Page 1

Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

1


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Имајќи ги во предвид постојаните општествени промени ги имаме во предвид и потребите за равивање на ставови и вештини кај учениците што ги стекнуваат во образовниот процес.Тие ставови треба да соодвествуваат за граѓаните на 21-от век :свеста за чување на животната средина, мултикултурна толеранција и разбирање , свест за правилно и безбедно користење на интернет, интерес на учениците за доживотно учење.Систематската промена е цикличен процес кој опфаќа постојана анализа и размислување како и нови создавања.Тоа подразбира дека промената е постојана. Директор Трајче Каралиоски МИСИЈА Ние сме училиште кое развива креативна и ефективна средина за учење и подучување во која сите членови на училишната заедница-децата, наставниците, училишниот персонал и родителите може успешно да работат и да се чувствуваат почитувани, сигурни и безбедни. ВИЗИЈА Нашата визија е да промовираме училиште кое ги вклучува сите деца без оглед на потеклото и способностите во процес на учење насочено кон потребите на децата, давање на поддршка на децата во стекнување на определени знаења, ставови и вештини кои им помагаат да одговорат на реалните предизвици на животот и ги подготвува за живот во коегзистенција , мир и толеранција. МОТО Успехот е резултат на постојаната грижа за постигнување на целите. СЛОГАНИ Никој на светот не е посилен од човек што знае. Сите учиме едни од други. Родителите се добродојдени во училиштето во секој момент. Секој е талентиран за нешто ако знае за што. Здравата животна средина ни отвора подобар свет за живеење. 2


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

ЗА НАШИОТ ПАТРОН -Гоце Делчев

Ѓорѓи (Гоце) Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – с. Баница, Серско 4 мај 1903) - идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Израснат врз идеите и искуствата на европските и балканските револуционерни демократи, тој сиот свој животен пат и го посветил на македонската национална револуција. Како просветител и ревулуционер, идеен и воен лидер, воспитувач на првите чети и војводи, зaдграничен преставник, уставотворец и државник, тој бил еден од најголемите револуционери на Македонската револуционерна организација. Гоце бил апостол на македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава. Ѓеорги (Гоце) Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија, како прво машко дете, на бројната и угледна фамилија Делчеви. Неговите родители биле добро ситуирани и едно од најстарите семејства во Кукуш. Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование во учебната 1886/87 година. Година дена подоцна Гоце го напушта Кукуш и се запишува во IV клас на Солунската машка гимназија “Св Кирил и Методиј“. Неговата дејност имала две страни: преку својата учителска дејност просветно да ги издига масите, а во исто време со вонредни напори да ги подготви кон патот на револуцијата. Затоа тој постојано се занимавал со организациона работа, со собирање пушки и муниција, со организирање канали, со посветување на нови борци, со ширење на револуџонерна литература и најпосле со будење на заспаниот и од векови исплашен поробен народ. Во деновите на големите тешкотии тој не губел верба во успехот на делото. Како миг низ цела Македонија се ширеле вести за неговата револуционерна апостолска дејност. Насекаде тој бил пречекуван како првенец на револуцијата, како долго очекуван предводник што доаѓа да го подигне и организира народот за спасоносното дело на револуцијата. Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум. Тоа кобно утро за македонскиот народ, во борбата со турската војска, загина Гоце Делчев. Неговото име стана легенда вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. 3


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

ОД РАБОТАТА НА УЧИЛИШНИТЕ СЕКЦИИ Литературна секција Секцијата брои 20 членови и под менторство на наставничката Мирјана Јованоска членовите на оваа секција ја негуваат љубовта кон мајчиниот јазик.Креативноста , талентот,амбициозноста и фантазијата наоѓаат место во убавиот детски пишан збор .На часовите учениците читаат почитувајќи ги јазичните правила,учат за литературниот јазик и творат за се што ги опкружува.Плод на работата се учествата на многубројните манифестации, конкурси, литературни читања во основните и средните училишта од нашиот град.Младите литерати од ова училиште можат да се

пофалат со голем број освоени награди.Ученичката Јана Бонеска учествуваше на конкурсот „Творам за Македонија“ на тема „Јас и мојот град“ и доби признание и нејзината песна беше објавена во збирката песни посветена на сите учесници на конкурсот и нивните песни за родниот град.Стефанија Шамовска и Ева Талеска учествуваа на литературното читање во ООУ„Кире Гаврилоски – Јане“ на тема„Го сакам мојот град“ каде ученичката Ева Талеска доби прва награда за прозен текст.По повод 8-ми Март , ученикот Марио Велкоски на литературното читање во ООУ„Кочо Рацин“ се закити со третото место за рецитирање.

Рецитаторска секција Во склоп на нашето училиште меѓу бројните секции, одлично функционира и рецитаторската секција. Постои голем интерес кај учениците за оваа секција. Рецитаторската секција е под водство на наставничката по македонски јазик Весна Крстеска .Членовите на оваа секција се носители на многу активности, натпревари, приредби, конкурси, одбележување на празници, Денот на училиштето.Активностите на оваа секција се многубројни: негување на убавиот правилен изговор на јазичниот исказ, учество на програми по разни поводи, посета на театарски претстави и слично.

