БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија
фото: civil.org.mk Главниот и одговрен уредник на „Нова Македонија“, Зоран Димитровски, како еден од организаторите на протестот, изјави дека иако новинарите дојдоа да протестираат мирно, тоа не им беше дозволено. „Не се плашиме од волку полицајци. Идејата беше протестот да биде мирен без инциденти, но полицијат предизвика да има мали кошкања. Останува нашата заложба Кежаровски да биде ослободен“, рече Димитровски. Тој сметаше дека реакцијата на судот,во кое на новинарите им се држи лекција е срамно. „Судот премногу си презема ингеренции затоа што новинарите и медиумите се во заштита на јавниот интерес и тие се паралелна четврта власт. Тие се на исто рамниште со судот и тие се коректив на судот. Не се судиите тие кои може да ги учат новинарите што да прават и како да постапуваат во својата професионална работа“, истакна Димитровски.
Сопругата на новинарот Кежаровски, Марина сведочеше за тешките услови во кои е принуден да живее нејзиниот сопруг во притворот и при издржување на казната во затворот. „Томче невино скапува во најстариот дел во Шутка. Облеката што ми ја дава да му ја исперам мириса на влага, на кал, во такви услови тој поминува 23 часа. На оние 20-минутни средби што ги имаме, успеав да му пренесам дека го поддржувате. Убиец да бев немаше да добијам толкава казна, ми порача сопругот“, рече Марина Кежаровска. Протестот заврши со палење свеќи кои симболизираат згаснувањето на слободата на изразување. Истовремено, снимателите и фоторепортерите ги спуштија камерите пред полициските чизми, во знак на протест за нивното несоодветно однесување кон протестот на новинарите.
5