постојат и цели народи наклонети кон лошотилакот. Секогаш, од едни треба да се плашиме од предавство, од други од непостојаност, а од трети од измама. Но, лошото однесување на другите за нас нека не биде пример на кој ќе се угледуваме, туку пример кон кој ќе бидеме внимателни. Притоа, постои опасност при гледањето на таквото неубаво однесување да се разниша чесноста и на чесниот човек! Грција ја предупредила македонската Влада дека ако не ја промени настојчивата позиција за спорот со името, на државата ќе й бидат отежнати европските перспективи, како и евроатлантската интеграција. Ова беше најновата од серијалот заканувачки ноти од нашиот јужен сосед. Овој пат предупредувањето било искажано од грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јанис Валинакис, кој беше во посета на САД. Имено, Валинакис ја повторил позицијата за спроведување “реален, а не неформален дијалог” за изнаоѓање решение за грчко-македонскиот спор. А, во меѓувреме САД ја објавија црната листа на судии кои милувале да си ги чуваат “предметите” во своите фиоки толку долго што тие фаќале и пајажина. Откако ги објавија непопуларните листи, судиите нека се подзамислат. Но, нашето судство би требало од корен да се размрда, а што е со реформите? А, што беше тоа чесност, правда, правдина, правичност? Ерхард Бусек, претседател на Пактот за стабилност, на неодамнешниот Самит во Скопје, освен невработеноста, како главен проблем во Македонија го смета немањето странски инвестиции. И овде порака - тие не доаѓаат на купче, за нив мора да има натпревар. “Не е само судскиот систем, туку и поради администрацијата и транспарентноста на процедурите и натпреварот за инвестициите. Странските инвестиции не доаѓаат на купче. Треба да се натпреварувате”, вели Бусек. Како лош пример Бусек го наведува банкарството, во коешто за разлика од другите земји во регионот, во Македонија нема странски банки што, пак, според него, е предуслов за привлекување и други инвестиции. Почитуваниот господин Бусек како да подзаборави и на болеста која од ден на ден сé повеќе се шири во државава. Некои ја нарекуваат сиромаштија, некои беда, а некои мизерија. Како и да е, потрошувачката кошничка сé повеќе и повеќе тежи на празниот џеб. Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци на четиричлено семејство пресметана врз основа на цените на мало, минатиот месец изнесуваше 9.971 денар, а во однос на јануари годинава е повисока за 1,4 проценти, според неодамна објавениот извештај на Државниот завод за статистика. Но, мудрите велат дека човекот ништо не го понижува повеќе отколку кога ќе дозволи да видат дека е само човек!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

36

George Atanasoski


Makedonskata saga 25.03.2005

@

ивотот е како филмска претстава. Сами сме си продуценти на нашите претстави, вели Мике Тодд. Нашиот јужен сосед не стивнува туку ги интензивира своите активности и продолжува да ни прави опструкции секаде каде што ќе стигне. Всушност, нели сами сме си продуценти на нашите претстави, па така и ние грешката ја направивме уште тогаш кога нé признаа Соединетите Американски Држави и не ги “откачивме” почитуваните соседи од југот, дозволувајќи долгометражниот дијалог со нив да трае до бесконечност. Тогаш едноставно требаше да им кажеме - баста, финито! “Предлагаме политичко решение врз кое навистина ќе можеме да дојдеме до решение на проблемот. Секако, треба да има одговор и од другата страна, но ние сме подготвени да најдеме решение”, неодамна во Берлин одговори грчкиот премиер Костас Караманлис кога “Дојче веле” го праша какво решение предлага Грција за проблемот со македонското име. Германскиот канцелар Герхард Шредер, кој му беше домаќин на Караманлис, со укажување дека високо го цени заклучокот на Бундестагот, со кој на германската Влада й беше дадена задача да го употребува уставното име на Македонија во рамките на ЕУ, но и со дополнување: Доколку на Македонија навистина й се дава можност за процес на приближување кон ЕУ, тогаш Грција й е потребна. Односно, таа треба да нé поддржи, а како на земја која се декларира како лулка на демократијата не й личат заканите и другите изливи на лоша волја и постојаниот негаторски став кон северниот сосед Македонија. Инаку, за потсетување, германскиот Парламент ја задолжи Владата на Шредер да се залага за употреба на уставното име на Македонија. И Велика Британија има свое видување за признавањето на нашето уставно име. Имено, Комитетот за надворешна политика на британскиот Парламент смета дека непризнавањето на Македонија под нејзиното уставно име “нема никаква основа”, додека британската Влада сé уште го дефинира ова прашање како “длабоко емоционално” во однос на Грција. “Не постои никаква основа, ниту база, ниту реалност да не й се признае уставното име на Македонија и да не й се дозволи да го користи своето име”, изјави во Лондон претседателот на Комитетот, Доналд Андерсон, член на владејачката Лабуристичка партија. Според него, проблемот околу ова прашање треба да се сфати на “ниво на разум”, а не на “ниво на страсти”. И на британската Влада й “боде очи” преголемата доза на емотивност која се искажува од грчка страна кога станува збор за Македонија и признавањето на нејзиното уставно име. “Проблемот околу името всушност е длабоко емоционално прашање во однос на Грција”, изјави британскиот министер за Европа, Дејвид Мекшејн. “Многу пријатели Грци емотивно реагираат на овој проблем”, нагласи тој. Во своите заклучоци, Комитетот ја повика Британија, во соработка со Германија и Франција, и останатите европски партнери да ја признаат Македонија под нејзиното уставно име. Но, токму ваквите и слични најави ја прават Грција сé понервозна и ја доведуваат до ситуација да “осмислува” потези за подобра тактика во студената војна која ја води со Македонија. Често пати Грците се доведуваат во ситуација да прават и смешни гафови, а последната вест пристигна од Турција, каде што Грција се повлече од балканскиот фудбалски парламентарен турнир поради Македонија. А претходно слично искуство имаше и Бучковски кому не му беше дозволено да ја прелета Грција, затоа што на авионот стоело името Македонија. Но, за разлика од сите грубости кои ни се приредуваат од јужниот сосед, сé повеќе и повеќе Македонија се јавува под своето уставно име. На неколку официјални веб-сајтови на Обединетите нации нашава држава се појавува под своето уставно име, официјалниот јазик се означува како “македонски”, а населението како “Македонци”. На ова бурно реагирале Американците со грчко потекло, кои му се обратиле на генералниот секретар на светската организација Кофи Анан и на членовите на ОН да го заменат сајтот мацедониаЖун.инт со фѕромЖун. инт. “Ви свртуваме внимание итно да ја решите оваа ‘многу’ сериозна грешка на веб-страницата на Обединетите нации”, алармирале тие. Но, како што рекол мудриот Сенека “страста брзо минува, а разумот е тој што останува засекогаш”.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

37

George Atanasoski


Makedonskata saga 01.04.2005

E

дна древна поговорка вели: “Патот од илјада милји почнува само со еден чекор”. Но, обичниот смртник на крајот на својот животен пат најчесто вели: “Ех, да живеев само малку поинаку... да направев вака или, пак,

онака...” Во тоа наше ех, многумина го гледаат другото лице на можноста, алтернативата, шансата која ни побегнала од раце. Од избори на избори, луѓето си се лажат самите себеси очекувајќи слатките зборови на нивните кандидати (во случајов за градоначалници) да се преточат во стварност. Ех, кога сонот би станал јаве. А кога сонот не станува јаве, повторно тоа ех, да направев... поинаку! Македонија ги “преживеа”, односно доживеа и овие локални избори, на кои сé уште не им се гледа целосниот крај. “Гласот на Америка” пишува дека изборниот процес бил проследен со серија извештаи за обиди за манипулација со гласачите и полнење на гласачките кутии на неколку избирачки места, како и со потсетување за бојкотот на изборите од страна на најголемата партија на Албанците во земјава. Но, нејсе, кај може нешто кај нас да мине без проблеми. Па, уште кога ќе ни советуваат дека доколку не биде сé демократски... лошо ќе се одрази на нашите аспирации кон ... подобро утре. За претседателот Бранко Црвенковски овие избори беа тест за демократијата и националната зрелост. Премиерот Владо Бучковски оцени дека во Република Македонија се одржале фер и демократски избори, иако, како што рече, имало некои изолирани неправилности. “На 1 јули почнува сериозна реформа на политичкиот систем, при што соработката меѓу централната власт и локалната власт ќе биде главниот предуслов за остварување на предвидените цели”, најави македонскиот премиер. Додека ние се занимаваме со избори и политика, поранешниот министер за внатрешни работи на Република Македонија, Љубе Бошкоски, според најавите денеска ќе се појави пред Судскиот совет на Хашкиот трибунал за да се изјасни по обвиненијата за кршење на законите и обичаите на војување во врска со случајот “Љуботен”. Ни џа, ни бу. Брат Љубе замина во Хаг, додека оние коишто беа виновни за дванаесетте киднапирани Македонци во воениот конфликт во 2001 година, оние коишто ги малтретираа градежните работници од “Маврово” итн... се светлосни години оддалечени од видокругот на Карла дел Понте. Политика и само политика, а кога ќе дојде време за економија? На македонскиот пат од илјада милји пречките се како секојдневие. И сé уште не му се гледа крајот на спорот околу името со Грција, кој според многумина требаше одамна да биде минато. Но, Грците упорни не запираат, давејќи се во стерилноста на дипломатската тактика, дрско настојувајќи по пат на закана да дојдат до посакуваната цел да нé нарекуваат така како што сакаат. Но, малку им е тоа, туку тие би сакале нивното име за државава да биде прифатено од светот. Небаре ни се кумови. А и ние сме си виновни што понекогаш си го забораваме името, идентитетот и историјата! “Изнаоѓање заемно прифатливо решение меѓу Атина и Скопје за името на Македонија ќе ги олесни шансите на таа земја за евроатлантска интеграција”, изјавил шефот на грчката дипломатија Петрос Моливијатис. Оваа порака тој му ја пренел на специјалниот посредник на Обединетите нации за името, Метју Нимиц. Шефот на грчката дипломатија изразил надеж дека македонската Влада ќе се угледа на Атина и ќе покаже “продуктивен и европски став”, наместо, како досега, да остане заплеткана во својата “опседнатост со непопустливост”. Проструија и некои засега непотврдени шпекулации дека грчката Влада одлучила да ги замрзне билатералните односи со Македонија, но оти одлуката официјално не се соопштува во Атина. Според ваквите неофицијални информации, Грција на сите можни начини притиска за прифаќање на името “Нова Република Македонија Скопје”, за што е во постојана дипломатска офанзива низ ЕУ и САД. Е, за ова малку морген!!! Во морето политика ретко бран на економски збиднувања во државава. Како и да е, најавата за приватизација на Електростопанство на Македонија сé уште ги вознемирува граѓаните. Останува и нејасна “Ајнштајновата формула” за пресметување на електричната енергија која ниту Никола Тесла не би можел да ја протолкува!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

38

George Atanasoski


Makedonskata saga 08.04.2005

Q

убовта влегува во срцата и дарува мир - беше последната порака упатена од еден голем човек, од кого токму денес засекогаш се збогуваме. Поглаварот на Римокатоличката црква, Јован Павле Втори, замина засекогаш. Зад себе остави порака со силна содржина. Порака за љубов, несебичност, чистина, богатство и големина на духот. Тој беше човек кој знаеше да сака, исто како што знаеше да простува. Владееше 26 години, а за тоа време работеше на приближување на католичката црква со останатите верски заедници. Со својата големина й се извини на Православната црква поради уништувањето на Константинопол пред 800 години. Кога зборуваме за него, ми се пресликува целата негова животна мисија со јасно зацртана визија. Големиот човек беше и голем визионер! Всушност, се вели дека три работи прават чудо од човекот и тие претставуваат најголема Божествена благодет. Плоден дух, длабок разум и во исто време возвишен и соодветен вкус. Правилното сфаќање е голема предност, но уште поголемо е правилното мислење и моќта за разбирање на она што е добро. Мудрите луѓе велат дека разумот не смее да лежи во ‘рбетот, бидејќи тука би бил повеќе тегобен отколку остар. Правилното мислење е плод на разумната природа. Во дваесеттата година од животот преовладува волјата, во триесеттата - духот, а во четириесеттата - судот. Но, гледајќи ги делата на Папата, обичниот смртник сфаќа дека доблеста е заедничката врска на сите совршенства и е центар на секое блаженство. Таа го прави човекот поразумен, повнимателен, помудар, поразбран, попосреден, похрабар, понадмоќен, почестит, подобар, посреќен во вистинска смисла. Цела Европа му се поклони на Папата Јован Павле Втори, чиј придонес за обединувањето на Источна и Западна Европа беше неизмерен. Ќе остане забележана неговата непрекината работа во полза на мирот и еднаквоста, солидарноста и правдата, дијалогот меѓу цивилизациите и религиите. Братството и помирувањето, исто така, беа клучните пораки кои 25 години Папата им ги испраќаше на луѓето во светот. Него го нарекуваа и единствен верски лидер, посветен на мирот и слободата за сите. Светот претрпе голема загуба и остана без големиот морален авторитет, духовен татко, борец против злото и мрачните сили, кои му се закануваат на човештвото. А во каков свет живееме? Време, поточно невреме кога човекот на човека си е волк. Кога моралноста се губи, полека исчезнува како нешто, за кое треба време за да се потсетиме и да кажеме “е тоа беше...” Војните, омразите, злобата меѓу луѓето како да царуваат со светот. Денес сите човечки особини добија други димензии. Да се биде граѓанин на светот претставува ретка, осамена вокација. Според зборовите на Диоген, тоа е некој вид прогонство од удобноста на бедната реалност, од топлото гнездо на патриотските чувства, од привлечната драма на самиот себе и она што е лично, наше. Космополитизмот не нуди прифатилиште, тој нуди само причина за човечност и љубов кон целото човештво. Јован Павле Втори беше пријател на сиромашните, болните, гладните и жедните. Имаше љубов и за болните од сида, кои знаеше да ги помилува и благослови. Беше првиот Папа кој проговори на македонски јазик. Папата Јован Павле Втори во своите посети на земјите мина 1.164.665 километри. Издаде 14 папски писма, 11 апостолски устави и 45 апостолски писма и одржа 2.416 планирани говори во текот на патувањата. Беатифицирал и канонизирал повеќе лица отколку сите негови претходници во минатите 500 години. Беше неуморен во реализирањето на својата визија. Да, тој беше и првиот папа кој прими македонски државници. Често некои големини не знаат за граници. А животот е толку краток за да може во целост да ја отслика големината. Доблеста е толку убава што наидува на милост и пред Бога и пред луѓето. Ништо не заслужува толку љубов како неа, а ништо не одбива толку многу како порокот. Уште едно збогум на Папата Јован Павле Втори со мислата дека само добродетелта си е доволна самата себеси: “Таа го прави човекот достоен за љубов во животот и достоен за спомен по смртта”.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

39

George Atanasoski


Makedonskata saga 15.04.2005

A

симилиран, угнетуван, поробуван, многу пати изигруван од соседите... Токму вака би можеле да ги опишеме страдањата низ кои низ вековите минува македонскиот народ, борејќи се за самостојна држава. Македонците секогаш беа на страната на своите поробени соседи, а што добија за возврат - да учат бугарско, српско училиште... Тешко беше и петвековното ропство под Османлиите, а уште потешка судбината й беше по Балканските војни. Нашите соседи ни ја распарчија територијата, а денес Македонците во Егејскиот, Пиринскиот, Вардарскиот дел, но и во Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, мака мачејќи живеат тежок живот, немајќи ги основните права кои му следуваат на едно малцинство. Минатото покажува дека соседите се обидувале да го бугаризираат, посрбат, погрчат македонскиот народ. Иако, соседните држави отсекогаш пројавувале интерес кон македонската држава, токму поради нејзината поволна географска положба, по осамостојувањето, тој интерес сé повеќе добива во интензитет, но со различна конотација. Денес се соочуваме со најразновидни пропаганди од типот на тоа дека македонската нација е измислена творба, што е нон- сенс, а постојат и обиди да се измени македонската историја. Сега некои ни ја признаваат државата, но не ни ја признаваат нацијата, а сите знаеме дека без нација нема држава. Тогаш попусти им се фалбите дека ете ни ја признале државата. Некои, пак, не ни ја признаваат црквата и на секаков можен начин се обидуваат да нé натераат да се откажеме од Македонската православна црква. Дури, во Македонија испраќаат и емисари за да го убедуваат македонскиот народ да се согласи со името на т.н. Охридска архиепископија. Трети, не ни го признаваат уставното име..., а по нивна “заслуга” се најдовме во ООН под референцата ФИРОМ. Срамота е за држави кои претендираат да станат дел од европското семејство (Грција е членка на ЕУ), да не ги почитуваат правата на малцинствата. Многу пати досега сме си го поставиле прашањето: Кој го проколна Македончето постојано некому да му го докажува својот идентитет. Но, си го поставуваме и она другото прашање: Зошто нашите соседи не сакаат да им ги дадат правата на Македонците кои живеат на нивна територија. Ние сме мирен народ, немаме никакви територијални претензии кон соседите, единствено што сакаме е Македонците, кои со поставувањето на државните граници се нашле во “туѓа” територија, да имаат право на образование на мајчин јазик и да можат да го негуваат својот културен идентитет. За разлика од нив, во XXI век, некои сé уште сонуваат за големи држави. За тоа како се однесуваат нашите соседи кон македонското малцинство, доволно е да ги спомнеме следниве примери: грчката државна телевизија ЕРТ на својот втор канал забранила емитување репортажа посветена на Лерин, само затоа што еден од жителите изјавил дека нивниот мајчин јазик е македонскиот, кој е забрануван со децении. Во една од најгледаните бугарски национални телевизии БТВ, сопственост на австралискиот магнат Роберт Мардок, во емисијата “Судир” била обработена тема “Дали постојат македонска нација и македонски јазик”. Во неа биле кажани многу невистини и навреди кон македонската нација, како дека таа е создадена по неприроден пат, со многу крв, преку убиството на 200.000 Бугари. Македонската заедница во Бугарија, како и пријателите на Македонците во оваа земја остро протестирале, но напразно. И додека Македонците во соседните земји се соочуваат со вакви проблеми, тие овде си играат газди на туѓ имот. Пропагандите отидоа и до таму дека Македонците во Голо Брдо и пошироко во Република Албанија биле Бугари. Македонија им дозволи на малцинствата кои живеат во неа да ги имаат сите права, а за возврат се соочува со шпекулации како тоа дека корените на денешните етнички Македонци се произлезени од бугарските корени, дека македонизмот не можел да се развива преку наводно уништување на надгробните плочи кои биле напишани на бугарски јазик. Некои дури се осмелуваат да прокоментираат дека територијата која нема минато нема ниту иднина. Македонците, според нив, требало организирано да побараат помош од Бугарија. Ако тоа не се случело за брзо време ќе исчезнеле како Атлантида, а со тоа ќе исчезнел и сонот дека се антички Македонци. Македонците од Голо Брдо не се признати како малцинство, оставени се на забот на времето. За ситуацијата во која се наоѓаат Македонците на Балканот и пошироко виновни се сите досегашни македонски влади, кои во интерес на добрососедските односи се откажаа од нив. Но, виновни се и поради тоа што ја доведоа нашава држава до ‘просјачки стап’. Крајно време е и политичарите и обичните смртници да подразмислат каде води сé ова, да се загрижат за иднина и за државата. Духовно да се обединат, да не потклекнуваат на разните манипулации, зошто многу лесно можат да го предизвикаат губењето на родната грутка.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

40

George Atanasoski


Makedonskata saga 22.04.2005

N

ашиот јужен сосед, кој со години се обидува да нé прекрсти повторно ја засилува својата дипломатска офанзива, бидејќи смета дека е дојдено времето да го затвори досието за Македонија. “Сиртакито” почна да го забрзува својот ритам, откако увиде дека ја изгуби битката во САД. Но, од улога на давеник и по брзото отрезнување од доживеаниот шок, Грците умешно ја префрлија топката на стариот континент - Европа, каде се чувствува супериорна и доволно моќна да ја контролира ситуацијата околу спорот со нашето име. Но, таа истовремено се обидува да го освои и Ист Ривер, бидејќи сé уште во ООН се крчка супата со името МАДЕ ИН МАЦЕДОНИА. Меѓутоа, што во овој момент прави македонската дипломатија? Таа летаргично ги следи настаните, односно “каска” по нив, бидејќи е неподготвена. Зошто? Македонскиот дипломатски ешалон е непополнет, а главните центри, како Париз, Пекинг или други... како за кого политички гледано, тоа и за нив “не е битно”, стојат празни. Амбасадите немаат стопани, а ситните конзуларни лица не можат да ја водат војната против моќниот непријател, освен немо да проследуваат информации до својот центар во Скопје - МНР и да повикуваат на узбуна. Но, узбуната не е дадена. Зошто, иако секојдневно за тоа нé потсетуваат информациите за широката дипломатска акција на Грција, која се обидува да нé стави на коленици. Затоа, повторно се враќаме на чувството дека македонската надворешна политика ја зафатиле бездушност, апатија, лицемерност и ограниченост, бидејќи не постои сенс за мудрост, разумност и, пред сé, за национално чувство. На тој начин не можеме да градиме одбранбена државничка политика, туку безрезервно се препуштаме на стихијноста и на паушалните проценки, кои нé водат во уште едно економско и политичко беспаќе. Но, дали сега имаме моќ да се справиме со уште една таква бизарна ситуација. Сигурно дека не, бидејќи економски сме уништени, а политички доведени до безнадежност. Во последниве 14 години ние ја прокоцкавме шансата да изградиме заштитен сигурносен систем, преку кој ќе имавме сериозна македонска дипломатска препознатливост. Па, затоа повторно се враќаме на корените, кои се болни ама вистинити. Исконската традиција на себеуништување нé доведе до немај каде, до просјачки стап, а тоа национално и државничко искуство уште повеќе нé води до нов пораз. Поради тоа, не смееме да дозволиме настаните да нéé претрчуваат, туку мораме да ги предвидуваме. Потегот кој треба да го повлече претседателот и Владата мора да биде остар, бидејќи не смееме да се доведеме до ситуација повторно да бидеме приклештени меѓу ѕидот и срамот. Бариерата од 1993/95 година некако ја прегрмевме, но сега мораме далеку помудро да настапиме и да градиме пријателски односи со помоќните држави, чие сојузништво ни е неопходно. Само така можеме да се извлечеме од калта, бидејќи ако соодветно не одговориме на грчките провокации ќе “пометнеме” од болките кои ни ги задава соседот. Во меѓувреме додека сонуваме со отворени очи дека Грција сме ја туширале на “плеќи”, на домашно поле ние славиме. И што славиме, 60 години од првата Влада на РМ. Безбели сé ни цвета во нашата нивичка, па затоа немаме време за реалноста. Додека од неа секојдневно се сопнуваме, нас не нé бидува ниту за една скромна и чесна прослава, односно празникот нема да ни биде празник за очи и за душа ако тој не мине без инцидент. Приказот на 60 -тите историски години, ептен беше едностран. Намерно или не, грешката исто им се фаќа на душегрижниците. Заборавените политички противници беа и сé уште се дел од државата, а тој историски факт не може да се избрише. Друго е прашањето како кој ја водеше Македонија до пропаст. Исто онака како што сите политичари кои во последниве 14 години ја раководеа Македонија. Крчмењето на нашата земја, растурањето и продавањето на македонското национално чувство, заедно го споделија. Тука нема подобри или полоши политичари, туку станува збор за одговорни и помалку одговорни лица. Меѓу другото, на крај секој ќе си ја сноси одговорноста од своето владеење и раководење. Нашата историја памети многу “шиткачи”, а од нив нема “дерман”. Секој на свој начин ја одбележал македонската историја. Нашите страници се полни од нивните “шиткачки” страсти. Во тој занает ни нема рамен, туку можеме да го продаваме, па така од него ќе имаме единствена корист. Само кој да се поучи од искуството. Секој на секого му продава празна слава, а од славење имаат корист само поддржувачите на таквата идеја. Затоа Македонијо и натаму пеј “Лажи, лажи Вере, лажи кој ќе лажеш само немој мене да ме лажеш...”.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

41

George Atanasoski


Makedonskata saga 29.04.2005 "

A

ко Христос не воскреснеше, тогаш празна е и нашата вера”, рекол Свети Апостол Павле уште во дамнешниот втори век од кога се празнува најголемиот христијански празник Велигден. Овие големи зборови со векови одѕвонуваат како предупредување и совест во душите на луѓето од цел свет, како неуморни заштитници на македонскиот народ низ сите векови, како вечни и вистински сведоци за самостојноста на Македонија и автокефалноста на Македонската православна црква. Потсетувајќи се на нив, македонскиот народ до денешни дни не потклекна на многубројните вековни искушенија, кога живееше во тешко време, кога беше измачуван, поробуван и обесправен, туку напротив од година во година сé помасовно го слави Христовото Воскресение. Така и во овие моменти целиот наш народ во Македонија, во Америка, во Канада, во Австралија, во цела Европа и секаде низ светот каде што опстојува, се подготвува да го прослави, да го отпразнува овој голем празник, во чест на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Нашиот православен народ во родната земја и ширум светот, секогаш најсвечено и со радост го прославува Велигден - Празникот на Христовото Воскресение. За нас христијаните нема поголемо просветление од верата дека Христос воскресна. Во секое семејство, во секој дом, на секоја трпеза (некоја побогата, некоја посиромашна), присутни се радоста и среќата, кои барем за момент ги потиснуваат сиромаштијата, бедотијата, гладот и тагата, помагаат да се заборават непријателите и лошите мисли. На ден Велигден, река луѓе без разлика дали се голи, боси или богато облечени, одат по еден пат, кој ги води до светите храмови, кои во тие празнични моменти повикуваат на молитва и благосостојба. Човекот и светот можат да бидат осветлени со светлината на сонцето, но просветлен може да биде само оној кој ќе се причести пред “Христовот гроб”. Македонската православна црква со векови беше и останува еден од стожерните цивилизациски и културни обележја на македонската национална самобитност, и е место каде што народот и во радост и во тага ги барал и ја наоѓал својата утеха, надеж и духовно спокојство. Меѓутоа, и годинашниот Велигден го празнуваме со одредена вознемиреност, поради “темните облаци”, кои постојано се надвиснуваат над нашата Македонија, почнувајќи од негирањето на Македонската православна црква, негирањето на нашето вековно име од страна на нашите вечни непријатели - соседите. Како никогаш досега потребно е на дело да го покажеме и потврдиме нашето национално и духовно единство, кое е потребно заради опстојувањето и иднината на нашата суверена држава, Македонија, и да бидеме единствени во нејзината одбрана. Благородна мисија за мир, благосостојба и спокојство меѓу луѓето, духот на толеранцијата, солидарноста, меѓусебното разбирање и почитување, се темелот врз кој ќе градиме просперитетна иднина за Македонија и за сите нејзини граѓани. Мирот, тоа најдрагоцено богатство за човекот, особено е потребен денес, секаде, а најмногу во нашава држава, во која сé уште има тероризам, неединство, нетрпеливост, судири, штрајкови и најразлични незадоволства. Затоа, пред секој наш граѓанин и верник, стои предизвик и должност, не само декларативно да го сака и проповеда мирот, туку и да биде активен миротворец и доследно да му служи. Македонскиот народ и во минатото го празнувал Велигден, й се радувал на воскресенската среќа, затоа што токму овој празник го исполнувал Македонецот со верба дека ќе дојде денот на целосно воскресение на македонската правда и вистина. Копнееле да ја видат Македонија слободна, независна, да ја видат Македонија како самостојна држава. Можеби ние сме тие среќници кои во реалноста го доживеавме она по коешто копнееле многу генерации пред нас. За жал, голем број наши сонародници Македонци, чијашто судбина им била да се далеку од родните огништа, уште не се наоѓаат сплотени во оваа наша македонска заедница. А трагедијата да биде уште поголема говори и фактот што сé уште има краишта каде што живеат Македонци (не само од Пиринска Македонија, туку и во Албанија, Грција и Србија), каде се изложени на асимилација и не ги уживаат потребните права да говорат на мајчиниот македонски јазик, да ја негуваат македонската култура, традиција, вера и слично. Нашата Македонија и сите ние сме на голем историски испит! Но, ако успееме да се одбраниме од меѓусебното недоразбирање и недоверба, ако заради државните и националните интереси се надминат партиските и другите разлики, тогаш не треба да губиме ниту надеж, ниту верба во нашата македонска иднина, секако не заборавајќи дека сите сме повикани да дадеме придонес во одбраната на родната земја и вистината за неа. Па, нели ние Македонците веќе воскреснавме и се изборивме за барем малку и црковно и национално достоинствено да живееме!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

42

George Atanasoski


Makedonskata saga 13.05.2005 "

O

ти секој, кој е роден од Бога, го победува светот; и оваа победа што го победи светот - верата наша”, порача преку соборното послание Светиот Апостол Павле, кој во Македонија ја донесе верата наша рисјанска. А, Македонците низ историјата водеа многу битки, славеа многу победи... Но, навидум ни се наметнува прашањето дека можеби со текот на времето по малку заборавивме на посланието на Светиот Апостол Павле, па моравме да дојдеме до оваа незавидна позиција, кога мораме да се думаме за она најсуштинското - нашето име насушно кое Бог ни го дал, па низ век и векови гордо си го носиме. Болно е кога некој се обидува македонската држава да ја смета како творба на Јосип Броз Тито, сметајќи дека нашата историја датира од тој - Титовиот период. Но, тоа никогаш не било така, туку напротив нашата држава има своја историја уште од времето на Филип и Големиот Александар Македонски. Во генот на македонскиот народ е да ги надминува проблемите, пречките, тешкотиите низ историјата... Нé делеле, нé мачеле, нé побугарчувале, погрчувале, посрбувале и што ли уште не. Но, Македонците секогаш опстанале, онака како што мајка ги родила. Да бидат и да се чувствуваат како Македонци. Ни помалку, ни повеќе, ами горди Македонци, со свое минато, славна историја со Александар Македонски и најголемата македонска фаланга, со свои корени, традиција, култура, но и со своја иднина која никој никогаш не смее да ни ја засени. А велат колку песок има во нашето Охридско Езеро толку и нé има нас Македонците, секаде низ светот. Кога сите Македонци каде и да се на Земјината топка, во Австралија, Канада, Америка, Европа... би дејствувале со една мисла, една цел за доброто на мајката Македонија, тогаш визијата на борците за македонската кауза ќе има своја цел и суштина. Лоби групата на Македонците од светот за Македонија може да стори многу, особено во овие моменти кога се води психолошка, пред сé, Интернет војна низ која се валкаат нашето гордо име и нашата славна историја. За момент да се потсетиме и на четврти мај 1903 година кога еден голем човек од Македонија во предвечерието на Илинденското востание крвнички беше убиен. Да се сетиме на големиот деец, мислител, борец, пред сé, Македонец - Гоце Делчев, кој својот живот несебично го даде за мајка Македонија. За оваа наша денешна слобода, за светлото сонце над Македонија. Нека почива во мир и секогаш нека остане светло жарче во срцето на вистинските Македонци. Нека ги бодри и нека им биде визија за Македонија, таква каква што Делчев војвода ја посакуваше. Неговата визија нека биде порака до Македонецот: “Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец”. Но, наместо да се поклонуваме на туѓите херои и да градиме споменици за комунистот Броз Тито, редно е да градиме споменици за нашите херои, за нашите јунаци, војводи, комити, кои храбро гинеа за Македонија. Би било убаво кога набрзо би ја виделе и бистата на Питу Гули во некој од нашите македонски градови. Да ставиме крај на тоа нашите историски личности, творците на македонската самобитност да бидат обележје на некој друг град, на некоја друга држава. Неодамна, поточно на деветти мај Македонија го прослави денот на победата над злото, Денот на победата над фашизмот. Суровата Втора светска војна која зеде околу 40 милиони човечки животи. Но, дали ја научивме пораката, дали сфативме и разбравме дека само добрината, човечноста, демократијата е вистинската насока на цивилизацијата. Во време кога ја славиме победата над нацизмот, за жал, во некои делови на нашата мајка Македонија никнуваат споменици, обележја кои го слават неофашизмот, кои го слават постоењето и злото на балистичките сили во Македонија. Дали е можно?! Во време кога Европа треба да се обедини како една и да се разурнат сите национални страсти, поделби, граници, суети, сепак некој некаде гради култ на неофашизмот! Како и да е, Македонија гордо го одбележа Денот на Европа и Денот над победата над фашизмот. Денот на Европа кој всушност подразбира ера на нова Европа, која ќе биде комплетирана тогаш кога и Западен Балкан ќе се интегрира во европското семејство. Останува нашава мајка Македонија да ја направиме убаво и пристојно место за живеење. Место каде секој ќе има парче леб, место каде сиромаштија, криза, невработеност и другите негативни работи ќе немаат свое место. Македонија да биде место каде со гордост може да се нарекуваш Македонец, без разлика дали си во Западна или, пак, во Источна Македонија. Македонија која гордо ќе го носи своето име, онака како што се нарекувала уште од времето на Големиот Александар, кој не случајно го нарекле Македонски. Само единствени и обединети Македонците можат да бидат достојни наследници на своите горди предци, Александар, Филип, Самуил, Делчев, Карев, Ченто...

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

43

George Atanasoski


Makedonskata saga 20.05.2005

T

ука, на брдовитиот Балкан е мојата земја Македонија која со векови крвави колку од туѓата, толку и од својата рака, црвенеела и црвенееше од крвта пролеана на неа, но поцрвенува и од срамот што дозволува тоа сама на себе да си го прави, односно да й го прават луѓе, кои се изникнати токму од нејзините корени, громогласно неоправдано изјаснувајќи се како нејзини чеда. Светлосни се годините со кои во Универзумот ни е дадено правото ова парче земја да биде Македонија, овој народ да биде македонски, овие луѓе да се Македонци. Зошто во моментот кога државата се наоѓа под политички, економски и каков уште не притисок, некому, конкретно на првиот човек во неа, му текнува да најде начин како да го урива нашето национално чувство, да нé одделува од Александровите белези, обидувајќи се да ја протурка идејата да подзаборавиме на македонските национални интереси, а сé со цел да ни се промени свеста градена со немерливо време. Македонците со вистинско македонско во себе никогаш нема да ја прифатат лагата дека самоопстојувањето ни датира од не така одамна, со што би си ја дисквалификувале сопствената иднина. Наш човек ни ја фрли коцката. Во главниот град на државата чиј претседател е тој, сака да му изгради споменично обележје на човекот, на Броз, кој е многу “заслужен” за нашето самоодржување пред осамостојувањето на земјава. Една очигледно непромислена иницијатива сака да ја негира неспорната вистина дека нé има затоа што точно се знае бројот на загинатите Самуилови војници, на Илинденските востаници, на незнајно погребаните во многубројните востанија и војни, на македонските жртви од Вардарска, Пиринска и Егејска, од тројно обезглавената Македонија во последната светска војна. Колку и да сакаат квази политичарите и историчарите можат да креираат некаква нова историја со лажирани верзии дека земјава била продукт на времето во кое е создавана, но тоа нема да им помине затоа што нам ни припаѓа единственото право да се чувствуваме и да се нарекуваме така како што сами сакаме. Лага е дека македонското национално прашање се решавало или било решено во некаква федерација од пред петнаесеттина години. Всушност, во тој период од неколку децении максимум се дисквалификуваа сите оние кои се бореа за малку повеќе македонштина, особено тие кои не ја губеле надежта во обединета Македонија. Сé тоа што било добро познато како автентично македонско било сé друго само не и македонско, со што и денес продолжуваат делбите на нашето национално ткиво. Зошто во овој момент кога некој од надвор сака да ни го одземе името, стапнувајќи ни на достоинството, некој од внатре гази по македонското самочувство за националната историја пред Брозовото време? Како одговорот на прашањево да се сведува на тоа - кралот е мртов, да живее кралот! Односот кон сопствената традиција е прашање за кое мора да се има изградена стратегија затоа што очигледно ќе се изгубиме во новата геополитичка поделба на светот и тоа благодарение на неколкумина неспособни лидери - играчи, кои не умеат точно да го лоцираат стратешкото место на нашата независност. Во моментот кога сите треба да имаме многу глави со едно исто и единствено размислување, едно споменично обележје за чие поставување мораат да се почитуваат законските определби, норми и прописи, бидејќи не се лоцира во нечиј двор, потсетува на добро смислено фрлено јаболко на раздорот, со цел одвлекување на вниманието на народот од актуелните горливи теми. Претставува политичка кокетерија ли тоа што некој некому сака да му ја покаже евидентната поделеност на Македонците, на оние кои само се прават дека тоа се, и на оние кои навистина се, базирајќи се на немањето критериум за поставување споменици, при што се потегнува иницијатива а не е направен историски елаборат за оценка на улогата која ја имала таа личност, било да биде одредена како негативна, односно позитивна? Од какво значење би бил тој споменик во центарот на Скопје кога во него нема никаков симбол на нашите многу далечни предци, кога во реалноста тој не симболизира ништо од прадедовците и дедовците, а уште помалку ќе биде од било какво значење за сегашните генерации и сигурно ќе нема никакво за идните поколенија. И повторно поделеност, едни се за, други се против. Можеби ќе се сетат да ги реинкарнираат оние на кои до неодамна ги плукаа, ги обезличуваа и ги забораваа, а какви што се, може да им текне споменик да им градат и на расколниците! Препорачливо е носталгијата да нé врзува за спомените, а многу добро се знае кои се листовите на македонската гора. Личноста на Александар Македонски, на Филип, на Самуил, и на многумина други македонски национални идеолози воопшто не се дискутабилни ниту, пак, се проблематични. Токму оваа земја, токму за овие Македонци кои се докажале не како поробувачи туку како обединувачи, го има примарното право, обврска и должност да им изгради паметник, за светот цврсто да знае дека ние од нив никогаш нема да се откажеме, не заради потребата инаетливо да го афирмираме индивидуалното, националното, туку со единствена цел тоа да се преточи во космополитизмот кој денес се декларира како идеологија со примарно значење. Кој е тој човек, кој е тој граѓанин на било која држава во светот кој длабоко во душата не го носи патриотизмот кон неа, затоа што само лаици можат да го поистоветуваат националното со национализмот. Македонци, еднаш за секогаш, во нашата колективна меморија мораме да го конкретизираме симболот кој ќе нé обединува, а не разединува!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

44

George Atanasoski


Makedonskata saga 27.05.2005

M

акедонија и Македонците постоеле и опстојувале низ времињата. Носејќи го името Македонија низ вековите како свое етничко и историско легитимно име, Македонецот станал наследник на сите историски, културни традиции и вредности, а во еден континуиран развоен процес се здобил со легитимитет врз македонската територија. Постоењето на македонската нација ги вознемирувало соседите. Заедничко за сите нив е неприфаќањето на постоењето на нашата нација, јазик и држава. Од формирањето на македонската федерална држава (1944) кога прв пат во поновата историја на Македонија се официјализира историското име Македонија - па до денес нашето име е предмет на разни контроверзни дискусии. Откако нашата држава побара меѓународно признавање уште повеќе се засили грчката кампања против името Македонија и македонскиот јазик. Но, не само во Грција, туку таквата кампања е присутна и на сите континенти во светот. Во сите дискусии Грците изнесуваат факти, кои според нивна интерпретација зборуваат во прилог на нивната кауза. Со години наназад тие се обидуваат да нé прекрстат, да ни наметнат ново име. Иако светот го оцени како ирационален овој спор, Грција го оспорува правото да го користиме нашето уставно име, аргументирајќи дека нашата мала и сиромашна Македонија имала територијални претензии кон нејзината истоимена северна провинција. Тоа е нон-сенс бидејќи една држава каква што е Македонија нема шанси да нападне членка на ЕУ. Последниот инцидент со двајцата студенти на Факултетот за бизнис при Универзитетот Кингстон (го презентирале проектот инвестиции во Македонија 2005, како дел од истражувањето за дисертации на курсевите кои ги посетувале, по што пристигнала остра реакција од грчката дијаспора, која е во координација со грчката Амбасада во Велика Британија да го повлече Извештајот од својата Интернет-страница), доволно говори за грчката офанзива во светот да се избрише сé што е македонско. За наша среќа, во одговорот до грчката заедница Универзитетот се извинил за предизвиканите непријатности, и не го прифатил грчкото барање студентите да не го користат зборот Македонија. И грчкиот премиер Костас Караманлис отиде на средба со американскиот претседател Џорџ Буш да му каже дека Скопје не било конструктивно во разговорите за изнаоѓање решение за името. Но, и тој се врати со празни раце, не донесе резултати за националните прашања на Грција, бидејќи американската страна не се обврзала за ништо конкретно за надворешно-политичките проблеми на Атина. Според информациите кои кружат во јавноста, грчки претставници се обиделе да го проблематизираат името и спорот со Македонија и во Извештајот на НАТО за политичките и армиските реформи во земјава, за да ги попречат нашите шанси за влегување во НАТО. Сепак, под притисок на Велика Британија и на САД, грчките претставници во Брисел се откажале од таквата намера. Грчката офанзива отиде и до таму Грција да реагира кај Бугарите зошто тие на последниот избор за песна на Еврозијата “Евросонг 2005”, нé нарекувале со уставното име Република Македонија. Всушност, земјите учеснички на Евросонгот, кои нé имаат признато под уставното име ни приредија скандал (со исклучок на Бугарија). Србија и Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија ја користеа референцата ФИРОМ. Тие имаа објаснување за ваквиот потег, односно се повикуваа на правилата на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) дека Република Македонија е примена под референцата ПЈРМ, но каде е ставот или реакцијата на нашите за ваквиот скандал. Никој ништо не коментира, а тоа остава доволно простор за нови скандали. Пред вакви и слични скандали не смееме да ги затвораме очите и да молчиме. Зошто само ако се одржиме како Македонци ние ќе можеме да си ја зачуваме државата и името и да станеме вистински миротворци на Балканот. Всушност, тоа го докажавме и во историјата. Македонија, како централна балканска земја, ги поврзува балканските народи, јазици и култури, возвишувајќи го принципот на демократичност, заемно почитување, рамноправност. Македонците кои се докажале не како поробувачи туку како обединувачи, не смеат да го изрезилат името на Филип и на Александар Македонски. И денес ние немаме никакви претензии кон соседите. Напротив, ќе продолжиме со мирољубива политика да се бориме за уставното име во Обединетите нации, зашто правдата секогаш излегува на виделина. Кога-тогаш ќе го добиеме уставното име, во прашање е само времето.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

45

George Atanasoski


Makedonskata saga 03.06.2005

M

акедонската историја памети многубројни црни премрежија, кои се предизвикани од разноразни “муватори и новопечени црковни шизици”, кои со подмолни потези сакаат да нé стават во воловски јарем. Тие со векови ја прекрстуваат МПЦ и се обидуваат да ја расчеречат нашата Црква на ситни парченца за да стане помала од маково зрно, бидејќи од секогаш им бодела очи на “духовните сестрински браќа”. Зошто? Имено, за век и веков ќе биде забележано дека МПЦ претставува ПРВА духовна и религиска АЛКА на Свети апостол Павле, кој за време на своето патешествие низ Македонија нашол благопријатна клима и гладни чеда за Исусовите пораки. Со тоа биле удрени темелите на нашата Црква, која подоцна ќе го разгори факелот на љубовта и на христијанството. Неколку векови подоцна Климентовата мисија го зацврсти столбот на црковната вистина (МПЦ), која некои се обидуваат да ја претстават како грчка, а уште повеќе како српска. Оттаму мора да се бара и денешната криза, која всушност има цел да ги извитопери фактите дека “кокошката е постара од јајцето”. Но, за волја на таа иста вистина, во името на јацето се враќаме во колевката на Климентовата црква “Св. Пантелејмон” на Плаошник во Охрид. Овој духовен центар на македонскиот народ никогаш не му припаѓал на Белград или на Атина. На овие простори, борбата за името Македонија, Македонец или македонски народ, секогаш претставувала Хамлетовска замисла - да се биде или не. И затоа познатиот “бермудски триаголник” Белград - Атина - Софија, често пати знаел да прави смислени провокации, кои биле наменети за уништување на матицата - мајка, Македонската православна црква. Тоа го правеле не еднаш, не два пати, туку стотици пати, како што тоа сега го прави СПЦ. Тие ги вжештувале меѓунационалните страсти, обидувајќи се да ја присвојат и да ја расчеречат Македонската православна црква и историја, која преставувала непробоен и непремостлив бедем за освојување на националниот дух на македонскиот народ. Затоа, се соочуваме со затворање на вратите за дијалог, кои и најголемите оптимисти се надеваа дека ќе бидат подотворени за комуникација. Меѓутоа, српските црковни национал-шовинисти ги закатанчија сите можности за разумни преговори. Ова е тешко време, во кое се проблематизира името на Република Македонија, а истовремено стршлен ја напаѓа Македонската православна црква, бидејќи ако нашата Црква не постои нема да живее и државава. Во тој контекст на сложени услови на егзистенција мораат да се бараат последните напади на СПЦ, која е должник на ГПЦ, бидејќи без нејзина силна економска поддршка ќе западне во депресија. Но, што всушност стои зад уништувањето на МПЦ, освен директен атак врз македонската држава?! Се приближува времето кога прашањето на Косово ќе биде решено. Косово претставува рак рана за Србија, но и за Српската црква, која ги продолжува традициите на Пеќската патријаршија. Со отцепувањето на Покраината од матицата, историските белези на СПЦ ќе бидат изгубени во времето и во просторот, па затоа српскиот народ и нејзината Црква повторно физички ќе бидат разделени од колевката на својата култура. Токму затоа се свртува вниманието на јавноста во Србија, бидејќи треба да се покрие црковната и политичката немоќ да се разрешат нивните внатрешни проблеми. Оттаму се зајакнува притисокот врз МПЦ, односно врз Република Македонија. Затоа треба да се биде мудар, но и разумен за да се возврати на нападот. Не можеме немо да ги следиме настаните, а тие секојдневно да нé камшикуваат. Доволно имаме крвави рани, кои во историјата никогаш не се заздравени. За оваа цел својот живот го оставиле многубројни револуционери, но и црковни великодостојници, кои го одржувале и го негувале македонскиот национален дух и идентитет. Поради тоа, следните чекори мораат да бидат координирани и никој не смее да направи нешто што ќе оди на штета на интересите на македонскиот народ. Тој, ќе го преживее и овој напад, бидејќи лузната нема никакво правно значење, а расколникот нека внимава со кого се расправа. Еднаш во Велес преживеа, но по втор пат народот и верниците не простуваат. Во нашава земја има многубројни такви истомисленици, кои можат правдата да ја преземат во свои раце, а кога народот и верниците ќе го земат стапот в рака, тогаш правдата ќе биде достојно извршена.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

46

George Atanasoski


Makedonskata saga 10.06.2005

M

акедонската агонија и голгота и натаму продолжува. И повторно СПЦ прави драми и ја продолжува старата, српска политика кон Македонија, кон Македонската православна црква, името, идентитетот. Но, повеќе од јасно е дека сите обиди за негирање на автокефалноста на МПЦ и инсталирање туѓи цркви не е ништо друго туку национал-шовинистичка желба и антимакедонски хегемонизам, вешто скриени под лицемерната грижа за православието. На македонската црковна дипломатија й останува да си го одработи своето, да излезе од лежерноста, дипломатска и духовна, и да се обиде да го зајакне лобирањето кај сестринските цркви, а дома да им се придружи на своите верници. Во Синодот веќе се придвижија. Не можејќи веќе да се воздржи од овој бесконечен српски црковен атак се огласи и поглаварот на МПЦ, Охридски и Македонски Архиепископ Г.Г. Стефан, да каже дека единствениот грев е името, она што отсекогаш им пречело на нашите соседи. Тој ги повика верниците и свештенството да ги издржат сите искушенија настанати по одлуката на СПЦ да прогласи своја парацрква во Македонија. За среќа, барем кога станува збор за верата наша рисјанска неканонската одлука на Српската црква, иако предизвика револт, уште повеќе ги соедини македонските верници. Меѓутоа, добро би било ако Македонија го има само овој проблем. Но, за жал, на разгорениот оган бензин му долеа обелоденувањето на веста во која Џафери прв пат јавно призна дека разговарал со Георгиевски за поделба на Македонија, но војната ги спречила да го реализираат планот. Пеколниот план за “мирна поделба на Македонија” бил направен веднаш по победата на изборите во 1998 година и по склучувањето на нивната коалиција. Од другата страна, поточно “обвинетата”, велат дека Џафери со интервјуто очајнички се обидел да врати дел од албанските гласачи и дека тоа било дел од неговата предизборна кампања, притоа тврдејќи дека никогаш со никого немало договори за поделба. Но, малку да ни се освежи помнењето. Во колумна во еден дневен весник во април 2003 година Георгиевски напиша: “Потребно е најитно враќање на тезите изнесени од неколку академици за размена на територии и на население или, поточно разграничување меѓу Македонците и Албанците”. Како и да е, во минатото јавно се зборуваше за тоа и имаше отворени сомневања за таквиот договор. Оттука не треба да бидеме кусогледи, не треба да забораваме дека повеќе од дваесет проценти од населението на оваа земја никогаш нема да биде рамнодушно за тоа. Да мислиме или, пак, да негуваме илузии дека е можно нашиве граѓани, од албанско етничко потекло, дека ќе го следат македонскиот национален интерес (во смисла на државен). Факт е дека се отворија големи рани, чиешто лекување тукушто почнува, а некои сé уште се отворени, со многу неизвесни изгледи за затворање. Тука се надоврзува и уште една тема која за Македонија е особено важна. Тема која предизвикува разно разни земјотреси за да разбере македонскиот народ дека околу Косово, дефинирањето на нашиот национален интерес е и ќе биде комплицирана и многу суптилна работа. Познати се веќе планираните мерки на УНМИК, како и со процесите во врска со иднината на таа, поранешна Покраина. Да се потрудиме тие нивни илузии да не станат реалност, затоа што како тргнале работите лошо й се пишува на Македонија. И токму кога ете си рековме, покрај овие бројни проблеми кои сé повеќе ни надвиснуваат над глава, барем патот кон Европската унија полека го трасираме, Французите и Холанѓаните, кој знае по кој пат ни ја расипуваат евроидилата, овој пат со нанесување нов удар по Уставот на Европа. И како што тргнале работите, додека ние стигнеме на ред, Унијата ќе се распадне. Па, ќе излезе работата во кој било сојуз да сме влегле, тој се распаднал! Но, комесарот за проширување на Европската унија, Оли Рен, го храбри нашиот премиер да не се откажува од напорите за приближување до Европската унија. Комесарот Рен ја потсмири и нашата вицепремиерка Шекеринска, велејќи й дека францускиот референдум нема директно влијание на македонската апликација за членство, што сите нас малку нé смири и некако ги спласна нашите невротични реакции. Ние сме некако по природа лесни за манипулирање и во овој случај забораваме да погледнеме во нешто друго освен во синото знаме со 15 златни ѕвезди. Оттука, што друго да се помисли. Македонија влегува сé повеќе во тој маѓепсан, хаотичен вртлог од бесконечни напади било на политичко, национално, верско... па и културно ниво на кој не му се гледа крајот, меѓутоа, сепак најважно од сé е секој граѓанин на ова парче земја да сфати дека единствениот спас за него и за неговата македонска држава е самосвесноста и обединетоста на македонскиот народ. Само така ќе може да си го одбрани и името, и идентитетот, и верата, и државата која успеала да се издигне од пепелта кога й било најтешко, па зошто да не може и сега.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

47

George Atanasoski


Makedonskata saga 17.06.2005

A

ко сите домашни и странски елити од секаков вид денес кажуваат дека петнаесеттина години се соочуваме со предизвикот кој води кон македонските нови демократски исчекори, може слободно, со целосна морална и етичка одговорност, да се негираат ваквите тврдења, затоа што населението кое се родило на овие простори, егзистирало и во текот на историјата еволуирало во народ, кој го докажува сосема спротивното бидејќи тој секогаш тежнеел кон нејзиното највисоко ниво, со интенција тоа да се постигне преку праведна политичка, економска, културна борба. Сигурно не по наша желба, но ние како континуирано да водиме некакви битки за докажување на валидноста на нашето постоење, на што неминовно се надоврзува прашањето кому тоа ние мораме да му се докажуваме? Би било сосема апсурдно доколку го правиме тоа меѓу себе, едни на други, бидејќи векот на траењето на било која олигархија е ограничено од долговечноста на моментните потреби. Невкусно е доколку тоа се прави за да се потхранат нечии аспирации, кои по сé изгледа стануваат предметни само тогаш кога категоричното “не” се заменува со додворувачкото “неее”! Ние сме тука, со сé што ни следува како историска придобивка на традиционалната македонска кауза. Нé има овде, нé има насекаде. Јазикот наш насушен се слуша, пискотот од Галичник до Егеј од Река до Пирин нé потсетува, крвта на нашите дедовци и внуци нé сплотува. Еден мирен народ, една мирна земја, нема да мине ден, нема да мине ноќ а за себе да нé слушне некакви негативни видувања. Како што се одвиваат случувањата, економски обезглавени а политички обесправени, со постојани подметнувања и на еден и на друг план, добро е што овој народ сé уште е и разумен. Во последниов период ја имаме неповторливата можност сами на себе и на сите “добронамерници” да им покажеме како цврсто стоиме на ставот дека нема враќање од трасираниот пат на суверената држава Македонија, заедно со нејзината Македонска православна црква, од каде Божјиот глас за мир, спокојство и благосостојба ќе се пренесува на секој македонски дел. Сите сакаме да веруваме дека вака опседнати од неколку страни, со наметнати предлози за некакви единствено можни договори - решенија за проблеми (инсценирани од невалидни сценаристи), наместо со можности за разговори и дијалози (што е својствено за умните и за разумните кои мораат да ги стават “в ред” неумните и неразумните), никому не му паѓа на памет да помисли дека сме дезориентирани и дезорганизирани. Ниту можеме, ниту смееме ниту, пак, имаме некакво право така да се однесуваме, така да зборуваме. На крајот на краиштата, тоа што е наше, наше е, ние туѓото не го сакаме, но колку некому и да не му оди на рака, најмалку имаме намера своето да го даваме. Нашите, домашните политички противници имаат една и единствена задача да го дадат својот немерлив придонес во зачувувањето на територијалниот интегритет на нашава држава (за кој никој во себе нема толку “машкост” за себе да каже дека на него гледа како дете на слатки), во подобрувањето на безбедносната ситуација (која се сведува на бескрајната самоубиствена игра на исти играчи на руски рулет - доколку не ни го дадете ова, ќе ви се врати “она”), во ревитализацијата на економскиот статус на населението (кое вака осиромашено ја има само кожата на грбот и иднината на просјакот), во неприфаќањето за менувањето на автокефалноста на нашиот духовен водач (нашата матична црква која благословот за своето постоење го има од нејзините верници)... Дефокусирањето на вниманието на јавноста сега веќе како по обичај не ги дава очекуваните резултати, затоа што мина времето кога наивните наседнуваа на лукавствата, кога “глувите” не слушаа, а “слепите” не гледаа. Македонците секогаш и слушале и гледале. Се ближи последниот час кога морате да им побарате прошка за направените минати (и евентуално моментно планирани) грешки, бидејќи Македонците, тие кои останаа тука и тие кои се раселени низ светот, несомнено се неприкосновени сопственици на својата национална посебност, на земјата македонска, на нејзиното сонце кое секогаш има ист број зраци, на јазикот на генерациите, на верата која ги обединува... Ако се покајат, нека им е просто, можеби не умееле да знаат дека грешат...

