Анализа на студентско организирање и учество во Македонија

Page 85

Понатаму, не е определено што се случува со оние студентски организации во кои членуваат помалку од двесте членови студенти и каков е начинот на делегирање на претставници од овие субјекти во Собранието. Постои голема опасност овој став да ги ограничи сите оние студентски организации каде членуваат помалку студенти од предвиденото во Статутот и со тоа да се монополизира Собранието само со делегати од СП од матичните факултети. Со оглед на важноста на Собранието како тело на СПУГД, нејасно е зошто тоа се состанува по потреба, наместо да постои обврска тоа да се состанува минимум еднаш во месецот или минимум неколку пати во годината. За потсетување, Собранието на СПУКО ги донесува најважните документи на Парламентот и би требало да претставува тело каде делегатите ажурно ќе дискутираат за студентските проблеми, ќе ги подготвуваат ставовите на претставниците во универзитетските и факултетските тела и каде ќе се развиваат нови идеи за подобрување на состојбата во високото образование.

ИЗВРШЕН ОДБОР НА ПАРЛАМЕНТОТ Структура Ова тело е извршниот орган на Парламентот, кој број најмалку седум члена176. Членовите се бираат од редовите на пратениците во Собранитето, на предлог на претседателот. Собранието ги гласа членовите со мнозинство гласови.

Носење одлуки и надлежност Меѓу поважните надлежности на Извршниот одбор се наведуваат: собира и распределува материјални средства; именува и разрешува функционери и раководни лица; одлучува за службени патувања во странство; основа фондови, ги утврдува условите и начините на нивно користење...; одлучува за доделување награди, парични надоместоци177.

Прекин на мандат Членовите на Извршниот одбор одговараат пред Собранието на СПУКО. Разрешување на член може да предложи претседателот на СПУКО. Можност Собранието да предложи разрешување на член не е предвидено со овој Статут. Мандатот на Извршниот одбор престанува со распуштање на Собранието178.

Наши согледувања Статутот на СПУКО потфрла во предвидување на механизми за заштита од самоволно и арбитрарно однесување на членовите на Извршниот одбор. Извршниот одбор раководи со финансиите во СПУКО и треба да има обврска за целосна финансиска отчетност пред Собранието. За жал, ваква одредба не е предвидена. Исто, Извршниот одбор донесува правилници и останати документи, а Статутот не предвидува обврска за одобрување на овие документи од Собранието, што може да доведе до произволно однесување на членовите на Извршниот одбор. Извршниот одбор е одговорен за спроведување на одлуките на Собранието, па логично е да биде оценувано за својата работа од ова тело. Воедно, ќе се избегне опасноста од преголемо влијание. Мора да се предвидат одредби со кои на делегатите во Собранието ќе им биде овозможено да поведат постапка за одговорност на член(ови) на Извршниот одбор, бидејќи токму Собранието ги гласа членовите на ова тело. Претседателот на СПУКО, според сегашното решение, е единствената фигура која може да поведе ваква дискусија.

Член 34, Статут на СПУКО, 2014 Член 36, Статут на СПУКО, 2014 178 Член 40, Статут на СПУКО, 2014 176 177

85


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.