AcibademSistinaPlus broj 6

Page 1

www.acibademsistina.com.mk 1



ЕДИТОРИЈАЛ

Вашето здравје е наша мисија

Почитувани, Старите велат „подобро да се спречи отколку да се лечи“. Изминатата година ова беше нашата главна цел и мисија. Врвниот тим лекари во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ несебично советуваше , едуцираше како да го зачувате вашето здравје. Нашата заложба преку Аџибадем Систина Плус да дојдеме поблиску до нашите пациенти и до широката јавност се оствари. Повеќе од 60.000 читатели се доволен доказ дека успеавме заедно да го зачуваме нашиот приоритет, а тоа е здравјето. Со нашите теми ги опфативме сите генерации, од најмладите до највозрасните. Ве информираме за капацитетите и можностите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ , како најсовремена медицинска установа во нашата земја. Нашата најголема сатисфа-

кција се, сепак, задоволните пациенти, кои во Аџибадем Систина Плус зборуваат за нашата работа. Горди на успехот што заедно го постигнавме, продолжуваме понатаму. Секој успех ни дава мотив плус уште повеќе да се заложиме и да работиме во служба на здравјето. Продолжуваме со нашата мисија, покрај врвната медицинска грижа која секојдневно им ја пружаме на своите пациенти, да ги едуцираме како да ги превенираат болестите. Во овој број ве советуваме како да излезете на крај со сонцето и високите температури. Нудиме едукативни текстови за кардиоваскуларните болести кои се главна причина за смртноста во земјава. Ќе прочитате и за стерилитет кај мажите и жените, како и за многу други интересни, а пред сè едукативни текстови кои се со цел да ви помогнеме да го зачувате највредниот подарок, а тоа е здравјето.

Со почит М-р д-р Тони Јосифовски Шеф на одделот за абдоминална хирургија

Plus Јуни-Август 2012

Q

Број 6

Q

Бесплатно издание

Магазинот Плус излегува еднаш во 3 месеци и се дели бесплатно. Информациите имаат едукативен и информативен карактер. Однапред Ви се извинуваме за можните печатни грешки. Сите Ваши коментари во врска со Магазинот Плус или Вашите предлози за содржината на следното издание, испратете ги на: info@acibademsistina.com.mk Припрема: Сектор за маркетинг на Орка Холдинг Издавач: Орка Холдинг за потребите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ www.acibademsistina.com.mk 3


СОРАБОТНИЦИ м-р д-р Тони Јосифовски

м-р д-р Митко Караѓозов

X

X

Дипломирал во 1985 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил во 1992 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Супспецијализација по дигестивна хирургија завршил во 2008 година. Магистерски студии завршил во 2006 година. Д-р Јосифовски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

д-р Оливер Бушљетиќ

Дипломирал во 1983 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил во 1988 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Магистрирал во 2003 година на истиот факултет. Д-р Караѓозов моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

X

X

Дипломирал во 1995 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил во 2001 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Супспецијализација по кардиологија завршил во 2007 година на истиот факултет. Д-р Бушљетиќ моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

проф. д-р Салис Таџер

проф. д-р Љупчо Лековски

X

Дипломирал во 1978 година на Медицинскиот факултет во Љубљана, Словенија. Специјализација по кардио и торакална хирургија завршил во 1993 година на Саклер медицинскиот факултет, на Универзитетот во Тел Авив. Супспецијализација во областа на адултна хирургија завршил на истиот факултет. Проф. д-р Таџер моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Дипломирал во1982 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по урологија завршил во 1990 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Докторска дисертација одбранил во 2002 година на истиот факултет. Проф.д-р Лековски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

X

м-р д-р Клементина Кузеска

Дипломирала во 1992 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1996 година магистрирала во областа на хумана репродукција на Медицинскиот факултет во Белград. Специјализација по гинекологија и акушерство завршила во 1999 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Кузеска моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.


м-р д-р Димитар Трајков

проф. д-р Кирил Лозанче

X Дипломирал во 1976 година

Дипломирал во 1997 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил во 2004 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Магистрирал во 2007 година на истиот факултет. Д-р Трајков моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

X

на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по неврохирургија завршил во 1983 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 2005 година е избран за редовен професор на истиот факултет. Проф. д-р Кирил Лозанче моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

д-р Тања Јованова

X

Дипломирала во 1993 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по педијатрија завршила во 2002 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Јованова моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

www.acibademsistina.com.mk 5


СОРАБОТНИЦИ д-р Гордана Петровска Дипломирала во 1994 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по гинекологија и акушерство завршила во 2000 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Петровска моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

X

X

д-р Александар Мицковски

X

прим. д-р Мери Калајџиева Зип

Дипломирала во 1987 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по педијатрија завршила во 1996 година на истиот факултет. Д-р Зип моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ .

Дипломирал во 1972 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по трансфузиологија завршил во 1979 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Докторирал во 1999 година на истиот факултет.Проф.д-р Миленков моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

X

Дипломирал во 1974 година на Медицинскиот факултет во Анкара, Р. Турција. Специјализација по кардиоваскуларна хирургија завршил во 1979 година на Универзитетот Хацетепе. Д-р Сариоглу моментално работи во болницата „Аџибадем Бакиркој“.

проф. д-р Владимир Миленков

X

проф. д-р Тајар Сариоглу

X

Дипломирал во 2002 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по урологија завршил во 2008 година на Медицинскиот факултет во Скопје.Д-р Мицковски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Дарко Црвенов

Дипломирал 2001 година како виш рендген техничар на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2008 год. се усовршил како специјалист радиолошки технолог на Медицинскиот факултет во Битола. Поседува сертификат за пилатес инструктор од Факултетот за физичка култура во Софија, Р Бугарија.Моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.


www.acibademsistina.com.mk 7



СОДРЖИНА ТЕМА

ПРОФИЛ д-р Тони Јосифовски

НЕПЛОДНОСТ - ДА ЈА УТВРДИМЕ ПРИЧИНАТА!

40

10

АКТУЕЛНО УБОДИ ОД ИНСЕКТИ

ПОРАДИ„ АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОСТАНАВ ВО МАКЕДОНИЈА

36

ЖИВОТ

РАЃАЊЕТО НА МОЈОТ СПАСИТЕЛ НОЕЛА

Мајчинството е највозвишеното чувство на светот. Моментите кога по девет месеци исчекување ќе го земете во прегратка своето чедо се незаборавни и не можат да се опишат со зборови. Но, за некои жени патот до потомство е долг и исполнет со многубројни предизвици. Една од нив, г-ѓа Рената Петровска, ја раскажува својата приказна за тоа како ги совладала најголемите и најболни животни предизвици со желбатa да стане мајка. Оваа потресна сторија со среќен крај ќе им помогне за сите идни мајки да истраат во борбата за свое потомство.

ЗДРАВЈЕ

20

Некои убоди од инсекти можат да предизвикаат тешки алергиски реакции или да пренесат некоја болест.

66

46

ХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА ПРОСТАТА Предлог

ФИТНЕС ВО ВОДА - АКВА АЕРОБИК

74

ǪȐșȚȐȕșȒȐȖȚ ȓȍȒ ȏȈ ǪȈȠȐȚȍ ȜȈȘȔȈȞȍȊȚșȒȐ ȓȖȋȐșȚȐȟȒȐ ȗȘȍȌȐȏȊȐȞȐ ǮȐȊȖȚȕȐȖȚ ȞȐȒȓțș ȕȖșȐ ȉȍȏȉȘȖȯ ȗȘȍȌȐȏȊȐȞȐ ǵȈȠȐȖȚ ȐȕȖȊȈȚȐȊȍȕ ȗȘȐșȚȈȗ ȊȕȍșțȊȈ ȕȖȊȐ ȔȖȎȕȖșȚȐ ȊȖ ȜȈȘȔȈȞȍȊȚșȒȈȚȈ ȓȖȋȐșȚȐȒȈ

.XHKQH 1DJHO ǴȈȒȍȌȖȕȐȯȈ ǹȒȖȗȯȍ Țȍȓ VDOHV VNRSMH#NXHKQH QDJHO FRP

ZZZ NXHKQH QDJHO FRP SKDUPD www.acibademsistina.com.mk

9


ПРОФИЛ

Тони ЈОСИФОВСКИ Каков е животот меѓу двајца доктори? Типичен пример за тоа е семејството Јосифовски. И Тони и Надежда се доктори, а во најава се и нивните заменици Мирјана и Димитар. Двајцата одлично се надополнуваат. Додека Тони е целосно посветен во спасување човечки животи, за Надежда во прв план е семејството и домот. Во пријатна атмосфера во домот во скопската населба Козле, за „Аџибадем Систина Плус“ споделија дел од својата интима.

Т

они, Надежда, Мирјана и Димитар го сочинуваат семејството Јосифовски. Тони е абдоминален хирург во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ , Надежда е матичен доктор во поликлиниката Идадија. Нивната ќерка Мирјана е студентка на трета година на Медицинскиот факултет, Димитар е средношколец и уште од сега најавува дека ќе биде четвртиот доктор во семејството Јосифовски. И што повеќе да се каже, животот во ова семејство се врти околу медицината. Дури и пријателите на Тони и Надежеда се од докторската фела, па речиси за друго муабет и не се прави. Кога ги прашавме каков е животот со двајца доктори, д-р Јосифовски на шега кратко и јасно ни одговори „докторски“. - „Дел од другарите отидоа на медицина, дел на електро ама кога ќе излеземе или ќе седнеме во ресторан правиме муабет само за медицина, за ништо друго“. раскажува д-р Јосифовски за својата страст кон медицината, која влече корени од неговиот татко и мајка, кои исто така се доктори. Тони и Надежда се кавадарчани. Повеќе од три децении се заедно, па на шега ни одговорија дека веќе заборавиле како се запознале. Заедно се уште од средношколските години, и двајцата учеле во гимназијата во Кавадарци. По

матурата продолжиле на Медицинскиот факултет во Скопје. Потоа на свет дошле Мирјана и Димитар. Бидејќи оваа професија бара многу жртви , Надежда ги потиснала амбициите за сметка на семејството.На ова се надоврза и д-р Јосифовски, кој јавно и со гордост призна дека целата грижа околу куќата и семејството се дело на неговата сопруга. „Многу е тешко во семејство со двајца доктори. Јас порано работев на дијализа, со дежурства и на смени. Но подоцна сфативме дека вака не оди и јас ги потиснав своите амбиции и се посветив на семејството. Но во ниту еден момент не се покајав. Најголем успех е кога децата ти се успешни и тоа е нешто што секого го исполнува“, раскажува Надежда, која целиот свој живот го посветила на семејството и домот чие уредување со гордост вели дека е нејзино дело. Наскоро семејството Јосифовски се подготвува за нов стан каде главниот архитетски збор ќе го има Надежда. ДОМА ЖИВЕЕ КАКО ВО ХОТЕЛ За сметка на тоа, пак, Тони целосно се посветил на професијата. Поради дежурства, операции низ целата земја, се случувало да не дојде дома и по неколку дена. Затоа останатите членови во семејството Јосифовски шеговито изјавија

дека Тони дома живее како во хотел. Нестрпливо чекаат да украдат од неговото слободно време кое најчесто го користат за патување. „ Таква е хирургијата. Порано, кога немаше мобилни телефони, ако по 12 часот по полноќ ѕвони телефонот се знаеше кого го бараат и кој треба да стане. Последните 5 години пред да дојдам во „Аџибадем Систина“ постојано патував, немаше болница во Македонија во која не сум оперирал. Секогаш гледам барем за викендите да бидам со семејството и најчесто патуваме некаде“, објаснува д-р Јосифовски. Иако стотици пациенти поминале низ неговите раце, сепак, не останува рамнодушен во одредени случаи. Признава дека го погодува судбината на пациентите, особено кога се работи за млади луѓе и кога медицината е немоќна да им помогне.Но, сепак, не се откажува лесно.


ПОРАДИ„ АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОСТАНАВ ВО МАКЕДОНИЈА

www.acibademsistina.com.mk www.acibademsistina.com.mk 11


„Секогаш се трудам да бидам над сè и да не се откажам колку и да е извесен резултатот. Максимално се посветувам. Честопати се случува да помислам на некој пациент пред да заспијам. Веднаш станувам и со часови на интернет барам стручна литература, читам за различни искуства. Секогаш барам начин како да им помогнам и во која насока ќе оди понатамошното лекување на тие пациенти“, објаснува д-р Јосифовски. На ова се надоврза и Надежда, која вели дека секое утро му почнува со кафе и со неговите пациенти. „Постојано се јавува, прашува како му се пациентите, нема ден да не отиде да ги види. Кога треба да патуваме прво ќе наврати до болница, додека ние се подготвуваме“, раскажува Надежда за посветеноста на Тони на професијата , за што има разбирање и голема поддршка од целото семејство. ГО ЗАБОРАВИВ ДИМИТАР ВО ГРАДИНКА Во постојаната борба за животи понекогаш заборава на своите најблиски. За ова Тони има и една „анегдота“. Додека Димитар одел во градинка, а Надежда имала дежурства, тој бил задолжен да го зема бидејќи градинката била преку улица од неговата болница. Често се случувало да заглави на операција па праќал некој од персоналот да го земе. Заедно со татко му Димитар од мали нозе поминувал часови во операциска сала. „Израсна во операциска сала. Ќе замолев некого да го земе од градинка и додека да завршам со операција ќе го нахранеа со болничка

КОГА ЗАВРШИВ ГИМНАЗИЈА САКАВ ПАК ДА УЧАМ ГИМНАЗИЈА

„Многу ми беа убави средношколките денови.Кога завршивме сите мислеа каде да се запишат, јас, пак, повторно сакав да се запишам во гимназија, барем на уште неколку години“, низ смеа раскажува Тони за незаборавните средношколски денови во гимназијата во Кавадарци. храна и дома доаѓаше сит. Еднаш имав многу тешка операција и бев преморен. Завршив , дојдов дома и легнав да спијам . Се разбудив околу 7 часот и видов дека Димитар го нема. Дури тогаш се сетив дека не сум го земал од градинка . Учителката ме чекала, но кога видела дека ме нема, го земала со неа дома“низ смеа раскажува Јосифовски како во секојдневната борба да спаси човечки животи честопати заборавал на семејните обврски. „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПОСТАВИ ВИСОКИ СТАНДАРДИ ВО ЗДРАВСТВОТО Постојаните ангажмани го ставиле на крстопат. Во еден момент д-р Јосифовски бил решен да си бара чаре надвор од земјава. Честопати патувал во Словенија и бил воодушевен од тоа како функционира здравството во оваа земја. По долго размислување решил заедно со семејството да се преселат. Но во тој момент дошла и понуда од Клиничка-

та болница „Аџибадем Систина“. „Бев преморен од целата таа неорганизираност. Бев презаситен. Кога дојде понуда за во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ без размислување ја прифатив. Преговорите почнаа една година пред да се отвори болницата. Сите учествувавме во уредување на просторот и го имавме концептот за развој на одделот со врвни имиња од јавното здравство. Се работеше за сериозен проект затоа и одлуката беше лесна. А покрај тоа имав и голема поддршка од семејството. Абдоминална хирургија во приватно здравство беше од помал калибар, додека одделот во „Аџибадем Систина“ е пионерски со сериозни намери и комплетна хирургија. По две години гледам дека воопшто не сум згрешил“ -раскажува Тони за своето искуство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Со ова едногласно се согласија и Надежда, Димитар и Мирјана. Велат среќни се што Тони работи во „Аџибадем Систина “ бидејќи сега има многу повеќе време за семејството. МИРЈАНА, ИДНИОТ ЕСТЕТСКИ ХИРУРГ Мирјана своите амбиции кон медицината ги покажувала уште од мали нозе. Првиот пациент бил нејзиниот брат Димитар. „Првпат кога ги оставивме сами дома Димитар имаше 3 години, а Мими 7. Им дадовме и мобилен телефон да се јават ако е нешто итно. Во играње на Димитар му пукнала аркадата И рекол на Мими: „да се јавиме на тато“, но таа му рекла: „тато рече да се јавиме само


ако е итно“. Земала самата вода, шеќер, завои и го средила Димитар. Кога дојдовме дома имаше што да видиме, поради нејзините експерименти на Димитар му беше отечено окото пет дена “, низ смеа раскажува д-р Јосифовски за првите медицински обиди на својата ќерка Мирјана. Иако и Тони и Надежда се доктори, нивната професија никогаш не ја наметнувале на своите деца. Надежда потајно се надевала дека Мирјана ќе се одлучи да студира нешто друго. Дури веќе било договорено своето школување да го продолжи во Милано, Италија, на престижниот факултет Бокони. „Многу сакав да се запише на студии надвор од земјава. Бевме пријатели со паранешниот италијански амбасадор. Тој нè советуваше да се запише на престижниот факултет во Милано. И јас ја убедував да оди, вратите во цел свет ќе ѝ беа отворени. Но Мирјана еден месец пред матура донесе одлука да оди на медицина. Ја поддржавме во тоа. Димитар е втора година гимназија, но и тој полека навестува дека неговиот избор ќе биде медицината“, раскажува Надежда . Мирјана заврши трета година на Медицинскиот факултет. Вели дека треба многу да ја сакаш професијата за да успееш.Поради напорното

учење сè помалку има слободно време. Но во едно е одлучна, да биде идниот естетски хирург. „Многу е тешка медицината. Пет и пол години учиш и кога ќе завршиш си ништо. Претходно треба да си сигурен дека тоа го сакаш и можеш да го работиш. Постојано треба да учиш, во континуитет. Но среќна сум што имам голема помош од татко ми. Доколку нешто не ми е јасно, знаеме заедно да учиме до доцна во ноќта“, објаснува Мирјана за тоа како се одвиваат студиите по медицина. Иако на почетокот тргнала со идејата да студира менаџмент во Италија, како поминувало време сфатила дека тоа не ја исполнува. Домашните велат дека Мирјана лошо делува на Димитар. Медицината отсекогаш го привлекувала, сега кога ја гледа сестра му како учи само прашува дали има шанси нешто да се смени за две години.За одлука има уште две години, но според неговите зборови, потајно навестува дека ќе биде четвртиот доктор во семејството Јосифовски. БАРСЕЛОНА - ЗАЕДНИЧКА СТРАСТ НА ДИМИТАР И ТОНИ Тони и Димитар се страствени навивачи на фудбалскиот клуб Барселона. Пред секој натпревар атмосферата е како на стадион. Димитар

има посебни ритуали, со реквизити кои, како што вели, ѝ носат среќа на Барселона. „Повеќе сакам да ја гледам Барселона сам бидејќи секогаш губи кога е до мене татко ми. Сум бил во Барселона и на стадионот Ноукамп, но голема желба ми е да гледам во живо некој натпревар“, раскажува Димитар за својата страст кон фудбалскиот клуб Барселона. Додека зборуваше, Димитар доби ветување од Тони дека многу скоро ќе има можност да ја гледа во живо, но не на кој било натпревар туку со вечниот ривал на Барселона, Реал Мадрид. КУПИЈА КЛАВИР ЗА МЕНЕ , БРАТ МИ СТАНА МУЗИЧАР Родителите на Тони го подготвувале за музичар. За таа цел му купиле и клавир, но место на часови по музика Тони одел на фудбалски тренинг. „Купија клавир за мене, но брат ми стана музичар. Додека јас се мачев да отсвирам нешто, брат ми немаше проблем тоа да го стори веднаш. Тогаш сфатија дека не сум јас за клавир“, објаснува Тони за неуспешните обиди да стане музичар. Сега кога ќе отиде до Кавадарци знае да отсвири два акорда и на тоа останува.

www.acibademsistina.com.mk 13



ВЕСТИ

Аџибадем Систина

О

дделот за кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ одбележа две години од реализирањето на идејата за создавање оддел конципиран според светски стандарди, кој ќе пружи професионален пристап во лекувањето и негата на пациентите. За две години извршени се повеќе од 1500 кардиоваскуларни операции, воведени се низа иновативни процедури. Со цел да одговори на сè поголемите потреби на пациентите, во блиска иднина Одделот за кардиохирургија ќе ги зголеми своите капацитети. Дел од новите планови е и инвестирањето во нова опрема наменета за минимално инванзивните интервенции, хирургија на аортата и нова опрема за аритмија. Од големо значење е и новиот апарат за мерење на снадбувањето на мозокот со кислород, со што ќе се овозможи подобар мониторинг и контрола кај пациентите со подолготрајни и сложени кардиохируршки интервенции.

Две години успешна приказна Оддел за кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Признание за врвна медицинска грижа

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, ДЕЛ ОД НАСТАНОТ „ДЕНОВИ НА ЗДРАВЈЕ, НЕГА И УБАВИНА“

К Н

а 18.05.2012 година, во просториите на Американската амбасада, од страна на неговата екселенција г. Пол Волерс (Paul Wohlers) беа доделени признанија на вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Признанието (Annual Award Appreciation) беше доделено на лекари од Одделот за кардиологија, д-р Никола Ѓоргов и д-р Оливер Бушљетиќ, како и на персоналот (лекари, радиолошки технолози, медицински сестри и администратор на пулт) од Одделот за дијагностичка интервентна радиологија. Овие признанија беа доделени за постојаната успешна соработка и грижа за членовите на американската заедница на територијата на Република Македонија.

линичката болница „Аџибадем Систина“ со предавања и стручни консултации учествуваше на настанот „Денови на здравје, нега и убавина“ во организација на „Космо“ дрогериите. Во „Центар зебра“ сите заинтересирани граѓани имаа можност да се едуцираат и да добијат совети од медицинскиот тим на „Аџибадем Систина“. Учеството на настани од отворен карактер е одлична можност за соработка и заемна комуникација со граѓаните, што е и една од главните цели на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, да биде во постојан контакт со различни групи население, со цел едукација и подигнување на свеста за грижа за сопственото здравје.

