Planski mac

Page 122

Студија за одржлив развој на органското земјоделско производство во Источниот плански регион

земјоделско производство од Пробиштип до вливот на Злетовска Река во Брегалница. Потоа, по течението на Каменичка Река и по течението на реката Крива Лакавица, од вливот на Маденска Река во реката Крива Лакавица до селото Лакавица. На крај, но ништо помалку значајно, отсуството на инвестиции или намера за инвестирање

во преработувачките капацитети за органски производи во овој регион, наспроти огромниот потенцијал за извор на сировина, немањето развиен производ со заштитено потекло кој само би бил надграден со примена на производството, според органските принципи во голема мера ќе го отежне постигнувањето на одржлив развој.

5. Насоки за развој и проектни концепти Со оглед на фактот дека Република Македонија од декември 2005 година е земја-кандидат за членство во Европската унија, без определен датум за почеток на преговорите за пристапување, нужно е условена да ги следи насоките според кои Унијата има намера да го одржи и поттикне руралниот развој. Треба да се има на ум дека земјоделството и активностите кои одат со него повеќе не се самостоен сектор, не само во Унијата туку и ширум светот, и дека е составен дел на еден холистичен пристап за развој познат како рурален развој. Развојот на органското земјоделско производство во Унијата се темели на стратешките насоки на Советот за рурален развој 2007-201338, каде е наведено дека насоките за делување во руралниот развој ќе придонесат кон: – пронаоѓање и усогласување за областите каде примената на мерките за поддршка на ЕУ даваат најголем ефект (на ниво на ЕУ); – поврзување на главните приоритети на ЕУ (Лисабон и Гетеборг) и нивно преведување во политика за рурален развој; – постигнување конзистентност со останатите политики на ЕУ, особено со политиката за рурален развој; – помагање за спроведување на новата пазарно-ориентирана Заедничка земјоделска политика (CAP39), како при неопходните преструктуирања во новите и старите земјичленки. 38 39

Според Принципите на заедничката земјоделска политика, усвоена во Гетеборг, Шведска, на 15-16 јуни 2001 година, силниот економски развој мора да биде усогласен со: – одржливата употреба на природните ресурси и намалување на количините од отпад; – задржување на биодиверзитетот; – одржување на екосистемите; – намалување на опасноста од уништување на живиот свет; – одржливата употреба на природните ресурси и намалување на количините од отпад; – задржување на биодиверзитетот; – одржување на екосистемите; – намалување на опасноста од уништување на живиот свет; – ставање акцент и поттикнување на производство од здрави, висококвалитетни производи; – производни методи кои не ја загрозуваат/ загадуваат околината. Вклучување на органското производство: – употреба на обновливите извори на енергија; – заштита на биодиверзитетот. Постојната политика на Унијата за рурален развој се потпира на три области: 1. економиката во работењето во земјоделството; 2. човекова околина; 3. рурална економија и рурално население.

Official Journal of the European Union L 55/20 од 25.2.2006 г., (2006/144/EC) Common Agricultural Policy (Заедничка земјоделска политика)

— 121


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.