Studija biomasa proj1 mk

Page 97

надминуваат вкупните потреби од азот на растението, со што се спречува загадување на околината преку евентуално „измивање“ на почвата. Младите насади треба да се заштитат од штетници , бидејќи се смета дека насадот е во ранлива фаза дури до периодот на првата сеча. Расаден материјал Гаењето на растенија за добивање на биомаса не е ограничено на одредени видови и подвидови на растенија. Сепак, одредени вариетети на врба и топола покажуваат висок принос, редовен и правилен раст и отпорност или толерантност кон болести. Најчесто, како расаден материјал, се користат лески од едногодишен раст собрани во периодот од декември до март, со должина од 18 - 20 см и дебелина од најмалку 9 мм. Тие треба да се засадат веднаш или да се складираат на температура од -2 до -4° С, каде, на влажно и темно место, може да се чуваат неколку недели. Од другите видови на растенија што се употребуваат за продукција на биомаса, може да се користи и локален расаден материјал и семиња. Насадувањето може да отпочне дури и во февруари, доколку температурните услови дозволуваат, се′ до јуни, но сепак доцните насади може и да не се приспособат на зимските услови во првата година на раст. Исто така доцното насадување значи и користење на складиран насаден материјал собран многу порано во годината. Дизајн на насадот По локацијата, дизајнот на насадот е клучен фактор за одредување на влијанието на „енергетското“ растение врз животната средина. Потребно е насадот потполно да се вклопи во постечкиот изглед на околината. „Енергетските“ растенија вообичаено се засадуваат во двојни редови со меѓусебно растојание од 0.75 м, додека растојанието помеѓу ваквите парови изнесува 1.5 м. Овие растојанија и′ даваат можност на стандардната земјоделска машинерија да ги извршува потребните активности.

101


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.