НАЈГОЛЕМ УСПЕХ НА ИН ВИТРО ОПЛОДУВАЊА СО ДОНИРАНИ ЈАЈЦЕ КЛЕТКИ

Р

еактивирано е здружението на хумана репродуктивна медицина. Целта е лекарската фела да даде свој придонес во националните репродуктивни политики, што е пракса во развиените земји. Македонија е една од ретките земји каде е донесен закон за биомедицинско потпомогнато оплодување и други закони поврзани со репродуктивната медицина во чие креирање не беше вклучена лекарската фела. На основачкото собрание со свој авторски труд се претстави д-р Слободан Лазаревски од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на тема „Донација на јајце клетки, прашања и дилеми“. Клиничката болница „Аџибадем Систина “ има постигнато висок процент на успешни ин витро оплодувања со донирани јајце клетки гледано во светски размери. Статистиките на Одделот за ИВФ бележат 59% успешни ин витро оплодувања со донирани јајце клетки, од кои над 50 проценти резултираа со живородени деца. www.acibademsistina.com.mk 15


ВЕСТИ

Аџибадем Систина

2 ГОДИНИ „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, 11 ГОДИНИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА

МЕС МЕС МЕ СЕ Е ЦО ЦО ОТ Т НА Н АУТИЗАМ М ЗА А ОК О К РУ ОКРУ УЖ ЖЕ Е Н ВО КЛ Л ИН Н ИЧ Ч КА К А ТА Т А Б ОЛ ОЛНИ НИЦ НИ ЦА ЦА „АЏИ „А ЏИБА ЏИ И БА БАД ДЕ Е М СИ С СТ СТИН И НА ИН А“ А“

К

линичката болница „Аџибадем Систина“ го прослави својот роденден, две години од реализирање на идејата за создавање здравствена установа која е синоним за доверба, сигурност и квалитет. Изминатиот период целосно го посветивме во креирање и одржување на систем кој понуди професионална здравствена заштита според светски стандaрди и протоколи во медицината. Втората година донесе многу нови успеси и признанија кои дополнително потврдија дека се движиме во вистинската насока. Клучен настан кој ја одбележа втората година е партнерството со „Аџибадем“, највлијателната здравствена групација во Југоисточна Европа. Втората година го донесе и признанието Супербренд во македонското здравство..

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НА ЧЕТВРТИОТ „БЕБЕ САЕМ“

С

о предавања и стручни совети за трудниците и најмлaдите од страна на еминентните специјалисти гинеколози-акушери и педијатри, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваше на специјализираниот саем наменет за трудници, бебиња, родители и деца. За време на манифестацијата со предавања учествуваа д-р Митко Ивановски на тема „Спонтано породување или породување со царски рез“ , прим. д-р Душко Фидановски на тема „Интензивното лекување на предвремно родени деца„и прим. д-р Мери Зип на тема „Предности на мајчиното млеко и доењето“.

К

линичката болница „Аџибадем Систина“ се приклучи кон одбележување на месецот посветен на аутистичниот спектар нарушувања. 30-дневната акција за подигнување на свеста за присуството на оваа болест во Македонија беше заокружена со предавање на темата „Менување на трендовите во третманот на аутизмот“ и отворени прашања до светски познатиот д-р Џем Киначи, специјалист по нуклеарна медицина, DAN доктор. Целта на ваквите стручни собири е обединување на сите релевантни фактори кои се двигатели на процесот за создавање оптимални услови за оваа ранлива категорија. Аутизмот бара сериозно вклучување на сите општествени фактори, токму затоа главна заложба на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ , како сериозна здравствена институција, е да даде свој придонес во подигнувањето на свеста за прифаќање, социјализација и обезбедување,оптимални услови за едукација на овие лица.

БЕСПЛАТНА ПРОЦЕНКА НА КАРДИОВАСКУЛАРЕН РИЗИК

П

о повод Светскиот ден на здравјето, 7 Aприл, и одбележување на двегодишнината на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и 11 години од создавањето на брендот „Систина“, Одделот за кардиологија на „Аџибадем Систина“ организираше бесплатна проценка на кардиоваскуларен ризик. Повеќе од 100 пациенти имаа можност бесплатно да добијат кардиолошка консултација, мерење на крвен притисок и електрокардиограм. Целта на ваквата кампања за превенција на кардиоваскуларните болести е да се направи проценка на кардиоваскуларниот ризик кај пациенти кои досега немале можност да бидат прегледани од кардиолог. Кардиоваскуларните болести и понатаму се причина за повеќе од 50 проценти од вкупната смртност во Македонија, а претставуваат и светски проблем.


www.acibademsistina.com.mk 17



ЖИВОТ

Отворено писмо

M oj ot sp as e „ A xi ba de m S is t in a “

„М

ислев дека никогаш нема да се разбудам и да ги видам моите сакани. По шест операции и многу анестезии, на мои 74 години ми кажаа дека веќе не смеам да се оперирам. Тоа застрашувачко чувство ме заплашуваше и долго, веќе неколку години, одбегнував да одам на лекар, иако имав секојдневни болки и тегоби во стомакот. Состојбата стана неподнослива и во крајно тешка состојба заминав на лекар, каде повторно ми го рекоа истото, дека иако животот ми е во прашање, не смеам да се оперирам веќе. Побарав помош и кај друг лекар, но и тој беше немоќен. Секојдневно повраќав, имав страшни болки во стомакот и ‘рбетот, станав речиси неподвижна. А пред неколку години бев жртва и на тешка сообраќајна несреќа, по која сум тежок инвалид. Сосема исцрпена, слаба и разочарана помислив дека мојот спас можеби е во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде ќерка ми доживеа чудесен пресврт во својата бременост и каде го спасија нашето единствено внуче Леонид. Иако ми беше многу страв, заминав да го барам својот спас. Ме упатија на мојот хирург уролог проф. д-р Љупчо Лековски, кој ми направи детални анализи и љубезно ми објасни дека состојбата е многу сериозна и дека имам огромна циста на бубрегот, која мора да се оперира со целосна анестезија. Дијагнозата беше полицистична болест на бубрезите. Но, доктор Лековски беше оптимист дека сè ќе биде добро. Најмногу се плашев од анестезијата и ја одбегнував. Имав многу страв и не сакав да дојдам на закажаната операција. Дури помислував и да останам дома, во таква мачна и безизлезна психофизичка состојба. Но, љубовта кон моето мало склатко внуче Леонид, кој е роден во „Аџибадем Систина“, ми даде сила да издржам сè. Се поздравив со најмилите, мојот сакан сопруг Драган, ќерката Кристина, зетот Војо и најсаканото - внукот Лео, како никогаш да нема да ги видам. Претешко беше, си реков: „Само што се израдував на семејната среќа со бебенцето Леонид, зарем морам да заминам од овој свет?„“ Така беше сè до анестезијата. Откако (за мое чудо!) се разбудив и околу себе ги видов најмилите, по седум операции сфатив дека човек треба секогаш да се бори и да верува, да верува дури и во чуда. Чуда за нас, а за медицината уметност. Мојот хирург уролог, анестезиолог, како и целата екипа доктори, сестри и болничари дадоа сè од себе за да се спасам од таа претешка повеќегодишна агонија на болеста. Му верував на мојот прекрасен доктор Лековски, кој ми даде оптимизам и дека и наредни двесте години ќе бидам сосема здрава! Докторот секојдневено ме посетуваше и се грижеше за мене и секогаш беше достапен. Целата екипа на „Аџибадем Систина“ беше професионална и коректна. Денес, кога сме среќни со моето семејство, му заблагодарувам на проф. д-р Љупчо Лековски, кој ме спаси од тешка, речиси безизлезна состојба, која влијаеше на мојата воља за живот. Светлината на денот, радоста на животот ја чувствувам благодарение на неговата професионалност и вонсериска способност, како и на целата прекрасна болница-спасителка „Аџибадем Систина“. Сега водам нормален живот, докторот ме тера да бидам активна и да се движам. Ве поздравувам од фризер, од козметичар, од парк и од шопинг. Се подготвувам за одмор. Им праќам порака на сите луѓе, можни пациенти, или оние кои не гледаат излез, дека „Аџибадем Систина“ е нашиот спас, нашето слатко чудо, за кое нема пречки од тешките дијагнози. Колку и да сте возрасни или колку и да сте болни – барајте го својот спас во „Аџибадем Систина“. Таму го најдов и јас. Со почит, Мила Николова со семејството www.acibademsistina.com.mk

19



ЗДРАВЈЕ

Подготви д-р Оливер Бушљетиќ –интервентен кардиолог

Срцев удар

Препознајте ги знаците на

СРЦЕВ С СР РЦЕ ЕВ В

Д Р

В

о мн многу ногу филмови, кога а дејствието достигнува дост тигнува кулминација, мина ација, главниот јунак ју унак во состоју ј ба на голем стрес с р станува, у со рацете ги фаќа фаќа градите, крикнува и паѓа на подот, п по правило р буткајќи сè пред п себе. И сите ќе кажат дека дека главниот лик добил „срцев в удар”. Овој т.н “Холивудски у срцев р удар” у р е претставата претставатта што обичните граѓани и ја имаат за тоа како почнува и како изгледа срцевиот удар. За жал, жал л, честопати во вистинскивисттинскиот живот, водени в од оваа слика, слик ка, не ги препознаваат препозна аваат првите знаци и на срцевиот удар уд дар и не реагираат реагираа ат соодветно, со со што влијаатт на сериозните послепосле дици кои ги носи

овој најтежок облик на коронарна р р ар артериска ртериска болест. лест. Каква е вистинската слика за срцевиот удар, односно кои се првите и најчести знаци ? Ср рцевиот удар у р Срцевиот може да се манифестира многу различн но, но, сепак, различно, најчести симптоми и ззнаци се следниве: - Тегоби и чувств у о на нелагодчувство ност во градите, р манифестираф р ни како градна бол лка, притисок, болка, стегање, тежина и сл. сл л. во градите. р Тегобите се чувству уваат најчесто чувствуваат во пределот на градната град дната коска и најчесто не се чувств вуваат во една чувствуваат точка туку во пошир рока регија ј на поширока предниот ѕид на град дниот кош; градниот - Нелагодност во други делови

www.acibademsistina.com.mk www.acibadem www acibadem msistina.com msi istina com m..mk m 21


од телото како болка и стегање во рамењата, грбот, во левото рамо, но понекогаш и во десното рамо, во горниот дел од стомакот, во вратот и долната вилица - Отежнато дишење, односно чувство на недостиг на воздух - Мачнина, гадење, нагони за повраќање - Општа слабост и малаксаност - Препотување со ладна пот - Забрзана срцева работа, но може да се јави и забавена или неправилна срцева работа, односно аритмија - Крвниот притисок е обично покачен, а поретко тој е низок, дури и немерлив Сите овие симптоми може да бидат со различна јачина, притоа обично со тек на време стануваат сè појаки, но може да се јавуваат и периодично. Поретко може да бидат и со многу слаб интензитет „тивки”, обично кај пациентите со шеќерна болест. Овие пациенти можат да го преболат срцевиот удар, дури и без да се јават на доктор. Медицинска помош ќе поба-

рат подоцна кога веќе ќе се јават сериозни компликации од болеста, како што е срцевата слабост. Зошто е важно правовременото препознавање на срцевиот удар и што значи правилото „времето е мускул”? Со почетокот на срцевиот удар, односно со затворање на коронарната артерија прекинува исхраната на одреден дел од срцевиот мускул. Со тоа почнува процес на изумирање на тој дел од срцевиот мускул, кој е прогресивен и по неколку часа станува неповратен. Колку тој дел од срцевиот мускул е поголем, толку се поголеми последиците од срцевиот удар. Од тука произлегува значењето на правилно и правовремено дијагностицирање на срцевиот удар, кое овозможува негово успешно лекување. Лекувањето се состои во отворање на инфарктната артерија, механични или со лекарства и воспоставување на проток на крв низ истата. Тоа е правилото: „времето е мускул“. Со примарните перкутани коронарни интервенции ( ПКИ ), односно инванзивните процедури на отворање на инфарктната срцева артерија и поставување стент на местото

на оклузија, односно затнување на артеријата, болничката смртност од акутен миокарден инфаркт ( АМИ ) е намалена под 2% (за споредба смртноста кај конзервативниот третман е 20%, а смртноста кај фибринолитичката терапија 10-15%). Поимот примарни ПКИ подразбира изведување на процедурата во првите 12 часа од почетокот на симптомите. Колку времето до интервенција е пократко, толку оштетувањето на срцевиот мускул е помало. Особено е значаен првиот час од почетокот на симптомите кој се нарекува ЗЛАТЕН ЧАС. Најголема корист има доколку интервенцијата се изведе во првите шест часа, период кој се нарекува време на развој на срцевиот удар. Каква е улогата на кардиологот во едукација на пациентите ? Од огромна важност е кардиологот да ги едуцира пациентите со висок ризик за срцев удар (пациенти со шеќерна болест, висок крвен притисок, покачени масти во крвта, пушачи, пациенти на дијализа и др.), правилно и правовремено да ги препознаат првите знаци за срцев удар и да побараат медицинска помош. Важно е таа едукација


www.acibademsistina.com.mk 23



да ги опфати и најблиските членови на семејството, да ги препознаат првите знаци, можните компликации и адекватно да реагираат. Се препорачува повикување на Брза помош, која ќе го пренесе пациентот до најблиската медицинска институција, бидејќи дел од компликациите кои се јавуваат рано може да се решат во болничкото возило. Како функционира Одделот за кардиологија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ? Сите кардиолози се активно вклучени, не само во дијагнозата и лекувањето на коронарната артериска болест ( КАБ ) туку и во правилна едукација на пациентите. За таа цел се организирани и неколку акции на бесплатни прегледи и одредување на индивидуалните

ризик фактори за КАБ. Ургентниот центар е во постојана функција за дијагностицирање на акутно срце-

ЗАПОМНЕТЕ Ниеден срцев удар не е ист. Некој кој имал срцев удар може да има повторно, но со целосно различни симптоми. Првите знаци и симптоми се разликуваат кај секој пациент. Срцевите удари не секогаш се изненадни и жестоки. Во многу у случаи у тие почнувау ат полека, со блага болка и непријатност. р ј Некои лица воопшто немаат болка во градите, само непријатно чувство во горниот дел од телото. Ако ги препознаете први вите ите т ззн нац ци на ср срце рце цев в удар ри бр рзо зо реа еаги гир ги рате ра те, е, мо може ж да го сп пас асит сите ите ср ит рце цеви виот мус виот уску ул од пого пого по голе леми м ошт штетув етув ет увањ ања, ањ а, а со тоа то оа и да да си го го спа паси с те те жив ивоивоо то отт.. Многу у па п ци иент ен нти ти по оч чин на ал ле о срцев од р у удар р зо зош ошто до оцн цна на по обарале лек е ар ек арск ка по помо омош. мо ош. ш. Лицата кои прежи ре ежи живе веал ве але е срце ц в уда це ар се во ар в погго ол лема ем ма оп пас асно остт од п по овттор оре рен ен срц цев ев уд удар дар а . Па аци циен ентти ен ите те со ко кор рона ро нар на рн рна на боле бо ле ест с мор ораа ораа аат ат ре редо довн до вно вн о да а од на ко одат од конт нтро роли ли. ли

во страдање. Истовремено тимот за интервентна кардиологија е организиран да изведува примарна перкутана коронарна интервенција во најкраток можен рок. Овој тим е активен во кое било време од денот, 24 часа, седум дена во неделата. Срцевиот удар и покрај интервентните процедури кои ја намалуваат смртноста, сè уште претставува значаен медицински проблем. Затоа е важна превенцијата на коронарната артериска болест, редовна кардиолошка контрола со одредување на личните ризик фактори и нивно правилно регулирање. Истовремено значајна улога има и едукацијата на пациентите за тоа што претставува срцевиот удар, како најтежок облик на КАБ, како и едукацијата за правилно и правовремено препознавање на првите симптоми !

www.acibademsistina.com.mk www.acibademsistina.com.mk 25


ЗДРАВЈЕ Вени

В

Подготви проф. д-р. Владимир Миленков-трансфузиолог

ПРОШИР ШИР В Прошир Пр ош о шир ирен ени вен вен ве ни и се зг з гол олемен ем мен ни и,, изв звит итк ка ани ни и бо болн лни по повр ршн шни ве вени ени ни ко ои и се пос се осл ле ед ди иц ца а на ос сла лабе лаб бени ни и неф не фу ун нк кци цион она ал лни ни в ве ен нс ски и кл ла апи пи. По П о пра рав ви ил ло о то оа а се в ве ен ен ни и на нозе но н озе ете те, но мож но же д да а се по поја ав ва ат и на на дру уг ги и ме ес ст та в во о орг рган ни из змо мот. т. Ов ва аа со сост стој ојба ба б а се јав се аву ув ва ка кај 25% кај 25 5% од д жен енск с ат ата та и кај 10 ка кај 10% од од маш шк ка а ата та т а поп опул ул у лац ац циј ија и иј прет пр рет етст тст ста ав вув ува пр ува ро об бле лем н не е сам мо за болна за олна ол нат та а инд див вид ду уа а тук уку е и се сери риоз озе озен ен н здрав дра др ав вст вст тве вен и со с оци ција јален ле ен пр проб обл ле ем с со о ог гл лед ед на после на ос сле леди ици цит те е до ко кои ои мож мо же е да до дове вед де е.

Како доаѓа до проширување на вените? Срцето претставува пумпа која ја турка крвта низ артериите до сите ткива во телото, а со крвта се пренесуваат кислород и хранливи материи до клетките. Аортата како најголема артерија се раздвојува на сè помали и помали крвни садови и на крајот мрежата на крвни садови во телото завршува со артериоли и капилари. Кога крвта се враќа, таа минува низ вените, од најмалите - венули, до најголемите (горна и долна шуплива вена ) за да се влее во срцето. Во нормалните вени постојат клапи кои како вентили се отвораат во правец на текот на крвта и не дозволуваат крвта да се враќа, напротив, помогнати од контракцијата на мускулите околу нив го одржуваат протокот во насока кон срцето. Кај проширените вени, овие клапи не ја вршат добро својата функција и дозволуваат крвта да заостане во вената и да предизвика проширување, кое најчесто се однесува на вените на нозете. Оваа состојба е почеста кај жените и е особено изразена при вродено ослабени венски клапи, но често се јавува и при бременост, воспаление на вените,

долго стоење и зголемен притисок во стомачната празнина. Кои се симптомите при проширени вени? Тегобите при состојба на проширени вени се: чувство на напнатост, тежина, јадеж по кожата, а некогаш и болка во нозете. На преглед се воочуваат видливи, зголемени вени над површината на кожата, благ оток околу глуждовите, Лекарска помош треба да се бара секогаш кога проширените вени се болни и кога со мерките што сами сме ги презеле не се подобрува состојбата. Секако дека треба веднаш да се појде на лекар при појава на компликации од хронично проширени вени: нагла појава на болка или оток на екстремитетот, појава на црвенило и локална температура над вената или појава на чиреви на кожата. Превенцијата се состои во избегнување подолго стоење и кревање тежок товар. Се препорачува пешачење, возење велосипед, пливање, танцување, т.е. спортови при кои има континуирани мускулни движења што ќе овозможат придвижување на заостанатата крв во вените.

со тек на време се јавуваат кафеникави пребојувања на кожата кај глуждовите, а кај потешки случаи се јавуваат кожни рани во пределот на потколениците. Како се дијагностицираат проширените вени? Дијагнозата главно се базира на изгледот на вените при стоење или во седечка положба. По потреба може да се направи т.н. дуплекс ултрасонографија на екстремитетот за да се види крвотокот во вените, за да се исклучи друго заболување на нозете како што е венската тромбоза. При одредени нејасни случаи потребно е да се направи ангиограм, односно со помош на внесен контраст во вената истите да се прикажат на рендгенска снимка, со што точно може да се потврди или исклучи друго заболување. Како се лекуваат проширените вени? Терапијата на проширените вени обично се сведува на совети за мерки кои ќе оневозможат дополнително заостанување на крвта во вените. Пациентот треба да избегнува предолго стоење, да ги одмора нозете со нивно ставање во хори-


зонтална положба, а често треба да носи и еластични чорапи. Помагаат и посебни креми или гелови кои во својот состав имаат хепарин, или екстракти од див костен или флавоноиди. Хируршка или некоја друга терапија се презема во случаи кога постои болка во ногата, обично изразена како тежина или замор, при појава на кожни рани предизвикани од голем застој на крв и недостиг на исхрана на ткивата, кога треба да се поправи надворешниот изглед, како и кога постои липодерматосклероза, односно доаѓа до постепено задебелување на масното ткиво под кожата како последица на високиот притисок во

вените. Венски стрипинг е хируршка операција и претставува вадење, поточно извлекување на проширената вена. Постојат и т.н. неинванзивни третмани: Ласеротерапија - е техника при што со помош на насочениот лас-

ерски зрак се уништуваат ситните венули кои се шират по површината на кожата како пајакова мрежа. Оваа техника се изведува преку кожата и е безболна. Ласерска аблација - за разлика од претходната техника, оваа е поинванзивна. Се изведува со помош на катетер со кој се навлегува во проширената вена и со ласерски зрак се согорува вената со што луменот на вената е засекогаш затворен, таа спласнува и се исклучува од венската мрежа. Радиофреквентна аблација е слична на претходната метода, но тука се работи за радиобранови со посебна фреквенција кои го вршат затнувањето на вената. Кои компликации може да настанат од проширените вени ? Хронично воспаление на вените т.н. флебитис, односно тромбофлебитис. Појава на кожни рани и чиреви на потколеницата, последица од застојот на крв во вената и намалување на исхраната на кожата. Прскање и поткожно крвавење од венскиот крвен сад, спонтано или при најмали повреди. Пациентот ова го забележува како честа појава на модринки.

www.acibademsistina.com.mk 27


ЖИВОТ Аорта

НА 16 ГОДИНИ ДОБИВ ШАНСА ЗА НОВ ЖИВОТ Болеста не познава старосни граници. За тоа е доказ и младиот Филип Ристевски, чиј животен полет е прекинат поради срцева аномалија. Животот го поставил пред голем предизвик, но благодарение на тимот лекари од Одделот за кардиохирургија предводени од проф.д-р Салис Таџер тој доби шанса за нов живот

