Содржина:
Публикацијата опфаќа прашања од интерес на младите а посебно поврзани со разојвот на локалните младински совети како форма на младинско учество.
Публикацијата ги сумира искуствата од развојот на локални младински совети во: Центар, Чаир, Тетово, Липково, Велес, Кратово, Неготино, Битола, Кичево, Струга, Дебар и Делчево,
Публикацијата опфаќа и поглавја за механизмите за унапредување на учеството на младите, младинското учество на европско ниво, национално младинско организирање, младинска работа и волонтерство.
Публикацијата е издадена со поддршка на Европската унија.
Автори: Бранкица Георгиевска, Маја Петровска, Дејан Ристов, Валерија Соколова, Емилија Андонова, Гоце Љубиноски, Арбен Ристеми, Флорим Реџепи, Марија Мерковска, Славица Јовческа
Соработници: Стефан Маневски, Марјан Забрчанец, Дона Костуранова, Марија Мирчевска
Уредници: Сања Божовиќ, Моника Божиноска, Матеј Маневски
Година на издавање: 2015
Публикацијата е достапна на македонски, албански и англиски.