ЕКТС - Реалност или илузија во високото образование анализа преку пристап до информации

Page 58

| Заклучни согледувања и препораки на евентуални дисциплински постапки кои би произлегле од контролата на квалитетот и заштитата на студентските права. Овие податоци треба да бидат достапни за секого. Истражувањето покажа дека ниту еден од факултетите не ги прифатил стандардите на ENQA и дека надворешната евалуација и самоевалуацијата, како практика на факултетите, воопшто не се заживеани. 10. На меѓународен план, раководните тимови на ВОУ треба да обезбедат реализација на заеднички студиски програми со етаблирани ВОУ од странство преку т.н. joint или double degree, реализирајќи настава на различни јазици. Резултатите од истражувањата покажуваат дека вакви студии на нашите академски институции се вистинска реткост. 11. Неопходната транспарентност во работењето, раководните луѓе треба да ја обезбедат преку активни и богати web страници како неопходен и неисцрпен извор на информации за сè што се случува во академските институции. Подеднакво важно за менаџментот во ВОУ е да обезбеди и електронски бази на податоци за студирањето, дипломирањето, научната дејност, ЕКТС, вработувањето, како и нивно постојано ажурирање. 12. Резултатите од истражувањето покажуваат дека ВОУ во Македонија малку инвестираат во развојот на високообразовната инфраструктура. Во однос на транспарентноста поврзана со финансирањето, менаџментот е должен за студентите да обезбеди евиденција за средствата кои тие ги вложуваат во своето студирање. 13. Менаџментот треба да обезбеди и повластен пристап до учебниците и учебните помагала за студентите, особено за оние со неповолен социјален статус. Резултатите покажаа дека ваква практика на високообразовните институции во Македонија не заживеала.

58

| www.mof.org.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.