Click Magazine

Page 1




click/содржина БРОЈ 02 • ЈУНИ 2008

ХАРДВЕР

12 - 49

12 LG BE06 Super Multi Blue Rewriter

Стилски екстерен режач посакуван од секој компјутер со слободна USB 2.0 порта

18 Лаптопи до 500 евра

Споредба на карактеристиките на лаптопи во ценовен ранг под 500 евра, кои можат да се најдат на нашиот пазар

24 WD My Book 500GB Essential Edition

Надворешниот хард-диск во форма на книга кој може да ви ја замени целата библиотека

25 HTC TyTN II

Вашата мобилна канцеларија со комплетна QWERTY тастатура

30 Logitech Harmony 1000

14

OLED Технологија

OLED Технологијата ја носи сликата од иднината

Далечински управувач кој носи сосема нова димензија и ново значење на самиот поим „Далечинско“

33 Canon FS11

Врвна видео камера во рангот на стандардната резолуција која нема потреба да ја пазите од „тресење“

34 HP 2133 vs. Asus EeePC 900

Борбата на малите џинови за превласт на пазарот на ултра-лесните преносници

СОФТВЕР

50 - 79

54 Dr. Divx

Швајцарско ноже за обработка на видео материјал

58 LELA – Linksys Easy Link Advisor Советничка која ќе ја намести целата мрежа специјално за вас

36

Drobo

62 Cloud Computing

Сè што му треба на еден корисник е тастатура, монитор и пристап на Интернет

Верно ги чува вашите бесценети податоци

67 Acrobat.com

Нов сериозен играч на пазарот на ofice веб апликации

74 Webby Awards

Доделувањето на овогодинешните награди за најдобрите сајтови на Интернет

ИГРИ

80 - 87

86 Добар, Лош и Гаден

RPG акција подигната на повисоко ниво

50

iPod touch

Работи кои ќе отворат цел нов свет на можности

click јуни 2008

РЕДОВНИ РУБРИКИ 6 88 90

вести DOWNLOAD ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИ


click јуни 2008


click/вести/јуни

Прототип на тастатура која претпочита камера наместо копчиња Можеби не станува за идеалната тастатура, но сепак мора да се признае способноста на дизајнерот Kong Fanwen да го отфрли користењето на копчиња во овој прототип на „Тастатура без копчиња“. Наместо веќе познатиот механизам, оваа тастатура користи камера и најновите достигнувања во motion capture технологијата за да ги следи вашите прсти и да ги регистрира нивните движења, забележувајќи ги сите откуцани букви. Ова најверојатно ќе ја направи тастатурата отпорна на вода (кафе и други пијалаци со кои често се среќава) и може да дојде со специјално осветлување за полесно да ги најдете „непостоечките“ копчиња. l

Научниците креираат музика директно со своите умови Мисловната контролна капа на G-Tec постои веќе некое време, но група научници на Goldsmiths, University of London, пронајдоа сосема нов начин за употреба на истата. Тие успешно го адаптираа овој уред во музички инструмент, со тоа што корисникот кој ја носи капата, единствено треба да помисли на нота додека се прикажува на екранот, за таа да биде отсвирена. Се уште не е доведена до перфекција, бидејќи точно отсвирува само 6 од 8 пати, но научниците гледаат голем потенцијал во примената на овој систем. l

Genel стана официјален увозник за Olympus

Genel, веќе познатиот дистрибутер на Canon производите во Македонија, отсега станува и официјален дистрибутер на палетата на производи од Olympus. Olympus Corporation е по потекло јапонска компанија основана 1919 година, со почетна дејност во пазарот за микроскопи и термометри и долга историја на производство на камери и леќи, за денес да биде една од најголемите компании специјализирани за производи поврзани со оптика и слика. l

click јуни 2008

PCI Express 3.0 технологија PCIe 2.0 успешно ја зголемува брзината на проток за два пати, но истото нема да се повтори и со PCI Express 3.0. Изгледа дека технологијата ќе има проток од 8-гигатрансфери во секунда, за разлика од 5-те гигатрансфери во секунда на PCI Express 2.0. Од ширината на каналите и протоколот ќе зависи вистинската брзина, што значи дека новиот стандард може да крие неколку трикови во ракавот. Добрата вест е што PCIe 3.0 ќе биде компатибилна со PCIe 2.0. Производите ќе се појавуваат на пазаротод 2010 година. l

Panasonic ги претставува хибридните Pa-Look компактни флуоресцентни сијалици LED сијалиците можеби ги „крадат“ повеќето од насловите денеска, но Panasonic изгледа дека најде простор за подобрување на обичните сијалици и тврди дека се првите што го користат „хибридниот светлосен метод“. Оваа иновација се состои од „Брза ламба“ која се наоѓа во средината на сијалицата и која помага да постигне 60% од осветленоста за половина од времето потребно на обичните сијалици, а потоа автоматски самата се гасне штом постигне полна осветленост. Потрошувачката е проценета на 54 вати. l


click/вести/јуни

Eee PC 901 со Atom процесор

На саемот Computex, поточно на изложбата WiMax Expo, Asus го промовираше моделот 901 на својот популарен преносник - Eee PC. Карактеристично за овој модел е што се базира на процесорот Intel Atom со работна фреквенција од 1.6 GHz. Мониторот има дијагонала од 8.9 инчи, работната меморија е со капацитет од 1 GB, а уредот има и читач на мемориски картички. Верзијата со оперативен систем Windows XP има SSD диск од 12 GB, додека онаа со Linux доаѓа со SSD диск од 20 GB. Безжичната комуникација се одвива преку WiFi и Bluetooth, а во план е верзија со поддршка за WiMax. Тежи 1.14 килограми, а батеријата трае 4 до 6 часа. l

Нов „уценувачки“ вирус кој енкриптира Kaspersky предупредува дека на нетот е на слобода нова верзија на стариот уценувачки вирус Gpcode, Gpcode.ak. Овој вирус ги енкриптира вашите важни датотеки како DOC, TXT, PDF, XLS, слики и сл. и ве тера да платите за да го добиете клучот за дешифрирање. Од Kaspersky засега можат да го детектираат вирусот, но се немоќни при негово отстранување, бидејќи вирусот користи нова 1024 битна енкрипција. За споредба, стандардните енкрипции се 128 до 256 битни. 1024 битната енкрипција има 10308 комбинации (1 со 308 нули). Така да, пазете ги вашите најважни фајлови и правете безбедносни копии. l

3D монитор за комерцијална употреба

Уапсен сопственикот на Broadcom

На саемот InfoComm, кој што се одржува во средината на јуни во Лас Вегас, треба да биде претставен првиот 3D монитор за широка потрошувачка, произведен од Philips. Мониторот има дијагонала од 22 инчи, резолуција од 1680x1050 точки и ја имплементира технологијата WOWvx, која му овозможува на гледачот реалистичен 3D ефект, без употреба на дополнителни очила за таа цел. На пазарот треба да се појави кон крајот на годината, а цената се уште не се соопштува. Се очекува во прво време да се употребува за рекламни панели и за играње во казино. l

Хенри Николас, милијардерот и коосновач на Broadcom, компанија која произведува чипови за многу реномирани технолошки фирми како Apple, Linksys, Nokia, Logitech, Cisco, Lenovo и многу други, е уапсен под сомнение дека без нивно знаење и согласност ставал exstasy и други нелегални дроги во пијачките на своите бизнис соработници, како и дека набавувал „придружнички“ за своите колеги. Неортодоксната бизнис практика на Хенри била откриена случајно при рутинска истрага за измама при купување и продавање на акции. l

30 години x86 процесори На почетокот на месец јуни, далечната 1978 година, Intel го промовираше својот 16-битен процесор 8086, со што започна ерата на процесорите од фамилијата x86, кои надградени и усовршени и ден-денес се актуелни. Четири години подоцна, на пазарот се појави 286-ката, но вистинските промени се случија во 1985 година, кога на пазарот се појави процесорот 80386 со 32-битна архитектура и можности за извршување на повеќе програми одеднаш. Крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите беа одбележани со доминација на 486-ката, а првиот Pentium се појави во 1993-та. Moќниот Pentium 4 и неговите наследници ги користиме од 2000-та година па наваму. l

click јуни 2008


click/вести/јуни

Најбрзиот компјутер на светот За „скромна“ сума од 1.75 милијарди долари, телевизиската компанија CBS ја презема Интернет мрежата CNet. Во рамки на CNet се наоѓа и мрежата ZDNet, а тука се и добро познатите страници news.com, download.com, mp3.com, tv.com и други. Со ова, CBS станува и една од десетте најпопуларни Интернет компании во САД со 54 милиони корисници. Во светски рамки, веб локациите на CNet ги посетуваат преку 200 милиони корисници. l

Нова генерација на LCD монитори

Оптичките особини на течните кристали со сина фаза се такви што овозможуваат поширок агол на гледање, како и освежување на сликата за четири пати побрзо од постоечките LCD монитори. Уште повеќе, постапката за изработка на LCD монитори со течен кристал со сина фаза е поедноставна од сегашната, па и цената на таквите монитори би била пониска. Но, проблемот кај овие кристали е малиот ранг на температури под кој мониторот може успешно да функционира. Samsung се обиде да го надмине овој проблем со додавање на полимери во течниот кристал. На неодамна одржаната конференција Society for Information Display, која се одржа во Los Angeles, Samsung претстави прототип на 15-инчен монитор со течен кристал со сина фаза. Кога ќе се започне со комерцијално производство, не беше најавено. l

click јуни 2008

Борбата за освојување на пазарот на мали преносни PC уреди добива на интензитет. Intel Atom доби своја конкуренција во платформите Tegra, произведени од nVIDIA. Имаат површина од 144 mm2 и потрошувачка помала од 1 W. Покрај процесорот ARM 11 800MHz, на чипот се интегрирани и GeForce графички процесор со мала потрошувачка, процесор на слика и процесор на видео. Постои поддршка за комуникација со хард дискови, глувче и други периферни уреди. Се очекува платформата Tegra да биде имплементирана во мобилни уреди со цена од околу 200 долари. Главната разлика помеѓу платформата базирана на Intel Atom и оваа на nVIDIA е во архитектурата на процесорот x86 наспроти RISC со помали перформанси. l

Windows 7 со екран на допир

Пристигна iPhone 3G По многу шпекулации од медиумите за неизбежното откривање на новиот iPhone 3G, предизвикано од фактот што „стариот“ iPhone од прва генерација, скоро месец дена е распродаден, т.е. out of stock, на WWDC 08 презентацијата на 9. јуни, Стив Џобс конечно ги потврди гласините. Новиот iPhone има UMTS/HDSPA антена и чип, што значи вртоглави брзини до 7 Mb/s! Опремен е и со GPS, а истовремено со него ќе излезе и втората верзија на iPhone OS X, 2.0. Таа ќе ги донесе многу очекуваните third party апликации, со што на овој чудесен телефон му се додава цела нова димензија и го прави