4


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Драмска секција Во рамките на нашето училиште активно работи драмската секција под раководство на наставничката Билјана Јагуриноска.Она што секцијата го нуди е културна и уметничка активност преку забавни проби, рецитали и глума кои помагаат за развој на центарот за помнење, говорење и дисциплина на однесувањето и телото.Оваа учебна година се приклучија и нови членови ,па сите заедно работеа на подготовките за избор на драмски текст за проектот ,,Музеите во училиштата и училиштата во музеите,,.Драмската секција одговори на поставените барања од страна на проектот и со подготвената драма ,,Пореметени планови“ постигна голем успех и заслужено трето место.Учениците веќе активно се подготвуваат за престојниот патронен празник.Интересот за членување во оваа секција е голем , а успехот секогаш неизоставен .

Секција по германски јазик Во склоп на нашето училиште одлично функционира и секцијата по германски јазик која ја сочинуваат учениците од VI, VII(9), VII(8) и VIII одд. Секцијата им овозможува на учениците да ја развиваат нивната љубопитност и креативност и интересот кај нив за изучување на германскиот јазик и свеста на учениците за неговото влијание во современиот начин на живеење. Преку наставните примери и истражувања учениците работат, креираат и на тој начин полесно и побрзо доаѓаат до стекнување на корисни и трајни знаења. Игрите и проектите се дел од часовите на германската секција.Наставникот и учениците доаѓаат до меѓусебен договор за тоа како подобро да се примени наученото. Постои голем интерес кај учениците за оваа секција. Секцијата по германски јазик под водство на наставничките Весна Ристеска и Билјана Најдоска активно учествува во изготвувањето програми за најразличните културни манифестации во склопот на училиштето.Членовите на оваа секција учествуваат на училишни и регионални натпревари и постигнуваат големи успеси.

5


Училишен весник 2013/2014

Секција по англиски јазик Учениците од секцијата ги започнаа своите активности со доаѓањето на есента уредувајќи го англиското катче со песни, состави и изработки за есента.По повод британскиот празник Ноќта на вештерките , се одржа натпревар меѓу сите ученици во четири категории, најдобар цртеж, изработка на тиква , маска и најдобро маскирани ученици.На учениците им беа доделени пофалници од страна на директорот на училиштето Трајче Каралиоски.По повод Денот на благодарноста учениците изработија дрвја во кои ги искажаа своите благодарности.Своите новогодишни желби ги искажаа преку изработување на честитки , со што зедоа и учество на училишниот натпревар со своите новогодишни елки, венчиња, лампиони и др.По повод празникот Св.Валентин учениците од секцијата ја посетија градинката „Гоце Делчев “и ја споделија својата љубов со најмалите поделувајќи им најразлични изработки во знак на овој празник. Учениците од осмите одделенија го изработија македонското знаме со рози и учествуваа на натпреварот „Македонија земја на цвеќето, земја на розите“. Ученичките од осмите одделенија(осумгодишно образование):Лесноска Инес, Касниоска Ева , Овезоска Исидора, Кузманоска Вероника и Стеваноска Моника учествуваа на натпреварот по англиски јазик организиран од .

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Петта Приватна Гимназија што се одржа во Скопје.Ученичката Лесноска Инес освои четврто место , а Касниоска Ева освои шесто место во конкуренција од 500 учесници.Ученичката Кузманоска Вероника ( VIII- а) освои второ место на државниот натпревар за есеи по англиски јазик и во присуство на наставничката по англиски јазик Благица Чатлеска, родител и психологот Лилјана Дунимаглоска и беше доделена наградата од страна на американскиот амбасадор на свечената церемонија што се одржа во просториите на американската амбасада. На овој натпревар учество зедоа и учениците од VIII(деветгодишно образование) , под менторство на наставничката Виолета Пепељугоска. На натпреварот Hippo учествуваа Марија Нашуловска која ги освои сите можни поени, Ангела Зероска и Теодора Силјаноска. На натпреварот Spelling Bee учествуваа Ева Крстеска, Анастасија Атанасоска, исто така и Марија Митреска,Марија Нашуловска,Ангела Зероска, Теодора Силјаноска, Сара Ѓорѓиеска и Матеа Мирческа кои продолжуваат понатаму на регионалниот натпревар во Битола. Поради големиот интерес кај учениците за членување во оваа секција , сите наставнички по англиски јазик Леонора Стефаноска,Благица Чатлеска и Виолета Пепељугоска , меѓусебно соработуваат и со заеднички сили постигнуваат високи резултати.

6


Училишен весник 2013/2014

Секција по француски јазик Во учебната 2013/2014 год.учениците кои го изучуваат францускиот јазик како втор странски јазик во ООУ“Гоце Делчев“имаа можност покрај часовите од редовната настава да посетуваат и дополнителна,додатна настава и слободни ученички активности.Исто така под менторство на наставничката по француски јазик Ирена Наумоска група на ученици од сите одделенија беа вклучени во работа на etwinning проекти.Како резултат на успешната работа и посветеноста на наставникот и учениците добиени се 2 сертификати-Знак за квалитет за проектите“Замоци и палати во Европа“ и “Прозорци на светот“ издадени од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.Сертификатите им беа доделени на сите учесници во проектите во рамките на одбележувањето на Денот на Франкофонијата -20 Mарт од страна на Директорот на ООУ“Гоце Делчев“,Трајче Каралиоски и наставничката по француски јазик Ирена Наумоска.

