Во делот на законодавната власт одредено ниво на ингеренции исто така има и Собраниската комисија за образование, наука и спорт која разгледува прашања кои се однесуваат на системот и организацијата на високото образование; правото на настава на јазиците на заедниците во образованието; системот и организацијата на научноистражувачката дејност; образованието на младите, ученичкиот и студентскиот стандард; воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на образованието. 10 Покрај наведените, за потребите поврзани со процесот на мобилност во 2007 година е формирана Националната агенција за европски образовни програми и мобилност чија цел е да работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Македонија.11 По формирањето, Агенцијата почна со имплементација на европските програми „Доживотно учење“ и „Млади во акција“ кои беа имплементирани од страна на агенцијата во периодот од 2008 до 2013 година, а од 2014 година активностите преминуваат во новата Еразмус +, програма која ги обединува ЕУ-програмите за образование, обука, млaди и спорт во периодот 2014 - 2020. Агенцијата подложеше на серија ревизии поради сомневање за незаконско работење во текот на 2009 год12.
СТРУКТУРА НА СТУДЕНТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ПОКАЗАТЕЛИ ЗА ДВИЖЕЊАТА Според официјалните податоци на МОН во Република Македонија се акредитирани вкупно 20 високообразовни институции од кои пет јавни/државни универзитети и 15 приватни високообразовни институции.13
ТАБЕЛА 1 ЗАПИШАНИ СТУДЕНТИ (1960-2012)
Според официјалните статистики на Државниот завод за статистика14 на универзитетите во Република Македонија во академската 2013/2014 година се запишани вкупно 57 746 студенти, што претставува пораст за 1,5 проценти во однос на академската 2012/2013 година.
Собрание. „Пратенички состав: Работни тела 2014 - 2018: Комисија за образование, наука и спорт “ http://www. sobranie.mk/rabotni-tela-2014-2018-ns_article-komisija-za-obrazovanie-nauka-i-sport-2014.nspx 11 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. „За Агенцијата“ http://www.na.org.mk index.php/mk/nacionalna-agencia-57.html 12 Автор: Непознат. „Поранешниот директор во Националната агенција Нелкоски се јавува во надградена и проширена верзија” Глобус Магазин бр. 312 , 16.4.2013 http://www.globusmagazin.com.mk/defaultmk.asp?ItemID=074CBA9DB6CB214786783A6718EB1334 13 Министерство за образование и наука. „Акредитирани високообразовни установи во РМ“ http://www.mon.gov.mk/ index.php/component/content/article/597 14 Државен завод за статистика. „Запишани студенти на високите стручни школи и факултетите во Република Македонија во академската 2013/2014 година (прв циклус на студии)“, 17 јули, 2014 http://www.stat.gov.mk/pdf/2014/2.1.14.26.pdf 10
31