NVIDIA Tegra – конкуренција на Intel Atom

еден од најконкурентните на пазарот. Но, дефинитивно најголемо изненадување претставуваше драстичниот пад на цените. iPhone 3G 8GB сега чини само 199$, а 16GB верзија 299$. Се прошири и листата на земји во кои ќе биде достапен, од само 6 на дури 72. Македонија се уште не е на таа листа, но од Балканските земји, таа чест ја имаат Хрватска и Грција. l

Денешната интеракција на корисникот со компјутерот, најчесто се одвива преку тастатура и глушец, но во голема мера присутни се и екраните чувствителни на допир, пред сè кај малите преносни уреди. Ако се водиме од најавите на Microsoft, работите ќе се менуваат. На конференцијата All Things Digital во Калифорнија, челните луѓе на Microsoft на јавноста и претставија еден мал дел од понудата на новиот Windows 7, кој се очекува на пазарот некаде во 2010 година. Корисниците ќе може да работат со системот преку екран на допир, при што ќе имаат можност за зголемување и намалување на фотографии, исцртување патеки на мапи, свирење на пијано итн. l


click јуни 2008


12 14 17 18 24 25 26 28 29 30 31 33 34 36 38 38 39 40 42

LG BE06 Super Multi Blue Rewriter OLED Технологија MP3/WMA Wireless FM Transmitter Споредба на лаптопи до 500 евра WD My Book 500GB Essential Edition HTC TyTN II EDIMAX 802.11n Logitech G25 Zalman FPSGUN Мouse Logitech Harmony 1000 3G Технологија Canon FS11 HP 2133 vs. Asus EeePC 900 Drobo Apacer AH320 16GB USB 2.0 A4-Tech KIPS-800 VoIP Talk Asus T3-P5G31 Black Piano Blackberry IPTV

46 47 48 49

Vivax Imagio LCD TV-0701 RPC-TV-HDU TV Tuner Standalone Toshiba Satellite L300-110 Canon EOS 450D

click/хардвер

Убавецот со висока дефиниција

Стилски екстерен режач посакуван од секој компјутер со слободна USB 2.0 порта ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: LG www.lge.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: RiverSoft www.riversoft.com.mk ЗА И ПРОТИВ

Сите формати во едно Стилски изглед Лесна преносливост Едноставна инсталација Мала достапност на празни медиуми  Цена     

ЦЕНА

• 19.990 денари

ОЦЕНА

8.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Производ кој ќе ви ги задоволи сите идни режачки потреби, а кој можете да го имате денес.

12 click јуни 2008

В

о кредото на непрестајното развивање на технологијата и потребата од поголеми капацитети, му дојде редот и на познатиот DVD формат да добие свој наследник. За оваа престижна (и високо-профитна) награда, големите компании се поделија во два сојуза кои „објавија меѓусебна војна“ за доминација на следниот носител на високо-резолуциона мултимедија на масите. Од едната страна беа поборниците за HD-DVD форматот со Microsoft во првите борбени линии, а на другата - Blu-ray форматот поткрепен од империјата на Sony. Како што компаниите почнаа да се префрлаат на страната на Blu-ray и со неговото конечно прогласување како победник во војната, повеќе нема двоумење во која технологија да се инвестира. Тоа допринесе и на нашиот пазар веќе да се појавуваат режачи со поддршка за наследникот на HD медиумите. Таков режач е LG BE06 кој, заедно со неговиот интерен брат – LG GGWH20L, се единствените

Екстерната верзиjа на LG Super Multi Blue Режачот

кои моментално можат да се купат кај нас и кои имавме прилика лично да ги тестираме. Прво нешто што овој надворешен уред го издвојува од толпата

или најелитните гејмерски конфигурации. Осетливото-на-допир EJECT копче и неговиот црно-бел мат екстериер (исто така осетлив на отпечатоци) само го

Сопствениците на филмови во „напуштениот“ HD-DVD формат ќе бидат пријатно изненадени со способноста на овој уред да ги чита нивните дискови е неговиот стилизиран дизајн кој е „лесен за гледање“ и без проблеми може да се вклопи и во најскапите домашни кина

потврдуваат неговиот вкус за мода. Второто нешто по кое се издвојува е неговата версатилност. Може да реже

на целата палета на Blu-ray медиуми од кои BD-R дисковите со капацитет од 25 гигабајти може да ги реже со теоретска брзина до 6х (иако се уште на пазарот не се достапни повеќе од 4х медиуми). Не се проблем нити дво-слојните дискови кои достигнуваат капацитети од 50 гигабајти, нити BD-Rewritable дисковите. Сопствениците на филмови во „напуштениот“ HD-DVD формат ќе бидат пријатно изненадени со способноста на овој уред да ги чита нивните дискови (иако нема можност да реже на нив), а како стандард, ги реже и сите


click/хардвер/lg_be06_super_multi_blue

видови на DVD –R / +R и RW дискови со брзина од 16х - парирајќи им и на најбрзите DVD режачи, како и 4х брзинско режење на дво-слојните DVD дискови. За оние кои се уште користат и обични CD-a, нивното режење и читање е потполно поддржано. Во пакет со овој уред, доаѓа празен 1x-2х брзински 25 гигабајтен LG BD-Rewritible диск, што е вреден додаток бидејќи тек сега почнуваат да се распространуваат празните Blu-ray дискови. Доаѓа и CD со CyberLink Suite, USB кабел и додатен адаптер

и доколку веќе имате понова верзија од некоја од актуелните програми за режење (Nero, Roxio или вклучениот Power2Go од CyberLink), можете да почнете со забавата. Тестовите ги почнавме со снимање на 22.56 гигабајти „вредни“ податоци (блиску до реалниот максимум капацитет) на дво-брзински LG BD-Rewritable диск, а за режење го користевме Nero 8. Иако Nero јавуваше дека снима со 2х брзина, реално протокот на информации се движеше помеѓу 3.800 KB/s и 4.400 KB/s константно, без поголеми

за струја, кој малку ја ограничува преносливоста на режачот. Сепак, лесната инсталација повеќе од доволно компензира за ова ограничување. Сè што треба да направите е само да го приклучите уредот во струја и, штом го поврзете со некоја слободна USB 2.0 порта на вашиот компјутер,

промени и речиси без никакви флуктуации на баферот до самиот крај на режењето. Со тоа што и самото режење траеше 1 час и 32 минути, овие податоци повеќе соодветствуваат на брзина од 1х. Побавната брзина на режење може да се должи на верзијата на Nero или на фактот што се работи за

Во текот на целата процедура, без разлика дали се работеше за читање или режење, уредот беше исклучително тивок. Ова го прави одличен кандидат за моментите кога сакате да гледате некое видео директно од него веднаш го препознава. Нема потреба од инсталирање на било какви дополнителни драјвери

Rewritable диск, но моменталната недостапност на 4х брзински BD-Recordable дискови на нашиот пазар

(и уште повеќе, глобалната недостапност на 6х медиуми) ни оневозможи до максимум да ги тестираме теоретските способности на овој режач. Сепак, со зголеменото прифаќање на Blu-ray форматот, очекуваме во иднина оваа ситуација драстично да се промени Тестирањето сега продолжува со мерење на брзината на читање при копирањето на податоци од Blu-ray дискот на компјутер. Заради конзистенција, ги користевме веќе снимените 22.56 гигабајти од LG BD-Rewritable дискот. Овој пат, работите беа поинакви. Брзината на копирање се движеше речиси константно на 9.000 KB/s (што соодветствува на 2х брзина) и копирањето беше успешно по изминати точно 40 минути. За крај, ги тестиравме и квалитетите на читањето и на Blu-ray и на DVD дискови со помош на Nero CD-DVD Speed. Во двата случаи, резултатите беа на

солидно ниво, а за деталите е приложена и табелата. Режачот без проблем функционира и во стандардната хоризонтална положба и во вертикална положба со вклучениот држач, кој го прави малку да потсетува на поголем братучед на Nintendo Wii. Во текот на целата процедура, без разлика дали се работеше за читање или режење, уредот беше исклучително тивок. Ова го прави одличен кандидат за моментите кога сакате да гледате некое видео директно од Blu-ray или HD-DVD диск без да морате да ја копирате содржината

на вашиот хард-диск со цел: избегнување на бучавата. Кога сето ова ќе се сумира, ќе се добие извонреден производ кој ја прави бесцелна понатамошната потрага на еден единствен уред што ќе чита и пишува на сите стандарди (барем додека не се појави некој нов стандард). Тоа што се работи за екстерен уред, му дава и комплетна слобода да не биде врзан само за еден компјутер, што значи дека со него им додавате можност за оптичко режење и читање на новите HD стандарди на сите компјутери во домот. l [ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ]

СПЕЦИФИКАЦИИ ЦЕНА

19.990 денари

ГАРАНЦИЈА

2 години

КОНЕКЦИЈА

USB 2.0

ФОРМАТИ

Blu-ray, HD DVD, DVD, CD и LightScribe Технологија

БРЗИНИ НА РЕЖЕЊЕ

40x (CD), 16x (DVD±R), 4x (DVD±R DL), 6x (BD-R), 4x (BD-R DL), 24x (CD-RW), 6x (DVD-RW), 8x (DVD+RW), 5x (DVD-RAM), 2x (BD-RE), 2x (BD-RE DL)

БРЗИНИ НА ЧИТАЊЕ

40x (CD), 12x (DVD±R), 8x (DVD±R DL), 6x (BD-R), 4.8x (BD-R DL), 3x (HD DVD), 3x (HD DVD DL)

ТЕЖИНА

1.5 КГ

ДИМЕНЗИЈА

160 х 230 х 50 мм

click јуни 2008 13


click/хардвер

Logitech G25

Високиот квалитет не избледува и по неколку години користење ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Logitech www.logitech.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Нико Компјутери www.nikocomputers.com ЗА И ПРОТИВ

 Челична изработка  Засебен 6-брзински H менувач  Вистинска рачно сошиена кожа  Фасцинантно чувство на реалност и автентичност ЦЕНА

• 11.490 Денари

Н

екои производи едноставно се направени толку добро, што некогаш дури ја нема потребата за издавање на „нов и подобар“ модел. Таков е случајот и со воланот од Logitech, кој повеќе од една година по неговото излегување, се уште го држи тронот на пазарот. Именувањето само со „воланче“ навистина не му одговара на овој комплет, бидејќи повеќе се движи накај целосен кокпит отколку на обичен волан. Имено, доаѓа со 3 посебни елементи, засебни секој за себе: Едниот е подножјето на кое има 3 педали: куплунг, кочница и педала за гас, сите со различен степен на отпор. Изработени од вистински челик