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

48

George Atanasoski


Makedonskata saga 24.06.2005

V

о небрежјето на историските креации, секој си ја кажува својата приказна, а Македонците (мислам на оние кои себеси достојно се препознаваат во делата на најголемиот војсководец на сите времиња), упорно ја ткаат својата, често соочувани со “шамарање од небрежност” на оние кои се плашат од вистината. Ни посегнуваат по сé што е наше, исконско македонско. Се осмелуваат како бесрамници за нашето име, култура, вера насушна рисјанска, дедовиот праг на трошната македонска куќа, езерата кои паметат за Билјана, на шумите кои знаат многу тајни за дамнешни битки, јунаци, фаланги... А Македонецот молчи и само го врти и другиот образ. Мавајте, вели. Потсетува на Синот Божји, кој секогаш имаше и даваше повеќе љубов отколку што мајката земја можеше да прифати. А еден ден можеби треба да се освестат Македонците и да го сослушаат советот на мудриот Конфучие, кој некогаш и некаде рекол: “За да се стави светот во ред, мораме прво во ред да ја ставиме нацијата; за да се стави таа во ред, мораме прво во ред да го ставиме семејството; а за да го ставиме семејството во ред, мораме прво да го култивираме нашиот личен живот, мораме во ред да ги ставиме нашите срца.” Секој ден си има свој белег, своја препознатливост, а токму денешниов за нас е посебен. Токму на денешен ден 1994 година излезе првиот број на “Македонско сонце”. Од тогаш почна и приказната за неделникот, кој во континуитет излегува веќе 11 години. Во два наврата е извршена измена на форматот, а последното издание е во колор, со 64 страници, формат А4, рубрицирано и дизајнирано според стандардите на европските неделници. Концепцијата и уредувачката политика на неделникот се базираат врз неговата основна цел, односно афирмација на македонските национални вредности не само на територијата на денешна Република Македонија, туку и во останатите делови на етничка Македонија, па дури и во цел свет, односно секаде каде што живеат и работат луѓе чија етничка и државна припадност ги поврзува со Македонија. Сакаме да бидеме нишката која ќе ги обедини Македонците и која ќе влијае за активирањето на подзаборавениот македонски код за опстојност. Да бидеме сведоци на парадигмата за македонската кауза, синтагмата која ќе допре до секого кој е на релација на правдината и вистината, без разлика на националност, вера, потекло и пол. Да бидеме носителот, двигателот на каузата за независната македонска република на Балканот, каузата за државност и вечната борба на себедокажување пред оние зли јазици кои со непристојни аспирации “подголтнуваат” на сé што е македонско, на душманите и бездушниците, кои како гладни волци вијат над нашата убава Македонија. Има многу причини за нашето постоење и долгогодишно работење во име на вистинските вредности! “Македонско сонце” секогаш беше на линија на вистината, на страната на професионалноста и објективноста и сé она што претставува новинарска етика. Секогаш стремеше да допре до оние за коишто постои. Секој читател да се пронајде себеси во некоја од рубриките, во некоја од приказните или, пак, да ја осознае вистината преку написите за политика, економија, култура... Секој на свој начин и секој од својата посветеност, тимот на “Македонско сонце” се обидуваше да придонесе за името на неделникот да се слушне што подалеку, да допре и до оној кој претходно со предрасуда фрлал сенка на него. Досега секој кој нашол време да го “прелиста” неделникот “Македонско сонце” имал можност да ја види другата - македонската страна на работите! Но, нашата цел не запира тука. Нашата визија оди уште подалеку. Оди дотаму да го види секој Македонец каде и да е на светот, во која и да е туѓина, како си подава рака на својот, на Македонецот. Оди дотаму да ги види сите македонски политичари како дејствуваат за целите и за интересите на Македонија. Нашиот видик оди и дотаму да ја види државава без несреќни и сиромашни луѓе. Без стечајци, невработени, бездомници, гладни рудари, интелектуалци на кои им се одземени дигнитетот и последната капка надеж за нешто позитивно. Македонија која ќе биде посакувана дестинација за живеење, сигурна, безбедна, без доминација на малцинството врз мнозинството. Македонија без фиромирање, туку како горда членка на сите светски елитни клубови. Ете, тогаш целта на еден македонски светски неделник ќе биде реализирана и целосна. А среќата ги следи најхрабрите и секогаш е на нивна страна. Годините се нижат, времето си тече а нашето “Македонско сонце” нé грее веќе единаесет години. За многу години “Македонско сонце”! Да ни сјаеш и зрачиш уште многу години!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

49

George Atanasoski


Makedonskata saga 01.07.2005

Z

ошто Македонецот ја сака Македонија? Затоа што е потомок на древно кралство, затоа што е задоен со непроценливо културно и духовно богатство. Неговата праисториска етногенеза кажува само едно, дека својата вековна опстојба ја има одбрането со крв и солзи, дека патот по кој чекорел бил трновит и горлив. И затоа, денес, тој никому не му должи оправдувања, објаснувања, докажувања... Сé она што го поседува, го должи на своите предци, на своето име. Но, во вечната борба со неправдата Тој заборава дека единствената цел кон која треба да ја насочи својата духовна сила е почитување, заштитување и збогатување на своето постоење. Јакнењето на историската матрица подразбира стабилизирање и сигурност на сегашноста и, пред сé, на иднината. А, токму во сегашноста Македонецот ја губи својата сенка. Како ретко кој, тој има потреба повторно и повторно да се потчинува, да се деградира, да се омаловажува, да коленичи... Несфатливо и нетипично за народ кој себеси се прогласува за потомок на најмоќната династија во историјата на човештвото. Колку и да звучи патетично, сепак навистина е така. Можеби е во генетскиот код, да сме осмислени како една оксиморонска специфична сорта на народ. Моќ во немоќ! Или поинаку кажано, до кога ќе посегнуваме по парче леб во далечните земји, кога тука во нашата ни Македонија го имаме најслаткиот леб насушен? До кога младите ќе ни бидат со погледот насочен во далечина барајќи место каде нивното знаење, нивните интелектуални способности ќе дојдат до израз? До кога ќе ги почитуваме повеќе туѓите уметници кога тука кај нас ги имаме најдобрите, изворните, оригиналните МАКЕДОНСКИ!!? До кога ќе се молиме пред туѓите олтари и до кога ќе гувееме пред туѓите гробови?! До кога Македонецот ќе се бара себеси, не знаејќи или, пак, неосознавајќи дека само на родната грутка е тој вистинскиот. До кога ли ќе ги криеме трагите кои нé издаваат дека сме оние вистинските, оние Македонци кои од век и веков опстојувале на истите простори пркосејќи на времето, луѓето, збиднувањата, иронијата... До кога ли само ќе даваме дел по дел од сé она што си е наше, мајчинско, дедовина, антика... Доколку направиме анализа т.е. пресек на хронолошко-тематските целини во македонската историја, ќе го согледаме неповторливиот континуитет на Македонецот. Не постои историската магистрала каде името Македонец и Македонија не е забележано. Само за потсетување: античка Македонија, средновековна Македонија, Македонија за време на Отоманската империја, Македонија за време на Балканските војни и Првата светска војна, Македонија меѓу двете светски војни итн. Зарем ова не е доволна потврда за сé она што сме биле во минатото? Светската историја се пишуваше врз македонските солзи и маки! Таа ни должи многу повеќе од она што бесрамно ни го украде и узурпира! Затоа, Македонец си должи почит и признание единствено само на себе! Преку соодветно заштитување на сé она што е македонско Македонецот повеќекратно го докажува и афирмира своето име, јазик, култура, традиција. Триумфот на вистината и правдата ќе го добиеме кога достојно и чесно ќе го одбраниме историскиот легитимитет и континуитет на нашата земја. Со наведната глава и сервилност ќе го изгубиме и она малку достоинство и признание кое го уживаме кај народите кои искрено нé ценат и нé почитуваат. Затоа беспрекорно и смело треба да чекориме кон она што сме! Македонецот е свој на своето, бидејќи сé останато му е туѓо! Македонецот е свој на Пела, на Мечкин Камен, на Прохор Пчински! Преку воинствените фаланги, библиските ракописи, до денешни дни тој е Македонец! Моќта на Македонија е содржана токму во нејзините премрежија. А нив ги има премногу. Историските неправди горчливо се имаат напластено во душата на Македонецот, и затоа тој денес не може да ја препознае убавината и големината на името кое го носи. Колку сме големи, величествени, возвишени, вечни. Но, можеби токму таа вистина делува заплашувачки кон некого! Нејсе. Ако било судено вечно да молиме и да страдаме, нека биде. Она што е од Господа се простува, сé останато Господ го казнува!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

50

George Atanasoski


Makedonskata saga 08.07.2005

Z

агреани парламентарни столчиња, вжештени глави, жестока собраниска дискусија за Предлог-законот за употреба на симболите на етничките заедници, откриени големи количества нелегално оружје (Долно Блаце, Брест). Забранет пристап на полицијата во Брест, запоседнато Кондово од Адем Красниќи, потпомогнат од Косово... Вака накратко можеме да го опишеме сé она што деновиве се случува на македонската политичка и безбедносна сцена. Можеме ли да најавиме жешко политичко лето? Ако внимателно ги анализираме последниве настани, тогаш одговорот на ова прашање би бил потврден. Но, следствено по тоа нормално е да си го поставиме и следното прашање: “ќе извлечеме ли жива глава” од оваа политичка жештина или, пак, ќе имаме реприза на крвавото сценарио од 2001 година? Најавите дека ќе се евакуираат децата од Брест (селото на командант Бреза), а возрасните ќе се мобилизираат за да го бранат селото, ако полицијата повторно спроведе акција за пронаоѓање на Бреза, се доволен мотив граѓаните да се посомневаат дека довчерашните команданти на УЧК подготвуваат реприза на 2001 година. Акцијата во Брест ја влоши и онака кревката безбедносна ситуација која, како што ќе каже Џезаир Шаќири, (Национална демократска партија), кој до вчера беше во планините, е надвор од контрола и личи на состојбата во Кондово. Веќе е видено сценариото Албанците да се покажуваат како невини жртви малтретирани од полицијата. И повторно меѓународната заедница добива лажен впечаток за невините Албанци. Шаќири знаеше да обвини дека наводно полицијата го малтретирала населението во Брест, но “заборави” да каже од каде толкаво оружје во куќата на Хамди Бајрами-Бреза. Во оваа држава одамна се измешаа улогите. Шаќири му објави војна на министерот за внатрешни работи. Албанците можат нас да нé нарекуваат славомакедонци, или не знам како, а ние на “секој нивен подаден прст им даваме цела рака”. До кога “командантите” ќе ни се закануваат и ќе ни ја контролираат територијата? Ако на сé ова се додаде и фактот дека тешко ќе оди усвојувањето на Законот за употреба на симболите на етничките заедници, поконкретно, употребата на знамињата, тогаш не е ни чудно ако се реализираат предупредувањата за ескалирање на ситуацијата во Гостивар. Тоа е градот каде што во 1997 година се случија немили настани поради желбата на Албанците да го истакнат своето знаме на државните институции. Оттогаш па до денес, односно веќе петнаесет години од самостојноста на нашава држава, албанскиот орел постојано ги подгрева тензиите и се заканува за ескалирање на ситуацијата. И додека експертите предупредуваат дека знамето на етничката заедница не смее да биде идентично со знамето на туѓа држава, бидејќи означува туѓа територија и нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет, некој се обидува на “мала врата” да го протне како дел од Рамковниот договор. Неговото усвојување ќе овозможи во нашата држава да се веат знамиња на други држави, па така нормално е кога странец ќе дојде во нашава земја, да си го постави прашањето во која држава се наоѓа? Никаде во светот пред владините институции на ниту една земја не се вее знаме на друга суверена земја. Ако се дозволи вакво нешто тоа ќе значи постоење на држава во држава, а за тоа идните генерации нема да ни простат. Реални се стравувањата за злоупотреба на овој Закон, доколку се усвои, односно граѓаните се плашат дека орелот ќе почне да се вее и во оние делови каде што Албанците се 20 отсто (иако во Предлог-законот е предвидено албанското знаме да вее во оние средини каде се 50 отсто). Во Арачиново веќе никна дивоградба-споменик на загинатите борци на ОНА, чии три столба се симбол на териториите на Албанија, Косово и Илирида. А локалните власти се фалат со децентрализацијата и коментираат дека за вакво нешто е надлежна самата општина. Ова е лош сигнал за почетокот на децентрализацијата, односно пренесувањето на ингеренциите на локалните власти. Но, не само тоа, Македонците со новата територијална организација на единиците на локалната самоуправа се најдоа во ситуација да бидат малцинство во сопствената држава. Всушност, новата територијална поделба, како што предупредуваа експертите, беше направена врз етничкиот, а не географскиот принцип. Ни останува уште Законот за употреба на јазиците на етничките заедници. Македонците во иднина ќе мораат да бараат преведувачи ако сакаат да му се обратат на градоначалникот во општината каде што етничките заедници се мнозинство. Ништо нема да нé изненади кога еден ден главниот град ќе ни осамне со две имиња, кога во западниот дел на државава, но и онаму каде етничките заедници се мнозинство, ќе имаме промена на имињата на училиштата, улиците... И сé некако во името на тој Рамковен договор Албанците во оваа држава бараат преку “леб-погача”. Дали Македонија со овој срамен Договор ја изгуби моќта да одлучува за својата иднина? Тука ни е проблемот и со нерешениот статус на Косово и демаркацијата на северната граница. Постои и стравување дека независноста на Косово негативно ќе се одрази врз стабилноста на Македонија. Во исчекување на епилогот од собраниската седница за знамињата, си го поставуваме прашањето дали Македонија (примерот со притисокот од Грција), повторно ќе си го промени државното знаме и до кога други ќе ни ја кројат судбината?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

51

George Atanasoski


Makedonskata saga 15.07.2005

G

олемиот светски тенор Хозе Карерас им го остави својот музички епитаф на малубројните сладокусци, кои имаа длабок џеб да го платат неговиот настап и при тоа да уживаат во цената на успехот, кој тој го спечалил во планетарни рамки со 5 проценти талент и 105 отсто работа. Зошто не му даваме важност на неговиот талент? Ние не можеме да ја засениме неговата талентираност со погрдни зборови, бидејќи тој дар е Божји, ама немаше да ја доживее “боговата слава” на една холивудска филмска ѕвезда, ако човекот не се испотеше од работа. Значи, муабетот ни беше дека за сé треба мака и работа, а без неа си никој и ништо. Според тоа, нема успех ако на прво место не се стави работата, а дури потоа славењето и кочоперењето. Затоа во многу нешта треба да се “метнеме” на Хозе Карерас. Прво, тој ја победи природата, односно ја доби битката со канцерот. Второ, човекот има стил и своја цена, без која не настапува на ниту една културна манифестација. Овој пример го зедовме предвид, бидејќи во него има премногу поука. Имено, нам во земјава ни гори под нозете, се давиме од политичкиот јавашлук и намерната “немарност”, а при тоа од уста не ги вадиме пофалните зборови за успехот во т.н. неколкупроцентно зголемување на вработеноста, која патем фиктивно се зголеми поради бришењето на кадрите и на лицата кои работат на договор на дело во државната администрација. Истовремено, Адем Красниќи ни прави шокови, нé трезни од пијанството, од божемниот успех, за повторно да се вратиме во реалноста каде командантот со зборови нé повикува на “мотика”. Нé потсетува на старата македонска мана, кохабитацијата меѓу претседателот на државата, премиерот и министерот за внатрешни работи, не функционира. Сé се мери низ призмата на попуштање за да не се наруши безличната и бездушната толеранција во власта. Во овој момент, актуелно е прашањето кој ќе има храброст да даде “амин” за мирновременска акција на македонската полиција, а при тоа да не ја преземе одговорноста врз своите плеќи, бидејќи Љубе Бошкоски ја срка манџата во Хаг, оти премногу “револуционерно” се залагаше да биде иста Македонија. Оттаму прашањето е Дамаклов меч за политичарите, но и за опстојбата на државата. Тој проблем не може вечно да се држи под контрола, бидејќи на насилниците и на екстремистите им се даде премногу простор и внимание, а тие се сé посилни и похрабри во своите атакувања врз институциите на системот, кој пукна кај Кондово, кај Брест итн. Утре може да им пукне в скут, на Водно. Што тогаш ќе правиме? Нели на мака се познаваат јунаците. Или... Но, скраја да е од тој шаблон, кој го гледавме во 2001 година. Можеби ќе имаме и малку среќа, па нема да ја репризираме или реплицираме кризата. Таа засега ни чука на порти, ама ни недостасува калаузот, бидејќи оригиналниот клуч е изгубен поради неодлучноста на владејачката гарнитура. Сега таа се наоѓа на испит. Но, доколку падне на матурскиот, односно на бруцошкиот испит, тогаш тешко дека ќе имаме реална шанса да ја закрпиме дупката кај Кондово или горе на Скопска Црна Гора. Тие се дел од познатата географска трансверзала, која почнува од Прешевската долина, па преку Липково, Арачиново, Чаир, Кондово, Сарај, Радуша, се префрла на Шарпланинскиот масив, кој индиректно преку Мавровскиот крај се спушта кон дебарско-струшката линија, која природно е залепена со Република Албанија. Ова не е теорија, туку чиста практика за која наследниците на поранешната ОНА имаа десетка. Луѓето, без разлика дали се водени од криминогена цел или од старовековната идеја за Илирида, имаат “храброст” да му се спротивстават на системот, односно работат. Значи, повторно се враќаме на нашата првична поента, без мотика, односно без метла не може да се исчисти ѓубрето. Затоа, треба работа и само работа. Но, како таа да фатила уплав од нас и Македонците станале Црногорци, па затоа немаме некакви резултати. Сите досегашни обиди за амортизирање на сложеноста на проблемот, убедување, играње “циле-миле”, не вродија со плод. Ситуацијата е иста како и пред неколку месеци. Преку нишанот се гледаат и македонските полицајци и џамбазите на Адем Красниќи. Во меѓувреме само се смени ќотекот. Него го пробаа и припадниците на “алфа-тимовите”, ама и имамите од Кондово. Значи, во небрано се и Албанците и Македонците.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

52

George Atanasoski


Makedonskata saga 22.07.2005

V

о потрага по спектакуларноста, сензацијата, аферата, по скандалот, новинарот, пренесувачот на информациите до јавноста, во ова транзиционо време често се случува наместо професионалната во преден план да ја става личната аспирација, именувана како слава и пари, при што за да се добие тоа се презентираат шпекулации, невистини, полувистини, чаршиски муабети, озборувања. Ваквите состојби во “седмата сила” најдобро се отсликуваат во размислувањето на некои новинари од руската новинска агенција “Итар-Тас”, кои го употребуваат изразот “новинарство во сини фармерки”, најверојатно произлезен од тоа што џинсот е медиокритетски материјал (производ наменет секому), а кој има две страни (може да биде исклучително модерен, но и спротивно...). Денес новинарството како да е трансформирано во бизнис без преседан, од букви и од гласови да се заработуваат баснословно високи износи, според македонски критериуми и услови. Со секоја почит кон исклучоците, кои занаетот го учеле од оние кои ги поставиле корените на македонското новинарство и за кои важи правилото дека вистината има две страни и една е вистинската вистина, кај мнозинството како единствена движечка сила да станува девизата - колку побрзо можеш зграби сé што се може! Во една таква конотација на севкупните моментни општествени случувања за нив на претек има “муштерии” од секаков вид. “Веродостоен” нарачан и платен “материјал” за кој се договара некој Х со некој Ѕ, има единствена цел - со непрофесионализам професионално да се среди некој З. Доколку новинарите се тие кои постојано бараат соодветно и непристрасно презентирање на реалноста, преку почитување на сите законски и етички норми од сечија страна, тогаш е логично да се прашаме зошто токму тие се оние кои користат неаргументирани и неверодостојни податоци за одредена личност да се дисквалификува како човек, како бизнисмен, како... Е, уште е позачудувачки кога тие кажуваат кој е грешен а кој не е. Плукаат вулгарно, без разум, се погани, се навредува, понижува, се омаловажува... Како, пак, да се квалификуваат ваквите личности? Сигурно дека секој од нив би можел да добие некаква нова верзија на “Пулицерова” награда но доколку таа би била востановена за лихварите, профитерите, подлизурковците од оваа бранша. И што потоа, има утре, ден кога кажаното ќе ја изгуби вредноста на релевантност, кога ќе се докаже, ќе се потврди дека наводната вистина всушност е презентирана невистина. Ако јазикот има азбука тогаш новинарството има свој пишан кодекс, во кој новинарите се колнат како на Хипократова заклетва. Во новинарскиот кодекс јасно е зацртано дека основна обврска на новинарот е на јавноста да й обезбеди автентична и вистината информација, врз основа на факти, докази кои имаат познато потекло. Изостанувањето на суштински познати факти, притајување или изостанување информации или фалсификување документи е спротивно на правилата. Нормата за чесност, односно принципот на вистинитост, мора да биде почитуван во текст, слика и звук. По редот на нештата, во една правна држава за каква што упорно Македонија се декларира, некој набрзо ќе мора со целосна морална и етичка одговорност да ги сноси последиците за сторената штета - темната дамка со која се обележува невината жртва. Денес се клевети секој и секого, а вообичаено е вниманието да се настрвува кон навистина успешните и чесните, кон оние кои се забораваат и се маргинализираат тогаш кога нивното име со пиетет го спомнуваат претседатели на држави, благодарни што за сеопштиот развој придонесува човек кој не е од нивно тло, а тоа е тој истиот кој тука, на родната грутка го отвора својот паричник за да вложи и за да даде нешто, овде, за нас, за државата. Е, таквите не се сакаат, не од страна на обичните смртници кои велат “фала Богу, ако има тој, ќе имам и јас”, туку од новокомпонираните рекетари со луксузни возила и пространи станови со потенцијали за “меродавни” фактори бескрајно загрижени за просперитетот на татковината. Искрено речено, човек мора да се праша што е со овие луѓе во оваа земја, се збрале некакви аматерски професионалци, кои страдаат од пуста желба за валутно докажување. Точно, валутите се заработуваат но со чесност, работа, труд, мака, знаење... Научете го ова нешто од оние кои заради својата чиста совест мирно спијат. НО, КАКО И ДА Е, НА ЛАГАТА И НА ШПЕКУЛАЦИИТЕ НОЗЕТЕ ИМ СЕ КРАТКИ И НА КРАЈОТ ВИСТИНАТА СЕКОГАШ ПОБЕДУВА!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

53

George Atanasoski


Makedonskata saga 29.07.2005

E

те, повторно ќе се слушне виењето на зурлите, а тешкиот удар на тапаните ќе се разнесува над далеку познатото Крушево. Топотот на коњите како чекан ќе удираат врз камениот мегдан, симбол на пркосот и непокорот на Македонците, а река луѓе ќе се слева по патеките по кој врвеле славните комити, да се поклонат пред великиот Мечкин камен. И, за чудо, овој пат ќе се вее само македонското знаме. Да не заборавиме, сега за секоја прилика низ нашава држава рамковно ќе се веат и други знамиња. Но, ние ВИСТИНСКИТЕ МАКЕДОНЦИ - ПАТРИОТИ ПО ДУША И ПО ВОКАЦИЈА - КАЖУВАМЕ ДЕКА НА ТОЈ ДЕН, ЗА ДА СЕ ЗНАЕ КОИ СМЕ, ШТО СМЕ И ОД КАДЕ СМЕ, НА СВЕТОТ ЌЕ МУ ЈА ДАДЕМЕ МОЖНОСТА ДА НÉ ПОЗНАЕ ПО ОНА ЕДИНСТВЕНОТО НАШЕ ЗНАМЕ – ШЕСНАЕСЕТКРАКОТО СОНЦЕ, ЧИЕ ШТО НЕПРИКОСНОВЕНО ПОСТОЕЊЕ НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО НЕГИРА. А неговото место е токму таму каде што ќе се слават двата Илиндена, едниот - Илинденско востание, кренато на ден “Свети Илија”, голем верски празник, а другиот - кога се одржало Првото заседание на АСНОМ. На 2 август 1903 година, Илинденците-комити покажаа колку е силна свеста кај Македонците за ослободување од повеќегодишната тиранија. Навистина, востанието не успеа, но остави силна трага во македонската историја бидејќи самоорганизираноста и сите белези од државноста на Крушевската република покажаа колку македонскиот народ е подготвен сам да си ја избере судбината. Затоа, и години по овој голем историски настан, тој со себе носи голема одговорност, традиција, но и завет дека се почитува смртта на загинатите револуционери, кои славно ја обележаа нашата крвава и маченичка историја. На 2 август 2005 година славните Илиндени ќе потсетат и на дамнешната битка кај Херонеја, кога била воспоставена македонската хегемонија над грчкиот свет, а секако ќе потсетат и на раѓањето на Александар Македонски. Настани кои се едни од најзначајните датуми од историјата на македонскиот народ, повод за големо славење. Но, повторно се наметнува прашањето “колку државниот врв е подготвен и организиран да го прослави овој голем ден, без афери, скандали, гафови?” Искуството од години наназад предупредува дека вакво нешто кај нас е неизбежно, па може да се очекува “нешто” да фрли сенка и да го расипе големиот Ден за македонскиот народ. И како по обичај, пред големиот празник Илинден, секогаш е неизвесно дали државниот врв ќе успее да ги убеди српските владици, да дозволат македонска делегација да положи цвеќе на местото каде што пред 62 година се одржало Првото заседание на АСНОМ. И повторно во манастирот “Прохор Пчински” српските свештеници се прават наглуви, а за прославата на 2 август не слушнале. Немаат најави ниту од државата, ниту пак од Српската православна црква дека во манастирскиот комплекс или како лани, пред него, ќе имаат гости од државниот врв од Македонија. Како што велат, досега до нив не пристигнало никакво барање. А кај нас, ниту во пет до дванаесет, сé уште не се знае ништо, топката постојано си ја префрлаат - од ресорните министерства, дали за култура или за надворешни работи, требало да се контактира со надлежните во соседството. И додека нашите “надлежни” се натегаат, во “Прохор Пчински” сепак за празникот на 2 август ќе има литургија. Оттаму велат вратите се отворени за гости. Таму неодамна беа и неколку приврзаници на расколникот, кои тврдеа дека најверојатно ќе присуствуваат на Илинденската литургија, кога и поглаварот Павле треба нему да му го врачи томосот за таканаречената охридска архиепископија?! А, Пелинце? И таму нешто се подготвува за 2 август. До меморијалниот центар се гради библиотека со амфитеатар, а до него и ресторан. Амбициозно, но и двете згради треба да бидат завршени до почетокот на август! Постои надеж дека ќе успеат навреме. Но, едно е сигурно. За Илинден претседателот на Собранието Јордановски ќе оди во Крушево, министерката Митрева со иселениците во Трново. Останува уште само претседателот Црвенковски да одлучи каде ќе биде на големиот празник... А, народот? Каде и колку достоинствено ќе може да ги прослави двата Илиндена? До кога ќе биде под стрес од сé она што ни се случува? До кога ќе нé изненадуваат со експлозии, терористички напади, безбедносни вибрации, афери, скандали? Колку македонскиот граѓанин ќе се чувствува безбедно и слободно доколку посака да си ги чествува големите македонски празници така како што доликува, чувствувајќи се како вистински Македонец?! Како и да е, да заборавиме на неубавите работи кои покрај нас го потресуваат и целиот свет и да си честитаме од сé срце ЗА МНОГУ ГОДИНИ МАКЕДОНЦИ, НЕКА ВИ Е ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

54

George Atanasoski


Makedonskata saga 19.08.2005

N

ајголемите историски триумфи и премрежија се имаат случено токму во месец август: Херонеја, Илинден, АСНОМ... но и Љуботен, Карпалак, охридскиот Рамковен договор... Август е олицетворение на нашето историско, културно и духовно издигнување и самопотврдување, но токму во во овој месец се случија и нашите најголеми порази. Август е делницата преку која отсекогаш се кроела нашата судбина! Онаа светлата, но и онаа крвавата! Во август сме ги жнееле придобивките на добрите дела, но сме ги плаќале и лошите. Векови наназад нашите предци се бореле за она што ние денес бескрупулозно го уништуваме. А, тоа се историски придобивки кои се потврда за она што сме биле во минатото. Историски придобивки кои го креирале нашето крваво, но триумфално патешествие. Денес ситуацијата е сосема поинаква. Херојските и патриотските подвизи одамна се табу тема. Историската папка е фрлена во заборав, архивирана засекогаш. Денешните властодршци немаат време да се потсетат кои се и од каде доаѓаат. Немаат време на кратко да ги отворат учебниците и да ги прелистаат, да прочитаат некои важни факти. Но, затоа имаат време за сé друго што ја дегредира и ја уништува земјата. На прашањето колку вреди честа на една земја, несомнено Македонецот ќе се изгуби во одговорот. А, зашто? Бидејќи достоинството отсекогаш претставувало рана на секој Македонец. Македонецот не знае да го вреднува, да го издигнува, да го негува. Достоинството на еден народ и земја се од непроценлива вредност. И само со чесен и искрен однос се заслужува среќата. Би било илузорно да се направи сепарација на она што значи власт и нејзината моќ и народ и неговата моќ. Најчесто моќта на власта е онаа која е пресудна според свеста на народот. Но, токму во свеста на народот лежи и најголемата заблуда на нашето општество. Уништен од суровите механизми на власта, народот е доведен во ситуација да не може и да не сака да ја спознае својата моќ. Народот е тој кој треба смело да се соочи со власта, да го урне митот за неспособност, а со тоа да го воскресне сопственото достоинство. Културна, духовна, економска, социјална дегредација е она кое го живееме последниве петнаесетина години. Во минатото народот се воздигнал против империите и непријателите кои го угнетувале, а сега треба да се воздигне против себе си. Против својата најлоша мутација, која единствено има за цел да уништува. Сведоци сме на грозоморни сценарија кои ни ги кроеја оние кои беа на власт. Заробени сме во пајажината која ни се ткае со години. Оние најсмелите си заминуваат. А, тоа не треба да се случува. На Македонија й е неопходна македонска крв за да опстои. Името Македонија би било илузорно ако функционира без народот кој ја создал. Илузорно е во Македонија да се создаваат и инфилтрираат просекакви каузи. Охридскиот Рамковен договор е карактеристичен показател за немоќта на македонското национално ткиво. Она што беше заткулисно зготвено и сервирано на македонската трпеза тешко се јаде. Едно е јасно, сите предавства се последица на синдромот “Гранде”, кој живее во секој македонски политичар. Алчност до немајкаде. Алчност која нé доведе (нас обичните смртници) до просјачки стап. Барем за момент нека застанат и погледнат околу себе. Во оваа земја живеат луѓе кои безрезервно им верувале и им ја подариле власта. Тие не бараат многу, само спокоен живот. Народот во државава бара скромно да преживува. Сепак, и во најтешките моменти не треба да заборавиме на поддршката која ни доаѓа од најмоќната држава во светот. Американскиот претседател Џорџ Буш испрати честитка до македонскиот претседател по повод националниот празник Илинден, во која уште еднаш нагласи дека “САД сметаат на силното пријателство со Македонија во годините кои доаѓаат”. “Минатата година Македонија беше инспирација во регионот, промовирајќи голем напредок и мир на нејзиниот интегративен пат кон Европа. Македонските напори да го промовираат и зачуваат мултиетничкото општество претставуваат модел и за другите земји во регионот и надвор од него”, нагласи американскиот претседател. Но, убаво е ваквата поддршка да ја искористиме за уште поголемо промовирање на Македонија, за надминување на сите спорови за нашето име и за враќање на нашето достоинство, бидејќи сме држава која треба да се гордее со своето историско потекло и опстојување низ вековите!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

55

George Atanasoski


Makedonskata saga 26.08.2005

A

ко по 15 септември 2002 година актуелнава владејачка гарнитура ветуваше “брда и долини”, за годинашниов 15 септември ВМРО ДПМНЕ најавува митинг на кој ќе биде анализирано досегашното практикување на власта на СДСМ. Премиерот Бучковски за октомври најавува владина реконструкција. Значи, во наредниов период ќе биде многу интересно, иако рака на срце и досега кога станувало збор за случувањата на македонската политичка сцена, никогаш не ни било здодевно. Постојано власта и опозицијата си ги анализираат резултатите, иако сите знаеме дека и едните и другите не постигнаа никакви резултати. Меѓусебно се обвинуваа и од позиција на опозиција ветуваа мед и млеко, а кога доаѓаа на власт забораваа на ветувањата. И сé така, цели 14 години, живеевме со нивните празни ветувања и лажни надежи. Но, не само што не потекоа медот и млекото, туку како што тргнале работите еден ден ќе ни го земат и воздухот. Вообичаено правило за сите досегашни гарнитури беше тоа што наместо да се тргне кон подобрување на состојбите, се одеше кон реконструкција на владиниот Кабинет. Се носеа луѓе на кои им беше потребно време да се снајдат на работните места и се тапкаше во место. За жал, Македонија сé уште тапка во место и секојдневно сé подлабоко и подлабоко тоне во бездната од која нема излез. Работите воопшто не се тргнати од мртва точка, а државава ни личи на тунел во кој нема светлина. Властодршците манипулираат со народот, а освен тоа што си ја променија својата имотна состојба, се разбира, на подобро, друго ништо не променија. Ја влошија и онака катастрофалната состојба во сите сфери на живеење. Дека е така, можеме да потврдиме со факти, да направиме анализа на ветеното и стореното. Пред доаѓањето на власт, 15 септември 2002 година, на Конвенцијата на Коалицијата “За Македонија заедно” (5 август 2002), Бранко Црвенковски, тогашен лидер на СДСМ, сега актуелен претседател на државава изјави: “Коалицијата ‘За Македонија заедно’ има историска задача да ја смени состојбата во земјава, бидејќи најголем ризик и најголема одговорност е ништо да не се преземе. Наша обврска е да конституираме чесна и одговорна власт, да воспоставиме систем на одговорност и отчет за секого, да го вратиме загубеното достоинство и да ги разбудиме закопаните надеж и верба на секој наш граѓанин и на целиот наш народ”. Денес, можеме да констатираме дека ниту е вратено достоинството на граѓаните ниту, пак, е вратена изгубената надеж за посветла иднина. Напротив, македонските граѓани секојдневно тонат во беда и сиромаштија, а ништо нема ниту од изјавите на Црвенковски дека ќе изградат посреќна Македонија, во која секое семејство ќе има барем по еден редовно вработен, а луѓето нема да се плашат како ќе го школуваат своето дете. Во 2003 година премиерот Црвенковски во своето резиме по повод едногодишнината од практикувањето на власта призна дел од грешките и изјави дека во битката со невработеноста не покажале резултат од кој можат да бидат задоволни, но најави дека овие грешки мора да се поправат и дека тоа ќе го стори во наредниот период. Грешките не беа поправени, беше направена единствено владина реконструкција во која некои министри само ги ротираа своите места. Во изминатиов период се покажа дека властодршците мислеа само на своите партиски интереси, а непотизмот и корупцијата беа секојдневна појава. Во овој тригодишен период едниот од коалиционите партнери во власта, и покрај поинаквите декларативни заложби, својата улога и место во Владата ја разбираше единствено како инструмент за делумно спроведување на политичките процеси од охридскиот Рамковен договор, залагајќи се за ургентно спроведување на процесот за соодветна и правична застапеност само на една од заедниците во администрацијата. Всушност, ова беше и образложението на Хари Костов (поднесе оставка), единствениот премиер досега, кој имаше смелост јавно да каже што се случува во владиниот Кабинет: “Не сум подготвен на неефикасно работење во Владата, условување и блокирање на реформските процеси во политичката и, пред сé, во економската сфера заради некои дневно-политички договарања”, велеше Костов. (За потсетување, причината за оставката следуваше по неговиот неуспешен обид за смена на тогашниот министер за транспорт и врски од ДУИ, Агрон Буџаку, по продажбата на спорната локација во близина на плоштадот Македонија). По владината криза, Буџаку замина, а и во новата Влада на Бучковски, Министерството за транспорт и врски продолжија да го тресат афери од најразличен вид (поништената лицитација за закуп на земјиштето спроти зградата на Народна банка во Скопје). И во најавите за годинашната владина реконструкција ова Министерство ќе биде централна тема за преговорите, а за него се заинтересирани и СДСМ и ЛДП и ДУИ. Се спомнува дека во него имало најмногу пари поради приходите кои произлегувале од странските донации и кредити, како и од продажбата или од издавањето под закуп на земјиште во државна сопственост, со што Владата интензивно се занимаваше во изминатите три години. Повторно се шпекулира со името на Буџаку, иако засега се најавува дека единствено ќе биде сменет министерот за земјоделие од редовите на ДУИ, кој покажал слаби резултати. Практиката се повторува, наместо во офанзива кон промена на состојбите, и премиерот Бучковски ќе тргне во промена на личностите. И повторно ќе се вртиме во тој маѓепсан круг. Господ нека ни е на помош.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

56

George Atanasoski


Makedonskata saga 02.09.2005

V

о македонското трло нема ништо ново, и натаму граѓаните и верниците се овчички за молзење, бидејќи никако да куртулат од “бељата” која им ја создаваат политичарите. Само што сега во квасецот и во брашното им се мешаат старите ни (НЕ)пријатели, кои како и по обичај со години и со векови наназад ни колваат врз главата, ни ја вадат душичката. Но, ете за белја, веќе не се вадиме од такт, бидејќи сме “пелцовани”, односно вакцинирани од старо-немиот филм, кој упорно ни го сервираат душманите. Едноставно да не ви се верува колку ви ја матат водата, а ние сме “кул” – дрогирани и лебдиме во воздухот од идилата која ни се случува. Во меѓувреме тие не мируваат, бидејќи им гори под нозете, па затоа наместо да ги решаваат проблемите во својот двор, го замајуваат сопствениот српски народ со морето проблеми на македонскиот народ. Ним издувен балон им претставува “маченикот” - Зоран Вранишковски, кој отфрлен од сопствениот народ, отфрлен од верниците, сега ги решава нивните проблеми. На нивната топ-листа приоритет претставува Косово, но бидејќи се неспособни и немоќни тие се занимаваат со нас, јадни и помали од маково зрно. Столчени од економските прилики во светот, во ваганот нé толчат и “мирољубивите Албанци од село Челопек”, кои не дозволуваат на нивна територија да се покади земјата македонска. Затоа македонските души не се упокоени, туку чекаат благословено миро, но и правда за волја на вистината да бидат казнети сторителите на грозоморното дело во мотелот “Бриони”, близу тетовското село Челопек. Таму се бие битка човечка, но и душманска, бидејќи ѓаволите ја презеле судбината во свои раце. Тие се мајтапат со Македонците и со роднините на разнесените лица. Дури и им се закануваат на политичарите, кои упорно ни ја продаваат старата финта дека нам ни тече мед и млеко, иако кревкиот мир е доведен во прашање. Но, што повеќе можеме да очекуваме од неспособните лидери, кои ни по четири години од нултата година, не ги средија работите, освен ако им се припише успехот на личен план - го поделија бизнисот, ја поделија територијата, а сега следува да го продадат и она што малку ни остана “нешитнато” во Македонија. Порано таквите ги нарекуваа “шиткачи”, ама и за нив имаше лек, народот со стап ќе ги подбереше, па удри, удри, удри до помодрување, до смрт. На тој начин ќотекот си имаше своја превентивна функција. Но, ете времето се смени, иако време е да се потсетиме на храбриот поединец кој во осумдесеттите години од минатиот век ги отепа директорите во својата фирма, бидејќи го украдоа народот, а тој и неговото семејство немаа леб за јадење. Потоа во оваа фирма се средија работите, а народот го слави жртвениот јарец. Меѓутоа, и натаму останува дилемата дали на човекот му дошла душата на нос, па затоа се жртвуваше за семејството, за стотиците вработени. Ова време, по многу нешта кои се случуваат во околината, личи на неговиот момент, кој во катарза ја разреши дилемата за успешноста во економското работење на фирмата. Оттаму може да се извлече поука, бидејќи најновата најавена реконструкција на Владата, всушност претставува неуспешен обид да се скријат лошите резултати од водењето со државата. Таа е пред тотален политички и економски крах, бидејќи првите лица во власта комуницираат со дисонантни тонови, а во меѓувреме и натаму се расчеречува македонското национално ткиво. Оваа ситуација е мошне опасна, бидејќи според карактеристиките личи на најлошиот период во Германија, каде што во 1933 година векна леб се продавала за вреќа марки. Тој лош период го искористиле реакционерните групи, вклучувајќи ги приврзаниците на фашистичката идеологија, кои подоцна го искористија своето време и го опустошија светот. Таа диктатура претставува најелоквентен пример за реинкарнација и воскреснување на националшовинистичките идеи, кои се во подем и претставуваат најопасен фитил за прекројување на границите на Балканот. Оттаму треба да се преземат брзи реформски мерки и притоа да се казнат сторителите за лошото функционирање на државата во последните петнаесет години.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

57

George Atanasoski


Makedonskata saga 09.09.2005

V

о неискрени односи е тешко да се искаже вистината”, рекол мудриот Бјорнстерн Бјорнсон. Токму ова негово размислување наведува да размислиме кој сé нé водеше во овие 14 години и колку на тие “избраните” им беше важна вистината за Македонија... Да живееш на почва со толку славни историски корени, да бидеш наследник на најславното име во човековата историја, да вееш знаме кое е најстариот култ на сонцето, да имаш јазик и црква доилка на останатите, и сé да изгубиш во лоша коцкарска проценка... “Да имаш, па да немаш” е проклетството кое нé следи. Но, имавме ли можност да ја поправиме грешката или, пак, како слепите Самуилови војници лошо го наоѓавме патот кој нé водеше кон вистината, која едноставно, гордо и на сиот глас требаше да му ја искажеме на цел свет. ЕЈ, НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ, СО МИЛЕНИУМИ ОПСТОЈУВАМЕ НА БИБЛИСКАТА МАКЕДОНСКА ПОЧВА ПОТОПЕНА СО КРВ, ПОСТОЈАНО ЖРТВУВАНА ВО ПОЛИТИЧКО-ВОЕНИ СПЛЕТКИ, ИНТРИГИ, УГНЕТУВАЊА, СТРАДАЊА... “Денешната самостојност е дел од историската борба на македонскиот народ за своја држава, дел од нашиот искон. Но, над тој возвишен чин беа надвиснати многу ризици”, ќе истакне првиот македонски премиер. Но, сепак нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Одбележуваме 14 години во кои Македонија преживеа непризнавања, негирања, ембарга, сиромаштија, војни, стресови, но и години во кои се избори за признавање и за место во светското семејство. За жал, и денес, години по тој историски референдум за самостојност, неопходна ни се смиреност, разум и одговорност, самопочит и потреба да го почувствуваме и гордо истакнеме пред цел свет нашиот национален идентитет. Како, скриен во запечатената Пандорина кутија, Македонецот се прашува до кога датумите кои ги одбележуваат настаните со историско значење, ќе ги чувствува како товар на душата, до кога ќе лелека наместо да слави? Дали треба да замижиме пред фактот дека дел од граѓаните на оваа држава, пред 14 години, на прашањето “Дали сте за самостојна Македонија...?”, не најдоа потреба да одговорат. Случајно или намерно, некои од политичките претставници на граѓаните, кои пред 14 години не беа сигурни дали сакаат да живеат во независна и суверена Македонија, денес ги гледаме на видни позиции и што е најтрагично токму тие куртоазно одлучуваат за многу работи од стратешки, витален интерес за државава. Ах, таа дволичност, ах тоа лицемерие, до кога ли ќе ја закопува македонската вистина?! Многумина разочарано, со доза на оправдана горчина, велат дека Македонија ја слави референдумската независност, а мисли на охридската “ставеност во зависност”. Очигледно, охридскиот договор и од него произлезените измени на Уставот не помогнаа Албанците да ја чувствуваат Македонија како своја држава или, пак, да се однесуваат како нејзини лојални граѓани, а не лицемерно да нé залажуваат со “соживотска љубов”. Не се покажаа од голема помош двојазичните пасоши, ниту издигнувањето на албанскиот јазик на ниво на втор службен јазик во државата, ниту легализацијата на парауниверзитетот и маркантната зграда на влезот во Тетово наречена Штулов, ниту интензивното отворање нови работни места за Албанците во јавниот сектор, ниту развеаните орли на највидни места... Уцените и постојаните притисоци, перманентните незадоволства, дали пресликани преку некои си “командоси” од Кондово, Красниќи или Јасниќи, секојдневно нé држат во постојана тензија, при која не забележавме дека Македонците стануваат граѓани од последен ред во сопствената, матичната држава! Македонци, свртете се околу себе и согледајте ги древностите и историјата која нé опкружува и постапете според генетската предиспозиција за да си го зачуваме своето! Ни ги бараат името, знамето, јазикот, црквата, земјата, идентитетот... Нé соголуваат. QVO VADIS библиска Македонијо? Господ белким ќе помогне да се оствари она што Македонците го имаат во своите гени: “Ние сме тука, постоиме и ќе постоиме”.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

