Issuu on Google+

Plus

Број 9

Т У ТЕМ М А ОР И

• Бесплатен примерок

Профил:

Проф. д-р Салис Таџер

Создадовме врвна кардиохирургија

ТЕМА: здравје:

Помалку сол Повеќе здравје!

Акутна исхемија на екстремитетите

Acibadem Sistina Plus Türkçe Özetler www.acibademsistina.mk

1


ЕДИТОРИЈАЛ

Почитувани, По зимските денови следува периодот од годината кога доживуваме будење на сите свои сетила, кога едноставно не можеме да останеме рамнодушни на природата со сите свои убавини... Искористете ги сончевите денови и пријатното време за што почести прошетки, возење велосипед, спорт и рекреација. Запомнете, физичката активност е првиот чекор во одржувањето на здравиот начин на живеење. Во новото издание на магазинот „Аџибадем Систина Плус“ со посебно внимание за вас подготвивме

најразлични медицински теми и совети, отсликавме реални животни приказни на луѓето кои ни го доверија своето здравје, накратко, создадовме магазин кој опфаќа содржини наменети за вашите семејства. Се надеваме дека преку „Аџибадем Систина Плус“, нашиот медицински тим е чекор поблизу до вас. Ќе ни биде драго доколку со нашите теми успеваме да го насочиме вашето внимание кон одржување на сопственото здравје и водење здрав живот. Секоја порака испратена преку нашиот магазин е одраз на желбата да создадеме здрава популација која се грижи и го унапредува своето здравје.

Plus

Со почит Проф. д-р Салис Таџер Шеф на Оддел за кардиохирургија

Април

2013

n

Број

9

n

Бесплатно

издание

Магазинот Плус излегува еднаш во 3 месеци и се дели бесплатно. Информациите имаат едукативен и информативен карактер. Однапред Ви се извинуваме за можните печатни грешки. Сите Ваши коментари во врска со магазинот Плус или Вашите предлози за содржината на следното издание, испратете ги на: info@acibademsistina.mk Припрема: Маркетинг агенција „ОК Идеа“ Издавач: „ОК Идеа“ ДООЕЛ Скопје за потребите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ www.acibademsistina.mk

3


СОРАБОТНИЦИ

u

Проф. д-р Јовица Угриновски

Дипломирал во 1978 година на Медицинскиот факултет во Љубљана, Словенија. Специјализација по кардио и торакална хирургија завршил во 1993 година на Сакле­р медицинскиот факултет, на Универзитетот во Тел Авив. Супспецијализација во областа на адул­тна хирургија завршил на истиот факултет. Проф. д-р Таџер е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u

u

Проф. д-р Салис Таџер

Д-р Елизабета Матевска

Дипломирал во 1970 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по неврохирургија завршил во 1975 година на истиот факултет. Докторирал во 1983 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Угриновски е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Ди­пломирала во 1989 година на Ме­дицинскиот факултет во Скопје. Спе­цијализација по гинекологија и аку­шерство завршила во 1997 година на истиот факултет. Д-р Матевска е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u u

Прим. д-р Љупчо Стојковски

Д-р Леонардо Камењарски Дипломирал во 1979 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по педијатрија завршил во 1991 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Камењарски е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Дипломирал во1985 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил во 1994 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Су­пспецијализација по нефрологија завршил во 2006 година на истиот факултет. Д-р Стојковски е дел од медицинскиот тим во Кли­ничката болница „Аџибадем ­Систина“.


Проф. д-р Селчук Пекер

u

Д-р Ален Јовчевски

u

u

Медицински факултет и специјализација во областа на неврохирурги­ја завршил на Хеџетепе универзитетот во 1993 година. Специјализација за примена на гама нож методот завршил на Универзитетот во Питсбург, во САД. Проф. Пекер е шеф на центарот за гама нож радиохирургија во „Аџибадем Козјатаги“.

Дипломирал во 1998 година на Мед­и­цинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хи­­рур­ ги­ја завршил во 2005 година ­на истиот факултет. Д-р Јовчевс­ки е дел од медицинскиот тим во Кли­­ни­­­ чката болница „Аџибадем Си­­­стина“.

Д-р Драшко Димески

Христина Деспотовска

u

Дипломирал во 1979 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по педијатрија завршил во 1990 година на истиот факултет. Супспецијализација по педијатриска кардиологија и постдипломски студии по фетална кардиологија завршил 1996 година на Академијата за високи медицински науки во Бергамо во склоп на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Милано и Медицинскиот факултет во Пиза, Италија. Д-р Димески е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

М-р д-р Митко Караѓозов

u

Дипломирала во 1999 година на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Своето образование го надградила на колеџот Централ Сент Мартинс во Лондон, Англија во 2000 година. Веќе 10 години работи како моден дизајнер за модниот бренд „Кара“, а сега како креативен директор во „Монт“.

Дипломирал во 1983 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил во 1988 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Магистрирал во 2003 година на истиот факултет. Д-р Караѓозов е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Д-р Митко Ивановски Дипломирал во 1991 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по гинекологија и акушерство завршил во 1998 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 2010 година докторирал во областа на здравствен менаџмент. Д-р Митко Ивановски е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u

www.acibademsistina.mk

5


СОРАБОТНИЦИ Наташа Чокревска Зографска

Д-р Александар Мицковски

u

Дипломирала во 1989 година на Природно–математички факултет, отсек биохемија-физиологија. Како дипломиран биохемичар стекнала огромно искуство од областа на клиничката биохемија, посебно поставување и примена на современи методи во лабораториската дијагностика и употреба на современи анализатори за едноставно дијагностицирање на состојбите кај пациентите. Чокревска е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u

u Проф. д-р Омер Ташер

Дипломирал во 2002 година на Ме­д­ ицинскиот факултет во Ско­­­пје. Специјализација по урологија за­­в­ршил во 2008 година на Меди­ци­нскиот факултет во Скопје. Д-р Мицковски е дел од медицински­от тим во Клиничката болница „Аџи­бадем Систина“.

Дипломирал во 1984 година на Медицински факултет при И­ста­нбу­лскиот универзитет. Спе­ци­ јализаци­ја по ортопедија и тр­а­­уматоло­гија завршил во 1986 го­­дина на истиот факултет. Од 1996 година е назначен за редов­ен професор на Медицински фа­култет при Истанбу­лскиот универзитет. Проф. д-р Ташер е шеф на спортскиот медицински центар „Аџибадем Фулја“.

Д-р Марјан Димитровски

Д-р Даниел Петровски

Дипломирал 1991 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил во 1998 година на истиот факултет. Д-р Димитровски е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u

u

u

Дипломирал во 1991 година на Ме­ дицинскиот факултет во Ско­­­­пје. Специјализација по урологија завр­шил во 1997 година на Мед­ици­нскиот факултет во Скопје. Д-р Пе­­т­ровски е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

М-р д-р сци Небојша Настов

Дипломирал во 1997 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил во 2005 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Настов е дел од медицинскиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.


www.acibademsistina.mk

7


СОДРЖИНА ПРОФИЛ Проф. д-р Салис Таџер вагинални капсули

СОЗДАДОВМЕ ВРВНА КАРДИОХИРУРГИЈА Тема АКУТНА ИСХЕМИЈА НА ЕКСТРЕМИТЕТИ

10

најд бар сојузник

20

на женското здравје!

При акутна исхемија на екстремитетите е потребна урген­тна хи­руршка интервенција во првите 12 часа од моментот на на­­гло затнување на артеријата која го исхранува екстремитетот. Док­олку од кои било причини не се направи емболектомија во пр­­ви­те 24 часа, пациентот ја губи ногата и завршува со натколени­чна ампутација.

Тема

28

ФЕТАЛНАТА ЕХОКАРДИОГРАФИЈА, КЛУЧНА АЛАТКА ВО РАНОТО ОТКРИВАЊЕ НА СРЦЕВИТЕ АНОМАЛИИ

Живот

32

LINEX® Lady

За рамнотежа на вагиналната флора Linex Lady вагиналните капсули содржат висока концентрација на lactobacillus casei v. Rhamnosus Döderlein: брзо ја нормализира флората и рH вредноста на вагината спречува размножување на штетни бактерии и габички спречува појава на повторни инфекции

СО ДОКТОР УГРИНОВСКИ ЈА ДОБИВМЕ БИТКАТА ЗА ЖИВОТОТ Новитети СПОРТСКИ МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТАР „АЏИБАДЕМ ФУЛЈА“ – ВИСТИНСКА АДРЕСА ЗА СИТЕ СПОРТИСТИ

ги олеснува непријатните знаци како: надразнета слузница, чувство на печење, чешање, зголемен исцедок и непријатен мирис

LINEX® Lady содржи потполно природни состојки и дејствува веднаш поради локалната (вагинална) употреба.

48

Пред употреба прочитајте го упатството! За повеќе информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

www.acibademsistina.mk

9


ПРОФИЛ

Проф. д-р Салис Таџер

С О ЗД А Д О В М Е В Р В Н А За кратко време постави нови темели на кардиохирургијата во Македонија. Успешно воведе неколку пионерски интервенции во регионов. И по 25 години успешна кариера и повеќе од 7000 самостојни кардиохируршки интервенции, проф. д-р Салис Таџер сè уште е жеден за нови успеси. Неговата најважна мисија е да ја создаде првата генерација македонски кардиохирурзи кои ќе го продолжат неговото дело.


К А РД И ОХ И Р У Р Г И ЈА

Г

олемината на еден човек се мери според делата кои ги оставa зад себе. Но кога зад некој стојат илјадници спасени срца, тогаш неговото име засекогаш ќе остане запишано во историјата. Тоа е еминентниот кардиохирург проф. д-р Салис Таџер, кој во последните три години, како шеф на Одделот за кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, постави нови темели на кардиохирургијата во Македонија. За краток временски период во регионов успешно воведе неколку пионерски интервенции. Повеќе од 25 години ги решава и најсложените срцеви проблеми. Сепак, за неговите дела најгласно зб­о-­ руваат илјадниците пациенти ­­ чии

срца безгрижно продолжија да чукаат благодарение на вештите ра­це на проф. Таџер. Моја опсесија беа музиката и електрониката Во тинејџерските години професор Таџер не ни размислувал за медицина. Иако потекнува од познато семејство на доктори, сепак, негова опсесија биле музиката и електрониката. Но кога требало да одлучи која ќе биде негова животна професија познанството со луѓе од оваа професија му дало чувство дека станува збор за нединамична, неинтересна техничка наука. Набрзо сфатил дека електрониката не е за него и одлучил да тргне по

стапките на својот татко, проф. д-р Исак Таџер, еден од основачите на Клиничкиот центар во Скопје и прв професор по нуклеарна медицина во поранешна Југославија. „Иако отсекогаш ме интересираше електрониката, на крајот се одлучив за медицината бидејќи се работи за жива материја, со луѓе. Веројатно таа одлука индиректно била под влијание на моето докторско семејство, особено мојот татко. Но ова не беше единствениот крстопат во мојата кариера. Кога завршив медицински факултет во Љубљана долго размислував која специјалност да ја одберам. Прво станав асистент професор по физиологија. Ми понудија да специјализирам ОРЛ, патологија, пластична

www.acibademsistina.mk www.acibademsistina.com.mk 11


ГИ НАДМИНАВМЕ СИТЕ ОЧЕКУВАЊА

хирургија... Но ниту една од нив не одговараше на мојот темперамент. Едно мое патување во Израел беше пресвртница во мојата кариера“, се потсетува професор Таџер за периодот по завршувањето на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Успехот му го должам на мојот „гуру“ Морис Леви По случајна средба со доајенот на светската кардиохирургија Морис Леви, д-р Таџер одлучува да стане кардиохирург. По два месеца тој ја напушта Словенија и почнува новата епизода од неговиот живот, пред сè како ученик на таткото на кардиохирургијата, Леви, а потоа и како негов асистент. „Морис Леви е големо име, почна со кардиохирургија уште на самиот почеток во 60-тите години. Тој е еден од првите 100 кардиохирурзи во светот. Со кардиохирургија почнува во 60-тите години во Минесота. Многу иновативни пристапи во кардиохирургијата се негови. Тој е мој „гуру“. Тој ме претвори во хирург. Имаше доверба во мене, а јас ги исполнив неговите очекувања. На крајот од неговата кариера, кога Паркинсовата болест завладеа, неговите раце беа нестабилни и не можеше да оперира сам, но сакаше да биде во операциската сала. Последните година и пол пред да се пензионира беше мој асистент, тоа беше спој на неговото искуство и знаење и моите вешти раце, тоа ме подигна многу во мојата кариера. Замислете како е да бидете десна рака на таткото на светската кардиохирургија? Има ли поголема

Кога почнав да го планирам ова одделение, првенствено го планирав на хартија. Размислував, истражував, читав, калкулирав и случајно дојдов до еден едиторијал со наслов „Како се стартува одделение за кардиохирургија“ каде што пишуваше дека ќе се соочуваме со лимитирана бројка операции на отворено срце која не смее да надмине 100150 годишно. Зошто?! Статијата велеше дека системот не е разработен, односно персоналот, технологијата и икс фактори ќе влијаат врз квалитетот и сигурноста. Тоа важи за првата година, а во втората година веќе бројката може да биде и поголема. Ние во мај одбележуваме токму три години од постоењето на Одделот. А веќе ги надминавме теоретските претпоставки, примарните планови, се надминавме себеси, а тоа, секако, се должи на внимателно избраниот персонал, обуката, константната надградба, заемната комуникација, несебичниот тимски пристап, меѓусебната доверба и споделување на знаењето. Целта ми е бројките и понатаму да растат, но основниот мотив е да се задржи квалитетот. Тоа е нашиот стремеж.

чест од тоа? “, раскажува професор Таџер за годините кога со помош на Морис Леви ги учел првите чекори во кардиохирургијата. Одлуката д-р Таџер да специјализира кардиохирургија прво наишла на отпор кај неговиот татко Исак Таџер. „Татко ми Исак беше внима­ те­ лен и со резерва кон непознатото, најмногу спрема промените. Не ми се мешаше во ништо, но беше најзагрижениот човек кога слушна дека сакам да станам кардиохирург и ми рече: „Тоа е нешто невозможно и неостварливо и нема шанси да успееш таму“. Кардиохирургијата му се виде тешка и недостапна, најверојатно, бидејќи оваа медицинска гранка ја немаше во тогашниот клинички центар. Сепак, кога му кажав дека ќе го сторам тоа и ќе успеам, ме окуражи максимално“, објаснува професор Таџер. Одделот за кардиохирургија го почнав од нула Професор Таџер во текот на св­­­ о-ј­­ ата кариера има работено и жи­

вее­но во три земји. Во Скопје растел до гимназиските денови, Љубљана е неговиот студентски живот, а во Тел Авив продолжува со својот професионален и приватен живот. Две години бил на фелоушип во Германија во познатата болница MHH, а една година работел и во Канада. Сепак, во неговата кариера недостасувала уште една алка, неговата мисија во Македонија. „Кардиохируршкиот оддел и си­ те анекси ги создадов од нула. Дури ни самиот не знаев како се прави тоа. Тоа е процес кој не е поврзан со медицинско знаење и докторска професионалност, туку познавање на менаџерскиот процес во здравството. Една година бев на релација Скопје - Тел Авив. Ги собрав сите информации до коишто можев да дојдам, направив анализа на целокупната машинерија. На крајот успеав да создадам одделение кое по ништо не заостанува од тоа ко­­ешто го имав во Тел Авив. Но визијата не е комплетно остварена. Мојата визија е ова одделение да стигне до точка да функционира без мене како креатор и шеф на Одделот. Да се воведат


нови процедури, нови комплицирани методи и да се зголеми репертоарот на операции“, рас­ кажува д-р Таџер за создавањето на Одделот и неговото враќање во Македонија со што, како што ве­ли, ја исполнил најголемата желба на својот татко и затворил еден круг во својот живот. Покрај тоа што секојдневно оперира и спасува животи, неговата најважна мисија и цел е да ја создаде првата генерација кардиохирурзи кои ќе го продолжат неговото дело. „Мојот тим, луѓето со кои работам се исклучително талентирани, квалитетни и посветени млади луѓе. Константната надградба, несебичниот тимски пристап, меѓусебната доверба и споделување на знаењето... тоа се нештата што нè одржуваат и ги носат позитивните резултати. Секојдневно на својот тим му давам мотив, креативност, храброст, знаење и пример“, раскажува професор Таџер. Жеден за нови успеси Неговиот мотив и подготвеност да се жртвува го доведоа до неговиот успех. По повеќе од 25 години кариера сè уште е љубопитен и жеден за нови успеси. „Љубопитноста е една од подобрите и поважни особини, бидејќи таа е нешто базично во нас што не тера да одиме понатаму да бидеме креативни. А моето второ мото вели во моментот кога остануваш на едно место ја губиш битката.“, обја­ снува д-р Таџер за тајната на својот успех. Мирот и спокојството е моето семејство Доктор Таџер секојдневно се гри­­ жи за многу срца, но, сепак, мирот и спокојот за неговото срце е се-

мејството. Секој украден миг мак­ симално го посветува на сопругата Аснат Таџер и трите деца. „Успевам да најдам време и за се­ мејството, иако не е доволно. Заедно со моите деца играме, им помагам за на училиште, ги легнувам. Сакам моите деца да ги имаат сите човечки доблести. Да бидат скромни да го слушнат и да му веруваат на внатрешниот глас. Тогаш мојата најголема мисија, која ја наследив од мојот татко, ќе биде исполнета“, вели професор Таџер, кој секој­дневно прави рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот жи­­вот. Со семејството веќе три години жи­ веат во Македонија. Иако долги години живееле на различни места, сепак, за него најважно е да го работи тоа што го сака и да биде опкружен од своите сакани. Кога го прашавме каде е неговиот дом, тој со насмевка ни одговори дека каде и да оди секогаш ќе се враќа во Скопје и Тел Авив. Целосно го поддржувам во неговата мисија Сопругата Аснат е исто така доктор по гинекологија. Моментално се има откажано од многу професионални ангажмани со цел да го поддржи својот сопруг во неговата мисија и да се грижи за децата. „Во Израел работев како шеф на Одделот за високоризична бреме­ ност во болницата „Хиле�� Јафе“. Во последниве 3 години сум во Македонија. Знам дека е ова негово време и проектот што го работи во Македонија е многу важен за него, и сум горда на неговата работа. Затоа и сум подготвена да ги ставам на страна моите професионални планови и да му го дадам потребниот простор, да го поддржам затоа

што тоа што тој го работи е многу важно“, раскажува Аснат, која за разлика од Израел, во Македонија има помирен живот. Моментално неј­зина преокупација, покрај семе­ јството, се бројни истражувања во областа на гинекологијата, како и предавања за постдипломски студии по гинекологија на Медицинскиот факултет во Скопје.

МОИТЕ ВРАТИ СЕ СЕКОГАШ ОТВОРЕНИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ „Јас уште од самиот почеток на­­метнав отворен систем на комуникација со моите пациенти, тие секогаш кај мене имаат отворени врати, можат во секое време да ми се јават, да се консултираат... тоа го барам од нив и по операцијата. Најдобро е кога пациентот ќе влезе на „голема врата“ и како сите ќе биде прегледан рутински и ќе се донесе најдобрата одлука и со тоа ќе се намалат шансите за каков било пропуст. Најважно од сè е што имам изградено со нив чувство на доверба, пристап базиран на искрено соопштување на ситуацијата, соочување со фактите и пронаоѓање најсоодветни решенија за нивното здравје и благосостојба. Мојата канцеларија е секогаш отворена за оние што имаат потреба, сакаат да се консултираат и посоветуваат со мене, без разлика дали се наши пациенти или бараат второ мислење, без разлика од која клиника доаѓаат - моите врати се секогаш отворени“, објаснува д-р Таџер за својот однос со пациентите.

www.acibademsistina.mk

13


ВЕСТИ ДОНАЦИЈА „ОЛГА И АСАН КЕРИМ“

За првпат во регионот - ендартеректомија на белодробни артерии

Н

а Одделот за кардиохирургија во Кли­ н­ичката болница „Аџибадем Си­стина“ за првпат во Р. Македонија е изведена ендартеректомија на белодро­ бните артерии. Ваквата интервенција спа­ ѓа во групата високоризични операции кои бараат голема прецизност. Интервенци­ јата ја изведе  проф. д-р Салис Таџер, заедно со својот тим. Со ова Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е првиот меди­цински центар во државава во кој се изведува оваа интервенција. Со тоа веќе ќе нема потреба ваквите ретки случаи да се испраќаат во немногубројните референ­ тни центри во светот кои се занимаваат со оваа состојба.

