161-vesnik-kavadarci__web

Page 1

ГОДИНА VIII

*

БРОЈ 161

*

30 ДЕКЕМВРИ 2016

*

www.kavadarci.gov.mk

*

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

Среќна Нова 2017 година и честит Божик

ПРОСЛАВАТА НА НОВА ГОДИНА НА ПЛОШТАДОТ ОТКАЖАНА

ПАРИТЕ ОДАТ ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ „Средствата во висина меѓу 3.000 и 5.000 евра за дочек на Нова година Кавадарци ќе ги намени за хуманитарни цели. Со овој потег општина Кавадарци ќе го следи трендот на Балканот, средствата издвоени за прослава на Нова година да ги намени за хуманитарни цели. Општината за гостувањето на интерпретаторите, огнометот и други трошоци за новогодишната ноќ требаше да ги троши овие пари“ соопшти градоначалникот Александар Панов.

Советот на Општината ќе треба да одлучи за која хуманитарна намена ќе бидат насочени ови средства. Сепак на Градскиот плоштад во Кавадарци Дедо Мраз ги делеше новогодишните пакетчиња, а се одржа и културно забавната програма која ја прават децата од основните училишта. На бината на градскиот плоштад се одржаа и настапите на учесниците на Фестивалите за детски песни „Гроздоберче“ и „Ластарчиња“. Дел од овогодинешната предновогодино славење беа и

БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН АНСАМБЛ СО „JAMES BOND SYMPHONY“ ВО КАВАДАРЦИ ка организација на Дом на култура „Иван Мазов По фантастичното претставување пред кавадаречката публика со проектот „Рок Симфони“ Камерниот оркестар на Битола во претпоследниот ден од 2016 повторно гостува во Кавадарци, овој пат со уште еден фантастичен проект, насловен „James Bond Symphony“. На новогодишниот музички спектакл составен од познати музички композиции од популарниот филмски серијал за најпознатиот таен аген, Џемс Бонд, ќе настапат Наде Талевска, Мики Секуловски, Ирена Димовска, Нина Јанева и Butelion Classics Chorus. Концертот е во заеднич-

- Климе“ Кавадарци и Камерниот оркестар на Битола, Новогодишниот концерт е закажан за вечерва петок, 30 декември, со почеток од 19 часот во големата сала при Домот на култура „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци. Битолските симфоничари со нивниот прв настап во Кавадарци на крајот од летото реализираа еден од најдобрите настани кои се случија во годината која полека изминува во Кавадарци. Марјан Димитров

детските претстави со Дедо Мраз како и традиционалниот „Базар“ со што духот на прославата за Нова година не исчезна од Кавадарци. Димитар Mурџев


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО  Новогодишно интервју со градоначалникот Александар Панов

НАПРАВИВМЕ ДОБРА ОСНОВА ЗА ИДЕН РАЗВОЈ И ПОУБАВО КАВАДАРЦИ Пет дена пред истекот на 2016 година Кав‘даречки Весник го реализираше осмото новогодишно интервју со градоначалникот на Кавадарци Александар Панов. Во 2009 година, Панов како кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со мнозинство гласови на граѓаните уште во првиот круг на локалните избори беше избран за градоначалник. Тој во овие осум години со сета своја умешност и знаење се залага да го направи Кавадарци подобро место за живеење. Развојот на Општина Кавадарци го гледа во напредок на сите сфери од општествениот живот, инфраструктура, креирањето на нови работни места, индустрија, култура, образование, екологија и спорт. Негова цел е да го врати сјајот на Кавадарци. Затоа ја испраќа пораката „Да работиме заедно за нашиот град“ со крајна цел „Кавадарци над сите“. Кав‘даречки Весник: Господине Панов, како во една реченица би ги опишале осумте години на позицијата градоначалник на Кавадарци? Александар Панов: Без двоумење би рекол: Направивме добра основа за иден развој и за едно поубаво Кавадарци. Кав‘даречки Весник: Дали ги остваривте сите предвидени проекти од предизборните програми. Колку мотото „Кавадарци над сите“ има директно влијание во реализацијата на предвидените програмски проекти? Александар Панов: Сега кога правам резиме на сработеното сигурен сум дека не само јас туку и сите вработени во Општината, како и вработените во инстутициите под надлежност на Локалната самоуправа ги „засукавме ракавите“ и остваривме 90% од барањата на граѓаните Кав‘даречки Весник: Колку мотото „Кавадарци над сите“ има директно влијание во реализацијата на предвидените програмски проекти? Александар Панов: Што се однесува до мотото „Кавадарци над сите“, тоа беше лично моја идеја, воден од германскиот пристап кон решавање на проблемите, а тоа се работливост, упорност, издржливост, чесност. Одредници што ги карактеризираат Германија и германскиот народ, а јас сакам тој дух да го пресликам најмногу во Кавадарци и Македонија. Токму тоа мото ми беше идеа водилка, Кавадарци да биде над сите во многу сегменти од живеењето. Релевантна потврда дека можеби сум успеал во тоа е неодамнешната информација на агенцијата „Рејтинг“ дека Кавадарци после Скопје е најпосакуваното место за живеење во Македонија, пред Штип, Охрид, Гевгелија и останатите македонски градови. Знам дека тоа е плод на ангажманот и менаџиерањето на целиот бизнис сектор во општината, на менталитетот, на гостопримливоста на кавадарчани како вредни и работливи луѓе, на нашата претприемчивост и на крајот е скромниот удел на градоначалникот Александар Панов.

2

Кавадарци над сите е заради фактот што е прв после Скопје во економскиот развој, над сите е затоа што во Кавадарци ги имаме најголемата домашна гринфилд инвестиција „ИГМ Трејд“ како и најголемата странска инвестиција германскиот „Дрекслмајер“. Над сите е затоа што учествува со 30% во создавањето на македонскиот Бруто домашен производ. Кавадрци е над сите затоа што е еден од најнезадолжените градови во Македонија, затоа што го отвори првото 3Д кино во Македонија, затоа што ги има најопремените воспитно образовни институции. Кавадарци е над сите и во културата. Во 2010 како македонски град накултурата воспостави нови, високи и сеуште недостижни стандарди, благодарение на трите врвни институции со високо реноме, музејот, домот на културата и библиотеката. Кавадарци го има и најуспешното Јавно комунално претпријатие во Македонија. Ова се само неколку сегменти од битисувањето во кои Кавадарци се натпреварува со Скопје и останатите поголеми градови во земјата. Резултатите од тој натпревар во кој Кавадарци предничи во вистинска смисла, го одразуваат значењето на мотото „Кавадарци над сите“. Кав‘даречки Весник: Изворна надлежност на Општината е комуналното претпријатие. Наследивте задолжен „Комуналец“ со проблеми. Тоа ви беше и првиот предизвик на почетокот. Како сега го перцепирате ЈП „Комуналец“. Александар Панов: Сликата е свртена во сосема позитивен правец. Со низа од мерки претпријатието со долг од 1,2 милиони евра, за само две години успеавме да го раздолжиме. Сега ЈП „Комуналец“ е единственото јавно претпријатие во Македонија кое се наоѓа на листата од 100 најуспешни македонски фирми. Но овде со гордост можам да кажам дека успешно решивме еден друг многу поголем предизвик. Во овој период Кавадарци постигна нешто што не можеше да се замисли. Никој пред нас во минатото немаше храброет да излезе на политички мегдан и да вети пред граѓаните решавањето на проблемот со водоснабдувањето, а потоа да го реализира. Ние тоа го ветивме и го реализиравме. Проблемот го решававме систематски и стратешки. Паралелно работевма на реконструкција и ревитализација на градската водоводна мрежа во трите зони: ниска, средна и висока. Во истовреме азбестно цементните цевки како и дотраените, ги менувавме со метално коругирани и пластични цевки. Со тоа направивме целосна реконструкција на водоводната мрежа во која го инсталиравме и потполно автоматизираниот систем на контрола и регулација на притисоците во мрежата, популарно наречен „Скада“. А како круна на се беше изградбата на нов примарен цевковод во должина од 9 километри, како крак од ревитализираниот ХМС „Боша-