58

George Atanasoski


Makedonskata saga 16.09.2005

N

Преодот од едно општествено уредување во друго, во политичкиот речник е познат како транзиција. Република Македонија веќе петнаесет години го минува долгиот транзиционен пат, кој граѓаните на оваа држава требаше од социјализам да ги пренесе во посакуваниот капитализам. Од самиот почеток во деведесеттата, кога Република Македонија, односно нејзините граѓани конечно го остварија својот сон, да имаат независна држава, беше јасно дека овој пат не е поплочен со рози, и дека ќе се минува навистина тешко. Но, сепак никој ни од блиску не претпоставуваше дека ќе заглавиме во темниот транзиционен тунел, кој за поголемиот дел од поранешните комунистички земји траеше 15 години. За разлика од нив, Република Македонија, и по изминати петнаесет години не може да се пофали дека изодела дури ни половина од тој пат, кој й е потребен за да им се придружи на останатите земји. Пред сé, на оние кои до вчера практикуваа социјалистички режим како Чешка, Полска, Литванија или, пак, Естонија, а кои денес седат на маса заедно со земјите со долга демократска традиција како една Франција, Германија или Велика Британија. Со право граѓаните на Република Македонија, кои овие петнаесет години тешко време најдобро ги почувствуваа на својот грб, се прашуваат каде е погрешена работата. Одговорот очигледно не е во нивните надежи, кои и натаму ги негуваат. Проблемот е во лошото практикување на власт од страна на сите политички партии, кои имаа можност да ја водат државата. Наместо благодет, македонскиот граѓанин од власта речиси секојдневно добива шлаканици. Останува без своето работно место, без можност со помалку финансии да ги образува своите деца, да се лекува во државните здравствени институции или, пак, “не дај боже” да посака слободно да патува надвор од државата, и своите идеи да ги презентира во некоја европска институција. Не, проблемот не е во нацијата. Проблемот е во власта која ништо не прави Македонецот да се чувствува како граѓанин на светот. Напротив, под плаштот на спроведување на реформите, секојдневно го става во ситуација да се сомнева во своите можности, а тоа што најмногу боли е што го остава да се сомнева дури и во сопствениот идентитет, што речиси секојдневно од сите страни ни го негираат. Поимот “славомакедонци” за власта стана толку секојдневен, што дури и не се труди да го негира, оставајќи времето да го реши проблемот или, пак, некој од некаде на светот да му соопшти дека Македонците се нација кои имаат своја држава. Она што нашата килава дипломатија требаше да го стори преку своите лоби групи во Европа, денес тоа го прават некои други лоби групи, но во спротивна насока. Затоа, и не треба да нé чуди тоа што европските порти уште долго време ќе бидат затворени за нас, а веќе од неодамна и пристапувањето кон НАТО, изгледа како пат кон Месечината. Токму затоа политичките елити под итно треба да ги трансформираат сопствените партиски интереси во државни, и да му покажат на македонскиот граѓанин дека не попусто го минувал тешкиот транзиционен пат. А, тоа најдобро можат да го направат со тоа што ќе ја намалат корупцијата во државата, ќе го зголемат просечниот стандард, ќе отворат нови работни места и ќе го запрат одливот на мозоци од државата. Треба да му покажат нешто што е комплетно различно од ова црно секојдневие, во кое можеме да слушнеме само за штрајкови, епидемии, или самоубиства предизвикани од економска криза. Да го извадат од очај македонскиот народ, и да му покажат дека вреди да се живее за утрешнината. Но, имаат ли сила за тоа? Или симболично на 15 септември, на закажаниот протестен митинг на сите опозициони партии, македонскиот народ конечно, како што милува да рече претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, да ја земе судбината во своите раце. Очигледно тоа е патот кон Европската унија и НАТО. Со цврсто изградени национални ставови, кои во целост ќе ја претстават Македонија. Тоа е единствениот начин да се смири револтот кај граѓаните на Република Македонија, кои веќе не можат да го издржат слепилото во тунелот и сакаат, по примерот на другите посткомунистички земји, да прогледаат со широко отворени очи.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

59

George Atanasoski


Makedonskata saga 23.09.2005

P

оследниве седмици слободоумната македонска јавност се соочува со своите високи политичари, кои слепо умеат да “гледаат” многу пред времето. Така, гледајќи натаму убаво нé средија... па ни помалку ни повеќе ни ја врамија историјата, минатото, за да се обидат ни ја обезглават иднината. За нив не важи уставното кирилско писмо кога се потпишува договор чија политичка валидност единствено добива во “тежина” ако не се применува првиот и единствен службен јазик во државава - македонскиот. Мнозинскиот македонски народ е познат по тоа што е и најиздржлив, со векови ги прегрмува сите погроми. Нашите стари велеле дека кога народот зборува - опасност нема, но кога “молчи” најопасен станува. Сега молчи, што значи дека почнува детаљно да ја анализира сликата на одредени политички партии, кои 14 години, во периодични мандати, суверено и тенденциозно му наметнуваат дека треба да има уста а да нема глас. Дисквалификувајќи му го разумот го убедуваат дека за секое промашување, чиј список во политички, безбедносен, одбранбен, економски, социјален, културен аспект е доволно долг, виновникот треба да се бара кај тој што најмалку може да биде виновен - нивните неистомисленици, опозицијата во која народот го бара излезот од безизлезот. На нашето поимање на политиката во Македонија, со која пред меѓународната заедница, пред Европа и САД, не постигнавме да издејствуваме ниту еден позитивен поен, неопходно му е потребна промена на вредносниот систем на луѓето кои се политичари, односно имаат самодаден кредибилитет така да се нарекуваат. Македонија е земја која последниве години докажува дека има политички квантитет, но катастрофален квалитет евидентен преку неговата безидејност, антидржавност, фалсификувана загриженост, коруптивност... Нема потреба да се набројуваат постигнатите негативности, затоа што сите ние го живееме системот кој продуцира неуспеси, порази, при што секој од нив има име. Лоцирани во една ваква територијална и егзистенционална ограниченост Македонците како да се поробени во својата држава, а водачите на поробувачите како да се некои од нивното јато, при што се настојува да се создаде амбиент на сеопшт заборав во кој конкретниот македонски народ ќе биде претворен во малцинство апстрактни Македонци. Сведоци сме на настојувањето за уривање на македонската државност и идентитет. На сите да ни биде арам ако и стогодишнината од срамното македонско обезглавување со Букурешкиот договор ја дочекаме во општествена стварност како оспоруван народ и држава. На потег ќе биде гласот на народот, кој најверојатно поучен од раната која му ја нанесоа непринципиелните и реално незаинтересираните бирократи - индивидуи без интегритет, својата доверба да му ја даде на оној кој решително, самосвесно ќе го дефинира отвореното македонско прашање во Европа. Сигурно нема да се дозволи повторувачите повторно да ја “спасуваат” нацијата. Ретроспективата на годините самостојност и независност би можела да почне од позиционирањето на државното име, откажувањето од знамето со шеснаесеткракото сонце како симбол на нашиот идентитет, распродавањето на интересите на земјата дозволувајќи й на една етничка заедница преку ѕвекотот на оружјето и со уцени да ни ја прекројува демографската карта, сé до уништувањето на ресурсите, имотот... за денес да се соочуваме со нашето “откачување” за зачленување во Алијансата, можно и за во Унијата, а неспроведената демаркација на северната граница да иницира непожелен ефект, неподготвени да се соочиме со повторното балканско прекројување на границите за создавање експериментални држави со одреден рок на траење. Сега и никогаш повеќе нема да бидеме народ и држава со кои некој од внатре или од надвор ќе може да се пазари. И на едните и на другите кои ни налагаат да ја подзаборавиме својата историја или толку да ја унакажеме, за сами да не можеме да ја препознаеме во некакви стари, нови измислени пашалаци, мора да им стане јасно дека Македонија е држава со иднина затоа што македонскиот народ во наследство има морална сила. Повторно се вее симболот на нашиот непокор. Македонците во Пустец го трасираа патот за извојување на нашата битка, позиционирајќи го Александровото знаме како релевантен фактор на Полуостровот.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

60

George Atanasoski


Makedonskata saga 30.08.2005

V

ицепремиерката Радмила Шекеринска ја имаше најтешката задача од нејзината досегашна политичка кариера, бидејќи во Брисел мораше да ја брани позицијата на Република Македонија. Но, истовремено и да ја забошоти вината што политичарите ја направија дома, продавајќи ни илузија за брзиот влез во НАТО, а уште повеќе и за побрзата верзија за влез во Европската унија, каде според нив, нé чека мед и млеко. Во експедицијата учествуваа 28 членови, а меѓу нив се сместија и осум новинари од доверба, кои ќе ја кројат новата приказна во епизодата (лижавче) за мали и големи деца. Рецептот за правењето лижавче е стара тајна која континуирано се чува во поранешната зграда на ЦЕ-КА каде, одвреме навреме, на четири години се менуваат готвачите, но смислата на акцијата останува иста - да се збуни непријателот (народот). Тој секогаш може да поверува дека одиме напред, иако го тапкаат по раменици. Послушноста е најголемиот дострел на македонската политикологија, која ги чувала властодршците од несаканите последици буни, востанија или од линч. Затоа во бриселската мисија на Шекеринска нема ништо ново, освен што на туристичкото патување ќе се појави и по некое лице, кое по заслуга ги мери улиците. Вината не треба да ја бараме во европското себеиспитување, туку во креирањето на државна стратегија која ќе нé доведе пред вратите на Унијата. Продолжувањето на преговорите, пред сé, зависи од нас, кои не успеавме навреме да ги спроведеме реформите во судството, да се справиме со корупцијата, криминалитетот итн. Затоа желбата или надежта дека најпосле ќе ги урнеме граничните бариери со ЕУ и ќе ги зграпчиме примамливите фондови за економски развој, се многу далеку на хоризонтот. Тие не се остварија. Манипулативните трошоци повторно ќе бидат адресирани на грбот на даночните обврзници, кои како по обичај се излажани. Дали ЕУ ќе ни даде втора шанса? Тоа прашање секако ќе претставува приоритет за Република Македонија, која треба да биде примена во нејзините недра, бидејќи само така регионот ќе го држи под контрола, кој е истоштен и исцрпен од децениските превирања и војни. Во геостратешките поместувања треба да се снајдат македонските политичари, кои сега не го пронајдоа вистинскиот патоказ кон Европа. Во овој момент, најбитно е дали премиерот ќе има доблест да ја признае сопствената грешка - првата рунда во преговорите со ЕУ е изгубена? Но, каде се чуло и видело дека еден македонски премиер ја прифатил одговорноста и вината за неуспехот во време кога пред портите му тропа изборната година. Затоа, сега на сцената настапуваат патувачките циркузанти. Осумте новинари ќе ја претстават искривоколчената вистина, која сигурно ќе се претвори во Пирова победа на Шекеринска. Вакви примери во македонската политика има многу, од погрешниот пристап во решавањето на спорот со Грците, од лошите кампањи за прибирање странски капитал, до избирањето лобисти кои надвор ќе ја продаваат приказната за Македонија. Ние треба да ги засукаме ракавите, бидејќи постои опасност од одлагање на прашањата за влез на РМ во НАТО и во ЕУ, во недоглед. Тоа е круцијално прашање против кое треба да се бориме и да се сконцентрира севкупната интелектуална, стручна и политичка јавност. По првиот неуспех грижата за влез во евроатлантските системи мора да се префрли врз сите човекови и институционални ресурси, бидејќи тој интерес не е од етнички карактер, туку е државен и стратегиски долгорочен. Пораките кои ни дојдоа од Европската комисија од Брисел не се ни најмалку за занемарување. Ни забележаа за претходните избори, (претседателски, локални и референдумот), а од нас побара промена на изборните закони до крајот на годинава. Нашето внимание ќе треба да го насочиме кон наредните парламентарни избори, затоа што од нив ќе зависи нашиот статус во ЕУ. Тој се повеќе е неизвесен, иако постојат минимални шанси на 9 ноември да се извлечеме од кашата што самите ја зготвивме, но песимистичките гледишта многу повеќе влијаат на позицијата на Македонија која се стреми кон евроатланските интеграции. Како и да е, Македонија сигурно некогаш ќе биде примена во европското семејство, но кој ќе ја почувствува “Одата на радоста”, не се знае. Некоја генерација ќе го доживее тој успех. Дотогаш Македонците ќе се подготвуваат за зимата, правејќи го традиционалниот ајвар (чие ексклузивно право веќе ни го украдоа Словенците).

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

61

George Atanasoski


Makedonskata saga 07.10.2005

Z

големувањето на привилегиите и платите на пратениците се трошки од Буџетот на државата, вака неодамна изјави висок владин функционер. За разлика од нив, протераните македонски граѓани, сместени во колективните центри се оптоварување за државата. Во овие констатации нема никаква логика, но всушност и сé што ни се случува во земјава нема логика. Нема никаква смисла ниту во тоа пратениците да се богатат, а протераните со солзи во очите, да гладуваат и да се бркаат од колективните центри. Но, што да се прави, Калимеро нема правда!, каде има сила нема правдина. На оваа македонска почва одамна се изместени вистинските вредности, а искуството ни покажа дека хуманоста и меѓучовечките односи не функционираат. Наместо да им се помага на оние на кои помошта навистина им е неопходна, нашиве политичари не само што не му помагаат на сопствениот народ, туку многу повеќе му отпомагаат и имаат “доблест” да се “кочоперат” со туѓи пари. Можеби и сé што ни се случува во оваа држава низ вековите е последица токму на таа нечовечност. Подготвени сме секогаш кога станува збор за некој друг да правиме отстапки, а кога е во прашање нашиот Македонец, како по некое непишано правило си забиваме нож в грб. Затоа и години наназад нé следи ова проклетие и никогаш не сме си “раат на душата”. Токму кога мислевме дека помина времето на војни и поделби, користејќи ја нашата слабост, некои се обидоа да ни ја узурпираат територијата и да ни го протеруваат населението. Иако од таа кравава 2001 година поминаа четири години, последиците од неа сé уште се чувствуваат. На овие граѓани кои се далеку од родните огништа сé уште им се свежи сеќавањата како албанските терористи ги бркаа од нивните домови и ги палеа нивните куќи. Нема оправдување во изјавите на високите функционери дека раселените можат да се вратат во огништата, затоа што протераните всушност и немаат каде да се вратат. Куќите не им се реконструирани, а освен тоа некој друг веќе го контролира нивниот имот и се прави газда на туѓо земјиште. Ништо нема ниту од констатациите дека таму е безбедно, зашто ако беше така, зошто протераните матејчани со полициска придружба одат на селската слава! Па, нели е безбедно и тие можат да се движат каде сакаат? Ништо подобра не е ниту состојбата со протераните арачиновци. Таму одамна е изгубена меѓуетничката доверба и веќе ништо не е исто како пред 2001 година. Иако обврска од Рамковниот договор е протераните да се вратат во родните огништа, таа не е исполнета. Од војната се збогатија само воените профитери, а оние кои требаше да ја добијат правдата сé уште талкаат низ институциите на системот и чекаат отштета од државата. Од неа нема ништо, а ништо нема ниту од новите населби кои требаше да се градат за раселените лица. Поаѓајќи од претходно кажаната констатација дека во оваа држава веќе одамна нема правда, токму тие кои ги палеа куќите уживаат во законодавниот дом, а обесправените се голи и боси и наместо во сопствената куќа живеат во мизерни услови. Оние кои се бореа за територии добија привилегиран статус, а протераните го губат статусот на раселени лица и неколку пати им беа упатувани апели да ги напуштат колективните центри. Сега засега протераните од Кумановско-липковскиот регион го одложуваат штајкот со глад, а македонските власти ги ажурираат податоците. Нема да се изненадиме и ако следува нов апел за напуштање на колективните центри. Жалосно е да се чувствуваш како туѓинец во својата држава за која си одделувал од сопствениот џеб, а некој “странец” да управува со твојот живот. Ако констатиравме дека за сé она што ни се случува сами сме си виновни, тогаш крајно време е малку да си се позанимаваме со самите себеси и да се прашаме каде води сé ова? Сами треба да си ги заштитиме сопствената нација и идентитет, не треба да очекуваме дека некој друг однадвор ќе нé штити. Тој може само преку нашиот грб да си ги оствари сопствените интереси. Затоа Македонци освестете се, што е многу, многу е! Сакаат да ни го земат името, знамето, Црквата, но и да ни ја земат и онаа мала територија која ни остана. Не смееме да ги изневериме идеалите на оние кои се бореа за ова парче територија наречено Македонија. Но, како што одат работите, таа е сé помала, бидејќи тукашните одродени Македонци - политичари не го слушаат плачот, не го слушаат гласот, а уште повеќе не сакаат да го примат аберот, кој пристига од секој дел од Македонија. Плачат Македонците, оти душата им е дојдена на нос, а тие кои треба да го претставуваат народот, воопшто не се тревожат што македонскиот народ се сели и се отуѓува од својата татковина. Тие ја оставаат родната грутка, затоа што нема стратегија за да се спаси Македонија. Но, затоа непријателот напредува ли напредува. Македонските меѓи од запад, од исток, од север или југ, сé повеќе се стеснуваат и стануваат јамка околу вратот на оние кои сé уште не се предаваат, а се нарекуваат Македонци.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

62

George Atanasoski


Makedonskata saga 14.10.2005

N

а светската берза повторно е актуелно името на Република Македонија, непристојно/пристојни предлози во седум верзии, партиски мешетарења, возбудувања на јавноста, на Македонците кои едвај преживуваат, а се соочуваат со некој да си земе за право да одлучува како некој ќе й се обраќа на родната татковина, а и да не спомнеме за локалните рамбовци “а ла Красниќи” кои ни ја кројат државната агенда. Но, кој ни е виновен кога самите себеси не знаеме и не умееме да се почитуваме, да си ја цениме нацијата, културата, традицијата, идентитетот. Та, така ни се случува како на болни од склероза да подзабораваме на значајни настани од нашата историја, додека децата во учебниците ни учат за нечија друга кауза. А што беше тоа македонска кауза или, пак, ако сакате МАКЕДОНСКА САГА? Секогаш да трпиме и да претрпуваме некој да нé гази, понижува, деградира, уништува до корен... Колку мазохистички! Повремено забораваме дека токму на овие простори живееле најславните народи на сите времиња, забораваме на Александар Македонски, македонската фаланга, битката за Херонеја, а и да не зборуваме за празнувањата одбележани како национални, државни празници, славниот Илинден, 8 Септември, 11 Октомври... Самите себе си се забораваме, а сакаме другите да нé почитуваат, да нé признаат, да ни оддадат почести, да нé примат во елитни клубови и организации, да бидеме дел од НАТО и од Европската унија. Залудно е и што најмоќните држави нé поддржаа, нé признаа под уставното име кога ете не можеме да си го изодиме патот понатака, достоинствено, без уцени и деградирања. Грција повторно е разбранувана од последниот предлог на Метју Нимиц, специјалниот пратеник на ООН, за решавање на долгогодишниот спор со името, кој драматично го отфрли како неприфатлив. Но, нашите политичари да беа добри практичари, како што се добри теоретичари и демагози, досега овој проблем културно ќе го решеа и тој требаше да биде далеку зад нас! Но, како што вели Балтазар а Моралес Грацијан “нема поголема власт од онаа над самиот себеси и над своите слабости”, кои ние Македонците, за жал, ги имаме на “претек”. Имаме ли ние добри играчи или само добиваме пенали де за името, де за црквата, де за јазикот, знамето, идентитетот... Така до недоглед се губиме доаѓајќи до ситуација кога не се препознаваме самите себеси. Кој сме, што сме, а најмалку знаеме каде одиме или што би рекол еден наш професор “можеби сме мазохисти” па уживаме да нé измачуваат, а ние само го вртиме образот де на левата, де на десната страна и така бесконечно! Всушност, повеќе од “думање” е реалноста и потребата од “Белата книга на одбраната на Република Македонија”, кога ноншалантно се откажуваме од сé што имаме. Напротив, дури и корпите од НАТО и од ЕУ сакаме да ги ублажиме и во целофански ракавици да му покажеме на светот дека “ќе нé биде еден ден”, кога за неколку децении ќе го реформираме судството, здравството, ќе ги решиме внатрешните проблеми, кога ќе ни потпркне економијата. Леле, има ли нешто во што сме добри?! Македонија моментно се наоѓа на 85. место или, пак, ако сакате на 34. позиција под најниско рангираната земја на Унијата, од каде ни порачуваат дека паралелно со политичките треба да ги спроведуваме и економските процеси, нашата слаба страна. Можеби од премногу исполитизираност и воопшто не се наоѓа “троа” време за нешто конструктивно, како што е, економијата со нови вработувања, странски конкретни инвестиции, кои не подразбираат само градење трговски центри, туку фабрики каде ќе се вработат луѓето, со што ќе потпркнеме, ќе имаме малку “волја за живот”, демек ете не сме најутепани во регионот, да не речам во светот. Трговскиот дефицит ни достигна сума сумарум 762 американски долара, а стапката на сиромашните ни расте како некој секојдневно да й достава квасец. Што би рекол Джордж Бернард Шо “сиромаштијата не е само несреќа, таа е и понижување”. И сé во стилот “Килинг ме софтли” Македонците се себеуништуваат, сиромашни, непризнаени, омаловажувани. Според “Дела на светите апостоли”, кога апостол Павле се наоѓал на Троада, му се јавил насон еден Македонец, кој го молел велејќи: “Премини во Македонија и помогни ни!” Апостол Павле, според преданијата, веднаш се одѕвал на повикот. Денес Македонецот можеби е безгласен, па поради тоа неговата молба не стигнува до Апостолот чија помош и тоа како му е неопходна на овој библиски народ!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

63

George Atanasoski


Makedonskata saga 21.10.2005

P

редлогот на Метју Нимиц за надминување на спорот околу името со нашиот јужен сосед не донесе подобрување на комшиските односи меѓу Македонија и Грција. Таа тврдоглаво одбива да ја признае реалноста дека постоиме како држава, а уште помалку верува дека македонскиот народ го зборува македонскиот јазик и ја негува својата автохтона култура. Таквиот арогантен и циничен однос нема да ги подобри политичките релации меѓу Атина и Скопје, а сигурно влијаат врз возобновувањето на национал-шовинистичките сили, кои повторно почна да се етаблираат во грчкото општество. Ако длабоко се ѕирне во суштината на проблемот, кој има историски и културолошки корени, тогаш во овој момент тој е ненадминлив, бидејќи во овој случај Грција верува дека има “патент” врз името и културните наследства. Но, во врска со ова прашање не постои само една вистина. Од историска гледна точка таквото становиште мошне е дискутабилно, а доколку нему му се спротивстави и политичката димензија, тогаш проблемот се усложнува. Затоа односите меѓу Македонија и Грција веќе деценија ипол се статус-кво, а доколку темелно се разгледаат сите досегашни понудени политички варијанти или опции за доближување на страните, тогаш проблемот брзо би се решил. Меѓутоа, ваквиот принцип во преговорите околу името нашиот јужен сосед упорно го одбива додека, пак, македонската дипломатија цело време несериозно му пристапува и постојано “каска” зад настаните, освен ако позитивно се гледа на последната консултација меѓу државниот и политичкиот врв во земјава, кој мина како што мина и остави дискутабилни теми за разглобување. Всушност, Метју Нимиц не донесе ништо ново, освен што анексите на предлогот кријат неколку важни егзистенцијални стапици, кои мораат на соодветен начин да се одбегнат. Имено, во преговорите со Грција не смее да се преговара за името на македонскиот народ или за јазикот кој го зборуваме, а уште помалку да се даде некој позитивен сигнал за понудената “патент” формула. Ваквиот начин на комуницирање не претставува добра основа за рамноправен однос во преговрите со Грција. Тие одамна се осудени на пропаст, затоа што секогаш едната страна се брани со уцени и со ексклузивитетот врз македонското име и регионот каде што живееме. Во проблемот многу повеќе претставува опасност т.н. теза за “народот или граѓаните од Република Македонија”, која во последно време ја преудицираат одредени стручњаци во земјава, кои водени од идејата за лична корист всушност ги затскриваат вистинските намери на олеснувачите или на заткулисната геостратешка политика, која со себе носи бришење на македонскиот народ, на Македонската православна црква, на македонскиот јазик, култура, писменот итн. од географските карти и од енциклопедиите за наука и култура. Според тоа, последниот предлог на Нимиц ги содржеше сите овие елементи и затоа не може тој да се оцени како исчекор во подобрувањето на односите меѓу соседите. Всушност, во предлогот мора да се гледа уште една голема опасност, која е слична на нон-пејперот од настаните во 2001 година. Тој документ се протна во медиумите, а подоцна од А до Ш се преточи во Рамковниот договор. Затоа, дали треба да веруваме дека предлогот на Метју Нимиц е алфа и омега за решавање на проблемот?! Ваквата порака не треба да биде сфатена како црвче за да фатиме крапче, а уште повеќе не смееме да бидеме слепи дека во неа се крие некоја хиреографска порака. Таа е толку проста како грав, што дури и најглупавите можат да ја сфатат како бомба за македонскиот народ. На работите треба трезвено и одмерено да се гледа, а не веднаш да се одговори со писмо за дообјаснување на препораките или за одмрзнување на односите. Што во овој момент ние правиме? Стоиме во место, иако земјата се движи. Имено, Грците го отфрлија предлогот така што сите натамошни активности во однос на најновиот предлог на Нимиц се излишни. Значи, треба да се бара нова мала врата или да се внимава на тајната дипломатија која често пати носи ниски удари во плексус. Според сите досегашни искуства, во однос на ова прашање грчката дипломатија не мирува. Таа многу пати знаела да не посрамоти на меѓународните конференции и притоа ни создавала непримерени чувства на горчина и на срамење. Затоа, мора темелно да се подготвиме и да не брзаме со одговорите на предлогот. Наши покруцијални проблеми претставуваат реформите во правосудството, потоа почнувањето на преговорите околу статусот на Косово, па дури потоа доаѓа проблемот со Грција. Значи, севкупното политичко внимание треба да го насочиме кон овие две приоритетни прашања, а што се однесува на спорот со нашиот сосед треба да живееме на “штрек”, бидејќи Грците отсекогаш биле познати како добри трговци. Дали ние знаеме да тргуваме со она што не се продава - националното име и достоинство?!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

64

George Atanasoski


Makedonskata saga 28.10.2005

V

о една прилика Анатол Франс рекол: “Срамот е голем лицемер: најтешко го изговара она на што најмногу мисли”. Поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на ОН во Македонија, Хенрик Сокалски неодамна изјави дека “Меѓународната заедница треба јавно да й се извини на Македонија за тоа што беше примена во ОН под рамковно име, кое нејзините граѓани не го сакаат”. Сокалски јавно призна дека организацијата прв пат направила преседан и примила една нова членка под привременото, а не уставното име. Но, чуму ни е извинувањето кога грешката веќе е сторена, а нашите јужни соседи тоа си го искористија и еве ден денес сме заложници на некакви си преговори, договори околу нешто за што не би требало да се зборува, оти ние си имаме име - МАКЕДОНИЈА, нешто што постои со векови. Но, на Грците малку им е “непризнавањето”, туку уште ни предвидуваат мрачни сценарија во стилот “нека му умре козата на комшијата”. Имено, грчкиот весник “То Вима” во улога на баба Ванѓа предвидува дека “постои опасност Косово многу тешко да опстане како независна држава и порано или подоцна ќе дојде до обединување на голем дел од областа кон Албанија, кон кој евентуално ќе посака да се присоедини и тетовскиот регион, главно, населен со Албанци”. Но, ова не е сé, грчкиот медиум продолжува во стилот дека “според тоа кошмарно сценарио, Македонија конечно ќе се распадне како независна држава и постои веројатност да се отвори апетитот и на Софија за остварување на желбите за Голема Бугарија. При ваква ситуација прво треба да се гарантира стабилноста на регионот и да не се дозволи тој да се врати во крвавото минато. Тоа може да се постигне единствено ако се почитува принципот за ненарушување на границите, поддржан од Атина, која во моментов може да има лидерска улога поради учеството во Советот за безбедност на ОН и предводењето на меѓубалканската соработка”, децидни ни се соседите. Значи, ништо без Грција, која медиумски уште еднаш нé потсетува дека треба да се реши спорот со името. Нејсе, до кога ќе ни попуваат дека до крајот на годинава ќе биде “жешко” на Балканот околу косовското прашање?! До кога со црните предвидувања за остар развој на настаните, концентриран околу преговорите за идниот статус на Косово?! До кога ќе бидеме поврзани со некој икс фактор во регионот, и зошто нечија судбина би можела нас да нé тангира, па дури и бараме јавни ветувања дека Косоварите нема да имаат големи аспирации и апетити кои би нé загрозиле?! Знае ли некој нешто позитивно да предвиди, барем сега во време кога на светот му се заканува пандемија од птичји грип, а ние сé уште не сме подготвени за нешто на што другите држави навреме реагираа и презедоа заштитни, превентивни мерки! Повторно ни се случи да спиеме на тоа “уво”, па дури да ни се случи кокошката од Могила да заглави при транспортот до лондонската лабораторија! Уште птичји грип ни недостасуваше, ако се има предвид дека половина граѓани во Македонија живеат во сиромаштија, што е последица на големата невработеност, една од највисоките стапки во Европа. Ако во 1998 година сиромаштијата беше карактеристика само за 19 отсто од населението, денес во тековнава 2005 година имаме 30 отсто сиромашни луѓе. Иронично е тоа дека според анкетата на Заводот за статистика за користење на времето, Македонците минуваат три пати повеќе време во спиење, отколку во работа, односно околу осум и пол часа тие се одмораат, во изобилство имаат и слободно време, околу пет часа, а исто толку време имаат и за домашни активности. Но, ова е разбирливо со оглед на фактот дека повеќето Македонци се невработени и оттаму и имаат вишок време. Во меѓувреме, на 27 октомври во САД се одржа централна бизнис средба и презентација насловена како “Macedonian business networking”, односно “Invest in Macedonia” на која беа презентирани потенцијалите за инвестирање во четири клучни области: електро-енергетиката, екологијата, телекомуникациите и инфраструктурата. Остануваат резултатите, односно практично да се видат директните странски инвестиции во Македонија што, пак, би го решило и проблемот со сиромаштијата, невработеноста...

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

65

George Atanasoski


Makedonskata saga 04.11.2005

N

а ова парче земја што ни остана, кое и по должина и по широчина се минува за два-три часа, како да му е судено да боледува од хронично влегување и излегување час од првиот па од деветтиот, а од таму во петтиот за да се најде во третиот круг на Дантеовиот пекол. Човек веќе не знае дали станува збор за трагедија комбинирана со комична пародија. Трагедија ни е обичниот смртник кој како ѓаволот од крстот се крие од инкасаторот, го заобиколува пазарот како таму да го чека “стапот, а не морковот”, бара чаре како кришум да се “мушне” во Заводот за вработување да не се “резили по старост”, жали што децата му учат зашто нема ни за индекс ни за во него, а ни самиот не знае што повеќе ќе го распамети она кога треба да тагува или она кога треба да се радува зашто ни за едно ни за друго има... Ист е и оној пред него и оној зад него. И сите тие имаат нешто заедничко, сите се Македонци. А кога Македонците зборуваат не е ништо страшно, но кога ќе почнат да молчат тоа на сите нешто мора да им значи. Сега е пожелно и да се слушне народот кој полека но сигурно занемува. Пародијата ни е четиринаесетгодишната политичка сцена која перманентно се фрагментира, при што вчерашните истомисленици денес се противници за утре да станат кооперативни соработници за “доброто” на државата. Како што тргнале, и едни, и други, и трети, ниту се леви, ниту се десни, ниту се центар. Би било коректно да направат нешто со што барем за момент пред оној смртникот би го оправдале синото пенкало со кое им било заокружено бројчето пред името или пред партијата, бидејќи токму тоа им го полни “чекмеџето”. Ако се направи обид за некаква нормална анализа на партиите кои се во центарот на вниманието и на оние кои се маргинализираат ќе се добие ненормална проценка за задоволници на локално ниво со незадоволници на интернационално ниво. Можеби е секаде така, но политичкиот цинизам со кој функционираат македонските политичари придонесува заслужено да го изгубат квалификатот на доверливост од народот. Со години се слуша за вакви и онакви партиски програми, цели, стратегии и задачи, а кога се прави владејачка коалиција сé тоа се преведува со конзензус во немањето поим како да се води земјава на секој план, при што како примарна обврска е раскрчмувањето на имотот на мнозинството. Неговото суверено право е суверено за нив. Ирационалното претставување на некаков континуитет во ставовите на нивните модерни демократски партии е само доказ за губењето во времето и во просторот на недефинираната политичка рамка во која вегетираат. По толку мислење и размислување другарите како да се раздружија за да се здружат со други. Тешко или благо на Троја ако ние би биле пример за успешен или неуспешен тројански коњ. Гладниот ли ќе мисли на новата битка со стари борци. Трагедијата и пародијата ни се во безусловна колизија со комедијата наречена свет или поинаку кажано меѓународна заедница. Некој таму вели, ете им дадовме држава, како од џеб да ја извадија па ни ја подарија. Разликата е во размислувањето и во спознавањето на суштествувањето. Задоцнетото растрчување по светот може скапо да нé чини од едноставна причина што кога тргнаа таму го понесоа јавашот а го заборавија еснафот. А тие од таму најдоа па можат... Едниот послушен и неконструктивен соговорник е најпосакуваната фигура која како обичен пион ќе му помогне на ловецот да ја тресне кралицата. Денес секому на оваа македонска почва треба да му е јасно дека немирниот Балкан само уште повеќе ќе ги раздвижи духовите на минатото, од кое непринципиелните сојузи принципиелно ќе го доведат во прашање суверенитетот на оваа Македонија. А што ако се доведе во прашање онаа нашата Македонија... која ни ја одзедоа пред деведесеттина години. Во генот на македонскиот народ е патриотизмот, но дали сите сме Македонци? Кој тоа од тука и од таму богатото наследство на вековен народ ни го мутира во ништавност.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

66

George Atanasoski


Makedonskata saga 11.11.2005

G

олеми се шансите Европската комисија да предложи на Република Македонија да й се додели статус кандидат за членство во посакуваната Европска унија. Во Европрашалникот, кој наскоро ќе й биде познат на јавноста, Комисијата за проширување на Унијата се очекува да даде препорака, односно позитивно мислење за нашата земја, за влез во европското семејство. Но, иако мислењето на Комисијата е особено важно, сепак тоа е само првото скалило кое Македонија треба да го мине. Дефинитивната одлука за тоа дали ќе го добиеме статусот или, пак, не, треба да го донесат земјите-членки на Европската унија на Самитот кој ќе се одржи наредниот месец. Доколку се случи на Македонија да й “тргне” и да добие зелено светло од постојаните членки, односно од Советот на ЕУ, наскоро можеме да очекуваме отпочнување преговори за наше полноправно членство во Унијата. Ова е најрозовата варијанта која би можела да й се случи на Република Македонија, се разбира, ако сé тече според утврдениот редослед. Но, во случајот на Македонија, за жал, мали се шансите сé да се одвива како што треба. Пред сé, поради фактот што Република Македонија е една од ретките земји која има проблем со сопственото име! Иако, Македонците многу добро знаат на која нација й припаѓаат и во која земја живеат, сепак тоа не е доволен доказ за одбрана на сопствениот идентитет, пред налетот на контратезите на една полноправна членка на ова “здружение”, кон кое тежнееме, Република Грција. А, токму таа веќе отворено се заканува дека нема да дозволи Република Македонија да влезе во било која европска институција под друго име освен ПЈРМ! Судбината на Македонците да го влечат товарот од погрешните потези на некои македонски политичари, по кој знае кој пат уште еднаш ни остава длабоко сомневање дека можеби нема да стигнеме онаму каде што сме тргнале!? Но, дали е проблемот само во името? Секако дека не. Тоа е само една од препките што како предупредување ги добиваме од Европската унија, а кои говорат дека во Македонија нешто не функционира. Не функционира судскиот систем, безбедносната одбрана, владеењето на правото, и што е најважно социјалата е на работ на егзистенцијата. Толку многу, што сиромаштијата во земјата е речиси реална алтернатива на денешнината. Во вакви услови, несомнено се поставува прашањето дали со сите овие статистички податоци нашето место, не само географски, е во Европа? Можеме ли да го понесеме товарот на членството во ЕУ, ако реалноста во Македонија говори дека сé уште се наоѓаме во сивата зона, во која странските инвестиции, вработувањата и стабилната економија и натаму се само мисловна именка. Чуму Европска унија, ако Македонецот и натаму чувствува дека живее надвор од сите европски и светски текови? Домашните политичари би рекле чист песимизам! За нив важно е дека возот на Македонија се движи во вистински правец кон Европа, а ние тоа, замислете, ќе сме го почувствувале откако ќе сме влезеле во ЕУ. Најдобрата варијанта вели за седум години. Дотогаш ни останува да ги слушаме приказните за тоа дека сме земја-лидер во регионот, и дека реформите, еве само што не сме ги завршиле. Нé оставаат да веруваме во виртуелната реалност која нé одржува, а која вели дека корупцијата која владее на највисоко ниво во земјава, веднаш ќе исчезне, само да влеземе во ЕУ. “Проблемот” е во нас граѓаните, што немаме доволна доверба во реформските зафати на нашите политички елити, и особено во нивните уверувања дека не само политичката, туку и безбедносната состојба е под контрола, и тоа пред налетот на решавање на косовското прашање, кое нас особено нé тангира! Како да е Косово некаде таму далеку од нас, а дека ние сé уште живееме во оазата на мирот на Глигоров. Сепак, најважно е дека сме сé уште живи. Ќе го преживееме и извештајот на еврокомесарот за проширување, Оли Рен, во кој несомнено ќе бидат ставени сите забелешки кои Владата мудро ги крие од нас. Сме преживеале и многу поважни и многу потешки ситуации. За тоа впрочем говори македонската историја. Издржливоста е нашиот главен белег, особено сега во пресрет на одговорот на Европрашалникот. Кој вели дека иднината не може да биде розова!?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

67

George Atanasoski


Makedonskata saga 18.11.2005

P

о добивањето на позитивното мислење за влез во Европската унија, без да се одреди датумот за отпочнувањето на преговорите, првиот коментар на обичниот човек е: “лесно минавме 500 години под Оманлиското царство, сега треба само да истраеме уште стотици години за да влеземе во новото Царство”. Овој уличен виц претставува копија на денешната реалност која на моменти не потсетува на минатото кое, за жал, сé повеќе го забораваме или намерно го оттуѓуваме од себе, бидејќи политичарите се сконцентрирани на грабежот или на планирањето редовни - предвремени избори. Во канџите на таквата политика се подготвуваме за римејкот на филмот “Најдолгиот пат”. Главната ролја ќе ја игра Трпе, а женската улога е резервирана за Трпана, додека се изберат останатите времето ќе мине без да се осврнеме на сегашноста и на лошите економски и општествени резултати. Затоа се занимаваме со филмот. Според сценариото, Трпе и Трпана, угол голи ќе одат на фер избори, ама ќе се вратат дома оти го заборавиле срамот да го покријат. Поради тоа - се истакнува во филуваната верзија - изборите ќе минат. Е, кога ќе дојде времето за полицијата, таа ќе нема што да работи освен од шалтерската дупка да вика МЈАУ... Како по инерција ние секогаш дупките многу доцна ги покриваме со асфалт, па затоа Трпе и Трпана мораат да доживеат сообраќајна незгода. Арно ама, како во филм, додека се договорат лекарите кој ќе се нафати да го касапи стомакот на Трпана, Трпе си ја изгубил жената. Таа ни крива ни должна отишла на оној свет. Поради ова на Трпе не му останало ништо друго освен да ја послуша Европа и да го тужи лекарот кај нашето независно судство, а таму со чеканчето под мустаќ го пречекува кадијата. Меѓутоа, по месец, два, три се сториле година или две, а судското рочиште... го нема. Исчезнало во лавиринтите на македонското правосудство. Зошто? И, така додека Трпе чека да се смилува македонското судство, филмот веќе стигнал кај 2502 година од нашата ера. Можеби времето за Исус Христос има безвременско значење, но за нас тоа нé потсетува на Оли. Не на оној Олио кој играше со Станлио во немите филмови, туку на Оли Рен кој се збодна од Брисел да дојде во Скопје за да пушти сини балони во воздух. Кога сме кај неговите 142 страници, треба збор-два да кажеме за корупцијата, која цели 14 години не ја исфрлавме од уста, а наместо да ја прогласиме за државен непријател број еден, во овој римејк ја направивме народен херој. На тој начин, во “Најдолгиот пат број 2” имаме сé: актери, борба, крв, пот, песок, пустина и народен херој. Инаку, по традиција кај нас сé се сведува на триаголникот, тутор (паша, султан, камшик, јарем... ЕУ), крепосен македонски селанец и народен херој, кој ги преживеал настаните, бидејќи хероите умреа поради каузата. Значи, цели два ипол часа ќе уживаме во недостатокот на македонската акција, чија антирекација нé воведува во нултата година 2502, кога повторно од пепелта ќе се роди македонскиот народ. Што да правиме во меѓувреме? Да грицкаме семки или пуканки!? Да собираме душа, бидејќи сценариото за римејкот е развлечено на цели 142 страници. Додека го преведат на македонски јазик, ќе станеме мамути или како диносаурусите ќе исчезнеме од овие простори. Како да ја спречиме нашата трагедија? Нé чекаат стотици години мимикрија, затегнување на коланот на панталоните и нé чека време, луѓе, настани. Како во тој метеж да ја препознаеме надежта, која со половина уста ни е понудена во европскиот филм? На ова прашање нема одговор, туку самоосвестување, бидејќи ова можеби е последната шанса да влеземе во европското царство. Тоа сега не е искрено, но ја чека Република Македонија. Само се прашуваме да не сме проклети, па нашето проклетство да го пренесеме на новото Царство. Така, како по обичај, кога царството е најсилно се случува Вавилонската кула. Кулата од карти паѓа. Затоа мораме да побрзаме за малку да фатиме од кајмакот што останал. Но, до него ни требаат скалила кои ќе нé вивнат до небото, а оттаму повторно ќе се вратиме во филмотмакедонски, кој и досега беше слика без тон.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

68

George Atanasoski


Makedonskata saga 25.11.2005

S

тудена зима, жешка политичка клима. Временските температури паѓаат под нулата, а политичкиот термометар покажува точка на вриење. Врие атмосферата во политичките партии, а врие и во душата на обичниот смртник. Партиските активисти се препотуваат од помислата да не го изгубат гласачкото тело, а обичните граѓани, пак, од тоа како ќе ја преживеат зимата. Во овој период од годината летаат и првите снегулки, но по шпекулациите дека ќе има владина реконструкција, нормално е да си го поставиме и прашањето дали одредени министри “ќе летаат” од своите ресори? Сега засега јавноста се држи под тензија, а во политичките кулоари се спомнува и варијантата дека министрите ќе бидат поштедени од “летањето” доколку имаме предвремени парламентарни избори. Сепак, до нивното евентуално предвремено одржување ќе бидеме преокупирани со она што ќе го прават постојните, но и најавените нови политички субјекти. Довчерашниот сдсмовец Петковски, но и довчерашната либералдемократка Поповска, секој сам, барем засега, ќе се обидат да го убедат електоратот дека сепак има иднина во оваа држава!? Во изминатиот период тие ја изнесоа својата вистина за она што се случувало во нивните матичните партии. Но, дали навистина тоа е вистината? Или, пак, станува збор за уште еден трик за граѓаните, кои кога нема за што - ќе се “фатат” и за последната сламка за да не се удават во морето проблеми. Петковски важеше за личност која во изминатиов период имаше спротивни ставови за одлуките кои ги носеа Владата и Собранието, но прашање е зошто тие никогаш не доаѓаа до израз? Можеби одговорот треба да го бараме во нешто друго - во “злата судбина на Македонија - сериозните луѓе да не се сфаќаат сериозно”. Во конкретниот случај, Петковски реши преку сопствена партија да се позанимава со работништвото. Да видиме дали тоа ќе му “запали”. А можеби и ќе му запали, зашто досега работничката класа не виде аир од никого. Во недостаток на други личности и друг избор реални се шансите тој да види аир. Предвремените избори го наметнуваат и прашањето за партиските коалицирања? Досега бевме сведоци на разни коалиции, но овој пат зачудува искреноста на Петковски. Ако сите нé убедуваа како нема да коалицираат со одредени партии, и секогаш нивните изјави паѓаа во вода, ако ништо друго, барем овој пат Петковски изјавува дека не сака да биде лажго, односно сега да каже дека се исклучува СДСМ од можна коалиција, а утре распоредот на силите во Собранието да биде таков да мора да ги почитува државните интереси и сепак да коалицира со оваа партија. Каде, пак, е Лилјана Поповска? И таа работи на теренот. А во една прилика посочи дека ако тоа го бараат потребите на државата и таа би коалицирала со Петковски. Дали можеби тие се новата политичка опција во државава, бидејќи се покажа дека по нешто се разликуваат од останатите политичари? Сите наши досегашни консументи на власта покажаа колку мислат или подобро речено не мислат на граѓаните. Професорот Ѓорѓи Марјановиќ, во негов познат стил, ќе рече: “Да ти фали капа, да ти купам, а ако ти фали памет, нема теорија да ти купам”. Но, факт е дека на нашиве политичари ништо не им “фали”, имаат тие и памет и пари но, за жал, постапуваат онака како што ним им одговара. Паметот го насочуваат кон тоа како да останат подолго на власт. Тие веќе одамна не размислуваат за својот народ, позабавно им е да мислат на своите интереси. И токму кога државата ни личи на брод кој тоне, опозицијата се судира околу прашањето за нивното коалицирање. Едните велат не ни требате, а другите коментираат без нас ќе остане опозиција и по изборите. Освен во опозицијата, раздвижувања има и во владејачките коалициони партнери. Тие поаѓаат од логиката дека ако не успеат до крајот на годината да ги спроведат зацртаните реформи, на Кабинетот на Бучковски ќе му треба подновување. Но, ако тие досега не направија ништо, се сомневаме дека до крајот на годинава ќе направат нешто. Иако Бучковски ги покани Пенов и Ахмети да влезат во владиниот кабинет, да заземат министерски места, и да ја понесат одговорноста од нејзиното работење, тие не го прифатија предизвикот. Е, токму во ваква ситуација кога еден на друг си ја префрлаат одговорноста за она што ни се случува, на оваа држава й требаат предвремени избори, а не реконструкција на извршната власт. Искуството покажа дека во секоја реконструкција не станува збор за некои драстични промени, туку само одредени луѓе се ротираат на определени места. На оваа држава й се потреби вистински луѓе. А има ли такви!?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

69

George Atanasoski


Makedonskata saga 02.12.2005

Z

а жал, често подзабораваме на мудроста на Жан Пол Сартр која посочува “да не заборавиме дека целта на политиката е да нé ослободи од политика”. Во сите сфери на нашата држава се соочуваме токму со премногу политика и исполитизираност. Среде главниот град на државава и тоа над објект кој носи име Илинден, симбол на македонскиот народ, дозволивме да се вее и да се празнува знамето на друга држава, а што е уште посрамно нашето Министерство за култура го спонзорираше овој ден на албанското знаме. Се вееја двоглавите орли, а на церемонијата ниту за лек не можеше да се најде државното, македонското знаме. За ваквиот “пропуст” челникот на ДУИ, Али Ахмети, знаеше да каже дека станува збор за техничка грешка. Освен тоа, на овој ден тие го славеле и роденденот на нивниот “херој” од ОВК на Косово, Адем Јашари. Дали луѓето на свеченоста подзаборавија каде се наоѓаат? Уште полошо е што “одговорните” си ги заборавија своите надлежности и дозволија вакви провокации. А потоа произлезе дека на ова требало да реагира полицијата, а тие велат Министерството за правда, за на крај виновен да ни е некој трет - можеби “Марсовците”?! Никој не ни е виновен што не знаеме да воспоставиме ред и закон во сопствениот двор, а нели имаме и Закон за употреба на знамињата, но што беше тоа кога секој го прилагодува така како што му одговара! Дали на овој начин ќе ја почитуваме правната држава и ќе одиме во Европската унија? А кутра ни била Македонија и луѓето кои како “големи мудреци” не си ја познаваат сопствената историја и потеклото на некои личности, за кои се плашат да кажат дека се Македонци! Што, зарем треба да ни биде страв јавно да признаеме дека Александар Македонски, Филип Македонски, цар Самуил, Ѓерѓ Кастриот, Гоце Делчев... биле храбри наши Македонци! Зарем е толку тешко да се осознае вистината, доколку се истражи минатото и се пронајдат крунски докази кои упатуваат на сознанието дека Ѓерѓ Кастриот, Скендербег, сојузникот на Охридската архиепископија, опеан во делата на Глигор Прличев бил Македонец! Прославата на 600-годишнината од значајната личност беше повод во Тетово да се виорат двоглавите орли и тоа во центарот и на сите сообраќајници во градот, така што на момент се добива впечаток дека сте залутани во погрешна држава и на погрешна прослава. А, официјалното знаме на Република Македонија лежеше зафрлено некаде во подрумски простории, а татковците на Тетово дури ден потоа одлучија да го удостојат на јарболот во комбинација со орелот. Но, наместо за ваквата парада на знамиња да протестираат Македонците, протестираше албанското население во Куманово каде не можеше да се истакне знамето на Република Албанија. Имено, според Законот за употреба на знамињата не се исполнети критериумите за истакнување на знамето за што е потребно 50 проценти од населението да е албанско, а во случајов во Куманово има само 26 отсто жители кои се Албанци! Колку и да сакаме да ја избегнеме реалноста и фактот дека сме мошне сиромашна држава, сепак резултатите од проценката на сиромаштијата во Македонија, направена од Светска банка и од Државниот завод за статистика говорат за 22 проценти сиромаси. Од Светска банка ни порачуваат дека доколку Македонија не се промени, и натаму сиромаштијата да не се намалува, за разлика од сиромаштијата во земјите во регионот каде што продолжува трендот на нејзино намалување, решението за надминување на состојбата, според Банката, треба да се бара во забрзаниот економски развој, за што е неопходно бизнис опкружување кое треба да го овозможи македонската Влада, да се отворат нови работни места, да се подобри ефикасноста на јавниот сектор и да се насочи социјалната помош. Но, каков економски просперитет ќе имаме ако се има предвид дека во светски рамки сме уникатен пример кој по трет пат склучува стенд-бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд?! Можеби единствената светла точка во овие македонски мрачни времиња е веста дека претседателот на Грција, Каролос Папуљас, му се поклони на нашиот маестрален Слободан Унковски и тоа среде Атина. Ако во нешто сме добри, тоа сигурно е уметноста и нашите уметници кои повеќе се ценети и признати надвор од државава отколку во неа!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

