Enter 54

Page 1


Збор-два од уредникот 02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Ивица Анѓелески - ia@division.mk Маркетинг Катерина Тотовска - kt@division.mk marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Лектор Верица Неделкоска Редакција и соработници Дејан Зафировски - dz@division.mk Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Жарко Петровски Елена Спасевска Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година

Постојани соработници

контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава

Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ ул. Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел/факс: 02/511 99 77 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: Плус продукција Тел: 02/2580020

Е-mail или instant messaging? Најпрво, сакам да ви дадам на знаење дека во ова обраќање ќе поставам граници помеѓу официјалното и неофицијалното комуницирање. Не мислам на реалното комуницирање, туку виртуелното. Навистина ме загрижува фактот дека луѓето сè помалку го бираат вистинскиот начин за комуницирање. Во оваа група, пред сè, ги ставам сите деловни луѓе и оние кои „го заработуваат лебот“ пред компјутер. Зошто? Затоа што сè повеќе луѓе комуницираат преку „Фејсбук“, прават нарачки преку „Фејсбук“, договараат состаноци преку MSN и безброј други случаи. Зарем државниот службеник смее да си дозволи да договори состанок преку „Фејсбук“? Токму затоа е потребно подигање на свеста и одговорноста кај луѓето во изнаоѓањето на вистинскиот начин на комуникација. Како функционираше светот пред пет години кога социјалните мрежи сè уште беа непознати за пошироката маса? E-Mail!!! Токму така. Доколку правилно знаете да ја користите оваа алатка, вие никогаш нема да посакате да користите instant messaging (во деловното опкружување). Зошто? Затоа што никогаш нема да добиете одговор: „да“ преку е-mail, што е случај кај сервисите за инстантно комуницирање. Кога испраќате e-mail за некакво барање, молба, па дури и макар да е потврда за некоја активност, вие ќе добиете пошироко објаснување и одговор кој ќе нема причина за потпрашања. Сигурно сте имале случаи кога сте побарале одговор преку сервис за инстантно комуницирање, како Skype, од некоја личност и сте поставиле уште неколку потпрашања за да бидете сигурни во одговорот. Кои се бенефитите од користењето e-mail? 1. Секогаш ќе имате долготраен пристап до комуникацијата со соговорниците затоа што сите e-mail пораки се зачувуваат. 2. Ќе добиете одговор. 3. НЕ СЕКОЈ има фејсбук/skype/msn. Затоа, пак, секој има e-mail. 4. Ќе направите разграничување помеѓу „службата“ и „дружбата“. „Фејсбук“ за дома, e-mail за на работа. Можеби некои читатели нема да се согласат со оваа констатација, но сметам дека професионалноста започнува токму од самиот себе. Од ситните мали нешта кои ве прават да изгледате професионално и претставително во очите на другите. Како да го искорениме проблемот? Кога во училиштата би се учело како се користи email и на часовите по информатика професорите би посветиле малку повеќе внимание на оваа проблематика, немаше да ми се случи невозможното. Имено, младо момче кое „кисне“ пред компјутер околу 4-5 часа дневно и вели дека е „гуру“ за компјутерите на своја 16-годишна возраст го замолив да ми испрати e-mail за да му одговорам на некои прашања. Се стаписав кога ме запраша: „Како да ти испратам е-mail?“. Го запрашав дали воопшто има e-mail? Ми одговори дека има креирано e-mail затоа што му бил потребен за регистрација на некоја онлан игра и за регистрација на „Фејсбук“. Навистина не можев да поверувам на своите очи и уши дека средношколец не знае да испрати e-mail, а верувам дека не е ни првиот нити последниот ваков случај. На крајот на краиштата, и професорот не е виновен за тоа што момчето не научило да користи e-mail, туку причината е индиферентноста кон користењето на компутерот како алатка за работа. За крај, само сакам да направам едно мое видување на ситуацијата во иднина, да речеме за пет години од денес. Забрзаниот раст на сервиси за instant messaging и бројот на социјални мрежи би направиле толкав хаос што не би можеле да ги исконтактирате сите личности што сакате затоа што секој нема да има „Фејсбук“, Skype, MSN, Twitter… Универзално и професионално средство за комуникација што секој го поседува. E-MAIL! Искористете го и вие имејлот и испраќајте ни ги вашите предлози, критики и сугестии. Ивица Анѓелески


ТЕМА НА БРОЈОТ 14

Мобилни телефони. Вашето второ „јас“. Животот во денешницата без мобилен телефон. Невозможна мисија! Тие се толку многу застапени што е просто невозможно општеството да функционира без нив. Неодамнешната случка во една наша блиска држава, кога мобилните мрежи „паднаа“ на два дена, го демонстрираше влијанието на овие мали џебни уреди врз нашиот живот.

> МОБИЛНИ

> Вести 8

30 Sony Ericsson XPERIA Arc Уште еден полн погодок од Sony Ericsson

- WD подобри од очекувањата - Поголема испорака за Apple - Рекордни финансиски резултати од Apple - Пораст на приходите на Twitter - Sandy Bridge таблет-компјутери од Acer

10 МАРНет Македонија – земја на информатичарите. Или не?

На 22 декември, Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука за укинување на Правилникот за организација и управување со врвниот македонски домен .mk кој беше користен од „МАРНет“, а креиран во далечната 1995 година.

> Настани

11 CES 2011 Show на таблети или?

Минатиот месец од 6 до 9 јануари, во Лас Вегас, се одржа најголемиот настан на полето на електронски уреди за крајните потрошувачи, CES 2011. Да се посети CES е едно сосема поинакво искуство од класичните „саеми“ на технологија. Погледнете што ни донесе CES оваа година.

> АКТУЕЛНО

12 Марк Цукерберг и „Фејсбук“ Идеја вредна милијарди

Досега сигурно повеќе пати сте го чуле името Марк Цукерберг. Кој е тој? Виновникот за најпознатата социјална мрежа – „Фејсбук“. Денес, некои луѓе не можат да го замислат својот живот без „Фејсбук“. Што е тоа што го обзеде целиот свет за толку кратко време. Ако Марк е виновникот за проблемите со приватноста на милиони корисници, најпрво вие дознајте нешто повеќе за него.

> ХАРДВЕР

18 Sapphire Radeon HD 6970 Виртуелна реалност

Sapphire Radeon HD 6970 е графичка картичка базирана на новиот графички процесор, Cayman XT. Во споредба со Radeon HD 6870, која е базирана на графичкиот процесор Barts XT, овој пат Cayman XT доаѓа со нова архитектура. Познатите vec5 единици се заменети со нови vec4 единици и растеризаторот овој пат е во можност да процесира двојно повеќе.

20 Philips 226CL2SB Што е сLEDно ?

Кога некоја желба толку многу ја посакуваме, некогаш и ќе се исполни. Сите вие кои посакувавте помала потрошувачка на енергија, сега слободно може да им се препуштите на уживањата.

22 Nikon Coolpix L110 Фотоапарат за врвни резултати

Nikon Coolpix L110 е еден импресивен фотоапарат кој ви дава слобода да изберете помеѓу фиксно снимање на прекрасни фотографии или видеоклипови со неверојатно висока HD резолуција надополнети со стерео звук.

23 A4Tech X7 (X-748K) mouse Мала тајна за големи успеси

Од многуте опции што ги нуди глувчето A4Tech X-748K, она што најмногу допре до мене е неговата тежина и копчето 3Xfire со што значително се зголемува вашата вештина во игрите затоа што никогаш повеќе нема да го распрскате вашето оружје.

24 Nikon D3100 Мала тајна за големи успеси

Како по обичај, Nikon во континуитет произведува атрактивна серија на полупрофесионални DSLR фотоапарати, кои најчесто имаат ретко добри перформанси. Тие се паметно изработени со цел да уживате во фотографирањето.

26 Apple iMac 21.5” Core i3 Сите за еден, еден за сè

Секој од нив има нешто посебно по коешто мечтаете. Секој од нив на свој начин е уникатен, но сите сепак се исти.

Долгонајавуваниот Sony Ericsson XPERIA Arc е уште еден полн погодок од оваа компанија – одличниот модерен изглед, изработка и технички карактеристики го ставаат во категоријата на хај-енд телефони што ги посакува секој од нас – на некој начин, тој е еквивалент на спортски автомобил кој и да не ви треба, посакувате да го имате :)

> Интернет 34 Веб-селектор Три во едно

Овој пат успеавме да пронајдеме три сајта од кои еден ќе ви помогне во отстранувањето проблеми со технички направи, другиот ќе ви се најде за организирање презентација или ефикасно барање/ нудење помош, а третиот ќе ви овозможи синхронизација на вашите омилени сајтови и олеснет пристап до нив од кој било компјутер.

> Софтвер

46 Adobe Acrobat X Pro Моќниот дигитален акробат

Една од најмоќните алатки за креирање и едитирање на PDF фајлови, нивно споделување со членовите од групата, во компанијата или можеби некаде надвор, на веб, преку сервисот Adobe. com, излезе со најнова верзија. Иако во пакетот CS5 не бевме почестени со оваа апликација, сега ни доаѓа со три верзии, всушност четири, ако ја сметаме и онаа која е вклучена во новиот пакет Adobe Acrobat X.

48 Norton 360 5.0 Beta Целосна заштита

Се сеќавате ли на Norton 360? Софтверот од типот „сè во едно“ кој ве заштитува при крстосувањето по интернет-светот, кој може да направи бекап на вашите податоци, кој знае дека он-лајн банкарството е ризично и апликацијата која со еден потег го оптимизира вашиот систем да биде најбрзата машина.


