Enter 55

Page 1


Збор-два од уредникот 02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Ивица Анѓелески - ia@division.mk Маркетинг Катерина Тотовска - kt@division.mk marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Лектор Верица Неделкоска Редакција и соработници Дејан Зафировски - dz@division.mk Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Жарко Петровски Елена Спасевска Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година

Постојани соработници

контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава

Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ ул. Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел/факс: 02/511 99 77 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: Плус продукција Тел: 02/2580020

Се гуглате ли самите себе? За само неколку години, Google стана најголемиот енџин за пребарување. Неговата експанзија е до недоглед. Но, колку повеќе објавуваме наши информации на интернет, без разлика дали тоа се социјални мрежи или, пак, регистрација на некои сајтови, толку луѓето полесно може да дознаат за нас. Далеку од тоа дека треба да сме параноични, но сепак информациите за вас може да дојдат и до трети лица и да се употребат за несоодветни цели. Верувам дека секој од вас некогаш се „изгуглал“ себеси и пронашол информации за себе. Секоја чест на оние за кои нема информации на интернет, но бројот на таквите е минимален. Можеби баба и дедо немаат информации на интернет, ама во време на информатиката секој од активните луѓе на интернет остава трага зад себе. Обратно од тврдењата во филмот „Социјална мрежа“ каде што се вели дека интернетот е пишуван со мастило, очигледно тој може да се пишува и со молив. Зошто? Затоа што луѓето сè почесто наоѓаат начини како да се „одгуглаат“ (да ги избришат онлајн информациите за себе) со тоа што се прават детални анализи од каде и зошто нивните информации се нашле на интернет. Ако вашите несоодветни фотографии и засрамувачки блог-текстови ве загрижуваат вас, тогаш треба да преземете нешто. Не користете го вашето вистинско име и презиме и променете ги сигурносните поставки на вашиот Фејсбук-профил и останатите социјални мрежи и јавни веб-страни. Некои од вас нема да се согласат со мене дека не треба јавно да се настапува, но еден момент може да ве разочара за сите свои слики, постови и изјави. Во психата на луѓето е да се интересираат за другите. Верувам дека секој од вас барем еднаш во животот седнал и го изгуглал својот сакан/сакана, потенцијален партнер или шеф. Но, сликата што ќе ја добиете за оној што го барате не земајте ја „здраво за готово“. Она што останува на интернет е трајно, а луѓето се менуваат. Сакам да кажам дека будалштините што сте ги пишувале како помлади, ќе останат покрај вашето име без разлика што минале неколку години и вие сте веќе друга личност. Да се биде интернет-активен, а зад себе да не се оставаат траги е навистина голема умешност. Бидете незабележливи како камелеон, а сепак присутни на глобалната мрежа. Затоа, како што вели народната „подобро да се спречи отколку да се лечи“, внимавајте кога се регистрирате и објавувате информации за вас, за вашиот живот и приватност. За крај, можеби контрадикторно на сето она што претходно го кажав, овој текст ќе може да го најдете на интернет и тоа со гуглање на само неколку извадоци од него. Вџашувачки, нели? Ивица Анѓелески


ТЕМА НА БРОЈОТ 10

Како да инсталирате Windows Поведени од големиот број читатели кои би сакале да знаат како да го инсталираат својот Windows оперативен систем, во овој број решивме да направиме комплетен преглед на текот на инсталацијата на овој оперативен систем, од бекап, па сè до инсталација на новите драјвери. Без разлика дали инсталирате Windows за прв пат на компјутерот или, пак, правите реинсталација на оперативниот систем од која било причина, доколку го прочитате овој текст, вие ќе можете самите да го направите тоа.

> МОБИЛНИ

> Вести 6

31 LG Optimus 2X Почеток на dualcore револуцијата

- Рекордна продажба на PlayStation 2 - Motorola Xoom за 799 долари - Раст на приходите и добивката во Dell - Toshiba R830, R840 и R850 - LG до 150 милиони

> АКТУЕЛНО

8 Intel P67 и H67 чипсети По автомобилската, грешки и во ИТ индустријата

Пред само неколку недели, Intel објави соопштение во кое им препорачува на сите свои препродавачи да запрат со продажбата на плочите со P67 и H67 чипсети поради грешка во чипот. Дали на Intel му требаше ваква скапа прошетка?

14 Љубов преку интернет ТЕ САКАМ <3 :*

Ние, луѓето, сме повеќе илјадници години на оваа планета и од нашето постоење па досега избираме свои животни партнери. Во светот постојат многу култури кои на различни начини ги запознаваат своите љубови....

> Хардвер

15 DELL Inspiron 17R (N7010) Инспирација за долга љубов

Dell додаде нов лаптоп во линијата Inspiron, а тоа е новиот Inspiron 17R. Тој може да се смета како премиум верзија на Inspiron 17, карактеризирајќи се со повеќе опции во форма на графичка картичка и меморија. Ќе го осветли вашето секојдневие со премиум сјаен завршеток на новиот дизајн и со опција за три различни бои.

16 Gigabyte GK-K7500 Бентли помеѓу тастатурите

Можеби ги нема способностите на гејмерските тастатури, можеби не изгледа како да е дојден од вселената, но затоа комплетот од тастатура и глувче, Gigabyte GK-K7500, има елеганција, функционалност и квалитет во иста мера како и „Бентли“ во автомобилскиот свет.

17 Logitech Z4i Звук со стил

Насловот одлично го опишува овој комплет од звучници на Logitech. Одличен звук и уште подобра изработка. Ова се епитетите што ги красат Logitech Z4i кои во текот на неколкудневното користење пријатно ги милуваа нашите сетила за слух.

18 BenQ DC T1260 Допир поблиску до ремек-дело!

BenQ DC T1260 е фотоапарат од петтата генерација на фотоапарати од BenQ. Главна новина, секако, е екранот на допир со дијагонала од три инчи. Поседува исклучително интуитивен кориснички интерфејс со што ви е овозможено да уживате во светот на фотографијата како никогаш порано.

20 A-DATA Superior Series SH02 И за мода има место

Достапен во три модерни колор-изведби, преносниот мини хард-диск на A-DATA од супериорната серија претставува задолжителен дигитален додаток за оние што сакаат магичен спој на модата и технологијата.

22 ASUS T101MT NoteBook Најдоброто од двата света

10,1-инчниот Asus Eee PC T101MT-BLK069S ги спојува светот на нетбук и таблет-компјутерите во едно. Иако изгледа како прилично стандарден нетбук, има екран осетлив на допир кој може да се ротира по y-оската и да се поклопи назад врз тастатурата со што од нетбук за неколку секунди ќе се претвори во таблет-компјутер.

24 Razer Гејмери... МИРНО!

На барање на читателите од гејмерската популација, во оваа рубрика одбравме три производи наменети за професионален гејминг. Изборот никако не смееше да биде случаен, па затоа одбравме бренд, го одбравме Razer.

Иако во развој има многу помоќни процесори од оној кој е вграден во LG Optimus 2X, сепак овој модел ќе биде запаметен како првиот комерцијален паметен телефон со Nvidia Tegra 2 dual-core чипсет од 1 GHz. Во светот на технологијата многу е важно во нешто да си прв, а на LG тоа им успеа со овој модел.

> Интернет

34 Веб-селектор Во пресрет на страста

Збогатете го филмското искуство со веб-сајтовите што ги одбравме за овој број. А пред да се сместите во удобната фотелја, направете си нешто вкусно од состојките што моментно ги имате во фрижидерот. Доколку ваквата најава ви се чини чудна, погледнете какви сè останати чудни работи можат да си го најдат местото на топ 10 листите.

> Софтвер

46 Corel DESIGNER Technical Suite X5 Креативноста пред сè!

Причини за успешен бизнис, но и негово претставување на светот се можноста и знаењето како да се претвори една идеја во квалитетна и воочлива реализација. Креативноста е комплексен процес кој вклучува повеќе фактори, но еден е можеби најважниот: дарот од Бога. Од Corel го претставија пакетот кој поседува буквално сè, за да ги отворите дамарите на вашата креативност која треба лесно и во полн залет да излезе од нив.

48 Avast! Free Antivirus 6 Beta Мирен како „бубачка“, ефикасен како avast!

Доколку сте од оние корисници кои се долгогодишни корисници, но и следбеници на бесплатните антивирусни програми, тогаш подгответе се за нова верзија на еден од најпознатите и најкористените бесплатни „убијци“ на штетниците во вашиот компјутер.


Актуелно Intel P67 и H67 чипсети

Пред само неколку недели, Intel објави соопштение во кое им препорачува на сите свои препродавачи да запрат со продажбата на плочите со P67 и H67 чипсети поради грешка во чипот. Дали на Intel му требаше ваква скапа прошетка? Сепак, не грешат само инженерите во автомобилската индустрија.