ва“. Со овој зафат донесовме дополнителни 150-200 литри вода во секунда до резервоарите, каде инсталиравме нова најсовремена хлораторна станица. Овие зафати ги реализиравме најмногу со сопствени но и со средства од Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Сега рестрикциите на вода во Кавадарци се минато. Задоволен сум со фактот дека граѓаните ги заборавиа маките од празните водоводни цевки. Кавадарци е единствен во земјава, можеби и пошироко кој има два паралелни и независни цевководи за санитарна вода со ист квалитет од едно сливно подрачје. Можам со задоволство да кажам дека направивме историски потег, како оној со изградбата на водоводот „Лукар“. Во ЈП „Комуналец“ извршивме и целосна реконструкција на возниот парк, како и на контејнерите за смет, ги зголемивме и платите на вработените. Сега претпријатието наликува на модерно јавно, па би рекол претпријатие од европски тип. Во оваа елаборација на клучните потези превземени од моја страна во подобрувањето на стандардите на живеење, немминовно морам да го посочам проектот за ревитализација на условите во образовните институции. На истекот од вториот мандат можам да констатира дека сега имаме целосно енергетски ефикасни училишта, термо фасади, обновени и ревитализирани системи за парно греење, термо ПВЦ прозорци и врати, обновени покриви на училиштата. Интервениравме и во реконструкцијата на санитерните јазли во повеќе училиште а во дел од нив извршивме реконструкција на спортските сали, ги променивме подовите и клупите. Но во овој сегмент најзначајно е што во две училишта изградивме сосема нови спортски сали од проектот на Владата. Морам да кажам дека во наредниот период на повидок се уште сали во ТХТ и „Страшо Пинџур“, а во с. Ваташа имаме постапка за откуп на куќа заради оформување градежна парцела за училишна спортска сала. Ова година предадовме во употреба и објект доградба во гимназијата со нови 8 училници и кабинети, а се гради и концертната сала во музичкото училиште. Придобивките од реализираните проекти во образо-

ванието ги знаат децата кои таму учат, нивните родители, како и наставниците од овие училишта. Овде сакам да ја спомнам и градинката „Рада Поцева“ со нејзините клонови. Ги ревитализиравме постојните објекти со термо прозорци, ја реконструиравме централната кујна, доградивме 200м2 во клонот во училиштето „Гоце Делчев“, ревитализиравме простор за детска градинка во с. Ваташа, а во тек се градежните работи за градинката во старата лабораторија. Во тек е процес на експропријација на земјиште во УЗ „Браќа Досеви“ за изградба на целосно нов објект за градинка. Обезбедивме и услови за првата приватна детска градинка за која постои интерес. Да потсетам дека со континуирани вложувања со СРЦ „Јасмин“ како во салата така и на терените околу неа обезбедивме одржливост на системот што е плус повеќе во создавање базични услови за развој на спортот. Успех е и враќањето во владеење на општината на градскиот базен, на салата „Партизан“ како и на Градскиот фудбалски стадион. Сега таму ќе инвестираме во негово санирање. Таму направивме многу, но не сосема доволно колку што јас очекував. Сепак создадовме основа за натамошен развој на спортот. Кав‘даречки Весник: Седум реализирани Буџети со сите програми во нив, практично не е можно да се сместат во едно интервију. Стотици објекти, многу повеќе изградени, реконструирани и пробиени километри, улици, тротоари, канализациона и водоводна мрежа, како и многу останати проекти. Граѓаните ги гледаат и максимално ги користат. Ве прашувам задоволен ли сте од реализираното? Александар Панов: Мојот одговор на ова прашање и по осми пат ќе биде ист. Реализиравме многу, но не сум задоволен, скогаш се може и повеќе па макар и еден реализиран проект плус. Не сум задоволен затоа што немањето на Генерален урбанистиќки план (ГУП) не спречи да реализираме многу значајни и неколку капитални објекти, како деловно трговскиот центар, Противпожарниот дом и ревитализацијата на објектите во новиот центар како младинскиот, пионерскиот дом и судската палата.


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО Но максимално сум задоволен што се зафативме со негова реализација за што потрошивме близу четири години, но откако ќе го усвоиме, тоа ќе значи нов почеток во идниот развој на Кавадарци и општината пред сè на економски и инфраструктурен поглед. Локалната самоуправа со стручните служби за овој период заслужува посебна благодарност. Нивното работење во делот на комуналната свера, урбанизациите, во делот на локалниот економски развој, финансиско-сметководствениот, правниот сектор, во делот на јавните набавки, максимално одговорно и професионално си ја завршија нивната работа. Oд сите нив за цело време барав стручност, а реализираното од нив ми беше најдоброто и најблагородното возвраќање. Бидејќи многупати не било како што јас сум сакал, туку онака како што вели Законот, како што налагаат правилата за јас и тие да не заглавиме во несакани води. Ваквото работење на локалната самоуправа е ниво кое треба да се задржи и во иднина. Генерална оценка на овие безмалку осум години е: Потрошивме два мандати за да ги разрешиме егзистенцијалните инфраструктурни и комунални потреби на градот и општината. Мислам дека сега градот е спремен повеќе да се посвети на разубавувањето. Затоа во 2017 година приоритети ќе ни бидат: реконструкција на централните улици и булевари со пари од Светска Банка, потоа дооформување на северниот влез во градот со сопствени средства, со наши сили ќе се догради и кејот кон Ваташа до Брушанскиот мост и тоа во две етапи до крајот на идната пролет. Кав‘даречки Весни: Утревечер на полноќ ќе ја дочекаме новата 2017 година. Што посакува Александар Панов во новото лето господово? Александар Панов: Прво посакувам многу здравје на луѓето. Второ, бидејќи се наоѓаме во делиактен глобален политички момент, посакувам Македонија и Кавадарци да не се најдат на линијата на интересите на големите сили и да не бидеме монета за поткусурување во задоволувањето на туѓи интереси. Република Македонија е самостојна и суверена држава која треба достоинствено и сама да си ја гради иднината и институциите. Нормално е како млада демократија и од едната и од другата страна да правиме гршки, но ако Македонија ни е единствената алтернатива изградена на жртвите од историјата, тогаш треба да бидеме максимално сериозни и посветени кон иднината и стабилноста на нашата татковина. Оваа света земја ја наследивме од нашите предци, а ја позајмивме од идните поколенија. Токму затоа треба најсериозно да пристапиме кон нејзино зачувување и кон градење општа политичка кохезија, како и за прв пат од осамостојувањето креирање на договор меѓу сите политички чинители за неколкуте стратегиски точки околу кои несмееме да имаме различни ставови. Нека ни е среќна и бериќетна новата 2017 година, а на православнитехристијани им ги честитам и претстојните Божикни празници. Да живее Кавадарци, да живее Република Македонија. Димитар Мурџев