70

George Atanasoski


Makedonskata saga 09.12.2005

V

о држава каде што доминира сиромаштијата која се отсликува преку 400.000 невработени, а во која поголемиот дел од вработените преживуваат со мизерни плати, значително внимание им се посветува на старите, односно на новите политички субјекти, за кои не може со сигурност да се тврди дека се ориентирани лево, десно или во центар. Исполнувањето на дадените ветувања се работа со која тие не умеат, не знаат или не сакаат да се справат, затоа што прифаќањето на опцијата за ред и поредок, еднаквост за сите, по сé изгледа им е наводно туѓа. Деконтаминираните социјални платформи се актуелизираат само во предизборието и барем досега претставуваат база со која нивното членство ги привлекува оние кои не се ниту таму ниту ваму. Нашето утро се познава по ред афери, ред скандали, подметнувања, поткупувања, ред небулози, ред шокови од секаков вид, кои исклучително наменски се раѓаат и умираат. Доколку се направи анализа и пресметка на сите случувања во изминатиов период неминовно ќе се констатира дека одредени креативни умови извршиле манипулација на севкупното граѓанство во државава. Сé она со што тоа мора и треба да биде запознато се чува како “строго доверливо”. Прилагодувајќи им се на амбиенталните шокови како полека но сигурно да ни отапуваат сетилата. Јавноста и граѓанската свест, онаа македонската, маргинализирани се до тој степен што кон нив се однесуваат како и да не постојат. Вечно повикувајќи се на вистината тргнати сме да се изгубиме во темнината. Вообичаено сите суштествени одлуки во оваа земја се донесуваат во доцни ноќи, кога уште неосвестени нé удираат разновидни шокови. Па, така навикнати на темнина без пари, нема да ни падне и кој знае како тешко и рестриктивната темница. Оној момент кога ќе нé здрма првиот електрошок, можеби ќе се сетиме дека враќањето во старите времиња повторно ќе го сврти човекот кон човек, секој ќе има што да му каже на другиот, можеби и ќе се разбуди она дамнешното, исконското, при што конкретно ќе се лоцираат менаџерите на кризите во Македонија, кои се претставуваат како најголем демократски потенцијал во неа. Така збрани во домовите, покрај газиените ламби и баботењето на предедовски ќумбиња, преку прозорците ќе ги довикуваме соседите на муабет за да не заборавиме кои сме. Не дека сме поинакви од другите во светот, но не може никој со нас во водењето на последните места на рангирањата од странските институции, особено кога станува збор за трговската способност да оттуѓиме сé што по сите пишани и непишани правила ни припаѓа на сите. А потоа, по средбите во четирите очи, следува стадиумот на префрлање на сопствената одговорност врз туѓи плеќи. Повикувањето да направиме “нешто” за татковината се сведе на барањето за сплотување на потенцијалите, при што особено се покажува заинтересираност за создавање преседани во современата историја на цивилизацијата. Четиринаесет години ги пропуштаме шансите да се реформираме благодарение на генерациите кои случајно се најдоа во моментот како “самоповикани” да ја спроведуваат транзицијата. Дали ќе се покажеме како успешна зделка на неуспешни “загубаши”? Нашето трагикомично забавување продолжува, со надеж дека ќе биде прекинато со воведувањето во елитното европско семејство. Ако мислиме дека во Европа ќе поминеме глумејќи Европејци гадно сме се излажале! Вратата ни ја отворија со добра волја. Полека но сигурно покажуваат дека на никој од таму нема да му биде прифатливо да биде “бивши”. Мораме да докажеме дека е неприфатливо игнорирањето за соочување со минатото. Сегашноста ни е егзистенцијата, личната и на државава. Ниту може ќерката да ја (не) признава мајката (МПЦ), ниту може за вина да сведочат виновниците (Хаг), ниту може Уставот да се прекројува до бесконечност, ниту може Македонец да се прави немакедонец... Завидното историско портфолио е тоа што ќе нé врати во кругот на големите, затоа што во сегашноста нема место за долгорочни камења околу врат олицетворени во љубители на демагогии. Национална стратегија за преживување за народот кој го очекува нивното извинување преку исчезнување.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

71

George Atanasoski


Makedonskata saga 16.12.2005

O

д дамнина на почвата на Македонија векувале истакнати војсководци, цареви итн., кои според својата големина ковале пари кои им служеле во трговијата со другите држави. На предната страна од монетите се наоѓал ликот на Александар Македонски, потоа на цар Самуил и на други македонски благородници, а на задната страна бил сместуван грбот или знамето на македонската држава, која се протегала од бреговите на Јадранското Море до Индија. Значи, нивната величина се мерела со пари и со територијална големина. Но, времињата покажаа дека македонската држава е изгрицкана од внатре, односно постојат повеќе историски причини за нејзиниот колапс и пропаст, кој често е поврзан со традиционалното проклетство - предавството. Што ни е поентата? Оваа приказна ни открива две сценарија. Првото го откриваме со виц. Дали сте слушнале дека во Прилеп ќе се гради фабрика за автомобили? Веруваме дека никој ништо не слушнал, а уште повеќе не веруваме дека ќе се произведува АМИ Е..ГО. Всушност, многу таква слична порака ни испрати и францускиот министер за надворешни работи, кој куртоазно ја префрли топката - прашајте ги лидерите во Брисел. Тоа значи дека добивме силна шлаканица, која доволно зборува дека сами сме виновни што нé претставуваат неспособни политичари. Е, тука сме близу до вториот дел од трагичната драма, која иронично ни минува пред нос, без соодветно да реагираме на сé што ни се сервира. Во овој момент, водени по инерцијата на настаните, кои ја создадоа добро пласираните информации, не забележуваме дека ни го продават златното јајце - ЕСМ. На тој начин, во сопствена земја стануваме кираџии на нашата вода и струја, иако за тоа нема наредба (препорака) од Светска банка, која досега во практиката нé советуваше и ни даваше дозвола за вакви скапи проекти. Меѓутоа, и во овој случај, како и во многу примери од порано, интересот ги спои странците и неколкумината домашни политичари, кои секако ќе ги трлаат рацете бидејќи во игра е колачот. Ќе се делат евра и доларчиња. Нели овој пропаст е сличен на оној со продажбата на Македонски телекомуникации!? Личат јајце на јајце. Зошто сега не трубат фанфарите дека има елементи за сомневање или за невиден грабеж. Зошто ли... зошто не трубат, “трубите или буките” на аларм од големиот срам? Но, времињата за НО ПАСАРАН минаа. Инаку, за оние помладите, кои не ја познаваат историјата, бидејќи така ја исчистија нашите левоориентирани припадници на црвената роза, оваа порака ја користеа комунистите за време на Граѓанската војна во Шпанија во 1937 година. Сега нивните наследници ја делат и ја распарчуваат душата и нервниот систем на Република Македонија. Нели тоа е безобразлук, кој повторно нé потсетува на комунистите, кои тука некаде близу во 1941 година велеа подобро в гроб, отколку роб. Зошто сега обичниот Македонец го продаваат во робје? Да е Рацин жив (го отепаа браќата) ќе изрецитираше: Роди се роб, роб биди, роди се скот, скот биди. Скотски цел живот работи, за туѓи бели дворови, копај си црни гробови. За себе р’гајси, за себе маки тргајси. Зарем не извлековме поука од претходната продажба? Каква ли мака си тргаме од скапиот телефонски импулс? Меѓутоа, очигледно сегашните политичари “се прават на тошо” и ја користат индолентноста на македонскиот народ, па затоа се обидуваат да го продадат и она што остана, за другото ќе немаат шанса. Затоа треба да се сконцентрираме на сегашниот момент, кој е историски и безмалку судбински врзан со македонскиот народ. Тој низ векови бил предаван и продаван, а потоа требало време за да се испили некој херој (комита), кој ќе се заземе за својот народец и паталец. И, повторно се враќаме кон маѓепсаниот круг, кој нé внесува во нови црни премрежија, слични на денешните. “Ај, пуст да би пуст останал животот кучешки” (би пеел Рацин) кога би видел како неговиот македонски народ се подготвува да живее во самракот од XXI век. Тој заборавен од Европа, во занданите на Балканот, под газиена ламба спие на рогозина, сонувајќи дека некој ден ќе го раздени. Затоа, “Денес над Македонија” ни се раѓа црна месечина, бидејќи го нема Крали Марко, па да удри, удри со боздоганот и сé тоа да го отера во пеколот. Меѓутоа, сé тоа е сон. Ние одамна си го фативме возот “Ориент експрес”. Од него нема лесно да се симнеме, бидејќи нашиот билет нé води во еден правец кон Стамбол, а кон Запад е минирана пругата. Бомби крај железничката пруга ни поставуваат нашите политичари, кои всушност не сакаат да имаме правна држава, која би се борела против митото и корупцијата.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

72

George Atanasoski


Makedonskata saga 23.12.2005

I

рско виски, шампањ во зградата на “Илинденска” без број, парада низ градот како да е ослободено Скопје, прослава на градскиот плоштад, коктел во Законодавниот дом... вака беше прославен денот кој консументите на власта го нарекоа историски - Република Македонија го доби статусот земја-кандидат за членство во Европската унија. Изминатиов викенд помина во знакот на ЕУ. Секаде доминираа сини и жолти балони. Се славеше. А обичните смртници, знаејќи дека нема да се подобри нивната економска состојба, немо ја набљудуваа “празничната” атмосфера и коментираа дека сé ова што викендов ни се случуваше е балканска работа. Ние, Македонците, познати сме по славењата. Ќе празнуваме со денови, само да не се “фатиме” за работа и нешто да сработиме. Толку “прав” се крена за ништо... Иако го добивме статусот земја-кандидат, сепак не добивме датум кога ќе отпочнат преговорите за влез во Унијата. Тоа значи дека можеме да чекаме со години. А кога нема датум за отпочнување на преговори, нема средства, нема фондови, тогаш кандидатурата е прилично неефективна. А, ние, пак, со 400.000 невработени реално гледано далеку сме од Европа. Но, на крајот на краиштата, нам ни е поважно дента да си поминеме што е можно поубаво, а за утре... Господ нека ни е на помош. Кај нас, по некое непишано правило, кога власта слави, и обичниот смртник, кому не му е до славање, треба да слави или да глуми дека слави. Прашање е и дали на народот собран на градскиот плоштад му беше до славење или, пак, дојде “без пари” да слуша музика. Во ситуација во каква што ни е државава, и во која со години наназад тапкаме во место, на граѓаните одамна им е стемнето од ваквите прослави. Од земја во која повеќето од половината нејзини граѓани сакаат да заминат во странство, во која стечајците умираат од глад, Европа може да ни биде само мисловна именка. И додека државниот врв славеше, луѓето протестираа пред Владата. А власта беше толку “ хумана” па ги почести граѓаните со продолжување на работното време на кафулињата, наместо да ги почести со некој пијалак. Европа не сака голтари (изјави една наша естрадна ѕвезда), Европа сака вистински партнери. А ние ќе треба уште многу “леб да изедеме” за да станеме таков партнер. Што доби народот, ништо. Секојдневието останува исто, сиромаштија... Рано е да се слави, Европа од нас очекува реформи, а не прослави. Изглумивме како во земјава сé да ни е мед и млеко, државниот врв создаде лажна слика за состојбите во кои се наоѓа Македонија, ја игнорираше сликата на оние кои протестираа поради продажбата на Електростопанство на Македонија. Во една ваква ситуација среќни можат да бидат само оние кои се на власт. Претседателот и премиерот не можеа да ја скријат еуфоријата, а и двајцата не ја пропуштија шансата да си ја препишат заслугата за добивањето статус земја- кандидат за ЕУ. Наспроти оптимизмот кај државниот врв, опозицијата остана резервирана. Возот на кој се качивме - изјави Никола Груевски - долго ќе стои во место, ако шансата која ни е дадена не ја искористиме. Вака како што е сега, тоа практично не значи ништо, ниту укинување на визите, ниту зголемување на стандардот, ниту повеќе плати. “Ако Владата не го смени своето однесување и не почне да работи така како што од нас бара и очекува ЕУ, тогаш кандидатурата може да биде само еден пријатен викенд за граѓаните и ништо повеќе”. И ете, прославата помина, вискито се испи, се разбудивме од европскиот сон и се вративме во реалноста. А, таа од црна - поцрна. Цели 14 години се вадиме на транзициониот период, а наместо политичарите да се “фатат” за економијата, тие се “фатија” за критиките и за коментарите како тие се подобри од претходниците и си формираа свои политички партии. Евродипломатите ни порачуваат дека земјата треба да работи двојно повеќе за да добие почеток на преговори за членство во ЕУ. Всушност, и со позитивното Мислење, кое неодамна ни го доставија, ни дадоа и куп препораки кои Македонија треба да ги спроведе за да се отпочнат преговорите и евентуално да се влезе во ЕУ. Одржување фер и демократски избори, реформа во полицијата, спроведување на судските реформи, консолидирање на владеењето на правото на целата територија, деполитизација на јавната администрација, судски гонења на изборните злоупотреби и инциденти, јакнење на независноста на судството... Подготвени ли сме да направиме такво нешто? Сепак, шансата ни ја дадоа, а како ќе ја искористиме? Има ли Владата идеја кој пат да го фати за да стигне во Брисел? Нема да поминеме во Европа ако глумиме дека сé во државава ни “цвета”. Тие го следат секој наш чекор. Ни ја подотворија вратата, но од нас зависи колку ќе стоиме пред неа.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

73

George Atanasoski


Makedonskata saga 30.12.2005

N

а прагот сме да ја дочекаме новата 2006 година. Како и секогаш, така и овој пат, влегуваме полни со надежи и желби дека наредната година ќе ни биде далеку подобра од оваа која помина. На тоа имаме потполно право. Се разбира, ако се има предвид онаа народната, која вели дека утрото е поумно од

вечерта. Во Новата година сите би сакале зад себе да ги оставиме многуте лоши моменти, и со грст желби да тргнеме кон новите предизвици, кои идната година ќе й ги донесе на нашата Македонија. Па, макар тоа навидум изгледало и како влегување во виртуелен свет. На моменти се чини дека дури и тоа е подобро од соочувањето со грубата реалност, која просечниот Македонец имаше можност да ја одживее изминатава година, а која беше полна со разочарувања за сите нас. Најнапред поаѓајќи од фактот дека невработеноста се искачи до “завидна” бројка од 400.000, а голем број производствени капацитети не го доживеаја своето рестартирање. Со еден збор, Македонија дефинитивно доживеа економски колапс во изминатава година. Доживеа крах токму онаму каде што најмногу нé боли, во економијата, во џебот на граѓанинот, во стандардот. Дали ова беше година на измачување на Македонецот? Година во која не можејќи да си помогне тој си посегна по сопствениот живот!? Да, сé уште се свежи сликите на стечајниот работник кој, барајќи пари за заработениот леб, умре пред телевизиските камери, пред очите на севкупната македонска јавност. Дали бараше премногу? Секако дека НЕ. Бараше егзистенција за себе и своето семејство. Она што во секоја нормална демократска земја го добива секој граѓанин на државата, работејќи. Но, проблемот овде е што не постојат нови работни места. Не работат фабриките, а секојдневно слушаме за отпуштање на работници од рентабилните фирми. Велат, имало превработеност! Да, но ги има премногу и оние кои секојдневно посегнуваат по сопствениот живот, затоа што не можат да најдат никаква работа. Дали тоа е иднината на нашата Македонија? Се надеваме, НЕ! Како и секогаш пред дванаесет часот, кога во себе ќе си посакаме желба, по кој знае кој пат ќе ги затвориме очите, и ќе си речеме, дека тоа беше само една лоша година за нас, всушност како и многуте претходни. Во новата година ќе зачекориме со нови желби, можности и просперитет, за кој искрено се надеваме дека ќе се случат, бидејќи тоа ни останува. А за да не бидат попусти желбите, ќе се сетиме и на неколкуте добри нешта, кои й се случија на Македонија во изминатава година. Конечно, по 15 години транзиција, видовме малку светло на крајот на тунелот. Конечно, добивме “виза” за Европа, со која ни се гарантира, ако ништо друго, што би рекле старите, “ќе нé биде”! Потешко или полесно, ама ќе нé биде. Сме издржале и потешки моменти од овие. Тоа пусто пусулче статус кандидат во моментов ни е единствената сламка за која можеме да се фатиме, за да не нé однесе матната! Тоа парче хартија, полно со барања, кое повторно ние треба да го исполниме, се разбира, со нашата издржливост, ќе нé одржува живи и во наредната година, давајќи ни надеж дека ќе ни тргне! Ќе ни тргне, најнапред со економски бум, со по еден вработен од секое семејство, со рестартирање на индустриските капацитети, со зголемување на просечниот стандард, и конечно со признавање на нашето уставно име, кое години наназад е оспорувано, не само од Грција, туку и од некои други европски земји. Конечно, ќе му кажеме на светот да заборави на таа ступидна кратенка ФИРОМ, и громогласно ќе викнеме, ДА овде е Македонија, а ние сме Македонци! Точно е дека патот до рајот не секогаш е поплочен со рози, барем ние тоа најдобро го знаеме, но мораме да веруваме во себе, во сопствената нација, и можноста дека навистина, не само што заслужуваме подобро, туку и можеме подобро. Можеме тоа себе си да си го ветиме за наредната година. Можеме, по кој знае кој пат, да си ги посакаме истите желби, со надеж дека токму наредната 2006 година ќе ни се исполнат. А за сé тоа ни треба толку малку...

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

74

George Atanasoski


Makedonskata saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija" Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija e edna!!!

2006 ГОДИНА Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

75

George Atanasoski


Makedonskata saga 13.01.2006 "

M

ојот главен сведок дека ја зборувам вистината е мојата сиромаштија”, на времето рекол мудрецот Сократ, а стотици години подоцна неговата мисла е толку автентична, особено денес и особено кај нас во Македонија. Времето на празнување и на еуфорија помина, време е за реални работи! Доаѓа времето на реалност, македонската слика на невработени, сиромашни граѓани кои едноставно сакаат да живеат нормален живот, без да се притресуваат дали можат да ја платат сметката за електричната енергија и без мака да обезбедат пристојна трпеза за своите најблиски, барем за Новогодишните и Божикните празници. На граѓаните им е преку глава од гледањето на работите преку розови очила, ним едноставно им е потребно нешто конкретно, а не нешто илузионистичко, далечно, нереално... Досега сите кои беа на власт се обидуваа да ни кажуваат бајки, од кои народот македонски немаше никаква корист. Граѓаните не можат да ги заборават ветувањата од типот по еден вработен од секое семејство, економски бумови, големите странски инвестиции и што уште не. Практично добивме безработица и уште поголема беда. Пред очи ни умираат стечајците, а оние кои треба нешто да преземат само гледаат и “мудро” молчат! Освен тоа ни се наметна “договор со рамки”, со кој практично Македонија наместо права на мнозинството доби права на малцинството кое успева во сé и во секој поглед. Успеаја орелот да го веат паралелно со македонското знаме (во некои општини се вее само знамето на туѓа држава и тоа во големи димензии), успеаја да го легализираат довчерашниот парауниверзитет од Мала Речица, успеаја командантите и борците од ОНА да ги позиционираат на видни и на моќни места и тука не застанува доминацијата на малцинството... Затскриено во обланда ги реализираат големите цели и идеали за големи држави. Токму сега кога Европа се обединува и ги отвора портите за влез. Можеби единственото убаво нешто по кое ќе ја запомниме минатата година секако е добивањето на кандидатскиот статус, со кој ни се даде зелено светло од Унијата. Но, Европа не ни кажа за датумот за отпочнувањето на преговорите, така што нé става во неизвесност, поточно од нас се бара да го сработиме она што се очекува за да го заслужиме местото во европското семејство. Работа и само работа, поточно реформи и само реформи. А до каде сме со реформите? Останува констатацијата дека ептен “нé бива” за организирање прослави со еуфорични симболи и обележја, а кога треба сериозно да запнеме, да почнеме проевропски да се однесуваме, е тука... Така, станува смешна примената на Законот за забрана на пушење, кој и покрај многуте најави и подготовки, го дочекавме неподготвени. Така, по кафулињата сé уште се чудат што со ваквата новина, во обид да откријат балкански излези за европските манири! По години најавување конечно профункционира едношалтерскиот систем, така што странските инвеститори веќе можат за пет дена да ги регистрираат своите фирми. Но, доброупатените велат дека сепак не можат да се искоренат старите навики на бескрупулозната бирократија, така што пречки сé уште постојат, најчесто по катастрите и судовите каде постапките се комплицирани. Сé уште сме заложници на тешка и бавна бирократија и се случува да се чека со месеци за имотен лист во катастар, за градежни дозволи со седмици, додека за судските постапки за сопственички спорови и да не зборуваме. Во најновиот извештај на The heritage foundation и на The wall street yournal, според економската слобода, Македонија се наоѓа на 57 место од 157 рангирани земји, а нејзиниот индекс на економска слобода изнесува 2,8 поени. Индексот во 2006 година се очекува да порасне за 0,2 поени во однос на 2005 година, кога изнесуваше 3,0. Странците најлошо ја оценија сивата економија, законите и заштитата на сопственичките права кои добија најниска оценка. Лоши оценки следуваа и за странските инвестиции, државната интервенција и трговската политика. Единствено добри оценки имаше за фискалната и за монетарната политика. Но, за момент да заборавиме на лошите работи и на грубата реалност и да се потсетиме на убавите македонски обичаи и традиции според кои денес се празнува Стара Нова година, Василица, а некои за овој ден месат пита со паричка. Тој што ќе ја добие паричката цела година ќе има среќа и бериќет. Убаво е конечно паричката да падне кај обичниот македонски граѓанин на кој редно е веќе да му тргне на подобро!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

76

George Atanasoski


Makedonskata saga 20.01.2006

U

спеавме - донесовме закон кој доби епитет на “примарност” за негово спроведување во практиката, при што се настојува сите државни институции и севкупното население да го почитуваат. Се прашувам каде би ни бил крајот доколку во изминатиот 14-годишен период вака се однесуваше законодавната и извршната власт кога во сите парламентарни состави се донесуваа закони, кои во никој случај не беа во рамките на интересите на “мнозинството”, туку во заштита на народот, државноста, идентитетот. Отстрана гледано во моментов државава нема политичка сцена туку ова повеќе потсетува на загревања пред развиорената црвена марама во политичката арена. Тешко дека сега има и еден обичен човек кој верува дека светлината ќе го огрее по новите партнерства меѓу старите партнери. Која е смислата на постоењето на ПП (политичките партии) кои сé повеќе потсетуваат на ППП (проклет празен простор)? Очигледно веќе не само што не сфаќаат, не им е јасно или не им е битно дека народот има поголеми потреби од нивните визии, што може по неколку месеци да им претставува суштински проблем од егзистенцијален вид. Стратешката позиција на Македонија сé уште привлекува внимание, токму поради тоа што таа е можност преку неа да им се парира на другите. Нашите политичари не научија дека првенствен и единствен услов да бидат народно успешни е да не создаваат непријатели и да не поставуваат прашања чиј одговор нема да им се допадне. Македонскиот парадокс како да се приближува кон почетокот на својот крај. Неблагородно е било какво прогнозирање на тоа што од утре ќе се случува во оваа држава, при што може да имаме сé или да немаме ништо. Македонската криминална транзиција во сите сфери и области ќе биде ставена на жестока аргументирана критика, со тоа што на претстојното гласање електоратот ќе биде и слеп и глув за нејзините спроведувачи. Списокот на негативностите како да нема крај, само во одреден период се менува местото на кое се наоѓаат корупцијата, партизацијата, митото, автократијата, непотизмот, суетноста. А тука долу меѓу нас сé уште има луѓе со визионерство, патриотизам, доблест, чесност и храброст, кои се олицетворение на новите вредности кои ги бараме, кои по сите наши критериуми нам ни се сé поблиски, а на другите им се сé подалечни. Малите херои ќе ја направат големата работа. Со нив барем зборуваме на ист јазик и го разбираме. Народните вредносни системи излегуваат на површина од ѓубриштето на историјата. Пресуден фактор во следните случувања е резултатот на индивидуата. Преку глава ни е од наводните изборни непријатели, кои страдаат од цивилизациско неразбирање за обичното суштествување. Наводно доброорганизираните партии страдаат од просеченоста во дејствувањето на нивните лидери. Со години имаме чувство како сé уште да се наоѓаме во еднопартискиот систем, само што на секои четири години наизменично нé водат тие со четири па тие со осум букви. Уште еднаш го плативме данокот во крв. Па, ние сме како диносауруси - го преживуваме мутираниот политички птичји грип. Македонската балканска реалност нé стави во позиција на зачмаена провинција. Високите градби се уриваат под силата на тектонското народно незадоволство. Партиските цели не познаваат морал. Историска обврска на државотворниот народ е да си ја зачува државата. Не може и не смее своите да ги заборави во пустелијата на откажувањето од нив. Никој не умее да каже барем со 30 проценти сигурност кој ќе ја води борбата на онаа политичка линија која ќе гарантира дека ќе биде задоволена побарувачката за националниот идентитет, затоа што соочувањето со неговата потрошувачка ќе биде страотна за денешните и утрешните поколенија. Завршува селекцијата на националните и на духовните вредности во која изгуби вештачки создадената коалиција на невредности. Македонија ќе оди напред, тоа не е случајност туку е опстанок на корените. Изминува времето на празните гласноговорници кои патриотизмот го докажуваа преку антинародноста и антидржавноста зачинети со антипрофесионализам. Од денес авангардата на Македонија е народот наш, кој учи да толкува што е тоа правна држава, еднаквост пред Уставот и законите, контра постојниот институционален (партиски) поредок, кој верува дека изработил цела стратегија за самоодржување и при најмала можност за промени. Објективниот преглед на случувањата укажува на тоа дека досега мораше да се решат прашањата за метастазираните лаги. Дали конечно се будиме и ќе престанеме да се однесуваме како ретко заштитено животно кое е пуштено слободно да се движи очекувајќи го својот отстрел. Политичко-економската состојба во Македонија има шанса да се видоизмени само ако високата политика се откаже од несериозното и недоличното однесување и се спроведе решителна пресметка во име на вистината, а не во име на доброто на народот. Со барањето нов сопственик на “струјата” во Македонија во регионот ќе почне битката за енергетска доминација во Југоисточна Европа. Трудовите инвалиди остануваат без својата и најмала егзистенција. Но, еве за сефте ни се случи и првото “добро” - во едно истражување Македонија беше со најдобра оценка за инфлацијата, а со најлоша за корупцијата.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

77

George Atanasoski


Makedonskata saga 27.01.2006 "

R

ускиот баќушка” ни ги подари поларните студови. Но, тие многу не ни помогнаа да ја доведеме в ред државава и да ги спастриме нашите политичари, кои претераа со ножиците. А, бе сечат ли, сечат ленти низ Македонија! Денес се на југ, а утре кој знае каде. Можеби и некој бунар ќе им приреди чест, бидејќи луѓето се заборавија од сечење и “јадење трици”. Уште малку па ќе ни недостасува материјал за потребните црвени панделки. Но, добро е што виното ни остана по подрумите, па така ќе можеме да ја продолжиме нашата гостољубива традиција, која секогаш завршува со промили. Тие најмногу делуваат кај политичарите, кои статистички гледано и ништо друго не прават освен што цели четири години вежбаат од прием на прием. Затоа пропагандата ни е шематизирана: го пуштија во употреба возобновениот мост на реката Турија, а забавата продолжи на свеченото предавање во употреба на просториите во кои е сместено Одделението за гонење на сторители и кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, кое е во рамките на Јавното правобранителство. И така сé ќе се одвива во недоглед. Пред парламентарните избори сите министри ќе сечат црвени панделки, ќе ветуваат “ридишта и долини”, ќе подаруваат касарни и земјишта, како тоа да е во сопственост на мајка им, а не е во државна сопственост. Што значи дека целата композиција се “разбашкарила” и се “журка”, а народот нека трпи и трпи, затоа што не ги научил лекциите од сите досегашни избори. Оваа болка е уште поголема, бидејќи ниту опозицијата не е поарна - пушта во употреба автобуски станици, се појавува по поплави итн. А, како ни тргнало до јули ќе го испратиме и првиот Македонец на Марс, а таму со Марсовците ќе преговараме за прием на Македонија во Марселенд, заедницата на будалите. По многу нешта им личиме. Прво, овците не ни се на број, а нé стрижат. Второ, нé продаваат, но никој не сака да нé купи, освен што ќе го зграпчат ЕСМ. И трето, повторно нé подготвуваат за парламентарна битка, која по обичај се крои во нечиј кабинет. Ова што се случува пред тв-камерите е по директива, бидејќи се користи шемата на родоначалникот на маркетингот Гебелс, кој рекол - кога имаш инструменти в раце, тогаш и грдиот може да стане убав. Имено, со жестока кампања се излудува електоратот, кој ако му приредиш добра забава паѓа во транс и во невиден делириум. Поради ова, нашето внимание е свртено во погрешна насока и наместо да се бунтуваме што октаните ни претставуваат главен проблем, што ЕСМ така лесно го губиме, ние се занесуваме дека тројца или четворица “паметни” можат да ни ја вратат душата која ни излегува низ нос. Меѓутоа, нема крв, Дракула веќе пред повеќе од деценија го исцица македонскиот сок. Сé ова што ни се случува е бесперспективно. Само надежта ни остана, која ја ставија в ќош и не знаеме кога ќе се измолкне од контролата на политичарите. Тие намерно нé држат понастрана од европските процеси, бидејќи ако ни дадат маневарски простор, тогаш најверојатно ќе се најдат во некоја апсаана. Затоа треба да отвориме очи, чии пари ќе се трошат по ѓезмиња, чии мерцедеси со регистарски таблички “АА” ќе ги крстарат патиштата. Згора на тоа, времето за политичкиот маркетинг уште не е почнато, а тоа набрзо ќе се разгоропади. Со пролетта нема да дојдат само кокичињата, туку по ѕидовите ќе никнат плакати и безобразни графити. Е, дури тогаш ќе тргнат скапоцените карвани и нивните приврзаници, кои по наредба на партиските штабови ќе направат ‘ршум и невидена фешта. Таква “збирштина” можат да соберат само големите, а другите можат на прсти да ги избројат своите симпатизери. Ваквиот чудесен свет беспрекорно функционира во сите изминати 15 години. Тој никогаш од митинг до трибина не го променил својот популистички карактер, сé уште е само декор за слабите резултати, кои ги постигнува позицијата, односно опозицијата. Во овој момент двете страни имаат проблем со партискиот идентитет и водењето на политиката. Затоа, популарноста им опаѓа и не се чувствуваат сигурни во целта - дека ќе ја освојат власта. Довербата на гласачите не се освојува со патешествијата од комунизмот. Тие го одживеаја својот век, а сега на ред се нечии други сништа или пораки. Меѓутоа, сé е попусто, бидејќи камшикот е во рацете на политичарите, кои не сакаат на мирен начин да им го отстапат местото на оние кои сé уште веруваат во прадедовската земја и нејзиниот просперитет.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

78

George Atanasoski


Makedonskata saga "

03.02.2006

N

ароде македонски, доста беше, разбуди се, свести се, не спиј ти... Срам голем е за тебе сам да се не знаеш...”. Ова не се само стихови од песна, ова е вистината за Македонија и за Македонците. Колку и да звучи лошо - реалноста е токму таа Македонија се откажува од Македонците! Се удиравме в гради велејќи дека сме патриоти и дека до последна капка крв ќе ги браниме македонската нација и идентитет, но со години наназад веќе ни се случува токму спротивното. За грст пари ги продадовме и честа, и достоинството. Донесовме куп закони кои се на штета на македонската нација. Од држава на Македонци станавме држава на сите само не и на Македонци. Според развојот на настаните нема да биде ништо чудно ако еден ден од оваа македонска почва сосема исчезнат Македонците, а нели, држава без народ не бидува! Македонија е единствена земја на Балканот која како матична држава не се грижи ниту за Македонците во соседството, ниту за Македонците во дијаспората. Оваа држава еднострано им го укина правото на македонско државјанство на Македонците по потекло (член 11 од Законот за државјанство), а на сметка на тоа им овозможи на државјаните на републиките од поранешната СФРЈ полесно да добијат македонско државјанство (периодот се намали од 15 на 8 години) и дозволи да й се случи “демографското бомбардирање” на нејзина штета. А, ако работите продолжат да се одвиваат во оваа насока, набрзо мнозинскиот македонски народ ќе стане малцинство во својата држава. И наместо да се бориме да се зголеми бројот на Македонците, проклетието на меѓусебно истребување продолжува да нé следи со векови. А, токму тоа проклетие го користат другите наши сограѓани и работат на својата кауза. Е, токму во ваква држава, по сé изгледа, вистинските Македонци ќе треба да ги бараме надвор од неа. А како можеме да се потпреме на нив, кога ним им го ускративме и она што законски им следува. Им го укинавме правото да гласаат, во амбасадите и во дипломатско-конзуларните претставништва, за иднината на својата држава. Зошто? Затоа што гласачките ливчиња, местото за гласање или било која друга алтернатива чинеле многу пари! Е, па господа, ако е толку скапо зошто не се огледате на државите кои успеале овој проблем да го решат. Зошто од парите кои ни ги земате, де за ова, де за она, не оставите по некој денар и за оваа потреба? Па, така на нашите во дијаспората да им овозможите да го дадат својот глас за татковината. Македонија е единствената земја која не ги сака Македонците. 15 години ние не организиравме гласање во државите во коишто имаме свои државјани. Да се огледаме на повеќето држави на Балканот, но и пошироко, колку тие се експедитивни, па прават сé за да го пронајдат и својот последен граѓанин на планетава Земја и да му овозможат да го исполни граѓанското право, зашто овој глас може да биде многу важен за иднината на неговата матична држава. Сите држави во секој момент имаат прецизни бројки колку нејзини граѓани во која земја живеат. А каде сме ние? Кутрите ние немаме податоци колку државјани на Македонија истовремено поседуваат и второ и трето државјанство и во кои држави имаат живеалиште, немаме точна бројка на државјани кои имаат само македонско државјанство, но од различни причини се со привремен престој во други земји итн... И токму поради отсуството на овие податоци се манипулира со нивните гласови. Срамота е за една држава да нема вакви податоци а уште посрамно е кога компетентните за оваа проблематика не сакаат ниту да разговараат ниту, пак, да најдат решение. Кому ова му оди во полза, па дури и кога е против доброто на државата? Кој ли ги измислува сите овие силни причини, кои всушност се неиздржани. За каква ли “демократија” станува збор во оваа наша државичка, кога обичниот човек го нема ниту најелементарното право, а тоа е правото на глас! Во овие изминати години од нашата независност се добива впечаток како Македонија да работеше против својата нација. Како резултат на ваквата политика која ја води нашата држава, се намалува бројот на Македонците во државава, а енормно расте бројот на Албанците, кои организирано, со одредена цел, доаѓаат да гласаат во државава, а епилогот се знае - зголемување на бројот на нивните претставници во законодавната, извршната и судската власт. Си имаат тие своја стратегија, а кој ни е нам виновен кога наместо да создаваме, ние го уништуваме и тоа што го имаме. На овој начин Македонија покажа и докажа како една држава не треба да се однесува кон својата нација. Многу пати досега е кажано оти часовникот за Македонија забрзано го отчукува времето и ако не се освестиме - ќе ги изгубиме и македонската нација и македонската држава. А не сме далеку од тоа! НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, ОСВЕСТИ СЕ!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

79

George Atanasoski


Makedonskata saga 10.02.2006

D

енови ли се денови… Тутуноберачите… Се сеќавате ли на познатите песни на македонскиот поет Коста Солев Рацин, кои значајно го збогатуваат македонскиот творечки литературен опус, и на кои како држава особено сме горди? За значењето на овој истакнат деец се говорело многу пати, на безброј семинари, литературни читања, културни манифестации..., но сепак многу малку како обични граѓани, длабоко сме навлегле во суштината на неговите стихови. Имено, токму овие стихови во оваа долга транзиција, која сé уште трае, нé соочија со фактот дека во оваа мачна Македонија, нештата тешко се движат напред или, пак, уште помалку се менуваат. Чиниш, како да сме сé уште под она пусто турско, во кое правата на заработен леб, Македонецот ги барал под исклучително тешки услови или, пак, воопшто не ги добивал, затоа што ете, така некој одлучил! Во тоа минато време, трудот на работникот не само што не бил вреднуван, туку бил комплетно деградиран. Зошто? Повторно, затоа што некој така одлучил! Да. Неподносливо. Но, тоа важело пред неколку века. Тоа е минато време во кое немало закони, Министерство за правда, почитување на основните права на граѓанинот, неговите слободи... Но, замислете истото само во позавиена форма или, пак, што би рекле политичарите во времето кога патуваме кон Европската унија, да се случува и денес? Не мора да замислувате како би изгледало сé тоа. Сетете се само на сликата од минатата седмица пред Владата на Република Македонија, и сé ќе ви стане јасно. Веднаш ќе се сетите на стиховите на Рацин, ќе ја знаете песната наизуст, особено онаа “Тутуноберчите”, и ќе заклучите дека само декларативно сме во ЏЏИ век. Сé останато е исто како некогаш. На тоа нé потсетија големиот број тутунари од Македонија, кои одлучија за својата мака да проговорат токму пред Владата на Република Македонија, во надеж дека токму таа ќе најде решение за нивниот проблем, кој воопшто не е од вчера, и поради кој протестираат со денови. Свесни дека блокирањето на некои патни правци или, пак, протестирањето во нивните места на живеење, нема да им го донесе бараниот фитбек, одлучија на премиерот Владо Бучковски да му дојдат пред порти и да му кажат дека не можат да живеат од својата, како што велат, мачнина. Но, што дека дојдоа1 Што дека во знак на револт запалија неколку бали со тутун! Што дека напишаа пароли! Дали од Владата на Република Македонија некој се загрижи за маката на тутунарите? Ако судиме според однесувањето на премиерот Бучковски, очигледно не. Тој не само што не се загрижи, туку речиси и да ги “искара” зашто замислете дошле да протестираат во главниот град на државата, додека, пак, нивните водства ги обвини за политички маркетинг во време на предизборна година. Не, дека не може да се каже дека можеби некои поедини лица од овој протест не сакаа да “ќарат” бесплатен политички маркетинг за себе или за својата политичка партија. Сигурно дека се обидоа тоа да го направат. Но, тоа не значи дека треба во втор план да се стави работата на стотици и стотици семејства, кои ја работат најмачната работа на светот, и се обидуваат да живеат од неа. Всушност, нивните раце избодени од тутунот најдобро говорат за тоа. Никој нема право да им забранува да протестираат или, пак, да го деградира нивниот труд. Напротив, во оваа земјоделска држава, оваа и сите наредни влади треба да сфатат дека тутунарите се нашето секојдневие, дека со нив треба да се разговара како со партнери, а не како што можевме да видиме. Како со натрапници, кои дошле попусто да им го одземаат времето на владините министри, вклучувајќи го и премиерот на Република Македонија. Тешки се деновите на тутунарите, уште потешки утрата, а веројатно најтешки договорите, со оние кои всушност треба да се грижат за нив. Тутунарите се само една група граѓани, на кои државата не се обидува да им помогне. Да им го откупи производот по пристојни цени. Но, што би се случило доколку пред Владата на Република Македонија во исто време дојдат и питомците од Воената академија, чиј статус сé уште не е решен, потоа претставниците на Здружението “Гласот на светлината” заедно со револтираните граѓани, кои се противат на продажбата на златната кокошка ЕСМ, земјоделците чиј труд не се вреднува, стечајците… Дали тогаш Владата на Република Македонија дефинитивно ќе сфати дека државата е пред економски колапс, а граѓаните на работ на егзистенцијата?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

80

George Atanasoski


Makedonskata saga

P

17.02.2006 итагора еднаш изјавил: “Нека твое прво правило биде: почитувај се самиот себеси”. А колку Македонците се почитуваат самите себеси, кога секој ги шиканира со тоа што ги фиромира и кога малцинството му ја крои капата на мнозинството во неговата

сопствена држава?! Живот со уцени. Така некако изгледа да се биде Македонец во Македонија. ДУИ под палка на Фазли Велиу се заканува дека ќе ги бојкотираат изборите ако до крајот на својот мандат Собранието не донесе Закон за припадниците на ОНА. Ако само се потсетиме колку права се издејствуваа за припадниците на ОНА, од кои еден дел веќе се сместија во удобни фотелји, станаа видни функционери, се здобија со гламурозни споменици и обележја преку кои се величеа нивните дела во 2001 година. Но, сега треба државата да им обезбеди пензија и други бенефиции на оние поради кои многу мајки проплакаа, многу Македонки станаа вдовици, децата сираци, македонските огништа се запустија. Зарем да замижеме на сé она што им се случи на македонските бранители, кои беа масакрирани во Вејце, разнесени на Карпалак... Зарем да заборавиме на протераните македонски семејства, запалените домови, киднапираните Македонци чија судбина и ден денес не е расветлена ниту, пак, правдината е издејствувана... Грдо е да се сеќаваме на лошото минато, но кога упорно нé потсетуваат, тогаш и филмот ни се враќа... Несфатливо останува и искажувањето на незадоволство поради некои карикатури од дански карикатуристи, кои беа причина за протест на околу 2.000 муслимани, кои бараа извинување и почит. Секоја чест. Но, што се случува со нас? А, кој од Македонците крена глас, побара извинување и почит поради сквернавењето на православните гробишта и објекти, што континуирано ни се случува?! Сé уште во некои македонски манастири стојат ознаки на ОНА или на АНА од времето на конфликтот во 2001 година. Но, никој за тоа не побара извинување ниту, пак, се потруди да ги избрише. Што се случи со славните македонски гени кои ги носиме со векови, со големината на името кое го славиме, валкајќи го низ нечесните игри и хајки низ историјата?! Каде исчезна макдонската фаланга? На обичните смртници им се скрати и правото на протест против мачното секојдневие на сивиот и бесперспективен живот, распослан како молекуларно лудило. Продажбата на ЕСМ, поскапувањето на електричната енергија, на телефонскиот импулс, парното греење, бензинот, на продуктите, тутунопроизводството... Каде да се искаже револтот поради финансиската немоќ на сиромашните граѓани? Но, допрва нé очекува вриежот на балканскиот лонец, токму со почнувањето на преговорите за независноста на Косово. Не стивнуваат претпоставките, сценаријата, заканите и како сé тоа ќе се одрази врз стабилноста на Македонија. Зарем повторно ќе бидеме заложници на нечии туѓи идеи, фантазии, големи апетити? До кога ќе нé ставаат во некои шеми кога ниту туѓото го посакуваме ниту, пак, своето сакаме да го дадеме! Секогаш се наоѓа некој “паметен” политичар Македонец, кој ќе ни ја “забибери” судбината и од кого мајка ќе си проплачеме. Преку глава ни е од грешки во чекори, од лоши преговори и договори кои ден денес скапо нé чинат. Лошо наследство за генерациите кои доаѓаат. Само за потсетување на тоа како настана фиромирањето, кое еве ден денес нé потсетува како лош сон. На времето ни кажаа дека ќе нé примат во ООН под привремено име ФИРОМ, кое само три месеци би се користело, но што се случи? Минаа години и години... Течеа преговори и преговори, а нас до денешен ден ни остана лузната, лошиот глас, фиромирањето. Така ни се обраќаат речиси сите, под тоа име настапуваме на Евровизија, на олимписки игри, меѓународни конференции, натпревари... Фиромирањето ни остана да нé грди и нагрдува низ светот, а нашиот глас останува безвучен кога бараме едноставно да нé нарекуваат така како што се викаме низ вековите. Чуму ни е и евентуалното примање во Европската унија кога таму би фигурирале како ФИРОМ, а не како Македонија! Чуму ни е да победиме на Евровизија или на олимписки игри ако таму повторно би стоела срамната ознака ФИРОМ? Што се случи со нашиот идентитет кога веќе петнаесет години транзицијата и криминалната приватизација ни ја пијат крвта и ни го блокираат мозокот, па веќе не можеме ниту да размислуваме како Македонци! Белким ќе нé огрее ова сонце македонско и ќе се роди јунакот кој ќе ни ги врати името, гордоста и славата и повторно ќе нé направи непобедливи Македонци.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

81

George Atanasoski


Makedonskata saga 25.02.2006

D

али Македонија уште еднаш ќе ја потврди својата традиционална практика дека народот од овие простори има кратко паметење во однос на наплатувањето на долговите, кога тие се однесуваат на скандалите, кои ќе ја почувствуваат светлината на денот? Фрлањето прав, и тоа предизборен, во секој случај е транзициона врлина во наводно меѓународно признатите, но компромитирачки изолираните и искористуваните потенцијални нови владејачки гарнитури на “локалци”, кои никако не можат да се снајдат во улогата на “почитувани” личности. Логично прашање за секој македонски граѓанин е зошто прво нешто прави, а потоа размислува за тоа што го направил. Добиената квалификација за тешко оштетен имиџ претставува совршен мозаик од настани на домашниов терен, менаџирани од лични драми и стресни ситуации. На прагот сме да се соочиме со уште едно сценарио. Социјалната катастрофа со која се соочува населението не може да се запре, затоа што севкупната финансиска состојба на државата е во исклучителна дубиоза. Јасно е дека овој пат сите надворешни повикани фактори нема да си дозволат повторно да се резилат и да премолчат во однос на лажните гаранти за мирот и наводните чувари на македонскиот територијален интегритет. Како што тргнале работиве не е далеку денот кога од Галичник до Река, по Вардар до Пирин, кога ќе се разлее плачот на гладниот, понижениот, обесправениот... Сеопштиот интерес на државава е распродаден. Ова парче земја како да претставува погодно тло за експериментирање со најболните методи. Настојувањето, се разбира, владејачкото кај народот да создаде чувство на примитивизам достигна кулминација со разнебитувањето на македонското национално и граѓанско ткиво. Отапевме од небулозите во стопанството, економијата, образованието, здравството, земјоделието, електростопанството... Полека но сигурно земјава диши само со здивот на пропаѓањето, при што потсетуваме на Дракулов дворец. Останати на прагот на некој далеку изминат век сé уште се наоѓаме пред портите на пеколот во рамките на новиот светски поредок, во кој ќе се вклучиме откако на одредени субјекти-објекти, толку ќе ни зоврие што обезглавено, ќе им пресудиме. Длабоко убедени дека опстануваме се осмелуваме да му се спротивставиме на геноцидот, кој ни го вршат нашите род родени. Ревизијата на оние кои секои четири години меѓусебно се прозиваат како уништувачи на државата Македонија, го наоѓа Соломонското решение - шенген виза за сите нив со билет во еден непознат правец. Не можеш во момент кога се прават договорањата, секако пресметани (никогаш не покажале дека тоа се искрени), да поверуваш во добронамерната цел, затоа што колнењето во искреноста упатува на добро диригирана криминална нечесност. Настапува дипломатијата на политичките македонски џелати. Обичниот човек е свесен дека патот за свое самообелоденување на европскиот простор (од каде што хронично нé поттурнувале), мора да го изоди бос по трње. Бидејќи историјата значи минатото, сега заради нашиот македонски идентитет мораме громогласно да се потсетиме на вистината за секој наш период, личност, настан... Гревот на македонскиот народ е во тоа што некому му дозволил да си поигрува со неговото постоење. Сега е вистинското време да се каже вистината, но без никаква мистификација, бидејќи таа е нашата силна предиспозиција за иднината. Тие што градеа станаа уривачи, а уривачите градители. Дали бројни колку едно поголемо предградие на некоја светска метропола ќе ја почнеме апокалипсата на својата, нашата Македонија. Стартува предизборниот бој за власт. Човечката и граѓанската етичност ќе бидат ставени на вага. Ситиот не му верува на гладниот, како што задоволниот не му верува на незадоволниот. Но, мораме сами себе да се прашаме кој во оваа земја навистина е гладен и незадоволен. А, еве некој повторно зборува за крвави раце... Тогаш, кој кому му е пријател или непријател? Нели веднаш ќе ни се рече: како, па за Македонија нема опасност. Има, има, затоа што ирачките случувања ние последен пат ги преживувавме во 2001 година, за денес, односно пред четири дена, повторно да ни се заканат со нивно редоживување. Валканата улога на избалансираната правда нелегално кешира на “демократски коректните” избори. Волјата на граѓаните овој пат ќе мора да се почитува, бидејќи позицијата или опозицијата, како и да се именуваат, нема да се делат и не смеат да се делат ако се Македонци.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