Х

ируршки инструменти во вредност од 860 илјади денари се донирани за потребите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Донацијата „Олга и Асан Керим“ како благодарност до целиот стручен тим на болницата ја предаде д-р Срѓан Керим, претседател на Управниот одбор на Медиа Принт Македонија, истакнат дипломат и публицист. Хируршките инструменти се наменети за минимално инва­ нзивни кардиохирушки интервенции, кои единствено во регионов се изведуваат од еминентниот кардиохирург проф. д-р Салис Таџер. Со оваа револуционерна хируршка интервенција може да се изведат корекции на дволисните (ми­трални) залистоци, корекција на срцевите артерии, како и интервенции на вродени срцеви проблеми кај деца.

„Аџибадем Систина“ и здравствената групација „Аџибадем“, дел од 20. Интернационален саем за медицински туризам - Москва, Русија

За здрава жена - за здраво срце

К К

линичката болница „Аџибадем Систина“ по повод Ме­ѓ­­­ународниот ден на жената, 8 Март, организираше бес­­платни гинеколошки и кардиолошки прегледи за сите жени. Стотина жени имаа можност бесплатно да направат гинеколошки и ултразвучен преглед, како и да добијат совети за контрацепција од тимот гинеколози кој 12 години се грижи за здравјето на понежниот пол. Во рамките на акцијата беа организирани и бесплатни превентивни кардиолошки прегледи од искусниот тим кардио­ лози. Целта на ваквата акција е да сe подигне свеста кај понежниот пол дека со редовни прегледи може навреме да се дијагностицираат болестите на репродуктивниот и кардиоваскуларниот систем, кои се најчеста причина за смртност кај жените во Македонија.

линичката болница „Аџибадем Систина“ заедно со својот партнер, здравствената групација „Аџибадем“, учествуваа на јубилејниот 20. Интернационален саем за патување и туризам, кој од 20. до 23. март се одржа во Москва, Русија. Претставници од Клиничката болница „Аџибадем Си­ стина“ беа кардиохирурзите проф. д-р Салис Таџер и д-р Владимир Белостотски. Саемската манифестација се смета за во­ дечки и најголем саем за патување и туризам во Русија. Со учеството на повеќе од 3.000 компании и претставување на 197 дестинации е едно од клучните места каде туристичките агенции и другите посетители може да ги запознаат капацитетите на државите од целиот свет во насока на промовирање и развивање на медицинскиот туризам. Бројката од повеќе од 7.000 посетители е уште еден факт за големината и престижноста на саемската манифестација. На Саемот со свој штанд учествуваше и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија, чија улога, покрај другите, е и промоција на медицинскиот туризам на земјата.


www.acibademsistina.mk

15


ВЕСТИ ОФИЦИЈАЛЕН ПОЧЕТОК НА ДЕТСКА КАРДИОХИРУРГИЈА ПО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ ВО „АЏИБА ДЕМ СИСТИНА“

Н

а Одделот за кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ e опериран 13-годишен пациент со примена на минимално инванзивен хируршки пристап. Со ова Одделот за кардиохирургија во описот на својата работа ја вклучува и детската кардиохирургија како исклучително важен сегме­ нт од областа на кардиохирургијата. Операцијата за затворање на вроден преткоморен дефект на 13-годишна пациентка ја изведе тимот предводен од проф. д-р Салис Таџер, шеф и основач на Одделот. По првата успешно изведена интервенција на педијатриски пациент, проф. д-р Салис Таџер со својот тим е подготвен да изведува широк спектар интервенции на отво­рено срце со минимално инванз­ивен

при­ стап кај педијатриски па­ циенти со ка­ рдиоваск­ у­ ларни за­бо­лувања. Бл­а­­­г­одаре­ние на ми­ним­ално инва­ н­зивниот пристап оп­ерацијата ­­­ е изведена преку мал отвор на гр­адни­от кош од само 5 сантиметри   со ендоскопски при­стап, што значите­лно придонесува во на­малување на траумата во спо­редба со класичните методи кај кои се отвора градниот кош. Операцијата помина во најдобар ред, по што пациентката е во одлична здра­вствена состојба. Минимално инва­нзивниот пристап на отворено срце за првпат во Р. Македонија и регионот е воведен на Одделот за кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ во декември 2011 година. Ваквите интервенции се покриени од Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија.

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ЗА СЕНЗОРНА ИНТЕГРАЦИЈА

Н

а 9 март, во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа меѓународен семинар на тема „Сензорна интеграција“ со реномирани тренери, во соработка со CSPER центарот од Белград, Р. Србија. Организатор на еднодневниот семинар е Здружението за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“. Најновите сознанија за процената и третман на сензорно-интегративната дисфункција беа споделени со група работни терапевти, физиотерапевти, логопеди, дефектолози, психолози, педијатри и стручни лица од оваа област низ цела Македонија. Предавачи на семинарот беа Кристијане Кул Садахарам, шеф на Oдделението за работна терапија на Детскиот центар во Минхен, д-р Данијела Вукичевиќ, супспецијалист за детска фи­зијатрија на Клиниката за реха­ билитација „Д-р Мирослав Зотовиќ“ – Белград, и Драгана Чворак, дипл. дефектолог-сурдолог, СИ (SI) педагог, Центар за специјална еду­кација и рехабилитација, Белград. www.acibademsistina.mk

17


ЖИВОТ

Отворено писмо

Vi blagodaram za nesebi~nata pomo[

V

и пишувам со особена почит и поклон Вам д-р Ал­е­­­­­к­­­ са­­н­дар Лазаревски и на сестра Јуле од Одделот за ото­ ри­ ноларингологија. Вие бевте од исклучителна ва­­жно­ст за мене во период кога требаше да се испо­ лни еден сон, кога Калина беше уште само желба, недости­ жна ѕве­здичка. Се сеќавам на денот кога ме охрабривте и кога цвр­сто и решително застанавте зад идејата и рековте дека ќе бидете тука за мене и во тие мигови, дека контину­ ирано ќе ја следите состојбата. Свесна за проблемите со кои ќе се соочам, лесно беше да одлучам оти тогаш знаев дека ќе биде лесен секој мој чекор, секој изминат ден, штом има некој што чекори заедно со мене низ тешките мигови. Рецидивноста на болеста веќе и не беше така голем залак, а текот на бременоста стана полесен. И во месеците кога не можев да дишам, кога сите шуплини во глава, во нос, беа исполнети со болка, со Вашата поддршка и постојан надзор сé беше многу полесно. Најискрено ја ценам Вашата заложба за помош на Вашите пациенти. Од особена важност ми беа Вашиот совет и поддршка кои ми пружија нови перспективи, создадоа една поинаква визија, еден поинаков аспе­кт на согледување на нештата. Болеста стана предизвик, предизвикот стана цел самa за себе, да се победи и неизлечивото, барем на кратко, во моменти кога треба да се стане мајка. И сега, кога ни се роди Калина, јас сум длабоко уверена дека не би мо­жела да одберам подобар и попрофесионален ОРЛ специјалист за мо­јата состојба. Ви благодарам од сесрце. Ваш��та несебична помош како лекар бе­ше незаменлив систем на поддршка, она што му е потребно на секој пациент. Големите луѓе секогаш имаат зад себе успешни приказни. Ви благодарам д-р Сашо. Со почит, www.acibademsistina.mk Лилјана Пецова Илиеска 19


Тема

Артерии

Подготви м-р д-р Митко Караѓозов – торакален и васкуларен хирург

А КУ Т НА И С ХЕМ И ЈА

НА ЕКСТРЕМИТЕТИ

При акутна исхемија на екстремитетите е потребна ургентна хируршка интервенција во првите 12 часа од моментот на нагло затнување на артеријата која го исхранува екстремитетот. Доколку од кои било причини не се направи емболектомија во првите 24 часа, пациентот ја губи ногата и завршува со натколенична ампутација.


А

ртериите се цевки низ кои, во единица време, поминува количина на крв неопходна за исхрана на ткивото за кое е наменета артеријата. Во состојба на напор истиот тој крвен сад се шири и протокот на крв се зголемува за да ги задоволи зголемените потреби за храна на ткивото. Наглото затнување на која било од артериите во организмот доведува до акутна исхемија на ткивото. Емболија - причина за акутна исхемија на екстремитетите Најчеста причина за настанување на акутна исхемија е емболијата. Кај пациенти со срцева болест во моменти на неадекватна работа на срцето се откачува грутче крв со различна големина и тргнува по артериското стебло. Ова грутче може да заврши во мозокот или крвните садови во било кој друг орган при што предизвикува инфаркт на мозокот, срцето, бубрезите, екстремитетите... Најчесто грутчето завршува во артериите на нозете, а застанува таму каде што пречникот на грутчето е идентичен со пречникот на артеријата (артериите на патот од срцето кон прстите на нозете конусно се стеснуваат). Ова затнување на артеријата прави акутно прекинување на дотокот на крв подолу од затнувањето. Тоа е акутна исхемија на ткивото, а ако станува збор за нога, тоа е акутна исхемија на екс­ тремитет. Ургентна хируршка интервенција Болката е интензивна по целата должина на ногата, се губи моториката (движењето) и сензибилитетот (чувствителноста), ногата станува ладна и бледа. Ваквата состојба бара брза дијагностика и ургентна хируршка интервенција. За искусен клиничар доволни се клиничките симптоми, но најдобро е да се направи артериографија. Со ова снимање точно ќе се види нивото на застанување на грутчето крв (емболија) што ќе му помогне на хирургот во подготовка на оперативниот план. Првите 24 часа клучни за да се спаси ногата Во зависност од општата состојба, операцијата може да се прави во општа, регионална и локална анестезија. Интервенцијата е кратка при што се прави отстранување на грутчето крв со специјален катетар со балонче, т.н. Фогартов катетер. Ако операцијата се направи во првите 6-12 часа од моментот на нагло за­ тнување на артеријата, комплетно се враќа функцијата на ногата. Но, ако хируршката интервенција се направи по 12-24 часа од моментот на акутна исхемија, возможно е да се спаси ногата, но поради степенот на исхемија на екстремитетите настанува оштетување од поголем или помал степен на функцијата на ногата, како и губење на прстите и дел од стапалото. Ако од кои било причини не се направи емболектомија во првите 24 часа, пациентот ја губи ногата и завршува со натколенична ампутација. Емболијата е мошне сериозна болест. Бидејќи најчесто е болест кај пациенти кои имаат срцево заболување бара брзо препознавање, воспоставува­ ње дијагноза и брза хир­ уршка интервенција. Тимот на „Аџи­бадем Систина“ со­ст­а­вен од кардиолози, радиолози, анестезиолози и васкуларни хирур­ зи има огромно искуство во успешното ре­­ша­вање на овие акутни состојби. Доколку пациентот ги има горенаведените симптоми веднаш да се јави кај најблискиот лекар кој треба да ја препознае болеста и да го ис­прати до соодветната здравствена ин­ституција каде хи­­руршки може да се реши оваа болест. www.acibademsistina.mk

21


Здравје

Подготви д-р Марјан Димитровски, кардиолог

Срце

Според новите препораки, не е доволно само да се откријат ризик факторите туку потребно е да се одреди колку тие поединечно претставуваат ризик за развој на кардиоваскуларни болести. Со добро подготвена превентивна програма значително може да се намали стапката на смртност и инвалидност од кардиоваскуларни болести.

НОВИНИ ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА НА КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ БОЛЕСТИ

К

ардиоваскуларните болести се најчеста причина за смрт во развиените земји. Кога се зборува за кардиоваскуларни болести се ми-

сли на: - Исхемични болести на срце (миокарден инфаркт, ангина пекторис) - Исхемични болести на мозок (мозочен инфаркт) - Периферни артериски болести

Значењето на кардиоваскуларните болести произлегува од големата стапка на смртност. Според статистиките, 50% од смртните случаи во светот се последица на кардиоваскуларните болести. Со добро подготвена превентивна програма значително може да се намали стапката на смртност и инвалидност од кардиоваскуларни болести. Најновите препораки за превенција се издадени пред неколку

месеци од Европското кардиолошко здружение. Во превенција на овие болести најважно е одре­дувањето на ризик факторите. Одредување на ризикот од смртен резултат Ризик фактори­те за ка­рди­ова­скула­ рни болести се поделени во две гру­пи: - Ризик факто­ри на кои не може


единечно претставуваат ризик за развој на кардиоваскуларни болести. Одредувањето на вкупниот ризик за појава на овие заболувања се одредува со примена на SCORE (Systematic Coronary Risc Evaluation) табела. Новиот концепт го заменува претходниот, класичен, со кој се класифицираа пациентите во група со ризик фактори и група без ризик фактори. Овој концепт е создаден на база на 12 студии во Европа со што преку SCORE табелата се одредува за секој пациент поединечно вкупниот ризик од смртен резултат од кардиоваскуларни болести во наредните 10 години. Се применува на популација од 40 до 69-годишна возраст. Со ова се избегнува непотребното и неправилно лекување кај пациенти кои имаат ризик фактори, но се со низок SCORE. Ваквиот концепт го одредува превентивниот пристап индивидуално за секој пациент. Во досегашниот

принцип за одредување на вкупниот ризик се користеа следните параметри: возраст, пол, пушење, систолен притисок и вкупен холестерол, но со новите препораки е вклучен ХДЛхолестеролот. Според табелата, вкупниот ризик расте со намалување на вредностите на ХДЛ-холестеролот. Класификација на пациенти според SCORE табела

да се влијае: во­зраста, полот, на­сле­дност - Ризик факто­ри на кои може да се вл­ијае: покачен кр­­вен­ притисок, пу­ше­­­­ње, зголемено ни­­во на ЛДЛ-холе­сте­ ролот, на­ малено ниво на ХДЛ-хо­ле­стероло­т, физичка не­­акти­вно­ст, угоено­ст, ди­јабетес, не­пр­а­в­­и­лна исхрана, ст­р­е­с. Според новите пр­е­пораки, не е до­во­­лно само да се отк­ ријат ризик фа­ кторите туку е по­ требно да се одре­ди колку тие по-

Со новите препораки пациентите се класифицираат во неколку групи: - Група со многу висок ризик - пациенти со веќе докажана кардио­ васкуларна болест, дијабетичари, па­ циенти со хронична бубрежна болест и SCORE над 10 - Група со голем ризик - пациенти со зголемени вредности на поедини ризик фактори, како што е значително покачено ниво на ЛДЛ-холестеролот и со SCORE од 5 до 10. - Група со умерен ризик - кај пациенти со фамилијарна анамнеза за смрт од кардиоваскуларни болести, дебелина, физичка неактивност, низок ХДЛ-холестерол и со SCORE од 1 до 5. www.acibademsistina.mk

23


- Група со мал ризик - пациенти со SCORE помал од 1. Никогаш не е доцна да ги елиминирате ризик факторите Со одредување на SCORE и вкупниот ризик за појава на кардиоваскуларни заболувања поединечно кај секој пациент се одлучува за потребата од лекување на покаченото ниво на холестерол или хипертензија, а со тоа се избегнува неправилен медицински третман кај кардиоваскуларните заболува­ ња. Здравите животни навики се осно­вата во превенција од карди­­ова­­ скуларни болести. Преку едукација и откривање на ризик факторите кај пациентите може да се постигнат големи ефекти во спречување на развој на оваа болест. Никогаш не е доцна да се почне со здрави животни навики, со што ќе ги елиминирате ризик факторите. Ризик фактори за кардиоваскуларни болести Пушењето - лицата постари од 60 години кои пушат двојно го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести. Помлади од 50 години кои пушат имаат 5 пати поголем ризик за смртен резултат во наредните 10 години. Затоа една од главните превентивни мерки е веднаш да ги оставите цигарите. Физичка активност Редовна физичка акти­ вно­ ст го намалува ризикот од смртен резултат кај здрави лица, болни и кај оние со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Физичките активности поволно влијаат на крвниот притисок, дијабетесот (ја одлага појавата на Дијабетес тип 2), го покачува нивото на ХДЛ-холестерол, одржува нормална телесна тежина. На сите лица од 18 до 65 години им се препорачува редовна фи­ зичка активност со умерен интензитет (брзо одење) 45 до 60 минути 5 пати во неделата, или интензивна

физичка активност (трчање, пливање, велосипед) 30 до 45 минути 3 пати неделно. За здрави лица над 65 години важат истите препораки за умерена физичка активност. Неправилна исхрана, де��елина Постои линеарна поврзаност на дебелината со зголемена смртност. Ова се многу важни ризик фактори, кои доколку се отстранат може да се постигнат добри ефекти во лекувањето. Преку бројни студии е потврдено дека со правилна исхрана може да се редуцира ЛДЛ и да се зголеми ХДЛ холестеролот за 30 до 50%. Токму поради ова превентивните мерки кои се однесуваат на правилна и здрава исхрана значително го намалуваат ризи-

кот од појава на кардиоваскуларни болести. Покачен крвен притисок Нормалните вредности за крвен притисок се 120/80 ммХг, додека за хипертензија се сметаат вредностите над 140/90 ммХг. За реална процена на крвниот притисок потребен е 24-часовен холтер мониторинг. Покрај ова, за добра евалуација на хипертензијата потребни се дополнителни лабораториски анализи, ЕКГ, ЕХО на срцето и бубрезите и според овие вредности се носи конечна одлука за лекување и избор на лекови - антихипертензиви. Правилен пристап во дијагностицирање и лекување на крвниот притисок значително го намалува вкупниот ризик од појава на кардиоваскуларни болести. Редовна физичка активност, редукција на солена и масна храна, но и соодветна терапија може да го регулираат крвниот притисок во нормални вредности.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во превенцијата на кардиоваскуларните болести

Зголемено ниво на масти во крвта

Од досега наведеното произлегува дека одредување на вкупниот кардиоваскуларен ризик кај секој пациент води до правилен пристап во превенција и лекување на ова заболување. Кардиолозите имаат важна улога во интерпретација на вкупниот кардиоваскуларен ризик и донесување одлука за медикаментозен третман или инванзивна процедура. Следењето на препораките во превенцијата на кардиоваскуларните болести води до намалување на смртноста и инвалидноста на пациентите, како и заштеда на големи трошоци за лекувањето на овие заболувања, а со тоа и финансиско растоварување на здравствениот систем во една земја. Во согласност со светските трендови за превенција, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ континуирано спроведува проценка на кардиоваскуларниот ризик.

По одредување на вкупниот кардиоваскуларен ризик, одлуката за лекување зависи и од вредностите на ЛДЛ-холестеролот. Кај пациенти со ист кардиоваскуларен ризик и со различни вредности на ЛДЛ постои различен пристап во лекувањето на дислипидемијата. Дислипидемијата се регулира со промена на стилот на живеење и со лекови. Добро регулирани липиди во крвта значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.


www.acibademsistina.mk

25


Здравjе

Значајни датуми

Подготви Прим. д-р Љупчо Стојковски - нефролог

ПОМАЛКУ СОЛ, ПОВЕЌЕ ЗДРАВЈЕ! По повод Светскиот ден на бубрегот, кој годинава се одбележа на 14 март под мотото „Стоп за бубрежното оштетување“

Солената храна е виновник за покачен крвен притисок! Солената храна значајно го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања! Солената храна го зголемува ризикот од рак на желудникот! Солената храна го потпомага дебелеењето! Зарем овие податоци не се доволно алармантни за да ги промените лошите животни навики?

