Анализа на студентско организирање и учество во Македонија

Page 97

ПЕРЦЕПЦИЈА НА СТУДЕНТИТЕ ЗА СТУДЕНТСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА Во оваа прилика ќе се фокусираме на 2 истражувања кои се фокусираат на перцепциите перцепции на студенти за студентското организирање1232. Истражувањата се реализирани во 2012 и 2014 година, каде првото истражување233 ги испитува ставовите на студентите на пет Универзитети во Македонија234, додека она од 2014 се фокусира само на ставовите на студентите на Универзитетот ``Св.Кирил и Методиј``-Скопје. Истражувањата од 2012 година се спроведени од Младински образовен форум, додека истражувањето од 2014 година е резултат на учеството на авторот на Академијата за млади истражувачи, организирана од “Фондацијата Фридрих Еберт” - Скопје. 235 Во оваа анализа ќе ги изложиме индивидуалните резултати на одделните државни Универзитети.

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ``СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ``-СКОПЈЕ За ставовите на студентите на најголемиот универзитет во Македонија по прашањето студентско организирање се изведени истражувања во 2012 и 2014 година, за кои е користена слична методологија, односно постои адаптација на анкетниот прашалник согласно промените на контекстот. Треба да се напомене дека во временскиот период меѓу 2012 и 2014 година постои смена на студентските претставници, односно одржување на нови студентски избори, избирање нов Претседател на СПУКМ и менување на членовите на Претседателството и комисиите во оваа организација.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ВО 2012 ГОДИНА Во 2012 година, само 17% од студентите на УКИМ членувале во студентска организација, додека 85% не биле вклучени во ниту една. Како причини за нечленување, студентите ги наведуваат “немањето време заради факултетски обврски” (32%), мислењето дека “студентските организации се под влијание на политички партии” (28%), “до нив не стигнуваат информации за целите, активносите и начините како можат да се вклучат во студентска организација” (21%). На прашањето кои се официјални претставници на студентите на нивниот Универзитет, 41% од студентите не знаат, а 48% ги посочуваат СПУКМ 236. Што се однесува на запознаеноста на студентите со временскиот период на кој се одржуваат изборите за претседател на Студентскиот парламент на нивниот универзитет, 70% од испитаните студенти одговориле дека не знаат, додека 20% од нив одговараат дека изборите се одржуваат на секој две години. Понатаму, 80% од студентите во 2012 година одговараат дека никогаш немаат гласано на студентски избори, додека 18% во текот на студиите барем еднаш имаат гласано за свои студентски претставници. Само 33% од испитаниците го навеле точното име на претседателот на СПУКМ, а 60% одговориле дека не го знаат името на студентскиот претставник на УКИМ. Во однос на запознаеноста на студентите со студентските претставници на нивниот матичен факултет, односно претседател на СП на матичен факултет, само 20% од студентите одговориле дека ваков претставник постои, односно 74% одговориле дека не знаат дали на нивниот факултет има официјален студентски претставник. Понатаму, 96% од студентите не се во можност да го именуваат студентскиот претставник на нивниот факултет. Во истото истражување, испитаниците посочуваат дека студентското претставничко тело на УКИМ “не работи транспарентно” (26%), “студентските претставници носат одлуки без консултации со студентите кои ги претставуваат” (39%) и истите “работат за лични интереси, а не за студентите” (30%). Овие истражувања не се единствените кои го третираат студентското организирање и учество во Македонија. За повеќе информации види Sjur Bergan “The University as Res Publica, 2004, Council of Europe Publishing. http://www.coe.int/t/dg4/highereducation/resources/The%20university%20as%20Res%20Publica.pdf 233 Информираност и перцепција на студентите за студентското организирање, Младински образовен форум, 2012 http://www.mof.mk/mofmk/wp-content/uploads/2013/03/Studentsko-organizirane-TOTAL-so-MET.pdf 234 Истражувањето е спроведено на следниве Универзитети: ``Св.Кирил и Методиј``-Скопје, ``Гоце Делчев``-Штип, ``Св. Климент Охридски``-Битола, Државен универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа, на вкупна популација од 795 студенти. 235 Живковиќ А., Истражување за перцепцијата на студентите на УКИМ за студентското организирање (необјавено истражување). ФЕС, 2014 236 Информираност и перцепција на студентите на Универзитет ``Св.Кирил и Методиј``-Скопје за студентското организирање, Младински образовен форум, 2012 232

97


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.