Ритамот на срцето

Page 1



ДА ЗАПОЧНЕМЕ

Почнавме кампања за подигнување на свеста за здраво срце

Досие на срцето Сместено во центарот на градите срцето е орган што ги рефлектира чувствата, особено кога сме среќни, тажни, весели или лути. Всушност, отчукувањата може да се менуваат во зависност од нашите чувства. Понекогаш нашето срце чука брзо од возбуда, другпат, пак, како целосно да застанало. Срцето отсекогаш било симбол во изразување на чувствата како љубов, страст, тага или радост. Освен тоа, срцето секогаш го поврзуваме со животот! Иако емоциите влијаат на срцето, тоа мора да чука константно. Најважно, мора да чука здраво. Како групација каде врвен приоритет е здравјето свесни сме за важноста на здравото срце кај секој поединец. Свесни сме за порастот на срцевите заболувања во Македонија и во светот. Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртноста во земјава. Истражувањата покажуваат дека речиси пола од причините за смрт се последица на болестите на кардиоваскуларниот систем. Затоа ние како Здравствена групација „Аџибадем“ почнавме кампања со цел да ја подигнеме свеста за здравјето на срцето.

Сакаме да привлечеме внимание за овие заболувања што се закануваат да станат главен здравствен проблем. Оваа брошура е дел од нашата кампања и, ја создадовме не само со цел да ве информираме за кардиолошките заболувања туку и да ви ги објасниме превентивните мерки што треба сите да ги применуваме. Знаеме дека превенцијата од срцевите заболувања почнува во утробата. За да бидеме сигурни дека срцата на бебињата чукаат здраво, треба да почнеме со превентивните мерки уште во бременоста. Истите треба да продолжат во текот на развојот на детето. Секако, нашата главна цел се родителите. Во брошурава се изнесени основни информации за здравјето на срцето кај сите возрасти. Живееме во ера во која знаењето е драгоцена алатка. Ги споделуваме сите информации со цел да ви помогнеме да го зачувате срцето здраво. Без разлика дали срцето е на дете или на возрасен, нашата желба е сите срца да чукаат здраво.


СОДРЖИНА

3. Пред да биде предоцна обратете внимание на пораката: „Внимателното следење на срцето спасува животи“ 4. ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“? „Аџибадем“ кардиоваскуларни центри Нудиме високостандардни услови во нашите 11 центри

19 57

12. Акредитирани сме 14. Нудиме здравствени услуги во сите гранки на кардиоваскуларната патологија 18. СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА И МЕТОДИ ЗА ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ И ТРЕТМАН 18. Современа технологија за дијагностицирање

30 2

24. Често употребувани интервентни методи за третман 26. Нови хируршки интервенции за третман

31. ДЕТСКИ СРЦА – СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА 32. Срцеви заболувања кај децата 35. Најчести вродени срцеви заболувања и нивен третман 48. Што треба да знаете пред и по операцијата на срце кај вашето дете 53. СРЦАТА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ – КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА НА ВОЗРАСНИТЕ И НИВЕН ТРЕТМАН 65. Заболувања на аортата 68. Златни правила за здраво срце 74. УСЛУГИ ЗА ПАЦИЕНТИ ОД ДРУГИ ЗЕМЈИ


Вовед Пред да биде предоцна! Направете тупаница, гледајте во неа и замислете. Вашето срце е големо речиси колку вашата тупаница. Тоа е мал орган кој тежи само 280-300 грама и чука во средината на градниот кош. Тик-так, тик-так! 24 часа секој ден. Работи непречено и секогаш временски точно чука во правилен такт. Ни помалку ни повеќе! Ако чука повеќе или помалку од потребното, може да дава предупредувачки сигнали. Симптомите може да се појават со тек на време или ненадејно. Тогаш здравјето на вашето срце станува апсолутен приоритет. За да не биде предоцна, треба на време да почнете да се грижите за вашето срце. Идните родители мора да бидат сигурни дека малечкото срце што чука во утробата, чука здраво. Првата одговорност е да знаете како да го зачувате срцето здраво. Оваа брошура е подготвена за таа цел. Ви даваме одговори на најчесто поставуваните прашања: Што треба да знаеме за нашето срце? Како треба да живееме за да имаме здраво срце? Каква храна треба да јадеме за да го зачуваме срцето? Колку често треба да правиме превентивни кардиоваскуларни прегледи? Кога и каде да побараме медицинска помош? Искусните кардиолози и кардиоваскуларни хирурзи во „Аџибадем“ ви ги даваат основните информации за срцевите болести, за превентивните мерки и нивните лични искуства. Оваа брошура е подготвена за вас со цел да ги најдете сите информации што ви се потребни.

Во брошурата „Досие на срцето“ може да најдете детални информации за болестите на кардиоваскуларниот систем почнувајќи од срцева валвула до аритмија, како и современи дијагностички процедури и методи на третман. Се разбира, не заборавивме на детските срца! Во делот посветен на болестите на срцето во педијатријата може да ги најдете сите информации за срцевите заболувања кај педијатриските случаи. Опишани се и срцевите заболувања кои се јавуваат во текот на бременоста. Освен тоа, објаснуваме и за операција на срце кај деца. Во оваа брошура ги споделивме и искуствата на пациентите што беа успешно излекувани од страна на кардиолозите и кардиоваскуларните хирурзи во нашата болница. Веруваме дека многу луѓе што ја читаат оваа брошура ќе преземат иницијатива за да се заштитат себеси, но и да ги заштитат саканите од срцевите заболувања кои се шират алармантно низ целиот свет. КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ заболувања се водечки заболувања на 21 век. 30% од смртните случаи низ светот се предизвикани од кардиоваскуларните болести.


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

Нудиме високостандардни услови во нашите 11 кардиоваскуларни центри

11

Кардиоваскуларни центри

Сите наши кардиоваскуларни центри во 11-те болници во рамките на Групацијата „Аџибадем“ нудат најсовремена нега и третман според највисоки медицински стандарди. Операционите сали и единиците за интензивна нега се изградени според светски протоколи. Во луксузно опремените болнички соби и апартмани, нудиме комфор и пријатен амбиент за нашите пациенти.

4

1


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

„Аџибадем“ кардиоваскуларни центри 1. Клиничка болница „Аџибадем Систина” Клиничката болница „Аџибадем Систина” е прва приватна клиничка болница во Република Македонија која нуди здравствени услуги во согласност со најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Основана во 2010 година, оваа современо опремена болница е првата болница во рамките на „Аџибадем” која е отворена надвор од границите на Р Турција.

22.000 м2 затворен простор Капацитет од 189 кревети Кардиоваскуларна хирургија за возрасни и деца Ендоскопска операција на срце Четири целосно опремени оддели за интензивна нега (коронарен, кардиохируршки, хируршки, неонатален) Две дигитални ангиографски лаборатории (коронарна и DSA) Центар за третман на аритмиja и електрофизиологија Интервентна радиологија (1,5 tesla MRI) Компјутеризирана томографија (128 slice) Гама-камера 11 операциони сали Целосно опремени оддели за дијагноза и третман на кардиоваскуларни заболувања Високо стандардизирани еднокреветни и двокреветни соби и апартмани Здравствени услуги 24/7 Прв PET/CT центар во регионот Check-up Центар за радиотерапија • TRILOGY • IGRT (Image-Guided Radiotherapy) • IMRT (Intensity Modulated Radiation Therapy) • LINAC Линеарен акцелератор Центар за трансплантација

5


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

2. Клиничка болница „Аџибадем Бакркој“ Клиничката болница „Аџибадем Бакркој“ е првата болница на „Аџибадем“ во европскиот дел на Истанбул. Во 2008 и во 2009 година голем дел од болницата е реновиран вклучувајќи ги стационарите за пациентите и операционите сали, со цел да им се овозможи подобра нега на пациентите. 17.500 м² затворен простор „Систем на паметна зграда“ контролиран од 6.500 единици Трансфер на пациенти со хеликоптер (Helipad) Капацитет од 130 кревети Целосно опремени оддели за дијагноза и за третман 28 ВИП соби, 7 операциони сали и 4 единици за интензивна нега Кардиоваскуларна хирургија за возрасни и деца Ангиографија за 6 секунди со повеќеслоен компјутерски томограф (2x64 реда детектори) Два оддела за коронарна ангиографија и DSA

3. Клиничка болница „Аџибадем Интернационал“ Клиничка болница „Аџибадем Интернационал“ е првата приватна болница во западниот дел на Истанбул, која на пациентите им нуди современи услови за дијагноза и третман. Болницата почна со работа во 1989 година, а од 2005 година е дел од нашата групација.

Капацитет од 118 кревети Еднокреветни и двокреветни соби за интензивна нега Кардиоваскуларна хирургија за возрасни и за деца Два оддела за коронарни ангиографии и DSA Кардиолошка томографија MRI PET CT Телеметриски систем Трансфер на пациенти со хеликоптер (Helipad)

4. Клиничка болница „Аџибадем Бурса“ Клиничката болница „Аџибадем Бурса“ е првата болница на Групацијата надвор од Истанбул, во Анадолија. Нуди здравствена грижа во сите медицински области. Со отворањето на „Аџибадем Бурса“ жителите на Анадолија ја добија првата најмодерна болница во регионот. 30.000 м² затворен простор Капацитет од 157 кревети 60 кревети за интензивна нега 10 операциони сали Кардиоваскуларна хирургија за возрасни и за деца Коронарен и DSA ангиографски оддел Повеќеслоен компјутерски томограф (2x64 реда детектори) PET CT уред Трансфер на пациенти со хеликоптер (Helipad)

5. Клиничка болница „Аџибадем Адана“ Клиничката болница „Аџибадем Адана“ со своите искусни специјалисти и современа апаратура претставува референтен центар за регионот Чуркова. 22.000 м² затворен простор Капацитет од 120 кревети Современа архитектура, напредна технологија Кардиоваскуларна хирургија за возрасни Повеќеслоен компјутерски томограф (2x64 реда детектори) Целосно опремени оддели за интензивна нега 6 операциони сали Оддел за ангиографија

6


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

6. Клиничка болница „Аџибадем Коџаели“ Шестата болница во Групацијата, Клиничката болница „Аџибадем Коџаели“, нуди најсовремена здравствена грижа во регионот Коџаели. 6.500 м² затворен простор Капацитет од 61 кревет 3 операциони сали 17 кревети за интензивна нега Кардиоваскуларна хирургија за возрасни PET CT Ангиографски оддел Синтиграфски прегледи со гама-камера

7. Клиничка болница „Аџибадем Кајсери“ Клиничката болница „Аџибадем Кајсери“ е најатрактивната болница не само за Кајсери туку и за цела централна Анадолија. Нуди услуги во сите медицински гранки. Болницата, која е реновирана и споена со старата болница „Мемлекет“ која датира од основањето на државата, нуди услуги користејќи современа технологија за дијагноза и за третман.

Кардиоваскуларна хирургија кај возрасни Ангиографија за 6 секунди со 2x64 слајсна компјутерска томографија Целосно опремен оддел за интензивна нега со 25 кревети 6 операциони сали опремени со врвна технологија PET CT Центар за третман на варикоза (проширени вени) Ангиографски оддел

22.000 м² затворен простор Капацитет од 110 кревети „Систем на паметна зграда“ контролиран од 1.400 единици

8. Клиничка болница „Аџибадем Ескишехир“ Дел од Здравствената групација „Аџибадем“, е и Клиничката болница „Аџибадем Ескишехир“, која нуди најсовремени медицински услуги. Клиничката болница „Аџибадем Ескишехир“ е достапна за пациенти од областа Афјон, Кутахја, Билеџик, кои не мора да одат до централните градови како Анкара или Истанбул. Клиничката болница „Аџибадем Ескишехир“ овозможува широк спектар на медицински дејности за граѓаните на Ескишехир. 20.000 м² затворен простор 5 операциони сали Капацитет од 82 кревета 27 кревети за интензивна нега Целосно опремени двокреветни и

еднокреветни соби за интензивна нега Високо стандардизирани еднокреветни соби и апартмани „Систем на паметна зграда“ контролиран од 1.000 единици Посебен систем за вентилација со минимален ризик за инфекција Кардиоваскуларна хирургија за возрасни Ангиографски оддел и лабораторија за катетеризација Повеќеслоен компјутерски томограф (2x64 реда детектори) Центар за аритмии Ендоваскуларни зафати PET CT уред Трансфер на пациенти со хеликоптер (Helipad)

7


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

9. Клиничка болница „Аџибадем Бодрум“ Во современ архитектонски дизајн, на повеќе од 22.000 м², Клиничката болница „Аџибадем Бодрум“ е една од болниците на Групацијата која нуди најсовремени медицински услуги. Концептот на болницата е таков што нуди можност пациентите да се чувствуваат безбедно и удобно. 22.000 м² затворен простор 8 кревети за итни случаи (пет за возрасни, два детски, еден изолиран) 4 операциони сали Интервентна радиологија 1,5 tesla MR КТ ангиограм Гама камера PET CT Компјутеризирана томографија (256 slice) Дигитална мамографија на гради USG Капацитет од 78 кревети Здравствени услуги 24/7 Трансфер на пациенти со хеликоптер (Helipad)

10. Клиничка болница „Аџибадем Кадиќој“ Клиничката болница „Аџибадем Кадиќој“ со модерна архитектура и најсовремени услови за третман, е првата болница на Здравствената групација „Аџибадем“. Оваа болница е првата висококвалификувана приватна болница во азискиот дел од Истанбул. Основана е во 1991 година, а целосно е опремена од 1998 година. 17.000 м² затворен простор Капацитет од 132 кревет „Систем на паметна зграда“ контролиран од 6.500 единици 4 оддели за интензивна нега со 24 кревети 7 современи операциони сали Кардиоваскуларни операции на срце за возрасни Ангиографија за 6 секунди со повеќеслоен компјутерски томограф (2x64 реда детектори) Ендоваскуларни интервенции Оддел за ангиографија

8

11. Клиничка болница „Аџибадем Маслак“ Со својата модерна архитектура, врвна медицинска опрема и искусниот тим специјалисти, „Аџибадем Маслак“ е една од најреномираните здравствени центри во светот. Болницата нуди услуги со 5 ѕвезди во здравствениот сектор. Со воведувањето на голем број иновативни хируршки интервенции кои значително придонесоа за подобрување на условите за третман на пациентите, „Аџибадем Маслак“ може да се натпреварува со светските лидери во секој поглед. Вкупно 40 000 м² затворен простор Капацитет од 191 кревет 15 операциони сали Кардиоваскуларна хирургија за возрасни Најсовремен уред за томографија Flash CT 3 оддели за ангиографија со 2 коронарни ангиографа и 1 DSA Центар за аритмии Операција на срце со робот

TAVI Хибридна соба Ендоваскуларни интервенции Еднокреветни и двокреветни соби за интензивна нега Специјално дизајниран простор кој ја оптимизира мобилноста на пациентите низ болницата Ендоскопска операција на срце


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ИНФО

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

Оштетувањето на мозокот почнува

3 минути

по запирањето на срцето.

Срцето контрахира и пумпа крв во телото 70 пати во минута, 104.000 пати во ден и 38.000.000 пати во година. Нашите срца испумпуваат 5,5 литри крв низ нашето тело во рок од една минута. Ова е еквивалентно со 8 тони на ден, 3.000 тони на годишно ниво и 240.000 тони во текот на 80 години. Ако земеме предвид дека еден просечен живот е 80 години, испумпаната крв е повеќе од доволна да исполни 24.000 танкери со капацитет од 10 тони.

80 години


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

Искусни сме Податоците во областа на кардиологијата и кардиоваскуларната хирургија собрани од 1999 година претставуваат доказ за развојот и искуството на кардиоваскуларните центри на „Аџибадем“.

2

Од 1999 до денес

Бројките го претвораат искуството во успех Број на пациенти кои побарале помош во нашите кардиоваскуларни центри

430.000

Број на пациенти што направиле ангиопластика

30.000

Број на хоспитализирани пациенти

75.000

Балон и стентапликации

53.000

Операција на отворено срце

12.000

10


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

СИЛАТА ЈА ЦРПИМЕ ОД НАШИТЕ ИСКУСНИ СПЕЦИЈАЛИСТИ И ОД АКАДЕМСКАТА СТРУКТУРА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „АЏИБАДЕМ“ Нашите 57 кардиолози, 45 кардиохирурзи и 40 васкуларни хирурзи нудат здравствена нега 24/7

3

Нашите кардиоваскуларни центри обезбедуваат здравствена заштита преку одбрана група професионалци, кои имаат постигнато академски успех на национално и на меѓународно ниво. Покрај меѓународно признат академски кадар, нуди и модерни лаборатории, современо образование, можности за стипендии, богата библиотека и социјални активности. Универзитетот „Аџибадем“ го користи искуството на Групацијата „Аџибадем“ за да едуцира висококвалификуван персонал.

Академски признанија 1. Во 2009 год. - второ место на Националната конференција за најдобар труд - TARD (Здружение за анестезиологија и реанимација во Р Турција) 2. Во 2008 - најдобра операција на детско срце во Европа ESCVS (Европско здружение за кардиоваскуларна хирургија)

УСПЕШНИ СМЕ

4

Ги споделуваме бројките за нашите медицински достигнувања Бројките за достигнувањата што ги мерат медицинските и административните перформанси на Здравствената групација „Аџибадем“ се контролирани уште од 2002 год. Со безбедноста на пациентите и нивното задоволство како главен приоритет на „Аџибадем“ веруваме дека резултатите што се постигнати во негата на срцето, како и во другите области, може да послужат како водич за подобра нега на пациентите. • Врз основа на критериумот од Euroscore, очекуваната стапка на смртност за операција на отворено срце е 3,8% додека кај „Аџибадем“ е 1,6%. • Врз основа на критериумот од Euroscore, очекуваната стапка на смртност за коронарен бајпас е 2,7%, додека кај „Аџибадем“ е 1%.