С

олта е „тивок“ непријател на современиот човек! Зголемената употреба на сол или „белата смрт“, како што некои ја нарекуваат, незабележително и секојдневно ни ги оптоварува бубрезите, срцето и крвните садови. Смртноста од овие заболувања во

светот вртоглаво расте. Како да ја спречите оваа „епидемија“ на модерното доба? Едноставно – внимавајте што јадете. Избегнувајте солена храна колку и да е вкусна! Пресметајте го дневниот внес на сол Секојдневно вклучете го вашиот „калкулатор за сол“ во храната што ја консумирате. Ако бројачот вели дека денеска сте внеле 2400 мг, тогаш вие сте го достигнале максимално дозволениот внес. Натриумот е составен дел на солта (нејзиното име и презиме е натриум хлорид) и во еден грам сол има околу 40% натриум. Лесно можете да пресметате дека дневниот внес на сол (видлива и скриена) треба да изнесува најмногу 6 грама, што одговара на една кафена лажичка сол. Но, како да се спасиме од оваа смртоносна зависност кога речиси 75% од солта која ја внесуваме со храната е „скриена“ во готовите или полуготовите производи што ни се нудат на пазарот? Еве неколку примери од секојдневието: во еден хамбургер има 7 грама сол (значи дека со еден

изеден хамбургер сте внеле 7 Х 400 = 2800 мг натриум и сте го надминале дозволениот дневен внес на сол); во килограм леб има 5 грама сол (можеби затоа лебот е толку вкусен); во 100 грама шунка има 3,6 грама сол; во 100 грама сланина има 4,5 грама сол; во 100 грама виршли има 2 грама сол итн. Внимавајте на декларациите на храната Сега на вас е да пресметате ко­ лку сол внесувате дневно преку храната. Кога купувате храна секогаш настојувајте да ја погледате


декларацијата за содржината на одделни хранливи материи во производот (маснотии, јаглени хидрати, протеини, холестерол, натриум). Забележете колку натриум ќе внесете во организмот со тој производ. Вклучете ги и овие бројки во вашиот „калкулатор за сол“ бидејќи тие ќе ви донесат поени со кои бргу ќе ја исполните вашата „квота“ на натриум за тој ден. Намалете ја солта, живејте подолго Треба да се нагласи дека „на­­ј­ р­а­­нлива“ категорија од зголемен внес на сол се пациентите со срце­ ва слабост, бубрежните болни, лицата со покачен крвен притисок и оние со црнодробна цироза. Кај оваа популација солта во поголеми количини може да биде смртоносна. Токму затоа кај оваа популација, според најновите препораки, дневниот внес на сол е ограничен на максимални 1500 мг натриум дне­ вно. Често овие пациенти го по­ставуваат прашањето: „Дали можам да користам замена за готварска сол која место натриум содржи калиум? Со овој тип сол, т.н. калиумова сол, овие пациенти треба да бидат многу внимателни и да не ја користат без одобрение од лекар поради опасноста од зголемување на калиум. Најновите медицински податоци велат дека со намалувањето на внес на сол на 3 до 4 грама на ден ризикот од кардиоваскуларна смрт ќе го намалите за 25%. Зарем ова не е доволен мотив веднаш да ја почнете вашата „пресме­ тка“ со солта? Оваа акција треба да

ја прифатат и да ја спроведуваат и вашите во семејството, на работа, на училиште, пријателите.... Има ли нешто подобро во медицината од превенција! Сите во акција: ПОМАЛКУ СОЛ, ПОВЕЌЕ ЗДРАВЈЕ! Неколку совети како да го намалите внесот на сол: * Направете домашна супа со малку сол. * Јадењата место со сол зачинувајте ги со бибер, лук, оригано, нане, босилек, мајчина душичка и други мирудии. * Во салатите не ставајте сол, зачинете ги со лимон или оцет. * Кога сте во ресторан нарачајте помалку солена храна. * Отстранете го соларникот од вашата маса! * Кога купувате храна обрнете внимание на содржината на сол (натриум). * Не консумирајте брза храна. Избегнувајте да купувате конзервирана или полуготова храна. * Храната подготвувајте ја дома * Секојдневно намалувајте ја ко­ л­ и­ чината на сол во храната. За 8 до 12 недели ќе ги смените вашите на­вики, ќе се навикнете да јадете многу помалку солена храна. ЗАПОМНЕТЕ! На листата на производи што содржат многу сол се: готови супи, коцки за супа, чипс, крекери, кечап, сосови, преливи за салати, колбаси, виршли, саламурени производи, сувомеснати, конзервиран зеленчук, сардини, некои видови кашкавал и сирење и многу други.

www.acibademsistina.mk

27


Тема

Подготви д-р Драшко Димески – педијатар, кардиолог

Срцеви аномалии

Ф Е ТА Л Н АТА Е ХО К А РД

КЛУЧНА АЛАТКА ВО РАН ОТКРИВАЊЕ НА СРЦЕВИ Феталната ехокардиографија е метод кој овозможува да се откријат вродените срцеви аномалии кај фетусот уште во најрана фаза од бременоста. Во чекор со светските трендови и како резултат на високиот процент на вродени срцеви аномалии кај неризичните групи на трудници, феталната ехокардиографија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се наметна како рутински скрининг во пренаталната дијагностика на структурните аномалии на феталното срце.

Ф

еталната ехокардиографија претставува дијагностичка процедура која овозможува да се види и процени структурата и фунционирањето на кардиоваскуларниот систем на фетусот. Со овој метод може уште во најрана фаза во бременоста да се откријат вродените срцеви аномалии (ВСА) кај фетусот. Зголемен број вродени срцеви аномалии на фетуси

Вродените срцеви аномалии ­ст­­­а­­­­тистички се застапени од 6-8 на 1000 новородени. Примената на фе­­ талната ехокардиографија (на­­­јрано ултразвучно откривање на ВСА кај плодот - фетусот на трудница­ та) покажа застапеност на истите од 20-32 на 1000 фетуси. Поради тоа сите оние кои се занимаваат со

епидемиолошка статистика на ВСА се согласуваат дека застапеноста на ВСА е поголема од 6-8 на 1000 новородени. Ваквите податоци наметнаа поригорозни критериуми за ризичните фактори кои треба да бидат опфатени како причина за примена на овој метод. Истите се поделени во три групи: ризик фактори кои потекнуваат од фетусот, трудницата, како и ризик фактори кои потекнуваат од семејството. Ризик фактори за вродени срцеви аномалии Во првата група се ризик фактори кои потекнуваат од страна на фетусот: заостанувањето во растот на фетусот, неправилни срцеви отчукувања, други аномалии кај фетусот, присутност на зголемена тки­ вна течност кај фетусот, близнаци,


И О Г РА Ф И Ј А ,

НОТО ИТЕ АНОМАЛИИ генетско нарушување и др. Ризик фактори кои потекнуваат од страна на трудницата: вродени срцеви аномалии, зголемена и намалена плодова вода, шеќерна болест, некои системски заболувања, користење на некои лекови во почетокот на бременоста, експозиција на рендгенско зрачење и инфекции, старост на родилката и др. Ризик фактори кои потекнуваат од страна на фамилијата: вродени срцеви аномалии, генетски и хромозомски нарушувања и др. Кон ова треба да се додаде дека за појавата на вродени срцеви аномалии кај фетусот во 90% од случаите причина е комбинацијата на надворешната средина и генетската предиспозиција. Податоците говорат дека вродените срцеви аномалии кај фетусот во поголем број случаи се придружени со хро-

мозомски и други аномалии кај фетусот. Сето ова е само еден аспект од оправданоста на рутинската примена на феталната ехокардиографија во најраното откривање на ВСА. Вродени срцеви аномалии на фетус кај неризична група трудници Вториот и многу битен момент кој ја оправдува рутинската примена на овој неинванзивен ултразвучен метод е податокот од водечките референтни центри кои даваат податоци за сè поголемиот број на ВСА кај неризичната група трудници кај кои не постои никаков ризичен фактор од горенаведените. Фе­талната ехокардиографија како не­ инванзивен ултразвучен метод во најраната дијагностиката на ­ВСА се карактеризира со специфи­ www.acibademsistina.mk

29


В

о сезоната на настинки и вируси, кај сите нас се јавуваат симптоми како затнат нос, болка во грлото, кашлица... Во првите неколку дена од болеста, не можеме да бидеме сигурни дали се работи за настинка, грип, или некое посериозно заболување. Токму затоа, во оваа прва фаза не треба да посегнеме кон антибиотска терапија, туку да примениме лекови од домашната аптека, кои ќе му помогнат на организмот самиот да се избори со болеста. Нерационалната употреба на антибиотиците може да направи поголема штета на организмот, а воедно тие се сосема бесполезни при вирусните заболувања како настинката. Секоја антибиотска терапија е стрес за природниот имунитет, на овој начин тој омлитавува и го олеснува патот за следни заболувања. Но кои лекови треба да ги упо­тре­ буваме? Не сите препарати кои се препишуваат за настинка и кашлица се добри за нас, бидејќи многу од нив се синтетски и содржат хемиски состојки кои се штетни за организмот. Од друга страна, природните лекови направени од лековити билки кои со векови се применуваат во традиционалната медицина, се безбедни и едноставни за употреба, а практично немаат никакви несакани дејства. За безбедно да се заштитиме себе

Со природни хербални лекови во борба против настинките и вирусите си и нашите најмили од настинка и вируси, треба да применуваме традиционални хербални лекови, како оние од линијата Mucoplant на Dr. Theiss. Првиот производ кој го препорачуваме против кашлица, а може да се употребува во текот на целиот ден, се Mucoplant Бронхосепт капките со анасон и тимјан. Овој препарат е многу ефикасен при спастична, грчевита кашлица, а својата ефикасност ја должи на етеричните масла на тимјанот и анасонот, чии лековити својства се познати со векови. Mucoplant Бронхосепт капките имаат експекторантно, благо спазмолитично и антисептично дејство. Бидејќи не содржат шеќер, особено се погодни за дијабетичари и мали дечиња. За најдобри резултати, се препорачува да се даваат три пати на ден, растворени во вода, чај или природни овошни сокови. Вториот производ против настинки и вируси, идеален за употреба пред спиење, е Mucoplant Еукалиптус балсамот С. Неговата моќ произлегува од волшебната комбинација на етерични масла на еукалиптус, борови игли­чки и камфор. Овој природен производ видливо ги олеснува тешкотиите при инфекциите на дишните патишта, а се употребува за облоги, масажи и инхалации. Најдобро е да се употребува пред спиење, како што тоа го правеле нашите баби, со втривање во градите и грбот, а потоа да се затопли со волнена крпа. Втривањето и завивањето со волнена крпа пред спиење може да даде чудотворни резултати веќе следното утро, со надминати симптоми на настинка или пак големо олеснување кај потешките видови настинка или кашлица. При инхалација, балсамот помага за олеснување на дишењето, а мала количина може да се стави на радијатор и да го освежува воздухот во текот на ноќта. Просториите треба често да се ветреат, бидејќи престојот во непроветрени простории може да ја влоши кашлицата и тешкотиите со дишењето.

Како трет чекор во борбата против тврдокорната ноќна кашлица, го препорачуваме Mucoplant сирупот против кашлица „Добра ноќ“, кој својата ефикасност ја должи на високо концентрираниот екстракт на растението тегавец, билка која од дамнина се употребува за лечење на кашлицата. Екстрактот од тегавец, инкорпориран во Mucoplant сирупот на Dr. Theiss, помага за смирување на сувата и надразнителна кашлица и го олеснува исфрлањето на прекумерниот секрет. Сирупот има противвоспалително и имуностимулаторно дејство. Освен тегавец, содржи и екстракти на тимјан, маточина и камилица, кои во текот на ноќта на природен начин ја ублажуваат кашлицата и помагаат за мирен сон. При справување со настинките и кашлиците од големо значење е елиминацијата на високата создадена слуз во бронхиите и респираторниот систем. Густата слуз (т.н. мукус) претставува идеална подлога за развој на секундарни инфекции или компликации на првичната инфекција. Токму тука Mucoplant препаратите се неприкосновени, особено Mucoplant Бронхосепт капките, заради експекторантната моќ и значително противмикробно дејство на екстрактот од анасон, како и антисептичната моќ и ефектот врз олеснувањето на искашлувањето кај Mucoplant Еукалиптус Балсам С. Ефикасноста на традиционални при­родни хербални лекови од палетата на Dr.Theiss е клинички докажана. Направете ги неизоставен дел од вашата домашна аптека, подарете здравје и природа на Вас и на Вашите најмили!


чн­ост од 98%, сензитивност од 92% и точност во поставената дијагноза до 96%. Поради сè повисокиот про­ цент на ВСА кај фетусите на тр­ удни­ ци без ризик, феталната ех­о­кардиографија во Клиничката бо­ лница „Аџибадем Систина“ се наметна како рутински скрининг во прената­ лната дијагно­ стика на структурните аномалии на феталното срце. Земајќи го ова предвид, информираноста на трудницата за постоењето на оваа неинванзивна ултразвучна дијагностика во најраното откривање на можни ВСА е од многу важно значење. Фетална ехокардиографија од 16. до 21. недела од бременоста Оптималното време за иследување на феталното срце е периодот од 16. до 21. недела на бременоста. Кај високоризични трудници, ова иследување може да се реализира и порано со примена на вагинална сонда (трансвагинален пристап). Феталната ехокардиографија ги ко­­ристи стандардните ехокардио­­гр­ а­­фски техники: еднодимензиона­­­­л­ н­а­та, дводимензионалната, 3Д и ­4Д доплер техника. Доплер техниката е метод без кој денес не може да се замисли ис­ ледувањето на феталниот карди­оваскуларен систем. Во тој контекс, покрај стандардната доплер техника посебно значење има колор доплерот, кој овозможува рапидна визуализација на кардиоваскуларниот протокот на крв кај фетусот. Денес, според податоците на водечките референтни центри,

се смета дека околу 20% од феталните срцеви малформации можат да се дијагностицираат само со колор доплер. Предности на феталната ехокардиографија - Тоа е метод на избор во пренаталната дијагностика на најраното откривање на ВСМ. - Информираност на родителите за состојбата на срцето на фетусот. - Планирање на времето и местото на раѓање блиску до кардиохирушки центар доколку кај фетусот е дијагностицирана ВСА. - Можна терапија кај феталните срцеви аритмии. - Прекинување на бременоста доколку постојат комплексни кардиопатии асоцирани со генетски и хромозомски нарушувања. - Индикација за одредување на кариотип кај ВСА поради високиот процент на асоцијација со хромозомски и генетски пореметувања. - Перспективна фетална ин­тер­ вен­тна кардиологија и кар­диохи­­ р­у­­ргија. - Овозможување на научни соз­ н­а­нија за развојот и текот на ВСА. Сепак, треба да се истакне дека ултразвучното иследување на феталното срце бара огромно ис­ ку­ с­тво на докторот, како и крити­чен пристап во поставувањето на ди­ јагн­ озата. Интересот и значењето на најраното откривање на ВСА со помош на овој метод е од големо зна­чење во водењето на бременоста на трудницата, како и за здравјето на идната рожба. www.acibademsistina.mk

31


ЖИВОТ

Тумор во мозокот Поради тумор во мозокот, докторите ѝ предвиделе на Драгица дека ќе живее уште 10 дена. Парализирана, во кревет, без никаква надеж од докторите, на оваа жена ѝ останало само да верува во чуда. Неврохирургот Јовица Угриновски, со своето долгогодишно искуство и професионалност, ѝ докажа дека чуда, сепак, постојат. По една година од операцијата, кај Драгица нема ниту една трага од болеста.


СО ДОКТОР УГРИНОВСКИ ЈА ДОБИВМЕ БИТКАТА ЗА ЖИВОТОТ

П

ред една година на Дра­ ги­ ца Настевска, пора­ ди ди­јагностицираната бо­л��­ст, ѝ предвиделе дека ѝ преостануваат уште ­10 дена од животот. Битката со бо­леста ја добила благодарение н ­а доктор Јовица Угриновски, кој, ка­ко што вели Драгица, е главниот „ви­новник“ што денеска таа е жива и може да ја раскаже својата прика­зна. Првата дијагноза, слаба циркулација и шилци во вратот

Првите симптоми, трнење на ле­ вата страна од телото, ја исплаши­ ле Драгица. Не знаејќи што се случува со нејзиното здравје, веднаш отишла на лекар, каде ѝ дијагностицирале слаба циркулација и шилци во вратот, кои не претставувале закана за нејзиниот живот. „Еден ден забележав трнење на левата страна на лицето, рацете и ногата. Претходно немав никакви проблеми. Но како одминуваше времето трнењето не се смируваше. Отидов на лекар. Докторот ми кажа дека трнењето е последица на слаба циркулација и шилци во вратот и затоа е потребно да одам

на терапија. Веднаш отидов на физикална терапија, како што ми препорача докторот. Но место подо­ брување, мојата состојба сè повеќе се влошуваше. Трнењето стануваше сè поинтензивно, а постепено почнав да ја губам функцијата на нозете и рацете. Повторно отидов на лекар, кој веднаш ме упати на снимање на главата на магнетна резонанца. Резултатот што следуваше беше вистински шок за мене. Во ниту еден момент не помислив дека за кратко време ќе се соочам со смртта“, раскажува Драгица за почетоците на болеста. Од навидум минлива болест, Драгица добила дијагноза тумор во мозокот. Од една страна тешката дијагноза значела уште малку преостанат живот, од друга страна долга борба со туморот. Драгица не се предала во ниту еден момент и ја почнала непридвидливата борба за живот. Поради туморот, Драгица се парализирала Убедена дека оваа битка ќе ја добие заедно со лекарите, се обратила за помош на повеќе места. Но место поддршка, како што вели, од докторите добила „црвен картон“.

„Сите доктори беа едногласни дека туморот, поради местоположбата, не смее да се оперира. Не знам на колку врати се обратив за помош, колку молев да ме спасат, но од сите го добив истиот одговор, дека треба да се помирам со сè и да се подготвам за најлошото“, објаснува Драгица, која од ден на ден сè повеќе губела надеж. Целосно се парализирала, не можела да оди, а во последните денови престанала да голта. Докторите како последна шанса ѝ препорачале да оди на зрачење во Загреб. Каверномот не реагира на зрачна терапија Според доктор Угриновски, одлуката за зрачна терапија била погрешна. Зрачната терапија која ѝ ја препорачале можела да биде кобна за Драгица. „Се работи за каверном, а тој не реагира на зрачна терапија. Тука има многу контраиндикации. Прво, од зрачењето туморот може да прокрвави. Второ, зрачењето со гама нож е многу ризично да се на­прави на местото каде што е ло­ ци­ран туморот“, доктор Угриновски www.acibademsistina.mk

33


ја објаснува одлуката на лекарите Дра­гица да оди на зрачна терапија. ­ Се молев за спас На Драгица не ѝ преостанало ни­­­­­што друго освен да ги проживее по­­­следните десет дена од животот, ко­лку што ѝ давале докторите. „Последните десет дена бев не­­ подвижна. Двајца ме носеа до тоалет. Само лежев и секојдневно се молев за спас. Единствено што посакував е да живеам“, низ солзи се потсетува Драгица. И најмала грешка може да биде кобна за пациентот Доктор Јовица Угриновски ја ос­ твари нејзината желба. По препо­ рака на пријатели, семејството на Драгица веднаш стапило во контакт и веќе следниот ден дошло во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. „Кога ја видов првпат Драгица беше во многу лоша состојба. Од ед­ ната страна синот, од другата сопругот ја влечеа низ ходникот. Це­лото тело ѝ беше одземено, имаше парализа на лицето и не можеше да зборува ниту да голта. Ги погледнав снимките, сфатив дека се работи за бенинген тумор, но на многу незгодно место. Туморот беше 15 милиметри во големина, но се наоѓаше на мозочното сте­бло кое целото е големо како палец и кое претставува еден „мост“, спој на ’рбетниот мозок со големиот мозок“, објаснува д-р Угриновски за тежината на болеста на Драгица. Според него, сите импулси од мо-

зокот кон периферијата биле блокирани поради туморот. Поради тоа и Драгица била парализирана. Единствениот спас била неврохируршка операција. Но не секој доктор е подготвен за ваков предизвик. Во светот многу ретко се изведуваат интервенции во овој дел од мо­­зокот бидејќи и најмала грешка може да биде кобна за пациентот. За вакви ризични операции е пот­­­ р­еб ­ но големо знаење и долги годи­­ ни искуство. „Кај овој тип операции нема ме­­­­­­­ сто за грешки. Доколку згрешиш са­ мо еден милиметар, можеш да го изгубиш пациентот. Бидејќи не се среќавам првпат со ваква дијагн­­­оза, и досега сум оперирал многу па­­­циенти како Драгица, воопшто не се двоумев да се нафатам и да ја оп­ ерирам“, објаснува доктор Угр­ино­вски, кој веќе следниот ден ја оперирал Драгица. На операци­ јата, која траела 5 часа, успешно ѝ бил изваден туморот. По пет дена пом­ инати во Клиничката болница „Аџи­бадем Систина“, таа се вратила дома. Сега можам нормално да живеам По тешката операција, Драгица брзо заздравувала. „Бев неподвижна, а доктор Уг­ ри­ ­­ новски ме врати во живот. Но не само што ми го спаси животот туку и ми овозможи нормално да живеам. Единствена придобивка од болеста е што во моментите соочена со смртта сфатив колку е мил животот и вреди да се живее“, видно возбудена и со насмевка Драгица раскажува за животната лекција

која ја научила во борбата со туморот. Сега уште посилна, сама чекори низ животот. По една година од операцијата кај неа нема ниту една трага од болеста. Битката со болеста остана како лош момент во нејзиното минато. Четири пациенти за две години Во светот во само малку болни­ ци се изведуваат операции од ваков тип. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како болница на ниво на светските медицински центри, за две години вакви операции се направени кај 4 пациенти. Според доктор Угриновски, ова е голема бројка на оперирани пациенти со оглед на тоа што се ретки случаите на тумори во овој дел од мозокот. Сите пациенти се успешно оперирани без никакви последици. Ми покажавте што е врвна медицинска грижа Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останав само пет дена. Краткиот престој во болницата беше доволно време да ја доживеам врвната медицинска грижа од професионалниот тим доктори, медицински сестри и болничари. Посветеноста и професионално­ ста на доктор Угриновски и неговиот тим ми овозможија да излезам како победник од „натпреварот со туморот“. За секој ден поминат со моето семејство не заборавам да ви се заблагодарам што постоите!


www.acibademsistina.mk

35


ТЕМА

Тумори

Подготви д-р Даниел Петровски – уролог, хирург

- АЛАРМ ЗА


Од тумори на мочниот меур најчесто заболува постарата машка популација. Но и младите треба да бидат внимателни, особено ако забележат крв во урината, што е најчест прв симптом кај ова заболување. Оваа болест е 2 до 3 пати почеста кај мажите отколку кај жените.

