Анализа чија цел е да одговори на прашањето како пандемијата предизвикана од КОВИД-19 влијае на високото образование во Република Северна Македонија, односно кои се новитетите и проблемите со кои се соочуваат високообразовните установи и институции, како и накусо да прикаже компаративен приказ за тоа како се справуваат државите со високото образование за време на пандемијата.
Оваа анализа дава приказ на состојбата со високото образование во периодот од почетокот на месец март до средината на месец април 2020 година и може да послужи како основа за понатамошни следења на состојбите во високото образование во услови на постковид кризата.