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Членовите на секцијата по француски јазик со голема заинтересираност и креативност ги реализираат предвидените активности и можат да се пофалат со учество на многу манифестации , конкурси и натпревари.Оваа година четири ученички учествуваа на државниот натпревар за писмен состав на француски јазик ,а во тек се и подготовките за учество на државниот натпревар “Олимпијади по француски јазик“со ученичката Јулија Сисиркоска 8в(осмолетка).Учество на Франкофонија-Прилеп 2014 на ученичката Ангела Зероска VIII-г со изведба на песна на француски јазик “Смислата на животот“од француската пеачка Тал. Учество на приредба по повод одбележувањето на Денот на жената 8-ми Март со рецитација на француски јазик на ученичките Марија Митреска 8-в и Тамара Дамеска 8-д. На web страната “На час по француски јазик“(http://enclassedefrancais.weebly.co m/) можете да погледнете дел од работната атмосфера на часот по француски јазик,

7


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Ликовна секција Цртежот и сликата уште од најраната возраст на детето претставува израз на неговата фантазија и креативност.За оваа цел во ликовната секција од нашето училиште се негува , наградува и збогатува учениковата креативна мисла , изразена во спектарот на боите , движењето на линиите и моќта на тактилната перцепција. Активностите на оваа секција се одвиваат под менторство на наставничката Надица Чордаш.Младите уметници од нашето училиште учествуваат на различни ликовни конкурси од општински , републички и меѓународен карактер.Ги издвојуваме„Мал Битолски Монмартр 2014“,конкурсот распишан за „Илинденски денови“,„Моја новогодишна желба“ и нa меѓународниот карневал Прочка 2014

Техничкo и сообраќајна секција Во оваа секција членуваат ученици кои во текот на целата учебна година со голема посветеност изработуваат најразлични макети, многу проекти и се подготвуваат за учество на многу натпревари како регионални така и државни , секако со помош на

година, каде со своите уникатни изработки се вклучија сите ученици од прво до осмо одделение и постигнаа големи успеси.Така ученикот Давид Велкоски(V)ја освои првата награда за изработената маска „Стојан и Стојанка.Учениците од I- a и I-б на карневалот Прочка 2014, настапија со изведба под наслов„Роденден на Прилеп“ и ја добија првата награда во категоријата современи маски, а учениците од осмите одделенија(осумгодишно образование) во истата категорија ја добија третата награда за маската под наслов „Пораката на Гоце“,На конкурсот на тема „Македонија земја на цвеќето, земја на розите“, ученикот Иван Кузманоски(II) го освои првото место со својата изработка.

наставникот по техничко образование Михајло Велкоски.Членовите на оваа секција нижат успеси со своите редовни учества на натпреварот „Детски семафор“, како и со редовното учество на противпожарниот квиз на кој оваа година се закитија со третото место.

8


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Спортски секции

Хор и Мандолински оркестар Хорот и мандолинскиот оркестар при ООУ„Гоце Делчев“ функционира како дел од проектните активности во училиштето кои учениците ги избираат врз база на својот талент и интерес.Во хорот и оркестарот членуваат ученици од VI, VII и VIII одделение, кои учествуваат на сите училишни и општински манифестации во текот на учебната година. Мандолинскиот оркестар во изминатите седум години ги освојува првите места на регионални натпревари во мандолински оркестари и хорови.Главен проект чиј носител е хорот е одбележувањето на патрониот празник во месец мај и редовното учество со свои точки на Општинските смотри кои традиционално се одржуваат во Домот на културата „Марко Цепенков“. Со хорот и оркестарот раководи наставникот по музичко образование Љупчо Мирчески.

Во нашето училиште се негуваат сите спортски дисциплини.Најголем интерес учениците покажуваат за фудбал , ракомет , одбојка , кошарка , атлетика , а дел од учениците покажуваат афинитети кон каратето и боречките вештини.Предводени од наставниците Ристо Тошески и Јованка Петреска , учениците редовно ги освојуваат највисоките награди и признанија , а дел од нив се: второ место на општинскиот натпревар во кошарка (машка екипа), второ и трето место за женската екипа;трето место на натпреварот во фудбал ;прво место во ракомет ;освоено прво место на државниот натпревар по џудо (Пажеска Сара, Пажески Леонид, Димеска Теодора), второ место Цинцароски Марио и Стефанија Џамбазова и трето место Никола Лозаноски и Константин Шеќероски.Ученикот Леонид Вандевски освои прво место на државниот натпревар по атлетика на 600 метри.

9


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Математичка секција Со оваа секција раководат наставниците Богослав Бардакоски, Емилија Николоска и Билјана Попоска Филипова.Членовите на оваа секција имаат можност со примена на стекнатите знаења на часовите по математика да решаваат проблемски ситуации од секојдневниот живот , задачи од различни математички збирки и списанитео „Нумерус“.Учениците кои членуваат во оваа секција активно учествуваат на повеќе натпревари , како натпреварот Кенгур и други регионални и државни натпревари, на кои се освоени голем број награди.Од нив се издвојува Инес Лесноска која минатата година на државниот натпревар го освои второто место.

