ЕКТС - Реалност или илузија во високото образование анализа преку пристап до информации

Page 35

ЕКТС - Реалност или илузија во високото образование |

?

Копија од годишен извештај за 2008 година на дисциплинската комисија на факултетот. Колкав е бројот на поведени и реализирани дисциплински постапки?

Од испитаните факултети, само на 2 има поведено постапки од дисциплинската комисија. Остатокот од факултетите немаат поведено дисциплински постапки.

?

Колку дисциплински постапки се поведени против професори од факултетот, за неправилно спроведување на Европскиот Кредит Трансфер Систем, и кои мерки се изречени од страна на факултетот во таквите постапки?

Сите факултети кои учествуваа во истражувањето одговорија дека немаат покренато ниту една постапка против професорите за неправилно спроведување на ЕКТС. Не е познато дали оваа појава се должи на коректното спроведување на системот или на стравот кој постои кај студентите да покренат вакви постапки.

?

i

Колку од дисциплинските постапки на факултетот поведени, односно иницирани од страна на студенти?

На ниту еден од испитаните факултети досега нема дисциплинска постапка која е иницирана од страна на студентите. Може да заклучиме или дека факултетските кадри функционираат беспрекорно и нема потреба од иницирање на дисциплински постапки или дека студентите се премногу исплашени од реперкусиите кои може да им се случат доколку покренат ваква постапка.

?

i

се

i

Во кој рок се издава уверението за завршени студии откога ќе се положи последниот испит/ дипломска работа?

Од одговорите кои ги добивме, времето за издавање на уверението за завршени студии изнесува од 2 до 15 работни дена од денот кога ќе се положи последниот испит или дипломскиот труд, зависно од факултетот.

i

www.mof.org.mk |

35


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.