Прирачник за дебата - „Размислувај гласно“

Page 27

Иако предложената дефиниција во својата суштина е точна, уште на почетокот го осудува негативниот тим со тоа што го оквалификува како убиец. Хипотетички, доколку негативниот тим не се спротивстави на ваквата дефиниција, афирмативците би можеле да ја изедначат власта со оној врз кого треба да се спроведе пресудата. Со таквата постапка, нивната вина би била подеднаква и смислата на казната како реакција на злочин би се изгубила. Затоа негативците треба да реагираат во говорот на првиот негативен говорник. Тој најпрво треба да ја оспори оваа дефиниција како нефер и да даде објаснување зошто таа не е во ред, а потоа треба да понуди фер дефиниција на својот тим, како: ПРИМЕР негативна потполна дефиниција: Смртна казна е казна со одземање на животот од страна на државата на сторителот на тешко кривично дело. Понекогаш, како во овој случај, кога во дефиницијата се воведува нов непознат поим, би требало тој и да се дефинира. ПРИМЕР негативна дополнителна дефиниција: Тешко кривично дело вклучува убиство со умисла, убиство на дете, повеќекратно убиство, силување со убиство и измачување со убиство. Вака дефиниран поимот дава реална слика за смртната казна без притоа да фаворизира ниту една од страните. Ако противничкиот тим не ги прифати предложените и/или изменети дефиниции и продолжи и понатаму да ги фаворизира своите, дебатата ќе се сведе на дискусија околу прашањето чија дефиниција за смртна казна подобро го отсликува проблемот. Во ваков случај ќе победи тимот со подобри дефиниции.

КРИТЕРИУМ Како што веќе беше наведено во текстот за градење на случај, тимовите и не мора да имаат различни критериуми. Ова најчесто се случува во тези кои расправаат проблем од општо значење за човештвото. ПРИМЕР теза: Клонирањето е оправдано. критериум: Подобро општество. Во дадениот случај, и афирмативната и негативната стратегија се изградени околу единствена цел. Разликата е во начинот на достигнување на предложената цел, односно, во нашиот случај, подобро општество.

Прирачник за дебата

27


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.