По автомобилската, грешки и во ИТ индустријата Иако последиците не може да бидат толку катастрофални како во автомобилската индустрија и не може да го изгубите животот ако

вашиот компјутер откаже, сепак корисниците на компјутерите отсекогаш можеле да се потпрат врз Интеловите производи. Во редовната контрола на квалитет, Intel откриле дека во дизајнот на чипсетот има неколку пропусти. Се работи за Интеловата серија 6 со кодно име Cougar Point, каде што веднаш по откривањето на грешката било имплементирано решение. Проблемот е во SATA контролерот и портите со кои раководи чипсетот и се вели дека со подолготрајно

користење тие може да ја намалат својата ефективност или, пак, комплетно да откажат, со што на удар би биле SATA дисковите и оптичките уреди поврзани на овие порти. Но, гласините што ги дознавме ние се дека овој проблем може да се јави само на портите од 2 до 5, додека портите 0 и 1 нема да се соочат со овој проблем, а доколку тоа се случи, ќе биде по 2-3 години користење. Проблемот се јавува само со SATA II портите, додека SATA III не се проблематични, што е олеснителна околност затоа што корисниците кои набавуваат едно вакво парче хардвер во иднина би го користеле со SATA III. Како и да е, Intel ги повлече од производство овие чипсети и веќе започна со испорака на нови, но првите матични плочи ќе бидат достапни за крајните корисници до март 2011 година. Овие чипсети се наменети

за работа со најновата, втора генерација на Intel Core процесори со кодно име Sandy Bridge (socket 1155), но нема потреба од паника затоа што процесорите одлично функционираат во комбинација со Cougar Point линијата на чипсети. Intel тврди дека стои зад своето производство и дека е посветен на квалитетот на своите производи, па затоа ќе соработува со производителите на матични плочи и препродавачите и ќе ги прифати сите проблематични плочи со наведените чипсети. Сепак страстите се смируваат со гласините дека вакви плочи имаат купено многу мал дел од корисниците, а оваа скапа „прошетка“ ќе го чини Intel околу 300 милиони долари за стопирање на производството и започнување со ново, додека на годишно ниво би претрпеле загуба од околу 700 милиони долари за комплетна замена и поправка на проблематичните плочи. Ивица Анѓелески

Во табелите подолу може да погледнете дел од матичните плочи кои имаат проблематични чипсети.

Gigabyte

ASUS

www.enter.net.mk

P8H67 P8H67-I Deluxe P8H67-M P8H67-M Evo P8H67-M LE P8H67-M LX P8H67-M Pro P8H67-V Maximus IV Extreme P8P67 P8P67 Deluxe P8P67 Evo P8P67 LE P8P67 Pro P8P67 WS Revolution P8B WS P8P67-M P8P67-M Pro Sabertooth P67 P8Q67-M DO

MSI

P67A-C43 P67A-GD53 P67A-GD65 P67A-C45 P67A-GD55 P67S-C43 H67MA-E45 H67MA-ED55 H67MA-E33 H67MS=E43

ECS

P67H2-A P67H2-A2 P67H2-A3 P67H2-A4 H67H2-A3 H67H2-I H67H2-M H67H2-M2 H67H2-M3 H67H2-M4

Biostar 8

GA-P67A-UD3 GA-P67A-UD3R GA-P67A-UD3P GA-P67A-UD4 GA-P67A-UD5 GA-P67A-UD7 GA-PH67-UD3 GA-PH67A-UD3 GA-P65A-UD3 GA-H67M-D2 GA-H67M-UD2H GA-H67MA-D2H GA-H67MA-UD2H GA-H67A-UD3H

TP67XE TH67XE TP67B+ TH67+


ВЕСТИ

Малиот убавец

Во потрага по квалитет, убавина и беспрекорен дизајн кој го следи софистицираниот начин на живот на (веќе) секој корисник, од компанијата Apacer имаат навистина интересен и привлечен адут. Станува збор за безжичното глувче Аpacer M822, кое располага со сите слаткоречиви епитети, надалеку познати само за Apacer. Ние го погледнавме одблизу ова глувче и веднаш потоа на сите во редакцијата ни стана милениче. Му дадовме дури и име, а оставаме на вас, откако ќе го прочитате овој текст и ќе одлучите да го набавите, да ја покажете својата креативност барајќи име за своето ново пријателче. Продолжуваме...

Apacer M822 Wireless Laser Mouse

Како што постојано еволуира пазарот на лаптопи и нетбуци, така секој производител сака да биде попрепознатлив. Барем на прв поглед, тие сакаат да бидат привлечни, убаво дизајнирани, со модерен, младешки изглед. Така е и со периферните уреди кои сакаат, или барем се обидуваат, да го следат дизајнот на лаптопите. Нашата „проблематика“ во тестирањето уреди во голем број случаи нè довела до „wow“ ефектот, но неретко сме кажале и: „naah!“, „зошто ли им требало ова?“, „па кој ли ќе го купи ова суштество?“, „катастрофа“ и слично. Мислиме, пред сè, на дизајнот, затоа што реално, тој и продава. Секако, внатрешноста на самите уреди била горе-долу солидна за тие пари за коишто се продава. Но, тоа е веќе друга тема. Ефектот „wow“ повторно го имавме кога прв пат го здогледавме овој маус. Apacer М822 изгледа навистина фантастично и модерно.

Наменето е за корисниците на лаптопи, па оттаму се и неговите мали димензии, но и воведот во текстот :). Иако со мали димензии, сепак тоа е многу ергономично и убаво лежи на дланката, а работењето со него е пријатно искуство. Изработено е со бела сјајна површина на горната страна, а страничните делови се од пластика во светлосина боја (Elegant Blue), што му дава посебен шмек на дизајнот и изгледот на Apacer M822. Ова глувче може да го најдете во уште две верзии и тоа Sweet Fuchsia и Spirited Green. Под скрол-тркалцето коешто е четиринасочно се наоѓа една речиси невидлива диода, која свети црвено кога е при крај со енергија за да работи во „полна пареа“. Кога сме веќе кај енергијата, ова глувче се напојува само со една ААА батерија. Прецизноста е една позитивна „мана“, a таа во бројки е изразена од 1200 dpi на ласерскиот сензор, што

значи дека речиси на секоја површина ќе може да го движите ова глувче, прецизно и лесно. Да не го заборавиме и безжичниот трансмитер кој работи на 2,4 GHz фреквенција и е толку мал што слободно може и да го заборавите во USB портата на вашиот лаптоп. Квалитет преточен во задоволство. Apacer M822! Чекаме да ни соопштите какви имиња сте му дале на ова мало „глодарче“. Дејан Зафировски


Тема на бројот Инсталација на Windows

Како да инсталирате Windows Поведени од големиот број читатели кои би сакале да знаат како да го инсталираат својот Windows оперативен систем, во овој број решивме да направиме комплетен преглед на текот на инсталацијата на овој оперативен систем, од бекап, па сè до инсталација на новите драјвери. Без разлика дали инсталирате Windows за прв пат на компјутерот или, пак, правите реинсталација на оперативниот систем од која било причина, доколку го прочитате овој текст, вие ќе можете самите да го направите тоа.

10

www.enter.net.mk


Backup Оние кои прават преинсталација на оперативниот систем (популарно кај нас нарекуван „форматирање“), треба да ги зачуваат своите податоци (backup) од партицијата на која се наоѓа веќе инсталираниот оперативен систем. Ако вашиот диск е поделен на две партиции или, пак, имате повеќе дискови, сите ваши документи, слики, видеа и она што сакате да го зачувате треба да го снимите на партиција која не е онаа на која се наоѓа оперативниот систем. Најчесто буквата на која се наоѓа оперативниот систем (ОС) е C: но тоа не е секогаш случај, па најдобар начин да проверите е со тоа што ќе проверите во која партиција е фолдерот Windows. Во Windows 7 таа партиција е означена со логото Windows. Бекапот не е само зачувување на фајлови, туку и зачувување на голем дел од поставките од програмите и податоците што ги користите со нив. На пример, ако го користите интернет-прелистувачот Firefox, сигурно имате поставено голем број обележувачи за побрзо користење и снимени лозинки кои ќе ги изгубите со инсталација на нов ОС. Друг пример за бекап е зачувувањето на сите e-mail пораки што ги имате доколку користите менаџер за персонални информации како Outlook или пак друг e-mail клиент. Во оваа фаза е пожелно да ги запишете сите оние програми што често ги користите за да бидат функционални по новата инсталација на ОС.

Windows XP или 7? 64 или 32-битен ОС? Несомнено е дека Windows 7 со себе носи многу новини, дополнителни сервиси, сигурносни мерки и подобрена графика од своите претходници, но народната „сè во свое време“ важи и кај оперативните системи кога размислуваме кој од овие два система да го избереме. Така, доколку имате „машина“ со 512 MB рам-меморија, процесор со 1 GHz и графичка која не поддржува Direct X 9, тогаш изборот несомнено е Windows XP, додека во спротивно, изборот би бил Win 7. Но, не секогаш

корисниците се одлучуваат за „7“. Понекогаш тоа е поради просторот што го зафаќа Win 7, понекогаш поради некомпатибилноста со програмите што се користат, но едно е сигурно – дека Microsoft направиле одличен оперативен систем (XP) кој ќе трае со децении и кој ќе им пркоси на новите ОС што ќе се појавуваат на пазарот. Така, резултатите што се направени на една иста конфигурација со XP и 7 покажуваат дека XP има за нијанса подобри резултати во однос на перформансите. Ама тука повторно ќе кажеме „НО“ – визуелното опкружување, безбедносните мерки и новините што ги носи се голема предност на Win 7. Можеби ќе се запрашате, каде е оперативниот систем Vista? Графичкиот интерфејс на Win 7 се базира на Vista, но перформансите што ги покажува Vista се далеку од добри во споредба со XP и 7.

