Page 1


Збор-два од уредникот

Книга. Дигитална или „аналогна“? 02/511 99 77 Главен и одговорен уредник Горан Ѓорѓевиќ Уредник Ивица Анѓелески - ia@division.mk Маркетинг Катерина Тотовска - kt@division.mk marketing@division.mk Графички уредник Дарко Ќурчиевски - dw@division.mk Лектор Верица Неделкоска Редакција и соработници Дејан Зафировски - dz@division.mk Гоце Спасовски Кирил Кироски Христијан Мирчески Жарко Петровски Елена Спасевска Мартин Јованчевски Милан Крстевски Драгана Миладиновиќ Списанието кое сите го разбирате излегува секој месец во текот на целата учебна година

Постојани соработници

контакт: enter@division.mk www.enter.net.mk Печати Друштво за печатење на весници печатница „Мисирков“ ДОО Скопје Издава

Директор Горан Ѓорѓевиќ Дивисион ДООЕЛ ул. Миладин Поповиќ бр. 13, 1000 Скопје тел/факс: 02/511 99 77 Жиро сметка: 300000002892091 Комерцијална банка АД, Скопје Даночен број: МК 4032009500689 Дистрибуција: Плус продукција Тел: 02/2580020

Еве сме со јунскиот број на „Ентер“. Месецот на кој учениците се радуваат, а студентите со душа чекаат да помине. Како и да е, веруваме дека голем дел од вас го чекаа ова, 57. издание на списанието кое сите го разбираат. Во неговата подготовка се потрудивме да вметнеме содржини кои ќе бидат актуелни и повеќе од еден месец, па затоа направивме избор за кој слободно може да кажеме дека е евергрин. Се надеваме дека сè уште не сте се „навлекле“ на читањето дигитални книги затоа што летото е период кога секој од нас има доволно време да прочита барем неколку, затоа што книгите од ден на ден еволуираат во една сосема поинаква, недопирлива форма. Зарем е ова природно? За многумина љубители на читањето, книгата не е книга ако не може да ја допрете, ако не може да ги почувствувате нејзините корици, ако не го почувствувате мирисот на свежо испечатена хартија... Книгата денес. Библиотеките полека се забораваат и сè повеќе се отвораат виртуелни библиотеки од кои може инстантно да изнајмите или купите книга. И повторно – дигитална книга. На нашиот пазар (за среќа) сè уште не се актуелни e-book уреди кои служат за читање книги, но нема да ме чуди ако многу наскоро и тоа стане актуелно. Нашето општество налага информатичко образование, но кога веќе младите „се фатија за орото“, несомнено беше дека некои навики ќе изумрат како што е читањето книги. Сега тие или читаат задолжителна книга од училиште или читаат дигитална книга или, пак, читаат на интернет. Е, кога сме кај интернетот, тоа е една од причините кои го уништија читањето на класичните книги, исто како што го уништи читањето списанија, дружењето во реалност... Но, кои се предностите на „аналогната“ (класичната) книга и останатите „конструктивни“ активности што може да се прават на интернет? На книгата нема да и се потроши батеријата, нема да имате проблем со читање на сонце и подготвена за употреба во секој момент. Ако во минатото секој од нас се дружел со книга, а поретко со информатички парчиња, сега ситуацијата е сосема обратна. Затоа, ова лето покрај останатите активности на компјутерот, дружете се со барем една книга која ќе ве однесе во еден сосема поинаков свет од овој, дигитален, кој од ден на ден се менува. Едноставно, содржината на книгата е иста во минатото, во денешницата, во иднината... Да се вратам на содржината на оваа „книга“. Темата на овој број е тестот на актуелните модели на графички картички што може да се најдат на нашиот пазар. Се надевам дека ќе уживате во текстот што го подготвивме затоа што посветивме четири дена на тестирање и изградба на системот за тест. Покрај големиот број хардверски рецензии, ќе најдете и рецензии за некои од најновите антивирусни пакети, како и рецензија за Mudbox 2012. Во делот за технологии посветивме внимание на новата платформа на Intel – Thunderbolt, но и резултати од нивниот лут ривал AMD со платформата Bobcat. Не смеевме да ја заобиколиме играта Crysis 2 којашто неодамна излезе и веднаш започна да ги руши сите претходно поставени стандарди за тоа како треба да изгледа квалитетна игра. Покрај неа, ќе прочитате рецензии за Shift 2, Mass Effect 2 и уште неколку, кои ќе оставиме самите да ги дознаете низ страниците на нашето и ваше списание. Имајте убаво лето, дружете се со овој број на ЕНТЕР, а од септември се читаме повторно во новата сезона. Ивица Анѓелески


ТЕМА НА БРОЈОТ Тест на графички картички

10

Војната продолжува Графичка картичка... Гладот за перформанси никогаш не запира... Делот од хардверот кој секој гејмер најмногу го почитува. Ако сте еден од нив, прочитајте какви резултати добивме на мегатестот на најдобрите графички картички што може да се најдат на нашиот пазар. Уживајте!

> Вести 6

> МОБИЛНИ

- YouTube 3D на 3D Vision - Оpera Mini 6 за iOS

35 Nokia Е6 New Symbian

- Половина од Facebook профилите содржат пцости - Отпуштања од Cisco

> АКТУЕЛНО

14 Facebook ja зголемува самодовербата?! Иако звучи чудно и нереално, сепак, колку и да го сакаме или мразиме Facebook, тој има добро влијание на нас. Во студијата наречена „Ефектите од изложеноста на Facebook и самодовербата...

> Хардвер

16 Cooler Master Elite 430 и Cooler Master HAF912 Хотел „Промаја“

Куќиштето е дел од компјутерот што се избира исклучително според изгледот (кај голем дел од корисниците кај нас). Ретко некој внимава на функционалноста, опциите и практичноста. Треба да се знае дека куќиштето може да биде главниот виновник за високата температура на компонентите на вашата конфигурација.

17 Dell Vostro 3500 Крилја за вашиот бизнис

Новиот Vostro 3500 ја поседува графичката картичка GeForce G310M, алуминиумско куќиште и бројни подобрувања и опции, а сето тоа со препознатливиот квалитет на Dell.

18 Philips 241E1SB Прозорец кон светот

Уживајте со овој атрактивен 24” FullHD монитор кој нуди одличен квалитет на екранот. Со DVI и VGA влезови, автоматско форматирање, SmartContrast и сјајна завршница, Philips 241E1SB нуди огромен избор за да ги задоволи сите ваши потреби.

20 Archos таблет-компјутери Cовршени ултрапреносни таблет-компјутери

Archos 101 е еден од неколкуте Android 2.2 таблеткомпјутери кои поседуваат голем 10,1-инчен екран и уште многу дополнителни работи како предна VGA камера, Mini-HDMI порта, USB приклучок и читач на microSD мемориски картички.

22 ACER Aspire 5750G-2414G75Mn Песочен мост

Новата генерација процесори Sandy Bridge нуди многу подобри перформанси и испорачува побрза процесорска моќ од претходно. Intel ги дуплираше перформансите, а цената? Ви се верува ли дека сето ова ќе биде многу поевтино од претходно.

24 ASUS A53E Почувствувајте ја моќта!

Базиран на новата, втора генерација на Intel Core процесори, елегантно дизајниран и сместен во куќиште од алуминиумска легура, ASUS A53E нуди ексклузивна комбинација од технологија и стил.

26 Nikon Coolpix S3100 Боите на виножитото

Компактноста по дефиниција подразбира одлична мобилност и лесна манипулација со уредот. Nikon, оваа теорија одамна ја реализираше во практиката, а овој пат само го докажува тоа.

28 Apple iPod touch iPod Touch во IV одделение

Ги пронајдовме сите нови можности на Apple на едно место, во новиот iPod touch. Забавата е повеќе од доволна причина за Apple да произведе уникатен производ кој сега ја живее својата четврта генерација.

30 Gigabyte P67A-UD3-B3 Основа за неизбежен успех

Gigabyte P67A-UD3-B3 е матична плоча која е дизајнирана и конструирана да испорачува извонредни перформанси опфаќајќи ги сите компјутерски потреби.

Nokia Е6 е најновиот бизнис-модел на Nokia кој воедно е првиот со најновата верзија на оперативниот систем Symbian (Symbian Anna) и првиот од Е-серијата кој има VGA екран. QWERTY тастатурата во комбинација со моќните технички карактеристики ги задоволуваат потребите на сите оние што имаат потреба од еден ваков „messenger“ уред.

> Интернет 39 OnLive Cloud gaming

За да гледате клип на YouTube, сè што треба да направите е да изберете нешто од листата и започнувате со непречено гледање на материјалот. Дали би ја сакале истата ефикасност кај игрите, без да се малтретирате со инсталирање игри или нивно неколкучасовно преземање од интернет?

> Софтвер

47 Webroot AntiVirus with Spy Sweeper 2011 Ги уништува од корен штетниците!

Денешните корисници знаат што значи да поседуваат антивирусен софтвер. Понекогаш тоа подразбира и напредни пакети како огнен ѕид, систем за справување со спајвери, детекција на rootkits, онлајн бекап сервис и ред други мерки за побезбеден компјутер. Звучните имиња од типот на Kaspersky, Norton, BitDefender, NOD32, Avast неретко им прават „сенка“ на оние апликации со помала маркетиншка помпа или можеби со непредизвикувачки имиња.


НАСТАНИ

Работилница за обновливи извори на енергија Од 2 до 9 мај во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии се одржа работилница за обновливи извори на енергија под мотото Feel The Energy, организирана од EESTEC. Учесници на настанот беа дванаесет членови на локалните комитети на EESTEC од цела Европа, како и студенти од Факултетот кои покажаа голем интерес за овој семинар. EESTEC (Electrical Engineering STudents’ European assoCiation) е невладина и непрофитабилна организација на студентите по електротехника и информациски технологии во Европа. Целта на овој семинар беше учесниците да се запознаат со напредните техноло-

гии во обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. За таа цел беа ангажирани најдобрите професори, експерти од индустријата и членови на МАНУ. Според експертите, географската позиција на Македонија е поволна за користење на сончевата енергија како извор на топлина. Токму затоа оваа тема беше опфатена како една од поинтересните. Како конкретен пример за искористување на обновливите извори на енергија во Македонија беа потенцирани ветерниците во гевгелиско-валандовскиот регион. Се надеваме дека овој семинар ќе придонесе во информирањето за обновливите извори на енергија и подигнувањето на еколошката свест во Македонија.

Поддршка за младите со силни претприемачки идеи Во рамките на 4-та Глобална недела на претприемништво под мотото “Од идеја до бизнис за 54 часа“ од 24 - 26 Јуни на Универзитетот ФОН во Скопје, ПСМ Фондација ќе го одржи првиот Startup Weekend, настан за генерирање на иновативни идеи и нивна трансформација до успешен бизнис модел. Startup Weekend е интензивен 54 часовен настан кој ќе се фокусира кон креирање на мобилни, десктоп или интернет решенија кои понатаму би можеле да се трансформираат во продуктивен бизнис. Младите луѓе кои ќе аплицираат ќе имаат 60 секунди да ја презентираат идејата, по излагањето, за идеите кои ќе бидат изгласани како најдобри ќе се формираат тимови кои ќе ја формираат идејата во прототип на производ кој би можел да прерасне во компанија или проект. Најдобрите тимови ќе бидат наградени во насока на остварување на нивната бизнис идеја и дооформување на нивниот продукт. Startup Weekendот е дел од Глобалната недела на претприемништво која има за цел да го развие претприемништвото на повисоко ниво. Целта е да се говори и работи на развивање на свеста за претприемништвото преку цела го-

дина, а не само една недела. Преку вакви настани ќе се поттикнат младите да започнат со свој бизнис и ги реализираат своите идеи, бидејќи во секоја држава младите се двигател на позитивните промени во секоја сфера, посебно во економијата. ПСМ Фондацијата има цел да го зајакне иновативниот систем во Македонија со стимулирање на претприемништвото и преточување на бизнис идеите на младите во реалност. Тоа подразбира креирање нови фирми, нови вработени и поддршка на свежи бизнис идеи, како и поставување мост помеѓу постоечките понуди од образовните институции и потребите на бизнис секторот. Повеќе информации можете да добиете на линкот http:// skopje.startupweekend.org/

„ТДК Компјутери“ со новата гама на Lexmark

На 27 април во ресторанот „Воденица“, претставниците од „ТДК Компјутери“ и неколку регионални менаџери ги презентираа новите модели на производите Lexmark. На почетокот, краток говор имаше Петар Петровски – продукт-менаџер за Lexmark, а потоа презентацијата ја започна Андреас Киликас, генералниот менаџер за Lexmark во регионот. Тој ја прикажа моментната понуда на Lexmark и идните аспирации на компанијата. Во своето излагање ги

8

www.enter.net.mk

прикажа условите за соработка со команијата кои се многу поволни, а потоа ја претстави позицијата на компанијата со своите производи во клучните бизниси. Беше направен осврт на квалитетот на нивните производи и одличната сервисна поддршка која успева за 24 часа да ги отстрани сите грешки кај уредите кои се користат во малите бизниси. Подоцна, презентацијата ја продолжи Георгиус Антони кој конкретно ги презентираше новите модели на иглични, ласерски, мултифункциски и инкџет-печатачи. Тој ги претстави предностите на Lexmark во однос на конкурентите, како на пример, намалени трошоци за печатење, зголемување на продуктивноста на корисниците на нивните уреди и еколошки прифатливите материјали

кои се користат за изработка. Беа истакнати предностите на безжичното поврзување кое сè почесто се применува во Lexmark уредите, дуплекс печатењето и user friendly интерфејсот „e-task“ кој најчесто се користи со екрани на допир во колор-изведба. Меѓу другото, беше напоменато дека оваа компанија вложува во намалување на т.н. скриени трошоци за кои останатите производители многу малку зборуваат, а всушност претставуваат голем товар за крајни-

те корисници. По нивните излагања се одржа коктел и лотарија и притоа „ТДК“ подари неколку вредни уреди од гамата на Lexmark.

