Народно творештво - Матеа Танева

Page 1

Музичко народно творештво Во музичко народно творештво спаѓаат : народни песни, народни ора, народни инстументи. НАРОДНИ ПЕСНИ: Народната песна е дел од музичкиот фолклор. Таа е поврзана со животот на луѓето, нивните обичаи, празници и празнувања. Преку песната се искажани различни чувства и желби. Во нив се опеани маките и страдањата на народот низ вековите, љубовта кон татковината и своите најблиски, нивните обичаи и традиција. Многу пати ја изразувале и нивната шегобијност. Песната била дел од секојдневниот живот на народот. Бидејќи на народните песни авторот не им бил познат се зачувувале усно и се пренесувале од колено на колено.Според содржината народните песни се делат на: семејни, љубовни, шегобијни, обредни, обичајни, револуционерни и трудови. НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ: Традиционалните народни инструменти се употребуваат во различни комбинации:

зурлата/тапанот можат да се слушнат на свадби и други слави каде се свири народна музика.

гајдата е фундаментален составен дел од македонската музичка култура, особено по селата. Обично се свири со пар кавали, тамбура и некои ударни инструменти (тапанче/дајре/тарабука).

тарабуката исто така се смета за традиционален инструмент, иако истата била донесена во Македонија во XV и XVI век век од Турците. Народните инструменти се делат на‫׃‬ -дувачки -ударни -жичени


НАРОДНИ ОРА: Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и музичка традиција. Македонските ора се бројни и разновидни. Ората обично се играат за време на верски празници, венчавки… Тие може да бидат отворени и затворени, а играчите може да се држат за раце, за рамења, за појасите, или под рака.Ората се придружувани од народни инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал,тарабука, ут, дајре. Македонските ора обилуваат со кореогравски движења како:полу-свртување, клекнување, потскокнување, подрипнување, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други. Промената на ритамот се јавува кај повеќе ора и тоа обично од бавно кон брзо. Најпознати македонски ора се: женското оро, машкото оро, мешаното оро, тешкото оро и др.

Матеа Танева


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.