Бавното подигање на системот, некомплетноста на целиот ОС (потребни се апдејти на SP1 и SP2) и високата цена го направија овој оперативен систем непопуларен и најчесто „заобиколен“ од поголемиот дел од корисниците. Изборот на 32 или 64-битен оперативен систем во голема мера зависи од можностите со кои располага вашиот компјутер. Така, за инсталација на 64-битен ОС е потребно да имате и 64-битен процесор, а од друга страна, препорачливо е инсталација доколку имате повеќе од 4 GB RAM меморија. Сигурно се прашувате зошто 4 GB системска меморија? Погледнете ја пресметката подолу и се ќе ви стане јасно. 4 GB е вкупната адресабилна меморија со која може да се справи 32-битен ОС, па тука се вбројува RAM меморијата, меморијата на графичката карта, PCI меморискиот опсег, ACPI и уште неколку други уреди. Така, во голем број од случаите ќе забележите дека лимитот на 32-битен ОС се движи од 3 до 3,5 GB системска меморија. Од друга страна, во последно време сè повеќе програми се нудат во 32 и 64-битна верзија за да ги зголемат своите перформанси доколку имате 64-битен оперативен систем. Затоа, добро запознајте се со вашиот компјутер пред да набавите нов 2^32=4,294,967,296 бајти оперативен систем. 4,294,967,296 / (1024 x 1024) = 4096 MB = 4GB 2^64=18,446,744,073,709,551,616 бајти 18,446,744,073,709,551,616 / (1024 x 1024) = 16 EB (ексабајти 10^18) www.enter.net.mk

11


Актуелно Љубов преку интернет

ТЕ САКАМ <3 :*

Запознавањето во четири очи е најдобар метод. Кој би рекол? Во последно време сè повеќе млади се запознаваат преку глобалната мрежа, а подоцна овие познанства преминуваат и во врски. Се поставуваат повеќе прашања околу оваа проблематика: - Дали младите се сè посрамежливи и пристапуваат до другите личности преку алтернативни патишта? - Колку луѓето се искрени преку интернет, за разлика од реалниот живот? - Дали онлајн-романсата е реална или илузија? - Дали интернет-романсата треба да се продолжи во офлајн-врска? - Дали ваквите врски успеваат? Сигурно голем дел од вас имале

бар еден момент во животот кога пристапиле на непозната личност која ви се допаѓала. Се сеќавате на моментот кога ви се тресеа нозете? Дали да пријдете? Дали да си седите мирно и да ја пропуштите шансата? Сега „приказната“ е поинаква. Доволно е да го дознаете неговото/ нејзиното име и да ја побарате на некоја од социјалните мрежи. Веројатноста дека ќе ја најдете таа личност е голема, а кога ќе ја пронајдете, веќе е лесно. Порака, пријател, лајк и полека се разврзува клопчето. Од друга страна, сè почести се и запознавањата „на слепо“. Сте погледнале една слика од личност која ви се допаднала (која не секогаш е вистинската слика од личноста) и вие се впуштате

во авантура на слепо. Така, често пати може да бидете измамени за возраста, изгледот и слични физички особини кои подоцна стануваат разочарување. Според некои истражувања, интересен е фактот дека машките повеќе се приврзуваат емоционално со интернет-партнерката и се повеќе посветени на врската. Исто така, колку повеќе двојката има онлајнразговори пред својата средба, толку тие ќе имаат поцврста врска и поголемо меѓусебно разбирање. Партнерите преферираат само chat комуникација без употреба на камера бидејќи сакаат приватност. Ова се неколку факти кои се поткрепени со долгогодишни истражувања. Онлајн-запознавањето е толку софистицирано што веќе има голем број сајтови со токму ваква намена. Но, колку предности – толку мани. Предности во онлајн запознавањето На едно место може да запознаете повеќе потенцијални партнери кои се таму за истата работа за која сте и вие – наоѓање партнер; Стравот од отфрлање е минимизиран со оглед на тоа дека не ја познавате личноста од другата страна;

Може да запознаете повеќе личности од кои подоцна би направиле потесен круг со кои би сакале да се запознаете и лично; Недостатоци на онлајнзапознавањето Голем број членови се регистрираат за да „шпионираат“ без разлика дали се или не се заинтересирани за запознавање; Бројот на машки членови на страните за запознавање го надминува бројот на женски; Со оглед на анонимноста на ваквите сајтови, голема е веројатноста потенцијалниот партнер да не ја прикажува својата вистинска брачна состојба, возраст и пол. Врските во кои партнерите се запознале преку интернет, сепак, поретко успеваат отколку оние каде што партнерите се запознале на конвенционален начин. Но, како што се одвиваат работите, очигледно е дека во иднина онлајн-запознавањето ќе станува сè поприфатено. Единственото што треба да го направите пред да се запознаете лично со потенцијалниот партнер е добро да се распрашате, истражите и сфатите која е таа личност. Со среќа! Ивица Анѓелески

Ние, луѓето, сме повеќе илјадници години на оваа планета и од нашето постоење па досега избираме свои животни партнери. Во светот постојат многу култури кои на различни начини ги запознаваат своите љубови. Ако нашите дедовци се запознаваа преку стројници, нашите родители во диско, како што тргнале работите, нашите деца ќе седат на компјутер и ќе ги бираат своите љубови како од каталог. Каде се запознаваат младите од денешницата? 14

www.enter.net.mk


Хардвер

Инспирација за долга љубов

DELL Inspiron 17R (N7010)

Dell додаде нов лаптоп во линијата Inspiron, а тоа е новиот Inspiron 17R. Тој може да се смета како премиум верзија на Inspiron 17, карактеризирајќи се со повеќе опции во форма на графичка картичка и меморија. Ќе го осветли вашето секојдневие со премиум сјаен завршеток на новиот дизајн и со опција за три различни бои.

Новиот Dell Inspiron 17R располага со 17,3-инчен High Definition сјаен WLED екран со резолуција од 1600 x 900 пиксели, а единствениот TrueLife панел ги доведува боите до највисокиот степен на реалност. Располага со Intel Core i5 процесор со работен такт од 2,4GHz, DVD/CD режач, WiFi и Bluetooth. Камерата од 1,3 мегапиксели ќе ви овозможи да бидете поврзани со вашите најмили, во секој момент. Можеби најсилната карактеристика на овој модел e графичката картичка од типот ATI Mobility Radeon HD 5470 со 1 GB видеомеморија. Кога оваа

картичка ќе дојде во комбинација со RAM меморијата од 4 GB (1333 MHz DDR3 во Dual Chanel), не постои пречка што ќе застане на патот на оваа моќна машина. За складирање, на располагање е SATA хард-дискот со меморија од 640 GB и 5400 вртежи во минута. Уживањето нема да биде комплетно без кристалната репродукција на звук на SRS Premium Sound стереозвучниците. Од влезно/излезни и мултимедијални приклучоци поседува 100-мегабитна LAN порта, три USB порти, eSATA/ USB комбиниран конектор, HDMI, VGA и 7-во-1 медија-читач на

картички. Тастатурата е комплетно алфанумеричка, што е сосема подразбирливо кога станува збор за 17-инчен лаптоп. Големината на тачпадот е навистина за пофалба затоа што е еден од најголемите тачпади што може да се најдат кај преносните компјутери, а тоа гарантира одлична работа и лесно маневрирање. А за моќна конфигурација е потребно и моќно напојување. Затоа, оваа задача ја извршува 6-ќелиската LI-ION батерија која е модел на новите типови на батерии од DELL со зголемена издржливост и може да се

очекува траење до 4 часа и 2 минути во еден циклус. Најчесто, овие модели на Dell се доставуваат со Windows 7 лиценциран оперативен систем што е уште една потврда за сериозноста на Dell. Квалитетот на овие лаптопи не е предмет на разгледување со оглед на тригодишната гаранција што ја нуди Dell. Овој преносен компјутер би го препорачале на сите корисници кои сакаат да ја носат својата канцеларија со себе, а да не си ги „вадат“ очите на мал екран. Неговите перформанси не само што ќе ви дозволат да гледате филмови во висока резолуција и да слушате музика, туку ќе ви дозволат да заиграте некои од новите игри кои се атрактивни на пазарот. Сепак, 17-инчен лаптоп има и нескромна тежина, па така неговата тежина од нешто повеќе од три килограми ќе треба да ја земате предвид секогаш кога ќе патувате или ќе сакате да го понесете со себе на кратка прошетка надвор од домот. Ивица Анѓелески

Dell Inspiron 17R N7010 Дијагонала на екранот: 17 инчи Резолуција: 1600 x 900 px Процесор: Intel Core i5 450M Хард-диск: 640 GB 5400 rpm Рам-меморија: 4 GB DDR 3 (1333 MHz)

Графичка картичка: ATI HD5470 (1 GB меморија) www.enter.net.mk

15


ХАРДВЕР ASUS T101MT NetBook

Најдоброто од двата света 10,1-инчниот Asus Eee PC T101MTBLK069S ги спојува светот на нетбук и таблет-компјутерите во едно. Иако изгледа како прилично стандарден нетбук, има екран осетлив на допир кој може да се ротира по y-оската и да се поклопи назад врз тастатурата со што од нетбук за неколку секунди ќе се претвори во таблеткомпјутер. ASUS T101MT NetBook Монитор: 10.1“ LED Backlight / Resistive Touch Panel (1024 x 600 p) Процесор: Intel Аtom N450 1.66GHz Меморија: 1 GB DDR2 RAM Хард-диск: 250 GB HDD Графичка картичка: Intel GMA 3150