82

George Atanasoski


Makedonskata saga

D

03.03.2006 одека Европската унија е сардисана од птичијот грип и се обидува вирусот да го стави под контрола, во Македонија сé е по старо. “Гласот на светлината” Донкихотовски се бори, просто се утепа марширајќи по скопските улици за да ја заинтригира и да ја убеди јавноста дека нашата земја не смее да ја продава последната

“златна” кокошка. Но, кој ги “шиша”? Кој всушност го прашува народот? Процедурата за продажба на ЕСМ мора да продолжи. Затоа државното претпријатие ги брои своите последни денови, иако тоа богатство е градено од парите, кои со тешка мака ги издвојуваа граѓаните од својот џеб. Нешто слично се случува со лозарите, чиј труд отиде “јабана”, бидејќи нема кој да ги штити нивните права. За овој проблем и за многу други државата молчи или интервенира само во случај доколку се загрозени интересите на моќниците. Во овој момент привидно се заклучува дека само со улична демократија и со сила на стапот може да се дојде до рецептот за решавање на нивните проблеми. Но, пред да се ѕирне во длабочината на заткулисната игра во која учествуваа одредени градоначалници, при што треба да се осознаат фактите дека во сé ова има добро испланирана политичка стратегија, која ги скрива вистинските мотиви за создавање на вештачката криза во лозарството и во земјоделието, мора да се прашаме што се случува со отпорот. Портокаловата револуција го симна режимот на Кучма, но неговиот наследник не успеа да го премости големиот јаз меѓу сиромашните слоеви и босовите. Тоа значи кризата во Украина продолжи да царува, бидејќи не беа отстранети вистинските причини за состојбите во земјата. Нешто слично се случува и во Македонија, иако економските параметри и потенцијали на државава не можат да се споредуваат со “чернобилската земја”. Имено, доколку добро се проучи финалето од неодамнешното кавадаречко патешествие на лозарите, може да се заклучи дека вниманието мора да биде свртено кон акутните проблеми во земјоделието, бидејќи клучен фактор за сегашната позиција на власта е продажбата на ЕСМ. Во овој драмски чин се вкрстени многу интереси: лични, партиски, енергетски. Светските гиганти нема да ја пропуштат шансата која им се нуди да купат уште една крава за молзење, бидејќи во сеопштиот глад за енергенси се отвора простор за освојување на водениот потенцијал на Македонија. Според некои економски аналитичари, во наредната деценија, освен енергијата, главен проблем ќе биде Х2О, која ќе ја има сé помалку, а истовремено ќе се зголемува побарувачката за питка и здрава вода. Значи, доаѓаме до главните причини за “економската и политичката окупација” на територијата на Македонија. Поради ова, Македонија сé повеќе ќе биде зависна од големите светски коорпорации. Карактеристичен пример за ова е “бонбоната” - “Македонски телекомуникации”, чиј монополски интерес е штитен од поранешната и од сегашната владејачка гарнитура. Во овој деловен брак се истакнува и поединечниот интерес, кој интелигентно го црпи богатството на народот. Истовремено со оваа деловно-политичка акција се одвива и процесот на полнење на партиските каси, кои треба да се наполнат пред одржувањето на парламентарните избори. Затоа оваа ситуација претставува класичен пример за манипулација на јавноста. Имено, македонското земјоделство сé уште не претставува приоритет во крчмењето и во крадењето, а оној ден кога тоа ќе биде прво на дневен ред дури тогаш ќе имаме сериозни проблеми или настани од овој тип. Сега за сега само ќе се насладуваме од понудата на винската трпеза, но кога ќе пукнат шавовите, дури тогаш ќе можеме да ги почувствуваме сите последици од гневот, револтот или отпорот на земјоделците. Во овој момент политичарите им се додворуваат, бидејќи сметаат дека можат да соберат одредени поени, кои ќе им помогнат во слабиот рејтинг. Но, набрзо ќе се уверат дека патот кој го избрале, да ја манипулираат јавноста, нема да им се исплати, освен ако народот повтороно сам не се казни. Нивната незаинтересираност во решавањето на круцијалните проблеми го продолжува јавашлукот на политичарите, кои всушност сакаат послушно јагне за вечера. Оној момент кога ќе бидат обезглавени, односно кога ќе им бидат одземени инструментите на власта, ќе имаме можност да ја забележиме целата нивна инволвираност во состојбите во државата.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

83

George Atanasoski


Makedonskata saga 10.03.2006 "

O

ваа крв ќе се плати многу скапо, многу скапо ќе се плати”, изјави “кондовскиот херој” Агим Красниќи, за ТВ “Алсат”. Но, не кажа како и кога ќе се одмаздува. Неговата закана доаѓа по полициската акција во Кондово, во која беше убиен “бомбашот” од “Дижонска”, Енвер Џафери, ранет неговиот ортак Фатмир Љури, а уапсен албанскиот државјанин Сокол Бега. Кондовската акција предизвика револт кај месното население, кое неколку часа под опсада го држеше ова скопско предградие. По она што овде се случуваше изминативе денови, нормално е да сами да си го поставиме прашањето: дали ни претстои ново кондовско сценарио или уште полошо - нова дестабилизација на државава. По минатогодишните блокади, кога Красниќи го држеше Кондово окупирано, за што всушност се води судски процес, тензиите во ова село се зголемуваат. Кондовската приказна ни се повторува, а криминалците, по кој знае кој пат, се обидуваат да ја попречат полицијата во нејзината работа. Иако, барем засега, не се спомнува под чие раководство беа протестите, заканите кои ги упати “ѕвездата” од Кондово, за крвна одмазда, доволно говорат дека тој стапува на сцена. Дали целта на кондовскиот “херој” е постојано да нé држи под тензија и дали жртва повторно би требало да бидат институциите на системот, конкретно, полицијата, која конечно се осмели да стави нога во окупираното скопско село од кое се нишанеше на главниот град? Како сега да ја убедиме Европската унија дека сме стабилна земја, кога кондовските сценарија повторно се најдоа на насловните страници. Ова покажува дека “фитилот” не е изгаснат, само чека погоден момент да се запали. А токму овие случувања ќе нé оддалечат од европското семејство за години и години. Немаме ли ние соодветни органи кои ќе се спротивстават на ваквите сценарија и до кога криминалците ќе ни бегаат од затворите, а како “награда” “зошто сме им дозволиле да избегаат”, ќе ни се закануваат со дестабилизација. Се лажевме ли кога тврдевме дека Кондово е безбедно? Ние одамна знаеме, но не сакаме да си признаеме дека работите ни се излезени од контрола. А штом си дозволивме некој “локален шериф” да се прогласи за фактор од кој зависи безбедноста на целата држава, тогаш ни нема спас. Иако, убиениот во Кондово беше “тежок” криминалец, со богато полициско досие, со поднесени 192 кривични пријави за различни дела и човек по кого беше распишана потерница, а лани употреби рачна бомба против тројца полицајци, тој за дел од албанските партии беше само невина жртва. Токму вака, како почесен граѓанин, а не како криминалец, човекот кој не беше кондовчанец, кондовчани го погребаа на селските гробишта. Настанот во Кондово, односно полициска акција против одметнат криминалец, беше искористен за маркетинг на политичките партии и собирање поени пред претстојните избори. Арбен Џафери изјави: “Земајќи предвид што е Кондово, сметам дека оваа авантура беше намера за да ги дестабилизира состојбите во Македонија. Тоа беше класична егзекуција, и тоа не е решение, туку е само поттик да се дестабилизира Македонија”. “Полициската акција во Кондово е политички мотивирана, за да се дестабилизираат регионите во кои живеат Албанци”- со ваква оценка излезе и Советот на Општина Сарај. Но, премиерот Бучковски ја теши јавноста. “Полициската акција не треба да се поврзува со претходните кризни состојби со вооружените групи во селото. Нема никаква сличност во она што се случуваше два пати во изминативе две години и она што беше редовна полициска акција против одметнат криминалец”. Може ли да му се верува, ако се има предвид фактот дека тој долго време молчеше за минатодишните влошувања на состојбата во Кондово. Дали е на повидок нова криза во политичка употреба? И сега, како и летото, премиерот не признава. Од друга страна, пак, добивме ново предупредување: “Македонија ја чека нова криза”, изјави Арбен Џафери, а според него, причина е непочитувањето на Рамковниот договор. “Кризата во Македонија ќе се појави откако ќе се завршат преговорите за Косово, кога ќе се види јасно како Србите со дезинтегративна политика добија десет пати поголеми права од Албанците со политика на интеграција”, изјави Џафери во првото соочување со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вториот канал на МТВ. Во едни вакви околности, со секојдневни потреси на безбедносната и политичката сцена, Европа може да ни биде само сон, но не и реалност!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

84

George Atanasoski


Makedonskata saga 17.03.2006

M

акедонија, всушност како и секоја година, по пат на скандал избра претставник, кој во мај нашава земја треба да ја претставува на фестивалот на Песна на евровизијата. Од реакциите на двете засегнати страни, во случајов Есма и Гаџа од едната, и Елена Ристеска од другата, можевме да слушнеме дека во сé тоа имало многу политика. Замислете! Значи, политиката влезе и во песната! Уште поголем скандал се случи во соседна Србија и Црна Гора, каде претставниците на жирито на фестивалот “Европесма-Европјесма”, составено од Срби и од Црногорци, низ начинот на гласање соопштија дека немаат намера повеќе да бидат една држава. Секој гласаше за своите! Дали фестивалот беше само увертира во дефинитивното разделување на овие две држави? Нешто слично се случи и во Хрватска, каде познатата пејачка Северина, според тамошните медиуми, победи на наместен фестивал, пеејќи при тоа, како што велат “српска подскочица”, што за нив е навредливо, со оглед на политичките релации меѓу Хрватска и Србија! Во минатото, кога народот сакал да каже дека не е задоволен од нешто, се потпирал на старите добри гуслари, кои гуслајќи раскажувале за херојствата и за злосторствата на поедини лица, владетели, или господари. Денес во XXI век, со наводна демократија во регионот, своите незадоволства од политиката ние ги покажуваме современо. Директно на фестивал!!! Кажуваме за незадоволствата од политичарите, политиката, зборуваме за тоа кого го мразиме од соседството, а кој ни се допаѓа, како и во чие друштво, се разбира, политичко, би сакале да бидеме. Евровизија? Таа е во мај! Дотогаш ќе имаме нови политички мисли, кои ќе ги изнесеме низ некое ново “гуслање”. Во меѓувреме, ја слушнавме најновата песна која директно ни дојде од Хаг. Песна која треба да зборува за крај на една ера, која ја одбележа токму личноста за која разбравме дека ненадејно починала. Некогашниот “господар” на Балканот, Слободан Милошевиќ. Со неговата смрт конечно се очекува да заврши политиката на насилство, омраза, национализам, или поточно сé она што претставуваше печат на деведесеттите години на минатиот век, кои минаа во знакот на балканските војни, од кои ниту Македонија, за жал, не успеа да се извлече. Сепак, додека се очекуваат “резултатите од теренот” од смртта на Милошевиќ, за кои е неспорно дека ќе се одразат на севкупната ситуација во регионот, кој не ја исклучува можноста да се врати на почетокот на деведесеттите, релевантните политички партии во земјава и натаму расправаат за тоа каков Изборен законик ни е потребен за претстојните парламентарни избори. Неспорно е дека парламентарните избори се важен политички момент, не само за политичките партии, кои едвај чекаат да ја освојат власта, туку и за граѓаните на Македонија, на кои ова им е единствен начин да ги наградат или казнат политичките партии. И додека политичките партии се расправаат за тоа дали ни е потребна јавна администрација или, пак, партиска машинерија во избирачките одбори, никој не го поставува клучното прашање: Што за сé тоа мисли народот? Оној истиот од кој сите тие (политички партии) очекуваат да им ја донесе победата на тацна, при тоа неразмислувајќи дали овој напатен народ има сила во себе да излезе да гласа. Сила да проговори за тешките денови кои ги минува, секојдневно очекувајќи и надевајќи се дека ќе дојде денот кога конечно ќе ни тргне. Со овие или со оние. Но, денот “Д” никако да дојде. Тој клучен ден се претвори во бесконечно исчекување на подоброто утре, кое со години наназад ни се ветува, а за чие пристигнување велат - било потребно само трпение. Она истото трпение кое македонскиот народ, како историски генетски код, го тера да не реагира и во најтешките моменти, кои во моментов ги доживува. Зошто? Затоа што молчењето било злато. Ако е така, ќе се роди ли некој нов “гуслар” во Македонија, кој на сиот глас ќе рече дека е доста! Доста од молчење, од трпеливост, од лоши политички проценки и политичари. Време е народот македонски да ја испее својата песна.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

85

George Atanasoski


Makedonskata saga 24.03.2006

P

о многу контроверзи, шпекулации и перипетии конечно се приватизира и АД ЕСМ Дистрибуција, а на македонскиот народ му останува утеха од типот на мудроста на Фридрих Хебел, кој вели: “Бреговите кои во животот ги преминуваме најтешко - се состојат од зрнца песок”. Приватизацијата со зборовите на еден наш експерт би значело дека со овој чин станавме кираџии во сопствената куќа, која ја продадовме, па сега на стопанот ќе мора да му плаќаме за престојот. Но, ќе биде лошо ако стопанот киријата вртоглаво ни ја зголемува од месец на месец. Е, тогаш ќе се подзамислиме. Ниту светлини, ниту гласови тогаш нема да нé “оправат”. Покрај лошата економска клима, постојаните протести на незадоволните граѓани, земјоделци, тутунари, лозари, сé уште нé заплашуваат со тези и со сценарија за она што ќе се случува доколку Косово не добие независност. Се добива впечаток како ние со крвни садови да сме поврзани со оваа довчерашна Покраина. За зачудување беше изјавата на шефот на албанската дипломатија, Бесник Мустафај за “негарантирање на границите од страна на Албанија ако Косово се подели”. Овој “бисер” не ги остави без коментар ниту претставниците на надворешната политика и безбедност на ЕУ, според кои, ова е една неочекувана и изненадувачка изјава за Европската унија од еден министер кој добро ги познава регионот и ставовите на Унијата. Европа вели дека “не постои никаква можност ниту поделбата на Косово, ниту промената на границата, да биде прифатена од соседите. Тоа ќе биде рецепт за дестабилизација”. Покрај ова, во нашето северно соседство викендов беше погребан српскиот вожд, Слободан Милошевиќ, на чие конто се припишуваат многу изгубени човечки животи и трагедии, чии последици уште ќе се чувствуваат. А како ново изненадување за Србија е и најавата за референдум за независност на Црна Гора, која лека-полека од големосрпски апетити почнува да се сведува на “белградски пашалак”. Нејзините големи аспирации се повеќе од видливи со обидите кои ги прави во нашава држава, користејќи го Јован Вранишковски како параван за скриените намери. Ќе беше добро за нашите северни соседи ако наместо по туѓите заметеа малку во својот двор за да не им се случува сегашната приказна. Во државава наголемо се најавува поаѓањето на изборниот карван, кога повторно граѓаните на Македонија ќе се изнаслушаат секакви ветувања. Повторно ќе ни трубат за по еден вработен од семејство, дебели милијарди од странски инвестиции, економија која ќе процвета само на допир, светла и розова европска иднина. Само рози и по некој каранфил на патот кон нашето интегрирање, ораторски ќе ни доловуваат политичарите. Црно му било пишано на македонскиот народ, кој губејќи го идентитетот заборава да се избори за него, оставајќи да го “стриже и бричи” кој ќе стигне, да го крои и да го прекројува секој кому ќе му текне. А зошто во меѓувреме не се изборивме да му покажеме на светот кои сме и што сме. Зошто не ги занемевме нашите јужни соседи со артефакти од кои јасно се гледа кои биле Македонците низ историјата. Да ги потврдиме наодите дека Филип Втори Македонски некаде околу 356 година пред нашата ера, минувајќи низ охридскиот крај наредил да се изгради најмоќната тврдина на македонските простори. Под македонската почва се кријат уште многу тајни на кои научниците треба да им дадат свој одговор, со што ќе се осветли и ќе се осознае нашето славно и богато историско минато. Ако барем малку поработиме на сопствениот идентитет, на сопственото минато, историја и култура тогаш нема да ни се случува малигното губење на идентитетот, со текот на времето, во битките со разнебитувачите на македонската држава и нација. Но, еден ден артефактите за Александар Македонски и за Филип Втори Македонски ќе испливаат на површина и тогаш... Дотогаш да се подготвуваме за изборните циркуски паради и лажни илузии, повторно надевајќи се дека македонскиот народ овој пат ќе знае да избере. Да завршиме со кинеската поговорка која вели: “Надевај се на најдоброто, но биди подготвен за најлошото”.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

86

George Atanasoski


Makedonskata saga 31.03.2006

N

е можам а во текот на секое предизборие, вакво или онакво, на параламентарно, локално или на претседателско ниво, години наназад а да не се прашам каде отиде онаа лево и десно ветувана и прикажувана оаза во централниот дел на Балканскиот Полуостров - нашата Македонија, кога на тоа место веќе повеќе од деценија се наоѓа пустина, посурова и побезмилосна кон народот свој и од Сахара. Нашето “цунами” или “катерини” се т.н. политичари, без никаква идеологија за земјата која ја водеа, која ја водат или која се нудат да ја водат. Ова што сега им се случува на граѓаните на Македонија не е сиромаштија во материјална, психичка, духовна, физичка смисла, туку веќе станува вистинска бедотија. Комплетната незрелост на институциите на системот, на сите три извршни власти и на нејзините први луѓе е сосема докажана. Вокабуларот кој се употребува и на тој со најостар вид погледот му го заматува. Со дисквалификувањето на оној, длабоко верувам, сé уште здрав македонски разум губиме сите, затоа што нашата премореност на денот кога ќе треба да го дадеме својот глас за сопствената иднина може да нé остави дома, зачаурени и преморени од гранатирањето со светлите “програми”, свесни за невидените а веќе слушнатите измами. Штом излеземе надвор како да сме претплатени да нé потчукнат затоа што тоа што во земјава сами на себе си го извезуваме, таму по белиот свет никој не ни помислува да го купи. Грдо е да се каже дека е трагикомично нашето однесување, но факт е дека е такво, само затоа што се прават обиди да се прикријат домашните заговори за идната несреќна судбина на Македонија. Во нашава земја постои така да се рече “слободно” толкување на случувањата. Ако ги слушаш едните се преплашуваш од другите, сфаќаш дека се неефикасни, троми, вистински парадокси за опстојувањето на секоја област во оваа држава. Нивната (не)презентирана (не)креативност дозволува повторно да се прашуваме - и што сега и со кого понатаму? Колку сме свесни за тоа дека ни се заканува општа “чистка”? Овие неколку реченици беа само еден израз на моментно незадоволство од севкупните состојби затоа што ниту сакам, ниту можам и да помислам да не верувам во овој македонски граѓанин дека конечно ќе го направи вистинскиот избор и ќе успее да ги совлада сите пречки за негово недемократско канализирање кон самоуништување. Големи или мали, буквално сите политички партии, секој нивен член, симпатизер мора длабоко во себе да осознае дека само со различно толкување, со свирење на иста мелодија на добро наштимуван оркестар ќе можеме да бидеме релевантен балкански и европски фактор. Ако се покажеме како конструктивен и стабилен соговорник тогаш наредните години нема да ни се случува ништо од минатото. Почувствувавме што значи да ти се разнебитува државата, да ти се уништува огништето, да ти крвават планините, националното богатство да ти се распродава како на панаѓур, секому како ќе му текне, кога ќе сака и кому ќе му одговора. Не смееме да дозволиме уште едно поигрување со националниот идентитет, бидејќи тоа би водело кон коцкање со територијалниот суверенитет и интегритет. Оваа наша Македонија е богата земја, плодна. Доволен пример дека постои излез од економската бездна е тоа што еве уште има Македонци кои вложуваат во неа, инвестираат за нејзин финансиски просперитет. Оние силни пари собирани со години, таложени во перниците на странските банки, донесете ги тука, бидејќи од тука и се однесени, отворете ги фабриките, ревитализирајте го стопанството, земјоделството, сточарството, вработете ги невработените. Ако така се постапи тоа ќе значи дека се верува во оваа држава, во нејзината политичка, законска, економска сила, а тоа ќе биде знак дека кон неа со доверба можат да се однесуваат и сите заинтересирани субјекти за вложување во државата Македонија. Криминалот, корупцијата нека завршат со тоа што никогаш повеќе нема да се прашуваме кога јагнињата ќе стивнат. Вредносниот систем за мерење на квалитетот а не на квантитетот, полека но сигурно го почна одбројувањето на изминатото време на сите државни непријатели.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

87

George Atanasoski


Makedonskata saga 07.04.2006

P

олитички мешаници, турбуленции, дезориентираност, лутање во непозната насока, прашања кој каде, кој со кого... Афери, вадење на “валканите алишта”, обвинувања и меѓусебни препукувања... Дали предвреме почна изборната кампања? Полека, но сигурно зоврива атмосферата во политичките партии. Но, врие и во душата на обичниот смртник. Тешко нему! Ако сега, во сé уште официјално не започнатата парламентарна кампања македонските граѓани се изнаслушаа сé и сешто, тогаш што уште допрва ќе им сервираат политичарите. Господ нека им е на помош! На обичниот смртник му е преку глава да ги слуша репликите и контрарепликите од типот кој помалку грешел и кој бил виновен за ситуацијата во која се наоѓа државата, но и кој како дошол на власт. Сепак, наспроти обвинувањата, фактите говорат сами за себе. Во изминатиов петнаесетгодишен период од независноста на државата ние му покажавме на светот како не треба да се организираат избори во една демократска земја. Речиси сите досегашни изборни циклуси беа злоупотребени, а уште потрагично е тоа што виновнците никогаш не ги стигна лицето на правдата. Фалсификатите, заканите, кршењето гласачки кутии, употребата на оружје се карактеристики по кои светот нé препознава. Тоа е товар кој го носиме со години наназад и ќе ни биде потребно многу време, но и премногу труд за да го симнеме од себе. Ќе се ослободиме ли некогаш од овој товар, или секогаш ќе си го носиме како белег врз себе? Меѓународната заедница нé условува со фер и регуларни избори ако сакаме да влеземе во ЕУ и во НАТО. Сепак, и без оглед на ваквите препораки, регуларните избори, пред сé, ни се потребни нам, за да му докажеме на светот дека сме цивилизиран народ. Зошто светот да нé препознава по лоши нешта, зошто да нé споредуваат со племиња, кои наместо со дијалог, зборуваат со ѕвекотот на оружјето. Дајте да се освестиме, па нели сакаме да бидеме дел од европското семејство. Сепак, вината за ситуацијата во која се наоѓаме не треба да ја бараме само кај политичарите. Како граѓани кои живеат и создаваат во оваа држава, неопходно е да се преиспитаме и самите себе и да се прашаме зошто станавме проста толпа, безлична маса, која им дозволува на политичките субјекти да манипулираат со нејзините гласови и да й продаваат лажни ветувања. Барем малку тие и длабоко во нив да мислеа на нас, немаше никогаш и ние и оваа земја да дојдеме до ова дереџе. Немаше да бидат изместени вредностите и немаше наместо знаењето и креативноста да ни царуваат тупаниците на полтроните, незнајковците, изгубените сончогледи. И сега, во вакво безредие попусти ни се законите и изборните кодекси. Зошто ако идејата е само голата власт, ниту еден закон, ниту еден изборен кодекс, колку тој и да бил исклучителен, нема да овозможи фер и регуларни избори. Регуларноста на изборите зависи од однесувањето на политичарите, а не од честата промена на законодавството! Сите политички игри ни се добро познати, едните си прават тоа што во моментот им одговара, за другите се лутат, а сосема истото го прават сите но во свое време. А народот молчи, постојано во полузатворени кругови прашувајќи се зошто не се реагира и не се казнат оние кои му го уриваат дигнитетот. Во интерес на власта, политичките субјекти пред секои избори ги менуваат законите. Единствено им е важно повторно да седнат на владејачкиот трон, а за потоа многу им е гајле... Кога ќе дојдат другите избори, повторно ќе мислат пред нивното одржување. А за тоа колку тие размислуваат за потоа, доказ е неодамнешната собраниска седница на која се дискутираше за Изборниот законик. Законодавниот дом го претворија во арена на приватни и на партиски пресметки. Но, не само во овој дом, така е и во сите институции во државава. Луѓето кои ги водат нив, со своите постапки покажаа дека се недораснати за функцијата која ја вршат. Години наназад пред сопствени очи гледаме како не мрднуваат ниту со малиот прст, а на сметка на тоа во сите области и во сите сегменти ни се распаѓа државата, ни се уништува националната свет, нашите национални богатства се продаваат на пазар по багателни цени, како тоа да им е дадено од татко им... Време е да почнеме да размислуваме со своја глава, а не да пееме како што ќе ни свири лидерот, па нели оваа држава ја прават граѓаните, а не лидерите. А досегашниве политичари веќе се прочитан буквар. Затоа иднината е во рацете на граѓаните. Ќе го направат ли вистинскиот избор или ќе се доуништат сами себе? Тие се на потег и Господ нека им е на помош.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

88

George Atanasoski


Makedonskata saga 14.04.2006

P

ремиерот на Владата на РМ, Владо Бучковски во улога на лидер на СДСМ, доби бинго со изборот на првиот човек на Државната изборна комисија, Јован Јосифовски, бидејќи се исплаши од името на претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, д-р Мирјана Најчевска, која е позната по своите излети, боцкања и атерирања в лево или десно. Но, многу успешно ја крие опашката и затоа е вечен борец за човековите права и слободи, иако вечно ни доцнат граѓанските судски парници против државните органи итн. Новиот човек на ДИК не е непозната во политичката равенка. Меѓутоа, самиот избор претставува негација на сите досегашни напори на опозицијата да ја контролира работата околу изборниот процес. Затоа, овој избор оди на душа на поранешниот “боксер”, Никола Груевски, кој и покрај сите советници и академци, не успеа да го дочека Годо и да ја препознае итроштината во ликот... Сепак, овој пурпурен чин не претставува идеален пораз за да ја намали моментната вредност или популарност на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што зголемувањето на политичкиот рејтинг на противникот е плод на бескрупулозната власт, која заборави што е народ, а тој секои четири години се обидува да направи дистинкција од една до друга опција. Меѓутоа, и нему никако не му оди од рака да го избере вистинскиот рицар, кој ќе ја кутне на земја сиромаштијата и ќе го вивне електоратот до небо. Во овој момент ниту опозицијата ниту позицијата може да се чувствува сигурно дека ќе успее да го освои законодавниот дом. Пред четири години, “реформираните партизани” на јуриш ја освоија власта, бидејќи перјаниците на Георгиевски се занимаваа самисо себе, односно го продолжија процесот на расчеречување на земјава, поради што неминовно беше “прозорец да падне”. Но, сепак реалноста доволно зборува дека и во 2006 година повторно може да се вратиме на старата приказна, лекцијата “На 15 септември 2002 година” не е научена, туку е фотокопирана. Моделот кој го користеше старата постава на ВМРО-ДПМНЕ го украдоа нивните наследници. Поради ова, сé уште имаме енормно голем број невработени, приближно 400.000 лица, продолжува предизборното вработување во јавната администрација и во здравствените институции итн. Дури и лошата економска положба на граѓаните е иста, само се разликуваат цените, кои сé повеќе се искачуваат кон Монт Еверест. Имено, по продажбата на последната “златна кокошка” се очекува нов ценовен шок, кој дополнително ќе им го загорчи животот на обичните граѓани. Тие не знаат што да прават, се селат или мигрираат, односно почнаа да одат на гурбет во соседните земји, што секако ја загрозува основната функција - опстанокот на државава. Без малку живееме во еден магепсан круг, во кој ништо не се менува само партиите, кои стануваат сé поалчни, дури и меѓународниот фактор го научија да краде, односно да го објаснат начинот како да се негува корупцијата, што е правосудство, што е здравство, што е војска... И, така на крај кај нас времето запре, бидејќи ништо не се менува. Но, нé загрижува процесот што како нација старееме, нé има сé помалку. Тоа не го загрижува ниту Бучковски, а уште помалку Груевски, бидејќи двајцата се зафатени од шетања во странство. Додека, пак, нивните партиски војници си го кршат умот да смислат прашања како дошле до становите, како на црно ги продале цигарите, каде ја продале нафтата, кој го испил “зејтинот со бакар” итн... Ако се анализира предизборната партиска кампања, тогаш навистина можеме да заклучиме дека се движи во позитивистичка насока, бидејќи актерите во оваа драма ни се цивилизираа. Но, ако се земе предвид суштината на прашањата, тогаш јалова им е рекламата, ниту влакно не им фали на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа се прашуваме, како сакаат да ја освојат власта кога бегаат од решавањето на проблемите во реалноста. Светска банка вели дека 20 проценти од македонските граѓани живеат во апсолутна сиромаштија, 30 отсто се наоѓаат во релативна сиромаштија, односно околу 1.000.000 потенцијални гласачи се на работ од својата егзистенција. Дали конечно лидерите ќе се зафатат со овој проблем? Дали конечно ќе отворат нови работни места? Дали ќе го толерираат неработењето на рудниците за олово и цинк во Македонија? Дали ќе ги вратат пробиштипските рудари од Србија каде отидоа на печалба само за да донесат некој динар, кој стана повреден од денарот македонски? Дали конечно политичарите нешто ќе работат или и натаму ќе крадат?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

89

George Atanasoski


Makedonskata saga 21.04.2006

S

екоја година Велигденските пости го најавуваат духовното воскресение на Исус Христос Господ Бог, кој пред илјадници години се жртвувал за христијаните, а при тоа им ги простил гревовите кои биле направени во текот на изминатите 365 дена. На тој начин им го покажал патот на слободата, кој всушност е и најголемото богатство за еден народ, овенчан во слава и во признание. Македонскиот народ ја има таа чест да биде прв меѓу еднаквите, кој ја примил светата причест и Бог го дарувал со богољубие, со мудрост и со покајание. Апостолот Павле ги посетил Македонците, оставајќи ги задумани во посланието Господово, чиј свет дух не се спушта само за Велигден, туку и за време на молитвата и обраќањето кон “небесниот цар”. Овој празник не претставува само остварување на сонот и на претсказанијата, туку е доказ за љубовта на Бога кон човекот, иако предаден од незнајбожците сепак го примил целиот земски грев и така ја исчистил нивната душа од алчност, прељубство, од разбојништва итн. Според тоа, овој христијански празник има доблест да покаже дека треба да ги простиме гревовите на другите, но истовремено нé подучува дека не треба да ги правиме нивните грешки, кои постојано ја мачат душата на верникот и го насочуваат кон канџите на ѓаволот, кој постојано нé искушува сите, и нас македонскиот народ. Затоа, тој сé повеќе ја разбира неговата порака и се враќа во Црквата каде што со стотици години ги зачувал националниот дух, верата, јазикот и писменоста. Македонската православна црква е мајка на македонскиот народ, а Македонците се нејзини синови, од чии срца се градат темелите на новите црковни објекти во Македонија и во светот. Во тој контекст би требало да ја бараме основната Велигденска Божја порака, која вели љуби го ближниот свој и не дозволувај заборавот да го откорне коренот, кој длабоко е нурнат во македонската почва, чии животни сокови се црпат од нашата традиција. Затоа, Великден не претставува само воскреснување на Исус Христос, туку и испишување нова страница од македонската историја која, за жал, во последно време е предмет на извитоперување. Но, сепак ја пребродуваме и оваа болка, бидејќи не постојат маки и патила без соодветна причина. А, таа и овој пат нé става во искушение - колку си го сакаме македонскиот народ и уште колку ќе треба да страдаме за да ја прочистиме нашата душа од одродниците и од среброљубците во нашите редови. Поради ова сме распнати на три дела, еден клинец е закован во Егејскиот дел од Македонија, додека другиот ни ја боде раката во Пиринскиот дел од Македонија, а третиот ни ја распарува вардарската душа, бидејќи многу премрежија ни ја колваат утробата. Затоа, потсетете се на Великден, овој светол ден не го врати синот Божји на Господа, туку ја врачи душата македонска, прочистена од вековните гревови. А, сега ние што телесно живееме на земјава, мораме духовно да ги сакаме верата, државата и нацијата, бидејќи патот кој ни го расчисти Исус Христос не смее да биде отворен за непријателите, кои везден нé чекаат од заседа. Затоа, враќајте му со љубов и верба на својот македонски народ а, пак, од горе Исус ќе ни испрати мир, спокојство и бериќет. Тој не бара многу, освен да ја почитуваме нашата традиција, која вели дека треба да се вратиме на извориштето на реката. Таа жубори низ клисури и долини, дава сила, род и пород, дава иднина. Во таа насока мораме да се стремиме, бидејќи уште еднаш сме сардисани од сите страни, а глутница од непријатели чека од сенка и повторно сака да ја подели Македонија, да ја распарчи на ситни стаклени парчиња. Меѓутоа, тоа нема да им успее, бидејќи верата е најголемото наше богатство, кое треба да се негува и да се чува. Затоа, денес, утре или задутре, разбудете се со пораката Христос се роди, македонскиот народ со него се препороди!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

90

George Atanasoski


Makedonskata saga 05.05.2006

D

али е комунистички рецидив славењето на некогашниот празник на трудот - Први мај ? Ако судиме според нашиот начин, на прослава, кога речиси сите македонски граѓани традиционално со добра скара се одмораа на ливадите на познатите излетнички места во земјава, веројатно ДА. Но, всушност никој од нив и не знае зошто го прославува. Велат тоа го правеле за да се запази традиција, односно традиционално први и втори мај да се поминеле во добро друштво и со добра закуска. Иако овој празник всушност претставува вреднување и славење на работникот, кој цела година работи, и токму овие два дена (се разбира, законски) си ги посветува себе си. Но, дали ние во нашата мила Македонија навистина имаме што да прославуваме? Веројатно НЕ. Затоа што половина од работоспособните лица во земјава речиси цела година се на одмор дома, не по своја волја, туку поради тоа што државата не им овозможува да одат на работа. Напротив, таа и натаму постојано го зголемува бројот на лицата запишани во Агенцијата за вработување, како стечајни работници, технолошки вишоци или, пак, како лица кои по некоја случајност можеби и ќе најдат вработување. Не само младите кои треба да бидат иднината на оваа земја, туку и оние кои во своите средовечни години останаа без вработување, а на кои единствено им преостана да протестираат пред вратите на Владата на Македонија, барајќи предвремено пензионирање. Во вакви услови оправдано се поставува прашањето - имаме ли право да го славиме денот на трудот? Или можеби треба да и предложиме на Владата во нашава земја, први мај да го прогласи за ден на сите лица, кои се принудени да бидат без работа, а чиј број од ден на ден секојдневно се зголемува. Или, пак, можеби тоа треба да го предложи македонскиот Валенса, алијас Ванчо Муратовски, кој наместо да ги заштитува работниците, преку нивниот грб, години наназад се обидува да дојде до некој политички ангажман, што неодамна и го потврди, потенцирајќи дека се гледа како иден премиер на Република Македонија. Во вакви услови во земјава, навистина треба да се прашаме што славиме на Први мај? Но, тоа е нашата “македонска работа”, иста како и онаа на државниот врв на Република Македонија, кој еден ден сака граница со Косово, а друг ден чека истата некој од страна да му ја исцрта, односно да му каже каде се наоѓа. Еден ден е државна, а веќе другиот ден е административна. Малку го “љуби” Чеку, а малку наводно се кара со него, и остро му пркоси. Тоа е нашиот државно-политички врв, кој и натаму никако да сфати дека Косово е дел од проблемот, но и дел од решението за нашава земја. Токму затоа немаме став. Токму затоа и по петнаесет години независност и натаму не можеме да кажеме до каде се протега нашата земја. Веројатно и затоа чекаме некој да ни ги реши проблемите, кои случајно или не сé повеќе излегуваат на површина, како доаѓа денот Д. А, за тој ден означен како изборен, партиските штабови веќе ги почнаа своите првични подготовки. Се разбира се почнува од листите, за кои меѓу членовите постои вистинска тепачка како да се дојде до добитно место, кое ќе им овозможи сигурен влез во идното Собрание. Ништо помали не се ни “жешките” разговори на релација коалициони партнери, каде политичките субјекти се обидуваат што е можно подобро да се испазарат со “големиот брат”, кој ќе ја предводи изборната коалиција. Калкулации, изборни пораки и подметнувања ќе бидат темите за кои ќе слушаме во наредниве два месеца. Не помали ќе бидат и оние веќе познати ветувања за подобар живот, и блескава европска иднина, која ете само што не дошла. Требало само да бидеме трпеливи, и да веруваме во нашите политички водства. Но, тоа нам ни е добро познато. Во овие петнаесет години транзиција се научивме да слушаме шарени лаги. Но, дали се научивме и да не веруваме во нив? Тоа ќе го видиме на петти јули, а дотогаш да го прославуваме секој ден, бидејќи за повеќето македонски граѓани е неработен.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

91

George Atanasoski


Makedonskata saga 12.05.2006

S

е крои ли повторно судбината на Балканот, а со тоа и македонската судбина? Се доведува ли во прашање опстанокот на македонското население во Гора на Косово? Какви права ќе имаат Гораните, односно дали воопшто ќе имаат некакви права? Ќе се примени ли нашиот модел на мултиетнички соживот, ако Покраината Косово евентуално добие нов статус, односно стане независна држава? Ќе останат ли само утопистичките ветувања дека нема да биде загрозена судбината на Македонците на Косово или, пак, политичарите ќе си останат доследни на изјавите? Нормално е што овие и низа други прашања од ваков карактер предизвикуваат дилеми и недоумици во македонската јавност, затоа што иако коментарите се движат во насока на тоа дека се решава судбината на Косово, всушност вистината е дека се решава судбината на Македонија. А неа ни ја одредија двајцата премиери, македонскиот Владо Бучковски и косовскиот Агим Чеку. Македонија и Косово да бидат тие кои ќе работат на демаркацијата на границата. На експертските тимови од двете страни ќе им помагаат Американците. Основата ќе биде: административната граница меѓу двете земји, која ја имавме како дел од СФРЈ. Доживеавме уште едно фијаско. Под “команда” на Косово, го суспендиравме Белград. Иако, статусот на Косово е прашање кое треба да го решат Покраината и СиЦГ, ние го “пикнавме” носот таму каде што не му беше место. Дали тоа го направивме доброволно, така ли нé советуваа нашите надворешни пријатели? Или, пак, се најдовме приклештени, па немавме друг излез? Но, прашање е дали ќе го решиме или, пак, ова е само предизборен маркетинг на политичките партии, за што всушност нé предупреди и европретставникот во земјава Ерван Фуере: “Демаркацијата на границата треба да биде техничко прашање и не смее да се злоупотребува во предизборни цели, а разговорите за демаркацијата треба да се водат во контекст на преговорите за статусот на Косово”. Тоа е ставот на нашите надворешни пријатели, а кога сме во прашање ние факт е дека нашите политичари се приказна сама за себе. Во конкретниот случај, глумевме ли мудрост со двете засегнати страни, па за да не ги влошиме односите дававме различни изјави или, пак, тоа го правевме од незнаење? Па, така за Бучковски приоритетен партнер во преговорите беше Косово, а претседателот Црвенковски отиде во Белград за да им каже дека за него клучен е Белград. Сепак, како да преовлада ставот на Бучковски, така што тој во својот кабинет го прими косовскиот премиер Агим Чеку. А, административната граница меѓу двете земји, за што се договорија и двајцата, е онаа која ја имавме во поранешна СФРЈ. Таа ќе биде демаркирана во моментот кога ќе се создадат сите предуслови, од другата страна, “да имаме партнер со целосен меѓународен кредибилитет”. Барем така најави Бучковски. Значи ли тоа дека Македонија ќе биде меѓу првите држави кои ќе го признаат Косово? Иако, македонскиот премиер потенцира дека “не е важно дали Косово ќе биде признаено од Скопје или од Тирана, туку е важно да биде признаено од меѓународната заедница”, работите како да течат во оваа насока. Двајцата премиери не го ни спомнаа договорот меѓу Скопје и Белград од 2001 година, кој го потпишаа тогашните шефови на државите, покојниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, и тогашниот претседател на СР Југославија, Воислав Коштуница. Чеку и ќе го разбереме, за Приштина овој договор е неважечки, но симптоматично е зошто и Бучковски премолчно прифати да не го спомнува. Од неговиот кабинет тврдат дека тоа не значи дека Скопје се откажува од постојниот договор со Белград и од сегашната граница. Оттаму оценуваат дека тој договор е реалност и доколку Косово стане независно, со сукцесија ќе ги наследи обврските на СиЦГ и ќе мора да ги почитува. За тоа биле свесни и косовските власти, но од политички причини не сакале јавно да кажат дека го признаваат договорот кој го склучил Белград. По ваквиот епилог на настаните, прашањето е: Ќе ни се налути ли нашиот северен сосед, затоа што ние очигледно повеќе ги преферираме Косоварите, отколку Србите? Веќе пристигна и реакција од Министерството за надворешни работи на СиЦГ, во чие соопштение се вели дека тие се зачудени од изјавата на Бучковски - “Тоа е реално и меѓународно призната државна граница меѓу државната заедница на Србија и Црна Гора од една, и Македонија од друга страна. Како таква таа е потврдена уште пред пет години со Спогодбата за границите, која ја потпишаа тогашните шефови на државите”. Во оваа насока беше и изјавата на Црвенковски :”На северната граница од РМ не постои административна, туку меѓудржавна граница поткрепена со валиден договор, кој според сите меѓународни норми и стандарди е легитимен и кој е депониран во Советот за безбедност на ОН”. Сепак, времето е пред нас. Дали го избравме вистинскиот партнер или погрешивме во проценките, допрва ќе дознаеме!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

92

George Atanasoski


Makedonskata saga 19.05.2006

N

а мексиканската политичка сцена, пардон македонската политичка сцена не може да се пофали со некој изненадувачки факт, бидејќи и во шпанското и во македонското говорно подрачје доживувањата се успивачки и здодевни. Ништо ново не се случува. Повторно воените барабани и безбедноста се во игра, така што бомбите и експлозивните направи можат да се сфатат како “не лути се човече”. Дури роднокрајната прошетка на премиерот Бучковски, кој конечно пред избори пронајде време да го посети дедо му во Стенче - Општина Брвеница (Тетовско), и при тоа да се помоли на Бога за парламентарен бериќет, не наиде на “срцепарателна” воздишка кај јавноста. Таа го заборави, а во неговата лошо изведена ролја се изгубија и актерите од “Набуко”, кои дојдоа, испеаја, го зедоа хонорарот и тивко си заминаа од Скопје. Во меѓувреме, главниот актер за 2005 година, премиерот Владо Бучковски, ја релативизираше државната граница со Косово. Таа стана техничко или бирократско прашање кое, според Бучковски, ќе го решеле географите, кои по обичај до последен момент се држат понастрана од селските меѓи. Но, овој факт не претставува новина туку циркус, бидејќи сите рекламни финти и мангуплаци се стари и веќе видени. Во тоа сивило се вклопи и портокаловата боја на ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер се прошета низ Широк сокак во Битола, за да му покаже на Бучковски дека го прифаќа дуелот, но нема што да му кажат на народот, па затоа ескивираат од те-ве мечот. По битолската средба од трет вид, Груевски се осоколи да го посети нашиот “кинески” крај, кому му вети дека оризот предвреме ќе процвета и на тој начин Кочани и неговата околина ќе доживеат ренесанса. Навистина на народот му треба национален, духовен и економски препород, но тој не се постигнува без пари, без план и без перспектива. Политичарите заборавија дека со илузии и гладен стомак не се живее, па така не може никој да ги натера кочанчани да “црнчат” на земјата и да “цапаат” до коленици во калиманската вода, а без при тоа да земат и денар. На “жими мајка” ниту во бакалница не може да се земе обична чаша вода, која станува скапоцен производ, поради кој Турција почна да ги освојува Сирија, Јордан, а Ирак веќе го имаат в раце. Додека нашите соседи се занимаваат со банални работи, на пример, повторно Турција се наоѓа во војна со кипарските Грци, бидејќи им го украдоа националното богатство - баклавата, кај нас Државната изборна комисија си ја заврши својата работа. По пат на бинго ги избра државните службеници, кои ќе го надгледуваат изборниот процес. Но, си создадоа нов проблем, како скопските бирократи ќе патуваат до село Другово (Кичевско), или како ќе допатуваат до мавровските села каде дури и магарињата се побројни од старците на село. Всушност, има ли жив човек во некои села во Галичник или во Маврово? Овој одговорот го имаме само за Мариово, додека во другите сé уште ќе се пронајде по некој осумгодишен старец или баба кои им пркосат на времето и на природата. Тоа значи дека Република Македонија е опустошена, благодарение на политичарите, кои убаво мислат на неа. Прво се откажаа од името, потоа си ги приватизираа фабриките, за на крајот - по татовските настани да се откажат и од народот, и од нацијата, и од татковината итн. Остана ли нешто од кое можат политичарите да се откажат - да го продадат? Да. По ЕСМ, дојде редот на водата, на термоцентралите, на воздухот. Да, воздухот ќе биде главен проблем. Кој ќе го продаде воздухот што го дишеме? Бучко или Груевски!? Тоа е главната енигма која во наредните триесеттина дена ќе биде нова атракција, или ако сакате тортура на “пролетеријатот”, пардон тортурата врз невработените и гладни лица. Значи, диктатурата на македонските политичари продолжува интензивно да се развива. Таа ќе биде присутна во сите бои, од портокалово до сино итн. Овие бои ќе нé следат во чекори. Но, проблемот е во тоа што тој нивни чекор ќе нé убива и во наредните четири, осум... години.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

93

George Atanasoski


Makedonskata saga 26.05.2006

M

ојата земја ја тресе топотот на политичките идни пратенички ветувања, како да не знаат дека тоа се лоши примери и за малите деца. Тргнаа во поход за освојување на електоратот, префрлајќи си едни на други дека корупцијата, митото, зависното судство, распродажбата на економското богатство, на државниот имот, маргинализирањето на суверенитетот, интегритетот и безбедноста се креација на оние другите, кои се виновни за сé, а тие останале чисти во целото обезличување на државава. Соочувањето со фактот дека народот на овие парламентарни избори мора да се определи за конкретна “боја” е претпоследниот знак на предупредување за секој гласач дека на сите ќе ни биде така како што сами ќе си пресудиме. Македонското слободно толкување на севкупните случувања им дозволува на одредени политички субјекти да пласираат верзија за розова иднина, која води кон сигурен пат за наша небиднина доколку раката на петти јули заокружи релативно кажано погрешен број. Дали има потреба за повторување на безбројните негативности кои ги преживуваме, некои поболно, некои полесно, но сите со траги на неизбришливост и со реакција – ах, пусто... пусто останало! Идеологијата која ја слушаме веќе не личи ниту на неколкусекундна пародија, затоа што нема веќе паметен македонски човек, кој може да поверува во нејзината реализација. Доколку почнат да се прават калкулации за тоа кој како ќе нé крои во наредниот четиригодишен мандат на новиот законодавен дом, тогаш математиките, оние наводно “нереалните”, а работени според “посакуваните” формули, не покажуваат дека “розата” ќе се расцвета, “лавот” ќе зарика, “орлите ќе заграбаат”... Едно е сигурно, тие не можат сами со себе. А, токму затоа што не можат едни со други, нам на обичните луѓе ни останува да го одредиме процентот со кој ќе им поверуваме дека од септември оваа, идната година, децата и внуците навистина ќе ни се вработат и ќе имаат можност мачно стекнатото знаење во долгогодишното школување да го покажат во компании каде што странскиот капитал ќе знае да им возврати за нивната стручност. Како да им поверуваме дека со празниот џеб ќе успеваме да ги платиме сите домашни давачки, ќе преживуваме на леб и сол или на месо и сирење? Колку сме сигурни дека ноќта мирно ќе ја преспиеме затоа што ова е сигурна и безбедна држава? Толку посакуваното создавање на парче земја, слободно, богато и мирно, не паметиме од кога не е такво ниту од далеку. Животните стресови ги преживуваме докажувајќи го нашето прикриено повлекување во себе. Кому да му дозволиме да нé води? Веќе видена работа од која чувствуваме колку замореност, толку и незаинтересираност, која повеќе личи на апатија, свесни дека вистинскиот избор ни се сведува на немање кому. Ги извртевме, прегледавме, почувствуваме сите сценарија, неспособни веќе за поинаква констатација дека изборот навистина е толку стеснет што се сведува и навистина на кому, кога се само неколкумина. Така, овој пат на овие избори секој мора да покаже комплетна зрелост на личност, да разграничи што е тоа што ќе му биде најдобро во вртењето на лево, во приклонувањето на десно, или во цврстото застанување на централна позиција. Нивните ликови и гласови се нашата предиспозиција за воскреснување на здравиот македонски разум... Длабоко верувајќи во државата Македонија, мораме да веруваме дека и ќе го направиме вистинскиот избор...