АКТУЕЛНО

Марк Цукерберг и „Фејсбук“

Идеја вредна милијарди $ „Фејсбук“ низ бројки

Моментална состојба

Досега сигурно повеќе пати сте го чуле името Марк Цукерберг. Кој е тој? Виновникот за најпознатата социјална мрежа – „Фејсбук“. Денес, некои луѓе не можат да го замислат својот живот без „Фејсбук“. Што е тоа што го обзеде целиот свет за толку кратко време. Ако Марк е виновникот за проблемите со приватноста на милиони корисници, најпрво вие дознајте нешто повеќе за него.

12

www.enter.net.mk

Корисници

500+ милиони

Логирање

50% од корисниците се логираат секој ден

Пријатели

Секој корисник има просечно 130 пријатели

Време

Луѓето минуваат повеќе од 700 милијарди минути на „Фејсбук“ месечно (вкупно сите корисници) Секој корисник креира 90 парчиња содржини месечно

Активност

Име: Mark Elliot Zuckerberg Роден: 14 мај 1984, Њујорк Живее: Калифорнија, САД Позиција: извршен директор на „Фејсбук“ Образование: универзитетот „Харвард“, во 2004 година ги напуштил студиите Богатство: 6,9 милијарди долари (2010 година) Марк Елиот Цукерберг е американски компјутерџија познат по својата најголема креација – „Фејсбук“. Роден е во Вајт Плејнс, Њујорк, живеел со своите три сестри Ренди, Дона и Ариел и родителите Карен и Едвард (психијатар и стоматолог). Одгледан е во духот на еврејската религија, вклучувајќи ја и церемонијата „бар мицва“, според која на 13-годишна возраст еврејските деца стануваат

религиозно полнолетни. Подоцна, тој се прокламирал како атеист. Во своето образование научил да чита и пишува француски, хебрејски, латински и старогрчки. Бил лидер на тимот за мечување во своето училиште, а во колеџот бил познат по честите рецитации на епски поеми како што е „Илијада“. Ние би рекле – мултиталент! Неодамна се појави филм за „Фејсбук“ и за животот на Марк пред „Фејсбук“ - The Social Network. Доколку не сте го гледале филмот, ќе се потрудиме да ви ги разјасниме дилемите околу настанокот на оваа популарна социјална мрежа. Нема да истакнеме чија била идејата за ваква социјална мрежа поради фактот дека повеќе личности се јавуваат како носители на оваа идеја. Претходникот на „Фејсбук“ се нарекувал Facemash и на него секој посетител можел да направи избор помеѓу две личности, која од нив е поатрактивна. Facemash била мрежа активна во склоп на универзитетот

Просечен корисник пишува 25 коментари месечно Просечен корисник праќа осум покани за пријателство секој месец Просечен корисник минува 55 минути дневно сурфајќи на „Фејсбук“

Поврзаност

Секој корисник е поврзан со просечно 80 страни, групи или настани

Содржини

Месечно се генерираат околу 30 милијарди различни содржини (веб-линкови, видеа, фотоалбуми и сл.)

Достигнувања

Повеќе од 70 достапни јазици

Географски податок

70% од корисниците се надвор од USA

Превод

Околу 300.000 корисници помогнале во преводот на „Фејсбук“ на нивниот јазик

Мобилни

Има повеќе од 200 милиони корисници кои го користат телефонот за пристап до „Фејсбук“

Активност

Луѓето кои користат мобилен телефон за пристап до „Фејсбук“ се два пати поактивни од обичните корисници

Оператори

Околу 200 мобилни оператори во 60 земји работат на промоција на „Фејсбук“ мобилните апликации.


„Харвард“ и во текот на нејзината неколкудневна работа забележала рекорден број на посети. Во првите четири часа имало 450 посетители и 22.000 прегледани слики, а за кратко време сајтот бил препратен на неколку кампуси, но бил затворен од администраторите на универзитетот. Тука се јавил проблем кога голем дел од личностите се препознале на сликите, така што Марк бил обвинет за хакирање и одземање на лични податоци. Потоа тој лично се извинил. Подоцна ја увидел потребата од мрежа во која младите ќе може да се поврзат и комуницираат, а кога никој од универзитетот не пројавил интерес, Марк започнал со TheFacebook. Во меѓувреме неколку негови колеги побарале помош околу програмирањето на HardvardConnection.com – сајт кој требало да ги поврзе сите студенти, а Марк се понудил дека ќе помогне. Но, наместо помош, Марк го објавува TheFacebook, кој бил наменет само за студентите на „Хардвард“, а браќата Тајлер и Камерон Винклвос го обвиниле дека ја украл нивната идеја. Интересен е фактот дека за еден месец половина од студентите на „Хардвард“ станале членови на оваа социјална мрежа. Едуардо Саверин и уште неколку пријатели

се придружиле на идејата на Марк и заедно го промовирале овој вебсајт. Во март 2004 година „Фејсбук“ се проширил на универзитетите „Стенфорд“, „Колумбија“ и „Јеил“, а подоцна и на целата територија на САД и Канада. Thefacebook бил инкорпориран летото 2004 и претприемачот Шон Паркер, кој претходно го советувал Марк, станал претседател. Во јуни истата година, раководството на Thefacebook се преселило во Пало Алто, Калифорнија. Тогаш била примена првата инвестиција од страна на ко-основачот на PayPal – Питер Тиел. Компанијата го отфрлила „The“ од своето име и така настанал facebook.com. Оттогаш вкупната вредност на компанијата се зголемува со вртоглава брзина и последната вредност се проценува на околу 50 милијарди долари. Во 2006 година, на 22-годишна возраст, Марк имал понуда од страна на Yahoo за продажба на неговата страна за една милијарда долари, поради што сега се гордее и вели дека тогаш донел вистинска одлука. Меѓутоа, филмот не е комплетно автентичен со животот на Марк. Во едно интервју, тој вели дека заедно со колегите отишле во кино да го гледаат филмот. Неговиот коментар е дека најдобро претставено е неговото облекување, но не и некои детали, како тоа дека тој го создал „Фејсбук“ за да дојде до девојки (што не било точно). Тој има девојка со која е постојано уште пред идејата за „Фејсбук“. ТОП 10 земји по број на корисници Од страна на магазинот „Time“, тој е избран за личност на Бр. Земја Број на корисници годината за 2010 година. Избран 1 САД 148.216.840 е затоа што се смета дека тоа е 2 Индонезија 34.319.100 личноста која имала најголемо влијание врз настаните низ 3 Британија 27.918.560 светот во изминатата година. 4 Турција 25.129.460 Но, ни на Марк не му е сеедно затоа што покрај многуте 5 Филипини 21.759.280 косопственици на „Фејсбук“, 6 Франција 20.378.620 браќата Винклвос кои пред 7 Индија 19.895.420 две години го добија спорот против него, повторно го тужат 8 Мексико 19.744.200 за крадење на целата идеја 9 Италија 17.792.580 за „Фејсбук“. Токму така! Иако 10 Канада 16.887.320 во филмот беше прикажан

Создаден:

Кембриџ, Масачусетс

Креатори:

Марк Цукерберг, Едуардо Саверин, Дастин Московиц, Крис Хагс

Седиште:

Пало Алто, Калифорнија - САД Даблин, Ирска – Европа Сеул, Јужна Кореја – Азија, Велингтон, Нов Зеланд – Австралија и Океанија Хидерабат, Индија – Јужна Азија

Вработени:

1700 +

Корисници:

600 милиони

Пуштен во употреба:

4 февруари 2004 година

Активни корисници

судскиот спор во кој браќата Винклвос го добија спорот со исплатени повеќе милиони долари, овојпат повторно го тужат за истата причина со образложение дека исплатената сума не соодветствува со она што Марк го постигнал работејќи со нивна идеја и дека се работи за принципи. Дали

2004 г.

1 милион

2005 г.

6 милиони

2006 г.

12 милиони

2007 г.

50 милиони

2008 г.

100 милиони

2009 г.

300 милиони

2010 г.

500 милиони

Моментално

околу 600 милиони

ќе гледаме уште еден филм? Ќе почекаме одговор од Холивуд. Ивица Ангелески

www.enter.net.mk

13


Тема на бројОТ Мобилни телефони и платформи

Мобилни телефони. Вашето второ „јас“.

Животот во денешницата без мобилен телефон. Невозможна мисија! Тие се толку многу застапени што е просто невозможно

Како и голем број од технологиите, најраните почетоци на мобилните телефони биле развивани за воената индустрија и датираат од дваесеттите до четириесеттите години на минатиот век. Секако, дискутабилно е дали тие може да се наречат мобилни телефони затоа што биле огромни уреди кои требало да се сместат во возило или, пак, се носеле во огромни

14

www.enter.net.mk

општеството да функционира без нив. Неодамнешната случка во една наша блиска држава, кога мобилните мрежи „паднаа“ на два

ранци. Овие уреди – радиофони, биле најзастапени за време на Втората светска војна и имале тежина од околу 40 килограми. Во 60-тите години, првиот полуавтоматски мобилен систем МТА, бил произведен и користен во Шведска. Но, вас сигурно не ве интересираат овие големи играчки, туку преносните уреди. Во 1973 година, еден истражувач

дена, го демонстрираше влијанието на овие мали џебни уреди врз нашиот живот. На следните неколку страници ќе направиме

од компанијата Motorola за прв пат успеал да создаде уред кој ќе биде преносен и нема да биде „врзан“ со користењето автомобил. Интересно е што првиот остварен повик со него бил кон канцеларијата на „Bell“, конкурентот кој, исто така, истражувал во полето на мобилните технологии. По овој повик следело затишје од неколку години во кое производителите на

мала ретроспектива на нивниот развој, како и осврт на моментно најбрзо растечката платформа, Android - малото зелено роботче.

уреди и компаниите, кои требало да ги доставуваат услугите до корисниците, истражувале и се надградувале во овие области. Конечно, во Јапонија (1979 година) била лансирана првата 1G комерцијална мобилна мрежа. По неколку години следела експанзијата и се појавиле и првите мобилни оператори во Данска, Норвешка, Финска и Шведска.