направено од висински челик и вистинска рачно сошиена кожа. Со опсег на движење од 900 степени или речиси три целосни вртежи на воланот во двата правци, може да ја реплицира управувачката конзола и на најделикатните автомобили. Нема повеќе оправдување за неправилните паркирања и недобро фатените кривини во симулациите. Постојат два начини за прицврстување – привремен и перманентен. Привремениот користи прицврстувачи кои се затегаат на вашата маса со помош на вградените копчиња. Копчињата подоцна може да се сокријат во самиот волан со притискање надолу и вртење за

Златната комбинација на овој волан и Test Drive Unlimited допринесе за возачко искуство невидено досега

ОЦЕНА

9.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Најблиското нешто до возење на вистински ултра-скап автомобил кое можете да си го дозволите

28 click јуни 2008

и гума, во размер 1:1 и со подножје кое не се лизга, го доловуваат реализмот до максимум. Вториот елемент е 6брзинскиот (плус рикверц) мануелен менувач во H форма. Обложен со вистинска кожа и начин на движење како во елитен автомобил, од лер, па се до притисокот надолу за да се смени во рикверц. Единствено нешто што би можело да го направи овој менувач на брзини уште подобар се додатните копчиња и 4-дирекционалниот D-pad кои всушност и ги има. Третиот и најважниот елемент е самиот волан. Ова „ремек-дело“ кое изгледа како да е извадено од вистински тркачки автомобил и прицврстено на вашата маса е

45 степени. Овој начин му овозможува на воланот лесно да се инсталира (за помалку од 5 минути комплетно го поставиме) во моментите кога ќе добиете „потребата од брзина“. Доколку, пак, имате маса која целосно сакате да му ја посветите, тука е можноста и перманентно да го зашрафите. Тестирањето на овој „кокпит“ го направивме со една од најреалните симулациони игри за PC која вклучува и отворено возење и екстремни трки со најпознатите автомобили – Test Drive Unlimited. Како додатен бонус е реалниот Force-Feedback со кој ја осеќате секоја кривина и нерамнина на патот, а и можноста да одберете помеѓу мануелниот H менувач или полу-автомат-

Logitech G25, ултимативниот симулатор на реално возачко искуство

ските менувачи на самиот волан во зависност од автомобилот кој го возите во моментот. Златната комбинација на оваа игра со овој волан допринесе за возачко искуство невидено досега.. Возењето со брзина од 200 километри на отворен пат покрај океанот,

држење на менувачот во исчекување на правиот момент да смените во 6-та брзина, додека во истиот момент го осеќате мирисот од вистинската кожата на воланот е нешто што едноставно мора да се искуси од прва рака за да се доживее моментот. l [ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ]


Zalman FPS GUN

Оружје дизајнирано да одговара на вашата дланка СПЕЦИФИКАЦИИ

Zalman FPS GUN mouse ќе ви ја овозможи дополнителната прецизност која ви е потребана за да доминирате во FPS игрите

• Конекција: USB • Сензор: Оптички • Резолуција: 2000 dpi • Процесирање на слика: 6400 fps • Тежина: 181 грама • Димензија: 169х75х85 мм СПЕЦИФИКАЦИИ

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Zalman www.zalman.co.kr ЗА И ПРОТИВ

Д

обро познатиот производител на тивки разладни делови наменети за ентузијасти, Zalman, издаде на пазарот сосема поинаков вид на „играчка“ наменета за гејмерите. Иако во глобала, целната група што ги користи ваквите делови за ладење се поклопува со оние што градат екстремни гејмерски кофнигурации, ретко која компанија досега била доволно компетентна да навлезе и во двата сектори. Производот со кој Zalman навлегува во гејмерскиот пазар, се вика FPS GUN mouse и, како што самото име имплицира, се работи за хибрид од пиштол и маус наменет за акционите игри од прво лице. Уште од првиот поглед на овој производ, може да се забележи дека во игра е Zalman-ов квалитет и внимание на деталите (заедно со цена која одговара). Главната цел на дизајнот е да направи да почувствувате дека држите рачка од пиштол додека играте. Според наводите на Zalman, во акционите игри е многу побитно хоризонталното движење отколку вертикалното. Ова аналогно се одразува и на FPS GUN mouse. Сензорот кој е поставен

на предниот дел од маусот, реагира и на најмалите движења кој ги правите со зглобот на вашата дланка (лоцирана на задниот дел од маусот). Спротивно на ова, вертикалните движења се многу помалку осетливи и ќе треба целата рака да ја придвижувате напред или назад (ова малку се подобрува кога сетинзите ќе ги наместите на максимум осетливост). Ергономскиот дизајн и движење на маусот, освен што ја зголемува прецизноста и чувството за реалност, го намалува заморот при долгите гејминг сесии. Освен овие разлики, другите карактеристики се слични со останатите гејминг мауси: скрул тркалце и програмабилни копчиња, 2000 dpi резолуција и конекција преку речиси 2 метри долгиот USB кабел. Иако можеби нема да ви користи многу за други работи и на почетокот ќе ви треба мало привикнување, во онлајн битките кои се одвиваат во 3 часот наутро, овој маус дефинитивно ќе ги го овозможи работ кој ви треба. l

 Високо-квалитетна изработка и материјали  Солидно ги извршува рекламираните функции  Одлични лизгачки карактеристики и прецизност  Корисен само во FPS игри ЦЕНА

• 3.000 денари (приближно)

[ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ]

ОЦЕНА

7.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Квалитетен иновативен производ од веќе докажаниот Zalman

click јуни 2008 29


click/хардвер

Logitech Harmony 1000 Овој далечински управувач носи сосема нова димензија и ново значење на самиот поим “Далечинско“ ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Logitech www.logitech.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Нико Компјутери www.nikocomputers.com ЗА И ПРОТИВ

 175.000 предефинирани уреди во базата  Одличен дизајн  Екран осетлив на допир  Цена ЦЕНА

• 19.000 денари

Д

ома нормално имате ТВ, некаква HiFi линија, DVD плеер, можеби сателитски приемник, клима уред и уште некој уред кој, за лесно и комфорно управување, има далечински управувач. Така што ако ги соберете, во секое време имате 4 – 5 далечински управувачи кои во одредени ситуации ги снемува или ви фали токму оној кој во моментот најмногу ви треба... Е, доколку се решите за Logitech Harmony 1000, вашите проблеми се минато. Ова е централна конзола која може да води и управува преку 15 уреди во исто време. Harmony 1000 има база од околу 175.000 поставки за различни уреди со далечински управувачи, а доколку ја имате таа среќа да имате уред кој не е во тие 175.000, не треба да бидете разочарани бидејќи Harmony 1000 ги учи поставките од постоечкото далечинско и успешно ќе

Ултимативното далечинско преку кое можете да ги контролирате сите уреди во домот

експерт во “командување“ на работите и користење на Harmony 1000. За да го подесите Harmony 1000, потребен ви е компјутер, што значи нема можности да го отворите уредот, ставите батерија

Еден уред, едно парче хардвер со кое на дофат ги имате сите електронски направи дома кои имаат инфрацрвена порта и можност за управување преку истата

ОЦЕНА

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Одличен и едноставен начин за контрола на домашните уреди со инфрацрвена порта

30 click јуни 2008

го замени истото. Зошто токму Harmony 1000? Постојат еден куп универзални далечински управувачи кои ќе ви завршат работа, но кога ќе го видите Harmony 1000 сè ќе ви стане јасно. Harmony 1000 има 3.5 инчен екран осетлив на допир и максимално лесна и интуитивна апликација за работа со вашите уреди. На почеток делува збунувачки, но за брзо време станувате

и едноставно почнете да кликате по куќа. Прв чекор е инсталацијата на придружниот софтвер кој ќе ви помогне да ги подесите сите параметри и поставки

на вашите уреди дома, ќе ги сними и ќе ги каталогизира по намена. Штом заврши почетното подесување, можете комотно да ги баталите старите далечински управувачи, а исто така повторно би го подесиле Harmony 1000 само доколку додавате нов уред дома или менувате некој од старите. Полначот на батеријата е исто така и држач на далечинскиот управувач кој се вклопува во убавиот дизајн и ергономија, така што воопшто не наликува на конвенционалните полначи. Harmony 1000 идеално ќе се вклопи во секој дом. Постојат само неколку маани на оваа прекрасна

СПЕЦИФИКАЦИИ Меморија

15 уреди во исто време

Компатибилност

175.000 предефинирани поставки

Екран

3.5 инчен екран осетлив на допир

Конекција

USB

направа која во суштина ќе ве направи помрзливи од порано (нема да трчате наоколу по далечинските управувачи) и ќе имате само една точка на пристап. Цената е најголема маана на овој уред, прескап за наши стандарди. Уште една работа доколку навистина сакате на Harmony 1000 да му најдете маана ќе речете.. Harmony 1000 има екран осетлив на допир, па не можете да го „работите“ по навика и на осет, (ќе морате да го тргнете погледот од телевизорот за да смените програма). Сепак, доколку цената не е проблем, со овој производ добивате целосна контрола. l [ИВАН ЈАНКИЈЕВИЌ]


3G технологија

Ништо ново во светот, но новина кај нас. Малку историја и нешта кои можеби не ги знаете

В

о последно време, кај нас многу се зборува за 3G технологијата како новина која ќе овозможи многу повеќе телекомуникациски сервиси и поголеми брзини за пренос на различни типови на податоци. Но за да знаеме што добиваме, редно е да погледнеме не така далеку наназад.... 1G… или генереација еден - од тука сè започна… Во доцните седумдесетти и низ осумдесеттите години, се појавуваат првите системи на мобилна телефонија која е уште позната како мобилен радио телефон “cellular mobile radio telephone“. Овие мрежи користеле аналогни гласовни сигнали и биле нешто пософистицирани од веќе користените мрежи на репетитори кои се користеле од страна на радио аматерите.

