Филозофија на бедата
Филип Давид Нашето доба познава различни облици беда. Бедата може да биде материјална и духовна. Бедата опфаќа одредени слоеви од населението, или цели народи и континенти. Материјалната беда некаде и понекогаш станува причина за отпор и бунтови, рушење на постоечкиот начин на живот, додека духовната беда го ослабува секој отпор и животот го претвора во мочуриште и кал. Во нашиот дел од светот каде низ историјата силата ги кроела географските мапи и судбините на народите, сочувана е стравопочитта кон физичката сила, а спрема духовните вредности презирот и омаловажувањето. Во нашиот дел од светот каде низ историјата силата ги кроела географските мапи и судбините на народите, сочувана е стравопочитта кон физичката сила, а спрема духовните вредности презирот и омаловажувањето. Тука постојат разни лица на бедата: се дополнуваат, произлегуваат една од друга. Тираните и тиранијата ги оградувале неговите граници. Царства се засновале на безобѕирно угнетување. Безобѕирноста е претворена во стил на живот. Малите, едвај видливи пламенчиња биле доволни за да се разгорат големи, несогледливи, пустошни пожари. Капката омраза се претворала во океан на омразата. Личната