Секција –млади физичари Оваа секција работи под раководство на наставничката Соња Димовска.Учениците кои заинтересирано учествуваат во оваа секција го прошируваат своето знаење за физиката ,а тоа стекнато знаење драгоцено им помага да учествуваат на повеќе натпревари, како што се училишните , општинските, регионалните и државните и секако да постигнуваат значителни резултати.Учениците кои дел од своето време го поминуваат на додатните часови по физика , односно членуваат во оваа секција изработката на проекти, анимации , видеа им претставува голем предизвик и можност да дознаат повеќе и за примената на физиката во одредени значајни делови од човечкото живеење. Бидејќи најголем дел од натпреварите по физика штотуку следуваат можеме да го истакнеме фактот дека минатата година бевме шампиони и вице шампиони на државниот натпревар по физика во организација на Природно математичкиот факултет во Скопје.Оваа година двете ученички Марија Нашулоска и Елена Ангелеска учевствуваат за Меѓународниот натпревар за иновации во Турција со проектот „ Construction of thermometer“,во исчекување сме на резултатите .Двете ученички ќе учевствуваат и на престојните натпревари во организација на ПМФ и Народна техника.

10


Училишен весник 2013/2014

Млади хемичари Како задолжителен предмет, хемијата е застапена со два часа неделно. Настава се одржува во кабинетот за природноматематички науки, каде се наоѓаат нагледни средства, лабораториски прибор, хемикалии, модели на атоми, молекули, јони како и ученички изработки и проекти кои имаат задача да им ја „приближат“ хемијата на учениците, бидејќи често пати егзактноста на хемијата како наука, содржи и материја што е доста апстрактна, а за поимите кои се изучуваат, на пример атомот, за него ученикот ја има онаа претстава која ќе ја формира, создаде, во мислите. Oвие нагледности се максимално вклучени и искористени на часовите, со акцент за тоа дека целта на експериментот во наставата по хемија како дидактичко средство се работи, се изведува, со цел да им помогне на учениците полесно да ја совладаат материјата, па на добар дел од учениците тоа им е забавниот дел од часот :), бидејќи секогаш нешто пука, чади, гори.....

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

работи преку целата година ,па како резултат на таа работа се и успесите на натпреварите кои се организираат. Оваа година ученичката Ангела Кочоска од VIIIг одд. го освои второто место на државната олимпијада која беше организирана од приватниот колеџ Јахја Кемал од Скопје. Позначајни успеси на нашите хемичари кои можат да се издвојат во последните 3-4 години се следните: Стефан Неделкоски – второ место на државната олимпијада,Марија Темелкоска, Матеја Илиеска и Андреа Трпаноска – пофалница за освоено од четврто до десетто место на државната олимпијада,Давор Василески – освоено прво место на народна техника,Марио Нанески – освоено второ место на народна техника,Андреа Трпаноска – освоено второ место на народна техника .Секцијата работи под менторство на наставничката Кети Иваноска и се додека има ученици кои ја сакаат хемијата, ќе има и успеси.

Покрај редовната настава, се одржува и дополнителна и додатна настава по хемија како и секцијата на младите хемичари во која членуваат ученици кои покажуваат интерес кон хемијата, особено кон експериментот и истражувањето. Според посебна програма се работи на часовите за додатна настава по хемија каде членуваат мал број на ученици со кои интензивно се 11


Училишен весник 2013/2014

Биолошка секција Секоја година во рамките на наставата по биологија се формира и функционира биолошката секција под раководство на наставничката Билјана Георгиеска.Резултатите од работата на биолошката секција се презентираат на многубројните натпревари на кои учениците индивидуално го докажуваат своето знаење од областите:биологија, екологија и агротехника.Од нив ги издојуваме :училишниот натпревар каде најдобри резултати постигна Моника Стеваноска (VIII-г), натпреварот во организација на Црвениот крст каде учествуваат учениците:Ангелеска Елена, Јован Петрески(VIII9), Кирил Трајкоски(VII9), Моника Стеваноска(VIII-г), натпреварот на млади техничари и природни науки каде ќе учествува Тамара Дамеска.Оваа учебна година учениците активно работеа на двата проекти:Болести од зависност и Превенција од хив – сида.

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

одбележување на денот „Македонија земја на цвеќето, земја на розите“ со засадување на рози во училишниот двор.