Ивица Анѓелески


АКТУЕЛНО

OCZ Revo Drive PCI Express 120GB

F1 автобус Ако тесното грло во секој систем до денес беше хард-дискот, оваа меморија ќе ја започне ерата на супербрзите дискови кои повеќе нема да бидат пречка за постигнување на високи резултати. Ви го претставуваме OCZ Revo Drive – Solid State диск кој се приклучува на PCI Express x4 портата. Неодамна во нашата земја го забележавме овој диск кој ветивме дека ќе го тестираме само во хај-енд околина како што е втората генерација на Intel Core процесори. Речено-сторено. Склопивме конфигурација која „со душа“ чекаше на ова парче меморија. Со оглед на ограничувањето на PCI Express x4 слотот кој има максимална пропусност од 16 Gbps, можностите што ни ги нуди дискот се неограничени. Кога за прв пат ја позајмивме меморијата, ја приклучивме на постара плоча со Intel P35 чипсет,

но и по инсталацијата на драјверите, форматирањето на дискот заглавуваше уште при самиот почеток. Кога ја приклучивме на плоча со Intel P67, ги зачувавме драјверите на USB и во менито за инсталација ги избравме како драјвери за овој диск. Windows 7 64bit беше инсталиран за неколку мигови и картичката беше подготвена за акција. Картичката базира на Sandforce SF1200 контролерите кои ги препознаваат двете партиции со по 55 GB. Токму така! Две партиции од по 55 GB во RAID 0 конфигурација ги обезбедуваат максималните перформанси кои, според Windows experience индексот, дадоа максимална оценка од 7,9. Да почнеме од стартувањето на компјутерот. Досега, најкусото време за подигање на оперативен систем што сме го забележале е 14 секунди кај

Apple MacBook Air генерација 2 со MAC оперативен систем. Овој десктоп-систем што ние го подготвивме целосно се подигна за 15 секунди по POST пораката од BIOS-от. Импресивна бројка за Windows оперативен систем, нели? За тестирање на уредот го користевме SiSoftware Sandra Disc benchmark кој ни даде резултат од 489,8 MB/s, а времето на пристап до податоците по случаен избор беше околу 66 μs. Останатите резултати од игри можете да ги забележите во темата на бројот, каде што во истата конфигурација ја користевме оваа картичка. Позајмено од „Макс Компјутери“. Ивица Анѓелески

OCZ RevoDrive Достапни капацитети: 50 GB, 80 GB, 120 GB, 180 GB, 240 GB, 360 GB, 480 GB Капацитет и интерфејс: 120 GB PCI-Express interface (x4) Користење: Примарен boot диск или диск за Backup RAID: Внатрешен RAID 0 Димензии: 181,07 (L) x 21,59 (W) x 125,08 mm (H) Отпорност на удари: 1500 g Време на пребарување: 0,1 ms Работна температура: 0°C ~ +70°C Температура на складирање: -45°C ~ +85°C Потрошувачка: 3 W во режим на мирување, 8 W во режим на работа

Најниска вредност 403,55 MB/s.

Животен век: 2.000.000 часови

Највисока вредност 503,3 MB/s.

Гаранција: 3 години


Тема на бројот Тест на графички картички

Војната продолжува

Графичка картичка... Гладот за перформанси никогаш не запира... Делот од хардверот кој секој гејмер најмногу го почитува. Ако сте еден од нив, прочитајте какви резултати добивме на мегатестот на најдобрите графички картички што може да се најдат на нашиот пазар. Уживајте!

Графичкиот процесор е комплексно коло кое е дизајнирано да манипулира и преместува податоци на таков начин што ќе го забрза приказот на сликите во фрејм-баферот кој е наменет за приказ на екранот од компјутерот. Видеокартичка е експанзиона картичка чија функција е да генерира слики на екранот. Повеќето графички картички нудат и други функции како што се забрзано рендерирање на 3Д и 2Д сцени, снимање на видео, MPEG2/4 декодирање и сл. Но, овие уреди се користат сè повеќе од страна на гејмерите кои бараат приказ на сликата во висока резолуција, а сето тоа прикажано на екранот со брзина која нема да се забележи дека е помала од бројот на слики што ги гледа човечкото око. Тоа значи дека секое видео што го гледаме на екранот се состои од голем број слики кои графичкиот процесор претходно ги генерира. Но, графичката картичка и графичкиот процесор не би функционирале онака како што треба ако нема добра комуникација со „останатиот свет“ од компјутерскиот систем (магистрала, процесор, рам-меморија,...). Графичките процесори не се користат само во десктоп-компјутерите, туку во последно време сè повеќе се наоѓаат во таблеткомпјутерите, мобилните телефони, работни станици и играчките конзоли. Во 1983 година Intel го пушти во употреба првиот графички контролер чија намена беше ограничена на индустриските системи базирани на Multibus стандардот. Картичката била базирана на 82.720 графички контролери и имала функција да ја зголеми брзината на исцртување на линии, лакови, четириаголници и алфанумерички знаци. Подоцна,

10

www.enter.net.mk

во 1985 година Commodore Amiga бил првиот персонален компјутер кој имал сопствен графички процесор. Овој процесор поддржувал исцртување на линии, обојување на области, а поседувал и можност за забрзување на движењето на произволни точки. Во 90-тите беа актуелни графичките процесори од S3, додека во 2000 година се појавија првите ривалства помеѓу производителите на графички картички, Nvidia и ATI. Тест-компјутерот на кој ги вршевме сите споредби на графичките картички беше со матична плоча со Sandy Bridge технологија, т.е. процесор од најновата – втора генерација на Intel Core модел i5-2500. Иако box пакувањето од процесорот нуди солиден кулер за него, го користевме V8 кулерот од Cooler Master. Матичната плоча што ја користевме беше ASUS Sabertooth со чипсетот P67 кој во овој случај е подобра опција од H67, пред сè, поради можноста за оверклокување. Користевме две плочки од по 2 GB DDR3 системска меморија Kingston Hyper X со брзина од 1.600 MHz. За моќна конфигурација следува и моќно напојување, па така имавме 700 W напојување од Cooler Master модел Silent Pro 700. Во врска со хард-дискот, внимававме да биде нешто навистина посебно, па така го искористивме OCZ Revo Drive за кој може да прочитате кратка рецензија во овој број. Дискот е Solid State со капацитет од 128 GB, а се поврзува преку PCI Express x4 слот со што комуникацијата со матичната плоча се одвива со брзини и до 500 MB/s. Сите овие елементи беа спакувани во Cooler Master HAF X куќиште, кое се наоѓа на врвот на гејмерски куќишта од овој реномиран производител. Резултатот од тестот за Windows Score беше 7,5, според најниската освоена оцена за рам-меморијата, додека сите останати делови добија максимална оценка 7,9 (максималната оценка според Windows).


Овој графички процесор беше пуштен во употреба во октомври 2010 година. Многу различни производители направија своја верзија на 6870, но фокусот падна врз големите компании, меѓу кои и ASUS. Ова е една од првите верзии на Radeon графички картички кои го избегнаа веќе познатиот дизајн со комплетно покриена графичка картичка. Новата технологија на ASUS – Direct CU, покрај големиот број nVidia графички картички, сега се најде и на овој графички процесор. Интересно е тоа што картичката има ладилници од двете страни, од едната страна активно, а од другата страна пасивно. За поврзување во Crossfire постои еден конектор што значи дека може да се поврзат максимум две картички. Врската со екранот може да биде остварена преку два DVI приклучоци или две Display Port. Производствениот процес на овој графички процесор е со големина од 40 nm, a картичката има 1 GB меморија со ширина на собирницата од 256 бита. Површината на јадрото е околу 255 m², што е прилично мала површина доколку ја споредиме со GTX460 која има 370 mm². Интересно е што оваа картичка е однапред оверклокувана и брзината на јадрото е подигната на 915 MHz, додека брзината на меморијата е 1.050 MHz. За напојување на оваа „машинерија“ се потребни два 6-пински PCI Express напонски конектори. Температурата измерена на картичката во режим на нормална работа изнесуваше 30-тина Целзиусови степени, додека во режим на оптоварување измеривме температура од 62 степени. Според производителот, намалувањето на температурата на оваа картичка во однос на конкурентите е за околу 35 степени и би требало да резултира со 2,5 пати подолг животен век. Во случај на прегревање, картичката има осигурувачи кои се вклучуваат, т.е. ја исклучуваат картичката до моментот кога температурата ќе опадне до нормалната вредност. Максималната резолуција што може да ја постигне оваа картичка е 2.560 х 1.600 пиксели.

Уште на почетокот да напоменеме дека GTX560 Ti е, всушност, чипот GF114 со мали измени кои му овозможуваат зголемени брзини со намалена потрошувачка на енергија. Имено, станува збор за картичка која има потрошувачка од околу 170 W, а за задоволувањето на нејзиниот апетит се грижат двата 6-пински PCI Express напонски конектори. Производствениот процес на процесорот е во 40nm технологија и има 1,95 милиони транзистори, а капацитетот на меморијата е 1 GB со пропустливост од 128 GB/s. За поврзување со монитор користи Dual Link DVI конектори, а присутен е и mini HDMI конектор. Низ HDMI конекторот е овозможен пренос на звук со Dolby True HD и DTS-HD Master. Картичката има два вентилатори кои, според нашето искуство, немаа голема улога затоа што максималната температура во режим на полна оптовареност беше околу 53 Целзиусови степени, додека во режим на мирување беше околу 27 степени. Ова се должи, пред сè, на Direct CU технологијата на ладење со која ASUS дефинитивно направија бум во светот на системите за ладење. Од серијата 400, па понатаму, со nVidia доаѓа и технологијата nVidia 3D Surround која овозможува, со посебни драјвери, да се гледа содржината на три екрани симултано со цел да се зголеми гејмерското искуство во неверојатна 3Д околина. Но, да не се лажеме, пионерот во оваа технологија е, секако, ATI со Eyefiniti. Се прашуваме дали nVidia воопшто би ја примениле оваа технологија ако не беше ATI? Нивото на бучава не е предмет на разгледување затоа што картичката во режим на оптоварување и висока температура постигнува 40 dbA што е прилично тивко.

HD6970 е прилично добро позициониран графички процесор во поглед на перформансите што ги постигнува. Својот претходник, HD6870, го надмина со огромна разлика, а според некои направени тестови, оваа картичка во Crossfire едноставно е недостижна. Пакувањето на оваа, како и на сите останати картички од ASUS, е буквално „со сите нишани“. Одлично е заштитена од удари, а во пакувањето ќе ги најдете и сите останати кабли за напојување и поврзување во Crossfire. За разлика од останатите Direct CU картички, оваа има класично ладење и при вклучување на компјутерот врши самотестирање и ги постигнува максималните вртежи на вентилаторот, па покажува каква би била кога би била максимално загреана. Но, за среќа, големиот ладилник и вентилаторот играат голема улога, па нивото на бучава во текот на нашето тестирање беше околу 60 dbA, што сепак не е за пофалба во споредба со останатите картички. Температурата на картичката се движеше од 37 до 70 степени, во режим на мирување и во полна оптовареност, соодветно. Технолошкиот процес на изработка на графичкиот процесор е 40nm, а целокупната потрошувачка е од 181 W во режим на мирување, па сè до 362 W во режим на потполна оптовареност. Температурата на картичката достигна до 74 Целзиусови степени, што е уште еден фактор што треба да се земе предвид при оценувањето затоа што во споредба со nVidia, Radeon графичките картички имаат многу повисоки температури. Картичката, преку опцијата Voltage Tweak, нуди можност да се оверклокува за дополнителни 50% подобри брзини и перформанси, а со сето ова и поголема сатисфакција.

Direct CU

Оваа технологија развиена од ASUS овозможува преносот на топлина да не се врши на алуминиумска плоча која потоа ја одведува топлината преку бакарни цевки, туку да се одвива директно на овие бакарни цевки за да не се задржи топлината во плочата за предавање на топлина. Аналогно на ова, може да забележите дека во називот „Direct CU“, CU e хемискиот знак за бакар, па оттаму и ова име. Резултатите од оваа технологија се видливи, а во текот на нашето тестирање забележавме голема разлика помеѓу 6870 која има Direct CU и 6970 која користи класично ладење. Видно пониска температура, а и ниво на бучава.

ASUS Radeon HD 6870

ASUS GTX560 Ti

ASUS Radeon HD 6970

Видеомеморија: 1GB GDDR5

Видеомеморија: 1GB GDDR5

Видеомеморија: 2GB GDDR 5

Брзина на јадрото: 915 MHz фабрички OC

Брзина на јадрото: 900 MHz

Брзина на јадрото: 890 MHz

Брзина на меморијата: 4.200 MHz

Брзина на меморијата: 4.200 MHz

Брзина на меморијата: 5.500 MHz

Мемориски интерфејс: 256 bit

Мемориски интерфејс: 256 bit

Мемориски интерфејс: 256 bit

Приклучоци: DVI + HDMI + Display Port

Приклучоци: DVI + HDMI

Приклучоци: DVI + HDMI + Display Port

Големина: 2U (24 x 12,7 cm)

Големина: 2U (22,8x11,1cm)

Големина: 2U (22,8 x 12,7 cm)

Број на Cuda јадра: /

Број на Cuda јадра: 384

Број на Cuda јадра: /

Цена: 13.420 денари

Цена: 14.000 денари

Цена: 20.200 денари www.enter.net.mk

11


Актуелно

Facebook ja зголемува самодовербата?!