Што е Smartphone (паметен телефон)? Тоа е уред кој нуди напредни можности за пресметки и конективност за разлика од стандардните операции на мобилните уреди. Тие може да се сметаат како еден вид рачни компјутери со интегриран телефон. За разлика од стандардните телефони кои се базирани на Java, паметните телефони овозможуваат инсталација и стартување на сложени апликации. Паметните телефони се придвижувани од оперативни системи, а како најпознати во светот се следните: Symbian, Windows Mobile, Android и iOS.

Како што напоменавме, на 3 април 1973 година бил направен првиот телефонски разговор преку мобилен телефон. 82-годишниот Мартин Купер и денес се присетува кога пред повеќе од 30 години му телефонирал на својот конкурент во трката по преносен уред и кога му кажал дека се јавува од својот прототип шетајќи слободно по улиците на Њујорк. По овој повик, Motorola го исфрла во употреба првиот телефон наречен DynaTAC кој чинел 3.500 долари. Да не навлегуваме во историјата на мобилните уреди, ќе прескокнеме некоја деценија и ќе ја анализираме сегашноста. Бројот на мобилни телефони во светот изнесува околу пет милијарди уреди. Ако земеме предвид дека во светот живеат околу 6,8 милијарди жители, може на 70% од нив да им доделиме по еден уред. Цифра која воопшто не смееме да ја занемариме. Мобилните телефони во денешницата се потреба, имиџ, помагало, алатка за работа и што ли уште не. Ако до пред неколку години телефонот беше најупотребуваната алатка за комуникација, денес нештата се менуваат. Со доаѓањето на т.н. „паметни телефони“, нивната намена може да се проширува до недоглед. Експанзијата на ваквиот вид на уреди е толку раширена што е интересен фактот дека голем дел од новите корисници се ориентираат кон паметните телефони (Smartphone).

Symbian Symbian е Open Source оперативен систем дизајниран за паметните телефони најпрво за Nokia. Symbian платформите досега излегле со неколку кориснички интерфејси како што се Symbian^1, Symbian^2 и Symbian^3. Во текот на 2007 година, Symbian платформите беа најраспространетите и најпродаваните OС кај новите паметни телефони. Нивните можности беа огромни, а платформата нудеше и големи потенцијали. Но, малото зелено роботче Android, Blackberry OS и iOS уредите денес како да му пркосат на овој оперативен систем, а за тоа говори и огромната разлика во побарувачка на Symbian и паметни телефони кои се базираат на останатите платформи. За жал, Symbian се подготвува да се затвори поради зголемената конкуренција, пред сè, од претходно наведените платформи. iOS Ова е оперативниот систем на Apple наменет за мобилните уреди. Најпрво бил развиен за iPhone, но подоцна бил приспособен за користење и на останатите уреди како iPod Touch, iPad и Apple TV. Apple не дава лиценца за користење на овој оперативен систем во уреди од друг производител. Корисничкиот интерфејс на оваа платформа е базиран на концептот „директна манипулација“ со користење на мултитач гестикулации. Apple мобилните уреди се познати по брзиот одѕив на допир и по големиот број гестикулации кои може да се препознаат како што се завртување, двојно типкање, повлекување и раширување на прстите. Внатрешниот сензор

за поставеност (акцелерометар) често пати се користи од страна на некои апликации за да одговори на различните типови на поставување и протресувања на уредот. Оперативниот систем се базира на четири апстрактни слоеви: базичниот ОС плеер, базичните сервиси, слој за медија-операции и програмскиот интерфејс Cocoa Touch кој овозможува користење на хардверот и функции кои не се наоѓаат во Mac OS X компјутерите. Овој оперативен систем за прв пат се појавил на 9 јануари 2007, а е реализиран во јуни истата година. Првичното име било iPhone OS и до денес биле развиени вкупно четири верзии. Секоја верзија е бесплатна за преземање и инсталирање на Apple уредот. Последниот апдејт е 4.2.1 и може да го преземат корисниците на iPhone 3G, 3GS и 4, додека корисниците на првата верзија iPhone, поради хардверските можности, се ограничени до 3. верзија. Windows Mobile / Windows Phone Како што кажува самата платформа, оперативен систем од Microsoft наменет за мобилните уреди. За прв пат се појавува во 2000 година со верзијата Pocket PC2000. Во најголем број од случаите се користи екран на допир, а во почетоците на оваа платформа, уредите имаа и стилус, пенкалце со кое се движеше низ менито. Досега се исфрлени неколку платформи, а Windows mobile 6.5 беше последната верзија пред револуционерната Windows Phone 7. Овој оперативен

систем отсекогаш бил настроен кон бизнис-корисниците и ги содржел потребните алатки за функционирање на еден деловен човек. Но, со експанзијата на социјалните мрежи и мултимедијалните можности, Microsoft ја најавија Windows Phone 7 платформата која треба да ги задоволи потребите на секоја целна група. Платформата е сè уште „млада“, па не би изнесувале ставови од типот на тоа дека таа ќе завладее со пазарот. Ќе оставиме времето да ни покаже колку таа ќе стане успешна. Android Ова е најбрзо растечката платформа која се користи во мобилните уреди. Android е развиван од гигантот Google и претставен во далечната 2005 година. Базиран е на модифицирана верзија од Linux кернелот. Во моментов, Android OS се наоѓа во најголемиот број на нови паметни телефони со околу 50% од целокупната продажба на телефони. Софтверските потсистеми на овој оперативниот систем се состојат од објектно ориентирани апликациски конструкции базирани на Java, а кои работат на виртуелна машина Dalvik. Оперативниот систем Android се состои од 12 милиони линии на код, вклучувајќи 3 милиони линии на XML, 2,8 милиони линии на C, 2,1 милиони линии Java и 1,75 милиони линии C++. Да не навлегуваме во работата на оперативниот систем, туку да покажеме зошто е толку популарен. Оперативниот систем има огромен број развивачи на апликации кои секојдневно се појавуваат на пазарот и ги прошируваат можностите на уредите. Во моментов има преку 200.000 апликации кои може да се најдат на Android маркетот кој е воден од Google, но може да се преземат од друга страна. Голем дел од апликациите се бесплатни и се инсталираат со само еден клик. Системот е креиран со цел максимално да се искористат можностите на мобилните уреди, а сепак да биде отворена платформа во вистинската смисла на зборот. Под отвореност се подразбира дека секоја апликација може да се повика на која било „core“ функционалност како што се правење телефонски повици, испраќање на текстуални пораки или, пак, користење на именикот, камерата и др. Ова на развивачите на апликации им дава одврзани раце да создадат апликации кои ќе имаат голем фонд на функции, а со тоа ќе го освојат крајниот корисник. www.enter.net.mk

15


Хардвер Philips 226CL2SB

Што е сLEDно ? Кога некоја желба толку многу ја посакуваме, некогаш и ќе се исполни. Сите вие кои посакувавте помала потрошувачка на енергија, сега слободно може да им се препуштите на уживањата. Philips ви ја исполни желбата и произведе Full HD монитор со неверојатна заштеда на енергија.

Претставникот на новата брилијантна серија на WLED монитори од PHILIPS е моделот 226CL2SB. Монитор кој ќе биде вистинска гозба за вашите очи. Станува збор за монитор од новата категорија со заднинско осветлување базирано на диоди. За разлика од претходно, кога се користеа неонки за осветлување на сликата, сега новите монитори, вклучувајќи го и овој модел на Philips, користат диоди. На тој начин потрошувачката на енергија значително се намалува, но не на сметка на перформансите. Напротив, 226CL2SB прикажува слика со одлични перформанси, а тоа ќе им се допадне на вашите очи. Едноставно, ќе го гледате она што секој сака да го доживее визуелно. Како ви звучи ова: контраст од 20.000.000:1. Не илјади, туку милиони. Да, убаво звучи, но уште поубаво изгледа.

Боите се полни со живот, а големиот број нијанси кои се прелеваат нема да ги заморуваат вашите очи. Голем придонес за ова има и времето на одѕив на сликата од 2 милисекунди за сиви нијанси. И покрај што е LED, овој монитор е малку поробустен од конкурентните модели. Сепак, лесно можете да му го најдете соодветното место. Изработен е од блескава црна пластика и уште на прв поглед ќе се вљубите во него. Производителот на премиерната презентација на овој монитор изјавил дека овој монитор е произведен за футуристичките љубовници и сентиментални личности. Ние потполно се согласуваме со оваа констатација. Она што е интересно кај овој монитор е автоматското калибрирање на сликата во зависност од активноста. Така, на пример, при гледање филмови

или играње игри, доаѓа до израз динамичкиот контраст, благодарејќи на одличната вредност од 20.000.000:1 и Full HD резолуцијата. Во време на криза, секоја заштеда е добредојдена. PHILIPS 226CL2SB има одличен адут, а тоа е токму заштедата на потрошувачка на енергија. Математиката вели дека по извесно време користење, овој монитор ќе ви заштеди 20-50 % од просечната потрошувачка на енергија. Ова е токму поради начинот на осветлување на екранот, за кој споменавме претходно. Дијагоналата на овој монитор е 54,6 сантиметри, па со оглед на тоа тој припаѓа на категоријата 22-инчни монитори. Поради Full HD резолуцијата, форматот на сликата на овој монитор е 16:9. Сликата е богата со 16,7 милиони бои, кои се освежуваат на секои 5 милисекунди при фреквенција од 75 херци. Не е за потценување ни аголот на видливост на овој монитор, кој изнесува 176 степени по хоризонталната и 170 степени по вертикалната оска. Диодите кои го осветлуваат дисплејот зрачат со јачина од 250 cd/m2. Благодарејќи на ова, максималната потрошувачка на енергија изнесува 18 W, а минималната, онаа кога мониторот е во мирување, изнесува неверојатни 0,3 W. Навистина одлична инвестиција за оние кои сакаат да потрошат помалку, а да добијат повеќе. PHILIPS по којзнае кој пат го докажа своето реноме и квалитет. Вистински доказ за тоа е 226CL2SB. Позајмено од TDK Computers. Гоце Спасовски – Стручњак

Philips 226CL2SB Дијагонала: 21,5” – 56,4 cm Резолуција: 1.920 x 1.080 Full HD Формат на слика: 16:9 Време на одѕив: 2ms GTG Контраст: 20.000.000 : 1

Осветлување: 250 cd/m2 Големина на пиксел: 0,248 mm2

20

www.enter.net.mk


A4Tech X7 (X-748K) Mouse

Мала тајна за големи успеси Од многуте опции што ги нуди глувчето A4Tech X-748K, она што најмногу допре до нас е неговата тежина и копчето 3Xfire со што значително се зголемува вашата вештина во игрите затоа што никогаш повеќе нема да го распрскате вашето оружје. На ова може да се додаде и фактот дека целото оружје ќе ви биде целосно автоматско што веројатно е нешто поради што ќе посакате овој ваш нов маус да остане и ваша мала тајна за големите успеси во игрите.