КРВ ВО УРИНА

ТУМОР НА МОЧЕН МЕУР

Т

уморите на мочниот меур во однос на појавата се наоѓаат на првите 2 до 3 места според застапено­ ста. Оваа болест е 2 до 3 пати почеста кај машката во однос на женската популација. Најчести тумори на мочниот меур, околу 75 до 85%, се т.н. површни тумори, кои имаат многу подобра прогноза за пациентот за разлика од групата мускулоинванзивни тумори, кои ја зафаќаат мускулатурата на мочниот меур и се јавуваат во 15 до 25% од случаите. Прв аларм - крв во урина Како и за секое друго заболување, раното откривање и третман на болеста значително го подобрува процентот на излекувања кај пациентот. Крвавата урина без присуство на болка е еден од првите симптоми кои треба да го наведат пациентот да се јави на лекар и да ги направи сите неопходни испитувања за да се исклучи или дија­ гностицира неоплазма на мочниот меур. Кај ова заболување може да се појават симптоми на долниот уринарен тракт како зачестеното мокрење, болка во пределот на мочниот меур, потешкотии и напор при мокрење. Матичните лекари кај кои прво се јавуваат пациентите би требало особено внимание да посветат на горенаведените симптоми и доколку постои барем еден од нив, да го препратат пациентот на подетални испитувања кај уролог. Секое одлаwww.acibademsistina.mk

37


гање на третманот или третирање на пациентот како хеморагичен цистит, крвавење поради камче во уринарниот тракт или крвавење поради хиперплазија на простата може да го наведе пациентот во погрешна насока. Дијагностички процедури во откривање тумор во мочниот меур Во иследувањата за раното откривање на болеста спаѓаат ултрасонографски преглед, цитолошки преглед на урината, уринарните молекуларни маркер тестови интравенозна урографија и ЦТ урографија. Најголемо значење има цитоскопијата со која се дија­ гностицира болеста и макроскопскиот изглед на туморот, неговата големина, местоположба и бројот на тумори. Хируршки третман - златен стандард во лекувањето Веднаш по поставувањето на дијагнозата се пристапува кон ендоскопско отстранување на туморот. Со оваа интервенција би требало да биде отстранет целиот тумор. Доколку се работи за инфилтративен тумор, каде е зафатен мускулот, тогаш се зема примерок од туморот и се носи на хистолошка верификација. Во зависност од хистолошкиот наод се планира понатамошното лекување на пациентот. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, откако пациентот ќе се прегледа преку цистоскопија, во што е можно пократок временски период се подложува на оперативен третман и за неколку денови имаме готов хистолошки наод и можност за комплетно понатамошно лекување на пациентот. Комплетните предоперативни иследувања, хистолошкиот наод и оперативното лекување во нашата здравствена установа завршуваат за неколку дена. Од хистолошкиот наод на ендоскопската интервенција зависи и понатамошниот третман на пациентот. Доколку се работи за површен тумор на мочниот меур, може да следи дополнителна интравезикална имунотерапија, а доколку е тоа потребно, и понатамошно следење на пациентите преку цистоскопија на одреден временски период. Радикална цистектомија целосно отстранување на мочниот меур Доколку хистолошкиот наод потврди дека се работи за инфилтративен тумор на мочниот меур, што значи дека е зафатен мускулниот слој на истиот, тогаш пациентот се подложува на една од најсложените операции

во областа на урологијата, а тоа е комплетното отстранување на мочниот меур (радикална цистектомија), а уринарната деривација се пренасочува со што се прави отвор на предниот абдоменален ѕид или

се оформува нов мочен меур од одр­едени делови на тенкото цре­ во. Во зависност од хистолошкиот наод на отстранетиот мочен меур и ли­мфните жлезди зависи дали пациентот ќе се подложи на дополнителна хемотерапија или не. Сите овие сложени интервенции успешно се изведуваат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Прогноза на болеста 5-годишното преживување кај инванзивните карциноми на мочниот меур е околу 66%, а 10-годишното преживување е од 43 до 60%. Доколку со туморот се зафатени лимфните жлезди (присуство на метастази) 10-годишното преживување се намалува и е од 20 до 27%. Воопшто, од градусот на туморот и од зафатеноста на лимфните жлезди зависи вкупното преживување на пациентот и неговата прогноза во однос на повторно јавување на болеста. Уште еднаш би сакале да ја истакнеме важноста на раното откривање на болеста. Ова овозможува веднаш да се применат сите терапевтски можности во однос на туморот на мочниот меур и се зголемува веројатноста за комплетно излекување на пациентот.


www.acibademsistina.mk

39


ТЕМА

Подготви Наташа Чокревска – Зографска, дипломиран биохемичар

Тумори

ТУМОР МАРКЕРИИНДИКАТОР ЗА ТУМОРИ

Т

умор маркерите се молекули кои во поголеми концентрации во крвта, урината или ткивото укажуваат дека пациентот има тумор. Нивното откривање и мерење се користи во дијагностицирањето, како и во лекувањето на карциномот со

цел да се утврди успехот од терапијата. Идеален тумор маркер Не постои идеален тумор маркер кој би ни дал прецизни подато­ ци за видот на тумор (дали е ма­ли­­гнен

или бенигнен) и стадиумот на боле­ ста. Зголемени вредности на тумор маркери може да се појават и кај некои воспалителни процеси, кај кои вредноста на тумор маркерите се намалува откако ќе се излекува воспалението. Но, доколку постои тумор нивната вредност не се на-


Според присуството на тумор маркерите во теле­ сните течности кај пациентот може да се одреди дали постои туморско ткиво во организмот. Нивното откривање и мерење се користи во дијагностицирањето, како и во лекувањето на карциномот со цел да се утврди успехот од терапијата. До денеска се откриени повеќе од 100 тумор маркери, но во лабораториската практика се користат само 20-тина.

малува, туку спротивно се зголемува сè додека болеста не се открие и спроведе соодветна терапија. Мерењето на концентрацијата на тумор маркерите мора секогаш да се користи заедно со други дија­ гностички процедури. Видови тумор маркери Повеќето тумор маркери не се специфични само за еден вид карцином, туку еден тумор маркер може да има зголемени вредности кај повеќе видови на карциноми. Во дијагнозата и во следење на ра­­­­­­­звојот на некои тумори најчесто се ко­ристат следниве тумор маркери: CEA (карциноембриогени антитела) - првпат е откриен кај пациенти со тумор на дебелото црево. Но, зголемени вредности на овој тумор маркер се откриени и кај други карциноми: меланом, лимфом, карцином на штитна жлезда, желудник, грлото на матката, јајчниците, бубрезите, белите дробови и дојките. Исто така зголемени вредности на овој маркер може да се најдат и кај други болести како цироза на

црниот дроб, воспаление на дебелото црево, штитната жлезда и кај хронични воспалителни болести на белите дробови. CEA тумор маркерот најчесто се користи во дијагностицирањето и лекувањето на карциномот на дебелото црево. CA 15 - 3 - зголемени вредности на овој маркер укажуваат на бенигнен или малигнен тумор на дојките. Но, секој тумор на градите не ги зголемува вредностите на CA 15-3, како на пример кога туморот е во почетен стадиум. Само 30% од пациентките со локализиран тумор и 50 до 90% од пациентките со метастазиран карцином на дојката имаат зголемени вредности на CA 15-3. CA 125 е тумор маркер кој во зго­лемени вредности се јавува при ра­злични бенигни гинеколошки за­­

б­ олувања, метаплазија на јај­ чниците, ендометриоза, миоми на матка или воспаление на грлото на матката. Според препораките на Светското здружение на гинеколози и опстетичари, овој маркер има големо значење во одредувањето на различни состојби во гинекологијата, посебно за следење на терапијата и напредок на состојбите кај пациенти со рак на јајчниците. Зголемени вредности на овој маркер се детектираат кај цироза и воспаленија на црниот дроб. CA 72 - 4 е тумор маркер кој во зголемени вредности се јавува при малигни неоплазми на панкреасот, www.acibademsistina.mk

41


јајчниците, дојките, белите дробови и кај други гастроинтестинални тумори. Тој е многу осетлив тумор маркер и заедно со CEA и CA 19-9 се користи како претскажувач на малигни промени во гастроинте­ стиналниот тракт. CA 19-9 е тумор маркер кој во ниски концентрации се наоѓа кај возрасните, а потекнува од црниот

Нови тестови во дијагноза на карцином на јајчници единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Тумор маркерот HE4 и CA125 преку ROMA алгоритамот се најновата генерација дијагностички процедури. Покрај тоа што овозможуваат дијагностицирање на карцином на јајчници во почетен стадиум на болеста, со нив може да се пресмета ризикот од карцином на јајчниците. Овие два револуционерни теста за првпат во земјава како редовна дијагностичка процедура се воведени во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. HE4 има највисока осетливост и специфичност за откривање на ракот на јајчниците, посебно во првата фаза на болеста, која е без симптоми. Во соодносот со CA 125, HE4, заедно, даваат најдобри резултати во раната дијагноза на ракот на јајчниците. Вредностите на HE4 се во корелација со клиничкиот одговор на терапијата или повторното јавување на ракот кај жени со дијагностициран рак на јајчниците. Овие податоци добиени со анализата на HE4 тумор маркерот се потврдени со компјутерски и магнетни снимања, како и со наодите од ултразвук прегледите. Затоа, HE4 е ран, суптилен, битен показател за повторување на болеста на јајчниците. ROMA тест – одредување на ризик за развој на оваријален ка­рцином Со помош на оваа суптилна стратешка алатка може да се предвиди опасноста за развој на рак на јајчниците. Измерените вредности од серумските концентрации на тумор маркерите CA 125 и HE4 земаат значајно учество во носењето правилна одлука за понатамошниот третман на пациентката. Ефективноста од пресметувањето на ризикот со помош на ROMA алгоритамот е докажано во повеќе светски клинички студии и може да им помогне на докторите да ги класифицираат пациентите во групи со низок или висок ризик за појава и развој на епителните тумори на јајчниците.

дроб, белите дробови и панкреа­ сот. Зголемени вредности на овој тумор маркер се наоѓаат кај бенигни и воспалителни процеси на гастроинтестиналниот тракт, црниот дроб, како и кај пациентите со цистична фиброза. Овој маркер има пресудна улога во поставување на дијагнозата и следење на пациентите со карцином на панкреасот. AFP (alfa-feto protein) се користи за следење на бременоста, како и за следење на состојбата на фетусот и предвидување на негови евентуални малформации. Зголемени вредности од нормалните се јавуваат кај дефекти на невралната туба и вентралниот ѕид, а намалени вредности кај хромозомски абнормалности (пр. Даунов синдром). Исто така AFP е добар показател за следење на ризикот од апнеја, како и проблеми со дишењето кај недоносените бебиња. Најчесто се користи за откривање и следење на воспалителни процеси и тумори во црниот дроб и на герминативниот епител на тестисите и јајчниците. HCG се создава во плацентата брзо по вгнездувањето на ембрионот во ендометриумот на матката и потоа се излачува како вишок прво во крвта, а потоа и во урината. Затоа е ексклузивен показател за постоење на бременост. Зголемени вредности се јавуваат кај гастрои­нте­­стинални, урогенитални и бронхиј­ ални тумори, тумори на дојка и лимфоми. Кај пациенти со тумори на тестисите се испитув�� заедно со AFP. PSA е специфичен тумор маркер за ткивото на простатата кај мажите. Зголемени вредности од овој маркер во крвта најчесто укажува на патолошки состојби на простатата, како простатит – воспаление на жлездата предизвикано од инфекција, бенигно зголемување, хиперплазија или малигни состојби. Најчесто се користи за следење на состојбата по операцијата, за следење на ефектот од радиотерапијата и хормонската терапија. Доколку вредностите на овој маркер се негативни, значи дека третманот и терапијата од лекувањето се успешни. Воспаление или физичко оштетување, траума на простатата, може да ги зголеми вредностите на PSA во различни концентрации и за различен временски период.


www.acibademsistina.mk

43


Новитети

Радиохирургија

Гама најф перфекшн (G

ПОСЛЕДНО ДОСТИГН Гама најф перфекшн (Gamma Knife – Perfexion), современиот технолошки модел на гама нож, кој е квалификуван како златен стандард во радиологијата, овозможува лекување тумори на мозокот со само еден третман, без крвавење и без болка, при што не е потребна ризична хируршка интервенција.

П

римената на апаратот га­ ма нож денес е „златен ст­а­­­­­­н­дард“ во радиохиру­­­­­­­­ргија. Тој се користи во лекување тумори во пр­е­­ д­ е­ лот на главата и неговата еф­ и­ касност е докажана со многубројни научни истражувања. Со развојот на технологијата овој метод на лекување стана уште поуспешен со најновиот модел на гама нож, гама најф перфекшн, кој пред една година почна да се применува во Р. Турција. Најновиот модел, гама најф перфекшн овозмо­ жува ефикасно лекување мозочен тумор помал од 3-4 цм со еден тре­тман, брзо и бескрвно. Со примената на овој метод се избегнува ризична хируршка интервенција, се скратува периодот на лекување, а пациентот е изложен на помала ра­ дијација. Со апаратот гама најф перфекшн може да се зрачат места на главата кои порано, со другите ме­тоди, не беа достапни. Овој современ апарат овозможува исто­ времено интензивен третман со зра­чење на повеќе тумори. За методот гама нож и можностите кои ги нуди новиот апарат во лекувањето ра­згова­равме со проф. д-р Селџук Пе­­ кер, неврохирург во болницата „­­Аџи­­бадем Козјатаги“ во Истанбул. СО ЕДЕН ТРЕТМАН МОЖЕ ДА СЕ ЗРАЧАТ ПОВЕЌЕ ТУМОРИ НА РАЗЛИЧНИ МЕСТА ВО МОЗОКОТ Радиохирургијата е метод на лекување тумори со зрачна терапија и има идентичен, а во некои случаи и подобар ефект од оперативното лекување. За разлика од класичните хируршки интервенции каде се вади туморот или заболеното тки-


Текстот е преземен од болницата

Истанбул, Р. Турција

G a m m a K n i f e Pe r f e x i o n )

НУВАЊЕ ВО РАДИОХИРУРГИЈАТА ЗА ЕДНА ГОДИНА 815 ПАЦИЕНТИ СЕ ЛЕКУВАА СО ГАМА НОЖ Во болницата „Ацибадем Козјатаги“ минатата година со гама нож се лекуваа 815 пациенти. Ова е голем успех ако се спореди со просечната бројка на врвните светски медицински центри каде годишно со овој метод се лекуваат околу 600 пациенти. во, со радиохирургијата се делува директно врз туморската клетка и се уништува нејзиното јадро. Со милиметарски прецизна техника, од повеќе извори на зрачење, туморот на мозокот се третира со вкрстен „оган“ и истиот се уништува без да се оштети здравото ткиво на мозокот. „Нападнати“ на овој начин, туморските клетки ја губат способноста да се размножуваат и прехрануваат, што доведува до нивно изумирање. Со овој метод може да дојде до комплетно исчезнување на туморот. Од 1968 година со примената на гама нож, покрај тумори во главата, се лекуваат и васкуларни и

тригеминални невролошки болести кои предизвикуваат болки во лицето. Радиохирургијата со гама нож се темели врз принципот на зрачна терапија. Најпрво со помош на компјутеризирана томографија се утврдува туморот во мозокот, неговата точна локализација и големина. Потоа, со посебна компјутерска програма (базична стереотаксична рамка), без можност за грешка или отстапување од зададените координати, туморот се зрачи со зраци кои произлегуваат од кобалтен извор. Секој извор од зраците зрачи со ниска јачина, па поради тоа не му штети на здравото ткиво на мозокот. Мозочните тумори помали

од 3,5 сантиметри во дијаметар може да се лекуваат со овој метод. Со апаратот гама најф перфе­кшн се врши зрачење од 192 точки и во една сеанса може да се лекуваат повеќе тумори. СЕ ПРИСТАПУВА ДО СИТЕ МЕСТА НА ЧЕРЕПОТ Гама нож методот се користи пр­­ ед сè во лекување на мозочните ту­­мори. Исто така се применува во сл­­у­чаи на метастази во мозокот пр­­­­­­­е­­ д­и­звикани од канцерогени кле­тки од други заболени места во телото, кои не може да се лекуваат хи­­­р­у­­р­­­­­ш­ки. Овој метод дава успешни резултати и во лекувањето на бенигните тумори во нервите за слух или во мозо­ чната мембрана. Треба да се истакне дека за ус­ пехот од терапијата многу е важ­­­­ но раното откривање на болеста. Третманот со гама нож има најдобри резултати во лекувањето

www.acibademsistina.mk

45


тумори со пречник од 3 до 4 сантиметри. Поради рамката која се ко­ристи при зрачењето, овој метод не се препорачува за деца под 3 години. Со овој вид терапија може да се избегнат сите компликации при класичните операции, како што се крвавење или инфекции, и е многу подобар третман за лекување пациенти со белодробни и срцеви заболувања. Гама нож успешно ги лекува ту­ морите во пределот на главата, до­дека со новата генерација гама најф перфекшн успехот во лекувањето е уште поголем. За разлика од гама нож, кој не се применува за лекување во пределот на лицето и околу очите, со перфекшн лесно се пристапува до местата како што се синусите и грлото. Според проф. д-р Пекер, овој апарат е од големо значење бидејќи со него може да се третираат тумори во кој било дел од главата. ЛЕКУВАЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ ПОВТОРИ Третманот со гама нож може да се повтори доколку кај пациентот во текот на понатамошното следење повторно се појават нови тумори. При зрачење со гама нож не се оштетуваат здравите клетки во мозокот. Со развојот на компјутерските технологии се заштитуваат здравите ткива на мозокот, со што се намалува ризикот од несакани појави предизвикани од зрачењето. СЕ СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ЛЕКУВАЊЕ Предноста на новиот апарат гама најф перфекшн во однос на гама нож е што се намалува времетраењето на третманот. Во зависност од дозата, третманот со гама нож трае од 10 минути до 3 часа. Со новиот апарат времетраењето се намалува за една третина. Овој апарат, кој го зголемува ефектот на лекувањето и го намалува ризикот на несакани појави, значително го намалува времетраењето на третманот. Едно од бројните технолошки подобрувања на новата генерација апарати гама нож е комфорот на пациентите кои имаат фобија од затворен простор. Апаратот гама најф перфекшн е прилагоден за нив. Кога пациентот ќе влезе во апа­ ратот над него останува отворен простор од 75 сантиметри, што овозможува третман без чувство на страв. Според проф. д-р Селчук Пе-

кер, со овој апарат може да се интервенира на метастази на 10 различни места во мозокот. Предноста со гама нож е во тоа што нуди третман - лекување без анестезија и интензивна нега. За разлика од класичните неврохируршки интервенции, со примената на овој метод нема потреба од стрижење на косата и естетско нагрдување на пациентот, а по третманот не остануваат лузни на кожата. Пациентот истиот ден се враќа дома способен да ги извршува секојдневните обврски. НА ШТО ДА ВНИМАВАТЕ ПРИ ИЗБОРОТ НА БОЛНИЦА? Во Р. Турција има пет центри за гама нож. Единствено болница­ та „Аџибадем Козјатаги“ ја има по­ сле­ дната генерација гама најф пе­­­­р­ ПРВ ПРИВАТЕН ОНКОЛОШКИ ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА Карциномот е болест која ба­­ра мултидисциплинарен при­­­ стап во дијагнозата и леку­ вањето. Ваквиот пристап е главен предуслов за успешно лекување на пациентите со малигни болести. За таа цел Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како врвна и најсовремена болница, во септември 2013 година ќе го отвори првиот приватен онколошки центар во земјата. Со ова, покрај веќе докажаната современа дија­ гностика и хируршки третман, пациентите ќе имаат можност за комплетно лекување со радио и онколошка терапија по пример на врвните онколошки центри. Центарот ќе располага со најсовремена дијагностичко-терапевтска апаратура (ПЕТ скен, линеарен акцелератор), со што ќе се овозможи мултидисциплинарен пристап и лекување на малигните заболувања според највисоки стандарди и протоколи. Во процесот на лекување пациентите ќе имаат целосна поддршка од веќе докажаниот тим доктори од областа на радиологија, хирургија, онкологија, радиотерапија и патохистологија. Составен дел на центарот ќе биде и предоперативна и постоперативна нега на пациентот, рана физикална рехабилитација со поддршка од психолог.

