Bilten znm nov dek 2013 mk

Page 29

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

за бркањето на новинарите од собраниската галерија од 24 декември? Со овој инцидент свесно или не сами придонесовме за влошување на имиџот на земјата во светот за медиумските слободи. Како го затворивме тоа прашање, утврдивме прекршување, ама нема виновници, нема политичка одговорност. Сметате дека тоа е начинот како треба да се справиме со предизвиците“, истакна тој. Според него, во 2013 сме работеле напорно на наша штета губејќи цела година во надмудрување за потребата за донесување на нова медиумска легислатива, непочитувајќи ги европските стандарди и принципи. “Сакам да ве уверам, никој да нема тронка сомнеж, дека ако овие закони се донесуваат во ваква форма како што се предложени, рачунајте дека следната година на светските ранг листи по слобода на изразување ќе бидеме во уште понепријатно друштво“, предупреди Селмани. Тој рече дека ЗНМ е подготвена да и помогне на владата да донесе европски закони, согласно нашиот устав и европските стандарди и ги замоли пратениците да не брзаат и убаво да размислат пред да ги гласате овие закони, затоа што реално ќе направат дополнителна

штета.

На крај тој го спомна и случајот на Кежаровски, за кого рече дека не може да сфати на кого му требало тоа. “Се надевам дека конечно сфативме каква цена плативме како земја за несоодветна примена на правото во овој случај од страна нашите судски органи. Според него време е да се направи пресвртница, ако се сака да се менуваат работите на добро.

29


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.