5

ИМПЛЕМЕНТИРАМЕ НАЈСОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА Технолошките капацитети и современите апарати за дијагноза и за третман што ги имаме во кардиоваскуларните центри во „Аџибадем“ се меѓу најзначајните елементи што го зголемуваат успехот во сите кардиолошки интервенции и кардиоваскуларни операции. Нагласувајќи дека раната дијагностика спасува животи, „Аџибадем“ го насочува вниманието кон рана и точна дијагноза. Затоа современите апарати за дијагноза се многу важни во кардиоваскуларните центри на „Аџибадем“. Тука ги вбројуваме 2x64 вкрстената компјутерска томографија со која може да се направи кардиолошка дијагностика за шест секунди, PET CT, кој овозможува детална слика на срцето, и Flash CT, најбрзиот уред за томографија со најниско ниво на зрачење во светот, кој може да направи кардиолошка дијагностика за 0,25 секунди.

Што е Euroscore? Ризикот се зголемува кога операцијата се врши на постари лица, пациенти кои доживеале срцев удар, претходно имале операција на срце, неправилност во контракциите и експанзија на срцето, проблеми со бубрезите, црниот дроб, белите дробови и кај лица со дијабетес. Постојат разни процени на ризик што треба да се земат предвид. Најчесто употребуваниот систем за процена е Еuroscore.

11


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

Акредитирани сме Резултатите се достапни за

6

јавноста и се под континуиран надзор на меѓународните институции Резултатите од кардиоваскуларните операции во Здравствената групација „Аџибадем“ се изнесени пред Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија - ЕАКТС. Здравствената групација „Аџибадем“ има имплементирано специјален пристап насочен кон пациентите и се стреми кон безбедноста на пациентот и кон високи здравствени стандарди што се акредитирани од меѓународните институции за квалификација.

„Аџибадем“ нуди нега според стандардите поставени од акредитацијата на Joint Commission International (JCI). Исто така, „Аџибадем“ ги исполнува критериумите на ISO 9001 систем за управување со квалитет. Институциите кои ја акредитираа „Аџибадем“ се:

Акредитација на Joint Commission International (JCI)

Европска комисија за управување со квалитет EFQМ (European Foundation for Quality Management) Excellence Model

Joint Commission International (JCI) е организација која се стреми да ги развие концептите за подобрување на квалитетот и за безбедноста на пациентот, да ја зголеми ефикасноста во услугите на здравството и за таа цел нуди средства за објективно оценување. JCI е меѓународна поделба на најголемиот акредитатор во светот - JCAHO (Joint Commission on the Accreditation of Healthcare Organizations), кој има акредитирано околу 20.000 здравствени институции во Америка. Како непрофитна организација, JCI разви меѓународно познати стандарди од 1988 до денес. Речиси 300 болници во 39 земји ја имаат акредитацијата на JCI. Меѓу нив е и „Аџибадем“.

12

Патот на совршеноста на Здравствената групација „Аџибадем“ почна со влезот во KalDer и во EFQM (European Foundation for Quality Management) во 2002 година. Здравствената групација „Аџибадем“ го доби сертификатот од EFQМ Committed to Excellence на 12 јануари 2004 година по првата самостојна евалуација во март 2003 и по посетата на KalDer. Втората самостојна евалуација беше завршена со работилница основана на EFQM Excellence Model во 2006 година.


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

Европска акредитација за нуклеарна медицина ISO 9001 - Систем за управување со квалитет ISO 9001 - Системот за управување со квалитет покажува дека организацијата е способна постојано да обезбедува услуги што ги исполнува очекувањата на клиентите и ефикасните регулаторни побарувања. Единиците за стерилизација во клиничките болници „Аџибадем Кадикој“ и „Аџибадем Бакркој“ беа наградени со сертификат ISO 9001 - Систем за управување со квалитет првпат по ревизијата спроведена од SGS на 15 август 2003 год. Клиничката болница „Аџибадем Козјатаи“ е сертифицирана на 12 декември 2005 год. Клиничката болница „Аџибадем Бурса“ на 6 ноември 2006 год. Клиничката болница „Аџибадем Коџаели“ и Хируршкиот центар „Бејликдузу“ на 5 декември 2007 год. и Единиците за централна болничка стерилизација на 30 и на 31 октомври 2008 год. Клиничките болници „Аџибадем Кајсери“ и „Аџибадем Адана“ се сертифицирани на 8 октомври 2009 год. додека Клиничката болница „Аџибадем Маслак“ и Хируршкиот центар „Аџибадем Аташехир“ ги добија своите сертификати на 9 октомври 2009 год.

Европските центри за нуклеарна медицина се акредитирани од специјалистите по медицина од Европската унија (СПМУ) и од Европскиот одбор за нуклеарна медицина (ЕОНМ). Во Европа има вкупно 60 акредитирани медицински центри, од кои 11 се во Турција. Пет од нив се во клиничките болници: „Аџибадем Кадикој“, „Аџибадем Бакркој“, „Аџибадем Козјатаи“, „Аџибадем Бурса“ и во Единицата за меѓународна нуклеарна медицина. Одделите за нуклеарна медицина на Здравствената групација „Аџибадем“ имаат и ISO 9001 - Систем за управување со квалитет од април 2006.

ISO 15189 - Медицински лаборатории За посебните стандарди за квалитет како и за компетентноста на лабораториите во „Аџибадем“ доказ се акредитациите од DACH (Deutche Akkreditierungsstelle Chemie) на 10 октомври 2005 год. Врз основа на стандардите ISO 15189.

Придобивките на акредитацијата • Потенцијалните медицински грешки се спречени со

• Приватноста на пациентот е заштитена во

• Здравствената нега треба да се реализира во

• Медицинските документи се уредно зачувани и

• Има можност за вклучување во сите процеси преку

• Фидбекот на пациентите и на вработените помага

• Пациентите и нивните роднини се точно информирани

• Здравствените услуги се реализираат во болници со

пристапот за безбедност кај пациентите; согласност со правата на пациентот;

ефикасна интеракција помеѓу специјалистите, пациентите и нивните роднини;

за интервенциите откако ќе ги разгледаат опциите за третман;

согласност со законот; точни;

системот постојано да напредува, ризикот да се сведе на минимум како и да се намалат трошоците; современа технологија.

13


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

Нудиме здравствени услуги во сите

ГРАНКИ НА КАРДИОВАСКУЛАРНАТА ПАТОЛОГИЈА Кардиоваскуларната дијагноза и третман вклучува: Кардиоваскуларни заболувања • Стрес тест • Коронарна ангиографија со вентрикулографија • Миокардна перфузиона сцинтиграфија • Позитрон-емисиона томографија • Поставување коронарен стент и балонангиопластика • Коронарен бајпас • Коронарен бајпас со робот • Минимално инвазивен коронарен бајпас

Заболувања на срцева валвула • Ехокардиографија • Ангиографија и катетеризација • Перкутана валвулопластика • Трансаортна перкутана имплантација на аортна валвула (TAVI) • Роботска операција на валвула • Минимално инванзивна операција на валвула Аритмии • Холтер-мониторинг • Дијагностицирање со електрофизиологија • Катетер-аблација • Вградување постојан и привремен пејсмејкер • Вградување имплантабилен кардиовертер дефибрилатор (ICD) • Вградување пејсмејкер со три комори (CRT) Заболувања на аорта

• Васкуларни заболувања на

аорта • Ендоваскуларна корекција на абдоминална аневризма (EVAR) • Ендоваскуларна реконструкција на торакална аневризма (TEVAR) • Хибриден третман • Операција

14

7

Периферни артериски заболувања • Доплер ултрасонографија • Ангиографија со следење болус • Магнетна резонанца • Дигитална суптракциона ангиографија • Поставување стент во каротидна артерија • Ендартеректомија на каротидна артерија • Аорто феморален бајпас • Периферен ендолуминален бајпас Варикозитети (проширени вени) • Трансдермален ласер • Склеротерапија • Операција на варикозни вени • Ласерска операција на варикозни вени Кардиомиопатии • Интервентен третман (аблација) • Оперативен третман Вродени срцеви заболувања • Педијатриска кардиологија • Педијатриска операција на срце • Третман со катетер кај конгентни срцеви заболувања • Оперативен третман Кардио рехабилитација


ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“?

ЗОШТО „АЏИБАДЕМ“? Приказна за срцето

Г-ѓа Павловска, 29-годишна мајка на тројка:

„Деновите ми беа полни со возбуда и во исчекување, бев бремена со тројка. Еден ден почувствував тежина во градите и имав проблеми со дишењето. Не знаев што да правам кога ми кажаа дека имам напредна срцева мана поради бременост. Прво нешто што помислив беше дали ќе преживеам за да си ги видам децата. Дали ќе имам шанса да ги држам в раце? Дали ќе ги пораснам? Бев шокирана. Потоа лекарите ме информираа за можностите и ми кажаа дека проблемот може да се надмине. Им верував, сакав да им верувам и сакав да живеам заради децата. Направив сè што ми кажаа. Сега сум мајка на три деца. Има ли нешто поубаво? Дури и проблемот со срцето е решен. Сега моето здраво срце чука посилно за децата!“

На трудницата со тројка и` е дијагностицирана напредна срцева мана • • • •

• • •

Г-ѓа Павловска имаше 29 години и бремена со тројка; Во испитувањата спроведени поради тегоби при дишењето беше дијагностицирана сериозна срцева мана наречена кардиомиопатија во бременост; Имаше сериозно оштетување проследено со проширување и намалена контрактилност на срцето и несоодветна функција на валвулата; Г-ѓа Павловска беше примена на Одделот за ризична бременост. Таа беше контролирана од Одделот за кардиологија, но истовремено и од Одделот за гинекологија и акушерство; Успешно се породи и има тројка; Одреден период имаше тешкотии со дишењето и беше примена на интензивна нега; Од редовните контроли може да се види дека функцијата на срцето се врати во нормала.

15


Најсовремени

апарати и методи кои нудат врвна

дијагноза и третман на

КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА

K

ако и кај другите болести, раната дијагноза на кардиоваскуларните болести е многу важна за успешно лекување. Редовните превентивни прегледи

се првиот чекор за рана дијагноза. Кардиоваскуларните центри на „Аџибадем“ нудат дијагноза и третман со најсовремена технологија. Во оваа брошура ќе ви ги објасниме методите кои сте ги слушнале и сте се запрашале што значат...


Страница 18-23 СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА за дијагноза и третман на кардиоваскуларни заболувања

Страница 24-29 Често употребувани ИНТЕРВЕНТНИ МЕТОДИ во третманот на

кардиоваскуларните заболувања


ДИЈАГНОЗА

Современа технологија

ЗА ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ

Ваквата технологија е потребна за точна и прецизна дијагноза! Која опрема за што служи?

1.ЕКГ Апарат за мерење на срцевата активност Што е тоа? Електрокардиографот (ЕКГ) е апарат кој електронски ја снима срцевата активност за да може да се испита мускулот на срцето и неговото функционирање. Придобивки

ЕКГ е значаен апарат во дијагностицирање на кардиоваскуларни заболувања, структурни аномалии и на аритмии. Од откривањето во 1900 год. па до денес тоа е битен апарат ако се користи правилно. ЕКГ мониторингот и неговото толкување може да се направи за кратко време. Вежбајте на лента за вашето срце да го помине тестот

2. ЕКГ СТРЕС ТЕСТ Што е тоа? Тоа е тест вежба на лента за трчање според системски определен протокол. Се базира на толкувањето од ЕКГ снимките добиени од електродите што се поставени на градите додека трае вежбата. Степенот и времето на вежбањето и бројот на отчукувањата на срцето се адаптираат според возраста на пациентот. Иако тестот се менува според возраста и состојбата на пациентот, обично трае од 5 до 10 минути.

Придобивки И покрај тоа што се толкува од лекар специјалист, веројатноста да се дијагностицира сериозно кардиоваскуларно заболување преку ЕКГ стрес тестот е 80%.

18


Структурата на срцето се испитува со ултрасонографски бранови

3. ЕХОКАРДИОГРАФИЈА Што е тоа? Ехокардиографот е апарат за испитување на структурата, слабоста и функцијата на срцето преку ултрасонографски бранови.

Кога се користи? Се користи со цел да се испитаат движењата и празнината помеѓу ѕидовите од коморите, задебелувањето на срцевиот мускул и срцевата валвула. Дополнително, при користење на ехокардиографијата може да се види структурата и функционалноста на вградената вештачка валвула.

Придобивки Нема штетни и несакани последици врз пациентите и лесно се користи. Пациентот не чувствува болка при прегледот.

19


ДИЈАГНОЗА

Го снима срцевиот ритам и крвниот притисок дури и кога спиете

4. ХОЛТЕР-МОНИТОРИНГ Што е тоа? Холтер-апаратот се користи за следење на срцевиот ритам или на крвниот притисок кај пациентите. Тие се посебни апарати со големина на мобилен телефон кои служат за ЕКГ снимки и за мерење на крвниот притисок. Апаратот се фиксира на телото на пациентот најчесто за 24 часа или повеќе. Константно ги мери срцевиот ритам и крвниот притисок.

Придобивки Ваквото тестирање е корисно бидејќи овозможува регистрирање на нарушувањата на срцевиот ритам/крвниот притисок на подолг временски период. Апаратот за снимање нема несакани последици врз пациентите и не влијае врз мобилните телефони. Пациентите може да продолжат со секојдневните активности додека го носат апаратот и немаат потреба од хоспитализација.

5. МОНИТОРИНГ ПРЕКУ ТЕЛЕФОН Снимете ја вашата болка и испратете ја во кардиоваскуларниот центар преку телефон!

Што е тоа? Тоа е апарат за снимање, сличен на холтер-апаратот, прикачен е на пациентот за да се следи функцијата на срцето.

Придобивки Иако овој апарат според изгледот и методот на поставување е сличен со Холтерот, не снима постојано. Пациентот може да го притисне копчето за снимање кога чувствува болка. Шансите за дијагностицирање на болест се високи зашто снима само кога има тегоби. Пациентот може да ги испрати снимките преку телефон. Ваквиот апарат нема несакани последици врз пациентот.

20


6. СТРЕС-ЕХОКАРДИОГРАФИЈА Префериран метод за дијагноза на сериозни кардиоваскуларни болести Што е тоа? Ехокардиографијата направена со интравенозна апликација на лекови ги утврдува ширината на срцевата празнина, неправилноста на движењето на ѕидот и контракцијата на срцето. Може да помогне при индиректна дијагноза на заболување на коронарните артерии. Дополнително помага во дијагностицирање на состојби како кардиомиопатија на валвулата, инфекција на срцевата мембрана, дисекција во аортата и ексцесивно проширување на срцето, што може да предизвика болка во градите и тегоби при дишењето.

Придобивки Ваквиот метод е поевтин од миокардната сцинтиграфија, побрз е и дава повеќе информации за функцијата на срцето. Степенот на точност на стрес ехокардиографијата во дијагностицирање сериозни кардиоваскуларни болести е околу 90%.

7. МИОКАРДНА ПЕРФУЗИОНА СЦИНТИГРАФИЈА Дава информација за состојбата на срцето Што е тоа?

Придобивки

Срцето се храни преку коронарните артерии. Ако има сериозно стеснување во коронарните артерии кое го ограничува протокот на крв или ако има прекин на движењето на крвта низ артериите (коронарно артериско заболување), срцето не добива доволно кислород. Понекогаш срцевите болки може да предизвикаат несвестица. Со испитувањата преку миокардната сцинтиграфија се добиваат информации за пумпањето на крвта во две ситуации, едната под стрес (при вежбање), а другата при одмор.

Сериозните заболувања на коронарните артерии може да се дијагностицираат со миокардната сцинтиграфија. Точноста на дијагнозата при дијагностицирање сериозни кардиоваскуларни заболувања е 90%. Дијагностичката вредност е повисока од ЕКГ стрес тестот и дава подобри знаци за местото на стеснувањето на артериите. Дополнително, наодите што се постигнати од тестот даваат информации за ризикот од смрт на пациентот, за срцевата функција и за напреднати срцеви мани, а исто така даваат важни информации во одлуката за правилниот начин на лекување.

21


ДИЈАГНОЗА

8. FLASH CT

Најбрзата компјутерска томографија со најмала радијација во светот

Што е тоа? Flash CT е радиолошки метод на дијагноза, кој создава напречен пресек на сликата од областа што се испитува употребувајќи рендгенски зраци.

Во кое поле се употребува? Како радиолошки метод за дијагноза, Flash CT дава слики од сите делови на телото, особено на срцето и на белите дробови.

Придобивки Срцето може да се скенира за 250 милисекунди. Кога ќе се спореди со системите со една цевка и со еден детектор, побрзо дава слика. Скенирањето е за 250 милисекунди (1/4 од едно срцебиење). Па иако срцето на пациентот чука побрзо од 100 пати во минута, нема потреба од забавување со лекови зашто гарантира за точноста на дијагнозата за 99%. Кардиолошкото скенирање може да се изврши со 80% помалку радијација. Flash CT е апарат за скенирање што емитува најниско зрачење на пазарот. Се користи во рутински процедури како неинвазивен кардиолошки метод на дијагноза.

