Гласник 1060 бр.2

Page 19

Македонскиот народ се определи за југословенските народи. Мајките кинисаа по своите синови и ќерки, кои на студиите во Белград и Загреб се здобија со првите борбени искуства и во духот на времето ја прифатија КПЈ за челен одред. Се покажа дека тоа беше судбоносна одлука. КПЈ на чело со Тито, иако беше илегална и жестоко прогонувана успеа да ги поведе сите југословенски народи во народноослободителната и антифашистичка војна. Се остварија огромни воени и политички успеси и светска афирмација. На Второто заседание на АВНОЈ на 29 ноември 1943 беа донесени историски одлуки. Кралството на Југо-

славија да се трансформира во југословенска федерација на 6 рамноправни републики, меѓу кои и Македонија. Тогаш и таму Македонија беше првпат дефинирана како држава, а македонскиот јазик официјализиран. На таква основа АСНОМ ја создаде РМ и ја внесе во југословенската федерација. Со тоа завршија бугарските манипулации преку ВМРО за автономија и за балканска федерација. Преку АВНОЈ македонскиот народ стана познат и признат во ООН.На крај, да повториме дека патот за слободата беше трасиран со крвта на 24.000 борци, меѓу кои 24 народни херои и 11 члена на најтесното воено и политичко раководство на

НОАВМ. Сегашните и идни генерации нека ги почитуваат секогаш традициите на НОБ и да им благодариме на борците за државноста и светлината што ни ја донесоа. Ако не беа борците, денес ќе живеевме во темнина. Историјата не може да биде индивидуална, односно на поединци. Историјата му припаѓа на народот и народот е одговорен за својата историја.

дадоа почит на загинатите борци. Ѓорче Петров се поколонија Претсавници од советот на пред споменикот на борците општината, политички партии од втората светска војна и од- и граѓански организации

дадоа почит на жртвите за самостојна и независна Република Македонија и за тие што загинаа за остварување на вековниот сон.

Учесник во НОБ

Перо Лазаревски

Претседател на сојуз на борци на Општина Ѓорче Петров

Општината го одбележа 9-ти мај, денот на ЕУ и победата над фашизмот

Делегации

од општината

19


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.