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

94

George Atanasoski


Makedonskata saga 02.06.2006

S

е стокмија кандидатските листи на партиите и сега се целосно подготвени за напад! Но, дали е подготвен електоратот кој ќе треба да ги слуша нивните реплики и обвинувања кој е виновен за состојбата во која се наоѓа државава. Толку ли многу се убедени дека ќе им поминат нивните празни зборови или, пак, сметаат дека нашиот народ е приглуп, па повторно ќе им поверува на ветувањата за нови работни места, за искоренување на корупцијата...? Можеби сé уште играат на картата кој повеќе ќе излаже, повеќе ќе добие, па лажат ли, лажат. А, кутриот народ не може да се снајде во нивните лаги. Едноставно сé повеќе се заплеткува во нивниот лавиринт на утопистички надежи и се прашува зарем политичариве немаат срам сé уште да му продаваат лажни приказни!? Вистината е дека нашиве политичари немаат ниту срам ниту перде. А што, пак, им се чудиме ним, сме се прашале ли што ни се случува нам, на обичните смртници. Паѓаме на нивните зборови, како гнили крушки од исушено дрво. Некое чудно слепило нé следи во изминатиов период. При очи, сме слепи. Ги гледаме политичариве, а при тоа ништо не сакаме да видиме. А, тие не се срамат да нé погледнат в очи, да ни продадат уште по некој убав збор. За реализираните дела од нивна страна не може да стане збор, зашто ги нема. Сега ни се случува истото она што ни се случува за секои избори. Билбордите со нивните ликови ќе бидат декорација за изгледот на државата. А и медиумите ќе бидат преплавени со политичките програми на разни политички субјекти, иако сите програми личат една на друга. Не е важно кој од кого ја препишал програмата, важно е што од неа ќе биде реализирано. За тоа дали нешто ќе направат не сме сигурно, но едно е сигурно, ќе се изнаслушаме погрдни зборови, ќе се изнагледаме “валкани алишта”. Ќе им се чудиме на нивниот вокабулар и ќе се прашуваме зарем сé уште ќе им веруваме на басните за земјата дембелија во која тече мед и млеко? Навистина посакуваме да сме земја од соништата, но работите никако да ни тргнат од мртва точка. Премногу се занесовме во привилегиите и удопствата кои ни ги нудеше власта, па државата ја доведовме до сегашново дереџе. Наместо да се фатиме за работа, се фаќаме за празни мубети. НЕ сакаме да останеме покуси, ако некој нé навредил за нешто, ќе умреме, ама мораме да му вратиме со ист тон, со исти зборови. Петнаесет години не се најде некој кој ќе го поведе народот во вистинска насока. Се раѓаа нови политички субјекти, се распаѓаа, но ниту еден од нив не ја задржа концепцијата и стратегијата зошто е формиран. Многу лесно кога доаѓаа на власт забораваа на ветувањата. Сепак, на политичката сцена се задржаа зошто сé уште има луѓе, кои се слепо задоени во нивните програми, и по секоја цена, не даваат да падне нивниот лидер. Логиката, раздели па владеј, нé следи со години. Новите партии изникнуваат како печурки по дожд. Се разводнува гласачкото тело. И тешко дека некоја партија ќе освои мнозинство гласови за да формира влада. Затоа, пак, ќе го имаме непишаното правило “дај ми за да ти дадам”. Ќе се манипулира со народот, иако партиите веќе одамна се откажаа од него, на него се потсетуваат само кога ќе дојдат избори. Е, тогаш брдата и долините се неизбежни. Тогаш се оди по градовите, селата, се ветуваат пари за инвестирање во земјоделството, се нуди поголема откупна цена за житото, тутунот... А, народот кога нема излез се фаќа за сламката. Така ќе биде и овој пат, тој ќе треба да го одреди процентот која партија ќе влезе во законодавниот дом. Можеби ќе проработи совеста, па сега ќе го направиме вистинскиот избор. А го имаме ли?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

95

George Atanasoski


Makedonskata saga 09.06.2006

R

асправале три мали деца, кој татко е поголем Трпе од Трпе и од Трпе - познато македонско име, синоним за трпеливоста и издржливоста на македонскиот народ. Навистина е за восхитување како во претстојните триесеттина дена ќе ги издржиме политичките фалби, кои како ураган се здадоа кон овој наш Трпе дека токму тој е најголемиот и најдобриот татко не на малото дете туку на државата и на нацијата. Пропорционално гледано, реално би било најдобро да замолчат, да не ветуваат, туку да нé остават на мира и без притисоци да размислуваме и да се потсетиме на сé она што тие имаа можност, кој во мандат или два, да го направат за животот да ни биде поспокоен и оваа напатена македонска земја, која во последнава деценија ипол е опустошена и тешко препознатлива по нејзината современост и цивилизираност, навреме да се пронајде додека сé уште сосема не е изгубена и во просторот, и во времето. Имено, многубројните ветувања во политичките програми, всушност претставуваат стар речник, кој со неправилно напишаните зборови само нé учи на погрешно толкување на вистинската смисла нз зборовите. Поради тоа, се прашуваме дали во оваа земја нешто останало уште за крадење, бидејќи само тоа ги мотивира нашите политичари да продолжат со истата лента и реторика од зборови, кои се повторуваат од избори до избори. Во меѓувреме, народот страда, плаче и бара начин да го преживее денот, додека политичките гарнитури си ги делат контингентите, тендерите, зделките и бизнисите, за на крај да останат трошките, кои им ги оставаат на кучињата. Поради ова, политиката е профитабилна и исплатлива работа, а при тоа без никој да води сметка дали државата е богата или сиромашна. Таа вечно не ќе може да опстанува со позајмени пари, кои претходно тешко се одделуваат од ќесето на Меѓународниот монетарен фонд и од Светска банка, кои одвременавреме нé посетуваат и ни велат дека треба го стегнеме ременот. Но, знаат ли тие до каде е стегнат македонскиот ремен? Сигурно не, бидејќи лажните економски показатели, вработувања, не можат да го покријат минусот на државната тековна сметка. Таа е во оргомна була, која ниту најдобрите економисти не ќе можат да ја извадат од живиот песок. Ако ја анализираме нашата петнаесетгодишна голголта, прво треба да се потсетиме на грчкото ембарго, кое беше искористено за создавање на виски-олигархијата која, пак, го искористи времето за да се етаблира во сите пори на македонското општество. Набрзо се случи ТАТ, кој ги покри финансиските малверзации на политичко-економската олигархија во Македонија. Оние кои помислија дека ќе се “замезат” од доброорганизираниот финансиски криминал (скандал), подоцна се самоубија, бидејќи ја изгубија повеќегодишната печалба, која ја приграбија организаторите на штедењето. Затоа, може да се констатира дека и тогаш и сега истата постава ја мати водата и го диктира темпото на животот. Во него најмногу се снајде морското чудовиште. Дали знаете како тоа изгледа? Дали знаете како се вика? “Фатете го ОКТОПОДОТ!” Тоа е најекспонираниот збор од 1997 година, кој дури сега успешно диригира со македонските политичари, банкари, селани, граѓани, винари, лозари, оризари, бостанџии, тутунари итн. Значи, политичарите биле и ќе опстанат на сцената сé додека интелектуалците и горенаведените слоеви на граѓани бидат тутурутки и будали, да гласаат за левите или за десните. Бродот кој тоне први го напуштаат првенците на десните, а и на левите. Тоа многу пати го покажаа на дело, односно се покажаа на дело дека се умешни да ги сместат своите дебели конта на странските сметки, од каде повторно ќе префрлат по некој ситниш за слепците во Македнија, кои досега не прогледаа дека циркусот се организира на секои четири години.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

96

George Atanasoski


Makedonskata saga 16.06.2006

E

те и тоа бидна. Два дена пред официјалниот почеток на кампањата за претстојните парламетарни избори водачите на партиите потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер парламентарни избори. Тие дадоа чесен “пионерски” збор дека сé ќе биде фер, демократски, тип топ, без ниедна дамка! И како што е ред, следуваа насмеани лица со ведри погледи упатени кон ТВ-камерите и блицевите од фотоапаратите ветувајќи сé за доброто на народот. (Но, повеќе личеа на главни ѕвезди, веќе видени, во филмот наречен “Трка за удобна фотелја”). Да, тие ветија, навистина ветија и сé уште ветуваат. И што натаму? Е, сега му е мајката на обичниот граѓанин да се сретне со “неговиот” лидер од “неговата” партија и да си каже сé, ама баш сé што го мачи, а тука, во секој момент ќе има рамо за плачење проследено со “убедливите” зборови “не се секирај, ќе биде добро”. И како што е ред, да почнеме од премиерот кој почна да се расфрла со ветувања на пензионерите, на стечајците, на лозарите, на земјоделците, на музичарите, на војската... Нашиот драг премиер го одврза кесето па продава земјиште, дели станови, им ја враќа надежта на “татовци”... Да не се добие погрешен впечаток, сите овие ветувања ќе беа оценети како најпозитивни, но ако се реализираа пред околу 3 години. А сега се наметнува мислата “а што ако победи, ќе биде ли и натаму вака дарежлив”? Но, како што покажува практиката - ќе биде онаа “ма баш ми е гајле што сум ветувал, кој ве ‘шиша’”. Е, ама ако изгуби, сликата ќе биде поинаква!!! Сé ова, 20 дена пред избори, сепак личи на евтин предизборен трик и отворено корумпирање на гласачкото тело. Вака, ова е полн погодок во вистинско време, за Владата, а не и за пензионерите, но не и за земјоделците, но не и за... кои по овој предизборен договор најверојатно повторно ќе останат со куси ракави и празни раце. По петнаесет години и исто толку изборни циклуси, пензионерите и работничката класа останаа она што беа и пред една ипол деценија. Категорија граѓани најповолна за предизборни манипулации. Армија која има повеќе од 200.000 редовни гласачи, чии ливчиња најчесто го одлучуваат победникот на изборите. И повторно да се вратиме на предизборните ветувања. Покрај пари, се разбира, се делат и вработувања во државната администрација. Пред четири години примаа ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, сега примаат СДСМ и ДУИ. Но, за разлика од претходните овие сега (СДСМ) не смеат да му кажат “не” на ДУИ, па според неизбежниот Рамковен, на сите конкурси мора да се примаат Албанци. А што е со Македонците? Е, тие само ќе арчат пари, муабети и ништо повеќе. За нив работа нема. Зар нема? Има како нема. Кумановчани знаат каде. Тие не им веруваат на ветувањата на политичарите и не остануваат во земјава. За жал, го ризикуваат животот и заминуваат на печалба во Ирак и во Авганистан, одбирајќи го ужасот на војната во Ирак. Со ова граѓаните на Куманово испратија јасен одговор колку му веруваат во партиските “светли” визии. Гласаа за работа во војна, гласаа за полн џеб пари, но не затоа што така сакаат, туку зашто на тоа ги принудија сите владејачки гарнитури досега. А што е со другите партии и нивните ветувања? Тука се и тие. Потенцијалниот гласач не знае каде да се сврти, за кого да се одлучи, кое ветување да го избере. Седнува во својата удобна фотелја со далечинскиот управувач в рака и почнува да “буљи” во ТВ-приемникот. Во ударните термини речиси на сите дневни телевизиски програми, слично како и на насловните страници на дневните весници, познати сцени од некои помалку или повеќе заборавени времиња. Импровизирана говорница и микрофон од каде што се слуша кое од кое поубаво ветување. Од едната страна пред микрофонот машносани говорници со насмеан лик и гордо кренати глави. Од другата страна, наредени во прв ред истомисленици на гласноговорниците, па луѓе во функција на допрва градење кариера и на крајот толпа луѓе заслепена од празните ветувања. Но, како граѓаните да не веруваат во дадениот збор на нашите мили политичари? Секој добронамерен граѓанин денес искрено се прашува каква смисла имаат ваквите манифестации сега кога аргументите покажуваат дека се постигнуваат само негативни ефекти. Посакуваните ефекти ќе можеа да ги постигнат доколку во изминатите четири години наместо лажни ветувања пријатно ги изненадеа македонските граѓани и во период пред парламентарните избори да организираа свечено пуштање во работа барем на дел од некогашните големи фабрики, кога на времето секој работник излегуваше со насмевка на лицето и со полн џеб. Сé ќе беше поинаку. Но, реалноста...!?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

97

George Atanasoski


Makedonskata saga 23.06.2006

K

онечно и во Македонија се случи кампања. Таа почна. Оваа, велат е официјална, а онаа досегашната не беше официјална. Но, можеби навистина е така. Разлика навистина има. Сега на митинзите има и пејачи, досега имаше само политичари. Значи, во Македонија пејачите се битни. Тие ја одбележуваат кампањата. Но, не е сé така весело, што би рекле луѓето за песна. А, обичните граѓани тоа најдобро го знаат. И со тој факт се соочуваат речиси секојдневно кога ќе погледнат во своите испразнети паричници. Е, тоа богами сега е македонската реалност. Особено што сиромаштијата, која веќе е малигна рак рана на македонското секојдневие, сé повеќе е проследена со бесперспективност. Всушност, тоа е проблем кој не може да се реши со пари, како претходниот, колку и да изгледа мал и навидум безначаен. Како понатаму, каде понатаму, со што понатаму? Тоа се проблеми кои сé повеќе ги притискаат граѓаните, кои во комбинација со немаштијата веќе предизвикуваат и хроничен неспокој. Колку за илустрација, не постои земја во светот во која луѓето земаат денови од годишниот одмор за да го запишат своето дете - полуматурант во средно училиште. Зашто треба да се фатат врски и целата операција -упис трае неколку дена, а богами последниве години таа и не е така евтина. Па, зарем вреди да се зборува понатаму. Не дај Боже да треба да се оди на лекар. Ако си повозрасен, може да те испратат дома веднаш по интервенцијата. Зашто место нема ниту за помладите! Всушност, ако сé илустрираме со примери, на македонската сага ќе й нема крај. Тоа луѓето добро го знаат. Па, затоа сé почесто ако таткото е во една партија, мајката оди во друга и идеолошки спротивна. Така, која партија и да дојде на власт, кога ќе треба детето да се вработи, работата да биде врзана, од двете страни. Ова се “поситните” работи кои толку многу се застапени во нашата реалност што граѓаните толку се навикнаа на нив како на нормална работа што веќе не вреди ниту да се разговара за тоа. Но, тоа не значи дека не постојат. Бидејќи за оние “покрупните” работи луѓето зборуваат, но од тоа нема фајде, зашто кај нас одамна нив никој не ги слуша. А теми има! На пример, Македонија сé уште е единствен пример во светски рамки, во која претходниот премиер, на пример, од власта си замина со “оставка поради корупција во Владата”. И никому ништо, замислете! Дојде на власт сегашниот премиер и работата продолжи како ништо да не се случило. Само на новинарите нешто им текна да прашуваат што се случи и каде е корупцијата. Но, за тоа не дозна никој, зашто и јавниот обвинител и судовите не беа расположени да “исправаат криви дрини” и да ги проверуваат обвинувањата на премиерот во оставка. Затоа луѓето се тепаат да дојдат на власт во Македонија. Што и да направиш никој не ти верува, па затоа и никој не може да одговара. И сé така се одвива животот во Македонија. За политиката сите зборуваат, но никој не презема ништо. Деновиве дури една градоначалничка јавно изјави дека свесно не презела никакви градежни активности во последните неколку месеци. Зашто се ближеле избори, па да не била сфатена погрешно во јавноста дека со тоа ја помага кампањата на владејачката партија. Интересно, со една реченица да се амнестира целото речиси полугодишно неработење е навистина работа која вреди да се одбележи. Бидејќи во другите земји кои имаат перспектива тоа не се случува. Но, кај нас има безброј такви примери. А кога некоја работа толку се повторува, веќе станува нормална. За македонската сегашност секако, не и за другите земји. И сé така некако се одвива животот. Последниве 15 години. Луѓето се прашуваат до кога вака? Има ли ова пропаѓање крај? Притоа, се навраќаат на почетоците на македонската транзиција и се прашуваат каде погрешивме? А прашањето сé повеќе личи на името на драмскиот текст на Дејан Дуковски, “ММЕ” кој прв почна. Навистина, кој направи македонската сага и официјално да стане македонска тага?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

98

George Atanasoski


Makedonskata saga 30.06.2006

P

релистувајќи ги весниците и неделниците, гледајќи ги телевизиските емисии на сите канали, се чини дека политичката партиска еуфорија за запоседнување на законодавниот дом толку е интензивирана во секој поглед што се добива впечаток дека се максимизираат во обидите да не убедат во нивното “по петти јули ние”, станува збор за било кои од нив, “или потоп”. Точно е дека секои избори се битни за една држава, но дека и нејзиното суштествување зависи токму од тие некои и не е буквално така. Блазе нам кога во ист момент на локално ниво, во Македонија, ни се одвива “најважната” работа - парламентарни избори, а на светско, во Германија, се игра “најважната” споредна работа на светот - фудбал. И така убаво час гледаш како се врти некоја топка и на зеленилото се тркалаат личности, чии нозе вредат милиони девизи, а по некоја секунда здогледуваш благопријатни насмевки на лица, кои со смирувачки тон на гласот те убедуваат дека на ова парче земја и народ тие ќе му овозможат “силно да им светне ден”. Преморени од растрчувањето по државава почнаа да го губат трпението па од зборови преминаа на раце, а како што тргнале не е чудо ако, надмината работа им се пукалата, па за нив ги испокара кој и од каде стигна, преминат и на нозе. А, всушност заработувачката лежи и во нозете на добрите играчи. Непобитен факт е дека во издржливоста на овој народ има сила и чесност да се остане човек, кој со големи чекори силно ќе оди напред за пристоен живот. Во наредениве зборови веруваме и сакаме да веруваме затоа што сме свесни дека сме и силни, дека сме и чесни, дека секој од нас е достоинствен човек, дека сме способни за големи нешта, дека заслужуваме пристојно да живееме, дека мораме да се тргнеме од маргините на опстојувањето. Сами или со нив! На сите ним, од политичките естаблишменти во Македонија, треба да им биде јасно дека веруваме во себе. Ако некој вели дека народот македонски знае да казнува мислам дека не употребува вистински термин. Затоа што казна ли е ако не ти ја укаже довербата да се грижиш за неговата егзистенција и за идентитетот, затоа што свежо му е сеќавањето дека за него ништо не си направил во мандатот кој ти го доверил, а по четири години, настрадан од мо ментните, повторно те заокружува и вели - ајде обиди се уште еднаш. Ако веќе ги поз наваме... Памет в глава за сите, и за нив и за нас. Деновиве Македонија е живо шаренило, не толку од вегетацијата, па неа добро ја среди временската непогода (како што велат нашиве луѓе од град нема глад, тешко кого ќе го фати), колку од плакатните бои. Парите се тие кои го вртат светот, а кај нас нив ги вртат политичарите. Не треба да се биде кој знае каков математичар па да се направи едноставна калкулација колку чини секунда во етер или сантиметар на хартија платено претставување. Цифри од кои мака фаќа. Ако имаме државни девизни резерви со повеќе нули, ако политичките партии можат во вакви пазарни услови да си дозволат плаќање сметки од кои застанува здивот, тогаш можеме да почнеме себе си да се убедуваме дека спасот дојде. Смртникот кој пребројува денар по денар не може да биде воодушевен од никакви бројки, затоа што дали ќе бидат два, пет, три или четири проценти зголемување на таму нешто за подобрување на овде нешто, нему ништо не му значи, бидејќи нивните долгорочни патеки потсетуваат на маратонска трка која никако да се истрча. Овој пат нема да имаме избирачки “возови” од одреден карактер, ќе му оставиме на по добриот избран од народот - со мирна совест да каже дека тој е новиот парламентарец. Секој од тие идни 120 народни претставници, од 6 јули ќе мора секој момент натаму да се соочува со судот на народот, со судот на времето, со судот на просторот...

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

99

George Atanasoski


Makedonskata saga 07.07.2006

I

збори. Петти јули. Денот кога граѓаните на Република Македонија одлучуваа кој ќе ги предводи во наредните четири години. Изборот е голем, но сепак како и на секои избори, така и на овие, битката се бие меѓу двете најголеми коалиции, пред водени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Само што овој пат и двете партии настапуваа со ново лидерство. Едните со Владо Бучковски, а другите со Никола Груевски. Но, само еден од нив ќе биде идниот премиер на Република Македонија, а одлуката за тоа ќе ја до несат токму граѓаните. Што очекуваме да ни се случи во наредите четири години? Се разбира дека се надеваме дека тие ќе бидат далеку подобри од изминатите петнаесет кои, главно, беа исполнети со беда, немаштија, војна, корупција, невработеност... болест на духот и на телото. Немаме илузии дека сé тоа ќе исчезне преку ноќ, како меур од сапуница, но сосема имаме право да се надеваме и да посакуваме дека нивните енормни размери ќе бидат сведени на минимум и дека конечно ќе ни тргне. Како? Така што нашето височество граѓаните ќе ги натера политичките елити, конечно да заборават на своите лични и партиски интереси, и своите потенцијали да ги насочат кон потребите на населението, кое надевајќи се на подобро утре, на секои избори дисциплинирано излегува на гласање. И што добива? Уште една рака ветувања и надежи, и секако пат кон Европската унија и НАТО, каде конечно би требало да се чувствуваме како граѓани на Европа. Токму затоа македонските гласачи овој пат добро размислиле кому му го даваат својот глас, бидејќи во земјава повеќе нема место за авантуристи и дилетанти во политиката и во економијата, а Република Македонија веќе нема време за чекање. Пред „ѓе, поради фактот што сите пост комунистички земји одамна „че надминаа на патот кон ЕУ и НАТО, и овозможија минимум пристоен живот за своите граѓани, за разлика од Република Македонија, која постојано тапка во место и конечно се “доближи” до нивото на Косово и на Босна и Херцеговина. Нашето место не е таму. Туку до Словенија, Хрватска, Полска, Чешка, Бугарија, Романија... земјите кои некогаш беа многу посиромашни од нас, а денес веќе се во ЕУ или, пак, пред нејзините порти. Каде е тогаш проблемот со нас? Сигурно не во граѓаните, кои мачно и тешко ги издржуваат овие транзициони години, туку во политичарите кои на секои избори ветуваат „ѓе нешто, а од тоа не излегува апсолутно ништо, или само извештај на меѓународната заедница дека нашава земја е прва на списокот по корупција, а последна по слободата на говорот. Исто како во некое друго време, во кое правата и слободите на граѓанинот беа забранети. Време кое во 1991 година одлучно решивме да го заборавиме и да изградиме вистинско демократско општество. Но, по сé изгледа од тоа сме сé уште далеку, барем ако судиме според годишните статистики, каде што сиромаштијата го зазема одлучното прво место. Од овде нема подолу! Тоа е честата констатација на секој обичен граѓанин на Република Македонија, кој изморен од тоа да му се случи “чудо”, веќе не им верува на политичарите, кога ветуваат мед и млеко. Неговата апатија беше најзабележлива во предизборните анкети, каде бро јот на неопределените граѓани надминуваше и повеќе од 50 отсто. Тоа е соодветен доказ за функционирањето на нашите политички елити, кои заглавени во своите сметки, заборавија на оној кој ги носи на власт. Заборавија на ветувањата кои ги дадоа во 2002 година, и речиси со истите настапуваат и по четири години. Не е воопшто различен вокабуларот во изборните митинзи од оној пред четири години, што е адекватен пример дека во нашава земја едноставно ништо не се случува. Како да застанало времето. Сите одат напред, а само нашата Македонија тапка во место. Токму затоа неговото величество граѓанинот треба добро да размисли кому на овие избори треба да му го даде својот глас. Дефинитивно добро да размисли, со кого би можел да очекува подобро утре, за конечно едно утро да се разбуди задоволен од сопствениот учинок, или што е поважно од учинокот на оние кои ги избрал!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

100

George Atanasoski


Makedonskata saga 14.07.2006

P

ритисоци, средби, шпекулации за состав на идниот владин кабинет. Кој каде, кој со кого? - се најпоставувани прашања во политичките кулоари, а со нив се преокупираат и обичните граѓани. Голема претстава на политичката сцена! Иако сега работата е “повлечи - потегни”, јасно е дека сите сакаат да бидат во власта, но некои само за да работат, а некои да подработуваат и “малку” да уживаат во неа. Некој го знае ли епилогот од преговорите, има нечие “глумење лудило” или трет добива време? За што? Сега засега„ѓе уште не е на повидок конечниот одговор на прашањето “Влада”, бидејќи секојдневно високи партиски претставници до јавноста презентираат нови податоци, нови информации, можни калкулации, или подобро речено се слушаат шпекулации кои одат од една во друга крајност. Единствено што се знае е дека главниот играч, Никола Груевски, ги има потребните карти во свои раце и од него, односно од ВМРО-ДПМНЕ, зависи кој ќе ја сочинува идната македонска Влада. Голем прав се крена околу учеството на албанските партии во идниот владин кабинет. Ахмети или Џафери или и двајцата? Сé е можно, сите опции се отворени. А згора на тоа тука се и странските емисари. И тие како и секогаш и секаде ги вмешаа нивните странски прсти со добра волја за идниот владин кабинет на Македонија. Инсистираат ДУИ да биде во власта, стравувајќи дека ако победникот кај албанскиот електорат не биде дел од неа, тоа може да ја наруши деликатната меѓуетничка состојба во државава. Од друга страна, пак, ДПА сака ја зачува традиционалната врска со својот стар коалиционен партнер и да влезе во зградата на “Илинденска” бб. Но, стапот, ќе речат старите, има два краја. И едната и другата партија имаат црно петно зад себе. Демократската унија за интеграција на Али Ахмети е добро позната партија. Од друга страна, пак, евентуалното влегување на ДПА во власта, на чија листа се Красниќи и Лека, може да влијае на македонскиот електорат. Дали кондовскиот “херој” Красниќи и командантот Лека, против кого има судска потерница за 12-те киднапирани Македонци, ќе бидат пратеници? Сепак, сé е неизвесно до последен момент. Како што минуваат деновите, така се менуваат и одлуките кај албанскиот политички кампус. Најновата е дека ДПА не сака да биде во влада во која ќе биде и ДУИ. Што ќе се случи ако и ДУИ се спротивстави да биде во власта во која ќе биде и ДПА? Е, тогаш Груевски ќе мора да стави точка и да реши која од двете албански партии ќе ја покани самостојно да земе учество во извршната власт. Сепак, има и еден друг проблем, а тоа е дека со која албанска партија и да коалицира нема да може да обезбеди стабилно парламентарно мнозинство. Груевски начелно направи преговори со Петковски. Не треба да се заборави партијата на Георгиевски, со нејзините шест пратеници, кој најави дека гласовите на неговите избраници од народот ќе им ги даде на ДПА. И покрај ваквата комплицирана ситуација Груевски добро игра. Подготвен е за разговори со сите кои би можеле да се пронајдат во неговиот економски манифест. И додека траат преговорите за тоа кој ќе седне во жешките министерски фотелји, како и во вториот, третиот... ешалон, проблем предизвикува и решението кое го оставил актуелниот амбасадор во САД и поранешен спикер, Љупчо Јордановски, пред да замине за Вашингтон за свикување седница на новиот собраниски состав, но датумот го оставил отворен. Победничката партија смета дека врз основа на ова решение новото Собрание може да ја одржи првата седница на 19 јули. Но, експертите не мислат така. Напротив, коментираат дека ваква седница не може да се одржи врз основа на бланко-одлука од претходниот прв парламентарец, за што со тоа се крши Уставот, а одлуката која ја оставил Јордановски без датум е ништовна и нема правно дејство. И кој знае што уште нé чека? Што да кажеме по сé ова, освен тоа дека сме чудна земја на Балканот. Кај нас и невозможното е возможно!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

101

George Atanasoski


Makedonskata saga 21.07.2006

P

реговорите околу формирањето на новата македонска Влада меѓу актуелните победници на парламентарните избори 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот политички фактор се кристализираат. Најверојатно костурот на идната Влада ќе го сочинуваат министрите на ВМРО ДПМНЕ и на ДПА, која профитира од разговорите, иако до последен момент можни се ненадејни политички пресврти. Имено, сомневањето дека ДУИ ќе им се приклучи во власта останува да виси во воздух. Но, поради лакомоста, зголемените партиски апетити и, пред се, лидерската нетрперливост на Али Ахмети да седи во власта заедно со Арбен Џафери, односно осоколениот Мендух Тачи, ДУИ ја пропушта шансата. Сепак, на македонската политичка сцена се е можно, дури и двата албански фактора да ги подвиткаат опашките и да си подадат рака, при што формулата од два плус два и две вицепремиерски места може да се оствари. Но, тогаш постои друга опција, наместо ВМРО-ДПМНЕ да ужива во Пировата победа, таа постојано ќе стрепи, ќе се соочува со опасноста од факторот (нестабилна влада), која во секој момент може да падне, бидејќи помалите коалициони партнери ќе бидат подложни на премислувања, поткуп или нов парламентарен пазар. Значи, суштината на работите повторно се сведува на законската рамка, секој премиер ќе биде сигурен во својата фотелја онолку колку што може да ја дисциплинира гласачката машинерија во Собранието, односно судбината на Никола Груевски ќе биде кроена во зависност од број 61. На тој начин, по втор, односно по трет пат од воведувањето на парламентарната демократија, се соочуваме со класичниот пример на можен пуч во редовите на власта. Така, на пример, прв настрада академикот Никола Кљусев, чија експертска Влада беше урната од СДСМ. Вториот обид за класичен “државен удар” меѓу парламентарното мнозинство не успеа, бидејќи поранешниот премиер Љубчо Георгиевски го купи собранискиот кворум, од минимум 61 пратеник. Згора на тоа покажа дека нашата демократија е кревка и се наоѓа во криза, бидејќи ниту една лева или десна опција не успеа да ги реализира ветувањата, односно го излажа гласачкото тело. Затоа на парламентарните избори електоратот ги казни двата македонски блока. Меѓутоа, остави огромен маневарски простор за политичка манипулација. Оттаму се е можно, дури по извесно време ВМРО-ДПМНЕ да се најде во опозиција, наместо на власт. Затоа, регрутирањето на парламентарното мнозинство претставува најголема опасност за партијата, но и за државата која се наоѓа на голем испит. Да се остане на Балканот или да се фати Европа за узда? Во овие услови се бара интересот за коалицирање и за формирање нова Влада. Нејзиното опстојување, пред се, ќе зависи од политичката волја за соработка и за комуникација меѓу партнерите во власта. Истовремено резултатите ќе бидат обусловени од успешноста во справувањето со корупцијата, организираниот криминал и зголемувањето на инвестициите во земјава. Но, овие деградирачки фактори за развој на Република Македонија ќе зависат и од меѓународниот фактор, кој веќе почна директно да се меша во внатрешните односи во создавањето владејачка коалиција. Што тоа значи? Ако притисокот на меѓународната заедница врз било која владејачка гарнитура досега беше дискретно прикриван, од сега тој е нападен и арогантен. Тоа значи дека сегашната политичка конјуктура ќе мора да внимава на геостратешките интереси на меѓународната заедница, која се повеќе се замара од нас самите, но уште повеќе заглавува од погрешните потези, иницирајќи вештачки судири или кризи за да може постојано да ги влече конците во Македонија и пошироко во регионот. Затоа треба многу разумно, трпеливо и мудро да се преговара со меѓународните фактори, кои играат валкано и без пардон. Во овој момент, исто така, ќе треба да се внимава и на ДУИ, која одеднаш се најде во небрано, иако математички е морален победник кај Албанците. Но, математиката е едно, а можната парламентарна соработка со победникот за интересите на државата претставува друго. Затоа, ако ДУИ остане надвор од власта, тогаш оваа партија ќе мора да се сврти кон парламентарното опозиционо дејствување. Меѓутоа, доколку се одлучи на радикални мерки, тогаш најголема одговорност ќе сноси не само партијата или власта, туку и меѓународната заедница, која на недемократски начин ја создаде и дозволи таа да ги диктира сите процеси во земјава. Оттаму каде и да се сврти ВМРО-ДПМНЕ, односно Никола Груевски, тој се наоѓа во положба на “Ѓорѓи од сите страни сардисан”.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

102

George Atanasoski


Makedonskata saga 28.07.2006

G

одините минуваат, а традицијата останува. Цврсто стои Мечкин камен, кој ја симболизира борбата на македонскиот народ за своја држава. И затоа овој 2 август,повторно ќе ги славиме двата Илиндена, оној во далечната 1903 година кога ја поведовме борбата за национална слобода и оној од 1944 година кога ги удривме темелите на македонската државност. Но, на различни страни, во зависност од политичката определба, од инаетот и од “гезмето” кое ќе си го прават арогантните македонски политичари, кои не водат сметка за суштината и за значењето на овој наш најголем национален празник и него го сведуваат на обичен циркус или претстава. Тоа значи дека личните интереси се над националните и над државните интереси, поради што и овој пат мораме да констатираме, односно да повикаме на самоосвестување дека Илинден не е некаков обичен ден за одбележување, туку е и наша светлина, сонце кое вечно изгрева, а никогаш не заоѓа. Во тој контекст треба да се бара заедништвото, кое деновиве е на пазарање, така што попопуларна е новокомпонираната песна “Те знам пушко кога пиштол си била”, отколку песните за Јордан Пиперката, или за значењето на табакерата на Гоце Делчев и за многу други илинденци или македонски револуционери. Значи, не треба само еден ден да ја славиме македонската историја, туку да й посветиме целосно внимание, бидејќи забораваме дека народ без јазик, без писмо, без култура или сопствена историја не е народ, туку племе или аморфна маса. Затоа, одбележувањето на Илинден треба да биде најсвечен чин во годината, или настан на деценијата, кој ќе биде изразен преку разни културни, научни и политички манифестации. Но, последниве неколку години спласнува страста за прославувањето на Илинден 1903 година или за одбележувањето на годишнината од одржувањето на АСНОМ 1944 година, кои како најзначајни датуми од македонската историја претставуваат јаболко на раздорот, или предмет за поткусурување со политичките противници, кои треба да бидат насамарени и посрамени пред македонската и светската јавност. Истовремено, организаторите на поновите илинденски манифестации паѓаат на испитот, бидејќи прават грешки во однос на сценаријата, повикувањето на гостите, начинот на изведувањето на културно-просветната програма итн. Затоа, неспособните или случајните минувачи мораат да се отстранат од организационите комисии, бидејќи Илинден, односно Крушево се повеќе ја игра улогата на Стара Вина од Мариово, заборавена од народот, заборавена од државата. Мечкин камен не е обичен врв за некој безимен овчар, кој си пасел стадо овци, туку тој претставува симбол кој мора да ни покаже и дали можеме да бидеме единствени кога се во прашање државните и националните интереси, кои секогаш треба да се над личните и партиските амбиции. Она што за Американците претставува Статуата на слободата во Њујорк, тоа за нас се Мечкин камен или манастирот “Свети Прохор Пчињски” кој, за жал, се наоѓа на другата страна од македонската граница. Но, тоа не значи дека ние Македонците треба да го заборавиме и да им го оставиме на националистите и на шовинистите од северниот сосед, кои се повеќе намерно и физички не одделуваат од оваа наша “сесветост”. Поради ова, не треба да се прифаќа нивната игра, туку да се направи достојна програма, која ќе не обединува и ќе не потсетува дека и на Мечкин камен и подоцна, на други места многу илинденци и револуционери пролеале крв за македонското национално ослободување. Поради овој аманет не треба очи да си вадиме или да се занимаваме со безначајни настани поврзани со подготовките или со одбележувањето на овие значајни датуми од македонската историја. Значи, ниту еден политичар нема да се збогати со тоа што ќе се појави на Мечкин камен, а уште повеќеќе го врати рејтингот на партијата ако ја избегне средбата со противникот во крушевската корија. Истовремено, не е безначајно кој каде ќе оди или што ќе зборува, но уште побитно е што таму ќе се каже, бидејќи и најмалата изговорена глупост може да го урне културниот и националниот дигнитет на македонската нација и држава кај странските фактори, кои како куртоазни дипломати сигурно знаат да им одржат лекција на нашите политичари, каде и кога треба да се присутни. Македонија не се брани само на собраниската говорница, туку и на Мечкин камен. Таму треба коцката да е фрлена, а јунакот кој загина на тоа славно место ќе воскресне во душата на секој оној кој ќе го посети вечното почивалиште на храбрите комити, кои го дадоа својот живот за национална слобода, иако воено знаеја дека не можат да му се спротивстават на аскерот. Но, за нас нивниот чин претставува победа, во која “Давид му покажа заби на Голијат”, кој во едно време го пороби македонскиот народ, но не му ја одзеде душата. Таа не може да се продава, бидејќи не обединува и не прави стамени пред современите ветрометини на лошо водената македонска политика.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

103

George Atanasoski


Makedonskata saga 04.08.2006

V

о ова августовско празновечерие го добивме новиот спикер на Собранието на Република Македонија, набрзо и владата ќе зацрцори, “ќе ни запое на сав глас” оти новите гулапчиња, тазе седнати во фотелјите, орни за работа, барем така ни ветија, прво што треба да направат е да ја проверат касата - дали е полна или

празна. Но, одговорот на ова круцијално прашање ќе зависи од претходната гарнитура, која фала му на Бога беше галантна, та шеташе де ваму де таму, освен што не го фати “џадето” за Северниот Пол, кој остана неосвоен од македонската експедиција во периодот 2002-2006 година. Поради тоа, во основа секој почекот е возбудлив и интересен, но набрзо штом ќе спласне страста за работа, бидејќи навистина треба да се испоти задниот екстремитет од човечкото тело за да се исполнат ветувањата, кои ги одведе до власта, реалноста ќе ги шокира, односно би требало да ги отрезни од еуфоријата која заврши уште на 5 јули. Во меѓувреме, што правеше Никола Груевски? Го воскресна Диоген, кој среде бел ден шеташе со фенер, барајќи луѓе. Така и Груевски бараше луѓе, оти нема политичар, кој нема црна дамка. Дворот во ВМРО-ДПМНЕ е испразнет, а “главучите” станаа турбофолкери. Затоа тој долго молчеше, преговараше, премеруваше или се двоумеше, сé до оној момент кога пресече и се реши да ризикува, виенскиот валцер да го игра со ДПА, НСДП, ДОМ и со ПЕИ. Во оваа многу перфидна и проѕирна игра единствено извиси Али Ахмети, кој неверувајќи им на сопствените очи, сега дува на маштеница. Него не го спасија ниту ургенциите а ниту, пак, заканите, бидејќи ножот в грб не му го заби Николчо, туку меѓународниот фактор, кој дискретно го симнува од политичката сцена. Набрзо, истиот фактор ќе почне да му го бара скалпот, затоа Ахмети треба да се сврти околу себе, кој е тој што му дошепна дека постојано ќе биде во власта. УВЕ факторот е во Мала Речица, а серијата “Отпишани”, завршува со ... пуч или пред лицето на правдата за некои други командни одговорности кои се поврзани со злосторствата против човештвото. Но, да се вратиме на факторот човек, кој многу ќе биде битен за натамошното функционирање на новата македонска Влада. За прв пат ќе видиме многу нови лица, кои ниту еднаш немале можност да се докажат или да нé уверат дека се способни да ја водат трезорската каса на Република Македонија, освен чест на исклучоците кои во последниве две до три години се туркаа со лактови за да се изборат во стартниот состав на Груевски. Тие заедно со него ја истуркаа “чумата” од партијата и се фатија во костец со непредвидливите политички настани во Македонија. Но, власта ја добија благодарение на најлошите резултати на СДСМ, кои премногу се занесоа со играњето власт и затоа ја изгубија почвата под нозете. Имено, двете најголеми македонски партии се наоѓаат во иста позиција, во небрано, бидејќи без разлика што едната ја замени другата, тие многу лошо котираат кај народот. Ако на ВМРО-ДПМНЕ не им тргне борбата со корупцијата, со криминалот и со привлекувањето странски инвестиции, основен предуслов за намалување на вработеноста, тогаш сигурно може да се очекува повторно да ја јаде истата каша, која во овој момент ја сркаат СДСМ и нивниот лидер Владо Бучковски. Додека Никола Груевски ќе се сконцентрира на власта, СДСМ ќе се занимава сама со себе. Кој е виновен за пропаста на парламентарните избори 2006 година? Оној кој го наследи Црвенковски, или целото раководство кое четири години живееше во облаци и сé уште се надева дека ќе ја преживее “чистката” која може да се очекува во “Бихачка”. Значи, ниту на Груевски нема да му е лесно, а ниту, пак, на Бучковски животот ќе му биде песна. Сé е така заплеткано и лошо, така што само најснаодливите и најразумните ќе го пронајдат лекот за својот “политички спас”. Оние кои ќе го преживеат македонскиот дел од пеколот ќе бидат на најистурените позиции во земјава за да се прпелкаат или да им помогнат на граѓаните, кои не се осоколени од најавите за најновите поскапувања на електричната и на топлинската енергија. Таквите шокови нé враќаат на инфлаторските времиња, кога цените растеа слично како и човековиот притисок, кој ненајдено удира и луѓето ги испраќа на оној свет.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

104

George Atanasoski


Makedonskata saga 25.08.2006

D

енес е голем, одлучувачки ден кога многу работи ќе се придвижат, а сé уште е рано да се каже дали нагоре или надолу! Не се знае? Денес се гласа новата Влада, која во наредните денови, месеци, години добива неповторлива можност да ја освои довербата на граѓаните, и на оние кои гласале и оние кои не го дале својот глас за ваквата парламентарна поставеност. Ова е ден кога новите министри и премиерот ќе седнат во, овој пат и тоа како жешките, фотелји и веднаш ќе се фатат за работа, особено кога станува збор за оние клучните, најделикатните реформски проблеми. Почетокот не изгледа лошо. Млада Влада која многу ветува, проевропска, современа, без “дамки”, и барем според програмата и досегашните изјави, решена да реформира и да се бори против корупцијата. Можеби сега, на почетокот, кога се чувствува голем елан за работа, и кога сé уште сé не е трн во окото на опозицијата, кај која зашеметеноста од поразот сé уште трае, и кога граѓаните се во исчекување на големата промена, најбезболно ќе може да ги надмине горливите проблеми, кои постојано ги притискаат плеќите на обичниот граѓанин. Но, рака на срце, задачата која й претстои не е баш лесна. Познато е дека политиката е голема игра во која сé е можно, а сега настапува периодот кога ќе се види дали во новата Влада влегуваат вистинските играчи во вистинско време, при што сите ќе слават победа и сите ќе се задоволни!!! Тоа е едната страна на медалјата... ... Но, што станува со умот на обичниот граѓанин. Тој е толку обременет и преокупиран од конституирањето на Владата и од политичките реорганизирања, што се чини дека најавите за поскапувањето на цената на електричната енергија, како и скокот на цената на нафтените деривати, за него станаа банални во однос на тоа кој и каде ќе биде министер. Дали ова значи дека и натаму граѓаните ќе можат да уживаат во заблудата која властите на оваа држава се обидуваат да им ја продадат цели петнаесет години? Да уживаат во надежта дека струјата кај нас е социјална категорија и дека нема да се дозволат енормни поскапувања? Каде е тука гласот на народот? Како да се изгуби некаде... Од друга страна, пак, по “новата” одлука на Регулаторната комисија, повторно се јавија речиси сите политички гарнитури натпреварувајќи се кој повеќе направил или ќе направи за домашната економија. Тие очигледно сметаат дека “гласови” и натаму ќе се купуваат преку “грижа” за социјалната состојба, заборавајќи дека на народот му е совршено јасно зошто сега ќе плати 10 отсто повеќе за потрошената струја. Па, повеќе од очигледно е и се знае дека кај нас политичарите се тие кои се грижат сиромавиот “да го јаде стапот”! Е, тука е неизбежно да се спомне името на мандатарот Груевски, затоа што доаѓаат неговите пет минути да се докаже пред народот. Навистина, во предизборната кампања тој се фати на вистинската карта за да ги придобие гласачите, ветувајќи економска благосостојба. Ама, по објавувањето на веста дека струјата ќе поскапи, тој веднаш се огради од ова со обвинување упатено до претходната Влада која е виновна за ваквите последици поради продажбата на ЕСМ. За ова целосно е во право. Тој не е виновен. Но, што понатаму? Сега како да се чини дека полесно му е да реши некој политички проблем, бидејќи ќе седне со одреденото лице-политичар, ќе падне договор и никој ништо не губи. Но, целта да ја оттргне земјата од немаштија некако личи на утопија! Голем проблем ли нé чека на домашен терен? А што е со трасирањето на патот за влез во ЕУ? Секако дека неодложна задача на новата Влада ќе биде во европските заклучоци во декември да се избори за какво такво ветување дека до крајот на 2007 година ќе можеме да преговараме за членство. Овој пат ниту исполнувањето на Рамковниот договор, иако многу значаен, нема да биде доволен аргумент, ниту ветувањата дека ќе спроведеме економски и судски реформи и дека ќе се бориме против корупцијата. Нема да бидат доволни ниту постојаните политички изјави дека сакаме во ЕУ. Ќе бидат потребни докази и дела кои ќе сведочат дека тоа навистина го сакаме и го правиме. Но, како што се вели “за тоа, потоа”. Сега ништо друго не ни останува освен на новата Влада да й посакаме успешна работа!!!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

105

George Atanasoski


Makedonskata saga 01.09.2006

K

онечно! По долги и мачни преговори меѓу коалиционите партнери, за тоа кој сé ќе седне во министерските столчиња, речиси во иста таква атмосфера, викендов се изгласа новата Влада на Република Македонија, предводена од сега веќе премиерот Никола Груевски. Атмосферата во која се носеше новиот владин тим, за новото владејачко мнозинство предводено од ВМРОДПМНЕ, беше еуфорична, за разлика од онаа која беше присутна кај новите опозиционери, кои сé уште не можеа да се навикнат на своите нови функции. Но, сé со време. Се разбира дека навиките тешко се менуваат, особено ако се владинофункционерски, но со текот на времето опозицијата ќе има можност да сфати дека повеќе не е власт. Но, што ќе треба да разберат нивните ривали, сега од позиција на власт? Прво нешто, иако се на власт, во ниеден момент да не заборават дека се избрани од граѓаните на Република Македонија. Токму со нивните гласови мандатарот Груевски ја доби можноста да ја предводи државата во наредните четири години, и да ја направи и да ја обликува така како што вети во својата изборна кампања, во којашто многу пати потенцира дека за него економијата е најважна. Исто како и за нас граѓаните. Всушност, тоа премиерот и го запиша во своето експозе, кое претставува рамка по која ќе се движи овој владин тим, во периодот кој претстои. Во него најголем приоритет й е даден на економијата, која треба да им обезбеди подобар стандард на граѓаните на Република Македонија кои, пак, изморени од долгото чекање во транзиционата чекалница, единствена светла точка видоа во реформата на економијата на државата. Тоа Груевски го вети во своите 100 чекори. Во визијата за преродба на Македонија, од која треба да биде задоволен секој поединец во земјава. Токму затоа и доби доверба, а она што се очекува од него е да ја оправда таа доверба, односно да го исполни она што го вети. Во спротивно ќе заврши на буништето на македонската политичка таканаречена елита, која многу пати досега го има поразено својот сопствен народ. Со лаги, кои на секои избори само ги менуваат бојата и логото. Тоа не смее да ни се случи и овој пат. Не смееме да дозволиме да нурнеме и под дното, на кое се наоѓаме веќе подолго време. Затоа ќе чекаме. Но, вреди барем на почеток да му веруваме или, пак, да му ја дадеме можноста во првите 100 дена да покаже каде има намера да ја води нашата земја. Ќе судиме исклучително според делата, а не според зборовите. Досега слушнавме илјадници прекрасни говори и премиерски експозеа кои, за жал, не нé одведоа до саканата дестинација. Останува да видиме каде ќе нé одведе визијата на новиот премиер на Република Македонија, Никола Груевски. Тој најавува преродба заедно со неколкумина Македонци, кои живеат и работат по светот, каде што го стекнале своето богато работно искуство, а кои на повик на Груевски одлучија да се вратат во својата земја и да й помогнат да излезе од ситуацијата во која се наоѓа. Примерите на двајцата Македонци, веќе докажани во светот, Ташковиќ и Самак, се дополнети и со името на Зоран Ставревски, кој ја напушти работата во Светска банка, и дојде да работи во Македонија, за десет пати помала плата. Но, што се парите во споредба со желбата да й се помогне на својата држава? Се надевам дека нивните примери ќе ги следат и многумина други Македонци по светот, чие искуство е особено значајно за нашата земја, но и нивното вложување овде во Македонија, каде што се нивните корени. Новиот состав на Владата на Република Македонија, и покрај атмосферата во која беше донесен, сепак е изгласан. Она што треба да го направи е веднаш да почне да работи, бидејќи нема време за губење. Но, и граѓаните немаат време за отстапување. Тие чекаат, ако не брзи и големи промени, тогаш сигурно подобро утре, кога слободно ќе можат да ги платат сметките, да имаат доволно средства за да го школуваат своето дете, но и да помислат на годишен одмор. Зарем тоа е многу? Секако не. Но, сé зависи од исполнувањето на визијата на новиот премиер Никола Груевски.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

106

George Atanasoski


Makedonskata saga 08.09.2006

R

аботата тргна. Барем што се однесува до “скенирањето на теренот” владините претставници почнаа со обиколката низ Македонија. Така, премиерот Никола Груевски, заедно со министрите Славески, Рафајловска и Спасеновски, во Кавадарци го посети саемот “Вино експо”. Разговараше со преработувачите на грозје, но не кажа ништо конкретно за претстојниот откуп на грозјето. Зашто седум дена од новата Влада е многу краток период за нешто да вети. И си замина. Исто така, во посета беше и вицепремиерот Зоран Ставревски. Тој ја посети Битола, и пред стопанствениците вети некои стари проекти, како што е обновата на пругата со Грција, старт на изградбата на патот Велес-Битола преку Бабуна и сл. Покрај овие посети, најавени се и некои нови проекти. Новата Влада со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе разговара за можноста да воведе дополнителни бенефиции за да ги привлече странските инвеститори во Македонија. Ова го најави министерот за финансии Трајко Славески, додавајќи дека е потребна либерализација во банкарскиот сектор, кој според него, е релативно слаб, а нивото на конкуренција е многу ниско. Во рамките на новите проекти влегуваат и хотели со четири ѕвезди, терен за голф, хидроцентрали, капацитети за биоетинол и биодизел и друго. Ова се инвестиционите проекти кои Владата ќе ги разгледува во следните две-три години, изјави Глигор Ташковиќ, министер за странски инвестиции. Тој вели дека наредните 12 месеци ќе работи на два проекта, кои ќе имаат позитивни ефекти во македонската економија. “Бирократијата мора да се надмине. Ќе патувам во странство за да ги запознаам сите можни странски инвеститори со тоа дека Македонија е отворена за бизнис. Досега тие што беа одговорни за да привлечат странски инвестиции, чекаа некој да им тропне на врата”, изјави Ташковиќ. Но, не мина се во најави. Имаше и конкретни резултати. За жал, не по волја на оние кои најмногу се радуваа на промената на власта - стечајците. Сега откако стана министер за труд и социјална политика, за Љупчо Мешков сите стечајци се невработени, како и сите други лица без работа, кои своите права треба да ги остваруваат во рамките на постојниот систем на пензиско осигурување или за социјална заштита. Или во превод, ништо од она што ви ветив. Ова како да го изненади Стојан Стојанов, претседател на Здружението на работниците со повеќе од 25 години работен стаж, разочаран од изјавата на новиот министер дека стечајците нема што да бараат. “Да не заборава Љупчо Мешков што ни зборуваше пред изборите, кога ние штрајкувавме пред зградата на Собранието и во паркот ‘Жена-борец’, таму кога ја преспивавме ноќта тој ни ја даваше најголемата поддршка да се бориме до крај и да бидеме упорни во нашите барања, бидејќи сме биле во право и сме имале право на егзистенција. Неговата дволичност е негов проблем”, рече Стојанов. Тој никако да сфати дека Мешков нема никаков проблем, туку дека станува збор за нивен проблем. Но, периодот на беспарица кој им претстои на стечајците, за жал, ќе го потсети на тоа. Всушност, новата Влада почна и со практична работа. На првата седница го намали Данокот за додадена вредност за земјоделците и “шутна” голем број директори и членови на управните одбори на јавните претпријатија, агенциите, фондовите и другите институции кои се во нејзина надлежност, како политички сигнал дека политиката на претходната власт била неуспешна. Но, засега на нивните места сé уште нема нови фаци. Којзнае дали меѓукоалиционите договори не се конечно дефинирани или нешто друго е во прашање, засега во владините институции сé минува во знакот на чекање нови директори. Сите шпекулираат, но никој не знае кој во која фотелја ќе седне. И дотогаш и де факто ќе мирува работата на теренот, зашто кај нас без присуство на првиот човек на било која институција, не може ништо да почне. А времето тече. Житото одамна е ожнеано, а засега никој не го спомнува. Ниту се интересира за откупот, небаре никому не му е важно што и дали ќе јаде овој народ. А не е само тоа. Тука се и градинарските култури, тутунот...