Еколошка секција Во училиштето активно работи и еколошката секција .Учениците под раководство на наставничката Донче Ангелеска , настојуваат да придонесат да се подигне еколошката свест во училиштето.Досега оваа акција има организирано две екоакции за Есенскиот ден на дрвото и Денот на пролетта и активно се вклучија во 12


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Географска секција Секцијата по географија работи под менторство на наставниците Златко Петрески и Спасе Мирчески.На нивните средби учениците најчесто изработуваат разни видови карти и флаери поврзани со наставниот материјал предвиден за изучување.Секцијата им овозможува на учениците дружење, патување и запознавање со природата.Теоретската настава вклучува информации за најновите случувања во областа на географијата , а теренската настава се изведува според можностите, низ посети на физичко-географски објекти, културни и историски споменици. Историска секција Членови на оваа секција се ученици кои покажуваат голем интерес за изучување на историјата и обичаите.Учениците обработуваат различни теми од минатото , историски настани, пишуваат реферати за позначајни историски личности , изработуваат историски карти, хронолошки таблици за најважни настани од историјата , собираат историски документи и книги.Се организираат и екскурзии со научен карактер , посета на музеи, изложби, историски места.Оваа година историската секција во соработка со драмската секција се влучи во проектот,,Музеите во училиштата и училиштата во музеите,,каде учениците низ игра и учење на улогите научија многу за традицијата и обичаите.Секцијата работи под раководство на наставниците Величе Лесноска и Ризо Трајкоски.

Новинарска секција Новинарската секција се обидува да следи најголем дел од активностите кои се дел од наставните и воннастaвните случувања воучилиштето.Новинарската секција во 2000 година го издаде првиот број на Училишниот весник.Во Училишниот весник кој излегува еднаш годишно се проследуваат сите позначајни настани и постигнати резултати на учениците и професорите, во текот на целата учебна година. Овде младите новинари ја мерат тежината на зборовите и ги совладуваат јазичните и дизајнерските вештини за да се создаде една репрезентативна новинарска творба што соодветно ќе ја отслика сцената на нашиот успех.Координатор на активностите на секцијата е наставничката Катерина Тодоровска.

13


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Информатичка секција Меѓу позначајните ученички активности во нашето училиште високо место завзема и информатичката секција која работи под раководство на наставничката Летка Дојкоска. Учениците кои ја посетуваат информатичката секција со голем интерес ги продлабочуваат своите знаења од областа на информатиката. Учениците покажуваат голем интерес за натпреварите по информатика ,за што сведочат и освоените први и втори места на државните натпревари.Ученичката Исидора Овезоска од 8 одд. изработи мултимедијална веб презентација за нашето училиште и ќе учествува на регионален натпревар во категоријата „Компјутерска техника“.

Учениците Благоја Овезоски и Делфина Апостолоска, ученици од 6то одделение изработија мултимедијални презентации и ќе учествуваат на државниот натпревар по информатика во категоријата Апликативни вештини. Учениците покажаа голем интерес и за изработка на филмови. Пишуваа сценарија, снимаа филмови и компјутерски ги обработуваа.Снимија филм за селскиот живот и почитувањето на традициите во селата, филм за Марковите кули и Манастирот Св. Архангел Михаил , филмови под наслов „Измама“, „Лошата свекрва“,„Подготовка за Велигден“,„Заштитници на природата“. Со наведените филмови ќе се претстави нашето училиште на државниот натпревар за изработка на филмови. Со оглед на високиот квалитет на изработките очекуваме високи резултати на натпревари.

14


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

ПРОЕКТИ Во нашето училиште се реализираат разновидни активности заради задоволување на индивидуалните потреби и интереси на учениците како и поддршка во напредокот и постигањата на сите деца.Вклученоста во голем број проектни активности и програми овозможува унапредување на наставата и учењето, а со тоа и постигнување на високи резултати во повеќе наставни предмети.Од проектите и програмите би сакле да ги истакнеме следните: “Унапредување на јазичната писменост” , “Математика со размислување”, “Еднаков пристап за еднакви можности”, “Асистивна технологија во основното образование”, “Со мултимедијална едукација до здрави животни стилови под мотото “Заедно за среќно и безбедно детство”, “ Со читање до лидерство”, Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, “Зелен пакет-јуниор” . Исто така нашето училиште беше Промотор на програмата за доживотно учење која се реализира преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Голем број ученици од различни возрасти се вклучени во заедничи проекти со учениците од европските земји.Комуникацијата на учениците во овие проектни активности се одвива на странски јазик . За три од завршените проекти во кои учествуваа 52 ученици училиштето, учениците и наставниците -ментори добија сертификати за Европски знак за квалитет. О.О.У „Гоце Делчев“ доби нови влезни скали Учениците од О.О.У. „Гоце Делчев “ од Прилеп заедно со своите наставници и поканетите гости оваа година имаа уште една убава причина за прослава.Имено ова училиште од неодамна може да се пофали со нови реконструирани и естетско– функционални влезни училишни скали со кои пред се се подобрува безбедносната функција на влезот во училиштето.Воедно овие влезни училишни скали имаат страничен дел кој е искористен како трибина простор од кој може да се пратат натпреварите на тениското игралиште . Реконструкцијата на училишните влезни скали чинеше 900 000 денари ,а средствата ги обезбеди локаланата самоуправа. Градоначалникот Ристески истакна дека негов приоритет во оваа година ќе бидат образовните установи за кои се предвидени многу нови инвестиции.