МУЛТИСЛАЈСНА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА Илјадници напречни слики на срцето Што е тоа? Апарат за томографија што има високо развиена резолуција и квалитет на сликата. Како функционира? Супстанцијата (т.е. обоениот агент што служи за подобра прегледност на артериите) што се употребува во обична ангиографија се инјектира во вените за да произведе слика од илјадници пресеци во секунда. Уредот за неколку минути ги процесира овие слики и дава детален изглед на срцето вклучувајќи ги срцевите артерии. Придобивки Ангиографското испитување на срцето може да се заврши за неколку секунди.

22


9. КАРДИОЛОШКИ ТЕСТ СО МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА (МRI) Испитување на срцевите заболувања Што е тоа? Магнетната резонанца е развиена на почетокот од 1980 година. Но методите за користење на MRI во кардиолошката дијагноза се развиени неодамна. Придобивки Најголема придобивка е што техниките што се применуваат се помалку ризични за бубрезите. Спротивно на традиционалните методи на скенирање, MRI нема радијација или ултразвучни бранови. Точните слики на органите се прикажани со употреба на физиолошки параметри. Во однос на податоците што ги дава, MRI станува сè почест неинвазивен метод за дијагностицирање на кардиоваскуларните заболувања.

10. PET CT

Научете за ефектите на срцевиот удар!

Што е тоа? Испитување на срцето со сцинтиграфија. Кога се користи? Овој метод се користи за да се добијат детални информации за функцијата и за виталноста на срцевите клетки. На пример, ако пациентот доживеал срцев удар, можно е да се види кое ткиво најмногу се оштетило. Каква е процедурата? При процедурата обележаните изотопи што содржат гликоза се инјектираат кон срцето. Исто како методите што се користат во нуклеарната медицина, мал дел радиоактивни супстанции, наречени радиоизотопи, се инјектираат додека пациентот е под напор.

За да се испитува во PET, радиоизотопите се додаваат на супстанцата што е носител, како што е гликозата или хормонот што се употребува од ткивото. Супстанцата што е изотоп/ носач се инјектира во крвта од каде што брзо стигнува до срцето. Се прилепува за срцевите клетки и се задржува. Супстанцата што содржи гликоза се задржува

на клетките и овозможува сликите да се појават на камерата. Добиените резултати од ова отсликување даваат детална информација за функционалноста и за виталноста на клетките. Придобивки Со PET/CT се добиваат прецизни резултати за виталноста на срцевото ткиво. На докторот му дава насока дали операцијата со бајпас ќе биде корисна за пациенти со висок ризик.

23


ТРЕТМАН

Често употребувани интервентни методи

ЗА ТРЕТМАН Соодветниот третман го спроведуваат искусни специјалисти со помош на најсовремена медицинска технологија.

Коронарна ангиопластика и вградување стент

П

роширување на стеснувањето во коронарните артерии без хируршки зафат се вика коронарна ангиопластика (балон-дилатација). Се вметнува жица што ја поврзува феморалната артерија со коронарните артерии. Кога издишаните балончиња се дуваат од надвор (околу 3 см долги и 3-4 мм широки), стеснувањето во коронарните артерии се отстранува. Во некои случаи претходно е инсталиран метален CAGE (стент), што се остава во артеријата за да ја намали веројатноста од потенцијално стеснување. Но не секое коронарно стеснување може да биде решено со овој метод. За некои пациенти е неопходна бајпас операцијата, а кај други лековите за срце се ефикасни и безбедни за третман. Одлуката ја носи специјалист.

24


Бајпас операција

С

пецијалистот може да направи повеќе тестови за да се одреди сериозноста на заболувањето. Со цел да се направат точни испитувања, најчесто неопходно е коронарната ангиографија да се изведе заедно со кардиолошката катетеризација. Рендгенските слики на срцето се добиваат со помош на ваквите интервенции. Во зависност од степенот на стеснувањето на артеријата, лекарот може да препорача бајпас интервенција на коронарна артерија. Ваквата интервенција го подобрува испумпувањето на крвта и го подобрува здравјето. Операцијата за коронарен бајпас може да биде ваша втора шанса за срцето и за животот воопшто. Бајпас операција: Пат до здраво срце Бајпас операцијата на коронарните артерии помага во снабдувањето на срцето со крв со формирање уште еден пат покрај стеснетата артерија. Во случај кога има повеќе стеснети артерии, потребни се повеќе бајпаси. Бајпас графтови Артеријата што се користи за бајпас, таканаречена графт, се зема од градниот кош, раката или ногата и се прикачува на стеснетата артерија. Најчесто користени графтови се внатрешните торакални артерии, артерија од раката и вена од нозете. Овие артерии и вени се адекватни за неколку бајпаса. Бидејќи на местото од каде што се земаат вените има и дополнителни вени, нивното отстранување не влијаe врз циркулацијата на крв во телото.

25


ТРЕТМАН

Нови хируршки интервенции

ЗА ТРЕТМАН Следејќи го успехот на ендоскопската хирургија, во медицинскиот свет се зборува за операција со робот, и употреба на TAVI методот.

1. Операција со мал рез: Операција низ мал отвор Што е тоа? Ендоскопската операција е минимално инвазивен метод при кој операцијата на срцето е извршена со специјални ендоскопски инструменти преку мал отвор во пределот на градите. Во текот на операцијата сите хируршки инструменти се под контрола на хирургот. Ендоскопската камера може да се користи за да се види делот што се оперира.

Придобивки Во споредба со отворената операција, подвижноста е поголема и заздравувањето на лузната е побрзо. По операцијата, за краток временски период пациентите може да продолжат со својот активен живот. Меѓутоа, структурата на ѕидот на градната коска и анатомијата на срцето мора да бидат погодни за ендоскопскиот метод.

26


2. Операција со робот: Да Винчи роботска операција Што е тоа? Робот направен за хируршки потреби контролиран од хирург. Основната разлика меѓу операцијата со робот и ендоскопската операција е тоа што хирургот е оддалечен од оперативната маса и ги контролира „рацете“ на роботот преку конзола. Операцијата со робот првпат е направена во НАСА кон крајот на 80-тите години со цел да се оперираат повредени војници. Подоцна почна да се применува во повеќе области на медицината. Првите клинички резултати од операција со робот се добиени во 90-тите години, а почесто почнува да се употребува во почетокот на 21 век.

Како функционира? Хирургот седи на конзола од каде што ја контролира операцијата оддалечен неколку метри од операционата маса. Хирургот прима слики на конзолата и ги движи четирите раце на роботот. Тие може да ротираат 540 степени во шест насоки. Една од рацете е камера која рефлектира на мониторот тридимензионална слика со висока резолуција и ја зголемува 10 пати. Тридимензионалната слика дава длабина и местото што се оперира може да се види во детали. Со помош на овие слики хирургот ги движи другите раце на роботот што оперираат како раце на хирург што вршат тешка и деликатна операција. Димензиите се многу помали од рацете на хирургот, па може да се пристапи кон места кои се тешко достапни. Тоа дава многубројни придобивки и за хирургот и за пациентот.

Придобивки Успешноста на операцијата се зголемува: Благодарение на тридимензионалната камера со чија помош може да се видат и најситните места. Рацете на роботот може да ротираат 540 степени и во шест насоки. Уредите што се употребуваат може да пристапат на места каде што раката не може. На пример, зголемен е бројот на случаи каде срцевата валвула се коригира со овој метод.

Пациентот чувствува помала болка: Операцијата се изведува со мал рез, пациентот чувствува помала болка во споредба со отворената операција. Нема голема лузна на кожата: Операцијата се извршува преку 3 или 4 реза по 8 милиметри. Периодот на престој во болницата е многу пократок: Благодарение на малите хируршки резови и на помалата загуба на крв пациентот може да биде отпуштен побрзо. Ова важи и за најкомплицираните операции. Пациентот побрзо се враќа на секојдневните обврски: Има минимална рана на местото каде што е извршена операцијата. Пациентот закрепнува и ги врши нормалните физички активности полесно и побргу. Помалку крвавење: Областите што крвават може да се видат појасно со помош на тридимензионалните камери што зголемуваат со висока резолуција. Како резултат на ова има помалку крвавење и понекогаш се елиминира потребата за трансфузија на крв. Градна коска без проблем: Проблемите како што се поместување на градната коска или инфекција се елиминирани.

Операција на срце со робот првпат во „Аџибадем“ Операцијата со робот се употребува само во одредени центри во Америка и во светот. Во Турција Клиничката болница „Аџибадем Маслак“ е една од првите во кои се прават операции со робот. Болницата е лидер во Турција и во светот во следниве операции со робот: • За првпат е направена интервенција на аневризма (со балон) на левата комора на срцето;

• Првата сложена операција на митрална валвула во Турција; • Првите пресадувања на митрална валвула се изведени во Клиничката болница „Аџибадем Маслак“ со роботот Да Винчи. Пациентите со болести на коронарните артерии, кои немаат други васкуларни заболувања, рутински се оперираат со роботски методи доколку нивната анатомија

е соодветна за ваков третман. Дополнително, корекција на митрална валвула, пресадување на митрална валвула и операција на трикуспидна валвула може да се направи на пациенти со соодветна анатомија. Успешноста на операциите на срце со робот е 90%.

%90

27


ТРЕТМАН

3. TAVI корекција на срцевата валвула без отворена хирургија Што е тоа? Трансаортната перкутана имплантација на аортна валвула (TAVI) е постапка за пресадување на аортната валвула на срцето со употреба на методот на катетер без да се употреби отворена операција. Во цел свет биолошките срцеви валвули се употребуваат во операциите за пресадување валвула. TAVI методот претставува вградување на биолошка валвула, која претходно е вградена во стент, со користење на катетер и позиционирање на место на оштетената аортна валвула.

Како функционира? Постојат две техники кои може да се употребат со овој метод. При првата техника, слична на ангиографија, валвулата се турка од ингвиналната регија кон срцето со помош на катетер. Кога е поставена на местото, стент-механизмот се отвора. Ако има стеснување во ингвиналниот дел или во абдоминалниот дел што се користи за пристап кон срцето, тогаш се користи втората техника. Со оваа техника се прави мал засек од 4 до 5 см на предниот ѕид од градниот кош за да се пристапи кон срцето. Валвулата се става со помош на катетер во правец кон срцето. Во двете методи нема потреба од запирање на срцето и од отворена операција. Процедурата може да се изврши со локална анестезија. Пациентите по TAVI операцијата се носат во своите соби. За тој период пациентот прима антикоагулантна терапија и се следи неговата состојба 4-5 дена. По овој период, пациентот се отпушта. По неколку дена одмор пациентот се враќа на контрола и може да ги извршува секојдневните обврски.

TAVI

TAVI во „Аџибадем“

Операциите со трансаортна перкутана имплантација на аортната валвула (TAVI) се вршат експериментално од 2002 година, а на луѓе од 2004 година. Операцијата успешно се имплементира во многубројни значајни центри во Америка, како и во Европа од 2010 година. Бројот на центрите што го користат овој метод се зголемува поради неговите придобивки. Во Турција ваквиот третман првпат е употребен во 2009 година. Кардиолозите и кардиоваскуларните хирурзи во „Аџибадем“ успешно ја имплементираат процедурата на TAVI. Процедурата е подготвена и извршена од страна на мултидисциплинарен тим на специјалисти од кардиоваскуларна хирургија, кардиологија, анестезиологија и реанимација и од радиологија.

28


Приказна за срцето

Ч.Б., 44-годишен механичар: „Досега немав

здравствени проблеми. Пушев пола кутија цигари на ден и пиев три чашки ракија секоја вечер. Мислев дека причината за болката во гради е незначителна. Кога ми кажаа, не можев да поверувам. Имав состојба поради која можев да влезам во медицинската литература. Дел од аортата ми беше затворен од раѓање и долниот дел од телото ми беше снабден со крв преку капиларни крвни садови. Беше чудо што преживеав! Сè уште не можам да поверувам. Ми кажаа дека бебињата со ваков проблем живеат најмногу шест месеци. Имам 44 години и имам среќа. Навреме ми беше дијагностицирана состојбата која доколку не се откриеше можеше да биде фатална по моето здравје. По операцијата, комплетно сум здрав. Многу сум среќен!“

Неговата аорта била затворена од раѓање, но преживеа! • Ч.Б. е 44-годишен механичар;

• Живее во Скопје, Македонија; • Посетил лекар кога почувствувал притисок во градите; • Делот што ја поврзува аортата со долниот дел од телото му беше затворен од раѓање. Но сите негови абдоминални органи и нозете му беа снабдени со крв преку капиларите што доаѓаат од горниот дел на телото; • Операцијата траеше два и пол часа. Му беше вграден вештачки крвен сад, 24 мм широк и 10 см долг.


30


Детски срца

Срцеви заболувања кај децата Гледате во ехо апаратот полни со возбуда бидејќи ќе станете родители. Сè што сакате е да го запознаете вашето бебе. Во првите недели од 9-месечниот период сакате да го видите бебето и да бидете сигурни дека е тука. На мониторот гледате малечки, светкави точки. Како што чука, светлината се движи нагоре и надолу. Изгледа како вашето бебе да е мала црна точка. Како и повеќето мајки, ќе го прашате лекарот што е тоа. Ќе се изненадите од одговорот на лекарот кога ќе ви каже - ТОА Е СРЦЕТО!

Страница 32-33 Срцеви заболувања кај децата Страница 34-47 Вродени срцеви заболувања и третман Страница 48-51 Пред и по операција на срце

31


СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА

Срцеви заболувања кај децата 32

Постојат повеќе видови срцеви заболувања кај децата. Кај срцевите заболувања што може да се развијат кај децата специјалистите разликуваат три категории: вродени срцеви заболувања, ревматски срцеви заболувања и нарушувања на срцевиот ритам.


Дали знаевте?

ВРОДЕНИ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА Вродените срцеви заболувања се меѓу најчестите заболувања забележани кај новороденчињата. Заболувањата во оваа категорија вклучуваат аномалии кои се појавиле при развојот на фетусот. Ваквите аномалии може да бидат во форма на нарушувања во пределот помеѓу преткоморите и коморите, аномалии во коронарните артерии што влегуваат и излегуваат од срцето, аномалии што предизвикуваат стеснување или пропуштање во срцевите валвули, аномалии во коронарните артерии, неправилности што се развиваат во преткоморите или коморите или срцеви неправилности што содржат една или повеќе аномалии. Постојат повеќе варијации на вродените срцеви заболувања. Некои не се опасни, но некои може да предизвикаат сериозни компликации и проблеми.

Консумирањето лекови, алкохол, цигари и дрога, изложувањето на ултравиолетови зраци, брак меѓу роднини и мајка со дијабетес, се дел од причините што го зголемуваат ризикот за срцево заболување кај новороденчињата.

НАРУШУВАЊА НА СРЦЕВИОТ РИТАМ Тоа се неправилности во електрофизиолошкиот спроводен систем означени со абнормално забавување, паузирање или забрзување. Нарушувањата најчесто се забележани кај возрасните, но исто така може да се забележат кај доенчиња со вродени срцеви заболувања, по операцијата на срце или без некоја позната причина.

Ваквите нарушувања се појавуваат поретко во споредба со заболувањата на срцевиот мускул или срцевата мембрана како што се кардиомиопатијата, миокардитис и перикардитис.

РЕВМАТСКИ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Ревматизмот е болест што предизвикува проблеми во органите каде што се развива. Најчестата причина за ревматизам во Македонија се инфекции на грлото. Бактериите наречени бета hemolytic streptococcus се населуваат во грлото и предизвикуваат инфекции во тој дел. Овој тип бактерии може да предизвика заболување на срцето со стеснување или пропуштање на срцевите валвули.

33


ВРОДЕНИ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

34


КАКО СЕ ТРЕТИРААТ ВРОДЕНИТЕ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА? СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА ТРЕТИРАНИ СО МЕДИКАМЕНТИ Вродени срцеви мани ШТО Е ТОА?

Кога срцето не испумпува доволно крв, течноста се акумулира во белите дробови и во другите органи и предизвикува едем (оток). Ваквата состојба е честа кај голем број срцеви аномалии.

Достапни се повеќе опции за третман на децата што страдаат од срцеви заболувања. Некои деца со аномалии на срцето може да бидат третирани само со лекови. Меѓутоа, некои имаат потреба од операција. Од друга страна, дете што мора да направи операција може да има потреба од третман со лекови пред и по операцијата. Сите третмани помагаат во функционалноста на срцето.

СИМПТОМИ: Децата со вродени срцеви нарушувања бргу се заморуваат. Дишењето им станува брзо и тешко. Хранењето на бебиња со ваков проблем е отежнато. ТРЕТМАН: Срцевиот мускул се јакне со лекови вклучувајќи и диоксин. Може да се употребат и диуретици. Овие лекови помагаат за исфрлање на вишок течности насобрани во телото.

Нарушување на срцевиот ритам

Постојат три вида нарушувања на срцевиот ритам:

ТАХИКАРДИЈА: Во овој случај срцето на детето чука многу бргу. Кај децата срцето чука од 60 до 150 пати во минута во зависност од годините. Забрзаното чукање може да предизвика замор на срцето. Но тахикардијата не се развива секогаш како резултат на вроденото срцево нарушување. Може да се прима терапија со лекови за да се намали срцебиењето и да се доведе во нормала.

