Културен мост низ вековите - презентацијата

Page 1

ПРОМОТИВНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА „КУЛТУРЕН МОСТ НИЗ ВЕКОВИТЕ“ Штип, 17.01.2020 година Проектен координатор Александра Белички Ѓорѓиева


•Вид на проект: Инфраструктурен

•Приоритетна оска: Туризам

• Специфична цел:

Зајакнување на туристичкиот потенцијал на регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување на природното и културното наследство


„КУЛТУРЕН МОСТ НИЗ ВЕКОВИТЕ“

Водечки партнер

400.000,00 € 350.000,00 €

345.289,06 €

300.000,00 € 250.000,00 €

Партнер

200.000,00 € 150.000,00 € 60.933,38 €

100.000,00 €

50.000,00 €

Вредност: 406.222,44 € • •

Водечки партнер: 221.034,82 € Партнер: 185.187,62 €

Времетраење: 24 месеци • 05.09.2019 – 03.09.2021

0,00 €

ЕУ

Национално кофинансирање


ЦЕЛНИ ГРУПИ

Засегнати страни во секторот култура и туризам

Посетители на културни настани

Јавни администрации – зголемување на капацитетите поврзани со туризмот

Локално население

Јавни и културни институции


АКТИВНОСТ 1 – Прес конференции - 2 промотивни прес конференции во Белица и Штип - Цел: да се информира пошироко јавноста за проектот, негова промоција, целта и очекувани резултати АКТИВНОСТ 2 – Обука за туристички водичи - Тридневна обука за локални туристички водичи во Штип (2 дена: основни практични вештини за водење локална екскурзиска тура, 1 ден: информации за културно наследство) - Подготвена програма за идни туристички водичи од експерт (5 учесници од Белица и 15 од ИПР) - Обука насочена кон културните атракции, локална традиција и животен стил - Методи за обуката: интерактивни вежби, видео материјали, презентации, прашања и одговори


АКТИВНОСТ 3 – ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ – обуки за управување со културни настани и културно наследство

- Две основни обуки - 1 обука: управување со културни настани (3 дена). Целта е да се обучат професионалци и да можат да ги водат сите фази од подготовка на концепт, дизајн, реализација и управување со културни настани - 2 обука: управување со културно наследство (3 дена), ќе се опфатат сите аспекти на теорија и пракса за управување со наследството, практично искуство со одржливо искористување на културното наследство за развој на културниот туризам и знаење и вештини за основно управување со културното наследство - На секоја обука: 30 учесници (по 15 од секоја страна)


АКТИВНОСТ 4 – Форум за дискусии – Искористување на верското и археолошкото културно наследство за развој на културниот туризам

- 3 дневна дискусија во Белица, 40 учесници (по 20 учесници од двете страни) - Предмет на дискусија: „Како да се развие систем за вклучување на туристичкиот потенцијал на културните наследства“ - Како добри примери ќе бидат презентирани и нови форми за промоција преку интернет, како веб платформа (А7), креирани интерактивни игри (А10) и постоечки мобилни технологии


АКТИВНОСТ 5 – Конзерваторски и реставраторски работи на црква „Св. Власие“ – ИСАР, Штип - Проектот предвидува конзервирање и реставрирање на сите ѕидови со камен и опус како постојниот до 1,5 м од нивото на теренот. Постојниот влез ќе биде означен на западниот ѕид, а во внатрешноста на зградата ќе биде обновена северозападната колона во висина од 0,7 метри од нивото на подот. Подот ќе биде обновен со камени плочи. Дополнителниот објект на јужниот ѕид ќе биде конзервиран и обновен на помала висина од 40 цм од ѕидот на црквата. - Вториот дел од проектот предвидува пристапна патека до црквата долга 146 м, изработена од камен од западната страна. - Третиот дел од проектот предвидува осветлување, електрификација на пристапната патека и објектот со канделабри.


