Pravoslavna Svetlina br. 13

Page 4

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

АГАТАНГЕЛ

ПО МИЛОСТА БОЖЈА МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ, НА СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ОДНОСНО ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА, А ПО ПОВОД ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН, ИМ ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА „Воскресението Твое Христе Спасителу, ангелите на небесата го воспеваат, а нас на земјата удостој нé со чисто срце Тебе да те славиме“

B

2

озљубени наши духовни чеда!

Повардарската епархија на Македонската православна црква, со Божја помош и закрила, денеска зачекори во времето на големото торжество и празнување, во времето исполнето со богодарувана воскресенска радост и надумна божествена љубов. Целото христијанство погледнато во својата суштина се темели врз радоста и љубовта, врз овие две основни доблести, кои засветлија со својот најсветол сјај, токму на денешниот многублагодатен празник Воскресението Христово - Велигден. Личноста на Воскреснатиот Господ Исус Христос е темелот и основата, врз кои се потпира решението на духовните проблеми на модерниот човек, на човекот обременет со товарот на гревот. Во Личноста на Воскреснатиот Господ се наоѓа одговорот на сите човечки прашања, разрешувањето на сите човечки дилеми, бидејќи овде се

крие тајната на животот, тајната на избавувањето и спасението, тајната на здобивањето и престојот во вечноста и Царството Божјо. Драги браќа и сестри Македонци и Македонки! Она што за луѓето е неможно, станало можно за Богочовекот. Рече Господ „Нова заповед ви давам, да се љубите едни со други, како што Самиот Јас ве возљубив, полагајќи го животот за мнозина“ (Јн. 13. 34). Оваа порака и завет Христос не ја упатил само кон своите ученици, ниту кон само еден човечки род или раса. Неговата љубов нема ниту граница, ниту ограничување. Таа сите подеднакво ги прегрнува, на сите подеднакво им се дарува и на сите и на сѐ подеднакво им се радува со својата бесмртна радост. Според својата природа таа е вечна, а според своите својства сеопфатна и безгранична, таа подеднакво ги љуби


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.