15


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

„Со читање до лидерство“ ООУ „Гоце Делчев” - домаќин на читачкиот караван

Почетокот на проектот на USAID „ Со читање до лидерство“ Во орагнизација на USAID, а со поддршка и соработка со Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар, во избрани училишта кои спроведуваат современа настава, започнува проектот „Со читање до лидерство“. Во конкуренција на 190 училишта кои аплицираа да бидат дел од проектот, нашето училиште, ООУ „Гоце Делчев“, беше избрано како едно од успешните училишта во кои се спроведува современа настава и училиште кое ќе биде модел за развивање на математичката и јазичната писменост.

16


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

НЕШТО ЗА РОДИТЕЛИТЕ Причини зошто треба почесто да им читате книги на своите деца Кое дете не сака да заспие со приказна? Но, многу родители поради презафатеност го прескокнуваат читањето приказни пред спиење и им дозволуваат на децата во слободното време да се забавуваат гледајќи телевизија, за тие да можат да завршат некои од натрупаните домашни обврски. Сепак, ниту еден родител не треба да го прескокнува читањето. Еве ги најсилните причини зошто треба редовно да си издвојувате време за да им читате книги на вашите деца:

1.

Редовните дружби со книгата од мали нозе водат до доживотна љубов кон пишаниот збор. Воведувајќи ги книгите во секојдневието на вашето дете, вие му всадувате навика за читање која тоа најверојатно ќе ја зачува до крајот на животот. Не е тајна дека децата ги копираат родителите. Не можете да очекувате дека детето ќе се вљуби во книгите ако никогаш не гледа околу себе некој како разлистува книга. Вашето однесување и навиките се пример за него, па потрудете се да го „заразите“ со читањето.

2.

Се зацврстува врската „родител-дете“. Читањето е интимно доживување кое ја прави посилна незаменливата врска помеѓу родителите и децата. Тоа е вистински подарок за зафатените родители кои чувствуваат грижа на совеста зашто сметаат дека не поминуваат доволно време со најсаканите. Читајќи пред спиење, вие му се посветувате целосно на вашето најмило, без вниманието да ви го одвлекуваат странични нешта како мобилен телефон и телевизор.

3.

Се збогатува детскиот вокабулар со нови зборови. Низ книгите се среќаваат зборови кои не ги користиме во секојдневниот говор, па тие го дополнуваат сиромашниот детски речник. Секогаш кога ќе наидете на збор кој сметате дека е нов за вашето дете, запрете со читањето и објаснете го неговото значење.

4.

Расте љубопитството кое „раѓа“ интересни прашања и ја стимулира желбата за учење. Колку пољубопитни се децата, толку повеќе сакаат да учат, а волшебниот свет кој го кријат книгите дефинитивно ја буди фантазијата, како и желбата да се проникне

17


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

што подлабоко во работите и да се открие нешто ново. Додека читате, сигурно ќе слушнете безброј прашања кои се плод на детскиот ум. Повеќето ќе ви звучат смешни, но одговарајќи на нив, вие му ги проширување знаењата на вашето сакано. 5.

Поголеми се шансите детето да помине низ фазата на школување со високи оценки и да израсне во успешна личност. Читањето е клучна алка во образовниот процес и основа за успех. Истражувањата покажуваат дека децата на кои родителите редовно им читале, постигнуваат поголем успех на училиште. Но, читањето не само што дава предност во училишните денови, туку помага и за нижење успеси на професионален план. „Не сите луѓе кои читаат се лидери, но сите лидери читаат.“

6.

Ви овозможува да го подучувате детето преку примери. Децата можат да извлечат поуки дури и од магичните бајки. Кога се мали, учат да го разликуваат доброто од лошото, а потоа навлегуваат во тајните на меѓучовечките односи. Посочувајќи ги ликовите од книгите и нивните постапки, вие можете да започнувате дискусии на различни теми и преку нив да им пренесувате важни животни лекции на вашите деца.

7.

Концентрацијата се зголемува, а детето учи да слуша додека друг зборува.Со цел да навлезе во приказната, детето максимално се фокусира и внимателно го слуша секој изговорен збор. Тоа му ја подобрува концентрацијата. Освен тоа, додека вие читате наглас, тоа учи и дека треба да молчи и слуша додека некој друг зборува.

8.

Се развива способноста за памтење и креативноста. Трудејќи се да ја разберат приказната, децата „складираат“ во својот мозок многу податоци. Ако една приказна ја читате повеќе пати, ќе забележите дека вашето дете со тек на време ќе ја научи напамет. На тој начин тоа си го подобрува памтењето. Истовремено, навлегувајќи во светот кој го создава пишаниот збор, детето си ја буди фантазијата и станува покреативно.

9.

Полесно се „впиваат“ нови знаења во забавна и опуштена атмосфера. Децата се како „сунѓери“ за нови информации кога им е забавно. Можете да избирате да читате содржини со едукативен карактер, но кои сепак се прилагодени на возраста на вашите најмили. На тој начин ќе им овозможите на децата да ја запознаат планетата од удобниот кревет во својата детска соба. Кога вашето дете ќе го совлада мајчиниот јазик, можете да го запознаете со втор јазик, читајќи лесен материјал од странска литература.