С

е викам Филип Ристески и имам 16 години. Уште по третиот ден од моето раѓање ми е дијагностицирана аортна стеноза. Иако сум роден со срцева аномалија, во текот на годините не чувствував потешкотии, редовно одев на контроли каде се следеше состојбата. Проблемите почнаа кога влегов во пубертет. Брзо се заморував и не можев да трчам ниту да имам потешка физичка активност. Дојде време кога проблемот со срцето мораше да се корегира со операција. Со моите родители прво за консултација отидовме во кардиохируршки центар во Бугарија. Ми рекоа што поскоро да се оперирам, но ни побараа голема сума пари. Ова беше првиот шок бидејќи моите родители немаа можност да соберат толкава сума. Но тогаш случајно, по препорака на една пријателка на мојата мајка која е доктор, отидовме на преглед кај проф.д-р Салис Таџер. Така и го запознав мојот спасител ПО ПРВИОТ РАЗГОВОР, СТРАВОТ ИСЧЕЗНА Знаев дека операцијата е неизбежна, што дополнително ми влеа

страв. Постојано мислев што ќе се случи со мене и каков ќе биде мојот живот. Млад сум и полн со живот и не сакав да ми биде скратен ниту еден момент од тинејџерските години. Но тогаш во мојот живот влезе професорот Таџер и сиот страв исчезна. Никогаш досега не бев сретнал таква личност. Бев воодушевен од неговиот пристап, комуникација , блискост и едноставност што ми влеа голем спокој. Сиот страв исчезна зошто бев убеден дека моето срце и мојот живот е во сигурни раце. По направените испитувања докторот одлучи веднаш да се оперирам. Но на мое инсистирање, поради летниот одмор кој сакав да го поминам со моите другари, операцијата ја одложивме за наесен, со ветување дека во меѓувреме ќе внимавам на моето здравје. БАКТЕРИЈАТА КОБНА ЗА МОЕТО СРЦЕ Но еден ден добив силни болки во стомакот и висока температура. Не го сфативме сериозно и со мојата мајка отидовме на лекар, каде ја потврдија нашата претпоставка . Ни рекоа да не се грижиме зошто брзо ќе помине. Но деновите минуваа, а мојата состојбата не се мену-

Што е ендокардитис? Ендокардитис е воспаление или инфекција на внатрешната (endokardialna) површина на срцето кое може да вклучува една или повеќе валвули или други структури. Често е предизвикан од бактерии кои нормално живеат на кожатa, во внатрешноста на дигестивниот тракт или во уринарниот тракт. Ако овие бактерии влезат во крвотокот, тие може да „се налепат”, поточно да се населат на којa било оштетена површина во внатрешноста на срцето и да предизвикаат валвуларна инсуфициенца која може да доведе со тежок застој и слабост на срцето или, пак, да се развие и миокарден апцес. Инфективниот ендокардитис обично почнува како небактериски тромбоцитен ендокардит, кој поради трансиентна бактеремија ( појава на бактерии во крвта) се колонизира со бактерии, најчесто од фамилијата стрептококус, но во ¼ од случаите со стафилококи. Најчестo се зафатени абнормалните срцеви залистоци, но исто така се на удар сите импланти, како на пример вештачките залистоци, електроди од пејсмекери и др. Ендокардитот доведува до деструкција на ткивата и структурите во срцето, а и како емболија може да се рашири и до другите одалечени

ваше. По неколку дена решивме помош да побараме од професорот. По направените лабораториски испитувања и преглед дојде шокантна вест. Причина за температурата и болките во стомакот била бактерија која го нападнала срцевиот залисток. Шест недели се лекував под будното око на професорот Таџер. Во меѓувреме бактеријата исчезна и јас бев подготвен за големиот пресврт во мојот живот. СЕГА ИМАМ НОВО СРЦЕ ЗА НОВИ ЖИВОТНИ ПРЕДИЗВИЦИ Моите очекувања се исполнија, операцијата помина во најдобар ред. Професорот ми даде нов животен елан полн со неостварени соништа кои накратко беа прекинати поради моето здравје. Се вратив на училиште, и шест месеци по операцијата се чувствувам одлично, подготвен за нови животни предизвици. Сега ми преостанува само редовно да одам на контроли. Воодушевен сум од целиот персонал во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ . Деноноќно сите бдееја над мене. За време на мојот болнички престој, кој траеше две недели, целото внимание беше свртено кон мене. Ми рекоа дека

органи. Инциденцата е различна во разни социоекономско развиени подрачја, но просекот е 5-10 случаи на 100.000 жители. Иако ендокардитисот може да се појави кај секого, сепак, тоа ретко се случува кај луѓе со здрави срца. Ризични групи за ендокардитисот се: • Пациенти со вродени срцеви мани, најчесто со валвуларни болести/промени • Постоење на вештачки залистоци по претходна операција на отворено срце • Дентална хирургија • Интравенска употреба на дроги Симптоми на ендокардитот се температура со треска, ноќно потење, болки во мускулите и зглобовите, отежнато дишење, слабост блед аспект, губење на тежина. Појавата на нов срцев шум ќе му укаже на вашиот доктор да преземе сериозни испитувања - крвна слика и крвни култури. Во повеќето случаи, ендокардитисот се лекува со антибиотици подолг период, вообичаено е 4 до 6 недели, и тоа најчесто интравенски. Во потешки случаи кај нетретирани ендокардитиси, а што е сè почесто кога станува збор за резинстентни бактерии, може да има потреба и од валвуларна хирургија, што вклучува и замена на залистоците.


www.acibademsistina.com.mk www.acibademsistina.com.mk 29


сум бил најмладиот пациент опериран на Одделот за кардиохирургија. Сега имам ново срце. Мојата порака до сите кои имаат потреба од операција на срцето, воопшто да не се двоумат и својот живот да го предадат во вистински раце.

Проф. д-р Салис Таџер БАКТЕРИИТЕ ГО НАПАЃААТ БОЛНИОТ СРЦЕВ ЗАЛИСТОК На Филип Ристевски уште во првата година од животот му беше дијагностицирана вродена болест на аортниот залисток, кој беше вродено стеснет. Се работи за состојба каде срцевиот залисток е многу тесен и пречи на нормалната работа на срцето. Она што е специфично за болестите на залистокот е што потребата од замена со вештачки најчесто се јавува околу 30. година од животот, но кај Филип се јави многу порано, на 16 години. По барање на неговите родители, а со оглед на тоа што неговата состојба не беше животно загрижувачка, ја одложивме операцијата за три месеци. Кога повторно дојдоа на консултација , поради висока температура, Филип имаше пеплеста боја на кожата и приказна за температура која трае еден месец. Веднаш ми стана јасно дека состојбата е многу сериозна. По направените лабораториски испитувања се потврди дека станува збор за ендокардитис или воспаление на залистокот. Веднаш преминавме на лекување со антибиотици за да ја контролираме инфекцијата и да спречиме уште една опасност од емболија, ослободени фрагменти од болниот залисток. Веднаш го опериравме, и залистокот му го заменивме со механички. Постоперативниот период беше уреден. Сега тој е здраво момче со механички залисток кое мора да внимава на инфекции. Ова важи за сите пациенти кои имаат проблеми со срцевиот залисток или имаат механички залисток. Бактериите секогаш го напаѓаат болниот залисток, затоа секоја температура, стоматолошка интервенција, загнојувања мора веднаш да се лекуваат со антибиотици. Доколку се обрне внимание на ова, во голема мера ќе ја намалиме инциденцата на ендокардит на срцевите залистоци.


Дијагноза и терапија на GEP NETs Асс. Др Ален Јовчевски Аџибадем Систина Што се невроендокрини тумори (НЕТ)? НЕТ се тумори кои потекнуваат од невроендокрините клетки кои се наоѓаат распространети по човековото тело. Невроендокрините клетки имаат способност за создавање и ослободување на повеќе видови биоактивни супстанци и хормони (серотонин, инсулин, адреналин, естроген и тестостерон) кои имаат различни улоги во нормалното функционирање на организмот. Се нарекуваат и ГЕП НЕТ (гастро-ентеропанкреатични НЕТ), а се сметаат за малигни тумори со способност за ширење во околните ткива и оддалечените органи (метастазираат). Во моментот на поставување на дијагноза, во повеќе од 50% случаи постојат метастази - најчесто во црниот дроб и коските. Причини за задоцнетото дијагностицирање се: неможноста за откривање, отсуствотото на симптоми додека туморот не достигне одредена големина или не метастазира, како и појавата на симптоматологија иста или слична со други заболувања и состојби. Понекогаш НЕТ можат да бидат дијагностицирани за време на редовни рутински прегледи во рана фаза на заболувањето. Кои се најчести симптоми? Различни типови НЕТ се карактеризираат со различни симптоми. Способноста за лачење на хормони на НЕТ (функционален или нефункционален тумор) и локализацијата на туморот се причинители на појавата на симптомите и нивните карактеристики. Функционалните НЕТ создаваат биоактивни супстанци кои предизвикуваат појава на клинички синдроми (истовремена појава на група на симптоми предизвикана од основното заболување) и можат да се манифестираат со: -

обилни и долготрајни проливести столици (кои можат да предизвикаат ниски вредности на калиум и хлориди во крвта), појава на грчеви, црвенило на кожата и отежнато дишење; појава на чиреви во дигестивниот тракт - отпорни на вообичаена терапија за овој тип на болест; ниско ниво на шеќер во крвта, губиток на тежина, слаба или нарушена отпорност на инсулин.

Нефункционалните НЕТ можат да не предизвикуваат симптоми или симптомите може да се јават како последица од растот на туморот (крварење, болка, цревна опструкција). Како се дијагностицираат? Постојат повеќе видови испитувања кои се користат за да се открие или потврди присуство на НЕТ во човековото тело, како и да се следат промените кои можат да се јават кај веќе дијагностицираните НЕТ. Тие се поделени во две поголеми групи: •

Биохемиски анализи:

- одредување на Хромогранин А - супстанција која ја создава НЕТ и која може да се открие во примерок од крв на пациентот и - одредување на 5 Хидрокси-индол-оцетна киселина (5 ХИАА) - супстанција која во нормални услови може да се открие во многу мали количества во урината. •

Сликовни испитувања:

- Компјутерска томографија (КТ) - Магнетна резонанца (МРИ) - ОКТРЕОСКЕН: се користи специфичен радиомаркер кој се инјектира во циркулацијата на пациентот, а потоа се прави скенирање на пациентот 24 часа подоцна. Се употребува за откривање на специфични типови НЕТ и при сомневање за проширеност на болеста по телото. Како се лекуваат? Лекувањето на НЕТ е мултидисциплинарно и вклучува учество на експерти од различни медицински специјалности: онколози, гастроентеролози, ендокринолози, хирурзи, патолози, специјалисти од нуклеарна медицина, интервентни радиолози, медицински сестри и социјални работници. - Хируршко отстранување на туморот е третман на избор кај пациенти со НЕТ, кој се применува за комплетно отстранување кај ранодијагностицирани НЕТ или намалување на туморската маса во напреднат стадиум на болеста; - Медикаментозна терапија се применува за контрола на болеста и олеснување на ефектите на хормоналната хиперсекреција; - Хемотерапија рутински се применува во лекувањето на одредени видови НЕТ, но се користи и за олеснување на симптоматологијата и контрола на растот на туморот; - Хемоемболизација е постапка при која крвоснабдувањето на туморот е привремено запрено и при тоа се администрираат хемотерапевски средства директно во туморот (црнодробни метастази); - Радиотерапија (зрачна терапија) се користи кога болеста е во напреднат стадиум (коскени метастази) и - Опсервација (следење) кај видови на НЕТ кои се дијагностицирани, но се асимптоматични или не покажуваат знаци за прогресија.

www.acibademsistina.com.mk 31


ТЕМА

Кардиохирургија кај деца

УШТЕ ОД РАЃАЊЕ КАЈ БЕБИЊАТА МОЖЕ ДА ПОСТОЈАТ ПОВЕЌЕ ОД 200 БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО Уште од раѓањето кај децата се јавуваат срцеви аномалии. Во медицината се познати над 200 видови вродени срцеви заболувања кај новороденчињата. Најчести се дефекти на срцевите капаци, појава на дефекти меѓу коморите и преткоморите, нарушувања на големите вени на срцето, поместувања на местоположбата на вените кои излегуваат од срцето, артериите кои го хранат срцето и многу други. Некогаш кај едно новороденче може да се јават повеќе аномалии. Сите се лекуваат со широк спектар на хируршки интервенции или помошни операции. Шефот на одделот за Кардиоваскуларна хирургија во болницата Аџибадем Бакиркој, проф.д-р Тајар Сариоглу, одговара на прашања поврзани со најчестите срцеви заболувања кај децата, како и за нивниот третман. Кои се најчестите срцеви болести кај децата? •

Транспозиција на големите артерии

Најчеста срцева аномалија кај децата е транспозиција на големите крвни садови. Кај овој тип аномалии главните артерии од срцето излегуваат од отвори што не им припаѓаат на самите комори. Крвта која треба да оди низ целото тело, поради ваквите аномалии, оди во белите дробови, од каде, пак, се пумпа низ целото тело. Во овие случаи, со хируршки зафат се менува локацијата на крвните садови кои го хранат срцето и се поместуваат на соодветно место. Оваа операција е една од најважните операции на срцето и се нарекува „Arteriаl Switch” , односно „aртериски прекинувач”. •

Сина детска болест

Оваа болест кај народот е позната како сина детска срцева болест. Се работи за болест каде се појавуваат повеќе аномалии на срцето, како што се: дефект меѓу коморите, стеноза на белодробните вени, поместувања на главната артерија која ја носи крвта низ целото тело. Сите овие нарушувања можат да бидат корегирани со само еден хируршки третман. • Стеноза на срцеви залистоци и регургитација Во здравствената групација на болници „Аџибадем“ се работат сите интервенции со кои се корегира стеснувањето на срцевите капаци и стенозата на срцевите залистоци и регургитацијата. Успехот на ваквите операции е повеќе од 90 проценти. Меѓутоа,

за да се постигне висок процент на успех потребно е болницата да има искусен тим лекари кој вклучува кардиолози, кардиохирурзи, детски кардиохирурзи, неонатолози, педијатри, специјалисти за педијатриска интензивна нега, анестезиолози, медицински сестри и високо обучени техничари, психотерапевти и други експерти. Покрај искусен лекарски тим, од голема важност е ваквите центри да бидат опремени и со најсовремените медицински технологии. Важно е да се нагласи дека една третина од детските срцеви болести се дијагностицираат уште кај новороденчињата, односно во првиот месец од раѓањето, и кај нив е потребно лекување и хируршки третман. Ако не се лекуваат веднаш, за жал, голем дел од овие деца умираат. Поради ова, од витално значење е децата со вродени срцеви аномалии да се лекуваат и оперираат уште во неонаталниот период. Освен хирургија, кои други алтернативни техники се практикуваат во лекувањето на срцевите болести кај децата? Бесхируршко лекување на срцевите капаци и стеснување на артериите: Некои аномалии може


Текстот е преземен од болницата

Истанбул, Р. Турција

да се корегираат со не-хируршки третмани, каде корекцијата се врши преку катетер. Со оваа интервенција може да се затворат некои дефекти во преградите на срцето. Во случаи на стеснување на крвните садови и срцевите капаци со примена на оваа техника истите може да се корегираат.. Исто така одредени аномалии со оваа процедура се корегираат пред или по хируршката интервенција. Овој вид третмани се нарекуваат интервентни процедури. Посебни третмани за проблеми со срцевиот ритам: Проблемите поврзани со срцевиот ритам се резултат на оштетен електрофизиолошки спроводен систем на срцето. Преку катетар со таканаречена електрофизиолошка студија се дијагностицираат проблемите со срцевиот ритам. Доколку е потребно со методата на согорување се корегираат спроводните патишта кои предизвикуваат абнормален срцев ритам. Кај некои пациенти со овој третман проблемот со срцевиот ритам се решава трајно. Но некогаш е потребно овој процес да се повтори. Чадор против дефекти во срцето: Некои дефекти во срцето се затвораат со помош на т.н. катетер метода. Алатката со која се служиме за затворање на дефектите личи на чадор, затоа оваа метода се нарекува чадор метода. Со оваа метода дефектите на срцето се затвораат со тенки кружни жици во вид на завеси. Оваа метода исто така се применува и во случај кога има повеќе од еден дефект на ѕидовите на срцето. Минимално инванзивна хирургија: Со оваа хируршка интервенција преку мали отвори се влегува во градниот кош и се прават потребните корекции на срцевите капаци. За разлика од стандардните кардиохируршки интервенции, каде е потребно да се отвори целиот граден кош, со минимално инванзивната хирургија преку мали странични отвори со дијаметар од три до пет сантиметри и специјални инструменти се прават потребните корекции. Децата оперирани со оваа техника побрзо оздравуваат и немаат голема лузна на предниот дел од градниот кош. Сепак, оваа хируршка техника не се применува кај сите срцеви заболувања. Дали децата оздравуваат по операцијата на срцето? По кардиохируршка интервенција, речиси 90 проценти од децата може да живеат нормално. Во рок од неколку часа или дена едно дете кое било на работ да го изгуби животот може да се спаси со кардиохирурш-

ките операции. Возможна ли е бајпас операција кај деца? Иако ретко, кај децата како и кај возрасните може да се појават вродени аномалии на стеснувања на коронарните срцеви артерии. Во вакви случаи, како и кај возрасните, коронарна бајпас операцијата може да биде неопходна. Понекогаш и кај децата има потреба од повторна операција на срцето. Има ситуации кога е потребна трета па дури и четврта операција. Иако има некои потешкотии од овие повторувачки операции, сепак, она што е најважно е високиот процент на успех. Што е причината за ненадејните смртни случаи кај децата и младите ? • Одвреме навреме сме сведоци на ненадејна смрт кај деца и млади луѓе кои спортуваат. Најчесто причината за ваквиот резултат кај овие деца е што порано имале асимптоматски појави на срцеви заболувања кои не биле дијагностицирани како срцеви и коронарни артериски аномалии. • Главна причина за ненадејната смрт се сметаат аномалиите поврзани со капакот на главна срцева артерија или стеснување на главната срцева артерија под срцевиот капак. • Абнормалната структурна поставеност на коронарните крвни садови на срцето е уште една причина за ненадејна смрт кај децата. • За да го спречиме ова, децата неопходно е да направат преглед на срцето пред да почнат да се занимаваат со спорт, да направат кариолошки тест под напрегање, ехо кардиографија, а доколку е потребно и компјутеризирана томографија и магнетна резонанца на срцето за да се испитаат и идентификуваат одредени аномалии. Доколку се утврди таков вид аномалии на срцето, со операција на срцето или интервентни кардиолошки процедури, крвните садови се корегираат, а корегирањето на аномалиите на крвните садови значи спас на животот на пациентот.

www.acibademsistina.com.mk w ww w.ac w. aciib bad de em msi sissttiin na. a.com om. m.mk mk www.acibademsistina.com.mk 33 3 3


ЖИВОТ Срце

Текстот е преземен од болницата

Истанбул, Р. Турција

НЕОБИЧНА ШАНСА ЗА БЕБЕТО

ЈАСЕМИН ОД ЕГИПЕТ

Малата Јасемин е предвреме родено бебе со тешки компликации на главната срцева артерија. Шансите да преживее со оваа вродена срцева мaна беа минимални. Веднаш е префрлена во болницата Аџибадем каде тимот лекари од Одделот за кардиоваскуларна хирургија, предводен од д-р Тајар Сариоглу, го запре срцето на Јасемин еден и пол час и направи промена на еден милимеако што Египет, родната вата сопруга во текот на бременостар долгите коронарни земја на Јасемин, се обита редовно ја носел на здравстведе да ја стекне слободата ни прегледи. Но во 20. недела од крвни садови.

К

со таканаречената Јасеминска револуција, така и бебето Јасемин со многу тешка операција на срцето во Истанбул повторно се врати во живот. Бебето Јасемин Абуленејн е родена во Египет со компликации на главната срцева артерија. Поради ваквата аномалија шансите да преживее ова 15 дена старо бебе биле минимални. Раководителот на Одделот за кардиоваскуларна хирургија, при Универзитетот Аџибадем , д-р Тајар Сариоглу и неговиот стручен тим, го запреа нејзиното срце еден и пол час и со операција всадија нови коронарни артерии со дијаметар од 1 милиметар. Бебето Јасемин беше донесено од Египет во Турција пред да почнат немирите во Египет. Нејзината мајка Далија (24) и нејзиниот

татко Ахмет Фати Абуленеин (30) со излекуваната ќерка се вратиле во Египет на денот кога опозицијата почнала со протестите. Поради немирите д-р Тајар Сариоглу не можел да стапи во контакт со семејството ниту преку електронска пошта, ниту преку телефон. Подоцна среќните вести пристигнале од Каирскиот универзитет, од Одделот за педијатриска кардиологија, дека бебето и семејството се чувствуваат одлично. Предвреме родената Јасемин е оперирана 15 дена по раѓањето Таткото на Јасемин, Ахмет Фатих Абдулнеин, поради работа често престојувал во странство. Него-

бременоста лекарите им соопштиле дека бебето има сериозна срцева аномалија. „Детските кардиолози од Каирскиот универзитет ми рекоа дека бебето треба да биде оперирано што поскоро. Некои сметаа дека е изгубено многу време и можеби е веќе доцна. Тогаш почнав да истражувам и да барам лек за да ја спасам мојата штотуку родена ќерка. Случајно еден наш лекар пријател од Каирскиот универзитет нè советуваше да одиме на операција во болницата Аџибадем во Истанбул. Веднаш стапив во контакт со проф. д-р. Тајар Сариоглу и одлучив ќерка ми да се оперира во Турција. Нашата ќерка е родена предвреме, оваа операција беше единствената шанса да се спаси нејзиниот живот. Срцето на Јасемин го оперираа 15.


ЛЕКАРИ ИТЕ ТЕ ОД Д ЕГ ЕГИП ИПЕТ ЕТ ЌЕ ГО СЛЕД СЛ ЕДАТ ЕД АТ ЗД АТ ЗДРА ДРА РАВЈ В ЕТ ВЈ ЕТО НА ЕТО А БЕБ ЕБЕТ ЕТО О

ден откако се роди. Пресреќни сме што ја одбравме оваа болница и што ја донесов вистинската одлука која го спаси моето бебе од смртта. Тука ќерка ми ја предадовме во рацете на искусен тим лекари кои го спасија нејзиниот живот. Покрај Јасемин имаме уште една постара

ќерка која моравме да ја оставиме во Египет за сето време додека бевме на лекување“- раскажува таткото Ахмет Фати Абуленеин.