БРАДИКАРДИЈА: Во овој случај срцето чука бавно. Ваквата состојба може да предизвика нарушеност на функцијата за пумпање на срцето. Иако брадикардијата е вродена, ретко може да се развие по операција. Кај некои деца е потребно да се вгради уред (пејсмејкер), кој му овозможува на срцето да чука нормално. АРИТМИЈА: Во овој случај имаме неправилност во срцебиењето. Ваквата состојба може да биде вродена, а може да се развие и по операција. Треба да се лекува во зависност од видот на неправилниот срцев ритам.

35


Дали знаевте?

ВРОДЕНИ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Повеќе од 90% од вродените аномалии може да се излекуваат со операција на срце. Во некои случаи дополнителните операции може да бидат во полза на пациентите. Но, за некои заболувања потребни се две, а понекогаш и три интервенции.

КАРДИОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА ШТО СЕ ЛЕКУВААТ СО КАТЕТЕРИЗАЦИЈА Септостомија со балон

Коил емболизација и чадорче

Ова е метод што се користи за третман на срцеви аномалии како што е пресадување артерии (TGA), со цел да се продолжи животот на бебето до хируршката операција. Во овој случај, каде што телото е снабдено најмногу со крв од вените, се прави отвор помеѓу преткоморите. Ова е со цел да се намали мешањето на оксигенирана крв со венската крв и да се спроведе повеќе оксигенирана крв до телото. Кај овој метод катетерот со балон на крајот се носи кон срцето преку аортата. Балонот се дува откако ќе помине преку дупката меѓу преткоморите. Оттаму се создава отвор меѓу преткоморите.

Некои преткоморни дефекти на септумот и перзистентен ductus arteriosus може да се коригираат со катетеризација. Но за да се спроведат овие методи, катетерот и местото каде што е неправилноста треба да се соодветни.

Валвулотомија, балонангиопластика Некои стеснети срцеви валвули и некои коронарни артерии се прошируваат со балон преку катетеризација. Иако стеснувањето може повторно да се појави, постапката помага бебето да расте и да се развива.

36

Електрофизиологија и аблација Кај некои деца проблемот со ритамот на срцето може да се лекува преку катетеризација со метод наречен аблација. Треба да се најдат причините за проблемот преку електрофизиолошка студија.

Дали знаевте?


1. СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА БЕЗ ЦИЈАНОЗА (ПОМОДРУВАЊЕ) Овие пациенти обично имаат септална неправилност, стеснување или нарушување на вените или валвулите. Не се јавува помодрување зошто венската крв не се меша со артериската. Главно се следат симптомите на срцевото заболување.

Перзистентен Ductus Arteriosus (PDA) ШТО Е ТОА? Сите бебиња се раѓаат со ductus arteriosus (DA). Тоа е венски спој што овозможува врска помеѓу пулмоналната артерија и аортата. Пулмоналната артерија носи темна крв без кислород од десната страна на срцето до белите дробови. Крвта се оксигенизира во белите дробови и оди во левата страна на срцето. Крвта богата со кислород се носи од овде до целото тело преку аортата. Овој спој (ductus arteriosus) што постои помеѓу двата големи крвни сада што излегуваат од срцето се затвора неколку часа по раѓањето. PDA е кога овој спој останува отворен. Во PDA дел од крвта богата со кислород што го снабдува телото преку аортата се враќа во белите дробови. Ваквата состојба предизвикува покачен крвен притисок во пулмоналната артерија и преоптоварување на левата страна на срцето.

Кај предвреме родените бебиња PDA може да се коригира со лекови наречени prostaglandin inhibitor. Ако лекот не е ефективен, хируршката интервенција може да се примени дури и на новороденчињата (600г-700г). Ако нема дополнителни недостатоци во срцето, циркулацијата на бебето ќе биде нормална.

Дали знаевте?

СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА ШТО СЕ ЛЕКУВААТ СО ОПЕРАЦИЈА

Потребата за операција се појавува веднаш по раѓањето кај поголем дел од децата со вродени срцеви заболувања. Речиси кај сите е потребно лекување во претшколска возраст.

Преткоморен дефект на септумот (ASD) ШТО Е ТОА? Ако има голем отвор помеѓу двете преткомори на срцето, тогаш непотребно количество крв богато со кислород преминува од левата во десната половина на срцето. Во овој случај, веќе збогатената крв со кислород пак оди во белите дробови. Вака се зголемува протокот на крв во белите дробови и се качува пулмоналниот крвен притисок. Оваа состојба подоцна може да предизвика срцева аномалија и неправилности во срцевиот ритам на детето.

ТРЕТМАН: ASD треба да се излекува во претшколска возраст. ASD понекогаш може да се затвори со метод на катетер и обично не е потребна отворена операција на срце. На крајот на третманот циркулацијата се враќа во нормала и детето може да расте како здраво дете.

ТРЕТМАН: PDA може да се излекува со затворање на преминот со вградување уреди преку катетер. Дополнително, за да се поврзат, може да се изведе затворена операција на срце во зависност од возраста на пациентот и од големината на PDA.

37


НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ!

ВРОДЕНИ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Од голема важност е навремено одредување на терминот за операција. Одложувањето на операцијата може да ги намали или да ги елиминира шансите за успешна операција.

Коморен дефект на септумот (VSD) ШТО Е ТОА? Ако има отвор помеѓу двете комори, тогаш дополнително количество на крв збогатено со кислород преминува од левата во десната комора. Во овој случај крвта што е веќе оксигенирана во белите дробови се носи пак до белите дробови. Протокот на крв во белите дробови се зголемува и расте крвниот притисок на пулмоналната артерија. Ова доведува до зголемување на срцето и до тешкотии при функционирањето.

ТРЕТМАН: Овие пациенти мора да подлежат на операција без одложување со цел да се коригира дефектот. Кај децата поголеми од две години со голем VSD и со пулмонален крвен притисок операцијата може да не биде изводлива зашто е можно веќе да имаат трајно зголемен крвен притисок и неправилности во пулмоналната артерија. Ако дефектот помеѓу коморите е мал, тогаш товарот на срцето е помал. Кај овие пациенти може само да се најде шум на срце. Кај некои случаи што имаат мало нарушување не е потребна операција и тие се излекуваат сами. Нарушувањата што не се лекуваат сами до одредена возраст може да се коригираат со катетеризација со интервенција или со операција.

Внимание!

Нарушувањата (ASD, VSD) кај пациенти со нормално развиени преткомори и комори, или абнормална поврзаност на крвните садови помеѓу преткоморите и коморите можат комплетно да бидат третирани со операција. Ова значи водење нормален и долг живот. Кај пациентите со неправилности на срцевите валвули може да е потребна уште една хируршка операција, иако проблемот е елиминиран. Понекогаш не може да се постигне нормално функционирање на срцето со хируршка интервенција. Меѓутоа, можно е да се оддели артериската и оксигенираната крв со разни методи (Фонтан-операција) со цел да му се овозможи на пациентот приближно нормална циркулација и квалитетен живот. Во овој случај најважна е навремената интервенција.

Преткоморно-коморен дефект на септумот (AVSD) ШТО Е ТОА? Ова е состојба каде што има голем отвор во средината на срцето. Отворот влијае врз преткоморите и коморите. Дополнително, валвулите што ги делат преткоморите и коморите (митрална и трикуспидна валвула) не се развиле целосно. И двете се во форма на една голема валвула. Овој срцев дефект се поврзува со Дауновиот синдром (монголизам). Крвта збогатена со кислород од левата страна на срцето преминува во десната и пак се носи до белите дробови поради отворот во преткомората и комората.

ТРЕТМАН: Операцијата кај децата со покачен пулмонален крвен притисок или кај оние што имаат сериозни симптоми обично се врши додека се бебиња. По операцијата на дефектот кај атриовентрикуларната валвула, циркулацијата на крв се враќа во нормала.

38


Меѓутоа, новоформираните валвули може да покажат одредени неправилности или понекогаш стеснетост. Оваа состојба може да се развие или да се појави во следните години. Затоа кај некои пациенти може да има потреба од втора хируршка интервенција на валвулите. Понекогаш, кога отворената операција на срце е ризична поради состојбата на пациентот, се преферира затворена операција на срце. Кај оваа операција пулмоналната артерија се стеснува за да се контролира вишокот на крвен проток. Така се намалува пулмоналниот притисок и се овозможува пациентот да порасне и да се стабилизира.

Внимание! По операцијата, вашето дете треба да биде под континуиран мониторинг од страна на кардиолог за деца. Во спротивно децата што имаат вродени срцеви заболувања имаат ризик да развијат инфекција (ендокардитис) на срцевиот ѕид или на срцевите валвули пред или по операцијата. Ризикот варира во зависност од заболувањето и од операцијата и е помалку од 1 процент. Но, ако пациентот развие ендокардитис, лекувањето може да биде долго и тешко. За да се спречи инфекција на срцето, пациентот треба да прима антибиотици пред операцијата или пред посета на стоматолог. Добра хигиена на забите (чистење и грижа) го намалува ризикот за ендокардитис.

Аортна стеноза (AS) ШТО Е ТОА? Аортната валвула е лоцирана меѓу левата комора и аортата што го снабдува телото со крв. По контракцијата на срцето, аортната валвула се отвора и крвта богата со кислород се истиснува во аортата. Аортата е најголемата артерија што носи крв од левата комора низ телото. Стеснетоста на aортната

валвула (стеноза) предизвикува тешкотии при работата на срцето. Функцијата на аортната валвула може да биде вродено оштетена или да се наруши подоцна во текот на животот. Под нормални околности постојат три залистоци на аортната валвула. Кај конгениталната аортна стеноза постои еден дебел цврст залисток (unicuspid) или два залистока (bicuspid) наместо три во аортната валвула. Ваквото стеснување може да се појави на ткивото под валвулата (субвалвуларна стеноза) или на самата аорта веднаш над аортната валвула (суправалвуларна стеноза).

ТРЕТМАН: Сите пациенти што имаат стеснување повеќе од нормалното треба да се оперираат. Операциите варираат во зависност од местото на стеснувањето. Стенозата под валвулата обично може да се отстрани со сечење. Кај стенозата што ја ограничува аортната валвула валвулата може да се прошири. Кај стенозата над аортната валвула проширувањето може да биде извршено со протеза.

39


НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ!

ВРОДЕНИ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Родителите што пушат треба да внимаваат! Со секоја испушена цигара му штетите на вашето дете. Истражувањата покажуваат дека децата што имаат родители пушачи се со поголем ризик за стеснување на коронарните артерии и за појава на срцеви заболувања.

Кај некои стенози што ја ограничуваат аортната валвула стеснувањето може да се коригира со метод на балон со помош на катетер (балон валвулопластика). Иако стеснувањето е коригирано со интервенција, одреден степен на деформација може да се појави на валвулата. По извесен период функцијата на деформираната валвула може пак да се намали. Кај ваквите случаи може да има потреба од втора хируршка интервенција.

Внимание!

Децата кај кои е дијагностицирана и најмала аортна стеноза треба да бидат контролирани цел живот. Затоа треба да се консултирате со кардиолог за деца.

Коарктација (стеснување) на аорта (AoCoA) ШТО Е ТОА? Во овој случај аортата (главната артерија што излегува од срцето и го снабдува телото со крв) се стеснува до одреден степен. Стеснувањето обично се јавува веднаш по местото на излез, на главните крвни садови кои од аортата даваат крв за главата и за двете раце. Во овој случај крвта, за да оди од срцето до телото, мора да помине преку стеснувањето. Крвниот притисок се покачува во делот каде што е стеснувањето.

ТРЕТМАН: Стенозата во аортата може да предизвика тешкотии при испумпувањето на крвта, зголемувањето на срцето и покачување на крвниот притисок. Ако коарктацијата на аортата е сериозна (ако степенот на стеснување е голем), пациентот треба итно да се оперира. Средното стеснување обично се коригира во претшколска возраст за да се спречи постојаниот висок крвен притисок. Не е потребен уред за кардиоперфузија во текот на операцијата (затворена кардиохирургија, не се отвора градниот кош, без сечење на стернумот).

40

Кон стенозата во аортата се пристапува со отворање на левата страна на градите. Но, ретко може да се појави пак. Тогаш може да биде потребна втора операција. Кај некои пациенти, може да биде потребна балон-ангиопластика, метод што служи за проширување со балон или стент со катетер.

Внимание!

И покрај корекцијата на аортата, поради задоцнетиот третман, најчесто кај поголеми деца и возрасни крвниот притисок може да биде висок по одреден период или ретко цел живот. Кај ваквите случаи потребни се лекови за да се контролира крвниот притисок.


2. СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА ШТО СЕ РАЗВИВААТ СО ЦИЈАНОЗА (ПОМОДРУВАЊЕ) Во нормални околности крвта испумпана од срцето кон другиот дел од телото е богата со кислород и е светлоцрвена. Но спротивно на нормалната состојба, кај срцевите заболувања со цијаноза, крвта испумпана од срцето кон преостанатиот дел од телото е сиромашна со кислород и е во потемна црвена боја. Кај ваквиот случај кожата на бебето е со нијанси на виолетова боја. Оваа состојба, наречена цијаноза, може да варира во степени. Степенот на цијаноза зависи од заболувањето, возраста и од активностите на пациентот.

аномалии на срцето. Бидејќи има поголем отвор меѓу двете комори на срцето, крвта со недостиг на кислород поминува од десната комора во левата. Поради пулмоналната стеноза, крвта со недостиг на кислород не може доволно да се испумпа до белите дробови. Сериозноста на стенозата варира од дете до дете и ја одредува големината на цијанозата. Ѕидот на десната комора е подебел од нормалното. Аортата е снабдена со крв директно над отворот меѓу коморите и од двете комори.

Тетралогија на Фало (TOF)

Дури и во сериозните случаи со тетралогија на Фало едно дете може да се оперира со премостување, што го зголемува крвниот тек кон белите дробови и привремено ја подобрува состојбата.

ШТО Е ТОА? Тетралогија на Фало е често вродено заболување на срцето што вклучува четири

ТРЕТМАН:

41


Дали знаевте?

ВРОДЕНИ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Модрата боја на кожата на новороденчињата може да претставува индикација за вродени срцеви заболувања. Модрата кожа се јавува како резултат на недостиг на кислород кој се јавува поради одредена аномалија.

Кај операциите со премостување, се создава вештачки венски мост меѓу аортата и пулмоналната артерија. Дополнително количество крв од аортата се носи кон белите дробови за оксигенација. Така тегобите на детето се намалени до операцијата, која треба да се изврши подоцна. Детето може да се развива и да расте нормално до операцијата. Крајниот третман на тетралогијата на Фало се извршува со корективна операција. Може да се примени по операцијата со премостување или како прва операција кај пациенти кои имаат доволно развиена пулмонална артерија. Обично операцијата се врши рано во детството. По операцијата, циркулацијата се враќа во нормала и цијанозата комплетно се елиминира. Кај некои пациенти може да има потреба да се вгради вештачка валвула на местото на нарушената пулмонална валвула во подоцнежните години.

Пулмонална стеноза (PS) ШТО Е ТОА? Пулмоналната валвула е сместена меѓу десната комора и пулмоналната артерија. Се отвора по контракцијата на срцето што истиснува крв кон белите дробови. Пулмоналната стеноза може да биде под оваа валвула, на самата валвула, на пулмоналната артерија или на сите од нив. За да има проток на крв преку стеснетата област, се зголемуваат напорот на десната комора од срцето и крвниот притисок. Во зависност од големината на стеснувањето и дали има отвор меѓу преткоморите и коморите, кај пациентот може да се појават симптоми. Ако стенозата е обемна, пациентите може да покажат разни степени на цијаноза.

Третман: Ако крвниот притисок во десната комора е висок и стеснувањето е сериозно, детето треба да биде лекувано за да се заштити од напрегање на десната комора, дури

42

и ако нема тегоби. Во стенозата забележана на пулмоналната валвула стеснувањето може да се коригира со метод на балон применет со катетер (балонвалвулопластика). Кај некои пациенти потребна е отворена операција на срце. Во хирургијата може да се имплементираат методите како што се отстранување на ткивото што предизвикува стеноза или проширување со протеза. Циркулацијата се враќа во нормала и притисокот на десната комора се намалува. Кај ретки случаи подоцна може да биде потребна уште една интервенција.

Преместување на големите артерии (TGA) ШТО Е ТОА? Под нормални околности пулмоналната артерија носи венска крв со недостиг на кислород од десната комора до белите дробови. Аортата (главната артерија на срцето) носи крв збогатена со кислород (светлоцрвена) од левата комора до преостанатиот дел од телото. При преместувањето на големите артерии (TGA) артериите од срцето се заменуваат. Аортата е поврзана со десната комора и венската крв со недостиг на кислород се испумпува кон телото. Бидејќи пулмоналната артерија е поврзана со левата комора, крвта богата со кислород пак се испумпува кон белите дробови. Преместувањето на големите артерии претставува голем ризик уште по раѓањето. Со цел бебето да преживее, крвта збогатена со кислород и крвта со недостиг на кислород треба да се измешаат преку повеќе споеви. Овие споеви може да бидат како отвори меѓу двете преткомори (атријален септален дефект, ASD), отвор меѓу двете комори (вентрикуларен септален дефект, VSD) или венски спој (patent ductus arteriosus, PDA) меѓу пулмоналната артерија (главната артерија на белите дробови) и аортата.


ТРЕТМАН:

• Терапија со лекови: Лекот наречен

простагландин се аплицира во вените постојано. Со овој лек ductus arteriosus се држи отворен и бебето е во ред до операција.

• Отвор меѓу преткоморите со катетер

(балон-атријална септостомија): Овој метод се врши од ингвиналниот предел. Балонот што е во катетерот се шири меѓу двете преткомори и се намалува цијанозата.