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Технологија која носи многу новости и можности. Дали ќе биде распространета и кај нас, ќе зависи од цената со која ќе биде претставена на пазарот

2G…или генерација два - логично продолжение на приказната... 2G фазата започнува во деведесеттите и многу од таа технологија се користи и денес. 2G мобилните телефони користат дигитално гласовно енкодирање, а примери за тоа се CDMA и GSM стандардите. Од почетокот на 2G технологијата, па сè до денес, таа константно се подобрува, се зголемува протокот, рутирањето на пакетите и користењето на мултимедијата. 2.5G или GPRS (General Packet Radio Service) Меѓу фаза која резултираше со подобрување на перформансите во брзините на пренос и го воведе интернетот

во светот на мобилните телефони. 3G или генерација три - нови стандарди и подобрувања... Првата 3G мрежа стартуваше во Јапонија во 2001-ва година и оттогаш се шири низ светот. На Европско тло, 3G дојде во март 2003-та година, додека во Македонија, на почетокот од оваа година еден наш мобилен оператор - Cosmofon ја доби 3G лиценцата за наредните 10 години, а се уште не е објавено кога ќе стартува комерцијално. До јуни 2007ма година, во светот има 200 милиони претплатници на 3G мрежите што претставува само 6.7% од вкупните корисници на мобилната телефонија. Што ни овозможува 3G? 3G ни овозможува поголем проток на податоци (од 2 MBit/s, па нагоре), за таа сметка подобрена мултимедија (глас, податоци и видео), подобрени веќе постоечки модули за телефонија, електронска пошта, факс, видео конференција и пребарување на Web содржини. Еден од адутите на 3G е и глобалната роаминг опција. Производителите на мобилни телефони ревносно го следат и во некои сегменти го водат развојот на мобилната телефонија. Сите тие имаат модели кои го потенцираат и до максимум искористуваат тоа што го носи 3G технологијата. Nokia, Sony Ericsson, Samsung, LG и HTC веќе од поодамна на пазарот презентира модели кои поддржуваат 2G и 3G технологија, исто како и новата верзија на iPhone. l [ИВАН ЈАНКИЈЕВИЌ]

click јуни 2008 31


click/хардвер

Apacer AH320 16GB USB 2.0 16 GB прикачени на превезокот од вашите клучеви ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Apacer www.apacer.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Anhoch www.anhoch.com ЗА И ПРОТИВ

 Голем капацитет  Компактен и стилски дизајн  ACE софтвер за заштита и компресија  При работа се загрева ЦЕНА

• 4.090 денари ОЦЕНА

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Доколку ви треба капацитет, ова е стик за вас

М

еморискиот капацитет стана толку променлива категорија што е навистина тешко да се следи. Во морето на гига, па и тера бајти, во последно време е сé полесно да се плива. Последната едиција на USB уреди од Apacer која ни дојде во рака, има капацитет од екстремни 16 GB. Може со сигурност да се каже дека на овој капацитет веќе и големите корисници на мемориски простор можат да му позавидат. На овој уред можете лесно да ставите 4 филма во DVD формат или дури 80 – 90 епизоди од вашата омилена серија во DivX формат. На самата кутија, производителот вели

дека овој USB стик е 2.0 компатибилен, а иако официјално не стои логото на Windows Vista Ready Boost, некои модели „тивко“ го поддржуваат (сепак, ние не успеавме да го реплицираме ова во нашето тестирање). Со стикот ни доаѓа и малку познатиот алат за компресија ACE (Apacer Compression Explorer) кој според Apacer има навистина добри резултати на полето на компресија и ветува зголемување на капацитетот до 5 пати и остварување на неверојатни 80 гигабајти! Секако, ова е само теоретски и под претпоставка дека на него ќе снимате претежно некомпресирани текстуални документи.

16 гигабајти на едно USB стапче

Од гледна точка на големината на капацитетот, овој уред е одличен, но тоа допринесува за побавни перформанси во споредба со моделите со помал капацитет. l

СПЕЦИФИКАЦИИ

• Струја: од USB • Потрошувачка: 115 mAh • Подржани оперативни системи: Win 98/98SE/ME/ XP/2000/Vista, Mac OS и Linux 2.4.0 и повисоки верзии • Капацитет:16 GB • Димензии: 68x15х10.9 mm • Тежина: Приближно 9 гр.

A4-Tech KIPS-800 VoIP Talk

Eдно од „најчудните“ додатоци кои во последно време се додаваат на тастатурата ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: А4Tech www.a4tech.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Anhoch www.anhoch.com ЗА И ПРОТИВ

 Убав и тенок дизајн  Добра репродукција на телефонскиот сигнал  Цена  Малечка IP слушалка ЦЕНА

• 1.050 денари ОЦЕНА

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Убав дизајн и ергономија, IP телефонот има потенцијал

38 click јуни 2008

П

роизводителите на периферни уреди за компјутери, на секој можен начин се трудат своите производи да ги направат интересни и примамливи за крајните корисници. Постојат случаи во кои на тастатурите се поставувале едно чудо функционални типки или, пак, контроли за звук и мултимедија. Тастатурата која ја разгледавме го има сето тоа, но има и потполно функционален IP телефон кој со компјутерот се поврзува со USB приклучок и притоа го прави IP телефонирањето едноставно. Ги поддржува речиси сите протоколи за

IP телефонија (вклучувајќи ги Skype, MSN, Yahoo и AOL). Производителот вели дека во тастатурата има интегрирано звучна картичка и технологии за намалувањето на ехото и редукција на шумови, па така разговорите со овој телефон се чисти и јасни. Постои и звучен сигнал кој ќе ве предупреди дека некој ве бара на Skype или на некој од другите сервиси. Покрај телефонот, тука се и 17 мулти-функционални типки со кои можете да го контролирате компјутерот, електронската пошта, јачината на звукот и слично

Зборувајте од истото место од кое и пишувате

Сè на сè, ова на прв поглед е интересна играчка, но ретко дека ќе можете некогаш да ги искористите сите опции кои таа ви ги нуди. l

СПЕЦИФИКАЦИИ

• Цена: 1050 денари • Поврзување: Преку USB • Димензии: 50 x 21 x 1.5 cm • Локализација: English / United Kingdom • Функциски копчиња: 17 • Додаток: IP Телефон


click/хардвер

Asus T3-P5G31 Black Piano Солидна основа за домашно кино во мини пакување

С

о сè почестата примена на компјутерите како главен двигател во дневната соба, вниманието почнува да се осврнува и на еден аспект кој претходно ретко се наоѓал на листата на приоритети. Тој аспект е големината и дизајнот на десктоп компјутерот. Секако, веќе постојат куќишта специјално дизајнирани за компјутерите наменети за домашно кино кои без проблем се вклопуваат со другите уреди, но многумина ги одвлекува големата цена и прашањето дали нивната конфигурација ќе ја собере во тоа куќиште. Тука влегуваат на сцената конфигурациите наречени „гола коска“ (barebone) со цел да ја

за една конфигурација: веќе има напојување и основна плоча, а на неа се наоѓаат USB порти, LAN, вградена звучна и графичка картичка. Тоа што мора да се додаде во миксот е процесор, рам и хард-диск за да се добие комплетна машина, а по желба, може и појака графичка картичка. Логичен чекор на Asus, како производител на цела палета од компјутерски делови, беше да почне да произведува и вакви barebone машини, а ние во овој број, на тест го имавме ASUS T3P5G31 BlackPiano. Една од главните адути на овој barebone систем, освен големината и изгледот кој се вклопува беспрекорно во домашното кино, е тоа

Еден од главните адути на овој barebone систем, освен големината и изгледот кој се вклопува беспрекорно во домашното кино, е тоа што однапред ви е решен проблемот дали ќе се совпаѓаат мини куќиштето и матичната плоча пополнат таа празнина. Како што и самото име потенцира, станува збор за специјално куќиште кое во себе веќе ги содржи основните елементи

што однапред ви е решен проблемот дали ќе се совпаѓаат мини куќиштето и матичната плоча. Докомплетиран со Intel® Pentium® DualCore E2180 на 2.0 GHz, 2 GB рам, 250 гигабајти хард-диск и уште една nVidia 8500 GT графичка картичка, му овозможува на ова „машинче“ да се справи со секоја репродукција на HD видео што ќе му ја зададете. Сè што останува е да го поврзете со LCD монитор или телевизор, да му поврзете управувачки уреди (маус, тастатура) и веќе можете

СПЕЦИФИКАЦИИ

Asus T3 Black Piano дизајниран да биде дел од вашето домашно кино

• ГАРАНЦИЈА: 3 години • КОНФИГУРАЦИЈА: PROVISTA ASUS T3 BAREBONE: ASUS T3-P5G31 BlackPiano • ПРОЦЕСОР: Intel® Pentium® Dual-Core Processor E2180 | 2.0 GHz | Front Side Bus : 800 MHz | 2nd level cache : 1 MB • МЕМОРИЈА: Kingston 2x1 GB DDR2 RAM (800 MHz) • ГРАФИЧКИ ПОДСИСТЕМ: Foxconn nVidia 8500GT – 512MB PCIe • ХАРД-ДИСК: Hitachi 250GB 7200 rpm / 8MB cache SATA 2 • ОПТИЧКИ УРЕД: LG DVD RW GSA-H58NBAL • ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ: Нема КОНЕКЦИЈА: Ethernet 10/100/1000 Mbps, WiFi 802.11a/b/g/n, Dial-Up Модем, 3 x USB, VGA-15 pin ИНФО

да почнете со користење. Оптичкиот уред е сместен зад рамна вратичка која го крие, со цел да ја „запази линијата“, а EJECT копчето (како и вградениот 5-во-1 читач за картички), се дискретно сокриени зад лизгачкиот преден панел. На истиот овој панел се наоѓа и копчето за вклучување на компјутерот, осветлено на сличен начин како кај HD телевизорите.

Доколку сакате да направите солидна конфигурација која ќе раководи со вашето домашно кино, ќе има мали димензии, ќе се вклопува со другите уреди во дневната соба, а притоа не сакате да почнувате од 0 и да го „пробиете“ буџетот, тогаш Asus T3-P5G31 Black Piano е наменет за вас. l

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Asus www.asus.com.tw • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: AМЦ Компјутери www.amc.com.mk ЗА И ПРОТИВ

   

Дизајн Големина Перформанси Цена

ЦЕНА

• 22.500 денари

[ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ]

МЕРНИ ВРЕМИЊА

ОЦЕНА

Rar-ување на 1 GB најразлични фајлови 4:58 минути

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ПОКРЕВАЊЕ НА ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ 36.2 секунди

ОДЛИЧНО 60 секунди

Отворање на IE 8 1.4 секунди

8.5/10

10 минути

3 секунди

Ви овозможува солидна основа на која можете да изградите конфигурација која ќе ги задоволува речиси сите мултимедијални потреби

click јуни 2008 39


click/хардвер

Toshiba Satellite L300-110 Лаптоп кој можете да го купите преку вашата телефонска сметка СПЕЦИФИКАЦИИ

• ГАРАНЦИЈА: 2 години • ПРОЦЕСОР: Intel® Pentium® Dual-Core Processor T2370 | 1.73 GHz | Front Side Bus : 533 MHz | 2nd level cache : 1 MB • МЕМОРИЈА: 1 GB DDR2 RAM (667 MHz) (максимум 2 GB) • ГРАФИЧКИ ПОДСИСТЕМ: Intel® GMA X3100 • ХАРД-ДИСК: 160 GB • ЕКРАН И РЕЗОЛУЦИЈА: 15.4 “ | Toshiba TruBrite® WXGA TFT High Brightness display • ОПТИЧКИ УРЕД: DVD Super Multi drive (Double Layer) • ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ: Windows Vista® Home Premium Edition • КОНЕКЦИЈА: Ethernet 10/100/1000 Mbps, WiFi 802.11a/b/g/n, Dial-Up Модем, 3 x USB, VGA-15 pin • ТЕЖИНА: 2.5 КГ • ДИМЕНЗИЈА: 362 x 267 x 33.0 мм ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Toshiba www.toshiba-europe.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Senso Mak www.senso.com.mk ЗА И ПРОТИВ

