02 bioloshka raznovidnost

Page 32

Извештај: Биолошка разновидност во сливот на реката Брегалница

50 жители изнесува 23. Меѓу нив, има и села кои се сведуваат на 10 или под 10 жители и за нив се очекува дека брзо би се приклучиле на списокот на иселени села. Според стадиумите на т.н. демографско стареење, овој дел од Македонија е навлезен во шестиот (од вкупно седум) стадиуми на демографско стареење. Главни причини за ова се ниското ниво на наталитет (особено во последните 20 години) и миграциските процеси. Источниот плански регион остварува околу 8,1% од бруто домашниот производ на државата, учествува со 92% во просечниот бруто домашен производ по жител во Македонија и со 5,2% во вкупните инвестиции остварени во Македонија. Од просторен аспект, регионот се карактеризира со недоволна рамномерност која се манифестира преку доминацијата на економијата на регионалниот центар Штип, потоа следи економијата на општинскиот центар Кочани. Останатите општини во ИПР имаат слично или приближно исто ниво и текови на економски развој. Од економските дејности во ИПР, најголемо учество со удел од 14,9% имаат земјоделството, шумарството и рибарството. Потоа следат областите: преработувачка индустрија со учество од 11,7%; снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и санација на околината заедно оствариле учество од 11,4%; рударство и вадење на камен учествува со 11%; трговија на големо и мало, поправка на моторни возила учествува со 8,1%; објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 7,9%; транспорт и складирање со 7,1%; градежништвото учествува со 5% и најмало остварено учество е во областа финансиски дејности и дејности на осигурување (Сл. 11).

Земјоделство, шумарство и рибарство

6.1

7.6

6.6

2.6

Рударство и вадење на камен

14.9

Преработувачка индустрија

11

4.6 7.9

11.7 7.1

6.1 8.1

5

11.4

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и санација на околината Градежништво Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила Транспорт и складирање Објекти за сместување и сервисни дејности со храна Информации и комуникации Финансиски дејности и дејности на осигурување Дејности во врска со недвижен имот Стручни, научни и технички дејности Административни и помошни услужни дејности

Слика 11. Учество на активни деловни субјекти по дејности во ИПР за 2013 година

Просечната исплатена нето плата во ИПР е 15785 денари, што е најниска вредност во споредба со останатите региони во Македонија. Стапката на вработеност во ИПР во 2014 година изнесува 50,8, а стапката на невработеност била пресметана на 20,1.

32


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.