• Операција: Ова е крајниот третман.

Преместувањето на големите артерии може да се коригира со операција на разни начини. Префериран метод е артеријална замена (Jatene) каде што се коригирани артерии што излегуваат од срцето. Коронарните артерии што го снабдуваат срцето се преместени кон новоформираната аорта. Со оваа операција се прави анатомска корекција и на бебињата им се овозможува нормален живот. Меѓутоа, ваквата операција треба да се изврши три недели по раѓањето.

десната комора. Како резултат на тоа, десната комора е мала и недоразвиена. Преживувањето на бебето зависи од отвор меѓу двете преткомори (ASD) и двете комори (VSD). На овој начин крвта со недостиг на кислород поминува од левата преткомора низ отворот меѓу двете преткомори. Тука крвта се меша со крв чиста и богата со кислород што доаѓа од белите дробови. Кожата на бебето има нијанса на виолетова боја поради невообичаениот проток на крвта.

ТРЕТМАН: Децата со ТА може комплетно да се излекуваат со операцијата на Фонтан. Тоа е случај кога крвта со недостиг на кислород што оди во десната преткомора се насочува кон белите дробови за да се оксигенизира преку каналите и спојувањата што се направени поради неразвиена десна комора. Како резултат на тоа цијанозата се елиминира.

• Друга алтернативна операција е атријалната замена (Senning), која може да се опише како промена на преткоморите. Кај оваа операција крвта со недостиг на кислород што доаѓа од телото се насочува кон левата преткомора наместо кон десната, додека крвта богата со кислород што доаѓа од белите дробови се насочува кон десната преткомора наместо кон левата. Ваквата корективна операција може да има последици, како што се неправилности во срцевиот ритам или откажување на срцето подоцна во животот. • Резултатите од овој тип операции се позитивни. Пациентите се развиваат и растат нормално по операцијата. Мал дел од нив има потреба од втора операција. Трикуспидална атрезија (ТА) ШТО Е ТОА? Кај ова заболување трискупидалната валвула што ги дели десната преткомора и десната комора не е развиена. Поради тоа, нема проток на крвта од десната преткомора кон

43


ВРОДЕНИ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Дали жените со вродени срцеви заболувања може да станат мајки?

Дали знаевте?

• Повеќето пациентки што имале успешна операција на срце може да имаат нормална бременост. Меѓутоа, како и сите други трудници, треба да внимаваат на исхраната и да се откажат од некои лоши навики како што е пушењето. Лековите препишани од лекарот треба да се примаат. • Кај некои вродени срцеви заболувања (сериозни срцеви заболувања или заболувања развиени со цијаноза) бременоста може да се смета за

44

Специјалистите се соочуваат со стотици видови срцеви аномалии кај децата. Дополнително овие аномалии може да бидат од еден или од повеќе видови истовремено.

опасност и во тој случај треба да се користи контрацепција. Треба да се консултирате со вашиот кардиолог и да ги применувате советите за контрацепција што ќе ви ги посочи. • Најчесто поставувани прашања кај пациентките со срцеви заболувања е која е веројатноста и бебето да има срцево заболување. Медицината сè уште не може да одговори на ова прашање, но може да објасни: Веројатноста за бебето

да има срцево заболување е 1:100. Овој однос се зголемува во случај кога родителите, браќата, сестрите и роднините имаат вродено срцево заболување. • Пола од децата родени со срцево заболување покажуваат проблем сличен на проблемот на мајката. Но, вроденото срцево заболување може да се дијагностицира со ехо кардиографија додека фетусот е уште во матката.

Пулмонална атрезија (PА)

ТРЕТМАН:

ШТО Е ТОА?

Обично раниот третман што вклучува лекови (простагландин) го оневозможува затворањето на оваа врска (PDA). Белите дробови се снабдуваат со крв преку преместената венска врска помеѓу пулмоналната артерија и аортата. Кај некои пациенти има можност за отворање на ограничената валвула. Доколку десната комора не е развиена на 4-5 годишна возраст, може да се спроведе операцијата на Фонтан (корекција на една комора). Кај пациентите со развиена десна комора може да се изврши комплетна корективна операција.

Пулмоналната атрезија е случај кога валвулата на пулмоналната артерија не се развива, па крвта од десната комора не може да оди во белите дробови преку пулмоналната артерија. Десната преткомора останува мала и не може да се развие. Обично трискупидалната валвула (меѓу десната преткомора и десната комора) е исто така неразвиена. Венската крв што има недостиг на кислород поминува низ отворот меѓу двете преткомори во левата преткомора (ASD) и тука се меша со крвта полна со кислород (светлоцрвена) што доаѓа од белите дробови. Левата комора испумпува крв со недостиг на кислород во аортата што го снабдува телото. Бебето изгледа цијанотично поради ваквата крв што циркулира во артериите. Единствената снабдена крв на белите дробови доаѓа од отворената врска (перзистентен ductus arteriosus) меѓу пулмоналната артерија и аортата. Ако перзистентниот ductus arteriosus, PDA, се стесни или се затвори, пулмоналниот крвен тек е критичен. Затоа оваа состојба претставува голем проблем уште од раѓање.

Truncus Arteriosus ШТО Е ТОА? Оваа срцева аномалија вклучува само една артерија што излегува од срцето и се дели во аортата и во пулмоналната артерија.

ТРЕТМАН: Обично ваквата состојба мора да биде коригирана со операција веднаш по раѓањето на бебето. Широкиот вентрикуларен септален дефект (VSD) се затвора со операција. Пулмоналната артерија се дели од оваа голема вена и се поврзува со десната комора со вештачка вена.


45


ВРОДЕНИ СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Внимание! Бебињата со нелекуван синдром на хипопластично лево срце го губат животот во првите денови или во првите месеци по раѓањето.

Целосна аномалија на пулмоналната венска дренажа (TAPVD)

Синдром на хипопластично лево срце (HLHS)

ШТО Е ТОА?

Кај синдромот на хипопластично лево срце се забележува неразвиеност на левата страна на срцето вклучувајќи ги аортата, аортната валвула, левата комора и митралната валвула. Крвта што се враќа од белите дробови мора да помине во десната преткомора од отворот помеѓу двете преткомори. Десната комора ја испумпува крвта што доаѓа до пулмоналната артерија и крвта поминува во аортата преку отворената врска (PDA – перзистентен ductus arteriosus) помеѓу пулмоналната артерија и аортата.

Кај целосната аномалија на пулмоналната венска дренажа пулмоналните вени што носат крв (светлоцрвена) богата со кислород до левата преткомора обично се отвораат во десната преткомора наместо левата. Во десната преткомора крвта богата со кислород што доаѓа од пулмоналните вени се меша со венската крв што доаѓа од телото. Дел од измешаната крв поминува преку отворот помеѓу двете преткомори (атријален септален дефект, ASD) кон левата преткомора. Стеснетоста се појавува кога крвта се враќа од белите дробови. Ова може да предизвика задржување на крвта во белите дробови и покачен притисок кај пулмоналната артерија.

ТРЕТМАН: Овој недостиг на срцето мора да биде коригиран уште по самото раѓање. Пулмоналните вени се поврзуваат повторно со левата преткомора и отворот помеѓу двете преткомори се затвора со операција. Ако операцијата е извршена веднаш по раѓањето, резултатите ќе бидат поуспешни.

46

ШТО Е ТОА?

ТРЕТМАН: Овие бебиња го губат животот во првите денови или месеци по раѓањето ако состојбата не се третира. Иако е невозможно да се врати срцето во нормална состојба, оваа аномалија може да има потреба од повеќе операции или трансплантација на срце. До операцијата PDA се одржува отворена со помош на лекови (простагландин). Ваквите операции се ризични и комплицирани и секое бебе треба да се испитува посебно. Специјалистите ги проценуваат сите опции за третман во детали вклучувајќи ги медицинските третмани и методите на операција. Откако ќе се одлучи, операцијата се извршува во неколку стадиуми. Во првиот стадиум Норвуд операцијата се извршува со цел целата крв да се испумпа до белите дробови преку десната комора. Оваа операција мора да се направи веднаш по раѓањето. Двонасочна Глен операција и, конечно, Фонтан операција во подоцнежните стадиуми. Кај овие операции се прави врска помеѓу пулмоналната артерија и вената што носи крв богата со кислород што се враќа во срцето. Главната цел на овие операции е десната комора да испумпува само крв богата со кислород во телото. Операцијата спречува или го намалува количеството на крв со недостиг на кислород да се меша со крвта богата со кислород.


Мајката на Есаналина: „Ни кажаа дека нејзиното заболување е ретко. Иако нашата ќерка беше на граница меѓу животот и смртта, ние не изгубивме надеж. Им верувавме на специјалистите. Кога имаше 19 месеци, од Казахстан ја донесовме во Истанбул. Кога слетавме во Истанбул, знаевме дека тоа е местото каде што ќе го пронајдеме лекот. Нејзината операција траеше со часови и секоја минута беше како година... Откако лекарот ни соопшти дека операцијата помина успешно, блеснавме од среќа. Исто како ќерка ми повторно да се роди!“

Есаналина, 19 месеци

Приказна за малечко срце

Направена е пулмонална артерија од срцевата обвивка:

• Бебе од Казахстан; • Родено е со неразвиена пулмонална артерија.

Немаше никаква поврзаност меѓу белите дробови и срцето што обезбедува циркулација;

• Беше помодрена, се задушуваше и имаше напредна фаза на срцева слабост;

• Нејзиниот проблем е редок случај во медицината;

• Кога имаше 19 месеци, таа со семејството дојде во „Аџибадем“;

• Тим од 10 специјалисти оперираа осум часа; • Левата и десната артерија беа направени од дел земен од срцевата мембрана;

• По операцијата таа имаше посебна нега и

третман за дишење со цел белите дробови да се навикнат на новата ситуација.

Е.Н. се смееше во рацете на мајка си кога беше отпуштена од болница. Можеше да дише лесно, без да помодри. Нејзиното срце сега може да се развива нормално.

47


ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕ КАЈ ДЕЦАТА

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ

ПРЕД И ПО ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕ КАЈ ВАШЕТО ДЕТЕ Дури и најмалите срца може да се оперираат и да се развијат здраво. Но без разлика дали операцијата е комплицирана или не, секое дете треба да се подготви за зафатот.

ПРЕД ОПЕРАЦИЈА

Подготовки за операција:

Во случај кога вашето дете има срцева аномалија, го испитуваат кардиолози за деца, како и кардиоваскуларни хирурзи. Одлуката да се направи операција е во корист на вашето дете. Ризикот е сведен на минимум доколку операцијата се прави во добро опремена болница и со искусен тим експерти. Како треба да се подготвите за операција?

болница краток период пред операцијата каде што ќе биде 5-10 дена. Во зависност од условите за операција, времето на престој може да варира. Многу е важно вашето дете да биде во што е можно подобра состојба пред операцијата. Ако има температура, кашлица или настинка, треба да го информирате кардиологот или кардиохирургот. Операцијата може да се одложи за неколку дена откако ќе биде згрижено.

Може да биде потребна трансфузија на крв додека трае операцијата Може да има потреба од трансфузија на крв при операција на срце. Количеството крв може да варира во зависност од операцијата. За операција на отворено срце може да бидат потребни 2-4 единици крв, додека за операција на затворено срце 1-2 единици. Крвта внимателно се проверува за заразни болести вклучувајќи СИДА и хепатитис (Б и Ц).

48

• Вашето дете се згрижува во

Општа процена

• Функцијата на црниот дроб и на

бубрегот и факторите на коагулација на вашето дете се оценуваат пред операцијата. Потенцијалните причини за инфекција што може да претставуваат ризик во текот или по операцијата се утврдуваат и ако е потребно се третираат. Специјалист по педијатрија прави општа процена на вашето дете, а стоматолог ги прегледува забите. Координаторот на пациентот ве известува за состојбата на вашето дете додека се прават подготовките за операција.


Во текот на операција Операцијата на срце ја извршува тим од специјалисти, техничари и медицински сестри. Хирургот е одговорен за извршување на операцијата, а останатите ги следат циркулацијата на крвта, дишењето и другите витални функции на пациентот употребувајќи најсовремена технологија. Координаторот на пациентот ве известува и ви помага додека се прават подготовките за операција на вашето дете.

Отворена операција на срце:

Кај ваквата операција се употребува пумпа за срцето и белите дробови, со што се овозможува крвта богата со кислород да се испумпа низ телото независно од белите дробови и срцето. Ова овозможува срцето да застане и да се коригира безбедно.

Со овој метод хирургот има можност јасно да ги види нарушувањата на срцето, кои потоа може да ги коригира. Потоа, пумпата се отстранува со што срцевата функција е повторно воспоставена. Срцето и белите дробови си продолжуваат со работа и испумпуваат крв богата со кислород низ телото. Кај некои случаи при отворената операција на срце може да се примени метод наречен хипотермија. Во таквиот случај температурата на телото се намалува со цел да се запре циркулацијата на крвта, што овозможува да се коригира срцето безбедно.

Затворена операција на срце:

Затворената операција на срце не вклучува употреба на пумпа за срцето и за белите дробови.

49


ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕ КАЈ ДЕЦАТА

Стационар Откако вашето дете ќе биде изнесено од интензивна нега, се носи во педијатрискиот стационар. Во овој период бидете постојано со вашето дете, бидејќи вие сега ја имате најважната улога во неговото закрепнување. Респираторната терапија почнува со вклучување вежби за кашлање и за дишење со цел да се спречат тешкотии во дишењето и работата на белите дробови. Вашето дете ќе има потреба од аналгетици уште извесен период. Можете да се вклучите во закрепнувањето на следните начини:

Дали знаевте?

• Кога го кревате бебето, држете му ги двете раце и придржувајте ги грбот

Понекогаш градната коска кај бебињата што имале комплицирана операција останува отворена по операцијата. Ова овозможува критичните денови на закрепнувањето да поминат безбедно без да се притискаат срцето и белите дробови.

• Рацете треба убаво да ги измиете пред контакт со детето. Може да го гушкате внимавајќи на засекот кај градите и на опремата што се користи за третман. Посетителите не треба да седат многу долго во стационарот и да го загадуваат воздухот во собата, исто така не треба да го бакнуваат детето. Храната и пијалаците не ги оставајте отворени во собата. Исто

Минимално инванзивна операција на срце: Некои операции на срце може да бидат извршени со мал засек во градите и со употреба на специјални инструменти и со видеокамера. Познато како минимално инванзивна операција на срце, засекот е минимален и периодот на заздравување е краток. Но ваквите операции не се секогаш соодветни за сите срцеви аномалии. Дури и успешната операција може да остави лузни што резултираат со естетски и со психолошки проблеми во иднина. Операциите извршени со мал засек го минимизираат овој проблем.

По операцијата Интензивна нега

Вашето дете се пренесува на интензивна нега веднаш по операцијата каде што специјално обучениот тим на лекари дава здравствена нега 24 часа на ден. Сите витални знаци на вашето дете се следат. Не грижете се за апаратите во интензивната нега и за цревата што се прикачени за детето. Сите се потребни и се нормален дел од негата по

50

така одржувајте ја и хигиената во болничката соба. • На вашето дете можеби ќе му биде потребен режим на исхрана што не содржи сол со цел да се спречи задржување на водата во телото по операцијата. Можеби ќе треба да прима диуретик, антибиотици или лекови како што е дигоксинот. Внимавајте вашето дете да ги прима лековите според пропишаното.

и главата. Избегнувајте движења што би можеле да наштетат на хируршката рана. Според препораките на лекарот, движете се со бебето во стационарот. Може да има црево за дренажа и серум, прикачени за вашето дете. Ова не треба да ве спречи да го движите детето под надзор на медицинска сестра.

• Кај некои деца треската се јавува како реакција на операцијата. Ако треската продолжи, можни се повторни испитувања за да се одредат причината и третманот. Може да му дадете морална поддршка на вашето дете додека подлежи на тестирањата.

операцијата. Апаратите се отстрануваат еден по еден кога ќе се покаже дека не се повеќе потребни. Посебните апарати се: Респиратор; Ендотрахеална цевка прикачена на респираторот; Маска за кислород што снабдува повеќе кислород; Цевки за дренажа за насобраната крв и за течности во градите, што се ставени во текот на операцијата; Интравенозно снабдување со крв, серум и со лекови; Назогастричен катетер, кој е прикачен на носот и води до стомакот и електроди и кабли што ги следат срцебиењето и крвниот притисок.

• • • • • •

Внимавајте

• Сè од горенаведеното е потребно

за да се следи вашето дете по операцијата на Одделот за интензивна нега. Не се препорачува посета во интензивната нега поради медицински причини. Редовно ќе бидете информирани за напредокот на детето. Имате можност да зборувате со лицето одговорно на Одделот за интензивна нега, по


Кога може детето да се врати дома? Вашето дете набргу ќе закрепне од операцијата и ќе биде подготвено да ја напушти болницата. Резултатите од операцијата може да бидат готови пред отпуштање од болницата. Можете да се вратите дома кога детето ќе закрепне и кога лекарот ќе биде задоволен од состојбата вашето дете. Од тој момент срцето на вашето дете ќе расте и ќе се развива нормално.

телефон или на влезот на Одделот. Дежурното лице ќе ви ја објасни состојбата на вашето дете. Посетите во Одделот за интензивна нега се ограничени со цел да го заштитат детето од инфекции и од болести. Ако лекарот ја продолжи хоспитализацијата на интензивна нега, тогаш е дозволена посета на еден член од семејството, кој мора да биде облечен во посебна (стерилна) униформа. Вашето дете е под дејство на лекови, па, најверојатно, кога ќе го посетите, ќе спие. Ако има потреба од посебни процедури по операцијата, ќе бидете целосно известени од тимот на интензивна нега. Вашето дете нема да чувствува тешкотија или болки бидејќи е под терапија.