Иако звучи чудно и нереално, сепак, колку и да го сакаме или мразиме Facebook, тој има добро влијание на нас. Во студијата наречена „Ефектите од изложеноста на Facebook и самодовербата: ефектот „огледалце, огледалце“ на ѕидот на Facebook“ што ја направиле A.L Gonzalez и J.T Hancock, истражувачи од универзитетот Cornell, велат дека можеби „дремењето“ на Facebook нема да направи да се чувствуваме подобро, меѓутоа го подига нивото на самодоверба, за разлика од корисниците кои не користат Facebook или некои други социјални мрежи.

14

www.enter.net.mk

Испитаниците биле изложени на два типа тестирањe. Во првиот тест одредено време поминале на Facebook, a во вториот – пред огледало. Интересно е тоа што самодовербата била поголема кога поминувале повеќе време на својот FB профил, отколку кога своето време го поминувале гледајќи се во огледало. Резултатите од испитувањата при ефектот „огледалце-огледалце“ се тотално поинакви од негативните импресии што се пласираат за користењето на Facebook. Можеби вашите пријатели ве нарекуваат „Facebookзависник“, меѓутоа во никој случај не сфаќајте го тоа во негативна конотација. Иако мејнстрим-медиумите речиси секогаш ги потенцираат негативностите од „прекумерното“ користење на интернет и секогаш го потенцираат терминот „зависност“ во своите текстови, сепак никогаш не направиле вистинско разграничување во однос на различните типови на користење на интернетот, како што е многу време поминато на социјалните мрежи. Истражувачите од Cornell конкретно го користат Facebook во своите истражувања со цел да утврдат дали постои или не корелација помеѓу користењето на овој сајт и евентуалниот негативен импакт во психосоцијалната благосостојба на корисниците.   Огледалце, огледалце Со помош на овој ефект e дојдено до заклучок дека во ниеден случај користењето на интернет не доведува до намалување на нивото на самодоверба, меѓутоа нè прави посвесни за самите себе, на начини на кои претходно воопшто не би се сетиле дека постојат. „Резултатите

од експерименталниот тест од овие хипотезни теми посочуваат дека „хиперперсоналниот ефект“ и селективната самопромоција на социјалните сајтови, всушност, им го покачуваат нивото на самодовербата на испитаниците. Овие податоци сугерираат на тоа дека интернетот создава еден вид уникатни и специјални нивоа на самосвест кај поединците, кои очигледно се разликуваат од оние во „офлајн“ околина. Со цел да се разбере, односно докаже ова тврдење, на учесниците во експериментот им е кажано да ги набљудуваат своите фотографии на профилот. Така, Hanckock и Gonzalez користат контрасни хипотези да утврдат дали Facebook ја зголемува самодовербата или не. „Резултатите упатуваат на тоа дека корисниците стануваат „повеќе“ свесни за себе кога се на својот Facebook профил или ја гледаат својата фотографија, а со самото тоа се покачува нивото на самодоверба. Корисниците кои почесто си ги менувале фотографиите додека траел експериментот покажале поголема самодоверба, со што само се поткрепува претходно прикажаниот „хиперперсонален модел“ на самодоверба. Да, користени се вистински огледала Сепак, иако допрва треба да следуваат демонстрации на сознанијата за тоа дали и како Facebook влијае на самодовербата на личноста, сепак сите студии слични на „огледалце, огледалце“ ја потенцираат врската на самодовербата со Facebook. Но, ниедна студија досега не се обидела да ја утврди врската помеѓу „изложеноста“ на Facebook и влијанието на личноста. „Всушност, неодамнешната студија на истражувачите на Computer Mediated Communication (CMC) индицира на позитивна врска помеѓу Facebook и самодовербата. Имено, Facebook го користат најмногу нарциси, индивидуи со неприродна, но нестабилна самодоверба, со цел – самопромоција (Buffardi и Campbell, 2008). Корисниците со ниско ниво на самодоверба, практично имаат и бенефит од Facebook, при што „градат“ што поголема социјална мрежа за себе (Ellison et al., 2007).

Мапа на Facebook пријателства

Конечно, фидбекот што го добиваат корисниците од своите пријатели влијае на нивната позитивна, но зголемена самодоверба. Позитивниот фидбек е во корелација со високата самодоверба, а негативниот фидбек е правопропорционален со ниското ниво на самодовер-

ба (Vulkenburg et al., 2006)“. Следниот пат кога ќе почувствувате дека несигурноста и депресијата ве напаѓа, логирајте се на Facebook и веднаш на вашиот профил. Поради фактот дека информациите што ги споделувате на вашиот профил се оние избраните, „зјапањето“ во вашата фотографија, всушност, е добро за вас. Со самото тоа што не ги постирате фотографиите што не ви се допаѓаат, односно оние што ги мразите, оние од кои се срамите, вашиот профил на Facebook е најубавото, најрозовото, најсимпатичното место на кое се рефлектирате, односно се презентирате себеси како идеална индивидуа. Исто така, корисниците сметаат дека ваквите внимателно „култивирани“ профили и себепромовирања на интернет се добра можност за „реална“ рефлексија на нивните идентитети. Иако повеќето корисници го мразат, го плукаат, го омаловажуваат онлајн „животот“ на Facebook, и тие самите поголемиот дел од денот го поминуваат пред, како што тие го нарекуваат, модерното „олицетворение на ѓаволот“. Позитивните работи беа искажани, но каде се негативностите од користењето на Facebook? Не постои ниту една официјална студија, така што, во очекување на некоја таква, останува да „дремеме“ на Facebook и да се сакаме себеси.   На крајот на краиштата, ако не се сакаме и почитуваме себеси, ни на Facebook нема да му биде гајле за нас. Дејан Зафировски


Новиот Vostro 3500 ја поседува графичката картичка GeForce G310M, алуминиумско куќиште и бројни подобрувања и опции, а сето тоа со препознатливиот квалитет на Dell.

Dell Vostro 3500

Крилја за вашиот бизнис Во палетата на производи за мали бизниси, лаптоп-компјутерите од фамилијата Vostro зрачат со својот сјај. Ако барате евтина бизнис-алатка со висок квалитет, тогаш ние ви го препорачуваме Vostro 3500. Моделот за кој ние пишуваме има 15,6-инчен

Работниот век на батеријата со рее прилично долг дисплеј золуција од

1.366 x 768 пиксели, Intel Core i3 370M процесор, 320 GB хард-диск и 3 GB системска меморија. Куќиште Куќиштето на Vostro 3500 се изработува во три различни бои – сребрена, бронзена и црвена. Изработено е од алуминиум во комбинација со пластика, а изработката на целокупниот уред е со веќе препознатливата прецизност на Dell. Благодарејќи на овие материјали, при отворање и затворање на екранот не може да се забележат девијации во сликата и боите, дури и кога ќе се притисне повеќе од потребното. Делот наменет за потпирање на зглобовите од дланките е изработен од специфичен материјал кој

не се аби, а температурата на делот кај тач-падот во режим на максимално оптоварување е околу 40 степени. Уредот не може да се пофали со својата дебелина од 31 mm, но не може ниту пак да кажеме дека е премногу робустен затоа што неговата тежина изнесува 2,45 kg заедно со батеријата. Поврзување Од предната и задната страна нема да пронајдете ниту еден приклучок што, според нас, е одлична поставеност затоа што тоа се деловите кои се најизложени на удари и притисок доколку лаптопот често го „шетате“ низ дома и во креветот. Нема да ги набројуваме класичните влезно/излезни приклучоци, туку само ќе ги споменеме HDMI и eSata приклучоците коишто не ги поседува секој преносен уред. Уреди Она што веднаш паѓа в очи кога ќе го отворите лаптопот е големата тастатура која нема нумерички дел. За некого недостаток, за некого не, отсуството на нумеричка тастатура може да се замени со дел од стандардната таста-

тура. Над тастатурата се наоѓа панел, кој е осетлив на допир, за контрола на мултимедијалната содржина. Замислата за ваква контрола се покажува како полн погодок заедно со визуелните светлечки ефекти при нивната работа. Тач-падот има поддршка за мултитач гестикулации доколку претходно нив ги овозможите во софтверот кој нуди уште неколку интересни опции. За жал, мултитач способностите се однесуваат на scrool лево/десно и горе/долу, но не и zoom in/out како што е случај со некои од најновите хај-енд лаптопи. Екран Екранот на Vostro 3500 има резолуција од 1.366 x 768 пиксели и има LED заднинско осветлување. Неговата површина е прекриена со AR (антирефлективен) слој кој е карактеристичен за бизнис-уредите. На тестовите за осветленост, максималниот резултат на осветленост е 224 cd/m², а просечната осветленост изнесува 201 cd/ m². Најниската вредност е околу 190 cd/m², а контрастот изнесува околу 181:1. Гледањето во екранот причинува големо задоволство особено доколку работите на светло затоа што екранот нема да го направи ефектот „огледало“ што го имаат 99% од лаптопите на нашиот пазар. Хардвер и перформанси Како што кажавме и на почетокот, овој лаптоп не може да се пофали со „хај-енд“ делови, но затоа може да се пофали со квалитет кој е потврден со тригодишната

гаранција што Dell ја нуди на своите купувачи. Она што со сигурност може да го потврдиме е дека Vostro 3500 може одлично да се справи со Windows 7 и секојдневните бизнис-алатки што ги користи еден обичен корисник. Во ниту еден момент не забележавме дека температурата е предмет на загрижување, па во текот на работата воопшто нема да бидете вознемирувани од

вентилаторот. Работниот век на батеријата е прилично долг со оглед на тоа дека нема хардверски компоненти кои имаат голема потрошувачка. Четири часа би требало да се сосема доволен период за работа со стандардната батерија во режим на сурфање, работа во Microsoft Office и слични активности. Dell Vostro 3500 на хартија изгледа како многу други лаптопи, но неговиот „кец од ракавот“ се сосема други карактеристики кои ретко може да се најдат кај останатите. Проверете и самите зошто e тоа така! Ивица Анѓелески Dell Vostro 3500 Дијагонала на екранот: 15,6 инчи Резолуција: 1366х768 пиксели Процесор: Intel Core i3 -370M Системска меморија: 3GB DDR3 Тврд Диск: 320 GB Графички адаптер: GeForce G310M

Тач-падот има поддршка за мултитач гестикулации

Цена

HHHHH

Дизајн

HHHHH

Перформанси

HHHHH

Опции

HHHHH

Мoбилност

HHHHH

ОЦЕНА

HHHHH www.enter.net.mk

17


Full HD 1920 x 1080 p LCD дисплеј

Хардвер Philips 241E1SB

Прозорец кон светот Уживајте со овој атрактивен 24” FullHD монитор кој нуди одличен квалитет на екранот. Со DVI и VGA влезови, автоматско форматирање, SmartContrast и сјајна завршница, Philips 241E1SB нуди огромен избор за да ги задоволи сите ваши потреби.

18

www.enter.net.mk

Целокупниот добар квалитет на сликата кај еден монитор е резултат од повеќе предуслови: квалитетен панел, висока резолуција, добар контраст и осветленост, секако, и добар дизајн. Во рамките на својата E-серија, Philips нуди низа квалитетни екрани, меѓу кои е и моделот 241E1SB кој имавме можност да го позајмиме од „АМЦ“. Она што го прави навистина добар избор токму Philips 241E1SB, покрај одличните предуслови, е и

мена од активна (црна) во неактивна (бела) и повторно назад, на активна (црна). Во случајов, петте милисекунди на панелот се сосема доволни без разлика дали на мониторот се гледа содржина во вид на текстуални документи или, пак, видео содржина. Ако сакате LCD дисплеј со многу висок контраст и многу живи бои, Philips нуди напредна видеообработка во комбинација со SmartContrast технологијата која ќе го зголеми контрастот до одлична црна боја. Ширококапацитетната дигитална заштита на содржината или HDCP е систем за заштита на авторските права која е инкорпорирана во DVI конекторот. Тоа помага при неовластено копирање на авторски содржини, но исто така дозволува и да се гледаат содржини кои се заштитени, како на пример, филмови и музика. Всушност, со овој начин на проверка на сигналот се спречува пиратеријата на медиумите со што се дозволува пуштање само на правни копии од содржини. Зад Philips 241E1SB стои логото на Energy Star 5.0. Тоа значи дека зад овој модел на Philips постои сертификат кој гарантира дека производот ги задоволува најновите стандарди и работи со енергетска ефикасност со која ќе работи со максимална ефикасност во секое оперативно ниво. Philips 241E1SB не само што ги исполнува, тој и ги надминува стандардите што ги гарантира Energy Star 5.0, па така на пример, во режим на мирување Energy Star 5.0 бара помалку од 1 W потрошувачка, а овој модел на Philips има потрошувачка која е помала од 0,5 W. Двојната можност за влез кај Philips 241E1SB обезбедува конектори кои

Екстра поволна цена поволната цена на која ретко кој би можел да одолее. Мониторот има и елегантен дизајн кој го следи сјајна црна завршница. Големината на дијагоналата на екранот е 24”, а резолуцијата е FullHD. Тоа овозможува најдобар можен квалитет на сликата од кој било формат на HD влезен сигнал. Од друга страна, високиот контраст и брилијантната слика без треперење нудат енергична и остра слика која ќе ви обезбеди одлично доживување при гледањето. On/off времето на одѕив е периодот што е потребен за течните кристали да направат про-

5 ms on/off време на одѕив

може да се приспособат за внес и на аналоген VGA и дигитален DVI сигнал. Како позитивна карактеристика ќе ја наведеме и лесната контрола на сликата и префрлувањето од 4:3 формат на широк екран и обратно што може да се врши и автоматски. Зад Philips 241E1SB стои и логото кое докажува дека моделот е целосно компатибилен со оперативниот систем Windows 7. Ова е монитор што го препорачуваме секому. Станува збор за квалитетен панел со одлични технички карактеристики. Примамливата цена, пак, е причина повеќе да не го заобиколите. Квалитетната слика и можностите што ви ги нуди во комбинација со одличниот дизајн го прават вистински избор кој дефинитивно треба да се најде на вашата Must-have листа. Позајмено од „АМЦ“. Драгана Миладиновиќ Philips 241E1SB Екран: 23,6“ 1920 x 1080 @ 60Hz LCD Големина на пиксел: 0,272 x 0,272 mm Агли на гледање: 176º(H) / 170º(V) Осветленост: 300 cd/m² Контраст: 25.000:1 Време на одѕив: 5 ms Поврзување: VGA, DVI Цена

HHHHH

Дизајн

HHHHH

Перформанси

HHHHH

Опции

HHHHH

ОЦЕНА

HHHHH

Предност: одлична цена, Full HD резолуција, голема дијагонала, дигитален влез, супер дизајн. Недостаток: не е вклучен DVI кабел во пакетот .