Спо Сп пор ре ед е д рак ков овод од диттел е о ело отт на н Одд дделот за ка к карди рди рд р иовас ов а ку ас кул уларн лар рн на хирирг р рг ргиј ија на бол олни ни ица цата Аџибадем Баки Баки кирк кој о , проф оф.д-р Тај ајјар р Сар арио иогл гл лу, у Јас асем ем мин бил ила а роде ро р ена на со сл с ож ожен ена а срцева р аномал лијја лија ли а, по ото очн чно о се е р боти ра бо оти ти за тр тран ансп с оз озициј ија иј а на гол ле ем мит и е ар ртери р и ри каде главн нит и е арте арте ар т ри рии на срцето излегуваат од спротивни комо м ри и. Ов Оваа комплексна аномалија може да се корегира р р со о хируршка рур интервенција р во првите 15 ден ена а од д раѓ ра аѓањето на бебето. “Турција е една од водечките земји во светот во о однос дн на кардиохируршките операции како за дн возрас рас сн ни ите така и за децата. Во минатото голем број пац ацие иен нтти за вакви и операции одеа дури во Англија, Амери ме ери р ка к , Ге Герм Герм рман анија. Но во последниве години пац цие иент н ите нт итте за ваквите интервенции р како прва пр рва дес ести т нација ј ја ј избираат р Турција. ур ј Ова е добар показател за тоа колку ба к кај нас е напредната кардиохирургијата. Оп перацијата на Јасемин е ед дна од најтешките ј и најјкомплексни хируршрур к инт ки н ервенции за ко ои е потребен искусен тим н кар на ардиохирурзи и најсо овр в емени апарати. Со ов ваа а опе перација се врши тра ра ранспозиција а на крвните е сад адов ови и кои излегу гува ваат ва ат од срцето, како и менуат вање на ло вање ва лока каци ција јата т на ко коро оро ронарните садови кои го хра го рана натт ср срце цето то. Ср Срце Срце ц то на едно новороденче е го гол лемо кол ол лку ку еде ку д н ор орев. Дијаме мета тарот на крвните сад адов ови кои се разгрануваат од срцето е еден ми или лиметар. За ваквит и е интервенции срцето се запи ира час и пол л до дв два часа за да може успешно да се изведе транспозицијата, односно менување да н локацијата на крвните садови. Од технички на аспект ваквата операција р ј е сложена и критична, р бара р многу у внимани ни ие и трае р околу у 5 часа. Се надевам дека бебето о Ја Ј семин по оваа операција р ј ќе живее како нормалн лно бебе. Состојбата на бебето лн ќе ја следиме заед ед дно н со колегите специјалисти од Каи од ирскиот универз р итет“ –изјави д-р Тајар Сари иог о лу.

www.acibademsistina.com.mk 35


ЖИВОТ

Бременост

РАЃАЊЕТО НА МОЈОТ СПАСИТЕЛ

НОЕЛА „К

ако да им се заблагодариш на луѓето кои ти го спасиле живот, а згора на тоа и ти овозможиле да создадеш и да одржиш нов живот? Со зборот „благодарам“? Тоа ми звучи толку премалку и толку несоодветно за несебично дадената помош и поддршка. “Вака ја почнува својата животна приказна 33-годишната г-ѓа Рената Петревска Нечкоска. Патот до мајчинството ѝ ја донело најголемата болка, но и најголемата среќа, раѓањето на нејзината ќеркичка Ноела. Сè започнува во 2007 година кога за првпат забременила. Имала нормална бременост, без потешкоти. По девет месеци дошол и долгоочекуваниот ден кога за првпат ќе го земе в раце своето чедо. Но место среќа, Рената и нејзиниот сопруг, ја доживуваат најголемата болка во својот живот. „Породувањето не напредуваше многу добро, одеше бавно, главчето на бебето беше подготвено да излезе, а, сепак, не излегуваше, и покрај сите мои напрегања и настојувањата на докторот. За време на пораѓањето видов паника во просторијата и по кратко време се роди бебенцето без знаци на живот. Во еден момент го слушнав и гласот на мојот сопруг како се обидува да ми помогне, охрабри и даде сила. Папочната врвца во текот на бременоста имала вистински двоен јазол и во текот на раѓањето се затегнала и го прекинала доводот на кислород до бебенцето. Затоа и не можеше да излезе лесно иако се обидуваше. По породувањето побарав да го видам и да го гушнам, го бакнав, му кажав колку е убав и се разделивме со моето синче. По целата болка на природното породување, сè се заборава кога го имаш в раце твоето прекрасно бебенце, а тоа те гледа со очичките како да си му сиот свет. Но, во мојот случај најголемата физичка болка на раѓањето ја наследи најголемата болка на душата – да си

го видиш своето чедо мртво“, се сеќава Рената на болните мигови кога го загубиле своето првородено дете. Борба за сопствениот живот

Преголемата болка ги скршила и засекогаш изменила животите на Рената и нејзиното семејство. Но, тука не завршува нејзината голгота. Една недела по загубата на детето, таа се наоѓа над амбисот наречен смрт. Стресот, долгото и тешко породување, мртвороденото бебе, големата телесна тежина од над 90 килограми, како и генетска предиспозиција за создавање на тромбови, предизвикале развој на микротромби во белите дробови. „Тогаш го запознав терминот масивна билатерална пулмонална емболија. Состојба која најчесто се открива на масата за аутопсија затоа што од моментот кога се јавува до фаталноста што ја предизвикува во прашање се минути. Моето срце, од напрегање доби двојни димензии, а функцијата на белите дробови драстично се намали. Дишењето ми беше како борба за здив во кој нема кислород“, раскажува Рената за моментите опасни по живот кога, според лекарите, преживеала поради исклучително здравиот организам, здравото срце и бели дробови. Следните четири години за Рената биле во долготрајно лекување и исчекување чекајќи го моментот кога докторите ќе ѝ дадат дозвола за повторно да остане бремена. Како што кажува Рената: „Јас од моите родители, нивната љубов и пожртвуваност за мене и за нас, научив дека се е можно, ако патот ти го води љубов и несебичност кон своето дете. Со нив и заради нив , јас можам се“. Но, и покрај сè, во нејзините молитви била само една желба, да си го има своето бебенце. За сиот период на борба, како што вели, безброј пати го разбрала значењето на зборот „трпение“.


Мајч Ма јчин и ст с во ото е најв јвоз озв вишено н то о чув у ст тво в н све на ве ето от. Мом мен енти т те е кога га по девет месе еци ц ис сч ку че ува вањ ње ќе го зем мет е е во о прегра пр рат тка св тка вое о то чед едо се е незабо не бора оравн вни и и не е мож о ат да се е оп пиш ишат а со збор о ови. и. Но,, за нек екои ои жени па п тот т до пот отом омст ство во е дол олг и ис спо полн лнет ет со многубројни предизв виц ици. и. Едн дна а од нив, ни в г-ѓа Ре Рена ната та Пет етре реввска ск а Нечк кос оска ка,, ја рас аск кажува жу ва своја јата та при рика казн зна а за тоа как ако о ги сов овла л да ла дала ла најг на јгол о ем ол е ит те и на најб јбол олни ни живо жи вотн тни тн и пр пред едиз изви вици ци со желб же лб бат атa a да а ста ане мај ајка ка.. ка Оваа Ов аа пот отр ресн сна а ст стор ориј ија а со сре реќе ќен н крајј ќе им попо мо огн гне е за сит ите е ид и ни мај ајки ки да ист страат т во бо борб рбат а а за ат свое св ое пот отом ом мст тво во..

www.acibademsistina.com.mk www.acibademsistina.com.mk 37


Бременост со висок ризик Конечно, се случи и втората бременост. По препорака, Рената овој пат решила својата бременост да ѝ ја довери на доктор Гордана Петровска. Со безброј податоци и обемна медицинска документација од претходните испитувања, Рената се одлучила високоризичната бременост да ја водат експерти од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ . „Се сеќавам на првата средба со Рената како да беше вчера. Во ординацијата влезе пациентка која не можеше да ја сокрие својата вознемиреност, но и огромна надеж во исто време. Ми кажа дека е трудница во рана втора бременост и со многу лошо акушерско минато. Имено, зад себе имаше крајно травматска бременост која, за жал, завршила со раѓање на мртво, доносено дете, кое починало во самиот акт на породување, а потоа добила белодробна тромбоемболија. Ме праша дали прифаќам да ја водам бременоста и да ја породам. Морам да признам дека не ми беше лесно да ѝ одговорам, но некако успеав прегледувајќи ја документацијата да го исконтролирам својот немир, за Рената да не забележи, се насмеав и ѝ ветив дека ќе направам сè да ја испратам дома со здраво дете“ – раскажува д-р Петровска за првата средба со Рената. Според д-р Петровска, Рената имала повеќе фактори за бременост со висок ризик. Се договориле за мултидисциплинарно водење на бременоста, со тим во кој учествувале и трансфузиолог и кардиолог. Следуваат бројни контроли, крвни анализи, микробиолошки испитувања, ултразвучни прегледи, консултации, континуирана антикоагулантна терапија, хигиено-диететски режим на исхрана и промена на

животните навики. „Се работеше за бременост со исклучително висок ризик. Прво, детално ја анализирав нејзината прва бременост за да пронајдам што била причината за лошиот епилог. Самата бременост физиолошки е хипертромботична состојба која има за цел да спречи искрва-

Сите мои доктори Среќна сум за можноста во оваа пригода да ги наведам: мојата прекрасна докторка Гордана Петровска, веројатно најквалитетниот доктор во својата генерација и пошироко, според мене секако, но и според препораката на врвни доктори и професори со кои имав можност да се дружам во мојот живот. Д-р Даниела Пројевска, кардиолог, чии прегледи и консултации придонесоа да се охрабрам дека моето срце физички ќе го издржи тоа што го чека. Прим. д-р Драган Добрковиќ, анестезиолог, чиј лик ќе го паметам додека сум жива како стои над мене и ми го објаснува секој чекор од операцијата, се разбира, објективно и искрено и со порака во погледот дека можам да се потпрам на него. И, секако, д-р Душко Фидановски, педијатар, кој имав чест да ја придружува ќерка ми во нејзините први мигови на овој свет и да се погрижи за неа на високо професионален начин, со совети за тоа како да се грижам за Ноела по доаѓањето дома. Моето долгогодишно лекување беше со врвни доктори и прекрасни луѓе од неколку институции, а се круниса со искуството во „Аџибадем Систина“. Им благодарам на сите за сè што сторија за мене и за мојата ќеркичка Ноела.

вување за време на породувањето. Постојат многу фактори кои можат да ја потенцираат таа состојба и истата да прејде во патолошка, со создавање на големи тромби во долните екстремитети и карлицата па дури и откачување на истите, миграција и опструкција на белодробната артерија или нејзините гранки. Најчести причинители во текот на бременост и по породувањето кои доведуваат до ваквата состојба се: прекумерна телесна тежина, покачен крвен притисок со протеинурија и отоци, венска стаза, намалена физичка активност, инфекции, травматично и долго породување, наследен фактор, дефицит на некои од коагулантните фактори, претходна длабока венска тромбоза, или тромбоемболија и уште многу други“, објаснува д-р Петровска за причините кои доведуваат до создавање тромби во текот на бременоста. Раѓањето на мојата најголема радост Ноела По четири години исполнети со празнина во душата и борба за сопствениот живот, Рената повторно се наоѓа пред долгоочекуваниот момент, да го земе во раце своето дете. Се породила со царски рез во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ под будното око на тимот искусни лекари, предводен од доктор Гордана Петровска. „Иако породувањето со царски рез носи поголем ризик од тромбози и тромбоемболии, немав дилема околу начинот на породување. Секогаш ги убедував моите пациентки дека најдобар начин на породување е спонтаното породување, но овој пат се одлучив на породување со царски рез во спинална анестезија. Траумата која Рената ја претрпе во текот на претходното породување беше доволна причина за вак-


вата одлука. одлука Моментот кога малата Ноела ја извадив од утробата на Рената, а таа веднаш нè поздрави со силен плач, како и солзите радосници на Рената, не може да се опише со зборови, тоа може само да се доживее“,„ раскажува д-р Петровска за чинот на породување. По години поминати во борба за сопствениот живот, но и неизмерна желба за потомство, Рената, конечно, стана мајка на овој свет. „Кога ја извадија неа од мојата утроба, мојата сончичка, и додека сè уште ѝ го правеа првиот преглед, јас постојано ги прашував: Жива ли е? Жива ли е? По неколку секунди, кои за мене се чинеа како часови, додека ја слушав мојата докторка Гордана како дава инструкции на сестрите, ги видов насмевнатите очи на д-р Добрковиќ и сфатив дека сè е в ред. Ноела ми ја донесоа завиткана во бело, со отворени очиња и ми ја доближија да ја бакнам, ѝ кажав ’добредојде, најмило мое’, и почнав да плачам од среќа. Беше црвена и ја викав Принцезата Доматче. А сега веќе има многу имиња: Сончка Мончка, Убавина, најубавото бебе на светот од сите милијарди луѓе на планетава, за мама, Коконче, Палавко, Топче, Мамуфче и што сè не за мојата најмила “ го раскажува Рената својот

најсреќен момент во животот животот, кога е роден, како што вели, „ нејзиниот спасител Ноа“. Ноела - моментот од желбите е тука и сега „Сега живеам во рајот на земјата. Како блика оваа љубов и како го чисти срцето од сите болки на светот, тоа не се искажува со зборови, искрено посакувам да го почувствува секој. Мислам дека секое второ семејство има некоја болка или тешкотија како оваа мојата и на моето семејство. Мислам дека секоја жена минува низ процеси и процедури кои се тешки, непријатни, болни и на граница на издржливост, но како некаква противтежа на сè ова, природата ѝ дала можност на жената да подари возвишена љубов, чувства и грижа за своето чедо. Мислам дека секој треба да го доживее мојот рај, со свое и/или со посвоено дете. Што ми даваше сила да пребродам? Вербата и надежта дека во еден момент во иднината јас ќе имам своето пеперутче и ќе ги израдувам сите мои со неа. И мислам дека животот нè става пред големо искушение и дека е создаден за да сфатиме дека можеби нема да добиеме сè што

посакуваме, посакуваме но сигурно ќе добиеме бразди на лицето трудејќи се, борејќи се, надевајќи се на успех. А со тие искуства и чувства сме откриле многу длабочини и сме станале посилни за себе и за своите најмили“, раскажува Рената за тоа како го доживува мајчинството. Препорака до идните мајки За да имате здрава и сигурна бременост која на крајот ќе резултира со здраво живородено бебенце потребно е претходно да се подготвите. Според д-р Петровска, сите жени пред да останат бремени треба да направат испитувања со цел сите ризици во текот на бременост да се сведат на минимум. „Бременоста и раѓањето дете е еден од најсвечените моменти во животот.Но факт е дека бременоста носи многу ризици и неизвесност.Со цел истите да се сведат на минимум се советува планирање на бременоста. Им препорачувам на идните мајки кога планираат бременост да ги направат сите потребни иследувања пред забременувањето. На тој начин ризикот од непријатни изненадувања максимално се намалува“, вели д-р Гордана Петровска .

www.acibademsistina.com.mk 39


TEMA

Неплодност

Подготви д-р Клементина Кузеска, гинеколог акушер

Неплодност - да ја утврдиме причината!

Кај 85% од жените со редовни, незаштитени сексуалени односи бременост настапува во текот на првата година. Кај останатите 15%, по истекување на првата година треба да почнеме со иследување за да ја утврдиме причината за неплодност и за истата да понудиме решение. Доколку жената е постара од 35 год., иследувањето за неплодност треба да почне порано, по период од само 6 месеци.

К

ај 85% од жените на возраст од 20 до 25 години со редовни, незаштитени сексуални односи бременост настапува во текот на првата година, додека само 50% од жените на возраст од 35 до 40 години забременуваат во овој период. Истото се однесува и за пациентки со нерегуларни менструални циклуси, со историја за пелвично инфламаторно заболување,

пациентки со претходно утврдена ендометриоза или малформации на гениталниот тракт. Доколку и кај мажот постои историја на заболување и интервенција кои интерферираат со репродуктивно здравје, иследувањата се спроведуваат веднаш. Пристапот за иследување и третман на неплодноста е специфичен и секогаш се спроведува истовремено кај двајцата партнери. Сите базичните иследувања може да се

завршат во период од еден месец. Секогаш се почнува со разгледување на медицинската историја на која се надоврзува физикалниот преглед. Медицинска историја 1. Со менструалната историја се добиваат податоци за возраста во која се појавува првата менструација, регуларноста и должината на менструалниот циклус (25-35 денови),


како и количината и времетраењето на менструалното крвавење. Важно е да се одбележи дека доколку пациентката има болни менструации (dysmenorrhoea) и болки при однос (dypareunia) може да биде знак на ендометриоза и пелвични атхезии. Нерегуларните циклуси одат во прилог на постоење на ановулација (изостанок на овулација). Најчесто се работи за пациентки со PCOSy (синдром на полицистични јајници). 2. Со гинеколошката историја се добиваат податоци за лекувани сексуално преносливи болести, пелвични инфламаторни болести и цервикална патологија, а со хируршката историја за претходни оперативни зафати (слепо црево, царски рез, гинеколошки операции) каде може да постојат пелвични атхезии (сраснувања). Со опстетричната историја се добиваат податоци за лош репетиран резултат во претходните бремености. Се регистрира и медицинска историја за болест на тироидната жлезда и други ендокрини нарушувања како хиперпролактинемија со галактореа и хиперандрогенемија со хирзутизам кои влијаат врз репродуктивното здравје. 3. Со сексуалната историја се добива податок за постоење на сексуална дисфункција и неправилност во фреквенцијата на сексуалните односи. Нерегуларни, ретки и неефективни односи може да бидат причина за неплодност. 4. Се одбележува постоење на фамилијарна историја за неплодност, вродени дефекти, хромозомопатии, генетски мутации и ментална ретардација. Рана менопауза со симптоми за предвремено оваријално затајување може да постои кај жена со фрагилен X хромозом и негова мутација. 5. Значајни се податоците за личните и животи навики кои вклучуваат тип на професионален ангажман и изложеност на нокси од работната околина, постојан стрес, екстремна физичка активност, неправилни диетални навики, злоупотреба на алкохол, цигари и дрога и други влијанија на животната околина врз репродуктивното здравје. Физикален преглед Со општиот преглед треба да се трага по телесните знаци за можните причини за неплодност. При високи или ниски вредности на BMI индексот на телесната маса (дебелина и неисхранетост) постои намалена фертилност. Нецелосниот развој на секундарните сексуалните одлики е знак на хипогонадотропен хипогонадиза. Тарнеровиот синдром се одликува со типичен хабитус (телесна градба). Телесни манифестации се јавуваат и кај нарушувања на функцијата на тироидната жлезда и кај хиперпролактинемијата со галактореа. Впечатливи се и телесните знаци за андроген ексцес (хирзутизам, акни, машка келавост, вирилизација) како резултат на синдром на полицистични јајници или дисфункција на надбубрежната жлезда. Со гинеколошки

преглед може да се утврди постоење на хронично инфламаторно заболување или пелвична ендометриоза, како и структурни аномалии на внатрешните генитални органи и генитални тумори. *Иследувања на машкиот партнер Ова е значаен чекор во иследувањето на неплодноста бидејќи во 45% од случаите како изолиран или здружен со другите причини за неплодност се среќава машкиот фактор 1.Спермограм Анализата на семениот материјал е златен стандард во иследувањето на машкиот партнер. Примерокот се добива со ејакулација и може да се донесе од дома во период до 1 час или да се остави на самото место. Основна препорака е иследувањето да се спроведе по апстиненција од 2-3 дена со цел да се добие оптимален примерок. Почестите односи се одразуваат на бројот на сперматозоидите, а поретките ја намалуваат нивната подвижност. Со анализата се одредуваат 4 основни параметри на семениот примерок 1. Волумен на ејакулатот, кој нормално се движи од 2 до 5 мил. 2. Број, односно концентрација на сперматозоиди изразена во милиони на милилитар семена течност, која нормално се движи над 20 мил/мил. 3.Подвижност изразена во проценти на подвижни сперматозоиди и истиот треба да изнесува над 50% (гр. А+Б), односно над 25% прогресивно подвижни (гр. А) во период од 60 мин. од ејакулација. 4.Морфологија изразена во проценти на морфолошки нормални облици на сперматозоиди и истиот треба да изнесува над 30%, а со упоПричини за неплодност 35% тубарна патологија (болест на јајоводите) 35% машки фактор 15% ановулација (изостанок на овулација) 5% цервикална причина (патологија на грлото на матка) 10% идиопатска неплодност (непозната причина)