Што да правите дома?

• Да се придржувате кон

инструкциите на лекарот до следниот преглед. Помогнете му на детето да биде активно според препораките на лекарот.

• Откако вашето дете ќе биде

отпуштено од болница, треба да се погрижите да ги добива препишаните лекови. Треба да подготвите распоред за лековите со цел да не ги мешате имињата и времето на примање на лековите.

• Може да го капете вашето

дете, но без сапун сè додека не зарасне раната од операцијата. Да не се полни кадата со меурчиња и да не се поминува преку раната со сапун. Да не се користи многу жешка или многу ладна вода.

• Згответе му ги омилените

јадења. Добрата исхрана е потребна за закрепнување. Избегнувајте мрсна, солена и слатка храна. Подгответе храна што е лесно сварлива, на пример, супа, и лесна храна, како што е бебешката.

• Не пушете во присуство на

бебето и избегнувајте зачадени простории.

• Внимавајте на движењата

како што се тегнење на градниот кош или кревање тешки предмети посебно во првиот месец.

• Веднаш јавете се во

болница ако вашето дете има температура, тешкотии при дишењето, задржување на водата или други сериозни промени. Во итен случај донесете го детето во болница.

51


52


Мала аномалија во артериите и валвулите или ненадеен проблем што се развил во срцето може да влијае врз начинот на живеење. Следуваат најчестите срцеви заболувања кај кои раната дијагноза е исклучително важна поради нивните сериозни последици.

СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

53


СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

ЗАБОЛУВАЊА НА КОРОНАРНИТЕ АРТЕРИИ Заболувањата на коронарните артерии се првата асоцијација за кардиоваскуларни болести. Ваквите болести се во пораст и се опасни за живот. Ако не се дијагностицираат и не се третираат навреме, може да резултираат со срцев удар. Промената на начинот на живеење во значителна мера го намалува ризикот од овие заболувања.

Што е тоа?

Заболена артерија

Заболувањето на коронарните артерии (кардиоваскуларно заболување) е најчесто заболување на срцето. Како настануваат кардиоваскуларните заболувања? Следуваат најважните информации поврзани со развојот на заболувањата на коронарните артерии:

Внатрешноста на артеријата може да заболи поради зголемен холестерол, висок крвен притисок или пушење. Тоа резултира со создавање наслаги на артерискиот ѕид (наслаги на масти и на калциум), што го попречува текот на крвта. Ваквата ситуација сигнализира почеток на коронарно заболување на срцето.

Вашето срце: Крвта му дава моќ Срцето испумпува крв низ целото тело. За да се спроведе оваа функција, потребна е крв богата со кислород. Ваквата крв се канализира во срцето преку коронарните артерии.

Коронарни артерии: Извор на живот на срцето Работата на срцето зависи од крвта снабдена од коронарните артерии. Замислете ги коронарните артерии како први гранки во аортата, која е најголемата артерија што носи крв од срцето кон телото. Левата и десната коронарна артерија се разгрануваат во помали артерии и го снабдуваат целото срце со крв.

Здрава артерија Крвта тече слободно низ здравата коронарна артерија. Така срцето е снабдено со потребната крв богата со кислород. Здравите артерии може да пренесат и поголемо количество доколку е потребно.

54

Стеснета артерија Ако има повеќе насобрани наслаги, стеснувањето ќе биде поголемо и ќе се намали протокот на крв кон срцето. Со тоа се ограничува нивото на кислород во срцето и може да предизвика болки во градите.

Блокирана артерија Стеснетата артерија која целосно е блокирана од згрутчената крв предизвикува срцев удар (миокарден инфаркт). Недостигот на крв богата со кислород води до трајно оштетување на срцевиот мускул.


Постојат три методи на третман кои се употребуваат кај пациенти кај кои биле дијагностицирани кардиоваскуларни заболувања. Тоа се лекови, перкутани коронарни интервенции и отворени операции на срце. Лекарот и пациентот заедно одлучуваат кој од методите е најсоодветен.

Лекарства Пациентите кај кои не се дијагностицирани кардиоваскуларни заболувања (примарна превенција) и пациенти кај кои се дијагностицирани (секундарна превенција) реагираат различно на лекарствата. Секој кардиоваскуларен пациент дневно треба да зема 100 мг аспирин. Но аспиринот не се препорачува на сите здрави лица. Многу е важно пациентите да се придржуваат кон начинот на исхрана и редовно да примаат лекарства за крвен притисок. Започнувањето со лекарствата за холестерол зависи од примарните или од секундарните превентивни фази. Истото важи и за другите лекарства.

Коронарна ангиопластика и вградување на стент Коронарната ангиопластика (отворање на артеријата со употреба на балон) е нехируршки метод за отворање стеснети коронарни артерии. Катетерот се вметнува во артеријата, на раката или ногата, преку која се носи кон срцето. Балонот се внесува преку катетерот и се поставува на местото. Тогаш се дува (приближно 3 см во должина и 3-4 мм во ширина) и овозможува ширење на стеснетата артерија.

Минимално инванзивни методи Тоа се комплицирани ендоскопски операции направени со мал засек. Едноскопската операција е минимално инванзивна постапка. Малите засеци се во пределот на градите преку кои со специјални ендоскопски инструменти се извршува операцијата на срце. Ендоскопскиот метод се применува кај зафатите за коронарен бајпас, кај корекциите на валвулите, кај интервенцијата за замена на валвулите, кај затворање на отворите во срцето и кај процедурите на аблација за третман на ритамот.

Деликатни операции со робот Роботот што е направен за хируршки цели може да оперира кога е контролиран од хирург. Главната разлика помеѓу операцијата со робот и ендоскопската операција е тоа што хирургот управува со роботот и ја следи интервенцијата на екран. Хирургот седи на специјално дизајнирана конзола лоцирана до операционата маса каде што лежи пациентот. Конзолата му овозможува визуелизација на оперативното поле на хирургот. Благодарение на добрата визуелизација, со помош на роботот, хирургот може да изведува тешки и комплицирани интервенции.

Бајпас Операцијата за бајпас на коронарна артерија е хируршка интервенција каде што се создава посебен пат на блокираните или стеснетите артерии. Во случај каде што има повеќе блокирани артерии, тогаш се потребни повеќе бајпаси за интервенцијата да може да се изврши. Артериите или вените што се употребуваат за бајпас се викаат графтови. Тие се земаат од градите, раката или ногата и се прикачуваат на блокираната коронарна артерија. Најчесто употребувани графтови се од градите, артеријата на раката и од вените на нозете.

55


СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Заболувања на срцевата валвула Мала, слаба валвула може да сигнализира почеток на поголем проблем кај срцето Срцето има четири валвули што се отвораат и се затвораат 24 часа. Но, доколку валвулите не се отвораат или не се затвораат соодветно, тогаш може да предизвикаат разни здравствени проблеми. На почетокот на заболувањето може да не се јават симптоми. Токму затоа, многу луѓе не се свесни и со години живеат со ваквите проблеми.

Што е тоа? Пред да започнеме со заболувањата на срцевата валвула, неопходно е да се објасни структурата на срцето. Срцето има четири комори кои вклучуваат две комори и две преткомори. Овие прегради се делат на десната и на левата страна на срцето. Преградите ја спречуваат крвта од десната страна да премине на левата. Четирите валвули овозможуваат крвта да тече во еден правец. Крвта со недостиг на кислород што се враќа во срцето влегува преку трискупидната валвула во десната комора. Пулмоналната валвула тогаш се отвора и ја носи крвта до белите дробови за да се оксигенизира. Крвта богата со кислород влегува преку левата преткомора во левата комора. Аортната валвула се отвора за да испумпа крв богата со кислород низ целото тело. Ако валвулите не се отвораат или затвораат соодветно во текот на оваа непрекината постапка, тогаш можно е да резултира со заболување на срцевата валвула.

Методи на третман Кај повеќето случаи на лесни заболувања кај валвулите доволно е редовен преглед кај лекар. На пациентите со тегоби може да им се препишат лекови во зависност од тегобите и од видот на заболувањето на валвулата.

Интервентни методи

Стеснетите артерии се прошируваат со метод на балон Овој метод се користи кај валвулите што се стеснети. Најчесто се извршува на митралната валвула. Пациентот прима локална анестезија. Се вметнува катетер во

56

ингвиналната артерија и се поставува на заболената валвула. На ова место се дува балон, при што валвулата е подложена на притисок. Балонот се дува и ја исправува стеснетоста.

Минимално инванзивни методи Ендоскопската операција е минимално инвазивен метод каде што отворената операција на срце се изведува со специјални ендоскопски инструменти преку мал рез во градниот предел. Во текот на операцијата сите хируршки инструменти се под контрола на хирургот. Делот што се оперира може да се види со ендоскопската камера.

Деликатни операции со робот Операциите со помош на робот се изведуваат на тој начин што за време на интервенцијата, роботот е под целосна контрола на хирургот. Во тоа е и основната разлика помеѓу ендоскопската операција и операцијата со робот. За време на интервенцијата хирургот седи на конзола која е оддалечена од операционата маса и оттаму ја контролира работата на роботот. Преку конзолата хирургот има добра визуелизација на операционото поле. Истовремено преку конзолата хирургот ги движи рацете на роботот, од кои една од нив е камера која рефлектира 3-димензионална слика со висока резолуција. Ваквиот приказ му дава прецизна слика на оперативното поле до најситен детаљ. Прецизноста му овозможува на хирургот да го управува роботот и да ги изведува и најтешките и деликатни операции.


Хируршки методи

Замена на валвулата со класична операција Постојат четири валвули во срцето што го одредуваат правецот на текот на крвта. Со тек на времето и поради одредени причини тие може да ја изгубат функционалноста (вроден ревматизам на срце, калцификација или инфекција на валвулата). Како последица на ова се појавува стеснување или неправилности на срцевите валвули. Најчесто проблеми се појавуваат кај аортната и кај митралната валвула. Во тој случај неисправните валвули се отстрануваат и се заменуваат. Како и бајпас операцијата, и оваа процедура се изведува со отворена операција на срце. Валвулите се заменуваат со вештачки или со биолошки валвули. Вештачките се поцврсти и треба да се земаат лекови за разретчување на крвта. Биолошките валвули имаат покус животен век и немаат потреба од лекови. Кај некои посебни случаи неисправните валвули се коригираат, не се заменуваат. За корекција на валвулите потребни се комплицирани методи. Но се користат во зависност од функцијата на срцето и нема потреба од лекови.

Важни информации поврзани со земање на антиколагулантна терапија Третман:

• • •

Земајте ги лековите секој ден во исто време и на ист начин; Редовно вршете тест на протромбинското време кога лекарот ќе ве советува; Ако сте заборавиле да земете лекови и ако се сетите пред 00:00 часот, тогаш може да го земете лекот. Но, ако се сетите по полноќ, мора да чекате до наредниот ден кога мора да ја земете само препишаната доза. Никогаш не земајте две дози одеднаш. Ако сте заборавиле да земете доза два дена, треба да се јавите на лекар зашто може да има промени во дозата; Забележувајте си на календар кога ги примате дозите; Треба да земате лекови онолку долго колку што ви одредил лекарот (ако е потребно, цел живот); Ако почувствувате дека нешто не е в ред, консултирајте се со вашиот лекар.

• • •

Третман со антикоагулантни лекови

Вашиот лекар може да препорача третман со антикоагулантни лекови со цел разредување на крвта. Антикоагулантните лекарства ги контролираат згрутчувањата во крвта и спречуваат создавање на тромб во артериите и во срцето. Ако имате тромб, тогаш лекот спречува истиот да се зголеми или да премине на друго место во телото.

57


СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Поради овие причини, ако антикоагулантниот лек го земате редовно, третманот ќе биде успешен, ќе се намали ризикот од компликации и ќе ви помогне да водите нормален живот. Можеби одредени тестови ќе бидат потребни со цел да се одреди кога се појавува тромб. Тестовите исто така покажуваат дали дозата е доволна. Тестовите се извршуваат во интервали определени од лекарот. Резултатите од тестовите помагаат во регулирањето на дозата на антикоагулантни лекови, со што се постигнува баланс меѓу крвавењето и згрутчувањето.

Дијагностички методи Електрокардиографија (ЕКГ): Се

снима ритамот на срцето. Овој метод ги испитува аритмиите, заболувањата кај коронарните артерии и заболувањата кај електромеханичките варијации на валвулата.

Снимање на градите: Се испитуваат

големината на срцето и состојбата на белите дробови.

Ехокардиографија: Метод на ултрасонографија на срцето, што дава слики преку ултразвучни бранови. Овој метод ја испитува големината на коморите на срцето, функцијата на срцето, ѕидовите на срцето, структурата на артериите, вродените аномалии и дијаметарот на валвулите. Се забележуваат и шумовите. Катетеризација на срце: Најчесто, овој метод не е потребен. Се изведува додека пациентот е свесен. Преку ингвиналната регија се вметнува катетер и нежно се турка сè додека стигне до срцевата празнина. Може да се примени заедно со коронарната ангиопластика во случаи кога е потребна операција. Со ова се утврдува дали има проблем во коронарните артерии.

58

Аритмии Неправилности во срцевиот ритам со брзи и бавни отчукувања Аритмија или неправилното отчукување на срцето се забележува кај луѓе со срцеви заболувања, но и кај здравите луѓе. Во зависност од тоа дали срцето чука брзо, бавно или нерамномерно постојат разни симптоми на аритмија, од срцебиење до несвестица.

Што е тоа? Аритмијата се појавува како резултат на проблемите во отчукувањата на срцето. Срцето кај здравите луѓе во мирување чука 60-100 во минута. Отчукувањата варираат во зависност од потребите на телото. На пример, срцевите отчукувања кај здравите луѓе при одмор забавуваат, а срцевите отчукувања при напор, температура или возбуда забрзуваат.

Третман

Третман со лекови Постојат лекови за регулирање на ритамот на срцето во зависност од видот на аритмијата. Меѓутоа, треба да бидат третирани основните болести што предизвикуваат аритмија. Понекогаш лекарствата не се доволни, за што е потребна интервенција.

Хируршки методи Атријалната фибрилација може да се излекува и хируршки. Основната цел на третманот е целосно да се отстрани атријалната фибрилација и да се обезбеди нормален ритам.


Пејсмејкери и ICDдефиблиратори во третманот за аритмија Што е пејсмејкер? Пејсмејкерот е уред кој е комбинација од компјутерски чипови, кои може да се програмираат, и од батерии. Се вградува во градите веднаш под клучната коска во кожата. Посебните жички се вметнуваат во вените од срцето под клучната коска. Потоа каблите се приклучуваат до системот на батерии. Оваа процедура трае 1-2 часа под локална анестезија и се смета за минимална операција. Пациентот се очекува да остане во болницата 1-2 дена по операцијата.

На кого може да му се вгради пејсмејкер?

Третман со аблација Третманот со аблација вклучува внесување специјални жички наречени електроди во ингвиналните вени и артерии. Жичките ги одвојуваат електричните патишта помеѓу коморите на срцето. Со овој метод трајно се елиминира аритмијата. Аритмијата што се лекува со аблација може да варира во зависност од видот. Успешноста на третманот со аблација е помеѓу 60-99%. Степенот на компликација од третманот е низок и зависи од видот на аритмија. Најчести компликации се артериските. Иако ретко, третманот со аблација понекогаш може да го наруши нормалното функционирање на срцето. Тогаш пациентот има потреба од пејсмејкер. Третманот со аблација се користи за третирање на сите видови аритмии: суправентрикуларни тахикардии, атријални тахикардии и Паркинсонов синдром. Третманот со лекови е корисен во спречувањето на аритмијата.

Пејсмејкерите се наменети за пациенти кои страдаат од аритмија која го забавува ритамот на срцето (синдром на заболен синус, AV-блок). Пејсмејкерите обично имаат една или две електроди. Во последните 10 години се користат и пејсмејкери со три електроди, што служат за борба против срцевата слабост и се направени за пациенти кои имаат нарушена функција помеѓу левата и десната страна на срцето. Се поставува при ослабена функција на срцето и при забавена реакција на електрофизиолошкиот спроводен систем на срцето. Пејсмејкерите ги коригираат неправилностите во електрофизиолошкиот спроводен систем на срцето помеѓу преткомората и комората, помеѓу двете комори и помеѓу ѕидовите на левата комора. Животниот век на пејсмејкерите во просек е 5-6 години.

Што е ICD (имплантабилен кардиовертер дефибрилатор) Тоа се генератори со мала батерија, слични на пејсмејкерот, кои се вградуваат во пациентите. Уредот е програмиран да забележи забавување на срцето и потенцијална ризична аритмија. Уредот автоматски ја дијагностицира и ја коригира аритмијата со ненадеен електрошок. Начинот на кој се вградува е сличен како кај вградување на пејсмејкер.