Хардвер

Archos таблет-компјутери Archos 70 & Archos 101

Archos 101 е еден од неколкуте Android 2.2 таблет-компјутери кои поседуваат голем 10,1-инчен екран и уште многу дополнителни работи како предна VGA камера, Mini-HDMI порта, USB приклучок и читач на microSD мемориски картички. Навистина импресивно! Ако сметате дека 10,1-инчен таблет-компјутер е преголем за вашите потреби, тука е Archos 70, неговиот помал 7-инчен брат со кој се разликуваат најмногу по димензиите.

совршени ултрапреносни таблет-компјутери Archos 101

За разлика од многу други Android таблет-компјутери што сме имале можност да ги запознаеме и тестираме, сите со цел да бидат конкурентен модел на познатиот iPad, Archos 101 е, всушност, првиот таблет-компјутер што ни падна во раце, а кој изгледа навистина добро во споредба со iPad на Apple. Со своите димензии, Archos 101 наликува на вистински таблет-компјутер, а не на смартфон со зголемени димензии. Има должина од 270 mm, што е за 30 mm подолго од Apple iPad, но она што веднаш ќе го забележите е тежината која овој пат е само 480 грама, што придонесува за поголема удобност при неговото користење. Значајно намалената тежина во однос на iPad-от се должи на материјалот од кој се состои куќиштето кое наместо од комбинација со алуминиум е направено главно од висококвалитетна пластика. Сепак, во сржта на конструкцијата се крие челик, што е одговор на прашањето: што е тоа што го прави овој таблет-компјутер толку цврст. Кога сме кај дизајнот на куќиштето, кај овој модел Archos се тргна малку настрана од типичните Android скрипти за поврзување, па сите порти за приклучување кај овој модел се сместени од левата страна. Па, така, на едно место ќе ги пронајдете USB приклучокот, Micro-USB приклучокот, Mini-HDMI приклучок и читач за microSD мемориска картичка. Од истата страна се приклучокот за слушалки, како и приклучокот за адаптерот за напојување и копчето Power. Од предната страна на таблет-компјутерот нема да пронајдете ниеден тастер, a сè што има покрај дисплејот е интегрирана VGA камера. Што се однесува до техничките карактеристики, Archos 101 е придвижуван од ARM Cortex-A8 со работен такт од 1 GHz во комбинација со 3D OpenGL ES 2.0 графика. Екранот кој има дијагонала од 10,1” е капацитивен со мултитач поддршка и има природна резолуција од 1.024 x 600 пиксели. Острината и спектарот на боите е импресивен, па гледањето филмови или фотографии е уште едно пријатно искуство со овој таблет-компјутер. Кога сме кај фотографиите, да споменеме дека тука ќе ја најдете и апликацијата Photo Frame, која интуитивно ве насочува кон користење на овој таблет-компјутер како рамка за фотографии, за што дополнително е вграден и држач на задната страна од уредот. За преглед на фотографиите, тие не мора да бидат зачувани локално на меморијата, туку имате можност да пристапувате кон сите фотографии што се наоѓаат на уредите во вашата мрежа или, пак, на некој од популарните интернет-сервиси како што се Flickr, Picasa или Facebook. Исто така, имате овозможен пристап и до вашите видеа во мрежа, а поддржани се поголемиот број видеоформати што ги знаеме. Интегрираната флеш-меморија со капацитет од 16 GB е сосема доволна за уред од овој тип. Бидејќи безжичната комуникација ни е многу важен фактор кај уредите од овој тип, Archos може да се пофали со 802.11b/g/n поддршка како и Bluetooth 2.1+EDR поврзување. Единствениот хендикеп што го забележавме кај овој Android таблет-компјутер е отсуството на фабрички инсталираниот Android Market, но затоа AppsLib маркетот е совршена алтернатива. Вградената батерија, пак, е навистина голема предност за овој модел, овозможувајќи ви да сурфате до максимални десет часа.

20

www.enter.net.mk

Archos 70

Archos 70 е, исто така, Internet таблет-компјутер, а на прв поглед освојува со својот минимализам и современ дизајн. Исто како и Archos 101, изработен е од квалитетна пластика која остава впечаток на сигурен и безбеден уред. На него нема да најдете ниту едно хардверско копче за пристап до менито. За работа ви е доволна интеракцијата со 7-инчниот капацитивен дисплеј. Сепак, од десната страна се наоѓаат копчето Power и копчињата за регулирање на гласноста коишто, исто како и кај Archos 101, совршено го следат целиот дизајн, па ништо чудно да не ги забележите при првиот контакт. Кога сме кај дисплејот, задоволни бевме од солидното ниво и од добрата осетливост на допир, како и од резолуцијата која изнесува 800 х 480 пиксели. Благодарејќи на држачот, кој и кај овој модел е поставен од задната страна, може да ја промените функцијата, па и овој таблеткомпјутер да го користите како дигитална фоторамка. За да ги прегледувате фотографиите, тие не мора да бидат зачувани некаде локално на меморијата од 8 GB. Исто така, имате можност да пристапувате кон сите фотографии што се наоѓаат на уредите во вашата мрежа, а освен тоа и на некои од популарните интернет-сервиси како што се Flickr, Picasa или Facebook. Имате овозможен пристап и до вашите видеа во мрежа, со поддршка на поголемиот број видеоформати што ги познаваме. Преку Mini-HDMI излезот, Аrchos ќе може да го поврзете со вашиот телевизор, a благодарејќи на мини USB излезот и Bluetooth конективноста, ќе може да го користите во комбинација со 3G модем или Bluetooth GPS адаптер. Android 2.2 квалитетно е вклопен во ова мало парче хардвер. Секако, поддржан е Flash 10.1, но официјалниот Android маркет и тука нема да го најдете. Добро е тоа што AppsLib маркетот е совршена алтернатива, па повеќето апликации ќе ги најдете во него. Фронталната камера само го надополнува и онака позитивниот впечаток од ARCHOS 70 Internet Tablet-oт. За ова чудо да работи како што треба, тука се АRM Cortex A8 процесорот на 1 GHz и 3D OpenGL ES 2.0 графиката. Позајмено од „Анхоч“ Драгана Миладиновиќ Archos 70 Процесор: ARM Cortex-A8 1GHz

Archos 101 ARM Cortex-A8 1GHz

Графика: 3D OpenGL ES 2.0

3D OpenGL ES 2.0

Екран: 7‘‘ TFT LCD WVGA 800 x 480p капацитивен мултитач

10.1‘‘ TFT LCD WXVGA 1.024 x 600p капацитивен мултитач

Флеш-меморија: 8 GB flash

16 GB flash

Комуникација: WiFi (802.11 b/g/n), Bluetooth 2.1 EDR

WiFi (802.11 b/g/n) , Bluetooth 2.1 EDR

Димензии: 201 x 114 x 10 mm 300g

270 x 150 x 12 mm 480g

Цена

HHHHH

HHHHH

Дизајн

HHHHH

HHHHH

Перформанси

HHHHH

HHHHH

Мoбилност

HHHHH

HHHHH

ОЦЕНА

HHHHH

HHHHH


сега оптичкио т зум изнесува 5x

Хардвер Nikon Coolpix S3100

Компактноста по дефиниција подразбира одлична мобилност и лесна манипулација со уредот. Nikon, оваа теорија одамна ја реализираше во практиката, а овој пат само го докажува тоа. Погледнете до кој степен е урамнотежен нивниот ритам со ритамот на технологијата. Ви го претставуваме Nikon S3100, минијатурниот но моќен дигитален фотоапарат.

Боите на виножитото Nikon Coolpix S3100 изгледа сосема идентично на претходникот – S3000. На прв поглед, логото Nikon има друга позиција, а и распоредот на функциските тастери на задната страна е променет кон подобро. Како второ и навистина интересно е големиот спектар на бои во кои е достапен единствено Nikon Coolpix S3100. Навистина импресивно, со оглед на тоа дека барањата на клиентите никогаш нема да згаснат. Доволно е само да споменеме некои од боите и веднаш ќе ви стане јасно – сина, црвена, виолетова, сребрена, црна, жолта и розова. Nikon секогаш обрнува големо внимание на дизајнот. Тој на некој начин е негов патент-производ по кој се препознава веќе неколку години. На-

вистина паметно е изработен новиот Nikon Coolpix S3100, без значителни измени во димензиите, но со воведување на одлични детали во и з г л е д о т. Не е тешко да се препознае серијата Nikon Coolpix по малите димензии, тенкото куќиште и фините заоблени рабови. Постојано во ритамот на модата, но сепак сличен на претходните модели. Таков е и новиот Nikon Coolpix S3100, кој потсетува на претходникот S3000, но сепак изгледа поубаво и помодерно. Екранот со големина од 2,7 инчи одлично се вклопува во минијатурното куќиште. Квалитетот на екранот е на завидно ниво со оглед на тоа што овој дигитален фотоапарат припаѓа на основната категорија. На сметка на изгледот, Nikon Coolpix S3100 нуди неколку значителни подобрувања

сензор со големина од 14 мегапиксели

26

www.enter.net.mk

во однос на својот претходник и на конкурентските модели. За почеток, доволно е да го споменеме сензорот со јачина од 14 мегапиксели, кој е причина за крајниот исход – брзи фотографии со одличен квалитет. Подобрување има и кај опцијата за зголемување на објектите, па така сега оптичкиот зум изнесува 5x. Не е изоставена ниту опцијата за HD снимање со звук во 720p видеорезолуција. Ова се само основните предности, но тоа не е сè. Имено, Nikon Coolpix S3100 располага со многубројни софтверски предности, како што се, на пример, детекција за насмевка, корекција на црвените очи, редукција на шум и многу други. Тука е и опцијата subject-tracking, која ќе ви овозможи фокусирање на објектот што сакате да го фотографирате, макар и да е во движење. Сите овие опции може да ги одберете со посебно копче на задната страна, преку многубројните сцени. Nikon Coolpix S3100, исто така, има и antiblur функција, која придонесува за чиста и јасна слика дури и при несакани вибрации во моментот на фотографирање, или познато како оптичка стабилизација на фотографијата. Откако ќе го притиснете копчето

нуди голем број поволности и уште поголем избор на бои

Nikon Coolpix S3100 Сензор: 14 мегапиксели Зум: 5х оптички Дисплеј: 2,7 инчи Видео: HD 720p, 1280 x 820, 30fps Напојување: Литиумска батерија Цена

HHHHH

Дизајн

HHHHH

Перформанси

HHHHH

Опции

HHHHH

Мoбилност

HHHHH

ОЦЕНА

HHHHH

Power, апаратот е во функција по неколку секунди. Ова е особено важно во моментите кога не сакате да пропуштите нешто интересно. Едноставно, брзо и лесно ќе стигнете до фотографијата која ќе го овековечи моментот. А сите знаеме дека секој момент е уникатен и неповторлив. Од Nikon мислеле и на тоа. Nikon Coolpix S3100 е навистина одличен дигитален фотоапарат, претставник на основната класа. Нуди голем број поволности и уште поголем избор на бои. За секого има место под виножитото. Посакајте боја и таа лесно ќе стане дел од вашата реалност. Позајмено од TnT IT Market Гоце Спасовски – Стручњак


Хардвер Apple iPod touch

Ги пронајдовме сите нови можности на Apple на едно место, во новиот iPod touch. Забавата е повеќе од доволна причина за Apple да произведе уникатен производ кој сега ја живее својата четврта генерација.