Што се однесува до естетиката, веднаш се забележува дека A4Tech X-748K е многу цврст маус и има релативно поголема тежина што е голема предност во однос на полесните мауси. Ова ви помага да имате многу поголема контрола и многу поголема прецизност при неговото користење. И покрај тоа што има поголема тежина, сепак не е ниту премногу тежок ниту премногу лесен, па веројатно би бил сосема адекватен за сечија дланка и за сечија потреба, бидејќи во телото на маусот е вграден систем за нагодување на тежината кој содржи 7 тегчиња со кои може сами да раководите и да одберете колку од нив ќе користите, зависно од потребите. Иако е првенствено направен да им понуди низа предности на страсните играчи на компјутерски игри, овој маус би бил добредојден и за сите останати корисници, затоа што има толку добар ергономски облик што дланката лежи многу природно на него, без да прави никаков напор при користењето. Иако јас лично сметам дека кога станува збор за долго користење на маус имам проблеми со препотување на дланката, со ова глувче во текот на целото користење во ниту еден момент немав ваков проблем. Копчињата се одлично поставени, како што напоменавме, вклучено е и копчето 3Xfire кое ви дозволува да отворите оган со три куршуми истовремено во текот на играта или троен клик кога во еден оперативен систем може да се изменува или едитира благодарејќи на макрокомандите. На левата страна на маусот се поставени и две копчиња кои, исто така, може да се менуваат преку макрокомандите.

Копчињата се цврсти, но сепак малку бучни, иако оваа бучност може да се чувствува поради времето кое е потребно да се привикнете на него. Кога сме кај функционалноста, мора да напоменам дека станува збор за многу прецизен маус, далеку попрецизен од првиот ласерски маус на A4tech кој ние сме имале можност да го користиме. Минималниот DPI на маусот е 600 dpi додека максималниот е 3.600 dpi (преку DPI Shift копчето), а во неговиот максимум во Windows и маус сетинзите има толку брилијантно следење што човек едвај може да им поверува на сопствените очи! Го искористивме вклучениот Mouse Judge за повторно да ја тестираме брзината, бидејќи бевме сигурни дека со очите ни се случува нешто лошо, но и тестот го потврди она што

го видовме. Брилијантно следење и прецизност! При менување од најниската брзина до највисоката, глувчето сепак ја доби истата оценка на тестот. Импресионирани? Премногу! Како што напоменавме, маусот поддржува макрокоманди и обезбедува голем број команди во софтверот и преку официјалната веб-страна. Тие вклучуваат свртување за 180 степени, можност да се промени брзината на копчето 3Xfire, како и можност да се промени и самата опција според вашите потреби, па со сето ова, на пример, ќе имате многу поголема корист кога користите побавни оружја кои со помош на ова копче ќе пукаат три пати истовремено. Исто така, вклучени се командите за Counter-strike, како и автоматско купување на оружје. Со оглед на сето ова што ви го презентиравме, би ги издвоиле добрите и лошите страни на овој маус. Добри страни, дефинитивно, се неговата цена, комфорот при користење, прецизноста и копчето 3Xfire. Од лошите единствено би ја издвоиле неговата поголема

бучавост при почетокот на користењето (иако ова не е некоја многу негативна карактеристика). Па, како што може да видите, не е секогаш добра идеја судејќи по цената на некој уред да го одредиме неговиот квалитет, како што тоа повеќето од нас знаеме да го правиме. Ова глувче навистина импресионира и беше одлично изненадување да се види дека е многу подобрена верзија на неговите претходници. Сè додека A4tech работат вака, не гледаме причина ниту потреба да плаќаме смешно големи суми за маус, кога A4tech со својот X-748K направиле навистина одлична работа. Од нас овој маус добива оценка 10/10! Позајмено од „АМЦ“. Драгана Миладиновиќ

A4Tech X7 (X-748K) Mouse Меморија: Вградена 16К меморија Конекција: Full-speed USB конекција Време на одѕив: 3-30ms Резолуција: Може да се нагодува 100-3200 DPI Брзина: 6500 FPS www.enter.net.mk

23


МОБИЛНИ Android апликации

Droidin Додека официјалната LinkedIN Android апликација нема да излезе уште неколку месеци (моментно може да ја испробате бета-верзијата до која не е претерано едноставно да се дојде), на Android Market-от веќе постои Droidin – апликација со чија помош ќе можете да го проверувате вашиот LinkedIN профил, да

испраќате покани до оние коишто сакате да ги додадете во вашата мрежа, како и да ги следите апдејтите – исто како и на „нормалниот“ сајт. Droidin функционира одлично и доколку имате профил на страницата LinkedIN и Android уред, дефинитивно ви препорачуваме да ја преземете бесплатно од Android маркетот.

3G Watchdog Проверката на мејлови, сурфањето и чатувањето преку мобилен телефон веќе е секојдневие. Меѓутоа, не е невообичаено да се „заборавите“ со овие активности и да се изненадите кога ќе ви дојде месечната сметка за направен 3G трансфер :) 3G Watchdog е апликација наменета токму за ова – да ве предупреди кога сте близу до месечниот лимит и по потреба да ја исклучи 3G конекцијата веднаш штом ќе го пречекорите лимитот (но само на оние телефони кои се ROOT-ирани). Статусот на искористеноста можете во секое време да го проверите или преку notification panel-от или преку Widget. Ова 3G „чувар-куче“ можете бесплатно да го преземете од Android маркетот.

GO Launcher EX Ако default launcher-от на вашиот телефон веќе ви здосадил, ви препорачуваме да ја испробате варијантата GO Launcher EX. Опциите што ги нуди се многубројни, а меѓу другото, поддржува разни теми (кои ги преземате од маркетот), гестови (и за екранот и за dock иконите), зголемување и намалување на големината на виџетите и др. По инсталирањето можете да бирате дали да го замени, на пример, Sense UI-то или, пак, секојпат да ве прашува дали да се активира. Апликацијата е навистина квалитетно кодирана и во текот на тестирањето немавме тешкотии при нејзиното користење и ниеднаш немавме „force close“ ситуација, така што искрено ја препорачуваме – ќе ви го олесни користењето и ќе го промени искуството при работата со вашиот Android уред. Бесплатно можете да ја преземете од Android маркетот.

Music search and download Всушност, нема потреба да објаснуваме за што служи оваа апликација – иако за аплауз е што авторите се потрудиле да ѝ дадат криптично и инвентивно име :). Со нејзина помош ќе можете да преслушувате или преземате ем-пе-тројки, како и да ги поставувате како рингтонови директно од неа. Доколку не знаете точно што да барате, апликацијата ви нуди неколку топ-листи кои можат да ви помогнат при изборот. За разлика од повеќето слични апликации што ги тестиравме, оваа ги најде скори сите песни што ги побаравме. Имајќи предвид дека не баравме хитчиња од топ-листи, туку песни што потешко се наоѓаат дури и преку други извори (како Soulseek, на пример), Music search and download несомнено се покажа одлично и ќе остане инсталирана на уредот на авторот на овој текст. Апликацијата можете бесплатно да ја преземете од Android маркетот. Милан Крстевски

32

www.enter.net.mk


Апликации за iPhone HowStuffWorks

Shazam

Подобра и од самата Wikipedia, оваа апликација добро ќе ви се најде во моментите кога сакате да научите повеќе за тоа како работат нуклеарните честички, графичките картички или, пак, вашите неврони во мозокот додека го читате овој текст и слично. Самиот назив на апликацијата, HowStuffWorks, ви го дозволува сето тоа. Исто како и на официјалниот веб-сајт HowStuffWorks, и тука можете да ги најдете сите видеа, написи, подкасти и што ли уште не. На почетниот екран се наоѓа прозорецот Featured, од каде што може да пристапите до повеќе најнови и најчитани стории, а под него се наоѓа FactStuff каде што може да прочитате навистина интересни факти. Корисниците може да читаат, да гледаат видеа, да пребаруваат, а најинтересното (според нас) е тоа што може да пристапуваат до шоуата од типот на Stuff You Should Know, Stuff You Missed In History Class, Tech Stuff и слично. За крај, да ве предупредиме: доколку поседувате безжичен интернет дома, оваа апликација сигурно е за вас. Но, ако сакате да научите повеќе информации за тоа „како работи“ светот, a притоа да бидете поврзани на 3G мрежата, тогаш гледајте да ја избегнете. Ако направите некоја голема сметка, ние не сме виновни :).