59


СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Ендокардитис

Заболување на срцето предизвикано од инфекции Не е секогаш лесно да се дијагностицира инфекција на срцето предизвикана од разни причинители. Симптомите може да варираат во зависност од заболениот дел на срцето и од видот на бактеријата. Лекувањето на ендокардитисот е неопходно. Пациентите со срцеви заболувања треба да бидат добро негувани. 60

Што е тоа? Ендокардитисот е микробиолошко воспаление на внатрешниот слој на срцето наречен ендокардиум, кој ги вклучува и валвулите. Неправилниот проток на крв во срцето забележан кај пациенти кои страдаат од болести на срцето, вродени или не, го оштетува ендокардиумот. Така крвта доаѓа во контакт со базалниот колаген. Фибрините и тромбоцитите се таложат на колагенот и така се згрутчува крвта. Бактеријата која во организмот влегува преку устата, се меша во крвниот тек и предизвикува инфекција. Ендокардитисот може да се појави по операција

поради присуство на бактерија на

оперираниот предел, на вештачките

валвули или на кој било друг материјал употребен при операцијата. Ендокардитисот претставува сериозен ризик за пациентите и мора да се третира брзо.

Третман Пациентите земаат антибиотици интравенски најмалку 4-6 недели. Операцијата е алтернатива кога пациентот е со срцева слабост или има тромб.


Кардиомиопатија

(Заболување на срцевиот мускул) Третманот при заболувањата на срцевиот мускул вклучува трансплантација на срце Кардиомиопатијата може да се развие поради генетски или други околности. Во зависност од видот постојат разни методи на третман, кои вклучуваат и трансплантација на срце.

Д

ефинирани од Светската здравствена организација (СЗО) во 1995, кардиомиопатиите се заболувања на срцевиот мускул кои предизвикуваат неправилности на срцето. Постојат четири групи на кардиомиопатии: 1. Дилатациона кардиомиопатија 2. Хипертрофична кардиомиопатија 3. Рестриктивна кардиомиопатија 4. Аритмогена десновентрикуларна кардиомиопатија

Кои се причините за кардиомиопатија? Постојат многу фактори за кардиомиопатија вклучувајќи заболување на коронарните артерии, заболување на срцевите валвули, хипертензија, системски инфекции, заболувања на метаболизмот, труење и генетски причини. Во зависност од тоа дали е наследна или не, кардиомиопатијата може да се категоризира како примарна (генетска и негенетска) и секундарна (стекната).

Хируршки алтернативи Операција може да се изврши во случај кога лекарствата или интервенциите не може да се применат. Хируршките методи се применуваат за третирање на кардиомиопатиите.

Хируршки методи за кардиомиопатија Динамична кардиомиопластика Кај овој метод се зема мускулот latissimus dorsi од градите и се обвива околу срцето внимателно без оштетување на нервите и на артериите. Електрофизиолошкиот систем на мускулот го помага срцебиењето. Целта на овој метод е да го спречи зголемувањето на срцето и да ја намали потребата за кислород. Ваквиот метод се употребува често.

Миоцитни клетки за трансплантација Во последните години често се извршува трансплантација на клетки со цел да се излекуваат нарушените клетки на срцевото ткиво. Срцевиот мускул содржи ткиво што не се регенерира. Трансплантацијата на матични клетки главно го овозможува развојот на здраво ткиво на срцето кај оштетените предели. Но, клиничката примена е ограничена.

Реконструкција на левата комора Кај кардиомиопатијата се забележува недостиг на структурата на срцето. Во последните години акцент се става врз хируршките интервенции за корекција на структурата на комората. Срцето си ја враќа елипсовидната форма и левата комора се реконструира во текот на отворената операција.

61


СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Геометриски помошни уреди што се аплицираат во и околу срцето Овие уреди овозможуваат срцето да функционира без тешкотии компресирајќи ги внатрешниот и надворешниот ѕид на срцето.

Помошни уреди за циркулација Овие уреди овозможуваат крвта да се испумпа до органите од телото во ситуации кога срцето не може. Крвта се испумпува на сличен начин како при срцевата функција. Уредите се вградуваат преку отворена операција на срце. Кај некои уреди можно е вградување преку катетер во ингвиналната регија. Животниот век на уредите зависи од методот на третман.

62

Дилатациона кардиомиопатија Заболување при кое зголеменото срце е со намалена функција

Трансплантација на срце

Што е тоа?

Трансплантацијата на срце се применува кај пациенти кои страдаат од напредна срцева слабост и докажано е дека го продолжуваат животот. Сепак, поради недостиг на донатори, зголемувањето на успешноста на третманот и развивањето на алтернативните хируршки методи се очекува допрва да се достигнуваат.

Третман

Состојба кога прво левата страна на срцето и понекогаш придружувана од десната страна се зголемува и води кон намалување на срцевата функција. Прво се третираат главните причини. Првиот алтернативен третман вклучува употреба на лекарства како што се бета-блокаторите и лекарствата кои го забавуваат отчукувањето на срцето и кои се користат примарно за третман на хипертензија. Други лекарства може да се препишат во случај кога пациентот страда од атријална фибрилација, која го зголемува ризикот за појава на тромб во срцето. Тромбот може да се помести до другите органи во телото и може да предизвика парализа и други проблеми, посебно на мозокот. Терапијата за срцева ресинхронизација вклучува електрични спроводници за да се подобри координацијата на деловите од срцето со цел контракциите да имаат доволно сила да испумпуваат крв. Терапијата за срцева ресинхронизација е особено

корисна за пациенти кои се жалат на тешкотии при дишење и покрај третманот со лекови. Може да се вградат трајни пејсмејкери, како што се дефрибилаторите или ICD, кои предизвикуваат мали електрични удари и ја намалуваат аритмијата. Приближно една третина од пациентите што страдаат од дилатациона кардиомиопатија го губат животот поради вентрикуларна аритмија. Поради тоа, многу е важно да се вгради ICD. Оштетувањето на митралната валвула како резултат на проширување на срцевите празнини може неповолно да влијае врз пациентот. Под овие околности може да се направи отворената операција на срце за да се намали оштетувањето на валвулата или вградувањето на перкутаниот клип, кој се прави на сличен начин како ангиографијата. Уредите направени за да ја намалат големината на валвулата може да се вградат и во срцето со цел да се подобри состојбата на пациентот. Пациентите кај кои не одговара ваквиот третман се советуваат за трансплантација на срце.


Хипертрофична кардиомиопатија Генетска болест предизвикана од мутации во гените кај кои е кодиран мускулот на срцето

Што е тоа? Хипертрофичната кардиомиопарија е генетска болест предизвикана од мутации во гените кај кои е кодиран мускулот на срцето. Се утврдува со видливо задебелување на ѕидот кај срцето, поточно на левата комора. Оваа состојба е честа кај луѓето. Еден од 500 луѓе страда од хипертрофична кардиомиопатија. Меѓутоа, хипертензијата исто така предизвикува задебелување на ѕидот од срцето и може да предизвика проблем во дијагнозата. Спортистите, што во принцип имаат дебел ѕид на срцето, треба да се дијагностицираат прецизно зашто фаталните проблеми кај аритмијата што се поврзани со хипертрофичната кардиомиопатија се причини за ненадејна смрт. Пациентите со хипертрофична кардиомиопатија живеат со аритмија, која значително го нарушува здравјето на срцето. Поради Ако стеснувањето не може да се ова, важно е да се идентификуваат контролира со лекарствата и ако ризичните групи на пациенти. пациентот се жали на отежнато дишење, тогаш задебелениот дел Третман може да се намали со две методи. На пациентите со висок ризик Првиот е со миектомија, што се треба да им се вгради ICD, кој извршува преку отворена операција праќа електроудари кон срцето на срце. Со овој метод се отстранува зашто срцевиот мускул кој се задебелениот срцев мускул. задебелува поради хипертрофичната Вториот метод е ангиографски. Се кардиомиопатија може да го стесни врши нехируршка постапка наречена левиот излезен тракт на срцето септална аблација. Овој метод со секое отчукување. Лекарствата создава контролиран срцев удар, се првиот метод на третман кој кој ја уништува областа на срцевиот спречува стеснување на излезниот мускул одговорна за опструкција. тракт на левата комора и го намалува Се инјектира етанол во артеријата бројот на отчукувања на срцето. што го контролира оштетувањето.

Алтернативно може да се употреби спирала за задржување на крвниот тек на областа. Овие методи ја намалуваат областа што се задебелила. Поради тоа што болеста е генетска, важно е да се заштитат и членовите во фамилијата.

63


СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Рестриктивна кардиомиопатија Срцето не прима доволно крв Што е тоа? Вид на кардиомиопатија каде што ѕидовите на срцето се крути и го ограничуваат протегањето на срцето, а со тоа и протокот на крв. Срцевите празнини не се шират, а отчукувањата се нормални. Меѓутоа, се појавуваат проблеми поврзани со крвниот тек.

Третман Освен третманот со лекарства за намалување на болката, опција е и трансплантација на срце.

Aритмогена десновентрикуларна кардиомиопатија Води кон срцева слабост во комбинација со аритмија Што е тоа? Причините се непознати и се претпоставува дека се генетски.

Како се дијагностицира? Маснотиите и нефункционирањето може да се утврдат со ехокардиографија и со MRI на срцето.

Третман Понекогаш левата и десната половина на срцето може да се инволвирани, што води до срцева слабост на левата страна. Сериозните аритмии може да се третираат со вградување ICD-уреди, кои даваат струја на срцето. Кај пациентите кои не реагираат на третманот треба да се направи трансплантација на срце.

64


Заболувања на аортата Нефункционирањето на аортата може да доведе до состојба на животна опасност Аневризмата што се формира на аортата во градите или во абдоменот треба да се третира веднаш, во спротивно може да биде ризично за животот. Превентивните мерки, како што се откажување од пушењето и намалување на холестеролот, може да го намалат ризикот од аневризма, која се формира во подоцнежните години.

Абдоминална аортна аневризма

Ризик предизвикан од зголемување на абдоминалната аорта Што е тоа? Оштетувањето на аортниот ѕид предизвикува ширење на артеријата во абдоминалниот предел. Најчесто може да се забележи кај постарите мажи. Главно постојат 2-3 случаја на секои 10.000 луѓе. 3% од пациентите се над 50-годишна возраст, додека 5-6% од пациентите се над 65-годишна возраст.

На кого му е потребна терапија? Пациентите кај кои е дијагностицирана аортна аневризма треба да го следат факторот за ризик. Крвниот притисок треба да биде под контрола, но и откажувањето на цигарите е исто така многу важно. Ако дијаметарот на аневризмата е над 5 см, тогаш потребна е итна интервенција. Меѓутоа, кај пациентите со пукната аортна аневризма потребен е итен третман без разлика на дијаметарот на аневризмата.

Методи на третман Отворена операција

Овој метод вклучува рез од 15 до 20 см на абдоминалниот ѕид каде што е лоцирана аневризмата. Оваа постапка често се изведува под целосна анестезија. Аортата се

заменува со вештачки материјал и се става бајпас. Пациентот останува на интензивна нега еден ден и уште една недела во болница.

Ендоскопски метод Овој метод е сличен на отворената операција. Меѓутоа, наместо еден широк рез, ендоскопските уреди се внесуваат во абдоминалниот предел преку мали резови. Овој метод има предност во споредба со отворената операција на срце зашто резовите се помали. Со овој метод пациентот чувствува помала болка и помалку крвави. Пациентот останува во болницата пократко во споредба со отворената операција на срце.

Коригирање на ендоваскуларна аневризма (EVAR) Овој метод се применува со употреба на катетер во хируршки услови. Аортниот дел каде што е лоцирана аневризмата се коригира со стент воден од катетер кој е внесен преку ципата. Процедурата се изведува со локална анестезија. Ендоваскуларниот метод е погоден за пациенти кои имаат висок ризик за отворена операција. Овој метод не може да се примени кај сите пациенти. Структурата на артеријата треба да биде соодветна со цел аневризмата да се излекува со едноваскуларниот метод.

65


СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Аневризма на торакалната аорта Проширувањето на градната аорта претставува ризик

Што е тоа? Тоа се аневризми што се формирани во градната аорта. 1-1,5% од пациентите со торакална аневризма се над 65 години.

Кои се факторите за ризик? Пациентите над 65-годишна возраст се склони кон ова заболување. Торакалната аневризма може да биде предизвикана од аортна дисекција, фамилијарна аневризма, заболувања на сврзното ткиво (Марфан синдром), траума и инфективни заболувања.

Како треба да се третира? Пациентите со аневризма поголема од 5 см треба да направат интервенција зашто постои висок ризик за „пукање“. Дополнително, кај пациентите со пукната артерија треба итно да се интервенира без разлика на дијаметарот на аневризмата.

66

Аортата се заменува со вештачки материјал и се става бајпас. Времето поминато на интензивна нега и во болницата се менува во зависност од спроведената техника.

Методи на третман Отворена операција

Ендоваскуларна корекција на торакална аневризма (TEVAR)

Операцијата на торакалната аортна аневризма е една од најризичните кардиоваскуларни операции. Се прави рез од 25 до 30 см на градниот кош и на абдоменот во зависност од местото на аневризмата. Постапката се извршува под целосна анестезија.

Оваа интервенција се изведува преку катетер. Делот на аортата каде што е аневризмата се коригира со стент воден од катетер, кој се вметнува преку ципата. Постапката се извршува под локална анестезија. Ендоваскуларниот метод е соодветен

кај пациенти кои имаат висок ризик за отворена операција. Често се врши на пукнатите аневризми кои бараат итна операција која е брза и практична.

Хибридна постапка Торакалната аневризма може да се формира во артериите кои одат во мозокот, рацете и во другите органи. Во овие случаи се применува оперативен третман пред кој е направен методот на TEVAR. Ваквата комбинација на третман се вика хибрид-метод.


Приказна за срцето А.А., 60-годишен Јеховин сведок: „Бев

очаен, но вербата ми помогна. Тегобите ми се засилуваа во период од 10 години. Дишењето и движењето ми станаа сè потешки и потешки. Со секоја тешкотија консултирав нов лекар. Но одговорот беше секогаш ист: „За операција на срце потребна е трансфузија!“ Ова не доаѓаше предвид. Верата ме спречи да земам нечија крв во себе. Верував со цело мое срце и продолжив да барам. Еден ден син ми ми кажа дека можам да се оперирам под мои услови. Бев пресреќен. По многу телефонски повици и согласност, се најдов на операционата маса. Сепак, го потсетив лекарот дека не сакам трансфузија на крв без оглед на сè. Резултат: одличен! Сега имам здраво срце“.

Неговата вера забранува трансфузија на крвта

•• А.А., 60-годишен Јеховин сведок. •• Неговата вера забранува трансфузија на крв. •• Тој имаше аортно стеснување. Срцевата валвула му беше задебелена и калцифирана поради неговата состојба. Се консултирал со разни лекари во период од 10 години, но сите му кажале дека не може да се изврши операцијата без трансфузија на крв. Неговиот син се распрашал. Дознал дека може да се оперира без трансфузија на крв. Веднаш дојде. Аортната валвула му беше заменета по два и полчасовна операција. •• Во текот на операцијата немаше трансфузија на крв. Набргу по операцијата закрепна.


ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ВАШЕТО СРЦЕ Кардиоваскуларните заболувања се најчеста причина за смртност во западните земји. Докажано е дека водењето на здрав живот може да ве заштити од кардиоваскуларните заболувања и до 80%. Како? Првиот чекор за да го зачувате здравјето на вашето срце е да ги промените навиките во исхраната и да почнете редовно да вежбате.

68

K

ардиоваскуларните заболувања се најчеста причина за смрт во светот. Секоја година од кардиоваскуларни заболувања умираат 3.8 милиони мажи и 3.4 милиони жени. Главната причина за порастот на оваа бројка се кардиоваскуларните заболувања и нивниот брз развој без предупредувачки симптоми, особено во почетната фаза. Затоа, пациентите кои немаат симптоми не се свесни за болеста сè додека не се појави некој проблем. Поголем број пациенти кои доаѓаат во Ургентниот центар кажуваат дека претходно немале никаков проблем. Некои ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања не можат да се променат како што е стареењето, наследниот фактор и полот. Но, доколку се контролираат другите ризик фактори, може да се намалат кардиоваскуларните заболувања за 80%. Нашиот тим подготви неколку корисни совети за здравјето на вашето срце.


ЈАДЕТЕ ЗДРАВО

Што треба да се направи?

Според истражувањата, исхраната која не содржи заситени масти, но содржи растителни влакна, антиоксиданти, мононезаситени масти и риба има позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем. Истражувањата кои го испитувале ефектот на правилната исхрана врз здравјето на срцето покажале дека со ограничувањето на внесот на масти се намалува стапката на смртност за 30-60%. Исто така, храната која содржи Омега 3 масни киселини помага да се намали згрутчувањето на крвта и ги проширува артериите. Исто така, докажано е дека консумирањето риба ја намалува смртноста од кардиоваскуларните заболувања.

Обратете внимание на разновидна исхрана која се состои од свеж зеленчук, овошје, риба и храна со растителни влакна. Вкупната количина на внесени масти не треба да надминува 30% од исхраната. Консумирајте околу 100 гр црвено месо, еднаш или двапати неделно. Доколку сакате десерт, одберете некој што е направен од млечни производи, а избегнувајте десерти кои содржат адитиви. Доколку имате висока вредност на триглицериди, треба да се откажете, или да го ограничите консумирањето алкохол. Најважно, ограничете го дневниот внес на сол на 5 грама.