Безжично поврзување: Wireless 802.11 b/g/n Дополнително: веб-камера Батерија: Li-Polymer 4900mAh 35Wh Оперативен систем: Windows 7 Starter

22

www.enter.net.mk

Со измерени максимални 31 mm дебелина, Asus Eee PC T101MT е многу подебел од стандардните нетбук-компјутери. Со својата тежина од 1,3 kg отстапува од стандардната тежина од 1,2 kg која е вообичаена за оваа класа на преносни компјутери. Дополнителната тежина особено се чувствува кога компјутерот се користи во таблет-мод. Дизајнот не е ништо спектакуларно, но сепак изгледа елегантно и едноставно. Поседува хромирани делови, а останатиот дел од куќиштето е изработен од висококвалитетна матпластика. Поседува три USB порти, VGA конектор и мултимедијален читач за мемориски картички, а на наше разочарување, не поседува HDMI порта. Од останатите можности за поврзување, поседува Ethernet порта и 802.11n Wi-Fi поддршка, но за жал, нема Bluetooth. Она што е голем плус е тоа што овој нетбук поседува просторен хард-диск од 250 GB. Како и кај останатите ASUS преносни компјутери од последните серии, и овој нетбук се испорачува со изолирани копчиња на тастатурата, кои се сосема доволно

големи и просторно распоредени за да бидат удобни за користење. Според конфигурацијата, Asus Eee PC T101MT прилично наликува на стандардните нетбук-компјутери. Придвижуван e од Интеловиот Atom N450 процесор со работен такт од 1,66 GHz, поседува 1 GB RAM меморија и има вградена Intel GMA 3150 графичка картичка. Секако, една од повпечатливите работи кај овој нетбук-компјутер е неговиот екран, поради фактот што е осетлив на допир. Екранот е со големина на дијагоналата од 10,1” и има природна резолуција од 1.024 x 600 пиксели. Тач-скринот функционира одлично и реагира и на најмал допир. Ги поддржува и мултитачконтролите, но само во случај кога се користи оперативен систем Windows 7 Ultimate, што не беше случај во нашиот тест. Слаба точка на дисплејот се бледо прикажаните бои и малиот агол на гледање кој се чувствува и при мали разлики во аголот. Сепак, иако тач-скринот е навистина одлична страна кај овој нетбуккомпјутер, Windows 7 не дозволува да се искуси тач-скрин искуството

кое, пак, е овозможено кај таблеткомпјутерите како Apple iPad или Android-базираниот Samsung Galaxy Tab. Но, затоа тука имаме и значителна разлика во цената, а дополнително со Asus Eee PC T101MT имате и тастатура што воопшто не е за потценување. Со нетбукот се испорачува и соодветно пенкалце кое, секако, е добредојдено, особено во моментите кога нетбукот се користи како таблет-компјутер. Пенкалцето е сместено на практично место, па секогаш ќе ви биде при рака. Подмоделот на Asus Eee PC T101MT што ние го имавме на тест ни беше испорачан со лиценциран Windows 7 Starter оперативен систем. Системот го тестиравме со PCMark05 каде што котираше со 1.431 поен, додека кај 3DMark06 имаше 156 поени. Батеријата која, се разбира, е многу важна, се покажа и повеќе од одлично. Со интензивен Battery Eater Classic тест, нетбукот успеа да издржи до максимални три часа и 30 минути, додека при реални услови може да се користи и до максимални шест часа и 30 минути. Заклучокот би бил дека станува збор за нетбук компјутер со сосема солидни перформанси за понудената цена. Сепак, голем дел од можностите ги ограничува оперативниот систем. Хибридниот модел на системот, односно неговата функција како таблет-компјутер и нетбук, е сосема одлична идеја, која во практиката ја препорачуваме само доколку имате потреба од оптимално користење на таков тип на системи. Сепак, доколку сте во потрага по нетбук-компјутер, без двоумење ви ја препорачуваме оваа варијанта како најдобра во класата. Позајмено од „АМЦ“. Драгана Миладиновиќ


Foxconn R10-D1 поседува многу енергија во мал пакет, со кој може да изградите мал домашен сервер или да го користите како компјутер за домашното кино. Овој мал систем, чие куќиште има димензии кои изнесуваат само 280 x 282 x 95 mm може да се постави вертикално или хоризонтално, што значи дека ќе се вклопи каде било и да посакате. Воедно ги поседува сите неопходни карактеристики за работа или играње, во ефикасни и тивки услови.

Foxconn R10-D1

Суперсистем во мало пакување!

Кога сме кај новиот USFF (Ultra Small Form Factor) тренд на компјутерски системи, неминовно е да се напомене дека Foxconn е главниот предводник во таа класа. Моделот што имавме можност да го тестираме е базиран на Foxconn R10-D4 системот, кој се одликува со еднојадрен Intel Atom D410 процесор и Intel NM10 чипсет. Со неговите минимални димензии на куќиштето и можноста да го поставите и во хоризонтална и во вертикална положба, овој систем ви нуди голема флексибилност

околу поставувањето во домот. Освен како систем кој може да го користите за основните секојдневни работни обврски, тој може да претставува и ефикасно решение за градење на мал домашен сервер за датотеки или, пак, компјутер кој ќе го користите за remote-backup. Вградената 1GB DDR2 Silicon Power системска меморија со работен такт од 800 MHz ќе обезбеди сите ваши програми да работат без проблем, додека 250GB SATAII Hitachi харддискот кој работи со 7200 rpm ќе ви пружи доволно простор и одлична

брзина на трансфер на податоци. Системот поседува интегрирана Intel GMA 3150 графичка картичка која го поддржува Microsoft DirectX 9.0 стандардот. Со ова може да заклучиме дека системот не е наменет за напредно графичко уредување, а и не е соодветен за игрите од последните генерации кои бараат далеку појак компјутерски систем. Но, затоа, пак, со сите дополнителни можности за вмрежување и со својата практичност, Foxconn R10D1 би бил ваш солиден сопатник за извршување на стандардните секојдневни обврски и таа работа ќе си ја извршува без апсолутно никаков проблем. Од стандардните можности за приклучување, овој систем нуди 6 USB 2.0 порти, PS/2 приклучоци за маус и тастатура, еден RJ45 LAN приклучок и еден VGA приклучок. Она што изненадува се дополнителните приклучоци за паралелно и сериско поврзување кои кај одредени корисници и ден-денес се многу потребни, а кај поновите компјутерски системи се поретко застапени. Системот поседува интегрирана 5.1 канална HD аудиокартичка и има вградена гигабитна LAN картичка од Realtek. На системот дополнително е вграден и Samsung 22X DVD режач. За да ја тестираме функционалноста на системот, инсталиравме Windows 7 Home Premium 32-bit оперативен систем и направивме тестови сo Lavalys Everest Ultimate Edition при што направивме тестирање на брзината на читање од меморијата и добивме резултат со 4.065 MB/s, додека брзината на запишување во меморијата беше 3.041 MB/s. Брзината на копирање од меморијата, пак, изнесуваше 2.928 MB/s, а латенцијата на меморијата резултираше со 98,1 ns. Потоа, системот го тестиравме со SiSoftware Sandra Professional, верзијата Home. Направивме тестирање за процесорската аритметика при што добивме резултат од 3,76 GOPS за агрегатските аритметички перформанси. Го тестиравме и харддискот како многу важна единка за безбедноста на вашите податоци и добиениот резултат беше просечни

108,82 MB/s и случајно време на пристап од 468 µs. Со овие резултати само се потврдува она што првично го напоменавме, а тоа е дека станува збор за еден одличен и многу стабилен систем кој би бил идеален за извршување на стандардни операции како сурфање на интернет, обработка на текстови, работа со табели и играње на поедноставни игри. Овој борбен систем би го препорачале како идеален систем за секој дом. Може да го користите во која било просторија, како основен или дополнителен компјутерски систем, но како и да го користите, неговиот елегантен дизајн и мали димензии ќе направат да биде одлично надополнување на вашиот простор, а системот ќе направи големо олеснување на вашето секојдневие. Од нас овој систем добива максимална препорака според односот помеѓу перформансите и цената по која е достапен. Убавите работи секогаш доаѓаат во мали пакувања. Позајмено од „АМЦ“. Драгана Миладиновиќ

Foxconn R10-D1 Димензии: 280 x 282 x 95 mm Матична плоча: D41S Процесор: Single-core Intel®Atom D410 processor Чипсет: Intel® NM10 Chipset Меморија: 1GB DDR2 Silicon Power

Графичка картичка: Integrated Intel® GMA 3150 Хард-диск: 250GB SATAII Hitachi 7200rpm Оптички уред: DVDRW Samsung 22X www.enter.net.mk

23


Интернет Веб-селектор

Во пресрет на страста

Збогате т што ги е го филмскот одбрав о искус ме тво во удоб ната фо за овој број. А со веб-сајто в телја, н состојк аправе пред да се см ите ите што т е е с м тите с о и ментно нешто Доко поглед лку ваквата н ги имате во ф вкусно од нете ка ајава в рижид да си го кви сè остана и се чини чуд ерот. н ти чудн најдат м и работ а, естото и можа на топ т 10 лист ите.