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ГО УСВОИ БУЏЕТОТ ЗА 2017 ГОДИНА 13 милиони евра ќе тежи општинската каса за 2017 година. Советот на општина Кавадарци со 13 гласови „за“, 4 „против“ и 1 „воздржан“ го усвои буџетот за следната 2017 година предложен од градоначалникот Александар Панов. Ова беше усвоено на 52 редовна седница на Советот на општина Кавадарци, која патем беше и последно собирање на советниците во 2016 година Во материјалната расправа по оваа точка од дневниот ред опозицијата обвини дека повторно бил креиран амбициозен буџет, а градоначалникот Александар Панов посочи дека бил подготвен реален буџет. Тој даде образложение на планираното собирање и трошење на народните пари. Рече дека првично буџетот бил планиран на 799.051.000 денари, а по прифаќањето на неколкуте амандмани од опозицијата и од мнозинството во советот буџетот достигна ниво од 809.596.000 денари или околу 13 милиони евра. „Основниот општински буџет е предвиден на 412.422.000 денари. За капитални расходи се планирани 190 милиони денари“ рече Панов и пред советот ги презентираше предвидените проекти кои ќе се реализираат во првата половина од следната година и тоа во делот на комунална изградба во урбаните и месните заедници. Панов се осврна и на капиталните проекти планирани за 2017. Најави изградба на нова детска градинка, доизградба на кејот на реката Луда Мара, доизградба на колекторскиот ситем, реконструкција на зградата на противпожарната единица, изградба на пешачки мост на ул. Шишка, реконструкција на училиштето во Марена и реализирање на проектот за последниот мост од Ваташа кон Моклиште. „Во изминативе години кажувавме дека се носат амбициозни буџети и имате нереално предвидување. Лани се реализира буџет од 9 милиони евра, а сега повторно се предвидува буџет од 13 милиони евра. Потребно е да носиме реален буџет кој ќе може да се реализира“ рече советникот од СДСМ, Зоран Бањански и подвлече дека

со нереалниот буџет се креирала слика дека постојано нешто се градело. Советникот Сашко Петров презентира повеќе амандмани. Дел од нив беа прифатени од градоначалникот, а дел одбиени. Градоначалникот по усвојувањето на буџетот им се заблагодари на советниците што го прифатија предложениот буџет. На седница беа усвоени и: одлуката за извршување на Буџетот на општина Кавадарци за 2017 година, одлуката за утврдување на вредност на бодот на платите на административните службеници, буџетскиот календар за подготовка и донесување на буџетот за 2018 и одлуката за благајнички максимум. Беа усвоени и програмите за уредување на градежно земјиште, за јавни и комунални дејности, за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта, како и програмите за јавна чистота и јавно зеленило. Советниците ги разгледаа и усвоија и програмите за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, за управување со отпад, програмата за развој на општината и за развој на невладиниот сектор и програмата за изработка и донесување на урбанистички планови. Со амандманска интервенција на советниците од опозицијата измени претрпе предложената програма за одбележување на годишнини на значајни настани и личности во општината. Тие предложија програмата да биде надополнета со одбележување

на родендените на ликовниот уметник Ристо Соколов и на академскиот сликар Глигор Чемерски. Советот донесе одлука и за надоместување на трошоците на граѓаните од општината кои набавиле горилник на плин за печење ракија. На седницата на дневен ред беа и програмите за култура и за социјална заштита и одлуката за избор на најповолна понуда во постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање услуги на паркирање. Одлуката за избор на најдобар понудувач за зонското паркирање беше усвоена со 11 гласа „за“ и 5 „против“ Опозицијата побара оваа точка да биде повлечена од дневен ред за да се подобреле одредени критериуми во тендерската документација, но таквиот предлог не беше прифатен. Подршка доби и програмата за работа на домот на културата „Иван Мазов Климе“ за следната година. По предлог на опозицијата беше прифатено, на завршната изложба на Здружението на ликовни уметници на град Кавадарци да се доделува награда „Глигор Чемерски“ секоја година за најдобри постигнувања на одреден уметник кој покажал резултати во годината. Едногласно беа усвоени и програмите и финансиските планови за работа на ЈП „Комуналец“ и МХЕЦ „Лукар“. Советникот Сашко Петров поднесе амандман за програмата на „Комуналец“ со кој побара во населбата Моклиште да се изгради канализациона и водоводна мрежа. Амандманот беше прифатен од директорот на ЈП „Комуналец“, Илија Атанасов кој нагласи дека прво е потребно општината да изготви документација, а „Комуналец“ имал пари за да се реализирал тој проект. Претседателката на советот Горица Пеливанова Вилхем упати благодарност до советниците и до службите на општина Кавадарци за соработката во оваа година, а воедно упати честитки по повод новогодишните и божиќните празници до сите граѓани. Работата на Советото на општината во овој состав ќе продолжи во јануари 2017 година, а мандатот на овој совет и на градоначалникот завршува во средината на 2017 година кога треба да се одржат локални избори во Македонија. Ангел Данов

3


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО ПРЕКИНАТА ДОМИНАЦИЈАТА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ВАТАША НА ОПШТИНСКИОТ ЕКО КВИЗ