Тарарам, тарам, тарарам... Колку пати досега ви влегла некоја песна в глава? Сте ја слушнале на радио додека сте се возеле со такси, со автобус, на некоја прослава, на работа, но никако да ви текне како се вика. А, можеби и навистина не знаете како се вика. Па, да, штом сте ја слушале на радио, можно е и да не знаете како се вика таа песна, нели? Тука на сцена стапува Shazam. Доволно е само да имате интернет-врска. Кога повторно таа песна ќе биде во етерот, ја вклучувате Shazam, го допирате големото копче со логото Shazam и тоа е тоа. Песната е веќе најдена и подготвена да ја запомните, да ја најдете на YouTube, да ја купите од iTunes. Во секцијата My Tags се сместуваат вашите претходно пронајдени песни, во Discover се наоѓа и глобалната топ-листа, додека во секцијата Settings имате можност за нагодување на апликацијата да биде „врзана“ за Facebook или Twitter, да ги менаџирате известувањата, да ја купите верзијата Encore и слично. Интересно е тоа што под секој таг, т.е. под секоја најдена песна, може да ги прочитате стиховите на песната, да ги прегледате видеата на YouTube, да прочитате најава за турнеја на изведувачот, да прочитате рецензија за самата нумера или да ја купите оригиналната верзија или во облик на ringtone од iTunes Store. И не заборавајте, не мора да ја има на радио нумерата за која сакате да видите како се вика. Изненадени бевме кога го пуштивме Windows Media Player-от и најде стари песни и бендови кои не се толку вртени и комерцијални по радиостаниците. Ќе ги споменеме само Dead Kennedys, The Addicts, The Ramones, Sex Pistols... Браво!

Цена: бесплатна.

White Noise Авторот на описите на овие апликации за iPhone не може добро да се сконцентрира кога околу него има голема бучава. За да се посвети на своите текстови, си пушта класична музика. Истиот проблем го има и кога треба да спие, па спиењето е пролонгирано за некои помирни часови, најчесто утринските :). На сите вас кои сте „бучаво-фобични“ ви jа предлагаме апликацијата White Noise. Авторот, додека бараше апликации од својот iPhone, случајно налета на неа, ја инсталираше и знаеше дека ќе другарува со неа многу, многу често. Можеби отпрвин ќе бидете скептични за нејзината функционалност, но верувајте дека нема да сакате да се одвоите од White Noise. Станува збор за апликација која содржи повеќе звучни заднински звуци, како што се врнење на дожд, летање со авион, бура, возење со воз, „кршење“ на морски бранови, чукање на часовник, па дури и осцилирање на вентилатор. Интересно е тоа што можете да правите и миксови од овие звуци (најмногу три звуци), па така, може и да врне и да има бура и да се возите со воз. Прилично интересно, нели? Добрата страна на оваа апликација е тоа што може да ви послужи и како аларм, а може да го наместите тајмерот за да се стопира апликацијата, со што би се намалила потрошувачката на батеријата. Цена: бесплатна.

Цена: бесплатна (пет најдени песни месечно), 3,99 $ годишно, 5,99 $ доживотно.

Дејан Зафировски www.enter.net.mk

33


Интернет Веб-селектор

Три во Едно

Овој пат успеавме да пронајдеме три сајта од кои еден ќе ви помогне во отстранувањето проблеми со технички направи, другиот ќе ви се најде за организирање презентација или ефикасно барање/ нудење помош, а третиот ќе ви овозможи синхронизација на вашите омилени сајтови и олеснет пристап до нив од кој било компјутер.

Сам свој мајстор - ifixit

Join.me – дигитално дружење и поддршка

Xmarks – Синхронизација на омилените страни

Како зависник од денешната технологија, сигурно ви се случило да се соочите со хардверски/ софтверски проблем и да не знаете како да го отстраните. Наместо веднаш да ја однесете направата на поправка, обидете се самите да ги откриете симптомите, а со тоа и да ги отстраните можните проблеми. Сè што треба да направите е да се советувате со бројните прирачници кои можат да се најдат на http:// www.ifixit.com/. Овој веб-сајт е податочна база од инструкции креирани од корисници за корисници. Ќе наидете на најразлични објаснувања за надградби и поправки на вашиот телефон, конзола, лаптоп, компјутер, па и автомобил. Веб-сајтот е прегледен, а инструкциите се едноставни и објаснети чекор по чекор (на англиски). Доколку не можете да го најдете одговорот што го барате, поставете прашање и почекајте поискусните да ве советуваат. Меѓутоа, во случај да се чувствувате несигурни при поправките, не ризикувајте, туку побарајте помош од стручни лица. Ако, пак, вие го знаете одговорот на некој проблем, дајте свој придонес за заедницата така што ќе креирате прирачник или ќе одговорите на прашањата на останатите корисници.

Дали некогаш сте посакале да презентирате нешто од вашиот компјутер на едно или повеќе лица (како PowerPoint документ, видео или слично визуелно објаснување), но без да ги принудите да ги напуштат своите домови? Кога ви треба помош од некој пријател (инсталација на програма, отстранување софтверски проблем и слично), дали би сакале да го споделите вашиот десктоп со пријателот, па и да му дадете контрола врз него? За вакви ситуации ви го препорачуваме веб-сајтот join.me. Потребно е да преземете и инсталирате мала апликација и да испратите претходно генериран код до лицето со кое сакате да го споделите екранот. Сесијата е заштитена со 256-битна енкрипција, а како што напоменавме, лицето може да гледа сè што работите на десктопот, па и да преземе контрола (доколку му дозволите). Покрај овие две услуги, бесплатната верзија нуди и чет како и пренос на фајлови. Верзијата „Про“, пак, нуди поефикасни услуги кои се посоодветни за мали бизниси. Дознајте повеќе на join.me.

Ви препорачуваме и еден сајт благодарејќи на кој вашите омилени веб-страни ќе бидат синхронизирани и ќе имате пристап до нив од кој било компјутер. Xmarks е еден таков додаток кој се интегрира со вашиот прелистувач и ги помни сите омилени страни (се мисли на страните кои ги поставувате во favorites/bookmarks). Секој пат кога ќе седнете пред некој друг компјутер (на работа, кај пријател, во интернет-кафе) не мора да се се присетувате на адресите или одново да ги барате. Xmarks, меѓутоа, не е добар само за ваква синхронизација, туку и за помнење шифри и претходно отворени табови на други компјутери. http://www.xmarks.com/ се одликува и со пребарувачки енџин кој, во зависност од вашите барања, нуди листа од соодветни сајтови. Услугите на сајтот доаѓаат во бесплатна и комерцијална форма. Доколку сакате пристап до iPhone, Android, BlackBerry или можност за Backup & Restore, се плаќа еден долар месечно.

34

www.enter.net.mk

Мартин Јованчевски


Таканаречената активност „HistorySniffing“ стана предмет на интерес во последно време и често споменувана тема по компјутерските сајтови и списанија. Додека едни се плашат од начинот на кој се користат овие потенцијали, други ги користат и охрабруваат предностите. Во овој текст ќе објасниме што е „History-Sniffing“ и дали може да направи повеќе добро отколку лошо.

History-Sniffing, како што кажува самото име, е душкање по вашата историја, односно сајтовите што претходно сте ги посетувале со цел да се извлечат информации за вашите интереси и навики. За начинот на кој можат да се искористат овие информации ќе напишеме подолу, а првин ќе се обидеме да ви објасниме како функционира целиот процес. Имено, кога користите прелистувач, посетената страница нуди информации од текст, слики, видеоматеријали. Овие работи, заедно со естетските елементи, се врзани преку CSS (Cascading Style Sheets) за да може правилно да се прикаже нивниот распоред на посетената страна. Одреден елемент (:visited), кој е дел од CSS, ги помни и обележува сите претходно посетени линкови во виолетова, додека непосетените се во сина (оттука, кога барате нешто на Google, виолетовите понудени резултати се претходно посетени страници). На овој начин се воспоставува врска помеѓу прелистувачот и страниците, а таа врска, во комбинација со JavaScript код, може да се искористи од

Душкање по приватноста History-Sniffing

страна на трети лица и да се дознае кои сајтови сте ги посетиле преку прелистувачот, а кои не. Добра лошотија History-Sniffing најчесто се применува на сајтови со најразлични вести, а особено на порнографски сајтови и сајтови со торенти. Преку душкање во вашата интернет-историја, луѓето можат да изградат профил за вас и тоа да го искористат за добри, но и лоши цели. На пример, ако некој знае дека вашата страст се автомобили, можат да ви наметнат слики или линкови за вашите омилени модели. Неморалните ќе се обидат да ве измамат и да ви украдат нешто така што ќе замаскираат спајвери и вируси во тие линкови. Одредени порнографски сајтови, пак, често знаат да скријат HistorySniffing во својот изворен код така што ќе применат едноставна криптографија. Поради тоа, често се случува таквите сајтови да бидат соочени со тужби како што е крадење на личните информации на корисниците. Од друга страна, повеќето сајтови применуваат History-Sniffing за да ги „задоволат“ посетителите така што ќе им понудат подобри

резултати. Имено, ако посетувате гејмерски сајтови јасно е дека сте заинтересирани за видеоигри и соодветен хардвер. На тој начин, сајтот ќе знае со какви линкови да ве снабди за да не се изгубите во морето од непотребни линкови, туку побрзо и поефикасно ќе го најдете тоа што го барате. Доколку како резултат на оваа „предност“ купите нешто, History-Sniffing добива форма на исклучително профитабилна активност. Кога ќе се постават работите вака, секогаш се поставува прашањето колкумина го прават тоа за ваши, а не за свои лични цели? За крај, само ќе споменеме дека History-Sniffing не е нова активност, но моментно стана популарна поради неодамнешното