69


Ризик фактори Не може да се променат

КОНТРОЛИРАЈТЕ ГО КРВНИОТ ПРИТИСОК

Високиот крвен притисок влијае врз појавата на кардиоваскуларни заболувања преку неколку фактори. • Пол Деформацијата на внатрешната • Генетски предиспозиции површина на артериите може да се појави во почетната фаза Можат да се променат на хипертензијата. Исто така • Неправилна исхрана хипертензијата предизвикува стеснување на површината на • Висок крвен притисок артеријата и го олеснува таложењето • Пушење на масти во клетките, го нарушува • Дијабетес вискозитетот на крвта, ја зголемува калцификацијата и овозможува • Прекумерна тежина лесно таложење на несакани • Физичка неактивност клетки и создавање тромб. Според истражувањата, намалувањето на • Стрес 13 и 6 mm Hg кај дијастолниот и • Висока количина систолниот притисок може да го на масти во крвта намали ризикот од парализа за 38% и коронарните проблеми за 16%. • Возраст

Што треба да се направи?

Доколку имате проблем со високиот крвен притисок и сте млади, на средовечна возраст или дијабетичар, тогаш вашиот крвен притисок со помош на медикаменти треба да изнесува под 130/85 mmHg. Доколку сте постари, тогаш треба да изнесува 140/90 mmHg. За да го контролирате притисокот, постигнете идеална телесна тежина, ограничете го консумирањето на сол до 5 грама,

70

зголемете ја физичката активност, откажете се од цигарите, ограничете го консумирањето алкохол, примајте 50-90 mmol натриум дневно, ограничете го внесот на заситени масти и јадете храна која содржи доволна количина на калциум и магнезиум.

ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД ЦИГАРИТЕ

Пушењето влијае врз таложењето на холестерол и другите масти калцификација на внатрешната површина на артериите. Ја зголемува концентрацијата на фибриноген во крвта, влијае врз згрутчувањето на клетките и го нарушува вискозитетот на крвта. Исто така, го намалува добриот холестерол HDL и го зголемува ефектот на лошиот холестерол LDL врз ѕидот на крвниот сад. Доколку лицето кое доживеало срцев удар продолжи со пушење, ризикот за повторна појава на срцев удар се зголемува за 22-45%. Доколку продолжи да пуши по бајпас операција, стапката на смртност двојно се зголемува. Мажите кои пушат 1-14 цигари дневно имаат 1.7 пати поголема шанса за појава на кардиоваскуларно заболување, додека мажите кои пушат повеќе од 25 цигари дневно имаат 2.6 поголема шанса. Жените кои пушат 1-4 цигари дневно имаат 1.9 пати поголем ризик, додека тие што пушат 14-24 цигари дневно се подложни на 4.3 пати поголем ризик за појава на кардиоваскуларни заболувања. Жените кои пушат повеќе од 25 цигари дневно се подложни на 5.5 пати поголем ризик од смрт. Пасивното пушење, исто така, го зголемува ризикот. Всушност, се смета дека пасивниот пушач пуши 4 од вкупно 10 цигари. Откажувањето од цигари го намалува ризикот за кардиоваскуларно


HDL ХОЛЕСТЕРОЛ: Добриот холестерол има заштитна улога во развојот на артеросклероза. Ниското ниво на HDL под 1.00 mmol/L претставува ризик фактор за коронарно заболување. ТРИГЛИЦЕРИДИ: Високото ниво на триглицериди не претставува голем ризик. Но, доколку е придружен заедно со нискиот HDL, отпорност на инсулин, мал интензивен LDL претставува сериозен ризик. Нивото на триглицеридите треба да изнесува 1.69mmol/l. ХИПЕРХОМОЦИСТЕИНЕМИЈА: За артеросклерозата, нивото на плазматскиот хомоцистеин над 15mol/l се смета за ризик фактор. Кај луѓето кои имаат ниво на плазматскиот хомоцистеин над 15 mol/l се зголемува ризикот од

миокарден инфаркт за 3.4 пати на 5 години. ЛИПОПРОТЕИН (А): Високото ниво на генетски предодредените липопротеини (а) претставува значаен ризик фактор за ран миокарден инфаркт и парализа. Доколку нивоата на Лп (а) и LDL (лош холестерол) се споредат заедно, претставуваат важен фактор за одредување на ризик од кардиоваскуларни заболувања. ВИСОКА ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА CRP: Последните истражувања ја покажуваат поврзаноста меѓу високото ниво на hs-CRP и кардиоваскуларните заболувања. Како нормална вредност се смета <0.7 mg/l и вредностите кои се над оваа бројка го зголемуваат ризикот за кардиоваскуларни заболувања.

заболување дури и кај повозрасните. Ризикот се намалува за 50% во рок од една година и речиси исчезнува по 10 години.

со вежбање треба да направите контрола на вашето здравје.

Што треба да се направи?

ДРЖЕТЕ ГО ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА ПОД КОНТРОЛА

За да имате здраво срце, веднаш треба да се откажете од цигарите.

ВЕЖБАЈТЕ НАЈМАЛКУ ТРИПАТИ НЕДЕЛНО

Поради развојот на технологијата, автомобилите, ескалаторите и лифтовите, луѓето сè помалку се активни. Недостигот на физичка активност и лошата физичка состојба претставуваат значителен фактор на ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања. Според истражувањето спроведено од страна на Здружението на кардиолози, доколку се вежба правилно и редовно, ризикот за кардиоваскуларни заболувања се намалува за 23%.

Што треба да се прави?

За здраво срце бидете активни најмалку 3 пати во неделата по 30 минути. Дури и ако немате кардиоваскуларни заболувања, пред да почнете

Стапката на смртност кај дијабетичарите е највисока како резултат на срцеви удари. Стапката на смртност како резултат на кардиоваскуларните заболувања се зголемува за 3-10 пати кај лицата со дијабетес тип 1, 2 пати кај мажите со дијабетес тип 2, додека кај жените 4 пати. Дијабетесот ја нарушува еластичноста на ѕидот на крвниот сад и предизвикува прилепување на клетките, го зголемува згрутчувањето на крвта и ги уништува клетките на внатрешната површина на артеријата. Дијабетесот кој не се контролира може да предизвика хиперхолестеролемија кој претставува фактор за ризик заедно со нискиот HDL. Хиперхолестеролемија LDL (лош холестерол) влијае врз метаболизмот и предизвикува формација на мали, бројни LDL молекули.

71


Избегнувајте ја оваа храна! • Внатрешни органи (црн дроб, мозок, бубрег, јазик итн.) • Школки (шкампи, мида, каламар) • Полномасно месо, колбаси, салама, хот дог, чадена плешка, кожа од пилешко и мисирка • Пржена и печена храна • Готова храна со непознати состојки • Алкохолни пијалоци, овошни напитоци во конзерва, газирани пијалоци • Путер, маргарин итн. • Месо или пилешки бујон што се користи како зачин во супи и други јадења.

Што треба да се направи?

Здружението на дијабетичари во Америка нагласува дека за здраво срце, нивото на шеќерот во крвта треба да биде 6.7 mmol/L на гладно, а хемоглобинот во гликозата треба да биде под 7%. Со цел да се држи шеќерот во крвта под контрола, треба да обрнете внимание на исхраната, да ја достигнете идеалната тежина, да вежбате редовно најмалку 2 дена во неделата по 30 минути и да го ограничите консумирањето алкохол.

ДОСТИГНЕТЕ ИДЕАЛНА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА

Истражувањата покажаа дека прекумерната тежина е ризик фактор за кардиоваскуларно заболување. Специјалистите сметаат дека индексот на телесната маса (тежина во килограми / квадратот на висината во метри) под 25 кг/м2 е нормален. Индексот на телесната маса помеѓу 25-30 кг/м2 веќе се смета за умерено зголемена телесна тежина, додека над 30кг/м2 се смета за прекумерна телесна тежина. Наталожените масти во регијата на абдоменот го зголемува ризикот за кардиоваскуларни заболувања. Притоа, обемот на половината не треба да биде над 88 см кај жените и 98 см кај мажите.

Што треба да се направи?

Доколку ја намалите тежината за само 10%, значително ќе го намалите нивото на триглицеритите и холестеролот. Поради ова, обидете се да ја одржувате вашата идеална телесна тежина. Доколку имате прекумерена телесна тежина, симнете ги непотребните килограми преку правилен начин на исхрана и вежбање. Најважно е да слабеете бавно. Доколку ослабете брзо, за краток период ќе ги вратите килограмите.

72

ПРАВЕТЕ РЕДОВНА КОНТРОЛА

Кардиоваскуларните заболувања обично се развиваат без никакви симптоми. Раната дијагноза е многу важна за успешен третман. Исто така, редовните контроли помагаат во дијагноза на заболувањата во рана фаза. На овој начин, заболувањето може да се третира со лекови, со мали интервентни методи или со промени на животните навики без да се подлежи на операција.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ?

Доколку имате член од семејството кој имал кардиоваскуларни заболувања во млади години, доколку имате прекумерна телесна тежина, имате дијабетес или имате висок крвен притисок и пушите, треба да ги направите потребните испитувања пред 30-годишна возраст. Доколку не пушите, се препорачува да ги проверите следниве вредности по 40-годишна возраст: ниво на вкупен холестерол, HDL (добар холестерол), LDL (лош холестерол), триглицериди и шеќер во крвта. Не заборавајте да го измерите крвниот притисок, како и мастите во крвта.

НЕ БИДЕТЕ РОБ НА СТРЕСОТ

Според истражувањата, стресот, бесот и депресијата го зголемува ризикот за кардиоваскуларни заболувања, особено за срцев удар. Затоа секогаш најдете начин да се опуштите и да се ослободите од стресот.

Што треба да се прави?

Доколку сте под стрес, најпрво помислете на причините. Ако не можете да се справите со стресот, можете да побарате професионална помош. Разни техники како масажа, јога и медитација можат да ви помогнат да се опуштите.


4

прашања одговори 1

Дали црното чоколадо го штити срцето?

2

Според истражувањата, чоколадото содржи антиоксиданти наречени флавоноиди (procyanidin) кои можат да спречат лошиот холестерол кој е наречен LDL да предизвика артеросклероза. Притоа, специјалистите препорачуваат доколку јадете чоколадо, тоа да биде црно чоколадо. Црното чоколадо е докажано како најкорисно чоколадо за срцето.

Кои масти го штитат здравјето на срцето?

Маслиновото масло има голема улога во срцевите заболувања и ракот благодарение на мононезаситени масни киселини. Тоа е поради антиоксидантните ефекти на полифенолите, а особено олеуропенот, што се наоѓаат во маслиновото масло. Истражувањата покажале дека луѓето кои консумираат 25 мг маслиново масло дневно имаат нискивредности на LDL холестеролот којшто е лош холестерол, ниски вредности на вкупниот холестерол и високи вредности на добриот холестерол. Според истражувањата во Америка, луѓето кои консумираат 2 лажички маслиново масло дневно имаат мал ризик за коронарно заболување.

4

Дали дебелината влијае на кардиоваскуларните болести?

Прекумерната телесна тежина е најголем ризик фактор за коронарни заболувања. Во развиените земји дебелината, се смета за голем здравствен проблем. Дебелината е водечки ризик не само за здравјето на срцето туку и за дијабетес и хипертензија, што доведуваат до срцеви заболувања. На пример, доколку мажите со прекумерна телесна тежина ослабат 10% од својата телесна тежина, го намалуваат ризикот за 20%. Што повеќе слабеете, тоа подобро. Научните истражувања покажуваат дека намалувањето на тежината за 5% го зголемува квалитетот на живот, го намалува ризикот од дијабетес и има позитивно влијание на крвта. Идеалниот индекс на телесна тежина треба да биде под 25.

Дали чајот е добар за срцето?

3

Чајот содржи флуор и манган кои претставуваат два значајни минерали. Исто така содржи супстанција наречена catechine која е поволна за здравјето. Полифенолите во чајот стимулираат нетоксични ензими кои имаат антиоксидантен ефект, го спречуваат абнормалното зголемување на клетките, го намалуваат нивото на LDL и помагаат во зголемување на бројот на поволните бактерии во тенкото црево. Истражувањата спроведени за чајот покажуваат дека консумирањето на 700мл чај дневно го намалува ризикот на срцев удар за 11%. Докажано е дека луѓето кои пијат зелен чај имаат нормална телесна тежина, живеат подолго и се заштитени од срцеви заболувања и рак.

73


УСЛУГИ ЗА ПАЦИЕНТИ ОД ДРУГИ ЗЕМЈИ


УСЛУГИ ЗА ПАЦИЕНТИ ОД ДРУГИ ЗЕМЈИ

Одделот за односи со пациенти од други земји во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди целосна поддршка на пациентите од денот на пристигнување во Р Македонија, за време на лекувањето па сè до нивното враќање во матичната земја. Тој е вашиот прв контакт кога ви се потребни информации за Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Нашите услуги вклучуваат: • Онлајн медицинска консултација и процена на трошоците; • Закажување медицински прегледи; • Помош при прием и отпуштање од болница; • Превод; • Сместување; • Совети во текот на престојот; • Помош при меѓународно здравствено осигурување; • Следење на лекувањето;

Информации за контакт

Контактирајте нè. Одделот за односи со пациенти од други земји ќе се грижи за вашите потреби и потребите на вашето семејство за време на лекувањето во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Наша цел е да ви понудиме удобен престој и врвна здравствена нега.

КАНЦЕЛАРИЈА ВО КОСОВО

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА АЏИБАДЕМ СИСТИНА

Адреса: Скупи 5а Скопје, Р Македонија

Адреса: Rr: Agim Ramadani Hy.D2 No.4 Prishtine

Е-пошта: medical@acibademsistina.mk

Е-пошта: info@sistina-ks.com

Телефон: +389 2 3099 500

Телефон: +38138224772 +38649779000 +37745554555

Лице за контакт: Хајати Шабан +389 2 3099 477 hayati.saban@acibademsistina.mk


ПАЦИЕНТИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

Авганистан Албанија Алжир Америка Австрија Австралија Азербејџан Бахреин Босна Бугарија Велика Британија Грузија Германија Грција Данска Египет Индија

Иран Ирак Јордан Канада Казахстан Косово Киргистан Либан Либија Македонија Молдавија Мароко Нов Зеланд ОАЕ Романија Русија Саудиска Арабија

Србија Сирија Словенија Судан Сингапур Таџикистан Туркменистан Турција Украина Финска Франција Хрватска Холандија Црна Гора Шведска Шпанија Швајцарија


НАШИТЕ МЕДИЦИНСКИ ОДДЕЛИ Гинекологија и акушерство

Оториноларингологија

• Гинеколошка онкологија • Урогинекологија • Репродуктивна ендокринологија и неплодност • Оддел за високоризична бременост • Пилатес за трудници

• Аудиологија • Отологија/невроотологија • Скрининг на слух кај новороденчиња

Центар за асистирана репродукција (IVF)

Естетска, пластична и реконструктивна хирургија • Трансплантација на коса

Единици за интензивна нега

• Минимално инванзивна кардиохирургија

• Хируршка интензивна нега • Кардиохируршка интензивна нега • Коронарна интензивна нега • Неонатална интензивна нега

Васкуларна хирургија

Анестезија

• Хирургија на крвни садови • Ласерски третман на проширени вени

Ургентен центар

Урологија • Андрологија • Ендоурологија • Онколошка урологија • Екстракорпорална литотрипсија (ESWL)

• Естетска стоматологија • Протетика • Орална хирургија и имплантологија • Ортодонција • Пародонтологија • Ендодонција • Детска стоматологија

Дигестивна хирургија

Дерматологија

Торакална хирургија

• Естетска дерматологија и козметологија

Неврохирургија

Физикална терапија и медицинска рехабилитација

Кардиохирургија

• Тумори на мозок • Хирургија на ‘рбетен мозок и на дискуси • Хирургија на череп

Ортопедија и трауматологија • Хирургија на колк и зглобови • Хирургија на нога • Хирургија на шака и микрохирургија • Ортопедска онкологија • Хирургија на ´рбетен столб • Спортски повреди и хирургија на колено

Стоматологија

• Рехабилитација на спортски повреди • Рехабилитација на дегенеративни заболувања • Рехабилитација во ортопедија и травматологија • Корективна гимнастика кај деца • Кардиорехабилитација

Кардиологија • Коронарна ангиографија • Ехокардиографија • Центар за аритмии и електрофизиологија


Нефрологија и дијализа

Неврологија • Третман на мозочен удар • Третман на главоболка • Третман на мултиплекс склероза • Третман на невромускулни заболувања • Видео EEG мониторинг

Психијатрија со медицинска психологија

Пулмоалергологија Гастроентерохепатологија Ендоскопски кабинети • ERCP • Гастродуоденоскопија • Колоноскопија • Ректоскопија • Бронхоскопија

Педијатрија со детска пулмоалергологија

Неонатологија Третман на посебни состојби • Третман на дијабетично стапало • Третман на менопауза • Третман на сексуална дисфункција • Третман на главоболка • Домашен мониторинг

Дијагностички лаборатории • Биохемиска лабораторија • Трансфузиолошка лабораторија • Цитогенетска лабораторија • Микробиолошка лабораторија и паразитологија • Цитолошка лабораторија • Хистолошка лабораторија * Одделот е менаџиран од Систина Офталмологија

Дијагностичка и интервентна радиологија • Магнетна резонанца MRI (1,5 tesla) • Компјутеризирана томографија (128 slice) • Дигитална мамографија • Дигитален рендген • Васкуларна интервентна радиологија

Нуклеарна медицина

Check-up (превентивни прегледи) Центар за нарушувања на спиењето Офталмологија* Онкологија • Хемотерапија

PET центар Радиотерапија • TRILOGY

• IGRT (Image-Guided Radiotherapy) • IMRT (Intensity Modulated Radiation Therapy) • LINAC Линеарен акцелератор

Центар за трансплантација



www.ritamotnasrceto.mk



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.