фекшн. При изборот на болница тре­­ба да внимавате на следново: * Голема улога во лекување­то има искуството на персоналот. Ек­и­­пата која методот гама нож го при­­менила на голем број различни ди­ јагнози има големо искуство во ле­кувањето и може многу подобро да ги процени потребите на пациентот. * Во оваа област од медицината многу е важно персоналот по­с­ т­ојано да се надградува на специ­ ја­ лизирани обуки во земјата и во стр­анство. Екипата која ги има со­ владано најновите светски дос­тиг­ нув­ања во примената на овој метод овозможува низа предности во ле­ кувањето на пациентот. * Центрите со најсовремена те­­­­­­­­­х­­­н­­о­­­логија го зголемуваат успехот од лекувањето. Голема улога ­ во ус­­пехот од лекувањето има и при­ др­­­ужна­та апаратура (како рендген, ехо, ко­­мпјутеризирана томографи­ ја, ма­­­гнетна резонанца) кои се ко­ р­­­и­­­ст­ат во планирањето на те­рапи­ ја­­та со гама нож и треба да се „по­­­­ следе­н збор“ на медицинската те­­­­­­х­ но­логија. ФАЗИ НА ТРЕТМАНОТ 1. Во локална анестезија, на г­л­а­ вата на пациентот се става специ­ја­­­л­ на рамка (стереотаксична ра­мка). 2. Пациентот се снима со магне­ тна резонанца со цел прецизно да се утврди местото што ќе се зрачи. 3. Откако ќе се означи местото на зрачење, се прилагодува количината на радијација. 4. По планирањето, пациентот се сместува удобно во апаратот. ­ ­За време на третманот не чувствува ни­­к­аква болка. ВНИМАВАЈТЕ НА СЛЕДНИВЕ СИМПТОМИ Во Турција секоја година се ди­ ја­ г­ ностицираат околу 2-3 илјади ли­ца со мозочен тумор. Мозочните тумори имаат два вида симптоми. Едниот вид се симптомите на притисокот во главата како резултат на кои може да се јават силни главо­ болки со нагон за повраќање. Др­у­ гата група симптоми се: губиток на сила и трнење во рацете и нозете, парализа на мускулатурата на лицето, намалување или губење на видот и слухот. Доколку забележите некои од овие симптоми, веднаш треба да се јавите на невролог. Од големо значење е болеста да се открие навреме бидејќи само во тој случај е голем успехот од лекувањето.


www.acibademsistina.mk

47


Новитети

Центар за спортска медицина

ЦЕНТАР ЗА СПОРТСКА МЕДИЦИНА

„АЏИБАДЕМ ФУЛЈА“ ВИСТИНСКА АДРЕСА ЗА СИТЕ Центарот за спортска медицина „Аџибадем Фулја“ во Истанбул, прв од ваков тип во Р. Турција, е местото каде љубителите на спортот, без разлика дали се професионалци или аматери, може да добијат широк спектар услуги, стручни консултации, дијагноза и третман на сите спортски повреди. Со мултидисциплинарен пристап и најсовремена технологија, за спортистите се грижат високо специјализирани експерти од областа на спортската медицина.

Р

едовната физичка активност сè повеќе се по­­ пу­ ларизира. Пара­лелно со ова се наметнува и потребата за спортска едукација. Ако во минатото се сметаше дека само професионални­те спортисти тр­­­еба да пр­ават редов­ни ме­ дицински ­прегледи, се­га ставовите се сменети. По­крај пр­­офесионалните сп­­о­­рт­исти, ре­ довни сп­о­ртски прегледи се за­ д­олжителни за секој кој редовно спортува. Доколку спортувате, пр­­о­фесионално или ам­­­а­­ те­рски, најдобри совети и препораки може да добиете во спе­цијализи­раните центри за спортска ме­ ди­ цина. Овие центри се наменети за едукација и лекување на сите спортисти без разлика на возраста. Проф. д-р Омер Ташер, специјалист по ортопедија и трауматологија и шеф на Центарот за спортска медицина Фулја,


Текстот е преземен од болницата

Истанбул, Р. Турција

СПОРТИСТИ

Најдобрите го одбраа „Аџибадем Фулја“, центар за спортска медицина Водејќи се според својата основна цел – унапредување и одржување на здравјето на спортистите на највисоко ниво, светската фудбалска федерација ФИФА го класифицираше центарот за спортска медицина „Аџибадем Фулја“ како „ФИФА Центар на врвна практика“ (FIFA MEDICAL CENTRE OF EXCELLENCE). На тој начин, „Аџибадем Фулја“ е акредитиран од страна на ФИФА како „Центар на врвна практика“. Овој сертификат во светот го поседуваат само 26 центри за спортска медицина. при Здравствената групација „Аџибадем“, објаснува како треба да изгледа еден совршен центар за спортска медицина. Центар за спортска медицина „Аџибадем Фулја“, место за секој љубител на спортот Центарот за спортска ме­­ дицина „Аџибадем Фу­ лја“ не е наменет само за про­ фесионални­те спортисти. Вратите на овој це­­­­­­­­н­ тар се ширум отворени за сите возрасти од 7 до 77 години, кои спортуваат аматерски и се љубители на спортот, или, пак, поради здравствени проблеми треба да вежбаат. Тука се подготвуваат програми за лекување и рехабилитација на сите повреди на мускулно-скелетниот систем. Исто така се изработуваат и специјални програми со вежби за пациенти кои поради здравствени проблеми мора да вежбаат. Спортистите, пак, се едуцираат како да ги превенираат повредите, но и како да ги зголемат

своите потенцијали. На пациентите со хронични болести кои сакаат да спортуваат им се подготвува програма според нивната здравствена состојба. Исто така тука можеме да утврдиме кон кој спорт некое дете има афинитети, што значи дека на секој наш клиент му се пристапува индивидуално и според тоа се даваат индивидуални препораки за вежби и спортување. Мултидисциплинарен пристап во лекувањето на спортските повреди Во работата на центарот за спортска медицина „Аџибадем Фулја“, со цел да понуди квалитетни услуги, вклучени се повеќе специјалисти. Тука спаѓаат: специјалист ортопед и трауматолог, спортски лекар, специјалист за физикална терапија и рехабилитација, физи­­ отерапевт за вежби, нутриционист, психолог, тренер и кондициски тренер. Екипата е подготвена да ги детектира и коригира сите неправилности во однесувањето и движењето на спортистите за време на тренинг или на натпревар. www.acibademsistina.mk

49


Најсовремена технологија и апаратура Во рамките на центарот за спо­­ртска медицина „Аџибадем Фулја“ постои Oддел за радиолошко снимање, како и Oддел за хируршки интервенции. Покрај ова, во својот состав има и Oддел за физиотерапија и рехабилитација, како и апарати со кои се мерат перформансите кај еден спортист кои подоцна се имплементираат во тренинг програма со чија помош се учи како на здрав и безбеден начин да го искористат својот максимален потенцијал за постигнување врвни спортски резултати. Апаратите со кои се тестираат спортските потенцијали даваат податоци за силата на мускулите, нивната издржливост, рамнотежа, ризикот од повреди, капацитетот, како и ризикот од кинење на мускулот. Во склоп на центарот има и посебна програма и опрема со која се тестираат можностите на пациенти со хронични болести, како и капацитетот кај децата. Исто така има можност за спроведување на различни тестови за секоја гранка од спортот. Можности за тестирање на спортисти од различни дисциплини Еден атлетичар кој се натпреварува во трчање на 100 метри патеката може да ја истрча за помалку од 10 секунди, додека во спортската дисциплина триатлон натпреварот може да трае со часови. Центар за спортска медицина „Аџибадем Фулја“ има посебна инфраструктура која е прилагодена на потребите на сите спортови. Тоа значи дека на исто ниво може да се тестира атлетичар кој трча на маратони долги 40-ина километри, но и спортисти кои се натпреваруваат во дисциплината дигање тегови или, пак, пливачи. Токму поради ова специјализираните центри за спортска медицина треба да поседуваат и специјални апарати за разлика од стандардните болници. Во склоп на центарот за спортска медицина „Аџибадем Фулја“ има спортски сали на отворено и затворено кои нудат можности за спортување во

различни категории. Тестовите за секој спортист се во согласност со спортот што го тренира. На пример еден пливач може да се тестира со група на тестови за сила, но исто така е потребно да се тестира и во вода додека плива. Едукација и обука на спортистот Во Центар за спортска медицина „Аџибадем Фулја“ лекарите ги следат сите новитети поврзани со здравјето на спортистите и истите ги пренесуваат на спортистот. Исто така лекарите ги едуцираат спортистите како да се однесуваат и што треба да направат доколку се случи спортска повреда. Следење и третман на спортска повреда Еден повреден спортист од моментот на повреда до неговото враќање на спортските терени мора да работи со неколку специјалисти. На пример спортист со скинати предни вкрстени лигаменти прво оди на третман кај специјалист по ортопедија и трауматологија, потоа физиотерапевт, потоа кај спортски лекар, тренер и кондициски тренер. За да биде успешен процесот на лекување и рехабилитација, потребна е координација и соработка меѓу сите претходно наброени стручни лица. Затоа во

Оддел за физикална терапија, рехабилитација и центар за спортска медицина во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во континуитет го поддржува македонскиот спорт и се залага за здравиот начин на живот на спортистите со цел да се постигнат максималните резултати на спортските терени. Во таа насока, во април 2013 година како дел од новите програми, на задоволство на сите инволвирани во спортот ќе биде отворен Oдделот за физикална терапија и рехабилитација во рамките на нашата болница, концепиран по примерот на „Аџибадем Фулја“. Искуството и поддршката од светски признатиот „Аџибадем Фулја“ го сметаме за голема придобивка и причина повеќе Македонија да добие центар кој ќе биде вистинската адреса за сите љубители на спортот.

рамките на „Аџибадем Фулја“ се вклучени сите специјалисти со цел да се одбере најдобриот начин во лекувањето и рехабилитацијата на пациентот. На овој начин се постигнува максима��ен успех во лекувањето со тоа што навреме ќе се решат сите проблеми кои ќе се појават. Превенција од спортски повреди Една спортска повреда за клубовите и спортистите претставува долготраен и скап процес на лекување и отсуство од спортските терени. Едукацијата на спортистите за превенција од повреди е од големо значење. Тоа значи да се детектираат и коригираат грешките што ги прави спортистот при трчање, стоење, станување или паѓање. За ова е потребно да се тестира рамнотежата, силата на мускулите, како и да се утврдат карактеристиките на стапалата. Ризичните движења кои спортистот не може да ги забележи, а истите не се забележани од тренерите, се откриваат од мултидисциплинарна екипа во центарот за спортска медицина „Аџибадем Фулја“, која на проблемот му приоѓа од различни аспекти преку примена на различни тестови. Родителите честопати се во дилема на кој спорт да ги запишат своите деца. Одговор на ова може да добијат во центарот за спортска медицина „Аџибадем Фулја“ преку тестирање на децата. Кај детето се тестира брзината во трчање, издржливоста, флексибилноста, рамнотежата. Резултатите се споредуваат со резултатите од деца на иста возраст и потоа се одредува каде детето има подобри резултати. Овие податоци не можат да предвидат дали детето ќе биде добар спортист или не, тие се само мислење. Кој спорт ќе го одбере детето покрај од способностите зависи и од интересот на детето, како и од можностите на неговото семејство.


Македонија – расадник на морнари

М

алкумина знаат дека во Македонија како македонска фирма постои и работи најголемата крузис агенција во Европа која обучува и вработува кадри во оваа индустрија. Можеби за многумина нема да биде логично што токму Македонија, држава која нема море, е земја расадник на најголемиот број морнари во целиот свет. Сето ова се случува веќе 16 години, поточно уште од 1997 година кога

почна да работи компанијата „Коузон“, тогаш како мала агенција, а денес како најголема компанија во Европа за ова дејност, компанија позната и ценета насекаде во светот. Покрај тоа што им дава можност на голем број луѓе да го остварат својот сон, „Коузон“ е и компанија која обучува морнари. Така во јуни 2011 година, во Скопје, „Коузон“ во соработка со „Ројал Карибијан крузис лајн“ (Royal Caribbean Cruises Line) отвори тренинг академија за обука на оваа компанија. Во октомври 2011 година „Коузон“ за потребите на компанијата „Селебрити крузис“ (Celebrity Cruises) во Македонија ја отвори првата академија за обука во светот. Овие две компании се фирми-ќерки на компанијата „Ројал Карибијан интрнешнл“ (Royal Caribbean International), која е лидер во светската крузис индустрија. Во овој тренинг центар во Македонија ги собираат и обучуваат сите идни морнари од цела Европа. Како резултат на оваа соработка, „Коузон“ почна да ги продава и крстарењата на овие светски познати крузис компании. Така сега во Скопје ќе можете да си резервирате одмор од соништата и да уживате на преубавите бродови, со најдобрата услуга и најљубезен персонал. „Можеби многумина ќе помислат дека крстарењата се скапо задоволство, но со полна одговорност тврдам дека тоа не е вистина“, изјавува Зоран Кочоски, менаџер на „Коузон“ корпорацијата. Тој додава дека крстарењата со овие морски убавици се со цени пониски од еден стандарден одмор во Турција. „Јас искрено се надевам дека македонскиот пазар ќе го препознае овој нов продукт како атрактивен и ќе имаме гости од Македонија кои пловејќи низ најпрестижните дестинации во светот ќе бидат задоволени и послужени од Македонци“, ја завршува својата изјава г-дин Кочоски.

www.acibademsistina.mk

51


Тема

Зглобна ´рскавица

Подготви м-р д-р сци Небојша Настов - трауматолог, хирург

БИОЛОШКИ ТР Н А З ГЛ О

Автологната трансплантација на коскена ´рскавица овозможува за кратко време комплетно да се врати функцијата на зглобот. Можноста за отфрлање на трансплантатот е сведена на минимум бидејќи интервенцијата се прави со трансфер на сопствено ткиво.

´Р

скавицата претставува специјално ткиво кое ја обложува внатрешноста на зглобовите во телото. Нејзината функција е во тоа што помага во подвижноста, како и во распределба на оптоварувањето во зглобовите. ´Рскавицата нема крвни садови преку кои би се хранела, па поради тоа е отежната нејзината регенерација. Затоа сите оштетувања на ´рскавицата не само што не се санираат сами по себе туку со тек на време и се влошуваат. Единствен начин да се спречи понатамошното оштетување и уништување на ´рскавицата, а со тоа и да се спречи оштетувањето на зглобот во-

општо, е да се отстранат причините. Спортските повреди ја оштетуваат ´рскавицата Најчести причини кои доведуваат до оштетување на ´рскавицата се спортските или друг тип повреди во пределот на зглобовите. Тие може да бидат директни, повреди при директен удар во пределот на зглобовите, но и индиректни, т.е. повреди на другите делови од зглобовите кои подоцна доведуваат до оштетување на ’рскавицата (повреда на менискусите или лигаментите која доведува до оштетување на ´рскавицата).

Вродените деформитети на екстремитетите Покрај спортските повреди, ту­ ка се и т.н. конституционални (вродени) деформитети кои доведуваат до побрзо „трошење“ на ´рскавицата на зглобовите. Тука спаѓаат вродените деформитети на екстремитетите, особено на нозете затоа што врз нив е најголемо оптоварувањето при движење. Ова доведува до оштетување на ´рскавицата на колковите, колената и скочните зглобови. Следствено на ова, најголем дел од овие хируршки интервенции се изведуваат токму на


ЕТМАН ВО ЛЕКУВАЊЕТО Б Н АТА ´ Р С К А В И Ц А овие зглобови. Секако како причини за оштетување на ´рскавицата не треба да ги заборавиме и заболувањата како што се ревматоидниот артрит, гихтот и некои други метаболни нарушувања кои резултираат со оштетување на зглобната ´рскавица.

се практикува конзервативен (неоперативен) третман. Доколку овој третман не даде очекувани резултати, тогаш се преминува на хируршко лекување. Во оваа група се повеќе минимално инванзивни постапки, како и поголеми хируршки интервенции.

Лековите против болка не го решаваат проблемот со оштетена ´рскавица

Автологна трансплантација на коскено-´рскавични трансплантати

Без оглед на возраста, потре­ бно е да се знае дека во третманот на оштетената ´рскавица многу е важно да се открие причината за нејзиното оштетување. Многу пациенти со ваков проблем се лекуваат со аналгетици или парамедицински методи. Но ова е многу погрешно бидејќи освен што привремено ќе ја намалат болката и нема да се излекуваат, туку напротив нивната состојба само ќе се влошува. Важно е да се знае дека третманот не секогаш мора да биде хируршки, напротив, во почетната фаза на оштетување на зглобната ´рскавица секогаш до максимум

Од повеќето третмани на оштетена ´рскавица кои ни стојат на располагање во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ сè повеќе се практикува и т.н. автологна трансплантација на коскено–’рскавични трансплантати (познати како OATS техника). Оваа техника се состои од пресадување на коскено-´рскавични парчиња со цилиндрична форма, кои се земаат од условно кажано „помалку важни“ места во зглобот на пациентот и се пресадуваат на повеќе оптоварените и „поважни“ места во зглобот. Со ова се овозможува комплетно враќање на функцијата на оштетениот зглоб за кра-

ток период. Секако, и оваа техника има свои ограничувања, во однос на возраста на пациентот, како и состојбата т.е. големината на оштетениот дел од зглобот. Последното особено е важно поради тоа што местата од каде може да се земе ´рскавица за пресадување се ограничени. Автологна трансплантација се работи во еден акт и речиси не постојат шанси за отфрлање на трансплантатот поради тоа што се прави трансфер на сопствено ткиво од едно место на друго. На крајот да истакнеме дека овој метод на третман на оштетената ´рскавица треба да се сфати како можност за биолошко (природно) заздравување на зглобната ´рскавица. Со овој метод може да се третира зглобната ´рскавица на сите поголеми зглобови во човековото тело (колено, колк, скочен зглоб, рамо или, пак, лакот). Исто така може да се примени и во случаи на трауми на зглобовите, како и во случаи кога постојат вродени или стекнати деформитети во пределот на зглобовите.

БИО БРАН-ВИСТИНСКИ ИЗБОР КАЈ ХПВ и ЦИН Инфекцијата со ХПВ (хуман папилома вируси –група ДНК вируси) е многу честа појава во денешно време. Постојат повеќе од 150 типови од кои преку 40 се пренесуваат со сексуален однос и ги заразуваат гениталиите кај жени и кај мажи. Повеќето типови не предизвикуваат промени, додека некои полово преносливи типови ХПВ може да предизвикаат генитални брадавици (папиломи). Високоризичните типови може да доведат до цервикална интраепителна неоплазија (ЦИН), вулварна интраепителна неоплазија (ВИН), пенилна интраепителна неоплазија (ПИН) или анална интраепителна неоплазија (АИН). Понатаму може да напредуваат и до предканцерозни лезии и инвазивен карцином на пенисот, вулвата, анусот како и карцином на грлото на матката (цервикален карцином), кој после карциномот на дојка е најчест кај жените. ХПВ и ЦИН промените најче��то не се проследени со видливи симптоми, но често се јавуваат и папиломи, а со тек на време имунитетот се повеќе опаѓа. При тоа доага до зголемена можност за допонителна бактериска или габична инфекција. Откривање на овие промени се врши со посета на гинеколог – детален гинеколошки преглед, правење на ПАП тест потоа колпоскопија, биопсија, како и типизација на постоечкиот тип на вирус. Абнормалите клетки кои би се нашле во брисот се поделени во неколку групи: -во нормални граници ; -бенигни клеточни промени ; -атипични плочести клетки (ASC)- ASC со недетерминирано значење(ASC-US), ASC не исклучува интраепителни сквамозни лезии од висок степен (ASC-H) -плочеста интраепителна лезија од низок степен-LSIL-одговара на блага дисплазија (ХПВ, ЦИН 1) -плочеста интраепителна лезија од висок степен-HSIL – одговара на умерено тешка ЦИН2 и тешка дисплазија ЦИН3, -плочест карцином суспектен за инвазија -плочест карцином За среќа, имунолошкиот систем ги отстранува повеќето од ХПВ и ЦИН промените и тие не прогредираат до повисок степен и карцином. Карциномот најчесто се појавува кај луге кои биле заболени со ХПВ долг период, бидејки процесот на трансформација на нормалните цервикални клетки во канцерогени е бавен. БИО БРАН-МГН-3 претставува arabinoxylan complex добиен по пат на единствена патентирана постапка на разложување на оризовите влакна со помош на ензими од шитаке печурки. Финалниот производ е со таква

чистота што е безбеден и за корисници кои се алергични на печурки. Сите истражувања јасно покажуваат дека Био Бран-МГН-3 го активира имуниот систем преку зголемување на продукцијата на цитокините (интерферони, интерлеукини и тумор некрозис фактор) кои што делуваат на уништување на непријателските клетки и вирусите директно, како и на активирање на Т и Б лимфоцитите, макрофагите и особено на НК клетките. Ова не е случај со повеќето навидум слични производи. БИО БРАН-МГН-3 го стимулира ослабениот имун систем многу моќно и безбедно, без токсични ефекти и без резистентност. Затоа е одличен избор како додаток во исхраната со докажани врвни резултати кај пациенти најчесто од женска но и од машка популација со ХПВ и ЦИН промени. M.Ghoneum професор на Одделот за Имунологија при Drew University of Medicine & Science, САД вели: “Повеќе од триесет години ги истражувам природните имуномодулатори и БИО БРАН-МГН-3 е најмоќниот природен имуномодулатор кој сум го тестирал досега” М-р фарм. Марија Велкова Стручен соработник Натура Плус доо. 02 / 3 110 951 071 / 39 93 83 www.natura-plus.net www.acibademsistina.mk contact@natura-plus.net

53


Тема

Неплодност кај мажи

Спермограм е тест со кој се одредува плодноста кај мажот со одредување на квалитетот и квантитетот на спермата. Поради честите варијации на резултатите од спермограмот, се препорачуваат 2 до 3 едноподруго анализи во рок од 45 дена.