треба на строги морфолошки критериуми над 4%. Доколку постојат отстапки во наведените параметри, спермограмот се повторува за период од 90 дена. Ако и повторената анализа покаже абнормални вредности, индициран е уролошки преглед, со претходно одредување на хормонски статус и кариотип. *Иследувања на женскиот партнер 1. Утврдување на овулаторната функција. Постојат повеќе индиректни методи со кои се предвидува овулацијата или се утврдува веќе настапената овулација. • Крива на базална температура - таа се регистрира со термометар сублингвално (под јазик) секое утро, веднаш по будење пред каква било утринска активност во базални услови. На местото на настапена овулација во јајникот се оформува corpus luteum кој лачи прогестерон кој доведува до покачување на БТ за 0,5 степени. Покачувањето на БТ во втората фаза на менструалниот циклус е индиректен доказ дека овулацијата веќе настапила 24 часа порано. Монофазната крива зборува за ановулација (изостанок на овулација). • Уринарни тестови (китови) за предикција на овулација - LH (лутеинизирачкиот хормон) со своето покачување во крвта ја условува овулацијата во период од 24 часа. Со регистрирање на LH бранот како претходник на овулацијата во крвта и урината, може да се тајмираат сексуалните односи во плодниот период. • Одредување на нивото на прогестерон во крвта како продукт на corpus luteum кој се оформува на местото на овулација во јајникот. Тој се одредува во средината на втората (лутеална) фаза, односно 21. ден од менструалниот циклус. Доколку истиот е над 3ng/ml, тоа е доказ за настапена овулација. Неговото ниво може да варира во ранг од 5-15ng/ml постовулаторно. Вредност над 10ng/ ml зборува за задоволителна лутеална фаза, што е значајно за успешност на раната бременост. • Трансвагинален ултразвучен преглед се спроведува со сериско

www.acibademsistina.com.mk www.acibademsistina.com.mk 41


следење на фоликуларниот раст при што се утврдува постоење на водечки фоликул кој исчезнува од јајникот во период на овулација. • Ендометријална биопсија – во минатото се користела за следење на секреторната трансформација на ендометриумот под дејство на прогестеронот кој се лачи на местото на настапена овулација. Индиректно влијание на процесот на овулација и фертилизација имаат и тироидниот хормон и пролактинот. Во случај на постоење на ановулација се одредуваат гонадотропните хормони, пролактинот и TSH за да се утврди типот на ановулацијата. Со нивното одредување се надополнуваат базичните хормонски анализи. 2.Утврдување на оваријалната резерва Жената има дефиниран број јајни клетки. На раѓање тој број изнесува 1 милион, а во периодот на менопауза јајниците веќе не содржат јајни клетки. Во текот на репродуктивниот период настанува нивна прогресивна загуба и тоа е основата за падот на фертилноста кој е условен со возраста. Со годините потфрлуваат и механизмите на контрола врз процесот на делба на клетките поради што е во пораст неплодноста, хромозомските аномалии и процентот на мртви плодови. Тестовите за проценка на оваријалната резерва се прават кај пациентки над 35 год. возраст и кај пациентки со ризик за предвремено јајнично затајување. Тоа се 3. ден FSH и 3. ден Е2, AMH и бројот на AF. 3. ден FSH (фоликуло-стимулирачкиот хормон) и 3. ден Е2 (естрадиол) се одредуваат и толкуваат истовремено поради заемното делување на овие два хормона. Нивото на Е2 е во негативна спрега со нивото на FSH, односно порастот на Е2 доведува до пад на FSH. Доколку се анализираат поединечно, можно е погрешно да се протолкуваат резултатите. Кај жени со редуциран (намален) пул на фоликули поради намалено ниво на естрогени хормони кои се продукт на тие фоликули доаѓа до пораст на FSH во раната фоликуларна фаза. Вредности на FSH до 10mlU/ml зборува за задоволителна јајнична резерва, меѓу 10-15 за гранична рер зерва. Кајј FSH над 20 mlU/ml оваријалната резерва е се-

риозно нарушена. Вредностите на Е2 под 80 pg/ml зборуваат за адекватна јајнична резерва, а над 80 за намалена можност за бременост. AFC (број на антрални фоликули) Тоа се малите фоликули со дијаметар од 2-10мм кои се регистрираат во раната фоликуларна фаза на двата овариуми. Тие се добар предиктор на јајничната резерва. Бројката меѓу 5-10 фоликули во секој јајник зборува за добра јајнична резерва и потенцијално добар одговор на оваријална стимулација. AMH (Анти-Милеров хормон) Тој е продукт на малите преантрални и антрални фоликули. Со возраста кај жената се намалува фоликуларниот пул и продукцијата на овој хормон. Во менопаузата тој е немерлив. Нормалните вредности на AMH се движат меѓу 1 и 5ng/ml. Серумско ниво под 0,5ng/ml зборува за намален број на примордијални фоликули, односно намалена оваријална резерва. Ниво под 0,15ng/ml сугерира лош, неповолен одговор на оваријална стимулација. 3. Утврдување на проодност на јајоводите Серолошко иследување за утврдување на генитална инфекција со Chlamydia trachomatis е едноставен, неинванзивен и ефтин тест за да се предвиди постоење на тубарна болест. Статусот на јајоводите се утврдува со HSG (histerosalpingografia), HSS (Hystero-Salpingo-Sonographia) или дијагностичка лапороскопија. HSG е суверена метода за проверка на проодноста на јајоводите како прва линија во дијагностичките постапки.

HSG (histerosalpingografija) e рендгенграфска метода со која се утврдува не само проодноста на јајоводите туку и формата на шуплината на матката и цервикалниот канал.Таа се изведува во втората недела од менструалниот циклус со апликација на контрасно средство низ цервикалниот канал и рендгенграфско прикажување на шуплината на матката и јајоводите. Процедурата се следи на монитор , а се прават три прикази (графии) од кои со првиот се утврдува изгледот на шупли-

ната на матката со што се исклучува постоење на конгенитална (вродена ) аномалија на матката (аркуатна, септирана, дворога) или постоење на дефекти на утериниот кавум поради постоење на ендометријален полип , субмукозен миом или интраутерини атхези (сраснувања). Со втората графија се прикажуваат двата јајовода, доколку се исполнат со контраст и се утврдува постоење на нивна патологија (sactosalpinx, hidrosalpinx) , а со третата се прикажува нивната проодност, како и формата на цервикалниот канал. Целата постапка не трае повеќе од 5 - 10 минути и е следена со појава на слаба болка слична на меструална во долнот дел на стомакот. Значаен број бремености се реализираат по спроведена HSG која на тој начин овозможува и тераписко делување. Со HSG може да се утврди и нивото на оклузија (затнување) на јајоводите . HSG е корисна во дијагностика на дисталната ( ниска) тубарна оклузија. Во случај на постоење на проксимална (висока) оклузија , како и детекција на перитубарните атхезии и ендометриозата суверена метода е лапароскопија.

Лапароскопија е ендоскопска микрохируршка метода која е суверена во дијагнозата и третманот на ендометриоза, како и при постоење на пелвични атхезии со можна тубарна болест (пелвично инфламаторно заболување, претходна тубарна хирургија или вонматерична бременост). Доколку е индицирана лапараскопија , не е потребно претходно спроведување на HSG бидејќи во тек на интервенцијата се спроведува и chromopertubacia со цел да се провери тубарната проодност. Во тек на лапароскопската интервенција се спроведува и истовремена HSC (Histeroscopia) со цел на најдобар можен начин да се визуелизира утериниот кавум.

HSS (Hystero -Salpingo- Sonographia) е метод со кој со помош на употреба на ехоген контрастен медиум под ултразвучна контрола се прикажува формата на утериниот кавитет и се добива приказ на проодноста на јајоводите.


www.acibademsistina.com.mk 43


ТЕМА

Подготви

Неплодност

д-р Александар Мицковски, уролог хирург

Машкиот стерилитет ( машката неплодност ) Ма може да би може б де резултат на вро роде дени ни или стекнати уро р ло лошк ш и ан шк а ом о ал а ии и , ин инфе ф кции на генитални иот тра ракт к , зг кт з ол олем емен ена скротална температур ра (в вар арик и оц ик оцел ел ла) а), ен ндокрини нарушувања, генетт ск ки на ару рушу шу ува ања и имунолошки фактори. Мно но огу чес е то т , ка к ј 60 до 75% од случаите на маш шка неплодност, причината не е позната не а.

МАШКИ

СТЕРИЛИТЕТ Н ајчесто мажите кои се иследуваат поради неплодност се без претходна историја на проблеми поврзани со плодноста и имаат нормални наоди на физикален преглед и нормални ендокринолошки лабораториски тестирања. Анализата на спермата открива намален број на сперматозоиди, намалена подвижност и зголемен број на абнормални форми на сперматозоидите. Овие три нарушувања кај сперматозоидите најчесто се јавуваат заедно. Прогностички фактори Главни фактори кои влијаат на прогнозата на неплодност се: Времетраење на неплодноста, резултати од анализата на спермата, возраста и гинеколошката состојба на женскиот партнер. Кога неплодноста меѓу двајца партнери надминува четири години на незаштитени сексуални односи, стапката на зачнување е само 1,5% месечно. Кај нас, како и во многу држави на Запад, жените ја одлагаат својата прва бременост сè до завршување на своето образование и почеток на професионалната кариера. Но, треба да се знае

дека со возраста плодноста кај жената значително опаѓа. Кај жени на возраст од 35 години плодноста е 50% во споредба со жени на возраст од 25 години, додека кај оние над 40 години потенцијалот на плодност е сведен на помалку од 5%. За да се дефинира неплодноста двата партнери треба да се испитаат истовремено. Ова подразбира дека секој маж со намален квалитет на спермата треба да биде прегледан од уролог. Прецизирањето на причините за неплодност, кај кој било од партнерите, е пресуден фактор во успешноста од лекувањето, без разлика дали тоа е со лекови, хируршки или со техники на асистирана репродукција. Кај мажите теба да се почне со иследувања за неплодност ако анализата на спермата е абнормална кај најмалку два едноподруго резултати. Примарно сперматогено ослабување Примарното сперматогено ослабување се дефинира како која било сперматогена алтерација што не потекнува примарно од хипоталамично-хипофизарната оска.

Најтешката форма - азооспермија ( отсуство на сперматозоиди) се јавува кај 2% од мажите. Причинителите се најразлични: вродено отсуство на тестиси, стекнати фактори -траума, тестикуларна торзија, тумори, хируршки интервенции, неспуштени тестиси, Клинефелтеров синдром ( ова е најчеста генетска абнормалност која предизвикува неплодност и се јавува кај 0,02% од машката популација), како и други генетски абнормалности, зрачење, терапија со цитостатици, пост-воспалителни оштетувања на тестисите, лекови, токсини, проширени тестикуларни вени ( варикоцела ), зголемена топлина во скроталната регија, хируршки зафати со кои се оштетува васкуларизацијата на тестисите. Често причинителот останува непознат. Начинот на лекување на овој тип азооспермија се состои во следново: Најраспространетиот третман на мажи со неквалитетен спермограм е тестикуларна биопсија, односно земање на сперматозоиди директно од тестисот, нивно замрзнување ( криопрезервација ) и потоа нивна употреба за процедура којашто се вика ICSY (Интра ци-


топлазматична инјекција на сперматозоид во јајце клетка). Фертилизацијата и степенот на оплодување со оваа метода е 30-50%. Опструктивна азооспермија Овој термин означува дека постои пречка во одводните патишта на сперматозоидите. Пречката може да биде на различни нивоа. Оваа состојба може де се јави поради вродени причини, по инфекции на одводните патишта или како компликација од претходни хируршки интервенции. Овој тип на отсуство на сперматозоиди најчесто се среќава кај мажи кои имаат тестиси со нормална големина и нормални лабораториски вредности на хормоните кои учествуваат во создавањето на сперматозоидите. Мажите кои имаат ваков проблем ќе се пожалат на крв во спермата, болка во тестисите по ејакулација, отежнато мокрење. Често добиваме податоци од историјата на пациентот за претходни операции поради препонска кила или повреди на скроталната регија. За да се дијагностицира опструктивната азооспермија потребно е да се направат следните иследувања: • Спермограм, кој мора да се повтори по два месеци. Истиот може да покаже намалување или отсуство на сперматозоиди во спермата.

• Нивоата на половите хормони најчесто се нормални. • На ултрасонографски (Ехо) преглед се забележуваат знаци на застој (опструкција), како на епидидимисот така и на внатретестикуларната мрежа на семени каналчиња. Тестикуларната биопсија ја открива точната дијагноза на опструктивна азооспермија, истовремено определувајќи го начинот на лекување. Лекувањето на оваа состојба е хируршко, што подразбира премостување на делот од одводните семени каналчиња што се затнати. Операцијата е микрохируршка и се работи под микроскоп. Воедно, во текот на самата интервенција се зема материјал од тестисот за замрзнување (криопрезервација), со што се обезбедуваат здрави сперматозоиди кои понатаму во процесот на лекување можат да се употребат со 100 отстотна успешност. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ дијагностичката биопсија се изведува паралелно со криопрезервацијата (замрзнувањето), што е од непроценливо значење за двојките кои страдаат од неплодност. Генетски абнормалности кои влијаат на процесот на оплодување Познавањето на генетските абнормалност кои може да влијаат

на плодноста е задолжително за секој уролог, за да може да определи правилен третман на двојката која се иследува поради неплодност. Листата на тие хромозомски аномалии е прилично голема, но најчести се: 1. Генетски аномалии на Х - половиот хромозом: • Клинефелтеров синдром (47,ХХУ), со честота од 0,02 % од машката популација и со збир на абнормалности како: низок тестостерон, распоред на влакнатоста слична како кај женски индивидуи, како и невообичаено долги раце и нозе. • Калманов синдром, кој се карактеризира со изгубено чувство на мирис, слепило за бои. 2. Генетски аномалии на Y - половиот хромозом: • Делеција (бришење) на дел од Q-кракот на Y хромозомот која се манифестира со отсуство на сперматозоиди во спермата. 3. Дефекти на автозомните ( неполови ) хромозоми: • Отсуство на одводен сперматоген канал • Цистична фиброза • ДНК аномалии на спермата Секоја од овие генетски абнормалности има своја типична клиничка слика и очекувана прогноза во однос на плодноста.

Папаја 35 – силен регулатор на состојбите на ацидоза Ацидоза или прекиселеност на телото е основно зло на сите болестирекол Парацелзиус. Латентната ацидоза, која сите ние ја имаме во помала или во поголема мерка, е презаситеност на ткивата со ациди или прекиселеност. Оваа состојба на организмот се забележува во вид на: вртоглавица, лош здив во устата, обложен јазик, темни сенки под очите, изнемоштеност, безволност па и депресија.. Почесто се јавуваат и настинки, разни инфекции како и главоболки и мигрени. Кожата станува бледа или сива, се зголемува можноста за алергии, косата го губи сјајот. Голем број на лекари и нутриционисти сметаат дека клучот за многу болести е во ацидо-базната рамнотежа на организмот, чие нарушување доведува до акумулирање на киселини во организмот и автоинтоксикација. Уште во 1913г. Норвешкиот биохемичар Рагнар Берг, препорачува дека здравите луѓе треба да јадат 4 пати повеќе храна што произведува алкални соединенија, а болните дури седум пати повеќе! Во современата цивилизација имаме спротивен сооднос: главниот дел од исхраната се состои од ’произведувачи на киселина’(леб, месо, млечни производи, бело брашно, газирани пијалоци, шеќер, кафе и алкохол), а само 20% од ’произведувачи на базна средина’(овошје, зеленчук, билки и минерална вода). Затоа не не зачудува фактот што најголем број од населението од западниот свет е ’закиселен’! Нормалниот метаболизам се одвива во алкална срединакога клетката ќе стане кисела-таа умира. Нормалната pHвредност на крвта изнесува од 7,36 до 7,44. При вредности пониски од 7,35 таа станува кисела. Исхраната со вишок киселини ги оптоварува бубрезите, хепарот, и долгорочно води кон метаболни нарушувања. Ако прекиселеноста трае подолг период, телото екстрахира минерали, на пример од коските и забите со цел да се неутрализира киселоста. Можеби и тоа е една од причините за драматичниот пораст на појава на остеопороза, не само кај постари жени, туку и кај млади. За повторно воспоставување и одржување на алкално-киселата рамнотежа, од голема помош е секако ферментираниот препарат од зрела, зелена папаја (зрела но од типот зелена папаја) со своите семки и листот. Во 1945г. Американскиот истражувач др. Џ. Келог и професорот Лафајет Б. Мендел, откриле дека папајата со ензимот Папаин, стои на врвот на ензимски продукти кои имаат ефект на создавањето

на бази. Производот Пашаја 35 на само што помага во подобрување на варењето на хранливите материи, туку и при воспоставување и одржување на алкално-киселата рамнотежа. Листовите од папајата го содржат и силноалкализирачкото соединеније карпаин и со тоа има најбазен ефект на нашиот организам од сите овошни видови. Папаја 35 капсулите, изобилуваат со: витамини C, B1, B2, B3, B6, B12, B17 (леатрил), фолна киселина; K, Ca, Mg, P, Na; изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, треонин, триптофан, валин и неесенцијални аминокиселини како и ензими - папаин, химопапаин А, химопапаин Б, липаза, лизозим, глутамин - циклотрансфераза. Папаја 35 се користи како додаток во исхраната, и како дополна на класичните терапии при голем број заболувања и состојби: • дигестивен тракт - при отежната и неправилна дигестија на храната, опстипација, целијакија, кај цревни паразити (глисти, амеби), воспалителни и иритабилни процеси како улцерозен колитис, иритабилен колон, чир на желудник и дванаесетпалачно црево, Кронова болест и друго. • невролошки заболувања - мултипла склероза, паркинсонова болест и друго. • кожни болести - егземи, псоријаза, алергиски осипи, акни. • кандидијаза-локална и системска • ги топи мастите и го намалува целулитот. • ревматски болести • за зголемување на имунитетот • бенигни и малигни заболувања. Несакани ефекти и интеракција со други лекови не се познати. Папајата 35, како додаток во секојдневната исхрана ги витализира клетките, ја воспоставува ацидо-базната рамнотежа, и со тоа ја намалува можноста од појава на посериозни нарушувања на здравјето. Др. Весна Пецов Караевска Стручен соработник Натура Плус доо Скопје Тел: 02/3 110 951 www.acibademsistina.com.mk Моб: 071/39 93 83

45


ЗДРАВЈЕ Простата

Подготви

проф.д-р Љупчо Лековски, хирург уролог

Хируршки третман

на простата


од каде може да се напипа. Изгледот на простатата е во вид на костен, кој го обвиткува задниот дел од изводниот мочен канал. Функцијата на простата е создавање спермална течност (спермална плазма) која во текот на ејакулација се меша со сменената течност од тестисите. Во последната деценија во пораст се болестите на простатата и претставуваат најчест здравствен проблем со кој се соочуваат мажите. Според Светската здравствена организација, 50-60 проценти од популацијата над 60 години има некој здравствен проблем поврзан со оваа жлезда. Тука спаѓаат бенигната хиперплазија и карциномот на простатата. Лекувањето, особено кај карциномите, најчесто е хируршки, со отстранување на дел или целата простата. Денеска постојат неколку типови хирурушки интервенции на простатата.

Пола од мажите на возраст над 60 години имаат болести на простатата. Лекувањето кај карциномите и бенингната хиперплазија на простатата е хируршко. Аџибадем Систина Плус ве е информира кои се најсовремените хируршки интервенции при третманот на заболувањата на простатата.

ТРАНСУРЕТРАЛНА РЕСЕКЦИЈА НА ПРОСТАТА Трансуреталната ресекција на простата се изведува во локална или во општа анестезија. Операцијата се изведува со воведување на инструменти преку мочниот канал со помош на кои се отстранува туморот или зголемениот дел на простата. Во овој тип операции спаѓа и трансуретралната аблација (TUNA) која се изведува со помош на игла и каде со помош на радиофреквенција со мала јачина се горат одредени делови на зголемената простата (green light laser evaporization). Најчесто по операцијата пациентот истиот ден си заминува дома. И двете интервенции се минимално инванзивни, нема хируршки резови, со што е скратен болничкиот престој на пациентот и времето на заздравување. РАДИКАЛНА РЕТРОПУБИЧНА ПРОСТАТЕКТОМИЈА

П

роста ростата е полова жлезда кај мажите смес сместена длабоко во малата карлица, под срамната коска и непосредно р пред завршетокот на дебелото дебело црево

Овде спаѓаат два типа на хируршки интервенции со кои се отстранува целата простата. Првата е радикална перинеална простактетомија која се изведува во општа анестезија. Хируршкиот рез е меѓу тестисите и анусот. Оваа интервенција е минимално инванзивна и најчесто се применува кај подебели пациенти. Меѓутоа, со оваа интервенција не може да се отстранат и околните лимфни јазли. Втората интервенција е радикална ретропубична простатектомија. Кај овој тип операција, во општа анестезија се остранува целата простата. Резот за овој вид интервенција се наоѓа во долниот дел на мевот. Се применува кај пациенти каде што е потребно покрај простата да се отстранат и околните лимфни јазли. Предноста на оваа интервенција е што може www.acibademsistina.com.mk 47


да се сочуваат околните периферни нерви кои го контролираат мокрењето и ерекцијата. Лапараскопска простактетомија При овој вид интервеција, која е најмалку инванзивна, преку мали резови на долниот дел од мевот во стомачната празнина се внесуваат специјални инструменти, со кои хируршки се отстранува простата. КОМПЛИКАЦИИ ОД РАДИКАЛНА ОПЕРАЦИЈА НА ПРОСТАТА Времето на заздравување зависи од применетата метода на хируршко лекување, како и од возраста и телесната тежина на пациентот, но и од други придружни болести присутни кај пациентот. По хируршкиот третман кај пациентите се става уринарен катетер, кој се носи од 3 дена до 3 недели. Најчести компликации од радикалната простактетомија се следните: Проблеми со мокрење По операцијата на простатата со некои од наведените методи можно е во текот на неколку дена или недели да има појава на т.н. инконтиненција, состојба кога пациентот не може свесно да го контролира мокрењето. Кај поголем дел овој проблем се подобрува по одреден период и пациентот почнува нормално да мокри. Но, кај некои мажи, за среќа многу ретко, се јавува трајна инконтиненција, односно

неконтролирано мокрење. Оваа состојба може да се пројавува и периодично, на пример при: кашлање, кивање, носење поголем товар. Некои пациенти, каде инконтиненцијата е многу изразена, се оперираат повторно за да се реши овој проблем. Еректилна дисфункција (намалување или губење на ерекција) Кај радикалната операција на простатата може да дојде до оштетување на нервите кои се наоѓаат околу простатата. Дел од нив се одговорни и ја контролираат ерекцијата. Мажите кои имале проблеми со ерекцијата пред операцијата во најголем број случаи стануваат импотентни по радикална простак-

тетомија. Сува ејакулација или оргазам Со отстранување на простатата мажите можат да имаат ерекција и ејакулација, но повеќе не се создава спермалната плазма и поради тоа зборуваме за т.н. „сув оргазам“ кај мажите или „сува ерекција“. Во овие случаи, кога со операцијата се зачувани нервните завршетоци за ерекција, мажите може да имаат сексуални односи и да доживеат оргазам, но тие се неплодни бидејќи не продуцираат семена течност, која се создава во простатата, а која е неопходна за чување и одржување на сперматозоидите во ејакулатот.


www.acibademsistina.com.mk 49


ЗДРАВЈЕ Глава

ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА Поради непроценливото значење и функција човековиот мозок е заштитен со тврда коскена структура наречена череп. Но, и покрај овој природен шлем, мозокот е подложен на многу повреди. Повредите на главата се причина за смрт или траен инвалидитет на илјадници луѓе во светот секоја година. Според статистичките податоци, повеќе од пола луѓе кои добиле тешки повреди на главата завршуваат смртно.