Победници на годинашниот екоквиз се учениците од Основното училиште „Страшо Пинџур“ кои ја прекинаа двегодишната доминација на врсниците од „Димката Ангелов-Габерот“ од Ваташа. На третиот општински натпревар вкупно 18 петто одделенци во шест екипи по тојца, ги бранеа боите на своите училишта учествувајќи на „Еко-квиз“ натпреварот од областа на заштитата на животната средина. Квизот кој полека прераснува во традиција го организираат компанијата „Фени Индустри“, еколошкото друштво „Тисовец“ и општината Кавадарци. Ваквиот квиз има за цел да се вложуваат континуирани напори за учество на повеќе општествени субјекти во градењето на концептот за соодветно еколошко и општествено одговорно однесување од најмала возраст, притоа земјаќи ги во предвид програмските активности предвидени во соодветни образовни програми за деца. Првиот човек на Кавадарци, градоначалникот Александар Панов смета дека ваквите натревари преку кои уште од најмала возраст се придонесува за значењето на животната средина и нејзино зачувување треба да бидат почести и да станат традиција. „Општината

целосно стои зад овој тип на вонучилишни активности. Ние во секој поглед ќе помагаме постојните да се развиваат, а во истовреме и да се воведуваат нови натпревари во сите други области“ рече Панов. „Имајќи го во предвид фактот дека вредносните ставови се градат од најмала возраст се очекува овој проект да има влијание врз формирањето на елементарните еколошки навики кај учениците. Во тој правец ваквиот натревар придонесува за подобрување на условите во животната средина“ смета Ана Андова, претставник од компанијата „Фени Индустри“. Сашко Данов, извршен директор на еколошкото друштво „Тисовец“ во обраќањето истакна: „Учениците, борејќи се храбро, се спротивставија на незнаењето и победија со своето знаење за почиста еколошка средина и квалитетно живеење. 18-те учесници кои се натпреваруваа во финалето претходно се докажаа во селекција од 341 ученик во која немаше губитници, бидејќи секој ученик излезе со многу знаења кои ќе му послужат во понатамошниот живот. Како еколошко друштво „Тисовец“ имаме интенција овој натпревар да прерасне во регионален или државен“ рече меѓу другото Данов. Во последните три години своите знаења од сферата на екологијата и заштита на животната средина ги збогатија 1075 ученици што не е ни малку бројка за потценување. Секако во нивните успеси несебично се вклучиле членовите на семејствата и наставниците од училиштата. Марјан Димитров

БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО ДЕНОВИТЕ НА ЕНОРМНО ЗАГАДУВАЊЕ Во правец на намалување на аеро загаденоста градоначалникот Александар Панов одржа средба на сите релевантни фактори со цел да се тргне со практични мерки за да се намали штетната емисија на честички кои вршат загадување на градот. На средбата беа поканети претседателот на Регионалната стопанска комора, командирот на Полициската станица од општа надлежност Кавадарцим, командирот на сообраќајната полиција, менаџерите на Екстра бус, Кам-Смарк, Сам-Вел Компани, Градба Промет и други субјекти и претставници на Локалната самоуправа за да се стартува со првата интервентна мерка.

4

Се работи за воведување на бесплатен автобуски превоз за сите граѓани на Општина Кавадрци на релација од Ваташа до Сопот и релација до Новиот центар. Автобусите ќе сообраќаат на секој половина час и ќе бидат бесплатни. Целта е да не се употребуваат моторните возила, за да се намали аеро загадувањето. Оваа мерка ќе се применува засега 10-сетина дена за да се видат ефектите, а ќе се прекине штом ќе има проветрување на воздухот на ова подрачје. Овој обид се прави со цел граѓаните сами да сватат дека решението на проблемот не зависи од никој друг туку од секого посебно, а секој поединечно треба да даде придонес како би го заштитиле своето и здравјето на нашите сограѓани. Покрај оваа мерка во опција се субвенционирање при купувањето на печки на пелети и слични решенија за намалување на користењето на цврсти и течни горива во затоплувањето на домовите. Марјан Димитров

КАВАДАРЧАНИ СЕ ГУШАТ СО ПМ10 Повторно во декември ПМ 10 честичките во Кавадарци се континуирано над максимално дозволените 50 микрограми на метар кубен (мг/ м3). Ова го покажуваат резултатите од мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање лоцирана до ООУ „Гоце Делчев“. Вредностите покажуваат големо пристуство на штетните ПМ 10 честички во воздухот во Кавадарци. Овој декември највисокото ниво на загаденост е регистрирано на 19 во месецот, кога околу 18 часот воздухот бил екстремно загаден. Мерењата покажуваат 538 мг/м3. Науката вели дека ваквото загадување го предизвикуваат издувните гасови од автомобилите, согорувањето на дрва, јаглен и други материјали со кои се затоплуваат домовите, но и се користат за казаните за варење ракија. Исто така свој удел имаат и фабриките и енергетските постројки. Препорака до сите граѓани е да не излегуваат надвор без посебна потреба, бидејќи возухот е екстремно

загаден и може да има негативни последици по здравјето, особено за лицата кои имаат проблеми со респираторниот систем. Кавадарци и минатата зима беше меѓу најзагадените градови во земјава со ПМ 10 честички. За загадувањето раправаше и советот кој усвои неколку заклучоци. Лани советот одлучи ЈП „Комуналец“ два пати неделно да врши миење на сите улици, камионите да го заобиколуваат градот, да се намали употребата на јаглен за затоплување на домовите, а медиумите редовно да ги информираат граѓаните за загаденоста. Aнгел Данов

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ СО ПРЕПОРАКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ Над дваесет денови концентрацијата на ПМ 10 честичките во Кавадарци е неколкукратно над дозволеното. Кавадарчани дишат загаден воздух. Во поравец на зголемување на свеста кај граѓаните општина Кавадарци упатува Апел со низа препораки за намалено аеро загадување: Се препорачува: редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветните метеоролошки услови. Препораки до граѓаните: Почесто да го користат јавниот превоз, да не ги користат возилата без поголема потреба, да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време. да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани

или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал. Препорака до градежните фирми е да се избегнува палење на остатоци од градежниот шут на отворен простор. Истиот задолжително да се транспортира до депонијата „Мелци“. Општината го задолжи инспекторот за животна средина да изврши дополнителни контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при затоплување на просториите со неедозвиолени горива да преземе соодветни мерки. Општината ги замолува граѓаните доколку забележат или регистрираат активности кои придонесуваат за дополнително загадување на воздухот и животната средина, истите да ги пријават задолжително кај инспекторот за Животна средина во соба бр. 14 во општината Кавадарци.