Jinni – За филмоманите Дали ви се случувало да одгледате некој интересен филм и да сакате да одгледате уште некој со слична содржина. Во случај да сакате да откриете бројни филмови или серии кои се слични на жанровите, заплетите и расположението што вам ви одговара, ви препорачуваме да се упатите кон http://www.jinni.com. Сè што треба да направите е да внесете име на филм или серија (на пр. Salt/Dexter), жанр (thriller/horror), расположение (humorous/suspenseful) или слични податоци и веднаш ќе бидете пресретнaти од навидум неисцрпни резултати од филмови. Со секое кликнување на сликата од филмот и зборот „overview“ добивате детални информации за избраниот филм (како кратка содржина, актери, рецензии и трејлери). Нормално, сајтот располага и со детални категории каде што филмовите се поделени во зависност од заплетот, критичката оценка, расположението и слично. Од неколкуте вакви сајтови најмногу ни се допадна jinni, но не нè оставија рамнодушни и www.filmsuggest.com како и www.criticker.com.

Supercook – За гурманите Во фрижидерот имате две-три работи и не знаете што да направите со нив? Сакате да експериментирате во кујната, но ви требаат соодветни и едноставни рецепти? Ова не е Топ-шоп реклама, туку предлог за http://www.supercook.com/ - веб-сајт кој ќе ви излезе во пресрет така што ќе ви понуди бројни рецепти во зависност од состојките што ги имате на располагање. Интересно е тоа што не мора да бидете регистрирани, а состојките се прикажуваат во реално време. Доколку не сакате да се малтретирате со пишување на состојките, прошетајте до http://www. myfridgefood.com. Тука, најчесто користените состојки се понудени, а вие треба само да ги обележите и да кликнете на копчето Search for Recipes. Од листата што ќе се појави, можете да ги поставувате резултатите во зависност од групата (за дијабетичари/ вегетеријанци), застапеност на калории и категории (појадок/ десерт). За секој рецепт добивате известување за потребното време за изработка, како и број на калории, масти и слични прехранбени податоци. Ни се допадна тоа што во понудените резултати добивате и рецепти во кои недостасуваат уште неколку состојки. Ако, пак, не ви се допаѓа изведбата во овие два сајта, ви го препорачуваме и www.recipeland.com.

TopTenz – За опседнатите Третата серија од веб-сајтови ја посветуваме на сите оние кои, од нејасна причина, чувствуваат неодолива љубов кон листите. Десетте веб-сајта кои го сменија секојдневниот живот; десетте најсмешни реклами за пиво; десетте најстрашни игри како и десетте причини поради кои луѓето мразат топ 10 листи. Како што забележавте, на http://www.toptenz.net ќе наидете на топ-листи за апсолутно сè и сешто. Најдоброто од сето тоа е што сите тие листи се уредно подредени во соодветни и лесно пристапни категории, а покрај стандардните листи, имате можност и да преслушувате подкасти (топ 10 листи во аудиоформа). Од друга страна, http://www.listropolis.com/ ќе понуди уште листи, но она што најмногу ни го одзеде вниманието се категориите кои застапуваат листи од дизајнот, социјалните медиуми и технологијата. Доколку сакате да ја продолжите бескрајната потрага по листите, упатете се кон http://listverse.com/. Овој сајт гради листи од сè за што смета дека е интересно, независно колку е бизарно таквото нешто.

Мартин Јованчевски

34

www.enter.net.mk


Табови кај прелистувачите Отворање на табови во прелистувачи е практична функција која полека се воведува во сите често користени прелистувачи. Ваквата функција постојано се усовршува со цел да се овозможи поефикасен преглед на повеќе веб-сајтови. Но, тоа не е единственото нешто што се усовршува...

Игра со табови Фaтaморгана Ова е еден од поновите начини за загрозување на безбедноста на корисниците, а работи на следниот начин. На пример, отворате Chrome,

се логирате во Twitter, потоа отворате друг таб и се логирате во Facebook. Нема ништо интересно на Facebook, но бидејќи никогаш не се знае, го оставате и тој таб отворен, а во трет таб ја проверувате поштата во Google. Го исклучувате табот со Gmail и се навраќате кон Facebook. По неколку часа сурфање и десетици отворени и затворени табови, забележувате дека табот со Gmail е сè уште тука. Кликнувате на него и забележувате дека сте одлогирани. Помислувате дека автоматски сте се одлогирале

и затоа повторно ја внесувате лозинката. Некаде далеку, во темен подрум, 45-годишен хакер задоволно ги трие рацете. Зошто? Штотуку ја доби вашата лозинка! Tabnapping Tabnapping е навистина паметна стратегија на хакерите, но за да функционира, хакерите се потпираат на две работи: малвер за следење и вашето невнимание. Кога ќе посетите компромитиран веб-сајт и ќе го заразите компјутерот со малвер за следење, штетникот следи и информира за вашата активност преку прелистувачот. Откако ќе научи кои сајтови најчесто и најдолго стојат отворени, вашиот прелистувач може да отвори табови со лажни сајтови. Како во примерот, вие мислите дека сте на страната на Gmail и мислите дека внесувате податоци за да се логирате, но

всушност само ја пренесувате оваа информација до лицата кои ви го заразиле компјутерот. Во кој правец може да се развие сето ова? Крадење на идентитет Сè зависи од тоа колку е вешт измамникот во чиишто раце ќе се најде информацијата. Доколку ја има лозинката на вашата e-mail адреса, првин ќе ја промени за да ве спречи да се логирате. Потоа може да прати имејл на сите ваши контакти. Во мејловите, нормално, ќе се претстави како вас и ќе остави линкови кои, откако ќе бидат кликнати, ќе ги заразат и компјутерите на вашите контакти. Што добива со тоа? Покрај контрола и задоволување на своето его, измамникот може да ги нападне компјутерите со лажни линкови за секакви апликации, слики, видеоматеријали и да украде чувствителни податоци и сметки за кредитни картички. А замислете што сè би се случило доколку ја користите истата лозинка за логирање на повеќе сајтови? На човекот му давате одврзани раце да се логира и на Facebook/Twitter, да ви го блокира пристапот до вашата сметка и полека да почне со заразување и на вашите пријатели/следбеници.

Заштита Повторно стапуваат на сила советите што обично ги даваме во вакви ситуации. Користете моќна антивирусна заштита која често ги симнува најновите дефиниции. Научете да бидете повеќе сомнителни. Внимавајте кои табови ги отворате и затворате и секогаш проверувајте ја адресата на отворената страна. За секој сајт имајте различна лозинка (нормално, бидејќи не можете сите да ги паметите, запишете ги на лист или внесете ги во софтверска апликациија чија цел е штитење на лозинките). Мартин Јованчевски

www.enter.net.mk

35


Софтвер

Corel DESIGNER Technical Suite X5 Со подобрениот Color Management може виртуелно да ги симулирате многуте видови на печатени медиуми. Така, ќе може да погледнете како би изгледал документот кога би бил испечатен на масна хартија, на картон или можеби на хартија за дневните весници.

Креативноста пред сè! Причини за успешен бизнис, но и негово претставување на светот се можноста и знаењето како да се претвори една идеја во квалитетна и воочлива реализација. Креативноста е комплексен процес кој вклучува повеќе фактори, но еден е можеби најважниот: дарот од Бога. Од Corel го претставија пакетот кој поседува буквално сè, за да ги отворите дамарите на вашата креативност која треба лесно и во полн залет да излезе од нив. Ако сте од оние „избраните“ за ремек-дела, Corel DESIGNER Technical Suite X5 би можел да биде вашиот месија, но додека го чекате неговото повторно доаѓање, знајте дека тој е веќе тука за да ве научи како подобро да ја ослободите енергијата и да создавате нешто вредно за паметење. Многуте софтвери во пакетот ви го овозможуваат тоа. Но, да не должиме. 46

www.enter.net.mk

Corel DESIGNER Technical Suite X5 e исклучителна алатка која им го доближува на корисниците светот на 3Д елементите, 2Д опкружувањето, дигиталното, но и техничкото цртање. Инкорпорира повеќе апликации и тоа: Corel CAPTURE X5, новата Corel CONNECT, Corel DESIGNER X5, Corel PHOTO-PAINT X5, CorelDRAW X5, Bitstream Font

Navigator, Duplexing Wizard, но и дополнителната Deep Exploration 6 CCE. Со овој пакет сите дизајнери и инженери ќе бидат прилично задоволни затоа што имаат на располагање апликации со кои ќе можат да креираат квалитетни 2Д и 3Д проекти, технички цртежи, брошури, флаери, реклами и што ли уште не. Прва на листата е Corel

CAPTURE X5, со чија помош ќе може да фаќате скриншоти од вашиот десктоп или апликација. Едноставна и практична замена за опцијата PrintScreen, каде што едно копче од тастатурата ја завршува речиси целата работа. Новина во овој X5 пакет е апликацијата CONNECT. Со неа сите корисници ќе можат брзо и лесно да си ги најдат сите потребни