П

овредите на главата претставуваат голема група повреди кои се со висок процент на смртност. Овој вид трауми се особено значајни бидејќи можат да доведат до инвалидитет и сериозни ментални нарушувања на личноста. Бројот на повреди на главата изнесува околу 300 на 100.000 луѓе годишно, со смртност од 9 до 25 случаи на 100.000 луѓе. Повредите на главата се честа причина за болничко лекување кај децата. Видови трауматски повреди на мозокот Трауматските повреди на мозокот настануваат како последи-

ца на надворешни сили. Најчесто се добиваат при пад, сообраќајна несреќа, удар, спортски повреди, повреди од проектили од огнено оружје и др. Секој поголем потрес на мозокот, внатре во черепот, може да доведе до повреда на мозокот. Во случаи на удари врз главата може да настане локална повреда на мозокот. Од ударот се формираат бранови во мозокот и на тој начин го оштетуваат. Оштетувањето може да настане директно на местото на повредата или на спротивната страна од ударот. При повреди на мозокот со проектил од огнено оружје, повредите се опсежни бидејќи проектилот прави ударен бран околу неговиот пат кој дополнително го оштетува ткивото.


Подготви проф.д-р Кирил Лозанче, неврохирург

ски повреди, на пример потрес на мозокот, најчесто нема губење на свеста и или доколку има, тоа трае неколку секунди. Покрај ова може да се јават и други симптоми како: главоболка, гадење, повраќање, губење на координација, вртоглавица, губење на рамнотежа, осетливост на светлина, нарушување на видот, зуење во ушите, губење на чувство на вкус, малаксаност и нарушување во сонот. Исто така може да се јави промена на расположението и однесувањето како: конфузија, губење на меморија и концентрација, нарушувања во мисловниот процес. Кај потешките трауматски повреди на мозокот може да се јави и јака главоболка која трае подолго време, повторувачки повраќања, грчеви, поспаност која трае, проширување на една зеница, бавен и отежнат говор, слабост во екстремитетите, губење на координација, конфузија, немир. На подолг период може да се јават и симптоми на нарушено социјално и емоционално однесување. Особено се

значајни симптомите на покачен интракранијален притисок (притисок внатре во черепот) кои ако не се третираат може да доведат до смрт. Симптомите на овој вид повреда се: нарушена свест, слабост или одземеност на екстремитетите, забавување на пулсот, покачување на крвниот притисок, проширување на зеницата и нарушено дишење. Појавата на нарушено држење, односно став на телото и екстремитетите е многу лош знак. Дијагностицирање на трауматски повреди на мозокот Дијагнозата се поставува според анамнезата, клиничката слика и невролошкиот наод. Невролошките испитувања помагаат во одредување на типот на повреда, прогнозата и третманот. Најбитна дијагностичка процедура кај ваквиот тип повреди е компјутеризирана томографија на главата. Таа е брза и точна метода која може да се употреби повеќепати, ш т о

Примарни и секундарни повреди на мозокот Голем дел од пациентите кои починале како последица од трауматските повреди на мозокот не умираат веднаш туку по неколку денови или месеци по повредата. Статистиките говорат дека на 40 проценти од пациентите со повреди на главата состојбата им се влошува по одреден период. Затоа повредите се поделени на примарни и секундарни. Примарните повреди на мозокот настануваат веднаш по повредата, каде мозочното ткиво и крвни садови се истегнати, притиснати или раскинати. Секундарната повреда на мозокот настанува како последица на примарната, по неколку минути или денови. Во овој случај доаѓа до оштетувања на мозочните клетки со што се влошува мозочната функција. Други нарушувања и оштетувања кои настануваат при секундарни повреди се: промена во крвниот проток во мозокот што води до исхемија (намалување на кислород во мозочната клетка) , мозочен оток (едем) и зголемен интракранијален притисок. Симптоми кај трауматските повреди на мозокот Симптомите при повреди на мозокот зависат од местото каде што настанала повредата и од тежината на повредата. Кај лесните трауматwww.acibademsistina.com.mk w ww ww. w.ac .ac aciib ba ad de em msi sist sttiin na. a.cco om. m.m mk k www.acibademsistina.com.mk 51 5 1


помага за следење на повредата. Лекување на трауматските повреди на мозокот Хируршки третман кај пациенти со повреди на главата најчесто се изведува за да се намали притисокот врз мозокот (хематоми, мозочни контузиии, компресивни фрактури на черепот) или да се извади проектил од мозокот. Секогаш покрај операција, особено кај дифузните оштетувања на мозокот, потребна е и конзервативна терапија.

Со терапија треба да се почне што поскоро, во првите минути/часови по повредата. Од местото каде е настаната повредата до транспортот во болничка установа, главна цела е да се стабилизира пациентот и да се спречат секундарните повреди на мозокот. Кај потешките повреди лекувањето се спроведува во одделите за интензивна нега. Како последица дица н на тешките трауматски повреди еди на мозок мозокот може да се јават компликации омпликации и на др друр гите органи како оток на белите дробови или и инфекција на дишни-

те патишта, хипертензија, срцеви аритмии, чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, инфекција на уринарните патишта и др. Прецизна прогноза за лекувањето на една трауматска повреда на мозокот, освен кај полесните и многу тешки повреди, не може да се даде на самиот почеток. Состојби кои дополнително го отежнуваат лекувањето се: староста, нарушена циркулација во мозокот, дијабет, кома, времетраење на комата (колку подолго толку полошо) и др. Првите знаци на заздравување од овој вид повреди се: пациентот почнува сам да дише, опсегот на движења се зголемува, пациентот сам почнува да голта. За целосно заздравување на пациентот некогаш е потребен подолг временски период, од 1 до 2 години, понекогаш и повеќе. Последиците од овој вид повреди може да се јават и по една година и тие се трајни. Само да ги споменеме: 1.Невролошка слабост на една половина на телото, слабост на мускулите на лицето, промени во видното поле и други. 2.Психолошко–психијатриски нарушувања на: мислењето, концентрацијата, учењето, помнењето, нарушувања во емоционалната сфера, како и измени во однесувањето. 3.Хормонски нарушувања 4.Естетски нарушувања поради присуство на лузни и дефекти на черепот, а често и нарушувања во чер одот.

ТЕЛЕФОНИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА АЏИБАДЕМ СИСТИНА АЏИБАДЕМ СИСТИНА ФАКС ИНФОРМАЦИИ ЗА МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ ОДДЕЛ ЗА КАРДИОХИРУРГИЈА ОДДЕЛ ЗА КАРДИОЛОГИЈА ПУЛМОЛОГИЈА ИВФ УРОЛОГИЈА И НЕФРОЛОГИЈА ТОРАКАЛНА И ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА ОТОРИНОЛАРИНГОЛОГИЈА ПЕДИЈАТРИЈА И ДЕТСКА ПУЛМОАЛЕРГОЛОГИЈА НЕВРОЛОГИЈА И НЕВРОХИРУРГИЈА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА ПСИХИЈАТРИЈА СО МЕДИЦИНСКА ПСИХОЛОГИЈА, ЕНДОКРИНОЛОГИЈА, ОНКОЛОГИЈА ЕСТЕТСКА ,ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА МАКСИЛОФАЦИЈАЛНА ХИРУРГИЈА, ДЕТСКА ХИРУРГИЈА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА ТРУДОВА МЕДИЦИНА ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА ОДДЕЛ ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО, ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГИЈА ОДДЕЛ ЗА НЕОНАТОЛОГИЈА ДИЈАГНОСТИЧКИ ЛАБАРАТОРИИ РЕНДГЕН. ОДДЕЛ ЗА НУКЛЕАРНА МЕДИЦИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА

3099 500 3099 599 3099 790 3099 520 3099 540 3099 540 3099 560 3099 710 3099 720 3099 657 3099 740 3099 655 072 321 757 3099 711 3099 720 3099 712 3099 580 3099 512 3099 730 3099 700 3099 780 3099 510 3099 750 3099 760 3097 000


www.acibademsistina.com.mk 53


TEMA

Рак на бели дробови

НА

Ракот на белите дробови е најчестата малигна болест кај мажите во светот, додека кај жените е четврта причина за смрт. Истовремено е и водечка причина за смртност споредено со другите карциноми. Ова е еден од најподмолните малигни тумори бидејќи симтомите се јавуваат кога болеста е во поодмината фаза, кога и шансите за излекување се помали. Најголема причина за развој на овој карцином е пушењето. Во светот секоја година се откриваат 1 200 000 нови случаи од оваа болест, од кои р 1 000 000 у умираат.

БЕЛИ ДРОБОВИ


Подготви д-р Митко Караѓозов –торакален хирург

Р

акот на белите дробови е водечка причина за смртност во светот. Болеста најчесто ги погодува мажите на возраст од 50 до 60 години, но во последните години сè почести се случаите на оваа болест кај младите. Како причини се наведуваат пушењето, хроничните болести на белите дробови, загаденост на воздухот, како и подолготрајна изложеност на радон, арсен, хром и катран. Пушењето, главен ризик фактор за карцином на белите дробови

Рапидниот пораст на карциномот на белите дробови во последните 30 години е последица на порастот на бројот на пушачи. Во западните земји околу 90 проценти од карциномите на белите дробови кај мажите и 80 проценти кај жените се поврзани со пушењето. Ризикот од оваа болест се зголемува со бројот на испушени цигари, периодот на пушење, како и со раната возраст на која многумина почнуваат со оваа смртоносна навика. Доколку престанете да пушите, ризикот од оваа болест се намалува, а по 15 години, шансите да се раз-

вие болеста се исти како и кај непушачите. Зголемен ризик од карцином на белите дробови имаат и пасивните пушачи. Други фактори на ризик се аерозагадувањето, што е поврзано со постојаниот пораст на органски и неоргански материи во воздухот. Шанси да заболат од оваа болест имаат и лицата кои работат или имаат контакт со азбест, радон, ураниум, хром и никел. Раната дијагноза, клучна за лекување Карциномот на белите дробови се смета за подмолна болест бидејќи во почетната фаза нема симптоми. Во најголем број случаи се дијагностицира во доцен стадиум кога болеста метастазирала и кога шансите за излекување се минимални.Првите симптоми што можат да укажат на карцином на белите дробови се напорна кашлица, болка во градите, како и исплукување крв, воспаление на белите дробови кое не поминува и покрај лекувањето. Исто така треба да се обрне внимание и на нагло губење на тежината, како и ослабен апетит. Подоцна се јавуваат и други

симптоми како температура, малаксаност и анемија. Дијагностицирање на рак на белите дробови За дијагностицирање на ракот на белите дробови се користат повеќе процедури и тестови. Најчести дијагностички процедури во откривањето на оваа болест се: • Рендген на белите дробови . Ова е едноставен и брз тест кој може да го лоцира туморот, како и неговата големина. Понекогаш преку рендген на белите дробови не може да се добијат доволно информации за туморот, а не ретко можеме да добиеме нормален наод по кој, доколку се присутни симптоми кај пациентот, потребни се дополнителни дијагностички процедури. • Компјутерска томографија со и без контраст. Оваа процедура може да ни даде информации за позицијата на туморот, неговата големина, соодносот со крвните елементи, проширеноста на ѕидот на градниот кош од внатрешната страна, како и за тоа колку и дали се зафатени лимфните жлезди во просторот помеѓу двете белодроб-

- ТИВОК УБИЕЦ

www.acibademsistina.com.mk w ww ww.acibad dem emsi sisttin na.com.mk . k www.acibademsistina.com.mk 55


ни крила каде карциномот на белите дробови го дава првото ширење. • Бронхоскопија. Со оваа метода се потврдува дијагнозата. Се изведува со локална или со општа анестезија каде со ендоскопски инструмент преку уста или нос се влегува во белите дробови и се зема примерок (биопсија), кој понатаму се носи на патохистолошка анализа. • Медијастоноскопија и торакоскопија се методи кои се работат под општа анестезија и со која се добиваат прецизни податоци за проширеноста на туморот на лимфните јазли на медијастинумот. Оваа метода е особено значајна доколку се планира хируршко лекување. Хируршкиот третман, златен стандард во лекувањето на карциномот на белите дробови Лекувањето на оваа болест се темели на хируршки третман, зрачна и хемотерапија. Која терапија ќе се спроведе зависи од повеќе фактори како што се возраста, општата состојба во која се наоѓа пациентот, како и стадиумот на карциномот во моментот на почнување со лекување. Хируршката терапија е првиот избор, во случаите кога туморот е во ран стадиум,со добра позиција и со добро име и презиме. Кај пациентите кај кои болеста е проширена во лимфните јазли во

медијастилот значи дека болеста е напредната, но хирургијата може да помогне. Но кога има далечни метастази до другото белодробие, црн дроб, мозок, значи болеста е напредната и хируршкиот третман не е лек на избор. Зрачната и хемотерапијата може да се корис-

Не заборавајте ! • Ракот на белите дробови е тешко заболување, но со современите методи на лекување, особено хируршкиот третман, овозможува долго преживување, а во некои случаи и целосно излекување. • Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со врвен кадар и најсовремена апаратура за рано дијагностицирање и лекување на овој вид карцином. • Главен ризик фактор за карциномот на белите дробови се цигарите па затоа најдобра превенција од ова заболување е веднаш да престанете со пушење. • Доколку имате напорна кашлица подолг период или искашлувате крв, веднаш побарајте помош од лекар за да може болеста да се дијагностицира во почетна фаза. • Само редовните систематски прегледи може да ја откријат болеста во асимптоматска фаза каде има голем успех на лекување со хируршки третман.

тат комбинирано со хируршкиот третман, во зависност од состојбата во која се наоѓа пациентот. Видови хируршки третман • Клинеста ресекција не е радикална метода туку изнудена и се состои во делумно отстранување на дел од белиот дроб. • Лобектомија е хируршка постапка со која се отстранува една третина од десното белодробие, а од левото една половина и е одлична хируршка метода ако е технички изводлива . • Пнеумонектомија е хируршка процедура со која се отстранува едното белодробно крило, каде десното е процентуално поголемо од левото. Ова се исклучително тешки операции за хирургот, а во исто време и агресивни за пациентот бидејќи одеднаш на организмот му се одзема педесет проценти од дишната површина. Пациентот за да ја издржи операцијата и да има квалитет на живеење по операција, мора да е во добра кондиција, со здраво срце и добро останато белодробно крило кое ќе треба во целост да ја преземе функцијата на дишење. Оваа операција може да помогне многу во лекувањето на карциномот на белите дробови, но дали ќе се прави, се одлучува по направената проценка на општата состојба на пациентот.


ЗДРАВЈЕ

Киселини во желудник

Подготви

д-р Димитар Трајков -гастроентерохепатолог

Гастроезофагеална рефлуксна болест –

ГЕРБ

Гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) е заболување предизвикано од навлегување или враќање на желудечна содржина во храноводот. ГЕРБ е едно од најчестите заболувања од областа на гастроентерохепатологијата. Епидемиолошките податоци не ја даваат вистинската слика бидејќи мал број пациенти бараат помош од лекар. Исто така, многу лекари не обрнуваат внимане на симптомите на ова заболување. Симптоми на ГЕРБ Печење, жарење позади градната коска (пироза) Враќање на желудочна содржина во грлото без напор, гадење, подригнување (регургитација) Поретки симптоми Отежнато голтање ( дисфагија) Несрцева градна болка Болка при голтање (одинофагија) Гадење, зголемено лачење плунка Симптоми кои не се поврзани со храноводот Астма Ларингитис (засипнатост) Долготрајна кашлица Оштета на заби (ерозии) Воспаление на синуси и уво

15% - една до две атаки месечно 14% - неделни симптоми 7% - дневни симптоми

пушење) Краткотраен (при подригнување, наведнување) Асимптоматски (рефлуксот нема клинички симптоми) Патолошки

Довoлно е пациентот да има и два пристапи на печење позади градите (пироза) и враќање на кисела желудочна содржина (регургитација) за да доведе до нарушување на квалитетот на животот

Повеќе од 50 епизоди на рефлукс во 24 часа Повеќе од 3 епизоди подолги од 5 мин. во тек на 24 часа Дневни или ноќни пристапи на рефлукс

Механизам на настанување

Постојат два типа патолошки ГЕРБ

Најчест механизам на ГЕРБ е привремено олабавување на мускулниот прстен кој се наоѓа на спојот меѓу храноводот и желудникот Мускулниот прстен никогаш комплетно не се затвора – инкопетенција Зголемување на притисок во стомачната празнина

Ерозивен ГЕРБ – ендоскопски наод за рефлуксен езофагитис (некрози или мали чирчиња на спојот меѓу храноводот и желудникот)

Фактори кои придонесуваат за појава на рефлуксна болест

Компликации од ГЕРБ

Бременост Застапеноста е почеста кај повозрасната популација Кила на желудникот (хиатална хернија) Лежечката позиција го потенцира рефлуксот на желудечната соджина Генетски фактори Ретки тумори и системски заболувања

Неерозивен (НЕРБ) – ендоскопскиот наод е уреден Нормален ендоскопски наод до 70% од пациентите со ГЕРБ

Ерозивен езофагитис во 40-60% Крвавење од храноводот Стеснување на луменот на езофагусот Карцином на храноводот Дијагностицирање на ГЕРБ

Типови на гастроезофагеална рефлуксна болест

Кога има типични симптоми на пироза и/или регургитација, отсуство на алармни симптоми, дијагнозата може клинички да се постави и да се почне со терапија (без ендоскопски преглед)

Растечки тренд, 5% на годишно ниво

Физиолошки

Индикации за ендоскопија

Според статистичките податоци, окулу 45% од возрасната популација има рефлуксни епизоди

(при одредени типови на храна кои нормално предизвикуваат зголемено лачење на киселина во желудникот,

Алармни симптоми и знаци Неуспешен медикаментозен третман Долготрајна терапија со лекови за

Застепеноста на ГЕРБ САД ............................19 - 20% (18.6 милиони) Западна Европа .........9.8 - 18% Азија ............................2.5 – 5%

www.acibademsistina.com.mk 57


рефлуксна болест Нетипични симптоми Важно е да се напомене дека нормалниот ендоскопски наод не ја исклучува рефлуксната болест

Намалување на телесна тежина и прекин на пушење Избегнување на лекови кои го потенцираат рефлуксот (аспирин, витамин Ц и др.) Избегнување на тесна облека во половината.

Кои се алармни симптоми? Медикаментозен третман Тешко голтање Крвавење Болка при голтање Повраќање Слабеење Анемија со недостиг на железо Промена (туморска маса) кој се напипува во стомакот (палпација) Терапија на ГЕРБ Цели на терапијата Отсуство на рефлуксни епизоди со отсуство на симптоми Лекување на езофагитисот – ендоскопска нормален наод Превенција на повторна појава на симптомите на болеста Избегнување на компликациите Модификација на животните навики Избегнување на големи и ноќни оброци. Избегнување кисела, пржена и масна храна, алкохол, кофеин.... Да не се легнува 3-4 часа по оброк, подигната глава во креветот

Антациди (лекови кои ја неутрализираат излачената киселина во желудникот) Овие лекови се користат кај пациенти кои имаат ретки рефлуксни симптоми и кај бремени жени Брз терапевтски одговор Мукопротективи и прокинетици Лекови кој ја заштитуваат лигавицата на желудникот и ја забрзуваат елиминацијата на храната од храноводот и желудникот – кај полесни облици) H2-рецепторни антагонисти (лекови кои го намалуваат лачењето на киселината во желудникот) Поефикасни од антациди и прокинетици во намалување на симптомите Побрзо лекување на ерозивен езофагитис Инхибитори на протонска пумпа (лекови кои најефикасно го намалуваат лачењето на киселината

во желудникот) Оваа група лекови се најефикасни како во контрола на симптомите на болест така и во успехот на лекување на болеста Имајќи ја предвид ефикасноста и безбедноста, инхибиторите на протонска пумпа треба да се лек на избор во третманот на пациенти со гастроезофагеална рефлуксна болест. Хируршките и ендоскопски интервентни процедури се резервирани само за кај онаа група пациенти која не реагира на медикаментозен третман, пациенти на дологогодишна терапија кои се зависни од медикаментозен третман, голема хиатална хернија, како и желба на пациентот.


www.acibademsistina.com.mk 59


Поблиску со

Кристина Арнаудова

С

е враќате повторно во јавноста како новото заштитно лице на македонскиот бренд КАРА. Како дојде до соработката и зошто токму Кара?

Во јавноста сум постојано присутна, со оглед на тоа што со мојата работа со години сум актуелна. Последниве две години повеќе бев посветена на моето семејство, себеси и на мојот мал син Максим, кој се роди во меѓувреме, па затоа одлучив да ја направам таа медиумска апстиненција. Мојот нов сингл „Само еднаш“ е мојот повратнички адут, кој за кратко време стана хит, а со самата медиумска актуелност дојде и соработката со КАРА. Соработката дојде спонтано, на обострано задоволство, КАРА е препознатлив бренд, па кога две успешни приказни како мојата и на КАРА ќе се спојат успехот е неизбежен. Колку стилот на КАРА одговара на вашиот темперамент? Кара има одлични модели. Иако во почетокот не верував дека ќе можам да носам токму сè од линијата на КАРА, излезе дека деновиве не излегувам од тие парчиња, кои во истовреме се трендовски и класични. Одлично се вклопија во мојот орман и со задоволство ги препорачувам на моите пријатели.