    

Добар дизајн Солиден екран Релативно мала тежина Перформанси Цена

ЦЕНА

• 34.999 денари

ОЦЕНА

6.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ДОБРО Просечна конфигурација која може да им биде доволна на голем дел од корисниците

48 click јуни 2008

S

atellite L300-110 е дел од најновата фамилија L300 која ја сочинуваат вкупно 12 различни модели со 15,4 инчен екран, од кои два се се уште само во најава.. Покрај големината на екранот, лаптоп компјутерите од оваа фамилија делат уште некои карактеристики: Сите го имаат истиот Intel® GMA X3100 графички подсистем, оптички уред DVD Super Multi drive (Double Layer), модем, 10/100 Mbps LAN порта и 802.11b/g безжична конекција. Satellite L300-110 доаѓа со претходно инсталирана Windows Vista® Home Premium Edition што секако нема да израдува голем број корисници. Сепак, покрај тоа што Toshiba официјално не нуди драјвери за Windows XP, на Интернет може да се најде колекција на драјвери кои одлично функционираат на овој оперативен систем (clickmag.mk/url/00202). Но покрај оперативниот систем, овој компјутер на само отварење ќе ве пречека со уште многу друг софтвер кој ќе се обидува да го привлече вашето внимание и да ви потроши некој денар. Се надеваме дека здруженијата за заштита на потрошувачи во иднина ќе издејствуваат или пониски цени или бесплатни компјутери кои всушност првенствено ќе бидат ефективен канал за дистрибуција на реклами, во спротивно оваа практика може да предизвика голем револт, бидејќи уште од самото стартување запоседнува добар дел од ресурсите на овие машини. Надворешниот изглед и функционалност кај

Toshiba Satellite L300-110, наменет за Јадранскиот регион

Satellite L300-110 и се одлични. Тастатурата дозволува удобна работа, а бројот на дополнителни копчиња надвор од неа е сведен на минимум, со што се добива впечаток дека дизајнерите внимателно го склопувале овој преносник. Вградената 1,3 мегапикселна камера, дискот со капацитет од 160 GB, Intel Pentium Dual-Core процесорот на 1.73 GHz и трите USB порти се сосем доволни и функционални

за најголем број од дневните активности со кои би се соочувала целната група на оваа серија на лаптоп компјутери. Тоа се, секако, оние кои за помалку пари сакаат да добијат прилично солидна машина која нема да ги остави да чекаат за извршување на некоја операција. Верзијата која ние ја имавме во нашата редакција беше специјализирана за јадранскиот регион. Покрај различната пос-

МЕРНИ ВРЕМИЊА ПОКРЕВАЊЕ НА ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ 2:06 минути

5 минути

Rar-ување на 1 GB најразлични фајлови 10:42 минути

15 минути

Отворање на Acrobat Reader 8 4.04 секунди

10 секунди

Отворање на IE 8 2.2 секунди

5 секунди

тавеност на буквите на тастатурата (што воопшто не е од корист за нашата кирилица), некоја друга измена не се забележува. Малку повеќе време ќе треба за навикнување неговиот touchpad кој на долниот и десниот крај ја има опцијата за скролање, (која не е соодветно обележана), но затоа тоа го надоместува со неговата прецизност и „отпорност на влажни дланки“. Со вклучената батерија може да се очекува непрекината работа околу два и пол часа. Сепак, има една пречка која почесто ја нарушува концентрацијата при работа. Тоа е страничниот вентилатор кој често, гласно и топло се вклучува дури и кога компјутерот се користи само за прелистување на интернет страници. l [ДАРКО БУЛДИОСКИ]


click/хардвер

Canon EOS 450D

Професионалец или аматер, изборот е индивидуален

П

оследните трендови мора да се следат. Поминаа 4 години откако Canon го претстави првиот дигитален SLR фотоапарат (300D), а веќе на пазарот може да се најде и четвртиот модел од оваа серија 450D. На прв поглед, разликата помеѓу претходниот, 400D и 450D не е голема, но во очи веднаш паѓа големиот 3-инчен LCD екран заради кој дел од копчињата се преместени во дофатот на десната рака. Најголемата новина која е видлива преку овој екран е опцијата LiveView која овозможува преглед во живо на фотографијата која сакате да ја сликате. Малку неочекувано, вклучувањето на оваа опција е затскриено и не е добро појаснето во менито. Оваа опција, иако спора, овозможува одличен приказ на реалната фотографија, вклучувајќи неколку различни начини на фокусирање. Може

сепак таа е достапна само во мануелните модови на работа, а не и во автоматските, што директно цели накај посериозните фотографи. Убавината на оваа серија апарати е во можноста да одлучите дали ќе бидете аматер кои ќе има одлични фотографии во семејниот албум или ќе почнете редовно да одвојувате време и средства за нови објективи и едукација која на крај може да резултира со одлични професионални фотографии. Во кое било сценарио, новиот CMOS

Новиот CMOS сензор со 12.2 ефективни мегапиксели нема да ве разочара. Исто како што нема да ве разочара и новиот широко-аголен систем за автоматски фокус со 9 точки да се претпостави дека оваа опција најмногу би им годела на оние кои се префрлаат од компактните серии, но

сензор со 12.2 ефективни мегапиксели нема да ве разочара. Исто како што нема да ве разочара и новиот широко-аголен систем за автоматски фокус со 9 точки. Уште еден новитет кај оваа серија е вклучувањето на SD мемориски картички кои досега беа каракте-

СПЕЦИФИКАЦИИ

Canon EOS 450D, професионална 12 мегапикселна камера која може да си ја дозволи и аматер

• СЕНЗОР: 12.2 мегапиксели, 22.2 х 14.8 мм CMOS сензор • ГОЛЕМИНА НА ФОТОГРАФИЈА: 4272 x 2848 (L); 3088 x 2056 (M); 2256 x 1504 (S) • МЕМОРИЈА: SD/SDHC - не доаѓа со апаратот • ФОРМАТИ: RAW; RAW + JPEG; JPEG (EXIF 2.21) • LCD ЕКРАН: 3.0” TFT LCD; 230,000 пиксели; Широк агол на гледање (160° хоризонтално и вертиаклно) • ТЕЖИНА: 475 гр (без батерија) • ДИМЕНЗИЈА: 129x98x62 мм ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Canon Inc. www.canon.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Genel www.genel.com.mk ЗА И ПРОТИВ

ристика на компактните модели на Canon. Сепак, мора да се спомне дека денес на пазарот има доволно брзи SD мемориски картички кои може да им парираат на Compact Flash моделите. 450D има вграден блиц кој сосем коректно си ја врши работата. Доколку апаратот го употребувате со стандардниот објектив, при сликањето во затворени или потемни простории ќе мора да се навикнете да го употребувате понапредно бидејќи тој почесто ќе се вклучува. Препорака, не штедете на подобар објектив, за мала доплата се добива неопислива разлика. Останатите карактеристика на овој нов DSLR фотоапарат само ја продолжуваат славата на Canon кога станува

збор за дигиталните изданија. Ракувањето во новото, редизајнирано мени е едноставно и брзо. Дополнителниот приказ на одбраните подесувања на големиот екран (кога не е вклучена LiveView опцијата) ја олеснуваат работата со апаратот и ја зголемуваат самодовербата за понатамошно експериментирање со различните нагодувања. Во светот на технологијата, трендовите навистина брзо се менуваат, но со еден ваков фотоапарат нема да почувствувате потреба да ги следите во чекор. Големиот број на отворени опции се доволни за подолго време, а можностите за надградба, пред се на објективите, ќе ве држат зафатени извесен период. l

Одлично лежи во рака Голем LCD екран Мануелни комади Можност за надградба Не многу корисна LiveView опција  Цена     

ЦЕНА

• 47.990 денари

ОЦЕНА

7.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Прилагодлив за голем број различни намени

[ДАРКО БУЛДИОСКИ]

click јуни 2008 49


click/софтвер

Google Friend Connect

Изградете заедница на корисници на вашиот сопствен сајт или блог ИНФО

Google Friend Connect • ИЗДАВАЧ: Google Inc • ЛИЦЕНЦА: Freeware • ПЛАТФОРМА: Web • URL: www.google.com/ friendconnect ЗА И ПРОТИВ

   

Лесна имплементација Можност за надградба За многумина непотребен Нуди опции кои се стандардни на многу места

В

о екот на доминацијата на социјалните мрежи, веројатно секој сопственик на сајт или блог посакува и тој да има некоја форма на интеракција, мрежа, заедница со своите посетители. Денес. посетителите на еден сајт или блог доаѓаат од многу различни места и со различни цели, па оттаму е доста тешко да се задржи нивното внимание. Што ако сајтот би имал елементи кои би му овозможиле на секој посетител да се чувствува како дел од него, како дел од една мала заедница? Google од својата лабораторија, пред извесно време извадија серија нови алатки со кои можете да ја збогатите содржината на својот сајт или блог и, што е најважно, можете да го зголемите бројот на посети.

сајт, ќе треба едноставно да внесете само едно парче код. Нема потреба од програмирање, нити рачно дотерување на кодови. Едноставно го креирате елементот и го земате готовиот код. Но од што се состојат овие елементи? Што ново нуди

За да ги вметнете во вашиот сајт, ќе треба едноставно да внесете само едно парче код. Нема потреба од програмирање, нити рачно дотерување на кодови

ОЦЕНА

6/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ДОБРО Допрва ќе се слуша за овој сервис, по се изгледа веб девелоперите најмногу ќе му се израдуваат

52 click јуни 2008

Google Friend Connect е сервисот под чија капа се појавуваат повеќе различни видови содржини скроени по мерка. За да ги вметнете во вашиот

Google сега? Како за почеток, нудат неколку додатоци или, како што тие ги викаат, social gadgets: менаџмент на пријатели, огласна табла, рецензии и споделување на фотографии. Проектот е отворен и е во развојна фаза, кога на база на овие основни модули може да се изведат голем број различни апликативни додатоци. Сепак, главниот фокус е ставен на првиот додаток, менаџмент на пријатели (member management). Со него може да се креира социјална група на члено-

ви на вашиот сајт, притоа без да има потреба да се креираат посебни сметки, туку со користење на веќе постоечки Google, Yahoo или OpenID сметки. Секако, ќе може да ги поканите и корисниците и пријателите од Facebook, Hi5 и gTalk да ви се придружат, а дополнително ќе може да креирате нови пријателства на вашиот сајт. Штом еднаш го додадете овој додаток (member management gadget) посетителите на вашиот сајт или блог ќе можат да ги канат своите пријатели да дојдат на вашиот сајт и подлабоко да влезат во интеракција со вашата содржина. За да биде сево ова малку појасно, во продолжение еве два практични примера преземени од официјалниот сајт на овој проект: The Simple Filmmaker Овој млад филмски режисер сака да добие критики за своите нови дела. Па затоа користи опција со која можете да станете член на неговиот сајт и потоа да внесувате забелешки или пофалби за неговите најнови дела.