СПЕРМОГРАМ – ТЕСТ ЗА ПЛОДНОСТ

Р

епродуктивната способност на мажите почнува околу 16. година од животот. По 45. година доаѓа до намалување на фертилноста (иако има случаи мажи постари од 80 години да зачнат деца). Неплодноста (инфертилитетот) кај мажите може да биде предизвикана од повеќе причини како што се: коитални проблеми, аномалии на сперматозоидите, нарушувања во развојот на тестисите, пенисот и утетрата, ендокринолошки фактори (болести на тиреоидната жлезда, дијабетес), имунолошки фактори, уро-генитални инфекции (венерични болести, хроничен простатитис, заушки, бруцелоза, туберкулоза...), физички повреди, прекумерно конзумирање кафе, алкохол, никотин, марихуана, „тврди наркотици“, употреба на медикаменти (пр. хемиотерапија), присуство на варикоцели и хидроцели во скоталната кеса. Испитувањето на спермата е еден од најважните и основни методи за одредување на тестикуларната функција. Спермограм е тест со кој се одредува плодноста кај мажот со одредување на квалитетот и квантитетот на спермата. Спермограмот ја одразува ди-

ректно состојбата и функцијата на герминативниот епител, како и индиректно активноста на ендокриниот тестис и функцијата на хипоталамо-хипофизниот систем. Човечката сперма како ејакулат претставува суспензија на сперматозоиди во семиналната плазма. Кај ејакулатот прво се појавуваат неколку капки на секрет од уретралните жлезди, по што следи секрет од простатата, често без сперматозоиди. Средниот дел се состои од секрет со семените меурчиња и сперматозоиди, додека на крајот следува вискозниот, густ дел. Свежиот ејакулат претставува белузлава, желатинозна течност во која се наоѓаат мали опалесцентни дамки кои содржат најмногу сперматозоиди, со мирис кој потсетува на цвет на див костен. Количината на ејакулатот е 2 до 10 милилитри ( просечно околу 5 милилитри). Бројот на сперматозоидите во ејакулатот се добива со множење на концентрацијата со волуменот на спермата. Карактеристики на сперматозоидите Се смета дека постои висока оплодна моќ кога бројот на сперма-

тозоиди е до 185 милиони на милилитар. Исто така се претпоставува дека фертилноста е намалена ако има помалку од 50 милиони активни сперматозоиди на милилитар. При тоа треба да бидат подвижни барем 60% од сперматозоидите, при што е важно да се движат прогресивно, а не во место. Сперматозоидите стануваат подвижни дури по ејакулацијата. Во гениталниот тракт на жената сперматозоидите се подвижни 48 до 72 часа по ејакулацијата движејќи се со брзина од 0.5 до 3 мм во минута. Вкупната должина на човечкиот сперматозоид изнесува 0.05 мм. Околу 1/10 отпаѓа на главата, исто толку на средниот дел, а остатокот е опашката. Одредување на способноста за оплодување на сперматозоидите Одредувањето на морфологијата на сперматозоидите се прави со помош на оптички или електронски микроскоп. Поради хетерогеноста на сперматозоидите кај човекот во однос на формата и големината, се анализираат најмалку 200 сперматозоиди. За изразување на наодите од анализа на спермограмот се корис-


Подготви д-р Митко Ивановски – гинеколог, акушер

Основните методи во лекувањето на машкиот инфертилитет 1. Хируршки методи (подразбираат најчесто реконструктивни операции, варикоцелектомии, балон дилатации и сл.). Истите се изведуваат со отворена хирургија или по ендоскопски пат при определени заболувања на тестисите или семеноводите. 2. Хормонална терапија на некои форми на азоспермија или олигозооспермија. 3. Искуствено и симптоматско лекување (со витамини и олигоелементи, билни препарати, антибиотици, метилксантини итн.). 4. Со примена на асистирани репродуктивни техники како што се: А) AIH (Arteficial insemination husband) - инсеминација на спермата на мажот која се применува при: мал волумен на ејакулатот, мал број на сперматозоиди, негативен посткоитален тест, импотенција, зголемена вискозност на спермата и сл. Б) AID (Аrtefitcial insemination donor) - инсеминација со сперма од донор која се применува кај случаи со азоиспермија, олигоастеноспермија, ејакулаторни проблеми, наследни болести и сл. В) IVF (In vitro fertilizacija) Г) ICSI (Intracitoplasmatic spermal inclusion) и други техники. ти универзалната класификација: - Нормоспермија - кога кон­ цен­ трацијата, подвижноста и формата на сперматозоидите се над наведените долни граници; - Аспермија - отсуство на сперма; - Хипоспермија - волумен под 2 мл;

- Хиперспермија - волумен над 6 мл; - Азоспермија - отсуство на сперматозоиди; - Олигозооспермија - помалку од 40 милиони сперматозоиди на милилитар; - Полизооспермија - над 250

милиони сперматозоиди на милилитар; - Астенозооспермија - намалена по­движност на сперматозоидите (под 50-60%); - Тератозооспермија - над 40% на абнормални форми на сперматозоиди.

www.acibademsistina.mk

55


Освен од морфолошките карактеристики, способноста за оплодување на спермата зависи и од нејзините физичко-хемиски карактеристики. Од голема важност е фруктозата, која дава енергија за движење на сперматозоидите. Хијалуронидазата овозможува пенетрација на сперматозоидите во јајната клетка. Исто така, важно е нормалното присуство на киселата фофатаза, лимонската киселина, цинкот, простагландинот и други состојки. „Послаба сперма“ - нарушена сперматогенеза Понекогаш причината за „по­ слабата сперма“ може да биде нарушено создавање на сперматозоидите (сп­е­рматогенеза) или пр­ ечки во изла­ чувањето на спермата. Најчести причини за нарушена сперматогенеза се хромозомопатии, конгенитални аномалии, воспаленија на тестисите, алкохолизам, ра­бота во прегреани простории (топилници и сл.), престој на надмо­рски висини поголеми од 3000 м без аклиматизација, како и поголеми трауми. При анализа на спермата обично се гледа изгледот и количината на ејакулатот, потоа бројот, виталноста и морфологија-

та на сперматозоидите. Таквиот наод се нарекува спермограм. Со оглед на потребата од стан­ да­рдизирање на анализата на сп­е­­­­р­ мата се препорачуваат одредени пр­и­­нципи. Најчесто се препорачува 3 до 7 дена апстиненција (најче­ сто 4 дена) пред да се направи сп­е­­р­мограмот. Мажот треба да е во до­бра здравствена состојба, со от­су­­ ство на фебрилни епизоди (>38˚­ C) во последните 45 до 60 дена и да не користи алкохол и цигари во периодот пред анализата. Пора­ ди честите варијации на спермо­­гр­­­а­мот се препорачуваат 2 до 3 анализи во рок од 45 дена. Како се остава примерок за спе­рмограм? Спермата за анализа се добива со мастурбација. Препорачливо е примерокот да се добие со мастурбација, во просторија во склоп на лабораторијата која е специјално наменета за тоа. При тоа спермата се ејакулира во стерилен и хемиски неактивен стаклен или пластичен сад со широк отвор. Кај пластичните садови помал е неповолниот ефект на ладно (т.н. „Cold shock“). Ако спермата по договор се носи од дома, тогаш треба да биде донесена во рок од еден час по еја-

кулацијата и да биде заштитена од можните температурни разлики. За добивање на ејакулат за анализа не се препорачува коитус интеруптус затоа што се губи првиот дел од спермата или кондомите кои најчесто содржат спермицидни средства. Спермата пред иследувањето треба да се чува во темен стаклен сад. Иследувањето на ејакулатот се реализира најрано 30 минути до 2 часа по неговото добивање на собна температура. Треба да се избегнува ладење или загревање или чување во метални садови или кондоми, поради опасноста од оштетување. Сперматозоидите се бројат во комора за броење на леукоцити. Броењето е олеснето ако се обои ејакулатот со некоја боја која не ја примаат виталните сперматозоиди, што овозможува лесно да се разликуваат од изумрените. Ако наодот од спермограмот отстапува од нормалата тогаш се потребни дополнителни анализи како што се микробиолошката и биохемиската анализа на спермата, пункција или биопсија на тестисите, хормонски анализи, одредување на половиот хроматин и кариотипот, со вклучување на ендокринолог - андролог во поставувањето на дијагноза и третманот.


www.acibademsistina.mk

57


Тема

Ерекција

ЕРЕКТИЛНА Д И СФУ Н К Ц И ЈА Еректилната дисфункција е бенигно заболување, поврзана е со психичкото и психосоцијалното здравје. Овој здравствен проблем има големо влијание на квалитетот на животот на оние кои страдаат од него. Се претпоставува дека приближно 5 до 20% од мажите имаат умерена до тешка форма на еректилна дисфункција.

Е

ректилната дисфункција (им­ по­ тенција) кај мажот е де­ финирана како пролонгирана неспособност да се воспостави и одржи ерекција доволна да овозможи сексуален однос. Според податоците на светско ниво, се претпоставува дека приближно 5 до 20% од мажите имаат умерена до тешка форма на еректилна дисфункција. Кои се причините за еректилна дисфункција? Еректилна дисфункција може да се случи во која било животна доба. Проблеми со ерекција кај ти­ не­ јџери се јавуваат поради страв од неуспех при сексуален однос или бременост. Кај постари мажи е по­голема веројатноста од еректилна дисфункција, која најчесто е последица на болест или од несакани де­јства на лекови. Се претпоставува дека околу 70% од лицата постари од 70 години имаат проблеми со п­о­тенција. Но тоа што загрижува е што сè поголем број мажи во средно доба страдаат од еректилна ди­­сфункција. Ова е последица на бр­­ојни ризични фактори како што се: недоволна физичка активно­ ст, дебелина, пушење и покачен хо­­­лестерол, кои сами по себе или ко­­­­­мбинирани придонесуваат за не­­­­ј­ з­и­но појавување. Ова е важно би­д­­ е­­ј­ќи со намалување на ризик фа­к­­ т­орите ќе се намали и ризикот од ер­ектилна дисфункција.


Подготви д-р Александар Мицковски – уролог, хирург Како се дијагностицира еректилната дисфункција? Основните дијагностички процедури што мора да се спроведат кај секој пациент се следниве: Анамнеза (историја на болеста) - има за цел да утврди податоци за какви било други сексуални проблеми освен самата еректилна дисфункција, податоци за најчестите причини за еректилна дисфункција, да ги одреди факторите кои може да се коригираат, како и да се процени психосоцијалниот статус. При преглед акцент се става на откривање на деформитети на пенисот, заболување на простатата, хормонален недостаток и невролошки преглед. Задолжително во дијагностицирањето треба да се вклучи и лабораториската дијагностика, мерење на ниво на шеќер во крвта, нивото на маснотии во крвта, како и одредување на машкиот полов хормон – тестостерон, за кој прецизни резултати се добиваат доколку се земе крв наутро. Понекогаш неопходна е и консултација со кардиолог зависно од степенот на ризик факторите, како и состојбата на срцето. Специјалната дијагностика кај еректилна дисфункција вклучува: - Тестирање на ерекциите во сон

(постојат повеќе методи кои ќе ви бидат објаснети од вашиот уролог). - Дијагностика на васкуларниот статус: се состои од ехо доплер на кавернозните артерии, артериографија на arteria pudenda interna и директно вбризгување на вазоактивни лекови во кавернозните тела на пенисот. - Специјализирана психо­дијаг-­ н­­о­­­­стика.

на издржливост при вежбање. Она што е најбитно е дека се забранети (ко­нтраиндицирани) за употреба во комбинација со кардиолошки лекови кои содржат нитрати, поради опасноста од драматично намалување на крвниот притисок.

Која е терапијата во лекување на еректилна дисфункција?

Други начини во лекување на ер­­­­­­е­­ ктилна дисфункција се следниве:

Терапијата се состои од употреба на лекови од групата на PDE-5 инхибитори (инхибитори на ензимот 5-фосфодиестераза). Одобрени за употреба се Sildenafil, Tadalafil, Vardenafil. Заедничко за сите нив е што не предизвикуваат ерекција сами по себе, односно неопходна е сексуална стимулација за да го изразат својот ефект. Најчести несакани појави од PDE-5 блокаторите може да бидат: главоболка, зацрвенува­ ње на лицето, вртоглавица, затнување на носот. Ретко се јавуваат и болки во мускулите. Кардиоваскуларна безбедност - сите реномирани клинички испитувања не покажаа зголемување на ризикот од миокарден инфаркт. Спротивно на мислењето што владее во општата популација, тие може и да ја подобрат стапката

- Вакуумски направи за ерекција - Психосоцијална терапија - Инјекции (со простагландини) за директно вбризгување во пенисот. - Лекови кои се препишуваат во форма на гел во мочниот канал.

Дали постојат други можности во лекување на еректилна дисфункција?

Во третата група спаѓа вградува­ њето пенилни протези, кои се применуваат кај еректилна дисфункција која не реагира на друг начин на лекување. Пенилните протези се направи специјални за таа намена кои можат да бидат полуцврсти, како и протези составени од повеќе делови. Тие функционираат со впумпување на силиконска течност од резервоар сместен под кожата. Ова е најсовремен тренд на лекување на пациенти кај кои другите начини на лекување на еректилната дисфункција не дале резултат.

www.acibademsistina.mk

59


Здравје

Грлото на матката

Подготви д-р Елизабета Матевска - гинеколог, акушер

СЕ БЛИЖИ ВАШИОТ РОДЕНДЕН – ВРЕМЕ Е ЗА ПАП ТЕСТ кој би можел да биде еден од следниве : 1. Нормален наод кој не бара никаква терапија 2. Бенигни клеточни пр­ о­ мени кои вк­лучуваат ин­ф­екции од габична при­­рода, кокоидни бактерии, три­хомонас, гарднерела, про­мени кои асо­цираат на вирус. Сите треба соо­ дветно да се лекуваат. 3. Клеточни абнормалности ASC-US атипични плочести клетки со недетерминирано значење LSIL-HPV плочеста интраепите-

на интраепителијална неоплазија во зависност од дебелината на зафатеност на промените на епителот. Тие не претставуваат малигнитет, но некогаш третманот е неопходен за превенција од инванзивен карцином на грлото на матката. Во 90% од случаевите ЦИН 1 е резултат на банална инфекција, па со третман на истата, ЦИН-от исчезнува. ЦИН 2 и 3 се со­­с­то­јби кај кои секогаш се потребни до­полнителни испитувања – колпоскопија, а во некои случаи и биопсија. Детекцијата и типизацијата на ХПВ вирусот во овие случаи е многу важна за следење на пациентката, и зависно од типот на ХПВ гинекологот одлучува за колку време е потребно да се повтори ПАП тестот. Кои се ризик фактори за појава на ЦИН? Најчести ризик фактори за појава на ЦИН се следниве: - Кај пациентките кои пушат ризикот од ЦИН е зголемен за 2 пати; - Присуство на ХПВ инфекција. Постојат повеќе од 130 типа на ХПВ ви­руси, поделени во две групи на ниско и високоризични; - Рано започнување со сексуални односи; - Честа промена на сексуални па­­­р­ т­нери, без употреба на кондоми; - Употреба на орални ко­нтра­цеп­ ти­­ вни средства, поради поголема сл­о­бода во менување на сексуалниот партнер; - Намален имунитет; - Генетска предиспозиција.

Со откривање на промените на грлото на матката се овозможува рана дијагноза и навремено лекување на премалигните промени, кои во спротивно би го загрозиле здравјето и животот на жената. Постојат три групи на цервикална интраепителијална неоплазија. Тие не претставуваат рак, но некогаш третманот е неопходен за превенција од инванзивен карцином на грлото на матката.

П

апаниколау (ПАП) тестот е едноставен и безболен метод со кој се зема материјал од грлото на матката и вагиналниот свод, истиот се нанесува на цитолошко стакленце, се фиксира и потоа се бои. Со микроскопска анализа на клетките можат да се откријат воспаленија, нивни предизвикувачи, бенигни и малигни клетки и други цитолошки промени. Со откривање на атипичните клетки на грлото на матката се овозможува рана дијагноза и навремено лекување на премалигните промени, кои во спротивно би го загрозиле здравјето и животот на жената. Што значат наодите од ПАП тестот? Секоја пациентка треба внимателно да го прочита својот резултат

Како да се заштитиме од ЦИН?