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

ЗЕЛЕНОТО ВИНО

НА ПРОФЕСОРОТ ВЛАТКО ТАСЕВ

Два месеци откако шпанската компанија „Гик“ го промовираше првото сино вино, и го сврте вниманието на винската јавност врз себе, во Македонија е произведено првото зелено вино, кое со својата изразита боја, делува и тоа како примамливо и атрактивно. Иноватор на овој експеримент е професорот Влатко Тасев од Кавадарци кој вели дека во својата винска работилница креирал зелено и сино вино уште пред десетина години, но никогаш не ги промовирал истите. Направени од одбрани зрна грозје од најдоброто тиквешко грозје, за разлика од шпанското сино вино, и зеленото и синото вино на професорот Тасев се целосно органски и ги содржат сите вински карактеристики, особено оние кои важат за белите сортни вина. Потврда за нивниот квалитет се и бројните пофалби кои пристигнуваат од сите оние кои допреле до неколку голтки од првото зелено вино во светот, а Тасев со задоволство го споделува. Иноваторот Влатко Тасев објаснува: „Практично се работи за промена на пигментот кој е составен од природни материјали. Виното е такво какво што е, и не менува ниту мирис, ниту вкус. Воглавно е мешавина од бели сорти, но има и еден мал дел на црно грозје во составот за да ја доби онаа убава индиго боја. Рецептот е мала семејна тајна. Мно-

гу често мои пријатели и познаници бараат рецепт и за мојата ракија, кој го споделувам со нив, но на крајот секогаш останува нешто што не се открива. Зеленото вино официјално сега го промовираме, иако на оваа тема со еден колега експериментиравме уште пред десетина години, и правевме и сино и зелено вино. Беше интересно, возбудливо, за некого и смешно, но во најголем дел од случаевите ексклузивно. Овој начин на претставување на виното го експериментиравме од поодамна, но можеби тогаш не било созреано времето за вистинска промоција. Наша инспирација да ги направиме синото и зеленото вино беше потребата за промена, за експериментирање, за нешто сосема ново. Виното е производ на боговите, еликсир на младоста, големи зборови кои значат многу, но сепак секогаш се бара нешто ново. Секој нов производ го пробувам одредено време, па потоа го споделувам со пријателите. А зошто доесга не сум се промовирал пошироко, одговорот е јасен. Како што Македонија е мала во светски рамки, така и сум јас мал производител во Македонија, па не знам дали би успеал да го пробијам овој производ на глобалниот пазар, за разлика од Шпанците кои се многу блиску до французите и италијанците по нивото на винската култура, и со добра реклама успеале да го пробијат синото вино, кое сепак е добро за промена. Во едно сум сосема сигурен дека додека има душа во мене, меракот за производство на убави вина нема да престане. Всушност, мислам дека сме вљубени еден во друг, тоа во мене, а јас во виното“. www.vinotika.com

ПЛАНИНАРСКО ПРИЗНАНИЕ ЗА КАВАДАРЧАНЕЦОТ ЈОЖЕ ЗМАЈШЕК

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) го одбележа Светскиот ден на планината 11 декември. ФСПМ се придружува кон одбележувањето на овој ден, прогласен со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита. Во рамки на одбележувањето се одржаа планинарски тури чија крајна дестинација беше Спортско рекреа-

тивниот центар Матка, каде во Планинарскиот дом попладнето се одржа и официјалниот дел од одбележувањето. Првата планинарска патека беше СкопјеВодно-Матка, втората Матка/Манастир Успение на пресвета Богородица - Свети Спас - Света Недела - Свети Андреа. Првиот марш беше во должина од околу 17 километри или над 5 часа одење, а се одвиваше од Водно по сртот до Матка, а вториот со должина од околу 8 километри опфати посета на три манастири и одење од околу 8 часа во реонот на Матка. Вториов марш според Никола Минчоров од планинарското друштво „Орле“ бил доста напорен со оглед на стрмниот терен. На пригодната свеченост на крајот од пешачењето претседателот на Планинарскиоот сојуз на Макдонија Јовица Угриновски додели награди и признанија за најдобрите планинарски друштва во земјава меѓу кои спаѓа и кавадаречкото, планинарското друштво „Орле“, а еден од основачите, Јоже Змајшек доби посебно признание за неговата самопрегорна работа сите овие години од 1961 година, кога е основано нашето друштво. Дружењето заврши со заеднички ручек, топло вино и ракија. Прекрасна средба, велат оние кои беа на Матка, а ги имаше од цела Македонија вклучувајќи и од Кавадарци и Неготино. кавадар4е

ЗА ПОДОБРО СТОПАНСТВО РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА КОМОРА Е ПРОТИВ ПОДЕЛБИ ПО СЕКАКВА ОСНОВА По одржаните средби со двете најголеми политички партии во земјава во рамките на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори, во јавноста се произнесе претседателот на Регионалната стопанска комора Кавадарци, м-р Митко Јанчев. Тој информира дека на средбите политичките партии ги презентирале своите програми во делот на економијата, која што најмногу ги засега бизнисмените од регионот. Членките на регионалната Стопанска комора се едногласни во ставот дека: „Неопходен е крај на политичката криза која што во Република Македонија трае повеќе од две години“. Во име на комората претседателот Јанчев понатаму вели „Сметам дека итниот прекин на кризата е еден од битните предуслови за реализирање на планираните активности и инвестиции на бизнис секторот во овој регион. Бизнис секторот е против било каква поделба во државата, по било кој основ, без оглед дали е тоа етничка, верска или политичка припадност, кои можат да предизвикаат насилство, омраза и подвоеност помеѓу граѓаните, односно сме против било каква политичка игра против идентитетот, суверенитетот и

унитарноста на Република Македонија и сите се залагаме за единствена и мирна Македонија“ нагласува Јанчев во писменото обраќање до јавноста. Понатаму се наведува дека Регионалната стопанска комора Кавадарци е против воведувањето на двојазичност и други форми на повеќе јазичност на територијата на Република Македонија, од причина што во земјава, тоа прашање е апсолвирано во Уставот и Законот за употреба на јазиците. „Регионалната комора Кавадарци смета дека било какво воведување на федерализација и кантонизација, што во основа е со исто значење, и со тоа менување на унитарноста и давање на поинакви овластувања и ингеренции на локалната самоуправа во сите сфери на општествено живеење, а особено во сферата на стопанството ќе значи негов регрес и стопирање на прогресот кој е во тек“ пишува Јанчев Ангел Данов

ЧЕСТВУВАЊЕ ПО ПОВОД 74 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА СТРАШО ПИНЏУР На 4 јануари (среда).2017 година пред Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур, со почеток во 11 часот ќе се одржи чествување по повод 74 години од убиството на еден од најголемите револуционери и борци за слобода од поновата историја на македонскиот народ, Страшо Пинџур. Страшо Пинџур е роден на 5 март 1915 г. во Струмица каде што неговиот татко извесно време работи како учител. Рано останал без татко кој во октомври 1915 г. загинал Првата светска војна во борбите кај Криволак. По премажувањето на неговата мајка за него единствено се грижи неговата баба Наста на која ќе и остане приврзан до крајот на својот живот. Завршил основно образование во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Потоа како државен стипендист го продолжил своето образование во Крагуевац. Тука започнува и неговата револуционерна дејност. Страшо иако релативно многу млад жестоко му се спротивставил на српскиот психолог Василие Правуловиќ, кој за македонците тврдел дека се прост и необразован народ. Во Белград Страшо се запишал на Правниот факултет и станал член на културно просветното друштво „Вардар“, а бил и негов секретар. Во напредното студентско движење се вклучил во студентскиот Акционен одбор, кој ги организирал сите студенски демонстрации. Во текот на 1938 г. се обидел да се приклучи кон меѓународните интернационални бригади во Шпанија, но поради затворањето на границите со Франција бил приморан да се врати назад. Во 1938 г. поради револуционерна дејност е уапсен и затворен во затворот Ада Циганлија во Белград. Во 1939 г. заедно со Ристо Михов и

