161-vesnik-kavadarci__web

Page 7

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО ЗАТВОРЕНА „КАВАДАРЕЧКА КУЛТУРНА ЕСЕН 2016“

Околу 70 настани од културата за 70-сетина дена, од сите области на културните дејности, со бројни посетители и анимирање на многумина кои во културата го вложуваат својот потенцијал и креативна моќ. Вака би можеле да го сублимираме крајот на Кавадаречката културна есен, која во петокот беше окончана со изложба на уметнички фотографиии на Димитар Чунговски-Чунга и концертот на труба на Златко Јованов и неговите пријатели. Директорот Владимир Темков кој е главниот двигател и аниматор во културата последниве години, и овој пат успеа да ги спои уметничката фотографија и музиката. Тоа се две различни уметности кои имаат заеднична нота, откиваањето на внатрешниот свет кој е индивидуален за секого посебно. Изложбата на уметничка фотографија на Димитар Чунговски-Чунга кој е еден од најзначајните македонски фотографи предизвика голем интерес кај кавадарчани. Тој да потсетиме не се води од промислата дека значењето на авторот не се мери според бројот на создадените фотографски творби туку според творечкиот замав и уметнички ефект. Концертот на Златко Јованов,

актуелен директор на ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ се одржа во големата сала на Домот на културата „Иван Мазов Климе“. Трубата која е негов инструмент Јованов успеа сите овие години да ја всади како омилен инструмент на многу генерации ученици во кавадаречкото основно училиште, кои пак потоа завршија средно образование и факултет и сега се вработени во некоја институција или лебот го вадат токму од трубата. Горд на тоа, потврда Златко имаше и од неговиот голем пријател, Љупчо Коскаров, поранешен директор на Македонската филхармонија и СМУ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Пред љубитерите на музиката, настапија млади и повозрасни музичари на труба, омилениот инструмент кој плени многумина. На програмата беа популарни мелодии и дела кои се изведуваат во наставата и на факултетите за музичка уметност. Публиката ги награди со голем аплауз. И покрај завршувањето на кавадаречката културна есен, културните активности продолжуваат со несмален интензитет, па кавадаречката јавност може да очекува уште неколку интересни настани до крајот на тековната година. Марјан Димитров

„ЛИКОВНА ГРУПА 5“ СО ИЗЛОЖБА ВО КАВАДАРЦИ садник на уметници од врвен калиОбединети под бројот пет, петтемина големи ликовни уметници и пријатели Владимир Темков, Данчо Ордев, Илија Кочовски, Димитар Мичо Кочевски и Драган Најденовски, се претставија пред кавадаречката ликовна јавност на заедничка изложба каде промовираа мал дел од својот најнов ликовен опус. Обраќајќи се пред присутната публика од позиција на учесник, но и организатор на изложбата, Владимир Темков честитајќи им го на присутните празникот Свети Климент Охридски на присутните, напомена дека Кавадарци одсекогаш бил ра-

бар, овој пат посочувајќи ги театарската критичарка Лилјана Мазова и обоистката Гордана Јосифова-Неделковска кои денес ја добија државната награда „Свети Климент Охридски“. Во продолжение, за изложбата која носеше наслов „Ликовна група 5“ зборуваше професорот Данчо Ордев, кој меѓу другото рече дека почитта и пријателството помеѓу сите петтмина автори е огромно. Во продолжение, Ордев кој е професор во пензија, потенцираше дека изложбата во ваков формат е достојна да биде поставена во било која светска галерија, затоа што се работи за дела од пет врвни македонски автори. Изложбата беше збогатена со настап на млади пијанисти и солисти, како и со промоција на новите вина од сортата „Станушина“ на винаријата „Наумчеви“ и говор на боемот Душко Стефанов. кавадар4е

КОНЦЕРТ НА ФЛЕЈТА И ПИЈАНО

Концерт на флејта и пијано во Кавадарци одржаа музичките уметници Силвана Чулева-Атанасова и Емилија Кабранова-Филипова, инаку професорки во Основните музичко балетски училишта од Кавадарци и Неготино. „Вечерашниов настан и оние што следуваат, се показател дека кул-

турните збиднувања во градот продолжуваат и понатаму со несмалено темпо и покрај затворањето на манифестацијата „Кавадаречка културна есен“, во чии рамки за шеесетина дена имавме седумдесетина културни активности“, рече во своето обраќање пред присутните Владимир Темков, директор на кавадаречкиот културен дом „Иван Мазов Климе“. Тој рече дека двете професорки редовно приредуваат пријатни изненадувања од областа на музиката, за културната јавност од Кавадарци и пошироко. Имаат освоено бројни награди. кавадар4е

КОНЦЕРТ НА ЕТНО ХАРМОНИКА НА ИЛЧО ЈОВАНОВ

Концерт на етно хармоника одржаа синоќа во Кавадарци професорот Илчо Јованов и студентите од неговата класа, од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. На програмата беа композиции од познати македонски автори, македонска народна инструментална и новосоздадена музика. „Пред четири години отворивме отсек за етно хармоника. Станува збор за прво вакво нешто на овие простори, за негување на наша-

та традиција. Бидејќи не е можно дрво без корен, затоа мораме да ја сакаме и негуваме нашата традиција, во услови на наплив на музика од страна“ рече професорот. Концертот беше реализиран во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе“. Директорот на оваа културна установа Владимир Темков ја нагласи традиционалната соработка со Факултетот за музичка уметност при Универзитетот од Штип. РТК

ПРОМОВИРАН „АЛМАНАХ БР. 5“ НА КАВАДАРЕЧКИТЕ ПОЕТИ Во четвртокот на 22 декември 2016, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци се одржа промоција на Алманах бр.5 – „Прошетки на зборот“ на Здружението на писатели „Тиквешки цветови“ Кавадарци. Во Алманахот бр.5 се поместени поетски творби на 28 поети

од Кавадарци, од различни генерации, од познати автори до нови имиња. Издавач на книгата е Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, а во продукција на Здружението на писатели „Тиквешки цветови“ Кавадарци. Димитар Мурџев

7


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.