истражување според кое 485 сајта од најпопуларните 50.000 ја применуваат оваа тактика (повеќе за ова можете да прочитате на http:// tinyurl.com/54enter). Прелистувачите Firefox и Chrome ве штитат од оваа активност, а Internet Explorer само доколку изберете приватно прелистување (private browsing). Мартин Јованчевски

www.enter.net.mk

35


СОФТВЕР Adobe Acrobat X Pro

Моќниот дигитален акробат Овој софтвер можете да го најдете во ЕНТЕР DVD 54

Една од најмоќните алатки за креирање и едитирање на PDF фајлови, нивно споделување со членовите од групата, во компанијата или можеби некаде надвор, на веб, преку сервисот Adobe.com, излезе со најнова верзија. Иако во пакетот CS5 не бевме почестени со оваа апликација, сега ни доаѓа со три верзии, всушност четири, ако ја сметаме и онаа која е вклучена во новиот пакет Adobe Acrobat X. Покрај бесплатната Adobe Reader X, тука се и Acrobat X Standard и Acrobat X Pro. Поради комплексноста и новите (и подобрени) опции, сега ќе прочитате нешто повеќе за Adobe Acrobat X Pro. Продолжуваме. 46

www.enter.net.mk

б-страница ја целата ве е“ ет м ни ови, „С ружни линк со сите прид о еден м са во рафии видеа, фотог есно, со опцијата ент. Л PDF докум Page. F From Web PD e Creat

Интерфејсот Првото нешто што ќе го забележите кај Adobe Acrobat X Pro во однос на претходните верзии е редизајнираниот интерфејс. Имено, постарите верзии на Acrobat ја користеа стандардната линија со алатки и таканаречениот менисистем, мислиме на кликањето на една опција и пуштањето на контекстуалното мени надолу, зафаќајќи половина од работниот простор. Сега, во горниот дел се наоѓаат две линии со алатки со најважните функции и навистина изгледаат минималистички, со што работниот простор е зголемен за најмалку 15 до 20 отсто. Оддесно се наоѓа иновативната секција Tool од Новина во редизајнираниот интерфејс е секцијата Tools преку која може да пристапувате кон сите опции што ви ги нуди Adobe Acrobat X Pro.

каде што ќе може да пристапите кон сите опции и алатки што ги има во Adobe Acrobat X Pro. Уште еден плус во овој нов интерфејс е копчето Create. Со негово кликање ви се отвора контекстуално мени со што можете да креирате нов PDF документ од фајл, од скенер, од веб-сајт, да комбинирате повеќе PDF фајлови во еден PDF документ и, на крај, да направите PDF портфолио. Она што е новина е можноста за автоматското нагодување на бојата при креирање

на PDF документ од скенер. Иако сè уште постои можноста за избирање на црно/бел документ, grayscale или во боја, автоматското нагодување на режимот е квалитетен потег од Adobe со којшто ќе заштедите време и нерви. Action Wizard Што се акциите? Што се макроата? Доколку знаете што се macro „снимањата“ во пакетот Microsoft


Office, тогаш би требало да знаете што претставуваат акциите во Adobe Photoshop и InDesign. Но, за тие што не знаат, ќе им објасниме накратко. Земете пример дека треба да направите некој проект, т.е. документ, од каде што од едно мени се префрлате во друго, па повторно се враќате во истото, па избирате нова тема или можеби нов фонт. И за да го направите само тој чекор, само тој еден единствен чекор, вам ви требаат 20-30 секунди, a понекогаш може да потрае и повеќе – додека да се сетите каде било тоа мене или подмени, вие веќе сте изгубиле пет минути. И сето тоа, само за да ја измените фотографијата (на пример). Сега е доволно да си ги зачувате сите ваши активности во една посебна акција. Верувајте дека ќе сочувате многу скапоцено време, а со самото тоа и пари. Оваа опција ќе ја најдете од десната страна во секцијата Tools. Овие акции може да бидат експортирани и пратени по е-пошта. Исто така, со двоен клик на веќе испратената акција таа автоматски ќе биде додадена во менито Action Option. Па, ова би требало да биде една од поквалитетните и според нас, една од најупотребувани опции во оваа нова, десетта верзија на Аcrobat.

ќе бидат дигитално подготвени за нивно едитирање. Иако не може да се носи со софтвер од типот на ABBY Fine Reader, кој има богата историја зад себе во тој, OCR сектор, сепак добро е да се знае дека ја имаа оваа опција, па можеме само да очекуваме подобри надградби и еволутивни решенија, кога веќе станува збор за Adobe. Останува да видиме колку ќе биде прифатена оваа технологија од корисниците.

Едитирајте ги вашите ск енирани документи, веднаш во ди гитална форма. Благ одарејќи на вградената OCR технол огија, за првпат во A dobe Acrobat X.

што ако првите два-три линка се катастрофа, не се гледа доволно убавината на делата или што ако се фотографирани со некој „тапа“ апарат? Верувајте дека тој што ги прегледува сите мејлови, по кратка постапка ќе го избрише мејлот со сите тие линкови, без разлика колку е тој уметник „угледен“. Затоа, самиот концепт на портофолијата е да се обезбеди квалитетна презентација на целокупната ваша работа, со многу аудио/визуелни ефекти, но и да обезбеди солидна интеракција со читателот/гледачот, во претходниот пример, работодавецот. Кога сакате да креирате портфолио во Adobe Acrobat X Pro, првото на што налетувате е волшебникот. Ќе ви бидат понудени повеќе обрасци како што се Click-Through, Freeform, Grid, Linear and Wave, од каде што потоа треба да изберете една од петте визуелни теми. На располагање ви се Clean, Spring, Tech Office, Modern and Translucent, како и пет колор-палет шеми. Flash-мајсторите може да креираат Креирајте свое портфолио и свој посебен layout со што сигурно ќе се Кога сакате да Конечно, експортирајте и разликуваат се претставите од другите. себеси или сочувајте ги вашите PDF Кога веќе тоа што сте го документи, како документи сте избрале сработиле, како како сакате еден вид резиме од типот на Microsoft Word да ви изгледа за работа, или Excel. вашето добро би дошло портфолио, да „средите“ следен чекор е вметнување на и едно портфолио. Од Adobe фајловите. А доволно е само да знаат дека испраќањето на многу ги влечете и фрлите (drag & drop) линкови, текстови, фотографии за во вашиот проект. Поддржани се вашата работа на нечиј e-mail кога голем број формати, а интересен е станува збор за оглас за работа, фактот што може да вметнувате и знае да биде многу испрпувачки You Tube видеа без претходно да процес за тој што го прегледува. бидат преземени или евентуално Замислете да ви стигне CV од некој конвертирани. Секако, мислиме на угледен уметник во коешто тој ви опцијата embed. Интересна опција испратил милион линкови за тоа е Save PDF Portfolio as Web Site, со каде му се публикувани неговите што вашето портфолио е достапно уметнички дела или стручни и онлајн. статии по светските магазини. А

Заклучок

Лесна колаборација Работите на некој важен документ и сакате да бидете поврзани со колегите во реално време? Отсега со новата функција shared review и Acrobat.com сервисот, вие и вашите колеги ќе можете да пишувате коментари врз дадена област од документот, со што веднаш би се пристапило кон изменување на документот.

Што и да заклучиме, ќе биде излишно. Adobe повторно покажаа дека се сигурни играчи на пазарот и секогаш се во тесна соработка со корисниците. На крајот на краиштата, сите апликации ги креираме ние, а не тие нас. Најдете го Acrobat X Pro во нашето DVD, инсталирајте го, пробајте го и бркајте работа. Креативноста и брзото време ви го налага тоа, верувајте ни! Дејан Зафировски

Експортирање во MS Word и Excel и ОCR Знаеме дека во последната верзија на Microsoft Word со помош на плагинот од Adobe имавте можност да ги експортирате сите ваши Word документи во PDF документ. Но, за еден PDF да го „претворите“ во MS Word требаше да преземете некоја друга апликација која врши таков вид на конверзија. Отсега имате можност да го експортирате вашиот PDF документ како word или excel документ. Иако бевме скептични за можните грешки при експортирањето на табелите во Excel, сепак позитивното изненадување вреди да го споделиме со вас. Ниту една грешка не беше јавена, што секако е за пофалба. Да бидеме реални, се работи за Adobe, па такви „минорни“ грешки не би требало да се појавуваат, нели? Уште една новина во Acrobat X Pro e вградената ОCR (Optical Character Recognition) технологија. Така, скенираните страници

Производ

цена надградба

целосна верзија

Adobe Reader X

Бесплатно

Бесплатно

Adobe Acrobat X Standard

Надградба од Acrobat 9, 8, или 7 Standard 139 $

299 $

Adobe Acrobat X Pro

Надградба од Acrobat X, 9, 8, или 7 Standard 199 $

449 $

Adobe Acrobat X Suite (Adobe Acrobat X Pro, Adobe Photoshop CS5, Adobe Captivate 5, Adobe Presenter 7, Adobe LiveCycle Designer ES2, Adobe Media Encoder CS5)

Надградба од Acrobat X, 9 Pro, Acrobat 8 или 7 Professional; Acrobat 9 Pro Extended или Acrobat 3D Version 8 или 7; Adobe Photoshop CS5, CS4, или CS3 или Adobe Captivate 5, 4, или 3 799 $

1199 $

www.enter.net.mk

47


xардвер_

Никогаш доволно простор Дали банката смее да си дозволи да изгуби дел или цела база на податоци? Дали некој важен и многу посетуван веб-сајт смее да си дозволи некое време да не биде достапен затоа што откажал хард-дискот во компјутерот што го хостира? Серверите имаат улоги кај кои доверливост е буквално непроценлива, па не е ни чудо што некои решенија, иако на прв поглед се скапи, ако се пресметаат потенцијалните загуби станува јасно дека се всушност исплатливи и неопходни. Некои од решенијата за зголемување на доверливоста се RAID низите, кои автоматски прават резервни копии на повеќе физички дискови и во случај на откажување на едниот диск, потполно нормално продолжуваат со работа се до неговата замена. RAID е скратеница од Redundant Array of Inexpensive Disks и се заснова на принцип на користење на два или повеќе хард-дискови со специфичен хардвер или софтвер за да се постигне поголема сигурност

