Секоја Нова година е поубава од претходната.
Празничната атмосфера од овој период на годината е незаменлива.
Елките, замаглените домашни прозорци, снегот, китењето, специјалитетите од кујната ги радуваат не само децата. Сите имаме право да се чувствуваме така.
Во прегратките на драгите луѓе и на топлите џемперчиња ги минуваме празниците.
Во вакво опкружување сосема е реално да веруваме дека Дедо Мраз ќе долета на својата санка и ќе се спушти низ оџакот... за да донесе подарок некому.
Тоа е таа новогодишна магија!
Во „Антолог“ се погриживме да ги развеселите своите најблиски со најдобриот избор што можете да го направите – Книгата.
Подарувате за себе или за другите, сеедно, ви нудиме да ги откриете и да ги добиете книгите што ја носат новогодишната магија преку своите страници.
Уживајте!
СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА