Sistina Plus br.5

Page 1

1


www.sparkasse.mk


ЕДИТОРИЈАЛ

ДОВЕРБАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ ГО СОЗДАДЕ БРЕНДОТ „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Д

а се биде меѓу најпопуларните брендови во Македонија е успех, но и предизвик за понатамошно успешно функционирање. Епитетот Superbrand е посакувано признание за компанија која претендира да биде сериозен провајдер на здравствени услуги. „Аџибадем Систина“ со право е сместена меѓу најдобрите бидејќи мисијата и визијата на компанијата се совпаѓа со генералната мисија и визија на светски реномираната организација – Superbrand, а тоа е квалитетот и сигурноста. Во текот на минатите 11 години „Аџибадем Систина“ го градеше својот идентитет, чекор по чекор. Дејствувајќи во еден специфичен општествен сектор „Аџибадем Систина“ успеа да исполни една од главните одлики на „бренд“ во вистинска смисла на зборот, а тоа е довербата на клиентите. Пионерските инвестиции во здравството, вложувањето во професионален медицински кадар и воведувањето услуги кои досега беа недостапни кај нас и во регионот ја зголемија атрактивноста и препознатливоста на нашиот бренд. Благодарение на заложбите на болницата - пациентот секогаш да биде во фокусот на вниманието, денес „Аџибадем Систина“ претставува гордост за македонското општество и синоним за квалитет, сигурност и безбедност. Големината на сите нас, како дел од „Аџибадем Систина“, е во тоа што успеавме да станеме

големо сложно семејство кое успеа да создаде слика на една успешна здравствена организација која умее да води грижа за своите пациенти. Партнерството со „Аџибадем Систина“, највлијателната здравствена групација во Југоисточна Европа, уште повеќе го зголеми позитивниот ефект кој брендот „Аџибадем Систина“ го ужива кај пациентите. Позитивните искуства и поддршката од партнерот „Аџибадем Систина “ дадоа посебен акцент во искрената намера на болницата да обезбеди професионална здравствена грижа за своите клиенти. Признанието Superbrand претставува мотив и сатисфакција за целиот тим на Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Ваквата позиција ќе ја искористиме во насока на понатамошно промовирање на нашиот бренд. Развојните планови на „Аџибадем Систина“ се насочени кон проширување на капацитетите и освојување на регионот, а ваквите признанија дополнително ни потврдуваат дека донесуваме вистинска одлука. Ви благодариме на довербата, го споделуваме успешното работење со Вас и продолжуваме заедно во годината што следи со уште поголеми предизвици, планови и успеси.

Plus

Март 2012

n

Број 5

n

Со почит Јордан КАМЧЕВ Главен извршен директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Бесплатно издание

Магазинот Плус излегува еднаш во 3 месеци и се дели бесплатно. Информациите имаат едукативен и информативен карактер. Однапред Ви се извинуваме за можните печатни грешки. Сите Ваши коментари во врска со Магазинот Плус или Вашите предлози за содржината на следното издание, испратете ги на: info@acibademsistina.com.mk Издавач: Орка Холдинг за потребите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

3


СОРАБОТНИЦИ д-р Илија Мостров Дипломирал во 1986 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил во 1997 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Супспецијализација по пластична и реконструктивна хирургија завршил во 2001 година на истиот факултет. Д-р Мостров моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u

прим. д-р Љупчо Стојковски Дипломирал во1985 год. на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил во 1994 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Супспецијализација по нефрологија завршил во 2006 година на истиот факултет. Д-р Стојковски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.

u

д-р Ирина Тоновска

u

u

Дипломирала во 2004 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршила во 2009 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Тоновска моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

проф. д-р Салис Таџер

д-р м-р Тони Јосифовски

u

Дипломирал во 1978 год. на Медицинскиот факултет во Љубљана, Словенија. Специјализација по кардио и торакална хирургија завршил во 1993 година на Саклер медицинскиот факултет, на Универзитетот во Тел Авив. Супспецијализација во областа на адултна хирургија завршил на истиот универзитет. Проф.д-р Таџер моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.

Дипломирал во 1985 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил во 1992 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Супспецијализација по дигестивна хирургија завршил во 2008 година. Магистерски студии завршил во 2006 година. Д-р Јосифовски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u

д-р Александар Мицковски

Дипломирал во 2002 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по урологија завршил во 2008 година на Медицинскиот факултет во Скопје.Д-р Мицковски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.


д-р Емилија Вељаноска – Мариноска

u

u

Дипломирала во 2001 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по анестезиологија завршила 2008 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Мариноска моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u проф д-р Селчук Пекер

д-р Леонардо Камењарски Дипломирал во 1979 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по педијатрија завршил во 1991 година на Медицинскиот факултет во Скопје.Д-р Камењарски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Медицински Факултет и специјализација во областа на неврохирургијата завршил на Хаџетепе Универзитетот. Д-р Пекер специјализација за примена на Гама Нож методата завршил на Универзитетот во Питсбург, во САД.Д-р Пекер моментално е вработен во Групацијата за Здраствени услуги „Аџибадем“.

проф. д-р Васко Василевски Дипломирал во 1972 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил во 1979 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Супспецијализација по гастроентерохепатологија завршил во 1998 година на истиот факултет. Докторирал во 1986 година на Медицинскиот факултет во Скопје.Проф.д-р Василевски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

u

д-р Милчо Демерџиев

проф.д-р Јордан Савески

Дипломирал во 1985 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по неврологија завршил во 1993 година на Медицинскиот факултет во Скопје.Д-р Демерџиев моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

u

u

u

Дипломирал во 1969 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил 1975 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Докторирал во 1983 година на истиот факултет. Проф. д-р Савевски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

д-р Александар Лазаревски Дипломирал во 1997 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по оториноларингологија завршил во 2003 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Лазаревски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 5


СОРАБОТНИЦИ д-р Ален Јовчевски

u

Дипломирал во 1998 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил во 2005 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Јовчевски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина”

д-р Сенчо Нетков

u

Дипломирал во 1989 година на Медицинскиот факултет во Скопје.Специјализација по радиологија завршил во 1996 година на истиот факултет. Д-р Нетков моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.

Д-р Станка Танчева Крстевска Дипломирала во 2000 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по педијатрија завршила на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Танчева моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u


7



СОДРЖИНА Тема

ПРОФИЛ д-р Сенчо Нетков

КАРЦИНОМ

ЖИВЕЕ ВО „ ХАРЕМ“ СО ТРИ ЖЕНИ , ЉУБИТЕЛ Е НА ЕГЗОТИЧНИ ЗЕМЈИ, А СВОЈОТ СОН ГО ОСТВАРИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

38

10

20НОВОСТИ

ЖИВОТ Д-Р ЈОСИФОВСКИ МИ ПОДАРИ ВТОР ЖИВОТ

34

39-годишната Шермин Тефиковска живее втор живот. Една „рутинска” операција на камен во жолчката за малку ќе завршела фатално. Во тие критични моменти додека се борела за живот, докторите му посочиле на семејството да бара помош во Грција и во Словенија. Но нејзиниот сопруг одлучил Шермин да ја довери на д-р Јосифовски. Токму ваквата одлука ѝ го спасила животот.

МЕТЕОРОПАТИЈА –БОЛЕСТ НА СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО ВРАТЕТЕ СЕ ВО ТОП ФОРМА

ПОЧНЕТЕ ДА ТРЧАТЕ

22 68

РЕГИОНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА ПОД КОНТРОЛА НА УЛТРАЗВУК МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНА КАРДИОХИРУРГИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

СО ЧАША ВИНО ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ

72

ПОБЛИСКУ СО СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ

УСПЕХОТ ГО ДОЛЖАМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

66

9


ПРОФИЛ

Сенчо НЕТКОВ

ЖИВЕЕ ВО „ ХАРЕМ“ СО ТРИ ЖЕНИ , ЉУБИТЕЛ Е НА ЕГЗОТИЧНИ ЗЕМЈИ, А СВОЈОТ СОН ГО ОСТВАРИ ВО

Е

ден маж во „харем“ со 3 прекрасни жени. Вака шеговито го објаснува своето семејство д-р Сенчо Нетков, шеф на Одделот за радиологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Дваесет години е во брак со својата животна сопатничка сопругата Изабела, или како што ја нарекуваат блиските, Беба. Изабела работи како електроинженер во компанијата МЕПСО. Двајцата се горди родители на своите две принцези, Мина и Кала. Живеат во прекрасната семејна куќа во Тафталиџе која ја изградиле заедно. ОД СУДЕНОТО НЕ СЕ БЕГА Нивната љубовна приказна почнува со поговорката „од суденото не се бега“. Се познаваат многу одамна. И двајцата имале симпатии еден кон друг уште во средношколските денови, но поради сплет на околности нивната љубов ќе се оствари дури по десетина години. „Со Сенчо се знаеме како средношколци, но не можевме да се погодиме. Кога јас му се допаѓав имав момче, потоа кога тој мене ми се допаѓаше тој,пак, имаше девојка. По неколку години нѐ запозна една наша заедничка пријателка. Првпат официјално како двојка излеговме на неговата дипломска која ја нарековме „Ловечки бал“ бидејќи и неговата сестра и зет токму на тој ден се запознаа“, раскажува Изабела за почетоците на нивната љубовна приказна. По една и пол година одлучиле да се венчаат. Набргу потоа се родила првата ќерка Мина, а по неколку години на свет дошла и Кала. Во тоа време д-р Нетков бил на специјализација. Но и подоцна поради ангажманите како радиолог, Беба ги преземала сите домашни обврски и одгледувањето на двете ќерки . Таа вели дека била свесна за животот со доктор и тоа го прифатила. „Бев свесна за неговите работни обврски и тоа го прифатив уште на почетокот. Сенчо постојано беше на работа, но, за среќа, мојата работа е до 16 часот па имав време да се грижам околу до-

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Изабела е електроинженер, а Сенчо радиолог. Дваесет години заедно ја пишуваат својата среќна семејна приказна. Тука се и нивните две ќерки, 20-годишната Мина и 4 години помалата Кала. Неговиот најголем сон се остварил во Клиничката болница „Аџибадем Систина“,каде по години „талкање“ го нашол своето место под сонцето. Во пријатна атмосфера, со кафе и „Захер торта” во семејната куќа во Тафталиџе за списанието Систина Плус ја раскажаа својата семејна приказна. Недостигаше само постарата ќерка Мина, која моментално е на студии во Холандија машните обврски и одгледувањето на децата“, објаснува Изабела за животот со доктор . Но да не се сфати погрешно, д-р Нетков ни појасни дека е голем домаќин. Ни раскажа дека уште од мал знаел да ги извршува домашните работи. Но како поминувало времето и како растеле неговите обврски сега повеќе е банкар, главен за домашните финансии. „Уште како мал ѝ помагав на

мајка ми, да зачистам, да вклучам правосмукалка и да испазарам. Од тоа денеска остана пазарењето, но знам да ги изненадам од време на време со некој специјалитет кој сам го подготвувам. Секој рецепт што го подготвувам е лично мој изум. Никогаш не користам готвач за да направам некое јадење“, објаснува д-р Нетков за своите готварски вештини кои едногласно ги потврдија Изабела и Кала. ПОСТОЈАНО МОРАВ ДА СЕ ДОКАЖУВАМ БИДЕЈЌИ БЕВ СИН НА ДОКТОР Во семејството на Сенчо сите се доктори. Неговиот татко бил рендгенолог, а мајка му и сестра му се специјалисти по физикална медицина. Откако завршил медицина Сенчо сакал да биде хирург или гинеколог. Но поради политичката состојба на почетокот на осумдесеттите години, решил привремено да волонтира


11


ПРОФИЛ

Сенчо НЕТКОВ

на Институтот за радиологија, каде работел неговиот татко. „Во тоа време беше тешко да те примат на работа, постоеја социјалистички акции, други одлучуваа кои да одат на гинекологија кои на хирургија. Тогаш татко ми ми рече да не седам дома и се договоривме да волонтирам на рендген“, раскажува Нетков за почетоците на својата кариера како лекар. Но место привилегии Сенчо се соочува со големи пречки. Како син на доктор тој морал постојано да се труди и да го докажува своето знаење. Бил прифатен со отпор од другите вработени кои, како што вели, имале „аверзија“ кон деца на доктори. Но тука не завршува неговата потрага по свое место под сонцето. Во 2001 година добил понуда да работи во Кувајт во една државна болница, за што било потребно одобрение од кувајтскиот министер за здравство. „Уште ги чувам документите, сите ми се преведени на арапски јазик. Добив и потпис од тамошниот министер за здравство, но се случи војната во Македонија и не успеав да заминам. Но не застанав овде. Барав постојано бидејќи бев разочаран многу од состојбите во нашето здравство, сите не работеа, а бевме ставени во ист кош и исто вреднувани. Добив понуда од една болница од Солун, ги подготвив документите, но и од тоа ништо не бидна бидејќи во дипломата пишуваше Р Македонија“, се потсетува Сенчо на времето кога сакал да замине од земјава. ДА БЕШЕ ЖИВ ТАТКО МИ ЌЕ СЕ ОНЕСВЕСТЕШЕ Во 2004 година Сенчо добил понуда од приватна болница. Во

тоа време тој бил асистент на три факултета и шеф на два оддела, со добра позиција и можност за напредувања, но Сенчо го прифатил предизвикот и си заминал од Иститутот за радиологија. „Да беше жив татко ми ќе се онесвестеше. Ама мене ми зовре крвта, имаше повеќе од 20 доктори, сите исто платени а сите не работат исто.Тие најмалку што работеа имаа најмногу привилегии. Додека сите трчаа да работат на клиника, јас ја напуштив. Ме направија будала зошто розовата иднина во државниот сектор само што не дошла. Ме прашуваа дали ми е за пари. Но проблемот не беа парите туку не се вреднуваше подеднакво работата. Навистина многу работев, најмал бев и сѐ во втора смена одев, со години беше така“ ,раскажува д-р Нетков, кој бил меѓу првите доктори кои го напуштиле јавното здравство. Но по години потрага тој, конечно, ќе ја добие шансата која цел живот ја чекал. Добил понуда за работа во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Бил вклучен во изградбата на Одделот за радиологија. Заедно со архитектите и ИМЕТО СЕНЧО ГО НАСЛЕДИЛ ОД ДЕДО МУ „Крстен сум по мојот дедо. Инаку, дедо ми минувал низ многу периоди од историјата на Македонија. Па така за време на српската окупација бил Аксентије Нетковиќ, за време на бугарската окупација бил Асен Нетков и од 1946 година е Сенчо Нетков“, раскажува Сенчо за своето ретко име кое го носат само тројца луѓе во Македонија.

искуството што го имал при посетата на големите европски медицински центри го проектирал одделот каде денеска работи како шеф. „Со господинот Јордан Камчев за првпат се сретнавме во 2007 година. На негова иницијатива бев поканет на прославата по повод седум години постоење на гинеколошката болница „Мала Богородица“. Тогаш и за првпат го презентираа проектот и идејата за „Аџибадем Систина“, и почнаа преговорите. Првпат имав одврзани раце да го применам тоа што знам и што умеам да го работам. Ми беше дадена целосна слобода од проектот на одделот до негова реализација. Ги набавивме најдобрите апарати, кои се последен збор на медицината. Можам со гордост да кажам дека „Аџибадем Систина“ и сето она што го има во болницата од стручен тим и опрема може да парира и на најголемите медицински центри во Европа“, раскажува д-р Нетков за условите во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. ГОРДИ РОДИТЕЛИ НА СВОИТЕ ДВЕ ПРИНЦЕЗИ Сенчо и Изабела велат дека се горди родители на своите две ќерки, за кои доктор Нетков признава дека е најзаслужна неговата сопруга. Сенчо отсекогаш посакувал да има ќерки, и покрај тоа што ќе нема кој да му го продолжи презимето. Среќен е во својот „харем“ со три жени. За разлика од него, Изабела, пак, навалувала за момче . „Разочарување за мене беше првиот пат, сакав машко но не испадна, си реков второто ќе биде машко, но кога се роди Кала повторно се разочарав“, раскажува


Избела, која сега вели дека е најсреќната мајка на светот со своите две ќерки. И Мина и Кала повеќе личат на Изабела. Но и двете се одлучни да бидат наследници на Сенчо и еден ден да станат лекари. Прва на ваков чекор се одлучила Мина. Таа како стипендистка на Фондацијата „Борис Трајковски“ завршила средно образование во приватна гимназија. Многубројните успеси и напорното учење ѝ ги отвориле вратите на најпрестижните универзитети во светот. На крајот се одлучила своето школување да го продолжи во Холандија, во Гронинген, кој е еден од првите 100 универзитети во светот. „Гронинген е 250 километри северно од Амстердам и е еден од најпрестижните универзитети во светот кој има дадено многу нобеловци. Мина отиде да полага таму и успеа да влезе меѓу 80 студенти од целиот свет. Една година студии на овој универзитет чини околу 32 илјади евра. Но таа успеа да добие стипендија од Владата на Р Македонија за студенти кои се запишани во првите 100 универзитети во светот. Претходно конкурираше уште на 11 универзитети во САД, на 10 ја примија. Конкурираше и ја примија и на универзитетот во Виена, иако знае одлично германски ѝ беше напорно да студира 6 години на тој јазик“ –раскажува Изабела за успесите на својата ќерка Мина, која моментално е на студии во Холандија. Кала е прва година гимназија. Иако уште не се одлучила каде да студира, сепак, потајно навестува дека и нејзин избор ќе биде професијатата на Сенчо. “Јас бев голем противник моите ќерки да студираат медицина. Зошто знам и по себе дека оваа професија бара многу труд, многу жртвување, но, сепак, на крајот оставив сами да се одлучат. За разлика од некои родители кои имаат проблеми со децата кои не учат јас имав друг проблем, да ги тргнам од книгата. Мина и Кала учествуваа во многу вонучилиштни активности и имаат многу освоени први и втори места во државни натпревари по математика и физика“, објаснува д-р Нетков, кој вели дека е либерален татко и неговите ќерки го живеат животот на нивните врсници.

Беба. „Јас сум љубител на егзотичните земји како Мексико и Куба. Но Беба сакаше тоа да биде Венеција. Иако 20 години брак славевме во септември минатата година, меденото патување сѐ уште не сме го реализирале поради обврските. Затоа планираме да одиме оваа пролет“, објаснува Сенчо. САКАВ ДА БИДАМ ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР Беба отсекогаш сакала да биде електроинженер. Работи во ди­ спечерскиот центар за кој вели е „сржта и срцето “ на електроене­ ргетскиот систем во Македонија. „Го работам тоа што отсекогаш сум го сакала. Како најдобар ученик во петто одделение во интервју за еден весник кога ме пра-

шаа што сакам да бидам јас кажав електроинженер“, се присетува Беба, која уште во школските денови била одлучна дека ќе го наследи својот татко. Но и Сенчо имал желба да стане електроинженер. Физиката му одела одлично, но малку „заглавувал“ со математиката. Објаснува дека радиологијата има многу допирни точки со неговата прва желба. „Имам многу допирни точки со техника. Радиологијата е единствена медицинска гранка која најмногу напреднала во последниве 30 години благодарение на напредокот на техниката. Со компјутерска томографија и магнетна резонанца и со новите софтверски решенија сега имате тродимензионален приказ на целото човечко тело“-раскажува д-р Нетков

МЕДЕНО ПАТУВАЊЕ ВО ВЕНЕЦИЈА Неткови имаат една традиција. За секој брачен јубилеј да отпатуваат на меден месец. За десетгодишнината биле на романтично патување во Италија и прошетале низ Рим, Милано и Фиренца. За дваесетгодишнината одлучиле да одат во Венеција. Иако Сенчо е љубител на егзотичните земји, сепак, во одлуката предност ѝ дал на 13



ЖИВОТ

Отворено писмо

B la go da ra m za

se [ t o st or iv t e

za m en e

K

ако пациент стациониран на Одделот за кардиологија и интерна медицина во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ водејќи се од мојата искрена желба и резултатите од лекувањето го пишувам ова писмо со цел да ја доловам професионалноста и третманот кој го добив за време на болничкиот престој во неа. Во моментот кога морав да се одлучам кому ќе го доверам моето лекување без размислување одлуката ја донесов за Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Соочен со неизвесност, надежта дека ќе ја надминам констатираната состојба беше огромна со оглед на вербата кон медицинскиот тим на чело со д-р Милчо Демерџиев. И покрај претпоставките на докторите дека позитивните промени ќе настапат за околу 6 месеци, благодарение на оптимистичкиот став кон животот, желбата за подобрување и вербата во луѓето кои беа околу мене, мојата здравствена состојба се подобруваше уште во првиот месец. Особено сакам да ја истакнам улогата на физиотерапевтскиот тим заедно со Димитар Андреев, во моето закрепнување. Покрај позитивната и непроценлива поддршка на моето семејство и мојот пријател проф. д-р Владо Ѓеорѓиев, во прилог на влијанието на правилната одлука за моето лекување би изнел и: - Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се добива најпрофесионалниот лекарски третман и етички модерен пристап; - Постои конзилијарен пристап при донесување на секоја понатамошна одлука, пред сè на терапевтскиот дел и секој друг понатамошен третман и - Пристапот на медицинските сестри (во три смени), како и техничкиот персонал е само уште еден позитивен доказ како се прави медицински бренд од приватна болница. Без никаква преценетост и посакувам на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ да го добие приматот на балкански бренд, а со ваков лекарски тим, кој несебично се бори за секој човечки живот, не се сомневам во тоа. Затоа на мојот медицински тим во целост му посакувам да продолжи со овој тренд на работа и да го прошири капацитетот и во други медицински области кои досега не се застапени. Искрено благодарам за сè што сторивте за мене и за моето здравје. Со почит, Тодор Тодоровски 15


ВЕСТИ

Аџибадем Систина

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ прогласена за супербренд 2011/2012 на Македонија

К

линичката болница „Аџибадем Систина“ е избрана во друштвото на најсилните компании на македонскиот пазар. Повеќе од 12.000 потрошувачи и внимателно одбрани експерти ја прогласија „Аџибадем Систина“ за лидер во својата категорија врз основа на критериумите за квалитет, сигурност, различност и емотивна привлечност, како главни меѓународни страндарди на Супербрендс (Superbrands). Изборот за препознатливата пазарна марка супербрендс го организира и надгледува меѓународната организација Супербрендс, како глобален авторитет во сферата на брендингот.

ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ

К

линичката болница „Аџибадем Систина“ и компанијата „Орка Спорт“ потпишаа договор со Ракометната федерација на Мекедонија. Овие реномирани компании во наредните две години ќе партиципираат во активностите на Ракометната федерација, во интерес на врвниот спорт во Македонија. На репрезентативците ќе им се овозможи врвна здравствена заштита и спортска опрема од светскиот производител Ли- Нинг (Li- Ning).


Новини во кардиохирургијата

В

о Клиничката болница „Аџибадем Систина“, за првпат во регионов е направена операција на отворено срце со минимален инванзивен пристап. Кардиохирургот проф.д-р Салис Таџер и тимот на лекари од Одделот за кардиохирургија преку мал отвор направија корекција на митрален залисток. Ова претставува ендоскопска операција на отворено срце, која е сериозен хируршки зафат, за кој е потребен искусен тим на лекари. Проф.д-р Салис Таџер претходно има долгогодишно искуство со овие интервенции кои на Балканот се изведуваат само во Клиничкиот центар во Љубљана.

Н

ОСНОВАЊЕ НА ФОНДАЦИЈА „ИЛИЈА КАМЧЕВ“

а 20 декември 2011 година компанијата „Орка Холдинг“ ја основа Фондацијата „Илија Камчев“, која го носи името на основачот на оваа високореномирана компанија. Целта на Фондацијата е по пат на стипендирање да помогне во создавањето нови тимови специјалисти од областите кои се дефицитарни во Македонија, давајќи ѝ на почетокот приоритет на кардиохирургијата. Во првите 5 години Фондација-

та ќе ги стипендира следните специјализации: кардиохирургија, кардиохируршка анестезиологија, педијатриска кардиохирургија и педијатриска кардиохируршка анестезиологија. За таа цел секоја година Фондацијата „Илија Камчев“ ќе издвојува 50 000 евра наменети за стипендирање на двајца специјалисти. Стипендистите ќе имаат привилегија кардиохируршката специјализација да ја реализираат во светски реномираните медицински центри.

17



19


ЗДРАВЈЕ

Главоболки

Подготви д-р. Милчо Демерџиев -невролог

ПРЕПОЗНАЈТЕ ЈА Мигрената е една од најчестите видови главоболки која се јавува периодично. Истражувањата покажуваат дека од овој вид главоболка страда 20 проценти од популацијата. Честотата е различна во различни климатски делови, а зависи од возраста, полот и начинот на живот. Во детството и кај лицата во трето доба е ретка. Кај жените мигрената се јавува два до трипати почесто отколку кај мажите.

И

нтернационалната асоцијација за главоболки ги дели главоболките на примарни и секундарни. Примарните главоболки се состојби каде главоболките и придружните симптоми се растројства сами по себе, додека секундарните главоболки се јавуваат како резултат на друго основно заболување. Во групата на примарни главоболки спаѓа и мигрената. Таа е втора по честота од групата на примарни главоболки (на прво место се тензионите главоболки, т.е. болки што се јавуваат поради напрегање на одредена група мус-

кули). Во групата на примарни главоболки околу 21 процент отпаѓаат на мигренозните главоболки (15 проценти жени и 6 проценти мажи). Мигрената се вбројува во групата на васкуларни главоболки. ВИДОВИ МИГРЕНИ Мигрените се делат на обични (класични) и комплицирани. Класичната мигрена може да биде со аура каде на класичниот напад на главоболка му претходат знаци кои го навестуваат нападот. Тоа нај-

често се: појава на светкање, црни точки на окото на страната каде ќе се јави нападот, може да има и стегање, здрвување на лицето на таа страна. По овие предзнаци настанува нападот на главоболка. Кај обичната мигрена ги нема предзнаците, туку главоболките се единствениот симптом. СИМПТОМИ НА МИГРЕНА Епизодите на главоболка траат 4-72 часа. Главоболките се на по-


МИГРЕНАТА

ловина глава и се пулсирачки по карактер, со различен интензитет (од средна до многу силна болка), но во секој случај ги отежнуваат или комплетно ги оневозможуваат секојдневните активности. Главоболката се потенцира при физички напор. За време на главоболката најчесто се јавуваат мачнини со нагон за повраќање или повраќање. На пациентите им пречат: бучава, светло, а поретко појаки мириси. Имаат и придружни симптоми од автономниот нервен систем како што се: потење, бледило, тахикардија, стомачна болка, пролив, зачестено мокрење. ПРИЧИНИ ЗА МИГРЕНОЗНИ НАПАДИ Голем број фактори може да ја предизвикаат мигрената. Тоа се најчесто: брзи атмосферски промени, менструален циклус, јако светло, долг одмор или спиење (неделна мигрена или мигрена на одмор), ментален стрес (одговорна работа, напорна и долга ментална работа, невозможност да се одговори на преголемите поставени за-

дачи и слично). Исто така и одредени видови храна можат да предизвикаат напади. Тоа се најчесто некои видови сирења (кои содржат тирамин), месо и месни преработки (салами, сланини, виршли кои содржат нитрити), како и храна која содржи ДИЈАГНОЗА И ЛЕКУВАЊЕ Не постои специфичен тест. Дијагнозата се поставува врз основа на описот на тегобите, честотата, дистрибуцијата на болките и врз база на исклучување на други состојби (ЕЕГ, КТМ, МРИ треба да се нормални). Терапијата оди во два правци: 1. Кај поретки напади се решава самиот напад со симптоматска терапија ( антиревматици, аналгетици, лекови против повраќање и сл.) 2. Кај честите напади се оди со превентивна терапија т.е. лековите се пијат неколку месеци континуирано за да не дојде до напад. Лекови што најчесто се применуваат се: бета блокатори, антиепилептици и антидепресиви.

адитиви за промена на вкус. ВИДОВИ НА КОМПЛИЦИРАНА МИГРЕНА Кај комплицираната мигрена настапот на главоболка е можеби најлесниот симптом. Од овие типови мигрена најчести се: • Офталмоплегична - се јавуваат парези или парализи на очните нерви со парализа на зеницата; • Migrena acompagnie (здружена мигрена) - напад на мигрена придружен со изгубен осет, моторна слабост, губиток на говор; • Мигрена со вртоглавици; • Мигрена со Џексонови епилептични напади; • Стомачна мигрена Мигрената претставува голем здравствен, социјален и економски проблем бидејќи овие пациенти покрај тоа што имаат сопствен здравствен проблем, за време на напад им е нарушен и социјалниот живот, а покрај средствата што се трошат за нивно лекување, големи средства се губат и поради изгубени или непродуктивни работни часови, боледувања и сл. 21


АКТУЕЛНО

МЕТЕОРОПАТИЈА Сонцето ве исцрпува, ветерот раздразнува, а дождот ве фрла во депресија. Ако временските промени имаат влијание на вашето расположение или здравје, тогаш вие сте метеоропат. Иако најзагрозени се лицата во средно доба, особено жените, метеоропатијата ги погодува сите категории, од најмладите до најстарите. Статистичките податоци покажуваат дека дури половина од популацијата во Средна Европа е засегната од временските влијанија. Експертите предупредуваат дека осетливоста на временските промени може да стане најчеста болест на модерното опшество.

МЕТЕОРОПАТИЈА –БОЛЕСТ НА

СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО

П

омните ли кога вашите баби и дедовци се жалеа на главоболка, болки во коските и зглобовите поради промена на времето? Денеска речиси сите реагираме на неповолните временски влијанија. Сведоци сме на нагли климатски промени кога температурата во текот на едно деноноќие се менува за 15 - 20 степени. Пролетта и есента траат неколку денови, или воопшто ги нема , па од зима директно влетуваме во лето и обратно.

како и неможноста човековиот организам брзо да се прилагоди на овие промени, една од важните причини за појава на сѐ поголем број метеоропати е и современиот начин на живеење. Научниците сметаат дека современото живеење, кое во најголем дел од денот се одвива во затворени простории, ја намалува способноста на организмот за природно прилагодување

на различните временски услови. Доколку малку време поминуваме на отворено и во природа, нашиот организам потешко се прилагодува на промените, и ние тоа го чувствуваме. СИМПТОМИ НА МЕТЕОРОПАТИЈА Постојат две групи метеоропати. Во првата спаѓаат лицата кои

БИОМЕТЕОРОЛОГИЈА

ВРЕМЕТО СИЛНО ВЛИЈАЕ Електромагнетните бранови кои се создаваат во атмосферата секогаш кога времето се менува влијаат на нашиот организам. Наглите промени на температурата, притисокот и влажноста на воздухот го оптоваруваат организмот. Но покрај електромагнетните бранови, климатските промени,

Од неодамна развиена е нова гранка на метеорологијата –биометеорологија која го истражува влијанието на временските услови врз луѓето, животните и растенијата. Биометеоролошката прогноза ги опишува метеоролошките состојби и ги најавува временските промени кои би биле неповолни за метеоропатите. Целта на биопрогнозата е навреме да ги предупреди лицата осетливи на неповолни временски влијанија за на време да ги спречат здравствените проблеми.


немаат здравствени проблеми, а при промена на времето чувствуваат општа слабост и болки во одредени делови на телото. Во втората група спаѓаат лицата кои веќе имаат хронично заболување, како висок крвен притисок, срцеви проблеми, дијабетичари, луѓе со проблеми во мускулите и во коските. Кога се менува времето тегобите кај овие лица се влошуваат. Најчести симптоми кои ги чувствуваат метеоропатите се главоболка, потиштеност и непријатна болка во коските и во зглобовите. Некои од нив според сигналите што ги добиваат од телото можат да предвидат промени на времето. Симптомите кај метеоропатите можеме да ги поделиме во три групи: -Психички: замор, нагли промени на расположението, намалена концентрација, безволност, раздразливост, апатија и нарушување на сонот. -Физички: главоболка, мигрена, мачнина, вртоглавица , несвестица, ревматски болки, болки во делови на телото каде претходно имале повреда. -Влошување на срцевите тегоби:

забрзана работа на срцето, чувство на срцебиење или зголемување на крвниот притисок. КАКО ДА ГИ НАМАЛИТЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ВРЕМЕНСКИТЕ ПРОМЕНИ • Сите хронично болни треба секојдневно да ја следат биометеролошката прогноза и редовно да ја земаат препишаната терапија. Доколку им се влоши здравствената состојба, треба веднаш да се јават на лекар. • Поминувајте повеќе време на отворено. Секој слободен ден искористете го за прошетка надвор од домот или работното место, на чист воздух, без разлика на вре-

менските услови. • Секојдневно вежбајте најмалку половина час. • Метеоропатите не треба да претеруваат со земање лекови за да ги ублажат тегобите. Најдобро е да користат чаеви од камилица, нане или маточина. • Хранете се здраво. Секој ден во вашиот оброк да преовладува овошје и зеленчук. Еден од начините да ги намалите последиците од временските промени е да пиете поголеми количини вода и доволно да спиете. • И за крај: Не дозволувајте погледот на „сивото небо“ да ви го расипе расположението бидејќи утре е нов ден, кога сонцето ќе ви ја огрее душата.

BioBran MGN-3 во борба со ХПВ Преку 250.000 жени годишно умираат од карцином на гениталните органи поврзани со инфекции од ХПВ во светот. Од преку 100 вида на ХПВ само неколку ( 16, 18, 45, 31, 56 и др. ) предизвикуваат или се поврзани со појавата на карцином на ПВУ. Инциденцата на присутност на ХПВ инфекции во Македонија е исто така многу висока. Затоа, овој проблем заслужува неподелено внимание на здравствената и општата јавност. ХПВ (Human Papilloma Virus) се пренесува по сексуален пат и од него се инфицираат како мажите така и жените. И додека кај машкиот пол ретко предизвикуваат посериозни проблеми, кај жените, во 99,7% од дијагностицираните карциноми е докажано присуството на високо ризичен ХПВ. Инфицираните лица скоро и да немаат никакви симптоми и затоа ХПВ најчесто се открива случајно при гинеколошки преглед. Со ПАП тест и при колпоскопија се поставува сомнеж за инфекција, за да потоа со тест за типизација на ХПВ од брис или биоптички материјал се потврди дијагнозата. Инфекцијата со ХПВ ги погодува сите старосни групи, но најчесто ќе поминат години додека се појават првите симптоми на сериозни последици како што е појавата на карцином. Најважната нишка при третирање на ваков тип на инфекции секако претставува зајакнување на имунолошкиот систем. И тука доаѓа Биобренот - најсилен досега познат природен имуностимулатор и имуномодулатор кој претставува сложен полисахариден синџир (Arabinoxilan complex), добиен при делумна хидролиза на органски одгледани оризови влакна со помош на ензими од шитаке печурки, од производителот Daiwa Pharmaceutical co. од Јапонија. Посебноста на Биобрен, кој го привлече вниманието на светската здравствена јавност, е дека ја стимулира и засилува работата на НК (Natural killer) како и на Т и Б- лимфоцитите. Испитувањата покажуваат дека доколку Биобрен МГН-3, редовно се користи во исхраната (најмалку 3 месеци при терапија на ХПВ), ефектот на јакнење на имунитетот трае пролонгирано и по подолг временски

период што не е случај со други имуностимулатори. Примената започнува со високи ударни дози од 1-2грама, да по 1 - 3 месеци се премине на помали дози (0,5грама) т.е дози на одржување. Брзината на постигувањето на пикот на НКактивноста зависи од пропишаната дневна доза (со повисоки дози овој врв на активност се постигнува побргу - за 2- 4 недели). По 3 месечна примена се прават контролни тестови за ХПВ, а потоа се продолжува со дози на одржување. Светските искуства а и нашите, го потврдуваат како извонреден антивирусен производ. Единствената молекуларна структура го детерминира како незаменлив додаток во исхраната. Лесно се апсорбира во дигестивниот тракт, сосема е природен и нетоксичен, со клинички докажан квалитет. Со соодветна заштита при сексуални односи, намалување на стресот, пушењето, алкохолот, со правилна исхрана и редуцирање на др. предиспонирачки фактори кои не прават поподложни на ХПВ инфекции, ќе придонесеме за намалување на преваленцата на заболени од карцином кај женската популација. Но и покрај ова, Биобренот е тој што ќе помогне да го зајакнете вашиот имунитет при што организмот соодветно ќе одговори на нападот на ХПВ кој доаѓа неосетно и опстојува назабележливо. Научниот пристап и многубројните клинички студии и истражувања, го издвојуваат Биобрен МГН-3 од навидум слични производи. Овој најсилен досега познат од природните или синтетски имуностимулатори и имуномодулатори, се препорачува како додаток во исхраната при вирусни инфекции (HPV, Hepatitis B,C, Herpes zoster, AIDS), малигни заболувања - во комбинација со класични медицински третмани, при чести бактериски како и при воспалителни процеси, и др. Но секако најважна е примената за одржување на организмот во добра општа здравствена состојба преку поткревање на имунитетот и негово одржување во оптимална состојба. Др. Весна Пецов Караевска Стручен соработник Натура Плус доо Скопје Тел: 02/3 110 951 Моб: 071/ 39 93 83 www.natura-plus.net contact@natura-plus.net

23


TEMA

Полипи

Подготви д-р. Александар Лазаревски - оториноларинголог

Носната полипоза е често заболување кое се јавува кај 1-4 % од населението, со тенденција на пораст. Најчести причинители на носната полипоза се инфекции, алергии, астма, преосетливост на лекови или имунолошки заболувања. Носните полипози имаат различна големина, а со тек на време добиваат гроздест облик

НОСНА ПОЛИПОЗА


И

ако носната полипоза била позната уште во времето на древниот Египет, сè уште не се доволно разјаснети причините за нејзината појава. Поради тоа, во тераписка смисла третманот на носната полипоза е предизвик и денес. Што е носната полипоза? Носната полипоза е појава на бенигни, безболни, меки гроздести формации кои ги исполнуваат носот и параназалните синуси. Полипите се јавуваат како резултат на хронично воспаление на носната лигавица предизвикано од повторувачки инфекции, алергии, астма, преосетливост на лекови или имунолошки заболувања. Болеста е релативно честа и се јавува кај еден до четири проценти од населението, со тенденција на пораст. Може да се јави на секоја возраст, но сепак почеста е кај млади и возрасни луѓе. Полипите се појавуваат било каде во носот и синусите, но, сепак, најчесто потекнуваат од местото каде синусите се дренират во носот. Малите полипи може да не предизвикуваат никакви симптоми. Поголемите полипи и масивната полипоза го исполнуваат носот, ги блокираат дренажните отвори на синусите и водат кон потешкотии при дишењето на нос, губење на чувството за мирис и повторувачки инфекции во носот и синусите. Медикаментозната терапија може да ја подобри состојбата, но често е потребно и хируршко отстранување на полипите. Дури и по успешен третман, понекогаш доаѓа до повторен раст на полипите. Кои се симптомите на носната полипоза? Најчести симптоми на оваа болест се: засилена носна секреција, постојана затнатост на носот, слевање на секрет во грлото, намалување и губење на осетот за мирис, чувство на тежина во челото и на лицето, главоболка, болки во пределот на лицето, крчење при спиење и сл.

Дали носната полипоза може да доведе до компликации? Носната полипоза може да доведе до сериозни компликации по вашето здравје бидејќи го оневозможува нормалното дишење на нос и дренажата на секретот од носот и синусите. Потенцијалните компликации вклучуваат тешкотии со дишењето во тек на спиење, асматични напади, гнојни воспаленија на синусите кои поради оневозможената дренажа лесно се прошируваат кон очите и може да го загрозат видот, па дури и да доведат до воспаление на мозочните обвивки. Како се дијагностицира носната полипоза? Болеста се дијагностицира релативно лесно врз база на симптомите на пациентот и ендоскопски преглед на носот. Прегледот се извршува во амбулантски услови, безболен е и трае само неколку минути. Доколку е потребно се прават и дополнителни испитувања, како компјутеризирана томографија на синусите, алерголошки тестирања, микробиолошки и лабораториски анализи, риноманометрија и испитување на сетилото за мирис. Како се лекува носната полипоза? Основна цел во лекувањето на носната полипоза е да се намалат или по можност да се елиминираат полипите. Медикаментозната терапија обично е прв избор. Најчесто се користат назални кортикосте-

роиди во форма на спреј, а понекогаш се спроведува и краткотрајна терапија со системски (орални) кортикостероиди. Доколку е потребно се ординираат и антихистаминици и антибиотски препарати. Кога медикаментозниот тре­ тман не дава резултати се препорачува хируршко отстранување на полипите. Функционалната ендоскопска хирургија на синусите е метода на избор во хируршкиот третман на оваа болест. Интервенцијата се изведува со софистицирани инструменти, ендоскопи, кои овозможуваат преку носните отвори со камера и монитор, под контрола на око, да се отстранат полипите од носот и синусите. По хируршкиот тре­ тман, се препорачува назален корти­ костероиден спреј за да се спречи повторна појава на полипите. 25



27


Репортажа

Од мала болница во една населба прерасна во гигантен бренд

Аџибадем во Македонија „Аџибадем“ почна со работа во 1991 година како мала болница во една населба, со тенденција да стане глобален и препознатлив бренд. Групацијата за здравствени услуги денес е позиционирана меѓу најуспешните водечки здравствени институции во Турција. Својата прва инвестиција надвор од земјата, поради историските врски, кои имаат посебно место во срцето на турскиот народ, ја реализира токму во пријателската Македонија


Текстот е преземен од болницата

Г

радот Истанбул со 12 милиони жители има улога на мост што ја поврзува Европа со Азија. Аџибадем групацијата почна со работа од една мала и скромна болница. Историјатот на Групацијата за здравствените услуги Аџибадем (ASG) почнува во 1991 година со купување на болницата Аџибадем, според која подоцна ќе биде именувана и населбата во која се наоѓа. Болницата, иако на почетокот им служеше на мал број пациенти, подоцна стана препознатлив бренд меѓу приватните здравствени установи. Аџибадем меѓу големите и малите болници во регионот се разликуваше со својата посебна визија. Почна да работи со проширување на првата

Истанбул, Р. Турција

болница. Прво беше изградена зграда за дополнителни здравствени услуги. Потоа, со нови инвестиции, во светски познатиот град Истанбул, Аџибадем отвори друга нова болница под називот Аџибадем Бакиркој. Аџибадем групацијата воспостави амбулантско лекување во различни медицински центри, давајќи голема важност на инфраструктурата, вработувајќи искусен медицински персонал и со професионален менаџментски пристап продолжи брзо да се развива. Со нови болници како „референтни центри“ за здравствени услуги напредуваше не само во Истанбул туку и во повеќе градови низ Турција, и со тоа стана препознатлив бренд. Во 2009 година, во европскиот дел на Истанбул отвори нова бол-

ница под називот Аџибадем Маслак, со што оствари една нова перспектива во областа на болничкото лекување. Аџибадем групацијата ја доби и престижната награда за „Најдобар инвеститор во Турција во областа на здравството”. Во моментов, заедно со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје, Групацијата брои вкупно 16 општи болници и 9 медицински центри. Во Турција се вбројува меѓу најголемите и водечки медицински институции. Аџибадем групацијата стана партнер и со најголемите брендови на Далечниот Исток, Интегриран здравствен холдинг, (Integrated Healthcare Holdings, IHH) ,со тенденција да биде водечки бренд на светско ниво. Пример за интегриран модел Еден од најважните фактори што овозможија за кратко време Аџибадем да стане светски препознатлив бренд е нивната визија. Аџибадем, покрај бројните болници и медицински центри, голема важност му придава „на интегрираниот здравствен модел”, по што стана пример во светот. По принципот „клуч на рака” реализира проекти од изградба на згради за болници, до едуцирање на успешни здравствени работници. Универзитетски обучени кадри во областа на здравството, како препознатлив бренд, под еден покрив ги овозможуваат сите услуги потребни за безбедно и квалитетно здравје. Универзитетот Аџибадем е основан во 2007 година. Уште на почетокот, според бројот на студентите, привлече внимание со голем број квалитетен наставен кадар. Денес Аџибадем претставува еминентен

29


Репортажа универзитет кој образува студенти исклучиво во здравствениот сектор, со академски кадар кој безрезервно ги едуцира студентите, а со тоа придонесува квалитетните здравствени услуги да се рефлектираат во реалноста. Аџибадем ЛАБС (Acıbadem LABS) врши здравствени истражувања и лабораториски услуги во различни области, од генетски до анализи на храна. Оваа дополнителна активност ја поддржува интегрираната структура на Групацијата. Но активностите на Аџибадем групацијата не се органичени само на овие области. Аџибадем обезбедува домашна нега и итна медицинска помош со Аџибадем мобилно здравје (Acıbadem Mobil). Покрај тоа дава услуги за одржување на хигиената во угостителските објекти, кои првенствено служат за големите организации, вклучувајќи ги и болниците, а дава и кетеринг услуги преку Аплус (Aplus). Со различно портфолио на услуги тука се и Аџибадем осигурување и Аџибадем проектен менаџмент, кој реализира проекти за изградба на болници по принципот “клуч на рака” . Надвор од Турција, Аџибадем првиот чекор го направи во Македонија Аџибадем групацијата има за цел успешниот модел кој го воспостави во Турција да го пренесе и надвор од земјата. Бидејќи Турција и Македонија имаат заедничко историско минато, особено што Македонија и

македонскиот народ имаат посебно место во душата на Турците, првата голема инвестиција на Аџибадем надвор од Турција беше во Македонија. Аџибадем под свој покрив ја зема модерно опремената Клиничка болница „Систина“ во Скопје, која ќе има улога на мост меѓу Балканот и Турција, а во исто време Аџибадем своите квалитетни здравствени услуги ќе може да ги понуди и надвор од Турција. Веќе 10 години во Македонија препознатлив бренд од областа на гинекологијата, акушерството, ин витро оплодувањето и здравјето на жените е „Систина“, која продолжува да дава квалитетна и врвна здравствена услуга на ниво на брендот Аџибадем. Достигнатиот успех како во Турција така и надвор од Турција, за Аџибадем (ASG) ги отвори вратите за меѓународни инвестиции и интегриран здравствен систем на глобално ниво. Аџибадем (ASG) во јануари 2012

год. потпиша договор за партнерство со најголемите брендови на здравствени центри од Далечниот Исток - Integrated Healthcare Holdings (IHH) - Интегриран здравствен холдинг. Иновативни пристапи, нови услуги Малигните заболувања, болестите на срцето, шеќерната болест, високиот крвен притисок и прекумерната телесна тежина ( дебелината ) се сметаат за најважни здравствени проблеми на современото општество. Токму од овие причини Аџибадем (ASG) воспоставува широка мрежа на здравствени центри за овие специфични болести. Интегрираниот пристап на Аџибадем им овозможува на пациентите различни третмани на лекување во ист оддел. Во рамките на Групацијата посебна важност се придава на болните од малигни и срцеви заболувања, на луѓе со прекумерна телесна тежина, жени заболени од рак на дојката и рак на грлото на матката. Во овие центри голем број доктори специјалисти од различни медицински области заеднички воспоставуваат дијагноза и третман на болеста и делуваат со мултидисциплинарен пристап. Со ваков пристап пациентите можат да добијат успешно дијагностицирање и третман, како и секаков вид на неопходна здравствена услуга. Модерна Турција, која е земја со висока стапка на економски раст и развој, земја во која се имплементираат развиени и високо софистици-


рани технологии, денес се препознава и преку Аџибадем. Голем број напредни и сложени медицински услуги од областа на врвното здравство, со еднаков квалитет како и во други развиени земји, Групацијата Аџибадем им ги нуди на своите пациенти. На пример, важна улога во раното откривање на ракот на дојката има тридимензионална дигитална мамографија. Една друга нова техника во третманот на туморите на мозокот, таканаречениот Гама нож (Gamma Knife) се користи во радиохирургијата, Сајбер нож (Cyberknife) е наме-

нет за третман на болните од рак, Да Винчи роботот за операции е прозвод наменет за астронаутите во вселената од страна на НАСА. Апаратот FLASH CT прави комплетна компјутеризирана томографија на целото тело за 4 секунди, а за 0.25 секунди срцева ангиографија. Атрактивен меѓународен центар во здравството За многу пациенти од Бугарија, Либија, Русија и други земји, каде не можат да добијат квалитетна и

соодветна медицинска услуга, прв избор за лекување за многумина е Аџибадем. За пациентите на кои им е потребно лекување, а за истото се принудени да одат надвор од својата држава, Аџибадем ги зема предвид сите потешкотии со кои би можеле да се сретнат пациентите. За таа цел Аџибадем основа посебна единица за посебни услуги. За да се одговори на потребите на пациентите од други земји се формира Центар за меѓународни пациенти (UHM). Големиот број вработени во центарот зборуваат повеќе странски јазици и се залагаат пациентите безбедно и без проблеми да пристигнат во Турција, како и што поскоро да бидат вклучени во процесот на дијагностицирањето и лекувањето. Исто така за време на престојот во Турција на пациентите им се организираат тури за прошетка низ градот, се подготвуваат и други посебни програми, а по завршувањето на третманот повторно се враќаат во својата земја задоволни од квалитетот на услугите во Аџибадем. Проверен квалитет Здравствените услуги на Аџибадем здравствената групацијата редовно се проверуваат и оценуваат од страна на независни меѓународни институции. Болниците на Аџибадем од 2005 година се акредитирани од страна на JCI (Joint Commission International), акредитација со која можат да се пофалат само најдобрите и најуспешните.

31


Генерален увозник и дистрибутер за Македонија Axxon Trejding Starvin DOOEL ул. Бапчор бр.6-1/3; Скопје


33


ЖИВОТ

Компликации од операција

Д-Р ЈОСИФОВСКИ

МИ ПОДАРИ

2

ВТОР ЖИВОТ

Н


39-годишната Шермин Тефиковска живее втор живот. Една „рутинска” операција на камен во жолчката за малку ќе завршела фатално. Во тие критични моменти додека се борела за живот, докторите му посочиле на семејството да бара помош во Грција и во Словенија. Но нејзиниот сопруг одлучил Шермин да ја довери на д-р Јосифовски. Токму ваквата одлука ѝ го спасила животот.

Н Н

ајмала грешка или невнимание во медицината може да биде фатална за пациентот. Секоја операција, па дури и рутинска интервенција, може да доведе до несакани компликации. Тоа се моменти кога како на филмска лента се редат настани кои животот на пациентот го ставаат под прашалник. Ќе преживее ли? Како и каде да продолжи со лекувањето? Ова на „своја кожа“ го почувствувала 39-годишната Шермин Тефиковска, која по рутинска операција, отстранување на жолчката поради каменчиња во неа, едвај спасила „жива глава“. Поради компликациите по операцијата била дури трипати оперирана за само десетина дена. За Систина плус таа раскажува за денот од кој почнува нејзината голгота по болничките ходници. „Еден ден почувствував силна болка во стомакот. Со сопругот веднаш отидовме на лекар каде ми дијагностицираа каменчиња во жолчката. Веднаш ме оперираа, но место да се почувствувам подобро, од тој ден почнаа моите маки. Целата бев пожолтена, немав сила, имав јаки болки во стомакот. Барав од докторите да ми помогнат, а тие ме убедуваа дека операцијата е успешна и треба да поминат неколку дена за да заздравам“- се навраќа

Шермин на деновите кога очајно се обидувала да им алармира на докторите дека нешто сериозно се случува со неа. За жал, нејзините предупредувања биле безуспешни, никој не ја сфатил сериозно. За само три дена двапати оперирана Два дена Шермин лежела на интензивна нега во критична состојба. Докторите постојано ја убедувале дека операцијата е успешна и брзо ќе заздрави. Но третиот ден одеднаш, без никакво објаснување повторно ја внеле во операциска сала. Но и втората операција не дала подобрување. Шермин во тие моменти изгубила секаква надеж дека ќе се „извлече“. „По втората операција на ништо не се сеќавам. Од силни болки целата бев во бунило“ - објаснува Шерим . Според Д-р Јосифовски, за време на првата операција на Шермин од невнимание ѝ бил пресечен главниот жолчен канал кој излегува од црниот дроб, а жолчното ќесе не било извадено. „Во овие ситуации целата жолч­ на течност се излева во стомакот и предизвикува тешки компликац­ ии. Поради оваа состојба Шермин им­ а­ла жолтица и болки во стомакот ­“објаснува д-р Јосифовски и дода­

ва дека ваков тип компликации по операција на жолчното ќесе се случуваат само кај еден процент од оперираните пациенти. Барајте спас во Словенија или во Грција Дури по втората операција докторите за првпат признале дека Шерим е во критична состојба. На нејзиниот сопруг му соопштиле дека во македонските болници нема лек за неа. Им посочиле спасот да го бараат во Грција или во Словенија, само таму можат да ѝ помогнат. „Бев во очај и паника, жена ми умира, а јас не знаев каде да барам спас. Не знаев како да стапам во контакт со некоја болница во Грција или во Словенија. Ме оставија сам да се снаоѓам. Тогаш еден братучед ме поврза со негов пријател доктор. Тој ми кажа дека имало нова приватна болница во Скопје, која е отворена пред една недела. Веднаш му се јави на д-р Тони Јосифовски и следниот ден бевме во Скопје“ - раскажува нејзиниот сопруг Гзим Тефиковски. Шермин со амбулантно возило итно била префрлена на понатамошно лекување во Клиничката болница „ Аџибадем Систина“ во Скопје. Причина за состојбата во која се нашла Шермин е компликација 35


која настанала во текот на првата операција. Потоа се ределе и други компликации - откажала функцијата на бубрезите, се јавило воспаление на стомачната празнина кое преминало во сепса. Сите стравувале дека поради сериозната здравствена состојба во која се наоѓа Шерим нова операција може да биде фатална за неа. Но и покрај сиот ризик и можни компликации, единствено д-р Јосифовски се нафатил да ја оперира со цел да ѝ го спаси животот. Друга можност за Шермин не постоела. „Во вакви случаи многу е важно искуството на лекарот. Да не ја донеле кај нас, за два-три дена таа ќе умрела од сепса. Немаше да преживее ниту да ја однесат надвор од земјава. Кај неа веќе било изгубено драгоцено време“ - раскажува д-р Јосифовски за операцијата, која траела четири часа и во текот на која се борел да ѝ го спаси животот заедно со стручниот тим од Одделот за дигестивна хирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Смртноста од ваквите компликации е поголема од 30 проценти Иако било изгубено драгоцено време, благодарение на искуство-

то на д-р Јосифовски Шермин повторно била вратена во живот. По операцијата тринаесет дена била на Одделот за интензивна нега во „Аџибадем Систина“. Почнала да се храни и брзо да закрепнува. Била пресреќна што ќе може повторно да ги види своите четири деца. „Додека бев во интензивна нега целата бев обвиткана со цевки, гајтани и апарати, но се чувствував добро и сигурно. Кога ме тргнаа од апаратите прво што му реков на докторот беше „имало Господ“. Д-р Јосифовски се насмеа и ми рече: „добро е што веруваш во Господ“. Јас му реков дека Господ ме доведе кај него да ме спаси. Старите велат „од господ век, од лекарот лек“- раскажува Шермин за деновите кога, како што вели, се родила повторно. Д-р Јосифовски објаснува дека смртноста од овој вид постоперативни компликации е преку 30 проценти. Тој уште вели дека секој хирург за време на операција мора да ги согледа можните ризици и да направи, најдобро што знае, истите да не се јават. „Со операцијата успеавме да ѝ го реконструираме жолниот канал, кој и по две години одлично функционира и нема дополнителни проблеми. Јас секогаш велам, ако не си кадарен не оперирај.

Секоја следна операција е дополнителен проблем и уште повеќе се отежнува и така тешката состојба на пациентот“ - објаснува д-р Јосифовски. Две години по операцијата Шермин се чувствува одлично. Доаѓа редовно на контрола. Му се радува на секој нов ден поминат со нејзините деца. За Шермин сега е најважно што битката со болеста е добиена. Лошото искуство е зад неа, како лош сон. „Сега мирно спијам и ништо не може да ми се случи зошто го пронајдов мојот спасител и ангел чувар, д-р Јосифовски“, вели Шермин. Целиот медицински персонал се грижеше за мене „Додека лежев во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ имав чувство дека се наоѓам во друг свет. Целиот персонал 24 часа беше над мене. Од сите сум презадоволна, особено од д-р Јосифовски, кому му го должам животот. Пред да дојдам во болницава не знаев каде одам зошто не бев чула ништо за неа. Сега знам дека во изводот на родените, во делот место на раѓање треба да допишам: Клиничка болница „Аџибадем Систина“- раскажува Шерим.

ЖИВОТОТ НА МОЈАТА СОПРУГА НЕМА ЦЕНА „Додека траеше операцијата јас бев во чекалницата. По четири часа неизвесност, одеднаш се појави д-р Јосифовски, ме прегрна цврсто и ми рече: „Шермин е спасена, операцијата е успешна“. Во тој момент ми падна голем товар од душата и немав зборови да му се заблагодарам. Се сеќавам дека заедно отидовме да ја видам. За првпат откако тргнавме по болниците кај неа се изгуби жолтилото на лицето. На сите им раскажувам, ако не беше „Аџибадем Систина“ и д-р Јосифовски мојата сопруга денеска немаше да биде со мене. Многумина ме прашуваат колку пари ни земаа, јас само им велам дека животот на мојата сопруга нема цена. За ваква операција во странство ќе платев неколкупати повеќе“- раскажува Гзим Тефиковски.


37


Подготви проф. д-р Васко Василевски, гастроентерохепатолог

Денес ракот на дебелото црево се јавува во епидемиски размери, најчесто во развиените земји. Оваа болест е трета причина за смрт од малигни болести кај мажите и четврта кај жените. Еден од начините на превенција, односно рано откривање на ова заболување е колоноскопијата, која е задолжителен преглед за лицата над 50 години.

РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО, ПРОБЛЕМ НА СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК

Р

акот на дебелото црево е болест на индустриски развиениот западен свет. Високиот социо-економски стандард, како и типичниот западен стил на живеење, исхрана, животни навики и активности се причините за сè поголемата честота на јавување на ракот на дебелото црево која поприма епидемиски размери. Честотата на појава на нови случаи на рак на дебелото црево е 4 - 6 пати поголема во западниот свет во споредба со Африка и изнесува 15 25 нови случаи годишно на 100.000 жители, а во Африка тој број изнесува 3 - 4. Во некои региони на Франција, Италија, Австрија и САД бројот на новооткриени случаи е 45 – 48 на 100.000 жители годишно. Според податоците на Светската здравствена организација, во светот од рак на дебелото црево годишно умираат 1000 000 луѓе.

Ракот на дебелото црево е трета причина за смрт од малигни блести кај мажите и четврта кај жените. Во Република Македонија во периодот 1995 - 2005 год. просечно се регистрирани 24,5 нови случаи на рак на дебелото црево на 100.000 жители годишно. Во речиси 90% од случаите болеста се јавува по педесеттата година. ОД ПОЛИПИ ДО КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО Основата за развој на карцином на дебелото црево се полипите на дебелото црево. За од нормална лигавица да се создаде полип на дебелото црево потребни се околу десет години. Во почетокот полипите не се опасни, но со тек на време добиваат потенцијал да се претворат во малигни. Само 10% од полипите на дебелото црево имаат наследен фактор на раст, додека 90% наста-

нуваат со стимулација на локални фактори од цревната содржина и се јавуваат по педесетта година на животот. Полипите кои имаат наследен фактор се јавуваат до 50тата година од животот и се развиваат во рак кај 100% од случаите доколку не се отстранат ендoскопски или хируршки. РИЗИК ФАКТОРИ ЗА ПОЈАВА НА КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО Факторите на ризик од околината се: стилот на живеење и исхрана, физичката активност и возраста. Најзначајни ризик фактори се: 1. Честото внесување на поголема количина црвено месо (свинско, јагнешко, говедско). 2. Недоволен внес на влакнеста храна богата со целулозни влакна 3. Зголемена телесна тежина или угоеност. Зголемувањето на ­


ТЕМА

Карцином на дебелото црево ПРИМАРНА ПРЕВЕНЦИЈА ОД РАК НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

ин­д­ексот на телесна маса кај мажи­ те за 30%, го зголемува ризикот за 80%, а кај жените за 50%. 4. Внес на поголема количина на жи­вотински масти 5. Животни навики: пушењето и алкохолот го зголемуваат ризикот 6. Вадење на жолчното кесе. 7. Хроничен затвор 8. Возраст над 50 години. КЛИНИЧКА СЛИКА НА РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО Она што е загрижувачко е што симптомите се јавуваат кога карциномот е во напредната фаза од болеста, а во раната фаза нема клинички знаци. Понекогаш може да се појават: малаксаност, губиток на апетитот, губиток на телесната тежина и замор. Типични тегоби за рак на дебелото црево се: запек и, наизменично, пролив. Се јавуваат и болки во левата половина на стомакот и над срамната коска во форма на грчеви. Се јавува чувство на недоволна испразнетост, па се јавува потреба од повторно празнење. Во напреднат стадиум на болеста се случува драматична појава - светло црвена крв во изметот, понекогаш и во поголемо количество. Лабораториски најчесто се детектира слабокрвност со недостиг на железо и позитивни туморски маркери ( СЕА и СА 19-9 ). Дефинитивна дијагноза на ракот на дебелото црево се поставува со инструментални испитувања, како ректоскопија или колоноскопија со биопсија на промената.

Се препорачуваат следните принципи на исхрана, животен стил и физичка активност: 1. Намалување на внесот на црвено месо (јагнешко, синско, говедско) на еднаш неделно. Се препорачува црвеното месо да се замени со риба, месо од перјана живина или дивеч. 2. Намалување на внес на животински масти. 3. Внесување најмалку на 20 грама влакнеста храна во текот на денот во форма на зеленчук и овошје (брокула, мешункасти растенија, карфиол, лук, кромид, праз, зелени и други салати, како и сите видови на сезонско овошје). Овој тип на храна е богат со антиоксиданси (витамин А, Ц, Д, калциум, магнезиум, селен, бета каротин) кои ги инхибираат тоскичните материи. 4. Употреба на црн леб или интегрални житарици. 5. Редукција на телесната тежина под 26 кг на метар квадратен индекс на телесна маса 6. Внес на алкохол во умерени количини и апстиненција од тутун. 7. Зголемена дневна физичка активност, најмалку 30 до 45 минути брзо одење дневно. 8.Користење на природни сокови и течност, најмалку 30 милилитра на килограм телесна тежина на ден. 9. Учество во јавни или индивидуални скрининг програми за рано откривање на полипи или карцином на дебелото црево. 10.Првата колоноскопија да се направи на возраст меѓу 50 и 59 години. ЛЕКУВАЊЕ НА РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО Примарното лекување на ракот на дебелото црево е оперативно. Следи класифицирање на малигниот процес од оперативниот материјал, од што ќе зависи понатамошното лекување со хемотерапија или зрачење.Отстранувањето на полипите од дебелото црево по ендоскопски или хируршки пат е најдобрата превенција од рак на дебелото црево. СТЕПЕН НА РИЗИК ЗА РАЗВОЈ НА РАК НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО КАЈ ОПШТАТА ПОПУЛАЦИЈА Секој може да развие полип или карцином на дебелото црево, но не-

Колоноскопија е ендоскопска метода која се работи со анестезија, има дијагностички и терапевтски можности.Во истиот момент на прегледот се прави биопсија на промените и остранување на полипите

кои имаат повисок степен на ризик од другите. Тоа зависи од наследните и од индивидуалните фактори. ПОПУЛАЦИЈА СО ПРОСЕЧЕН РИЗИК - лица над 50 години возраст, без лична историја за полипи или рак на дебелото црево, без инфламаторни болести на дебелото црево и немање на семејна историја за полипи или рак на дебелото црево. ПОПУЛАЦИЈА СО ПОКАЧЕН РИЗИК - лица кои имаат аденом над 1 сантиметар кој е полипектомиран или хируршки остранет. ПOПУЛАЦИЈА СО НАЈВИСОК РИЗИК за развој на карцином на дебелото црево се лица до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или рак на дебелото црево, а особено оние со податок за полипи или рак на дебелото црево во првото или второто колено, вклучувајќи и полусестра или полубрат. СЛЕДЕЊЕ И КОНТРОЛА НА ПОПУЛАЦИЈАТА СО РИЗИК Се препорачува колоноскопи­ ја, отстранување на полипите и ни­вна пато-хистолошка проценка. Задолжителна е контролна колоноскопија по три години, кај поедини случаи докторот го одредува времето за контрола, кое може да биде и по 5-10 години. Кај лицата со семеен податок за наследни полипи и карцином на дебелото црево веднаш се прават генетски иследувања за докажување на типичните генетски нарушувања кај овие состојби. Кај болните со улцерозен колит и Кронова болест се земаат биопсии од повеќе места на дебелото црево по 8 до 10 година од почетокот на болеста. ИСПИТУВАЊЕ И СЛЕДЕЊЕ НА ПОПУЛАЦИЈАТА СО ПРОСЕЧЕН РИЗИК Со оглед дека оваа популација не е оптоварена генетски со рак на дебелото црево испитувањата се спроведуваат по 50-годишна возраст. Постојат т.н. скрининг програми за рано откривање на карциномот на дебелото црево. Овој скрининг се базира на скриено крвавење од дебелото црево преку изметот поради микрокрвавењата од полипите и ракот на дебелото црево. Овој тест, познат како ХЕМОКУЛТ 2 тест, се изведува со нанесување на мало количество измет на плочка со реагенс. Потребно е да се направат три теста, на три едноподруго празнења. Како златен стандард за скрининг на ризични групи е колоноскопијата. Спроведувајќи го овој скрининг програм, Европа, каде излезноста на тестирање е околу 86 до 98 отсто, ја намали смртноста од ракот на дебелото црево за 65 отсто. Ако Хемокулт тестот е негативен, тој се повторува секоја година за период од 3 до 5 години.

39


ТЕМА

Карцином на дебелото црево

Подготви д-р Ален Јовчевски, дигестивен хирург

ХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО Златен стандард во лекувањето на карциномот на дебелото црево е хируршкиот третман. И покрај напредокот на онкологијата и развојот на нови лекови, сепак, хирургијата останува главниот начин за лекување на оваа болест. Постојат повеќе видови интервенции, во зависност од стадиумот во кој е откриен карциномот. Според статистиките, повеќе од 90 проценти од пациентите можат трајно да бидат излекувани ако болеста е дијагностицирана на време.

В

о последните три децении карциномот на дебелото црево претставува голем здравствен проблем поради зголемениот број случаи во повеќето земји. Единствениот начин на лекување на карциномот на дебелото црево е хируршкиот третман, кој некогаш е потпомогнат со дополнително лекување: онколошки третман, зрачна и цитостатска терапија. Целта на лекувањето е да се зголеми процентот на преживување, да се подобри квалитетот на живот и да се намали ризикот од повторно појавување на болеста. Она што е најбитно е пациентите да се дијагностицираат во раната фаза на болеста каде што оперативното лекување и отстранување на дебелото црево кое е заболено од карцином за голем број пациенти значи трајно излекување. Пациентите ги класифицираме според стадиумот на болеста во моментот кога е дијагностицирана, односно по извршената операција. Повеќе од 90 проценти од пациентите можат трајно да бидат излекувани ако болеста е дијагностицирана на време. СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО Со текот на годините се менуваат и основните принципи на хируршкото лекување на карциномот на дебелото црево. Некогаш основна цел беше пациентот да ја преживее операцијата. Денеска веќе не се размислува за тоа бидејќи најновите хируршки техники овозможуваат зголемување на преживувањето и сведување на минимум на шансите за повторно појавување на болеста. Хирургијата е терапија со која физички се отстранува канцерогеното ткиво и дел од околното ткиво со лимфните јазли што се во близина на туморот. КЛАСИЧНИ ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО Во хируршкото лекување на карциномот на дебелото црево постојат два основни пристапи. Едниот пристап е преку анусот, кој се применува кај


бенигни тумори и кај карциноми на дебелото црево во ран стадиум. Предноста на оваа интервенција е во тоа што е минимално инванзивна, трае кратко, има малку компликации и овозможува брзо заздравување на пациентот. Вториот пристап е со оперативно отворање на стомачната празнина кога по класичен хируршки пат се отстранува дебелото црево заедно со туморот. ЛАПАРАСКОПСКИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ, НОВИНА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО Покрај класичниот начин на оперативна интервенција, во последниве десет години сè почесто се применува нов пристап, минимално инванзивен. Влегувањето во стомачната празнина се прави преку неколку мали отвори на стомачниот ѕид каде со помош на специјални инструменти и камера се извршува хируршката процедура ( лапароскопска хирургија). Оваа хирургија е наменета за пациенти каде болеста е во почетен стадиум. На Одделот за хирургија во Клиничката

болница „Аџибадем Систина“ покрај класичните методи на хирургија на дебелото црево се работи и лапараскопски пристап. Овој помалку инванзивен пристап има свои предности во однос на класичната хирургија, а тоа е помали оперативни рани, пократок болнички престој, односно побрзо заздравување од операцијата. Исто така ваквата интервенција за пациентот значи и помала постоперативна болка за разлика од класичната операција поради помалиот оперативен рез. Исто така не треба да се занемари и подобриот естетски ефект, нема големи постоперативни лузни. Но, сепак, треба да се знае дека овој тип на хируршка интервенција не може да се примени кај сите пациенти, особено кај оние кои имаат и други заболувања, како што се кардиоваскуларни и респираторни, или кај оние кои претходно имале големи оперативни зафати на стомачните органи. Оваа дилема, односно проценката за тоа кој е најдобриот оперативен пристап за еден пациент, ја решава хирургот во предоперативните прегледи и консултации со пациентот.

41


АКТУЕЛНО

Повреди на ’рбетот

Подготви Проф. д-р Јордан Савески -трауматолог

ВНИМАВАЈТЕ НА ’РБЕТОТ Повредите на ‘рбетот се во постојан пораст, следејќи го трендот на пораст на вкупниот трауматизам. Застапени се со голем процент во сообраќајната, професионалната, спортската траума, како и во услови на елементарни непогоди

О

на што ги одделува овие повреди од другите се тешките, често и трајни последици кои ги оставаат, како директно врз физичкото и психичкото здравје на повредениот така и врз неговото семејство и општеството во целина. Процесот на рехабилитација е долг, исцрпувачки, многу често и обесхрабрувачки, бара мобилизација на броен медицински персонал и активно учество на семејството поради намалениот квалитет на живот на повредениот и зависноста од туѓа помош и нега. ‘Рбетот како коскено-лигаментарна структура претставува главна оска на телото, но и главен заштитник на ‘рбетниот мозок, кој е сместен во ‘рбетниот канал. ‘Рбетниот мозок е сноп од нервно ткиво, продолжеток на големиот мозок, чија функција е пренесување на сигналите од мозокот до телото и обратно. При повреда (сообраќајни несреќи, пад од висина, скокови на глава...) страдаат коскените делови при што настануваат фрактури, но страдаат и лигаментите при што се нарушува стабилноста на ‘рбетот, а во најлошото сценарио настанува повреда на ‘рбетниот мозок со катастрофални последици - парализа на екстремитетите и загуба на сензибилитетот . Совети кои ќе ви помогнат да спречите повреда на ‘рбетот: 1. Кога сте учесник во сообраќајот секогаш врзувајте го безбедносниот појас, не ја надминувајте дозволената брзина и почитувајте ги сообраќајните правила. 2. Не се изложувајте на ризик качувајќи се на дрва, покриви, градежни објекти без задолжителната заштитна опрема. 3. Скокањето во вода на глава, посебно во плитко, сметајте го за АПСОЛУТНО ЗАБРАНЕТО, без оглед на тоа колку верувате во ваши-

те пливачки и нуркачки вештини. Во случај на повреда на ’рбетот, веднаш побарајте лекарска помош ! Во случај да се најдете во ситуација кога вие или некој во вашата непосредна околина има суспектна повреда на ‘рбетот, пробајте да ја избегнете паниката и да се потсетите на следните правила: 1. Повредата на ‘рбетот се смета дека постои сé додека квалификувано медицинско лице со клинички пр­ еглед и дијагностички методи

(рендгенографија, компјутерска то­­­м­ографија, магнетна резонанца ) не ја исклучи. 2. Не се обидувајте да ја промените положбата на телото сé додека на местото на настанот нема медицинска екипа. Исклучок од ова правило се ситуации во кои повредениот има изгубено свест, а неговите дишни патишта се непроодни или морате да спроведете постапка на срцево-белодробно оживување. Во случаи кога повредениот е во несвест, но сепак спонтано дише, морате со најголемо внимание да го свртите во странична по-


ложба (потребни се најмалку две до три лица) за да спречите аспирација на крв или желудечна содржина во дишните патишта. БИЛО КАКВО НАГЛО ПРИДВИЖУВАЊЕ НА ВРАТОТ КОН НАПРЕД, НАЗАД ИЛИ СТРАНИЧНО Е ЗАБРАНЕТО!!! Ваквите движења можат да доведат до катастрофални последици. 3. Медицинската екипа има должност пред транспортот да го имобилизира ‘рбетот користејќи тврд околувратник и спинална штица или со импровизирани средства за имобилизација – вреќички со песок, дрвена штица. При транспортот е задолжително следење и одржување на виталните функции на по­ вредениот (прооден диш­ ен пат, дишење, крвен притисок, цирку­ лација). Дијагнозата ја поставува општ хирург, трауматолог или неврохирург

неколку дена, зависно од степенот на болка и евентуалните други повреди, лекувањето продолжува во домашни услови уште неколку недели. Потоа продолжува со рехабилитација во специјализирани здравствени установи. Нестабилните фрактури и повредите кои се проследени со невролошки нарушувања се третираат хируршки. Зависно од видот на фрактурата и невролошкиот статус се одлучува кој хируршки пристап е неопходен. Современ третман во лекувањето на повредите на ’рбетот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Во време на епидемија на малигни болести, продолжување на

животниот век и остеопорозата сé почести се и патолошките фрактури на ‘рбетот. Секојдневно расте бројот на пациенти кои имаат потреба од хируршки третман на ваквите фрактури. Со хируршкиот третман се подобрува квалитетот на живот. Клиничката болница „Аџибадем-Систина“ располага со софистицирана опрема за дијагностика и третман и на најсуптилните повреди на ‘рбетот и на ‘рбетниот мозок. Хируршкиот тим има долгогодишно искуство за изведба на сите видови хируршки зафати за решавање на сите видови спинална патологија (анатомска репозиција и фиксација на ‘рбетот, по потреба со декомпресија на ‘рбетниот мозок и нервните елементи, минимално инвазивни процедури).

Кога повредениот ќе биде безбедно транспортиран до здравствена установа, следува детален клинички преглед, со посебен акцент на невролошкиот статус. Во наши услови, зависно од екипираноста на здравствената институција, тоа го прави општ хирург, трауматолог или неврохирург. Отстранувањето на имобилизацијата смее да ја направи само медицинско лице кое има искуство во третманот на спиналните повреди. По клиничкиот преглед (општ преглед за дијагностицирање на евентуално присутните придружни повреди), проследен со детален невролошки преглед, следува рендгенолошка визуелизација на повредата. Се почнува со рендген снимка, по што одговорниот лекар проценува дали има потреба од понатамошни иследувања. Најчесто за подетална процена на повредата се користат CT (компјутеризирана томографија) или MRI (магнетна резонанца). Видови третмани при повреди на ’рбетот По завршувањето на овие иследувања, хирургот најчесто ќе се обиде да ви ја објасни природата на повредата и да го избере адекватниот третман. Иако ставовите често се менуваат, сепак, постојат одредени правила според кои се избира третманот. Ако хирургот процени дека фрактурата е стабилна, а пациентот нема невролошки испади (нема нарушување на движењата во смисла на мускулна слабост или парализа, сензибилитетот е зачуван, уринарниот и аналниот сфинктер се со уредна функција), третманот на повредата е конзервативен (нехируршки) и подразбира мирување, обезболување и имобилизација – различни видови на околувратници или корсети. По 43


ТЕМА

Естетска хирургија

Подготви

д-р Илија Мостров , специјалист по пластична и реконструктивна хирургија

ЕСТЕТСКА

ХИРУРГИЈА НА УШИ АУРИКУЛОПЛАСТИКА Корекција на ушите е хируршка интервенција со која се корегираат положбата и обликот на ушните школки што се премногу истакнати и одвоени од главата (клемпави уши). Се работи под општа или локална анестезија. Најдобар период за оваа интервенција е во детската возраст, кога ’рскавицата е помека и полесно се моделира.

КАНДИДАТИ ЗА ЕСТЕТСКА ХИРУРГИЈА НА УШИ Естетската хирургија на ушите најдобро е да се направи откако детето ќе наполни шест години, период кога завршува неговиот


развиток и ушната школка има дефинитивен изглед и положба, ’рскавицата на школката е помека и полесна за обликување за разлика од возрасните. Најчесто за ваква интервенција се одлучуваат децата кои често се цел на потсмев кај своите врсници поради физичкиот изглед и поради тоа самите се мотивирани за операција. Често иницијатори се и родителите кои сметаат дека „клемпавите уши“ го нарушуваат изгледот на нивните деца. Со естетската хирургија на ушите може да се корегира нивната големина и положба, дури може и целосно да се моделираат во случаи на вродени деформитети и тешки повреди. ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН Кога се работи кај деца операцијата се изведува под општа анестезија. Локална анестезија е погодна за поголеми деца и возрасни. Децата генерално добро соработуваат поради изразената мотивација. Се обезболува местото околу ушите, а пациентот е свесен за време на интервенцијата. Резот се прави зад увото, и се одвојува кожата од ’рскавицата. Со посебна процедура се моделира ’рска­

тоечкиот проблем. Престојот во болница е краток. Ако интервенцијата е под општа анестезија, се препорачува еден ден болничко лекување. Кај интервенциите со локална анестезија, пациентот си оди дома по неколку часа. ПОСТОПЕРАТИВЕН ПЕРИОД И КОМПЛИКАЦИИ

вицата, големината и формата. Доколку е потребно, дел од ’рскавицата се отстранува со цел да се добие поприроден облик. Откако ќе се заврши со реконструкцијата на ’рскавицата, увото се фиксира поблиску до главата, вишокот кожа се отстранува и раната се шие. По операцијата лузната е зад увото, со текот на времето исчезнува, но најважно е што во предниот дел на увото нема резови ниту лузни. Интервенцијата трае еден до два часа, во зависност од видот на корекции. Хируршката техника зависи од пос-

Самата операција не е болна, а постоперативните болки можат да се контролираат со лекови против болки. Пациентите задолжително мора да носат еластичен завој во период од 14 дена, по што се вадат конците. Оваа интервенција може да се прави во кое било годишно време, но кај децата се препорачува за време на зимскиот или летниот одмор. По операцијата може да се јави и оток во делот зад увото, а во ретки случаи и модринки. Компликациите од овој вид интервенција се многу ретки, како на пример, хематом кој постепено се повлекува. Исто така во екстремно ретки случаи може да се јави и инфекција. Но тоа што е најважно е дека сите компликации од овој вид интервенција се решаваат лесно и немаат никакво влијание во крајниот резултат од операцијата.

45



Сè повеќе родители сакаат да ги зачуваат матичните клетки од папочната врвца

ИНТЕРЕСОТ КАЈ РОДИТЕЛИТЕ Е ОПРАВДАН ПОРАДИ ТОА ШТО СЕ РАБОТИ ЗА НАЈДОБРАТА ИНВЕСТИЦИЈА

Советот за идните родители секако би бил: ако имате можност, зачувајте ги матичните клетки од своето новороденче - порачува д-р Гордана Петровска, раководител на Одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Вашата болница од самиот почеток воспостави полна соработка со водечката европска банка за матични клетки Крио сејв (Cryo-Save). Што можете да ни кажете за тоа? Соработката на „Аџибадем Систина“ со Крио-сејв (CryoSave) почна во 2007 год. кога всушност и за првпат се понуди оваа услуга на идните родители во Македонија. Особено нè радува што можеме да одговориме на барањата на пациентите. Имаме земено матични клетки за повеќе од 600 трудници, а бројот на заинтересирани се зголемува. Зошто да се зачуваат матичните клетки, што добива семејството со оваа услуга? За матичните клетки често се кажува дека се семоќни бидејќи можат да се трансформираат во бројни други видови клетки вклучувајќи ги и нервните, црнодробните и крвните клетки и на тој начин да помогнат во лекување на голем број сериозни болести. Се работи за еден нов

и уникатен пристап во терапијата на тешки заболувања кој нуди можност за излекување на досега неизлечиви болести. Матичните клетки од крвта и ткивото на папочната врвца претставуваат сигурност за целото семејство, а не само за бебето од кое се земени. Како се одвива постапката на земање матични клетки? Прибирањето на биолошкиот материјал се одвива непосредно по пораѓањето и претставува кратка, едноставна, безболна и безбедна постапка која е веќе дел од секојдневната работа на акушерскиот тим во нашата болница. Вообичаено, идните родители однапред склучуваат договор, но секако и родителите кои во последен момент донесуваат одлука да зачуваат матични клетки имаат можност да го направат тоа бидејќи во секое време имаме резервни сетови за колекција. За одбележување е дека клиентите потпишуваат договор директно со централата

на Крио-сејв (Cryo-Save). Каде ја гледате иднината на матичните клетки и регенеративната медицина? Што би им препорачале на идните родители? Во иднина очекувам голем напредок во позитивна смисла. Мораме да бидеме активни, отворени за наука и нови сознанија, мораме да им ги пружаме на пациентите услугите кои тие од нас ги очекуваат. Затоа и веќе втора година во нашата болница функционира канцеларија на Крио-сејв (Cryo-Save) каде нашите клиенти може да добијат консултација за матични клетки од медицинско лице. Следењето на новите текови на научната медицина во светот и вклучување во нив е наша обврска. Советот за идните родители би бил: ако имате можност, зачувајте ги матичните клетки од своето новороденче. Еден ден, ако има потреба, можете да му го спасите животот на некој од оние кои ви се најважни.

Крио-сејв (Cryo-Save) е најголема европска семејна банка за матични клетки со повеќе од 11-годишно искуство и зачувани над 200.000 примероци. Носител е на највисока акредитација за ткивна и органска банка за матични клетки од крв и ткиво од папочна врвца. Компанијата е присутна во 43 земји на четири континенти, со ултра-модерни лаборатории за обработка и чување во САД, Белгија, Германија, Дубаи, Индија, Јужна Африка и Франција. Канцеларија за матични клетки, 2 кат, Клиничка болница „ Аџибадем Систина“, дежурен тел. 071 389 717 www.bimek.com.mk

47


НОВОСТИ

Регионална анестезија

Подготви д-р Емилија Мариноска Вељаноска, анестезиолог

РЕГИОНАЛНИ АНЕСТЕЗИИ ПОД КОНТРОЛА НА

А

ко до сега обезболувањето на одредени делови од телото или т.н. блокади се даваа на слепо, сега овие интервенции се изведуваат под контрола на ултразвук. Можноста за грешка е сведена на минимум.

УЛТРАЗВУК

Што е регионална анестезија? Регионалната анестезија е метод на превенција од болка при операции и друг вид интервенции кои предизвикуваат болка (пр. местење на скршеници и исчанчувања на зглобови, земање на биопсии и сл.). Регионалната анестезија овозможува успешно обезболување на делови од телото кои ќе бидат или се зафатени со болка, а воедно пациентот да е буден.

Регионалната анестезија се изведува со инјектирање на соодветен анестетик во близина на

нервите кои инервираат соодветно подрачје. На овој начин можат да се обезболат делови од телото,


како рака, нога или долен дел на тело. На пример долниот дел на телото може да се обезболи со давање на локални анестетици во грбот, во близина на нервите кои доаѓаат од ’рбетниот мозок, со епидурална или со спинална анестезија. Кои се предностите на овој вид анестезија? Со регионална анестезија не се оптоваруваат срцето и белите дробови на пациентот. Периодот на заздравување по анестезијата е побрз и без потешкотии за пациентот. Во текот на регионалната анестезија, пациентот може да биде буден или заспиен по интравенски пат за да се постигне релаксација на мускулатурата и намалување на стравот, што е сосема различно од општата анестезија. Додека трае регионалната анестезија пациентот може да чувствува допир, притисок, влечење, што е нормално, но она што е најважно - болката не ја чувствува. Која е улогата на ултразвукот во регионалните анестезии?

Давањето на регионални анестезии под контрола на ултразвук овозможува поголем процент на успешност и поголема сигурност за пациентите. Како постапка за првпат во земјава се користи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Во поново време, при давањето на регионалните анестезии се употребува и ултразвук. За успешно регионално блокирање на нервите најважно е да се даде доволна количина на анестетик околу нервот. Ова најдобро и најбезбедно се постигнува со ултразвучна визуелизација на нервите и околните структури.

Кои се предностите на регионалните анестезии со ултразвук? Ултразвучно водените блокади обезбедуваат неколку предности: - Можност за визуелизација на нервите и околните структури - Можност да се следи позицијата на иглата со која се дава анестетикот и ако е потребно да се промени насоката; - Блокадите на нервите изведени под ултразвук овозможуваат поголем процент на успешност и поголема сигурност за пациентите. Ултразвукот е најпрактична алатка за визуелизација во регионалната анестезија затоа што е подвижен, со него лесно се ракува и неговата примена нема никакви ризици по здравјето на пациентот. Овие техники на обезболување се удобни за пациентот и овозможуваат да се избегнат сите потенцијални ризици и непријатности од целосната анестезија. Овој современ пристап во анестезијата од неодамна успешно се применува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

49


Систина плус Новитети

Подготви проф.д-р Салис Таџер, кардиохирург

Минимално инванзивна кардиохиругија во „Аџибадем Систина“ Минимално инванзивната ка­ рдиохирургија драстично ги намалува негативните последици на традиционалната хирургија. Со помош на оваа современа процедура пациентите побрзо заздравуваат и брзо се враќаат на своите секојдневни активности.

В

о Клиничката болница „Аџ­ и­ бадем Систина“, за пр­ впат во регионов е на­ пр­ авена операција на срце со минимален инванзи­ вен пристап. Тимот на лекари од Одделот за кардиохирургија, преку мал отвор на градниот кош од само пет сантиметри, со ендоскопска операција направи корекција на дволисн­иот (митрален) залисток на

срцето ­.­Овој вид кардиохируршки интервенции досега на Балканот се изведувале само во Клиничкиот центар во Љубљана. Предности на минимално инванзивниот пристап во однос на класичните операции Минимално инванзивната ендо­ скопска хирургија денес овозможу-


ва хируршки интервенции на сите органи во човечкото тело, меѓу кои и на срцето. Интервенциите се работат со помош на ендоскопски оптички помагала со вградено видео. Малиот рез, од 5 сантиметри, преку кој во телото на пациентот се внесуваат специјални инструменти и видеокамера, придонесува за значително помала траума во споредба со класичните кардиохируршки операции кај кои е потребно отворање на градниот кош. Видеоконтролата обезбедува прецизност, воедно и подобар резултат од операцијата. Со неинванзивната кардиохирургија се намалуваат ризиците, траумите и компликациите кај пациентите во споредба со класичниот пристап. Пациентот има помалку болки и непречена функција на белите дробови. По пет дена болнички престој пациентот може да им се врати на секојдневните активности. Ваквиот пристап го намалува ризикот од инфекции и од крвавење, а со тоа и потребата од трансфузии на крв. Треба да се истакне дека битен момент кај оваа интервенција е и козметичкиот ефект, место голема лузна на средината од градниот кош, со оваа современа интервенција пациентот има лузна од само пет сан-

тиметри. Ова е особено важно за женските пациенти бидејќи лузната од операцијата воопшто не се забележува, сместена е под градата. Хирургија на дволисните ( митрални ) залистоци Оваа современа ендоскопска процедура овозможува да се изведат сите видови хируршки интервенции на митралниот залисток. Кандидати за овој вид интервенција се пациенти на кои им е потребна замена или корекција на митралниот залисток, кои воедно имаат добра срцева функција и немаат коронарна артериска болест. Доколку пациентот има и коронарна артериска болест, потребно е да се направи коронарографија со ангиопластика, стентирање, а потоа со минимално изванзивна, ендоскопска интервенција се врши корекција на митралниот залисток. Минимално инванзивен пристап во корекција на срцевите артерии Треба да се знае дека ендоскопската, минимално инванзивна хирургија на срцето овозможува изведување и на аорто-коронарен бај-пас. Место отворање на градната коска, целата процедура на

коронарен бај-пас на срцето се изведува со минимален рез најчесто на левата страна од градниот кош. Преку истиот рез се мобилизира артерија од градниот кош која ќе служи како бај-пас. На тој начин може да се направи само едно премостување на срце што чука без машина за екстракорпорална циркулација. Овој тип операции понекогаш се изведува во соработка со интервентните кардиолози кои поставуваат стентови на недостапните коронарни артерии, а кардиохирургот ендоскопски го спојува најважниот бај-пас (т.н. хибриден пристап). Вродени срцеви проблеми кај деца Минимално инванзивната хирургија може да ги реши и вродените срцеви маани кај децата. На пример, со ваков тип интервенција се затвора вродениот дефект меѓу преткоморите кај децата кои се родени со оваа не така ретка срцева аномалија.