Веќе е готова фотосесијата за колекцијата пролет-лето 2012 година. Каде фотографиравте и каков беше концептот на фотосесијата? Фотосесијата ја изработивме во рудникот Бањани, требаше два дена , а екипата со која фотографиравме беше неверојатно позитивна и весела , па иако условите, сонцето и ветерот, не ни беа пријатели, сè помина во неверојатно позитивна атмосфера. Им благодарам на Кики, Оливер, Боби, Адо и Дани, кои придонесоа фотографиите да изгледаат толку добро. Како се снајдовте и дали сте задоволни од улогата на модел? Веќе долго време ја работам оваа јавна професија, која подразбира многу снимање пред камера и сликање пред фотоапарат, и некако сум навикната

на таа улога. Обично добивам многу позитивни коментари од фотографите со кои работам за мојот однос кон камерата, и драго ми е поради тоа. Како и да е, еден професионалец треба да пристапи со посветеност кон секоја работа и се трудам така да биде во секој сегмент од мојата работа. Мислам дека тоа може да се забележи и на фотографиите. Што подразбира оваа соработка? Дали КАРА ќе биде дел од твојот целокупен стајлинг за јавни настапи? Моделите на КАРА ги носам секојдневно, тие го правеа стајлингот и во мојот актуелен спот „Само еднаш“, а тие исто така работат и дел од моделите за моите концертни настапи низ Македонија кои се актуелни во моментов. Со задоволство ги носам, а Кики е одличен дизајнер и има прекрасни идеи со кои секогаш се согласувам. На музичка сцена се враќате со нов албум кој ќе биде остварување на вашиот сон. За каков проект се работи и кој сè ќе учествува во него? На овој албум учествуваат оние кои ги имаат направено најголемите хитови на Балканот, Прљаво казалиште, Ван Гог, Кокан Димушевски од Леб и Сол, Васил Хаџиманов, а во најголем дел јас сум автор на музиката и текстовите кои ги пишувам и снимам на три јазика, македонски, српски и англиски. Горда сум на овие мои соработки, нешто што ниедна жена која се занимава со музика на Балканот го нема направено досега. Останува да завршиме со снимањата во студио, па публиката да чуе. Публиката го има последниот збор, а јас искрено се надевам дека ова ќе биде мој најуспешен албум и проект до сега. Ќе ги израдувате ли вашите фанови со солистички концерт? Се надевам по промоцијата на албумот и објавувањето на неколку синглови и спотови, конечно, ќе сработам и концерт во Скопје, иако јас концертно настапувам низ Македонија, секој викенд сум во различен град, со мојот бенд, во живо, па активното музицирање е дел од моето секојдневие, моја професија и моја страст.

2

По подолга пауза нашата поп рок пејачка Кристин Кристина стина тина на а Арнаудова Арн А се враќа на музичката сцена како заштитно о лице на м македонс македонскиот акедонс аке онски моден бренд Кара сезоната пролет-лето 2012. 012. 12. За Аџибадем Аџи ибадем дем ем Систина Сис Си Плус раскажува за својата соработка со Кара, ра, како и за за плановите плано нови но ови ит и на музички план.

СПОЈ НА А Д ДВЕ В

УСПЕШНИ ШН НИ НИ

ПРИКАЗНИ


ОТВОРЕН ПРВИОТ РЕСТОРАН

НА БАЛКАНОТ

Н

а 25 април, на задоволство на љубителите на вкусни специјалитети се отвори првиот Сушико (Sushico) ресторан во главниот град. На свеченото отворање на Сушико присуствуваа голем број личности од јавниот живот кои ја имаа екслузивната можност први да се уверат во автентичноста на специјалитетите од кујните на Далечниот Исток. На површина од 280 квадратни метри Сушико е најголемиот суши ресторан во земјава, со специјална кујна приспособена за подготовка на автентични специјалитети од азиските кујни. Секој посетител ќе може да дегустира специјалитет од богатото мени составено од морски плодови, супи и зеленчук, разни специја-

литети од месо, а менито содржи и посебно мени наменето за деца. Со цел да биде што подостапен до клиентите, ресторанот секојдневно ќе изненадува со промотивни цени на одредени јадења. Посебноста и уникатноста на Сушико ресторанот е и во тоа што целокупниот персонал помина серија обуки со цел да го запознае богатото мени на источната кујна. Доколку не можете да се одлучите што да јадете, вработените во ресторанот стојат на располагање за препорака и совет со цел да ги доближат специјалитетите до секој клиент. Квалитетот на храната е потврден со фактот што сите намирници се набавуваат од сертифицирани добавувачи од азиските земји и од Германија. Во својата историја рестораните на Сушико имаат добиено бројни признанија за квалитет

на храната. Сушико (Sushico) е синџир ресторани за јапонска, тајландска и кинеска храна кои се широко распространети во повеќе земји во светот. „Сушико - Скопје“ е 42. по ред ресторан на синџирот ресторани. Првиот ресторан е отворен во 1997 година. Рестораните нудат специјалитети од традиционалните кујни на Јапонија, Тајланд и Кина и високопрофесионални угостителски услуги и квалитет. Со цел да се постигне оригиналниот изглед на азиските ресторани, целокупниот ентериер е изработен во препознатливите белези на источната традиција со современа интерпретација, а во кујната на Сушико работат професионални готвачи од Јапонија, Кина и Тајланд. Локацијата на новоотворениот ресторан е ул. „Ленинова“ бр. 29 .

www.acibademsistina.com.mk 61


TEMA Лето

ВНИМАВАЈТЕ НА СОНЦЕТО

Ч

овековото то тело т ло те о природно о се се разр зра ладува преку пре еку потење, со што што одржува норнорр мална телесна темпеемпеература. Но честопаопа п ен ен ти овој природен и процес во услови на екстремно високи температури не е доволен, а поради одредени фактори може да биде нарушен. Потењето може да биде забавено поради зголе-ст мената влажност зрара а на воздухот, возрарнарн аста, прекумернаина, ин та телесна тежина, одре еде деупотребата на одредерек еку у попо они лекарства. Преку тењето се губат и големи количини вода и сол, неопно ходни за нормално функционирање на телото. Во вакви ситуации, особено кога живата во термометарот ќе

се е иси качи качи ка ачи и над на 40. 40. степен 40 сттеп с пен и кога ко огга а телото телот елото ел отто не е може мож ж да а одржи одр држи ж нормална нор ор рма м лн л телесна т ле те лес сн с на температутте ем мп перат ер е ратт ра, р , може ра мо м оже е да да дојде до ојд де до д по п оја ј ва а на на сериозни сери сериоз риоз р озн н појава нару на р шу шува вања ња во функфун фу н нарушувања цион ци онир ирањ њет ето о на а оргаорг ционирањето низм ни мот от. Последиците Посл По след е ицит ите е од о низмот. високи ките те температури темпе ера ату тури ри се с високите то опл плот отна на исцрпеност, исц сцрп рпен енос ост, т, тот топлотна пло пл отен удар, уда дар, р, сончаница. сон онча чаница. плотен Топл То плот отна на исцрпеност исц сцрп рпен рп енос остт ос Топлотна На топлотна топ пло л тн тна а исцрпеност ис нај ај На најос тл се тлив ви се постарите поста ари ите лица, лицалиц сетливи со зголемен зггол о емен ен крвен крв рвен н притисок, при рити т со та со к и децата. дец цат ата. а. Симптомите Симп мпто томи мите т од о како топл то лот отна ната исцрпеност исц сцрп рпен енос остт можат да д топлотната јаватт веднаш, вед една наш ш, но но и по неколку некол ол се јават изло из ложе жено ност ста а на екстремекс к тре дена од изложеноста но ов исоки температ ис р тур ури. Прво Пр рво се рв с високи температури. јавува ва ж ед, замор, ед р сла або бос с жед, слабост, врт вр тоглавица, гла аво вобо вртоглавица, главоболка а, мачнина и за зама ате ка, заматен вид. Ако о вие ви е пр пред ед овие предупредувачки с имптом им симптоми се занемарат може да се јават повраќање, грчеви во мускулите и несвестица. Кожата кај овие

лица е бледа и влажна, оросена со ладна пот, пулсот е забрзан, дишењето отежнато. Ако ги осетите овие симптоми кои укажуваат на топлотна исцрпеност, треба да останете во разладена просторија и да пиете повеќе течности и вода. Сончаница Подолгиот престој на сонце може да доведе до сончаница. Ова особено важи за деца, лица без коса, особено ако не носат заштита на главата. Симптомите на сончаница најчесто се: сува кожа со зголемена телесна температура, главоболка, вртоглавица, немир и видливо црвенило на лицето. Доколку не ги земете предвид овие аларми, набрзо може да се појави зуење во ушите, проблеми со видот и малаксаност, а во потешки ситуации можен е и губиток на свест. Лицата кои добиле сончаница треба веднаш да се сместат во разладена и затемнета просторија. Постепено треба да се разладуваат со вода и со ладни облози на вратот и главата. Треба да се пие што повеќе вода, и други напитоци, но избегнувајте кафе и алкохол. Во потешки случаи на губење свест, појава на


Сонцето е извор на природна светлина и енергија, позитивно влијае на здравјето и расположението па затоа сите му се радуваме. Но покрај позитивните влијанија, сонцето и високите температури можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Долгото изложување на ектремно високите температури може да доведе до прегрејување на телото, состојба која е особено опасна по здравјето.

www.acibademsistina.com.mk 63


грчеви и поспаност веднаш побарајте помош од лекар. Топлотни грчеви Топлотните грчеви најчесто се јавуваат кај лица кои се физички активни на екстремно високи температури, како и оние кои прекумерно се потат. Може да се јават и кај лица на годишен одмор, кои неаклиматизирани почнуваат интензивно да спортуваат. Поради физичкиот напор телото обилно се поти и поради тоа губи големи количини вода и сол, како и калиум и магнезиум. Поради ова се јавуваат ненадејни јаки грчеви во рацете и во нозете, пред сè во листовите и стапалата. Мускулите стануваат тврди и чувствителни. Доколку ги осетите овие симптоми, треба веднаш да престанете со физичката активност и да седнете под сенка, да пиете вода и овошни сокови. Потребно е да

се одморите неколку часа. Топлотен удар Најсериозниот здравствен проблем како последица од високите температури е топлотниот удар. Во овие случаи телото поради екстремните температури престанува да се поти и телесната температура за кратко време се качува над 41. степен. Се јавува одеднаш, без претходни предупредувачки знаци, а во најтешки случаи може да доведе до траен инвалидитет или смрт. Симптоми кои укажуваат на топлотен удар се вртоглавица, главоболка, мачнина, повраќање, чувство на глад за воздух, грчеви и забрзано срцево биење. Кожата кај овие лица е сува, топла и црвена, а телесната температура е над 40 степени. Веднаш треба да се повика брза помош, а во меѓувреме лицето да се пренесе на разладено место и да се полива со вода. Капата ја чува главата За да се заштитите од екстремните температури треба да избегнувате потешка физичка активност и престој на отворено во периодот од 11 часот до 16 часот кога сонцето е најсилно и кога температурите се највисоки. Главата секогаш да ви е заштитена со капа, ова особено важи за најмладите. Облеката треба да ви биде лесна, светла и од природни материјали. Поради високите температури организмот губи вода, па затоа почесто пијте течности. Исхраната треба да ви биде лесна и богата со витамини и минерали. Просториите во кои престојувате морате редовно да ги проветрувате, а доколку користите уреди за разладување внимавајте температурата во пр осторијата каде престојувате да не се разликува многу во однос на надворешната температура.


www.acibademsistina.com.mk 65


АКТУЕЛНО Инсекти

УБОД О ОД ОСА ИЛИ ПЧЕЛА

помогне и шеќерот. Натопете го со вода местото на убод и потоа ставете шеќер. За да го намалите отокот, ставете крема од невен. Доколку убодот е во устата веднаш побарајте помош од лекар. Отровот во устата може да доведе до тешки алергиски реакции, кои, пак, може да предизвикаат оток и затворање на дишните патишта. Ако по убодот имате поголема болка или оток, веднаш побарајте помош од лекар кој ќе ви препорача да направите тест за алергија.

Доколку се утврди дека сте алергични на пчели, ќе треба многу да внимавате. Лекарот ќе ви препорача кои лекови треба секогаш да ги имате покрај себе. Алергија на убод од пчела може да се јави иако претходно при вакви убоди не сте имале проблеми. Ова особено се однесува за малите деца. Ако по убодот се јави гушење или отежнато дишење, чувство на притисок во белите дробови или во грлото, отекување на усните, вртоглавица , мачнина или повраќање веднаш побарајте помош од лекар.

Доколку ве касне оса прво што треп да направите ба д е да го отстраосилото. Најчесните ни те о си ил то по убодот осите го оставаат своето осило со отровна вреќичка. Веднаш треба да земете нож или некој друг остар предмет и нежно гребете го местото на убод. Не го чепкајте осилото со пинцета или нокти бидејќи така ќе го истиснете остатокот од отровот во кожата. УБОД ОД ПАЈАК Потоа измијте го местото со саЛето пун и вода, неколкупати во денот. Доколку ве касне пајак на поДоколку имате само оток и болка, четокот измијте го местото со е и природаа немате друга алергиска реаквода и сапун и ставајте ладни обта е разбудена. Сите ција, ставете ладен облог од логи неколкупати во денот. Можете е уживаме во нејзиниот сјај, мраз или алкохолен оцет. Меда се намачкате и со антибиотска а стото можете да го протриекрема. Исто така на местото на а но, за жал, нејзин неизоставен те и со кромид бидејќи има убод можете да ставите неколку у дел се инсектите. Иако повеќеензими кои имаат ублажукапки масло од лаванда, поме-то инсекти не се опасни, нивниот вачко дејство. Може да ви шано со една лажичка алкохол л или јаболков оцет. убод секогаш предизвикува болка

и напорно чешање. Некои убоди од инсекти можат да предизвикаат тешки алергиски реакции или да пренесат некоја болест. Затоа е важно да знаете како да се справите со у убодите на некои инсекти.

УБОДИ ОД ИНСЕКТИ


Ако се сомневате дека убодот е од пајакот наречен црна вдовица , веднаш ставете лед и побарајте помош од лекар, без разлика дали имате одредена реакција. Овој инсект има јак неуротоксин кој го напаѓа централниот и периферниот нервен систем. Убодот од пајакот црна вдовица е придружен со јака болка и грчеви, кои се јавуваат по еден час. Грчевите почнуваат околу местото на убод, и потоа се шират. Исто така може да се јави и вртоглавица, повраќање, треска и болки во мускулите. УБОД ОД КРЛЕЖ Убод од к крлежот е безболен. По убодот тој може да остане под површи површинскиот дел на кожата неколку дена. Затоа по престојот во природа, задолжите жително прегледајте го тело телото. Доколку најдете к крлеж, отстранете го в внимателно со пиа или веднаш отидете цента, најб ј до најблиската амбуланта. К Крлежот треба да се отстрани во рок од 24 часа. Ризично е да го вадите со раце бидејќи постои опасност главата на крлежот да остане во кожата. Околу крлежот не смеете да ставате хемиски средства (маст, алкохол и др.) , бидејќи тогаш крлежот интензивно

излачува течности, кои можат да бидат извор на инфекции ( крлежот е преносител на едно многу опасно заболување – глувчешка треска, кое не е реткост во нашите предели). Откако ќе го отстраните крлежот , потребно е местото да го дезинфицирате со алкохол. Внимателно набљудувајте го ме-

стото на убод во следните 48 часа. Ако црвенилото се шири, веднаш побарајте помош од лекар. Исто така јавете се на лекар доколку забележите висока температура, главоболка, вртоглавица, повраќање, болки и вкочанетост во вратот, што можат да бидат први знаци на менингитис.

www.acibademsistina.com.mk 67


СИСТИНА

Пациентите прашуваат

Подготви прим. д-р Мери Калајџиева Зип - специјалист неонатолог

ЖОЛ Т И Ц А К А Ј Н О В О Р ОД Е Н Ч Е Жолтицата кај новороденчето е честа причина за загриженост кај штотуку т породените мајки. Тие, неретко вознемирено, упатуваат бројни прашања кон педијатрите – неонатолози. Дали моето бебе има жолтица? Колку е таа изразена? Може ли жолтицата да му наштети на моето бебе? Колку ќе трае пожолтувањето? Што треба да сторам за побргу да помине? Жолтицата кај новороденчето претставува секојдневен предизвик во неонатолошката практика, со цел разграничување дали се работи за вообичаената т.н. физиолошка жолтица или истата е предизвикана од одредени патолошки состојби за кои се потребни поспецифични иследувања и третман .

ШТО ПРЕТСТАВУВА ЖОЛТИЦА КАЈ НОВОРОДЕНЧЕ ? Жолтицата кај новороденче или неонатална хипербилирубинемија е состојба која настанува како резултат на зголемена количина на билирубин во крвта на новороденчето. Билирубинот (соединение со жолта боја) е нормален продукт на разградба на еритроцитите. Тој од организмот, по претходна преработка во црниот дроб, се отстранува преку цревниот систем. Кај новореденчињата постои транзиторна нерамнотежа меѓу продукцијата и елиминацијата на билирубин, поради што настанува зголемување на вредностите на билирубин во циркулацијата. Имено, новороденчињата имаат зголемен број еритроцити со пократок животен век, па оттука и зголемено создавање на билирубин. Во најраната возраст нормално постои и незрелост на црниот дроб што доведува до намалена елиминација на билирубинот од крвта. Исто така, зголемената реапсорпција на билирубинот од цревата во циркулацијата (т.н. ентерохепатична циркулација) придонесува за зголемување на количината на билирубин во крвта на новороденчето и појава на жолтица. Жолтицата кај новороденчињата клинички е видлива кај околу 50 % од доносените новородени и кај околу 80% од предвремено родените. Најчесто е бенигна, транзиторна појава, која поминува без третман, или со минимални интервенции. Само во исклучително ретки случаи, при одредени услови, абнормално високите вредности на билирубин може токсично да делуваат врз здравјето на новороденчето. КОИ СЕ ЗНАЦИТЕ И СИМПТОМИТЕ НА ЖОЛТИЦАТА КАЈ НОВОРОДЕНЧЕТО? Класичен знак на хипербилирубинемијата кај новороденче е жолтата

пребоеност на кожата, слузокожите и белките на очите. Обоеноста на кожата се шири од лицето кон долните екстремитети, додека повлекувањето на жолтицата е по обратен редослед. Токму затоа, лицето на новороденчето најдолго е видливо жолто. Повисоки вредности на билирубин во крвта може да доведат до послабо цицање и поспаност. Екстремно високите и нетретирани вредности на билирубин водат до појава на невролошка симптоматологија и состојба која е наречена керниктерус. За среќа, керниктерусот денес е екстремно ретка болест. ТИПОВИ ЖОЛТИЦИ КАЈ НОВОРОДЕНЧЕ? Најчеста е т.н. физиолошка жолтица. Таа се јавува во текот на вториот или третиот ден по раѓање кај доносените, т.е. четвртиот или петтиот ден кај недоносените. Вообичаено достигнува вредности на билирубин кои не му наштетуваат на новороденчето, а според некои автори дури и е корисна, бидејќи билирубинот е антиоксиданс. Оваа жолтица трае околу 2 недели, некогаш и подолго кај новороденчињата хранети исклучиво со мајчино млеко, а потоа спонтано, постепено се повлекува. Жолтицата се смета за патолошка

доколку: • се појави во првиот ден од животот • вредностите на вкупниот билирубин се поголеми од дозволените • вредноста на т.н. директен билирубин е поголема од дозволените • порастот на билирубин за 24 часа е поголем од вообичаениот • трае подолго од вообичаено • секоја жолтица кај болно новороденче Причини за настанување на патолошката жолтица се многубројни. Некои се должат на крвно-групна несоодветност меѓу мајката и детето ( во АБО, Рх или други крвно-групни системи). Неретко причината е недоносеност или раѓање со помала телесна тежина. Други причини за патолошка жолтица се: инфекции, хипооксија, асфиксија, породилни труми, внатрешни крвавења, болести на црниот дроб, ензимски дефицити, абнормалности во обликот на еритроцитите, хемоглобинопатии, аномалии на жолчните патишта, тироидна инсуфициенција, метаболни болести итн... Како посебен тип жолтица се издвојува лактациската или жолтица од мајчино млеко. Таа е честа и бенигна продолжена жолтица за која се смета дека се должи на постоење на некои супстанции во мајчиното млеко кои


доведуваат до пораст на билирубинот. Вообичаено се јавува подоцна, во втората недела по раѓањето, но и кога е силно изразена, децата изгледаат здраво, добро напредуваат и во литературата не е опишан случај на појава на компликации. Бавно се повлекува, може да трае со месеци и често е причина за загриженост кај родителите. КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА ЖОЛТИЦА КАЈ НОВОРОДЕНЧЕ? Во зависност од времето на појава на жолтицата, нејзиниот интензитет, од тоа дали се јавува кај доносено или недоносено, болно или здраво дете, неонатологот кај секој поединечен случај одлучува дали и кои иследувања се неопходни. Постојат неинванзивни методи за проценка на висината на билирубинот, но секако најточни податоци се добиваат со лабораториското иследување на билирубинот во крвта. Патолошките жолтици бараат низа специфични дополнителни иследувања со цел откривање на основната причина или заболување. КОЈ Е ТРЕТМАНОТ НА ЖОЛТИЦА КАЈ НОВОРОДЕНЧЕ? Бидејќи во најголем дел од случаите се работи за физиолошка жолтица, доволно е само внимателно следење на новороденчето и процен-

ка на ризик-факторите за појава на патолошки тип жолтица. Мајката се советува почесто да дои, со што се забрзува пасажата низ цревата, а со тоа и отстранувањето на билирубинот. Додавањето на зашеќерна вода или 5% декстроза, според медицината базирана на докази, нема позитивен ефект. Новороденчето, заситено од дадената зашеќерена вода помалку ќе цица, односно помалку ќе внесува млеко по формула. Само во поединечни случаи на пролонгирана лактациска жолтица со високи вредности на билирубин може да биде советувано прекинување на доењето во тек на 2-3 дена и исхрана со формула. Мајката за тоа време треба да ја одржува лактацијата со одмолзување, а потоа да продолжи со доење. Во лекувањето на жолтиците се користи т.н. фототерапија. Кожата на новороденчето се изложува на ултравиолетова светлина со одредена бранова должина, која има способно-

ст да го разгради и побрзо да го отстрани билирубинот од организмот. Постојат повеќе начини на изведување на фототерапијата – сместување на новороденчето во т.н. били-креветче, во инкубатор, употреба на двојни ламби, били-ќебенца и др. Со цел добивање на соодветен ефект голема површина од кожата на бебето се изложува на фототерапија. Честа е препораката за сончање во домашни услови, што веројатно не помага премногу (обично краткотрајно се изложува мала површина на кожа), но веројатно и не штети, освен ако изложувањето е директно на сонце. За лекување на најтешките жолтици се применува ексангвинотрансфузија или замена на одредена количина крв од новороденчето со крв од соодветна крводарителска крв. Со подобрената здравствена заштита, уште во бременоста и во раниот постнатален период, оваа процедура сè поретко се изведува.