лијална лезија од низок степен LSIL-CIN I плочеста интраепителијална лезија од низок степен (лесна дисплазија) HSIL-CIN II плочеста интраепителијална лезија од висок степен (средна дисплазија) HSIL-CIN III плочеста интраепителијална лезија од висок степен (тешка дисплазија) HSIL-CIS ин ситу карцином 4. AGUS - атипични жлездени кл­­е­­­ тки Кај наодите со атипични клетки алармантно е што во 5 до 10% од случаите, во понатамошно испитување, се докажува постоење на промени на клетките од висок степен, дури и инванзивен карцином. Што значи ЦИН 1, 2, 3? Постојат три групи на цервикал-

-Механичка заштита при сексуален однос со кондоми и цервикални капи -Здрава исхрана збогатена со бета каротен и витамин А која во поголем процент е застапена во морковот, спанаќот, репката, магдоносот, цвеклото, путерот, кајсијата, дињата, папајата. Исто така треба да се конзумира храна богата со витамин Е – сончогледово масло, бадеми, ореви, маслиново масло, малини, како и храна богата со селен, цинк и витамин Ц - Се препорачува редовна физи­ чка активност -ХПВ вакцинација Кои симптоми се карактеристични за ЦИН? ЦИН-от има незначителни симптоми кои најчесто се отсутни или едвај се забележуваат. Може да се јави зголемен вагинален секрет, кој се повторува и покрај примената вагинална терапија, а поретко се јавува крвавење по сексуален однос. Затоа


основна заштита останува редовно земање на цервикални брисеви (ПАП тест), за да се детектираат во рана фаза сите промени на клетките на епителот на грлото на матката. Кој е третманот за ЦИН? За ЦИН 1 не е потребен посебен третман освен ако со колпоскопски преглед не се одреди поинаку. За ЦИН 2 и 3 повеќето гинеколози се согласуваат дека е потребен третман. Целта е да се отстрани во целост зоната на патолошка промена или истата да се уништи. Кои методи се користат за целосно отстранување на промената? Ласер СО2 вапоризација, ладна коагулација и криотерапија постојат како тип на деструктивни методи кои не бараат хоспитализација. За отстранување на промената се користат следниве три методи: ЛЛЕТЗ, конизација и хистеректомија. ЛЛЕТЗ е метод со кој се отстранува атипичната зона на трансформација со електроексцизија. Се работи во општа анестезија по вагинален пат. Овој метод е безболен и по интервенцијата не е потребна хоспитализација. Конизација и хистероктомија се хируршки интервенции кои се изведуваат во општа анестезија. Со конизација, по вагинален пат, се отстранува дел од грлото на матката

во вид на конус. Формата на конусот има две цели, прво да ги отстрани промените во целост, кои не можеме да ги дофатиме со претходно направената биопсија, и второ, да се сочува должината на грлото на матката за да може пациентката да има нормална бременост. Се изведува со ултразвучен нож, не се користат конци, методот е современ и безбеден. Веќе следниот ден пациентката ја напушта болницата. Со хистеректомија се отстранува матката. Се изведува на три начина: по вагинален, абдоминален или лапароскопски пат. Кој метод ќе го одреди гинекологот зависи од хистопатолошкиот резултат од биоптичниот материјал кој претходно е земен со колпоскопија од искусен гинеколог. Хистопатолошка анализа е задолжителна и по интервенцијата, а од добиените резултати гинекологот го планира

следниот преглед или третман на пациентката. ЦИН и бременост Постои алгоритам на третман на патолошките промени на грлото на матката кои зависат од гестациската недела на бременоста кај пациентката и од типот на преканцерозната промена. Вашиот гинеколог акушер во текот на редовните посети за следење на бременоста ќе го направи најдобриот избор за третманот и начинот на следење на промените на грлото на матката. Не плашете се да го прифатите фактот дека имате ЦИН и при тоа разговарајте со вашиот гинеколог. Навреме направениот гинеколошки преглед и третман превенира појава на малигна болест. Бидете одговорни за вашето здравје бидејќи само така ќе уживате во убавите моменти со вашите најмили.

www.acibademsistina.mk

61


Кашлицата и Бршленот

В

о период од годината сме во кој инфективните заболувања се во ек. Настинките и грипот, коишто се лесно преносливи инфективни заболувања, помалку или повеќе ќе засегнат поголем дел од популацијата во овој период на променливи временски температури. Настинката e полесно вирусно заболување чиишто причинители може да бидат преку 200 вируси, а најчести се групата риновируси. За грипот, пак, тоа е строго определена група вируси од групата на инфлуенца, и се разликуваат според типот и симптомите и се поделени како А, Б, Ц. Симптомите на овие 2 заболувања многу често се слични, се препокриваат и најчесто разликата е во нивното времетраење и интензитет кај пациентот. Сите ние ги препознаваме најчестите симптоми, тука се пред сè треската, малаксаност, мускулни болки, болки во грлото и суво грло, засилена носна секреција, а кај дечињата поретко може да се јави и гадење и повраќање. Еден од најнепријатните симптоми е кашлицата, проблем којшто дополнително го истоштува организмот и ни пречи во секојдневното функционирање. Плус тука е и фактот што кашлицата е еден од најчестите начини преку кои може да се пренесат инфективните агенси и да заболи друго лице. Со кашлањето се создаваат аеросоли коишто во себе содржат еден од овие вируси и многу лесно може да дојдат до контакт со друго лице преку вдишување или преку директен контакт со некоја инфицирана површина. Овие заболувања сами по себе не се заболувања од голем ризик и организмот најчесто може самиот да се избори со нив за неколку денови. Но не секогаш работите течат така, кај некои од пациентите може да се појават компликации од истите. Најчесто настинката и грипот првично ги зафаќаат горнореспираторните патишта, но секундарно може да се појави дури и бронхитис и пневмонија како посериозни заболувања на долнореспираторните патишта. Истите можат да бидат предизвикани од самите вируси или како последица на накалемување на бактериска инфекција. Кај ваквите пациенти покрај симптоматска е потребна и каузална терапија со примена на антибиотици. Кај вирусните заболувања не е потребна употребата на антибиотици, и многу често е дури и неоправдана кога се применува на сопствена рака, без консултација со лекар. Кај овие пациенти е доволно да се пристапи кон третман на симптомите коишто го отежнуваат нормалниот живот на пациентот. Изборот на препарати е широк, во прва линија тука се антипиретиците и аналгетиците за да ги подобрат малаксаноста, болките во мускулите, главоболките, покачената телесна температура итн. Исто така треба симптоматски да се третира и кашлицата како еден од најчестите симптоми коишто предизвикуваат голем дискомфорт на пациентот, а му го отежнуваат и еден од есенцијалните животни процеси - дишењето. Кашлицата може да биде сува - надразнителна или влажна - продуктивна, и кај двата типа треба да се примени симптоматски третман. Во денешно време имаме широк избор на фармакотераписки препарати. Тука се групата на експекторанси, централни антитусици и други хемиски препарати. Сепак, и широката

популација и лекарите полека се ориентираат кон фитотерапијата и примената на природните хербални препарати и сè поголемо учество на екстрактите од разни билки со кои секојдневно се среќаваме, а имаат големи предности и се многу побезбедни и подостапни за пациентите. Како хербален препарат од избор чиешто дејство е и медицински докажано се издвојува бршленот и екстрактот од бршлен. Полезноста од бршленот за првпат ја забележал таткото на медицината Хипократ уште пред повеќе од 2000 години. Подоцна, во 19 век, во јужна Франција, правејќи чаши и кујнски садови од листови од бршлен и при пиењето течности од истите, луѓето забележале дека има позитивен ефект кај заболените дечиња коишто имале кашлица. Ова донело до тоа во 1951 една фамилија од Германија којашто се занимавала со производство на хербални препарати да го екстрахира листот од бршленот и да го произведе првиот брендиран сируп за кашлица од бршлен, наречен Проспан, од фамилијата Енгелхард. По многу години позитивни искуства и медицински испитувања и преку 50 години континуирана употреба на истиот од врвни медицински центри и лекари, во 2003 година и научно е докажано како точно делува екстрактот од бршленот кај пациентите. Основниот проблем кај кашлицата е натрупаниот мукозен секрет во дишните патишта и спазамот или стеснувањето на истите, што води до отежнато дишење кај пациентите. Вака натрупаниот мукуз е погодна подлога за раст на бактерии и појава на секундарно бактериско заболување и дополнителни компликации. Екстрактот од бршлен со своите активни состојки го стимулира самиот организам да произведе материја таканаречена сурфактант, која ги обложува најмалите дишни патишта и ги одлепува сите туѓи елементи од нив. Дополнително ги активира трепките на самите клетки во белите дробови побрзо да го придвижуваат овој секрет кон надвор од белите дробови. Со овој ефект на активните состојки на бршленот всушност му се помага на пациентот да го искашла целиот овој мукозен секрет, а со тоа и да си го олесни дишењето. А��тивните состојки на самиот бршлен исто така делуваат и на мазните мускулни клетки на белите дробови и нивната релаксација со цел практично да ги отвори и прошири дишните патишта, што е особено важно, посебно кај хроничните пациенти кои имаат проблем со континуирана кашлица. Како таков бршленот е единствен хербален препарат за кој е медицински докажано на кое ниво на кашлицата делува и кој е неговиот механизам. Тој е и единствениот препарат којшто има двојно дејство кај пациентите, и секретолитично и бронхоспазмолитично. Бидејќи станува збор за хербален препарат, предностите во поглед на безбедноста се навистина значителни. Проспанот како таков е лек којшто може да го земаат сите пациенти, без разлика на возраст, од најмладите дечиња и бебињата, дури и во доенечка возраст, па до возрасните групи на хронични пациенти. Преку крајно развиениот процес на производство и обработка тој е направен да биде максимално безбеден дури и за дечињата под 1 година, што е и потврдено

со многубројни медицински испитувања низ целиот свет. Со многубројни анализи е направена избалансирана формула којашто досега речиси не пројавила никакви несакани ефекти, секако доколку се применува по препорачаните дозирања. Ова е препарат наменет за сите пациенти кои поради одредено заболување имаат појава на кашлица. Проспан е добро познат препарат во Македонија и е присутен преку 11 години на нашиот пазар. Бидејќи екстрактот од бршлен за првпат е откриен во Германија, најизбалансираната формула сè уште се произведува таму и се пакува во повеќе форми на брендот Проспан. Во Македонија имаме 3 производи од палетата на Проспан, тоа се сирупот, шумливите таблети и капките за инхалација. Сите производи се без шеќер и глутен така што се достапни на целата популација. Нормите на производство се на највисоко можно ниво со постојано иста концентрација на екстракт од бршлен во секој производ. Сирупот Проспан, воедно и најпознатата варијанта, е адаптиран и за деца и возрасни, има пријатен вкус и е со лесен начин на дозирање, по 2 пати на ден кај дечињата и по 3 пати на ден кај возрасните. Шумливите таблети се најнов и најкомпактен начин за земање Проспан бидејќи се лесно растворливи во вода и имаат пријатен вкус. Со нив дополнително внесуваме течности во организмот. Ова е доста концентрирана варијанта на Проспан и се препорачува за возрасни и деца над 6 години, во лимитирани дози. Трет производ од линијата на Проспан е растворот за инхалации, којшто може да има двојна примена, и за во електричен инхалатор со физиолошки раствор во медицински установи, а тука се и пациентите кои имаат сопствени инхалатори, и со капење во онаа традиционална метода со парење и вдишување. Исто така капките за инхалација може да се земаат и преку уста, заедно со чај или некоја друга течност, што е многу практично за дечиња коишто не сакаат сирупи. Сето ова го прави Проспан најпрепорачуван бренд од педијатрите во 40 земји во светот, број 1 лек во групата на експекторанси во 20 земји и најпознат хербален сируп за кашлица во регионов.

д-р Марјан Маролов Доктор по општа медицина Медицински претставник на Европа Лек, Македонија


Пред употреба внимателно прочитајте го внатрешното упатство. www.acibademsistina.mk За дополнителни информации консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт. 63


TEMA

Хернија

Подготви д-р Ален Јовчевски - абдоминален хирург

ХЕРНИЈА, ИЛИ ПОДОБРО ПОЗНАТА КАКО КИЛА ИЛИ БРУХ ЕДНА ОД НАЈЧЕСТИТЕ СОСТОЈБИ ВО ХИРУРГИЈАТА НА СТОМАКОТ

П

оимот хернија, или кај народот попознатa како кила или брух, означува состојба при која настанува продирање на стомачните органи, најчесто делови од цревниот тракт, преку отвор на стомачниот ѕид, т.н. килен отвор.

Непријатност, чувство на притисок, „влечење“ или болка во стомакот, појава на оток кој се зголемува при напрегање, кашлање или кревање товар се симптомите кои укажуваат на постоење на хернија. Доколку еднаш настане хернија, таа не се повлекува. Со текот на времето може да се јават и сериозни компликации.

(во 80 до 90 проценти). Ки­лн ­ а­та кеса кај мажите поминува низ препонскиот канал покрај семените врвки кои од стомакот се спуштаат кон тестисите. Феморална, крурална или бе­д­ ре­на хернија е почеста кај жените. Се јавува на места каде излегу­ва ­­ ат големите крвни садови од стомачната празнина кон долните ек­ стремитети. Килните отвори се отвори кои нормално се присутни на абдоменалниот ѕид и преку нив поминуваат крвни садови и нерви. Претставуваат еден вид слаби точки на стомачниот ѕид за појава на хернија. Исто така кила може да се јави и на места каде мускулниот ѕид бил повреден или отворан при претходна операција. Склоност за појава на хернии имаат лица кои работат тешка физичка работа, болни со хронични респираторни заболувања поради честата кашлица, прекумерна тежина поради зголемениот интраабдоменален притисок, како и луѓе кои подолго време имаат запек. МЕСТА КАДЕ НАЈЧЕСТО СЕ ЈАВУВА ХЕРНИЈА Во зависност од локализацијата на килниот отвор разликуваме: Ингвинална или препонска хе­­­­рн­­иј­а која почесто се среќава кај мажите

Умбиликална или папочна хе­­­р­ ни­ја е локализирана во предел на папокот, на места каде во нео­ н­ аталниот период поминувале крвните садови на папочната врвца од мајката до бебето. Дијафрагмални хернии е сос­то­­­­­­­­јба кога стомачните органи пре­­м­и­н­у­ в­аат во градната празнина низ от­ вори на мускулната преграда (ди­ јафрагма) која ги дели стомачната и градната празнина. Хернии на ,,белата линија“, настанува по средишната линија на стомакот почесто над папокот (епигастрични хернии). Вентрална, постинцизионална хе­ рнија се јавува на места каде пр­­­­етхо­ дно имало оперативен зафат.

напор. Во најголем број случаи е присутен и поткожен оток. При напор отокот се зголемува, а при мирување се повлекува. Обично килите со помал отвор создаваат повеќе проблеми и потешкотии од тие со поголем. Доколку еднаш настане хернија, таа не мирува. Со текот на времето може да се јават и сериозни компликации. Се дијагностицираат со клинички преглед при кој пациентот е во лежечка или стоечка положба и треба да се накашла. Кај некои типови хернии потребни се дополнителни иследувања како компјутеризирана томографија (КТ) на стомакот.

СИМПТОМИ И ТЕГОБИ ОД ХЕРНИЈА

КОМПЛИКАЦИИ ОД ХЕРНИЈА

Симптомите од хернија се непријатност, чувство на притисок, влечење и болка во стомакот при

Некои пациенти може да имаат хернија со години и да немаат компликации. Меѓутоа, никогаш не се


знае кога ќе се јават компликациите. Најчеста компликација кај херниите е вклештување. Во овие случаи доаѓа до вкле­штување на дел од органот, најчесто црево на ниво на килниот отвор, прекин на протокот на цревната содржина и појава на гасови во цревата. Во ист момент настанува нарушување на крвната циркулација во вклештениот дел, што доведува до промена на виталноста на истиот која може да прогредира кон комплетно изумирање на ткивото на органот т.н. гангрена. Оваа состојба е придружена со болка која во почето­кот е локализирана во предел на вклештувањето. Се јавува дуење на стомакот, зголемено кркорење на цревата, пациентот не може да оди по го­лема нужда и нема гасови, а со тек на време се јавува повраќање на содржина со непријатна мириз­ба. Може да се јави промена на бој­ата на кожата над хернијата, а болката се проширува низ целиот стомак. Во одмината фаза на вклештува­ њето пациентот е со болно осетлив стомак, надуван и тврд, со влошена општа состојба, интоксициран, дехидриран, престанува да мокри и

неговиот живот е сериозно загрозен. Компликациите се многу сериозни, животозагрозувачки состојби за кои е потребна итна хируршка интервенција. ХИРУРШКИ ТРЕТМАН – ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ Секогаш кога општата состојба на пациентот дозволува, некомплицираните случаи на хернија се лекуваат оперативно. Хируршката техника која ќе се употреби за лекување на оваа состојба зависи

од општата состојба на пациентот, локализацијата на хернијата, состојбата на абдоменалниот ѕид, како и техничката опременост на медицинската установа. Принципот на оперативниот зафат е да се отвори килната кеса, содржината да се врати во стомачната празнина и потоа да се направи реконструкција и зајакнување (херниопластика) на стомачниот ѕид. Во зависност од оперативниот на­од за зајакнување на стомачниот ѕид честопати се користат различни видови стерилни синтетски материјали во вид на мрежи со различна големина и форма, наменети исклучиво за оперативно вградување во човековото тело. При­стапот може да е класичен или ла­пароскопски. ХИРУРШКИОТ ТРЕТМАН НА КОМПЛИЦИРАНИТЕ ХЕРНИИ Е ИМПЕРАТИВ Кај пациентите кај кои општата со­стојба и придружните болести не дозволуваат оперативно лекува­ ње се препорачува употреба на појаси во облик, големина и начин на употреба во зависност од локали­ зацијата на хернијата.

www.acibademsistina.mk

65


Аџибадем Систина плус Пациентите прашуваат

Подготви д-р Леонардо Камењарски - педијатар

Стрептококус пневмонија и хемофилус инфлуенца - најчести бактерии во детската возраст Стрептококус пневмонија е бактерија која е дел од нормалната бактериска ф��ора на слузницата во горните дишни патишта. Хемофилус инфлуенца, пак, е чест жител во горните дишни патишта. И двете бактерии при намален имунитет или во комбинација со други бактерии предизвикуваат низа сериозни заболувања во детската возраст.

Што е стрептококус пневмонија (streptococcus pneumoniae) и како се пренесува? Streptococcus pneumonia (пнеумокок) е грам позитивна бактерија со елипсоиден или кружен облик, најчесто распоредена во двојки или кратки синџири. Спаѓа во групата на хемолитички стрептококи. Пнеумококите живеат на слузницата во горните дишни патишта и припаѓаат на нормалната бактериска флора. Во состојба на други инфекции како грип или други вирусни инфекции и при опаѓање на локалниот и општиот имунитет, може да дојде до прекумерно размножување на бактеријата и нејзино ширење. Во вакви случаи предизвикува разни заболувања: пневмонија, воспаление на средно уво, синузитис, менингитис, сепса. Текот на болеста посебно e тежок кај новороденчиња и постари луѓе. Пнеумококот се пренесува од човек на човек по капков пат, преку устата. Може да биде изолиран со брис од носот и грлото, од плунката, но може да се најде и во крвта. Во лекувањето помагаат пеницилински и макролидни антибиотици. Дали постои вакцина против оваа бактерија? Во светот постои вакцина која штити од пнеумококните болести и е воведена во редовниот календар за вакцинација. Македонија сè уште не ја вовела оваа вакцина како редовна и задолжителна, но пожелно е децата да бидат вакцинирани, особено оние со намален

имунитет, со повторувачки потешки респираторни инфекции, хронично болни и оние кои примаат хемотерапија. Пожелно е оваа вакцина да ја примаат и постарите од 65 години. Што е хемофилус инфлуенца и какви заболувања предизвикува? Haemophilus influenzae е грам негативна бактерија која има надворешна мембрана и продуцира ендотоксин. Се разликуваат 6 серотипови на оваа бактерија. Таа е чест, речиси редовен жител на горните респираторни патишта. Извор на инфекцијата е човек кој по пат на капки од устата ја исфрла во воздухот. Оваа бактерија предизвикува цела низа сериозни заболувања како пневмонија, синузитис, воспаление на увото, коњуктивитис, менингитис, а во најтешките форми и сепса. Овие болести се појавуваат кај доенчиња и мали деца и се придружени со висока температура, конвулзии, тешко дишење, повраќање, а можно е и воспаление на зглобови. Хемофилус инфлуенца (haemophilus influenzae) може да се изолира со брис од грло и нос, со брис од око, во ликвор и крв. Лекувањето се

спроведува со цефалоспорини од трета генерација. Дали постои вакцина против хемофилус инфлуенца? Постои вакцина која штити од најинванзивните болести предизвикани од Haemophilus influenzae тип B: менингитис, пневмонија, сепса. Вакцинацијата се спроведува со три дози и ревакцина, почнувајќи од двомесечна возраст. За деца кои не се вакцинирани во раната возраст, а наполниле една година, доволна е една доза од вакцината. Во Македонија оваа вакцина е воведена во редовниот и задолжителен календар за вакцинација од 2008 година, во кој децата кои навршиле 5-годишна возраст не се опфатени бидејќи тешките облици на пневмонија и менингитис се јавуваат кај децата до 5-годишна возраст, и се смета дека веќе стекнале имунитет по природен пат. Меѓутоа, пожелно е да бидат вакцинирани сите деца, особено тие со чести респираторни инфекции, намален имунитет, бубрежни болести и болести на крвта. Оние кои треба да примаат хемотерапија треба да ја примат вакцината 15 дена пред почетокот на терапијата. www.acibademsistina.mk

67


Тема

Кожни израстоци Доколку забележите какви било кожни промени или израстоци на кожата, секогаш прво обратете се кај дерматолог. Израстокот мора прво да се прегледа, да се анализира и фотодокументира со компјутерска дерматоскопија. На извадениот материјал се прави хистопатолошка анализа. На овој начин израстокот ќе биде безбедно отстранет.

Подготви д-р Анета Петрушевска Кокалевска - дерматолог

С

екој кој има или имал некој кожен израсток си поставувал бројни прашања, како на пример: - Дали е безбедно да се отстрани тоа? - Како можам да бидам сигурен дека не е бенка? - Дали да посетам дерматолог или пластичен хирург? - Дали ќе ми остане лузна по отстранувањето? Во минатото, па и сега, луѓето со израстоци на кожата се обраќале кај надрилекари, кои кожните промени ги гореле или ги премачкувале со некоја течност, по која тие паѓале. Ако промената е бенка и не е препознаена во дадениот момент, таа по некое време и со лошо третирање ќе премине во малигнен карцином на кожата, меланом. Всушност, тоа е коренот на митот кој владее меѓу луѓето дека не треба да се отстрануваат израстоците на кожата. КАКО Е НАЈБЕЗБЕДНО ДА СЕ ОТСТРАНАТ ИЗРАСТОЦИТЕ НА КОЖАТА?