iPod Touch во IV одделение

сè до технологијата Пикселите се толку мали и густо осетлива на допир. распоредени, што дури ни Импресивна е сликата на iPod touch од четвртата генерација. Тоа е човечкото око не е способно да првенствено поради препознае барем еден пиксел. високата резолуција со најголем број пиксели досе- Center којашто е достапна во новиот га. Пикселите се толку мали и iPod touch. Сега може да додадете погусто распоредени, што дури веќе пријатели во гејминг-мрежата. ни човечкото око не Поканете ги и уживајте! Може да ја е способно да пре- следите и вашата позиција на рангпознае барем еден листата или, пак, да направите потеспиксел. Резултат на група и да поканите одреден број на ова е кристално пријатели за да играте некоја игра. чистата слика со не- Со новиот iPod touch, отсега не само веројатно висок квалитет. што ќе ја слушате омилената музика, Во овој текст нема време и простор Ова навистина ќе им се допадне на туку може и да ја гледате. Дозволете за вовед. Веднаш преминуваме на кавашите очи, а и на оние кои случај- му на Genius енџинот за пребарурактеристиките и новите можности. но или намерно ќе вање на вашата FaceTime е првата карактеристика се загледаат во библиотека од На предната страна на iPod на новиот iPod touch. Таа нуди нов вашиот нов iPod. песни да напраtouch има камера која ве начин на комуникација со пријатеСо новиот iPod ви плеј-листа фокусира вас, а на задната лите. На истиот екран сега може да touch, во секое по автоматизам. страна има дополнителна го гледате пријателот, а исто така и време со вас ќе самите себе, но во значително помакамера преку која може да им Ваше е само да имате одлична HD се опуштите и да ла слика. Со ова Apple ги сруши сите видеокамера. Да го покажете на пријателите она и се препуштите бариери и овозможи пријателство што се наоѓа околу вас. речеме дека сте на на композицијабез граници. Сè што треба да имате е роденденска забата од тонови. Ќе активна e-mail корисничка сметка, за ва и сакате да го снимите најинтерес- слушнете квалитетен, чист и релативда може да креирате Apple ID. Но, дониот момент. Едноставно, вклучете го но моќен звук. колку веќе немате направено e-mail, вашиот iPod touch и снимајте во HD Сето ова спакувано во комплетно тогаш сторете го тоа веднаш, за да ја 720p резолуција. Може да снимате нов дизајн, уште потенок и полесен користите оваа опција. На предната дури и навечер или во слабо осветле- од претходно. Запознајте го новиот страна на iPod touch има камера која ни простории, благодарејќи на сензо- ултратенок iPod touch со дебелина ве фокусира вас, а на задната страна рот за светлина кој е сместен веднаш од само 7,2 милиметри. Рафинираноима дополнителна камера, преку која до камерата на задната страна. то стакло на предната маска е отпорможе да им го покажете на пријателиВреме е да направиме план за игрите. но на удари и те она што се наоѓа околу вас. На овој За таа цел ја имаме апликацијата Game гребење до начин, видеокомуникацијата преку одреден стеинтернет добива нова пен, но ние ви Околу 40 часа аудио и димензија, која ќе им препорачувасе допадне особено на околу седум часа видео тинејџерите, бидејќи тие сакаат најмногу да репродукција. истражуваат. FaceTime ви овозможува да селектирате или да ги менувате камерите зависно од тоа дали сакате во центарот на вниманието да бидете вие или околината. Retina дисплејот на новиот iPod touch е усовршен во секој поглед, почнувајќи од изгледот, преку сликата, па

28

www.enter.net.mk

ме да не експериментирате многу со гребење и фрлање на уредот. Постојат милион причини поради кои нема да сакате да ги тргнете очите од новиот iPod touch. Добро е познато дека надворешната убавина е резултат на внатрешната. Така е и овде. Во внатрешноста успешно е скриен новиот А4 чип на Apple, кој успешно и екстремно брзо ги извршува сите задачи. Неговата задача е да произведе максималApple iPod touch Димензии: 111 x 58,9 x 7,2 mm Мемориски капацитет: 8, 32 и 64 GB Безжичен интерфејс: Wi-Fi N + Bluetooth 2.1 Дисплеј: 3,5” LED, 960 x 640 пиксели Процесор: A5 dual-core 1 GHz Батерија: 40 часа аудио, седум часа видеорепродукција Цена

HHHHH

Дизајн

HHHHH

Перформанси

HHHHH

Опции

HHHHH

Мoбилност

HHHHH

ОЦЕНА

HHHHH

на моќ, а наспроти тоа да потроши значително малку енергија. Ова би значело околу 40 часа аудио и околу седум часа видеорепродукција. Не трошете го времето на чекање и двоумење, инвестирајте во вашата забава! Инвестирајте во многу подобар начин на забава! Инвестирајте во новиот iPod Touch! Позајмено од „Дуна Компјутери“. Гоце Спасовски – Стручњак


ГАЏЕТИ Garment Deodorizer – Што ми е чисто за облекување денес? Ако сте машко, па уште и ако живеете сами/со цимери, сигурно често си го поставувате ова прашање секојпат кога ќе го отворите плакарот :) Garment Deodorizer е гаџет кој функционира на сличен начин како освежувачите за простории, со тоа што е наменет за „освежување“ на вашата гардероба со супстанциите што ги испушта, а коишто уништуваат и до 97% од бактериите и мирисите од облеките и сето тоа за помалку од 40-тина минути циркулирање на освежениот воздух во вашиот плакар.

Wireless Parasol Speaker Се ближи летото, а со тоа и „собиранките“ со друштво по излети, скари, дома, по дворови и слично. Wireless Parasol Speaker е безжичен звучник кој е идеален за такви пригоди, бидејќи првенствено е наменет да го закачите на столбот од чадор за сонце, иако може да го поставите на каква било површина. Може да се нагоди да одговара на која било широчина на шипка, а во случај да ве стемни додека сте надвор, има вградени LED светилки, па служи и како еден вид на ламба. Безжичниот приемник можете да го вклучите на кој било музички систем или, пак, музиката да ја стримувате од лаптоп, а дометот на сигналот му е 15 метри, што е сосема доволно. Неколку вакви и журката на отворено може да почне :)

The Self Stirring Electric Pot – Нема веќе „промешај да не ти изгори“ Кога сами готвите на повеќе „фронта“, т.е. додека во лонецот нешто се крчка, а вие сечкате или пржите нешто друго, се случува да заборавите да ја промешате храната во лонецот, па да загори. Уште поголеми проблеми настануваат кога готвите нешто што бара постојано мешање и надгледување. Во тој случај, овој гаџет е идеален додаток за вашата кујна, бидејќи самиот ја меша храната. Може да се

многуте параметри што можете да ги менувате ќе имате контрола на секој звук што излегува од неа, плус воопшто нема да ви треба додатен процесор за ефекти бидејќи таа ќе го има веќе вградено. Фантастична идеја која вреди да биде реализирана во иднина.

HTG – Hyper Touch Guitar – гитара без жици Иако се работи само за концепт, мора да го споделиме бидејќи се работи за навистина одлична идеја. Hyper Touch Guitar е дигитална гитара без жици, на која се свири со допирање на мултитач екранот. Ова и дава неброено многу можности за нагодување, бидејќи самите нагодувате со колку „жици“ да свирите (т.е. дали ќе ја користите како бас или електрична гитара). Преку

32

нагоди тоа да го прави континуирано или, пак, на интервали, во зависност од храната што ја готвите, а готвењето се одвива на температури од 90 до 190 степени. Целиот лонец е изработен од алуминиум и може да се расклопи и деловите да се мијат во мијалник или машина. Покрај другите добри страни, овој лонец е одличен за готвење во летниот период бидејќи можете да готвите и на балкон или во двор.

IDAPT i4 – универзална станица за полнење Доволно е да поседувате повеќе од еден мобилен за да ја знаете маката кога треба едниот од нив да го наполните, а не можете да го најдете адаптерот за него. Проблемот дополнително се комплицира доколку имате и mp3 плеер, Bluetooth сет и слични гаџети на кои постојано им треба полнење, и тоа според Марфиевите закони токму кога најмногу ќе ви притребаат :) IDAPT i4 е гаџет што ќе ви ги скрати овие маки, бидејќи на него истовремено можете да полните до четири мобилни уреди. Тој е компатибилен со над 4.000 мобилни електронски уреди вклучувајќи ги iPhone, iPad,

Blackberry, Nintendo DS, PSP, GPS системите, дигитални камери, Bluetooth уреди и друго, а со него доаѓаат и шест адаптери вклучувајќи miniUSB, microUSB, Samsung 4, Nokia 2 и Sony Ericsson џекови. Од страните има обична USB порта која, исто така, може да се искористи за полнење на некој уред. Милан Крстевски

www.enter.net.mk


МОБИЛНИ Nokia Oro

Најава

Додека сè уште сме во неизвесност како ќе изгледаат Windows Phone 7 (WP7) телефоните на Nokia, тие не мируваат, така што наскоро треба да се појави (а со оглед на цената, тешко дека ќе го видиме кај нас:) моделот Oro, кој визуелно е копија на моделот C7, но материјалите од коишто е изработен вклучуваат 18-каратно злато (за рамката, страничните копчиња и заштитата околу камерата), чиста кожа од Шкотска (за задниот поклопец) и сафирен кристал кој е осум пати појак од стакло (и го заштитува копчето Home). Овој модел ќе располага со 3,5” AMOLED екран во nHD резолуција, microUSB, Bluetooth, Wi-Fi, GPS и 3G со HSDPA, 256 MB RAM, 512 MB ROM, како и последниот апдејт (Anna) на оперативниот систем Symbian. Ако ве интересира цената – таа ќе изнесува минимум 800 евра. Е, па, за да бидете „фенси“, мора да платите :)

Fujitsu LOOX Е, за ова ќе се согласите дека првпат го гледате. Fujitsu LOOX е телефон кој е способен за dual-boot на оперативните системи Windows 7 и Symbian. Да, убаво прочитавте – Windows 7 (32bit) наменет за десктопите, не Windows Phone 7 наменет за мобилни телефони. Способноста ова да се изведе се должи на моќниот хардвер – Atom процесор од 1,2 GHz (со Hyper-Threading), 1 GB DDR400 RAM и 32 GB SSD. Исто така, располага и со GPS, Wi-Fi N и HSPA конективност. Префрлањето од еден на друг оперативен систем се одвива инстантно, со клик на копче, а доколку батеријата е преслаба, телефонот автоматски го гаси Win7 и се префрла на оперативниот систем Symbian, во кој инаку не можете да ја користите Wi-Fi конективноста. Уште да направат вакво нешто со Win7 + Android…

Sony Ericsson TXT Pro и Mix Walkman Sony Ericsson преку натпревар на Faceboоk ги најави новите модели наречени TXT Pro и Mix Walkman. Намената на секој од нив е многу јасна според сликите како и имињата :), а познати се дел од техничките карактеристики на Mix Walkman кој треба да има процесор од 800 MHz, 3,2” HVGA екран и 3MP камера со можност за снимање видео во VGA@24fps. За TXT Pro сè уште нема ништо официјално објавено, но се претпоставува дека ќе има многу слични технички карактеристики со моделот Xperia Mini Pro.

Mobiado Аston Martin CTP002 Иако се работи само за концепт, заслужува да ви го прикажеме бидејќи ништо чудно и оваа технологија да стане возможна во следните неколку години. Mobiado (кои произведуваат луксузни телефони) и Aston Martin (производителите на автомобили) работат на прототип на мобилен телефон кој треба да биде сосема транспарентен, со стаклен колор капацитивен тач-скрин и титаниумски рабови на страните. Планот е оперативниот систем да биде (кој друг освен) Android и телефонот да може да се поврзе безжично со компјутерот и неговиот дисплеј во возилото на кое ќе се прикажува мапа на која ќе бидат обележани локациите на вашите пријатели од контактите на телефонот. Акцелерометарот на телефонот би го следел движењето на телото на возачот и во случај на судир, би давал информации на компјутерот на возилото кога и како да ги активира воздушните перничиња. Сега-засега сето ова изгледа како научна фантастика, но имајќи го предвид напредокот на технологијата во последниве неколку години, нема да нè зачуди ако наскоро видиме нешто слично на Mobiado CTP002.

Sharp AQUOS Уште едно чудовиште од телефон наскоро треба да се појави на пазарот, и тоа од производните линии на малку подзаборавениот Sharp. Овој телефон на преклопување (од кога немаме видено таков модел?!) ќе има два екрана и тоа голем 3,4” FWVGA stereoscopic display (на кој ќе може да гледате тродимензионална слика без очила) и секундарен OLED дисплеј, камера од 16 MP (која ќе може да слика во 3Д), GPS, Wi-Fi b/g/n Bluetooth 3.0, па дури и Infrared конективност и microHDMI порта. Како капак на сето ова, ќе биде и водоотпорен и ќе може да го „линкувате“ со истоимената линија на телевизори од Sharp (AQUOS LCD). Милан Крстевски

www.enter.net.mk

33


За читање на QR кодовите, пр

МОБИЛНИ

еземете ја

апликацијата QR Droid (или која било друга за маркетот. скенирање бар-кодови) од Android

Апликации за Android

QuickPic Quick Pic е идеална замена за stock Android галеријата. Покрај тоа што е многу побрза, оваа галерија е и многу помоќна – можете да ја нагодите да прикажува само одредени фолдери со фотографии (и да ги сокриете од туѓи погледи), зумирањето е многу поквалитетно отколку кај stock-прегледувачот, а преку самата апликација можете сликите да ги ротирате, кропнувате, споделувате, да ги поставувате како wallpaper-и, да изработувате слајд-шоуа итн. За без пари, супер е! :)

Periodic Table Ова е дефинитивно една од „постручните“ апликации на маркетот. Овој виртуелен периодичен систем на елементи ќе им послужи на сите оние чие главно занимање е хемијата или некоја наука поврзана со неа. За секој елемент можете да ги прочитате реактивноста, атомските, термодинамичките, електромагнетните, нуклеарните и други својства, па дури и да го слушнете правилниот изговор на нивното име. Ова, несомнено, ќе ви биде од корист кај елементите со имиња како што се Yttrium или Praseodymium :) Сите елементи се колор-кодирани во зависност од тоа на која група припаѓаат (алкални метали, гасови итн.), па пронаоѓањето на некој конкретен не би требало да претставува тешкотија. Своето знаење на оваа тематика можете да го тестирате преку квизот, при што ќе ви бидат понудени прашања според кои ќе треба да идентификувате одреден елемент.