54

w w w.enter.net.mk

за податоците или поголема брзина на читање и пишување на дисковите. До пред некоја година RAID беше реткост во десктоп-опкружувањето, иако тоа веќе не е случај и поголемиот дел од матичните плочи овозможуваат RAID модови, а дури и самиот Windows во серверската варијанта може софтверски да ги имплементира. Сепак, иако матичните плочи наводно поддржуваат неколку RAID полиња во хардверот, сè уште најголемиот дел од работата во реалноста го работи процесорот. Вистинските хардверски RAID контролери содржат посебен процесор и меморија, а најчесто ги среќаваме, погодувате, во серверите. Да погледнеме малку подетално што се, всушност, RAID модови и што се добива со секој од нив. RAID 0 или Striping mod се заснова на основната идеја дека најбавниот дел од хард-дискот на потсистемот е самата механика на дискот. Контролерот и магистралата имаат можност да испорачаат и обработат податоци многу побрзо од механичкиот дел, па поголемиот дел од времето, всушност, чекаат да заврши вчитувањето или впишувањето на блокот податоци, не работејќи ништо. Зошто тогаш да не земеме два идентични диска и наместо да впишуваме податоци само на еден диск, ќе ги впишуваме на двата одеднаш. Така, теоретски постигнуваме два пати подобри перформанси бидејќи две механики истовремено ја опслужуваат електрониката. Во практиката, добивката зависи од природата на задачата, така што таа е најголема кај читањето и впишувањето големи фајлови, а е најмала кај случајниот пристап на поголем број мали фајлови. Недостаток на овој мод е намалената сигурност на податоците,

бидејќи во случај да откаже кој било кој од овие дискови, сите податоци се губат. RAID 1 или Mirroring mod тргнува од потполно спротивна идеја, случајот кога најголем приоритет ни е безбедноста на податоците, а не брзината. Во таа ситуација

системот од два диска можеме да го искористиме за постигнување на редунданси во вид на впишување на истите податоци на двата диска истовремено. Така, во случај едниот диск да откаже, другиот автоматски ја презема функцијата и системот продолжува со нормална работа бидејќи поседува идеална копија од сè. Тогаш може да се замени првиот диск и при реиницијализација на RAID низата податоците автоматски ќе се пресликаат и на новиот диск. Недостаток на овој мод очигледно е фактот дека наместо да се собираат капацитетите на дисковите, на располагање имаме капацитет еднаков на просторот на еден диск. Што се однесува до перформансите, впишувањето е малку побавно затоа што истите податоци мора да се впишат на две места, иако читањето е побрзо бидејќи може да се извлечат податоци од две места истовремено (добивката во брзина навистина зависи од начинот на имплементацијата на Mirror модот на конкретниот контролер). RAID 2, RAID 3, RAID 4 модовите се


xардвер_

Нешто повеќе од две години по презентацијата на процесорската микроархитектура под кодното име Nehalem и 12 месеци по појавата на дериватите изработени во напреден производствен процес, најголемиот производител на процесори во светот, компанијата Intel, конечно претстави потполно нова архитектура, одамна најавувана под името Sandy Bridge. На тој начин, оваа компанија и понатаму успева да го одржи темпото кои сами го нарекоа „Tick – Tock“ и кое ретко кој друг во ИТ бизнисот може да го следи – а тоа е претставување на нова архитектура и воведување на нов производствен процес на секои 12 месеци наизменично.

ПЕСОЧЕН МОСТ Првите измени во однос на претходната генерација се присутни на самиот почеток, во делот за декодирање на инструкциите во микрооперациите. Иако изгледа скоро идентично по структура со решението применето во претходната генерација, тука се забележува вклучувањето на L0 кеш-меморијата во која Sandy Bridge процесорот може да смести до 1.500 декодирани операции. И покрај тоа што оваа операција генерално е многу брза, новото решение многу придонесува за енергетската ефикасност, бидејќи ако декодерот во L0 кеш-меморијата ја поседува претходно обработената информација, во следниот чекор нема повторно да ја декодира, туку едноставно повторно ќе ја повлече од кеш-меморијата и ќе ја изврши. Уште еден дел од процесорот на кој се вградени фини модификации е единицата за предвидување на разгранувањето (Branch Prediction Unit). Подобрувањето кај оваа функција е направено со зголемување на густината на податоците во баферот во кој се сместуваат адресите и историите на разгранувањето и на тој начин се зголемува ефективноста, а се намалува потрошувачката на енергија. Според податоците што ги објави Intel, новата единица е поефикасна од онаа во претходната генерација на процесори за повеќе од 5%, но ова подобрување треба првенствено да го гледаме преку призмата на зголемена ефикасност и дополнителна заштеда на енергија. Многу важна измена на архитектурата на базично ниво е примената на организацијата PRF (Physical Register File), OoO (Out-of-

56

w w w.enter.net.mk

Order) на класерите, кои го прават најважниот дел од секој модерен процесор со високи перформанси. За разлика од решенијата кои се применети кај Core и Nehalem микроархитектурата и кои подразбираа преместување на целата содржина на регистарот

тогаш кога ќе се појави потреба од тоа, кај Sandy Bridge архитектурата содржината на регистарот не се копира, туку процесорот интерно манипулира само со врските кон поединечни регистри. На овој начин се намалува потрошувачката на енергија, но и се ослободува дополнителен простор во регистрите на процесорот. Поради примена на вакво решение, секој процесор заснован на Sandy Bridge архитектура може интерно да изврши вкупно 169 микрооперации, во однос на 128 на Nehalem архитектурата. Ова решение многу личи на она што го користеа Р4 процесорите засновани на NetBurst архитектурата, па ова е втора

интересна можност која модерните процесори на компанијата Intel ја наследуваат од една прилично неуспешна генерација по HyperThreading. Со примената на ваквото решение, инженерите обезбедија интерниот проток на податоци да се зголеми за третина, но она што е многу поважно, се овозможи имплементација на новите инструкции наречени AVX (Advanced Vector Extensions). Новите инструкции, кои треба да се гледаат како надградба на SSE, освен подобрувањата на перформансите, имаат и особено значење во смисла на дополнителна оптимизација и заштеда на енергија. Начин тоа да се постигне е „non-destructive execution“, што овозможува инструкциите да се извршат, а податоците во регистрите да се зачуваат за да може


Тема на бројот World of Warcraft: Cataclysm

Да се уништи свет, сакан од повеќе од 12 милиони луѓе, кои секојдневно поминуваат часови во него, е навистина ризичен маневар. Маневар на којшто може да се осмелат само од Blizzard, знаејќи дека фановите премногу им веруваат. Ресетирањето беше токму она што му беше потребно на овој веќе стар, но доминантен ММО и Cataclysm го изведе тоа на најдобар можен начин. Ако претходната експанзија, Wrath of the Lich King, повеќе се фокусираше на донесување на многу додатни содржини за закоравените гејмери, Cataclysm се враќа назад, на основите, со нови раси, како и нови комбинации класа/раса кои ќе ги задоволат и најпребирливите. 62

// ЕНТЕР GAMING EDITION


Blizzard најмногу се познати по две работи: им треба премногу време за да издадат игра и второ, кога ќе ја издадат, таа со сигурност е една од најуспешните на пазарот и игра која со сигурност ќе ги добие највисоките оценки. Blizzard на почетокот тврдеа дека ќе издаваат експанзии за World of Warcraft секоја година, но оваа ММО игра дури сега, по шест години, ја добива својата трета експанзија. Секако, треба да се имаат предвид сите оние силни закрпи, кои ни отвораа нови инстанци и постепено ни носеа нови причини да продолжиме да плаќаме претплата и секојдневно, барем накратко, да влеземе во виртуелниот свет окупиран од 12 милиони играчи. Двегодишната пауза помеѓу експанзиите можеби и не е толку лоша работа, бидејќи им дава на Blizzard доволно време во нив да внесат еден куп нови работи. Факт е дека првата, The Burning Crusade, ќе ја паметиме по двете нови раси, втората, Wrath of the Lich King, по класата „Death Knight“, третата повторно по две нови раси и она што е уште позначајно, по најголемите промени што се случиле во World of Warcraft од неговиот почеток. Па, што е всушност Cataclysm? Cataclysm е ОГРОМНА експанзија, која ќе ја промени ултрапопуларната World of Warcraft. Ни носи многу додатоци, промени и подобрувања и ќе го продолжи нивото на играчите за додатни пет нивоа (па ќе можете да се левелувате до 85. ниво). Со толку многу промени, скоро е невозможно да се напишат сите, па затоа ќе ни простите ако заборавиме да споменеме некоја од нив во оваа

рецензија. Пред неколку месеци некои чудни работи почнаа да се случуваат во Azeroth. Злобни ликови почнаа да се инфилтрираат во главните градови и како што одминуваше времето, сè повеќе се разгоруваше војната помеѓу Ордата и Алијансата. Сето ова беше искористено токму како вовед во Cataclysm. Приказната овој пат се врти околу издигнувањето на еден од главните злобни ликови од митологијата Warcraft, кој последен пат беше виден во Warcraft II – злобниот змеј Deathwing. Тој повторно се издигнува од темнината и е одлучен да им се одмазди на жителите на Azeroth. Неговата појава не само што означува нова закана, туку предизвикува и катаклизма од епски размери,

која ќе го преобликува познатиот свет, правејќи одредени подрачја целосно непрепознатливи. Barrens сега е поделен на два дела – северен, којшто е наменет за играчи од пониските нивоа, и јужен, којшто е многу поопасен и наменет за поискусни играчи (30+ ниво). Пустиот Desolace, кој многу играчи го мразеа поради депресивното сивило, сега е зелена оаза, додека Thousand Needles, поради продорот на морето, потполно е поплавен и сега тука „столбовите“ се единствените суви места. Живиот свет сега е префрлен на рабовите на ова подрачје, а можеби најинтересен дел е Mirage Raceway, чии згради пловат сред огромната водна површина. Морето се проширило и до источниот дел на Gadgetzan, а ова го искористиле

