Page 1


2


Продолжуваме да градиме отворена, отчетна и услужна општина

Почитувани сограѓани, Чест и задоволство ми е да ви се обратам во првиот број на нашиот нов општински весник, Гласник 1060. Водејќи се од воспоставените принципи на отвореност, отчетност и у с л у ж н о с т, општинската администрација воведе нов канал на комуникација којшто има за цел навремено, објективно и целосно информирање на јавноста во нашата општина. На овој начин, Вие граѓаните ќе имате можност целосно и објективно да бидете информирани за активностите, идеите и плановите на Советот и Градоначалникот на Ѓорче Петров и одлблиску да ја следите работата на општинската администрација. Гласник 1060 нема да биде обичен општински весник што ќе информира еднонасочно и половично. Напротив, страниците на ова гласило ќе бидат постојано отворени и

за вас граѓаните. Преку нив ќе имате можност јавно да ги изнесете вашите потреби, барања, но и идеи и замисли околу работата на општината. Ќе се советуваме, ќе полемизираме, и заеднички ќе ги утврдуваме нашите цели и ќе ги решаваме предизвицте. Нашата идеја е заедно со вас да изградиме квалитетна двонасочна комуникација преку која заеднички ќе придонесеме Ѓорче Петров да стане модерна, урбана, отворена и развиена општина со која сите ќе се гордееме. Драги сограѓани, Oва е само уште еден од начините, цело-

купната работа на општинската администрација да ја донесеме поблиску до вас. Како и досега, јас, мојот тим и советничката група, остануваме целосно посветени на промоција и унапредување на начелата на отчетност, отвореност и транспарентност, затоа што знаеме дека само преку информирана, едуцирана и активна јавност, од Ѓорче Петров можеме изградиме општина каква што заслужуваме, развиена, модерна и урбана. Се надевам дека овој весник ќе стане дел од вашето секојдневие. Нека ни е честит првиот број на Гласник 1060.

3


Нов паркинг простор во близина на пазарчето

Се решава проблемот со недостиг на паркинзи во општината

Во близина на пазарчето во населбата Ѓорче Петров во употреба е пуштен целосно нов паркинг простор. Со ова се решава долгогодишниот проблем на жите-

лите, особено на посетителите на пазарот кои доаѓаат со возила. Станува збор за паркинг-простор што е од времен карактер, изграден во интерес на граѓаните, додека

целосно не биде завршена новата општинска зграда во која ќе им 350 подземни паркинг места, што делумно ќе ги задоволат потребите на ѓорчепетровци.

Доделени решенија за легализација

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски потпиша и додели 64 решенија за легализација на дивоградби со што продолжува процесот на легализација на објекти во општината. Во секој момент се очекува доделување на уште стотина решенија. Ваквиот транспарентен начин на поделба на решенија на граѓаните ја елиминира можноста за фаворизирање при решавање на барањата за легализација на бесправно изградени објекти. 4


Пролетна градежна офанзива во Ѓорче Петров

Започна реконструкцијата на над 30 улици

Почеток на реконструкција на улица во н. К.Јабука Во општина Ѓорче Петров стартуваше реконструкција и рехабилитација на најмалку 33 улици во Волково и Кисела Јабука. . Според информациите од администрацијата на Општи-

ната, во моментов се врши подготовка пред асфалтирање на неколку улици во Кисела Јабука, а набрзо ќе почне истата постапка и во Волково. По предвидениот план, ќе

бидат опфатени околу 13 улици во Волково, а 20-тина во Кисела Јабука. Динамиката на реконструкцијата ќе ја налага изведувачот, односно Јавното претпријатие за државни патишта.

5


Реконструиран патот од с.Кучково до крстот

Градоначалникот Наумоски на лице место на стартот на реконсктрукцијата Градоначалникот Алексан- гранд програма доделена на средствата, додека останадар Наумоски изврши увид општината во вредност од 7 тите 25 отсто се од нациово градежните работи на милиони и 300 илјади де- нално учество на Владата на патот од село Кучково до ма- нари. Европската унија уче- Република Македонија. настирот Св.Ѓоргија, и дел ствува со 75 проценти од кон крстот, каде веќе е почната целосна реконструкција на постоечкиот пат, со што ќе се подобри сообраќајната комуникација и значително ќе се придонесе во безбедноста на жителите на Ѓорче Петров, но и сите кои транзитираат по тој пат. Станува збор за реконструкција на пат во должина од 2.130 метри и ширина од три метри. Ќе бидат поставени и нови банкини на двете страни од патот. Средствата за овој проект за општински рурални инвестиции се обезбедени од ИПА 6