Кога ќе решите да отстраните некој израсток на кожата најважно е прво да посетите дерматолог. Да се направи преглед, да се процени израстокот, да се анализира и фотодокументира со компјутерска дерматоскопија. На крај извадени-

ОТСТРАНУВАЊЕ НА КОЖНИ ИЗРАСТОЦИ


Текстот е преземен од

от материјал се анализира под микроскоп, хистопатолошки. На овој начин се запазени сите критериуми за безбедност и вашето здравје не е загрозено. ДАЛИ ДА ПОСЕТАМ ДЕРМАТОЛОГ ИЛИ ПЛАСТИЧЕН ХИРУРГ? Израстоците на кожата не треба секогаш да се отстрануваат длабоко и потоа да се шијат со хируршки конец, тоа значи дека не ни е потребен пластичен хирург секогаш. Една од водечките технологии за отстранување кожни израстоци е радиобрановата технологија, која во последните неколку години зазема водечко место во корективната дерматологија. Со радиобрановата технологија се отстрануваат промени како: папиломи, себореични кератози, вирусни брадавици, враснати влакна и генитални брадавици. КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНААМ КОЖНИТЕ ИЗРАСТОЦИ? - Папиломите, или во народот познати како диви мевца, обично растат на петелка, светли се по боја и се наоѓаат под пазуви, гради или препони, како и на други делови на трупот. - Себореични кератози, сончеви

Дерматолошко-естетска ординација

СОВЕТ При какви било кожни промени или израстоци на кожата секогаш прво обратете се кај дерматолог, кој на професионален начин ќе се погрижи израстокот на кожата да биде безбедно отстранет со најсоодветната техника и без никакви последици по вашето здравје. или старечки кератози наликуваат на брадавици, по боја се кафеави, меки се и лесно се ронат. Најчесто се лоцирани на лицето, скалпот кај мажите, вратот, но и на други делови од телото. - Генитални брадавици се меки бр­а­давичести израстоци околу ге­ ни­ талната регија, и кај машките и кај женските генитални органи. Ти­­пично за нив е дека се шират и ра­ змножуваат, а одредени типови да­ в­ аат ризик на генитален карци­ ном и затоа се препорачува да се тр­­е­­тираат. - Вирусните брадавици се најчесто лоцирани околу вратот, деко­ лтето, под градите, но и на рацете и на нозете, односно табаните. Често на табаните не се препознав­аат и се третираат како плускавци. Истите се шират и се спојуваат, а со тоа се отежнува процесот на отс­

транување. Поради нивното ши­ре­ ње и можноста за пренос на др­уги лица, се препорачува да се от­стр­а­ нат навреме. КОЈ Е ПРОЦЕСОТ НА РАДИОБРАНОВА ТЕХНОЛОГИЈА? Радиобрановата технологија е постапка со која ткивото се отстранува или уништува со генерирање топлина, со помош на енергија од радиобранови. Резултат од ова е во исто време сечење и коагулирање на ткивото, па затоа при овој метод не е потребно да се употреби хируршки конец за да се затвори раната. Естетскиот резултат, степенот на болка и брзината на заздравување се многу подобри во однос на постарите методи, односно користење скалпел или силни хемикалии за уништување на одредени лезии. ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ЛУЗНА ПО ОТСТРАНУВАЊЕТО? Бидејќи процесот на отстранување не е многу длабок, вообичаено не останува лузна на третираното место. Но, лицата кои се склони кон создавање келоиди или груби лузни имаат поголем ризик да им остане лузна, значи сѐ зависи од природниот ген кој го носиме.

www.acibademsistina.mk

69


Предлог

Вежби за деца Физичката активност е важен сегмент во развојот на детето. Уште од рана возраст најмладите треба да вежбаат. Доколку вашите деца не се физички активни, ваша должност е да ги поттикнете. Аџибадем Систина Плус ви нуди неколку предлози како низ игра и забава да ги раздвижите вашите деца.

РАЗДВИЖЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА

Е

рата на компјутерите и телевизијата го зема најголемиот данок, здравјето на нашите деца. Часовите поминати во седење пред компјутер и телевизор, во епидемиски размери, го зголеми бројот на деца со прекумерна телесна тежина, како и деформитети на ´рбетниот столб. Истражувањата покажуваат дека децата кои гледаат телевизија повеќе од три часа дневно имаат двојно поголем ризик да станат дебели за разлика од оние деца кои пред телевизор и компјутер поминуваат помалку од два часа во текот на денот. Физичката активноста како превентива од прекумерна тежина Родителите мора да сфатат де­ ка физичката активност има го­лема улога во развојот на коските и мускулите. Уште од најмала во­ зраст

треба да ги по­ттикнат да бидат фи­ зички активни. Спо­ртскиот дух и здравите животни навики ќе пр­идонесат вашето дете: - Поубаво да се чувствува; - Полесно да учи; - Ќе има здрава тел­е­сна тежина; - Здрав развој на коските и мускулите; - Навечер поубаво ќе спие. Доколу вашите де­ ца не покажуваат голем интерес за вежбање и спорт, ваша должност е да ги насочите. Разбудете го спортскиот дух кај детето со тоа што ќе му покажете дека физичката активност е забавна. Вратете се во детството

и потсетете се на игрите, истите пренесете му ги на ва­шето де­те. Аџи­бадем Си­сти­на Плус ви нуди пр­е­­­длози како да ги активирате децата. Возење велосипед и ролери Возењето велосипед и ролери се одлични кардиоваскуларни вежби, а во исто време активираат неколку групи мускули. Возењето можете да им го направите поинтересно со тоа што ќе организирате мал натпревар во трки. Децата сакаат да се натпреваруваат, особено со своите родители. Ова е одличен начин да ги натерате часовите седнати пред компјутер и телевизор да ги заменат со свеж воздух надвор.


Танцување Танцувањето е одлична вежба, а децата го обожаваат. Не ви треба посебна опрема, само музика и добро расположение. Уште позабавно е кога и родителите ќе танцуваат со нив. Поттикнете го расположението и продолжете со танцување. Ќе видите колку е забавно, а вашите деца нема ни да забележат дека вежбаат. Семејна прошетка Еднаш неделно заедно со целото семејство посетете ја најблиската планина или парк. Земете една торба за да собирате „богатства“ по патот. Додека

пешачите организирајте натпревари, на пример кој ќе стигне прв до некој знак. Семејната прошетка е одлично време за поврзување на семејството, а во исто време и можност да го раздвижите телото. Прошетки со куче Ако вашето дете бара да чувате куче, тогаш ова е шанса за вас да го натерате да вежба. Кучето треба секојдневно да го шетате. Доколку вашето дете инсистира да има милениче, тогаш вие условете го со редовно шетање. Секојдневната прошетка на кучето ќе биде одлична физичка активност за вашето дете. Скокање на транболина Истражувањата покажуваат де­ ка 10 минути скокање на транбо-

л­ ина има ист ефект со пола час тр­чање. Скокањето помага во менталниот и физичкиот развој на детето и во развивање на моторните спосо­бности за рамнотежа и координација кај децата. Сепак, внимавајте трамболината да е безбедна за да не се повреди вашето дете. Пливање Ако одлучите детето да го запишете на пливање, бидете сигурни дека сте го направиле најдобриот избор за телесен раст и развој на вашето дете. Пливањето позитивно влијае на кардиоваскуларниот систем, дишењето и ги јакне мускулите. Со пливање сите мускулите кај детето рамномерно се обликуваат, особено на грбот, што придонесува за правилно држење на детето.

www.acibademsistina.mk

71


Аџибадем Систина Плус МОДА

Подготви Христина Деспотовска - моден дизајнер

ОРИГИНАЛНИ КРОЕВИ ЗА

СЕКОЈ СОВРЕМЕН МАЖ Новата колекција „Дамат Твин“ (Damat Tween) ви нуди удобност и елеганција во едно. Квалитетните материјали излеани во фантастична хармонија на бои ви овозможуваат незаборавно искуство кое ќе ве натера да се чувствувате посебни. Оваа пролет ставете свој потпис на стилот. тастична хармонија на бои почнувајќи од белата преку сината, индигото, сивата, ванилата, песокот, антрацидот и црната надополнети со траги од боите на виножитото го прават најневеројатниот спој меѓу удобноста и луксузот. Нормално, сето тоа надополнето со додатоци кои само вистинските креативци знаат да ги носат како што треба, а за сите оние поедноставни типови кои често патуваат, тука се ленените палта, памучните кошули и маици во комбинација со панталоните во јаки бои и неодминливиот џинс.

С

екој маж треба да внимава на својот стил, како изгледа и што има на себе. Не е доволно само да облечете кошула и вратоврска, потребно е да ги усогласите разли­ чните материјали и на сето тоа да ставите свој потпис. Благодарение на оригиналните кроеви и употребата на најдобрите материјали, „Дамат Твин“ (Damat Tween) на секој маж му нудат удобност и елеганција во едно. Во својата пролетна колекција ќе имате незаборавно искуство на бои и материјали со кои ќе се чувствувате посебно. Пролетна хармонија на бои Сонце, љубов, раздвиженост, енергичност, патување, спорт. Tоа е оној дел од годината кога сите сакаат да ја живеат елеганцијата без никаков компромис за нарушување на удобноста. Магичните ткаења употребени во најубавите видови материјали како волната, свилата, ленот и памукот, излеани во фан-

Сигурно и едноставно Уживајте ја големината на денот комбинирајќи ги навидум неспоивите парчиња, комбинацијата што ја

носите во текот на денот, на работа може фантастично да се искомбинира со добро палто и да се носи за вечерно излегување. Убавината на долгиот ден и топлината е во тоа што секогаш може да се употребат и комбинации на бои кои во зима се реално и неспоиви, нормално, светли и јаки бои, но никако црна. Тоа што привлекува најмногу внимание се палтата носени во комбинација со џинс и памучен шал, фантастична сигурна комбинација, и сето тоа надополнето со голема ташна. За викенд моментите, маица со принт кој крие некоја скриена приказна, заедно со кепер или лен панталони, сигурно и едноставно. И на крај за специјален вечерен момент луксуз и едноставност, добар црн костум, со класична бела кошула и пеперутка машна или темно сива или црна вратоврска, тука нема експерименти ако сакате совршенство. Важен е кројот, материјалот и квалитетот на изработка. www.acibademsistina.mk

73


www.acibademsistina.mk

75


Plus Türkçe Türkçe Özetler Özetler www.acibademsistina.mk

77


Plus Türkçe Özetler Dünya standartlarında kalp ameliyatları gerçekleştiriyoruz

M

akedonya’da gerçekleştirilen kalp cerrahisinde çıta, bu alandaki başarılı öncü girişimler ile, kısa zamanda en üst seviyelere yükseldi. 25 yıllık başarılı kariyerinde 7000’den fazla kalp ameliyatı gerçekleştiren Prof. Dr. Salis Tager, yeni başarılara koşuyor. Kalpleri, maharetli elleri sayesinde atmaya devam eden binlerce hastası, Prof. Dr. Salis Tager’a teşekkür ediyor. Tager’ın başlıca amacı ise başarının devamını getirecek olan ilk nesil Makedon kalp cerrahlarını yetiştirmek…

Fıtık: Karın bölgesi ameliyatlarında en sık rastlanan durumlardan biri

F

ıtık; iç organların delinmesi sebebiyle bağırsak yolunun fıtık yırtığı denilen karın duvarı yırtığından ge­ çme­si ile oluşuyor. Hasta, baskı ve sancı gibi rahatsızlık hissediyor. Çoğu durumda, zo­­r­lanma esnasında deri altında şi­ş­­kinlik olu­şuyor. Bazı hastalarda fıtık, herhangi bir belirti göstermeden yıllarca süregelebi­liyor. En çok rastlanan şikayet debriyaja basarken görülüyor. Hastanın genel sağlık durumu uygunsa cerrahi müdahele ile tedavi ediliyor.

Fetal Ekokardiyografi: Kalp anomalilerinin erken tanısında önemli bir yöntem

F

etal ekokardiyografi, hamileliğin erken döneminde cenin kalp anomalilerinin belirlenmesinde kullanılan bir yöntem. Global trendlerin takip edilmesi ve risk faktörü taşımayan hamilelerde rastlanan doğumdan kaynaklı kalp anomalile­rinin yüzde oranının yü­ks­e­­­ kliğine bağlı olarak, Acıbadem Sistina Hastanesi’nde fetal ekokardiyografi taraması, ceninin kalp yapısındaki anomalilerin doğum öncesi tanısı için rutin olarak yapılıyor.


Tümör belirtileri: Tümörü işaret eden etmenler

V

ücut sıvılarında taşınabilecek olan tümör belirtileri sayesinde hastanın bünyesinde herhangi bir tümör olup olmadığı belirlenebiliyor. Tedavi sürecinin başarısı, bu belirtilerin fark edilebilmesi ile doğru orantılı. Bugüne kadar 100’den fazla tümör belirtisi bulunmuş olsa da lab­o­ratuvar ortamında sadece 20 adedi kullanılıyor.

İdrarda kan görülmesi: Mesane tümörü için alarm!

M

esane tümörleri en sık erkeklerde görülüyor. Özellikle genç erkeklerin, idrarlarında kan görmeleri halinde çok dikkatli olmaları gerekiyor, çünkü bu durum, hastalığın en önemli belirtilerinden biri. Diğer hastalıklarda olduğu gibi, e­r­ken teşhis ve tedavi, hastanın iyileşebilme oranını yükseltiyor. Tanı sonrasında, en­d­o­sko­ pik yöntemle tümör alınıyor. Tümörün mesane kas duvarına yayılması veya du­­varı ka­p­laması durumunda üroloji alanındaki en kompleks ameliyatlardan biri olan ‘ra­dikal sis­tektomi’ yöntemi ile mesanenin tamamı alınıyor.

Streptokok zatüree ve hemofilus influenza: Çocuklarda en sık görülen bakteriler

S

treptokok zatüree, üst solunum yolunda bulunan mukozadaki normal bakteri florasının bir parçası. Hemofilus inluenza da üst solunum yolunda sıkça bulunuyor. Bağışıklık sisteminin zayıflaması ile her iki bakteri de çocuklarda ciddi hastalıklara sebep olabiliyor.

S

Daha az tuz, daha sağlıklı yaşam!

T

uz, günümüz insanının “se­ss­iz” düşmanı! Bazılarının “be­yaz ölüm” olarak adlandırdıkları tuzun artan miktarda kullanılması böbrekler, kalp ve kan damarları için zararlı. Buna bağlı hastalıklardan kaynaklanan ölümler giderek artıyor. Peki, günümüzün bu “salgın hastalığını” nasıl durdurabiliriz? Bunun cevabı basit; “Ne yediğimize dikkat ederek!” Lezzetli olsa bile tuzlu yemeklerden kaçının…

Sertleşme bozukluğu

ertleşme bozukluğu, hem fiziki hem de psiko-sosyal sağlıkla ilgili bir sorun. Bu rahatsızlıktan şikayetçi olanların yaşam kalitesi ciddi şekilde bozuluyor. Erkeklerin yüzde 5 ila yüzde 20’sinde orta ve ciddi derecede sertleşme sorunu olduğu tahmin ediliyor. www.acibademsistina.mk

79


Plus Türkçe Özetler ‘Dr. Ugrinovski ile ‘yaşam savaşımı’ kazandım.’

B

eyin tümörü sebebi ile Dragica’ya 10 günlük ömür biçilmişti. Felçli ve yatalak, doktorlardan ümidi kesmiş Dragica’nın tek umudu bir mucizenin gerçekleşmesiydi! Beyin cerrahı Jovica Ugrinovski, engin bilgisi ve uzmanlığı ile mucizelerin var olduğunu kanıtladı. Dragica’nın beyin sapında bulunan tümörü başarılı biçimde aldı. Bu tür ameliyatlarda en ufak bir hataya yer yok! Bir milimetre hata bile hastanın ölümüne sebep olabiliyor. Şimdi, ameliyatın üzerinden bir yıl geçmiş olduğu halde Dragica’nın hastalığından eser yok…

Kalp damar hastalıklarının önlenmesinde son yenilikler

Spermogram: Sperm canlılığı ölçülüyor

Y

eni bir kavram olan ‘SCORE tablosu’ sayesinde her bir hastanın önündeki 10 yıllık süre içinde ka­ lp-damar hastalıklarından kaynaklanabilecek olan ölüm riski belirlenebiliyor. Yeni önerilere göre risk faktörlerinin belirlenmesi yeterli değil, önemli olan her bir faktörün kalp-damar hastalığı oluşumuna ne kadar risk oluşturduğunu saptamak. Bu sayede hastalıkların önl­enme ve tedavisine yönelik doğru ya­klaşım sağlanabiliyor. Acıbadem ­Sis­tina­Hastanesi’nde kalp-damar risk de­­ğerlendirmeleri de uluslararası stan­ dar­tlarda yapılıyor.

S

perm üretiminin (spermatogenesis) azalması ya da sperm salgılama veya boşaltılma bozuklukları “zayıf spermin” en başlıca sebepleri arasında. Sperm üre­ timinin zayıflamasının en sık görülen sebepleri arasında kromozom bozuklukları, doğumsal bozukluklar, testis iltihaplanmaları, alkolizm, fazlaca sıcak olan alanlarda çalışılması, 3000m üstünde irtifalarda bulunulması ve ciddi tra­vmalar bulunuyor. Spermin niteliği ve miktarı ile birlikte erkekte dölleme kapasitesi spermogram ile ölçülüyor. Spermogramın sık değişkenlik göstermesi sebebi ile 45 gün süreyle 2-3 analiz yapılıyor.

Acıbadem Fulya Hastanesi Sporcu Sağlığı Merkezi: Sporcuların adresi

İ

stanbul’da bulunan ve alanının ilk örneği olan Acıbadem Fulya Hastanesi Sporcu Sağlığı Merkezi, hem profesyonel hem amatör sporculara yönelik çalışıyor. Sporcuların yaralanmaları halinde geniş kapsamlı hizmet alabildikleri, teşhis ve tedavilerinin yapılabildiği merkez, en son teknoloji, multidisipliner yaklaşım, uzman hekim kadrosu ile hizmet veriyor.


‘CIN’ (Servikal Intraepitelyal Neoplazi) kanser demek değildir���

R

ahim ağzındaki değişimlerin fark edilmesi sayesinde, tümör kötü huylu hale gelip hayati tehlike oluşturmadan erken tanı ve tedavi mümkün. Servikal intraepitelyal neoplazilerin üç grubu bulunuyor; bunların varlığı her zaman kanser belirtisi anlamına gelmiyor ancak bazen yayılmacı servikal kanserlerin önlenmesi için bunların tedavisine ihtiyaç duyuluyor. Bu hastalık, zamanında yapılan jinekolojik muayene ve tedavi ile önlenebiliyor.

Akut uzuv iskemisi

A

kut uzuv iskemisi, uzvu besleyen damarın ani tıkanması anından itibaren ilk 12 saat içinde, acil cerrahi müdahele gerektiren bir sorun. Embolektomi ilk 12 saat içinde gerçekleştirilmez ise, hasta bacağını kaybedeceğinden ampütasyon gerekiyor. Akut iskeminin en sık rastlanan sebebi emboli. Hasta bu ciddi dolaşım bozukluğunu zamanında tanıyarak derhal profesyonel tıbbi yardım almalı.

Gamma Knife Perfexion: Radyocerrahide son nokta

G

amma knife teknolojisinin son modeli olan Gamma Knife Perfec­tion, kanamasız, sancısız ve yüksek risk taşıyan ameliyatlara gerek duymadan tedavi imkanı sunuyor, radyolojide altın standart olarak adlandırılıyor. Bu cihaz, baş bölgesindeki tüm tümörlerin tedavisini yapabildiği için büyük önem n sık görülen eklemsel kıkırtaşıyor. Radyadak tedavileri arasında yer son sebebiyle alan, OATS tekniği olarak sağlıklı beyin bilinen otolog kemik iliği nakli hücreleri de Acıbadem Sistina Hastanesi’nde hasar görmüuygulanıyor. Bu şekilde, hasar yor. Bilgisayar görmüş olan eklemin işlevini kısa teknolojilerinin sürede tam olarak kazanması gelişmesi ile sağlanıyor. Nakilde hastanın kensağlıklı beyin di dokusu kullanıldığından doku hücrelerinin reddi riski asgariye indirgenmiş korunması sağoluyor. lanıyor ve radyasyonun yan etkileri en aza indirgeniyor. www.acibademsistina.mk

Eklemsel kıkırdak sorunlarına biyolojik tedavi

E

81


ДЕТСКО КАТЧЕ

O B O I


www.acibademsistina.mk

83



ACIBADEM SISTINA PLUS BROJ 9