Секој ден издвојувајте барем по 20-ина минути за читање, но не го прекинувајте тој ваш ритуал кога детето ќе започне да оди на училиште. Експертите советуваат да продолжите да му читате во првите години од школувањето. Откако детето ќе научи само да чита, поттикнете го тоа да ви чита вам или да му чита на вашето помало дете.

18


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

КАКО РОДИТЕЛИТЕ ДА ГО ПОМОГНАТ РАЗВОЈОТ И НАПРЕДУВАЊЕТО ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ

НА

Третирајте ги децата како деца

Ним им е потребна љубов но и контрола, внимание но и дисциплина, Ваше ангажирање, но и одговорност

Одржувајте здрав систем на вредности и среќен и здрав дом Хармонијата во семејството е важен предуслов за оптимален развој на талентираното дете Подарете му на детето специјален поклон, а тоа е Вашето време

Не спречувајте го детето Талентираните деца се не треба да се спречуваат прашуваат, туку им се или се упатуваат каде да одговорите

многу љубопитни и кога постојано даваат одговори ги најдат

Стимулирајте го интелектуално Вашето талентирано дете Родителот треба да ги развива вештините на истражување кај своето дете: читање книги, енциклопедии, посети на музеи, галерии, образовни институции, историски знаменитости, користење компјутери и сл.

19


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

На талентираните деца потребни им се другари со кои ќе ги споделуваат своите идеи Инсистирајте кај детето да се развие другарство и хоби

Не преоптеретувајте го детето Дозволете му да се досадува и само да го исполни времето

Респектирајте го знаењето на талентираното дете. Давајте му инструкции, а не наредби како да ја заврши некоја работа

Бидете вклучени во училишните планови и програми за талентирани ученици. Со свои активности учествувајте во воннаставните активности кои го поддржуваат образованието на талентираните

Психолог Лилјана Дунимаглоска 20


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Продолжен престој Во нашето училиште се реализира проширена програма во која активно работи продолжениот престој.Учениците престојуваат во училиштето по редовните часови каде се згрижени според потребите на семејството.Престојот работи во согласност со програмата за продолжен престој во училиштето и со постојана соработка со стручните соработници во училиштето.

Престојот работи од 8 до 16 часот.На децата им се обезбедени три оброци: појадок , ручек и вечера. Секоја година интересот е се поголем, па така оваа година во престојот има 35 деца.

За учениците кои се во престојот се организираат различни активности .Учениците ги пишуваат домашните задачи со помош на наставничка и ги учат наставните единици за наредниот ден.Учениците исполнуваат и други слични училишни задолженија , учествуваат во различни активности од областа на спортот,ликовната и музичката уметност , се натпреваруваат и забавуваат. Еден дел од времето го поминуваат во игра и забава , гледаат ТВ, а имаат можност да гледаат приказни, цртани филмови , музички емисии на ДВД, одат на прошетки во блиската околина…Едноставно се чувствуваат како дома.

21


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

ЕКОЛОШКИ АКЦИИ Да се живее во здрава и чиста животна средина е од непроценливо богатство за сите нас, а особено за најмладите. Учениците со своето однесување и конкретни активности треба постојано да придонесуваат за зачувување на природното опкружување. По повод Денот на дрвото и Денот на пролетта, учениците од ООУ„Гоце Делчев“, реализираа низа активности за заштита на природата. Тие го разубавија училишниот двор со стотина нови рози, кои имаат и способност да ја прочистуваат средината од штетните материи и во месноста Кукул засадија дрвца.Учениците и наставниците се задоволни од акцијата и најавуваат уште многу еколошки активности. Учениците активно се вклучија и во националната еко - акција Македонија без отпад 2013 и проектот Гоу Грин, кој овозможува поддршка на успешна имплементација на „Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори“. Еве што ни порачуваат учениците за тоа како да ја чуваме и разубавиме нашата животна средина: Eko kodeks

Vodata ni treba na site za da `iveeme. Nie znaeme kako da gi otvorime i zatvorime ~e{mite Vedna{ po upotrebata ja zatvorame slavinata. Otpadocite gi frlame vo korpa. Site se gri`ime na{eto u~ili{te da bide ~isto. Znaeme koga se priklu~uva i isklu~uva strujata. Imame informacii deka vodata, elektri~nata i toplinsaka energija treba da gi {tedime. Nie davame svoi mislewa za podobra ekolo{ka sredina. Gi sakame i neguvame rastenijata. Se gri`ime na{iot dvor da bide ureden i ~ist Gi ~uvame i neguvame zasadenite drvca vo dvorot Sledime ekolo{ki soznanija, u~estvuvame vo akcii. Poddr`uvame i nagraduvame dobri ekolo{ki poraki. Sorabotuvame so lopkalnata sredina i roditelite za pozdrava ekolo{ka sredina. Na{te postignuvawa gi sledime iinformirame za niv.

22


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

ЛИТЕРАТУРНО КАТЧЕ

Пат до ѕвездите Во темната ноќ под крилјата на мракот седам и безброј мисли редам. Ѕвездите трепкаат со својот сјај, за секој човек ова е рај. Светлина во темната ноќ, ѕвездите имаат сила и моќ, ќе ни го осветлат патот тие, да ги следиме сега ние, да го најдеме патот до нив, таму високо горе, ако, од добрина направиме море, во езеро од љубов да паднеме, и среќата да ја грабнеме. Зарем светот не би бил поубав вака? Секој со секого да се сака, мир насекаде да царува, добрина и разбирање да дарува. Ќе пораснеме со нашето тело повисоко од тополите за едно чело, и патот до ѕвездите ќе го најдеме така, ако секој со секого се сака.