Реконструкција и рехабилитација на ул. Знеполе

Почна реконструкцијата на “Знеполе” во Ѓорче Петров со што целосно ќе се промени изгледот на улицата и ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните со сообраќање во овој дел на населбата. Реконструкцијата се врши со средства од MSIP-NCB-06717, кредит од Светска банка од лани. Со овој кредит, предвидена е реконструкција и рехабилитација на четири улици. Освен на “Знеполе”, ќе реши сообраќајницата и на улицата “Пробиштипска”. На улиците “Алексa Демниевски” и кружна “2” кај ООУ

“Мирче Ацев”, пак, веќе при крај се градежните работи за изготвување на сообраќајница, водовод и атмосферска канализација и електрични инсталации, исто

така со средства од кредитот. Изведувач на зафатите е Друштвото за градежништво, трговија и услуги “Ленди Груп ДООЕЛ”.

цефки со димензија Ф-400.Со нејзиното поставување се решија досегашните проблеми на кои наидуваа граѓаните во овој дел од оп-

штината. Во периодот што следува ќе се асфалтира улицата.

Поставена атмосферска канализација на ул. Алекса Демниевски

На улицата “Алексa Демниевски” во населбата Ѓорче Петров поставена е нова атмосферска канализација во должина од 324 метри и

Поставување на атмосферска канализација

7


Голем интерес за услуги во истурената канцеларија во Волково

Жителите на Волково и околните места поблиску до општинската администрација

Жителите на Волково и окол- поднесуваат барања, пред- штината и во неа своите поните места масовно ги кори- лози и идеји со што се олес- треби ги остваруваат житестат просториите на нува нивниот пристап до лите на Кисела Јабука, Ново истурената општинска канце- општинските услуги и оп- Село, Стопански Двор, Ниларија во МЗ Волково. Во ис- штинската администрација. киштани, Кучково, Волково, турената канцеларија Истурената канцеларија го Орман и Пржина. граѓаните имаат можност да опфаќа руралниот дел од оп-

Жителите на Волково за време на промоцијата на отворањето на канцеларијата во Волково

8


Ново улично осветлување во општината

Општината Ѓорче Петров осветли повеќе улици во Волково, Ѓорче Петров, Ново Село, К. Јабука, Никиштане, Даме Груев, Хром Општината во зимскиот период презема акција за надминување на проблем со уличното осветлување. Администрацијата на Ѓорче Петров предводена од Градоначалникот Александар Наумоски, се погрижи голем број жители од населените места Ѓорче Петров, Мирче Ацев, Дексион, Хром, Даме Груев, Ново Село, Кисела Јабука, Никиштане, Волково, Хром да добијат нови улучни светилки. Но, поради хроничниот проблем со осветлувањето во Ѓорче Петров, Општината одлучи да изготви анкета на која граѓаните ќе ги нотираат критичните точки на кои ќе треба да се постави ново улично осветлување. Според последните информа- Поставување улично осветлување во Никиштане ции, досега на анкетата одгоги разгледуваат местата каде беа сменети над 200 улични вориле над 300 жители на ќе бидат поставени светил- сијалици. општината, а службите веќе ките. Во првиот бран зимово

9


10


11


Субвенции за реконструкција на фасади и кровови на згради

Oпштина Ѓорче Петров и нија” потпишаа Меморандум Здружението за хумано до- за соработка за спроведумување “Хабитат Македо- вање проектни активности за воспоставување реПАРТИЦИПАЦИЈА НА ОПШТИНАТА гистар на станбени Заедно со Хабитат Македонија оп- згради и станови и штината ќе обезбеди пристап до фи- регистар на управинансиски средства со многу ниски тели на станбени каматни стапки во функција на оства- згради за секторот рување на крајните цели, односно ре- домување во Македонија, согласно Законструкција на зградите. Впрочем конот за домување. тоа е и една од придобивките на граПо завршување на ѓаните да дојдат до ефтини средства. регистарот од кој ќе Во тој контекст, општината ќе субвен- се добијат потребционира трошоци за покривање на ните податоци за сокаматната стапка. Ќе постои и уште стојбата во која се една опција, односно во зависност од наоѓаат зградите на социјалната структура на станарите и територија на Ѓорче состојбата на зградата, општината Петров, во план е да да партиципира со поголем процент се прејде на втората фаза во која ќе се утна финансиска поддршка.

12

врдат условите, критериумите, начинот и постапката за субвенционирање од страна на општината на фасадите и крововите на зградите, со што ќе се доведе до зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа и намалување на трошоците на сметките. Во тек е подготвителна фаза со која ќе се обезбедат сите предуслови за почеток на поддршка на инвестиции во секторот домување, кое ќе биде целосно јавно и транспарентно со јасно дефинирани услови и кретируми каде можат да аплицираат сите регистрирани заедници на сопственици и управители на станбени згради.