АКТИВНОСТ 6 – Адаптација на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“

- Предвидена е внатрешна реконструкција на објектот – подови, водоснабдување, затоплување на објектот, електрични системи и опремување на објектот. Предвидено е приспособување на објектот за пристап на лица со попреченост

АКТИВНОСТ 7 – Развој и обработка на веб платформа за археолошки и културен туризам - Ќе се креира заедничка веб платформа за туризмот базирана на културното наследство - Платформата преку виртуелен форум ќе им овозможи на сите заинтересирани страни од областа на културата и туризмот да ги споделат најдобрите практики и искуства за промоција на туризмот


АКТИВНОСТ 8 – 3D видео мапирање и промотивно видео -

Цел: промоција на културното наследство на ИПР на иновативен пристап преку дигитална технологија со изработка на 3D видео за мапирање на Археолошкиот локалитет „ИСАР“- Штип Видеото ќе се прилагоди за презентација во голем обем (на ѕидот на тврдината - А13) и во помал обем во изложбени сали (А10 и А11) Ќе се развие и промотивно видео за презентирање на културното и природното наследство на Белица (фолклор, музика и традиција)

АКТИВНОСТ 9 – Работилници за Управување со туристички дестинации -

-

2 тридневни работилници за вработени во локалните самоуправи кои се одговорни за развој на туризмот, НВО како и организации за поддршка на бизнисот во туристичкиот сектор и регионалните стопански комори Првата работилница ќе биде во Белица, а втората во Штип, 30 учесници ( по 15 учесници од секоја страна)


АКТИВНОСТ 10 – Саем за туризам во Белица, презентација на културата, историјата и традицијата на Источниот регион

- 3 дена - Цел: ќе се промовира уникатното културно и природно наследство на ИПР на саемот во Белица - Презентацијата на ИПР ќе се реализира под слоганот „Патување и туризам во Источниот регион на Македонија“ - На саемот ќе се прикажува 3D видеото (А7) - Саемот ќе се организира со учесниците на обуката за управување со културни настани (А3)


АКТИВНОСТ 11 – Патувачка презентација на Белица и Саем за туризмот во Штип – претставување на Белица, култура, историја и традиција

- Со цел презентирање на уникатното културно и природно наследство на Белица во ИПР, ЦРИПР ќе организира патувачка презентација на Белица во 3 општини (Делчево, Виница и Кочани) - Секој настан ќе трае 3 дена - Активноста ќе заврши со Саем на туризам во Штип - Културното и природното наследство на Белица ќе се презентира преку фотографии, видеа, промотивни материјали и примери на локални ракотворби и сувенири - Сите настани и саемот ќе се организира со учесници од обуката за управување со културни настани (А3)


АКТИВНОСТ 12 – Набавка на иновативна опрема за популаризација на културното наследство во Белица

- Со цел популаризација на материјалното и нематеријалното културно-историско наследство на Белица ќе биде обезбеден информативен кисок (електронска табла), која ќе има мулти функционален екран на допир со дисплеј со вградени видео и аудио системи и оперативен систем - Ќе се постави во Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“


АКТИВНОСТ 13 – Промоција на градежноконзерваторските работи, промотивно 3D видео и затворање на проектот во Штип

- Промотивниот настан за промоција на резултатите од проектот ќе се одржи на археолошкиот локалитет „Исар“ - 3D видеото (А8) ќе биде проектирано на ѕидот на тврдината „Исар“ или на фасадите на црквата „Св. Власие“ - Еден месец пред промотивниот настан ќе се спроведе широка медиумска кампања на која ќе се промовира промотивниот настан со цел поголема популарност на културното и историското наследство - Учесниците на настанот ќе го посетат археолошкиот локалитет „Исар“ и ќе бидат придружувани од туристичките водичи обучени во рамките на А2


АКТИВНОСТ 14 – Промоција на адаптираното Народно читалиште и затворање на проектот во Белица

- Настанот ќе се одржи во Белица - Ќе се презентира креираното видео (А8) за културното наследство на Белица и 3D видео мапирање за ИПР - Ќе се презентира веб платформата и развиените игри (А7) - Завршниот настан ќе биде можност за вмрежување на засегнатите страни од областа на туризмот и културата и создавање на нови контакти од двете страни на границата






ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.