фајлови за довршување или започнување на проектите, од типот на вектори, фонтови, фотографии, музика, видеоматеријали и слично. Да напоменеме дека лесната навигација низ менито ќе ви помогне да ги најдете и фајловите кои се наоѓаат на екстерен харддиск, USB стик, на мрежа, па дури и на интернет, со помош на сервисите Flickr, Fotolia и iStockphoto. Интересно е тоа што доколку некогаш сте користеле постари верзии на Corel DESIGNER или CorelDRAW, многу лесно ќе може да ги најдете (лоцирате) сите содржини од тој пакет, од фотографии, па сè до четки и слично. Со моќната технологија CorelTRACE X5, која ќе ја најдете во Core DESIGNER X5, ќе можете да креирате вектори од што било. Доволно е само да ја скенирате вашата фотографија, шематски цртеж, blueprint, рачно нацртана скица и тоа е тоа. Веднаш по скенирањето добивате вектор спремен за работа. Новина е и интеграцијата на Microsoft Visual Studio Tools For Applications со што ви е овозможена полесна навигација, т.е. измена на интерфејсот, но и снимање на макроа. Слично на акциите во пакетот Adobe, сега ќе можете брзо, лесно и едноставно да ги снимите сите ваши потези, за потоа со само еден клик да бидат активирани. Исто така, овозможено ви е и лесно креирање на Content Management Systems (CMS), Product Lifecycle Management (PLM) и Product Data Management (PDM) системи. Со Corel DESIGNER Technical Suite X5 можете да креирате квалитетни проектирачки, архитектонски или инженерски илустрации во кои ќе покажете како да составите/изградите некој продукт/објект. Земето го примерот со „Киндер јајце“ и ќе ви стане јасно за какви цртежи станува збор. За веќе постојните планарни објекти, софтверот може да го предвиди дури и аголот на закосување, наместо вие да пресметувате рачно. Но, може и да испишувате сопствени (custom) димензии за уште подобра и почитлива илустрација. Подобрена е и опцијата за креирање на легенда на производите. Земете за пример фотографија од фотоапарат или друг производ на која се нумерирани, испишани или поврзани со линија сите делови од него. Оваа опција може и автоматски да ги пронаоѓа деловите што се наоѓаат на таа фотографија и автоматски да ги нумерира. Дополнително на оваа опција, на располагање ви стои и

2 point линијата со која може да ги исцртате елементите што ги нема на сликата/цртежот. Како пакет кој е наменет за сите дизајнери, Corel DESIGNER Technical Suite X5 ја инкорпорира и апликацијата Corel PHOTO-PAINT X5 која со многу новини и подобрувања уште повеќе се доближува до професионалните алатки од типот на Photoshop. Подобрениот колор-менаџмент ви овозможува да ги нагодувате сетинзите за повеќе видови документи, да ги зачувувате како preset-и, но и виртуелно да ги симулира многуте видови печатени медиуми. Така, корисникот ќе може да погледне како би изгледал документот кога би бил испечатен на масна хартија, на картон или можеби на хартија за дневните весници. Ова е навистина

на својот весник, магазин, книга. Едно е на монитор, друго е во hard copy варијанта, верувајте ни. Колор-менаџментот ги поддржува и PANTONE боите. Тука е и CorelDraw X5, кој за прв пат е вклучен во овој пакет, а во претходните верзии на Corel DESIGNER Technical Suite не беше вклучена апликацијата CorelDraw. Нема многу да се задржуваме со CorelDRAW X5, затоа што веруваме дека сите знаат за каква апликација станува збор (ако ништо друго, барем на времето ја учевме на часовите по информатика :). Во изминатите броеви имавме отстапено и една страница за неа, па ќе биде излишно да пишуваме нешто повеќе. Споменавме и креирање на 3Д проекти и дополнителна алатка Deep Exploaration CCE. Но, сепак, добро е да знаете дека дизајнерите мора претходно Со PowerTRACE ќе можете да да креираат свој 3D CAD модел со извршите лесна конверзија од помош на познатите скенирана bitmap (.bmp) техничка софтвери за таа слика, blueprint или рачно нацртана намена, па дури потоа ќе можат да го слика во вектор. импортираат во Deep Exploration 6, oд каде потребна опција знаејќи со какви што понатаму ќе можат да се проблеми се расправаат графичките позанимаваат со неговата материја дизајнери во врска со печатењето и неговата конверзија во познатото

2Д опкружување. Кога сме веќе кај импортирањето, да споменеме дека е покриен широк дијапазон на поддржани формати од најновата верзија на CAD DW и DXF, 3DS, VRML, U3D и Google SketchUp или вкупно повеќе од 80 формати. Апликацијата Deep Exploration 6 ви нуди да ги модификувате 3Д моделите, со што ви е дадена комплетна слобода во поглед на менувањето на ситните делови од елементот, промена на неговата текстура, материјал и слично. Покрај овие можности, ќе можете и да гo обележите секоj дел од елементот со бројка или буква. Оваа апликација е комплетно поддржана од DirectX, HDR Raytracer и Raytracer со што вешто избалансираните полигони ќе станат вистинско уживање за манипулација. Да не ги заборавиме и одличните рендери направени со помош на овие графички енџини. Со помош на оваа апликација ќе можете брзо и лесно да ги трансформирате вашите CAD/3D модели во 2Д векторски илустрации и директно да ги вметнете во Corel Designer X5. Да не ги заборавиме и базичните алатки за моделирање, со кои можете на објекотот да му ја менувате положбата, да го скалирате и така натаму. Новина е и креирањето, односно експортирањето на 3Д анимации. Иако можеме да пишуваме уште, оставаме самите да ја почувствувате возбудата од креативноста и споделувањето со останатиот свет. Corel DESIGNER Technical Suite X5 е пакетот што ви ја нуди целата креативност на дланка, ваше е само да ја најдете и да се справите како што треба со неа. Авторот на овој текст пред приближно две години напиша: Corel über alles! Сè уште стои зад тоа. Дејан Зафировски www.enter.net.mk

47


технологии_

Пресметување секогаш и секаде!

Во соработка со: д-р Боро Јакимовски и д-р Анастас Мишев, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет, Институт за информатика, Скопје, Македонија boroj@ii.edu.mk, anastas@ii.edu.mk

Што претставуваат компјутерските гридови? Можеби најдобар начин да се објаснат е да се погледне нивниот предок, глобалната мрежа, а особено сервисот познат како светската пајакова мрежа (world wide web или фамозните WWW). Пред дваесетина години, научниците од ЦЕРН, барајќи решение за едноставна размена на големи количества информации, ја зачнуваат идејата за оваа мрежа. И само десетина година подоцна, оваа мрежа станува едно од најплодните полиња за развој на бизнисите, за денес да стане незаменлив дел од целокупното живеење на повеќе од 1/3 од земјиното население. Денес како историјата да се повторува! Истите тие научници повторно се соочуваат со слични проблеми. Специфично за денешните проблеми е нивната димензија. Денешните проблеми, особено оние поврзани со нуклеарната физика, ДНКистражувањата, синтезата на нови лекови и сл. станаа преголеми за да бидат успешно совладани од поединци или затворени групи истражувачи, од причини што во голема мера ги надминуваат капацитетите на поединечните институции и лаборатории. Исто така, достапноста на многу брзи и високопропусни мрежни технологии за ниска цена придонесоа да го променат начинот на кој се користат компјутерите денес. Овие технолошки можности доведоа до можноста за едноставно градење и користење на нови, се поголеми, дистрибуирани системи. Една од најважните алатки која им овозможува на истражувачите обединување на нивните ресурси во дистрибуиран систем, секако, се компјутерските гридови.

54

w w w.enter.net.mk

Компјутерските гридови имаат различни значења за различни луѓе. Она што може да се извлече како заедничка карактеристика е делењето на ресурсите (пресметувачки, складирачки, сензорски и др.) надвор од институционалните и националните граници. Тие, пред сè, претставуваат интеграција на хетерогени системи во единствена платформа, каде што ресурсите и корисниците се организирани во „виртуелни организации“, најчесто според нивните заеднички интереси. Името „грид“ (мрежа) е дадено да потсетува на електричната мрежа (power grid), со визија дека компјутерските гридови ќе обезбедат ист комодитет до пристапот на компјутерските ресурси како и електричната енергија – само приклучете се и ја имате на располагање, секаде и во секое време, притоа не знаејќи кој ви ја дава на располагање.

Од бизнис гледна точка, можеби најинтересна форма се гридовите базирани на агенти и бизнисправила. Ова е, всушност, и основната идеја за бизнис-примена на гридовите, преку формирање на пазари и берзи на ресурси, преку динамичка понуда и побарувачка, преку огласување, договарање и казнување за непочитување на договорите. Ваквата форма, иако сè уште во истражувачка фаза, има најголем потенцијал да стане доминантна во бизнис-примената. Овде, секако, треба да се спомене и пресметувањето „во облакот“ или cloud computing. Името потекнува од мрежните дијаграми, каде што со облак се претставува сè што е надвор од локалниот домен на управување. Иако има многу сличности со грид-пресметувањето, пресметувањето во облакот не е вистинска манифестација на

грид. Имено, тоа претставува комерцијална форма на нудење на пресметувачки и складирачки ресурси на комерцијална основа од страна на оние кои ги поседуваат кон оние што ги користат и притоа како медиум за пристап се користи јавната мрежа Интернет. Притоа се изоставуваат фундаменталните елементи како колаборативност, делење на ресурси, виртуелни организации и сл. Сепак ваквиот пристап денес зема голем замав, особено поради добрата економска оправданост поради фактот што иницијалните големи инвестиции во информатичка опрема се претвораат во тековни трошоци за изнајмување на сервиси, кои по потреба лесно се зголемуваат и намалуваат. Но, да се навратиме на гридтехнологијата и нејзината архитектура. Како технологија во развој, постојат многу иницијативи

Иако грид претставува технологија која треба да овозможи непречен пристап до неограничени ресурси за секој со таква потреба, сепак во денешно време тие се наменети пред сè како околина на која можат да се решаваат особено комплексни проблеми. Денес најголемите корисници на оваа инфраструктура се истражувачите од областите на нуклеарната физика, хемија, фармација, биоинформатика и сл. Секоја научна област, во чии истражувања се користат бројни симулации и комплексни математички пресметки, активно ја користи грид-технологијата. Бизнисите брзо го согледуваат потенцијалот на оваа технологија.