ВРЕМЕНСКА РАМКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ Истражувањето се планира да се заврши за период од три недели, при што ќе се пристапи кон обработка и анализа на податоците. Во втората половина на мај се очекува да се потпише вториот меморандум за соработка со Хабитат, па потоа Советот на општина Ѓорче Петров да се изјасни за предлогот за поддршка на граѓаните за енергетски ефикасни домови.

Во оваа фаза од страна на здружението Хабитат со помош на анкетари ќе се изврши истражување во форма на прашалник за сите колективни станбени згради. Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе се оформи регистарот на колективни станбени згради и регистар на управители. Општината, заедно со Хабитат Македонија ќе обезбеди пристап до финансиски средства со многу ниски каматни стапки во функција на остварување на крајните цели,

односно реконструкција на зградите. Во регистарот на станбени згради, ќе има податоци за состојба на зградите, од аспект на број на станови, структура, до енергетска со-

стојба. Врз основа на проценката за енергетската состојба на одредена зграда, ќе се изврши селекција на тн.најзагрозени од енергетски аспект. Врз основа на сето тоа, пак, ќе се дискутира на Совет и потоа ќе се гласа за одлука во која ќе се дефинираат условите и критериумите за аплицирање. Како сигурни услови за аплицирање, засега се зградите да имаат управители или заедница на сопственици и 70 проценти од прозорите во становитеда бидат заменети.

13


Општината и доброволци целосно го реновираа опожарениот стан на Венера

Општината, заедно со доброволци, ги санираа штетите и целосно го реновираа станот на Венера А. од Ѓорче Петров којшто беше зафатен од пожар. Станот е целосно ре-

14

конструиран, бојадисан, поставен е нов под, како и врати и прозорци и е донесен во состојба за живеење.. Исто така, неколку фирми и физички лица помогнаа во опре-

мување на станот со мебел и покуќнина. Покрај санирањето на штетите, од општината, на Венера и беше доделена еднократна парична помош.


Општината со помош за Драги од Хром

Уште еден хуманитарен подвиг

Градоначалникот Александар Наумоски неодамна го посети Драги П. кој преку социјалните мрежи упати апел за помош од општина Ѓорче Петров. Тој живее сам во Хром, од социјална помош и тоа што ќе го заработи од продажбата на Рекорд. На Драги му беше неопходна хируршка интервенција поради сериозната болест на грлото. Деновиве истата е извршена, по што се очекува со наша помош тој да биде сместен во здравствена установа во која ќе се погрижат тој побрзо да закрепне. Во меѓувреме, му беше доделена и еднократна парична помош од Ѓорче Петров, а Наумоски при

посетата нагласи дека општината му стои на располагање и за дополнителна помош. За нашиот сограѓанин преку

социјалните мрежи лица од целата земја се организираа да му помогнат на повеќе начини, меѓу што и реконструкција на неговиот дом.

15


Вторник - отворен ден за граѓаните

Услужна и отворена општина

Секој вторник, терминот од 9 до 12 часот во општина Ѓорче Петров е резервиран за прием на граѓани. Градоначалникот Александар Наумоски и дел од

администрацијата која е присутна на средбите, ги слуша проблемите и сугестиите на граѓаните, со цел навремено и брзо постапување од страна на општината.

Планирано е наскоро, Наумоски заедно со тим од општината, да започне со средби со граѓани по месните заедници ширум Ѓорче Петров.

За потребите на земјоделците и сите заинтересирани страни од Ѓорче Петров, во месната заедница Ново Село е отворена канцеларија за прашања од областа на земјоделството. Основна задача на канцеларијата е да им дава совети и информации на граѓаните за користење на субвенции за земјоделци од фондовите на ИПАРД, да организира преда16

вања за здрава и квалитетна храна, органско производство, испитување на почвата и водата и развивање на руралниот дел на општината, преку соодветни проекти. Канцеларијата исто така ќе биде на располагање на граѓаните и за обука и помош за млади земјоделци кои сакаат да се занимаваат со оваа дејност, сочувување на ру-

ралните предели, нивните вредности итн. Според податоците на Регистарот на целокупното земјоделско земјиште, земјоделските површини на територија на општината изнесуваат околу 7.060 хектари, од кои мал дел се обработливо земјиште, а останатото е државна сопственост.