Детство

Детството е парче живот , што прилега на прекрасна слика во која љубов, насмевка и среќа од секој агол блика. Детството е полно со сништа и другарство чисто, повредно од злато, а кога ни е тешко е доволна само топлата прегратка на мама и тато. Детството полека си оди како сонцето кон запад за да зајде , и потоа ќе наидат тешкотии и препреки и секое дете во светот на возрасните ќе се најде. Штом години ќе минат било со некој или да сме сами секој миг од детството наше на нашите лица насмевки мами. А кога детсвото зад нас ќе биде , треба гордо да кренеме глава и да зачекориме низ животот со добрина, успех и слава !

Кондоска Михаела 4а одд.

Матеја Мирческа 8г одд

23


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

ЗА УЧЕЊЕТО И УЧИТЕЛОТ 

Учењето без размислување е празно,

а размислувањето без учење е опасно. 

Учи ги добрите работи, лошите

се учат сами од себе. 

Учење во староста , тоа е пишување по песокот,

учење во младоста ,тоа е делкање во камен. 

Учејќи добро една работа, можеш да научиш десет. Земете ја природата за учител, чувствата за водач и големите учители за советници. Ако си учител на деца или можеби татко, биди им учител со своето живеење и однесување.

ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО 

Пријателите ни зборуваат што треба да работиме, непријателите не учат што мораме да работиме.

Биди кроток и скромен ако сакаш да те возвишат, фали ја туѓата доблест ако сакаш да стекнеш пријатели.

Дури кога ќе почне да пука мразот, ќе знаеш кој ти е пријател.

Кој нема ниту еден пријател, оди како странец по својата земја.

24


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Забавна страна 1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

1 2 3 4 5 6 7 8 9 Крстозбор Хоризонтално:1.Пејач на фотосот,2.Американска филмска награда – град во Хрватска,3.Кит од северните мориња(мн.) – името на поетот Ујевиќ,4.Иницијалите на артистот Милчин – вид енигматски состав(мн.),5.Добрина,6.Името на хемичарот Хан – кратенка за Соединетите американски држави,7.Вид зачин – меѓународен знак за Италија,8.Кратенка за електрон – котва , сидро,9.Глас,звук – името на пејачот Рахимовски. Вертикално: 1.Името на артистот Деп – киселина,2.Летувалиште во Преспа – хемиски знак за кислород,3.Кратенка за скратеница – вид литературно дело,4.Простор под покривот – иницијалите на пејачката Нединковска,5.Жена што го проучува иранскиот јазик и култура,6.Хемиски знак за азот – името на артиската Тарнер – Иницијалите на артистот Квин,7.Командант на бригада(мн.),8.Исти самогласки – кратенка за радиус,9.Грчка буква,10.Лекар(арх.),11.Повреда(мн.) 25


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Судоку со букви Мрежата е составена од седум групи на полиња,а треба да креирате квадрат 7х7.Пополнете ја мрежата,така да секој ред,секоја колона и секоја група од полиња ги содржат буквите БИЈОНСЕ(Ноулс)американска пејачка. Н И

С

Б С Ј

О

О

Е Н

Ј

И Н

О

Е

О И

Ребус

П

К

АМ 26


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Повик до нашите другарчиња – идни првачиња РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ООУ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-ПРИЛЕП Тел:048 428 968 Е-mail: ou_gocedelcev@yahoo.com

УПИС НА ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2014 /2015 ГОД. Во учебната 2014/2015 год.во прво одделение на основното деветгодишно образование родителот е должен да го запише своето дете кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години(деца родени во календарската 2008 година).Исто така по барање на родителот и добиеното мислење од педагогот или психологот во училиштето во прво одделение може да се запише и дете доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година (2009).Запишувањето на детето , на барање на родителот , здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.Запишувањето на децата за прво одделение ќе се врши во училиштето во месец – Мај, од страна на формирана комисија од училиштето.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ -Оргинал извод од матична книга на родените(без оглед на датумот на издавање) -Потврда од медицински центар(служба за вакцинација) со која се потврдува вакциналниот статус. -Потврда од забна амбуланта.

Директор: Трајче Каралиоски

Нашето училиште е отворено за сите вас.

Ве очекуваме!

27


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

28


Училишен весник 2013/2014

ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп

Весникот го подготвија членовите на новинарската секција: Ана Марија Мирческа , Маја Јагуриноска, Мила Јагуриноска,Габриела Лазоска, Тамара Весковска,Анастасија Ачкоска,Стефани Иловска,Адела Димовска, Ивана Дамјаноска,Викторија Сребреска

29

ООУ„Гоце Делчев“ - Прилеп,училишен весник 2013/2014  

Училишниот весник на ООУ„Гоце Делчев“- Прилеп, секоја година, традиционално се издава по повод патрониот празник на ова училиште.