Regina 3D Launcher

Battery Calibration Како што кажува самото име, оваа апликација служи за калибрирање на батеријата на Android уредите, за жал, само кај оние што се рутирани. Упатствата што ги нуди се јасни и сè што ви е потребно за калибрирање на батеријата е малку трпение (додека да се наполни 100%) и неколку клика.

Редовно на Android маркетот се појавува по некоја нова Launcher апликација која визуелно, а и технички не се разликува премногу од некоја веќе постојна и попозната. Тоа не е случај со Regina 3D бидејќи се работи за launcher апликација со специфичен 3Д интерфејс, која веднаш отскокнува од толпата. Во неа можете да креирате разни работни околини (workspaces) и да ги полните со виџети и апликации и со неа, доколку сакате, потполно да го замените default launcher-oт на вашиот телефон. Бидејќи оваа апликација за многу кратко време има добиено огромен позитивен фидбек од оние што ја имаат преземено, доколку имате некои прашања или сугестии до креаторите, ви препорачуваме да ги поставите на нивниот Facebook профил (само впишете го полното име на апликацијата во полето Search на FB).

Linked In

ТОП 10 бесплатни апликации за месецот:

По долгата бета-фаза, конечно на Android маркетот се појави официјалната LinkedIn апликација на истоимената бизнис-социјална мрежа. Оваа апликација се синхронизира со вашиот LinkedIn профил и преку неа можете да праќате и прифаќате покани за вмрежување, да ги прегледувате профилите на останатите членови, како и да ги следите новостите и промените кај веќе постојните членови од вашата мрежа. Иако дел од функционалноста на сајтот, разбирливо, ја нема во оваа мобилна варијанта, сепак се работи за одлична апликација која со текот на времето ќе се надградува. Battery Calibration

36

www.enter.net.mk

QuickPic

Periodic Table

Linked In

1.

Go SMS Pro

2.

Google Translate

3.

FxCamera

4.

Startup Cleaner

5.

Ultra Voice Changer

6.

ClockQ

7.

SD Speed Increase

8.

Mobo Player

9.

Super Box

10.

Pakoomba Call Reminder Regina 3D Launcher

Милан Крстевски


Интригантна магија која се заканува засекогаш да ги промени темелите на гејмингот. Cloud gaming За да гледате клип на YouTube, сè што треба да направите е да изберете нешто од листата и започнувате со непречено гледање на материјалот. Дали би ја сакале истата ефикасност кај игрите, без да се малтретирате со инсталирање игри или нивно неколкучасовно преземање од интернет? Згора на тоа, дали би сакале да ги играте најновите наслови, како Assassins Creed: Brotherhood, на највисоки графички поставки и на компјутер кој е постар од дедо ви? Звучи како научна-фантастика, но иднината е тука, таа беше тука уште пред една година...

Cloud gaming OnLive

OnLive (http://www.onlive.com/) е сервис посветен на cloud gaming. Преземате и инсталирате мал клиент и потоа, со внесување на податоците за претходно креираната сметка, избирате некоја игра од понудениот каталог. Откако ќе го најдете саканиот наслов, се „претплатувате“, кликнувате на него и за пет секунди започнувате со играњето, без инсталација, на пет години стар компјутер или лаптоп, навистина не е важно сè додека имате молскавично брз интернет и двојадрен процесор. На овој начин, никогаш не треба да се малтретирате со хардверските побарувања, ниту да фрлате големи пари на доградби. Интригантна магија која се заканува засекогаш да ги промени темелите на гејмингот. На кој начин функционира?

односно 5 Mbit/sec за HDTV (720p – 1280 x 720). Ваквата загрижувачка побарувачка за интернет е сосема оправдана, бидејќи сервисот мора да ви го испрати тоа што го гледате и слушате преку нова технологија за компресија наречена „Interactive Video Compression“. Така, сè што ра-

Game on

Гејмерите кои повеќе сакаат да се дружат со виртуелните ликови преку телевизор отколку преку монитор, можат да купат OnLive Game System – направа која наликува на конзола, но чини само 100 долари. Оваа направа, која не е поголема од надворешен

Gaikai

Just Play Податочните центри на OnLive располагаат со најразлични сервери кои стапуваат на сила во зависност од тоа која игра ќе изберете да ја играте (за инди-игра - послаб сервер, за ААА игра - појак). За покренување на најновите наслови нема да ви треба јак компјутер, но тоа не е случајот со интернет-врската и ако сакате да уживате без постојани сецкања и задоцнети реакции (лагови) потребна ви е интернет-врска од 1,5 Mbit/sec за SDTV резолуција (720 x 480 widescreen),

каталогот, забележавме дека единствените поддржани земји се САД и Канада. Но, не бевме спречени когa пробавме да изиграме неколку временски ограничени игри. Па, така, чепкајќи низ каталогот и дружејќи се со играта Hawk 2, за 20-тина минути потрошивме 1 GB и лексилиум. OnLive знае како да го потроши дозволениот bandwidth, не сомневајте се во тоа, но доколку не сте ограничени, сервисот е одлична можност за испробување демо-игри без да се малтретирате со нивно преземање, инсталирање, а и со сите можни забавувања на системот како последица на тоа.

ботите со тастатурата и глувчето, или џојстик, мора да помине од вашиот компјутер преку ISP, до серверите на OnLive каде што се процесираат. Оттука сликата се компресира и се враќа по истите канали кај вас. Ваквото нешто резултира со задоцнувања од 80 милисекунди, што е сосема добро и скоро незабележително при играњето. Но, влијанието на OnLive е многу поголемо и не се заканува само на произведувачите на компјутерски хардвер.

ње и цел каталог (OnLive)... кова планови за нуде рии. од филмови и телевизиски се

хард-диск, се приклучува на телевизор и ги овозможува истите предности како кај PC/ Mac корисниците. OnLive, меѓутоа, не планира да застане тука и кова планови за нудење цел каталог од филмови и телевизиски серии (веќе почнаа планови за интегрирање на овој сервис преку Android таблет-уреди, iPad и слично). Потенцијалите се огромни и единствени пречки се немањето доволно јак интернет (барем за игрите). За корисниците во Македонија, пак, пречките се поголеми од тоа...

Enter Macedonia? Кога се обидовме да се претплатиме на услугата, која за осум евра нуди месечен пристап до сите наслови во

Во декември 2011 година, OnLive ќе добие сериозна конкуренција од уште еден сервис кој е во бета-фаза. Првобитната цел на Gaikai (http:// www.gaikai.com/) ќе биде стримување демо-игри преку прелистувачи и, по секое завршување на демото, ќе бидете пренасочени кон продавница што ја продава играта. Од друга страна, таа продавница плаќа на Gaikai за секоја минута што сте ја поминале играјќи го демото. Сите се среќни? Така се чини, но Gaikai, како и OnLive, нема да застане тука и по излегувањето од бета-фазата се предвидува овозможување на поголем број услуги. Гејмингот еволуира. Огромните потенцијали на интернетот придонесоа за импулсивно купување дигитални игри, а сега и тоа станува ретро, на сметка на новата технологија која не ве обврзува ни да преземате и инсталирате игра за да ја играте. Нетрпеливи сме да видиме во кој правец ќе се развие гејмингот во облаци и кога и Македонија ќе може да си го дозволи ваквото нешто. Мартин Јованчевски

www.enter.net.mk

39


Софтвер

Beta верзии на Norton и Kaspersky Internet Security 2012

Вашето мислење е важно

!

Есен, намалување на денот, ладно време, прошетки низ паркот слушајќи го шепотот на паднатите лисја под вашите нозе... Не, ова не е некое љубовно четиво, ова е вистинска идила за секој што ги сака антивирусните софтвери. Но, чекајте, сега е пролет! Годинава Каspersky и Norton решија порано да ги развеселат лицата на (сега-засега) бета-тестерите. Ги презедовме и двете верзии, на Norton Internet Security 2012 Beta и на Kaspersky Internet Security 2012 Beta, и решивме да ви ги презентираме. Да се разбереме, нема да правиме компаративни тестови за да видиме кој е подобар, туку само за да знаете што може да очекувате в лето, кога ќе излезат финалните верзии на овие производи. Комплетното тестирање ќе го оставиме за понатаму, кога ќе дојде време за тоа.

Kaspersky Internet Security 2012 Beta Кога ќе кажеме што прво гледаме во Kaspersky и што е ново во неговиот интерфејс, мислиме на СÈ! Буквално сè. Сега целиот интерфејс е далеку попрегледен, опциите може да ги лизгате движејќи ги настрана или нагоре/ надолу. Најголемата новина е скенирањето преку „облак“. Слично како и каj Norton, Kaspersky заедницата ви дава инструкции кој фајл е штетен, а кој не. Скенирачкиот процес е прилично брз, или 8 до 16 мегабајти во секунда. Интересно е и тоа што сето скенирање е веќе зачувано во меморијата на апликацијата, па секое следно скенирање нема да заземе премногу време, а со тоа и ресурси. Digital Identity Protection e уште една новина која ги штити локациите во кои се зачувани сите ваши лозинки. Логично, интернет-прелистувачите ги чуваат некаде вашите лозинки, исто како и Skype историјата, Windows Live Messenger и ред други софтвери. Па, така, ако некој тројанец случајно залута во вашиот компјутер и ги собере овие вредни материјали, верувајте дека нема да излезе надвор од вашиот компјутер. Тука е и Safe Run for Websites, виртуелната тастатура, Кaspersky URL advisor, функции кои сега се вклучени и во Google Chrome. Applications Activity е уште една новина која е слична на технологијата Norton Insight, во која сите програми се класифицираат по својата „хуманост“ – добри и лоши. Многу опции, малку место. Kaspersky Internet Security 2012 Beta во секој поглед е нешто ново и поинакво од претходната верзија. Побрз, поквалитетен и далеку попрегледен за манипулација. Бета-верзијата е лиценцирана за три месеци, па може да ја очекуваме финалната верзија некаде околу јули-август.

46

www.enter.net.mk

Norton Internet Security 2012 Beta На прв поглед интерфејсот на Norton не е премногу изменет во однос на претходната верзија, 2011. Повеќето од функциите за скенирање во реално време во Norton Internet Security 2012 Beta се прилично ригорозни во поглед на детекцијата. Ова значи дека вие сте сигурни што и да правите на вашиот компјутерот, а притоа Norton не зазема премногу системски ресурси во заднина. Па, така, ги става во карантин фајловите пред да бидат стартувани, врши мониторинг на фајловите на коишто им пристапувате во моментот и слично. Новина е долгоочекуваната поддршка за Google Chrome во форма на Norton Safe Web Toolbarот, кој инкорпорира скенирање на линковите, како и Identity Safe со чија помош се зачувани сите ваши лозинки и броеви на кредитни картички. Дополнително, може да ги синхронизирате овие лозинки за пристап и од други компјутери. Нешто слично како што тоа го прави софтверот за менаџирање на ваквите лозинки – RoboForm. Новина е и новата, четврта генерација на технологијата SONAR која сега е далеку понапредна од претходните верзии. Таа врши скенирање во реално време на сите фајлови, дури знае и кој фајл е со малициозна активност, пред тој да се најде некаде во вашиот компјутер. DLL фајловите ги детектира и скенира посебно, за уште понапредна детекција на малициозните датотеки. Технологијата Download Insight 2.0, исто така, е подобрена. Доколку, благодарејќи на преземањата од Norton заедницата, се заклучи дека некој фајл е несигурен, или многу се „крши“, тогаш ќе бидете известени дека тој фајл не би требало да го преземете. Во табот Performance налетавме и на три нови опции, а тоа се Application ratings, со чија помош добивате претстава за тоа кои апликации се добри или лоши за вашиот систем и кои трошат премногу или најмалку системски ресурси, потоа Norton Tasks, што всушност е замена за Windows задачите, но тука со далеку понапредни функции. И, на крај, тука е и Startup Manager, опција којашто за првпат е претставена во Norton 360 5.0. Со неа ќе можете да ги вклучувате/исклучувате сите апликации кои се стартуваат заедно со оперативниот систем. Може да го скенирате и вашиот ѕид на Facebook, функција којашто за првпат е претставена, исто така, во Norton 360 5.0. Со оглед на тоа дека станува збор за бета-верзија, не можеме со сигурност да кажеме дека сме безбедни. Ако сакате и вие да ја тестирате оваа верзија, ќе ја најдете на нашето DVD. Очекуваме само најдобри резултати од финалната верзија на Norton Internet Security 2012. Останува да чекаме и да видиме кој е најдобар во убивањето на непријателите на компјутерите.


софтвер Gridiron Flow

cking софтвер, т.е. Flow претставува и time tra времето вложено во систем за евиденција на . секој сегмент од проектот Gridiron Flow e софтвер наменет за креативните професионалци кои постојано „жонглираат“ со повеќе проекти истовремено и често пати се дезорганизирани во поглед на тоа кој фајл на кој проект припаѓа, која негова верзија од многуте со слично име е искористена во одреден проект и слично. Специфичната намена на овој софтвер, како и реткоста на слични апликации на пазарот, нè натера подетално да ги разгледаме неговите функции.