Отворена канцеларија за прашања од областа на земјоделство во Ново Село

Поддршка за земјоделците


Бесплатна партиципација за лица од семејства со сoцијален ризик

На иницијатива на граѓанската организација „Лил“ од Општина Ѓорче Петров

Лицата на возраст до 18 години чии семејства се корисници на социјална парична помош нема да плаќаат партиципација при користење здравствени услуги. Оваа одлука ја донесе Владата, а пред граѓаните ја претставија градоначалникот Александар Наумоски и министрите за здравство Венко Филипче и за труд и социјална политика Мила Царовска, при посетата на граѓанската организација „Лил“, која делува на територија на општина Ѓорче Петров. Оваа организација ја покрена иницијативата овие лица да бидат ослободени од плаќање здравствена партиципација. Градоначалникот Наумоски ја поздрави мерката и рече

еден сегмент од социјалната заштита. Со одлуката, се очекува да се зголеми и достапноста на здравствени услуги и да се поштеди оваа ранлива група од дополнителни финансиски трошоци при остварување на правото за здравствена заштита. Лицата бесплатно ќе се лекуваат во сите јавни здравствени установи, специјалистичк о консултативни и болнички дејности. Станува збор за програма која ќе ја спроведува Министерството за здравство со која Претставници од здружението „Лил“ и граѓани на средбата со Градона- ќе бидат опфатени 20.000 лица. чалникот Баумоски и со министрите Царовска и Филипче дека преку обезбедување бесплатна здравствена заштита за лицата на возраст до 18 години чии семејства се корисници на социјална парична помош, се решава

17


Потпишан меморандум со нула Отпад

Поставување центри за собирање електричен отпад и електронска опрема

Ефикасно организирање на собирање отпадна електрична и електронска опрема, како и создавање ефикасен и економски одржлив систем на собирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадната електрична и електронска опрема на подрачјето на територија на Ѓорче Петров, вклучува Договорот за соработка што беше потпишан меѓу општината и Друштвото за управување со отпад “Нула отпад”. Со Договорот, двете страни се обврзаа дека согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска

18

опрема ќе соработуваат на проекти од взаемен интерес со цел обезбедување собирни места и центри кои ќе бидат уредени на таков начин што ќе се овозможи

крајните корисници да го остават отпадот од електрична и електронска опрема во случај кога преземањето на истата не е безбедно.


Поддршка за земјоделците

Отворена канцеларија за прашања од областа на земјоделство во Ново Село

За потребите на земјоделците и сите заинтересирани страни од Ѓорче Петров, во месната заедница Ново Село е отворена канцеларија за прашања од областа на земјоделството. Основна задача на канцеларијата е да им дава совети и информации на граѓаните за користење на субвенции за земјоделци од фондовите на ИПАРД, да организира предавања за здрава и квалитетна храна, органско производство, испитување на почвата и водата и развивање на руралниот дел на општината, преку соодветни проекти. Канцеларијата исто така ќе биде на располагање

на граѓаните и за обука и помош за млади земјоделци кои сакаат да се занимаваат со оваа дејност, сочувување на руралните предели, нивните вредности итн. Според податоците на Регистарот на целокупното зем-

јоделско земјиште, земјоделските површини на територија на општината изнесуваат околу 7.060 хектари, од кои мал дел се обработливо земјиште, а останатото е државна сопственост.

19


Обновување на фудбалското игралиште на ФК „Волково“

Општина Ѓорче Петров изврши репарација на делови на фудбалското игралиште на ФК “Волково”. Во серијата реконструкции на детски, училишни и спортски игралишта и терени, на стадионот на овој фудбалски клуб, во оваа фаза, променети се мрежите на головите, а поставени се и нови столчиња за гледачите. Во насока на развој на спортот, општината продолжува со повторно адаптирање на игралиштата за активно користење од страна на спортистите и рекреативците.

Одржан “Јувентус камп Македонија 2018”

Заврши кампот на ФК јувен- можност да ги покажат соп- Петров очекуваат најмалку тус во Ѓорче Петров.На тере- ствените квалитети пред тре- едно дете да заигра во итанот „Млади лавови“ во Ѓорче нерите од Италија. Во лијанскиот фудбалски гигант. Петров, стотици деца имаа иднина од Општината Ѓорче

19


Катчиња за најмладите и спортистите

Серија реконструкција на детски и спортски игралишта

Oпштина Ѓорче Петров изврши серија реконструкција и репарација на детски и спортски игралишта, со што после подолг период, повторно се адаптирани за употреба и активности катчињата за најмладите и терените за спортистите, но и за рекреативците. Во оваа фаза, кај детските катчиња сменети се дотраените лулашки што не беа повеќе за употреба, бојадисани се оние делови што се уште можеа да се користат, а поставени се и нови клупи за седење и корпи за отпадоци. Кај игралиштата, училишни и спортски, променети се

кошеви, мрежи на голови, огради, како и столчиња за гледачите. Опфатени се голем број игралишта за деца, и во урбаниот, и во руралниот дел, меѓу кои во Волково, Волково-Пржина,

на улицата “Шидска”, односно двете кај старата полиција, на “Македонска преродба”, како и во селото Никиштане, каде со години овој простор беше занемарен, а проблемот игнориран.

