Анализа на студентско организирање и учество во Македонија

Page 84

Да напоменеме, вонредните студенти ги делат истите студентски проблеми со редовните. Често оваа група на студенти има свои специфични потреби, па неопходно е и тие да бидат застапени во претставничките тела на студентите. Вклучување на вонредните студенти во телата на одлучување на студентите може да донесе само вариетет во размислувањата и дискусиите меѓу членовите на претставничките тела, како и добивање на помасовни студентски иницијативи.

84

Што се однесува до придружните членки на СПУКО, генерално сметаме дека овие одредби во Статутот се за поздравување. Имено, оставено е простор на нестудентски организации172 да учествуваат во работата на претставничките тела, со што се зголемува можноста за поквалитетна дискусија во СП на Универзитетот, како и креирање на посилна претставничка студентска организација која ќе има поддршка не само од студентските организации на факултетите туку и од поширок круг ентитети. Со ваквото решение се зголемуваат можностите за поквалитетна работа на претставничкото тело, заради експертизата, знаењето и вештините кои можат да ги понудат нестудентските организации. Воедно, се зголемува можноста за заедничко дејствување на повеќе организации врз одредена државна политика од областа на високото обазование, како и самиот легитимитет на здружените организации. Сепак, според податоците173 за последниот состав на СПУКО се забележува дека во оваа студентска организација не членуваат други организации, освен СП на матичните факултети. Исто, се забележува дека не се вклучени индивидуални членови. СПУКО треба да работи на актуализирање на можноста за пристапување и на други студентски организации и промовирање на идејата дека сите студенти, како индивидуални членови, може да присуствуваат на работните седници на оваа организација. Поради непостоењето на јавно презентирани податоци од страна на СПУКО, непознато е дали од своето постоење, па до последниот мандат, други студентски и нестудентски организации членувале во ова студенско здружение.

СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ Студентскиот парламент при СПУКО е највисокиот орган на одлучување во оваа организација.

Структура Пратениците се делегираат од конститутивните членови. Така, секој конститутивен член испраќа по еден делегат на двесте редовни рамноправни членови174. Статутот не објаснува како се бираат делегатите во конститутивните членови, со оглед на тоа дека СП на матичните факултети не се сметаат за органи на СПУКО.Придружните членови можат да испратат по два делегати во Собранието на СПУКО. Мандатот на делегатите трае 2 години.

Носење одлуки и надлежност Собранието има надлежност за усвојување на годишен извештај на Парламентот и неговите органи, ги определува програмските активности, усвојува Статут, донесува план за работа и финансиски план, одлучува за зачленување во меѓународни организации итн. Собранието се состанува по потреба175.

Престанок на мандат Со Статутот не е дефинирано дали еден пратеник може да поднесе оставка. Според овој документ, мандатот на пратеникот му престанува по услови определени со општ акт што го носи Собранието. Ваков акт не е достапен на јавноста, ниту пак е познато дали вооптшто е донесен.

Наши согледувања Потребно е предвидување на одредби со кои би се дале барем начелни инструкции со кои би се задолжиле конститутивните членови да делегираат пратеници во Собранието по фер и демократски пат, бидејќи Статутот не наведува како овие организации определуваат кои ќе бидат нивните претставници.

Член 19, Статут на СПУКО, 2014 СПУКО, Записник од седница на Собранието на СПУКО, седница одржана на ден 7 февруари, 2014 174 Бројот на редовни рамноправни членови се добива кога ќе се собере бројот на редовните студенти на конститутивниот член плус една десетина од бројот на вонредни студенти, според член 27, Статут на СПУКО, 2014 175 Член 32, Статут на СПУГД, 2011 172 173


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.