BibleApps

Со напреден развој на Google Friend Connect, авторите на BibleApps вметнале квиз кој мора да го одговорите во одреден временски рок, а потоа тој автоматски врши рангирање на одговорите. Google Friend Connect досега го развиваа програмерите на Google и членовите на развојниот тим на Open Social. Бидејќи ова е само почеток на развојот на различни елементи кои ќе може да се употребуваат во иднина, Google ги поканува сите заинтересирани да се придружат и да изградат свој додаток кој ќе им биде од корист на идните корисници. l [ДАРКО БУЛДИОСКИ]


click јуни 2008 53


click/софтвер

LELA – Linksys Easy Link Advisor

Советничка која ќе ја намести целата мрежа специјално за вас

Р

ИНФО • Linksys - WRT160N

• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Linksys (Cisco) www.lyknsys.com • ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД: Login Systems www.loginsys.com.mk ЦЕНА

• 5.532 денари

ИНФО • LELA

Linksys Easy Link Advisor • ИЗДАВАЧ: Linksys • ЛИЦЕНЦА: Вклучена со Linksys уредите • ПЛАТФОРМА: Windows • URL: www.linksys.com ЗА И ПРОТИВ

 Автоматско подесување на мрежните уреди  Едноставни и детални упатства  Вклучена бесплатно со сите понови Linksys уреди

ОЦЕНА

8.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Конечно, лесен начин да ја подесите целата мрежа и сите уреди „врзани“ на неа

58 click јуни 2008

аспространувањето на безжичното вмрежување речиси на секој чекор, развивање на новите технологии како Wireless N и достапноста на најразновидни модели низ целиот спектар на вакви уреди, го примамува секого во изборот да премине на безжично, доколку веќе го нема направено тоа. Сега веќе не е во прашање цената и дали уредот има поддршка за безжично вмрежување, туку како сите оние најразлични уреди ќе ги поврзете меѓу себе. Десктоп компјутер „гладен“ за интернет, лаптоп спремен за работа, домашно кино со медија стриминг, iPhone или iPod Touch… сите ја бараат меѓусебната врска. Со зголемувањето на нивниот број, се зголемува и комплицираноста на подесувањата за да работат како што треба и секој да има пристап и да добива онолку колку вие ќе му определите. Linksys во обид да најде решение кое ќе ја олесни процедурата на вмрежување го промовира софтверот наречен Linksys Easy Link Advisor или скратено – LELA (Лејла). Оваа „советничка“ ја презема улогата наместо вас да ги подеси сите мрежни уреди и да ви даде детални инструкции кој кабел каде да го вклучите и по кој редослед. Инструкциите се толку едноставни и

детални, што ви кажува дури и кога (и како) да го вклучите уредот во струја. Ова можеби делува смешно, но зачудувачки е колку „автоматски волшебници“ не успеале да си ја завршат својата работа само затоа што уредот бил вклучен во струја пред да се поврзат сите кабли (оневозможувајќи им да ја подесат правилно конекцијата). За да ги искусиме способностите на Лејла, го тестиравме новиот рутер од Linksys – WRT160N во кој таа е вклучена како дел од пакетот. Овој рутер, освен иновативниот дизајн и сите благодети што ги наследува со можноста да работи според Wireless

N стандардот, е еден од ретките на кој трите антени за MIMO-то му се вградени внатре – ова е добра вест и за оние кои чуваат миленичиња што имаат „апетит за гризење антени“ (а останатите кои чуваат миленичиња што гризат кабли за струја, ќе мора да почекаат некоја друга технологија). Уште пред да го поврземе рутерот, ја стартувавме Лејла. По прозорчето за пречекување, нè праша дали заменуваме некој стар рутер или сакаме новиот да го додадеме на стариот. Штом заврши проверката за мрежната картичка, почна со деталното упатство како да го поврземе

рутерот. На крај, откако ги поврзавме сите кабли, нè извести да го вклучиме во струја и го презема инсталирањето целосно во свои раце. Овде е важно само да се осигурате дека мрежната картичка на вашиот компјутер нема поставено од претходно статичка IP адреса. Доколку има, ќе треба да ги смените подесувањата за автоматски да ја презема IP адресата од рутерот или да ја поставите рачно на 192.168.1.1хх (ова ние го дознавме на потешкиот начин). Штом го завршите ова, можете веднаш да почнете со користење на вашата мрежа. l [ВЛАДИМИР КОЧКОВСКИ]


click/софтвер

Lijit

Пребарајте сè одеднаш

L

ijit претставува алатка создадена за блогери и напредни корисници на интернет или, ако воопшто може така да се профилираат, web 2.0 корисници. Корисници кои активно создаваат содржина на повеќе различни платформи. Во основа, Lijit е пребарувач базиран на енџинот на Google. Всушност, Lijit до максимум ја поедноставува опцијата за сопствено нагодено пребарување (custom search) која веќе подолго време ја нуди Google. Lijit автоматски допушта да одберете кои од вашите лични акаунти на најпознатите светски сервиси ќе ги додадете во базата на вашиот личен

пребарувач. Листата на сервиси е голема, а ако тоа не е доволно Lijit „копа“ низ вашите профили и блогови и ви сервира уште една проширена листа со профилите на вашите пријатели и линковите кои ги има во вашиот блогрол. Не би претставувал ова web 2.0 сервис доколку не би овозможувал вградување на по мерка скроен пребарувач на вашиот блог или сајт. Врвот во леснотијата, удобноста и корисноста во користењето на овој додаток за пребарување доаѓа кога ќе приметите дека Lijit големо внимание посветува на анализата на пребарувањата направени со него. Имено, уште

ИНФО

Lijit • ИЗДАВАЧ: Lijit Networks • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • ПЛАТФОРМА: Web • URL: www.lijit.com ЗА И ПРОТИВ

 Лесна имплементација  Одлична статистика  Не е функционален во целост

при самото најавување на овој сервис, првата информација која ќе ве пречека е бројот на пребарувања и најпребаруваните термини, за потоа да ве одведе на делот со напредна анализа која може да се израмни со најквалитетните сервиси за следење на посетители

на еден сајт. Lijit ќе им се допадне на оние кои веќе добро пливаат во web 2.0 сервисите и кои уште од самото креирање на сметката ќе испланираат каде и како ќе го искористат овој сервис на некој од своите сајтови или блогови. l

ОЦЕНА

7.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Сервис на кој ќе му најдат брза и корисна примена голем број интернет зависници

click јуни 2008 59


click/софтвер

Boxbe

Комплeтна заштита од непосакувани пораки ИНФО

Boxbe • ИЗДАВАЧ: Boxbe, Inc • ПЛАТФОРМА: Интернет • URL: www.boxbe.com ЗА И ПРОТИВ

 Добро адаптирана иновација  Голем број опции за подесување  Добро разгранета навигација  Компатибилност со мал број на веб мејл клиенти  Процесот на интеграција не е доволно разработен

ОЦЕНА

6.5/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ДОБРО Во теорија корисен, но во пракса зависи од секој корисник одделно

70 click јуни 2008

Е

дна од причините која натера голем број интернет корисници да ги употребуваат сервисите за социјално вмрежување е избегнувањето на спам меjловите. Можноста за контрола на листата на пријатели кои можат да ви пишат навистина е корисна, особено ако дневно добивате многу пораки на вашите стандардни меjл сервиси. За среќа, а за оние другите, спaмерите, за несреќа има решение како без да го напуштите удопството на мејлот, да имате контрола над листата на луѓе кои смеат да ве контактираат. Boxbe е сервис кој го нуди токму тоа. Пред да помислите дека е бесмислено да ја ограничите својата комуникација, мора да се напомене дека Boxbe има решение и за тоа. Системот како за почеток се полни со контатките

пријатели и континуирано да ја надополнува вашата листа, се разбира со ваше одобрување. Како и да е, во ниту еден случај филтерот наречен Boxbe нема да ви ги избрише останатите пораки, туку уредно ќе ги складира во посебна папка во рамките

Секојдневната битка со спам пораките продолжува. Опциите од на ден се зголемуваат, некој се веќе познат систем, а некои експериментираат. Boxbe сe обидува да се издвои кои ги имате на своите постоечки мејл сервиси за потоа да се поврзе со контактите на вашите

на вашиот мејл. Постојат голем број на анти-спам опции. Дел од нив може и да чинат многу и да ветуваат брда и планини. Boxbe е комплетно бесплатен и покрај едноставното филтрирање преку листата на ваши пријатели, дополнително на секоја порака ќе додава бројка за степен на важност/релевантност. Градацијата е од 1 до 10 и е дополнета со кодирање со бои. Па така, ако некој ваш пријател ја промени адресата,

овој систем ќе умее да ја процени веродостојноста на името и мејл адресата и ќе го спореди со вашите контакти, па дури потоа ќе го одбележи со зелено, жолто или црвено. Идиличната слика за живот без спам пораки има и свои недостатоци. Boxbe може да го користите само со мејл од Yahoo или преку мејл клиентот Microsoft Outlook. Малку позитивно светло на ова фрла можноста да ја внесете листата на пријатели од поголем број сервиси, меѓу кои Hotmail, Gmail, AOL и други. Навистина, Boxbe убаво се интегрира во вашиот мејл, но сепак сите подесувања на листите и начините на кој тој ќе ве заштити од спам пораки, може да се направи само на личниот профил на boxbe.com. Ова и не би било толку голем проблем пред неколку години, но денес сите интернет корисници се обидуваат да користат сервиси кои ќе им овозможат завршување на повеќе работи одеднаш, а подесување на мејл од две места, си-

гурно не е една од првите опции. Boxbe заслужува внимание, доколку навистина не сакате да го гледате секојдневно мејлот преполн со бесмислени пораки, времето поминато во прилагодување на овој сервис на крај може да се исплати. l [ДАРКО БУЛДИОСКИ]


click/софтвер

Крт.от

Македонски „копач“ на интересни статии

Г

лобалната практика на копирање на најпознатите светски сервиси на локално ниво, честопати се докажува како успешен модел во развојот на еден проект. Крт.от може слободно да се каже дека е изработен по урнек на Digg, но очигледно при изборот на името, влијание имал и далеку постариот ваков македонски сервис - Кајмак.от. Користејќи актуелни технологии за интеракција со читателите, Крт.от овозможува да пријавувате и гласате за интересните статии. Крт.от графички изгледа одлично. Секако, тука е и можноста за вградување на букмарклет. Процесот