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

107

George Atanasoski


Makedonskata saga 15.09.2006

S

е вжештува ли политичката атмосфера во државава? Ни се случува ли најава за нова реприза од “филмот” наречен “Албански провокации и уцени”? Ќе бидеме ли овој пат похрабри да им се спротивставиме и еднаш засекогаш да им кажеме доста е? Или, повторно во интерес на мирот и стабилноста во државата, ќе правиме отстапки? Многу прашања, за кои заеднички одговор или констатација е онаа која вели дека очигледно е оти кога не знаеме да кажеме не, други ќе играат на нашата судбина и на картата на Република Македонија. Поранешниот припадник на ОНА, и сегашен лидер на ДУИ, Али Ахмети, сé уште не може или не сака да се помири со фактот дека е во опозиција и по секоја цена сака да стане дел од владејачката гарнитура. Бара промена на Уставот со која би се гарантирало дека двете партии победнички од македонскиот и од албанскиот блок ќе ја формираат владата и дека таа ќе биде избрана според Бадентеровиот принцип. Иако, за Ахмети, Груевски е сé уште мандатар, а не премиер, ова барање му е малку задоцнето затоа што Владата веќе е формирана, а за наредните избори ќе треба малку да почекаме. Интегративците на маса ги извадија и прашањата за законот за употреба на јазиците, законот за полиција, законот за ветераните на ОНА и за семејствата на загинатите борци. Но, ДУИ, ни приредија уште едно “изненадување”. Ја прифаќаат поканата на Груевски за средба, но само ако тој дојде во Шипковица. Значи, ракавицата е фрлена, а од средбата ќе зависи дали “завојуваните страни” ќе ги “закопаат секирите”. Зошто во Шипковица, а не во Клубот на пратениците во Скопје? Дали ваквата покана е однапред смислено сценарио на интегративците, провокација, за ако Груевски ја одбие поканата, да биде обвинет за неконструктивност или, пак, интегративците се чувствуваат посилни само на сопствен терен? Иако, Али Ахмети потенцира дека “Шипковица го симболизира почетокот на демократските процеси во очите на мнозинството Албанци, процеси кои ја покажуваат Македонија како лидер на Балканот”, сите добро знаеме што се случуваше во ова село во 2001 година. Тоа беше бастион на терористите, а македонските безбедносни сили не можеа да “припарат” во селото. Што значи изјавата упатена кон Груевски, дека не е спорно или страшно да дојде во Шипковица, бидејќи таму живееле Албанци и дека тоа ќе било добра шанса да ги запознае Албанците, затоа што според нив било очигледно дека не ги познавал. Можеме ли меѓу редови да прочитаме дека таму сé уште контролата е во рацете на поранешните команданти на ОНА, па тие му ја гарантираат безбедноста? Значи ли тоа дека доколку премиерот одлучи да го посети поранешниот штаб на ОНА, ќе бидат контролирани секој негов чекор и постапка? А во однос на тоа дека Груевски не ги познавал Албанците, можеме да кажеме дека и членовите на ДПА, коалициониот партнер на Груевски, се Албанци, значи дека ги познава. Што ќе се случи доколку премиерот ја отфрли поканата, ја очекуваат ли тешки денови неговата Влада, како што и најавија интегративците? Што подразбираат под тешки денови? Ќе се вратат ли во шумите или, пак, ќе прават само опструкции во Собранието, секогаш кога на дневен ред ќе бидат прашања поврзани со охридскиот Рамковен договор. До кога ќе се “вадат” на Бадентер иако добро знаат дека во законодавниот дом не се само Албанците припадници на етничките заедници, за кои важи овој принцип. Ќе се промени ли овој пат нешто во нашата потсвест со промената на владејачката структура? Од нивните постапки ќе зависи македонската иднина. Груевски сега-засега е без коментар на понудата за средба во Шипковица. Останува на неговата покана за дводневна заедничка средба со опозиционите лидери во Скопје, на која предлага размена на мислења за повеќе важни прашања од државен и национален интерес, Законот за полиција и за законот за следење на комуникациите, заокружување на имплементацијата на Рамковниот договор, борба против организираниот криминал и корупцијата и поддршка на економските реформи... Сепак, развојот на настаните ќе зависи и од исходот на посетата на двете делегации во Брисел. Едната, составена од членовите на ДУИ, отиде да се жали дека Груевски не ја почитувал волјата на мнозинството Албанци, а другата, отиде да разговара за нашето европското и евроатлантското интегрирање. Кој знае дали нивните патишта ќе се вкрстат во европската престолнина?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

108

George Atanasoski


Makedonskata saga 22.09.2006

V

елат Република Македонија е земјоделска земја. Речиси половина од работоспособното население се занимава со оваа дејност. Кај некои тоа е дел од традицијата во семејството, а кај други е морална обврска, која произлегла како резултат на мачното транзиционо живеење, кое донесе армија стечајни и вишок работници. Но, и за едната и за другата група граѓани постои само една вистина. Тие заедно со рударите најмачно го заработуваат својот леб. Некои ќе речат секоја планина својата тежина! Да, но овде тежината е уште поголема, ако се има предвид дека години наназад нивниот труд не се вреднува. Плодовите кои со мака се родени, често пати сме сведоци дека се фрлаат по улиците или, пак, завршуваат како храна за добитокот. Земјоделците протестираат, а од надлежните власти добиваат само ветувања дека ќе се стори нешто. И сé така. Кучињата лаат караванот врви! Земјоделците и натаму работат по нивите и произведуваат храна, за која велат дека поради превисоката цена на репроматеријалите, всушност е и неисплатливо да се произведува. Но, конечно нешто се направи за нив. Малку, но како за почеток доволно. Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, почна да ги спроведува 100 чекори од својата предизборна програма. Првиот чекор кој Владата го направи, а го поддржаа и пратениците во македонското Собрание, се однесува токму на земјоделците. Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за најзначајните репроматеријали. Со оваа одлука, која стапува на сила веќе од први наредниот месец, би требало земјоделците конечно да видат некакво фајде од својата работа. Секако дека оваа мерка е недоволна, кога се има предвид работата на земјоделецот, но да се надеваме дека е прва во редот на закони, кои треба да й помогнат на оваа популација на граѓани. И додека првите чекори на новата Влада се спроведуваат, се чини дека некои повторно нé враќаат назад. Автентичен пример за тоа е мега корупцискиот скандал “Бачило”, со кој јавноста се занимаваше неколку месеци. И додека сите очекувавме вистинска правна разврска на овој случај кој, преку ноќ, сега веќе познатиот овчар Иснифарис Џемаили, го направи милионер, судската одлука буквално ја шокираше јавноста. Најголемиот корупциски скандал по ТАТ се затвори без никој да понесе одговорност. Зачудени, затечени и разочарани се сите институции во земјава, кои очекуваа дека конечно во државава еден мега скандал ќе заврши со комплетна одговорност, а лицето(та) кое се огрешило од законот ќе се најде зад решетки. Но, судот пресече. Нема повторување на постапката. Токму затоа се прашуваме: Што се случува со правниот систем во земјава? Дали по “Бачило”, и најновата афера со “ФИ-КОМ”, чиј сопственик шест пати продаваше еден ист стан ќе заврши без никаква одговорност? Дали по сé ова можеме да им веруваме на судиите, и на нашата Јустиција? Доколку продолжат да се донесуваат вакви одлуки, веројатно не. Но, сепак сé зависи од новиот министер за правда, Михајло Маневски, кој при преземањето на функцијата од неговата претходничка, вети дека конечно ќе воспостави ред во правосудството. Всушност, тоа е еден и од најзначајните критериуми кои треба да ги исполниме за да влеземе во Европа. Единствено што треба да направиме е да го тргнеме црниот превез од очите на нашата Јустиција!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

109

George Atanasoski


Makedonskata saga 29.09.2006

M

акедонската реалност и логика укажуваат дека политичката борба се сведува на две актуелни “нафтени полиња”, елиминирање на корупцијата, која мора да претрпи сериозна промена и затоа како жртва на владејачката структура се појавува државниот јавен обвинител, Александар Прчевски, кој и онака досега ништо не работеше, но сепак на крајот ќе замине во историјата “ем славен, ем опеан”, само затоа што процедурата ги скара правниците, а истовремено до неодамна го бранеше својот стол во обвинителството со т.н. речник на “будала”. Затоа поновата историја нé учи дека македонската слава не се мери по делата, туку по будалаштината. Истовремено, рековаленсцентите во политиката, како што е примерот со екслидерот на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери, откриваат дека Албанците во Македонија не се помируваат со придобивките на Рамковниот договор и со состојбите во земјава и затоа бараат нови преговори и рекомпонирање на Уставот на Република Македонија. За нив тој бил незавршен документ, туку одраз на меѓународната заедница, која пронајде формула да ни спакува и да ни стокми европски демократски правила, кои не виреат на Балканот, па затоа беа напишани на англиски јазик за да можат меѓусебно да се разберат Македонците и Албанците. Меѓутоа, очигледно синглот за Албанците не свири на 45 “вртежи”, а пак лонгплејката на Македонците потскокнува на 33 вртежи и затоа повторно се отвора рак-раната од 2001 година. Кој тоа грешел, или намерно лажел во Охрид, за да се испревртува тезата за конститутивноста на македонската држава? А...? Нели ги седнаа да вечераат во Охрид. Нели со денови се гоштеваа, додека другите низ нишан си разменуваа куршуми. Нели на крај ставија потпис, а други “крст” на писулчето од десетина страници. Зарем не им беше доволно тоа што загинаа недолжни граѓани или, пак, правата мораат да се бранат со лаги и измами. Очигледно Рамковниот договор за некого е фарса, а за друг оправдување, бидејќи политичките цели се разминуваат со соседските замисли за развојот и за европеизацијата на Република Македонија. Тоа значи дека повторно се создава атмосфера во која мачето и кучето водат љубов, а режисерот снима контроверзен трилер филм со крвав заканувачки заплет. Оваа мошне опасна теза ги испреплетува аргументите и фактите, бидејќи одредени актуелни политички гарнитури се избезумени затоа што во Македонија се стабилизира состојбата, а поради тоа нивниот лидерски кредибилитет, поврзан со криминалните дејствија, нема простор за живеење и егзистенција. Во овој момент, актуелните македонски политичари треба остро и трезвено да ги отфрлат ваквите заканувачки идеи, бидејќи не постојат реални услови за активирање или за проширување на целта на Рамковниот договор. Неговата намена згасна и се преточи во уставните измени, а законските проекти, пак, се жива материја која низ законска процедура може да се промени.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

110

George Atanasoski


Makedonskata saga 06.10.2006

D

емократијата е право низ кое секој граѓанин на Република Македонија го искажува своето мислење за одредена ситуација од политички или, пак, од било кој друг аспект. Всушност, со прогласувањето на независна Македонија во раните деведесетти години, кога го напуштивме социјалистичкото управување и одлучивме да дејствуваме демократски, тоа право го добивме сите. Вклучувајќи ги тука и политичарите, кои по редот на нештата требаше да нé научат на демократските принципи на живеење. Но, дали тоа навистина се случи? Ако судиме според последните случувања во законодавниот дом, очигледно е дека сме далеку од демократијата, а многу поблиску до анархијата. Токму оние кои требаа да претставуваат пример за демократијата - парламентарците, покажаа дека не знаат што е тоа! Елоквентен пример за тоа е дејсвувањето на поранешните терористи, односно пратениците на Демократската унија за интеграција, кои во законодавниот дом манифестираа насилство, невоспитување, недемократија и анархија, правејќи хаос во собраниската сала, само затоа што се случува нешто што ним не им се допаѓа! На сите граѓани на Република Македонија им е јасно дека поранешните борци на ОНА тешко се снаоѓаат во улогата на политичари, бидејќи тоа е нешто што ним не им е познато, но сепак пет години по воениот конфликт, и четири години по нивното дејсвување како владејачка партија, имавме барем малку надеж дека овие “дечки” научиле да се однесуваат пристојно. Се надевавме оти сфатиле дека треба да седат во собраниските клупи, и дека треба да излезат на говорница, но само кога имаат што да кажат. Но, очигледно сме погрешиле! Тие покажаа дека и натаму собраниската сала ја сметаат за место низ кое можат да се шетаат кога сакаат, слободно да го земаат ѕвончето од масата на претседателот на Собранието, и како врв да ја земаат неговата картичка и да ја фрлаат на земја. Ниту помалку ниту повеќе на вториот човек во државата! Дали ова е демократијата која ја очекувавме? Дали граѓаните на Република Македонија, без разлика дали й припаѓаат на албанската етничка заедница, излегуваат на избори и гласаат за луѓе, кои ќе манифестираат хаос во Собранието? Господа од Собранието, не заборавајте дека таму сте за да дебатирате за закони кои се од исклучително значење за Република Македонија, да донесувате важни одлуки од кои зависи судбината на сите граѓани на државава, и што е најважно, не заборавајте дека таму сте благодарение на гласовите на народот. Во земјава имаме премногу хаос, за истиот да го гледаме и во највисокиот законодавен дом! Што се случува со македонската парламентарна демократија?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

111

George Atanasoski


Makedonskata saga 13.10.2006

S

иромаштијата, криминалот, корупцијата, злоупотребата и непочитувањето на законите се неизбежен дел од македонската транзиција која, за жал, сé уште трае. На патот кон ЕУ се движиме како товарен воз, а со ваков начин на одвивање на работите сме далеку од европската капија. Иако нашите очекувања за иднината на македонската држава се повеќе од скромни, ние сé уште не сме расчистиле сами со себе. Точно е дека речиси сите граѓани сакаат да бидеме дел од европското семејство, но точно е и тоа дека ние сé уште доцниме со реформите во сите сфери од општествено-политичкиот живот на државата. Затоа, нашата иднина зависи прво од нас самите, а резултатите ќе дојдат сами по себе. Прво нешто што треба да направиме е да си го исчистиме сопствениот двор, а потоа да гаиме надежи дека ќе станеме дел од европското семејство. А ваква држава каква што е нашава, далеку е од европските порти. Сите добро знаеме дека една држава може да функционира само ако има здрава економија. Но, нам како на народ повеќе ни одговараат караниците, и обвинувањата кој е виновен за состојбата во државата, повеќе сакаме да се делиме, да создаваме фракции во сите сфери на општествениот живот, отколку да се соединеме и кога е во прашање опстанокот на државата да донесеме закони со кои ќе ја подобриме економијата. Мал е бројот на оние политички структури кои настојуваат да изградиме силна демократска држава, која рамноправно ќе се носи со земјите во регионот, но и со предизвиците на европските и на светските пазари. Каква е оваа држава кога народот гладува, а политичарите преку ноќ, преку злоупотреба и манипулации, стануваат милионери? Податоците на антикорупциската комисија за изборната кампања говорат дека најголемите политички партии, двојно го надминале законски дозволениот лимит? Е тогаш нормално е да си го поставиме прашањето од каде толкав партиски буџет. Некој ќе рече дека дел од финансиските средства им се од членарина, но како може токму со тие средства нормално да функционира партијата, а освен тоа од тие пари да се купуваат телевизори, клима уреди... Од друга страна, пак, ако сé е в ред со донаторите на финансиските средства, тогаш зошто во тајност се држат нивните имиња. Иако сите политички субјекти најавија дека ќе имаат скромни кампањи и ќе бидат транспарентни во објавувањето на финансиските извештаи, тие сепак ги скрија вистинските бројки. А во држава во која, по сé изгледа, законите се прават за да не се почитуваат, политичарите тешко дека ќе ги стигне лицето на правдата. Долго најавуваната акција за странски инвестиции конечно тргна од мртвата точка и тоа на истото место на кое се препнаа многу влади и нивните премиери. “Бунарџик” беше синоним за пропадната македонска идеја, која одвреме навреме воскреснуваше, поради политичките поени кои се обидуваа политичарите да ги соберат кај гласачкото тело. Но, веднаш по фаќањето на лопатата, слободната економска зона стануваше промашена и заборавена инвестиција, која ја посетуваа само чавките и гавраните кои таму слетуваа, бидејќи ја промашуваа пистата која во близина им го нарушуваше мирниот лет. Во овој момент на Република Македонија й се неопходни големи странски инвестиции, бидејќи само тие можат да нé извлечат од економската каша во која нé внесоа генерации од македонските политичари. Општата економска криза веќе притиска и таа создава сериозни пречки во нормалното одвивање на секојдневниот живот. Во прилог на ова говорат дупките во Буџетот на РМ, кои ги создава секоја влада во оставка, а како проблем го решава новата политичка структура, која постојано се задолжува и бара начини и патишта да ги закрпи финансиските дупки кои се товар за нормалното одвивање на политичките токови во државава.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

112

George Atanasoski


Makedonskata saga 20.10.2006

M

ладиот шеф на новата македонска Влада, Никола Груевски, ја избра Германија како прва цел, место за лобирање за поддршка на евроинтегративниот процес за време на претседателствувањето на Германија со Европската унија, кое ќе почне во 2007 година. Пред Бундестагот канцеларката Меркел го пречека македонскиот премиер со сите државнички и воени почести, во многу позитивна атмосфера, а тој й испрати порака во која потенцираше дека Македонија очекува поддршка од Германија за нашето членство во ЕУ. При тоа, премиерот й вети дека ќе работиме на подобрување на многу работи во Македонија, како што се, борбата против криминалот и корупцијата и подобрувањето на судскиот систем. Дали ова е гаранција за германската канцеларка Ангела Меркел дека Македонија е на добар пат да ја добие поддршката? Позитивните вибрации од страна на госпоѓа Меркел ветуваат многу, ветуваат помош за стабилна иднина на Македонија, меѓутоа иако премиерот ја повика Европската унија идната година да го одреди датумот за почеток на преговори за пристапување во Унијата и процени дека Македонија би можела да стане полноправна членка во рок “од шест или седум години”, ова прашање некако изостана, остана сé уште да виси! Можеби ветувањата на германската канцеларка одеа во насока за поддршка на економското поле, па би било штета премиерот (кој е економист по вокација) да не ја искористи шансата да ги шармира и да ги привлече и германските инвеститори во Македонија, кои би биле вистински бум за македонскиот економски колапс... Пред да ја оствари оваа многу значајна средба, некои “добронамерници” го убедуваа Груевски да й го каже тој чудесно едноставен рецепт со спуштените даноци на госпоѓата, која недоволно упатена во финесите на фискалните и на буџетските политики, ја насочува Германија со сосема спротивни ориентации, но од други, повторно “добронамерници”, беше посоветуван таа тема да ја прескокне на средбата во Берлин. Така, би можело да се случи импресионираната Меркел да го фиксира датумот за почеток на преговорите меѓу Македонија и Унијата!? Е, таа фиксација, сметаат оние кои се задолжени за “внатрешната македонска револуција”, би била прешокирачка за строгата агенда на младата Влада која, како што е познато, реши дека Македонија ќе влезе во преговори со Брисел тогаш кога ќе го достигнеме европското ниво. Ниту порано ниту подоцна. Многу совети, многу дилеми многу прашања..., меѓутоа не слушајќи ја ниту едната ниту другата страна, поведен од своите амбиции и од огромниот оптимизам, кој зрачи од него, на средбата премиерот си го кажа тоа што и имаше намера да го каже - бројни очекувања од земја која многу ни помогнала. И додека премиерот Груевски лобираше и убедуваше во Берлин, од Бугарија пристигна веста дека триесет илјади Македонци побарале бугарско државјанство во последниве неколку години?! Појава која навистина треба и мора малку да ги замисли политичките глави. Која е целта, причината да се држи бугарско државјанство в рака? За кого како! За некого тоа не е ништо страшно, но ако се подзамислиме малку...??? Едни ќе добијат државјанство, други ќе заминат или во Бугарија, или во Грција или некаде по светот по парче леб. Нема да се во Македонија, нема да бидат Македонци. И уште не сме го дефинирале овој проблем, а се раѓа нов загрижувачки факт. Наталитетот е двојно намален во последниве 40 години! Ако во шеесеттите години од минатиот век се раѓале по околу 45.000 деца годишно, лани имало само 23.482 новородени бебиња. Иако според социолозите намалениот наталитет е знак за целосна еманципација на општеството и на жената, сепак голата вистина е дека четиричленото и повеќечленото семејство како полека да изумира. Па, како тогаш Македонија ќе го трасира патот до Европската унија кога дома, на “прсти”, ќе ги брои своите Македонци! Може ли новата Влада, има ли таа капацитет малку повеќе да му се посвети на обичниот граѓанин и на неговиот проблем животниот стандард за тој човекот да не паѓа во искушение да “бега” од родната земја и да му се покорува на некого, чија цел е распарчување на древната Македонија, чии жители не се броеле во илјадници туку во милиони!!!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

113

George Atanasoski


Makedonskata saga 27.10.2006

V

о далечната 1963 година главниот град на Република Македонија беше срамнет со земја. Последиците од катастрофалниот земјотрес се санираа долги години потоа, со цел Скопје да израсне во метропола, која ќе ја отсликува вистинската културна вредност на овој град. И додека низ годините Скопје се градеше и се прошируваше, во севкупниот регион се случија битни политички промени, кои овој град го издигнаа на ниво да биде центар на случувањата, во сега веќе независна Македонија. Тоа значеше ново проширување, дотерување и адаптирање на новонастанатата ситуација, која требаше да претставува следење на европските трендови на архитектурата, кои се душата на секоја светска метропола. Но, што се случи во Македонија во изминативе петнаесет години? Дали воопшто постоеја урбанистички планови или, пак, истите се менуваа во зависност од нечија желба? Сегашната слика на главниот град покажува дека Скопје се гради без никаков концепт. Доказ за тоа се безбројните грди зданија, кои никнуваат речиси преку ноќ, и кои го затвораат единствениот зелен појас кој постои во градот. Се разбира, одговорни за тоа нема, бидејќи топката постојано се префрла од едната на другата локална власт која, пак, во својот мандат очигледно морала да исполни нечии ветувања!? Новите градби и натаму се надградуваат, ја менуваат својата првобитна намена, но сепак врвот на овој кич е појавата на урбаната мафија, која последниве години очигледно царува во Македонија. Неа нема кој да й застане на патот! Доказ за тоа се неодамнешните примери со “ФИКОМ” и “Самарија”, каде “насамарените” граѓани сé уште чекаат завршница, а најновиот пример со зградата кај Градскиот стадион е само потврда за дејствувањето на урбаната мафија, која веројатно е во спрега со локалните власти. Токму најавеното уривање на еден дел од оваа зграда, кој бесправно е изграден, автентично покажа дека ниту министерот за транспорт и врски не смее да се дрзне да урива, бидејќи во спротивно ќе добие закани по сопствениот живот, затоа што ете одлучил да воведе ред. Со ваков тип закани се соочи новиот министер за транспорт и врски на Република Македонија, Миле Јанакиески, кој јавно го обзнани уривањето на еден кат од оваа зграда, но официјално беше спречен поради несоодветна документација, иако и врапчињата знаат дека градските власти стојат зад тоа, бидејќи очигледно “заглавиле” во овој случај !? По овој најнов скандал прашањето кое треба да си го постави, пред сé, Владата на Република Македонија, и секако граѓаните на оваа држава, е како мислиме да станеме дел од Европската унија, кога дозволуваме мафијата да воспоставува ред и поредок во земјата? Дали на овој начин Македонија станува “мека” за урбаните мафијаши, кои без никаква одговорност, можат да градат што сакаат и каде сакаат или, пак, локалните власти ни се со “слаб карактер”, кога треба да се почитуваат законите? Зградата на Градскиот стадион да претставува почеток на борбата со урбаната мафија, која треба да ја спроведе Владата, во спротивно ќе се соочиме со дивиот урбанистички хаос, кој веројатно ќе мора да се решава исклучително со багер револуција!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

114

George Atanasoski


Makedonskata saga 03.11.2006

D

одека политичката врхушка во Македонија се занимава сама со себе, односно се концентрира на внатрешните партиски проблеми, делејќи се меѓу “дијабетичари и клептомани”, меѓу приврзаници за САД и приврзаници за Германија, тие заборавија на гостопримливоста која во последно време ја злоупотребуваат одредени дипломатски претставници во Скопје. Среде бел ден бугарскиот амбасадор Михо Михов се дрзна да го повреди македонското национално чувство и уште повеќе нагласи дека Република Македонија не смее да се интересира за македонското национално малцинство во Бугарија? Зошто? Оти така му налага царштината, односно доблеста да ја признае незгаснатата “бугарштина” која не отупе, туку ја зави во нова форма: Европа може да прашува што се случува со правата на Македонците во Бугарија. Значи, ниту ја откривме Америка, а уште повеќе не ја откривме официјалната политика на претседателот Прванов, која ја бранеше “солдатот”, чии корени можат да се бараат во т.н. најроматничен дел од историјата на Бугарија. Но, затоа, пак, официјалните лица на Министерството за надворешни работи ја признаа дипломатската нота на Русија, вртејќи го вниманието на јавноста од избливот на “бугарската царштина” во нашата “столица”. Имено, дипломатскиот ќотек го засени потегот на бугарскиот амбасадор во РМ, Михо Михов, но уште повеќе ја засили регионалната негаторска политика, која прераснува во координирана акција за “фиромирање” на преостанатите Македонци и политичари, кои барем сé уште така се чувствуваат и така го изразуваат своето национално чувство. Затоа мораме да го изразиме својот оправдан револт кон “фиромирањето” на македонскиот народ во Република Македонија, односно во оваа држава газди се македонсккиот народ и останатите етнички заедници, а не некои “трето разредни” дипломати, чии војнички кариери се создадени за време на железната завеса, а “шат-пат” се надоградуваат во мирновременски услови. Нека проба својата војничка храброст и умешност да ја докаже во Ирак, а не тука да се бербати и да прави соло кариера, која може да згасне доколку министерот Антонио Милошоски се заинати да го прогласи за персона-нонграта. Меѓутоа, во ова пеколно време тоа не би било паметен или разумен чекор, бидејќи треба да се реши дали руските дипломати биле пијани или не. Всушност, поради пијанство беше вратен и поранешниот македонски дипломат Алајдин Демири, но тоа го сторија прецизните Швајцарци, кај кои да потсетиме нема “ваму-таму” во однос на дипломатското однесување и во однос на националните стратешки цели на Швајцарија. Во контекст на ова, некој ќе прокоментира лесно им е на Швајцарците, кога тие се трезор на сите богаташи и мултимилијардери, па затоа не смее никој да ги погледне под око. Но, таквото оправдување не е точно. Странува збор за дипломатско однесување или за принцип на земјата во која се предаваат акредитивите на амбасадорот кој се прима на гоштевање. Затоа, настанот со ќотекот на руските дипломати и сериозниот инцидент на бугарскиот амбасадор во РМ треба да се стават на исто рамниште, а не за едниот да се зборува и веднаш да се бараат виновниците, додека другиот нé строи ли нé[ строи. Ние треба да ги строиме непослушните дипломати во Скопје, а не тоа да ни го покажуваат некои хулигани кои ја бранеле честа на една девојка и можеби честа на македонскиот народ и на Република Македонија.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

115

George Atanasoski


Makedonskata saga 10.11.2006 "

N

е умри магаре на зелена трева”. Можеби оваа изрека за македонските граѓани е премногу песимистичка кога станува збор за нашето интегрирање во европското семејство. Но, реалноста е токму таа, а пред “вистината и боговите молчат”. Факт е дека премногу сме далеку од ЕУ. Факт е и дека Македонија (според “Транспаренси интернешнал”), од 163 држави во светот, е на 105. место по степенот на корупција. На исто рамниште сме со Боливија и со Малави. Ова место е за две места полошо од минатата година. Значи, наместо да се подобруваме, ние се влошуваме! Се занесуваме со изјави дека сме се бореле против корупцијата, а не се срамиме ли од тоа што од нас подобри се сите поранешни југословенски републики. Од регионот на Југоисточна Европа подобри сме само од Албанија. Но, не й “бегаме” многу. Оваа наша соседна држава е за шест места подолу од Македонија. Што значи дека многу лесно може и да не претрка, односно да стане помалку корумпирана од нас. По сé изгледа, развојот на настаните ни оди на сопствена штета. Во државава се најавија и сé уште се најавуваат куп закони кои ќе ја искоренат корупцијата, но тие не заживеаја. Наместо работите да тргнат од мртва точка, ние сé подлабоко заринкуваме во “тињата” наречена мито и корупција. Државава ни тоне во сиромаштија, народот гладува, а политичарите се богатат. Само теоретски најавувавме казни за политичарите и за државните функционери, кои нема да ги објават своите имотни состојби, но се вртиме во маѓепсан круг. И сé така само си зборуваме и си зборуваме.... Наместо работа и работа, ние се изнапишавме закони, “устите ни фатија пена” од зборување, а сé уште тапкаме во место. Дали сме неспособни или така ни одговора? Второво можеби е вистинскиот одговор на ова прашање... Е, па вака не се оди во Европа. За нас и нема потреба од извештајот на Европската комисија, ние одамна си ги знаеме работите. Па, затоа и без него, евидентен е дебаклот кој й претстои на нашава држава. А и повеќе од сигурно е дека уште многу долго ќе треба да чекаме, или како што вели изреката “уште многу фурни леб треба да изедеме” за да добиеме датум за преговори. Сепак, освен нашата инерција да ги придвижиме работите во позитивна насока, по влегувањето на Бугарија и на Романија во ЕУ, дискутабилно е натамошното проширување на ЕУ. Од Европската комисија доаѓаат најави дека Унијата треба да се воздржи од какви било ветувања за датуми за прием на нови членки. Критиките кои од оваа Комисија ќе й бидат упатени на македонската Влада се премногу сериозни. Таа ќе инсистира на дијалог со опозицијата, ќе бидеме предупредени за партиската администрација, за корупцијата, за економските слабости... Иако од Комисијата доаѓаат и најави дека таа ќе направи сé за да не ги обесхрабри земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон Европската унија, тоа за нас се само лажни надежи. Повеќе од сигурно е дека нема да добиеме датум за преговори. А на крајот на краишта и сами сме виновни што на тој пат се движиме како товарен воз, кој додека стои на станиците и ги чека патниците, дозволува возовите од другите држави да го претркаат. Имено, ниту еден македонски политичар не прави реформи или и не й се спротивставува на корупцијата, бидејќи ако се зафати со работа, со чистење на своето извалкано и корумпирано трло, тогаш ќе мора да изгради нов затвор во кој ќе бидат сместени многу ѕвезди од домашната политичка сцена. Поради ова нашиот воз не доцни 105 минути, туку можеби 105 векови, кои стануваат 105 аргатски маки големи... Во прилог на оваа теза мораме да констатираме дека всушност ние доцниме со борбата против корупцијата и со сé она што се подведува под името реформи само затоа што треба да им го наполниме кесето на политичарите и на олигарсите, кои не сакаат да ги пуштат дизгините од раце.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

116

George Atanasoski


Makedonskata saga 17.11.2006

D

еновиве македонската реалност беше обременета со една голема дилема, каква оценка всушност ни даде Европската комисија. Во извештајот, генерално имаше и забелешки и позитивни работи, но загрижува тоа што забелешките дојдоа во комбинација со критиките за правната сигурност, отсуство на бизнис климата и неефикасноста на државната администрација. По сé изгледа, во право беа оние кои тврдеа дека засега во Македонија нема никакво суштинско подобрување, во споредба со владеењето на претходната власт, пред сé, во доменот на најкрупните прашања за државата. Како инаку да се протолкува фактот што Европа нé критикува за неефикасноста во државната администрација и судството, а ние се правиме како мува да не нé лази, демек во извештајот нема ништо страшно. Зарем некој од политичарите воопшто помисли дека за Европејците ќе остане “незабележан” прогресивниот напредок на Македонија која сé повеќе “расте” на листата на најкорумпирани земји во светот. И како по ваквото најново рангирање, според кое станавме најкорумпирана земја од сите со кои до вчера живеевме во заедничка држава, некој во Македонија помислува да го поминеме европскиот праг. Да бидеш дел од европското семејство не е лесна работа, особено во услови кога сé поевидентно е дека нé очекува “студена зима”, зашто државава не може да обезбеди доволно струја за покривање на потребите на сите деловни субјекти и граѓаните. Па, се бара некаков компромис во стилот - ќе ги исклучиме големите потрошувачи ако загусти. Да, тоа може да е точно, но дали некој помислува на пораката која притоа им ја упатуваме на големите инвеститори од странство, за кои сме многу заинтересирани да ги придобиеме нивните пари. Ние би ги прифатиле, но струјата, ако се работи за поголем стопански капацитет “сами нека си ја купат” на странските пазари. Па, со ваков однос прашање е богами кој сериозен инвеститор би влегол со инвестиција тука, ако државата не може ни струја да му обезбеди. Кога на овој куп нејасни работи, во поглед на тоа каква разврска ќе имаат, ќе се додаде и одлуката за наводното “нормализирање” на визниот режим со земјите од Унијата, сликата може дополнително да ни се замати. Засега цените на визите не се зголемија, но и не се намалија, но затоа ќе сме можеле да почнеме преговори за постепена либерализација за влегувањето на нашите луѓе во европските земји. Па, добро, би рекле, ништо ново, ние преговараме (за статусот, за името и сл.) 15 години и никому ништо, па еве ќе преговараме и за визите. А во меѓувреме, сé по старо. Со километарски редици пред амбасадите и на снег и на ветер и на дожд. Разликата е во тоа што, иако повторно ќе чекаме за виза, сега тоа ќе го правиме и ќе преговараме, за разлика од досега кога само чекавме. Најновото нешто, пак, е врзано со економските случувања. Премиерот Груевски најави воведување рамен данок. На тој начин ќе сме станеле перспективна бизнис дестинација и ќе сме придонеле странските инвеститори да се затрчаат да инвестираат во Македонија. Интересно, нема што. Само останува малку нејасно, како за соопштување на ваквата вест премиерот успеа да ја собере за “кадро” целата Влада, а за да одговараат за оценките и за забелешките на ЕУ за корупцијата и за состојбата во судството, по правило, не можеш да собереш ни двајца министри. Како и да е, работите во Македонија продолжуваат. За оние кои ја имаат таа “привилегија” работно да се ангажирани. Зашто бројот на невработени продолжува да расте, и покрај обидите со вештачки корекции на списоците, нивниот број да се намали. Но, намалувањето на данокот се воведува, меѓу другото, и за намалување на невработеноста. Потег чии последици допрва ќе ги почувствуваме. Само да не се случи невработените и натаму да не можат да најдат работа, а оние кои беа богати, сега со помал данок, да станат уште побогати. Искрено се надеваме дека оваа “прогноза” нема да биде точна.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

117

George Atanasoski


Makedonskata saga 24.11.2006

S

екој ден, иста песна со познат рефрен. Реформи, реформи и само реформи... Отстранете ги корупцијата, криминалот... и сé така во однапред испланиран тек се одвива македонската “голгота” на патот кон Унијата. Воопшто не сме изненадени и од вестите кои ни ги сервираат емисарите во земјава, предупредувајќи нé за нашите стари и лоши навики, а ние гаиме лажни надежи дека нашите очекувања еден ден ќе станат реалност. Во земјава доаѓаат и заминуваат разни странски мисии, кои само нé тапкаат по рамо, дека сé ќе биде в ред. Но, ништо не е в ред. “Рака на срце” и ние се изнашетавме по европските метрополи. Одевме со една цел - да лобираме за нашата држава, а секогаш се враќавме со празни раце. Веќе 15 години картите не ни се наклонети на наша страна, или поконкретно џокерот секогаш беше во рацете на некој друг. Реалноста е дека за тоа беше пресудна политиката која странците ја водеа кон земјите од нашето опкружување. Да не беше така, земјите кои не ги почитуваа основните критериуми, на пример, почитување на човековите права, немаше да се најдат во европското семејство. А ние кутрите, “како слепи се фаќаме за стапот” и наместо конкретни чекори слепо веруваме во нивните изјави дека денес, утре, задутре... Македонија ќе биде членка на Европската унија и на НАТО алијансата. Познавајќи ги состојбите и воздухот кој го дишат Македонците, но и политиката која се води кон оваа држава, не сме многу изненадени и од Извештајот на Институтот Ист-Вест за Југоисточна Европа, за применети политики за визниот режим, според кој Македонија се наоѓа на “црната листа” на земји на чии државјани им се потребни визи за да влезат во Шенгенската област. Најавено е преговорите за олеснување на визниот режим да почнат на 30 ноември, но се прашуваме - ако навистина сакаа да ни помогнат тогаш зошто не се потрудат да ги укинат визите? Само така можат да ни помогнат и од економска гледна точка, а и да ја унапредат регионалната интеграција. Факт е дека Македонија е насочена кон либерализација на визниот режим. За полабав визен режим, Европа бара реформи, договори за реадмисија, европски пасоши, ефикасна гранична контрола и борба против корупцијата, организираниот криминал и илегалната миграција. Владите во регионот ќе мора да ја засилат и контролата на границите и безбедноста на личните документи... Иако, македонските власти најавија дека до март следната година ќе имаме пасоши со висок квалитет и дека тоа ќе биде плус уште еден аргумент во наши раце, а очекуваат втората половина на 2007 година да биде датумот кога Македонија ќе ги добие почетните олеснувања, се сомневаме дека ќе биде така. Напротив, странските емисари повторно од нас ќе бараат нешто. И сé е во стилот “ем те тепаат, ем не ти даваат да плачеш”. Сепак, доколку по ноемвриските преговори Владата успеа да го убеди Брисел за олеснување на визниот режим, тоа ќе овозможи излез од сегашната гетоизираност на Македонија. Младите почесто ќе патуваат во Европа, оттаму ќе донесат искуство потребно за развој. Но, засега ова е само надеж. Е, токму во вакви услови, Македонија ќе се надева на странски инвестиции, само тие можат да нé извадат од калта во која сме заглавени до гуша. Од друга страна, пак, зачудува односот на нашиот јужен сосед... Всушност, познат е третманот на оваа земја кон македонските граѓани кон бараат грчки визи. Колони пред амбасадите, омаловажување... Грците не ни го признаваат името, малцинството, а замислете ќе нé поддржат на патот кон Унијата...

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

118

George Atanasoski


Makedonskata saga 01.12.2006

^

удни работи неделава се случуваа во Македонија. На платото пред стоковната куќа “Илинден” во Скопје, во присуство на голем број граѓании, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити и претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, со своите соработници откриваа споменик на нашиот Искендер, а за нив т.н. Скендербег. Особено индикативно беше обраќањето на градоначалникот Меџити, кој му се обрати на Али Ахмети со зборовите: “Команданте, аманетот со кој ме обрзавте да го донесам тука ‘Скендербег’ го остварив и го поставив на ова место!” И како и многу други работи во Македонија, по сé ова повторно никому ништо. А и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање пред насобраниот народ не остана покусо: “Ние Албанците од Македонија прв пат славиме сите заедно, од Струга до Куманово, од Дебар и Битола, Скопје, Тетово. Сите сме собрани тука прв пат да славиме заедно со нашиот херој овде, и на Балканот, во Европа...”. Неверојатно е како во Македонија само на Албанците им се остваруваат соништата. Тие сé што зацртале си исполнуваат. А другите нека му мислат што ветуваат на изборите. Од сé ова произлегува дека било која албанска партија да е во власта, Албанците си остваруваат сé што ќе посакаат. И што е поважно, таму каде што Македонците се мнозинство, мора да ги почитуваат сите права на Албанците. Но, во обратен случај, каде што Албанците се мнозинство, не мора да фермаат баш никого. Потврда за тоа е и најновиот случај во едно основно училиште во Чаир, каде нема греење за македонските ученици. Родителите тврдат дека директорот на училиштето го исклучува парното во 14 часот и ги остава децата од втора смена да седат во “мраз” училници. Тие велат дека директорот намерно штеди зашто во втора смена одат македонските ученици кои се малцинство во училиштето. Поради ова, децата мора да седат облечени во јакни, зашто е многу ладно. Мошне интересно е и директоровото образложение. Тој објаснува дека македонските ученици биле малку и затоа немало потреба школото да се грее и попладне. Интересно би било да се знае што би се случило доколку во некое училиште каде Албанците се малцинство, некој ним да им го исклучи парното. Во тој случај веднаш за тоа ќе дознаат и Фуере и сите други можни амбасадори, како се кршат правата на Албанците. А кога се кршат правата на Македонците, никому ништо. За жал. Но, ова не е сé. Дека во државава многу нешта не функционираат како што треба, потврда е и саботниот инцидент на “Нота-фест”. Ова е само опомена. Во саботата петнаесеттина вооружени лица, како во филмовите, влегле во холот на Универзална сала и во револт ја искршиле миксетата, а ја нападнале и екипата на телевизијата Алсат М. Според очевидците, нападот го организирале група луѓе кои биле незадоволни затоа што нивниот фаворит не влегол во финалето на манифестацијата. Се шпекулира дека настанот има политичка заднина. Затоа партиите(божем тие ништо не знаат ) се заложија полицијата што побрзо да го расветли случајот за да се прекинат шпекулациите за заднината на настанот. Како и да е, во Македонија “музиката” од калашниковите ги засени нотите. Човек просто да не верува во која држава живееме. Зашто вооружена банда да упадне на средина на концерт во преполна сала и да растура сé пред себе, а никој да не е уапсен, веќе тешко да може да се случи и во некоја африканска земја. Дека седмицата која изминува има посебен “шмек” се гледа и по големата, речиси целодневна хајка, по една дива коза (подарок од Франција), која избегала од градината и бегајќи по скопските улици, дошла до населбата Јане Сандански. Вработените од Зоолошката градина организирале хајка по животното и по неколкучасовно бркање по улиците, успеале да го фатат и да го вратат во кафезот. Значи, неделата на чудата беше присутна и во Зоолошката градина во Скопје. Како капак на сé.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

119

George Atanasoski


Makedonskata saga 08.12.2006

C

ртаниот филм за трката на зајакот и на желката, во кој мудрата “туртелс” победува, во многу нешта личи на состојбите во Република Македонија, каде Владата ги слави своите т.н. 100 славни, “први - фантастични чекори” од владеењето со земјава додека, пак, опозицијата умирајќи по власта, од секирации знае само да каже дека сé тоа е шминка. На тој начин опозицијата ја украде идејата, односно оригиналноста на еден Дадар, Перчинкова или на Леонтич. Се вмеша во друг ресор од кој имаат корист само жените, а во последно време и другите, кои поради нарушеното скалилио на ДНК-кодот се чувствуваат дека се феминизирани претставници на потешкиот пол. Поради сé ова, се натемнува дилемата кој е во поголема криза: Владата на РМ или опозицијата, или жените наспроти феминизираните!? И во едниот и во другиот случј има сличности, но и разлики. На пример, технократот даде отчет пред народот, а министрите, пак, нему му симнуваа капа - “си шефе”, “јо - зота Груевски” итн. Овој предизвик опозицијата го окарактеризира како “имаш слика немаш тон”, бидејќи не успеале да ја пронајдат содржината од владиното сценарио за прославата на 100-те дена од “вемерото”. А, сега да се вратиме на другиот тандем. Жените се чувствуваат обесправени, угнетени и разочарани, па затоа не ги есапат мажите во Македонија. Но, затоа, пак, некој одозгора им ја враќа правдата, така што ги казнува “мажите” за да видат како е да се биде во женска кожа. Што значи дека сé е наопаку во земјава. Не се знае кој се чувствува власт, а кој опозиција. Не се знае кој е маж или жена во куќата. Значи, сé е збрлавено, така што не знаеме кој пат да го фатиме. Но, “џенем” не можеме да тргнеме оти “кинескиот визен ѕид” околу Европската унија не ни дозволува “усвет” да фатиме и да ја оставиме Македонија на некој друг да ја присвојува. Во татковината ни повеќе нема Македоцни, мажишта, кои ќе се фанат за орото и ќе излезат на мегдан да ја бранат од суртуци и од странски метании. Затоа нашиот премиер ја брани Македонија со протераните и избркани интелектуалци, кои беа истерани од земјава, бидејќи имаат премноу памет и интелигенција, така што ќе им пречеа на политичарите во крадењето и во правењето ‘ршум низ државава. Значи, во оваа формула на Никола Груевски, се бара сламката на спасот не само за земјава, туку и за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи партијата не смее да погреши. Нејзините чекори будно се следат не само од земја, туку и на небо. Што би рекле, противникот ја чека својата шанса. Токму поради ова состојбите во нашата таковина се напнати и неизвесни, освен ако се пофалиме дека НАТО нé сака како бело злато. Значи, НАТО нé смета за сериозен партнер за играње на воен преферанс во Авганистан, во Ирак, во Босна и Херцеговина, во... Ќе се најдат и други места за воен мегдан. Но, да се вратиме на нашите два напред, три назад чекори. Тука сите сме фатени во костец со проблемите, освен оние кои носат Армани кошули или гаќи, па така лежерно, “ланѕа”, полека си свиркаат и од нас го земаат кајмакот од зовриеното македонско млеко. А, тоа пусто секна. Нема крави за молзење. Нема домашна пченица. Нема електрична енергија, односно нема струја оти не сме купиле “странски гајтан”. Затоа во овој момент ни клекна еден виц, или шега која навистина ја отсликува севкупната состојба во Република Македонија. “Учителката по музичко образование ги прашува децата од трето одделение дали некој знае што е музика, или дали некој од потесното семејство се занимава со музика. На ова малиот Трпе радосно крева рака и вели: ‘Да, учителке мајка ми е музичарка’. ‘А, на што свири’ - прашува учителката. ‘Мојата мајка секое утро ја молзе кравата и таа пее МУ... МУ... МУ...’’.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