Завршена реконструкцијата на салата во „Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски“

Општина Ѓорче Петров ја заврши реконструкцијата на спортската сала во училиштето „Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски“. Со ова, учениците добиваат пристојни услови за извршување на спортските активности и часовите по физичко образование. Продолжуваме и во иднина интензивно да работиме на развој и унапредување на спортот и образованието во нашата општина.

21


Вестерн вовчeто кое го изградило Ѓорче Петров

Легендарната локомотива Дн2Т

Германската бригадна локомотива која заедно со неколку вагони, денеска е изложена во реонскиот парк во Ѓорче Петров, зад себе крие интересна приказна. Пругата на релација Ѓорче Петров (Ханриево) – Охрид, по која возеле германските локомотиви Дн2Т кај нас популарно наречени „пампурчиња“ и „чајничиња“ своевремено била една од најатрактивните железнички линии во Македонија . Теснолинејката Ѓорче Петров - Охрид Во 1916 година започнала изградбата на пруга од Ханриево, денешно Ѓорче Петров до Охрид, преку Тетово, Гостивар и Кичево, со дополнителен крак до Струга и Ташмаруништа. Пругата била теснолинејка, односно со широчина на шините од 60 сантиметри. Изградбата ја започнуваат германските окупациони сили, како проект за нивна логистичка поддршка на солунскиот фронт. Но со разгорувањето на војната и пробивањето на солунскиот фронт, пругата останала недовршена кај охридското село Мешеишта. По завршувањето на Првата светска војна властите на тогашното Кралство на Србите Хрватите и Словенците, ја започнале обновата и довршувањето на железничката линија. Пругата Ханриево- Охрид, официјално е 22

пуштена во 1922 година. Подоцна се прави и делница од Ханриево до Мала станица со што Скопје и Охрид железнички се поврзуваат преку Ѓорче Петров. Патувањето со вавките композиции на релација Скопје-Охрид треало помеѓу 15 и 20 часа, во зависност од временските, но и техничките состојби, бидејќи понекогаш се случувало локомотивата или некој од вагоните да испаднат од тесните шини. „Пампурчињата“ постигнувале максимална брзина од 20 километри на час, но тоа било возможно само на удолнини. На узгорнините брзината некогаш изнесувала само три километри на час, а на некои стрмни делови од пругата, патниците морале да излезат од вагоните, па да пропешачат неколку стотици метри и пак да влезат во возот. За возењето и одржу-

вањето на возот биле задолжени пет железничари – машиновозач, ложач, кондуктер и двајца кочничари. Тие прво работеле како надничари, а подоцна им бил даден статус на државни железничари. Патниците се возеле во мали отворени вагони, кои неодоливо потсетувале на вагоните од вестерн – филмовите. Покрај двата патнички, во композицијата на возот имало уште три товарни вагони. На средината на секој вагон имало по едно ќумбе на јаглен, а наместо светла, локомотивата напред имала фенери кои биле палени од страна на кочничарите. Ваквата теснолинејка постоела се до 1968 година, кога била затворена поради нерентабилност. „Пампурчињата“ добиваат нова улога, како локални возови низ Скопје.


„Пионерското“ вовче Еден дел од теснолинејката бил поставен во 1948 година во Скопје и возел на релација од градскиот парк до селото Глумово во близина на Матка. Почетната станица на трасата биле во градскиот парк, во близина на кафеаната „Езерце“ па понатаму продолжувала по течението

на Вардар и неговите плажи, па преку железничкиот мост продолжувал кон Ѓорче Петров и Сарај а последната станица била на крајот од селото Глумово, во близина на Матка. Тука биле пречекувани со пајтони и запрежни коли и така продолжувале до Матка .Возот се нарекувал „Пионерски“ поради децата

кондуктери кои биле деца на железничари. Тие со железничарски капи и поинерски марами, биле задолжени за сигнализацијата за тргнување и застанување на возот. Поинерската линија била укината во шеесеттите години од минатиот век, непосредно пред скопскиот земјотрес.

23


Гласник 1060 бр1.  
Гласник 1060 бр1.  
Advertisement