Почитувани читатели, Редакцијата на Систина Плус и натаму останува отворена за вашите прашања и коментари. Пишувајте ни, давајте предлози за нови теми и содржини на: info@acibademsistina.com.mk Систина Плус е ваш магазин. Магазин кој се грижи за вашето здравје. Со почит, СИСТИНА ПЛУС

www.acibademsistina.com.mk 69


ЗДРАВЈЕ

Глaсни жици

Ларингититсот претставува воспаление на гласните жици поради: прекумерна употреба на гласот, инфекции, алергии и друго. Со ларингитисот гласните жици стануваат воспалени и како резултат на тоа се јавува зарипнатост, како еден од симптомите на ова воспаление. Лекувањето е амбулантско, но кај потешките случаи потребна е и хоспитализација.

Воспаление на гласните жици - ларингитис Што е ларингитис? Ларингитисот претставува воспаление на ларингсот ( гркланот, гласните жици). Најчесто се јавува во лесна форма која поминува за една недела. Овој воспалителен процес се карактеризира со зарипнатост, но исто така може да се јави и ларингеална кашлица (која наликува на лаење на куче), отежнато вдишување воздух и пискав звук при вдишување воздух ( т.н. ларингеален стридор). Кои се причинители на ларингитисот? Ларингсот најчесто може да биде воспален од респираторни вируси (како parainflunca, adenovirusi, influenca), но причинители може да бидат и некои бактерии ( како Haemophillus influence, Staphylococcus aureus, Streptococcus pneumonie), но и алергии.

Се јавува во неколку дефинирани облици како : - акутен катарален ларингитис - акутен спастичен или субглотичен ларингитис - опструктивен ларинго-трахеобронхитис -дифтерија Кои облици на ларингитис се најчести во детската возраст? Во детската возраст најчест е акутниот катарален ларингитис кој е предизвикан од групата на респираторни вируси. Почнува постепено со знаци на воспаление на носот и гркланот (затнато носе, носна секреција, болно и осетливо грло, поткашлување). Општата состојба е лесно нарушена, но по неколку дена може да се надоврзат симптоми од страна на гркланот. Покрај ова кај децата често се јавува и спастичкиот субглотичен ларингитис кој настанува поради


Подготви Д-р Тања Јованова - педијатар спазам или стегање на мускулатурата околу гркланот. Се јавува одеднаш, обично ноќе, кога детето кое легнало здраво, по неколку часа спиење станува вознемирено, со отежнато дишење, зарипнатост и ларингеална кашлица. По смирување на нападот во следните неколку дена, присутна е зарипнатост и ларингеална кашлица. За појавата на овој облик на ларингитис одговорни се, покрај респираторните вируси, и конституционалните фактори. Поради тоа кај некои деца оваа состојба може да се повторува неколкупати. Почесто се јавува кај машки деца на возраст од 6 месеци до 4 години. Како се дијагностицира ларингитисот? Болеста и степенот на засегнување на дишењето се проценува според симптомите на пациентот, наодот од физикалниот преглед и лабораториските анализи. Причината за појава на ларингитисот се утврдува со дополнителни прегледи: микробиолошки, серолошки, алерголошки и оториноларинголошки преглед. Како се лекува ларингитисот? Со оглед на тоа дека најчести

предизвикувачи се вирусите, нема специфичен третман, па целта на лекувањето е да се смири нападот на кашлица и тешко дишење со инхалаторна терапија и употреба на гликокортикоиди во вид на инјекции. Во потешки случаи потребна е инхалација на адреналин и кислород. Исто така треба да се смират родителите и секоја манипулација со детето да се сведе на минимум бидејќи стравот го зголемува стегањето на мускулатурата на ларингсот, што придонесува за влошување на симптомите. Полесните случаи се третираат амбулантски, додека болнички се третираат пациентите со потешко засегнување на дишењето, промена на бојата на кожата и свеста, како и оние пациенти кои не реагираат со смирување на тегобите со вообичаениот амбулантски третман. Болнички се третираат и случаите со треска и температура поради можен бактериски ларинготрахеит или придружна бронхопневмонија.

www.acibademsistina.com.mk 71


Предлог

Подготви Дарко Црвенов, пилатес инструктор

Аква аеробик

ФИТНЕС ВО ВОДА -

АКВА АЕРОБИК

A

Вежб бањето некогаш знае да биде напорно и стресно. Аква аеробикот е забавен и ефикасен начин за губење на килограмите и зајакнување на мускулите. Вежбите во вода се многу поефикасни од другите вежби на „суво“ поради отпорот на водата. За пола час вежбање во вода можете да изгубите околу 300 калории. Отпорот на водата позитивно влијае на тонусот на мускулите, ја отстранува напнатоста, а лесно се губат и најтврдокорните масни наслаги и целулит.

П

реголемите жештини и прекумерното потење се главните причини зошто во летниот период дремеме пред телевизор. Поради тоа, најдобар начин да ја победите жештината е да почнете со аква аеробикот. Што е аква аеробик? Аква аеробик или аеробик на вода се состои од аеробични вежби кои се изведуваат во плитка вода, најчесто базен, а вежбите се обично ритмични и траат од 40 до 50 минути. Часовите вклучуваат удирање со нозе, скокање, танцување, загревање, како и вежби за истегнување. Постојат многу форми на аква аеробик кои можат да се изведуваат со опрема наменета за овој спорт како што се: специјални обувки за аеробик во вода, воздушни перничиња, како и тегови за глуждовите и зглобовите. Кога вежбате во вода, вежбате про-

тив 12 пати поголема отпорност во споредба со воздухот, па затоа и резултатите кои се добиваат со овој начин на вежбање се добива-

Исто така, аква аеробикот е идеален за бремените жени, а вежбите се и повеќе од идеални во пост-наталната фаза. Зошто вода? Отпорноста на водата овозможува поголема флексибилност на телото која води кон поголема издржливост и рамнотежа. Водата истовремено помага на начин што не дозволува прегрејување на телото бидејќи водата го лади телото и температурата на телото е константна за време на вежбањето.

Не мор рат те да да зна на ает те да пли ивате ва те за да да ве еж ж жб бате ате т аероб обик бик к на вод о а!!! ат за многу пократко време. Она што го прави ваквиот тип вежбање уникатен е тоа што се троши многу повеќе енергија поради отпорноста на водата, па вежбите можат да се изведуваат со многу бавно темпо. Затоа со аква аеробикот за 30 минути се губат околу 300 калории. Поради отпорноста на водата, која на некој начин игра улога на перниче или бафер, вежбите се посебно корисни за сите оние кои се изложени на преголем стрес, вклучувајќи ја и постарата популација, како и за оние кои закрепнуваат од моментални повреди на зглобовите, колената и сл.

Кои се главните придобивки на овој спорт? Главните придобивки на ваквиот тип вежбање се: • Губење на масните наслаги и целулитот; • Јакнење на телото, зголемена флексибилност, мускулна маса и издржливост; • Обновување на нивото на енергија и истовремено ослободување од стрес и тензија; • Водата не дозволува исчанчување и повредување на зглобовите, а нејзината отпорност овозможува вежбање со посилен интензитет; • Ако мразите или се срамите да вежбате во соба пред други, скокање во базен под вода е идеална замена; • Вежбањето во вода вклу-


чува само 50% од сопствената тежина на телото, со што вежбите се изведуваат на полесен начин; • Одличен е за сите, без разлика на индивидуалната физичка подготвеност; • Го подобрува тоналитетот, силата и мобилноста на телото; • Кога телото е опкружено со вода се креира масажен ефект; • Во прежешките месеци ова е единствен спорт кој не дозволува прегрејување на телото; За кого е наменет аква аеробикот? Овој тип спорт се препорачува на луѓе кои страдаат од:

• •

Артритис

• •

Мултиплекс склероза

Болки во грбот и болки во зглобовите Пациенти со срцеви заболувања (работата на срцето е побавна во споредба со вежбање на суво)

• •

Луѓе со прекумерна тежина Бремени жени

Постои растечки тренд за зголемување на привлечноста на овој спорт кај помладите генерации и фитнес ентузијастите. Базените и вежбалниците нудат голем број часови како: бокс во вода, аква степ, кикбокс, како и користење на спе-

цијализирана опрема со цел проширување на видот на вежби кои се изведуваат во вода. Како резултат на ова аква аеробикот има потенцијал да привлече многу луѓе, без разлика на нивото на физичката подготвеност, како и здравствените проблеми со кои се соочуваат повеќето од нас.

www.acibademsistina.com.mk 73



www.acibademsistina.com.mk 75


Јуни месец на

1730

Специјална цена

ден.

Magnifica Repairing Dermal Filler Face Treatment 50ml Hydro-Protective Cream SPF20 50ml

2260

ден.

подарок 2400

ден.

Anticellulite Thermal Cream со морски алги и есенцијални масла 400ml

Superconcentrated Anticellulite Night Tretament 200ml со подарок масажер

Производите од Collistar единствено можете да ги најдете во Космо дрогериите


Plus

Ă–zetler www.acibademsistina.com.mk www.acibademsist tin na. a com m.mk

77 7


Plus Özel Haberler MISIR’DAN YASEMİN BEBEK İÇİN GRİP BİR YAŞAMA ŞANSI

Küçük Yasemin ana kalp arterinde ciddi komplikasyonlarla erken doğan bir prematüre bebekti. Doğumsal kalp hastalığı nedeniyle ile hayatta kalma şansı çok azdı. Acilen Türkiye’deki Acıbadem Hastanesi’ne nakledildi. Hastanenin Kalp Damar Cerrahisi Bölümünün Prof. Dr.Tayyar Sarıoğlu başkanlığındaki deneyimli ve tecrübeli doktor ekibi, Yasemin’in minicik kalbini bir buçuk saat durdu ve kalbinin bir milimetre uzunluğundaki koroner damarlarının yerleri değiştirerek hayata döndürdü.

AKCİĞER KANSERİ - SESSİZ KATİL Son 30 yıl içinde akciğer kanserinin hızlı büyümesinin asıl sebeplerinden birinin, sigara içenlerin sayısındaki artış olduğu söylenebilir. Akciğer kanseri, ilk aşamada hiçbir belirtisi olmayan sinsi bir hastalık olarak kabul edilir. Çoğu durumda hastalık artık ilerlemiş, metastaz olmuş geç bir safhada teşhis edildiğinden tedavi şansının çok az olduğu bilinmektedir. Bu hastalığın tedavisi cerrahi, radyasyon ve kemoterapiye dayanmaktadır. Nasıl bir tedavi uygulanacağı birçok faktöre bağlıdır, örneğin; hastanın yaşı, genel durumu ve hastalığının hangi evrede olduğu önemlidir.

VARİSLER Bacaklarda yüzeyel toplardamarların düzensiz bir biçimde uzayarak bükümlü bir şekilde genişlemesi ve kıvrımlar oluşturmasına varis denilir. Genellikle bacaklarda meydana gelir. Ancak farklı organlarda da görülebilir. Kadınlarda görülme oranı erkeklere göre 2-3 kat fazladır. Hastaların günlük yaşamını etkilediği gibi, sosyal yaşamını da önemli derecede etkiler.

DOĞUŞTAN GELEN 200’DEN FAZLA KALP HASTALIKLIĞI VAR Bebeklerde pek çok doğuştan gelen kalp anomalileri görülebilir. Yenidoğan bebeklerde 200’ün üzerinde doğumsal kalp hastalığı olduğu bilinir. En yaygın olanları ise şunlardır: Kalp kapaklarındaki anomaliler, atriyumlar ve ventriküller arasında kusurlar, kalbin büyük damarlarındaki hastalıklar, kalpten çıkan damarlarının yer değiştirmesi, kalbi besleyen arterlerdeki farklılıklar ve buna benzer kusurlar… Bazı vakalarda birden fazla anomaliler oluşabilir. Tüm bu kalp anonomalileri cerrahi girişimler veya yardımcı kalp ameliyatlarıyla geniş bir yelpazede sunulan tedavi hizmetleriyle çözüm bulunabilir. Acıbadem Bakırköy Hastanesi Kalp Damar Cerrahisi Bölüm Şefi Prof. Dr. Tayyar Sarıoğlu, çocuklarda görülen en yaygın kalp hastalığı ve tedavileri ile ilgili soruları yanıtladı.


KALP KRİZİ BELİRTİLERİNİ NASIL FARKEDİLEBİLİR Kalp krizi, kalp kasını besleyen damarlarda kan akımının aniden kesilmesi sonucu kalp hücrelerinin ölümüne yol açmasıyla oluşur. Bazen kalp krizi belirtileri kolay fark edilemez ve genellikle çoğu durumlarda mide problemleri, yorgunluk veya kas ağrıları şeklinde kendi ifade eder. Kalp krizinin başlangıcında koroner arterlerin kapanmasıyla birlikte kalp kasının belli bir kısmının kanla beslenemez. Böylece kalp kasının bir kısmının yok olma süreci başlar. Bu süreç progresivdir ve ilerleyen birkaç saat içinde geri dönülemez halde kalp kasında hasar oluşur. Kalp kasının hasar gören yeri nekadar daha büyükse, kalp krizinin sonuçları da o kadar daha etkili olur. Bu bir kuraldır: Zaman, kastır! Çok geç olmadan kalp sorunları belirtilerini öğrenmenizi öneriyoruz!

Prostatın cerrahi tedavisi 60 yaş üzeri erkeklerin yarısında prostat sorunu olduğu biliniyor. Kanser ve bening prostat büyümesinin tedavisi, cerrahi müdahaleyle mümkün. Prostat son on yıl içerisinde erkeklerin karşılaştığı en yaygın sağlık sorunu oluşturmaktadır. Dünya Sağlık Örgütü’ne göre 60 yaşın üzerindeki erkek nüfusun yüzde 50-60’ında, bu tür beze hastalığıyla ilişkili bir sağlık sorunu bulunuyor. prostatın ciddi hastalıkları arasında benign hiperplazi ve prostat kanseri geliyor. Tedavi, özellikle kanserli bölgenin ya da tüm prostatın çıkarılması şeklinde gerçekleştirilir. Günümüzde prostatın tedavisi için çeşitli cerrahi yöntemler vardır. Acıbadem Sistina Plus, prostat hastalıkları tedavisinde bu modern cerrahi yöntemler hakkında sizleri bilgilendiriyor.

Gastroezofageal reflü hastalığı Gastroezofageal reflü hastalığı, mide içeriğinin yemek borusuna geri kaçmasıdır. Bu hastalık, sindirim sistemi hastalıkları arasında en sık görülenidir. Epidemiyolojik veriler gerçek resmi veremiyor çünkü az sayıda hasta, reflü sorunu yaşarken doktorlardan tıbbi destek almıyor. Hastalığın belirtileri pek çok diğer hastalıklarla karıştığı için genel olarak önemsenmiyor ya da doktora geç başvuruluyor.

ERKEK STERİLİTE Erkek kısırlığı, doğumsal ya da sonradan gelişen anomaliler sonucunda oluşabilir. Genital enfeksiyonlar, skrotal sıcaklığı artması (varikocela), endokrin bozukluklar, genetik bozukluklar ve bağışıklık sorunları da aynı sonuca yol açabilir. Ancak erkek infertilite vakalarının%60 ila 75’inde, erkek kısırlığın nedeni bilinmemektedir. Çeşitli sorunlar olsa da sperm azlığı ya da yokluğu çok önemli bir sorundur. Bu nedenle hastaların hepsinden sperm örneği alınarak incelenir. Sperm analizi ile spermatozoitlerin az olduğunu görülebilir, sperm hareketinin düşük ve az olduğu saptanabilir ve anormal spermatozoit formları arttığını anlaşılabilir. Spermlerdeki bu üç çeşit bozukluklar sıklıkla birlikte görülür. www.acibademsistina.com.mk 79


Plus Özel Haberler Kısırlık nedenini belirlemek için! Düzenli, korunmasız cinsel ilişkisi olan kadınların % 85’inde, gebelik ilk yıl içinde oluşur. Kalan% 15’inde ise birinci yılın dolmasına rağmen gebelik görünmez. İşte bu durumlarda kısırlık nedenini belirlemek için araştırmaya başlanmalıdır. Bu çiftlere çeşitli tetkikler yapılır ve çözümler sunulur. Bir kadın 35 yaşından büyük ise infertilite araştırılması, evlilikten sadece 6 ay sonra ya da daha önceden başlamalıdır. Infertilite araştırılması ve tedavi yaklaşımı çok özeldir ve her zaman her iki partnerde de aynı zamanda yapılmalıdır. Tüm temel incelemeler bir ay içinde tamamlanabilir. İncelemelere fizik muayeneye başlamadan önce tıbbi özgeçmişleri gözden geçirerek başlanmalıdır.

Ses tellerinin iltihabı - Larenjit Larenjit, ses tellerinin iltihabı ya da enfeksiyonudur. Buna sebep ise sesin aşırı derece kullanımı, enfeksiyonlar, alerji gibi etkenlerdir. Ses tellerinin iltihaplanması ve ses kısıklığı bu hastalığın belirtisidir. Tedavisi ayaktan yapılabilir fakat şiddetli olgularda hastaneye yatış gereklidir.

BENİM KURTARICIM NOELA’NIN DOĞUŞU Annelik duygusu, dünyada en yüce duygudur. Dokuz ay süren bir bekleyişten sonra çocuğunuzu kucağınıza aldığınız an, unutulmaz ve kelimelerle tarif edilemez bir andır. Ancak, bazı kadınlar için anne olmanın yolu çok uzundur ve sayısız zorluklarla doludur. Bunlardan biri, Bayan Renata Petrovska. Kendi yaşam hikayesini anlatırken o büyük ve acı verici zorlukları bir anne olmak isteğiyle nasıl yendiğini anlatıyor. Mutlu son ile biten bu dokunaklı hayat hikayesi, anne olmak için mücadele eden tüm anne adaylarına bu mücadeleden asla vazgeçmemeleri için ilham verecektir.

YENİ DOĞAN BEBEKLERDE SARILIK NEDİR? Yenidoğan bebeklerde sarılık, her anne için önemli bir endişe nedenidir. Yenidoğan döneminde görülen sarılıkta, bebeğin rengi gerçekten de sararır. Sarılık olan bebeklerde, fizyolojik sarılık mı veya özel tedavi gerektiren bazı patolojik durumların mı sözkonusu olduğunu belirlemek için tıbbi araştırmalar ve müdahaleler gerekebilir.


16 YAŞIMDA İKEN YENİ BİR YAŞAM İÇİN ŞANS KAZANDIM İsmim Filip Risteski ve 16 yaşındayım. Doğduğum üçüncü gün, bana aort darlığı teşhisi konulmuş. Bu yaşıma kadar ciddi bir sorun yaşamadım. Ancak gün geldi, bu sorunun tedavi edilmesi gerekti. Doktorlara göre tek bir çözümü vardı; cerrahi müdahale. Ben genç bir insanım, hayat doluyum, bu yaşlarda hayatımın bir gününün bile kısıtlanmış olmasını düşünemiyordum. Tam o anda benim hayatıma Doktor Tacer girdi ve bende var olan tüm korkular aniden gitti. Şu ana kadar böyle bir kişi ile hiç karşılaşmamıştım. Onun bana karşı yaklaşımından, benimle iletişim kurmasından, samimiyetinden dolayı son derece mutluydum, tek sözle içime büyük bir huzur getirdi ve bir ümit tohumu ekti. Tüm korku ve endişelerim bir anda yok oldu çünkü kalbim ve hayatım güvenilir ellerdeydi. Doktorum sayesinde ameliyatım çok iyi geçti. Önceden hissettiğim karamsar duygular yerine düşlerimi gerçekleştirme ümidi sunan Dr. Tacer, bana yeni bir hayat verdi.

GÜNEŞE DİKKATLİ OLUNUZ

‘’ACIBADEM SİSTİNA” YI GEREKÇE GÖSTEREREK MAKEDONYA’DA KALDI

Güneş doğal ışık ve enerji kaynağıdır, insan sağlığına ve ruhsal durumuna olumlu etki yapar, bu nedenle güneş herkesi mutlu eder. Güneşi hepimiz seviyoruz. Ama güneşin olumlu etkileri olmasına rağmen, güneşin kavurucu sıcaklıkları ciddi sağlık sorunlarına neden olabilir. Çok yüksek sıcaklıklarda uzun süre maruz kalmak vücudun aşırı ısınmasına yol açabilir, bu durum insan sağlığı için tehlikelidir. Çünkü güneş çarpması ve yanıklar gibi sağlığımızı olumsuz etkileyebilir.

İki doktor arasındaki yaşam nasıldır? Bunun tipik bir örneğini Yosifovski ailesi oluşturmaktadır. Toni’de, Nadejda’da doktor ve onları değiştirecek Dimitar ve Miryana var. Onlar birbirlerini çok iyi tamamlıyor. Toni meslek hayatını tamamen insan hayatını kurtarmaya adamışken, Nadejda için ise öncelik ailesi ve evi. Üsküp’ün Kozle semtinde bulunan evlerinde “Acıbadem Sistina Plus” dergisi için, samimiyet dolu aile sıcaklığındaki bir atmosferde her ikisi de kendi özelini bizlerle paylaştı.

KAFA TRAVMASI Kafa yaralanmaları, yüksek mortalite riski taşıyan büyük bir yaralanma grubunu oluşturur. Bu tür travmalar çok önemlidir çünkü hastada sakatlık ve ciddi ruhsal bozukluklara yol açabilir. Kafa yaralanmalarının oranı her yüzbin kişide, 300 kişidir. Bu vakaların sonucu da maalesef yüzde 9-25 oranında ölümle sonuçlanır. Kafa yaralanmaları özellikle çocuklarda hastanede yatarak tedavi gerektirebilir.

www.acibademsistina.com.mk 81


ДЕТСКО КАТЧЕ

Поврзи ги точките редоследно и пронајди што се крие зад цртежот!

O B O I


www.acibademsistina.com.mk 83



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.