04 zashtiteni podracja

Page 96

Извештај за состојбата со заштитените подрачја подрачја во сливот на реката Брегалница

Во однос на морфолошките карактеристики, стеблата се високи првото 18 m, второто - 3,70 m, и третото - 20 m, со обем на градна висина на деблото од 3,20 m; 2,60 m, и 3,70 m. Во Просторниот план на Република Македонија, локалитетот е предложен за заштита во категоријата споменик на природата, додека експертскиот тим при изработка на РМЗП (2010/2011) и според теренските истражувања во 2015 година се предлага негово прогласување како природна реткост.

Слика 42. Природна реткост „Дабови благуни – Трстеник“

6.4.9

Природна реткост „Дабоски Андак“

Мешана шумска состоина од црн бор (Pinus nigra) и бука (Fagus sylvatica) во месноста „Дабоски Андак” на Малешевските Планини на надморска височина 1000 до 1245 m (Сл. 43). Црниот бор го сочинува горниот кат од шумската состоина, а буката подолниот. Теренот е умерено стрмен до 20°, на силикатна геолошка подлога. Почвата е дистричен камбисол, со дебел слој од хумус и листинец. Состоината е делумно отворена со шумски патишта. Дрвјата од црниот бор се здрави, со височини и над 25 m. Одредени стебла се со дијаметри на градна височина поголема од 60 cm. Буката е со помали димензии, до 20 m височина и до 40 cm дијаметар на градна височина. Одреден број од стеблата се криви и гранати. Во состоината има бројна природна обнова од бука, а само на одредени силно просветлени места има и од црн бор. Делови од овaа состоина се наоѓаат и во приватна сопственост. Во нив се вршени одредени сечи, пред сè на старите црнборови стебла, но со послаб интензитет. Во другиот дел од состоината не се вршени никакви сечи и активности, па таа претставува природна од човек неизменета средина, но средина во која се забележливи процесите на природна сукцесија на црниот бор и буката.

96


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.