51


АКТУЕЛНО Простата

Подготви

д-р Александар Мицковски - уролог

ХРОНИЧНО ВОСПАЛЕНИЕ НА ПРОСТАТАТА – НАЈЧЕСТА УРОЛОШКА ДИЈАГНОЗА КАЈ МАЖИТЕ ДО 50 ГОДИНИ

Х

роничното воспаление на простатата, т.н. хроничен простатитис, е најчестата уролошка дијагноза кај мажите до 50-годишна возраст и трета најчеста дијагноза кај мажите над 50-годишна возраст, веднаш по зголемената простата и карциномот на простатата. Статистички 2% до 10% од мажите имаат симптоми на простатитис. БАКТЕРИИТЕ, НАЈЧЕСТА ПРИЧИНА ЗА ХРОНИЧЕН ПРОСТАТИТИС

Првото место на листата на причинители на хроничен простатитис го заземаат бактериите. Најчеста е ешерихија коли, која се среќава кај 60% до 85% од инфекциите, потоа следат клебсиела, псеудомонас, стафилококните бактерии и др. Најчест причинител на небактерискиот хроничен простатит е хламидијата, која се наоѓа кај 20 % од мажите во оваа група. Покрај причинителите, многу важно е да се споменат и други фактори кои придонесуваат за развој на воспаление на простатата. Накратко, тука би ги споменале сите болести кои предизвикуваат проблеми со испразнувањето на мочниот меур, најчесто тоа е зго-

Симптомите на хроничното воспаление на простата се непријатни, а во некои случаи придружени со јака болка. Најчеста причина за воспалението на простатата се бактериите. Доколку ова заболување навреме не се лекува, може да се јават многу компликации. лемената простата или стеснувањето на мочниот канал, кои водат до повраток (рефлукс) на инфицирана урина кон простатата. Често од простатитис заболуваат и мажи кои носат постојан уринарен катетер или имаат воспаление на епидидимот, како и оние мажи кои имаат намалена отпорност кон инфекции поради други заболувања. ЧЕТИРИ ТИПА НА ПРОСТАТИТИС За да можеме да ја разбереме современата дијагностика, целта на современата дијагностика и патот до успешното излекување, најзначајно е да се класифицира типот на воспаление на простатата. Најновата класификација на

воспалителните болести на простатата разликува неколку типа заболувања: Акутен бактериски простатитис. Се карактеризира со нагла појава на болка перианално и во долниот дел од мевот, следена со потешкотии при мокрење, покачена температура, повраќање, ослабен и испрекинат млаз на урината, сè до неможност за измокрување. Хроничен бактериски простатитис (хронична инфекција на про­ ста­ тата со докажан инфективен пр­и­чинител). Се карактеризира со болка локализирана во перинеумот и долниот дел на мевот, која може да се насочи кон тестисите, слабините и долниот дел на грбот. Болката за време и по ејакулација е еден од најтипичните симптоми. Исто така типично е влошувањето на овие симптоми на ладно, при употреба на жестоки алкохолни пијалоци или зачинета храна. Паралелно на овие, присутни се и уринарни потешкотии како што е често мокрење, ослабен млаз кој повремено прекинува, чекање при почнување со мокрењето. По дефиниција присуството на овие симптоми подолго од три месеци го класифицира воспалението на простатата како хронично. Кога ќе се појават овие симптоми значително се нарушува


и квалитетот на животот. Синдром на хронична карлична болка. Се карактеризира со две поткатегории. Првата се карактеризира со истите симтоми како и претходната категорија, меѓутоа инфективен причинител не е докажан. За тоа дека се работи за воспаление на простатата проценуваме по присуството на леукоцити во урината по масажа на простатата, или во примерок од спермата. Втората категорија, простатодинија или невоспалителен хроничен простатит ги опфаќа сите оние претходно наброени симптоми, но без пораст на бројот на леукоцити во урината или во примерокот на спермата. Асимптоматски невоспалителен простатит - овој термин е воведен со најновата класификација на воспаленијата на простатата. Паци­ ентот нема никакви симптоми, но пре­ гледот на урината или спермата по­кажува значително по­качен број ­на воспалителни кл­ етки (леукоцити ­). ДИЈАГНОЗАТА - КЛУЧНА ВО ЛЕКУВАЊЕТО Точната и навремена дијагноза е клучна за правилно лекување на воспалението на простатата. Пре-

гледот кај хроничниот простатитис се состои од дигито-ректален преглед. При тоа се палпира болно осетлива, најчесто зголемена и помека од вообичаено простата. Следуваат лабораториски анализи. Се состојат од анализа на седиментот на урината и уринокултура, пред и по преглед на простатата, познат како тест со 4 чаши. На овој едноставен начин ќе се откријат бактериите причинители на воспалението на простатата, што е од огромна важност за лекувањето. Кога со овие едноставни тестови не може да се потврди дијагнозата, може да се применат и другите уролошки дијагностички процедури, како што се: ендоскопски преглед на уринарниот тракт, уродинамика, трансректална ултрасонографија на простатата, одредување на ПСА маркерот, а при негово покачување и биопсија на простатата. ЛЕКУВАЊЕ НА ХРОНИЧЕН ПРОСТАТИТИС Лекувањето на хроничниот про­ статит зависи од наодите добиени со испитувањата. Ако се изолира инфективен причинител, односно бактерија, се даваат антибиотици. Изборот на антибиотик е исклучително значаен затоа што треба да

продира во простатичното ткиво и да биде ефикасен во уништувањето на изолираната бактерија. Лекувањето може да трае и до 6 недели. Паралелно со антибиотската, се практикува и терапија со лекови кои ќе ја подобрат јачината на млазот на урината, како и против воспалителни лекови, мускулни релаксанти и лекови на растителна база. Покрај терапијата со лекови свое место има и физикалната терапија - вежби за релаксирање на мускулатурата на карличното дно, како и психотерапијата како начин на поддршка во целиот процес на лекување. Хроничниот простатит е заболување кое бара сериозен и трпелив приод во дијагнозата и во лекувањето, употреба на повеќе дијагностички методи, како и активна соработка на докторот и пациентот.

53


ЗДРАВЈЕ

Значајни датуми


Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше акција за бесплатни нефролошки консултации и прегледи, а воедно се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот - 8-ми март. Целта е да се подигне свеста на граѓаните за грижа за сопственото здравје, рана детекција и превенција на бубрежните заболувања, чија бројка секојдневно се зголемува на светско ниво. За време на акцијата 60 тина граѓани беа прегледани од Прим.Д-р Љупчо Стојковски-нефролог и Магистер по нефролошки науки, доктор со 24 годишно работно искуство во областа на нефрологијата. 55


АКТУЕЛНО

Третман на тумори на мозокот со радиохирургија

ГАМА НОЖ (GAMMA KNIFE)

Што претставува Гама нож методата?

Гама нож методата се користи за третман на тумори на мозокот без хируршка интервенција и претставува применета, научно докажана радиохируршка техника. Со примена на Гама нож методата возможно е лекување тумори на мозокот кои се помали од 3,5 цм, без потреба од чувствителна и ризична неврохируршка интервенција. Со оваа метода возможно е туморите на мозокот да се третираат бескрвно, брзо и ефикасно. Гама нож се применува без потреба од општа анестезија, а третманите се завршуваат во рок од неколку часа, па поради тоа пациентите можат да заминат дома веднаш по интервенцијата. На кој принцип работи оваа метода? Радиохирургијата со Гама нож се темели врз принципот на зрач-

Гама нож (Gamma Knife) е најсовремена медицинска опрема која се користи во радиохирургијата за лекување тумори на мозокот без потреба од хируршки третман и анестезија. По третманот со Гама нож пациентите заминуваат дома истот ден. Проф. д-р. Селчук Пекер, неврохирург во болницата „Аџибадем Козјатаги“, детално ни ги објасни предностите и ефектите од терапијата на туморите во мозокот со таканаречениот Гама нож. на терапија. Прво со помош на компјутеризирана томографија се утврдува туморот во мозокот, неговата точна локализација и големина. Потоа, со посебен, компјутерски диригирана програма ( базична стереотаксична рамка), без можност за грешка или отстапување од зададените координати, туморот се зрачи со зраци кои произлегуваат од кобалтен извор. Секој извор од зраците зрачи со ниска јачина, па поради тоа не му штети на здравото ткиво на мозокот. Мозоч-

ните тумори помали од 3,5 цм во дијаметар може да се лекуваат со оваа метода.


Текстот е преземен од болницата

Кај кои пациенти, поточно кај кои заболувања се користи оваа метода? Гама нож методата во радиохирургија се дефинира како “златен стандард”. Може да се користи во лекувањето на артериовенски малформации на крвните садови на мозокот, кај тумори на мозокот, како и во терапијата на функционалните нарушувања на мозокот. Пациентите кои можат да се лекуваат со Гама нож може да се именуваат на следниот начин: пациенти со васкуларни нарушувања, пациенти со бенигни тумори, пациенти со малигни тумори, пациенти со болести и деформитети во движењето, пациенти со функционална болест и пациенти со тумори на мозокот кои се наоѓаат во тешко достапни и длабоки области во мозокот. Како делува Гама нож методата врз туморот? Со Гама нож методата туморот или заболеното ткиво не се вади како при класичните хируршки операции туку се делува директно врз туморската клетка и се уништува нејзиното јадро. Нападнати на овој начин, туморските клетки ја губат способноста да се размножуваат и прехрануваат, што

Истанбул, Р. Турција

доведува до нивно изумирање. На овој начин може да дојде до комплетно исчезнување на туморот. Кај малигните тумори и метастазите во мозокот, бидејќи брзо растат, лекувањето со Гама нож методата може да потрае и неколку месеци за да се видат вистинските, позитивни ефекти од третманот. Кои се предностите од лекувањето со Гама ножот ? • Ја намалува потребата од отворена операција на многу тумори на мозокот. • По постапката, има многу малку несакани реакции. • Нема потреба од општа анестезија. • На денот на третманот пациентите можат да се вратат дома. • Нема период на постоперативно заздравување.

• Кожата и косата на главата остануваат негибнати, нема дефекти на черепот • Пациентите се во состојба за кратко време да се вратат на работа. • Здравото мозочно ткиво добива многу малку зрачење.

57


СИСТИНА

Пациентите прашуваат

Подготви д-р Леонардо Камењарски –педијатар

СИПАНИЦИ,

Сипаниците се најчестите заразни заболувања во детската возраст.Од ова не се умерено до сериозно поштедени ни возрасакутно заболување. ните, особено оние Почнува со трескои не ги прележале ка, изнемоштеност, како деца. За сипанисува кашлица и ците не постои специ- воспаление на фичен лек. Единствен коњуктивите. По 3-4 начин да се заштитидена се појавува ме од нив се вакцикарактеристичен осип кој почнува ните и затоа е неопзад ушите и се шири ходно вакцинацијата по цело тело и ексда се спроведува тремитетите. Осипот правовремено и редовсе повлекува по 5-6 но.Систина плус ви дава дена. Болеста е заразна одговор на најчестите 4 дена пред и 4 дена по дилеми поврзани со појава на осипот. Најчессипаниците. то се појавува кон крајот на Што се сипаници? Сипаници се вирусни, осипни болести кои многу лесно се пренесуваат преку воздухот што е причина децата уште од рана возраст да се разболат од нив и затоа се сметаат за “вообичаени детски болести”.Тука спаѓаат: морбили, рубеола и варичела. Како се манифестираат морбили? Морбили се високо заразно,

зимата и почеток на пролетта. Можни компликации од морбили се воспаление на средното уво, белите дробови и мозокот. Како се лекуваат морбили?

Специфичен лек не постои, но вакцинацијата е исклучително ефикасна во превенција на заболувањето. Зошто луѓето се плашат од рубеола? Рубеолата има лесна клиничка слика, а 25% од заболените се без

симптоми. Кај децата има мали, или воопшто нема почетни симптоми. Адолесцентите и возрасните можат 1-5 дена да имаат лесно покачена телесна температура, блага малаксаност, главоболка, болка во грло, секреција од носот. Се појавува нежен, ситен осип кој почнува зад ушите и се шири по цело тело. Тој се губи по 3 дена. Рубеолата најчесто се јавува кон крајот на зимата и почеток на пролетта. Заразноста кај болните трае неколку дена пред и неколку дена по појавата на осипот. Кај адолесцентите и возрасните во тек на болеста може да дојде до воспаление на големите и малите зглобови кое трае 5-10 дена. Најголем ризик од вирусот на рубеола е што доколку оболи бремена жена, вирусот го напаѓа и плодот и, зависно во кој период на бременоста е, може да предизвика различни оштетувања. Најризични се првите 12 недели од бременоста кога може да дојде до тешки оштетувања на плодот, па дури и негова смрт. Во одреден број случаи не доаѓа до оштетување на плодот, но бидејќи ризикот е преголем се препорачува прекин на бременоста. Инфекција со рубеола во последните месеци на бременоста не може да му наштети


ВООБИЧАЕНИ ДЕТСКИ БОЛЕСТИ на плодот. Дали вакцината дава добра заштита? Вакцинацијата против рубеола се спроведува во 3 дози од 12 месеци до 14 години и е апсолутна заштита од болеста. Можат да се вакцинираат и возрасни жени под услов да не се бремени и не забременат 2 месеци по извршената вакцинација. Дали е опасна варичелата? Варичела (овчи сипаници) е релативно бенигно, сепак, многу заразно заболување предизвикано од вирусот на варичела-зостер. Почетокот се карактеризира со краток период на лесно покачена температура, симптоми од горниот респираторен тракт и блага малаксаност, а потоа следи осип кој многу чеша. Карактеристично се појавува и на скалпот и е во вид на мали меурчиња исполнети со течност. Болеста се појавува преку целата година, а максимумот е во доцната есен и зима. Периодот на заразност е 1-2 дена пред почеток на

осипот и додека сите промени не станат крастички. Компликациите се ретки и можат да бидат предизвикани од самиот вирус како што е пневмонија, хепатитис, енцефалитис или од бактериска суперинфекција на кожните промени. Постои ли вакцина против оваа болест? Вакцина против варичела е изработена, но сè уште не е вклучена во редовна вакцинација. Се користи кај имунокомпромитирани пациенти. За таа цел се користи и варичела-зостер имуноглобулин кој се дава кај веќе заболени имунокомпромитирани пациенти и со тоа се намалува тежината на заболувањето.

На која возраст е најдобро да се прележат сипаниците? Најлесна клиничка слика имаат деца на возраст од 3 до 7 години. Пред навршена една година и кај возрасните, сипаниците имаат многу потешка клиничка слика. Што ако детето има сипаници а мајката е бремена со друго? Доколку мајката е уредно вакцинирана или ја прележала болеста тогаш таа е заштитена и не може да се разболи. Ако нема имунитет, потребно е да биде изолирана од болното дете.

Почитувани читатели, Редакцијата на Систина Плус и натаму останува отворена за вашите прашања и коментари. Пишувајте ни, давајте предлози за нови теми и содржини на: info@acibademsistina.com.mk Систина Плус е ваш магазин. Магазин кој се грижи за вашето здравје. Со почит, СИСТИНА ПЛУС

ТЕЛЕФОНИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА АЏИБАДЕМ СИСТИНА 3099 500 АЏИБАДЕМ СИСТИНА ФАКС 3099 599 ИНФОРМАЦИИ ЗА МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ 3099 790 ОДДЕЛ ЗА КАРДИОХИРУРГИЈА 3099 520 ОДДЕЛ ЗА КАРДИОЛОГИЈА 3099 540 ПУЛМОЛОГИЈА 3099 540 ИВФ 3099 560 УРОЛОГИЈА И НЕФРОЛОГИЈА 3099 710 ТОРАКАЛНА И ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА 3099 720 ОТОРИНОЛАРИНГОЛОГИЈА 3099 657 ПЕДИЈАТРИЈА И ДЕТСКА ПУЛМОАЛЕРГОЛОГИЈА 3099 740 НЕВРОЛОГИЈА И НЕВРОХИРУРГИЈА 3099 655 ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА 072 321 757 ПСИХИЈАТРИЈА СО МЕДИЦИНСКА ПСИХОЛОГИЈА, ЕНДОКРИНОЛОГИЈА, ОНКОЛОГИЈА 3099 711 ЕСТЕТСКА ,ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА 3099 720 МАКСИЛОФАЦИЈАЛНА ХИРУРГИЈА, ДЕТСКА ХИРУРГИЈА 3099 712 ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА 3099 580 ТРУДОВА МЕДИЦИНА 3099 512 ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА 3099 730 ОДДЕЛ ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО, ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГИЈА 3099 700 ОДДЕЛ ЗА НЕОНАТОЛОГИЈА 3099 780 ДИЈАГНОСТИЧКИ ЛАБАРАТОРИИ 3099 510 РЕНДГЕН. 3099 750 ОДДЕЛ ЗА НУКЛЕАРНА МЕДИЦИНА 3099 760 ОФТАЛМОЛОГИЈА 3097 000 59


TEMA

Исхрана на новороденче

Подготви д-р Станка Танчева Крстевска педијатар, неонатолог

ПРАВИЛНА ИСХРАНА

ЗА ЗДРАВО НОВОРОДЕНЧЕ

Правилната исхрана има големо значење во здравиот развој на новороденчето. Со соодветна исхрана доенчето се развива и напредува брзо. Се смета дека доенчето треба до шестиот месец двојно да ја зголеми својата тежина, а до крајот на првата година и до трипати. Систина плус ви нуди совети која храна е најдобра за вашите бебиња.