„Во тек“ со проектите разни фолдери на разни партиции на хард-дискот, отежнат е неговиот бекап или трансфер бидејќи треба прво да ги пронајдеме сите фајлови, да Flow претставува една ги ставиме во еден фолсеприсутна апликација која дер и, на пример, да ги следи сè што се случува испратиме на клиентот. со фајловите поврзани со Преку оваа опција, Flow вашите проекти и нивната ќе го направи тоа за вас – потребно е само да го хиерархија. отворите документот со кажано кои сè фајлови се искористе- мапата од некој одреден проект и да ни во проектот, нивната локација на го „запакувате“. Притоа, сите фајлови хард-дискот и поврзаноста со други кои припаѓаат на проектот ќе бидат проекти, доколку ги има. Flow ги сле- компресирани во еден, кој потоа моди и измените на фајловите, така што жете да го испратите на клиент или да доколку случајно направите некоја го архивирате како бекап. измена и ја снимите, секогаш може Исто така, Flow ќе ве предупреди седа се навратите на некоја претход- когаш кога ќе се обидете да избрина верзија. Овој систем е сличен на шете некој фајл кој е употребен во оној на системот за бекап преку Time проект – на пример некој .PSD фајл со Machine на OSX и воопшто не е тежок лого кое е употребено во брошура во за користење. InDesign. Во таков случај, ќе ви биде Уште една исклучително корисна понудена опцијата „Recover” при што опција е Packaging, односно „паку- фајлот ќе биде вратен на неговата вањето“ на сите фајлови користени оригинална локација. Ова ќе ја спрево одреден проект. Бидејќи често чи можноста за настанување на незпати (да не речеме секогаш, според годни ситуации, на пример, случајно Марфиевите закони) фајловите ко- да избришете некој фајл за кој подористени во проектот се наоѓаат во цна ќе излезе дека бил дел од проект кој, на пример, треба да оди на печат за неколку минути и нема време повторно да се креира. Сите овие опции што ги опишавме се особено корисни во ситуации кога на еден проект работи тим од повеќе луѓе и е од исклучителна важност сите да ги имаат најновите верзии од сите потребни фајлови. За вакви потреби, Flow може да се нагоди да води евиденција и за фајловите што се наоѓаат на сервер или на сите мрежно Ваков софтвер е најкорисен во ситуации кога на еден проект работи тим од поврзани компјутери, па така повеќе луѓе и е од исклучителна важност сите членови на тимот да ги имаат во секој момент ќе се знае најновите верзии од сите потребни фајлови. последната позната локација

Пристапот на Flow кон фајловите поврзани со креативните апликации што ги користите (Photoshop, Illustrator, Final Cut Pro и сл.) е следниот – по инсталирањето, тој води евиденција за тоа кога е креиран одреден фајл и на кој начин е поврзан со останатите фајлови на вашиот систем. Всушност, Flow претставува една сеприсутна апликација која следи сè што се случува со овие фајлови и нивната хиерархија. Да земеме за пример еден InDesign проект кој во себе содржи повеќе типови на фајлови – векторски логоа, .PNG фајлови, .JPEG фотографии итн. Наместо да го отворите фајлот во Adobe InDesign и рачно, layer по

50

www.enter.net.mk

layer да ги барате засебните фајлови и нивните локации на хард-дискот, многу полесно ќе биде да го вчитате во Flow, бидејќи тогаш ќе ви биде при-

на одреден фајл. Сè додека сите од тимот го имаат инсталирано Flow на своите компјутери, водењето евиденција и испраќањето на спакувани фајлови со проектите ќе се одвива беспрекорно. Покрај набројаното, Flow претставува и time tracking софтвер, т.е. систем за евиденција на времето вложено во секој сегмент од проектот. Flow го логира времето потребно за креирање на секој од фајловите, како и вкупниот број на минути/часови/денови итн. потрошени на некој проект, што е од голема корист. Како што можете и самите да заклучите, примената на Flow е сестрана и идеална во креативни околини како што се маркетинг или дизајн-агенциите кои работат со големи тимови и огромен број фајлови кои не секогаш е лесно да се организираат, но релативно ниската цена од околу 200 долари го прави Gridiron Flow достапен и за сите фриленсери и дизајнери кои работат „соло“, а имаат потреба од организирање на виртуелната работна околина. Милан Крстевски Минимална конфигурација: Mac OSX 10.5 Leopard (Intel/PPC) Mac OSX 10.6 Snow Leopard (Intel) 1 GB RAM


Android at Home

Новата домаќинка – Android иднината денес_

Можеби нема да ги исчисти вашите прозорци, да го измете подот и да ви го подготви омиленото јадење, но затоа ќе го вклучи вашиот бојлер, машините за перење алишта и садови, ќе го вклучи греењето пред да пристигнете дома и ред други работи. Дали Android ја заборавил лекцијата што ја доби Nokia пред неколку години кога имаше обид за токму ваква контрола? Google неодамна објави дека во иднина планираат да ги прошират своите полиња на дејствување и во домовите со автоматизација на процесите. На ваков проект, наречен Home Control Center, неодамна работеше Nokia, но не наиде на заинтересираност кај пошироката публика. Сега, кога корисниците живеат сè подинамично, Google смета дека е вистински момент да го понуди овој сервис. Но, не е само Google. Голем дел од производителите на бела техника сè почесто ги имплементираат технологиите во своите производи, па така сега на пазарот речиси не може да се забележи микробранова печка или модерен шпорет без LCD екран. Компанијата ветува дека во иднина ќе склучи партнерство со неколку клучни играчи во полето на белата техника кои би излегле во пресрет

на побарувањата на Google. Неодамна тие ја промовираа својата светилkа која се контролира безжично и media hub со кој, доколку го поврзете со вашите аудиоуреди, може да ја контролирате омилената музика. Но, како што кажал Нил Армстронг, овие два уреда се мал чекор за Google, но голем за технологиите за автоматизација. Контролата врз домашните уреди би требало да се врши со помош на интернет-прелистувачот или, пак, со апликација на паметен телефон со Android оперативен систем. Врската, се разбира, ќе се врши преку интернет, а она што е дилема е дали во домот да се донесе интернет-кабел до секој уред или таа комуникација да се врши со еден локален контролер, безжично. Доколку се решат за безжична комуникација, тогаш Google треба да примени вакви уреди во производите на компаниите со кои би започнале соработка. Корпорацијата RT, добропознат ја-

понски развивач на роботски технологии и решенија, неодамна пушти во употреба неколку Demo комплети за тестирање меѓу кои и електронски плочки кои им овозможуваат на развивачите на апликации за Android да креираат сигурни апликации и решенија кои ќе може да контролираат сензори, дисплеи, мотори и роботски технологии. Зошто е важно тоа што Google пуштија едноставна апликација за далечинска контрола? Важно е затоа што тие Android оперативниот систем не сакаат да го позиционираат само како ОС за телефони, туку како систем за секаква намена. Микро-

печки, возила, мултимедијални уреди, роботи, часовници, играчки, микроскопи, камери,... само помислете на некој уред и Google може да потврди дека во иднина ќе има можност за негова далечинска контрола. Едноставно, нема граници! Ваков обид Google имаше кон крајот на 2009 година кога го претстави PowerMeter со кој корисниците можеа да ја забележат потрошената електрична енергија во својот дом. Но, постоеше голема ограниченост, односно скоро сите уреди во домот немаат можност за мерач на потрошувачка, така што Google ја одложија оваа технологија. Кога веќе пишуваме за Android, мора да ја споменеме неговата лута конкуренција – Apple. Каде е Apple во сета оваа приказна? Тие веќе одамна ја имаат апликацијата iMyHome за iPhone и iPod Touch со чија помош може да се контролираат домашните уреди, но ограничувањето е во тоа што апликацијата работи само со BTicino gateway кој има само неколку основни on/off и +/- функции. Да се надеваме дека и од Apple ќе почнат да размислуваат за овие технологии затоа што конкуренцијата ги прави уредите подобри, нели? Ивица Анѓелески


Тема на бројот Crysis 2

Crysis 2 стана реалност и на конзолите. Дури и на пет години стар Xbox 360 играта оди мазно и изгледа фантастично, а да не зборуваме за РС. Повеќе не постои прашањето: „Дали ќе се пушти на мојот компјутер?“ и тоа сега е заменето со едно уште поважно прашање – „Дали играта е добра?“.

ра г и а т а в а б ају Crysis 2 е н а за л г е л з и а г што досе . конзолите Во последниве неколку години, кога се зборуваше за некои нови компјутерски системи, секогаш се употребуваше фразата „Може ли да ја пушти Crysis?“. Оригиналната Crysis беше своевиден графички вампир и само најсилните (компјутери) преживуваа – или со други зборови, само најсилните можеа да го покренат целиот потенцијал на играта. Дури и да се тргне настрана одличната графика, играта беше одлично направена, па токму

64

// ЕНТЕР GAMING EDITION

затоа и се здоби со легендарен статус. Crysis 2 на своите рамена го носи тешкиот товар на големите очекувања. РС гејмерите сакаа уште една игра со која ќе можат на другарите да им се фалат за својот нов хардвер, а на играчите на конзолите им беше ветена „најубавата игра за конзоли на сите времиња“. Во време кога Modern Warfare владее со акциониот жанр, фановите на Crysis се загрижија дека со проширувањето на новата игра на

конзолите ќе создаде многу упростено доживување. За среќа, Crysis 2 не го прави тоа. Оригиналната игра имаше огромен комерцијален успех, со преку три милиони продадени копии низ светот, а сега со Crysis 2 се отвора и конзолниот пазар за многу поголема потенцијална публика. Но, дали конзолите можат да го издржат ова легендарно графичко совршенство и дали играта ќе успее на оваа платформа? Одговорот е едно големо ДА.

Ова е игра која го меша уништувањето со убавината и која успева да ни донесе пофокусирано доживување од својот претходник, но истовремено ги задржува сите оние работи што ја правеа оригиналната Crysis толку уникатна. Crysis 2 е игра за која се зборува само со суперлативи. Дури и кога потфрла на некои места, таа брзо закрепнува и постојано го турка играчот кон уште еден нов, фасцинантен момент.


ј-механика, е л п јм ге та е н е м Во Crysis 2 е при ореографиран „к а о к е р а н ја k te која Cry во Far Cry. о к а к а н ч и л с “, x o sandb

Вонземјаните напаѓаат Дејството во играта е сместено во 2024 година, а вистинската џунгла од првата игра е заменета со урбана – поточно со Њујорк. Градот е под опсада од сите страни. Мистериозен вирус многу брзо се раширува низ целиот град, па тој е ставен под карантин и е под опсада од приватната војска CELL, која брутално го применува маршаловиот закон. Набрзо по ширењето на епидемијата започнува и инвазијата од вонземјани, кои за час ќе го уништат најскапиот дел на недвижнини во светот. Вие играте како маринец со име Алкатраз (дали тоа му е прекар, тајно име или, пак, имал сурови родители, играта не објаснува), чиј тим пристигнува во Њујорк токму во моментот на уништување и

биде спасен од Prophet, еден од војниците во нано-костими од првата игра. Оние што ја играле првата игра сигурно се сеќаваат дека тој беше

Прекрасни урнатини

заробен и се мислеше дека е мртов, но подоцна се врати со информации за вонземјаните, кои направија тој да ги разбира многу подобро од Мултиплеер-делот нуди шест останатите. Очигледно е дека Propet видел и подобри демода со повеќе од 12 мапи, нови. Тој ви кажува дека веќе низ кои ќе можете да се не е во состојба да продолжи надградувате, модификувате и понатаму, ви вели да го земеда се стекнувате со experience. те неговиот нано-костим и ви дава задача да го заштитите хаос. Подморницата со која патуваат докторот, кој има информации за тоа ќе биде уништена, а оние што ќе го како може човештвото да се справи преживеат нападот ќе бидат убиени со вонземјаните. Но, бидејќи косод вонземско летало. Алкатраз, исто тимот создал симбиоза со неговото така, ќе биде смртно ранет, но тој ќе тело, тој ќе мора да се саМалку кампирање не е на одмет

моубие за вие да го преземете. Овој нано-костим, што сега го носи Алкатраз, е посебен, бидејќи е поврзан со вонземјаните и го прави најефикасно оружје против нив. Приватната војска CELL работи за Crynet – создавачите на костимот што го носите. Тие мислат дека вие сте Prophet и си го сакаат својот костим назад, со или без вас во него. На фановите на оригиналната игра сигурно ќе им се допадне вклучувањето на Prophet во приказната, додека вклучувањето на нов централен лик е добра идеја да се привлечат нови фанови на серијалот, кои така полесно би се поврзале со играта. На почетокот, приказната многу бавно се развива – потребни се неколку часа за да ги завршите првично зададените задачи и да се здобиете со вистинската претстава за тоа што всушност се случува. Ова и не е некој проблем, бидејќи штом ќе го добиете нано-костимот, постојано ќе влегувате од борба во борба и ретко ќе имате можност

да се фокусирате на приказната. Како што напредува играта, приказната станува сè подинамична и поинтересна. Но, сепак нешто и недостасува. Ликовите во играта не се доволно развиени, а најмалку е развиен токму оној со кој играте. Очигледно е дека фокусот е ставен на изгледот и игривоста на самата игра, а приказната, која е со посериозни теми и е посоодветна за повозрасни, е ставена во втор план и е повеќе интелектуална, отколку емоционална вежба на мозокот. Целата игра може да трае помеѓу 12 и 15 часа, во завис- ност од инот ата е ннаа чкој ја Гејмплејот на игр играте. фантастичен. Во Crysis 2 е применета гејмплеј-механика, која Crytek ја нарекоа „кореографиран sandbox“. Ваквиот стил првпат беше применет во првата игра на Crytek, Far Cry, но во Crysis 2 таа е малку поинаква. Far Cry имаше огромна отворена околина, која ви овозможуваше да го изберете начинот на кој ќе стигнете до вашата цел (што функционираше во поголемиот дел од играта), но улиците на

