Memory Walk – Прирачник за професори

Page 41

Краток филм 3: Споменици Скопје 2014 ●

За што е овој споменик?

Овој краток филм го претставува проектот „Скопје 2014“ кој целосно го промени Скопје како град. Проектот се состои од 34 споменици и уште 39 скулптури кои би требало да ја претставуваат Македонската историја и „да го пополнат недостатокот од уметност“ во градот. Бидејќи проектот се состои од голем број на споменици, филмот се бави со проектот како целина, а не со специфични споменици. Краткиот филм се бави со влијанието кое „Скопје 2014“ го има на луѓето кои живеат во Скопје и во Македонија, но и на туристите. ●

Кои дилеми или контроверзии се поврзани со овој споменик?

Овој краток филм ги отвара прашањата за транспарентност, финансиска оправданост, идентитет и историја. Луѓето во Македонија се остро поделени околу овие прашања. Едната страна тврди дека тоа е оправдан начин да се трошат парите на даночните обврзници, дека го прави поубав главниот град на Македонија и е поврзан со историјата на Македонија. За другите, проектот е трошење на огромни пари од даночните обврзници (приближно 550 милиони евра, што е 7 пати повеќе отколку што владата вети дека ќе потроши на тој проект). Постојат докази дека проектот не се спроведува на фер и транспарентен начин. Многу луѓе ни не сфаќаат што тие споменици претставуваат или се спротиставуваат на толку драстична промена на изгледот на градот. ●

Предлог прашања за дискусија после гледањето на краткиот филм.

1. Кој треба да одлучува за тоа кои споменици ќе се изградат? 2. Како треба да се финансираат спомениците: со приватни или со државни средства? 3. Дали спомениците се ефикасен начин да се научи историја и да се „пополни недостигот на уметност“? 4. Кои клучни историски настани би требало спомениците да ги претставуваат? 5. Славенка Дракулиќ, Хрватска писателка, еднаш напиша (​Internationale Politik​, февруари 2011.) дека државите на поранешна Југославија имаат „премалку историја, а премногу сеќавање“. Како е можно да има „премногу сеќавање“ со градење на споменици? ●

Дополнителна литература/домашна задача

1. Прочитајте (АНГ/МАК) за проектот „Скопје 2014“ ​http://skopje2014.prizma.birn.eu.com или прочитајте (АЛБ) ​http://portalb.mk/tag/shkupi­2014/ 2. Прашајте ги учесниците/чките за што друго би можеле да се искористат спомениците кои се дел од проектот „Скопје 2014“ и кои последици би можеле да настанат од тоа. Дискутирајте ги можните реакции на различни луѓе во градот (повеќе различни ставови можете да прочитате овде (АНГ) овде: http://www.balkaninsight.com/en/article/battle­for­skopje­facades­takes­off Како вие би реагирале? Ако сте против таков проект како можете да се спротиставите како граѓанин/ка? 40


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.