Е

ден од клучните фактори за унапредување на човековото здравје е секако правилна и адекватна исхрана, како и здравите навики за исхрана кои треба да почнат уште од самото раѓање. Секако дека исхраната, особено доењето е еден од факторите кои му помагаат и овозможуваат што поадекватна и полесна адаптација на новороденчето. Која е најдобра храна за вашето новороденче? Несомнено мајчиното млеко е најдобрата и идеална храна за секое новороденче. По својот состав и карактеристики, а зависно од времето на лачење разликуваме колострално млеко(колострум), преодно и зрело мајчино млеко. Колострумот е млекото кое мајката го лачи првите неколку дена по раѓањето и тоа се разликува од зрелото мајчино млеко по тоа што е богато со протеини, витамин А

и готови имуноглобулини. Тоа се заштитни антитела кои бебето како еден вид пасивна или примарна имунизација ги добива од својата

мајката и истите го штитат од многубројните ,,непријатели” кои му се закануваат во неговата околина. Потоа се лачи преодното, па зрелото мајчино млеко кое е веќе со избалансиран состав, идеално адаптирано на нутритивните потреби на новороденчето во првите неколку месеци. Се одликува со адекватен сооднос на протеини, јаглехидрати, масти, минерали, особено железо, кое во голем процент ( дури до 50 % ) се ресорбира од мајчиното млеко и ги задоволува потребите на организмот во првите месеци. Затоа е важно да се истакне дека за да имаме здраво новороденче неопходно е да имаме здрава трудница која се храни правилно потпомагајќи го правилниот раст и развој на плодот. Мајчиното млеко, ако го има доволно, треба да биде единствената храна кај бебето во првите 5-6 месеци на живот. Во услови кога мајката од објективни причини не може да дои, кога доенчето заостанува во тежина и покрај целосното ангажирање на мајката да го одржи доењето, при одредени патолошки состојби кои бараат итно прекинување на доењето, најдобра замена за мајчиното млеко е адаптираната млечна формула. Неадаптираното кравјо млеко треба да се избегнува во текот на првата година поради составот кој не е адекватен за младиот организам и појавата на алергиски


ЗАПОМНЕТЕ реакции. Кога треба да се воведе нова, разноврсна исхрана ? Тоа е период на голема промена кај новороденчето. Период кога треба да се почне со внес на друга храна, што честопати може да резултира со одбивност и лошо расположение за прифаќање на истата. Воведувањето на оваа разноврсна исхрана се случува обично меѓу 4.и 6. месец кога енергетската вредност на нутриентите во мајчиното млеко т.е. во млечната формула веќе не е доволна за да го задоволи брзиот раст и развој на доенчето. Доколку детето има одличен раст и развој, мајчиното млеко како единствена храна може да трае до 6. месец. Секако не би требало внесот на другата храна да е пред 4. месец поради незрелоста на многуте ензими кои учествуваат во варење и преработка на внесената храна, како и поради општата незрелост на дигестивен систем кај младиот бебешки организам, што може да е причина за развој на алергиски реакции. Многу е важно воведувањето на новата храна да оди постепено, во консултација со вашиот педијатар. Со која храна треба да почне и како таа се воведува кај бебето? Обично се почнува со внес на овошни или зеленчукови оброци. Секако дека тие доаѓаат како до-

1. Доењето е незаменлива храна за вашето доенче. 2. Во случаи кога доењето е невозможно, давајте адаптирано млеко по формула. 3. Разноврсната исхрана внесувајте ја постепено и по совет на вашиот педијатар. 4. Храната треба да содржи свежи продукти, термички добро обработени, но, сепак, давајте и свежо овошје кое во тој период е најдобар извор за витамини и ологоелементи. 5. Витаминот Д, кој и покрај тоа што е присутен во многу продукти кои се на нашата трпеза, сепак, треба да се додава во исхраната ( витамински капки за коски, 400 IE / ден ), посебно во периодот на исправување и проодување на вашето доенче. полнение на доењето, кое и понатаму ја има главната улога во исхраната на детето. Треба да бидеме внимателни и при изборот на овошјата, на почеток се даваат оние кои се најмалку алергогени (јаболко, круша, банана, модра слива). Напоредно се почнува со внесување на зеленчукови оброци (компир, морков, брокула, карфиол, тиквички....). Нешто подоцна, околу 9. месец се внесува зрнестиот зеленчук. Овошните и зеленчукови оброци се даваат без додаток на сол и шеќер затоа што уринарниот систем и ензимите кај доенчето неопходни за адекватна елиминација на распадните материи сè уште ја немаат стабилизирано својата функција. Овошјето и зеленчукот се природен извор на витамини и

олигоелементи така што адекватен внес на истите овозможува зголемување на заштитните механизми на организмот и придонесува кон здраво растење. Еден од најважните извори на протеини и масти, како и извор на енергија и железо во овој период претставува месото. Неговото воведување во детската исхрана е некаде околу седмиот месец. Од житариците, на почетокот се даваат само оние без глутен, како што се ориз и пченкарни снегулки, додека другите житарици, како и лебот се внесуваат меѓу 9. и 10. месец. Житариците изобилуваат со диететски влакна кои го олеснуваат варењето на внесената храна и ја подобруваат цревната микрофлора. Содржат железо, јод, калциум, витамини А, Б и Ц.

61



63


Поблиску со

Стојанче Стоилов

УСПЕХОТ ГО ДОЛЖAМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

В

о само една година го доживеа најголемиот пад, но и најголемиот успех. Откритието на Европското првенство, младиот пикер Стојанче Стоилов, по сите премрежја ги искористи „своите пет минути“ и докажа колку вреди. Со блескавата игра на теренот ги остави сите „без зборови“ и стана вториот стрелец во македонската ракометна репрезентација. КОШАРКАТА МИ Е ПРВА ЉУБОВ Со спортот Стоилов почнал уште во основно училиште. Трени-

рал повеќе спортови, но на крајот се пронашол во ракометот. Прво тренирал пливање, а потоа долги години кошарка. Но по убедување на неговиот чичко Симе Симоновски, кој е ракометен тренер, на 18 години Стојанче почнал да игра ракомет. „Долго време тренирав кошарка. Вујко ми, кој беше ракометен тренер, постојано ме убедуваше да играм ракомет. Но јас некако се двоумев и не сакав. Едно лето ме повика неколку месеци да поиграм ракомет. Веднаш го засакав овој спорт и веќе шест години тренирам професионално “ – се потсетува Стојанче за своите спортски

почетоци. Во својата спортска кариера Стојанче се соочувал со многу проблеми. Но не подлегнал на пречките. Упорноста и работата го довеле на врвот на македонскиот ракомет. Сега ги ужива своите моменти на слава. Особено е популарен кај понежниот пол, но тој скромно ни откри дека сѐ уште ја бара својата љубов. “Ме препознаваат на улица, ми бараат автограми, сакаат да се фотографираат. Сето ова е ново и чудно за мене. Добро, има и повеќе девојчиња, но засега нема ништо сериозно. Во моментов немам девојка и ја барам својата


Се појави на Европското првенство и ги освои симпатиите на сите. Младиот ракометар Стојанче Стоилов, по многу години напорна работа, денеска ги живее своите минути на слава. Ги надмина професионалните и здравствени проблеми и стана вториот стрелец во македонската ракометна репрезентација. За Систина Плус ни открива некои детали од својот приватен и професионален живот

65


љубов“– раскажува Стојанче за тоа како се справува со популарноста. НИКОЈ НЕ ЗНАЕШЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МЕНЕ Стојанче Стоилов за Систина Плус сподели една тајна. Неколку месеци пред почетокот на Европското првенство имал сериозен здравствен проблем. Брзо се заморувал, не можел да трча ниту да игра. Како и секој спортист редовно одел на прегледи, но никој не можел да открие што го мачи. „Не можев ни 15 минути да играм. Имав проблем, но никој не знаеше да ми каже што се случува со мене. Многу брзо се задишував и се заморував, цел живот спортувам но досега вакво нешто ми се нема случено“ - раскажува Стоилов Но како дел од македонската ракометна репрезентација доаѓа на преглед во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.Тука лекарите му дијагностицираат почетна фаза на астма, проблем кој подолго време го мачел Стојанче и од кој зависела неговата кариера како ракометар.

НЕ ТРЕБАШЕ ДА ИГРАМ СО СРБИЈА „Пред натпреварот со Србија имав големи болки во грбот. Не можев ни да помислам да играм. Еден час пред натпреварот одлучија да не играм. Но уште не знам што се случи, докторите од „Аџибадем Систина“ кои беа со нас ми дадоа инјекција и сите проблеми ми исчезнаа. Играв во најдобро светло иако еден час претходно не можев да станам од кревет“објаснува Стоилов за повредите кои ги доби на Европското првенство во Србија. „Ми направија тестови и ми ре­ коа дека имам астма. Ми дадоа терапија и режим на исхрана. За кратко време ни самиот не можев да поверувам како одеднаш добив сила и кондиција, веќе не се заморував и можев да играм многу повеќе од 15 минути. Морам да кажам дека „Аџибадем Систина’ е многу важен дел од оваа репрезентација. Добивме врвна здравствена грижа, од доктори до физиотерапевти, постојано беа околу нас, и се справуваа со нашите повреди.

На­ша најголема поддршка беше ди­ректорот д-р Никола Панчевски ­, на кого сме посебно благодарни“ -ра­скажува Стојанче за улогата на Кл­иничката болница „Аџибадем Си­стина“ во успесите на македонск­ата ракометна репрезентација. Следниот предизвик на Стоилов и другите репрезентативци е да за­играат на најпрестижното натпр­еварување во светот, Летните ол­­­имписки игри во Лондон. Ветува дека заедно со своите соиграчи ќе ­го дадат својот максимум, и на маке­донскиот народ ќе му понудат уште многу успеси и возбудли­ви натпревари. Покрај Олимпијада­та, како и секој спортист така и Стоилов сонува да заигра за некој од големите европски тимови во ракомет. „Не сум размислувал, но сакам својата кариера да ја продолжам надвор од земјава. Засега не се оптоварувам многу со тоа. Најважно ми е да покажам добра игра, и на секој нареден натпревар да го дадам својот максимум. А успесите потоа си доаѓаат сами по себе“ -раскажува Стоилов за своите идни спортски планови.


АКРОМЕГАЛИЈА Проф. Др Гордана Пемовска ЈЗУ Клиника за болести на метаболизмот - Скопје Акромегалија е ретка, сериозна, хронична болест која се должи на прекумерна секреција на хормонот за раст кај возрасните. Најчесто се јавува меѓу 20-45 години, со еднаква застапеност во двата пола. Хормонот за раст го произведува хипофизата, еден мал орган сместен во базата на мозокот. Најчеста причина за болеста се бенигни тумори на хипофизата. Хормонот за раст поттикнува раст на коските, рскавиците, мускулите и другите ткива и органи. Кога има премногу хормон за раст - овие ткива растат поголеми во однос на нормалата. Називот АКРОМЕГАЛИЈА доаѓа од грчките зборови што значат “екстремитети” и “проширување”. Проширување и зголемување на дланките и стапалата се најчестите знаци на болеста. Развојот на симптомите е често бавно и постепено. Симптомите можат да поминат незабележано со години, па и децении. Многу од луѓето не ги забележуваат промените во нивниот физички изглед . Дури и докторите од примарна здравствена заштита не ги препознаваат овие симптоми. Често член на семејството или пријател кој не го видел лицето подолго време може прв да укаже на промените. Серија на фотографии за одреден временски период од неколку години се корисни во оценување на физичките промени и времето на започнување на болеста. Просечно време од појава на симптомите до дијагнозата на болеста изнесува 12 години. Симптоми и знаци: Симптомите можат да се поделат во 2 групи: оние кои се должат на притисок од туморот на околните ткива и оние предизвикани од вишок на хормонот за раст и ИГФ-1 во крвта. Главоболки и делумен губиток на видот на едно или двете очи се најчести симптоми кои се должат на притисок на туморот на околните ткива. Симптомите зависат од големина на туморот и вклучуват: - зголемување на дланките, задебелување на прстите (како ,,колбас”) така што прстенот станува тесен, а проширувањето на стапалата доведува до потреба од зголемување на бројот на обувките - проширување на вилицата и другите коски на лицето, разредување на забите - оток на лицето, усните и јазикот кој се зголемува - па говорот станува неразговетен - прекумерно потење како резултат на зголемување на бројот на потните и лојни жлезди, потта има непријатен мирис - болка, вкочанетост во зглобовите поради прекумерен раст на коските и рскавицата во зглобовите, артритис, болки во грбот и искривување на рбетот (кифоза) - проблеми со дишењето во тек на спиење (апнеа при спиење) - задебелување на кожата - болка, вкочанетост, пецкање или слабост во рацете и зглобовите и други нервни синдроми - зголемување на органите како: срце, тироидна жлезда (гуша), црн дроб и бубрезите - намален сексуален нагон, нарушен менструален циклус Акромегалија треба што порано да се открие и лекува. Нелекувана акромегалија е поврзана со болести на срцето, висок крвен притисок, нарушувања во ритамот на срцето, шеќерна болест и полипи на дебелото црево. Дијагноза Дијагнозата на акромегалија се поставува клинички, а се потврдува со мерење на вредностите на хормонот за раст кој кај 90% од пациентите е зголемен. Мерењето на ИГФ-1 има важна улога во потврдувањето на дијагнозата и ако има зголемени вредности - со сигурност може да се каже дека се работи за акромегалија. Тестот со оптоварување со глукоза (ОГТТ) претставува наједноставен и најспецифичен динамски тест за дијагноза. Лекување Сите пациенти со акромегалија мора да се лекуваат за да се спречи напредување на болеста и да се превенираат доцните компликации. Основна терапија на избор е операција. Кај пациентите кај кои со хируршка интервенција не е постигнато излекување - можат да се применат и други тераписки мерки (медикаментозна терапија или радиотерапија).

67


Предлог Трчање

ВРАТЕТЕ СЕ ВО ТОП ФОРМА,

ПОЧНЕТЕ ДА ТРЧАТЕ минути без проблеми. ТЕХНИКИ НА ПРАВИЛНО ТРЧАЊЕ

среќа. Но како за секоја физичка активност така и за трчањето потребно ви е прво да се подготвите. Ова особено важи за оние кои подолго време не биле физички активни. ЗАГРЕВАЊЕ НА МУСКУЛИТЕ ПРЕД ТРЧАЊЕ

П

ролетта е пред нас. Доаѓаат сончевите денови. Облеката е полесна, но видливи стануваат вишокот килограми кои сме ги „заработиле“ во текот на зимата. Време е да тргнете во акција. Најдобар начин повторно да се вратите во форма и да го разбудите вашето тело е трчањето. Со оваа спортска активност ќе ги стопите килограмите, ќе го затегнете вашето тело и ќе се чувствувате среќни и полни со енергија. Покрај ова ќе ви годи и престојот во природа на пролетното сонце. Докажано е дека трчањето делува позитивно и на нашата психа бидејќи за време на тренингот се лачи хормонот на

Со трчање ги оптоваруваме зглобовите и долниот дел на телото. Затоа пред да почнете со физичка активност треба да го подготвите телото со загревање. Прво загрејте ги мускулите со полесни вежби. Следниот чекор е да ги истегнете мускулите. Ова е особено важно за да ги избегнете болните грчеви и повреди додека трчате. ОДБЕРЕТЕ СИ ТЕМПО Кога ќе почнете со трчање прво треба да ја проверите вашата кондиција. Ако во првите десетина метри останавте без здив, тоа значи дека треба да ја совладате техниката на дишење. За да го намалите напорот потребно е да вдишете преку нос, а да издишете низ уста. Додека не влезете во кондиција трчањето комбинирајте го со брзо одење, и постепено зголемувајте го времето на трчање. Ако тренирате три до петпати неделно, за еден месец ќе можете да трчате 30

Потребно е да ја научите техниката на правилно трчање. Секогаш трчајте прсти петица. Додека трчате горниот дел од телото треба да го држите исправено, а погледот да ви биде насочен неколку метри пред вас. Рацете треба да ви се благо свиени во лактите и опуштено да се движат крај телото. ТРЧАЈТЕ ВО ПРИРОДА За трчање секогаш одберете места со зеленило одалечени од градскиот смог. Кога сме спортски активни дишењето се забрзува поради поголемата потреба од кислород. Ако воздухот е загаден, во белите дробови влегува поголема количина штетни честички кои го загадуваат воздухот. ОСЛАБЕТЕ ЗДРАВО Лицата кои редовно трчаат по три месеци може да заборават на диета. Една од придобивките кои можете да ги добиете со трчање е да го изгубите вишокот килограми. Додека трчате процентот на ензими кои ги разградуваат мастите се зголемува од 10 на 80 проценти. Но треба да знаете дека на почетокот нема да ослабете зошто новото мускулно ткиво е потешко од масните наслаги. Исто така трчањето ја намалува потребата за благо бидејќи го намалува нивото на инсулин во крвта. Но, сепак,


Трчањето е наједноставна и најекономична физичка активност со која без гладување ќе ослабете здраво и ќе го затегнете вашето тело. Покрај ова ќе ви годи и престојот во природа на свеж воздух и на пролетното сонце. Ако подолго време не сте биле физички активни, мора да се подготвите за дополнителниот физички напор. Систина плус ви нуди корисни совети за правилно трчање и џогирање. не заборавајте на телото да му обезбедите доволно енергија. Неопходни се минерали и белковини зошто му овозможуваат на организмот нормално да функционира. Секој ден конзумирајте компир, житарки, банани, суво и јаткасто овошје и јогурт. Редовно земајте витамин Ц и пијте многу вода. Додека трчате важно е да пиете мали голтки вода, без разлика дали сте жедни, зошто кога ќе осетите жед тоа значи дека сте дехидрирале.

то сите зглобови, колена и грбот се подложни на оптоварување кое е дури за 3 -4 пати поголемо од вашата тежина. Квалитетните патиките го амортизираат овој удар. Систина плус ви дава неколку предлози од светскиот производител за спортска опрема „Ли-Нинг“.