Слика 1. Скица на поставеноста на грид-мидлвер


Грид пресметување

од истражувачи и ентузијасти кои развиваат свои приоди кон решавањето на поставенот проблем на делење на ресурсите. Главна улога во дефинирањето на гридтехнологијата како општонаменски дистрибуиран систем претставува дефинирањето на грид- мидлвер (middleware). Мидлвер претставува софтвер кој се поставува веднаш над оперативниот систем а под апликациите, и има за цел да го унифицира начинот на пристап до ресурсите. Имено, доколку имате два система со различна архитектура и различен оперативен систем, кои сакате да ги поврзете во грид, потребно ви е апликациите (корисниците) што ќе ги користат тие системи да не знаат за тоа. Во тоа се состои главната улога на гридмидлверот (Слика 1).

На илустрацијата на Слика 3 е прикажан сплет од можни гридсервиси во акција, дел од мидлверот кој тековно се користи во европската грид-инфраструктура.

Со цел грид-мидлверот да овозможи унифициран пристап до хетерогените ресурси, тој е дефиниран на многу потслоеви. Секако, главна улога има најнискиот слој кој има за цел директно да комуницира со оперативниот систем, но исто така многу важни се и повисоките потслоеви, кои имаат за цел да ги дадат корисничките функционалности на дистрибуираниот систем. Тука, пред сe, се работи за т.н. грид-сервиси, кои овозможуваат лесен и транспарентен пристап до основните елементи на дистрибуиран (оперативен) систем како (види Слика 2): дистрибуиран датотечен систем, дистрибуиран сигурносен систем за авторизација и автентикација, глобален распределувач на задачи (процеси), информативен систем и систем за сметководство.

Главни носители на развојот на грид-технологијата сè уште претставуваат членовите на заедницата на истражувачи, на кои сега им е најпотребна. Постојат бројни истражувачки групи во целиот свет, кои со меѓусебна соработка и координација преку Отворениот грид форум (OGF), се трудат да ги постават основните стандарди во технологијата. Како клучни мидлвер решенија кои се најзастапени во светот претставуаат Globus, gLite (во минатото LCG), EMI (како обединување на gLite, UNICORE и Arc).

Слика 2. Слоевитост на грид-мидлверот

Слика 3. Соработка на повеќето грид-сервиси за извршување на една задача

Денес грид-пресметувањето може да се сретне и во други форми, кои помалку или повеќе ја одразуваат оригиналната идеја. Една од формите е таканаречениот грид на заедницата (community grid). Базиран е на добропознатите идеи користени во SETI@Home, односно во „крадење“ на циклуси кога корисничките системи не работат ништо корисно. Денес, преку организирани форми, овој тип на делење на циклуси е подигнат на многу повисоко ниво и е посветен на решавање на различни проблеми од општ интерес. Очекувањата за гридтехнологиите во блиската иднина се големи. Ова тврдење се потврдува и практично, низ различните заложби за унапредување,

развој и прифаќање на гридтехнологијата во различни области и сфери на дејствување. Уште еден доказ за ова е и посветеноста на Европската Унија кон јакнењето на позицијата на грид-технологиите во научниот, но и бизнис-светот. Во последните неколку години, ЕУ многу вложува во развојот на овие технологии, но и во нивната примена и прифатеност. Една од целите на ЕУ е да биде лидер во грид-технологијата на глобално ниво. Во рамките на своите механизми за финансирање, во последните неколку години предноста се дава на гридтехнологијата. Целите не се само развој и научна примена, туку и стандардизација, бизнис и секојдневна примена. Во рамки на тие развојни текови и Македонија веќе седум години зема активно учество во интеграцијата на нашите скромни ресурси во регионалната СЕЕ-грид и Европската грид-инфраструктура, потпомогната, пред сè, од европските истражувачки проекти СЕЕ-ГРИД (www.seee-grid-sci.eu) и ЕГИ (www.egi.eu). Македонската академска и истражувачка гридиницијатива (МАРГИ) – www. margi.marnet.net.mk, како членка на Европската грид-иницијатива (ЕГИ), раководи со активностите за поставување, организација и одржување на македонската грид-инфраструктура. Воедно им овозможува на нашите истражувачи да пристапат кон европската грид-инфраструктура, а со тоа и да се вклучат кон европските истражувачки текови. Само за илустрација, тековните ресурси кои се достапни преку европската грид-иницијатива, кои пред се претставуваат гридкомпјутерски кластери со високи перформанси, се распространети на пет континенти, во 52 држави, сочинети од 320 кластери и 250.000 CPU јадра, 40 PB (пета бајти) диск-простор (+60 PB складирачки простор на ленти), кои се користени од 10.000 корисници и 15.000.000 задачи месечно. Но, иако грид-технологијата веќе стои на здрави нозе, сепак

постојат уште голем број отворени прашања, прашања чии одговори ќе ја обликуваат иднината на користењето на компјутерите и компјутерските мрежи. Очекувањата за развојот на гридтехнологиите во следните неколку години најмногу се насочени кон следните карактеристики: Транспарентност и доверливост, односно достапност на гридовите насекаде, правејќи ја инфраструктурата алатка за решавање на секојдневните проблеми на нејзините корисници. Отвореност кон уште пошироки групи на корисници, но и обезбедувачи на ресурси. Сигурност и безбедност, базирана на взаемна доверба на понудувачите на ресурси и нивните корисници, регулирано со соодветни сигурносни механизми и протоколи. Едноставност за користење и програмирање. Трајност или можност за трајно потпирање на гридинфраструктурите за решавање на пресметувачките проблеми и за нејзин понатамошен развој и одржување, вон рамките на краткорочните проекти во чии рамки се изградени повеќето од денешните грид-системи. Насоченост кон луѓето, олеснето користење и пристап, повисоко ниво на интерактивност, подобрена корисничка поддршка и сл. Скалабилност, односно можност за непречено растење на инфраструктурата без посебни интервенции и последици по актуелното нејзино функционирање. Стандардизираност на софтверите и протоколите. Едноставност за управување и конфигурирање. И за крај, можеме да кажеме дека се наоѓаме на почеток на една нова ера на користењето на компјутерите. Далеку од тоа дека грид-пресметувањето е магичното решение, кое преку ноќ ќе ја промени целата филозофија на информатиката и начините на кои ги користиме компјутерите денес. Сепак, постојат уште многу отворени проблеми, како и соочувања со корисниците, за оваа технологија да го заслужи своето име: пресметување достапно насекаде и секогаш.

w w w.enter.net.mk

55


Тема на бројот Dead Space 2

Dead Space 2 е неверојатна игра. Isaac Clarke се враќа за уште една мрачна, вознемирувачка и ултранасилна авантура, што ја прави Dead Space 2 многу повеќе од обична видеоигра. Оригиналната Dead Space дефинитивно беше една од најдобрите хорор-игри на сите времиња, а Dead Space 2 е уште подобра.

62

// ЕНТЕР GAMING EDITION


Во светот на хорор-игрите, франшизата која најдолго ја носеше круната беше Resident Evil. Низ годините многу игри се обидоа да ја симнат од тронот, но многу малку од нив имаа квалитет кој беше потребен да се создаде возбуда на овој пазар. За една игра да може да се истакне во овој жанр, потребно е да содржи нешто по што ќе биде запаметена. Во 2008 година ЕА и Visceral Games го направија токму тоа со Dead Space. Оваа игра пристигна на ист начин како што пристигнуваат чудовиштата во хорор-филмовите – дојде од никаде и ги изненади сите, а потоа продолжи да ја плаши својата публика. Играта беше и сè уште е една од најдобрите хорор-авантури на сите времиња. Креаторите на играта не само што имаа создадено одлична приказна за играта, туку го искористија и секој можен трик од жанрот хорор за да бидете исплашени на сите можни начини. За оние од вас кои немале можност да ја играат првата игра, накратко ќе го раскажеме дејството. Во 26. век човештвото ги истрошило ресурсите на Земјата, па затоа оди од планета до планета и собира ресурси. Тоа го прави со вселенски бродови наречени „Распукнувачи на планети“. Еден од првите и најпознатите е USG Ishimura, кој е испратен на мисија на планета Aegis VII. Во 2508 година, USG Ishimura испраќа повик за помош, а прв на повикот се јавува USG Kellion. Дел од екипажот е и инженерот Isaac Clarke, кој има и лични причини поради коишто е на оваа мисија (неговата девојка Nicole се наоѓа на Ishimura). Кога ќе пристигнат, веднаш ќе видат дека нешто страшно се има случено. Тие ќе бидат нападнати од чудовишта, кои ќе ги убијат скоро