пиратите, кои го зголемиле своето влијание во ова подрачје. Занемареното подрачје Azshare, кое пред експанзиите го посетувавме исклучително заради собирање на билки и убивање на Azuregos, а подоцна за завршување на две-три мисии во текот на левелувањето на нови ликови, целосно е редизајнирано. Оваа област сега е запоседната од гоблините – новите сојузници на Ордата, кои ја приспособиле за своите потреби, а како знак на својата лојалност, ја измениле околината така што целото подрачје сега наликува на џиновски симбол на Ордата. Скоро сите зони од светот на WоW со оваа експанзија доживуваат помали или поголеми промени, со што доаѓаат и еден куп нови мисии, што е добра причина да креираме нови ликови и да доживееме потполно ново искуство во текот на левелувањето. Можеби најзначајната новост што Cataclysm ја носи за новите играчи во WoW доаѓа во форма на две нови раси – Goblin за Ордата и Worgen (врколаци) за Алијансата. Како и сите раси, тие имаат свои уникатни карактеристики, кои ги прават добри за одредени класи и професии. Најголемата причина за новите играчи да почнат да играат токму со една од овие класи е да се доживеат новите зони од моментот кога се создадени. Двете нови класи се сосема спротивни една на друга. Гоблините се скоро футурустичка раса според стандардите на WoW. Традиционално, Гоблините од Azeroth беа неутрални во војната помеѓу Алијансата и Ордата. Иако беа дел од WoW уште од почетоците, со нив не беше можно да се игра. Тие се технолошки најнапредни од сите раси во светот на WoW и со нивните луди пронајдоци и машини не сакаа да подлегнат под ниедна од завојуваните страни и беа заинтересирани само за лесен профит. Но, во Cataclysm се појавува нова група на Гоблини од технократскиот остров Kezan, кои се предводени од Трговскиот принц и својата лојалност ја положуваат на Ордата. Играчите кои ќе ги изберат Гоблините ќе можат да изберат една од класите: Warrior, Hunter, Rogue, Priest, Shaman, Mage и Warlock. Почетната игра со Гоблините има невообичаено мал број борбено фокусирани мисии и наместо нив, најголемиот дел се базирани на системот на возила, кој беше претставен во Wrath of the Lich King. Иако овие мисии се интересни и забавни (еден вид GTA во WoW), за што помага одличниот дизајн на Kezan, кој одлично се вклопува за користење на возилата, тие не се баш погодни за учење на основите за новите играчи. Worgen (или луѓето од Gilneas) се првата монструозна раса достапна за играње во Алијансата, бидејќи тие се луѓе заразени со ликанотрофија. Приказната за потеклото на расата Worgen е многу подраматична од онаа на Гоблините. ЕНТЕР GAMING EDITION //

63


рецензија

PC

Back to the Future Тhe Game: Episode 1

Голем д мода ел од фил ,л м Во од ошите фр овите од 80-ти изури реден те е вин а мер и овна а и тр лигавата се виновн з илоги и за л глума оваа а ови ку ош е ја в и жел лтна фран работи, но та „Враќа о тоа врем ата њ ба з а шиза с е о в с о амото повто идни е. голем се буд на сп р а д но си ел од вас но враќањ т чувства оменувањ та“ гурни може на но е во 8 е на с б 0 сме д барам ека н и и не бил -тите. Зна талгија е д е н е еме д е род Tellta посто од ов ен ек le и и реши Games ги е филмов некој што и во 80-ти а и и ве те, ја да слуш н е п го на ог дн авант урист оживеат о а молитви аш не ги леднал засак ичка т в е о ј н с а ер ал видео н игра. ијал во фо осталгича . рите рма н и а епи зодна

66

// ЕНТЕР GAMING EDITION

На 25 мај 1990 година, со третиот дел, заврши филмскиот серијал кој ги одбележа 80-тите – „Враќање во иднината“. Навистина, ова се едни од оние филмови кои сите ги сакаат. Благодарејќи на овие три филма, Marty McFly, Doc Brown, брзиот DeLorean, кој со гумите оставаше огнени траги на асфалтот, и лебдечките скејтборди станаа дел од филмската историја. Оттогаш, освен периодичните шепотења за ново продолжение или, пак, римејк, франшизата речиси воопшто не беше обработувана. Веднаш ќе кажеме дека ќе уживате во првата епизода од Back to the Future: The Game ако ги исполнувате следниве услови: 1) сте ги гледале филмовите „Враќање во иднината“ (или барем првиот) или барем имате основни познавања за заплетот во филмовите; 2) отворени сте за идејата да ги видите новите авантури на Marty и Doc во една видеоигра и на крај 3) спремни сте да им прогледате низ прсти на стереотипните моменти „авантуристичка-игра“ на збунетост и фрустрација сè додека не дојде крајот. Авантуристичките видеоигри живеат и умираат најмногу од две работи: приказната и ликовите. Се разбира, голема улога играат и загатките, но најголемиот дел од играчите ги паметат игрите како Monkey Island, Full Throttle и Grim Fandango најмногу по различните пресврти, хумористичните развои на заплетите и силните ликови, а не по решавањето на загатките. Ова во теорија треба да значи дека „Враќањето во иднината“ е одлична подлога за адаптација во авантуристичка видеоигра. Серијалот постојано беше движен токму од ликовите и беше преполн со заплети кои бараа од протагонистите да се намачат за да решат проблеми, кои инаку многу лесно би се решиле. Со други зборови, дејството е токму како за во авантуристичка „point and click“ игра. Арно ама, на крајот на „Враќање во иднината 3“, патувањата на Marty и Doc завршија, сите заплети беа разрешени, што не даваше многу можности за продолжување на нивните авантури. За среќа, Telltale Games се зафатиле да ја работат оваа игра и успеале да најдат дел од филмовите кој скоро воопшто не беше застапен – минатото на Doc Brown и на основа на тоа да создадат одлична приказна. Ова значи дека нема да видиме римејк, туку уште едно поглавје од „Враќањето во иднината“. Дејството во играта започнува неколку месеци по крајот на филмската трилогија. Вие ќе ја преземете улогата на Marty McFly, кој полека почнува да се помирува со фактот дека повеќе нема да го види својот најдобар пријател, кој последен пат го виде како исчезнува со семејството на неговиот воз – временска машина. Од Doc Brown нема ниту трага ниту глас долго време, па луѓето од Hill Valley почнуваат да веруваат дека тој умрел. Банката е решена да го продаде неговиот имот за да ги покрие неговите финансиски долгови. Marty не може да ја спречи продажбата на имотот на Doc Brown и не е во можност да го спречи неговиот најголем непријател, Biff Tannen, да го преземе целиот имот на Doc. Но, наскоро мистериозно се појавува DeLorean со снимена порака од Doc. Тој дознава дека Doc е во голема неволја назад, во минатото,


рецензија

Xbox360 Tron: Evolution

Tron: Evolution е акциона авантура зад чија импресивна графика и впечатлива приказна се крие едноставен, но забавен гејмплеј и монотони локации. Дали вреди да се навлезе во дигиталниот свет на The Grid?

68

// ЕНТЕР GAMING EDITION


НАЈАВА

PC

F.E.A.R. 3

Мрачната паранормална возбуда доаѓа. Подгответе се за новиот F.E.A.R. наслов кој треба да се појави оваа есен. Вие добро знаете дека ова е најморничавата FPS на пазарот. Почекајте да го слушнете ова: „Холивуд има замешано прсти“. Мислиме дека ова е доволна причина да продолжите со читање на овој текст. 70

// ЕНТЕР GAMING EDITION

Произведува: Day 1 Studios Издава: Warner Bros. Interactive Entertainment Жанр: Модерна FPS Платформа: PC Наменета за: +18 Максимален број на играчи: 2


НАЈАВА

PlayStation 3 Uncharted 3: Drake’s Deception

Uncharted 2: Among Thieves е импресивен наслов кој ги собра повеќето награди во 2009 година. Причината за тоа е едноставна. Играта не понуди оригиналност, туку неверојатна драма и гејмплеј кој со години се памети и споредува со останатите игри. Авторите Naughty Dog сметаат дека има потреба да се усовршува совршеното и си поставија интересен предизвик – да се осмисли игра која не само што ќе понуди реален гејмплеј и интеракција со околината, туку и графика која ќе го редефинира понатамошниот процес на создавање. Од она што го видовме, Naughty Dog е на вистинскиот пат. 74

// ЕНТЕР GAMING EDITION

Uncharted 3: Drake's Deception е продолжение во кое авантурите на Нејтан Дрејк се надоврзуваат една година по оние во претходната игра и тоа во присуство на неговиот најдобар пријател и учител – Сали (Victor "Sully" Sullivan). Целта на ова снаодливо дуо е да се најде Атлантидата на песоци – мистериозен град кој, наводно, е исполнет со богатството на Арабија, а се наоѓа некаде во пустината Rub al-Khali. Веќе претпоставувате на каков терен ќе се одвива оваа игра. Зошто токму пустина? Затоа што песокот е сложен и предизвикувачки елемент и, исто како за огнот и водата, потребно е многу знаење и внимание за да се претстави

веродостојно во една игра. Тимот сака да го усоврши претставувањето на овие три елементи, но не само од естетска гледна точка. Огнот, на пример, го дефинира правецот на движење и нуди можности за непредвидливи пресврти. На пример, кога ќе биде запалено

трошното место во кое се наоѓате вие и Сали (види го демото на YouTube), потребно е да го избегнете огнот кој се шири со огромна брзина. Притоа, кога ќе пробате да се искачите на едно место, во моментот кога ќе помислите дека сте успеале, трошната запалена конструкција ќе


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.