120

George Atanasoski


Makedonskata saga 15.12.2006

V

ладата ги помина критичните 100 дена. Сега влегува во вториот квартал од првата година на својот мандат. Резиме од првото тромесечје се неколку значајни проекти кои, како што се очекуваше, пред сé, се однесуваат на економијата, која всушност е и нашата најболна точка. Очигледно нештата се помрднуваат од мртва точка, но сепак за финална оценка е потребно време, и особено одговор од оние кои се најзначајни -граѓаните на Република Македонија. Токму тие се најверодостојните критичари на работата на Владата, а нивниот суд единствен репер за насоката во која се движи новиот владин кабинет. Првичната констатација, ако се суди според направените сондажи на институциите за истражување на јавното мислење, е дека тие му даваат доверба на премиерот Никола Груевски, особено во борбата со организираниот криминал и корупцијата, каде оваа Влада сериозно нагази, но сепак во иднина очекуваат конкретни промени, кои ќе се одразат на нивниот џеб. Но, од некаде мора да се почне. Она за што секоја Влада се залага, а на крајот речиси и да не сработува ништо за тоа, е борбата со организираниот криминал и корупција, за која слушаме секојдневно, а како епилог добиваме нови и нови политички имиња, вмешани во оваа мрежа, од која речиси и никој не излезе со судски процес. Постојано сме сведоци на губење на предметите низ судските лавиринти, политички пазарења за спасување на кожата, неажурна работа на нашите судови или, пак, најбезболното- преминување во друга политичка опција, која во тој момент е дел од владејачкиот кампус. И така во круг. Политичарите се штитат самите, а како забава за народот, се пристапува кон некое театрално апсење, по можност на некоја ситна риба која, пак, треба да ни даде слика дека криминалците во државата се гонат. И волкот сит и овците на број! Но, тоа веќе не оди. По илјадити пат прелажаните македонски граѓани веќе не паѓаат на евтините телевизиски приказани, за врзани раце на некоја крупна политичка фаца. Тие сакаат, и очекуваат, сериозна битка со организираниот криминал и корупцијата. Очекуваат разврска на многубројните афери кои, по правило, секогаш беа заборавани, односно преклопени со нови, кои никогаш не добија епилог. Очекуваат правниот систем во Република Македонија да почне да функционира за секој граѓанин на земјава, кој ја оштетил државата, злоупотребувајќи ја својата политичка функција. Конечно “Шутка” да стане место и за таканаречените ВИП луѓе, а не само за ситните џепчии. Тоа се очекува од новата Влада на Никола Груевски. Сериозна и немилосрдна битка со организираниот криминал и корупцијата. Доколку не го стори тоа, можноста да заврши како неговите претходници е голема. На буништето на историјата! Имено, народот и гласачите ќе му пресудат, а тие се најмеродавните показатели за популарноста на еден политичар, кој веднаш по победата може да биде во облаци но, исто така, може да тресне на земја, така што неговата кариера е ставена на коцка. Значи, Никола Груевски ја премина реката Рубикон, односно Вардар за да му пркоси на времето, кое како бреме ќе му виси на плеќи оти пргавоста и арогантноста не претставуваат доблест на неговите партнери во власта, кои на секои четири години менуваа страна, а понекогаш и нација. Поради тоа, премиерот мора многу да внимава и да има очи на грбот, бидејќи најголемите непријатели на власта можат да се пронајдат меѓу сопствените редови. Оттаму, сé што ќе стори ќе треба да го одмисли и да го премери, а дури потоа да преземе акција која ќе ги уништо непријателот - олигарсите, босовите, корупционерите итн. Табелата на непријатели е голема, но таа сé уште не почнала да се исполнува.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

121

George Atanasoski


Makedonskata saga 22.12.2006

[

верц со оружје, криминал, политички пресметки, афери, упади во дискотеки и што ли уште не... ? Во која ли држава живееме? Вака ли требаше да изгледа некогашната оаза на мирот? Дали ова парче земја на Балканот ќе го наследи Бејрут и дали светот ќе нé препознава по лошите работи? Ќе нé идентификуваат ли како земја во која проблемите наместо со дијалог се решаваат со оружје? По сé изгледа, го одбравме лошиот пат. Тргнавме во спротивна насока и сега нема враќање. Секојдневните драми со однапред позната содржина - организиран криминал и крвави пресметки, нема да не помрднат од сопствениот двор, а камоли да нé однесат во европските и во евроатлантските структури. Но, ние повеќе сакаме да се фалиме, отколку да си ги признаеме грешките и ако можеме да ги поправиме. И како по некое непишано правило, кое вели: префалени јагоди- празна кошница, ете тоа ли и се случи на македонската Влада. Само пред неколку дена, владиниот Кабинет славеше 100 дена од своето владеење, и објаснуваше колку тие биле успешни во борбата со организираниот криминал во тие речиси три месеци. А сега, остана затечена од најновата афера со запленетото оружје, пронајдено во камиони со бугарски регистарски таблички. Дали некој намерно й ја сервираше оваа афера на македонската извршна власт за да й ги скрати фалбите или, пак, станува збор за континуиран шверц на оружје, кој се одвивал и во изминатиот период? Дали преку министерот за одбрана, кој е од редовите на НСДП, некој сака да ги доведе во прашање односите меѓу коалиционите партнери? Без оглед на тоа, ако одговорот на ова прашање е потврден, поголем срам за оваа држава е тоа што е нарушен нејзиниот углед пред меѓународните институции. Факт е дека работите излегоа од контрола, за што потврдува и некоординираноста меѓу двете повикани министерства, тоа за внатрешни работи, и она за одбрана. Во целава афера има нешто гнило, а сомнително е и тоа како меѓу старото оружје се нашле нови митралези? Аферата секојдневно добива во интензитет, како што сé поинтензивни се и информациите кои се пласираат во врска со овој најновен скандал. “Емко лтд” е бугарска фирма за која било наменето оружјето, но ова не е прва пратка која на неа й е наменета. Иако министерот Еленовски го раскина договорот со МЗТ, преку кој се одвивала целата зделка, разрешен е и командантот на логистичката поддршка, а полицијата бара во притвор да се задржат чуварот и шефот на магацинот во касарната “Гоце Делчев”, од каде што е изнесено оружјето, се крена голем прав и се отвори дилема: Толку ли сме одговорна држава кога повиканите не знаат што им се случува во нивните институции. Како си дозволивме во оваа афера да бидат вклучени и повисоките инстанци? Срамот ќе биде уште поголем ако се докаже дека навистина станува збор за шверц на оружје? Како и да е, надлежните органи ги разгледуваат сите сомневања, од евентуална вмешаност на некој од коалиционите партнери, военото разузнавање, генералот Стојановски, па сé до актуелната опозиција во која бил склучен сомнителниот договор. Но, не е само ова. Во Македонија веќе не е безбедна ниту ноќната забава. Иако сé уште е нерасчистен неодамнешниот инцидент, кој се случи на “Нота фест”, кога вооружени лица го прекинаа фестивалот, искршија миксета и камера, деновиве повторно сличен интензитет. Овој пат во скопската дискотека “Процес”. Со пендреци и безбол палки, триесеттина маскирани напаѓачи целосно ја демолираа оваа дискотека, го прегазија обезбедувањето, ги удираа вработените... За бруталноста на групата напаѓачи сведочат снимките од безбедносните камери. И покрај маските, жртвите тврдат дека напаѓачите се полицајци, а инцидентот му претходел на неодамнешна расправа. МВР ниту потврдува, ниту демантира дека маскираните од “Процес” се полицајци, но ветуваат дека напаѓачите ќе завршат зад решетки. Е сега, родителите се загрижени за своите деца и под знак прашање се доведува нивното излегување во ноќните локали. Сепак, овој настан, како добро да й дојде на опозицијата и на нејзините критики, кои водат во насока на тоа дека за вакви инциденти во нормални држави има смени во МВР.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

122

George Atanasoski


Makedonskata saga 29.12.2006

U

ште една година е зад нас. Година полна со неисполнети очекувања, празни надежи, виртуелни желби, живот на кредит... Всушност, како и секоја измината, во која веќе и најобичните желби на граѓаните, од година в година, стануваат сé понедостижни. Просторот дотолку се стеснува што надежите дека оваа нареднава година ќе биде поинаква од претходната, по малку потсетува на стара излитена фраза, која како добри христијани секогаш ја кажуваме пред Божик или Нова година. Иако крајниот резултат многу порано на сите ни е јасен и познат. Тапкање во место или уште полошо, враќање назад, во минатото, кое дефинитивно нé фрустрира. Токму тоа и го имавме во изминатава година. Нетранспарентни продажби на Владата на Република Македонија, работничко незадоволство, штрајкови на стечајните работници, недостаток на лекови во аптеките, безработица, низок стандард, брутална кражба на македонското културно наследство, технолошки вишоци, неразјаснети кражби на неколку пошти, пораснати сметки за електрична енергија, телефон... Тоа е билансот од изминатата година. Мачна и тешка за 90 отсто од граѓаните на Република Македонија, кои одамна веќе живеат под нивото на човечкото достоинство. Но, живеат и се надеваат дека и нас ќе нé огрее сонце, и тоа токму тогаш кога најмалку ќе се надеваме. А, ние се надеваме, и продолжуваме да се надеваме, дека наредната година ќе биде токму таа. Година во која ќе се случат позитивно видливи нешта, пред сé, малку повеќе пари во џебовите, но и работа за сите. Толку малку се бара, а толку многу сé тоа се чини недостижно. Зошто? Зошто владејачките структури никогаш не го слушаат гласот на македонскиот граѓанин, кој како со ехо едно те исто повторува секоја година? Зошто оние кои треба да слушаат, секогаш ги затвораат ушите, кога говори народот? Дали се слушаат само себеси и своите желби? Веројатно да, бидејќи да беше поинаку, немаше да биде толку многу голем и гласен народниот хор! Оној ист хор, кој секоја година на владејачкиот Дедо Мраз му ја кажува истата желба, а секоја година добива само, и само ветување. Се разбира, за наредната Нова година. Во меѓувреме новогодишната елка останува без подароци, а Божикната трпеза само со леб и сол. Сé друго е веќе луксуз. Но, оваа година се случија и избори. Добивме и нова Влада, од која сите очекуваме да ги помрдне веќе цврсто бетонираните нешта. Секако дека е невозможно да очекуваме неверојатен процут на сите полиња, но многу реално е да очекуваме помрднување напред, кон она што реалниот свет го нарекува нормален живот. Живот со достоинство, каков што всушност и заслужуваат граѓаните на Република Македонија, кои во изминативе години трпеливо очекуваа државата нешто да стори за нив. За возврат тие беа максимално трпеливи, кога токму тие власти им велеа дека реформите бараат трпеливост, а дека патот кон Европската унија и НАТО веќе е отворен за нас. Тие сé уште чекаат. Тие сé уште се трпеливи, иако веќе и сами не можат да објаснат како го минуваат денот. Тие сами знаат што сé треба да сторат, за да обезбедат минимум услови. Ете токму тоа се бара од новата власт. Токму тоа се бара од Никола Груевски и од неговиот тим. Минимум услови за подобар живот. Тоа е нивната прва желба и за наредната година. Вушност, како и за секоја Нова година. Христијански е да се простува, но и да се надева. Токму затоа нека наредната година ни биде многу подобра од претходната. Во неа да влеземе можеби со истите желби, но затоа со многу поголеми надежи. Нека нé огрее сонцето на денот. Познато е дека по дождот доаѓа сонце!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

123

George Atanasoski


Makedonskata saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija" Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija e edna!!!

2007 ГОДИНА Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

124

George Atanasoski


Makedonskata saga 12.01.2007

P

о веста за преименување на скопскиот аеродром во “Александар Велики”, грчката Влада се крена на нозе за да ја брани својата “каква-таква”, односно украдена историја, бидејќи за нив ова прашање е од исклучителна важност. Имено, со овој потег Грците си ја бранат националната чест, додека македонската Влада и шефот на државата летаргично ги набљудуваат настаните во регионот, односно ја чекаат американската ластовичка за да им донесе новина или пајажина од Атина. Несомнено, грчката официјална политика ќе се обиде да го спречи македонскиот политички врв да профитира од маркетингшкиот национален историски момент, кој всушност нема да промени многу работи во билатералните односи на Грција и на Македонија. Старите позиции се познати, така што посетата на Нимиц не може да донесе некој поголем придонес во покренувањето на процесот од мртвата точка. Преименувањето на двата аеродрома во Република Македонија, на тој во Скопје во “Александар Велики” и на оној во Охрид во “Свети Павле” ќе претставува доказ за ренесанса во македонската историја и култура. Во овој момент, потегот на македонската политика во однос на ова прашање нема да биде чудо, бидејќи тој доцни, а пак, во меѓувреме се прават контрадикторни акции со бришењето на многу други значајни историски личности од учебниците по историја. Затоа крајно време е Владата на РМ, но и на опозиционите фактори да престанат да се фалат, а истовремено да му копаат гроб на македонскиот народ, бидејќи од 2001 година досега се направени многу отстапки, кои се однесуваат на нашето национално битие. Истовремено, провокацијата не само што ги разбуди од зимски сон грчките политичари, туку ги возбуди и првите луѓе во Скопје, кои пред посетата на Метју Нимиц на Грција, со мислите беа на другиот крај на светот. Македонскиот “вожд” ги посети војниците на АРМ, кои во Таџи во Ирак, се закопани во рововите, барајќи душа или примирје од граѓанската војна меѓу завојуваните ирачки Сунити и Шиити. Наспроти него, премиерот Груевски дома мака мачи со коалиционите партнери, кои кадровски се изгубени и во времето и во просторот, па затоа по коледарските игри го бараат Бадниковото париче за да го уценуваат претседателот на Владата и да профитираат од почнатата игра. Тој, пак, е свесен дека на лимениот македонски покрив сé повеќе се претвора во “црна мачка”, бидејќи како поединец не може да се бори против “камарадите” од владиното крило, како и со организаторот на зимската олимпијада во Скопје. Ова политичко бреме станува скапоцено време, од кое најмногу ќе профитираат дебелокожците и олигарсите во Македонија, кои всушност се потпомагачи на сплетките кои се прават во Собранието, во зградата на Владата, но и околу неа. Премногу кучиња скитници бараат коска од општествената кујна, каде се вари супа од разни мирудии. Во рецептот има сé, не само вода туку и сол, црн и лут пипер. Згора на сé, ако на ова се додаде и “железото” од минатата година, кое беше наменето за продавање во странство, тогаш домашните сладокусци имаат од што да ги лижат своите прсти. На оваа супа најмногу се радуваат Албанците, кои продолжуваат да се однесуваат по старо, малку музика, малку свадба, а свадбарите од “Универзална сала” никаде ги нема. И ако сé ова се сумира, тогаш веруваме дека никој во Владата и во опозицијата не знае кој јаде во државата, кој пие или мрси мустаци, бидејќи покрај власта која сама си дели жолти картони и опозицијата го изгубила компасот. Оваа игра е опасна за државата, бидејќи во соседството нé очекуваат големи турбуленции, а во меѓувреме политичарите со ленирчиња в раце мерат, која на кого повеќе му... Навистина се безобразни. Затоа треба да учат, па макар тоа да го прават од настан до настан. Имено, понекогаш и лажната сплотеност е посилно оружје од странската пропаганда, односно таа може да помогне во одбраната на националните интереси. А, всушност нема ли поголем повод од бранењето на името и презимето!? Во овие 16 години научивме да доцниме, но сепак возот за светот го фативме. Во прилог на оваа теза треба и нормално, со студена глава, да й пристапиме на посетата на специјалниот претставник на генералниот секретар на ООН, во спорот со името со Грција, Метју Нимиц, кој можеби ќе се прошета до Акропол, но нема ништо ново да донесе, освен ако домашните фактори не му предадат нова, срамна инфузија. Оттаму битката за името Македонија не се води ниту во Атина, ниту во Њујорк, ниту во Брисел, туку во земјава, каде политичките противници очи си вадат или се кубат за коси. Имено, себеуништувањето треба да го остават настрана и да се завртат кон блиската иднина. Таа не е наивна. Постои можност ниту да бидат на власт, а како што тргнале да ја продаваат земјава, ниту да имаат своја држава. Со што тогаш ќе владеат?

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

125

George Atanasoski


Makedonskata saga 19.01.2007

M

акедонската реалност по сé изгледа не “вози” кон обединета Европа со брзина која ја очекува актуелната власт. Во ваков случај, човек не може а да не се праша дали проблемот е само до брзината, зашто се добива впечаток дека и “курсот” треба да се провери. Како поинаку да се оправда ваквиот почеток, кога уште во првите денови од Новата година стартуваше “штрајкувачката сезона” пред Владата. Иако вицепремиерот Зоран Ставревски и директорот на МЕПСО, Атанаско Тунески, ги примија претставниците на “Силмак” од Јегуновце, договор не беше постигнат. А работниците се собраа на протест, зашто синдикалците бараат повторна испорака на струја, која во комбинатот е прекината речиси три месеци. Синдикалците најавуваат дека доколку набрзо преговорите не вродат со плод, ќе продолжат со притисоците и со протестите. Во вакви услови деновиве беше објавено дека во земјава постојат уште стотици прописи и законски акти од времето на СФР Југославија од 60-тите и од 70-тите години, а во првата фаза од спроведувањето на проектот “Регулаторна гилотина” се собрани 1.520 прописи, кои ќе бидат предмет на анализа. Ова го изјави лично премиерот Никола Груевски по состанокот на координативниот комитет за имплементација на проектот “Регулаторна гилотина”, додавајќи дека се очекува предмет на регулаторната гилотина да бидат 2.000 до 3.000 прописи. И како по сé ова човек да е оптимист за нашиот прием во ЕУ, кога изминативе 15 години како никој ништо да не работел, а сите сакале да се оддалечиме од експроектот Југославија и да се приближиме кон Европа, особено кога ни е невработено 35,9 отсто од активното население, или невработени се точно 322.919 лица во земјава, а работат “само” 576.813 лица, односно едвај 64,1 отсто. Со овие податоците на Државниот завод за статистика тешко дека некој од ЕУ би нé посакал за друштво. А тоа како да го потврдува и следниот факт. Бројот на туристите во Македонија во ноември 2006 година во однос на ноември 2005 година е намален за 8,7 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1,9 отсто, информира ДЗС. Исто така, во периодот јануари-ноември 2006 година во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 2,1 отсто, а бројот на ноќевањата за 2,8 отсто. Значи, ни доаѓаат сé помалку гости. Како и да е, ова не ги обесхрабрува владините претставници, кои очекуваат до 2010 година бројот на вработени да се зголеми за 10 отсто или за повеќе од 100.000 лица. Здравје, да го видиме и тоа! Во оваа насока, Владата за годинава планира мерки со кои ќе ги стимулира граѓаните сами да почнуваат бизнис и фирмите да ангажираат невработени лица. Пакетот мерки е промовиран со Националниот акциски план за вработување, изработен од Министерството за труд и социјална политика. Според документот, Министерството за економија годинава ќе обезбеди парична помош за покривање на трошоците при регистрација на фирма и покривање на придонесите од плата за период од три месеци. Покрај ова, Владата од годинава ќе ги ослободува од данок лицата кои ќе решат прв пат да се занимаваат со земјоделството како основна дејност. Сите невработени кои ќе станат земјоделци ќе бидат ослободени 5 години од плаќање на данокот од земјоделска дејност. Убави проекти, нема што, но како што тргнало, почетокот од годинава не ни е баш наклонет. Зашто ни тргна со протести и грешки, а тоа не е добар знак. Грешки зашто Министерството за економија конечно го објави и “успеа” да го погреши тендерот за ТЕЦ “Неготино”. Во првата објава на тендерот за продажба на ТЕЦ “Неготино”, во домашните медиуми, во текстот на англиската верзија имаше направена грешка во инсталираната моќност на термоцентралата од Неготино. Затоа ни останува само да се надеваме дека не мора секогаш денот по утрото да се познава. Па, можеби и ние конечно ќе бидеме први во нешто...

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

126

George Atanasoski


Makedonskata saga 26.01.2007

E

еее, луѓе мои Македонци, до кога нашата мила Македонија, па и граѓаните кои живеат во неа - обични луѓе, бизнисмени, студенти, па сега и новинари... постојано ќе бидат напаѓани, негирани, узурпирани, шиканирани, бележени, покажувани со прст ...! Сé уште не стивна “болката” која беше предизвикана од воведувањето задолжителни (бесплатни?) бугарски визи, за кои се чекаше со часови пред бугарската Амбасада во Скопје, кога пукна заканувачката најава од соседската ВМРО-БНД дека ќе подготви список со новинари, кои објавуваат негативни коментари за Бугарија во странскиот печат. Движењето најавило дека списокот ќе им го предаде на бугарските државни институции со комплет публикации во кои се оцрнува Бугарија и дека од нив очекува соодветни мерки. Според лидерот на “таа” националистичка партија, цел на списокот е да се направи евиденција на луѓето на кои не треба да им се дозволи влез во Бугарија. Тој, лидерот, многу паметно размислува за доброто на неговата мајка држава затоа што вели дека “тоа се луѓе кои пишуваат негативно за состојбите во наша земја. Како и секоја друга европска земја, мораме да водиме сметка за тоа на кои луѓе треба да им дозволиме да влезат на наша територија. Тоа е наше право, бидејќи сигурноста на земјата е мошне важна”. И така е. Па, в ред. Секој во својата земја може да си носи некои вакви правила со право (!). Можеби оние имиња кои ќе се најдат на тој фамозен список ќе бидат повредени, замислени, иритирани, па и не мораат да пишуваат или, пак, да зборуваат за овој наш сосед! Списокот со имињата на непожелни личности ќе биде завршен многу брзо и нашите македонски новинари кои ќе се најдат на црната листа ќе си седат дома, ќе си пишуваат за домашните проблеми и за некој проблем од соседсвото, но никако за Бугарија!? За таму нели ќе имаат забрана! Можеби и ние треба да извлечеме некоја поука од сé ова. Можеби и ние ќе треба да направиме не еден туку повеќе црни списоци во кои ќе се најдат имиња не само на странци кои работат против нашата држава, туку и имиња на наши кои можеби мислејќи й добро (?) на Македонија постојано прават грешки (!). Но, повеќе од сé, па и од “црнава листа” загрижува “Дневникот на Мисирков”. Четиристотини ракописно пишувани страници со погледите и со мислењата на Крсте Петков Мисирков за состојбите на Балканот, во Македонија и во Бугарија се содржината на неговиот дневник, кој й беше претставен на македонската јавност. Директорите на државните архиви на Македонија и на Бугарија потпишаа договор со кој наскоро, на македонски, на бугарски и на руски јазик, ќе биде објавено ова дело пишувано во 1913 година. Навистина, на прв поглед, добра вест, многу значајна за Македонија. Меѓутоа, некои непромислени и избрзани изјави на одредени лица поставени на челни места на значајни институции фрлија “темна сенка” врз делото на Македонецот Мисирков и почнаа меѓусебна “тивка” војна кој подобро знае за и околу Мисирков, кој бил, што бил, за кого работел...? Ова е мошне значајно откритие и како што потенцира еден од оние кои цел живот му се посветиле на историјата на македонскиот јазик, објавувањето на дневникот на Крсте Петков Мисирков не смее да биде “злоупотребено за политички потреби”. Тој бара делото, кое заеднички ќе го објават државните архиви на Македонија и на Бугарија, да биде во рамките на научната методологија, односно да се укаже на околностите во периодот кога основоположникот на македонскиот литературен јазик искажувал одредени ставови. Тоа е факт, и треба да се поддржи. Во оваа работа треба добро да се промисли и проучи затоа што името Крсте Петков Мисирков е исклучително значајно за Македонија и за македонскиот народ. Треба да се работи со ум и со трезвена глава за да не дојдеме во ситуација сами себе да се негираме и да се омаловажуваме!!!

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

127

George Atanasoski


Makedonskata saga 02.02.2007

A

ко неодамна пишувавме дека средбите кои премиерот Груевски ги иницира во Клубот на пратениците, за кои однапред знаеше дека опозиционите СДСМ и ДУИ нема да се појават, дека тоа се претходно изрежирани сценарија, денес нашите тези се потврдуваат. Всушност, продолжува практиката секој секому да му врати “мило за драго”. Прво едните инсистираа на дијалог со образложение дека тие наводно сакаат да разговараат, а другите не сакаат, па сега улогите се менуваат. Претходно Шекеринска беше таа што го “откачуваше” Груевски, сега Никола е тој кој ја “откачува” Радмила. Но, парадоксите се наша секојдневна појава, па и многу нé сме изнадени од чекорите кои ги прават нашите политичари. Кај нас секој сака да му докаже на другиот дека повеќе знае од него. Ако во изминатиот период лидерката на СДСМ одбиваше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поради неговите предлози за уставните и за законските измени за воведување задолжително средно образование, за измените во Изборниот законик, со кој се предвидува гласање на иселениците во дипломатско-конзуларните претставништва и за новиот собраниски Деловник, сега таа му “соли памет” и му нуди решенија за, според неа, излез од ќор-сокакот во кој се најде политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата. Нејзиниот предлог содржи четири главни елементи - задолжително средно образование, фиксни квоти за пратеници кои ќе ги избира дијаспората, консензус за собранискиот Деловник и ревидирање на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците. Арно ама, сега премиерот се најде во надредена улога, па потенцира дека се подготвени да разговараат на секоја тема, но не под нечии уцени и не сакаат да спроведуваат туѓи програми. И повторно практиката се повторува, се лути оној на кој сите конци не му се на број, односно оној кој губи. Во случајов лута е Шекеринска. Добронамерноста на СДСМ, ќе рече таа, очигледно не минува во една ваква клима на недоверба, ароганција и самобендисаност, која владее кај владејачките партнери. Но, покусо не останува ниту премиерот, па во писмото упатено на нејзина адреса пишува: “Вие, во својот допис, ги повикувате сите партии учеснички во политичкиот дијалог да ги стават во втор план своите игри и политичките суети, но токму Вашата партија е носител на ваквото однесување со овој пристап”. И откако пристигнаа апелите од меѓународните институции дека блокадата на политичкиот дијалог ќе нé одалечи од ЕУ, Груевски ја фрли ракавицата, на Шекеринска й понуди понатамошното одвивање на дијалогот да се води на ниво на работни групи. Таа е на потег. Е, драги мои, со лекување на болни суети не се гради демократија, а уште помалку се води политички дијалог. Напротив, се забрзуваат чекорите на политичка дезориентација и изместување на вистинските вредности. А како резултат на тоа, кризата на политичката сцена и натаму ќе трае. Всушност, таа и никогаш не била прекината, само се менувале носителите на власта. Опозицијата, без оглед дали станува збор за партија од македонскиот или од албанскиот блок, ќе продолжи да ја обвинува власта за немање слух, а партиите од владејачката коалиција ќе тврдат дека не може опозицијата кога сака да води дијалог само по сопствена мерка. А Груевски, Тачи, Шекеринска и Ахмети, ќе се обидуваат на свој начин да се наметнат на политичката сцена. За волја на вистината, генерално земено, односите меѓу владејачките и опозиционите партии и никогаш не биле на задоволително ниво. Напротив, секогаш биле жарче кое тлее. Било потребно само мало пламенче за да се разгорат. Во една ваква состојба, во која секој секому сака да му нанесе што поголемо зло, и секој секому сака да му докаже дека повеќе знае од него, нема да има поволна клима во ниту една сфера од севкупниот општествено-политички живот. А уште повеќе ќе се надува вжештената атмосфера во државата, од која ќе страдаат само обичните смртници.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

128

George Atanasoski


Makedonskata saga 09.02.2007

P

рашањето за дијалог меѓу власта и опозицијата е исклучително важно прашање, кое во македонската политика често пати на тривијален начин се сведува на минорна тема, која наместо да послужи за развој на демократските институции и продолжување на евроатлантските процеси, тоа се користи за освојување на власта. Затоа, премиерот Никола Груевски во последен момент беше принуден да се пишмани од својот политички став, бидејќи меѓународната заедница се пронајде себеси во поплаките на македонската опозиција, која конечно успеа да пронајде начин да го оспори парламентарниот легитимитет на ВМРО-ДПМНЕ и го натера нејзиниот лидер на дијалог. Но, каков ќе биде тој дијалог на глуви, кога опозицијата уценува? Имено, зошто се отвора дијалог кога опозиционите партии легално ја изгубија довербата на народот, освен ДУИ која низ иглени уши се извлече од електоратскиот барабан, па така го победи противкандидатот ДПА. Поради оваа констелација на политички услови зачудува фактот што доаѓа до израз дека СДСМ ја води државата, а не ВМРО-ДПМНЕ. Згора на сé ова, ако се прифати тезата дека ДУИ ќе разговара само во присуство на меѓународниот фактор, тогаш несомнено паѓа в очи дека Никола Груевски се наоѓа во дефанзива, бидејќи неговите коалициони партнери не ги затворија политичките дупки. Но, можеби вината за сé ова се наоѓа токму некаде меѓу расположливиот човечки потенцијал во Владата. Според тоа, Груевски мора да ја прифати понудената ракавица за дијалог, бидејќи е свесен за грешката која дозволи да се направи со изборот на одредени лица, кои ќе бидат носители на министерските функции. Оттаму, сакало да се признае или не, се сите слабости на Владата, па ако сакате и сопирачки за туркање на “Локомотивата” (Програмата 100 чекори). Затоа, премиерот се реши на потег да ја амортизира специфичната уцена, сведувајќи го дијалогот на работни групи, кои ќе расправаат за уставните измени поврзани со задолжителното средно образование и за Деловникот, кој всушност, исто така, е производ на СДСМ, а не на ВМРО-ДПМНЕ. Значи, и прашањето за новиот собраниски Деловник претставува Пирова победа на опозицијата, односно на СДСМ, која си го “крена рејтингот”, бидејќи во моментов го фати ВМРО-ДМНЕ на “спиење”. Кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ паднаа на испитот? Одговорот мораат да го побараат сопартијците на Груевски, кои безмалку простум дозволија пратениците на Шекеринска да кудат и да собираат поени на собраниската говорница. Освен тоа, бистрењето политика не се води само со присуство на седниците, туку се бара и стручна помош, која секогаш може да се обезбеди ако се побара од интелектуалците во Македонија. Затоа парламентарната мизерија го создаде политичкиот дијалог. Меѓутоа, за што друго би можело да се зборува, да се беседи, освен за освојување на власта. Значи, сé се сведува на обидот СДСМ да го урне ВМРО-ДПМНЕ. Но, која му е тактиката? Ако историски гледаме, тогаш можеме да се потсетиме на стариот Рим, кој пропадна од внатре, а не од надвор. Дијалогот за преврат на власта се прави во власта - во Собранието, во Владата, во коалицијата, во кабинетот на шефот на државата. Во овој петоаголник можат да се бараат причините за создавање вештачка криза и за формирање дијалог на глуви, кој директно ќе биде следен од кулоарите во Скопје, во Мала Речица, во Приштина, во Брисел итн.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

129

George Atanasoski


Makedonskata saga 16.02.2007

I

ма една многу позната бугарска песна, која во македонски превод (“минаа години со бујна страст”), звучи како јајце на јајце на настаните кои во последно време ни се случуваат во Република Македонија, но најтешко од тоа ни паѓа што одвреме-навреме ни се повторуваат. Што всушност сакаме да кажеме? Повеќе од 16 години бурно се караме, се тепаме, се правиме мудри, паметни итн. иако сите до еден сакаме да сме во Европа. Меѓутоа, како се доближуваме до билетот за возот во ЕУ, така ние се оддалечуваме од развиениот свет и го фаќаме возот, наречен “Ориент експрес”. Зошто? Е..., одговорот на прашањето не е лесен, бидејќи постојат многу фактори кои влијаат на оваа какафонија во внатрешната и во надворешната македонска политика. Имено, лидерите на политичките партии се неспособни да нé водат или, пак, поради инает, кој всушност ја крие нивната интелектуална скромност, ние сме заложници на таквата внатрешна политика. Затоа не треба да нé изненади тапкањето по рамо или постојаното удирање по прсти, бидејќи секој чекор напред е проследен со два чекора назад. Значи, високиот тон на европскиот дипломат, Оли Рен, кој допатува во Скопје е стара вест, која е последица на многубројните проблеми во земјава. Всушност, она што пред петнаесет дена му се случи на Бранко Црвенковски во Брисел, сега на своја кожа го почувствува Никола Груевски. Тој доби вистинско “бричење”. Но, заслуга за тоа има и опозицијата која вели дека е деградирана, не може да зборува, не може да атакува врз власта итн. Меѓутоа, покрај сите слабости на македонската демократија, дури и тие мораат да ја понесат својата одговорност за забавување на темпото на реформите за влез во ЕУ. Овој процес не е од партиски, туку од државен интерес. Тоа мораат да го сфатат не само луѓето од власта, туку и тужибабите, кои својата малодушност ја претворија во обичен дневно-политички пазарлак. Поради тоа, состојбите во земјава се крајно сложени, но и едноставни, иако опозицијата сака од оваа работа да направи слон. Но, да потсетиме дека постојат одредени основни правила на игра во демократијата, а тоа е дека парламентарниот изборен резултат е производ на волјата на електоратот, кој својата казна ја испратил на соодветната адреса. И затоа вечното прикривање и покривање на своите партиски, кадровски слабости не може да се кријат зад грбот на власта која, пак, многу лесно се фати на нивната тактика или стратегија. Така, во овој момент, не знаеш кој е поголема тужибаба - дали опозицијата или позицијата, односно кој е власт или кој се обидува да стане власт. Очигледно некој намерно сака да ги помеша лончињата, кои во практиката се сосема јасни и прецизно се полнат со вода или со пелин чај. Згора на сé, ако се прифати тезата на ДУИ дека таа треба да биде власт, тогаш ајде сите да сме во власта, освен народот, кој ете не знае каква власт сака да има. Дали е подобро да имаме странска “отоманска власт” или домашна, која ќе знае и ќе умее да ја извлече земјава од криза и да ја припои кон европското семејство на народите и на нациите? Значи, мораме да се прашаме - дали треба да го поддржуваме нивниот политички хир кој, пред сé, е последица на личниот, а не општествениот државен и национален интерес. Сигурно дека не треба да се поддржува ваквиот тек на настаните, кои како превртена пирамида го забавуваат нашиот процес кон евроатлантските интеграции. Тие вечно ќе нé сопираат во извршувањето на реформите во земјава. Затоа не треба да си мангуп во политиката, туку доблесен и одговорен политичар, кој државава ќе ја извлече од кризата, а плодовите од таквата политика, пак, сами по себе ќе си дојдат во вид на награда или лична сатисфакција.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

130

George Atanasoski


Makedonskata saga 23.02.2007

M

акедонија и Македонците конечно победија! Македонска алијанса за европска интеграција ги доби изборите во Мала Преспа, а Едмонд Темелко е новиот градоначалник на Општина Преспа! На 18 февруари годинава се случи она што сите го посакувавме, а за што најмногу копнее Македонецот кој, не по своја вина, се нашол на туѓа територија. По толку години неуморна борба македонското малцинство во оваа наша соседна земја, барем на локално ниво ја зеде судбината во свои раце. Иако тие и досега беа организирани на различни начини, освојувањето на локалната власт во областа каде што тие се мнозинство, а се признати како малцинство, е охрабрување во нивната натамошна борба за културна автономија. За нив, ова е историски момент, зашто прв пат на избори учествуваат со своја македонска партија, а Темелко е првиот избран функционер на Македонска алијанса за европска интеграција, од нејзиното регистрирање, пред дваесеттина месеци, до денес. Овие избори беа пресвртница и за многу тамошни Македонци, бидејќи некои од нив прв пат од почетокот на демократијата во Албанија излегоа да гласаат. Сега имаа и за кого да го дадат својот глас, да гласаат за Македонец, кој ги брани боите на шеснаесеткракото македонско сонце. По истакнувањето на знамето и по поставувањето на амблемот на Општината, на кои е врежано сонцето од Кутлеш, симболот на Филип и на Александар Македонски, ова што сега се случува е голем настан, бидејќи ја покажаа својата големина и докажаа дека се вистински Македонци, потомци на античките Македонци. Нашите во Мала Преспа не подлегнаа на провокациите кои во текот на кампањата им ја сервираа албанските власти. И покрај постојаните притисоци и закани до гласачите, забраната за емитување спотови на македонски јазик и бришењето на името на партијата од избирачките списоци, Македонска алијанса за европска интеграција, во конкуренција на 13 други партии успеа да добие градоначалник и четири советници. “Тестот кој го помина Македонецот во Албанија за време на режимот на Енвер Хоџа, ќе рече во една прилика сегашниот градоначалник Темелко, докажува дека корените на Македонците се многу длабоки. Ние опстанавме и ќе опстануваме. Се гордееме со матичната земја и гледаме надеж и посакуваме Македонија да биде помоќна држава за да може да притисне за реципроцитет на правата во Албанија”. Сега навистина е гордост да бидеш Македонец во Албанија, зашто конечно нашите луѓе го покажаа единството. А и противкандидатот на Темелко, Панде Костовски, кој беше кандидиран од Демократската партија, по пребројувањето на гласовите, повика на листата за советници да се гласа за предложените кандидати од Македонска алијанса за европска интеграција. Историски момент за тамошното македонско малцинство е и тоа што иако кандидирани од различни партии, сепак сите членови на новиот Совет на Општината се Македонци. Се очекува советнички места да се добијат и во Тирана, во Корча и во Голо Брдо, како и во неколку други места. Дали оваа победа ќе значи позајакната борба за човековите права на тамошните Македонци, но и подобрување на економската ситуација во овој најсиромашен дел од Албанија, за што всушност се залага и новиот градоначалник. Сепак, има уште многу за да се добие таа борба, зашто Македонците не се само во Мала Преспа, ги има и во Голо Брдо, Гора, Тирана... и речиси во цела Албанија. А оваа држава, ако сака да зачекори во европското семејство, ќе мора да ги признае и останатите Македонци кои живеат на нејзина територија, да ги врати албанизираните топоними, да им овозможи образование на мајчин јазик. Но, добро и тоа што полека, но сигурно Македонците се движат кон целта. Затоа честитки до нив и порака да шират љубов и разбирање, зошто само така ќе го добијат тоа што го бараат. Имаат право на тоа и не треба да се плашат. Ако се единствени, никој не ќе може да го победи нивниот дух. Победата на овие Македонци можеби е поттик и за натамошните чекори на Македонците во Бугарија и во Грција.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

131

George Atanasoski


Makedonskata saga 02.03.2007

P

укна брука низ цела Македонија, осамна веста - најмалку 35 лица меѓу кои полицајци и цариници од четири македонски гранични премини беа приведени од страна на полицијата. И тоа бидна кај нас - полицаец апси полицаец. Причина – поткуп, народски кажано мито. Па, добро луѓе и од оние кои треба да нé штитат, оние кои треба да покажат чесност, оние кои треба да имаат чисто досие без дамка, треба да се чуваме и вардиме?! Рака на срце, за цариниците и не треба многу да се чудиме, веќе одамна позната работа. Па, како инаку ќе имаат големи, нови куќи и автомобили? Но, за полицајците навистина запрепастувачки. И што е уште помизерно, според првичните информации на МВР, не станува збор за организирана мрежа, туку за поединечни случаи на земање поткуп, само за сопствен џеб. Во целата оваа збрка, по добро смислена шема, свој удел имаат и неколкумина угостителски работници во чии кафеани подмитувачот ги оставал парите, а потоа “митото” го земале полицајците или цариниците. Сега се суспендирани од работа и иако истражниот затвор “Скопје” е преполн со разно-разни криминалци, сепак и овие корумпирани службени лица си најдоа свое место зад решетки! Е, сега, иако велат лакомото око никогаш не знае за доста, полициската рација малку ги отрезни и им влеа страв на луѓето кои се дел од овие две “високи” институции. Иако до вчера сите вработени во полициската станица сакаа да бидат на граница, место кое се сметаше за престижно, сега никој од нив не сака да прифати промена на работните задачи. Полн погодок!!! Од јавноста позитивни реакции, граѓаните ја поздравуваат акцијата, но сметаат дека власта се пресметува со ситните риби. Меѓу уапсените има луѓе кои на Деве Баир работеле само по едендва месеца и наседнале на ситен поткуп од пет до десет евра. Ако сакаат вистински да ја искоренат корупцијата, надлежните треба да ги стават под лупа и другите цариници и полицајци. Да се види од каде им се куќите, становите, автомобилите, деловните објекти, парите за одмори по монденски летувалишта и зимувалишта. Само така може да се постигне целта и акцијата да има ефекти. Но, како и да е, во целава оваа матна работа, оној кој ја почна “хајката” по митаџиите е за секоја пофалба и заслужува поддршка за продолжување и откорнување на сé она што го празни џебот на граѓанинот, па и на државата. Со оглед на фактот дека корупцијата во Македонија има земено голем замав и силно е вкоренета во сите пори на општеството, “главата” на Македонија, односно Владата навистина ќе треба да вложи многу труд. Како што е познато, за секоја работа треба време, па така и оваа не ќе може да се надмине преку ноќ. Ќе треба да помине доволно долг период за да се стави точка на сите девијантни појави во нашава Македонија. Меѓутоа, добро е што од некаде се почна... Но, не е сé така црно. Иако и здравството како значајна појава во едно општество го тресеа и го тресат коруптивни земјотреси, сепак Македонија може и со нешто да се пофали. За прв пат на Институтот за кардиологија во Клиничкиот центар во Скопје е направена најнова медицинска метода за т.н. апликација на матични клетки, преку која може да се врати функцијата на срцето, како и целосно да се регенерира срцевиот мускул. Интервенцијата е изведена кај 60-годишен маж од Скопје со акутен инфаркт кој, според докторите, ги исполнувал сите критериуми за примена на оваа метода. Револуционерната метода, како што докторите ја нарекуваат оваа интервенција, д-р Пејков ја направил заедно со двајца австриски доктори Ирене Ланг и Маркус Детке, кои всушност ја иновирале и шест години ја работат апликацијата на матични клетки. Во најскоро време докторите инволвирани во овој зафат се надеваат дека оваа метода ќе им биде на располагање на сите граѓани. Навистина, настан за поздравување.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

132

George Atanasoski


Makedonskata saga 09.03.2007

M

акедонската реалност, по сé изгледа, личи на некој лош филм, кој никој не сака да го гледа. Како инаку човек да ги протолкува “сликите” од пред Собранието, каде стечајците деноноќно “кампуваат” во потрага по своите скромни барања. “Сите претседатели на градските здруженија на стечајните работници се договоривме да дојдеме со шатори пред Собранието и да бидеме тука сé додека некој не нé прими и не разговара конструктивно за нашиот проблем. Го замолуваме премиерот Груевски да дојде и да разговара со нас, исто онака како што во предизборието доаѓаше и во најоддалеченото село и бараше гласови”, изјави Стојан Стојанов, претседател на Здружението на работници со повеќе од 25 години работен стаж. Целата работа дополнително добива на тежина ако се знае дека во Здружението членуваат околу 6.500 лица. Но, немаат само тие проблеми. Набрзо во “шок” ќе бидат и сите жители на главниот град, кога на своја “кожа” ќе се уверат дека сметките од јавното претпријатие “Водовод и канализација”, кои скопјани ќе ги добијат за март, ќе бидат со зголемена цена на водата за 98 отсто, откако градскиот Совет го прифати предлогот на градоначалникот Трифун Костовски и на Управниот одбор на претпријатието за поскапување. Со новиот ценовник, еден метар кубен вода наместо 14,8 денари ќе чини 29,4 денари за корисниците кои се приклучени и на канализационата мрежа, 17,2 денари за оние кои го користат само водоводот и 12,1 денар за граѓаните кои имаат само канализација. “Цената на водата не е зголемена уште од 1999 година, а оттогаш многу наши трошоци се поскапи”, деновиве објаснуваше директорот на “Водовод”, Слободан Димитровски. Но, имаше и други мислења. Па, така советникот Раим Лимани му порача на директорот да го зголеми процентот на наплатата, за развој на претпријатието, а не само да удира врз грбот на редовните плаќачи. Во оваа насока, шок терапија ги чека и текстилците.Тие се следните на удар за пониски плати, бркања од работа и затворање фабрики. Бидејќи ова се можните последици од измените на Законот за здравствено осигурување, кои ги предложи Владата, а веднаш ги алармира бизнисмените од текстилната индустрија. Со предложените измени на Законот за здравствено осигурување се предлага основицата за пресметка на придонесот за здравствено осигурување да не биде пониска од 65 отсто од просечната месечна нето плата по работник во земјава, објавена за тековниот месец. Колку за споредба, наместо досегашниот износ на придонесот за здравствено осигурување, кој за текстилната гранка изнесуваше 669 денари, според новото решение ќе биде 1.332 денари. Вкупните давачки (персоналниот данок и придонесите од плата) со предложените измени ќе изнесуваат 4.634 денари, што ќе достигнат неверојатни 81 отсто од просечната плата во текстилната индустрија. Стопанствениците од текстилната индустрија го изразија своето огромно незадоволство од предложените измени на Законот за здравствено осигурување, истакнувајќи дека дополнителното покачување на придонесите од плати уште повеќе ќе ја влоши и така лошата состојба во оваа трудоинтензивна гранка, со што ќе се доведе во прашање нејзиниот опстанок. Тоа ќе доведе до масовни отпуштања од работа и до пониски плати. Но, и нив како да нема кој да ги слушне. А истава песна ќе биде и со трговците, но ќе ги засегне сите граѓани. Нив ги мачи проблемот со високите провизии од страна на банките за користење на платежните картички, што особено се одразува врз трговијата на мало со прехранбени производи. Имено, просечната провизија од 4 отсто има поголемо учество во структурата на маржата (просечно се движи од 13 до 15 отсто), од било кој друг трошок на работење. Трговците се единствени дека одлуката за поставувањето читачи на платежни картички треба да ја донесе стопанскиот субјект, во рамките на деловната политика на фирмата, а во никој случај таа да не биде наметната како задолжителна, а уште помалку како законска обврска за трговецот. Всушност, тоа е практика и во европските развиени пазарни економии. Но, ние не сме Европа, нели! А дали во ваков домашен “амбиент” ќе бидеме, богами ќе видиме.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

133

George Atanasoski


Makedonskata saga 16.03.2007

P

роблемите во транзицијата секојдневно нé потсетуваат дека вистинската сиромаштија, со која се соочени граѓаните, не треба да биде проследена и со сиромаштија на духот! Како поинаку би го објасниле трагичниот настан во Тетово кога деветгодишна ќерка, најмалку 6 дена, гладна и беспомошна живеела со мртвата мајка за која мислела дека спие. Ако се знае дека починатата веќе била третирана како социјален случај се прашуваме каде се тамошните служби, што направило училиштето кое го посетувало ова малолетно дете, конечно каде биле и соседите. Се губат ли добрите христијански обичаи во незавршеното лудило на транзицијата? Уште еден трагичен случај нé потсетува на суровата реалност! Во кавга на двајца малолетници убиено дете, кое едвај зачекорило во животот! Повторно се поставуваат прашања за воспитувањето на децата во фамилијата, во училиштата и другите институции, особено ако се знае немилосрдната изложеност на младата популација на пороците на новото време, на наркоманијата која одамна не е новост и за учениците во основните училишта. Како да ги заштитиме нашите деца од неволјите на новото време? Може ли државата врз себе да го преземе бремето на воспитувањето и образованието или тоа треба да го прават и родителите, веќе е апсолвирано прашање. Сепак, децата се наши и без нашиот надзор, контрола и убав збор, лесно паѓаат во стапиците на потрошувачкото општество. Владата на Никола Груевски нé израдува со планот за набавка на 150.000 компјутери до 2009 година и со намерата за изградба на 100 нови училишта, со учество на приватни инвеститори. Знае дека не се влегува во Европската унија со полуписмени граѓани, кои бегаат од достигнувањата на информатичкото општество како ѓаволот од темјан. Во секој случај се работи за голема инвестиција за идните млади генерации, со кои треба да се натпреваруваме со останатите членки на европското семејство. Уште еднаш се уверивме дека организираниот криминал, митото и корупцијата станале национален спорт за некои персони, кои и натаму сонуваат за старите времиња! По откривањето на кражбата на 600.000 евра од трезорот на Народната банка на Македонија во Куманово, кој долги години се прикривал од тамошните службеници, гувернерот Петар Гошев итно ги затвори трезорите на НБ во Битола и во Кочани, наместо веднаш да замине од позицијата чувар на државното азно! Ако се знае дека и неговиот претходник, Љубе Трпевски, сé уште не се соочил со судските органи иако долго време се зборува за аферата со 20 милиона долари, дадени како гаранции за пропадната Експорт импорт банка на бизнисменот Методија Смиленски, кој уништи околу педесеттина фирми во Македонија, тогаш навистина немаме среќа со нашите гувернери! Меѓутоа, Управата за јавни приходи почна со акција за проверка на начинот на стекнатиот имот на поранешни и сегашни државни функционери, кои стравуваат и од донесувањето на најавениот Закон за конфискација на нечесно стекнатиот имот. На списокот има неколку министри, директори на јавни претпријатија и градоначалници. Ќе успееме ли конечно да почнеме со отстранувањето на ова општествено зло е големо прашање, ако се знаат предубедувањата кај народот дека секој функционер морало да “сркне” од медот, кој му го носеле привилегиите од извршувањето на државните функции! Британците биле заинтересирани за отворање на 500 фарми за ноеви во Македонија, а Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство сé уште не покажувало интерес за оваа голема инвестиција, со која би се вработиле неколку стотици граѓани. Дали се работи за познатата навика на ноевите да ги закопуваат главите во песок за да не се соочат со суровата реалност на природната средина е добро прашање за организација на уште еден “њорк-схоп” за што ќе добиеме кредит од Светска банка, а чии средства вообичаено ќе ги лапнат советниците од странство, кои имаат голем апетит за дебели дневници! А дека и ние постапуваме како ноевите, зборува искуството од промоција на двете обемни книги на д-р Петар Поповски, под наслов “Крваво досие”, за која неколкумина не се осмелиле да бидат рецензенти зашто тоа ќе им пречело во кариерата! Една поговорка вели: “Кажи ја вистината, па дури и да е горка!” Петар Поповски, по неодамнешната студија за животот и делото на македонскиот крал Ѓорѓија Кастриот Искендер вториот Александар Македонски, уште еднаш позитивно ја изненади македонската јавност, успешно одејќи по патеките на разоткривањето на вистинската македонска историја.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

134

George Atanasoski


Makedonskata saga 23.03.2007

P

о бурните реакции во медиумите, конечно и македонското Министерство за надворешни работи се огласи против навредливите антимакедонски пароли на воената парада на грчката армија во присуство на претседателот Карољос Папуљас, со упатување на вербална протестна нота на Атина. Им било укажано дека таквите појави не се во духот на заложбите за добрососедство и за пријателство во регионот. Во меѓувреме, моќното грчко лоби во САД успеа да издејствува во донесената резолуција на американскиот Сенат, во која се препорачува приемот во НАТО на нашата држава, покрај официјалното име Република Македонија, во заграда да се вметне и ознаката ФИРОМ, што за нашите политичари не значи никаква промена на официјалниот став на најголемата светска сила по ова прашање. А што ако тоа се користи во подоцнежните грчки шпекулации во користењето на нивниот проблем со употребата на нашето уставно име, како уцена за влегување во членство во НАТО пактот и во Европската унија? Неода