сите од екипажот на Isaac. Така, тој ќе остане да го истражува огромниот брод, со надеж дека Nicole е сè уште жива. Isaac ќе открие дека капетанот на бродот бил, всушност, агент на влијателниот религиозен култ – Црквата на унитологијата. Вистинската мисија на Ishimura била да го најде најзначајниот артефакт на оваа религија – „Маркерот“. Откако артефактот бил пронајден и бил доведен на Ishimura, цивилите од колонијата на планетата, но и оние на бродот добиле симптоми на масивна хистерија и насилни халуцинации, пред да почнат да се убиваат помеѓу себе. Наскоро вонземски организам почнал да ја напаѓа колонијата, инфицирајќи ги телата на мртвите и претворајќи ги во „некроморфи“ – суштества кои со убивање ја шират инфекцијата. Тој, исто така, ќе открие дека Nicole извршила самоубиство пред тој да пристигне на Ishimura. По стотици убиени некромофи, Isaac ќе успее да се качи на шатл и да ја напушти колонија пред таа да биде уништена. Дејството во Dead Space 2 продолжува три години по овие

случувања. Влијанието на „Маркерот“ оставило трајни последици на Isaac, па тој сега пати од делумна амнезија, но и од деменција, која кај него

предизвкува страшни халуцинации. Isaac се буди на психијатриското одделение на вселенската станица Sprawl, која се наоѓа на најголемата месечина на Сатурн, Титан, токму во време кога таму започнува инвазија од некроморфи. Тој наскоро ќе открие дека сето тоа е заговор на унитологистите, кои успеале да создадат нов маркер. Така, тој повторно ќе мора да се соочи со некроморфите и наместо желбата да избега, која беше клучна во оригиналната игра, тука одлучува да најде решение за проблемот, истовремено соочувајќи се со

сопствените демони. Вината што ја чувствува, поради случувањата во првата игра, прават тој полека да почне да го губи умот и токму овој факт ја прави приказната во оваа игра толку добра. Тој не дозволува другите преживеани да дознаат дека тој полудува, а само Вие како играч, ќе можете да погледнете под фасадата и да видите каков е тој. Неговите разговори со самиот себе и халуцинациите можеби се еден од најсилните делови во играта. На Dead Space 2 не му е потребна приказна со комплексна структура или Шекспировски дијалог. Ова е игра која повеќе од ефективно ја портретира очајната борба за преживување, додека сè околу главниот лик се распаѓа. Играта се потпира на успешната формула на Dead Space 1, која нудеше многу различни

начини на справување со ордите од некроморфи. Dead Space 2 ги зела сите работи кои функционираа во оригиналната игра и не се обидува да ги реинвентира, туку едноставно, само додава нови работи базирани на нив. ЕНТЕР GAMING EDITION //

63


НАЈАВА

PC

Shogun 2: Total War

Дали некогаш сте помислиле дека во една битка ќе се сместат повеќе од 56.000 воени единици? Дали и вие ја сакате старата јапонска историја? Во оваа игра ќе сретнете гејши, нинџи, самураи... Па, да не беше толку добар овој серијал, немаше да постои десет години. Што ново ни донесува овој дел – прочитајте во продолжение.

你有没有想过,一个战役将容纳56000多部队?你想岁的日本历史?在 这个游戏中,你会遇到艺妓,忍者,武士...嗯,这不太好这个系列 中,存在十年。是什么让我们这个新的部分 -请阅读以下内容。 70

// ЕНТЕР GAMING EDITION

За оние кои не знаат ништо за овој серијал, би сакале да кажеме неколку збора историја. Пред десетина години, еден мал RTS наслов се обиде да го најде своето место во срцето на секој гејмер. Тоа воопшто не беше едноставно бидејќи на пазарот се нудеа големи хитови од типот на Warcraft и Red Alert. Нејзиниот наслов беше Shogun: Total War... Потоа, серијалот продолжи да се надополнува со наслови кои обработуваа разни тематики од човековата историја. Тука беа насловите Napoleon: Total War, Empire: Total War, Rome: Total War, Total Air War, Alexander: Total War, нивните продолженија итн., за денес конечно да го дочекаме второто продолжение од првенчето на овој серијал: Shogun 2: Total War. Програмерската куќа Creative Assembly го започна своето производство со Shogun. Тоа беше чистокрвен RTS чиј гејмплеј се темелеше врз игра на поединечни потези (нешто слично на играта „Ризик“). Приказната од овој наслов беше сместена во средновековна Јапонија и со самото тоа играчите можеа одблиску да ја искусат борбата на самураите... Како што знаете, ова беше првиот успех на Creative Assembly. Но, момците не престанаа тука, туку продолжија со својот серијал во кој успеаја да реконструираат многу интересни историски моменти, а со самото тоа да им дадат на играчите едно ново и сосема поинакво искуство. Секое ново продолжение донесуваше огромни нови можности за борба, разновидни визуелни елементи и подобрен гемплеј. За тоа дека овие програмери се навистина вредни говори фактот дека иако Napoleon: Total War излезе на почетокот од минатата година, Shogun 2 веќе беше во средна фаза на изработка. Дејството на новиот Shogun повторно е сместено во Јапонија. Сега борбата за превласт е помеѓу завојуваните кланови. Секој од нив се бори за приматот токму тој да биде единствениот, вистинскиот Shogun кој ќе ја обедини целата земја. Постојат десет кланови, а играчот ќе може да избере со кого ќе сака да ги започне своите борбени авантури. Секој клан има засебна кампања, а самата игра содржи триесетина неигриви фракции кои играат значајна улога. Што се однесува до борбата, постојат два вида на воени состави: поморски и копнени. Копнените борби се слични како кај претходниот наслов, Napoleon: Total War, но со голема разлика во начинот на борба бидејќи сепак тука се работи за средновековна Јапонија. Единиците се различни,


а нив ги сочинуваат самураи, копјеносци, стрелци (некои имаат запалени, а некои обични стрели) и коњаница. Самата механика на копнените борби е работена по примерот на погореспоменатата игра и содржи елементи од типот на морална скала, единствени борбени формации и, секако, генерал кој во текот на играта го зајакнува својот морал, а и попатно (додека војувате) собира многу бонуси. Нешто што е интересно да се спомене за играчите кои сакаат добро да го „размрдаат“ мозокот е самото освојување на дворците. Оваа игра има додатна тежина во смисла на стратешко планирање бидејќи откако ќе ги пробиете дебелите ѕидови на замокот, ќе мора паметно и храбро да ја водите својата војска во внатрешноста на дворецот. Поморските борби, за разлика од копнените, се многу унапредени и усовршени. Иако во суштина борбите ќе се одвиваат по принципот напад брод врз брод, копнената површина ќе игра голема улога во самата борба бидејќи секој од бродовите има можност да заринка. Ваквиот начин донесува многу можности на противникот од стратешка гледна точка. Така, на пример, вие може пополека да се повлекувате и со тоа да го намамите непријателот во одлична замка, каде што потоа ќе плати за секој ваш изгубен брод. Кампањата од Shogun 2 се одвива исклучително во Јапонија, но за истражување и за војување ви е достапна целата Земја. Еден од главните елементи во гејмплејот на оваа игра се дипломатските решенија. Сојузништвото е многу важен фактор за вашиот напредок и единствен начин да стигнете до вашата главна цел. Еве една убава вест и за сите љубители на убавите девојки од Јапонија: во овој наслов ќе има и гејши :). Не фантазирајте многу – овие девојки не се ништо друго туку маскирани платени убијци кои (по законите на логиката) се на ваша страна. Откако ќе пратите некоја гејша да заврши „валкана“ работа за вас, се пушта мала cut-анимација која ви открива дали сте успеале во вашата намера или не. Слични (но не толку атрактивни) задачи ќе извршуваат и нинџите, а нивниот стил е сосема поинаков од претходно споменатите. Нивниот успех зависи од тежината на нивото што моментално се игра. Други промени што ги доживеаја кампањите во оваа игра (се разбира, мислиме на позитивните) е можноста за тренирање и регрутирање на вашите херои. Тоа ќе биде

едноставно. Играчот ќе треба да развива кампови за тренинг и обука кои, покрај тоа што ќе служат за тренинг и усовршување на постојната војска, ќе можат да

произведуваат специјални херои кои подоцна ќе може да ги искористите во вашите освојувачки планови. Shogun 2 користи модифицирана верзија на енџинот што имавме можност да го пробаме во Napoleon. Од досега виденото, слободно можеме да кажеме дека визуелно изгледа импресивно. За пофалба се моделите на сите ликови, динамичното осветлување е совршено, а временските промени и самата околина изгледаат

ПРОИЗВЕДУВА: Creative Assembly ИЗДАВА: Creative Assembly Жанр: Historic Turn-Based Strategy ПЛАТФОРМА: PC Наменета за: 12+ Излегува на: 15 март 2011 г.

врвно. Анимацијата на ликовите е додатно унапредена благодарејќи на употребата на техниката „motion capture“. Битките поддржуваат извонредни 56.000 единици

истовремено. Ова е уште еден доказ дека слободно може да очекувате епски битки со грандиозни пропорции. Уште една убава работа која е за пофалба (и ретки се игрите што може да се пофалат со тоа) е приспособливата 3Д ротирачка камера која уште поквалитетно ќе може да продре во сржта на самата битка. Од она што го видовме досега, можеме да кажеме дека Shogun 2: Total War се враќа кон своите корени и притоа ги употребува сите погодности што ги донесе овој серијал во последниве десет години, а воведува и голем број новитети што само го надополнуваат задоволството. Shogun 2 би требало да биде најголемиот наслов досега од

серијалот Total War. Сигурни сме дека за многу фанови ова е исполнување на вечниот сон. Оваа игра би требало да се појави следниот месец и, се разбира, ќе биде наменета само за PC. Кирил Кироски

ЕНТЕР GAMING EDITION //

71


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.