на пријавување на нова сторија може да ви земе многу време, особено што ви дозволува напредно едитирање на она што треба да го внесете како опис. За еден ваков сервис, општата навика на посетителите е да пријават или најдат интересна сторија, набрзина да кликнат и да заминат од таму. Со структурата на сториите која ја наметнува постојната група на корисници, се оддава порака дека тие не сакаат да заминете од таму. Самиот наслов води до опширниот дел од сторијата на самиот сервис. Пренесувањето на целите стории заедно со слики доаѓа малку

ИНФО

Крт.от • ЛИЦЕНЦА: Бесплатна • ПЛАТФОРМА: Web • URL: www.krt.com.mk ЗА И ПРОТИВ

   

збунувачки во моментот кога се подготвувате да се префрлите на изворната сторија. Крт.от претставува трет ваков сервис за македонска содржина и веројатно ќе се потруди да создаде своја заедница на корисници кои дополнително

ќе придонесат за развој на локалната содржина. Во светот веќе одамна за ваквите сервиси се знае кој е повеќе насочен на технологија, кој на политика и сл. Кај нас веројатно допрва ќе се случи тој развој што секако е крајно позитивна работа. l

Графички изглед Технологија Структура на статија Потребно време за пријавување статија

ОЦЕНА

7/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Нов локален сервис пред кој може да има светла иднина

click јуни 2008 71


click/софтвер/dscaler

„Отплеткувачот“ на видео сигналите Видео прикажано на компјутер во најдобро светло, без разлика на недоразбирањата помеѓу аналогното и дигиталното

Д

енешните компјутери со леснотија се справуваат со приказ на видео, дури и идеално го прикажуваат HD видео материјалот, без оглед дали е со 720p или 1080p резолуција. Но, колку и да делува неверојатно, поголем проблем претставува видео материјалот со стандарден квалитет, посебно добиен од ТВ тјунер картичка или од аналоген извор на видео сигнал, како на пример VHS видео или Hi8 видео камера. Самата количина 72 click јуни 2008

на добиени податоци со конверзија од аналоген сигнал во дигитален не е проблем за денешните аритмички ѕверови, бројот на линии (и добиени пиксели) е неколку пати помал од работните резолуции на графичките картички и монитори. Најголемиот проблем е во различниот принцип на работа на аналогната телевизија и дигитално генерираниот сигнал на компјутерскиот монитор. Аналогната телеви-

зиска слика е преплетена (interlaced), додека сликата на компјутерскиот монитор е прогресивна (progressive). Докажано, едната со другата не се сакаат, т.е не е возможен директен приказ на аналогна преплетена слика на прогресивен компјутерски монитор. Преплетувањето кај телевизиската слика е воведено за да се подобри квалитетот на истата без додатни инвестиции, поради запазување на стандардите и за да не

се зголеми пропусноста (bandwidth) на носечкиот сигнал. Поради растерскиот начин на прикажување на сликата кај телевизорите со катодна цевка, каде што електронскиот млаз започнува со исцртување на сликата од горниот лев агол и завршува по одредено време во десниот долен агол, во почетоците на телевизијата било забележително треперењето (flicker) на прикажаната слика. За да се намали треперењето, применето е просто,

но ефикасно решение. Прикажаната слика се исцртува во две проаѓања на електронскиот топ: првин непарните линии, а потоа парните. Самото делење на сликата во две полиња кои се исцртуваат независно и се временски поместени, доведува да ако се склопи сликата, кај објектите што се движат ќе се забележи назабување (mice teeth) што значајно ја деградира сликата, дури и ја прави неупотреблива. Се додека како таква се гледа на


click/софтвер/dscaler рата, се менуваат меморираните канали, а мора да се каже дека DScaler овозможува најбрзо менување на канали што досега сте го виделе! Вистинска работа за сурферите со далечинско. Доколку со ТВ картичката доаѓа далечинско, тоа лесно може да се спари со DScaler, небитно дали преку управувачкиот пакет од самото далечинско или во спрега со некоја бесплатна програма како што е WinLIRC. Вистинската моќ на DScaler е во вградените филтри за подобрување на сликата, па затоа е најдобро да се отвори ставката “Filters” од паѓачкото мени кое се добива на десниот клик и секој е слободен да си ја подеси сликата како што најмногу му одговара. Да не заборавиме, како врв на можностите на ова мало бесплатно програмче е можноста за снимање на хард диск на видео материјалот кој се прикажува во моментот. l [ИГОР ПЕТРУШЕВСКИ]

обичен аналоген телевизор, нема никаков проблем. Но, во моментот кога ќе се дигитализира и се прикаже на компјутерски монитор, сликата е максимално деградирана. Единствен начин за сликата да се поправи и биде блиску до оригиналниот квалитет е дигитално да се обработи или „отплете“ (deinterlace). Еден од ретките бесплатни програми кои можат тоа да

ТВ тјунер картичка, во реално време дигитално го обработува (deinterlace) и го претвора во прогресивно видео кое може, исто така, во реално време да се прикаже скалирано во било која резолуција и со било која големина без видливи загуби и деградации. За разлика од комерцијалните програми кои доаѓаат со ТВ картичките и обично само на еден начин се борат со

Магијата на DScaler е во тоа што кој било дигитализиран аналоген преплетен видео сигнал од која било ТВ тјунер картичка, дигитално го обработува во реално време го сторат во лет е DScaler, а мора да се признае дека тоа го прави одлично! Магијата на DScaler е во тоа што било кој дигитализиран аналоген преплетен видео сигнал од било која

преплетеноста, DScaler има имплементирано софистициран алгоритам кој успешно се справува со преплетениот сигнал. Тоа гарантира дека секој сигнал ќе биде обработен на

ИНФО

DScaler • ВЕРЗИЈА: 4.1.15 • ЛИЦЕНЦА: Freeware • ПЛАТФОРМА: Windows, Linux, Mac OS X, Solaris • URL: deinterlace. sourceforge.net ЗА И ПРОТИВ

 Брза и мала инсталација  Мала побарувачка на ресурси  Одлична слика  Брзо менување на канали  Нестабилност на некои конфигурации ЦЕНА

• Бесплатно

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО Замена за било кој програм за гледање телевизија на компјутер што доаѓа со било која ТВ картичка

начин кој ќе даде најдобра слика. DScaler дозволува промена на форматот на сликата во однапред зададени соодноси, а за специфични потреби дури е возможно и да внесеме свој формат. По безболната инсталација, првин мора да се прецизира ТВ картичката. Нативно, DScaler има поддршка за сите подостапни ТВ картички, а за ситуации каде ТВ картичката му е непозната, доволно е само да се наведе чипсетот. Потоа потребно е да се направи меморирање на каналите, мануелно или автоматски. Мора да се напомени дека се подржани сите можни стандарди и опсези за меморирање и прикажување на каналите. По меморирањето, со дупли клик на прозорецот со видеото, истиот се максимизира на екранот и започнува забавата! Со притисок на Page up и Page Down на тастатуclick јуни 2008 73


click/софтвер

Twitter

Нова зараза за дигиталната генерација ИНФО

Тwitter • ПЛАТФОРМА: Web • URL: www.twitter.com ЗА И ПРОТИВ

 Олеснува комуникација со поголема група на луѓе  Добар и лесен интерфејс  Може да премине во зависност  Моментална неможност за користење на sms во Македонија

ОЦЕНА

8/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

МНОГУ ДОБРО Користен и забавен, но сепак кај нас му фали можноста за sms

П

окрај Facebook и Myspace, се појави уште една нова зараза за дигиталната Web 2.0 генерација. Twitter е микро-блогинг сервис, на кој основната премиса му е испраќање на кратки пораки (до 140 карактери) до своите пријатели, познаници и други луѓе што решиле да ве следат, како и читање на пораките од луѓето кои вие сте решиле да ги следите. Значи, систем за разгласување на кратки пораки до вашата социјална сфера. Пораките може да бидат што било, од „пак сарма денес“, „во 8 журка во парк“ до „помагајте ме апсат, наоѓајте чаре“. Доста корисна алатка. Пораки може да се

праќаат и читаат преку самиот сајт, е-пошта, sms, rss и разни апликации за компјутери или мобилни телефони. За Македонија уште не е овозможено праќање преку sms затоа што нашите оператори немаат склучено договор со операторот на Isle of Man, така да не е лошо да „ургирате“ ако сте или станете фан на Twitter. За секој случај, бројот е +44 762 4801423. Како и другите social networking сајтови, така и овој е подложен на критики, главно поради тоа што луѓето стануваат премногу зависни од него. Многу лесно човек може да се изгуби и цел ден да следи што прават другите луѓе и така да го храни

виртуелниот воајеризам, наместо да го живее својот живот. Другата зависност е потребата за комуникација и дружење со (навидум) огромен број на луѓе. Но ако се користи „со усул“ и ако си го ограничите бројот на луѓе

што ги следите на вашите вистински пријатели, оваа работа може да биде доста корисна, особено за новата генерација која комуницира првенствено преку дигиталните канали. l

Google или Мicrosoft кои сè уште се „посиромашни“ и личат повеќе на веб страна отколку на апликација. Чувството е како навистина да сте во прав полнокрвен десктоп WYSIWYG (What you see is what you get) процесор. Но сепак, ваквите веб апликации сè уште не се без маана. Buzzword моментално поддржува само IЕ, Firefox и Safari . Но, најголемата грешка е тоа што кирилична поддршка сè уште нема, веројатно заради фонтовите кои Adobe ги користи, а кои се нивни заштитени фонтови. Тоа е еден од недостатоците воопшто на ваквите апликации, т.е. немањето на многу избор

во поглед на фонтови, ниту пак можност да се користат своите фонтови, така што за професионална работа ќе мора да работите или да го доработите во вистински процесор. Друга работа е што Flash самиот по себе бара многу ресурси од сметачот, така што на послаби машини ќе работи побавно

и ќе ви зема перформанси од другите програми. Сепак, иако му е потребно дополнително средување, Buzzword покажува што може да се направи со web апликација за да изгледа поприродно и тој пример треба да го следат и другите конкуренти. l

Buzzword

Уште еден web word processor ИНФО

Buzzworld • ИЗДАВАЧ: Adobe • ПЛАТФОРМА: Web прелистувач со Flash поддршка • URL: buzzword.acrobat.com ЗА И ПРОТИВ

 Одличен интерфејс  Нема кирилична поддршка  Флеш Апликација Ги поддржува само најпо пуларните прелистувачи

ОЦЕНА

6/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ДОБРО Се уште треба многу работа, но ветува светла иднина