Њујорк се поинакви. Кога ќе влезете во некоја нова област, може да го вклучите визирот, кој е една од новите модификации на новиот нано-костим и кој ви дава неколку опции за тоа како можете да продолжите понатаму. Локациите и тука се големи и постојат неколку различни патеки до секоја цел, но сепак се наоѓате во истата област. За разлика од Far Cry, каде што можевте со часови да скитате наоколу, овде постојано сте во некоја борба. Ова во основа значи дека „кореографираниот sandbox“ ќе ве држи на линеарен пат, но ви дава неколку опции во однос на тактиката. Вештачката интелигенција на противниците, исто така, игра голема улога и кога таа функционира како што треба (што не е секогаш случај), непријателите соодветно ќе реагираат на вашата тактика и план. Ако се наоѓаат зад некоја пречка и вие пукате над нив, тие нема да ги креваат своите глави и наместо тоа ќе се обидат да најдат нова бариера зад која ќе се сокријат. Тие дури ќе се обидат и со лоб да ви фрлат граната, па дури ќе им се придружуваат на своите сотимци за заедно да ве нападнат. Мора да се истакне дека A.I.-то на противниците е на многу напредно ниво и покрај фактот што секогаш не функционира. Ваквиот стил на гејмплеј гарантира дека секојпат кога ќе ја преигрувате играта ќе можете да имате различно доживување со различните опции на напад. Ако првпат решите да играте во Рамбо-стил во некоја област, тогаш следниот пат таа област ќе можете да ја изиграте со прикривање во Splinter Cell стил. Непријателите можете да ги неутрализирате од заседа, а невнимателноста може да испровоцира масивни искоординирани напади, кои од вас ќе бараат брзо размислување, ако сакате да се справите со нив. Секоја од борбите се развива поинаку и со секое преигрување може да очекувате поинаков одговор од непријателот. За ова се најзаслужни, можеби, околините во Crysis 2, кои не се само широки, туку и високи, па секогаш можете да најдете поинаков пристап од кој може да нападнете. Кога се борите против паравоените сили на Crynet, можноста за напад на вашите опоненти од височина ви дава чувство на предатор. Но, кога ќе се соочите со вонземјаните Ceph, балансот се менува. Тогаш вашето внимание и фокус не само што е насочен на местата каде што можете, односно не можете да одите, туку и каде што побрзите и помобилни вонземјани нема да ве фатат во заседа. Иако клишето на армија од еден човек е присутно и во оваа игра, сепак алатките што тука ви стојат на располагање се создадени да овозможат повеќе паметна борба, отколку сурова сила, како што е тоа случај во другите игри. ЕНТЕР GAMING EDITION //

65


рецензија

PC

Shogun 2: Total War

Shogun 2 не само што е најисполираната игра од серијалот Total War, туку ја има усовршено еволуцијата на серијалот, која започна со Empire и сега оди далеку понапред од која било друга игра во серијалот. Јасно е дека Creative Assembly пробаа премногу работи со Empire, a Napoleon беше повеќе гест на помирување за да ги задоволат фановите. Но, Shogun 2 е игра со која франшизата се преобразува во нешто навистина големо. Исто како и Rome, Medieval и Empire пред неа, Shogun 2 колку што е игра, толку е и историска лекција за тој период. Ако се земе предвид неверојатно огромниот обем на историски истражувања за оваа игра, конкуренцијата слободно може да се засрами. За играта се употребени експерти за јапонска историја, па бидете сигурни дека случувањата, дизајнот на костимите и технологијата се соодветни за времето во коешто се одвива дејството на играта. Во 1603 година, Токугава Иеасу се здобил со титулата „шогун на Јапонија“, откако го повел својот клан кон победа во битката на Секигахара. Оваа битка била кулминација на периодот Сенгоку, време во кое клановите на Јапонија се бореле за превласт и моќта да владеат со целата нација. Shogun 2: Total War го пресоздава токму периодот Сенгоку, со тоа што ви овозможува да ја преземете контролата на еден од клановите и да се обидете да ја измените историјата преку соединување на сите јапонски територии и преземањето на власта над Јапонија. Формулата на Total War се состои од два дела: потезен и стратегија во реално време. Тактичкиот мод, базиран на потези, е сличен на оној во Civilization и се одвива на прекрасна стратегиска мапа. Таа, иако е лимитирана на Јапонија (без островот Хокаидо), е исто онолку епска колку што беа и континенталните мапи од претходните продолженија на Total War. Почетните услови во кои ја започнувате играта варираат во зависност од кланот што ќе го изберете. На величенствената мапа, која се состои од 60 провинции, ќе ги правите сите ваши стратешки одлуки, ќе ја менаџирате вашата династија, ќе градите по-

68

// ЕНТЕР GAMING EDITION

добрувања, како патишта и фарми, ќе истражувате нови технологии и ќе ги управувате вашите армии. Секој од десетте кланови со кои ќе може да играте имаат свои слабости, но и силни страни, кои ќе мора да ги усовршите, ако сакате да го заземете Кјото. Секој од клановите е поврзан со множество бо-

нуси и ниво на тежина. На пример, Чосокабе имаат супериорна стрелачка пешадија, Мори се специјализирани за морепловство, додека Хоџо добиваат бонуси за градење. Некои кланови се позиционирани покрај море, со лесен пристап до пристаништа и трговски рути, но и помалку области со кои

Играта е еден вид историска лекција за јапонската култура.


рецензија

PlayStation 3 Shift 2: Unleashed

Shift 2: Unleashed, како седумнаесетти наслов во долгогодишниот серијал Need for Speed, одлично се надоврзува на истоимениот хит од 2009 година и им нуди на нестрпливите виртуелни возачи револуционерна перспектива при возењето, ноќни трки и популарната Auto-log функција. Но, во трката за балансот, дали ќе победи преголемата тежина при управувањето или неспоредливата убавина на графичкиот енџин?

70

// ЕНТЕР GAMING EDITION

Како до успешна кариера во три чекори Во Shift 2: Unleashed ја започнувате играта на сличен начин како претходната игра и, како што е случајот со повеќето тркачки игри, потребно е многу труд за да успеете да навлезете во FIA GT3 и GT1 првенство. Поради тоа, седнувате зад воланот на нешто што не би ни требало да се нарекува тркачки автомобил и полека собирате доволно пари и искуствени поени за да си дозволите вистинско тркачко чудовиште. Она што ни се допадна е можноста да ги спечалиме двете споменати работи не само преку кампањата (Career mode), туку и преку онлајн трки. Со секој нов автомобил навлегувате во нови додатни трки, но доколку развиете сентиментални вредности кон некој модел, можете да отворате нови трки и преку унапредување на моделот. Во поглед на доградбите, Shift 2 ќе ви

помогне значително да ги зголемите потенцијалите на вашите миленичиња и тоа со нови механички и аеродинамични делови како и посуптилни додатоци чии естетски вредности се поголеми од практичните. Играта ќе ви овозможи да ги искусите адреналинските трки и моќта на брзината преку 140 модели од 37 произведувачи, и тоа на 36 различни патеки, но тоа не е сè... Arcade vs. Simulation Велат дека кога брзината ќе преземе, а линиите ќе се развлечат во недоглед, возачот доживува повеќе за една секунда отколку за цел живот. Shift 2: Unleashed е едно од ретките виртуелни задоволства кои алудираат на ова. Графичкиот енџин преубаво го прикажува забрзувањето и опасностите што демнат на сите страни, а за повпечатлива забава трките можат да се одвиваат во сосема нова перспектива. Во Shift 2 камерата може да се постави директно во заштитниот шлем на возачот, со што се здобивате со впечаток дека навистина управувате со возилото. Имено, кога фаќате кривини, сопирате, забрзувате или удирате, камерата соодветно се тресе и се поставува во најразлични позиции за да се долови реалното

Минимална конфигурација: Процесор: Intel CoreTM2 Duo 2.0 GHz / AMD X2 64 2.4GHz РАМ: 2 GB RAM Потребен простор на дискот: 7 GB Графичка картичка: 512 MB (со поддршка за Shader Model 3.0)

искуство. Притоа, подобрениот графички енџин се труди поубаво да го прикаже зголемувањето на брзината и таканаречениот tunnel-vision ефект, кој стапува на сила само кога ќе се достигне неверојатна брзина. Згора на тоа, возилата реално се оштетуваат и, во зависност од силата на ударот, можете да забележите навидум несопирливи превртувања на возилото и летање на делови на сите страни. За жал (или среќа) судирањето е навистина сурово, а немањето на опцијата rewind ги прави таквите чести ситуации пофрустрирачки (или поисполнителни :). Ние, меѓутоа, не бевме премногу задоволни од управувањето на возилата и нивната непредвидливост во одредени ситуации. Различни модели различно реагираат во одредени ситуации и не можете да бидете сигурни на кој начин ќе се реализира одредена акција. Некој ќе каже дека тоа е и целта на вистинската симулација, но Shift 2


Move, n o ti ta S y la P а з а поддршк пски 3Д о к с о е р е т с а з и о как

НАЈАВА

PS3 Resistance 3

Што се случува кога човечката раса ќе дојде на работ на истребување? На кој начин ќе се соочите со смртоносните кајмера (Chimera) напаѓачи и како ќе ги задоволите вашите мултиплеерски аспирации? Resistance 3 го има одговорот. Resistance 3 е sci-fi шутер во прво лице кој ветува темелна кампања и уште поимпресивен мултиплеер. Дејството во кампањата се одвива на територијата на САД и тоа четири години по случувањата во Resistance 2. Како што можеби претпоставувате, оваа светска сила е целосно надвладана од кајмера, а човечката раса е сведена на минимум и ги поминува деновите крпејќи крај со крај. Капели не е ни дел од она што беше во претходната игра и лесно можете да ги забележите последиците од наметнатиот аскетски живот. Сфаќајќи дека криењето в ќош и плачењето како девојче нема да биде интересно за легијата фанови, Капели ќе му каже збогум на таквиот живот и ќе започне со маратон кон Њујорк, притоа убивајќи ги сите гадости што ќе му се испречат на патот.

Мрежно играње

претходните игри се малку променети. Па, така, Marksman има нов секундарен напад, а како што го користите секое оружје така ќе можете и да го надгради-

Say hello to my little friend

Забележителна е и реинкарнацијата на неколку стари оружја како Marksman, Magnum и Bullseye. Користењето на овие разорни средства, како и новите алтернативи, изгледа „позатегнато“, како да можете да ја почувствувате уникатноста на секое оружје при пукање или удирање. Омилените оружја од

Shooter). Блазе си им на гиковите кои можат да си го дозволат сето ова, особено во мултиплеерот, кои уште сега си ја прилепуваат етикетата sci-fi Call of Duty.

бележување на непријатели во темни простори. Mutator исфрла биолошка магла која се вдомува во телата на непријателите и ги разнесува на мали парчиња, а нема да ви биде одземено задоволството ни да фрлате бомби направени по рецептот на баба (конзерва полна со шајки). Оружјата ги избирате преку симпатичното weapon wheel мени кое беше воведено во првата игра, а исфрлено во втората.

Графичка идила те. Во демото што го следевме, Bullseye, на пример, можеше два пати да се надгради (една од надградбите овозможи да пукате во неколку подвижни мети одеднаш), Auger, пак, може да пука преку ѕидови, а исто така, е добар сопатник за подобро за-

Веќе почнаа да се креваат споменици и жртвуваат пилиња во чест на графиката. Фанатизмот настрана, Resistance 3 може да се пофали со навистина солидни графички подобрувања, особено во анимациите, специјалните ефекти, како и начинот на кој се прикажани временските влијанија. Старите непријатели ќе бидат проширени со неколку нови, заедно и со застрашувачки супериорни противници (како sci-fi горила од демото), а многу рецензенти започнаа и со пофални песни за предизвикувачката вештачка интелигенција. Она што најмногу нè израдува е поддршката за PlayStation Move како и за стереоскопски 3Д (ова, подразбирливо, ќе ги отвори вратите и за користење на додатокот PlayStation Sharp

Интересно е тоа што кампањата не мора да ја играте сами, туку можете да ги здружите силите со вашите пријатели и да ги одиграте мисиите онлајн или со поделба на екранот. За разлика од Resistance 2, третата игра нема да поддржува ко-оп за осум играчи, туку за 16, а присутни ќе бидат стандардните deathmatch модови, како и модови во кои треба да се остварат одредени цели. На располагање имате и customizable progression system каде што добивате и трошите поени за отклучување на одредени тактички и борбени способности. Мапите во мрежното играње се сместени на најразлични места во светот. Некои од локациите се исти или слични на тие од кампањата, а некои се сосема нови (како во Африка).

Отпор по трети пат!

Resistance 3 ги има сите показатели на импресивен наслов во серијалот. Но, кога ќе се спореди со жанрот FPS во целина, забележително е дека авторите решиле да играат на сигурно и да не ризикуваат имплементирање на нови формули. Се чини дека сè што функционираше во првите две игри ќе си го најде местото и во Resistance 3, во иста или малку променета форма, што не мора да е лоша работа. Сè додека имаме доволно кајмера непријатели за разнесување, ние сме среќни кампери! Мартин Јованчевски

ПРОИЗВЕДУВА: Insomniac Games ИЗДАВА: Sony Computer Entertainment ЖАНР: First-person shooter ПЛАТФОРМА: Playstation 3 Излегува: 6 Септември 2011

ЕНТЕР GAMING EDITION //

77

Enter 57  
Enter 57  

Kratka sodrzhina Enter 57

Advertisement