ОПРЕМА ЗА ТРЧАЊЕ За да се чувствувате удобно додека трчате важно е да одберете соодветна опрема. Облеката треба да ја пропушта потта и да му овозможи на телото да „дише“. Ако не носите соодветни патики додека трчате, ризикувате да се повредите. Секој пат кога стапалото го допира тло-

69



71

ПРОЛЕТНА КОЛЕКЦИЈА


Предлог

Подготви д-р Ирина Тоновска, специјалист по интерна медицина

Вино

М

ногу студии потврдиле дека умерено конзумирање на вино значајно ја намалува смртноста од кардиоваскуларните заболувања. За благотворното дејство на виното знаел уште и Хипократ, кој го користел како антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на исхрана. ПРВИТЕ СОЗНАНИЈА ЗА ЛЕКОВИТИТЕ СВОЈСТВА НА ВИНОТО Виното има долга и богата историја илјада години наназад. Првите археолошки докази за неговото постоење потекнуваат од пред 8000 години од Грузија, а во Европа за првпат е забележано пред 4500 год. Виното било често користено и споменувано кај старите Грци и Римјаните во религиозни и медицински цели, како и во секојдневниот социјален живот. Неговата примена во медицината потекнува уште од времето на Хипократ, кој го користел како антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на здрава исхрана. Францускиот парадокс за протективната улога на црвеното вино при конзумирањето на масна и високо калорична храна доаѓа уште од 1979 год. кога била поставена хипотезата за намалена појава на кардиоваскуларни заболувања и смртност во Франција, со континуирана и умерена употреба на вино. Четири големи студии изведувани во земји со различни популации, различен животен стил и навики (Данска, Калифорнија, Британија и Франција) уште еднаш го потврдија позитивното влијание на умерени количини вино во намалување на

смртноста од кардио-васкуларни заболувања. ПОЗИТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА НА ВИНОТО Во 1993 год. докажано е постоењето на специфични компоненти во виното, полифеноли (ресвератол и процианиди) кои имаат улога на антиоксиданси и ја инхибираат оксидацијата на „лошиот“ ЛДЛ холестерол. Значаен бенефит е докажаниот механизам за константно покачување на „добриот“ ХДЛ холестерол во крвта како резултат на зголемената синтеза во хепарот. Виното го намалува процентот на миокарден инфаркт. Постои разлика меѓу француското и германското вино, каде подобриот квалитет на француското вино се припишува на неговата поголема продукција на азотниот оксид (НО) поради застапеноста на полифенолите. Тие се важни во намалување на процесот на атеросклероза на крвните садови. ПИЈТЕ УМЕРЕНО Виното во мали количини, како релаксант доведува до намалување на крвниот притисок во првите неколку часа. Кај здравата популација црвеното вино го покачува крвниот притисок за 2-3 мм живин столб. Кај лицата со висок крвен притисок, влијанието на виното во покачување на крвниот притисок е поголемо, а со тоа и потребата од поголема доза на терапијата за ви-

сок крвен притисок. Виното делува инхибиторно на канцерогените механизми на клетката и го намалува ризикот од појава на рак. Секојдневното конзумирање на црвено вино во умерена количина има заштитна улога во организмот. Тоа е таканаречена ј-форма на ефектот на црвеното вино во умерени количини, спротивно на апстиненцијата и алкохолната злоупотреба. ДОЗВОЛЕНИ КОЛИЧИНИ НА ВИНО Дозволената количина може да варира зависно од полот, возраста, генетските фактори, телесната тежина, конзумирањето на разни видови храна и употребата на лекови. Женскиот организам има тенденција за побрза апсорпција на алкохолот поради тоа што содржи помало количество вода во огранизмот и помало ниво на стомачни ензими. Поради тоа умерената количина за мажи и жени на иста возраст и со иста телесна тежина не е еднаква. Препораките за “умерено конзумирање “ се 1-2 чаши на ден за жени и 2-4 чаши на ден за мажи. Оваа препорака не го оправдува пиењето на 12 чаши вино во неделно попладне. Се препорачува конзумирање на црвено вино за време на оброк со што се намалува ресорпцијата на мастите, како и помалото влијание врз крвниот притисок. Злоупотребата на алкохолот штетно влијае на повеќе органи и може да доведе до покачен крвен притисок, нарушу-

СО ЧАША

ПОДОБРО


вања во крвта, оштетување на црниот дроб, канцерогени промени, неплодност, оштетување на мозокот, најчесто деменција, псоријаза, мозочен удар, мускулна атрофија, а за време на бременоста може да настане ментална ретардација на плодот. Кај пациентите со одредени ревматски заболувања не се препорачува алкохол поради неговиот ефект во зголемувањето на уричната киселина во крвта. Поради “неизвесниот” ефект на алкохолот, не се препорачува кај кардиомиопатиите. Мора да се напомене неговото интерактивно дејство со одредени лекови како што се нитрогицерин, анксиолитици, неуролептици и контрацептиви. ЦРВЕНО ИЛИ БЕЛО ВИНО Црвеното вино има поголема заштитна улога од белото вино и пивото. Сепак, до сега не се направени многу долгорочни студии кои со сигурност би ги потврдиле или негирале предностите на црвеното вино во однос на другиот вид алкохол. Предноста на конзументите на вино е нивниот подобар стил на живот со најчесто користење на лесна и здрава храна (овошје, зеленчук, фибрати), помалиот процент на пушачи и подобри социо-економски услови. Во Франција била забележана помала стапка на смртност до 50% во деловите каде е почеста употребата на црвено вино, споредено со деловите на земјата каде поголема била употребата на бело вино. Тоа се должи на помалите количини на содржан ресвератол во белото вино. Епидемиолошките наоди од Северна Америка тврдат дека не постои битна разлика меѓу црвеното и белото вино, што може да се објасни со различната исхрана во Европа и во Америка, како и поголемата застапеност на храната во однос на алкохолот во оброците кај американската популација. Епидемиолошките испитувања го потврдија бенефитот од конзумирање на умерена количина црвено вино за превенција и намалување на кардиоваскуларните заболувања. Поради овие факти предност му се дава на црвеното вино кое ги содржи сите специфични компоненти (полифеноли) одговорни за молекуларните механизми во антиоксидативниот, антиинфламаторниот и антилипемискиот ефект.

ВИНО ДО

ЗДРАВЈЕ

73


Предлог Мед

МЕДОТ, ЕЛИКСИР НА

ЖИВОТОТ Легендата вели медот е храна на боговите. Досега се напишани илјадници страници кои го потврдуваат неговото лековито дејство. Денеска е тешко да се замисли животот без мед, почнувајќи од исхраната завршувајќи со козметиката. Современата наука, истражувајќи ги неговите својства , медот го вбројува во храна која може да го продолжи животниот век.

М

едот е природна слатка течност која е направена од нектарот на цветовите, собран од пчелите. Бојата, вкусот и слаткоста на медот зависи од кој тип цвеќе е собран. Медот содржи преку 70 драгоцени состојки, од кои најважни се етеричните масла, билните бои и киселините. Овие материи се природни конзерванси на медот. Благодарение на својот одличен состав, медот уште одамна се смета за света храна и еден од најважните природни лекови. Најстарите податоци за медот датираат од пред 15.000 години. Oткриени се на ѕидот на една пештера во Шпанија. И египедските хиероглифски записи зборуваат за значајната улога на пчелата и медот во секојдневниот живот во древниот Египет, а во гробницата на Тутанкамон е пронајден сад стар 3000 години со сѐ уште употреблив мед. Оваа единствена златна течност е многу поздрава алтернатива на природниот шеќер.

лек. Главната состојка се шеќерите, околу 79% проценти, од кои најзначајни се фруктоза, гликоза, сахароза, а на малтоза и други дисахариди отпаѓа околу 7 проценти. Поради високиот процент на прости шеќери медот многу брзо се апсорбира во организмот. Во својот состав е мешавина од повеќе органски киселини, ензими, аминокиселини, етерични масла , витамини и минерали (витамин Б1, Б2, Б5, Б6, Ц, Д, К, од минерали натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо , цинк,

ЗАНИМЛИВОСТИ • •

ХРАНЛИВИ ВРЕДНОСТИ НА МЕДОТ Медот како производ на пчелите има богат и сложен состав и е на границата меѓу храна и

Добро затворен мед има неограничен рок на траење На температура над 41 степени медот ги губи лековитите својства. Затоа внимавајте кога додавате мед чајот да не е премногу врел. Кристализацијата е нормален процес кој не влијае на неговиот квалитет.Ставете ја теглата во топла вода и повторно ќе добиете течен мед. Медот е многу здрава алтернатива на шеќерот.

јод, бакар , хром) и други значајни состојки. ЛЕКОВИТО ДЕЈСТВО НА МЕДОТ Оваа намирница пред сѐ претставува извор на енергија бидејќи е лесно сварлива се препорачува кај спортисти, ја зголемува издржливоста, а го намалува заморот на мускулите. Благодарение на неговиот состав медот е одличен антиоксиданс.Докажано е дека трудниците кои во текот на својата бременост конзумирале мед раѓале поздрави и повитални деца. Кај малите деца се препорачува медот откако ќе наполнат една година. Најпознато лековито својство на медот е за олеснување на симптомите на грип и настинка, односно на болестите на респираторниот систем, како што се синуси и воспаление на грлото. Одличен е за рани бидејќи има дејство на антисептик, ја намалува болката, а исто така го извлекува отровот при убоди на инсекти. На местата со опекотини нанесете веднаш мед, со што ќе спречите да се создаде меур и ќе ви зарасне кожата без да ви останат лузни. При кожни проблеми, како што е испукана кожа, осипи, јадеж, помагаат облози од мед. Медот од голема помош ќе ви


биде и за тврда столица, гастритис, чир на желудникот, облоги од мед се препорачуваат кај сите видови воспаленија. Помага во подигнување на нивото на железо и намалување на маснотиите во крвта, како и во чистење на организмот. Познато е неговото благотворно дејство кај проблеми со очите, коњуктивит и др. Различни видови мед имаат различно дејство. Саќето и медот од липа ги олеснуваат тегобите на дишните органи при настинка, но липовиот мед не се препорачува кај болните со срцеви проблеми. Темниот мед од костен ја поттикнува циркулацијата, ја регулира работата на желудникот , цревата, црниот дроб и жолчката, се препорачува кај анемии, го остранува уморот, ги јакне мускулите и имунитетот на организмот. Багремов мед се користи при проблеми со крвните садови, тврда столица. Исто така делува смирувачки, помага и при несоница, нервоза и напнатост. Ливадскиот мед се препорачува кај алергии и за јакнење на иму-

ци, спортисти и др. Боров мед помага при искашлување кај болните од бронхитис и астма. СОВЕТИ ЗА УБАВИНА

нитетот. Исто така се препорачува кај кардиоваскуларни и срцеви заболувања, како и за невролошки болести. Шумскиот мед е особено корисен кај децата за подобар раст и развој. Исто така се препорачува кај анемични и слаби лица, трудници, доилки, стари и изнемоштени лица, физички и умствени работни-

Во козметичката индустрија денеска медот е присутен во речиси сите производи. Одличен е како маска за лице која ја отстранува нечистотијата, ја храни сувата и дехидрирана кожа и помага во отстранување на брчките. Одличен е и како регенератор за коса.Помешајте исти количини на мед и маслиново масло и покријте ја косата.Главата замотајте ја со топла крпа и оставете да делува околу час и половина. Потоа измијте ја косата со шампон. Медот ќе ви помогне и да ги намалите килограмите. Измешајте мед и цимет во еден литар топла вода. Половина од течноста испијте ја наутро половина час пред јадење и навечер . Ваквата смеса не дозволува маснотиите да се наталожат во организмот.

75


КА Македонскиот моден бренд Кара во новата модна сезона се претстави и со нова локација во Градскиот трговски центар. Во модерно дизајнираните простории е изложена последната колекција пролет-лето за 2012 година, која ги доловува актуелните трендови во модата за современата жена. Токму ова беше причина да поразговараме и со „главниот виновник“ , модниот дизајнер Христина Деспотовска, која по десет години од Кара изгради имиџ на светски квалитет во домашното производство.


Поблиску со

РА 1

Христина Деспотовска

КАРА - СВЕТСКИ КВАЛИТЕТ ВО ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО

2

1. Заедно со новата колекција го промовиравте и новиот продажен салон. Зошто се одлучивте на ваков чекор?

луѓето.

-Идејата беше со претставување на новата колекцијата за пролет да се појавиме во новиот продажен простор. Тој се наоѓа веднаш наспроти стариот во Градскиот трговски центар. Простор е поразличен, почист како внатрешност, поедноставен од претходниот, токму тоа што го баравме. Исто така секогаш е поинтересно нешто ново, а не нешто на што веќе сме се навикнале. Интересен беше и маркетиншкиот трик кој се направи, она дека Кара се затвора. Предизвика доста реакции, кои, искрено, драго ми беше што ги чув затоа што тогаш сфатив колку Кара како бренд им значи на

-Колекцијата пролет-лето на Кара се разликува од досегашните колекции, особено во изборот на бои. Парчињата облека се со повеќе светли и јаки бои, кои прават да се чувствуваш среќен, бои кои ќе посакаш никогаш да не ги тргнеш од своето секојдневие. Формите и кроевите се поедноставени, ја истакнуваат силуетата, форми кои вечно траат и нема да ви здодеат никогаш. Од материјалите доминира памукот, вискозата и ленот, кои се и најпријатни за носење во топлите денови што следат.

2. Со што ќе нè изненади „Кара“ во претстојната сезона?

3

3. Кој тип на жена може да се

препознае во новата колекција на Кара? Нежна, храбра, сигурна во себе, насмеана, вљубена. Жената која знае што сака и знае како да живее и како да ужива во животот. Стилски изградена жена која знае да ја носи облеката, а не таа нејзе.

4

4. Веќе 10 години дизајнирате за Кара. Од каде ја црпите инспирацијата?

Низ сите овие години најголема инспирација ми е животот, сè она што се случува околу нас, љубовта, воздухот што го дишеме, храната што ја јадеме, книгите што ги читаме. За мене и не постои поголема инспирација од постојаната комуникација и дружба со луѓето и сето она што нè опкружува.

77



79


Предлог

Пролетно уредување

НАПРАВЕТЕ СИ

СОПСТВЕНА ОАЗА

П

рвиот сончев ден нѐ мами да излеземе од нашите домови. Оние кои имаат сопствени дворови време е да почнат со уредување. Без разлика дали имате голем или помал двор, уредувањето убаво ќе ви дојде. Освен што ќе биде убаво за око, тоа ќе ви биде добра терапија против стресот. Опкружете го со зеленило и цвеќиња, дизајнирајте си сопствена оаза во која ќе можете да уживате и да побегнете од секојдневието. Прво направете си список што сѐ сакате да има вашиот двор и фатете се за работа. НЕГУВАН ТРЕВНИК ЗА БЛЕСКАВА ГРАДИНА Пред да почнете со уредување, расчистете го вашиот двор. Исфрлете ги сите непотребни и стари работи. Доколку вашата ограда избледела, време е да ја бојадисате. Во секоја градина доминира тревникот, па затоа треба да му посветите посебно внима-

Пролетта е идеално време да ја вратите во живот вашата градина. За уредувањето не ви се потребни многу пари, туку љубов, испирација и малку повеќе работа. По зимскиот период потребно е да направите неколку работи за вашата градина повторно да блесне во полн сјај.

ние. Добро негуван тревник ќе го награди својот сопственик. Земете го греблото и отстранете ги сувите делови. По темелното гребење, тревникот нема да изгледа убаво, но не грижете се , многу брзо ќе се обнови. Во случај да има голи места без трева , идеално време е да се пополнат со ново семе, за да не никне плевел од кој подоцна многу тешко ќе се ослободите. Посебна нега бараат тревниците кои се во сенка, и тука често се појавува мов. Во овие случаи треба да ја отстраните мовта, а тревникот да го третирате со специјални средства против мов. За крај ви преостанува само редовно да ја косите тревата. Што почесто го косите, тревникот ќе ви биде погуст и поубав. ВРАТЕТЕ ГИ ЦВЕЌИЊАТА ПОВТОРНО ВО ЖИВОТ Кога температурата нема да се спушта под 10 степени време е да ги потхраните повеќегодишните цвеќиња. Прво отстранете ги сувите листови и гранчиња. Во овој период цвеќињата


се најосетливи на болести па затоа се препорачува редовно да ги проверувате. По зимскиот период на цвеќињата им е неопходна храна. Свежо пресадените цвеќиња не ги дохранувајте додека не направат корени и не се привикнат на новото место. Ова треба да го правите рано наутро кога е облачно или влажно. Ѓубривото задолжително додавајте го на влажна земја зошто ако е сува земјата може да го оштети цвеќето.

НАСАДИТЕ ЛУКЧИЊА Лукчињата се најатрактивните цвеќиња во секоја градина, на пример гладиолите. За да уживате во гладиолите од пролет до есен, засадете ги на крајот од април. Одберете места кои се сончеви и заштитени од ветар. Засадете ги на длабочина трипати поголема од висината на лукчето. Овие цвеќиња можете да ги садите на најразлични места, а најголем ефект ќе постигнете доколку ги засадите во група. Свежо посадените лукчиња бараат постојано да има влага за коренот подобро да се прилагоди на новата средина.

ВНИМАТЕЛНО ПРЕСАДЕТЕ ГИ ЦВЕЌИЊАТА Топлите денови без сонце и ветар се идеални за пресадување и за менување на земјата во саксиите, како и за садење. Неколку дена пред да почнете со пресадување не ги полевајте цвеќињата со вода , изнесете ги надвор по неколку часа дневно и постепено изложувајте ги на појако сонце и ветар. Последните неколку дена оставете ги надвор и преку ноќта. Ако не сте

сигурни дали треба да ги пресадите во поголема саксија, обрнете внимание на неколку работи. Ако забележите дека коренот излегол низ отворот на дното од саксијата и ако земјата многу брзо се суши, време е да го пресадите во поголема. Кога ќе го пресадите цвеќето , добро притиснете ја земјата за да излезе воздухот околу корените.

СТАРИТЕ САКСИИ ВО НОВ ИЗГЛЕД Старите глинени и керамички саксии пребришете ги со памучна крпа претходно потопена во леноново масло за да ви изгледаат како нови. Исто така ќе ги освежите доколку ги украсите со ткаенина или хартија во различни бои.

81


ДЕТСКО КАТЧЕ

O B O I


Пронајди го излезот

С УДОК У

83



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.