Ѓошо Бојаџиев ја обновуваат работата на КП за Кавадарци. Во 1940 г. бил повторно уапсен и повторно затворен во Ада Циганлија. По пуштањето од затвор се вклучил во работата на партиската организација во Скопје и станал инструктор во Покраинскиот комитет на КП, а веднаш потоа и негов член. Страшо Пинџур бил секретар на МК на Скопје и е еден од најзаслужните за формирањето на Скопскиот партизански одред. Во јуни 1942 г. Страшо е член на Главниот штаб НОБ на Македонија. По разбивањето на партизанскиот одред „Димитар Влахов“, заедно со Мирче Ацев биле испратени во Велес да ја средат работата на партиската организација во овој град. Кон крајот на декември 1942 г. се уапсени во куќата на Јован Митрев и се спроведени во Скопскиот областен затвор. По невидена тортура во која учествувале неколкумина бугарски агенти, Страшо Пинџур починал на 4 јануари 1943 г., како резултат на жестокото тепање. Неговото тело е изнесено од затворот и закопано на непозната локација, така да и денес не се знае каде е неговиот гроб. Страшо Пинџур е прогласен меѓу првите во Македонија за народен херој на 20.07.1945 година. Петре Камчевски

5


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО РОТАРИ КЛУБОТ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ДЕЦАТА НА КАВАДАРЦИ

Ротари клубот од Кавадарци ја продолжува традицијата да помага во заедницата, таму каде е најпотребно. Годинава, по седми пат се одржа донаторска забава во ресторан „Бриони“. На едно место беше собрана бизнис заедницата од Кавадарци. Претседателот на Ротари клубот Бранко Колев најави дека годинава со собраните средства ќе се финансиираат два проекти. Ќе се реновираат детското одделение во Општа болница Кавадарци, како и салата каде вежбаат играорците од КУД „Тиквеш“ кое работи во склоп на домот на културата „Иван Мазов-Климе“. Се одлучивме за овие два проекти бидејќи ја следиме нашата максима „За децата на Кавадарци“. Да дадеме помош таму каде е најпотребна. Средствата кои ги собира ротари клуб Кавадарци, доаѓаат од чланари-

на која ја плаќаат членовите, донациите кои ги плаќаат компаниите од Кавадарци и од оваа донаторска забава“, рече Колев. Благодарност за донацијата искажа директорот на Домот на културата, Владимир Темков. „Пријатно сме изненадени од одлуката на ротари клубот. Во фолклорниот ансамбл кој работи повеќе од 50 години членуваат повеќе од 150 деца, поделени во 4 групи. Во изминативе години домот на културата изврши реновирање на сите простории и остана уште салата за играорците, па еве има добри луѓе кои се сетија и донираат за домот на културата“ рече Темков. На официјалниот дел од ротаријанската донаторска забава настапи КУД „Тиквеш“ со сплет од македонски народни песни и ора. Aнгел Данов

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ВОЛОНТЕРИЗМОТ

По повод Меѓународниот ден на волонтеризмот, на 5-ти декември Младински центар „Креактив“ Кавадарци во соработка со Младински информативен центар „Инфо сега“, Здружение за соработка и јакнење на младите (АЦЕ) и со Црвен крст Кавадарци, организираше традиционален информативен настан за младите граѓани. Посетителите на настанот имаа можност да добијат повеќе информации за работата, можностите и услугите коишто ги нудат овие ор-

6

ганизации, да се потсетат, но и да ја разберат важноста на волонтеризмот во заедницата. Покрај информативните штандови, на градскиот плоштад, организаторите приредија и различни интерактивни игри и квизови во коишто младите посетители можеа да се активираат и низ тоа да се запознаат. Овој настан, Младински центар „Креактив“, во соработка со останатите младински организации од градот, традиционално го организира секоја година. РТК

Е-ТВИНИНГ ВО „ТОДЕ ХАЏИ-ТЕФОВ“

Во општинското основно училиште „Тоде Хаџи-Тефов“ од Кавадарци се одржа е-твининг мини конференција која беше организирана од страна на Националната агенција за европско образование и мобилност. Конференцијата беше одржана во ова училиште затоа што активно учествува во изработка на е-твининг проекти и има добиено многу награди и признанија во Македонија и во Европа. Мини конференцијата ја отвори господинот Никола Нешковски, директор на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“, а помеѓу другите присутна беше и госпоѓата Мила Протуѓер, раководител на одделението е-твининг, која даде краток вовед во итвининг. Е-твининг е дел од програмата Еразмус+ која се спроведува од страна на Националната агенција

за европско образование и мобилност. Елизабета Филипова, наставничка по англиски јазик и е-твининг амбасадор во Р. Македонија, презентираше неколку проекти кои имаат освоено награди меѓу кои и проектот „Млади научници“ за кој училиштето ја доби европската итвининг награда „Марија Склодовска Кири“. Општинското основно училиште „Тоде Хаџи-Тефов“ е првото училиште во Македонија кое има добиено европска е-твининг награда. Учениците од шесто одделение ги споделија своите искуства од нивната работа на итвининг проектите. На мини конференцијата присуствуваа наставници од градинките, основните и средните училишта од Кавадарци. ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“

„БИДИ ПОРАЗЛИЧЕН-ДОЧЕКАЈ ЈА НОВАТА ГОДИНА СО СПОРТ“

Под ова мото стотина деца од ООУ „Страшо Пинџур“ во Спортската сала „Партизан“ ја покажаа својата детска креативност и спремност преку игра и спорт да се вклучат во дочекот на новата година. „Во ова манифестација се вклучени сите ученици од прво до петто одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци, заедно со своите наставници. Целта ни е преку игра и рекреација на поинаков начин да ја дочекаме Новата година. Теренот е поделен на 8 секции, и секој содржи посебна активност која треба да се заврши за да се постигне резултат. Сето е орга-

низирано на начин соодветен на возраста на децата“ вели наставничката Софија Јосифова која ги координара сите поединости на овој проект. На трибините забележавме, родители, баби и дедовци роднини на децата. Атмосверата беше предновогодишна и спортска, за што се погрижија најмалите од прво одделение кои на почетокот изведоа посебна игра со новогодишна кореографија. Севкупно нешто ново, надвор од клишето досега познато кое се прави за децата за Нова Година. Марјан Димитров