78 click јуни 2008

О

д Adobe ни доаѓа нов web word processor, со идеја иста како на Google Docs. Вашите документи се сигурни на интернет, а може да им пристапите од каде било, може да соработувате со колеги на истиот документ, па дури и да го снимите на хард диск како .doc, .docx, .rtf или .pdf датотека. Сево ова е бесплатно. Апликациите работат дури и кога не сте поврзани на интернет. Главната разлика меѓу Google Docs и Adobe Buzzword e интерфејсот. Мора да се спомeне дека Adobe се потрудиле и интерфејсот им изгледа профи, дури подобро од многу десктоп апликации, за разлика од тие на


click/софтвер

Дизајнерски натпревари Да бидеш богат и славен, сон на секој студент и креативец

„Т

алентот секогаш го наоѓа патот до успехот“ е традиционална поговорка во многу земји. Глобализацијата и новите начини на дисперзија на креативната работа низ целиот свет им овозможува на трудољубивите и талентираните полесно да го работат тоа што го сакаат. Голем број од светските, а се почесто и локални компании го користат Интернетот како медиум низ кои можат да привлечат учесници кои се извор на нови идеи и креативно изразување. Тоа го прават со објавување на конкурси или натпревари во одредена област за кои даваат солиден фонд на награди. Некои од овие настани, како на пример ADAA (Adobe Design Achievement Awards), се со огромна популарност и имаат огромен број на учесници. Она што

ЗА И ПРОТИВ

 Можност за добра промоција  Можност за добра заработувачка доколку креативните решенија се добро рангирани  Вежбање и развивање на креативноста  Споредба со останати креативци од целиот свет  За некои од натпреварите потребно е да се плати за учество

и обработка на дигитален материјал, секако е и водечка компанија во доделувањето награди за креативен дизајн. Награди се доделуваат во 3 главни категории од кои секоја посебно е поделена на

Она што е поважно е фактот што секој од студентите кој победил или бил финалист во некоја категорија, го привлекува вниманието на спонзорите е најдобро во целата приказна е што за учество не ви е потребно ништо друго освен креативна идеја и Интернет приклучок. Во прилог на текстот ќе претставиме два популарни интернационални натпревари кои се составени од повеќе различни категории. Едниот од нив е веќе затворен за доставување на делата, додека другиот е сè уште во тек па може и вие да се пријавите за учество.

ADAA

www.adaaentry.com Adobe, како водечка компанија во изработка на софтвер за креирање

подкатегории. Интерактивни медии, видео, анимации и традиционални медии се главните категории, додека подкатегориите се: Browser-Based Design, Non-BrowserBased Design, Designer/ Developer Collaboration, Mobile Design, Installation Design, Animation, Live Action, Motion Graphics, Illustration, Packaging, Photography и Print Communications. Категориите се стриктно поделени и има место за секого. Вкупниот фонд на награди е повеќе од 60.000$ односно 3.000 за секој победник и 1.000 долари за секој финалист во категорија.

Она што е побитно е фактот што секој од студентите кој победил или бил финалист во некоја категорија, го привлекува вниманието на спонзорите, како и на други компании кои бараат млади креативни лица. Успешниот тек на нивните кариери можете да ги прочитате на веб сајтот. Натпреварите се организираат од 2001 година, но овогодинешниот рок за пријавување е веќе завршен.

Create Awards

www.thecreateawards.com Во претставувањето на ADAA наградите се осврнавме на бесплатни конкурси од кои нема „зијан”, додека Creative Awards е претставник на малку поинаков тип на конкурси кои се однесуваат на професионалци. Имено, станува збор за награди за кои секој од учесниците мора да плати одредена сума за да може да учествува. Уште еден услов е креативниот дизајн да биде претходно комерцијално направен и наплатен од страна на учесниците. На овој начин, организато-

рите го стеснуваат кругот на учесниците и одбираат само професионалци или евентуално студенти кои работат како волонтери. Но за разлика од бесплатните конкурси, наградите тука се поозбилни и вкупниот годишен фонд изнесува 125.000 долари. Категориите во кои може да се учествува се маркетинг, дизајн, фотографија, печатење, филм и видео, анимација, интерактивни медии и сопствено промовирање. Конкурсот е се уште во тек и можеме да се прејде „на работа на труд”. l [ИВАН МАНЧЕВСКИ]

ОЦЕНА

9/10 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ОДЛИЧНО За сите креативци кои се уште не се испробале во дизајн за големи светски компании - никогаш не е касно

click јуни 2008 79


80 82 86

The Simpsons Game НОСТАЛГИЈА - Ретро Гејминг Mass Effect

click/игри The Simpsons Game Со зборовите на легендата Homer: D’oh! ИНФО

The Simpsons Game • ИЗДАВАЧ: EA Games • ПЛАТФОРМИ: Wii, PS3, PS2, XBOX 360, PSP, Nintendo DS • URL: www.ea.com/simpsons/ www.microsoft.com ЗА И ПРОТИВ

 Оригиналност, хумор, пародија  Забавен гејмплеј  Се работи за The Simpsons  Лош мултиплеер, нема онлајн играње

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ Платформска игра во трето лице која е базирана на мегапопуларната серија The Simpsons. Играта започнува кога Bart наоѓа прирачник за играта, каде се опишува моќта на секој карактер, така да Simpsons стануваат свесни дека нивниот свет е всушност игра.

Ф

ановите на The Simpsons конечно дочекаа добра игра која вистински заслужува да ги содржи нивните омилени ликови. The Simpsons Game, излезе паралелно со филмот за скоро сите модерни конзоли: Wii, PS3, PS2, XBOX 360, PSP и Nintendo DS. Играта може да се опише како платформска, но нејзината главна одлика е

Секое ниво е уникатно и е пародија на некоја игра, филм, поп култура или епизода од серијата ОЦЕНА

ОДЛИЧНО

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

80 click јуни 2008

што ги пародира другите познати игри, нивните клишеа, холивудските филмови и сопствените

епизоди со типичен симпсоновски хумор. Така, може да сретнете познати елементи од Metal Gear Solid, Madden Football, Street Fighter, Lord of the Rings, The Sims, Mario, Sonic, Grand Theft Auto, Half Life и многу други посуптилни референци. Играта започнува кога


click/игри/simpsons_game

Bart наоѓа прирачник за играта, каде се опишува моќта на секој карактер, така да Simpsons стануваат свесни дека нивниот свет е всушност игра. Секој карактер има свои посебни моќи односно напади. На секое ниво обично контролирате два карактери и нивото е дизајнирано така што мора да ги употребите вештините кои и двајцата ги поседуваат, т.е. го менувате ликот што го управувате по потреба. Барт е сличен на класичните платформски карактери, со прачка, јаже, кука и наметка со која може да прелетува преку поголеми дистанци. Неговиот лик - Bartman е пародија на Бетмен и други суперхерои. Моќта на Lisa е Hand of Buddah со која може да поместува големи предмети, да ги смачкува противниците, да ги спржи со молња или да ги замрзне. Исто така, специјален напад е саксофонот со кој ги оневозможува на кратко противниците. Marge има моќ да контролира толпи со својот мегафон и да ги насмерува на препреки и непријатели. Исто така, со неа е најмалата ќеркичка Maggie, која и помага на тесни места (кои се пародија на Half Life тунелите). Homer има далеку најголеми моќи и е најзабавен карактер. Почнува со ждригање и како џиновска топка со која руши сè пред себе, а потоа прогресивно се здобива со можност да стане летечки балон и џиновска мастика. Секое ниво е уникатно и е пародија на некоја игра, филм, поп култура или епизода од серијата. На пример, нивото Grand Theft Scratchy e пародија на GTA, каде што Marge протестира против насилството во видеоигрите, а сепак и самата ја мотивира толпата да

Хомер ги прикажува своите способности во играта

стане насилна. Нивото Neverquest е пародија на разните RPG игри и фантазискиот жанр воопшто, каде главниот противник е двоглавиот змеј кој многу личи на сестрите на Marge и кој сака да го уништи убавото хобитско село. Medal of Homer е пародија на разните војни

игри и се случува во едно француско село, каде се

Wright (креаторот на Sims), кој се обидува да ги

Во играта се посочуваат и клишеата на видеоигрите, како и очигледните ранливости на босовите, double jump, wooden crate и најмалку дваесетина други трудите да ги тргнете белите знамиња и да не им дозволите на французите да се предадат на Хитлер. Game Engine е пародија на најразлични игри и содржи елементи веќе познати на повеќето од нас. Овде, ќе се борите против Ryu од Street Fighter, ќе се транспортирате низ разните цевки како во Super Mario, а главниот злобник на нивото е Will

уништи старите 8-битни Simpsons. Во играта се посочуваат и клишеата на видеоигрите, како и очигледните ранливости на босовите, double jump, wooden crate

и најмалку дваесетина други. Единствениот проблем кој го има играта е coop mode, т.е. играње со двајца играчи. Бидејќи нивоата се дизајнирани така што пречките може да се поминат само со способноста на еден карактер, пола од времето другиот ќе го помине во чекање. Другата работа е што ќе ја „свртите“ за 8 до 10 саати. Но, ако сте љубител на серијата, дефинитивно ќе уживате во играва и нејзиниот хумор. l [НИКОЛА ПЧИНСКИ]

ЗАКЛУЧОК • ДОСТАПНА ЗА: PS3, Xbox 360 и Wii Големо задоволство за сите љубители на серијата, со главна маана што се уште ја нема излезено за PC

click јуни 2008 81


ยฆยพ ร ร ร ร ร ร ร ยนย ร ยพ ยผร ร ยนร ร ยพยปร ร ร ยพ ร ร ยบร ยพร ยฝยนร ยน ร ร ร ร ร ร ร ร ย ยน ร ยน ร ยนร ร ยพยปร ร

ยชร ร ร ยปร ร ร 4POZ $ZCFSย TIPU ร ยบร ยพร ยฝยนร ยน ร ร ร ร ร ร ร ร ย ยน ร ยน ร ยนร ร ยพยปร ร ยปร ยพ ร ยพ ยผร ยพยฝยนร ยพ ร ยนร ร ยพยนร ร ร ร ร ยน ยปร ร ยพร ร ย ยน ร ร ร ร ร ร ยน ย ร ยนยผร ยฝยนร ยพร ร ยพ ร ยน ร ร ยปร ร ร ยพยฝร ยนร ยน ร ยพร ร ร ร ร ร ย ยน ร ยฝ ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ยฝ ร ร ร ร ร ร ร ร ร ร ยนยผร ร ร ยฝ ร ร ยปร ยพ ร ยพร ร ยผยนร ร ยพ ร ร ยฟยพร ยพ ยฝยน ย ยน ร ยนร ร ยนยปร ร ยพ ร ยนย ยฝร ยบร ยนร ยน ร ร ร ร ร ยน


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.