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО ЗАТВОРЕНА „КАВАДАРЕЧКА КУЛТУРНА ЕСЕН 2016“

Околу 70 настани од културата за 70-сетина дена, од сите области на културните дејности, со бројни посетители и анимирање на многумина кои во културата го вложуваат својот потенцијал и креативна моќ. Вака би можеле да го сублимираме крајот на Кавадаречката културна есен, која во петокот беше окончана со изложба на уметнички фотографиии на Димитар Чунговски-Чунга и концертот на труба на Златко Јованов и неговите пријатели. Директорот Владимир Темков кој е главниот двигател и аниматор во културата последниве години, и овој пат успеа да ги спои уметничката фотографија и музиката. Тоа се две различни уметности кои имаат заеднична нота, откиваањето на внатрешниот свет кој е индивидуален за секого посебно. Изложбата на уметничка фотографија на Димитар Чунговски-Чунга кој е еден од најзначајните македонски фотографи предизвика голем интерес кај кавадарчани. Тој да потсетиме не се води од промислата дека значењето на авторот не се мери според бројот на создадените фотографски творби туку според творечкиот замав и уметнички ефект. Концертот на Златко Јованов,

актуелен директор на ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ се одржа во големата сала на Домот на културата „Иван Мазов Климе“. Трубата која е негов инструмент Јованов успеа сите овие години да ја всади како омилен инструмент на многу генерации ученици во кавадаречкото основно училиште, кои пак потоа завршија средно образование и факултет и сега се вработени во некоја институција или лебот го вадат токму од трубата. Горд на тоа, потврда Златко имаше и од неговиот голем пријател, Љупчо Коскаров, поранешен директор на Македонската филхармонија и СМУ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Пред љубитерите на музиката, настапија млади и повозрасни музичари на труба, омилениот инструмент кој плени многумина. На програмата беа популарни мелодии и дела кои се изведуваат во наставата и на факултетите за музичка уметност. Публиката ги награди со голем аплауз. И покрај завршувањето на кавадаречката културна есен, културните активности продолжуваат со несмален интензитет, па кавадаречката јавност може да очекува уште неколку интересни настани до крајот на тековната година. Марјан Димитров

„ЛИКОВНА ГРУПА 5“ СО ИЗЛОЖБА ВО КАВАДАРЦИ садник на уметници од врвен калиОбединети под бројот пет, петтемина големи ликовни уметници и пријатели Владимир Темков, Данчо Ордев, Илија Кочовски, Димитар Мичо Кочевски и Драган Најденовски, се претставија пред кавадаречката ликовна јавност на заедничка изложба каде промовираа мал дел од својот најнов ликовен опус. Обраќајќи се пред присутната публика од позиција на учесник, но и организатор на изложбата, Владимир Темков честитајќи им го на присутните празникот Свети Климент Охридски на присутните, напомена дека Кавадарци одсекогаш бил ра-

бар, овој пат посочувајќи ги театарската критичарка Лилјана Мазова и обоистката Гордана Јосифова-Неделковска кои денес ја добија државната награда „Свети Климент Охридски“. Во продолжение, за изложбата која носеше наслов „Ликовна група 5“ зборуваше професорот Данчо Ордев, кој меѓу другото рече дека почитта и пријателството помеѓу сите петтмина автори е огромно. Во продолжение, Ордев кој е професор во пензија, потенцираше дека изложбата во ваков формат е достојна да биде поставена во било која светска галерија, затоа што се работи за дела од пет врвни македонски автори. Изложбата беше збогатена со настап на млади пијанисти и солисти, како и со промоција на новите вина од сортата „Станушина“ на винаријата „Наумчеви“ и говор на боемот Душко Стефанов. кавадар4е

КОНЦЕРТ НА ФЛЕЈТА И ПИЈАНО

Концерт на флејта и пијано во Кавадарци одржаа музичките уметници Силвана Чулева-Атанасова и Емилија Кабранова-Филипова, инаку професорки во Основните музичко балетски училишта од Кавадарци и Неготино. „Вечерашниов настан и оние што следуваат, се показател дека кул-

турните збиднувања во градот продолжуваат и понатаму со несмалено темпо и покрај затворањето на манифестацијата „Кавадаречка културна есен“, во чии рамки за шеесетина дена имавме седумдесетина културни активности“, рече во своето обраќање пред присутните Владимир Темков, директор на кавадаречкиот културен дом „Иван Мазов Климе“. Тој рече дека двете професорки редовно приредуваат пријатни изненадувања од областа на музиката, за културната јавност од Кавадарци и пошироко. Имаат освоено бројни награди. кавадар4е

КОНЦЕРТ НА ЕТНО ХАРМОНИКА НА ИЛЧО ЈОВАНОВ

Концерт на етно хармоника одржаа синоќа во Кавадарци професорот Илчо Јованов и студентите од неговата класа, од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. На програмата беа композиции од познати македонски автори, македонска народна инструментална и новосоздадена музика. „Пред четири години отворивме отсек за етно хармоника. Станува збор за прво вакво нешто на овие простори, за негување на наша-

та традиција. Бидејќи не е можно дрво без корен, затоа мораме да ја сакаме и негуваме нашата традиција, во услови на наплив на музика од страна“ рече професорот. Концертот беше реализиран во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе“. Директорот на оваа културна установа Владимир Темков ја нагласи традиционалната соработка со Факултетот за музичка уметност при Универзитетот од Штип. РТК

ПРОМОВИРАН „АЛМАНАХ БР. 5“ НА КАВАДАРЕЧКИТЕ ПОЕТИ Во четвртокот на 22 декември 2016, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци се одржа промоција на Алманах бр.5 – „Прошетки на зборот“ на Здружението на писатели „Тиквешки цветови“ Кавадарци. Во Алманахот бр.5 се поместени поетски творби на 28 поети

од Кавадарци, од различни генерации, од познати автори до нови имиња. Издавач на книгата е Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, а во продукција на Здружението на писатели „Тиквешки цветови“ Кавадарци. Димитар Мурџев

7


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО ФИЛИП РИЗОВ СПОРТИСТ ЗА 2016 Доминацијата на борците од клубот за боречки вештини „Будо“ на завршниот избор на спортист на годината продолжува и годинава. Откако минатата година Филип В'чков го доби признанието за спортист на градот, годинава бројните успеси на националните и интернационалните турнири и првенства, од кои последното на турнирот во Ниш, за што доби и повик во националниот кик-бокс тим, сосема заслужено му го донесоа признанието за најдобар спортист на Кавадарци за 2016 година.

Со пласманот на „Фени Индустри“ во четирите најдобри во македонското кошаркарско првенство и предводењето на репрезентацијата до 20 години, како и одличниот ефект во новата сезона, го промовираа Љупчо Малинков во најдобар тренер, додека кошаркарскиот клуб „Фени Ин-

дустри“ во најдобар спортски колектив за изминатата година. Владанка Аврамова која заокружи уште една успешна година освојувајќи бројни медали и признанија од турнирите ширум Македонија и Балканот е најдобар млад спортист, додека Лазе Мицев кој и годинава успеа да го стави Кавадарци на мапата на светските тениски центри, го доби признанието за најдобар спортски работник. Неуморното известување од сите спортски арени и годинава му го донесоа признанието најдобар спортски новинар на Мики Виденовиќ, додека годинава специјално признание за особени достигнувања во спортот во Кавадарци му беше доделно на Горан Самарџиев кој ја заврши својата кариера како професионален кошаркар. Од екипните спортови, Александар Ангелков е прогласен за најдобар фудбалер, Марјан Велков со најдобар ракометар, Милан Милков за најдобар кошаркар, најдобри кошаркари се Цветанка Димитрова и Ивона Крстева, а Видан Станоев за најдобар футсал играч на град Кавадарци за 2016 година. Даниел Уневски

ДАЛИ 2017 ЌЕ ДОНЕСЕ НОВА ПРОЛЕТ ЗА КАВАДАРЕЧКИОТ ФУДБАЛ Фудбалско Кавадарци одбројува до крајот на уште една година во која привремената промена на името на фудбалскиот клуб „Тиквеш“ во „Љубанци“ е единственото нешто по кое ќе биде запаметена. Иако резултатите од настапот во третата по ранг македонска фудбалска лига беа реално мерило за можностите и нивото на кавадаречкиот фудбал во моментот, желбата да се оди чекор погоре и да се игра во втората македонска фудбалска лига донесоа се, освен добро за кавадаречките љубители на фудбалот. Револтот од административната промена на името дополнително ја намали и онака слабата посетеност на градскиот стадион, надополнето со ангажирањето на тренер со сомнително тренерско искуство и носењето на играчи со уште посомнителен квалитет предизивикаа незадоволство кај сите оние кои на било каков начин се вложуваа себе си во клубот, се рефлектираше на резултатите, па на ре-

8

чиси на половина од шампионатот, „Тиквеш 2014“ е закован на дното од втората македонска фудбалска лига, со само 2 победи и едно реми, и најлоша гол разлика од сите конкуренти. Дополнително, бизнис секторот продолжува успешно да го „дрибла“ и раководството, и играчите и локалната самоуправа, па неодржливото финансирање со општински пари е очигледно, иако стадионот кој беше посочуван како главна пречка за неинвестирање во фудбалот е вратен во сопственост на градот. Новата година дефинитивно ќе донесе промени, барем во административен план, „Тиквеш“ ќе го врати своето име, а тендерската постапка која заврши паднатиот ѕид на градскиот стадион и неколку инфраструткурни зафати за негово оплеменување. За резултатските успеси и опстанок во второлигашкото друштво ќе треба добро да се испотат најпрво бизнисмените, а потоа и играчите и тренерит.

ДОМАШНИТЕ КОШАРКАРИ СТРАТЕШКА ОПРЕДЕЛБА ВО 2016 Со победата над „Пеќ“ од 90:88, КК „Фени Индустри“ и официјално ја затвори календарската 2016 година, која судејќи по се она што беше поставено како цел, нo и со оглед на ситуацијата во компанијата, може и треба да добие сосема позитивна оцена. Пласманот во најдобрата четворка во минатата сезона секако не е за потценување, особено што во последниот години има дури шест квалитетни екипи кои што можат да се надигруваат и секако, финансиската супериорност на „МЗТ Скопје“ кој доминира во последните сезони во домашниот шампионат. Летната пауза годинава освен промените во ростерот, значеше и крај на блескавата играчка кариера на Горан Самарџиев, но и почеток на новиот предизвик, овој пат како тренер и координатор на младинските екипи во клубот. Втората половина од годината, или ако повеќе сакате првиот од сезоната 2016/2017 ја промовираше долгорочната стратегија на тимот, која уште сега ги дава првите резул-

МЛАДИ ИГРАЧИ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА НА РАКОМЕТОТ

тати. Одлуката да се инвестира во македонските кошаркари, надополнето со неколку искусни играчи од страна очигледно е правилна, затоа што по осум одиграни кола, „Фени“ е на делба на првото место со скор од седум победи и еден пораз. Дополнително, по четири години, „Фени“ повторно се врати и во балканската БИБЛ лига, што е предизвик на кој засега избраниците на Малинков одговараат одлично, па и покрај згуснатиот распоред, по осум одиграни натпревари го делат врвот во групата Б со тимот на „Сутјеска“, потврдувајќи дека годинава се кадарни да вратат барем еден од трите трофеи кои се во игра. Доминацијата на борците од клубот за боречки вештини „Будо“ на завршниот избор на спортист на годината продолжува и годинава. Даниел Уневски

КАВАДАРЧАНЕЦОТ И ДУХОТ ОД ШИШЕТО Додека го расчистувал подрумот, Кавадарчанецот нашол некое многу старо шише. Се израдувал од помислата дека во шишето има некој кој знае колку стара ракијата. Но, од возбуда го испуштил шишето, тоа се скршило и од него излегол дух.

Со една единствена цел, да се врати интересот кон ракометот, градскиот ракометен клуб „Тиквеш“ од Кавадарци заокружи уште една година во која резултатите беа во втор план. Работата на професорот Блаже Велков со тимот во кој искуството го носат Марјан Велков, Тоше Димитриев и Ѓорѓи Велков е очигледна и дава резултати, па веќе во тимот созреваат неколку одлични играчи кои уште долги години ќе можат достојно да го носат дресот на кавадаречкиот тим, пред се Васил Витанов, Антонио Виденовиќ, Тодоров Лазе и Станков Ангел, но и оние помладите кои допрва ќе треба да го изградат и потврдат своето ракометно име. Дополнителна причина за радост на љубителите на ракометот е и големиот интерес за учество во младинските ракометни академии на „Вардар ДБ“ и „Тиквеш-Металург“, кои веќе имаат свој системи на натпреварување, што е од особена важност за напредокот на секој млад спортист. Даниел Уневски

Духот: - Ти си мој спасител и затоа ќе ти исполнам една желба. Кажи ја! Кавадарчанецот помислил малку и рекол: - Сакам шишето пак да е цело, да е полно со најубава ракија и таа никогаш да не завршува. Духот: - Готово! Тогаш духот одлетал некаде, а кавадарчанецот и ден денес се обидува да го отвори шишето...

Илија Пемов А Ф О ПЕ Р И З М И Народе пушти ја брадата - власта ќе те бричи. Петар Наневски

Општинско јавно гласило Издавач: Локална самоуправа Кавадарци Уредник: Димитар Мурџев Лектор-коректор: „Европа 92“ Печати: Печатница „Европа 92“ Кочани Бесплатен примерок


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.